Морални начела
Адвентен дом
Вера во семејството
Сатаната настојува да го изопачи бракот. – Сатаната отсекогаш настојувал (уште во времето пред потопот) да ја изопачи брачната институција, да ги ослаби нивните обврски и да ја намали нејзината светост затоа што нема посигурен начин да го изобличи Божјиот лик во човекот и да ја отвори вратата на бедата и пороците. {АД 326.1}
На сатаната му е добро познат материјалот на кој ќе наиде во човечкото срце. Тој знае затоа што со пеколна трпеливост илјадници години ги проучувал точките кои напаѓаат најлесно во секој карактер; во текот на животот настојувал да ги сруши и најцврстите луѓе, кнезови во Израел, со истото искушение кое било толку успешно кај Велфегор. {АД 326.2}
Несреќа во Израел. – Развратот бил зло кое на Израел му го донел Божјиот суд. Настојувањето на жените да ги фатат душите во стапица не изгаснало кај Велфегор. Ова зло се повторило повеќе пати и покрај казната која ги снашла грешниците во Израел. Сатаната неуморно работел да го уништи Израел. {АД 326.3}
Развратното однесување на Евреите го извршило она што не можеле да го направат сите војни и магиите на Валаам. Тие се одвоиле од својот Бог. Исчезнала нивната заштита и сигурност. Така сега изгледало дека Бог станал нивен непријател. Бог се гневел на целиот народ, затоа што многу кнезови и луѓе од народот биле виновни за неморалот и тоа станало национален грев. {АД 326.4}
Историјата се повторува. – Пред самиот крај на историјата на оваа Земја, сатаната ќе работи со сите свои сили на ист начин и со истите искушенија, со кои го искушувал стариот Израел, непосредно пред неговото влегување во ветената земја. Тој ќе им постави стапици на оние кои тврдат дека ги држат Божјите заповеди и кои речиси се на граница на небесниот Ханаан. Тој ќе се послужи со сета своја сила за да ги фати душите и да го нападне Божјиот одбран народ на неговите најслаби точки. Оние кои не ги покориле своите страсти, кои дозволиле со своите мисли да се препуштат на телесното попуштање, сатаната наумил да ги уништи со своите искушенија да ги извалка со разврат нивните души. Нему не му е дојдено до пониските и помалку важни цели, но затоа настојува да ги собере оние преку кои ќе ги заведе луѓето да земат слобода за нешто што Божјиот закон го осудува. Луѓето кои заземаат одговорни положби, кои зборуваат за барањата на Божјиот закон, чиишто усни се полни со докази за одбрана на Божјиот закон, против кои Сатаната извршил таков напад на таквите тој ги насочува своите пеколни сили и своето орудие. Тој ги руши, напаѓајќи ги најслабите точки од нивниот карактер, знаејќи дека оној кој ќе погреши во едно, ќе биде виновен за сѐ и така стекнува целосна власт врз човекот. Во овој случај пропаѓаат умот, душата, телото и совеста. Колку е голема сатановата победа ако таквиот човек бил весник на правдата и имал голема светлина или Господ го употребил како посебен работник во делото на вистината! Колку тој се радува на тоа! Како е осрамотен Бог! {АД 327.1}
Неморалот преовладува во светот. – Покажана ми е страшна слика на состојбата во светот. Неморалот преовладува насекаде. Развратот е грев на нашето време. Порокот никогаш толку слободно не ја кревал својата глава. Луѓето како да отапеле, а оние кои ги почитуваат вредностите и вистинската добрина речиси се обесхрабрени од слободата, силата и моќта над пороците. Порочноста која владее со светот не зафаќа само еден круг на луѓе. За жал, многу мажи и жени кои ја исповедаат Христовата вера се виновни за овој грев. Па дури и некои кои тврдат дека го чекаат неговото доаѓање не се поподготвени од самиот сатана. Тие не се очистуваат од секоја нечистотија. Тие толку долго и служеле на својата страст, што е сосем нормално што нивните мисли се нечисти, а фантазијата расипана. Нивните мисли не можат да се занимаваат со она што е чисто и свето, како што е невозможно да го свртат текот на Нијагара и да направат нејзината вода да тече нагоре… Секој христијанин мора да научи да владее со своите страсти и како да го прифати влијанието на начелата. Ако не го направи тоа, не е достоен за христијанско име. {АД 328.1}
Лажната чувствителност зела замав во светот. На оженетите луѓе им ласка вниманието на мажени жени и на немажени девојки; жените како да се маѓепсани; го губат разумот, духовното размислување и здравото расудување. Тие го прават токму она што Божјата реч го осудува, она што го осудуваат сведоштвата на Божјиот Дух. Пред нив се јасни опомени и укори, но сепак одат по ист пат по кој оделе другите пред нив. Тоа е како игра која занесува. Сатаната ги води во пропаст, ги наведува да го загрозат Божјото дело, повторно да Го распнат и да го срамотат Божјиот Син. {АД 328.2}
Незнаењето, телесното уживање и грешните навики кои ја расипуваат душата, телото и духот, го полнат светот со морална чума; смртоносна морална маларија уништува илјадници и десетици илјади. Што да направиме за да ги спасиме своите млади? Малку што може да се направи, но Бог живее и владее и Тој може многу да направи. {АД 329.1}
Божјиот народ наспроти светот. – Слободата која се зема во ова време во кое преовладува злото, не смее да биде мерило за Христовите следбеници. Помеѓу христијаните кои се подготвуваат за бесмртност не смее да има помодарско искажување на фамилијарноста. Ако страста, расипаноста, прељубата, злосторството и убиството се вообичаени помеѓу оние кои не ги познаваат и кои одбиваат со нив да управуваат начелата на Божјата реч, колку е важно оние кои тврдат дека се Христови следбеници, да се тесно поврзани со Бог и ангелите, да го покажат подобриот и поблагороден пат! Колку е важно нивната непорочност и доблести да стојат во целосна спротивност со оние со кои владеат животинските страсти. {АД 329.2}
Натрупување на опасностите. – Во ова време во кое преовладува злото има многумина кои се толку заслепени од гревот, што живеат развратен живот затоа што тоа одговара на телесните и расипани склоности на срцето. Наместо да погледнат во огледалото на Божјиот закон и своето срце и карактер го усогласат со Божјото мерило, тие дозволуваат да се подигнат сатанските орудија во срцето на неговите мерила. Изопачените луѓе мислат дека е лесно да се искриват Писмата и така да го оправдаат своето беззаконие отколку да се ослободат од својата расипаност и гревот и да имаат чисто срце и живот. {АД 329.3}
Има повеќе такви луѓе отколку што мислиме и колку повеќе се приближуваме кон крајот на времето, нивниот број ќе се зголемува. {АД 329.4}
Кога сатанската зла сила владее со човекот, Бог се заборава, се велича човекот кој е исполнет со расипани намери. Овие заведени души се предаваат на тајниот разврат како доблест. Тоа е еден вид на занесеност. Кривоверието и развратот секогаш ги следи силата на занесеност. Умот е толку измамен, што не е во состојба разумно да размислува, а тоа постојано го оддалечува од чистотата. Духовниот вид се поматува, а луѓето, со дотогаш неизвалкан морал, стануваат збунети со заводничкото мудрување на сатанското оружје и тврдат дека се весници на светлината. Со ова оружје токму таа измама дава сила. Кога тие смело и отворено би пристапиле, би биле одбиени без нималку двоумење; но тие се обидуваат најпрво да придобијат симпатија и да стекнат доверба, како да се посветени пожртвувани Божји луѓе. Како негови одбрани посланици тие го започнуваат своето лукаво дело, одвлекувајќи ги душите од патот на чесноста, во обид да го поништат Божјиот закон. {АД 330.1}
Мажите и жените мораат да го сочуваат својот углед. – Умот на еден човек или на една жена моментално не се одвраќа од чистотата и светоста во порочност, расипаност и злодело. Потребно е време човечката природа да се преобрази во божествена или оние кои се создадени според Божјото обличје да добијат грубо и сатанско обличје. Со гледањето се менуваме. Иако е создаден според обличјето на својот Создател, човекот може така да го увежба својот ум, што гревот од кој претходно се гнасел ќе му стане пријатен. Кога човекот ќе престане да стражари и да се моли, тој престанува да ја чува тврдината, срцето и го прифаќа гревот и зло чинот. Така умот се изопачува и е невозможно да го кренеме од духот на расипаноста, затоа што е воспитан да ги заробува моралните и интелектуални сили и да ги потчинува на одвратните страсти. Затоа постојано мораме да се бориме со телесниот ум и за тоа ни е потребно благородното влијание на Божјата милост, која ќе го подигне нашиот ум и ќе го навикне да размислува за она што е чисто и свето. {АД 330.2}
Никој не е сигурен, ниту младиот, ниту стариот, ако не чувствува потреба за секој чекор да бара совет од Господа. Само оние кои имаат тесна заедница со Бога, ќе научат да ги ценат луѓето како што Тој ги цени, почитувајќи ги чистите, добрите, понизните и кротките. Срцето треба да се чува како што го чувал Јосиф. Искушенијата кои нѐ мамат да ја оставиме чистотата ќе ја дочекаме со одлуката: „Како да направам вакво големо зло и да му згрешам на Бога“? И најсилните искушенија не се изговор за гревот. Без оглед на тоа колку е силен притисокот, гревот е резултат на сопствениот избор. Изворот на тешкотиите е непрепороденото срце. {АД 331.1}
Со оглед на опасноста на ова време, зар нема како народ кој ги држи овие заповеди, да го отфрлиме помеѓу себе секој грев, секое беззаконие и секоја расипаност? Зар нема жените кои велат дека ја држат вистината строго да внимаваат на себе, за да не дадат ниту најмал повод за недозволена фамилијарност? Тие можат да затворат многу врати на искушението, со својата воздржаност и соодветно однесување. {АД 331.2}
Жените мораат високо да го подигнат знамето на чесноста. – Пишувам со болка во срцето за тоа дека жените во ова време, мажени и немажени, често не ја покажуваат неопходната воздржаност. Постапуваат како кокети. Тие го свртуваат вниманието и на оженетите и на неоженетите луѓе и оние кои немаат морални сили ќе паднат во стапица. Кога се дозволени, ваквите постапки ги затапуваат моралните чувства и го заслепуваат умот, така што злосторството не личи на грев. Се појавуваат мисли кои не би се појавиле ако жената би ја сочувала својата скромност и сериозност. Можеби таа немала лоши намери или побуди, но им дала повод на луѓето склони кон такво искушение и на кои им е потребна помош која може да ја добијат од оние со кои се во блиско друштво. Многу зло можело да се избегне ако мажите и жените би биле внимателни, воздржани, ако не земале премногу слобода ниту го прифаќале непосредното внимание туку го сочувале возвишениот морал и достоинство. {АД 331.3}
Долго се подготвував да им зборувам на моите сестри и да им кажам според тоа што Бог одвреме навреме ми го покажал, дека меѓу нив има големи недостатоци. Тие доволно не се чуваат од секој облик на злото. Тие се невнимателни во своето однесување, а тоа не им одговара на жените кои се посветуваат на побожноста. Нивните зборови не секакви што би требало да бидат зборовите на жените кои ја примиле Божјата милост. Премногу се блиски со своите браќа. Тие се задржуваат меѓу нив, сакаат да се во нивна близина и да бидат во нивно друштво. Нивното внимание им е многу пријатно. {АД 332.1}
Во светлината на она што ми го откри Господ, нашите сестри мораат да заземат сосем спротивен став. Мораат да бидат многу повнимателни, помалку отворени, а исполнети со „срам и почитување“. И браќата и сестрите се препуштаат на премногу весели разговори кога се заедно во друштво. Жените кои се посветуваат на побожноста се оддаваат на несериозности, шеги и смеење. Тоа е непристојно и го разжалостува Божјиот Дух. Ваквото однесување го открива недостатокот од вистинска христијанска благородност. Тоа не ја зајакнува душата за Бога туку ја исполнува со темнина; тоа ги брка чистите и благородни небесни ангели и ги понижува сите кои му попуштаат на тоа зло. {АД 332.2}
Жените често се искушувачи. Со овој или со оној изговор го привлекуваат вниманието на мажите, оженетите или неоженетите и ги наведуваат да го прекршат Божјиот закон, да ги упропастат своите способности, а своите души да ги изложат на опасност… Кога жените би го облагородиле својот живот и би станале Христови соработници, тогаш со нивното влијание би се избегнале многу опасности. Меѓутоа, поради нивната негрижа кон одговорностите во домот и кон барањата што Бог ги става пред нив, нивното влијание често е насочено во погрешен правец. Нивните сили се ослабени, а и нивната работа не донесува божествен печат. {АД 333.1}
Има толку наметливи девојки и слободни жени кои се способни да го свртат вниманието на себе; сакаат да бидат во друштво на млади луѓе, да привлечат внимание, да им се додворуваат оженети или неоженети мажи кои целосно ќе паднат во сатанската мрежа доколку непоколебливо не гледаат во Христа. {АД 333.2}
Како Христов пратеник, јас ве преколнувам вас кои тврдите дека ја исповедате сегашната вистина, брзо да го забележите секое приближување кон неморалноста и да го напуштите друштвото на оние кои ги изнесуваат нечистите мисли. Грозете се од тие осквернувачки гревови со најголема одвратност. Бегајте од оние кои дури и само во разговор, би го поттикнувале умот да се занимава со тие гревови, затоа што „устата зборува од вишокот во срцето“… {АД 333.3}
Не треба ниту еден момент да се задржите на нечистата и прељубничка мисла, затоа што и тоа ја онечистува душата, како што водата ја валка цевката низ која поминува. {АД 333.4}
Жената која дозволува во нејзино присуство да се искаже еден нечист збор или наговестување не е онаква личност каква што Бог сака. Онаа жена која дозволува недозволива близина или нечисти предлози, не ја чува својата женственост дадена од Бога. {АД 333.5}
Заштитен со света ограда. – Нашите сестри треба да ја негуваат вистинската кротост; не треба да бидат слободни, зборливи и дрски туку скромни и кротки, умерени во зборувањето. Нека ја негуваат учтивоста. На Бога ќе му бидат угодни ако бидат љубезни, нежни, милостиви, подготвени за простување и понизни. Ваквото однесување нема да предизвика непотребно внимание од луѓето во црквата или надвор од неа. Сите тие ќе чувствуваат дека околу овие побожни жени се наоѓа света ограда на чистотата, која ги штити од секоја неоправдана слобода. {АД 334.1}
Некои жени кои ја истакнуваат својата побожност покажуваат невнимателна и груба слобода во однесувањето, која ги води во лошотија и грев. Но, оние побожни жени, на кои умот и срцето им се исполнети со возвишени размислувања, кои ја зајакнуваат чистотата на животот и ја подигаат душата до заедница со Бога, нема да бидат лесно заведени од патот на кротоста и доблестите. Тие ќе се сочуваат од сатанското мудрување; ќе бидат подготвени да се спротивстават на неговите лукави замки. {АД 334.2}
Ве повикувам како Христови следбеници, кои имаат возвишена чест, да го чувате скапоценото, непроценливо богатство на скромност. Тоа ќе ја сочува вашата кротост. {АД 334.3}
Владејте со мислите. – Владејте со своите мисли. Тоа нема да биде лесна задача; не можете да ја извршите, ако не вложите темелен и сериозен напор. Бог го бара тоа од вас; тоа е должност на секое битие кое мора да даде одговор за себе. За своите мисли сте одговорни пред Бога. Ако се препуштите на празните мечтаења, дозволувајќи му на разумот да се занимава со нечисти теми, вие во одредена мера сте исто така виновни пред Бога како да сте ги спровеле своите мисли на дело. Тоа значи дека недостатокот од можноста го спречил делото. Деноноќното мечтаење и ѕидање на кули во воздух е лоша и особено опасна, навика. А кога навиката еднаш ќе се вкорени, речиси е невозможно да се искорени и да се насочат мислите кон она што е чисто, свето и возвишено. {АД 334.4}
Чувајте се од ласкањето. – Ме боли кога гледам дека луѓето се слават, кога им ласкаат и кога ги галат. Бог ми го откри фактот дека некои од нив кои примаат такво внимание не се достојни со своите усни да го изговорат Неговото име; сепак ограничените луѓе ги креваат до небо, затоа што гледаат само на надворешниот изглед. Сестри мои, не ги мазете слабите, грешни и неправедни луѓе ниту им ласкајте без разлика дали се млади или стари, оженети или неоженети. Вие не ги знаете нивните слабости и не знаете дека токму ова претерано внимание и пофалби можат да ја предизвикаат нивната пропаст. Вознемирена сум поради кратковидноста, недостатокот на мудрост, кои многумина ги покажуваат во овој поглед. {АД 335.1}
Луѓето кои работат за Бога и кои го имаат Христа во своите срца, нема да ја намалат мерката за моралот туку ќе се трудат да ја подигнат. Нема да наоѓаат задоволство во ласкањето на жените ниту во тоа тие да ги мазат. Мажите, и оженетите и неоженетите треба да кажат: „Рацете покрај себе! Не сакам да дадам ниту најмал повод лошо да се зборува за мене. Моето добро име е богатство кое е многу повредно од златото и среброто. Дозволете ми да го сочувам неизвалкано. Ако сепак луѓето го напаѓаат моето име, тоа нема да биде затоа што сум им дал повод туку од иста причина поради која го осудувале Христа: затоа што ја мразеле непорочноста и светоста на Неговиот карактер, затоа што таа им била нивна постојана опомена“. {АД 335.2}
Недолично однесување. – И најтивкиот предлог, без оглед на тоа од кој извор потекнува, кој те повикува да му попуштиш на гревот или да дозволиш и најмала неоправдана слобода, треба да ја одбиеш како најлоша навреда на својата благородна женственост. Бакнежот во образ треба да те наведе со гадење да го отфрлиш сатанскиот емисар. Ако тоа потекнува од некој на високо место, кој работи со свети работи, гревот е десетпати потежок и побожната жена или девојка треба со ужас да се отстрани не само од гревот на кој сака да ја наведе туку и од лицемерието и подлоста на оној кој луѓето го ценат и почитуваат како Божји слуга. {АД 335.3}
Ако проповедникот на евангелието не владее со своите страсти, ако не го следи примерот на апостолите и така ја осрамоти својата професија и вера, ако само го спомне попуштањето на гревот, нашите сестри кои се побожни не смеат ниту во еден момент да се залажуваат дека, и во најмала мера, гревот или злосторството, ја губат својата грешност затоа што во тоа згрешил нивниот проповедник. Ако луѓето на одговорните места имаат близок однос кон гревот, тоа во ничиј ум не смее да ја намали вината и тежината на гревот. Гревот и понатаму останува грев, одвратен каков што бил претходно; како да бега од змија чие каснување е смртоносно, на оној кој се предава на гревот. Кога сестрите би биле благородни и украсени со чистотата на срцето, тие би го одбиле секој недоличен пристап, дури и од својот проповедник, и тоа толку одлучно, за никогаш да не се повтори. {АД 336.1}
Верноста на брачниот завет. – Колку внимателен треба да биде мажот и таткото за да ја сочува верноста на својот брачен завет! Колку внимателност мора да покаже во својата служба, за кај младите девојки, дури и кај мажените жени, да не ги охрабри мислите кои не се во согласност со возвишеното, свето мерило – Божјите заповеди! Христос покажал дека овие заповеди се сеопфатни и дека се однесуваат дури и на мислите, побудите и намерите на срцето. Ги има многу кои грешат во тоа. Мислите на нивното срце не се со чист и свет карактер кој го бара Бога; и без разлика колку и да е висок нивниот повик и било какви способности да имаат, Бог ќе го открие нивниот грев и ќе смета дека се многу повиновни и дека го заслужуваат Неговиот гнев многу повеќе од оние кои имаат помалку таленти, помала светлина и помали влијанија. {АД 336.2}
Речено ми е да им кажам на женетите луѓе: им должите љубов и почитување на своите сопруги, мајките на своите деца. Подарете им го своето внимание, а вашите мисли нека бидат зафатени со планови кои ќе ги направат среќни. {АД 337.1}
Покажани ми се семејства, во кои мажот и таткото не го сочувал она што доликува на Христовите следбеници онаа воздржана, благородна и на Бога слична природа. Неговите постапки кон сопругата, на која ѝ ветил пред Бога и пред ангелите дека ќе ја сака, почитува и цени, сѐ додека и двајцата бидат живи, не биле љубезни, нежни и учтиви. Девојката која била вработена во неговиот дом, била толку слободна, што му ја чешлала косата и била необично внимателна кон него, а нему тоа му годело, неразумно му годело. На својата сопруга не и укажува љубов и внимание како претходно. Бидете сигурни дека сатаната е на дело. Почитувајте ги своите работници, постапувајте кон нив многу внимателно и љубезно, но не одете понатаму. Држете се цврсто за нивното однесување да не стане блиско. {АД 337.2}
Неповредливост на семејниот живот. – О, колку животи се загорчени поради тоа што се срушени ѕидовите кои го чувале приватниот живот на секое семејство, кои се подигнати за да ја заштитат неговата чистота и светост! Жената се доверила на трета личност и толку блиска пријателка ги запознава нејзините приватни семејни тајни. Ова е сатански план со цел да го оддалечи срцето на мажот и на жената. О, само ова да престане! Колку помалку би имало неволји! Затворете ги во своето срце слабостите на другиот. Своите тешкотии изнесете ги само на Бога. Тој може да ви даде вистински совет и сигурна утеха, кои се чисти и во кои нема горчина. {АД 337.3}
Ако жената ги кажува своите семејни неволји или се жали од својот маж на некој друг човек, таа го престапува својот брачен завет; таа го срамоти својот сопруг и ја руши оградата подигната да ја сочува светоста на брачните врски; таа широко ја отвора вратата и го повикува сатаната да влезе со своите подмолни искушенија. Тоа е всушност она што го сака сатаната. Ако некоја жена дојде кај братот во Христа со приказна за своите јадови, разочарувања и неволји, тој секогаш мора да и советува дека ако веќе мора некому да ги довери своите тешкотии, да избере сестри за свои доверенички и тогаш нема да има ниту најмала можност за злонамерни претпоставки, поради кои Божјото дело би можело да претрпи срам. {АД 338.1}
Сочувани од падот. – Им зборувам на верниците на нашата црква. Ако се приближите кон Исуса со желба уредниот живот и светите разговори да ги украсите со вистината која ја проповедате, ќе бидете сочувани од тргнувањето по забранети патеки. Кога само би стражареле и постојано би стражареле во молитва, кога би правеле сѐ како да сте во непосредно Божје присуство, тогаш би биле сочувани од падот во искушение и би можеле да се надевате дека ќе останете чисти, без мана и неизвалкани до крај. Ако до крајот цврсто го одржите почетокот на својата вера, вашите патишта ќе бидат зацврстени во Господа; и она што го започнала милоста во вас, славата ќе го круниса во царството на нашиот Бог. А плодовите се: духовна љубов, радост, мир, трпение, добрина, милост, вера, кротост, воздржување; за тоа нема закон. А оние кои се Христови, го распнале телото со страстите и желбите. {АД 338.2}

