15 август — Нема место за фалење

Мараната — Господ доаѓа

Нема место за фалење

15 август

„И реков: ’Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!‘“ (Исаија 6:5) {МАР 235.1}

„Оние што од лично искуство знаат што е библиско посветување, ќе покажат дух на понизност. Како и Мојсеј, и тие го виделе прекрасното величество на светоста и ја согледале својата лична недостојност во споредба со чистотата и со возвишеното совршенство на Вечниот. {МАР 235.2}

Пророк Даниел е пример на вистинско посветување. Неговиот долг живот бил исполнет со благородна служба на Господа. Тој за небото бил ’сакан човек‘ (Даниел 10:11). Но, наместо да тврди дека е чист и свет, овој почитуван пророк себеси се вбројува меѓу навистина грешниот Израел кога посредувал пред Бога за својот народ: ’Ние ги принесуваме молењата свои пред Тебе, надевајќи се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност‘. ’Згрешивме, постапивме нечесно‘. Понатаму продолжува: ’Додека зборував и се молев и ги исповедав гревовите свои и гревовите на мојот народ Израел‘…. (Даниел 9,18.15.20) {МАР 235.3}

Кога Јов го слушнал Господовиот глас од виорот, извикнал: ’Затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел‘ (Јов 42:6). Кога Исаија во свое време ја видел славата Господова и херувимите што ликувале: ’Свет, свет, свет е Господ Саваот!‘, извикнал: ’Тешко мене‘ (Исаија 6:3,5). Кога Павле бил однесен до третото небо и кога слушнал неискажливи зборови, што не може да ги изговори ниту еден човек, самиот за себе зборувал како за ’најмалиот од сите светии‘ (2. Коринтјаните 12:2-4; Ефесјаните 3:8). А омилениот Јован, кој лежел на Исусовите гради и ја видел Неговата слава, паднал како мртов пред нозете на ангелот (Откровение 1:17). {МАР 235.4}

Оние што живеат во сенката на крстот од Голгота никогаш не се воздигаат и кај нив не може да има фалбаџиско тврдење дека се без грев. Тие се свесни дека нивниот грев предизвикал душевни страдања што го скршиле срцето на Божјиот Син, и таа помисла ги води кон понизност. Тие што живеат најблиску до Исуса најдобро ги распознаваат слабостите и гревовите на човештвото, а нивната единствена надеж е во заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител.“ (Revival and Beyond, стр. 14,15) {МАР 235.5}