24 јуни — Забрана за купување и продавање

Мараната — Господ доаѓа
Забрана за купување и продавање
24 јуни
„Та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.“ (Откровение 13:17) {МАР 183.1}
„Доаѓа време кога нема да можеме да продаваме по никоја цена. Наскоро ќе се донесе закон кој ќе го забрани купувањето или продажбата на секој човек освен на оние што ќе го примат жигот на ѕверот.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 152) {МАР 183.2}
„Во последниот голем судир на борбата со сатаната, оние кои се верни на Бога ќе бидат лишени од секаква земна помош. Бидејќи ќе одбијат да го прекршат Божјиот закон покорувајќи се на земните сили, ним ќе им биде забрането да купуваат и продаваат.“ (Копнежот на вековите, стр. 121, 122) {МАР 183.3}
„Верските власти кои изјавуваат дека се поврзани со небото и тврдат дека ги имаат особините на Јагнето, со своите постапки ќе покажат дека срцето им е како на ламјата и дека ги поттикнува и води сатаната. Доаѓа време кога Божјиот народ ќе ја почувствува раката на прогонство, само затоа што го празнува седмиот ден.“ (Сведоштва за црквата, том 9, стр. 229) {МАР 183.4}
„Доаѓа време кога оние што ги држат Божјите заповеди нема да можат ни да купуваат ни да продаваат. Побрзајте да ги откопате своите закопани таланти. Ако Бог ви доверил пари, покажете дека сте достојни за довербата. Отстранете ја својата крпа и однесете ги своите таланти кај менувачите на пари, за Христос, кога ќе дојде, да може да го прими Своето со камата.
На крајот, пред да заврши ова дело, илјадници со радост ќе бидат положени на олтарот. Мажите и жените ќе чувствуваат дека е благословена предност да учествуваат во подготвувањето на душите да опстанат во големиот Божји ден. Ќе даваат стотици долари со иста подготвеност со која сега даваат еден долар.
Кога Христовата љубов би горела во срцата на народот што вели дека е Негов, и денес би го виделе пројавувањето на истиот дух. Кога би сфатиле колку е близу крајот на работата за спасување на душите, доброволно би го жртвувале својот имот токму како што правеле членовите на раната црква. Би работеле за напредокот на Божјото дело исто толку сериозно колку што работат луѓето во светот за да се збогатат. Би ја вежбале својата тактичност и би ги развивале способностите, а сериозната и несебична работа би ја прошириле на прибирање средства, за да ги даваат во Господовата ризница, а не да ги натрупуваат за себе.“ (Historical Sketches of the Foreign Missions of the Seventh-day Adventists, стр. 292) {МАР 183.5}
