19 август — Чујте ја веста на тревога

Мараната — Господ доаѓа

Чујте ја веста на тревога

19 август

„По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.“ (Изреки 3:6) {МАР 239.1}

„На сите свои патишта треба да Го признаваме Бога и Тој ќе ги управува нашите патеки. Треба да се обраќаме кон Неговото слово со понизни срца, да го бараме Неговиот совет и да се откажеме од својата волја за да ја извршуваме Неговата. Без Бога не можеме да направиме ништо. {МАР 239.2}

Имаме најголема причина да ја празнуваме вистинската сабота и да застанеме во нејзина одбрана, зашто таа е знак што го одвојува Божјиот народ од светот. Токму затоа што светот ја направил неважечка, Божјиот народ на оваа заповед ќе ѝ укаже најголема чест. Кога неверните ќе го отфрлат со презир Божјото слово, ќе бидат повикани верните Халеви. Тогаш ќе стојат цврсто на местото на својата должност, без покажување и без повлекување поради укорите. Неверните извидници биле готови да го уништат Халев. Ги видел камењата во рацете на оние што донеле лажен извештај, но тоа не го уплашило; имал порака и сакал да ја пренесе. Истиот дух ќе го покажат и оние што Му се верни на Бога. {МАР 239.3}

Псалмистот вели: ’Твојот закон го осквернија. Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеќе‘. (Псалм 119,126.127) Кога луѓето ќе се приближат до Исуса, кога Христос преку вера престојува во нивните срца, нивната љубов кон Божјите заповеди расте сè посилно, сразмерно со презирот што светот го натрупува врз Неговите свети прописи. Во ова време вистинската сабота мора да му биде објавена на светот со перо и со глас. Бидејќи четвртата заповед и оние што ја празнуваат се отфрлаат и презираат, верните чувствуваат дека е време да не ја кријат својата вера, туку да го возвишат Господовиот закон, да го развеат знамето на кое е испишана пораката на третиот ангел, Божјите заповеди и верата во Исус. {МАР 239.4}

Оние што ја имаат вистината каква што е во Исуса нека не го одобруваат, дури ни со своето молчење, дејствувањето на тајната на беззаконието. Нека никогаш не престанат да ја објавуваат тревогата. … Вистината не смее да се крие, отфрла или маскира, туку треба целосно да се признае и храбро да се објавува.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 369,370) {МАР 239.5}