Посветување – Лекција 9

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 9 ОД 30

Посветување

Откријте како верата и послушноста го обликуваат христијанскиот живот.

Лекција 9 — Посветување

Вовед

Во оваа лекција ќе учиме за вториот значаен чекор во животот на христијанинот. Во минатата лекција учевме како грешникот кој се кае може да пристапи кај Христа и, со посредство на Неговата крв, да се помири со Бога. Видовме дека записот за неговите дотогашни гревови, колку и да бил мрачен, може да биде избришан, така што покајникот може да остане чист од гревовите и ослободен од вината. Меѓутоа, сега се наметнува следното големо прашање: како тој може да се одржи на тој пат? Тој и порано сакал да му се спротивстави на гревот и им одолевал на искушенијата извесно време, но само за на крајот пак да биде совладан. За да бидеме успешни христијани, ние мора да ги совладаме тие искушенија. Како тоа, според библиското учење, може да се постигне, ќе научиме во оваа лекција.

Апостол Јован токму со таа намера го пишува своето прво послание на новообратените. Во првото поглавје, тој истакнува како покајанието, проследено со признавање на гревовите, ја отстранува вината за гревот и го чисти покајникот од нечистотија. Потоа продолжува: „Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите.“ Тој сакал тие да сфатат дека, откако се приближиле до Бога, треба да живеат нов живот, не враќајќи се повеќе на поранешниот живот во грев.

Ова е важна точка поради која некои искрени души стануваат обесхрабрени и доживуваат неуспех. Не пронаоѓајќи извор на сила која би ги оспособила да го надвладеат гревот и искушението, тие извесно време се обидуваат да се спротивстават, но постојано грешат и се каат, грешат и се каат, сѐ додека не ја изгубат силата за понатамошна борба. Тоа не е во согласност со силата на Христовото Евангелие и со Неговиот прекрасен план, со кој однапред е предвидено сè што е потребно за да здобиеме победа над гревот.

НОВО ИСКУСТВО

Кој следен чекор покајникот треба да го преземе бидејќи ги признал своите гревови?

„Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секакво клеветење“

— 1. Петрово 2:1

„А сега и вие отфрлете сè од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста“

— Колосјаните 3:8

Кога човекот ќе ги отфрли гревовите од минатото, што уште треба да направи за да добие сила да ги совлада искушенијата во иднина?

„И се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател“

— Колосјаните 3:10

„И да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска праведност и светост“

— Ефесјаните 4:24

Тоа се различни чекори. За да може човекот да облече нов капут, тој прво мора да го соблече стариот. На сличен начин тој може да „расте во милоста“, но прво треба да ја прифати понудената милост. Во водата може да се плива, но прво треба да се влезе во неа.

Како Библијата го опишува новиот човек кој дотогаш знаел да прави само зло?

„И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото“

— 2. Коринтјаните 5:17

Како се постигнува ова искуство?

„И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори“

— Лука 11:9,10

Дали е можно човекот тоа сам да го направи?

„Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо“

— Јован 15:5

Дали постои можност да успее оној кој тоа го прави само површно?

„Ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сè срце“

— Еремија 29:13

БОЖЕСТВЕНА ПОМОШ

Кое прекрасно ветување им е наменето на оние кои искрено бараат и се подготвени да ги примат Божјите дарови?

„Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо“

— Езекиел 36:26

Дали Божјото ветување тука престанува?

„А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сè што ќе побараме или помислиме“

— Ефесјаните 3:20

Што, според Христовите зборови, може да нѐ посвети?

„И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината“

— Јован 17:19

Што е истакнато во Библијата како човеков удел во сето тоа? Дали едноставното признавање на Божјите барања е доволно?

„Избрани по предзнаењето на Бог Отецот, и осветени од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исус Христос: да ви се умножат благодатта и мирот“

— 1. Петрово 1:2

Иако посветувањето не е нешто што човекот може сам да го достигне, сепак тој има свој удел во тоа. На пример, за да може да очекува жетва, човекот мора нешто да посее, за да може Господ тоа да го умножи.

Дали процесот на посветување престанува тогаш кога ќе се добие ново срце?

„А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сè, и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос“

— 1. Солунјаните 5:23

Што уште, освен срцето, треба да биде посветено?

„Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос“

— Филипјаните 2:5

Чија волја мора да биде на прво место?

„Но нека не биде мојата волја, туку Твојата“

— Лука 22:42

ПОБЕДНИЦИ ВО БОРБАТА СО ГРЕВОТ

Како во иднината ќе се однесуваме кон минливите задоволства на овој свет?

„Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на вашиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено“

— Римјаните 12:2

Кој ќе биде водечки принцип во новиот живот?

„И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја“

— 1. Коринтјаните 10:31

Што вели Библијата за оној кој исповеда вера, но тоа не го потврдува со својот живот?

„Кој вели: ‘Го познав’, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина“

— 1. Јованово 2:4

Дали е исправно новообратениот да се стреми кон она што го оставил во стариот живот?

„Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство! Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста“

— Колосјаните 3:5,6

За што сѐ може да биде употребен човекот ако соработува со Светиот Дух?

„И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело“

— 2. Тимотеј 2:21

„Стремежите за добрина и светост сами по себе се добри; но ако застанеме само на нив, нема да бидат од никаква корист. Мнозина ќе бидат изгубени иако сакаат и копнеат да бидат христијани. Тие не успеале својата волја да му ја покорат на Бога. Затоа сега и не решаваат да бидат христијани.

Ако правилно се служите со својата волја, може да се случи целосна промена во вашиот живот. Ако својата волја му ја потчините на Христа, ќе се соедините со силата која е над сите поглаварства и власти. Ќе имате сила одозгора да останете постојани и така со постојано покорување на Бога ќе бидете оспособени да живеете нов живот, живот на вера“

— Патот кон Христа, 47

„Посветеноста не е задача за еден миг, за еден час или ден, туку дело за цел живот. Таа не се стекнува со непостојан налет на чувствата, туку со постојано отфрлање на гревот и со доследно живеење за Христа. Злото не може да се отстрани ниту пак карактерот може да се преобрази со слаби, повремени напори. Можеме да победиме само со долги, истрајни напори, со строга дисциплина и со сериозна борба. Ние денеска не можеме да знаеме колку остра ќе биде нашата утрешна борба. Сѐ додека живее и владее сатаната, ние мораме да се бориме против сопственото „јас” и против гревот кој постојано нѐ опседнува. Сѐ додека живееме, нема одмор или застој во борбата, нема место до кое, кога ќе стигнеме, можеме да кажеме: „Постигнав сѐ!”. Светоста е резултат и плод на послушноста во текот на целиот живот“

— Делата на апостолите, 560

„Вистинско посветување е целосна согласност со Божјата волја.“

— Посветен живот, 9

„Посветувањето опишано во Светото писмо е поврзано со целото битие – духот, душата и телото.“

— Посветен живот, 7

„Нема вистинско посветување освен преку послушноста кон вистината.“

— Посветен живот, 67

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

а) Каков станува тој?

б) Чија волја ја твори?

в) Какви ќе бидат неговите мисли?

г) Со кое начело ќе се раководи?

а)

б)

в)

Покажи ги точните одговори ✧ РЕШЕНИЈА ✧
  • 1. Покајание и признавање на гревовите, помирување со Бога преку Христос. (Лекција 8)
  • 2. Посветување — облекување во новиот човек, живеење нов живот во Христос. (Колосјаните 3:10; Ефесјаните 4:24)
  • 3. Потребна е божествена помош — сила од Бога. „Без Мене не можете да направите ништо“ (Јован 15:5).
  • 4. а) Станува ново создание; старото помина. (2. Коринтјаните 5:17)
    б) Ја твори Божјата волја. (Лука 22:42)
    в) Ги има истите мисли како Исус Христос. (Филипјаните 2:5)
    г) Сè прави за слава Божја. (1. Коринтјаните 10:31)
  • 5. а) Да молиме; б) Да бараме; в) Да чукаме. (Лука 11:9)
  • 6. Се преобразува со возобновување на умот и ја испитува Божјата волја. (Римјаните 12:2)
  • 7. Ќе Го најдат Господа. „Ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сè срце“ (Еремија 29:13).