16 јануари — Светот е полето за работа

Мараната — Господ доаѓа

Светот е полето за работа

16 јануари

„Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,“ (Матеј 28:19) {МАР 24.1}

„Додека престојував во Калифорнија во 1874 година, сонував сон што остави длабок впечаток врз мене. … {МАР 24.2}

Сонував дека неколку браќа на состанок на одборот го бараа најдобриот план за работа во претстојниот период. … {МАР 24.3}

На состанокот влезе еден млад човек што често го гледав во своите соништа. Со големо внимание ги слушаше зборовите што се изговараа, а потоа промислено и со авторитет рече: {МАР 24.4}

’Градовите и селата се дел од Господовото лозје. И тие мора да ги слушнат предупредувачките пораки. Непријателот на вистината вложува крајни напори да ги одврати луѓето од Божјата вистина кон лагата. … Сејте покрај сите води. {МАР 24.5}

Можеби нема веднаш да го видите плодот од својата работа. Тоа не треба да ве обесхрабри. Земете го Христос за пример. Тој имаше многу слушатели, а малку следбеници.‘ … {МАР 24.6}

Гласникот продолжи: ’Вашите замисли за делото во ова време се премногу тесни. Се обидувате да го испланирате така што ќе можете сами да го опфатите. Треба да гледате пошироко. Вашата светлина треба да стои на светилник, каде што ќе им свети на сите во куќата. Не ставајте ја под сад или под легло. Вашата куќа е светот. … {МАР 24.7}

Многу земји ја чекаат големата светлина што Господ им ја наменил, а вашата вера е ограничена и премала. Потребно е многу да го проширите својот поглед на работата. … Одете напред. Бог ќе дејствува со голема сила ако одите понизно пред Него. Не е вера да се зборува дека нешто е невозможно. За Бога ништо не е невозможно. Светлината на обврзувачките начела на Божјиот закон ќе го стави светот … на испит.‘ … {МАР 24.8}

Времето е кратко. Сите што веруваат во оваа порака треба да ја почувствуваат светата должност да работат несебично и со своето влијание да застанат на вистинската страна. Со збор или со дело никогаш да не застануваат против оние што се трудат да го унапредат Божјото дело. … Светлината што Бог ни ја дал ќе има мала вредност за светот сè додека тој не може да ја види пред себе.“ (Life Sketches of Ellen G. White, стр. 208–210) {МАР 24.9}