14 јануари — Пророштвото на Илија

Мараната — Господ доаѓа
Пророштвото на Илија
14 јануари
„Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен.“ (Малахија 3:23) {МАР 22.1}
„Верниот Илија ги претставува оние што треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање, како што Јован дошол во духот на Илија да го подготви патот за првото Христово доаѓање.“ (3. Сведоштво, стр. 62) {МАР 22.2}
„Делото на Јован Крстител и делото на оние што во последните денови одат напред во духот и силата на Илија за да ги разбудат луѓето од нивната рамнодушност во многу погледи се исти. Тоа дело треба да се изврши и во нашево време. Христос треба да дојде по втор пат за праведно да му суди на светот.“ (Southern Watchman, 21 март 1905) {МАР 22.3}
„Јован се одвоил од пријателите и од раскошот на животот. Едноставноста на неговата облека, исткаена од камилски влакна, постојано ги укорувала нескромноста и разметливоста на еврејските свештеници и на другите луѓе. Неговата чиста вегетаријанска исхрана — рогач и див мед — била прекор за попуштањето на апетитот и алчноста која преовладувала насекаде. … На големото дело на реформата треба да му се даде замав и да се разбуди јавниот интерес. Умереноста во сè треба да биде дел од пораката, за Божјиот народ да се одврати од идолопоклонството, лакомоста и претерувањето во облекувањето и во другите нешта. {МАР 22.4}
Самооткажувањето, понизноста и умереноста што Бог ги бара од праведните, кои Тој посебно ги води и благословува, треба да им се покажат на луѓето како спротивност на раскошот и навиките што го нарушуваат здравјето во ова изопачено време. Бог покажал дека здравствената реформа е тесно поврзана со третата ангелска вест како што раката е поврзана со телото.“ (3. Сведоштво, стр. 62) {МАР 22.5}
„Како што Јован Крстител … им го насочувал вниманието на Десетте заповеди, така и ние треба решително да ја објавуваме пораката: ’Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд‘ (Откровение 14:7). Со сериозноста што ги одликувала пророкот Илија и Јован Крстител, треба да настојуваме да го подготвиме патот за второто Христово доаѓање.“ (The SDA Bible Commentary, том 4, стр. 1184) {МАР 22.6}
