Непростлив грев

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 12 ОД 30

Непростлив грев

Проучете го библиското предупредување за отфрлањето на Божјиот Дух.

Лекција 12 — Непростлив грев

Вовед

Што е непростлив грев? Дали сум и јас направил таков грев? Има ли сè уште надеж за мене? Вакви и слични прашања често се јавуваат во срцата на оние што искрено сакаат да припаѓаат на Божјото семејство, но сè уште не ја откриле тајната на вистински успешниот духовен живот. Непријателот на секоја правда ги измачува со мислата: „Можеби мојот случај е сосема безнадежен.“ Тие ги преиспитуваат своите добри намери и дадените ветувања, кои често биле нестабилни како врбов клин, и чувствуваат дека немаат никаква надеж за нова прилика во животот. Дури и ако им се даде уште една шанса, се сомневаат дека ќе можат да ја искористат. Некои, гледајќи наназад кон мрачните поглавја од својот живот, се чувствуваат толку обременети од своите гревови што мислат дека се недостојни за Божјото царство. Други, кои го познаваат патот и чекорат по него, во моментите на обесхрабрување и искушенија се враќаат назад, постојано преиспитувајќи се: „Дали моите гревови се непростливи?“

Со желба искрениот следбеник на евангелието да ја дознае вистината за непростливиот грев, во оваа лекција ќе истражуваме што зборува Библијата за оваа важна тема. Мнозина се измачувани од непријателот единствено поради тоа што оваа вистина не им е доволно јасна. Сепак, Божјата љубов и милост секогаш остануваат достапни за секоја душа и Бог не сака ниту еден човек да остане во незнаење за значењето на непростливиот грев. Неговата желба е секој да ја спознае вистината и да најде надеж и утеха во Неговата благодат.

ГРЕВОВИ ЗА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ ПРОСТУВАЊЕ

Кои тешки хули и гревови, според Христовите зборови, можат да бидат простени?

„Секој грев и хула ќе им се прости на луѓето… И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости“

— Матеј 12:31,32

Во кое искушение паднал апостол Петар кога се помешал со војниците во текот на Христовото сослушување?

„Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: ‘Не Го познавам Човекот’“

— Матеј 26:74

Петар овде се одрекол од Учителот, зборувајќи на јазикот на својот претходен живот.

Која посебна напомена на ангелот, дадена по Христовото воскресение, покажува дека на Петар ова му е простено?

„Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар“

— Марко 16:7

Кој налог Христос му го доверил на Петар во присуство на останатите ученици?

„Исус му рече: Паси ги јагненцата Мои… Паси ги овците Мои… Паси ги овците Мои“

— Јован 21:15-17

До кое сознание дошол Давид кога направил прељуба и се обидел да ја сокрие со убиство?

„Згрешив пред Господ“

— Втора книга Самоилова 12:13

„Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое… и Ти ми ја прости вината на гревот мој“

— Псалм 32:5

Давид искрено признал, се покајал и му било простено.

Кој извештај го имаме во Библијата за гревот кој е судбоносен и за кој е речено да не се молиме?

„А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли“

— 1. Јованово 5:16

Дали Господ наоѓа некое задоволство во смртта на безбожникот?

„Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив“

— Езекиел 33:11

„Господ… долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат“

— 2. Петрово 3:9; да се прочита и Јован 3:16

НЕПРОСТЛИВ ГРЕВ

Што според зборовите на Христос, претставува непростлив грев?

„Но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето“

— Матеј 12:31

Кое сериозно предупредување во врска со Светиот Дух го дава апостол Павле?

„И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!“

— Ефесјаните 4:30

Постои ли можност за простување ако сме ја познале вистината, а свесно продолжиме да грешиме?

„Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови“

— Евреите 10:26

Која изрека останува како сериозно предупредување за сите генерации?

„Духот Мој нема вечно да ги одржува во живот луѓето“

— Создавање 6:3

Која е една од задачите на Светиот Дух?

„А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд“

— Јован 16:8

Кога совеста за нешто нѐ обвинува, честопати тоа е гласот на Светиот Дух.

На кој пат Господ ги упатува нашите чекори?

„Ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат словото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него“

— Исаија 30:21

Дали Илија го слушнал Божјиот глас во виорот, земјотресот и огнот?

„По земјотресот – оган, но не е Господ во огнот; по огнот – здив од тих ветар, и таму е Господ“

— Прва книга за царевите 19:12

Со посредство на која сила се упатува повикот на Евангелието до луѓето?

„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните“

— Лука 4:18

Тоа е сведоштвото на самиот Господ. Понатаму читаме:

„И Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој ќе чуе, нека каже: ‘Дојди!’ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“

— Откровение 22:17

Дали е корисно да се занемари или да се отфрли гласот на Светиот Дух?

„Кој ги крие престапите свои, нема да напредува“

— Изреки 28:13

Колку била тешка и длабока болката што го ранила срцето на Учителот кога видел како Евреите и нивните водачи безгрижно и рамнодушно се оглушуваат на повикот на Светиот Дух?

„Ерусалиме, Ерусалиме… Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, а вие не сакавте“

— Матеј 23:37

Што ни зборува Библијата за занемарувањето на должностите за кои сме свесни?

„И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави“

— Јаков 4:17

На која опасност се излагаме ако постојано ги занемаруваме предупредувањата и повиците на Светиот Дух?

„Додека се вели: ‘Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака како кога се побунивте’“

— Евреите 3:15

Што се случило кога Египтјаните го отфрлиле Божјиот милостив повик?

„Зошто да го ожесточувате срцето свое, како што го ожесточија срцето свое Египтјаните и фараонот“

— Прва книга Самоилова 6:6

Што ги навело Евреите да го ожесточат срцето против Христа и покрај јасните докази за Неговото Божествено потекло?

„Иако толку чудесни знаци беше направил пред нив, тие пак не веруваа во Него“

— Јован 12:37

ТОЧКА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ

Што често го следи закоравеното срце и упорното одбивање да се одговори на повикот на Духот?

„Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Негови… та немаше за него спасение“

— 2. Летописи 36:16

Кога Ефрем одбивал да одговори на сите повици и молби на Светиот Дух, што на крајот рекол Бог?

„Ефрем се поврзал со идолите – остави го“

— Осија 4:17

Што им рекол Исус на еврејските водачи кога тие навестиле дека на народот би требало да му се упати некоја друга порака?

„Авраам му рече: ‘Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат’“

— Лука 16:31 (тоа подоцна се обистинило во искуството со Лазар и со Исус, затоа што станале од мртвите и пак не им верувале)

Каква е пред Бога молитвата на оние кои продолжуваат по таквиот пат сѐ додека не отидат толку далеку така што повеќе не можат да го слушнат Неговиот глас?

„Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна“

— Изреки 28:9

Може ли таквата личност да се потпре на сопственото расудување?

„Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во смрт“

— Изреки 14:12

Кои примери со таков трагичен крај се наведени во Библијата како сериозно предупредување?

Саул:

„А Бог отстапи и повеќе не ми одговара“

— Прва книга Самоилова 28:15

Ефрем:

„Ефрем се здружи со идолите: Остави го“

— Осија 4:17

Јуда:

„Јуда излезе веднаш, а беше ноќ“

— Јован 13:30

Како грешникот може да знае кога отишол предалеку во својот престап?

Додека постои уште искрена желба за враќање кај Бога, а не само ‘страшно очекување на суд’, можеме да бидеме сигурни дека Светиот Дух сè уште дејствува. Неговата задача е да го осведочи престапникот за гревот. Оној чија совест е жигосана како со вжарено железо ја губи волјата за покајание и повеќе не копнее за Божјата љубов и милост. Таквиот човек му задава тешка болка на Светиот Дух и повеќе не одговара на Неговиот повик. Сепак, сѐ додека во човекот постои желба да се врати кај својот небесен Отец, може да биде сигурен дека секој грев ќе му биде простен и заборавен.

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

а) „А има и грев “ (1. Јованово 5:16).

б) „Кој ги крие престапите свои, “ (Изреки 28:13).

в) „И така, грев е за оној кој знае да прави добро, “ (Јаков 4:17).

г) „Кој го отстранува увото свое… на таквиот и молитвата му е “ (Изреки 28:9).

д) „Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во “ (Изреки 14:12).

ѓ) „Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме тогаш нема веќе жртва за гревови“ (Евреите 10:26).

е) „Духот Мој нема вечно да ги одржува во “ (Создавање 6:3).

Покажи ги точните одговори ✧ РЕШЕНИЈА ✧
  • 1. а) за смрт; б) нема да напредува; в) а не го прави; г) одвратна; д) смрт; ѓ) да грешиме; е) живот луѓето.
  • 2. Може да им биде простено ако искрено се покајат. „Секој грев и хула ќе им се прости на луѓето… и ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости“ (Матеј 12:31,32).
  • 3. „Паси ги јагненцата Мои… Паси ги овците Мои“ (Јован 21:15-17). Ангелот исто така рекол: „Кажете им на учениците Негови и на Петар“ (Марко 16:7).
  • 4. Искрено го признал својот грев и се покајал. „Згрешив пред Господ“ (2. Самоилова 12:13); „Тогаш го признав гревот мој…“ (Псалм 32:5).
  • 5. Не. „Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив“ (Езекиел 33:11).
  • 6. На Светиот Дух. „Хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето“ (Матеј 12:31).
  • 7. Преку тивок и придушен глас („здив од тих ветар“). (1. Царевите 19:12)
  • 8. Не. „Ако своеволно продолжуваме да грешиме… тогаш нема веќе жртва за гревови“ (Евреите 10:26).