Од Бога одреден ден за одмор
Од Бога одреден ден за одмор
Проучете го потеклото и значењето на денот што Бог го одредил за одмор.

Вовед
Ќе се сетите дека во петтата и шестата лекција проучувавме за Божјото владеење и научивме дека Бог има закон — Десет заповеди — кои ја изразуваат Неговата волја за сите Негови созданија. Вратете се накратко на тие лекции пред да започнете со проучување на една од десетте заповеди, која денес е запоставена од најголемиот дел од христијанскиот свет.
Во четвртата заповед, запишана во Излез 20:8–11, самиот Господ ни заповеда: „Помни го саботниот ден, за да го празнуваш.“ Речиси сите други заповеди започнуваат со зборот „Не“, но Бог сака да се сетиме на Неговиот свет ден, затоа што тој нѐ потсетува на Него како наш Творец и Откупител. Саботата е ден на Неговата љубов. Ако ја празнуваме од седмица во седмица, тоа ќе нѐ доведе во поблиска врска со Христос и ќе ни даде сигурност дека Оној што го дал Својот живот на крстот на Голгота за да нѐ спаси од казната за гревот, исто така може и сака да нѐ ослободи од силата на гревот во нашиот живот. Еден современ писател тоа убаво го опишал:
„Кога саботата секогаш би се празнувала, мислите и чувствата на луѓето би биле насочени кон Творецот како предмет на нивно почитување и поклонување, и никогаш не би постоел ниту еден идолопоклоник, атеист или неверник. Празнувањето на саботата е знак на верност кон вистинскиот Бог, ‘кој ги создаде небото, земјата, морето и водните извори.’ Празнувањето на саботата претставува знак на лојалност и верност кон правиот Бог.“
ПОТЕКЛОТО НА САБОТАТА
Кога е празнувана првата сабота? Со кои три постапки Господ покажал дека ѝ придава особено значење на саботата?
„Така се довршија небото и земјата и сето нивно воинство. Седмиот ден Бог ги заврши делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден, и го освети (посветил), зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде“
— Создавање 2:1-3Кога Бог за шест дена го завршил делото на создавањето, седмиот ден го одредил за одмор. Седмиот ден Тој не само што одмарал, туку тој ден и го благословил и го посветил. Да се посвети нешто значи да се одвои за света употреба. Првите две Божји институции, воспоставени во Едемската градина, биле бракот и саботата. И двете овие установи треба да бидат обновени според првобитниот Божји план и повторно поставени на своето вистинско место во животот на Неговиот народ, бидејќи крајот на сѐ се приближува.
ЦЕЛТА НА САБОТАТА
За чие добро е воспоставена саботата како празник?
„Потоа продолжи: ‘Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата’“
— Марко 2:27Мнозина искрени луѓе се под влијание на распространетото сфаќање дека саботата е дадена само за еврејскиот народ, а не и за останатите луѓе. Сепак, од овој стих можеме да видиме дека саботата е дадена „за човекот“, а претходно цитираните стихови потврдуваат дека саботата била воспоставена многу векови пред постоењето на еврејската нација.
На што постојано нѐ потсетува саботата?
„Тоа е знак меѓу Мене и синовите на Израел довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори“
— Излез 31:17; да се прочита и Излез 20:11 и Псалм 111:4Преку кого е создадено сè што го гледаме и не го гледаме?
„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог… Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана“
— Јован 1:1-3; прочитајте Евреите 1:1,2 и Колосјаните 1:16,17Саботата, како спомен на делото на создавањето, ги насочува нашите мисли кон Творецот на сè што е создадено. Празнувајќи ја саботата, човекот од седмица во седмица доаѓа во сѐ поблиска врска со Христос, преку Кого е создадено сè што го гледаме и што не го гледаме.
Зошто саботата е исто така значајна?
„Кажи им на синовите на Израел така: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува“
— Излез 31:13; прочитајте Езекиел 20:12,20Преку кого се добива посветување?
„Од Него сте и вие во Исус Христос, Кој за нас стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп“
— 1. Коринтјаните 1:30БОЖЈИ ПЕЧАТ
Што треба да најдеме во Божјиот закон?
„Врзи го свидетелството и запечати го откровението (законот) пред своите ученици“
— Исаија 8:16Една од заповедите во Божјиот закон го содржи печатот на живиот Бог, со кој Христовите следбеници треба да бидат запечатени.
Од какво значење е печатот и што тој обично содржи?
Печатот се користи од поединци, здруженија и владетели како очигледен доказ за нивниот авторитет. Тој се употребува во врска со некој закон или одлука што бара послушност или се става на документ за да го направи правосилен и законит. Печатот е неопходен за законот, бидејќи од него мора да се препознае засегнатото лице или институција. Затоа, тој содржи три основни елементи:
- Име
- Служба или титула
- Живеалиште или територија
Пример: Марко Марковски (име), адвокат (служба), Скопје (живеалиште).
Која од десетте заповеди го содржи Божјиот печат?
Четвртата заповед, која зборува за саботата, е единствената од десетте заповеди што ги содржи спомнатите својства на печатот. Доколку внимателно го прочитаме Излез 20:8–11, ќе го препознаеме Божјиот печат:
- Господ (име)
- Ги создаде (служба)
- Небото и земјата (територија)
На законот што Бог со Својата рака го напишал на камени плочи, Тој го ставил и Својот печат.
„Преку верата разбираме дека вековите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото“ (Евреите 11:3). „Ја закачил земјата на ништо“ (Јов 26:7), бидејќи Тој навистина „држи сè со Својот моќен збор“ (Евреите 1:3) и бидејќи „преку Него живееме, се движиме и постоиме“ (Дела на апостолите 17:28) — Тој неспорно, конечно и потполно има право на сопственост над сè што создал и право да владее.
И така, саботата е знак на правото на Создателот да владее со вселената и, поради тоа, таа станува печат на Неговиот закон.
Кои три чекори се предвидени за примање на Божјиот печат?
1.
„Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух“
— Ефесјаните 1:13 (Запечатени сме во својот ум)2.
„Тој и нè запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“
— 2. Коринтјаните 1:22 (Сме го примиле законот на Духот во своето срце)3.
„И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји…“
— 2. Коринтјаните 7:1 (Целосна промена во животот)Најпрвин, со разумот или духот сме се увериле дека вистината навистина е вистина. Многу луѓе тука застануваат, задоволни со интелектуалното сознание за вистината. Тие мислат дека тоа е доволно за спасение. Меѓутоа, Библијата јасно ни покажува дека мораме да ја прифатиме и љубовта кон вистината за да се спасиме (види 2. Солунјаните 2:10). Можно е да ја засакаме вистината и саботата само ако му дозволиме на Исус да биде во нашето срце и мисли, бидејќи Тој е „патот, вистината и животот“ (Јован 14:6). Прифаќањето на Исус како личен Спасител е вториот чекор во запечатувањето, и тогаш вистинскиот Бог ни го дава залогот на Духот во нашите срца. (2. Коринтјаните 1:22). Кога Исус во потполност ќе завладее со нашиот живот, ќе го доживееме и третиот чекор во процесот на запечатување – посветувањето. Тоа е процес на христијанското растење или постигнување на се поголема сличност со Христа во нашиот живот.
Секоја душа на овој свет е Божја сопственост — и по создавањето, и по откупувањето. Секој човек поединечно се испитува и проверува низ својот живот: дали му враќа на Бога сѐ што Му припаѓа! Дали целото свое битие го предава на Бога како Негова откупена своина? Сите оние кои Го почитуваат Господа како идеал на својот живот ќе бидат под Неговата контрола и ќе го примат Божјиот печат — знак што покажува дека се Негова посебна сопственост. Христовата правда ќе оди пред нив, а Господовата слава ќе им биде заштита одзади. Господ го штити и чува секое човечко суштество што го носи Неговиот печат.
Таквото Божјо признание е најголема вредност за секое човечко суштество. Сите што Го љубат Бога и My служат верно се многу драгоцени во Неговите очи. Тој ќе ги постави таму каде што ќе можат да бидат достојни претставници на вистината каква што е во Исуса.
„Што претставува печатот на животот Бог, кој се става на челата на Неговиот народ? Тоа е знак, невидлив за човечките очи, обележје што можат да го читаат само ангелите, бидејќи ангелот-уништувач мора да го забележи тој знак на откупението. На оние кои Господ ги признава како Свои синови и ќерки, овие небесни битија го гледаат знакот на крстот од Голгота. Гревот, кој претставува кршење на Божјиот закон, е отстранет. Тие имаат на себе свадбено руво, и верно се покоруваат на сите Божји заповеди.“
Саботата е знак за посветување и, учествувајќи во благословите од правилното празнување на саботата, ќе примаме, во сè поголема мера, сила што се наоѓа во Исуса, за да живееме свет живот. Тоа е ден кога можеме да дојдеме во поблиска заедница со Него отколку во кој било друг ден и да примиме сила за верно извршување на должностите и совладување на искушенијата во следната седмица.
Нашата желба е секој учесник во проучувањето на овие теми во потполност да осознае со каква намера Бог ни ја дал саботата и примањето на Божјиот печат да стане негово лично искуство.
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а)
б)
в)
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. Започнува со зборот „Помни“ („Помни го саботниот ден…“), додека повеќето други започнуваат со „Не“.
- 2. Бог сака да се сетиме на Неговиот свет ден и да не го заборавиме, затоа што тој нѐ потсетува на Него како наш Творец и Откупител.
- 3. Бракот и саботата.
- 4. Да се одвои за света употреба.
- 5. Марко 2:27 — „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата.“ (Саботата е дадена за човекот/човештвото, а не само за Евреите).
- 6. На создавањето (спомен-ден на создавањето).
- 7. четвртата.
- 8. а) Интелектуално прифаќање на вистината (запечатени во умот – Ефесјаните 1:13); б) Прифаќање на Исус како личен Спасител, залог на Духот во срцето (2. Коринтјаните 1:22); в) Посветување – целосна промена во животот, растење во сличност со Христа (2. Коринтјаните 7:1).
- 9. Ќе ја осознаваме силата што се наоѓа во Исуса за да живееме свет живот, и ќе доаѓаме во поблиска заедница со Него.
