23 јуни — Работнички синдикати и здруженија

Мараната — Господ доаѓа
Работнички синдикати и здруженија
23 јуни
„Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.“ (Јаков 5:7) {МАР 182.1}
„Работничките синдикати ќе бидат меѓу силите кои на земјата ќе донесат време на неволја какво што немало откако настанал светот.“ (Живот на село, стр. 10) {МАР 182.2}
„Во сите наши големи градови создадените сојузи и синдикати ќе се поврзуваат меѓусебно. Луѓето ќе владеат над други луѓе и ќе поставуваат пред нив големи барања. Животите на оние што ќе одбијат да пристапат кон овие синдикати ќе бидат во опасност.“ (Manuscript 145, 1902) {МАР 182.3}
„Работата на Божјиот народ е да се подготви за идните настани кои наскоро ќе дојдат врз нив со заслепувачка сила. Во светот ќе бидат формирани гигантски монополи. Луѓето ќе се поврзат со синдикатите кои ќе ги обвиткаат во прегратките на непријателот. Неколку луѓе ќе се здружат да ги приграбат сите средства што можат да се добијат во одредени подрачја на дејствување. Ќе се формираат работнички синдикати и оние што ќе одбијат да им се придружат ќе бидат обележани. … {МАР 182.4}
Овие синдикати се еден од знаците на последните денови. Луѓето се врзуваат во снопови подготвени да бидат запалени. Тие можат да бидат членови на црквата, но сѐ додека припаѓаат на овие синдикати, тие не можат да ги држат Божјите заповеди; бидејќи припаѓањето на овие синдикати значи непочитување на целиот Декалог. {МАР 182.5}
’Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си‘ (Лука 10:27). … И како можат луѓето да ги следат овие зборови и да создаваат комбинации кои ги лишуваат посиромашните класи од нивните предности кои им припаѓаат, спречувајќи ги да купуваат или продаваат, освен под одредени услови?“ (Живот на село, стр. 10–12) {МАР 182.6}
„Оние кои тврдат дека се Божји деца во никој случај не треба да се поврзуваат со синдикатите кои се формирани или ќе бидат формирани. Господ го забранува ова. Зар оние кои ги проучуваат пророштвата не можат да видат и разберат што ни претстои?“ (Живот на село, стр. 12) {МАР 182.7}
„Наскоро ќе мораме да се соочиме со важни прашања, а ние сакаме да бидеме скриени во пукнатината на карпата, за да можеме да Го гледаме Исуса и да бидеме охрабрени од Неговиот Свети Дух. Немаме време за губење, ниту еден миг.“ (Counsels to Writers and Editors, стр. 113) {МАР 182.8}
