Божиќ

Адвентен дом

Родителско водство во друштвените односи

(Овој текст настанал помеѓу 1879. и 1896. година, во време кога во протестантскиот свет наголемо се празнувал Божиќ и другите верски и национални празници. Во такви ситуации меѓусебно се разменувале празнични подароци. Писателот советува тој обичај да се претвори во постојано сеќавање на Христа, а даровите да се донесат во црква, за слава на Бога и за напредок на Неговите дела. Во нашата повеќенационална татковина, во која празнувањето на Божиќ и на другите верски празници се одредува според различни датуми, овие празници не ги одбележуваме на споменатиот начин).

Божиќ како празник. – „Божиќ доаѓа“, е гласот кој се слуша во нашиот свет од исток до запад и од север до југ. За младите, за возрасните, дури и за старите тоа е време на општа радост и на веселба. Но што е Божиќ за да бара толкаво внимание?… {АД 477.1}

Дваесет и петти декември се смета за денот на раѓање на Исус Христос и почитувањето на тој ден станало вообичаено и популарно. Но сепак не можеме да бидеме сигурни дека го славиме вистинскиот ден на раѓањето на нашиот Спасител. Историјата не ни дава сигурен доказ за тоа. А ниту Библијата не ни го дава точното време. Ако Господ го сметал тоа сознание за важно, тој би прозборел преку Своите пророци и апостоли, за да знаеме за тоа сѐ што е потребно. Но молчењето на Писмото во тој поглед ни покажува дека тоа е скриено од нас за наше добро. {АД 477.2}

Во Својата мудрост Господ го сокрил местото на Мојсеевиот гроб. Бог го погребал, Бог и го воскреснал и го пренел на небото. Со оваа тајна се поттикнало идолопоклонството. Оној против кој се побуниле додека бил во активна служба, кого го лутеле повеќе отколку што може човекот да поднесе е обожуван речиси како Бог, бидејќи смртта го одвоила од нив. Од истата причина, Тој го сокрил точниот ден на Христовото раѓање, за на тој ден да не се укажува чест која му припаѓа на Христа како спасител на светот дека не се прима, нема доверба и не се потпира како на Оној кој може да ги спаси сите кои доаѓаат кај Него. Душата треба да го обожува само Исуса како Син на бесконечниот Бог. {АД 477.3}

Не го потценувајте тој ден. – Бидејќи дваесет и петти декември се прославува како ден на Христовото раѓање, а децата се научени да го ценат како ден на голема радост и веселба, ќе откриете дека е тешко да се премине преку овој празник, а да не му се обрне одредено внимание. Тоа време можеме добро да го искористиме. {АД 478.1}

Со младите треба да се постапува многу внимателно. Да не ги оставиме тој ден самите да си најдат забава во себичност и барање на задоволства, во разонода која се спротивставува на нивната духовност. Родители, насочете ги мислите и даровите на своите деца кон Бога, кон Неговото дело и спасување на душата. {АД 478.2}

Наместо да ја угушат и со наредба да ја совладаат желбата за разонода, родителите треба со неуморен труд да ја насочат во најсигурна насока. Нивната желба да даваат дарови можат да ја насочат кон чистиот и свет пат, за доброто на нашите блиски, зголемувајќи ги средствата за големото, славно дело, за кое Христос дошол во нашиот свет. Самоодрекувањето и пожртвуваноста биле одлики на неговите постапки. Овие особини нека нѐ одбележат и нас кои тврдиме дека го сакаме Исус, затоа што во Него е нашата надеж за вечен живот. {АД 478.3}

Даровите како знак на наклонетост. – Брзо се приближува времето на празниците кога се даваат дарови, и кога и старите и младите сериозно размислуваат за тоа што можат да им подарат на своите пријатели како знак на наклонетост. Пријатно е да се прими дар без оглед на тоа колку е мал, од оние кои ги сакаме. Тој ни вели дека не сме заборавени и како потесно да нѐ поврзе… {АД 478.4}

Добро е да се разменат подароци како знак на љубов и сеќавање, ако со тоа не го забораваме Бога, својот најдобар пријател. Нашите дарови треба да му бидат од полза на тој што ги прима. Препорачувам тоа да бидат книги, кои ќе помогнат во разбирање на Божјата реч или да ја зголемат нашата љубов кон нејзините начела. Погрижете се за нешто, што ќе може да се чита во текот на долгите зимски вечери. {АД 479.1}

Се препорачуваат книги за деца. – Има многу такви кои немаат книги и списанија за сегашната вистина. Тука имаме големо подрачје, во кое вреди да се вложат своите пари. Има многу деца кои треба да се снабдат со литература… Парите кои се трошат за слатки и некорисни играчки може да се чуваат за купување на вакви книги… {АД 497.2}

Оние кои сакаат да им дадат скапоцен дар на своите деца, внуци и подалечни роднини, треба да набават такви книги за деца… Настојувајте таквите книги да дојдат во секое семејство. Бог дава светлина од небото и ниту еден дом не би требало да остане без неа. Вашите подароци нека го осветлат со светлосни зраци патот кон Небото. {АД 497.3}

Не го заборавајте Исуса. – Браќа и сестри, додека подготвувате подароци едни за други, ве потсетувам на Нашиот небесен Пријател, за да не ги заборавите неговите барања. Зар нема да Му биде угодно ако му покажеме дека не сме Го заборавиле? Исус, Кнезот на животот, дал сѐ за да ни обезбеди спасение… Тој претрпел и смрт за да може да ни даде вечен живот. {АД 480.1}

Ние го примаме секој благослов преку Христа. Зар нашиот небесен Добротвор не треба со нас да ги подели подароците на нашата благодарност и љубов? Дојдете, браќа и сестри, дојдете со своите деца, а и со бебињата во својата прегратка и донесете ги своите дарови за Бога според своите можности. Во вашите срца нека одѕвонува песната за Него и Неговата слава нека биде на вашите усни. {АД 480.2}

Божиќ – време да го прославиме Бога. – Светот лесномислено ги поминува своите празници во претерување, прејадување и расфрлање… Огромни суми на пари ќе се потрошат за овој празник и за Нова година на непотребни работи. Нашата предност е да отстапиме од обичаите и праксата на ова расипано време; наместо парите да ги трошиме само за задоволување на апетитот, или за непотребни украси или облека, празниците кои доаѓаат можеме да ги искористиме да го прославиме Бога. {АД 480.3}

Христос треба да биде најважната цел; како што денес се слави Божиќ, честа не му се укажува Нему туку на смртниот човек чиј грешен и расипан карактер направил Тој да дојде на нашиот свет. {АД 480.4}

Исус, Величеството на небото, Царот на вселената, го оставил Своето царско достоинство, Својот престол на славата, Својата власт и дошол на нашиот свет, за на паднатиот човек, со слаби морални сили и расипан од гревот, да му даде божествена помош… {АД 481.1}

За ова и за нивните обврски кон Бога, родителите треба да им зборуваат на своите деца и да ги поучуваат, правило поправило, овде малку, онде малку не за нивните обврски еден кон друг, да укажуваат чест и да се прославуваат со подароци еден кон друг. {АД 481.2}

Насочете ги мислите на своите деца на нов пат. – Има многу нешта со кои можеме да покажеме наклонетост и да внесеме среќа во домот, а кои се повкусни и помалку чинат од непотребните дарови, кои толку често им ги даваме на своите деца и на роднините. {АД 481.3}

Додека на своите деца им објаснувате зошто сте ја смениле вредноста на своите подароци, можете да ги поучите за своето осведочување дека досега повеќе сте се грижеле за нивното задоволство отколку за Божјата слава. Речете им дека повеќе сте мислеле за сопственото задоволство, подароците за нив и за потребата да се усогласите со обичаите на светот, односно давање на дарови на оние на кои не им се потребни, отколку за напредок на Божјото дело. Како и мудрите луѓе од минатото, вие можете да му ги дадете на Бога своите најубави подароци и да Му покажете со своите дарови дека го цените Неговиот Дар на овој грешен свет. Помогнете им на своите деца да ги насочат своите мисли кон нов, несебичен пат, поттикнувајќи ги на Бога да му донесат дарови како подарок за Неговиот единороден Син. {АД 481.4}

Дали да имаме Божиќна елка? – На Бога би му било мило, кога за Божиќ секоја црква би имала Божиќна елка, на која би биле закачени дарови големи и мали, за овие домови на молитвата. Примив писма со прашањето: Дали да имаме Божиќна елка? Нема ли тогаш да бидеме слични на светот? Ние одговараме: Вие можете да направите да биде како во светот ако мислите како светот, но тоа можете да го направите и така да не биде како во светот. Нема никаков особен грев во тоа ако земете зимзелено дрво и го ставите во нашите цркви, но гревот се наоѓа во желбата која ве води кон тој чекор и во употребата на даровите кои сте ги ставиле на дрвото. {АД 482.1}

Тоа дрво може да биде високо и толку разгрането колку што одговара на потребите, но неговите гранки нека бидат украсени со златни и сребрени плодови на вашето добродетелство, а тоа дадете му го Нему како свој Божиќен дар. Вашите дарови нека бидат посветени со молитва. {АД 482.2}

Празнувањето на Божиќ и Нова година може и треба да се одржат заради беспомошните. Бог се слави кога им помагаме на оние кои издржуваат големи семејства. {АД 482.3}

Дрвото полно со дарови не е грев. – Родителите не треба да заземат став дека поставувањето на зимзелено дрво во црквата е грев поради задоволството на посетителите на саботното училиште, затоа што можеме да го направиме голем благослов. Насочете ги нивните мисли кон добротворни цели. Во никој случај забавата не смее да биде цел на таквите собири. Иако ќе има и такви кои ќе сметаат дека таквите прилики се момент на безгрижна лесномисленост, чиј ум нема да дојде под божествено влијание, за другите таквите прилики ќе бидат од најголем благослов. {АД 482.4}

Искрена радост. – Нема ли да станете драги мои браќа и сестри и да се опашате со должноста во стравот Божји и ова да го подготвите така што нема да биде сувопарно и неинтересно туку полно со невина радост која го носи небесниот печат? Знам дека посиромашните ќе го прифатат овој предлог. Богатите треба исто така да покажат интересирање и да ги дадат своите подароци во склад со средствата кои Бог им ги доверил. Во небесните книги нека се запише таков Божиќ каков што сѐ уште немало, благодарение на даровите кои ќе се дадат за напредок на Божјото дело и за изградба на Неговото царство. {АД 483.1}