Главна тема на Библијата

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 3 ОД 30

Главна тема на Библијата

Запознајте го Исус Христос — средиштето на библиската порака и Божјиот план за спасение.

Лекција 3 — Главна тема на Библијата

Вовед

За мнозина, Библијата е таинствена книга, особено Стариот завет. Дури и денес, многу христијани одат во темнина и паѓаат, слично како Евреите кои не Го препознале Христа — личноста што е главна тема на Библијата.

„Народот во она време не ја разбрал Христовата мисија. Начинот на Неговото доаѓање не бил во согласност со нивните очекувања. Господ Исус бил темел на целокупното еврејско верско уредување. Неговите импозантни служби биле од Бога дадени. Нивна цел била да го научат народот дека во определеното време ќе дојде Оној на кого упатувале овие церемонии. Но, Евреите ги издигнувале службите, обичаите и церемониите, губејќи ја од вид нивната цел. Овие традиции, изреки и човечките уредби, ги спречувале да ги научат поуките на кои Бог сакал да ги научи. Овие изреки и традиции станале пречка за разбирање и практикување на вистинската религија. А кога Стварноста дошла во лицето на Исус, тие во Него не препознале исполнување на сите нивни симболи, суштината на сите нивни сенки. Тие го отфрлиле Оригиналот, а се придржувале кон своите бесполезни симболи и церемонии“

— Христовите очигледни поуки, 34

Денес, од истите причини, Стариот завет изгледа таинствен, иако, напротив, би можел да биде извор на светлина, надеж и инспирација за современиот читател. Оние што живеат по Христовото распнување, кога многу пророштва веќе се исполниле, можат многу полесно да го прифатат прекрасниот Божји план, предвиден за наша поука. Во Стариот завет, симболите и претсликите биле дадени со цел да служат како практични и очигледни поуки. Во Евангелијата и Делата на апостолите, пораката е дадена непосредно. Како што современите учители првите лекции ги објаснуваат со помош на опипливи работи кои можеме да ги видиме и осетиме, пред да преминат на потешко разбирливи предмети, така и нашиот голем Учител Своите први поуки им ги објаснувал на опиплив начин. Негова цел била тие преку чувства да допрат до нашиот ум за полесно да ги разбереме големите вистини што се скриени во нив. Оние што сакаат подлабоко да ја сфатат Христовата служба, мораат да го проучуваат Стариот завет.

Имињата и називите со кои Го ословуваме Христос имаат посебно значење. Името Исус, Спасител, е Неговото лично име. Христос е еквивалентен на еврејскиот збор Месија, што значи „Помазаник.“ Во Библијата има многу имиња поврзани со Христос, и секое открива од нив една или повеќе фази од Неговиот живот. Христос, без претерување, е предмет на стотици пророштва. Секоја важна фаза од Неговата мисија била изложена од пророците преку главните настани. Иако многу од тие пророштва се исполниле за време на Неговиот живот на земјата, уште многу остануваат кои допрва треба да се исполнат. Верните луѓе – свештениците, пророците и царевите – со вера и надеж го очекувале големиот настан кој за нас е забележан во историјата на Новиот завет. Од првото поглавје во Библијата, каде што читаме за Неговата работа заедно со Отецот во создавањето на светот, па сѐ до последното, каде што се опишува животот на Новата Земја, ни се открива Христовата мисија за луѓето низ сите времиња. Од самиот почеток гледаме како небесниот Отец ги повикува човечките синови да ја искористат драгоцената предност што им е овозможена преку Христа – Неговиот Син – да изберат живот, вечен живот.

„Библијата ни дава блажено сознание за големиот план на спасението и ни покажува како секој може да има вечен живот. Кој е автор на оваа книга? — Исус Христос. Тој е верен и вистински Сведок, и за Своите избрани вели: ‘Јас ќе им дадам вечен живот, и никогаш нема да изгинат и никој нема да ги оттргне од моите раце.’ Библијата ни го покажува патот кој води кон Христос, а во Христос е откриен вечниот живот. На Евреите и на оние што се притискале околу Него во големото мноштво, Христос им рекол: ‘Истражувајте ги писмата.’ Евреите ги имале зборовите на Стариот завет, но толку ги измешале со човечките мислења што тие вистини станале мистериозни, и така Божјата волја за човекот била скриена. Вероучителите и во нашето време го следат нивниот пример“

— Темели на христијанско воспитување, 308,309

ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА ЗА ХРИСТА

Какво сродство постои помеѓу Бога и Христа!

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син“

— Јован 3:16

Колку е блиска Нивната поврзаност?

„Јас и Отецот сме едно“

— Јован 10:30

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог“

— Јован 1:1

Колку долго постоел Христос пред да го земе човечкиот облик?

„И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане“

— Јован 17:5

„И чие потекло е од почетокот, од вечноста“

— Михеј 5:2

Преку кого и со кого Отецот сѐ создал?

„Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос“

— 2. Коринтјаните 5:19

„Во сите тие откровенија на божественото присуство се покажувала Божјата слава преку Исуса Христа… Христос бил темел и центар на целокупниот жртвен систем како во времето на патријарсите така и во еврејскиот период. Од падот на нашите први родители во грев, Бог не комуницирал веќе непосредно со луѓето. Отецот светот го предал во Христови раце со цел Тој со своето посредување да ги искупи луѓето и да го оправда авторитетот и светоста на Божјиот закон. Секоја комуникација меѓу небото и паднатиот човечки род се одвивала само преку Христа“

— Патријарси и пророци, 366

ХРИСТОС СТАНУВА СИН ЧОВЕЧКИ

Кое пророштво е дадено за да може да се препознае раѓањето на Месијата?

„Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил“

— Исаија 7:14; исполнување Матеј 1:18-25

Дали Евреите знаеле каде треба да се роди Христос?

„Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израел и чие потекло е од почетокот, од вечноста“

— Михеј 5:2

„Како што во старо време бил повикан Кир на престолот на светското царство за да ги ослободи Господовите робови, така Цезар Август бил орудие за исполнување на Божјата намера Исусовата мајка да дојде во Витлеем. Таа е од Давидовата лоза, а Давидовиот син мора да се роди во Давидовиот град“

— Копнежот на вековите, 44

Како живеел Христос за да ни даде пример што треба да го следиме?

„Како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец“

— Јован 15:10

„Кој не знаеше за грев“

— 2. Коринтјаните 5:21

„Кој искусил сè како и ние, освен грев“

— Евреите 4:15

За чии гревови беше распнат Христос и што овозможи со тоа?

„Христос умре за нас, уште додека бевме грешни“

— Римјаните 5:8

„Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели…“

— Римјаните 5:10

„Кон Христа се постапувало онака, како што ние заслужуваме да се постапува кон нас, за со нас да се постапува онака, како што заслужува Тој. Тој бил осуден заради нашите гревови во кои немал никаков удел, за ние да се оправдаме со Неговата праведност, во која не сме имале никаков удел. Се согласил на смрт, која ни припаѓала нам, за ние да примиме живот што бил Негов. ‘Со Неговите рани ние се исцеливме’“

— Копнежот на вековите, 25

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

ТврдењеТочноНеточно
а) Исус и Отецот се едно.
б) Словото не било Бог.
в) Во почетокот го немало Христа.
г) Христос е Единороден Божји син.
д) Тој постои од создавањето на светот.
ѓ) Тој сѐ создал.
Покажи ги точните одговори

1. Божјата љубов се покажува во тоа што Бог Го дал Својот Единороден Син за светот. (Јован 3:16)

2. а) Точно; б) Неточно; в) Неточно; г) Точно; д) Точно; ѓ) Точно.

3. а) Во Витлеем; б) Од вечноста / од почетокот.

4. Не. Христос бил изложен на сите искушенија, освен што не згрешил. (Евреите 4:15)

5. Умрел за нашите гревови и со тоа овозможил помирување со Бога. (Римјаните 5:8–10)

6. Тој е прекрасен Спасител затоа што бил без грев, а сепак умрел за нас грешните, за ние да примиме живот преку Него.

7. Неопходно е да имаме жив Спасител затоа што ни е потребен Посредник кој се застапува за нас и нè води кон вечен живот.

8. Христос сега посредува за нас.

9. Им ветил дека повторно ќе дојде и ќе ги земе кај Себе.