2 февруари — Високи мерила

Мараната — Господ доаѓа

Високи мерила

2 февруари

„Бидете свети пред Мене, затоа што Јас сум свет Господ (Бог ваш); Јас ве одделив од сите народи за да бидете Мои.“ (Левит 20:26) {МАР 41.1}

„Исто така видов дека мнозина не разбираат какви мораат да бидат во времето на неволјите, за да живеат пред Бога, без првосвештеник во светилиштето. Кај оние што ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, мора потполно да се огледа Исусовиот лик. {МАР 41.2}

Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ’освежувањето‘ или ’позниот дожд‘ ќе ги оспособи да опстанат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само сум видела од нив во времето на неволјите без Божја заштита! Тие ја занемаруваат потребната подготовка, па затоа нема да можат да го примат ’освежувањето‘ кое сите мораат да го примат за да можат да живеат во присуството на Светиот Бог. Оние кои … не ја чистат својата душа покорувајќи се на целата вистина, ќе се разбудат дури во времето на седумте зла и ќе увидат дека тоа ’кастрење‘ и обликување било неопходно за нив за да бидат подготвени за Божјата градба. Меѓутоа, повеќе нема да има … Посредник да ги застапува пред Бога. Пред тоа време ќе одекне страшната и свечена изјава: ’Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.‘. (Откровение 22:11). Видов дека во ’освежувањето‘ ќе учествуваат само оние коишто ќе победат и ќе го оттргнат секој вкоренет грев: гордост, себичност, љубов кон светот и секој лош збор и постапка. Заради тоа мораме сè повеќе да се приближуваме кон Господа и сесрдно да настојуваме да извршиме неопходна подготовка којашто ќе ни овозможи да опстанеме во борбата во денот Господов. Да имаме сите на ум дека Бог е свет и дека никој со исклучок на светите битија не може да престојува во Негово присуство.“ (Рани списи, стр. 71) {МАР 41.3} {МАР 41.4}

„Денес мораме да бдееме за да не згрешиме во зборови или во дела. … Денес мораме да Го бараме Бога и да се одлучиме да не бидеме задоволни без Неговото присуство. Мораме да бдееме, да работиме и да се молиме како тоа да е нашиот последен ден. Колку длабок и сесрден ќе биде тогаш нашиот живот. Како ќе Го следиме тогаш Исуса во сите наши зборови и дела.“ (5. Сведоштво, стр. 200) {МАР 41.5}