13 август — Впечатоци, чувства и наркотици

Мараната — Господ доаѓа
Впечатоци, чувства и наркотици
13 август
„Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој лажен пат.“ (Псалми 119:104) {МАР 233.1}
„Има многу немирни духови што не сакаат да се потчинат на дисциплина, организација и ред. Тие мислат дека ќе им биде скратена слободата ако го остават своето расудување настрана и му се потчинат на расудувањето на искусните луѓе. Божјото дело нема да напредува додека таквите не решат да му се потчинат на редот и да го отфрлат лекомислениот, неуреден дух на фанатизам од своите состаноци. {МАР 233.2}
Впечатоците и чувствата не се сигурен доказ дека некого го води Господ. Сатаната ќе дава чувства и впечатоци ако никој не се сомнева во него. Тие не се сигурни водачи. Сите треба целосно да се запознаат со доказите на својата вера и да проучуваат како можат да го украсат своето исповедање на верата и да донесуваат плодови за Божја слава. … {МАР 233.3}
Извесно време тој [пациент во санаториумот во Батл Крик] мислеше дека добива нова светлина. Беше многу болен и требаше наскоро да умре. … Оние на кои им го изнесуваше своите гледишта го слушаа со нетрпение, а некои мислеа дека е вдахновен. … На мнозина им изгледаше дека неговото размислување нема ниедна мана. Зборуваа за силните поттици што ги слушнале во неговата болничка соба. Пред него поминуваа најубави сцени. Но кој беше изворот на неговото вдахновение? Тоа беше морфиумот што го добиваше за да му се олеснат болките.“ (Revival and Beyond, стр. 52–54) {МАР 233.4}
„Во многу таканаречени лекови има отрови што создаваат навики и апетити кои ги уништуваат и душата и телото. Многу од надрилековите, наречени патентирани лекови, па дури и некои лекови што ги препишуваат лекарите, дејствуваат така што создаваат основа за зависност од алкохол, опиум и морфиум, тие страшни проклетства за човештвото.“ (Здравје и среќа, стр. 127) {МАР 233.5}
„Ако благословот, за кој оние што тврдат дека се посветени велат дека го примиле, ги наведува да се потпираат на некакво особено чувство, и ако изјавуваат дека нема потреба да го истражуваат Светото писмо за да ја дознаат Божјата откриена волја, тогаш наводниот благослов всушност е измама; зашто ги наведува оние што го поседуваат да расудуваат врз основа на своите непосветени чувства и фантазија и да ги затворат ушите за Божјиот глас во Неговото слово.“ (Revival and Beyond, стр. 55) {МАР 233.6}
