Подготовка

Воспитување
Подготовка
„Труди се грижливо за да се покажеш себеси
пред Бога достоен како работник"
(2. Тимотеј 2:15)
Првиот учител на детето е мајката. Во текот на периодот на најголемата приемчивост и најбрзо развивање, неговото воспитување е во голема мерка во нејзини раце. Прво нејзе и се дава можност да го обликува карактерот на детето или за добро или за лошо. Таа мора да ја разбере вредноста на можноста што и е дадена, и повеќе од секој друг учител мора да се оспособи да ја ползува на најдобар начин. Меѓутоа, на ничие подготвување не му се подарува толку малку внимание како на нејзиното. Најмалку систематски напори се вложуваат да и се помогне на мајката, чие воспитно влијание е најсилно и најдалекусежно.
Оние на кои им е доверена грижата за мало дете многу често не ги познаваат неговите физички потреби; тие знаат малку за законите на здравјето или принципите на развојот. Не се ништо подобро подготвени да се грижат ниту за неговиот ментален и духовен раст. Тие се можеби оспособени да управуваат со деловни зделки или да блескаат во општеството; можеби постигнуваат вонредни успеси во литературата и науката; но имаат малку знаење за воспитување на децата. Токму поради овој недостаток, особено поради запоставувањето на физичкиот развој во првите години, голем дел од припадниците на човечкиот род умира во детството, а меѓу оние кои ќе ја достигнат зрелоста, на мнозина животот им претставува само товар.
Врз татковците, исто како и врз мајките, почива одговорноста како за најраното така и за подоцнежното воспитување, и за двајцата родители потребно е да го подготвуваат детето. Пред да ја искористат можноста за татковство и мајчинство мажите и жените треба да се запознаат со законите на физичкиот развој – со физиологија и хигиена, со одговорноста на родителското влијание, со законите на наследување, облекување, вежбање, законите за санитарност, и третман на болести тие исто така треба да ги разберат законите за ментален развој и морален тренинг.
Оваа работа на образование Вечниот ја смета за толку важна што од својот престол на една идна мајка пратил гласници да и одговорат на прашањето, „но како да постапуваме со та дете, и што да правиме со него?“ (Судии 13:12), и да му дадат на таткото упатства поврзани со воспитувањето на ветениот син.
Образованието нема никогаш да го достигне она што би можело и требало да го достигне додека не биде целосно признаена работата на родителите, и додека тие не добијат обука за светите одговорности.
Потребата од подготвителна обука за учителите е универзално прифатена; но малкумина го препознаваат карактерот на подоготовувањето како неопходен. Тој кој ја цени одговорноста вклучена во обучување на младите, ќе сфати дека инструкции само во науката и книжевноста не се доволни. Учителот мора да има повеќе сеопфатно образование од она што може да се стекне со проучување на книги. Тој не треба поседува само сила и широчина на умот, благородна душа туку и треба да има и големо срце.
Само тој што ги создал умот и ги поставил неговите закони може совршено да ги разбере неговите потреби или директниот развој. Принципите на образование кои тој ги дал се единствените безбедни водичи. Неопходна квалификација за секој учител е познавање на овие принципи и прифаќање на таков начин што ќе ги направи овие принципи водечка сила во неговиот живот.
Искуството во практичниот живот е неопходно. Редот, темелноста, точноста, самоконтролата, ведрото расположение, балансираниот темперамент, самопожртвуваноста, интегритетот и учтивоста се неопходни особини.
Поради тоа што има премногу расипани карактери и неискреност насекаде помеѓу младите, поголема е потребата зборовите на учителите нивниот став и однесување да го претставуваат вовзвишеното и вистината. Децата можат брзо да препознаат вештачко однесување или некоја друга слабост или мана. Учителот може да ја придобие почитта на неговите ученици само ако неговиот карактер ги открива оние принципи кои ги бара од нив. Само ако го прави ова во неговите секојдневни средби со нив може да им добро влијание над нив.
За речиси секоја квалификација која придонесува за неговиот успех, учителот во голема мера е зависен од физичката сила. Колку е подобро неговото здравје, толку подобра ќе биде и неговата работа.
Па така исцрпеноста е негова одговорност која бара посебен напор да се зачуваат силите и свежината. Честопати тој е исцрпен во духот и умот, со речиси неизбежна тенденција кон депресија, студенило или раздразливост. Негова должност не е да се спротивставува на овие расположенија, туку да ја избегнува причината за нив. Тој треба да го чува своето срце чисто, мило, доверливо и сочувствително. Тој мора да ја чува силата на мозокот и нервите за да може секогаш да биде непоколеблив, смирен и расположен.
Поради тоа што во неговата работа е многу поважен квалитетот отколку квалитетот, тој треба да чува од преоптоварување, од преземање многу во неговата службена должност, од преземање други обврски кои не би одговарале на неговата работа, од вклучување во забава и друштвени задоволства кои се повеќе исцрпувачки отколку опоравувачки.
Вежбањето на отворено, посебно како некоја корисна работа е од најдобро значење за рекреација на телото и умот; а примерот од учителот ќе ги инспирира неговите ученици со интересирање и почит кон мануелна работа.
Учителот секогаш внимателно треба да ги набљудува здравствените принципи. Тој ова треба да го прави не само затоа што самото по себе е корисно, но и поради влијанието врз учениците. Тој треба да биде умерен во сѐ; во исхраната, облекувањето, работата, во рекреацијата, тој треба да постави пример.
Со физичкото здравје и чесниот карактер требаат да се соединат и високи литературни квалификации. Колку повеќе вистинско знаење има учителот, толку ќе биде подобра неговата работа. Училницата не е место за површна работа. Ниеден учител кој се задоволува со површно знаење нема да постигне значајни резултати.
Но, ползата на учителот не зависи толку од вистинското количество на неговото знаење колку од целта по која тој се стреми. Вистинскиот учител не поднесува инертност на мислите, мрзливост на умот и несигурност на помнењето. Тој постојано се стреми кон повисоки достигања и подобри методи. Неговиот живот е живот на постојан раст. Во работата на ваквиот учител се забележува свежина, оживувачка сила, која ги буди и инспирира неговите ученици.
Учителот мора да биде способен за својата работа. Тој мора да ги има мудроста и тактичноста потребни за работа со душите. Колку и да е големо неговото познавање на науката, колку и да се вонредни неговите способности на други подрачја, ако не придобие почитување и доверба од своите ученици, неговите напори ќе бидат залудни.
Потребни се учители кои бргу ја воочуваат и исползуваат секоја можност да прават добро; кои воодушевувањето го соединуваат со вистинско достоинство, кои се способни да управуваат, да посочуваат, да ги инспирираат мислите, да будат сила и да влеваат храброст и живот.
Можеби можностите за образование на учителот биле ограничени така што тој нема толку високи литературни квалификации какви би биле пожелни; сепак, ако навистина ја познава човечката природа; ако навистина ја сака својата работа; ако е свесен за нејзината важност и сака да се усоврши; ако е подготвен да работи сериозно и истрајно, тој ќе ги разбере потребите на своите ученици, и со својот сочувствителен и напреден дух ќе ги придобие да го следат кога ќе сака да ги воздигне и поведе напред.
Децата и младината, за кои учителот се грижи, многу се разликуваат како според природата, така и според навиките и воспитувањето. Некои од нив немаат одредена цел или цврсти принципи. Ним треба да им се помогне да ги сфатат своите одговорности и можности. Само некои од децата биле правилно воспитувани во своите домови. Други биле миленици на домашните. Целото нивно воспитување било површно. Научени да се поведуваат по своите околности и да ги одбегнуваат одговорностите и товарите, таквите деца немаат постојаност, издржливост ниту подготвеност за самооткажување. Дисциплината често ја сметаат за непотребно ограничување. Други, пак, биле казнувани и обесхрабрувани. Самоволното ограничување и грубост во нив развиле тврдоглавост и дрскост. Ако сакаме правилно да ги обликуваме овие изопачени карактери, таа работа во најмногу случаеви мора да ја изврши учителот. За да ја изврши со успех, тој мора да има сочувство и проникливост да ја пронајде причината на маните и грешките на своите ученици. Мора да биде тактичен и умешен, трпелив и цврст за да може секому да ја даде потребната помош – на неодлучните и љубителите на безделничењето охрабрување и поддршка за да ги поттикне на активност, на обесхрабрените сочувство и признание за да создаде доверба и да ги поттикне на работа.
Учителите често не успеваат да воспостават другарски однос со своите ученици. Тие покажуваат премалку сочувство и нежност, а премногу достоинство на строг судија. Иако учителот мора да биде цврст и одлучен, тој не смее да биде претерано строг ниту насилен. Ако е груб и критички настроен, ако се издвојува од своите ученици и кон нив постапува рамнодушно, тој ги затвора патиштата за ширење на своето благотворно влијание врз нив.
Ни под кои околности учителот не смее да биде пристрасен. Да се укажува посебна наклонетост кон пријатните и привлечните ученици, а да се биде критичен, нетрпелив и немилосрден кон оние на кои им се најмногу потребни охрабрување и помош, значи сосем погрешно да се разбере учителската работа. Карактерот на учителот се искушува токму преку неговото однесување кон лошите и непријатни ученици. Тоа покажува дали тој е навистина способен за својата служба.
Голема е одговорноста на оние кои се нафаќаат да насочат човечка душа. Вистинските татковци и мајки тоа го сметаат за должност од која никогаш нема да бидат потполно ослободени. Во животот на детето од првиот до последниот ден се чувствува влијанието на врската која го составува со срцето на родителот; делата, зборовите, самиот изглед на родителот, продолжуваат да го обликуваат детето на добро или на зло. Учителот ја споделува оваа одговорност и мора постојано да се потсетува на нејзината светост и да ја има предвид целта на својата работа. Тој не е поставен само да ги извршува своите секојдневни должности, да им угодува на своите работодавци, да го одржува угледот на училиштето; тој мора да го има на ум доброто на своите ученици како поединци, должностите кои животот ќе им ги довери, службата што тој ќе ја бара и подготовката што ќе ја очекува. Работата што тој ја извршува од ден во ден врз неговите ученици, а преку нив и врз други, ќе има влијание кое нема да престане да се шири и да јакне сѐ додека постои светот. Тој ќе мора да се сретне со плодовите на својата работа во оној голем ден кога секој збор и секое дело ќе бидат испитани пред Бога.
Учителот кој ќе го разбере ова нема да мисли дека ја извршил својата работа кога го завршил своето вообичаено предавање за тој ден и кога учениците привремено не се под негова директна контрола. Тој ќе ги носи во срцето тие деца и младината. Постојано ќе размислува и ќе се труди да им обезбеди најдобар квалитет на настава.
Оној кој е свесен за можностите и предимствата што му ги овозможува неговата работа, нема да дозволи ништо да го запре во сериозниот напор да се усоврши. Тој нема да штеди труд да достигне највисок степен на совршенство. Сѐ што сака неговите ученици да станат, тој ќе се труди да биде и самиот.
Колку што е учителот посвесен за својата одговорност, и колку посериозно се труди да се усоврши, толку појасно ќе ги забележува недостатоците кои го попречуваат во постигнувањето успеси и поискрено ќе жали поради нив. Кога ја набљудува големината на својата работа, нејзините потешкотии и можности, често со целото свое срце ќе воскликне: „Кој е способен за сѐ ова?” (2.Коринтјаните 2:16).
Драг учителу, кога размислуваш за својата потреба од сила и совети – потреба која ниту еден човечки извор не може да ја задоволи – те повикувам да размислуваш за ветувањата на Оној Кој е наречен прекрасен Советник.
„Ете”, вели Тој, „поставив пред тебе отворена врата, што никој не може да ја затвори” (Откровение 3:8).
„Повикај Ме, и ќе ти одговорам”. „Ќе те учам, ќе ти го покажам патот по кој да одиш; Моето око ќе бдее над тебе” (Еремија 33:3; Псалм 32:8).
„Јас сум со вас во сите дни, до свршетокот на светот” (Матеј 28:20).
За најдобро да се подготвиш за својата работа, те упатувам на зборовите, животот и методите на Кнезот на учителите. Те повикувам да размилуваш за Него. Тој е твојот вистински идеал. Набљудувај Го, размислувај за Него сѐ додека Духот на божествениот Учител не завладее со твоето срце и животот.
Ако „ја одразуваме Господовата слава”, и ние се „преобразуваме во истиот лик” (2. Коринтјаните 3:18).
Тоа е тајната на твоето влијание врз учениците. Одразувај Го Него!
