Здрав начин на живеење
Здрав начин на живеење
Откријте ги библиските начела за грижа за телото и здравјето.

Вовед
Можеби ќе ви изгледа чудно што темата за здравјето е вклучена во оваа дописна библиска студија. Меѓутоа, внимателното проучување ќе нè увери дека здравјето и верата се неразделно поврзани. Низ целата Библија гледаме дека Бог отсекогаш се грижел не само за духовната, туку и за телесната благосостојба на Своите деца. Во оваа лекција ќе разгледаме некои од основните библиски поуки за христијанската умереност, кои ќе ни помогнат подобро да ја разбереме важноста на здравјето и како да го сочуваме.
„НЕ ПРИПАЃАТЕ САМО НА СЕБЕ“
„Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји“
— 1. Коринтјаните 6:19,20; погледајте и 1. Коринтјаните 3:16Правото кое Бог овде го полага врз нашето тело се заснова на тоа што Тој нѐ создал, што со Неговата сила живееме, се движиме и постоиме (Псалм 24:1–2; Дела на апостолите 17:28). Тоа исто така се заснова и на фактот дека Христос со Својата пролеана крв нѐ откупил од ропството на гревот. Затоа сме одговорни пред Господа за начинот на кој постапуваме со своето тело.
Што ќе направи Господ со оние кои го уништуваат или осквернуваат храмот на своето тело?
„Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие“
— 1. Коринтјаните 3:17„Престапот на физичките закони е престап на моралниот закон, зашто Бог е автор и на физичкиот и на моралниот закон. Неговиот закон со негов прст е напишан на секој наш нерв, на секој мускул, на секоја способност што ни ја доверил. Секоја злоупотреба на кој било дел од организмот, е кршење на тој закон.
Сите мора да се запознаат со својата анатомска градба и со физиолошките закони на телото. Оној кој намерно не сака да се запознае со законите на своето тело и кој поради тоа истите ги крши, греши пред Бога. Сите мораме да се трудиме најповолно да мислиме за животот и здравјето. Сите наши навики мораме да ги ставиме под управа на умот, а својот ум под Божја управа.“
Дали Бог на Својот народ му посакува благослов на добро здравје?
„Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сè да ти биде добро, како што и е добро на душата твоја“
— 3. Јованово 2Каква жртва, според зборовите на апостолот, Бог со право бара од нас?
„Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба“
— Римјаните 12:1Бог сака Нему да Му го посветиме своето битие како жива жртва, а не мртва или на умирање. За да биде нашата жртва прифатлива и угодна на Бога, мораме да се „очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји“ (2. Коринтјаните 7:1). Тоа значи дека треба да се откажеме од секоја нездрава навика и од сè што му штети на нашето здравје. Сè што го скратува животниот век, предизвикува болести или ги нарушува умствените способности треба да биде отфрлено од оние кои се стремат да го усовршат својот карактер и да го доведат во склад со Христовиот карактер.
Како може нашето тело да биде жива и угодна жртва на Бога ако свесно продолжиме со некоја лоша навика, само затоа што во неа наоѓаме задоволство, иако знаеме дека со тоа го нарушуваме своето здравје?
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
Што е од суштинска важност за одржување на здравјето и вистинската среќа?
За да имаме добро здравје, мораме да ги земеме предвид неколку клучни фактори. Во оваа кратка лекција нема простор за подетална расправа за нив, но ќе ги наброиме за да можеме да размислуваме за нив. Тие фактори се: (1) чистиот воздух, (2) сончевата светлина, (3) умереноста и самоодрекувањето, (4) одморот, (5) движењето (физичката активност), (6) соодветната исхрана, (7) правилната употреба на водата (и внатрешно и надворешно), (8) довербата во Божјата сила. За да го зачуваме своето здравје и бистрината на умот, сите овие фактори мора да имаат свое место во нашиот секојдневен живот.
ЈАДЕЊЕ И ПИЕЊЕ
Со кој принцип треба да се раководиме во животот — во сѐ што правиме, па дури и во јадењето и пиењето?
„И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја“
— 1. Коринтјаните 10:31Желбата да се прослави Бог секогаш претставува движечка сила во животот на христијанинот. Поради тоа, и при изборот на најдобра храна, нашата цел мора да биде да Го прославиме Бога, а не само да ги задоволиме своите желби. Ако во нашите мисли и срце ја имаме само таа цел — да Го прославиме Бога — останатите проблеми ќе се решат сами по себе.
Што вели Библијата за употребата на опојните пијалаци?
„Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен“
— Изреки 20:1„Отров змиски е нивното вино, од аспида отров погубен“
— Повторени закони 32:33; да се види: Изреки 23:29-35; 1. Коринтјаните 6:9,10; Галатјаните 5:19-21Што отсекогаш му било забрането на Божјиот народ?
„Нека нема меѓу вас корен што ќе раѓа отров и пелин“
— Повторени закони 29:18„Повеќето библисти сметаат дека овде се мисли на отровните растенија. Многу библиски стихови упатуваат на таков заклучок. Да забележиме дека во 20. и 21. стих, на оние кои одгледуваат такви растенија им се заканува одвојување од Божјиот народ и истребување. Чајот, кафето, тутунот и некои други производи со право можат да бидат вклучени во оваа забрана, зашто тие, без сомнение, се отровни растенија. Тутунот е еден од најподмолните отрови, познат во хемијата и како цијановодородна киселина.“ — М. Орфил.
Употребата на тутунот е едно од најголемите проклетства за современиот човек. И чајот и кафето содржат отровни супстанции кои го поткопуваат нервниот систем и ја поттикнуваат желбата за посилни стимуланси, како што се алкохолот, тутунот и тешките дроги. Оние кои настојуваат со својот живот да Го прослават Бога, со задоволство ќе ги отфрлат овие пороци, опасни по здравјето, кои го уништуваат и телото и душата.
Која храна ја наменил Создателот за човекот на самиот почеток?
„И Бог рече: ‘Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна’“
— Создавање 1:29„А ти ќе јадеш полски растенија“
— Создавање 3:18„За да дознаеме која храна е најдобра, мораме да го проучиме првичниот Божји план за исхраната на луѓето. Оној, Кој го создал човекот и Кој ги разбира неговите потреби, му ја одредил храната на Адам. ‘Еве’ – рекол Бог, ‘Ви дадов секаков вид растение, што дава семе… и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид. Тоа да ви биде за храна!’…
Житарките, овошките, зеленчукот и зрнестите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, подготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана.“
Што се случило со човечкиот род откако, по Потопот, на првобитната исхрана од чисто растително потекло му било додадено и месото?
Ное доживеал старост од 950 години. Меѓутоа, веќе во втората генерација по него, животниот век на човекот се намалил на околу 400 години, а кај подоцнежните Ноеви потомци продолжил да се скратува сè додека, најпосле, не паднал на околу 70 до 80 години. Тука најјасно можат да се забележат последиците од воведувањето на месото во исхраната. Затоа, денес Бог го повикува Својот народ да се врати на првобитната исхрана, дадена на Адам уште од почетокот. Поради сè поголемиот пораст на болестите кај животинскиот свет, употребата на месото повеќе воопшто не е ниту сигурен ниту препорачлив избор за исхрана. Кога луѓето би можеле да го видат вистинскиот квалитет на месото што им се нуди како готов производ, многупати со гнасење и одвратност би се свртеле од него.
КАФЕ
„Употребата на кафето… е штетна навика. Таа привремено го поттикнува умот на невообичаена активност, но подоцна настапуваат исцрпеност, скршеност, умртвеност на умните, моралните и физичките сили. Умот станува послаб и ако не се вложи решителен напор да се победи оваа навика, активноста на мозокот постојано се намалува и ослабнува.“
„Постојаната употреба на овој нервен надразнувач е проследена со главоболка, несоница, биење на срцето, слабо варење, треперење и многу други зла, бидејќи кафето ги уништува животните сили. На уморните нерви им треба одмор и мир наместо стимулација и прекумерна работа. На природата ѝ е потребно време да ги обнови исцрпените енергии. Кога нејзините сили се поттикнати со употреба на стимуланси, ефектот ќе биде привремено поголем; но, како што системот слабее поради нивната постојана употреба, ќе станува потешко да се постигне саканата енергија. Потребата од стимуланси сѐ потешко ќе се контролира, сѐ додека волјата толку не ослабне, така што ќе ни се чини дека немаме сили да ѝ се спротивставиме на неприродната желба. Потребни се сѐ посилни и уште посилни стимуланси, сѐ додека нашата истоштена природа не може повеќе да им удоволи.“
ОТФРЛЕТЕ ГИ ОТРОВИТЕ
„Кога луѓето би биле умерени во сѐ, кога не би го вкусиле чајот, кафето, опиумот, тутунот и било какви алкохолни пијалаци, ниту воопшто би се допирале до нив, разумот би ја преземал власта во свои раце, а желбите и страстите би ги потчинил под своја контрола.“
МЕСНА ХРАНА
„Месото никогаш не било најдобра храна; но сега имаме двојно повеќе причини против неговата употреба, бидејќи болестите кај животните брзо се зголемуваат. Оние што употребуваат месна храна, малку знаат што јадат. Често, кога би можеле да ги видат животните додека биле живи, и кога би го дознале квалитетот на месото што го јадат, тие со одвратност би го оставиле… Последиците од месната исхрана, можеби нема да се забележат веднаш; но тоа не значи дека таа не е штетна. Малкумина можат да се натераат да поверуваат дека месото што го јаделе ја затруло нивната крв и го предизвикало нивното страдање. Многу луѓе умираат од болести, кои исклучиво се предизвикани од јадење месо, не сомневајќи се за вистинската причина.“
АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ
„Виното е потсмевнувач, жестокиот пијалак буен; и секој, кој им е потчинет, не е разумен. Кому – ах, кому – ох, кому – кавга, кому жал, кому рани без причина, кому зацрвенети очи? На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми. Не го гледај виното како се црвенее, кога се прелива светликаво во чашата; како убаво се лее; отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница“
— Изреки 20:1; 23:29-32Човечкото перо никогаш не забележало пожив приказ на пониженоста и робувањето на жртвите на алкохолот. Подјармени и понижени, дури и ако се освестат и ја согледаат својата мизерија, тие веќе немаат сили да ги раскинат прангите; тој „пак ќе го бара истото“ (Изреки 23:35).
Не се потребни никакви докази за да се прикажат лошите последици од алкохолот врз пијаниците. Насекаде можеме да сретнеме такви зашеметени луѓе со матен поглед — луѓе за кои Христос умрел и над кои ангелите плачат. Тие претставуваат дамка на нашата разметлива цивилизација — срам, проклетство и опасност за секоја земја. Затоа, да ги вложиме сите напори да ги вратиме пијаниците кон умереност и доблест. Но, повеќе од сè друго, треба да се бориме за целосно искоренување на ова проклетство од нашата земја. Треба да ја задушиме желбата за отровен пијалак и одлучно да бараме конечно да му се стави крај.
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а)
б)
а) Бог сака да Му го посветиме своето тело „во жртва жива “
б) Божјото слово вели дека нашите тела се
в) Вистинска цел во нашиот живот треба да биде:
а) б)
в) г)
(На овие прашања можете, но не мора да дадете одговор ако не сакате, но вашиот одговор ќе биде мошне ценет.)
1. Дали одлучивте да Го следите Христа, почитувајќи ги принципите на здрав живот, како што се прикажани во оваа лекција?
2. Даниел во своето срце одлучил храмот на своето тело да не го обесчестува со нездрава и забранета храна и пијалаци (Книга на пророкот Даниел 1:8). Дали, по проучувањето на христијанската умереност, одлучивте да бидете верни на Христа и во поглед на јадењето и пиењето?
Заокружете го (штиклирајте го) она за што се одлучивте:
Во оваа кратка лекција не бевме во можност подетално да го прикажеме предметот за здравјето и неговата поврзаност со христијанскиот живот. Ако сакате да дознаете повеќе за оваа тема, пишете ни и ќе ви испратиме книги во кои ова прашање е јасно и подетално образложено.
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. а) Бог нѐ создал; б) Христос нѐ откупил со Својата крв. (1. Коринтјаните 6:19,20)
- 2. Затоа што престапот на физичките закони е престап на моралниот закон. Бог е автор и на двата закона, и ние сме одговорни пред Него за начинот на кој се грижиме за своето тело.
- 3. а) света и благоугодна на Бога; б) храм на Светиот Дух; в) да Го прославиме Бога во сѐ (во телото и духот).
- 4. а) житарки; б) овошје; в) зеленчук; г) зрнести плодови (јатки). (Создавање 1:29)
- 5. Изреки 20:1 – „Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.“ (или Изреки 23:29-32).
За размислување: Ова се лични прашања за одлука. Секој поединец треба да донесе лична одлука пред Бога, следејќи го примерот на Даниел (Даниел 1:8).
