Лекција 1 – Да се живее здраво
1. лекција: Живот и здравје
2. октомври 2010.
„Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што и е добро на душата.“
3 Јованово 2
„Секоја животворна сила доаѓа само од Него. Кога некој ќе оздрави од која и да е болест, Бог е Тој, Кој го исцелил“ — Здравје и среќа, 71.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христијанска умереност, 205-213.
НЕДЕЛА: 1. БОЖЈА СОПСТВЕНОСТ
а. Кои се двете главни причини поради кои Му припаѓаме на Бога?
Создавање 1,27; 1 Коринтјаните 6,20 (прв дел); 1 Петрово 1,18.19.
Создавање 1,27; 1 Коринтјаните 6,20 (прв дел); 1 Петрово 1,18.19.
„Вие сте Господови, бидејќи Тој ве создал. Негови сте и според откупот; бидејќи Тој го дал животот за вас.“ — Синови и ќерки Божји, 171.
б. Какво сочувство Бог откри во Својата желба за нас?
Исаија 63,9; 3 Јованово 2.
Исаија 63,9; 3 Јованово 2.
„Нашиот Небесен Татко ја гледа жалната состојба во која мнозина се наоѓаат затоа што ги запоставуваат начелата на науката за чување и негување на здравјето, а мнозина од нив го прават тоа од неупатеност и незнаење. И, поради Својата љубов и сочувство кон човечкиот род, Тој ја испратил светлината за здравствената реформа.“ — Христијанска умереност, 8.
в. Каква треба да биде нашата желба кон Бога?
1 Коринтјаните 6,20 (втор дел); 10,31.
1 Коринтјаните 6,20 (втор дел); 10,31.
„Зачувајте го секој дел од живата машина, за да можете да го употребите за Бога. Сочувајте го тоа за Него. Вашето здравје зависи од тоа колку правилно се служите со организмот на своето тело. Не злоупотребувајте ниеден дел од своите од Бога дадени сили — физички, умни или морални. Сите свои навики држете ги под контролата на умот, кој треба во целост да се потчини на Божјата власт.“ — Синови и ќерки Божји, 171.
ПОНЕДЕЛНИК: 2. ЗДРАВЈЕ И СПАСЕНИЕ
а. Зошто здравјето можеме да го споредиме со богатство или скапоцен бисер?
Матеј 13,44-46.
Матеј 13,44-46.
„Од сите овоземни добра, здравјето е најскапоцено. Трупањето богатства (од материјална природа), образование и чест е премногу скапо ако поради тоа се загуби силата на здравјето… Злоупотребувањето на здравјето, на тој дар што ни го подарил Бог, претставува страшен грев…“ — Христијанска умереност, 205.
б. Што се случува често со оние кои се преоптоварени со грижите на овој свет и го запоставуваат своето здравје?
Лука 21,34; 9,25.
Лука 21,34; 9,25.
„Некои ги жртвуваат своите физички и морални обврски… а тие ја губат и душата и телото… Тие ќе се доведат до прерана смрт, а на страшниот Суд ќе бидат обвинети за самоубиство.“ — Синови и ќерки Божји, 61.
в. Кој благослов Бог ни го дал за да се обнови нашето здравје?
„Природата е Божји лекар. Чистиот воздух, милното сонце… Живот на отворено е единствениот лек кој што на многу инвалиди им е потребен…“ — Совети за здравјето, 170.
д. Кој е најголемиот дар кој Бог го дал на човекот за да може да добие вечниот живот?
Јован 3,16; 17,3.
Јован 3,16; 17,3.
ВТОРНИК: 3. ЗДРАВСТВЕНА РЕФОРМА
а. Која порака ни е дадена со цел да го сочуваме нашето здравје?
Римјаните 12,1.2.
Римјаните 12,1.2.
„Нашиот небесен Татко ни ја испратил светлината за здравствената реформа за да нѐ заштити од злата… применувајќи умереност… да можат да бидат посветени со вистината.“ — Христијанска умереност, 66.
б. Кои се резултатите од практикувањето на здравствената реформа? Каква корист од пораката за здравствена реформа имала сестра Вајт?
Еремија 33,6.
Еремија 33,6.
„…Кога пораката за здравствена реформа за прв пат дојде до мене… Тој ми покажа… со умереност во јадење и пиење мораат да го чуваат умот и телото во најповолна состојба за служба… Денес имам подобро здравје…“ — Совети за здравјето, 132–133.
в. Кои се трите главни цели на здравствената реформа?
Тит 2,11-14.
Тит 2,11-14.
„Пазете се од противење на делото на здравствената реформа… затоа што тоа е Божјо средство…“ — Совети за животот и исхраната, 38.
„Светлината за здравствената реформа што ја дал Бог е за наше спасение и спасението на светот.“ — Совети за животот и исхраната, 461.
„…здравствената реформа… е една од големите гранки во делото за подготовка…“ — 3 Сведоштво, 59.
„Светлината за здравствената реформа што ја дал Бог е за наше спасение и спасението на светот.“ — Совети за животот и исхраната, 461.
„…здравствената реформа… е една од големите гранки во делото за подготовка…“ — 3 Сведоштво, 59.
СРЕДА: 4. ЗАКОНИ НА ЗДРАВЈЕТО
а. Што воспоставил Бог за да човечката машина функционира добро?
Второзаконие 6,16.17.
Второзаконие 6,16.17.
„Создателот на човекот ја обликувал живата машина… Секој закон кој што управува со човечката машина треба да биде сметан… како и Божјата реч… е кршење на Божјиот закон.“ — Совети за животот и исхраната, 17.
б. Со каква цел здравствените закони биле вклучени во законодавството дадено во Израел?
Второзаконие 6,24.
Второзаконие 6,24.
„Она што јадеме и пиеме има големо значење… Потчинувањето на законите на здравјето треба да биде прашање за искрена студија… свесното игнорирање… претставува грев.“ — Совети за детето, 392–393.
в. Кој е Творецот на животот и како Тој сочувствува со болните?
Плачот на Еремија 3,33; Јован 1,4; 5,26; 10,10 (последен дел).
Плачот на Еремија 3,33; Јован 1,4; 5,26; 10,10 (последен дел).
„Нашиот небесен Татко не е склон да ги измачува… Тој не е зачетник на болест и смртта. Тој е извор на животот…“ — Совети за здравјето, 563.
д. Од сите закони кои го регулираат здравјето, кој се издвојува како особено значаен?
1 Коринтјаните 9,25; 6,12.
1 Коринтјаните 9,25; 6,12.
„Со цел да се зачува здравјето, потребно е умереност во сѐ, потребно е умереност во работата, умереност во јадење и пиење.“ — Христијанска умереност, 66.
ЧЕТВРТОК: 5. ИСХРАНАТА НА ДАНИЕЛ
а. Каков успех постигнал Даниел како млад заробеник во Вавилон, и каква улога во тоа имала неговата исхрана?
Даниел 1,8-20.
Даниел 1,8-20.
„Со цел да се постигне највисок стандард на морални и интелектуални достигнувања, неопходно е да се бара мудрост и сила од Бога и да се почитува строгата умереност во сите животни навики.“ — Совети за животот и исхраната, 32.
б. Кои се оние кои, за жал, се покажуваат како непријатели на Христовиот крст, дури и кога ќе бидат исцелени од својата болест?
Филипјаните 3,18.19; 1 Петрово 2,11.
Филипјаните 3,18.19; 1 Петрово 2,11.
„Оние кои говорат гордо: ‘Господ ме исцели…’ … ‘Оди си и немој повеќе да грешиш’ (Јован 8,11). Апетитот не смее да биде вашиот бог.“ — Совети за животот и исхраната, 25.
в. Како можеме да му одолееме на својот попустлив апетит?
Даниел 1,8; Филипјаните 4,13; 1 Коринтјаните 9,26.27.
Даниел 1,8; Филипјаните 4,13; 1 Коринтјаните 9,26.27.
„(Даниел) имал доверба во силата која Бог им ја ветил на сите кои ќе дојдат кај Него во понизност и целосна зависност, потпирајќи се целосно на Неговата сила.“ — Христијанска умереност, 25.
ПЕТОК: ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
- Како фактот дека сме Божји созданија се доведува во врска со нашето здравје?
- За што треба сериозно да размислат сите оние кои мислат дека немаат време да се грижат за своето здравје?
- Зошто здравствената реформа е толку важна?
- Што строгото почитување на законите на здравјето јасно открива?
- Како во поглед на здравјето се излагаме на опасност да ја пречекориме границата на дозволеното што се однесува до Божјата милост?
