Негата на малите деца

Адвентен дом

Влијанието пред раѓањето

Правилен став на мајките – доилки. – Најдобра храна за бебето е храната што ја дава природата. Оваа храна не смеете непотребно да му ја скратувате на детето. Мајката која поради удобноста или општествените обврски се обидува да се ослободи од нежната должност доење на детето, нема срце. {АД 260.1}

Временскиот период во кој детето ја прима храната од мајката е критично. На многу мајки додека ги дојат своите деца им се дозволува претерано да работат и да ја загреат својата крв кога готват. Доенчето тогаш е сериозно загрозено не само со невкусна храна од мајчините гради, туку и неговата крв е затруена од нездравата исхрана на мајката, која што целото свое тело го довела во трескавична состојба, со што ја расипала и храната за детето. На детето исто така влијае и состојбата на мајчиниот дух. Ако мајката е несреќна, лесно раздразлива, возбудена, давајќи простор на изливот на страсти, храната што детето ја прима од неа ќе биде штетна, предизвикувајќи чести грчеви, проливи, а во некои случаи и силни возбуди и напади. {АД 260.2}

На карактерот на детето помалку или повеќе влијае природата на храната што ја прима од мајката. Колку тогаш е важно, додека мајката го дои своето дете да го сочува доброто расположение имајќи целосна контрола над својот дух. Ако прави така, храната нема да биде штетна за детето, а благиот, мирен начин на кој мајката се однесува со своето дете ќе влијае на обликување на неговиот ум. Ако е нервозно и лесно раздразливо, мајчиниот внимателен и смирен однос ќе дејствува смирувачки, така што здравјето на детето може многу да се поправи. {АД 260.3}

Колку животот на детето е помирен и поедноставен толку тоа ќе биде подобро за неговиот телесен и умствен развој. Мајката мора да се труди секогаш да биде мирна, тивка и ладнокрвна. {АД 261.1}

Храната не го заменува влијанието. – Бебињата се злоупотребуваат со неправилни постапки. Ако се раздразливи, обично им се дава храна да се смират; меѓутоа, во повеќето случаи причина за нивната раздразливост е давање на големото количество на храна што е штетно поради лошите мајчински навики. Давањето на поголемо количество на храна отколку што е потребно ја зголемува раздразливоста, бидејќи детскиот желудник е веќе преоптоварен. {АД 261.2}

Децата уште од колевка се учат на попуштање на апетитот и на сфаќањето дека живеат за да јадат. Мајката прави многу за обликување на карактерот на своите деца уште во нивното детство. Таа може да ги учи да внимаваат на својот апетит или да му попуштаат и да станат ненаситни. Мајката обично планира да изврши одредени работи во текот на денот; кога децата ќе почнат да ѝ здодеваат, наместо да им ги отстрани нивните мали таги, таа им дава нешто да јадат што ги смирува извесен период, но подоцна состојбата станува полоша. Детскиот желудник е преполн со храна, иако воопшто не чувствувал потреба за неа. Сѐ што било потребно да се направи за нив, се состоело во малку од мајчиното време и внимание. Но таа своето време го сметала за премногу скапоцено за да им се посвети и да ги разоноди своите деца. Можеби за неа е поважно од среќата и здравјето на нејзините деца, умешното уредување настанот, за посетителите да ја пофалат, како и помодарското подготвување на храна.

{АД 261.3}

Здрава, вкусна и едноставна храна. – Храната треба да биде толку едноставна, што нејзиното подготвување нема да ѝ одзема многу време на мајката. Вистина, потребно е вашата маса да биде снабдена со здрава храна, која ќе биде и хранлива и вкусна. Не мислете дека можете што и да е можете да ставите на својата маса како храна, и да сметате дека тоа е добро за вашите деца. Помалку време посветете во подготовка на нездрави јадења, со кои се угодува на расипаниот вкус, а повеќе во воспитувањето и образованието на децата. {АД 262.1}

Подготовка на детската облека. – Во подготвувањето на детската облека, имајте ги во предвид удобноста, полезноста и здравјето, повеќе отколку модата и желбата да предизвикате воодушевување. Мајката не треба да троши време на везење или украсување на малата облека, оптоварувајќи се со непотребна работа на штета на своето здравје и здравјето на своето дете. Нека не биде премногу окупирана со шиење на фустанчиња, кои ги заморуваат очите и нервите, во време кога одморот и опуштеноста и се толку потребни. Таа мора да биде свесна за обврската да ја чува својата сила за да може да се исполнат барањата кои ќе ѝ бидат поставени. {АД 262.2}

Обезбедете топлина и свеж воздух. – На бебињата им е потребна топлина, но често се греши во тоа што ги држат во премногу топли соби. лишени од свежиот воздух… {АД 262.3}

Бебињата треба да се чуваат од секакво влијание кое може да доведе до ослабување или труење на организмот. Најголема грижа треба да се покаже во напорот сѐ да биде уредно и чисто. Иако е потребно да ги заштитат од ненадејни и преголеми промени на температурата, погрижете се без оглед дали спијат или се будни, дење и ноќе, да дишат чист, освежувачки воздух. {АД 262.4}

Негување на болни деца. – Во многу случаи заболувањето на децата е предизвикано од погрешни постапки. Причините за неволјите може да бидат: нередовна исхрана, несоодветна облека во студените ноќи, недостаток на силни вежби за да може крвта правилно да циркулира или недостаток од обилен воздух за нејзино прочистување. Родителите треба ја пронајдат причината за болеста и што поскоро да ги отстранат штетните услови. {АД 263.1}

Сите родители можат многу да научат за негата, спречувањето, па дури и лекувањето на болеста. Особено мајката мора да знае што да прави во случај на болест во нејзиното семејство. Таа треба да знае како да го негува своето болно дете. Нејзината љубов и проникливост треба да ја оспособи за извршување на службата, која не може мирно да ја довери на туѓи раце. {АД 263.2}