Божји претставници

Адвентен дом

Остарени родители

Бог сопственик на сѐ. – Темелот на работната чесност и на вистинскиот успех е признавањето на Бога како сопственик на сѐ. Создателот на сѐ околу нас е вистински сопственик. Ние сме негови претставници. Сѐ што имаме Тој ни го доверил да го употребиме во склад со Неговите упатства. {АД 367.1}

Тоа е обврска која ја има секое човечко суштество. Таа се однесува на севкупното подрачје на човечкото дејствување. Признале или не, ние сме претставници кои Бог ги благословил со таленти и средства и ги поставил во светот да ја извршуваат работата што Тој ја одредил. {АД 367.2}

Парите не се наши; куќата и имотот, сликите и мебелот, облеката и богатството не ни припаѓаат нам. Ние сме патници, ние сме дојденци. Нам ни е доверено само она што ни е потребно за здравје и живот… Земните благослови ни се доверени за да покажеме дали може да ни се доверат вечните богатства. Ако го положиме овој Божји испит, ќе примиме наследство кое ќе биде само наше славата, честа и бесмртноста. {АД 367.3}

Мораме да дадеме сметка. – Кога нашиот народ би го вложил во Божјото дело оној дел на парите кој му е доверен, а кој го троши за остварување на своите себични желби во идолопоклонство, тој би собрал богатство на небото и би го извршил делото што Бог го очекува од него. Меѓутоа, како и оној богат од приказната, тој живее раскошно. Парите што му ги доверил Бог да ги употреби за негова слава, тој ги троши во расипништво. Тој не застанува да размисли за своите одговорности кон Бог. Тој не размислува дека судниот ден е блиску во кој мора да ја даде сметката за својата претставничка служба. {АД 367.4}

Секогаш да имаме на ум дека на денот на судот ќе се сретнеме со извештајот за тоа како сме ги потрошиле Божјите пари. Многу е потрошено на задоволување на желбите, кои не ни донеле ништо добро туку само штета. Ако сме свесни дека Бог е дарител на сите добра, дека парите му припаѓаат Нему, тогаш мудро ќе ги трошиме, во склад со Неговата света волја. Светот со своите обичаи и мода нема да ни биде мерило. Ние не сакаме да ги прифатиме Неговите постапки; нема да дозволиме со нас да управуваат нашите склоности. {АД 368.1}

Парите можеме да ги направиме средство за духовен напредок, ако ги сметаме за свет влог, кој не треба да се троши за поттикнување на злобата, разгаленоста, на своите желби и страсти. {АД 368.2}

Покажано ми е дека ангелот записничар верно го запишува секој дар кој е посветен на Бога и е ставен во Неговата ризница, како и крајните резултати кои се постигнати со помош на тие средства. Божјото око ја набљудува секоја паричка посветена за Неговото дело, како и доброволноста на оној кој ја дава. И желбата за давањето е запишана. {АД 368.3}

Систематско давање на семејството. – „Нека секој од вас остава кај себе и собира колку може”. Секој член на семејството, од најстариот до најмалиот, може да земе учество во ова дело на добрина… Планот за систематско давање ќе биде заштита за секое семејство од искушението да ги потроши парите за она што е непотребно, а на оние богатите особен благослов кој ќе ги сочува од попуштањето на расипништвото. {АД 368.4}

Секој член на семејството кој го исполнува овој план, секоја седмица го потсетува семејството на Божјите барања. Бидејќи се одрекле од вишокот за да имаат средства кои ќе ги стават во ризницата на нивното срце, тие примаат важни поуки за самоодрекување на Божја слава. Еднаш неделно секој се соочува со она што го направил минатата седмица приходот кој би можел да го има ако штедел и средствата кои ги трошел на уживање. Неговата совест се буди пред Бога, па го фали или го осудува. Така учи дека мора да јаде, пие и да се облекува на Божја слава, ако сака да ги сочува мирот во умот и Неговата наклонетост. {АД 369.1}

Божјите барања на прво место. – Божјите барања заземаат прво место. Ние не ја исполнуваме Неговата волја ако Му го посветуваме она што преостанало од нашиот приход, бидејќи сме ги за дозволиле сите свои нереални потреби. Пред да потрошиме нешто од својата заработувачка, треба да издвоиме и Нему да Му го предадеме делот што Му припаѓа. Во стариот завет жртвата на благодарност постојано горела на олтарот, покажувајќи ја постојаната човечка обврска кон Бога. Ако сме напредувале во својата земна работа, тоа е затоа што Бог нѐ благословил. Делот од овој приход треба да го намениме за сиромасите, а голем дел да употребиме за Божјото дело. Кога на Бога ќе му го вратиме она што е Негово, остатокот ќе биде посветен и благословен за нашите потреби. Но кога човекот му ускратува на Бога, задржувајќи го она што Нему му припаѓа, Неговото проклетство ќе ја погоди целината. {АД 369.2}

Да не ги заборавиме сиромасите. – Ако го претставуваме Христовиот карактер, од нашата душа мора да исчезне секој дел од себичноста. За да ја извршиме работата која ни ја доверил Господ, ќе биде потребно да ја дадеме секоја паричка од нашите средства, која можеме да ја заштедиме. Ќе дознаеме за сиромаштијата и неволјите во семејствата и ќе мораме да им помогнеме на оние кои страдаат и патат. Малку ги познаваме човечките страдања кои постојат насекаде околу нас. Но кога ќе ни се пружи можност, ние треба да бидеме подготвени да пружиме непосредна помош на оние кои се во голема неволја. {АД 370.1}

Божјиот лек против себичноста и алчноста. – Давањето кое е плод на самооткажување е прекрасна помош за оној кој ја дава. Така ќе стекнеме воспитание кое нѐ оспособува подобро да го разбереме делото на Оној кој поминува правејќи добро, ублажувајќи ги страдањата и пружајќи помош на сиромашните. {АД 370.3}

Постојаната дарежливост втемелена на самооткажување е Божји лек за смртоносните гревови на себичноста и алчноста. За да може да напредува Неговото дело и за да се задоволат потребите на оние кои страдаат и патат, Бог направил план за систематско давање. Тој одредил дека давањето треба да стане навика, за да може да се уништи влијанието на опасниот и лукав грев на лакомост. Постојаното давање целосно ја уништува лакомоста. Бог одредил систематско давање за на алчните да им се одземе богатството исто толку брзо како што го стекнале, за да биде посветено на Господ на кого и припаѓа… {АД 370.4}

Постојано применување на Божјиот план за систематско давање ја слабее алчноста, а ја зајакнува дарежливоста. Кога добрата се умножуваат, тогаш срцата на луѓето, дури и на оние кои тврдат дека се побожни, се врзуваат за нив; колку повеќе имаат, толку помалку даваат во Господовата ризница. На тој начин богатството ги прави луѓето себични, додека трупањето на богатството ја потхранува алчноста. Така овие зла се зајакнуваат. Бог ја познава опасноста и затоа не заштитил со средства за да нѐ спаси од пропаст. Тој бара да бидеме постојано дарежливи, за моќта на добрите дела да ја скрши силата на себичноста. {АД 371.1}