На родителите им припаѓа почитувањето

Адвентен дом

Помошници на мајката

Детскиот долг кон родителите. – Децата треба да разберат дека тие се должници на своите родители, кои бдееле над нив во нивното детство и ги негувале во болест. Треба да имаат на ум дека родителите многу се грижеле за нив. Совесните и побожни родители направиле сѐ што можеле за нивните деца да тргнат подобар пат. Колку ги болело кога ги виделе недостатоците во животот на своите деца! Кога децата кои им задавале болка на своите родители би можеле да ги видат последиците од своето постоење, сигурно би попуштиле. Кога би можеле да ги видат солзите на својата мајка и да ги слушнат молитвите упатени до Бога за нив, кога би ги слушнале нејзините тивки воздишки, нивните срца би омекнале, тие брзо би ја признале својата вина и би побарале прошка. {АД 292.1}

Кога ќе пораснат, децата ќе ги почитуваат родителите, кои верно работеле и кои не им дозволувале да негуваат несоодветни чувства или да им попуштаат на лошите навики. {АД 292.2}

Заповед која ги обврзува сите. – „Почитувај ги таткото твој и мајката твоја, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог“. Ова е првата заповед советување. Таа ги обврзува децата и младите, возрасните и старите. Нема период во животот во кој децата би биле ослободени од обврската да ги почитуваат своите родители. Оваа свечена обврска се однесува на секој син и ќерка, и е еден од условите за продолжен живот на земјата кој Господ ќе им го даде на верните. Оваа тема не е неважна, таа има животна важност. Ветувањето зависи од послушноста. Ако послушаш, ќе живееш долго на земјата што ти ја дава твојот Господ Бог. Ако не послушаш, нема да го продолжиш својот живот на таа земја. {АД 292.3}

Родителите имаат право на љубов и почитување кое не му припаѓа на никој друг. Сам Бог кој им дал одговорност за душите кои им се доверени, одредил во текот на првите години од живот на децата тие да ги насочуваат наместо Бог. Оној кој одбива да го признае законскиот авторитет на своите родители, одбива да го признае Божјиот авторитет. Петата заповед им налага на децата не само да ги почитуваат своите родители, да им се покоруваат и да ги слушаат, туку да им пружат љубов и нежност, да ги олеснат нивните грижи, да го чуваат нивниот углед и во староста да им пружат помош и утеха. {АД 293.1}

Бог не може да ги усреќи оние кои се спротивставуваат на јасната заповед истакната во Неговата реч, која ја одредува должноста на децата кон родителите… Ако тие не ги почитуваат и не ги ценат своите земни родители, нема да го почитуваат ниту да го сакаат својот Создател. {АД 293.2}

Кога децата имаат неверни родители, чии заповеди се спротивни на Христовите, тогаш колку и да е тоа болно, тие мораат да го послушаат Бога, а последиците да му ги препуштат Нему. {АД 293.3}

Многумина ја кршат петата заповед. – Во овие последни денови детската непослушност и непочитување дошле толку до израз што Бог посебно укажал на тоа; тоа е знак дека крајот е близу. Тоа покажува како сатаната има речиси целосна превласт над умовите на младите. Многумина денес повеќе не ги почитуваат старите. {АД 293.4}

Многу деца кои велат дека ја познаваат вистината им ја ускратуваат честа и љубовта на своите родители, не покажувајќи ниту малку љубов кон мајката и таткото, запоставувајќи да им укажат почитување, исполнувајќи ги нивните желби и трудејќи да им ги олеснат грижите. Многумина кои тврдат дека се христијани не знаат што значи да се почитуваат и поради тоа на нив нема да се однесуваат зборовите: „да ти се продолжат деновите на земјата што ти ја дава твојот Господ Бог“. {АД 293.5}

Во ова бунтовно време, децата кои не примиле вистинско воспитување и кои се недисциплинирани имаат малку чувства за своите обврски кон родителите. Често се случува децата да се толку неблагодарни и да имаат толку малку почитување кон родителите колку тие прават повеќе за нив. Децата кои секогаш биле галени од родителите и во сѐ им било угодувано, секогаш го очекуваат тоа, а ако не им се оди по желбата, тогаш се разочарани и обесхрабрени. Истото расположение ќе се забележи и во нивниот подоцнежен живот. Тие ќе чувствуваат беспомошност, ќе се потпираат на помошта од другите, ќе очекуваат другите да им угодуваат и попуштаат. И кога ќе пораснат, ако наидат на спротивставување, ќе сметаат дека се запоставувани; и така со мака ќе поминуваат во светот, речиси неспособни да се носат самите со себе, често жалејќи се и јадосувајќи се затоа што не им оди ништо како што сакаат. {АД 294.1}

На небото нема место за неблагодарните деца. – Видов како сатаната ги заслепил умовите на младите, за да не можат да ја сфатат вистината на Божјите зборови. Станале толку нечувствителни, што не се грижат за советите на светиот апостол: {АД 294.2}

„Деца, слушајте ги своите родители во Господа: затоа што ова е добро. Почитувај ги таткото и мајката твоја; ова е првата заповед советување; за да ти биде добро и да живееш долго во онаа (новата) земја”. „Деца, слушајте ги своите родители во сѐ, тоа му причинува задоволство на Господа“. Децата кои не ги почитуваат и не ги слушаат своите родители и не се грижат за нивниот совет и упатства, нема да имаат удел на новата Земја. Очистената нова Земја нема да биде место за бунтовните, непослушните и неблагодарни синови и ќерки. Ако таквите не се научат на послушност и покорност на оваа Земја, тоа никогаш подоцна нема да го научат; мирот на откупението нема да биде пореметен со присуството на непослушни, непокорни и своеволни деца. Ниту еден престапник не може да го наследи Божјото царство. {АД 294.3}

Љубовта треба да се покаже. – Видов деца кои како да се лишени од чувствата кон своите родители, кои не изразуваат љубов, која им припаѓа на родителите и која би ја ценеле; но на оние кон кои имаат најголема наклонетост, покажуваат изобилно љубов и нежност. Дали е тоа по Божја волја? Не, не. Внесете ги во семејниот круг сите зраци на љубов и нежност. Вашите татко и мајка ќе ги ценат овие мали знаци на внимание кои им ги укажувате. Вашиот труд да ги олесните товарите и да го контролирате секој лош и неблагодарен збор, покажува дека не сте неразумно дете, дека ја цените грижата и љубовта со која ве опфатиле во годините на вашата беспомошност. {АД 295.1}

Деца, потребно е мајката да ве сака, затоа што би биле многу несреќни. Не е ли тогаш добро децата да ги сакаат своите родители, со ведра насмевка, пријатни зборови и радосна, срдечна соработка да ја покажат оваа љубов, помагајќи им на таткото и мајката? {АД 295.2}

Сѐ правете како на Исуса. – Ако навистина сте обратени, ако сте Исусови деца, ќе ги почитувате своите родители; вие ќе бидете подготвени да правите не само она што тие ви го кажуваат туку и самите ќе барате можност да им помогнете. Ако го правите тоа, вие работите за Исус. Сите овие грижливи и промислени дела, Исус ги смета како да му се направени Нему. Тогаш тоа ќе биде најважната мисионерска работа; оние кои се верни во овие мали секојдневни должности, стекнуваат скапоцено искуство. {АД 295.3}