Здравјето на мајката и нејзиниот личен изглед

Адвентен дом

Несовршени примери

Треба да се чува здравјето на мајката. – Силата на мајката треба внимателно да се чува. Наместо својата скапоцена сила да ја потроши на исцрпувачка работа, неа треба да ѝ се олеснат грижите и товарите. Често сопругот и татко не ги познава физичките закони од чие познавање зависи доброто на неговото семејство. Преокупиран со борбата за одржување на животот или тежнеењето кон збогатување, притиснат со грижи и тешкотии, тој дозволува на сопругата и мајка да паднат товари кои во најтешкиот период ја надминуваат нејзината сила и ѝ донесуваат слабост и болест. {АД 251.1}

Во нејзин интерес е, како и во интерес на нејзиното семејство да се сочува од сите непотребни оптоварувања и да го искористи секое можно средство кое ќе ѝ помогне да го сочува животот, здравјето и силата која ѝ ја дал Бог, затоа што за извршување на нејзината голема задача ќе биде потребна силата од сите нејзини способности. Еден дел од своето време треба да го помине во природа, во движење што ќе ја освежи својата работа во домот да ја извршува расположено и темелно, за да биде светлина и благослов во домот. {АД 251.2}

Мајките како застапнички на здравствените реформи. – Бог јасно ја дал до знаење својата волја на сите мајки. Тој сака тие да бидат, со зборови и со пример, застапници на здравствената реформа. Тие треба цврсто да стојат на начелата и во никој случај да не ги прекршат физичките закони, кои Бог ги всадил во нивното битие. Стоејќи покрај здравите начела, цврсти во чесноста, мајките ќе имаат морална сила и милост од Небото, за со својата светлина со својот правилен пат и карактер да им го осветлуваат патот на своите деца. {АД 251.3}

Умереност во исхраната. – Мајката мора да се одликува со совршена самоконтрола; за да ја стекне, таа мора да се чува од секое физичко и умствено нарушување. Нејзиниот живот мора да биде усогласен со Божјите закони и со законите на здравјето. Бидејќи храната влијае на умот и на расположението, таа во тој поглед мора да биде многу внимателна, да го јаде она што е хранливо, а не надразнува, за да бидат нејзините нерви мирни, а природата смирена. Тогаш ќе ѝ биде полесно да постапува трпеливо според различните склоности на своите деца и цврсто, но со љубов, да ги држи уздите на управување. {АД 252.1}

Како сончева светлина во сите ситуации. – Мајката може и треба да направи многу за да владее со своите нерви и мисли во моментите на потиштеност. Дури и тогаш кога е болна, таа може, само ако се вежба во тоа, да биде пријатна и расположена и подготвена на поголема врева отколку што претходно мислела дека може. Таа не треба да дозволи децата да ја почувствуваат нејзината слабост, да го затемни нивниот млад и чувствителен дух со својата потиштеност и така да направи тие да ја сметаат својата куќа за гроб, а мајчината соба најотровното место на светот. Умот и нервите можат да се зајакнат со употреба на волја. Моќта на волјата во многу случаи ќе се покаже како најдобра помош за смирување на нервите. Не дозволувајте вашите деца да ве видат со намуртени лица. {АД 252.2}

Чувајте го угледот на сопругот и децата. – Кога сестрите сакаат да тргнат на работа, не треба да се облечат така што ќе изгледаат како страшила за птици. На нивните сопрузи и деца ќе им биде многу помило кога ќе ги видат привлечно и складно облечени, во облека која убаво им стои, која обично ја облекуваат кога ќе им дојдат гости или странци. Некои сопруги и мајки мислат дека не е важно како изгледаат додека работат, кога ги гледаат само нивните сопрузи и нивните деца, а се облекуваат многу накитено за погледите на оние кои се надвор од домот. Зар не треба почитувањето и љубовта од мажот и децата повеќе да се ценат од почитувањето и љубовта на непознати и на пријателите? Среќата на мажот и на децата треба да биде посвета на секоја сопруга и мајка од среќата на сите останати. {АД 252.3}

Облекувајте се пристојно. Тоа ќе ја зголеми почитта на вашите деца кон вас. Настојувајте и тие да бидат исто така пристојно облечени. Не дозволувајте вашите деца да стекнат навика на неуредност. {АД 253.1}

Не раководете се според туѓото мислење. – Мајките многу често покажуваат болна чувствителност кон она што го мислат другите за нивните навики, облека и за нивното однесување; во голема мера тие робуваат на туѓото мислење. Зар не е тажен фактот дека созданијата кои го очекуваат судот, дозволуваат со нив повеќе да владее мислата што ќе помислат нивните ближни за нив, наместо да мислат за своите обврски кон Бога? Често ја жртвуваме вистината само за да бидеме во склад со обичаите и да ги избегнеме исмејувањата… {АД 253.2}

Мајката не треба да им робува на туѓите мислења, затоа што треба да ги воспита своите деца за овој и идниот живот. Во начинот на облекување мајките не треба да се расфрлаат со непотребно украсување. {АД 253.3}

Дајте им поука за уредноста и чистотата. – Ако мајките себеси си дозволуваат во домот да носат несредени фустани, тие ги учат своите деца да го следат нејзиниот пример на несмасност. Многу мајки мислат дека во домот можат на себе да стават сѐ, без оглед дали тоа е валкано или изгужвано. Меѓутоа, тие набргу го губат почитувањето во своето семејство. Децата, ја споредуваат облеката на својата мајка со облеката на оние кои се облекуваат пристојно и нивното почитување кон неа слабее. {АД 253.4}

Мајки, бидете што попривлечни, но не претерано украсени со фустани туку облечени во чиста складна облека. Така на своите деца непостојано ќе им давате поуки за уредност и чистота. Љубовта и почитувањето од нејзините деца треба да биде од најголема вредност за секоја мајка. Сѐ на неа треба да сведочи за уредноста и чистотата и да остане длабоко врежано во срцата на нејзините деца. Дури и малите деца имаат свест за складноста и полезноста на работите. Како во нивното срце ќе го врежеме тежнеењето кон чистотата и светоста кога нивните очи секојдневно ја гледаат неуредната облека во неуредната соба? Како во своите станови можеме да ги повикаме небесните гости, чии домови се целосно чисти и свети? {АД 254.1}

Редот и чистотата се закон на небото. За да дојдеме и ние во складност со небесниот ред, наша должност е да бидеме чисти и уредни. {АД 254.2}