Состојбата на човекот по смртта
Состојбата на човекот по смртта
Истражете што учи Светото писмо за смртта и воскресението.

Вовед
Луѓето често велат: „Само смртта и даноците сигурно не можеме да ги избегнеме.“ Според природниот ред и законот на наследството, секое човечко суштество родено на овој свет неизбежно мора да се соочи со смртта. Без разлика дали некој е принц, државник, селанец или најсиромашниот човек на светот; без разлика дали е подготвен за неа или не — смртта не прави разлика меѓу луѓето и е неизбежна за сите. Секојдневно сме сведоци на заминување од овој свет, бидејќи смртта е заедничка судбина за сите потомци на Адам. Секој изминат ден нѐ приближува до тој неизбежен момент кога и самите ќе мораме да се соочиме со неа.
Божјата реч не нѐ остава во темнина, ниту кога станува збор за овој толку важен предмет. Единствено во неа можеме да најдеме точни информации и, ако внимателно ја проучуваме, навистина можеме сами да дојдеме до вистината. Ова е особено важно, бидејќи постојат многу различни мислења што произлегуваат од филозофските погледи и паганската митологија. Ако ја знаеме вистината за ова, ќе бидеме ослободени од сомнеж и страв и ќе бидеме среќни во сознанието дека небесниот Отец, во Својата добрина, ни го открил тоа за такви моменти.
Во оваа лекција ќе видиме што учи Библијата за смртта, за да не се плашиме од неа и да ги охрабриме и утешиме оние што поминуваат низ долината на смртната сенка и ја очекуваат својата кратка починка.
СМРТТА КАКО СОН
Каде мртвите мирно спијат?
„И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат“
— Даниел 12:2Како знаеме дека сме во право кога смртта ја нарекуваме сон?
„А потоа им рече: ‘Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам… Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. Тогаш Исус рече отворено: ‘Лазар умре’“
— Јован 11:11,13,14Што вели патријархот Јов за своите очекувања по смртта?
„Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак? Во сите денови на одреденото време би чекал додека ми дојде смената“
— Јов 14:14Каде вели Јов дека ќе чека?
„А мојата надеж е одењето в гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја“
— Јов 17:13Додека покојникот се наоѓа во таа состојба, што знае тој за оние што ги сакал за време на својот живот и кои ги оставил зад себе?
„На почит ли се децата негови – тој не знае; унижени ли се – тој не забележува“
— Јов 14:21Дали мртвите се свесни за нешто? Што се случува со мислите на починатиот?
„Излегува духот негов и тој се враќа во земјата: во тој ден исчезнуваат сите негови планови“
— Псалм 146:4Дали мртвите знаат нешто?
„Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот“
— Проповедник 9:5Дали мртвите на некаков начин учествуваат во земните настани?
„И љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата“
— Проповедник 9:6Кога мртвите би имале некаква свест, би можеле да очекуваме дека верните и во гробот ќе го слават Господа. Но, што вели Библијата за тоа?
„Не ќе Те слават мртвите, Господи, ниту оние, што слегуваат во местото на молкот“
— Псалм 115:17Дали можат светите, кои се одмараат во гробот, да го спомнуваат Господа?
„Бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ќе Те слави Тебе?“
— Псалм 6:5Според зборовите на апостол Петар, каде се наоѓал Давид во тоа време, иако умрел неколку векови порано?
„Зашто Давид не отиде на небесата… а гробот негов е меѓу нас сè до денешниов ден“
— Дела на апостолите 2:34,29Кога Давид очекувал да ја прими својата награда?
„А јас ќе го гледам Твоето лице во правда, и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед“
— Псалм 17:15Во каква состојба се наоѓа телото на човекот додека почива во гробот?
„За миг ќе загинеше секоја плот и човекот ќе се вратеше во правот“
— Јов 34:15Што се случува со духот додека телото се претвора во прав?
„И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал“
— Проповедник 12:7Кога Господ го создавал човекот во почетокот, што направил прво? Што направил потоа, и каков бил крајниот резултат?
„И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“
— Создавање 2:7Со духот животен, телото станало „жива душа“. Но, во моментот на смртта, кога духот животен ќе го напушти телото, покојникот повеќе не е „жива душа“.
Кои суштества, покрај човекот, се прикажани како „живи души“ во Библијата?
„И умре секое живо суштество во морето“
— Откровение 16:3Кои физички особености му се заеднички за човекот и на другите живи суштества?
„Зашто сè што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот“
— Проповедник 3:19 (Соломон овде мисли на физичките особености)ЧОВЕЧКА ПРИРОДА
Каков е човекот по својата природа?
„Зар некој смртник е поправеден од Бога?“
— Јов 4:17 (Да се биде смртен значи да се биде подложен на смрт)Од кого и од кого потекнува учењето за бесмртноста на душата?
„Тогаш змијата и рече на жената: ‘Не, нема да умрете’“
— Создавање 3:4Ако нема воскресение на мртвите, каква би била положбата на оние што заспале во Христос?
„Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале“
— 1. Коринтјаните 15:16-18Кога ќе се случи воскресението на праведните?
„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите“
— 1. Солунјаните 4:16Како што е запишано во книгата Проповедник 9:5, мртвите не знаат ништо и не се свесни дека времето поминува. Кога ќе се разбудат, ќе им изгледа како времето воопшто да не поминало. Мнозина сметаат дека би било многу интересно да се разговара со Лазар, кој се вратил од мртвите по четири дена. Сепак, Лазар немал што да раскаже за некаков задгробен живот, бидејќи тој мирно спиел и на Божја заповед воскреснал од гробот станал на повикот на Оној кој е извор и Дарител на животот.
Кој единствениот што поседува бесмртност?
„Цар над царевите и Господар над господарите, Кој е единствен бесмртен“
— 1. Тимотеј 6:16Кога верните ќе се преобразат и ќе станат бесмртни?
„Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме“
— 1. Коринтјаните 15:51,52Што ќе исчезне засекогаш на крајот?
„Победата ја проголта смртта“
— 1. Коринтјаните 15:54„Никаде во Светото писмо не пишува дека праведниците својата награда, или пак грешниците својата казна, ја примаат во мигот на смртта. Патријарсите и пророците не оставиле вакво тврдење. Христос и Неговите апостоли за тоа не дале никакво навестување. Библијата јасно учи дека мртвите не заминуваат веднаш на небото, туку ги прикажува како оние што спијат до воскресението. (1. Солунјаните 4:14; Јован 11:11-13). Истиот ден кога „ќе се скине сребрениот конец, и се скрши златната чаша“ (Проповедник 12:6), престануваат сите мисли на човекот. Оние што слегуваат во гроб целосно замолкнуваат! Тие не знаат повеќе за ништо што се случува под сонцето (Јов 14:21). Каков блажен мир за уморените праведници!
Поминатото време во гроб, било тоа да е кратко или долго, за нив претставува само еден миг. Тие спијат и со Божјата труба ќе бидат разбудени во славна бесмртност. Трубата ќе затруби и мртвите ќе станат нераспадливи… А кога ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост, и ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: ‘Победата ја проголта смртта’ (1. Коринтјаните 15:52-54). Во часот кога ќе бидат повикани од својот длабок сон, нивните мисли ќе продолжат токму таму каде што во мигот на смртта биле прекинати. Последното чувство било смртен страв, последната мисла дека паѓаат под власта на гробот. Кога ќе воскреснат од гробот, нивната прва помисла на радост и среќа ќе одекне во победоносен извик: ‘Смрт каде ти е осилката? Пеколу каде ти е победата?’“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а) „А мојата надеж и таму во темнина да ја постелам постелата своја.“
б) „Излегува и тој се враќа во земјата: во тој ден исчезнуваат .“
в) „Не ќе Те слават , Господи.“
г) „Бидејќи мртвите Тебе.“
д) „Зашто не отиде на небесата.“
ѓ) „Тогаш ѝ рече на жената: ‘Не, нема да умрете.’“
е) „ ја проголта смртта.“
ж) „Зар некој е поправеден од Бога?“
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. Сон („Лазар, пријателот наш, заспал“ – Јован 11:11).
- 2. Затоа што мртвите не се свесни за ништо, како што човекот не е свесен за ништо додека спие. Тие мирно почиваат до денот на воскресението.
- 3. а) е одењето в гроб; б) духот негов, сите негови планови; в) мртвите; г) не Те спомнуваат; д) Давид; ѓ) змијата; е) Победата; ж) смртник.
- 4. Од земен прав. (Создавање 2:7)
- 5. Дух животен (здив на животот). (Создавање 2:7)
- 6. Стана жива душа. (Создавање 2:7)
- 7. Да го врати човекот во состојба на бесмртност и заедница со Бога, што ја изгубил поради гревот. Да му даде вечен живот преку Исус Христос. (Јован 3:16; 1. Коринтјаните 15:53,54)
- 8. Ако нема воскресение, тогаш и Христос не воскреснал; верата е напразна; верниците се уште во своите гревови; и оние што умреле во Христос пропаднале. (1. Коринтјаните 15:16-18)
