14 август — Тапани, танцување и бучава

Мараната — Господ доаѓа

Тапани, танцување и бучава

14 август

„Сѐ нека биде достојно и уредно.“ (1 Коринтјаните 14:40) {МАР 234.1}

„Она што ми го опишавте … Господ ми покажа дека ќе се случува и непосредно пред крајот на времето на милоста. Секакви претерувања ќе дојдат до израз. Ќе има викање, удирање во тапани, музика и танцување. Сетилата на разумните луѓе ќе бидат толку растроени што нема да можат правилно да расудуваат. Ова се нарекува движење водено од Светиот Дух. {МАР 234.2}

Светиот Дух никогаш не се открива со такви методи — со луда бучава. Ова е сатански изум за да ги прикрие своите добро смислени методи со кои сака да ја направи неделотворна чистата, искрена вистина за ова време, која издигнува, облагородува и посветува. … Лудата бучава ги потресува сетилата и го изопачува она што би можело да биде благослов ако правилно се употребува. Влијанијата на сатанските сили се мешаат со викотниците и бучавата и се претвораат во карневал, а сето тоа се нарекува дејствување на Светиот Дух. … Учеството во такво наводно будење ги наведува луѓето да се препуштат на ветерот и брановите. Тие не можат да кажат што претходно знаеле за библиските начела. {МАР 234.3}

Таков вид богослужение не треба да се одобрува. Ист таков вид влијание се вовлече по 1844 година. Се гледаа истите сцени. Луѓето беа восхитени и дејствуваа со сила за која мислеа дека е од Бога. … {МАР 234.4}

Мажи и жени што мислеа дека ги води Светиот Дух одржуваа состаноци голи. Зборуваа за свето тело. Кажуваа дека се надвор од досегот на силата на искушението. Пееја, викаа и правеа врева на сите можни начини. … Сатаната ги поттикнуваше, а последицата беше блуд. Божјото име беше осрамотено. Луѓето ја соборија во прав вистината, светата вистина. … {МАР 234.5}

Го изнесував своето сведоштво, објавувајќи дека овие фанатични движења, оваа бучава и викање се вдахновени од сатански дух, кој правеше чуда за да ги измами, ако е можно, и избраните. {МАР 234.6}

Треба да бдееме и да одржуваме блиска заедница со Христа за да не бидеме измамени. Господ сака во Неговата служба да владеат ред и дисциплина, а не возбудување и збрка.“ (Revival and Beyond, стр. 50—52) {МАР 234.7}