17 јануари — Божјите судови на Земјата

Мараната — Господ доаѓа

Божјите судови на Земјата

17 јануари

„Луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе бидат разнишани.“ (Лука 21:26) {МАР 25.1}

„О, кога Божјиот народ би бил свесен колку е блиску уништувањето на илјадници градови, кои сега речиси целосно му се предале на идолопоклонството! … {МАР 25.2}

Неодамна ми беше покажана потресна сцена. Видов огромна огнена топка како паѓа врз прекрасни градби и за миг ги уништува. Чув некој да вели: ’Знаевме дека Божјите судови доаѓаат на Земјата, но не знаевме дека ќе дојдат толку брзо.‘ Други велеа: ’Сте знаеле? Зошто тогаш не ни кажавте? Ние не знаевме.‘ На сите страни слушав такви зборови. … {МАР 25.3}

Наскоро меѓу народите ќе се појават страшни неволји што ќе траат до Исусовото доаѓање. Како никогаш порано, мораме да се зближиме и заедно да Му служиме на Оној што го поставил Својот престол на небесата и чие царство владее над сè. Бог не го напуштил Својот народ, а нашата сила е во тоа и ние да не Го напуштиме Него. {МАР 25.4}

Божјите судови се на Земјата. Војните, гласовите за војни и уништувањето од оган и вода јасно покажуваат дека времето на неволјата е на прагот. Неволјите ќе се умножуваат како што се приближува крајот. Немаме време за губење. Воинствен дух го разбранувал светот. Пророштвата од единаесеттото поглавје на книгата на пророкот Даниел се речиси целосно исполнети. … {МАР 25.5}

Минатиот петок наутро, непосредно пред да се разбудам, ми беше покажана потресна сцена. Ми се чинеше дека се разбудив, но се наоѓав надвор од својот дом. Од прозорецот гледав страшен пожар. Големи огнени топки паѓаа врз куќите, а од нив во сите правци летаа огнени стрели. Огнот беснееше и никој не можеше да го запре. Многу места беа уништени. Стравот на луѓето беше неопислив.“ (Welfare Ministry, стр. 136–137) {МАР 25.6}

„Со градовите на народите ќе се постапи строго. Сепак, Божјиот гнев нема да ги погоди во целост, зашто некои души уште ќе се оттргнат од измамите на непријателот, ќе се покаат и ќе се обратат. Мнозинството, пак, ќе си натрупува гнев за денот на гневот.“ (Evangelism, стр. 27) {МАР 25.7}