Чесност во работата
Адвентен дом
Спроведете го штедењето
Библијата како учебник за животните начела. – Нема гранка на чесно работење за која Библијата не би можела да ни ја понуди најосновната подготовка. Нејзините начела на внимателности, чесности, штедливост, владеење со себе и без пороци се тајна за вистинскиот успех. Овие начела, како што се прикажани во Соломоновите приказни, претставуваат ризница на практични мудрости. Каде може трговец, занаетчија, раководител во било кое подрачје од работата, да најде подобри совет за себе или за своите работници од оние кои се наоѓаат во зборовите на овој мудар човек: {АД 391.1}
„Дали си видел човек верен на работата? Таквите ќе стојат пред царевите, а нема да стојат пред сиромасите”. {АД 391.2}
„За секој труд има и добивка, а говорот на устата е само сиромаштија”. {АД 391.3}
„Има многу желби мрзливата душа, ама од тоа нема ништо”. {АД 391.4}
„За тоа што пијаницата и ненаситникот осиромашуваат и спанковците одат во ист ритам”. {АД 391.5}
Многумина би можеле да го избегнат паричниот неуспех и пропаста кога би ги послушале опомените кои толку често се повторувани и нагласувани во Писмото: {АД 391.6}
„Кој сака набрзина да се збогати, нема да остане без казна”. {АД 391.7}
„Богатството стекнато со суета се намалува, а кој собира со раце се умножува”. {АД 391.8}
„Богатството собрано со јазикот на лажливецот е суета која поминува меѓу оние кои бараат смрт”. {АД 391.9}
„Кој зема во заем ќе му стане слуга на оној кој му дава”. {АД 391.10}
„Злото поминува кај оној кој емчи за туѓото; а кој го мрази емството е без грижи”. {АД 391.11}
Осмата заповед осудува… крадење и ограбување. Таа бара совршена чесност и во најмалите ситници во животот. Таа забранува подметнување во трговијата и бара плаќање на реалните долгови и заслужената плата. {АД 392.1}
Нечесноста го расипува карактерот. – Тој (кој се служи со лажење и измами) го губи самопочитувањето. Тој можеби не е свесен дека Бог го гледа и дека е запознат со секоја работна постапка и дека светите ангели ги мерат неговите желби и ги слушаат неговите зборови и дека ќе примаат плата според своите дела. Дури и кога би успеал да ги сокрие своите зли дела од човечките и божествените очи, фактот дека тој тоа го знае, го расипува неговиот ум и карактер. Само една постапка не го одредува карактерот, но тој ја руши оградата и следното искушение многу полесно ќе дојде, сѐ додека на крајот не се создаде навика да се избегнува вистината и нечесноста во работењето, па на таквиот човек повеќе не може да му се верува. {АД 392.2}
Како што постапуваме со нашите блиски служејќи се со ситни, нечесни постапки или многу посмели измами, исто така ќе постапуваме и кон Бога. Луѓето кои упорно одат по патот на нечесноста, ќе ги спроведуваат своите начела сѐ додека не ја измамат својата душа и не го изгубат небото и вечниот живот. Тие ќе ја жртвуваат својата чест и вера само да стекнат некоја мала световна корист. {АД 392.3}
Избегнувајте ги долговите. – Многу семејства се сиромашни само затоа што ги трошат своите пари веднаш штом ќе ги добијат. {АД 392.4}
Морате да внимавате со своите работи да не управувате така што ќе направите долгови… Кога некој ќе западне во долг, тој западнал во сатанската мрежа, која е поставена на душите… {АД 392.5}
Да се земат и да се потрошат парите за било што пред да се заработат претставува замка. {АД 392.6}
Да се живее според приходите. – Не смееш да дозволиш да се заплеткаш во парични неприлики, бидејќи фактот дека си должен, ќе ја ослаби твојата вера и ти се заканува обесхрабрување; а самата помисла на тоа, те доведува до лудило. Мораш да ги на малиш своите трошоци и да се бориш да го поправиш овој недостаток во својот карактер. Ти мораш и можеш да преземеш сериозни напори за да владееш со својата склоност да трошиш пари кои го надминуваат твојот приход. {АД 393.1}
Срам за Божјото дело. – Светот има право да очекува строга чесност од оние кои се нарекуваат библиски христијани. Човекот кој не се грижи за плаќањето на своите долгови, ги доведува сите наши верници во опасност и на нив се гледа со недоверба. {АД 393.2}
Тие кои тежнеат кон побожност би требало да служат на чест на науката која ја исповедаат и не би требало да дозволуваат да се нарушува вистината поради нивното непримерно однесување. „Не бидете никому ништо должни,“ вели апостолот. {АД 393.3}
Совет до еден должник. – Биди одлучен никогаш да не направиш друг долг. Подобро откажи се од илјадници нешта отколку да паднеш во долг. Правењето долгови било проклетство во твојот живот. Бегај од тоа како од чума. {АД 393.4}
Направи свечен завет со Бога дека со Негов благослов ќе ги исплатиш долговите и тогаш немој никому ништо да му должиш дури и да живееш само од леб и каша. Толку е лесно во поставувањето на масата од својот џеб да извадиш уште некој денар повеќе за некој додаток. Внимавај на секоја пара, па и денарите ќе внимаваат на себе. Лептата потрошена овде или онде, за ова или за она, еден ден ќе порасне во голема вредност. Додека си соочен со долгови, лиши се себеси од сѐ… Не се двоуми, не очајувај, не отстапувај. Заповедај му на вкусот, заповедај му на апетитот, сочувај го својот денар и исплати ги своите долгови. Настојувај да го направиш тоа што побрзо. Кога повторно ќе стоиш како слободен човек, не должејќи му никому ништо, тогаш си извојувал голема победа. {АД 393.5}
Имајте обѕири кон несреќните должници. – Ако видите дека некој е во долгови и е навистина во неможност да ги исполни своите обврски, не го принудувајте да го прави она што не е во состојба. На таквите треба да им се даде можност да се ослободат од своите долгови и да ги спречите да дојдат во ситуација да не се во состојба самите да се ослободат од долгот. Иако таквата постапка се чини праведна, тоа не е Божјата милост и љубов. {АД 394.1}
Опасност од крајности. – Некои не се доволно внимателни и навлекуваат на себе долгови кои можеле да ги избегнат. Други покажуваат внимателност која се граничи со неверство. Користејќи ги околностите, одвреме навреме можеме да вложиме пари за да го зајакнеме и подигнеме Божјото дело, а сепак да се држиме строго до исправните начела. {АД 394.2}

