Дали морам да ѝ припаѓам на црквата
Дали морам да ѝ припаѓам на црквата
Проучете го значењето на црквата и заедништвото на верниците.

Вовед
Во оваа лекција ќе го проучуваме предметот што е од животно значење за секој од нас. Пред нас е прашањето: дали е неопходно да ѝ припаѓаме на црквата за да се спасиме? Мнозина денес веруваат дека не треба да бидат дел од црквата и дека секое Божјо дете треба да постапува независно од која било друга верска организација. Но, што вели Божјата реч за црквата? Ова е важно прашање кое треба да го разгледаме. Како да знаеме која е вистинската црква, кога секоја верска заедница тврди дека таа е вистинската? Библијата го има одговорот и на ова прашање. Затоа, оваа лекција ќе ја започнеме со молитва, молејќи го Бога да ни ја открие вистината.
ШТО Е ЦРКВА?
Каква предност имаме кога со вера го прифаќаме Христос и се крштеваме?
„А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво“
— Дела на апостолите 2:47; да се види 1. Коринтјаните 12:13 и Дела на апостолите 5:14а) Со крштевањето ние ѝ се приклучуваме на Црквата; на тој начин секој член станува составен дел од таинственото Христово тело (види: 1. Коринтјаните 12:14,18–20; Јован 15:1,2).
б) Грчкиот збор „ekklesia“, преведен како „црква“, значи „собрание“ или „повикани“. Овој збор во Новиот Завет се користи за различни видови собранија (види: Дела на апостолите 19:39,40). Сепак, за нас овој збор, со своето специфично значење, се однесува на „Црквата на Господ“ (Дела на апостолите 20:28), „Христовата Црква“ (Римјаните 16:16), „Црквата на живиот Бог“ (1. Тимотеј 3:15). Вистинскиот христијанин е повикан од ропството на гревот, од обичаите и практиките на овој свет, за да биде дел од Христовата Црква.
Која употреба на изразот „црква“ во Библијата покажува дека тоа значење не е ограничено само на христијанското време?
„Тоа е оној што на собирот во пустината на Планината Синајска беше со ангелот кој му зборуваше, и со татковците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде“
— Дела на апостолите 7:38„Но вие пристапивте кон Сион и градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон безбројните ангели, на свечениот собор, кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бога, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство“
— Евреите 12:22,23Овие записи се однесуваат на старозаветниот „собир во пустината“ во времето на Мојсеј, како и на собирот на небото. Божјата црква овде, на земјата, е во единство со Божјата црква на небото.
Кои примери во Библијата потврдуваат дека новозаветната Црква, која Христос ја основал, била видливо и организирано тело на верници?
а) Собирање по куќите (1. Коринтјаните 16:19; Колосјаните 4:15).
б) Наречени Божјо стадо (Дела на апостолите 20:27,28; Лука 12:32).
в) Организирана црква во Јудеја (1. Солунјаните 2:13,14).
г) Големото црковно собрание во Ерусалим (Дела на апостолите 14:27).
ТЕМЕЛ НА ЦРКВАТА
Кој е темелот на Божјата Црква?
„Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос“
— 1. Коринтјаните 3:11; да се види 1. Коринтјаните 10:4 и Ефесјаните 2:20Некои и денес го користат цитатот од Евангелието според Матеј 16:18 за да докажат дека Црквата е втемелена на Петар како камен (карпа). Меѓутоа, зборот „Петар“ означува камен што се тркала, а не вистинска карпа. Тој не е карпа на која е изградена црквата. Во Стариот Завет, самиот Творец многупати зборува за Себе како за Карпа (стена, тврдина). „Тој е тврдина; совршени се делата Негови“ (Повторени закони 32:4). „Зашто Господ Бог е вечната тврдина“ (Исаија 26:4). Зборувајќи за Христос како за „ангел“ кого Отецот го испраќа пред Својот народ, Бог нагласува: „Почитувај го… зашто Моето име е во него“ (Излез 23:20,21). Ова покажува дека Карпата од Стариот Завет всушност го претставува Христос: „А таа карпа беше Христос“ (1. Коринтјаните 10:4). Јасно е дека Христос никогаш не би изградил Своја Црква врз едно погрешливо човечко суштество како темел.
Како Христос ја цени Својата Црква на земјата?
„Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа“
— Ефесјаните 5:25ОБЕЛЕЖЈА НА ВИСТИНСКАТА ЦРКВА
Врз основа на што во Библијата може да се препознае остатокот на Божјиот народ?
„И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос“
— Откровение 12:17„Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус“
— Откровение 14:12Овие стихови јасно покажуваат кои ќе бидат карактеристиките на остатокот од Божјиот народ. Забележливо е дека змевот војува со припадниците на овој остаток затоа што тие:
- Ги пазат Божјите заповеди
- Го имаат сведоштвото на Исус Христос
Држењето на Божјите заповеди, односно Неговиот закон, е главно обележје според кое можат да се препознаат „светиите“ во последните денови. Денес живееме во време кога многу од таканаречените христијани го занемаруваат Божјиот закон, сметајќи го за неважечки. Во вакви околности, Бог го повикува Својот народ да го обнови духовниот темел, да ги гради урнатините и да ги поправи патиштата за идните генерации, како што е пророкувано во Исаија 58:12–14. Како резултат на објавувањето на тројната ангелска порака од Откровение 14:6–12, се појавува народ кој верно ги исполнува Божјите заповеди и ја има Исусовата вера — застапувајќи го чистото Христово учење. Ова е доказ за Божјата верност и Неговата моќ да го сочува остатокот, дури и во време на општо духовно отстапување. Да Му благодариме на Бога што го води Својот народ и му дава сила да остане верен на вистината дури и во овие последни времиња.
Што е тоа „сведоштвото Исусово“?
„Зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото“
— Откровение 19:10Со духот на пророштвото, Бог го водел Својот народ низ сите векови. Оваа важна тема ќе ја разгледаме подетално во следната лекција. Правата црква на остатокот се препознава по две главни обележја:
- Ги пази Божјите заповеди.
- Го има сведоштвото на Исус Христос — духот на пророштвото.
Овие два аспекта се неразделни; едниот без другиот е непотполн. Некои цркви ја признаваат важноста на Божјиот закон и вистината за Господовата сабота, но не го прифаќаат дарот на пророштвото. „Законот и откровението“ (Исаија 8:20) претставува божествено мерило според кое можеме да го проверуваме секое верско учење и секоја вероисповед.
Според што небото ја признава и цени вистинската црква и нејзините припадници?
- Самиот Бог ја избрал и идентификувал Својата црква преку Својата Реч (Излез 19:5,6; Јован 15:16).
- Тие се вкоренети и втемелени на Карпата — Исус Христос и Неговото учење (1. Коринтјаните 3:11; 2. Коринтјаните 6:14–18).
- Тие одговараат на Божјиот повик и ги оставаат навиките, обичаите, задоволствата и суетите на овој свет (1. Јованово 2:15–17; Тит 2:14).
- Тие по многу нешта изгледаат како „избран народ“. Иако живеат во различни земји, тие го почитуваат секој праведен закон на земјата во која се наоѓаат. Не учествуваат во војни, штрајкови или политички расправии. Припаѓаат на народ кој Бог го „избрал“ и се подготвуваат за Божјото царство (Тит 2:14; Јован 18:36; Јаков 4:1).
- Не се затвораат во национални граници, туку го сочинуваат универзалното братство, кое е поврзано со цврсти врски на љубовта. Меѓу нив нема поделба според националност или раса.
- Ги држат сите десет Божји заповеди и го имаат дарот на пророштвото (Откровение 12:17; 14:12).
- Главната разлика помеѓу нив и другите религии е библиското правило: „Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина“ (Исаија 8:20).
- Љубовта кон Бога ја покажуваат преку послушност и исполнување на Неговата волја, изразена во Десетте заповеди (Проповедник 12:13; 1. Јованово 2:3–5).
- Божјата црква за нив претставува едно тело со една вера, водена од Светиот Дух (Ефесјаните 4:2–6).
- Како членови на Божјата црква, тие го чуваат своето тело како храм на Светиот Дух. Следејќи го примерот на Јован Крстител, го подготвуваат патот за второто Христово доаѓање. Во јадењето, пиењето и облекувањето, тие се придржуваат до библиските принципи како вистински здравствени реформатори (1. Коринтјаните 10:31).
Која организирана црква денес ги има сите овие обележја дадени во Божјата Реч?
Како што претходно беше спомнато, припадниците на секоја црква тврдат дека токму нивната организација е вистинската Божја црква. Сепак, ние не сме повикани да ги проценуваме според нивните мислења, туку според недвосмисленото сведоштво на Божјата Реч. Секоја црква содржи дел од вистината, но Бог ја открил целосната вистина на оние кои настојуваат да живеат според светлината што ја примиле, покорувајќи се потполно на Неговата волја.
Оваа црква се разликува од сите други, затоа што вистините кон кои се придржува ја издвојуваат и ја прават посебна. За секоја вероисповед која во кој било аспект не одговара на Божјите прописи, можеме со сигурност да кажеме дека таа не е Божја црква. Сепак, веруваме дека во секоја црква има чесни и искрени души. Пред да заврши времето на милоста, тие ќе ја слушнат и ќе имаат можност да ја прифатат тројната ангелска порака — последната опомена во Откровение 18:1.
Каков совет ни дава Божјата Реч во врска со собирањето во црквата, особено во овие последни денови?
„Не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“
— Евреите 10:25Бог, во Своето провидение, сè мудро предвидел. Тој знае дека човекот не може сам да се одржи во борбата на верата и затоа, во Својата Реч, го установил собирањето на верниците, каде што можат меѓусебно да се охрабрат на христијанскиот пат.
Драги пријателе, дали си подготвен уште денес да донесеш одлука да станеш припадник на вистинската Божја црква — онаа која ги пази Божјите заповеди и верата на Исус? Нека Бог ти помогне да донесеш правилна одлука, бидејќи не можеш да останеш неутрален.
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а) Во времето на апостолите, оние што Го прифатиле Христа биле
б) Грчкиот збор за црква значи
в) Црквата во Стариот Завет е опишана како
г) Христос ја покажал Својата љубов кон црквата така што за неа
а)
б)
в)
г)
а)
б)
1. Дали ви е јасно дека вистините кои ги проучуваме во овие лекции ги претставуваат Христовите специјални пораки за овие последни денови, според Откровение 14:6-12?
2. Сфаќајќи дека на Христовиот повик треба да одговориме уште денес, дали одлучивте да Го следите, заземајќи го своето место во Неговата црква на остатокот која ги пази сите Божји заповеди?
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. а) придодавани кон црквата (крштавани); б) собрание или „повикани“; в) собир во пустината; г) се предаде Себе (умре).
- 2. а) собирање по куќите (1. Кор. 16:19); б) наречени Божјо стадо (Дела 20:28); в) организирана црква во Јудеја (1. Сол. 2:14); г) црковно собрание во Ерусалим (Дела 14:27).
- 3. Исус Христос. (1. Коринтјаните 3:11; 10:4)
- 4. а) Ги пазат Божјите заповеди; б) Го имаат сведоштвото на Исус Христос (духот на пророштвото). (Откровение 12:17; 14:12)
- 5. Урнатините на духовниот темел — Божјиот закон (вклучително и саботата), кој бил запоставен и газен. (Исаија 58:12-14)
- 6. Со законот и откровението — Божјата Реч (Библијата). (Исаија 8:20)
МОЈ ОДГОВОР: Ова се лични прашања за размислување и одлука. Секој поединец треба да донесе лична одлука пред Бога, врз основа на вистините што ги проучувал.
