2010 • 1. Квартал

1. лекција – Завршен налог

2. јануари 2010
„И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе колено и јазик и народ“.
— Откровение 14,6
„Спасувањето на грешниците бара најусрдни, лични напори. Ние мораме да им го однесеме Словото на животот, не чекајќи тие да дојдат кај нас. О, кога би можела да пронајдам такви зборови кои би ги пробудиле мажите и жените и ги мотивира на сесрдно залагање!“
— 9 Сведоштво, 118.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Сведоштво за проповедници, 112-119.

Недела — 27. декември
1. СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

а. Како гласи најстрашното предупредување во Библијата кое некогаш е упатено до смртниците? Откровение 14,9-11.

„Најстрашната закана која било кога е упатена до смртниците се наоѓа во пораката на третиот ангел. Гревот за кој станува тука збор и кој го предизвикува излевањето на Божјиот гнев непомешан со милост мора да е навистина многу страшен. Луѓето не смеат да останат во темнина во поглед на овој толку важен предмет; предупредувањето против овој грев треба да се објави пред Бог да почне да го посетува светот со Своите казни, за да знаат сите зошто тие казни наидуваат, и за да им се даде можност да ги избегнат“.
— Големата борба, 400.

б. Зошто мораме да ги проучуваме ваквите предупредувања? Не можеме ли во Библијата да најдеме подобри теми за проучување? Римјаните 15,4.

„Кога нашиот народ половично би бил буден, кога би бил свесен за близината на настаните за кои говори Откровението, во нашите цркви би дошло до реформа и многу повеќе ќе веруваат во пораката. Нема време за губење; Бог нè повикува да бдееме над душите како оние кои ќе мораат за нив да полагаат сметка… Нека говори Даниел, нека зборува Откровението и нека тие кажаат што е вистина. Но било кој предмет да се изнесува нека како централна точка на сите наши надежи се издигне Христос ‘корен и никулец Давидов и сјајна ѕвезда Деница’.”
— Сведоштво за проповедници, 95.

Понеделник — 28. декември
2. ДАНИЛО И ОТКРОВЕНИЕТО

а. Зошто во овие последни денови од овоземната историја е толку важно книгата на пророкот Даниел и Јовановото Откровение да ги проучуваме заедно? Даниел 12,4; Откровение 1,19; 22,10.

„Во Откровението се среќаваат и завршуваат сите книги на Библијата. Тука се наоѓа дополнувањето на книгата на Даниел – едната е пророштво, другата е Откровение.”
— Делата на апостолите, 441.

б. Зошто правилното разбирање на пораката од Откровението 14,6-12 е од животно значење денес?

„Видов една група верни кои будно стражареа и цврсто стоеја спротивставувајќи се на оние кои сакаа да ја разнишаат зацврстената вера на телото. Бог гледаше кон нив со одобрување. Ми беа прикажани три чекори – првата, втората и третата ангелска вест. Мојот ангел придружник рече: ‘Тешко на оној кој и во најмала мерка ќе ги промени овие вести. Вистинското разбирање на овие пораки е од витално значење. Судбината на душите зависи од тоа како ќе се примат овие пораки’. Повторно ми беше свртено вниманието на овие пораки и видов колку скапо народот Божји го има платено своето искуство. Тоа беше придобиено преку многу страдања и тешка борба. Бог ги водеше нив чекор по чекор, сè додека Тој не ги постави врз цврста, неподвижна платформа.”
— Рани списи, 278.
„Ние зборуваме за Првата и Втората ангелска порака, и мислиме дека имаме некои разбирања и за Третата ангелска порака. Но, сè додека се задоволуваме со ограниченото сознание, нема да бидеме во состојба да добиеме јасна претстава за вистината. Оној кој високо го цени Словото на животот мора да посвети време за истражување на Библијата и преиспитување на сопственото срце. Ако го занемари ова, тој нема да знае како да ги задоволи потребите на сиромашните души. Трудољубивиот и понизен истражувач, кој во усрдна молитва ја бара вистината каква што таа е во Исуса, ќе биде сигурно награден.”
— Слуги на евангелието, 228.

в. Откровението 14,6.7 зборува за пораката која е дадена од страна на ‘вториот ангел‘. Зошто ние оваа порака ја припишуваме на ‘првиот ангел‘? Откровение 14,9 (спореди со Откровение 8,13).

Вторник — 29. декември
3. ЕВАНГЕЛСКИ НАЛОГ

а. Што најавува првиот од трите ангела во четиринаесеттото поглавје на Откровението? Откровение 14,6.7.

„Значаен е и самиот факт што е кажано дека гласник на ова предупредување треба да биде еден ангел. Со чистотата, славата и силата на еден небесен гласник, Бог во Својата мудрост сакал да го прикаже возвишениот карактер на делото кое требало да се изврши со оваа порака, како и силата и славата кое требало да го придружуваат. А летот на ангелот ‘среде небото’, ‘силниот глас’ со кој оваа порака е разгласувана и нејзиното ширење меѓу сите ‘кои живеат на земјата’ – ‘на секое племе колено, јазик и народ’ – сето тоа укажува на брзината на ширењето на движењето и неговата распространетост ширум светот“.
— Големата борба, 320.
„Пораката на Евангелието која ја објавува првиот ангел летајќи среде небото, е истото евангелие кое е најавено уште во Едемската градина кога Бог & рекол на змијата: ‘И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата а ти ќе го каснуваш во петата’ (Создавање 3,15). Тоа беше првото ветување за Спасителот Кој требало да ја води борбата против сатаната како моќен непријател и да го надвладее.”
— Одбрани пораки 2, 106.

б. На кого е даден налогот да го проповеда Евангелието? Марко 16,14-16.

„Службата на Бога исто така го опфаќа и личното залагање. Секој поединец со лични напори треба да соработува со Бога во спасувањето на светот. Христовиот налог ‘Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание‘ (Марко 16,15), е упатен кон секој Негов следбеник. На сите на кои име е наменет живот во Христа им е наменето и да работат на спасување на своите ближни. Нивните срца ќе чукаат во согласност со Христовото срце. Истиот копнеж Кој тој го имал за спасување на душите и тие ќе го манифестираат. Сите не можат да заземат исто место во ова дело, но места и работа има за секого“.
— Христовите поуки, 267.
„Налогот на Спасителот даден на учениците се однесува на сите верници до крајот на времето. Налогот на Евангелието им се доверува на сите до кои небесното вдахновение ќе допре. Сите кои ќе го примат Христовиот живот се повикани да работат на спасување на своите ближни. Заради тоа е основана и црквата, и сите кои преку неа ќе стапат во заветен однос со Бога, се обврзуваат да бидат Христови соработници.”
— Совети за родителите, учителите и студентите, 388.

Среда — 30. декември
4. ЗАДАЧА НА АНГЕЛИТЕ

а. На кој начин Светите ангели учествуваат во овоземните активности? Евреите 1,13.14.

„Христос копнее за тоа со Својот Дух да делува моќно на преобразување и обратување на грешниците. Меѓутоа, според Неговиот божествен план ова дело мора да се изврши со посредство на Неговата црква. Но нејзините членови толку се одвоиле од Него што е невозможно преку нив да ја спроведе Својата волја. Тој одлучил да дејствува преку орудија, но тоа орудие мора да биде во согласност со Неговиот карактер“.
— 5 Сведоштво, 175.
„За Свои претставници меѓу луѓето, Бог не избира ангели кои никогаш не паднале, туку луѓе со исти чувства и склоности кои ги имаат и оние кои сакаат да се спасат. Христос зел човечка природа за да може да дојде до луѓето. На светот му бил потребен Спасител со божествено-човечка природа, за да му донесе спасение. А сега на луѓето им е доверена света задача за да ‚неискажливото богатство Христово (Ефесјаните 3,8), им го објават на своите ближни. Во Својата мудрост Господ оние кои ја бараат вистината ги доведува во врска со други луѓе кои ја познаваат вистината. Планот на небото е оние кои примиле светлина да ја пренесат на оние кои се во темнина. Луѓето, црпејќи ја својата делотворност од големиот Извор на мудрост, стануваат средство и делотворна сила преку која Евангелието го врши своето влијание кое ја преобразува душата и срцето“.
— Делата на апостолите, 98.

б. Наведи примери на служба на небесните ангели во корист на човечките суштества. Дела 10,1-4.

„(Колку повеќе се приближуваме кон крајот на времето) сатанските агенти во човечки облик се повеќе учествуваат во последниот голем судир за да го спречат подигањето на Божјо царство. На бојното поле на судирот ќе се најдат и небесните ангели во човечки облик. Тие две меѓусебно спротивставени страни ќе продолжат да постојат сè до завршувањето на последното големо поглавје од историјата на оваа земја. Сатаната има свои претставништва во секој град. Затоа мораме будно да стоиме на стража во секој момент. Вистинските, предани и непоколебливи верници сè повеќе ќе се молат, а сè помалку ќе зборуваат за безначајни прашања. Од нивните усти ќе доаѓаат сè поодлучни сведоштва за да ги охрабрат слабите и уплашените“.
— Одбрани пораки 2, 383.

Четврток — 31. декември
5. АНГЕЛИТЕ СИМБОЛИЗИРААТ НАРОД

а. Откако Савле и Корнелиј биле повикани од страна на Господ, што подоцна направил за нив и преку кого? Дела 9,5-12; 10,5.6.

„Чудесната светлина што ја осветлила Савловата темнина било дело Господово; но постоело исто така дело кое за него морале да го извршат учениците. Христос го извршил делото на откровение и осведочување, и покајникот сега бил во состојба да ги прими поуките од оние на кои Бог им дал задача да ја шираат Неговата вистина.”
— Делата на апостолите, 88.

б. Бидејќи Бог користи луѓе да го проповедање евангелието на овој свет, кого ангелите од Откровение 14 поглавје го претставуваат? Исаија 52,7.8.

„Христос наскоро повторно доаѓа во слава и сила за спасение на Својот народ. За да се подготват луѓето за овој настан, Тој ги испратил пораките на Првиот, Вториот и Третиот ангел. Овие ангели ги претставуваат оние што ја прифатиле вистината и во нејзина сила го проповедаат Евангелието на светот.”
— Библиски коментари, 925.
„Ние треба како старатели да ги искористиме не само материјалните, туку и духовните дарови од небото, со чијашто употреба мнозина ќе застанат под знамето на принцот Емануел. Мисионерите треба да остварат многу опсежни цели. Полето за мисионирање не е ограничено на некоја класа или националност. Целиот свет е поле, а светлината на вистината треба да пробие во сите темни места на земјата за многу пократко време од предвидувањата на мнозина“.
— Темели на христијанското воспитување, 209.

Петок — 1. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Зошто треба да ги проучуваме пророштвата што ги опишуваат нашите денови?

б. Што објавува првиот ангел со силен глас пред да биде најавен судот?

в. Како дословно се вклучени ангелите во земните работи?

г. Кој ќе ги поучува во вистината оние што се повикани да го следат Господа?

д. Што претставуваат тројцата ангели од Откровение 14. глава и каква е нашата одговорност?

2010 • 1. Квартал

2. лекција – Сила за извршување

9. јануари 2010
„Зашто јас не се срамувам од Евангелието на Христа, бидејќи тоа е сила Божја за спасението на секој што верува, прво на Јудеец, а потоа и на Елин“.
— Римјаните 1,16
„На оние кои својата волја ќе ја здружат со Божјата волја ништо нема да им биде невозможно. Сé што според Божјата заповед треба да се направи, со Негова сила може и да се направи. Сé што бара од човекот, Бог овозможува и извршување“.
— Христовите поуки, 294.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа 20-32.

Недела — 3. јануари
1. КОНЕЧЕН РЕЗУЛТАТ ОД ЕВАНГЕЛСКА ПОРАКА

а. Каков квалитетен карактер е развиен од страна на оние кои ги прифаќаат трите пораки од Откровение 14? Откровение 14,12.

„Во четиринаесеттото поглавје на Откровението луѓето се повикуваат да го слават Творецот; и пророштвото во истото поглавје укажува на особеноста на верникот кој, како исход на објавувањето на трикратната порака ги држи Божјите заповеди.”
— Големата борба, 390.
„Бидејќи оние кои ги држат Божјите заповеди се истакнуваат наспроти оние што му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот лик и го примаат неговиот белег, од тоа јасно произлегува дека држањето на Божјиот закон од една страна, или пак неговото престапување од друга страна, ја претставува основна разлика помеѓу оние кои Му се поклонуваат на Бога и на оние што му се поклонуваат на ѕверот“.
— Големата борба, 397.

б. Која Исусова заповед се исполнува во овој стих (Откровение 14,12)? Матеј 5,48.

„Етиката на евангелието не признава ништо што не одговара на совршеното мерило на Божјиот ум, на Божјата совршена волја.”
— 6 Сведоштво, 162.
„Науката за спасение не може да се објасни, но од искуство може да се запознае. Совршенството на Спасителот може да го сфати само оној кој ја согледува својата грешност“.
— Копнежот на вековите, 479.

Понеделник — 4. јануари
2. СОВРШЕН КАРАКТЕР

а. Зошто евангелието претставува толку важен дел – самиот темел на тројната ангелска порака? Римјаните 1,16.

„На верниците така им се укажува чудесна можност, поистоветувајќи се со Христа, да бидат како и Тој што бил, покорни на сите начела на законот. Меѓутоа, човекот е потполно неспособен со своја сила да го достигне тој степен. Светоста, која тој според барањата на Божјо Слово мора да ја има за да може да биде спасен, претставува резултат на делување на Божјата милост на Неговото срце… Човечката послушност може да се усоврши само со темјанот, правдата Христова, која со својот божествен мирис го исполнува секој чин на послушност. Христијанинот од своја страна е должен истрајно да го победи секој свој недостаток. Тој постојано и упорно мора да се моли на Спасителот за исцелување на својата од гревот заболена душа. Тој нема ни мудрост ниту сила сам да извојува победа; тоа Му припаѓа на Господа, и Тој тоа со задоволство им го дава на оние кои понизно и скрушено бараат помош од Него“.
— Делата на апостолите, 399.
„Христос е скалата прикажана од Јакововиот сон, чиешто подножје е на земјата, додека највисокото скалило допира до самата врата на небото – до прагот на славата. Кога тие скали не би имале само едно единствено скалило што не би допирало до земјата, ние би биле изгубени. Но Христос доаѓа до нас таму каде што сме. Тој ја примил врз Себе нашата природа и победил за да ние би победиле примајќи ја Неговата природа. Создаден во тело, ‘подобно на телото на гревот’ (Римјаните 8,3), Тој живеел безгрешен живот. И така Тој со Својата божествена природа се држи до небесниот престол, додека со човечката ни припаѓа нам. Тој нè повикува со вера во Него да ја постигнеме славата на Божјиот карактер. Затоа мораме да бидеме совршени ‘Како што е совршен нашиот Татко небесен’ (Матеј 5,48)“.
— Копнежот на вековите, 291.

б. Како можеме да достигнеме совршенство на карактерот преку Евангелието? Филипјаните 2,5; 1 Петрово 2,21; 1 Јованово 3,2.

„О, колку е потребно… постојано одржување на врска со Бога! Колку е неопходно Бог во Својата милост да го насочува секој наш чекор, покажувајќи ни како да го усовршиме христијанскиот карактер! Христијаните во својот живот постојано наидуваат на нови искушенија и нови доживувања во кои минатото искуство не може да им биде доволнен водич. Сега повеќе од било кој друг период од нашиот живот е потребно да се учиме од нашиот божествен Учител. И колку поголемо искуство добиеме, поблиску ќе бидеме привлечени кон чистата светлина на небото“.
— 3 Сведоштво, 504.

Вторник — 5. јануари
3. ВИСТИНА

а. Првиот дел од оружјето во евангелието во Ефесјаните 6,10-18, е вистината. Како да се дојде до вистината? Јован 8,32-36; 2 Тимотеј 3,15-17.

„Во истражувањето на вистината со најголемо стравопочитување, неопходно ви е вдахновението на Светиот Дух, за да во вашиот ум ви дава таква желба која нема да исчезне сè додека нема да ја увидите чудесната убавина на законот. Копајте длабоко во рудникот на вистината и немојте да се задоволите сè додека не добиете совршено сфаќање за она што претставува силата на Божјиот закон. Вие треба повеќе да истражувате, да плачете и да се молите, за да добиете таква претстава за Божјиот закон која ќе оспособи да напредувате во верата и да се грижите за душите како оние кои за тоа ќе мораат да дадат сметка.”
— Знаците на времето, 2. октомври, 1893.

б. Какво прашање поставил Понтиј Пилат, и што Христос најверојатно би му одговорил кога Пилат би бил подготвен да го сочека одговорот? Јован 18,38; 14,6.

„Пилат имал желба да ја дознае вистината. Неговиот дух бил збунет. Копнежливо ги голтал зборовите на Спасителот, а во срцето му се пробудил длабок копнеж да дознае што всушност е вистина и како до неа може да се дојде. ‘Што е вистина?’ – прашал тој. Но тој не чекал за одговор. Викањето кое допирало од надвор го потсетило дека мора да води сметка за времето.”
— Копнежот на вековите, 709.
„Христос е комплетен систем на вистината. Тој кажува: ‘Јас сум патот, вистината и животот’ (Јован 14,6). Сите вистински верници се сконцентрирани во Христа, нивниот карактер го одразува Христовиот лик; сè се соединува во Христа, и сè кружи околу Него. Вистината доаѓа од небото да го очисти и измие човечкото орудие од секоја морална нечистота. Таа наведува на доброволни постапки, на љубезност, нежност на љубов и внимателност кон сиромашните, потиштените и настраданите. Тоа е практична послушност на Христовите зборови.”
— Одбрани пораки 3, 198.199.
„Бидејќи (Светиот Дух) доаѓа, не да ги фали луѓето, или да градат свои грешни теории, туку да го изобличи светот за грев, за правда и за суд, многумина се оддалечуваат од Него. Тие не сакаат да ја заменат својата сопствена правда (што е неправда) за правдата на Христос, која е чиста, неизменета вистина“.
— Знаците на времето, 27. септември, 1899.

Среда — 6. јануари
4. ОПРАВДУВАЊЕ СО ВЕРА

а. Покрај исповедањето на нашите гревови за да добиеме целосно проштевање и очистување, што друго е потребно? Римјаните 1,17; Галатјаните 5,6; Евреите 10,38.

„Божјото Слово мора да биде вткаено во живиот карактер на оние кои во него веруваат. Животворна вера е само онаа вера која вистината ја прифаќа со срце, впивајќи ја како здравиот организам примената храна и поистоветувајќи се со неа сè додека таа не стане составен дел на верниковото битие подвижна сила на неговиот живот и делување… Христовите следбеници мораат да бидат учесници во Неговото искуство. Тие мораат да се прилагодат Божјо Слово. Со Христовата сила, тие мораат да се менуваат станувајќи слични на Него, одразувајќи ги Неговите божествени особини.”
— 5 Сведоштво, 544.

б. Ако сакаме да имаме такво победничко искуство, на чие водство мораме да се потчиниме во својот секојдневен живот? Јован 14,26: 16,13; 2 Солунјаните 2,13.14.

„Доведувајќи ја душата дотаму да ја увиди и сфати својата грешност, и предочувајќи му го на умот мерилото на правдата, Духот ја одвраќа нашата љубов од она што е земно и нè исполнува со копнеж за светост. ‘Ќе ве упатам на секоја вистина’ (Јован 16,13), рекол Спасителот. Ако луѓето сакаат да се потчинини на Неговата сила Духот ќе го изврши посветувањето на целото битие. Духот ќе го втисне во душата на човекот она што е божествено. Со Негова сила патот на животот ќе стани толку јасен така што никој не мора да заскита.”
— Делата на апостолите, 39.

в. Како Библијата ја резимира Христовата мисија за овој свет? Матеј 1,21; Лука 19,10; Евреите 7,25.

„Нашиот Господ Исус Христос дошол на овој свет како неуморен слуга за потребите на човекот. За да може во сè да послужи за потребите на човечкиот род ‘Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости’. Дошол да го отстрани бремето на болестите, бедата, невољите и гревот. Мисијата Му била на човештвото да му донесе потполна обнова – оздравување и на телото и на душата; дошол на луѓето да им дарува здравје, мир и совршен карактер.”
— Здравје и среќа, 9.

Четврток — 7. јануари
5. ПОТПОЛНО СПАСУВАЊЕ ОД ГРЕВОТ

а. Како Христос донесол целосна обнова за нас? 1 Јованово 1,9; 2 Петрово 1,10.11.

„Со Божјата милост и со трудољубиво настојување од своја страна тие мораат да победат во борбата со злото. Додека на небото се води истражен суд, а гревовите на покајаните верници се отстрануваат од светињата меѓу Божјиот народ на земјата мора да се изврши особено дело на чистење и отфрлување на гревовите. Ова дело е појасно прикажано во пораките објавени во четиринаесеттото поглавје на Откровението.”
— Големата борба, 381.
„Тако како што ќе го примиш Христовиот дух – духот на несебична љубов и залагање за другите – така и ќе растеш и ќе донесуваш плод. Доблестите на Духот ќе созреат во твојот карактер. Твојата вера ќе расте, убедувањето ќе јакне, а љубовта ќе се усовршува. Сé повеќе и повеќе ќе се одразува во тебе Христовиот чист, благороден и мил лик.”
— Христовите поуки, 48.
„Христос желно очекува да биде откриен во својата црква. Кога Христовиот карактер во потполност ќе се манифестира во припадниците на Неговиот народ, тогаш Тој ќе дојде да ги признае и побара како Своја сопственост.”
— Христовите поуки, 48.

Петок — 8. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Каков ќе биде исходот од објавувањето на трикратната ангелска порака?

б. Евангелието е Божја сила за спасение? Објасни на кој начин.

в. Во која смисла познавањето на вистината нè прави слободни?

г. Како верувањето во вистината и делувањето на Светиот Дух одат заедно?

д. Што ќе се случи кога Христовиот карактер во потполност ќе се открие во нас?

2010 • 1. Квартал

3. лекција – Вера во Евангелието

16. јануари 2010
„Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово“.
— Римјаните 10,17
„Искушенијата често изгледаат неодоливи, затоа што се занемарува молитвата и проучувањето на Библијата, и тогаш оној кој се искушува не може лесно да се присети на Божјите ветувања за да му се спротивстави на сатаната со библиско оружје“.
— Големата борба, 531.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 69-75.

Недела — 10. јануари
1. БОЖЈАТА СИЛА

а. Зошто на некои луѓе им е толку тешко да живеат како христијани? Како евангелието може да им помага да ја совладаат оваа потешкотија? Римјаните 6,3-7; 1 Коринтјаните 1,18.24.

„Зошто е толку тешко да се живее толку скромно, со живот на самоодрекување? Затоа што таканаречените христијани не се мртви за светот. Лесно е да се живее со христијански живот кога сме умреле за светот. Но мнозина копнеат за египетскиот кромид и лук. Тие сакаат во облекувањето и постапките што е можно повеќе да се прилагодат на светот, а сепак да стигнат во небото. Таквите се обидуваат на небото да се искачат по некој друг пат. Тие ја избегнуваат тесната врата и тесниот пат“.
— 1 Сведоштво, 123.
„Кога со вера со целосна доверба и во целост се потчиниме на Бога, Христовата крв нè чисти од секој грев. Совеста се ослободува од осудата. Со вера во Неговата крв, сите можат да станат совршени во Исуса Христа“.
— Одбрани пораки, 2, 32.

б. Каква важност Павле придавал на сè друго, освен на вистинското евангелие? 1 Коринтјаните 9,16; Галатјаните 3,1; Филипјаните 3,8.

„Секој необратен човек е маѓепсан и збунет со магиската сила на големиот измамник… Секоја душа која намерно негува некој познат грев, во верата или пракса, е под власта на магијата и магиски делува на другите. Сатаната го користи да заведе и други души.”
— Знаците на времето, 18. мај, 1882.

Понеделник — 11. јануари
2. ЖИВА ВЕРА

а. Како можеме да го исполниме Евангелието на таков начин така што тоа навистина да биде сила Божја на спасение во нашиот живот? Ефесјаните 6,10.11.18.

„Кога Христос зел врз Себе човечка природа, се врзал за човечкиот род со врската на љубовта која никаква сила, со исклучок на самиот човек, никогаш нема да може да ја раскине. Сатаната постојано ќе ги изнесува пред нас своите примамливости за да нè наведе таа врска да ја прекинеме – за да со својот избор се одвоиме од Христа. Затоа мораме будно да бдееме и да се чуваме со постојана молитва, за да ништо не нè заведе да избереме друг господар, бидејќи како слободни морални суштества секогаш сме во опасност тоа да го направиме. Нека затоа нашите очи секогаш бидат насочени кон Христа, и Тој ќе нè сочува. Потпирајќи се на Него, секогаш можеме да бидеме сигурни“.
— Патот кон Христа, 65.
„Без Христовата милост човекот е во потполна беспомошна состојба; Тој ништо не може да направи сам за свое спасение: но со божествената милост на човекот му се дава натприродна сила која делува на неговиот ум, срце и карактер. Со посредство на Христовата милост гревот може да се препознае во сета негова одвратност и конечно да се истера од храмот на душата“.
— Одбрани пораки 1, 366.

б. Како можеме да знаеме што вистинска, жива вера, навистина значи? Ефесјаните 5,14; Евреите 12,2.

„Гревот нè одвоил од Божјиот живот. Нашите души се парализирани. Сами по себе, ние не сме повеќе во состојба да живееме еден свет живот како што немоќниот болесник не бил способен да оди. Многу луѓе увидуваат дека се беспомошни и копнеат за оној духовен живот кој ќе ги доведе во хармонија со Бога; тие залудно се обидуваат тоа да го постигнат. Во очај плачат, ‘Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од телото на смртта ова’ (Римјаните 7,24). Нека овие луѓе кои очајуваат и кои се борат го кренат својот поглед. Спасителот над секој кој е искупен со Неговата крв се наведнува говорејќи со неискажана нежност и милост, ‘Сакаш ли да бидеш здрав?’ (Јован 5,6). Тој ти нуди да станеш во здравје и мир. Немојте да чекате да почувствувате дека сте исцелени. Верувајте во Неговиот Збор и тој ќе се исполни. Потчинете ја својата волја на Христа. Бидете исполнети со волја за да Му служите, а ако постапите според Неговото Слово ќе добиете сила. Макар колку и да биле лоши постапките, макар какви и да биле страстите кои среде долгото попуштање ја врзуваат душата и телото, Христос може и копнее да ве ослободи. Тој и дава духовен живот на душата ‘Мртва поради престапите и гревовите’ (Ефесјаните 2,1). Тој ќе ги ослободи затворениците, врзани со слабост и несреќа и окови на гревот“.
— Копнежот на вековите, 182.

Вторник — 12. јануари
3. КАПЕТАНОТ ОД КАПЕРНАУМ

а. Што итно побарал од Исуса еден римски капетан додека Тој поминувал низ Капернаум? Матеј 8,5.6.

„Слугата на капетанот бил парализиран и се наоѓал на умирање. Слугите кај Римјаните биле робови, кои биле препродавани и купувани по пазарите и кон кои се постапувало грубо и свирепо. Но капетанот го сакал својот слуга и мошне сакал тој да оздрави. Верувал дека Исус може да го излечи. Тој уште не го видел Спасителот, но тоа што го слушнал за Него му влевало вера. И покрај еврејскиот формализам, овој Римјанин бил убеден дека нивната вера е повисока од неговата. Тој веќе ги срушил преградите на националните предрасуди и омраза кои освојувачите ги одвојувале од покорените. Покажал почитување кон Божјата служба и внимателност кон Евреите како Негови обожаватели. Кога слушнал за Христовото учење, го нашол она што можело да ги задоволи потребите на неговата душа. Сé што било духовно во него било приемливо за зборовите на Спасителот. Но се чувствувал недостоен сам лично да излезе пред Христа, и тој апелирал до еврејските старешини да ја изнесат молбата за исцелување на неговиот слуга.”
— Копнежот на вековите, 295.

б. Која надеж Христос никогаш нема да ја разочара? Матеј 8,7.

„(Господ) желно чека да Му се обратиме со вера во нашата немоќ, знаејќи дека Неговото око е полно со сомилост секогаш над нас“.
— RH, 1. април, 1880.

в. Како одговорот на овој човек, кој имал светска власт, покажува дека тој го сфатил Христа многу подлабоко отколку припадниците на таканаречениот Божји народ? Матеј 8,8.9.

„Како што јас ја претставувам силата на Рим и моите војници ја признаваат мојата власт како највисока, така и Ти ја претставуваш силата на семожниот Бог и сè што е создадено се покорува на Твоите зборови. Можеш да им заповедаш на болестите да се повлечат, и тие ќе ти се покорат. Можеш да ги повикаш Своите небесни гласници, и тие ќе подарат исцелувачка сила. Кажи го само зборот, и мојот слуга ќе оздраве.”
— Копнежот на вековите, 297.

Среда — 13. јануари
4. ПОНИЗНОСТ И ВЕРА

а. Што рекол Исус признавајќи го ставот на капетанот, и на тој начин го остварил посаканиот исход? Матеј 8,10-13.

„Капетанот рекол за себе: ‘не се сметам себе за достоен’. На неговото срце делувала Христовата милост. Ја сфатил својата недостојност, но не се плашел да побара помош. Не се надевал на својата добрина, туку само се повикувал на својата голема потреба. Неговата вера го примила Христа таков каков што Тој и навистина е. Тој не верувал во Него само како во чудотворец, туку како во пријател и Спасител на луѓето.“
— Копнежот на вековите, 297.
„Така секој грешник треба да пристапи кон Христа. ‚Тој нè спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост’ (Тит 3,5). Ако сатаната ти говори дека си грешник и дека не смееш да се надеваш дека ќе примиш Божји благослов, кажи му дека Христос дошол на светот за да ги спаси грешниците. Немаме ништо со што можеме да се препорачаме на Бога, но нашата целосна беспомошна состојба претставува причина дека можеме да бараме сега и секогаш кога Неговата искупителска сила е неопходна. Откажувајќи се од секоја самодоверба, треба да го насочиме погледот на крстот на Голгота и да кажеме: ‘Не ја носам цената за да Ти ја дадам; само за крстот Твој се фаќам’.”
— Копнежот на вековите, 297.

б. Како ова искуство покажува дека Божјото Слово мораме да го прифатиме со полна доверба за да бидеме спасени? Евреите 11,13; Дела 16,30.31.

„Ние не се спасуваме како секта; Божјата наклонетост и Неговото одобрување не ни ја донесува само припадноста на некоја верска деноминација. Со вера во Господ Исус Христос се спасуваме поединечно. ‘Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји’ (Ефесјаните 2,8). Нашето име може да биде запишано во црквена книга која духовно најдобро стои, а сепак да не му припаѓаме на Христа, нашето име да не биде запишано во животната книга на Јагнето. Христос кажува: ‘Јас сум патот, и вистината, и животот’ (Јован 14,6). Кога со своите заслуги и напори би можеле да отидеме на небото, тогаш Христос не би морал да доаѓа на овој свет, да поднесува страдање, презир и срам, понижување, исмевање, подигрување и страшна смрт. Тој поднел неизмерна жртва, затоа што тоа бил единствениот пат и начин за да се спаси човекот. Оние кои веруваат во Христа ќе го покажат тоа со својот живот и карактер. Гледајќи постојано во Христа тие ќе се преобразат во Негово обличје, и Христос ќе биде прикажан во светот преку Неговите следбеници,“
— RH, 10. февруари, 1891.

Четврток — 14. јануари
5. ВЕРА ПЛУС ДОВЕРБА

а. Какво искуството на овој капетан покажува дека не е доволно само да се верува, туку дека таа вера, исто така, вклучува и доверба? Јаков 2,19.20; 1 Тимотеј 4,10.

„Никој може да се оправда со сопствени дела. Само со заслугите, страдањето, смртта и воскресението Христово човек може да биде ослободен од вината за гревот, осудата на законот и казната за престап. Верата е единствениот услов под кој оправдувањето се добива, а верата вклучува не само верување туку и целосна доверба“.
— Одбрани пораки 1, 389.

б. Што мораме да правиме секој ден за да ја добиме таа животворна вера? Исаија 45,22; 1 Тимотеј 6,11.12.

„Божјото Слово им дава духовна слобода и посветеност на оние кои усрдно го проучуваат. Оние кои ги прифаќаат Божјите ветувања и се држат за нив со жива вера ќе имаат небесна светлина во својот живот. Тие се напојуваат на изворот на животот, приведувајќи и други кон она што ја освежило нивната душа. Ние мораме да имаме таква вера во Бога која секогаш се повикува на Неговото Слово“.
— RH, 22. септември, 1910.
„Насочувајќи ги очите на верата постојано во Исуса, ние стануваме посилни. Бог ќе му даде најдрагоцени откровенија на оној кој е гладен и жеден за тоа. Таквиот ќе увиди дека Христос е негов личен Спасител. Кога се хранат со Неговите зборови луѓето увидуваат дека тие се дух и живот. Словото го уништува она што е вродено, земната природа, и дава нов живот во Христа Исуса…”
— Копнежот на вековите, 375.

Петок — 15. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Што значат зборовите: „Лесно е да се живее христијански живот кога сме умреле за светот“?

б. Опиши го вистинското живеење со вера.

в. Што го навело римскиот капетан да развие вистинска вера во Исуса?

г. Имајќи го во предвид искуството на овој човек, опиши го вистинското значење на верата.

д. Што вистинската вера исто така вклучува и што ја прави толку моќна?

2010 • 1. Квартал

4. лекција – Бог се јави во тело

23. јануари 2010
„И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“.
— Јован 1,14
„Апостолот (Јован) сака нашето внимание да го насочи на Авторот на нашето спасение. Тој ни ги прикажува двете Негови природи: божествената и човечката“.
— Библиски коментари, 533.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 27-32. 609-613.

Недела — 17. јануари
1. СИЛАТА НА ЕВАНГЕЛИЕТО

а. Какви верници Исус ќе признае кога повторно ќе дојде? Откровение 14,12; Ефесјаните 5,27; 1 Солунјаните 5,23.

„Бог го чита срцето на секој поединец и ќе ги изнесе на светлина сокриените дела на темнината, дела кои често се наоѓаат таму каде што најмалку се сомневаме, и така ќе се отстранат камењата на сопнување кои го попречуваат напредокот на вистината; и Бог за објавувањето на Своите закони и Својот суд ќе има чист и свет народ“.
— 1 Сведоштво, 302.
„Пред да нè крсти со Светиот Дух, небесниот Татко нè проверува да види можеме ли да живееме а да не го обесчестуваме Неговото свето име“.
— Одбрани пораки 3, 426.427.

б. На кој начин луѓето и жените стануваат Божји деца (Негов народ)? Јован 1,12; Римјаните 8,14.17.

„(Јован 1,12) Само со таа сила ние можеме да ги победиме нашите зли склоности и така да ја промениме својата несовршена нарав за да Божјата волја се остварува во нас.”
— Поглед горе, 141.

Понеделник — 18. јануари
2. ТАЈНАТА НА ЕВАНГЕЛИЕТО

а. Иако уште патријарсите имале претстава за евангелието до извесна мера, каде тоа најјасно е откриено? Галатјаните 3,8; Ефесјаните 6,19; Колосјаните 1,26.27.

б. Што кажува апостол Павле за „тајната на евангелието“? Римјаните 9,26.27; 11,25; 16,25.26; Ефесјаните 3,3-6.

„Самиот Отец учествувал во страдањата на Својот Син; ‘зашо Бог беше во Христа, и светот ги измири со себе’ (2 Коринтјаните 5,19). Човекот, со своето човечко и ограничено расудување, не може со сигурност да расправа за Божјата мудрост. Затоа не е достоен да го критикува планот на спасението. Пред темата за откуп човекот својата мудрост треба да ја положи во прашина, и да ја прифати намерата на Оној чијашто мудрост е бескрајна.”
— Знаците на времето, 30. декември, 1889.

в. Кога најјасна и најцелосна презентација на Евангелието ќе му биде прикажана на светот? Откровение 14,6.7; 18,1.

„Небесниот Господ Бог нема да ги испрати Своите казни заради непослушност и престапи додека не ги испрати Своите стражари да ги предупредат луѓето. Тој нема да го затвори времето на проверка додека веста не биде појасно објавена. Божјиот Закон треба да се издигне пред светот; Неговите прописи мораат да се изложат во нивната вистинско, свето обележје, за да може народот да се одлучи за или против вистината. Но сепак делото наскоро ќе се заврши во праведност. Пораката за Христовата правда ќе одекнува од едниот крај на земјата до другиот, за да го подготви патот на Господа. Тоа е Божјата слава, со која се завршува делото на третиот ангел.“
— 6 Сведоштво, 19. ориг.
„Објавуањето на евангелието само претставуваа средство со кое Бог човечките суштеста ги користи како Свои орудја за спасување на душите. Кога луѓето, жените и децата го проповедаат евангелието, Господ ги отвора очите на заслепените од заблудата да ги увиди Неговите уредби и ги запишува во срцата на искрените покајници. Божјиот Дух Кој дава живот делува преку човечки орудија наведувајќи ги верниците да бидат еднодушни и едномислени; љубејќи го Бога и држејќи ги Неговите заповеди, да бидат уште овде на земјата подготвени за преобразување“.
— Библиски коментари, 939.

Вторник — 19. јануари
3. ВЕЧНИОТ ТВОРЕЦ

а. Каква улога имал Христос во создавањето на овој свет? Јован 1,1-4.

„Бидејќи Христос создал сè, Тој постоел пред сè создадено. Зборовите изговорени и запишани во врска со тоа толку се одредени и недвосмислени што никој нема причини за сомнеж. Христос е Бог во суштина, и во највисока смисла. Тој бил со Бога од вечни времиња. Бог над сите, благословен довека. Господ Исус Христос, божествениот Божји Син, постои од вечноста, како посебна личност, е сепак едно со Отецот. Бил опкружен со ненадминлива слава на небото. Бил заповедник на небесните суштества, и со право го примал поданичкото укажување на чест и обожувањето на ангелите. Сето тоа сепак не било закинување на Бога.”
— Да Го возвишиме Него, 16.

б. Што е запишано за преегзистенцијата на Исус? Михеј 5,2; Јован 17,5.

„Христос е прапостоечки, самопостоечки Божји Син… Кога зборува за својата преегзистенција, Христос ги враќа нашите мисли назад преку бескрајниот период. Тој нè уверува дека Никогаш не постоело време кога Тој не бил во блиска заедница со вечниот Бог… (Христос) е еднаков со Бога, бесконечен и семоќен… Тој е вечен самопостоечки Син.”
— Евангелизам, 615.
„Христос како Творец на светот и на сите нешта кои се во него, претставува живот и светлина на сите живи суштества“.
— 6 Сведоштво, 182.

в. Каков треба да биде нашиот одговор кога размислуваме колку Христос како творец се спуштил поради нас? Ефесјаните 3, 8-12; Римјаните 5, 8-11.

„Христос го создал човекот, а потоа, со живот на страдање и понижување, и со смртна агонија и срам, Тој го откупил од гревот. О, грешнику, сето тоа Спасителот го поднел за вас. Тој умрел за да те наведе да ја увидиш целата одвратност на гревот, и приоѓајќи кај Него да добиеш вечен живот.”
— RH, 12. февруари, 1901.
„За сè што е прекрасно и корисно на овој свет и должиме само на Хрстовата милост.”
— RH, 16. октомври, 1883.

Среда — 20. јануари
4. ЧОВЕЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА БОГА

а. Опиши го најголемото чудо кое се случило во историјата? Јован 1,14; Филипјаните 2,6-8.

„Творецот на непаднатите светови, Оној во кого била сета полнота на Божеството во тело, се појавил као беспомошно новороденче положено во јасли. Висок и возвишен над сите ангели, еднаков со Отецот во достоинство и слава, а сепак на Себе зел човечка природа! Дошло до необјаснив спој на божественото и човечкото, човекот и Бог станале едно.”
— Библиски коментари, 540.
„Христовата човечка природа не била само привидна; Тој навистина бил човек. Тој навистина имал човечка природа.”
— Lift Him Up, 74.
„Христос бил заповедник на небото, еднаков со Бога, но сепак толку се понизил што ја оставил царската круна и облека и Своето Божество го наметнал со човечка природа. Христовото доаѓање во човечко тело е длабока тајна. Божјиот Син морал во целост да ги има истите црти и обележја како секој друг човек. Тој не поседувал некоја надчовечка убавина и привлечност со што би се истакнувал меѓу луѓето. Немал никаква чудесна привлечност со која би привлекувал внимание“.
— Библиски коментари, 541.

б. Што го навело небесниот Отец да го прати Својот Син на овој свет за да ги најде и спаси загубените? Јован 3,16.17; 1 Јованово 4,10.

„Срцето на небесниот Татко копнее за Своите деца на земјата со љубов која е посилна од смртта. Бог го жртвувал Својот Син и со тој дар ни го подарил целото небо. Животот и смртта на нашиот Спасител, Неговото посредување помеѓу нас и Бога, службата на ангелите, заложбата на Светиот Дух, делувањето на Отецот во сите и преку сите, непрестаната служба на небесните суштества – сето тоа е помош од небото за спасување на изгубените.”
— Патот кон Христа, 18.
„Ниту самиот Бог не можел да покаже поголема љубов кога од својата прегратка го испратил Својот Син на овој свет. Овој подарок треба да го осведочи човекот дека не постоело нешто поголемо што Бог можел да го даде, туку целото небо го дарувал со тој непроценлив дар. Сегашната и вечна човечка среќа се состои во тоа да ја прифати Божјата љубов и да ги држи Божјите заповеди.”
— Да го воздигнуваме Него, 232.

Четврток — 21. јануари
5. ОТЕЛОТВОРУВАЊЕ

а. Што вели Библијата за Христовото божество кога станал човек? Матеј 1,23; Римјаните 9,5; Тит 2,13; 1 Јованово 5,20.

„Христос не престанал да биде Бог кога зел врз Себе човечка природа и станал човек. Иако тоа било понижување за Него, Тој засекогаш го задржал Своето божество. Единствено Христос можел да им даде на луѓето претстава за Бога, а Неговото божество учениците можеле да го гледаат повеќе од три години. Христовите дела сведочеле за Неговото божество. Преку Него Отецот му се открил на светот.”
— Копнежот на вековите, 644.
„Кога учениците би верувале во животната врска помеѓу Отецот и Синот, нивната вера немала да се поколеба ниту кога гледале како Христос страда и умира за да го спаси светот од пропаст. Христос копнеел нивната слаба вера да ја издигне до искуство кое можат да го стекнат ако навистина сфатат дека Тој е Бог во човечко тело. Сакал да сфатат дека мораат со вера да Му се приближат на Бога, и тука да најдат потпора. Колку се трудел нашиот сочувствителен Спасител да ги подготви Своите ученици за бурата искушенијата на кои наскоро ќе бидат изложени!“
— Копнежот на вековите, 644.

б. Каква сила му дава на евангелието Христовото отелотворување? Колосјаните 1,27.28; 2,6-10; Евреите 2,9-11.

„Христос дошол на светот на луѓето да им ја покаже Божјата слава, за да може човекот да биде издигнат од обновувачката сила. Бог се открил во Христа, за да може Тој да се открие во нив. Христос немал никакви особини или сила која не би можел да ги користи оној што верува во Него. Совршенството што Тој го покажал во своето човечко тело може да го достигне секој Негов следбеник ако се потчине на Бога како што Тој се потчинил“.
— Копнежот на вековите, 645.

Петок — 22. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Која е тајната за која се молчело од создавањето на светот?

б. Што всушност му дал Бог на светот кога го пратил Својот Син на оваа земја?

в. Со каква намера биле споени Христовата божествена и човечка природа?

г. На кој начин поединечно можеме да го користиме овој Божји дар?

д. Опиши ги оние што ќе бидат подготвени да го дочекаат Христа при Неговото доаѓање.

2010 • 1. Квартал

5. лекција – „Христос во тебе, надежта на славата“

30. јануари 2010
„На (Своите свети) Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас“.
— Колосјаните 1,27
„Кога грешникот ќе добие претстава за неспоредливата убавина и возвишеност на Христовиот карактер, нему гревот повеќе нема да му изгледа привлечен“.
— Отсјај на Христовиот карактер, 76.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 426.427.653-658.

Недела — 24. јануари
1. ХРИСТОС ВО ВАС

а. Какво чудо прави евангелието, наречено мистерија? Марко 4,3.8.11; Јован 1,12.13; 3,3-8; 2,20.

„Благодарение само на Христовата сила луѓето и жените раскинале со синxирите на грешните навики, и се откажале од себичноста и сопственото ‘јас’. Непосветениот станал побожен, пијаницата трезен, развратникот чист. Душите кои врз себе го носеле сатанскиот жиг се преобразиле во Божјо обличје. Таа промена сама по себе претставува чудо над чудата.”
— Делата на апостолите, 357.
„На оние кои својата волја ќе ја здружат со волјата Божја ништо нема да им биде невозможно. Сé што според Божјата заповед треба да се направи, со Негова сила може и да се направи. За сè што бара од човекот, Бог овозможува и извршување“.
— Христовите поуки, 294.

б. Кое искуство треба да го добиеме за да Божјата сила може да се покаже и во нашиот сопствен живот? 2 Коринтјаните 5,17; 13,4.

„Кога сите оние кои тврдат дека Му служат на Бога би го следеле Христовиот пример, практично применувајќи ги начелата на Неговиот закон во својот секојдневен живот; кога секое дело би претставувало сведоштво дека навистина го љубиме Бога над сè, а ближните како самите себеси, тогаш црквата би имала сила да го осведочи светот.”
— Христовите поуки, 301.

Понеделник — 25. јануари
2. ПРАВИЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ВИСТИНАТА

а. За што ние духовните треба да се бориме и молиме? 1 Тимотеј 4,16; 2 Тимотеј 2,15; 1 Јованово 2,5.6.

„Христос се радувал што за Своите следбеници ќе може да направи и повеќе отколку што тие можат и да побарат или замислат. Зборувал со сигурност, знаејќи дека одлуката на семожниот била донесена уште пред создавањето на светот. Знаел дека во судирот со злото ќе победи вистината наоружана со семоќната сила на Светиот Дух и дека со крвта попрсканото знаме тријумфално ќе се развее над главите на Неговите следбеници… Знаел дека животот на Неговите верни учениците ќе биде како и Неговиот, непрекината низа на победи, кои овде луѓето нема да ги видат како такви, но кои ќе се покажат такви во идниот живот.”
— Копнежот на вековите, 659.

б. Каков предупредување им упатил Христос на припадниците на таканаречениот Божји народ во Неговите денови? Што тие не виделе во своето истражување на Светите списи? Марко 12,24.

„Садукеите самите себеси си ласкале дека од сите луѓе најстрого се придржуваат на Светото писмо. Но Исус покажал дека тие не ја сфатиле неговата вистинска смисла. За да го сфати тоа, срцето мора да биде просветлено од Светиот Дух. Тој им рекол дека тие не го познаваат Светото писмо и силата Божја и дека тоа е причина за неразбирањето во нивната вера и темнината во нивната душа. Тие се обидувале со својот ограничен разум да ги дознаат тајните Божји. Христос ги повикал да ги отворат нивните умови за оние вистини кои го прошируваат и јакнат сфаќањето“.
— Копнежот на вековите, 582.
„Најголема измама на човечкиот ум во Христово време била претпоставката дека самото признавање на вистината ја содржи правдата. Сите човечки искуства покажале дека теоретското познавање на вистината не е доволно за спасување на душата. Тоа не донесува плодови на правдата. Строгите обѕири кон она што се нарекува теолошка вистина често одат заедно со омраза кон правата вистина која се открива во животот. Најмрачните поглавја од историјата се преполни со извештаи за злосторствата кои ги направиле лицемерните и верски занесеници. Фарисеите тврделе дека се деца Аврамови и се фалеле дека ги знаат Божјите промисли, но тие предности не ги сочувале од себичност, пакост, среброљубие и најниско лицемерство. Се сметале за најголеми верски учители на светот, но нивното таканаречено правоверие довело до тоа што го распнале Господ на славата“.
— Копнежот на вековите, 582.

Вторник — 26. јануари
3. НОСЕЊЕ НА КРСТОТ

а. Што мораме да направиме за да се докажаме како Христови следбеници? Марко 8,34; 10,21.

„(Христијаните) мораат да бидат чисти во срцето и исправни во однесувањето. Ниту во било кој случај не смеат да бидат задоволни со самото исповедање на верата… Да се биде христијанин значи да се биде сличен на Христос“.
— Посветен живот, 79.

б. Како треба ние да го сметаме овој крст, за разлика од начинот на кој што целиот свет го смета крстот? 1 Коринтјаните 1,18.24; Галатјаните 6,14.

„Нашиот ум и мечта не можат никогаш во потполност да сфатат дека невиниот и кроток Христос морал да умре онака со маченичка смрт, носејќи ги гревовите на светот. Ние не сме во состојба да ја сфатиме величината, широчината, висината и длабочината на толку огромната љубов. Проучувањето на неспоредливата љубов на Спасителот треба да го исполни нашиот дух, да ја допре и омекне нашата душа, да ги облагороди и возвиши нашите чувства и потполно да го преобрази целиот наш карактер.”
— 2 Сведоштво, 231.
„Јас велам дека Христовите следбеници, гледајќи на Голгота, треба да поцрвенеат од срам заради својата вообразеност и придавање важност на себе. Сите оние понижувања, Величеството на небото ги поднело заради вината на осудениот човек. Во Своето понижување, Тој одел сè подлабоко и подлабоко додека не се спуштил до најголемите длабочини до кои воопшто можел да допре, за да го издине паднатиот човек од неговата морална униженост. Сето ова било заради вас кои се борите за превласт, за човечка слава и воздигање; за вас кои стравувате дека луѓето не ви го укажуваат сето она почитување и уважување кое, според вашето мислење, ви припаѓа. Дали тоа е сличност со Христа?”
— Коментари на библиските текстови, 535.
„Нашата предност исто така е дека можеме да се фалиме со крстот и потполно да се предадеме на Оној Кој Себеси се дал за нас. И тогаш, додека нè осветлува светлината која блеска од Голгота, можеме да ја откриваме и на оние кои сè уште се наоѓаат во темнина“.
— Делата на апостолите, 158.
„Но, за Павле крстот бил предмет на највозвишено почитување… Од лично искуство знаел дека грешникот кога еднаш ќе ја сфати љубовта на Отецот, која се огледа во жртвата на Неговиот Син, и кога ќе се покори на божественото влијание, се преобразува во срцето и од тој час Христос за него станува сè во сè“.
— Делата на апостолите, 185.

Среда — 27. јануари
4. ВИДЛИВА ПРОМЕНА

а. Каква промена треба да се види во нашиот живот откако ќе го прифатиме ова евангелие? Римјаните 12,2; Ефесјаните 4,21-28.

„Единството со Христа е трајно ако се воспостави со жива вера, додека секоја друга врска е со краток век. Христос прв нè избрал нас, плаќајќи ја бескрајната цена за нашето избавување, потоа вистинскиот верник го избира Христа и во сè му дава прво и најдобро место. Но тоа единство мора нешто и нас да не чини. Во ова единство на потполна зависност не може да стапне ниедно гордо суштество. Сите кои го воспоставуваат ова единство мораат да ја чувствуваат потребата за Христовата крв која го чисти гревот. Тие мораат да ја доживеат промената на срцето. Тие мораат својата волја да ја потчинат на Божјата волја. Но тоа не оди без надворешни и внатрешни пречки. Тука настанува дело на болно одвојување како и дело на спојување. Гордоста, себичноста суетата, светскиот дух и гревот во сите негови облици мораме да ги победиме, ако сакаме да воспоставиме единство со Христа.“
— Порака до младите, 118.
„Бог ни ги дал Своите свети прописи затоа што го љуби човештвото. За да нè заштити од последиците на престапот, Тој ни ги открива начелата на правдата. Законот е израз на Божјите мисли; кога го прифаќаме во Христа, Тој станува наша мисла. Тој нè издигнува над силата на природните желби и склоности, над искушенијата што водат во грев. Бог сака да бидеме среќни и Тој ни ги дава правилата на Законот со цел, слушајќи ги нив, да бидеме радосни”.
— Копнежот на вековите, 287.

б. Како таа коренита промена се опишува во Светите списи? Езекиел 36,26; 1 Коринтјаните 2,16.

„Ако грешникот, привлечен со Христовата сила, се приближи до издигнатиот крст и во длабока скрушеност падне ничкум пред него, тој ќе биде препороден. Ќе му се даде ново срце, и тој ќе стане потполно ново создание во Христа Исуса“.
— Христовите поуки, 133.
„Вистинската послушност доаѓа од срце. Тоа значи да се соработува со Христа со сето срце. Ако му се предадеме, Тој нашите мисли и цели толку многу ги поистоветува со Своите, а нашето срце и ум ги сообразува со Својата волја до таа мерка што покорувајќи се Нему всушност постапуваме во согласност со своите побуди. Нашата волја станува облагородена и посветена и нашата најголема радост се состои во тоа да му служиме Нему“.
— Копнежот на вековите, 647.

Четврток — 28. јануари
5. ХРИСТОВИОТ УМ ВО НАС

а. Со што докажуваме дали сме го примиле Христовиот ум? Римјаните 12,10.14-16; Филипјаните 2,2-5; Јован 13,34.35.

„Кога го гледаме Исуса како човек на болки и свикнат на страдања, се труди да ги спаси изгубените; како презрен, отфрлен и исмејуван, како патува од град до град додека Неговата мисија не била завршена, кога Го гледаме како во агонија умира на крстот – кога тоа го гледаме, тогаш сопственото ‘јас’ повеќе не бара да биде признаено. Кога ќе го насочиме погледот во Исуса, ќе се засрамиме од нашата рамнодушност, нашата летаргија и нашата себичност. Ќе се задоволиме да го заземеме најскромното место, само од сè срце да Му служиме на Господа.”
— Копнежот на вековите, 427.
„Со вистинска имплементација и целосна трансформација во животот луѓето го примаат Христовиот ум. Секој треба да стои пред Бога со индивидуална вера, индивидуално искуство, знаејќи за себе дека Христос навистина станал во него надеж на славата.”
— Отсјај на Христовиот карактер, 35.

б. Колку во тој поглед можеме да направиме со сопствената сила? Јован 15,5. Која сила во нашиот живот единствено може да доведе до коренити промени? Јован 6,63; Галатјаните 5,22-25; 2 Петрово 1,2-4.

„Секој христијанин има не само предимство туку и должност да одржува блиско единство со Христа и да добие богато искуство во побожен живот. Тогаш неговиот живот ќе биде плоден со добри дела“.
— Посветен живот, 83.

Петок — 29. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Какви можности има оној во чиешто срце навистина живее Христос?

б. Што значи тоа да се има Христов ум?

в. Како христијаниот ја задобива вистинската победа?

г. На какви жртви стануваме подготвени додека размислуваме за Христовата жртва на Голгота?

д. Какви плодови донесуваат оние кои навистина доживеале ново раѓање?

2010 • 1. Квартал

6. лекција – Одење на суд

6. февруари 2010
„И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд“.
— Евреите 9,27
„Сатаната измислува безброј сплетки за да ги окупира нашите мисли за да не размислуваме токму за она со што би требало најдобро да бидеме запознаени. Архиизмамникот ги мрази големите вистини кои ни укажуваат на жртвата на помирување и на нашиот семоќен Посредник. Тој знае дека неговиот успех воглавном зависи од тоа колку ќе успее мислите на луѓето да ги одврати од Исуса и Неговите вистини“.
— Големата борба, 434.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 426-437.

Недела — 31. јануари
1. СЕГАШНА ВИСТИНА

а. Која е нашата заштита против влијанието на лажните учители? 2 Тимотеј 3,16.

„Божјиот народ е упатен на Светото писмо као на своја заштита против влијанието на лажните учители и измамничката сила на духовите на темнината. Сатаната се користи со сите можни лукавства за да ги оневозможи луѓето да добијат познавања од Библијата; бидејќи нејзиното јасно учење ги открива сите негови измами“.
— Големата борба, 525.
„Наскоро пред нас ќе се покаже последната голема измама. Антихристот своите чуда ќе ги прави пред нашите очи. Неговото имитирање ќе биде толку слично на вистинските чуда така што ќе биде невозможно да се разликува едно од друго, освен со помош на Светото писмо.”
— Големата борба, 525.

б. Кои делови од Писмото се особено важни за нашето време? 2 Петрово 1,12.13.

„Сегашна вистина – вистина од особено значење за одредено време – постоела во деновите на Христос, Павле и Лутер; исто така постои и сегашна вистина за црквата денес“.
— Знаците на времето, 21. јуни, 1883.
„Драгоцени души гладуваат и умираат за сегашната вистина за запечатувањето, која претставува храна во вистинско време“.
— Сегашна вистина, 1. септември, 1849.

Понеделник — 1. февруари
2. ГЛЕДАЈЌИ ВО ИСУСА

а. Што мораме постојано да правиме за да постигнеме совршенство? 2 Коринтјаните 3,18; Евреите 12,2.

„Исто така со трајно познанство и дружење со Христа ние можеме да станеме слични на Него, како на свој беспрекорен Пример.”
— 5 Сведоштво, 206.
„Исус им ветил на Своите ученици дека ќе го испрати Утешителот, Духот на вистината, за да го промени нашиот карактер во Христово обличје; и кога тоа ќе се оствари ние, како во огледало, ќе ја одразуваме Неговата слава. Така во животот и карактерот на оној кој постојано гледа во Христа, отсјајот на Христовиот каректер се гледа како во огледало. Незабележливо и за нас самите, ние се менуваме од ден на ден своите патишта и својата волја ги менуваме во патишта и волја Христова, во убавината на Неговиот карактер. На тој начин ние растеме во Христа, несвесно одразувајќи го Неговиот лик.”
— Во небесните пространства, 337.

б. Каде и на кој начин ние постојано можеме да гледаме на Исуса? Јован 5,39; Евреите 1,2.3; 3,1.

„Ниеден човек, жена, момче или девојка не можат да постигнат христијанско совршенство ако го занемарат проучувањето на Божјото Слово. Со трудољубиво и ревно истражување на Божјото Слово ние се покоруваме на Христовиот налог: ‘Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате вечен, а токму тие сведочат за Мене’ (Јован 5,39). Таквото проучување на истраживачот му овозможува внимателно да го посматра божествениот Пример, бидејќи сето тоа што го проучува сведочи за Христа. Примерот мора често и мошне внимателно да се посматра за да може верно да се имитира.. Колку повеќе се запознава со животот на Искупителот, човекот сè повеќе ги открива недостатоците на својот карактер; неговата несличност со Христа е толку голема така што тој увидува дека неможе да биде Негов следбеник без големи промени во својот живот. Тој продолжува да проучува со желба да стане сличен на Големиот Пример; тој го фаќа секој поглед и дух на својот сакан Учител; со таквото посматрање тој се менува, ‚Имајќи Го пред очи, Зачетникот и Довршителот на верата – Исус’ (Евреите 12,2)“.
— Совети за саботната школа, 17.
„Гледајте на Голгота, и додека Го посматрате Христа како го полага Својот драгоцен живот за вас, за да можеле вие својот карактер да го обликувате за вечен живот, вие ќе се запрашате: Како треба да го користам времето кое Бог ми го дал со неизмерна цена?”
— RH, 27. октомври, 1896.

Вторник — 2. февруари
3. СООЧУВАЊЕ СО ЗАПИСИТЕ ЗА НАШИОТ ЖИВОТ

а. Со што и пред кого секој поединец, без исклучок, еден ден мора да се соочи? Евреите 9,27; Римјаните 14,12.

„Оние кои сакаат да бидат учесници во благодатта на Спасителовото посредување не смеат со ништо да дозволат да бидат одвратени од својата должност, во Божји страв да ја усовршуваат светоста. Наместо своите драгоцени часови да ги посветат на уживања, украсување или во трка за заработка, треба да се посветат на најусрдна молитва и на ревно проучување на Божјата вистина. Вистината за светињата и истражниот суд Божјиот народ треба да ја разбере јасно и целосно. За сите е неопходно одредено разбирање и лична претстава за службата и делото на нашиот голем Поглавар свештенички; инаку ќе им биде невозможно да се одржат во верата која е битна за ова време или да заземат положба која Бог им ја наменил. На секого му се дава можност да ја спаси својата душа или да ја изгуби. Случајот на секого од нас зависи од исходот на овој Божји суд. Секој мора да излезе пред очите на Големиот Судија. Затоа колку тогаш е важно, секој од нас во мислите да ја посматра свечената глетка опишана во зборовите: ‘Седна судиите и книгите се отворија’ (Даниел 7,10)“.
— Големата борба, 434.

б. Бидејќи секој од нас мора да излезе на суд, за што мораме да бидеме свесни и како треба да живееме имајќи ја во предвид таа страшна сцена? Проповедник 12,13.14; 11,9.

„Не треба да дозволиме да се наговориме во својата уста да земеме било што и да е што нашето тело ќе го доведе во нездрава состојба, без оглед колку ние тоа го сакаме. Зашто? Затоа што ние сме Божја сопственост. Вие треба да добиете победоносен венец, да дојдете во небото, и да ја избегнете вечната пропаст. Затоа, заради Христа, ве прашувам: Дали на светлината која допира до вас со така јасни и одредени зраци ќе и го свртите својот грб, говорејќи: ‘Но јас го сакам ова, и јас го сакам она?“
— Совети за исхраната, 328.
„Во семејствата на оние кои тврдат дека Го љубат Бога и дека Му служат има премногу непромислени зборови и расправии, осудувања и изнаоѓање на туѓи грешки. Заради нељубезните зборови, непочитувања и презрирања кои се покажуваат во семејствата на мнозина ангелите се приморани да плачат. Каков запис во небесните книги останува за нељубезните погледи и зборови кои длабоко рануваат и каснуваат како змија отровница! И таквите записи се внесуваат не само за еден ден во годината, туку од ден во ден. О, кога членовите на таквите семејства би размислиле за фактот дека Божјите ангели толку непогрешливо го снимаат карактерот како што уметникот верно ги пренесува цртите на човечкиот лик; и дека врз основа на тоа ќе ни биде судено!“
— RH, 2. февруари, 1886.

Среда — 3. февруари
4. СУДЕЊЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ

а. Што претставува единственото мерило на овој суд? Јаков 2,12.

„Единствен услов според кој е можна слобода на човекот се состои во тоа човекот да стане едно со Христа. ‘Вистината ќе ве ослободи, а Христос е вистината. Гревот може да триумфира само ако ослаби разумот и ја уништи слободата на душата. Да се потчиниме на Бога значи да се вратиме самите на себе, да се вратиме на славата и достоинството на човекот. Божествениот закон на кој треба да се покоруваме е‚ ‘законот на слободата’ (Јаков 2,12)“.
— Копнежот на вековите, 454.

б. Кој закон го претставува тој закон на слободата? Дали на христијаните во Новиот завет ќе им се суди според тој закон? Јаков 2,11 (Излез 20,13.14); 2 Коринтјаните 5,10.

„Првиот ангел ги повикува луѓето: ‘Имајте страв Божји и подајте Му слава!’ Поклонувајте Му се и признајте Го како Творец на небото и земјата. За да го прават тоа, мораат да го исполнуваат Неговиот закон. Мудрецот вели: ‘Суштината на сè е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди; зашто тоа му е сета должност на човекот’ (Проповедник 12,13). На Бога не Му е угодно никакво богослужение кое не е придружувано со покорување на Неговите заповеди. ‘Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова да ги пазиме заповедите Негови’. ‘Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна’ (1 Јованово 5.3; Изреки 28,9).”
— Големата борба, 390.

в. Бидејќи нашиот живот ќе биде изнесен на суд (Римјаните 14,10), на кои прашања треба да придаваме најголема важност? Јован 8,31.32; 14,15; 15,7.14.

„Не смееме да дозволиме ништо да го одврати нашето внимание од објавувањето на пораката која ни е доверена. Со години ми се повторувани упатства да не обрнуваме внимание на неважни прашања. Ние не сме повикани да се впуштаме во расправање за неважни теми. Наша задача е мислите да ги насочуваме на големите начела на Божјиот закон. Единствено прашање кои ќе се постави на судот ќе биде: ‘Дали тие ги пазеле Моите заповеди?’ Ситничарските расправии и раздори за безначајни прашања претставуваат воспитување кое на нашиот народ не му е потребно.”
— Западно-индиски весник, 1. јули, 1912.

Четврток — 4. февруари
5. ЧИСТА ОБЛЕКА

а. Кое предупредување го бара нашето постојано внимание? Еремија 17,9; 1 Коринтјаните 10,12; Јаков 4,7; 1 Петрово 5,6-9.

„Мнозина се измамени во поглед на состојбата на нивните срца. Тие не знаат дека непрепороденото срце е измамливо повеќе од сè, и лошо, не плашејќи се од ништо. Тие се обвиткуваат во облеките на сопствената правда и се задоволуваат со човечки мерила на карактерот; но колку е кобно кога заради тоа не го достигаат божественото мерило и не одговараат на Божјите барања. Ние можеме да се мериме со сопствени мерила, можеме да се споредуваме едни со други, можеме да кажеме дека сме направиле добро и постапиле правилно во ова или она, но прашање кое ќе бара одговор на судот е: Дали одговараме на високите барања на небото? Дали сме го достигнале божествениот критериум? Дали нашето срце е во согласност со Божјата волја?”
— Одбрани пораки 1, 320,321.

б. На што со сигурност ќе можеме да полагаме право кога ќе ја задобиеме конечната победа? Матеј 24,13. Наведи пример. 2 Тимотеј 4,7.8.

„Оние кои ќе живеат на земјата во времето кога Христовото посредување во небесната светиња ќе заврши, ќе мораат да стојат пред Бога без посредник. Нивните облеки ќе мораат да бидат беспрекорни, а нивниот карактер очистен од гревот со Христовата крв. Со Божја милост и трудољубиво настојување од своја страна тие мораат да победат во борбата со злото“.
— Големата борба, 380.
„Кога животната борба ќе заврши, кога оружјето ќе го одложиме покрај Христовите нозе, кога Светите Божји ќе бидат прославени, тогаш и само тогаш ќе можеме со сигурност и со право да тврдиме дека сме спасени и безгрешни.”
— Одбрани пораки 3, 356.

Петок — 5. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Кој дел од Светите списи особено се однесува на нашето време?

б. Како можеме постојано да гледаме на Исуса Кој со тело не е присутен меѓу нас?

в. Како треба да живееме имајќи го во предвид претстојниот суд?

г. Кој закон претставува основа според кој ќе се суди за нашиот карактер?

д. Објасни ги Христовите зборови: ‘А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.’ (Матеј 24,13).

2010 • 1. Квартал

6. лекција – Одење на суд

6. февруари 2010
„И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд“.
— Евреите 9,27
„Сатаната измислува безброј сплетки за да ги окупира нашите мисли за да не размислуваме токму за она со што би требало најдобро да бидеме запознаени. Архиизмамникот ги мрази големите вистини кои ни укажуваат на жртвата на помирување и на нашиот семоќен Посредник. Тој знае дека неговиот успех воглавном зависи од тоа колку ќе успее мислите на луѓето да ги одврати од Исуса и Неговите вистини“.
— Големата борба, 434.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 426-437.

Недела — 31. јануари
1. СЕГАШНА ВИСТИНА

а. Која е нашата заштита против влијанието на лажните учители? 2 Тимотеј 3,16.

„Божјиот народ е упатен на Светото писмо како на своја заштита против влијанието на лажните учители и измамничката сила на духовите на темнината. Сатаната се користи со сите можни лукавства за да ги оневозможи луѓето да добијат познавања од Библијата; бидејќи нејзиното јасно учење ги открива сите негови измами“.
— Големата борба, 525.
„Наскоро пред нас ќе се покаже последната голема измама. Антихристот своите чуда ќе ги прави пред нашите очи. Неговото имитирање ќе биде толку слично на вистинските чуда така што ќе биде невозможно да се разликува едно од друго, освен со помош на Светото писмо.”
— Големата борба, 525.

б. Кои делови од Писмото се особено важни за нашето време? 2 Петрово 1,12.13.

„Сегашна вистина – вистина од особено значење за одредено време – постоела во деновите на Христос, Павле и Лутер; исто така постои и сегашна вистина за црквата денес“.
— Знаците на времето, 21. јуни, 1883.
„Драгоцени души гладуваат и умираат за сегашната вистина за запечатувањето, која претставува храна во вистинско време“.
— Сегашна вистина, 1. септември, 1849.

Понеделник — 1. февруари
2. ГЛЕДАЈЌИ ВО ИСУСА

а. Што мораме постојано да правиме за да постигнеме совршенство? 2 Коринтјаните 3,18; Евреите 12,2.

„Исто така со трајно познанство и дружење со Христа ние можеме да станеме слични на Него, како на свој беспрекорен Пример.”
— 5 Сведоштво, 206.
„Исус им ветил на Своите ученици дека ќе го испрати Утешителот, Духот на вистината, за да го промени нашиот карактер во Христово обличје; и кога тоа ќе се оствари ние, како во огледало, ќе ја одразуваме Неговата слава. Така во животот и карактерот на оној кој постојано гледа во Христа, отсјајот на Христовиот каректер се гледа како во огледало. Незабележливо и за нас самите, ние се менуваме од ден на ден своите патишта и својата волја ги менуваме во патишта и волја Христова, во убавината на Неговиот карактер. На тој начин ние растеме во Христа, несвесно одразувајќи го Неговиот лик.”
— Во небесните пространства, 337.

б. Каде и на кој начин ние постојано можеме да гледаме на Исуса? Јован 5,39; Евреите 1,2.3; 3,1.

„Ниеден човек, жена, момче или девојка не можат да постигнат христијанско совршенство ако го занемарат проучувањето на Божјото Слово. Со трудољубиво и ревно истражување на Божјото Слово ние се покоруваме на Христовиот налог: ‘Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате вечен, а токму тие сведочат за Мене’ (Јован 5,39). Таквото проучување на истраживачот му овозможува внимателно да го посматра божествениот Пример, бидејќи сето тоа што го проучува сведочи за Христа. Примерот мора често и мошне внимателно да се посматра за да може верно да се имитира.. Колку повеќе се запознава со животот на Искупителот, човекот сè повеќе ги открива недостатоците на својот карактер; неговата несличност со Христа е толку голема така што тој увидува дека неможе да биде Негов следбеник без големи промени во својот живот. Тој продолжува да проучува со желба да стане сличен на Големиот Пример; тој го фаќа секој поглед и дух на својот сакан Учител; со таквото посматрање тој се менува, ‚Имајќи Го пред очи, Зачетникот и Довршителот на верата – Исус’ (Евреите 12,2)“.
— Совети за саботната школа, 17.
„Гледајте на Голгота, и додека Го посматрате Христа како го полага Својот драгоцен живот за вас, за да можеле вие својот карактер да го обликувате за вечен живот, вие ќе се запрашате: Како треба да го користам времето кое Бог ми го дал со неизмерна цена?”
— RH, 27. октомври, 1896.

Вторник — 2. февруари
3. СООЧУВАЊЕ СО ЗАПИСИТЕ ЗА НАШИОТ ЖИВОТ

а. Со што и пред кого секој поединец, без исклучок, еден ден мора да се соочи? Евреите 9,27; Римјаните 14,12.

„Оние кои сакаат да бидат учесници во благодатта на Спасителовото посредување не смеат со ништо да дозволат да бидат одвратени од својата должност, во Божји страв да ја усовршуваат светоста. Наместо своите драгоцени часови да ги посветат на уживања, украсување или во трка за заработка, треба да се посветат на најусрдна молитва и на ревно проучување на Божјата вистина. Вистината за светињата и истражниот суд Божјиот народ треба да ја разбере јасно и целосно. За сите е неопходно одредено разбирање и лична претстава за службата и делото на нашиот голем Поглавар свештенички; инаку ќе им биде невозможно да се одржат во верата која е битна за ова време или да заземат положба која Бог им ја наменил. На секого му се дава можност да ја спаси својата душа или да ја изгуби. Случајот на секого од нас зависи од исходот на овој Божји суд. Секој мора да излезе пред очите на Големиот Судија. Затоа колку тогаш е важно, секој од нас во мислите да ја посматра свечената глетка опишана во зборовите: ‘Седна судиите и книгите се отворија’ (Даниел 7,10)“.
— Големата борба, 434.

б. Бидејќи секој од нас мора да излезе на суд, за што мораме да бидеме свесни и како треба да живееме имајќи ја во предвид таа страшна сцена? Проповедник 12,13.14; 11,9.

„Не треба да дозволиме да се наговориме во својата уста да земеме било што и да е што нашето тело ќе го доведе во нездрава состојба, без оглед колку ние тоа го сакаме. Зашто? Затоа што ние сме Божја сопственост. Вие треба да добиете победоносен венец, да дојдете во небото, и да ја избегнете вечната пропаст. Затоа, заради Христа, ве прашувам: Дали на светлината која допира до вас со така јасни и одредени зраци ќе и го свртите својот грб, говорејќи: ‘Но јас го сакам ова, и јас го сакам она?“
— Совети за исхраната, 328.
„Во семејствата на оние кои тврдат дека Го љубат Бога и дека Му служат има премногу непромислени зборови и расправии, осудувања и изнаоѓање на туѓи грешки. Заради нељубезните зборови, непочитувања и презрирања кои се покажуваат во семејствата на мнозина ангелите се приморани да плачат. Каков запис во небесните книги останува за нељубезните погледи и зборови кои длабоко рануваат и каснуваат како змија отровница! И таквите записи се внесуваат не само за еден ден во годината, туку од ден во ден. О, кога членовите на таквите семејства би размислиле за фактот дека Божјите ангели толку непогрешливо го снимаат карактерот како што уметникот верно ги пренесува цртите на човечкиот лик; и дека врз основа на тоа ќе ни биде судено!“
— RH, 2. февруари, 1886.

Среда — 3. февруари
4. СУДЕЊЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ

а. Што претставува единственото мерило на овој суд? Јаков 2,12.

„Единствен услов според кој е можна слобода на човекот се состои во тоа човекот да стане едно со Христа. ‘Вистината ќе ве ослободи, а Христос е вистината. Гревот може да триумфира само ако ослаби разумот и ја уништи слободата на душата. Да се потчиниме на Бога значи да се вратиме самите на себе, да се вратиме на славата и достоинството на човекот. Божествениот закон на кој треба да се покоруваме е‚ ‘законот на слободата’ (Јаков 2,12)“.
— Копнежот на вековите, 454.

б. Кој закон го претставува тој закон на слободата? Дали на христијаните во Новиот завет ќе им се суди според тој закон? Јаков 2,11 (Излез 20,13.14); 2 Коринтјаните 5,10.

„Првиот ангел ги повикува луѓето: ‘Имајте страв Божји и подајте Му слава!’ Поклонувајте Му се и признајте Го како Творец на небото и земјата. За да го прават тоа, мораат да го исполнуваат Неговиот закон. Мудрецот вели: ‘Суштината на сè е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди; зашто тоа му е сета должност на човекот’ (Проповедник 12,13). На Бога не Му е угодно никакво богослужение кое не е придружувано со покорување на Неговите заповеди. ‘Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова да ги пазиме заповедите Негови’. ‘Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна’ (1 Јованово 5.3; Изреки 28,9).”
— Големата борба, 390.

в. Бидејќи нашиот живот ќе биде изнесен на суд (Римјаните 14,10), на кои прашања треба да придаваме најголема важност? Јован 8,31.32; 14,15; 15,7.14.

„Не смееме да дозволиме ништо да го одврати нашето внимание од објавувањето на пораката која ни е доверена. Со години ми се повторувани упатства да не обрнуваме внимание на неважни прашања. Ние не сме повикани да се впуштаме во расправање за неважни теми. Наша задача е мислите да ги насочуваме на големите начела на Божјиот закон. Единствено прашање кои ќе се постави на судот ќе биде: ‘Дали тие ги пазеле Моите заповеди?’ Ситничарските расправии и раздори за безначајни прашања претставуваат воспитување кое на нашиот народ не му е потребно.”
— Западно-индиски весник, 1. јули, 1912.

Четврток — 4. февруари
5. ЧИСТА ОБЛЕКА

а. Кое предупредување го бара нашето постојано внимание? Еремија 17,9; 1 Коринтјаните 10,12; Јаков 4,7; 1 Петрово 5,6-9.

„Мнозина се измамени во поглед на состојбата на нивните срца. Тие не знаат дека непрепороденото срце е измамливо повеќе од сè, и лошо, не плашејќи се од ништо. Тие се обвиткуваат во облеките на сопствената правда и се задоволуваат со човечки мерила на карактерот; но колку е кобно кога заради тоа не го достигаат божественото мерило и не одговараат на Божјите барања. Ние можеме да се мериме со сопствени мерила, можеме да се споредуваме едни со други, можеме да кажеме дека сме направиле добро и постапиле правилно во ова или она, но прашање кое ќе бара одговор на судот е: Дали одговараме на високите барања на небото? Дали сме го достигнале божествениот критериум? Дали нашето срце е во согласност со Божјата волја?”
— Одбрани пораки 1, 320,321.

б. На што со сигурност ќе можеме да полагаме право кога ќе ја задобиеме конечната победа? Матеј 24,13. Наведи пример. 2 Тимотеј 4,7.8.

„Оние кои ќе живеат на земјата во времето кога Христовото посредување во небесната светиња ќе заврши, ќе мораат да стојат пред Бога без посредник. Нивните облеки ќе мораат да бидат беспрекорни, а нивниот карактер очистен од гревот со Христовата крв. Со Божја милост и трудољубиво настојување од своја страна тие мораат да победат во борбата со злото“.
— Големата борба, 380.
„Кога животната борба ќе заврши, кога оружјето ќе го одложиме покрај Христовите нозе, кога Светите Божји ќе бидат прославени, тогаш и само тогаш ќе можеме со сигурност и со право да тврдиме дека сме спасени и безгрешни.”
— Одбрани пораки 3, 356.

Петок — 5. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Кој дел од Светите списи особено се однесува на нашето време?

б. Како можеме постојано да гледаме на Исуса Кој со тело не е присутен меѓу нас?

в. Како треба да живееме имајќи го во предвид претстојниот суд?

г. Кој закон претставува основа според кој ќе се суди за нашиот карактер?

д. Објасни ги Христовите зборови: ‘А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.’ (Матеј 24,13).

2010 • 1. Квартал

7. лекција – Бришење на гревовите

13. февруари 2010
„А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гревовите твои нема да ги спомнам“.
— Исаија 43,25
„Додека луѓето сè уште живеат овде на земјата, во небесната судница се врши процес на истражен суд. Се прегледува животот на сите оние коишто тврдат дека се Христови следбеници. За секого поединечно се врши испитување според извештаите кои се водат за секого во небесните книги, и судбината на секој поединец засекогаш ќе биде одредена според неговите дела“.
— Христовите поуки, 277.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 56-59; 4 Сведоштво, 365-368.

Недела — 7. февруари
1. ИСТРАЖЕН СУД

а. Кои пророчки записи го најавуваат истражниот суд во присуство на „Старецот“? Даниел 7,9.10; Псалм 11,4.

„Големиот ден за извршување на Божјиот суд како да дошол. Десет илјади по десет илјади биле собрани пред еден голем престол на кој седело лице со исклучително величествен изглед. Пред Него се наоѓале неколку книги а на кориците на секоја од нив со златни букви, кои изгледале како оган кој проголтува, било напишано: ‘Главен записник на небото’. Тогаш е отворена една од тие книги со имињата на сите оние кои тврдат дека веруваат во вистината”
— 4 Сведоштво, 365.

б. Кој се појавува како Адвокат на тој суд? Даниел 7,13; Малахија 3,1; 1 Јованово 2,1.

„Христовото доаѓање како наш Првосвештеник во светињата над светињите да ја очисти светињата, претскажан во пророштвото на Даниел 8,14; доаѓањето на Синот човечки пред Старецот, опишано во книгата на истиот пророк; Даниел 7,13; и ова Господово доаѓање во Неговиот храм најавено преку Малахија – сето тоа се описи на еден ист настан.”
— Големата борба, 381.

Понеделник — 8. февруари
2. СИМБОЛИЧНА СВАДБА

а. Која Христова парабола покажува дека ова судење мора да се одржи пред второто Христово доаѓање, и зошто? Матеј 22,1-14; Откровение 11,18.

„Царевото испитување на гостите на оваа гозба ја претставува работата на истражниот суд. Гости на евангелската гозба се оние кои тврдат дека Му служат на Бога, оние чиишто имиња се запишани во книгата на животот“.
— Христовите параболи, 277.
„Пред свадбата доаѓа Царот да ги види гостите (Матеј 22,11), – дали сите се облечени во свадбено руво, – во беспрекорно чисти облеки на карактерот испрани и обелени ‘во крвта на Јагнето’ (Откровение 7,14). Оној што нема да биде облечен во таква облека ќе биде исфрлен; а сите оние кои при проверката ќе се најдат во свадбено руво Бог ќе ги прими во Своето царство и ќе ги прогласи дека се достојни да царуваат со Него и да седнат на престолот. Ова дело на проверка на карактерот, на дефинитивното одлучување кој е подготвен за Божјото царство – го претставува истражниот суд, завршното дело во небесната светиња“.
— Големата борба, 383.

б. После судењето опишано во Даниел 7,10, што ќе прими Христос? Даниел 7,14.

„Во параболата (Матеј 25), на свадбата влегле оние девојки што покрај светилките имале и масло во своите садови… И сите кои благодарение на сведоштвото на Светите списи, ќе ги прифатат дадените вистини и со вера ќе Го следат Христа кога ќе стапне пред Бога да го изврши последното посредување и потоа да го прими Своето царство – сите тие, во параболата се прикажани како поканети гости кои како ‘готови влегоа со Него на свадбата’”
— Големата борба, 382.

в. Дали Христовото доаѓање на земјата е пред или после симболичната свадба и примањето на царството? Лука 12,35.36; 19,12.

„Најавата: ‘Еве го младоженецот, доаѓа’, која е ширена во летото 1844. година, илјадници биле наведени непосредно после тоа да го очекуваат Христовото доаѓање. Во одредено време младоженецот навистина дошол, но не на земјата, како што тоа го очекувал Неговиот народ, туку пред Старецот на свадбената свеченост на небото, да го прими Своето царство. ‘И приготвените влегоа со Него на свадбата, и вратите се затворија’ (Мат 25,10). Тие не можеле лично да присуствуваат на свадбата, затоа што таа е одржана на небото, додека тие се наоѓале на земјата. Значи Христовите следбеници треба да ‘го чекаат Својот господар да се врати од свадба’ (Лука 12,36).”
— Големата борба, 382.

Вторник — 9. февруари
3. СУД ПРЕД ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

а. Кога Христос ќе се врати на земјата, што донесува Тој со Него и што покажува дека судот морал да се одржи порано? Откровение 22,12.

„Сите што тврдат дека се христијани со самото тоа не се и вистински Христови ученици. Пред да биде конечно доделена наградата, мора да се одлучи кој е достоен да има удел во наследството на праведниците. Оваа одлука мора биде донесена пред второто Христово доаѓање на небесните облаци; затоа што кога Тој ќе дојде ќе ја донесе со Себе и наградата, за да му даде на секого ‘според неговите дела’ (Откровение 22,12). Значи, пред Неговото доаѓање карактерот на секој поединец ќе биде одлучен, и на секој Христов следбеник ќе му биде распределена награда според неговите дела.”
— Христовите параболи, 277.

б. Од кого започнува ова судење? 1 Петрово 4,17.

„Кога делото на истражниот суд ќе биде довршено, кога ќе биде испитан и дефинитивно решен случајот на секој поединец, кој во било кој век се сметал за Христов следбеник, тогаш и никако порано, ќе биде завршено времето на проверка и вратите на милост конечно ќе се затворат. Така кратката реченица: ‘И приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија’, нè води преку завршното посредување на Спасителот во светињата, до моментот кога ќе биде завршено големото дело за спасение на човештвото”
— Големата борба, 383.

в. Што е отворено на небото во текот на ова судење? Откровение 11,19; Евреите 9,3.4.

„Ковчегот на Божјиот завет се наоѓа во светињата над светињите, во второто одделение во светињата. Во службата на земната светиња којашто служела ‘на образот и на сенката на небесните работи’ (Евреите 8,5), ова одделение се отварало само на големиот Ден на помирување за да се очисти светињата. Според тоа, најавата дека на небото е отворен Божјиот храм и дека во него е виден ковчегот на заветот укажува на отворањето на небесната светиња над светињите во 1844 година во која Христос тогаш влегол да го изврши завршното дело на помирување.”
— Големата борба, 387.

Среда — 10. февруари
4. СВЕТИЊА НАД СВЕТИЊИТЕ

а. Како Стариот Завет фрла светлина врз небесната светиња прикажана во Новиот завет? Излез 25,8.9.40; Евреите 8,1-5.

„Ми беше покажана и земната светиња која исто така се состоеше од две одделенија. Беше слична како онаа на небото и ми беше кажано дека таа претставувала образ на небесната. Предметите во првото одделение во земната светиња биле идентични со предметите од првото одделение на небесната светиња. Завесата се подигна, и погледнувајќи во светињата над светињите, забележав дека и тука предметите се идентични со оние во небесната светиња над светињите. На земјата во обете одделенија служел свештеник. Во првото одделение влегувал секој ден но во светињата над светињите само еднаш во годината, за да ја очисти од гревовите кои на неа биле пренесени. Видов дека Исус така служел во обете одделенија во небесната светиња. Во земната светиња влегувале свештеници внесувајќи крв од закланото животно како жртва за грев. Во небесната светиња влегува Самиот Христос принесувајќи ја Сопствената крв. Земните свештеници со смртта биле отстранувани од својата должност, но Исус е ‘вечен Свештеник’ (Евреите 7,17). Со посредство на жртвите принесени во земната светиња, Израелците биле упатувани на заслугите на Спасителот Кој требало да дојде. Во Својата мудрост Бог ни дал можност посматрајќи ги сите поединости на оваа служба да го сфатиме делото коешто Исус го врши во небесната светиња.”
— Рани списи, 272.

б. Кое старозаветно предупредување ја открива големата сериозност на службата на денот на помирување? Левитска 16,17.

„Во службата на земната светиња која, како што видовме, е само симбол на служба во небесната, кога Првосвештеникот на Денот на помирување влегол во светињата над светињите службата во првото одделение престанала… Кога Христос влегол во светињата над светињите, да го изврши последното очистување, Тој престанал со Својата служба во првото одделение. Но, со завршување на службата во првото одделение, започнала служба во второто оделение. Кога поглаварот свештенички во симболичната служба на Денот на очистувањето го напуштил првото одделение, влегол во второто одделение пред Бога да ја принесе крвта жртвувана за гревовите на сите Израелци што навистина се покајале. Така и Христос завршил само еден дел од Својата посредничка должност за да го започне вториот дел, повикувајќи се пред Отецот сè уште на Својата крв во корист на грешниците.”
— Големата борба, 383.

Четврток — 11. февруари
5. СУДЕЊЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ

а. Што очигледно ја покажува поврзаноста на пророштвата од Даниел 7,9.10 и Откровение 11,19; 20,12 (Проповедник 12,13.14)?

„Божјиот закон во небесната светиња е возвишен оригинал чијшто верен препис биле заповедите напишани на камените плочи и запишани во Мојсеевото Петокнижие… Бидејќи Божјиот закон претставува откровение на Неговата волја и израз на Неговиот карактер, мора секогаш да остане ‘како верен сведок на небото’. Ниедна заповед никогаш не е укината. Не е изменета ниту една негова буква, ниту една цртичка. Псалмистот вели: ‘Верни се сите заповеди Негови, утврдени засекогаш‘ (Псалм 119,89; 111,7.8)”.
— Големата борба, 388.

б. Опиши ги сериозните сцени на ова судење. Евреите 4,13; 10,31.

„Додека на престолот Светиот Бог полека ги свртувал страниците од Записникот и додека Неговиот поглед за миг се задржувал на поединци, тој поглед како оган кој запалува продирал до дното на нивната душа, а во ист миг секој збор и секоја постапка од нивниот живот се појавиле пред очите толку јасно како да се испишани со огнени букви… Секое око е втренчено кон лицето на Оној Кој седи на престолот; и додека Тој со Својот продорен поглед испитувачки поминува покрај мноштвото присутни, секое срце затреперило од страв, бидејќи се чувствуваат осудени иако уште не е изговорен ниту еден единствен збор. Во стравот на душата секој од нив ја признава својата вина и со застрашувачка јаснотија согледува дека оддавајќи му се на гревот ја отфрлил драгоцената благодат на вечен живот.”
— 4 Сведоштво, 366.
„Повеќе од сè друго треба да Му бидеме благодарни на Бога што во Својата бескрајна милост сè уште ни дозволува да сееме семе за нашата идна жетва. Најсериозно да размислиме каква ќе биде жетвата.”
— Служба на добродетелство, 316.317.

Петок — 12. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. На кого му се суди на судот кој заседава пред Христовото доаѓање?

б. Која е една од причините што овој суд се одржува пред второто Христово доаѓање?

в. Која парабола јасно ги прикажува причините за ова судење пред доделување на наградите?

г. Каква поука ни дава отварањето на небесната светиња над светињите?

д. Кои делови од Светите списи треба да ги проучуваме за да појасно ја сфатиме вистината за истражниот суд?

2010 • 1. Квартал

8. лекција – Чистење на светињата

20. февруари 2010
„И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие“.
— Евреите 9,23
„Еднаш во годината, на големиот Ден на помирување, свештеникот влегувал во светињата над светињите да ја очисти. Со службата што ја вршел тука го надополнувал богослужението што се вршело во текот на целата година“.
— Патријарси и пророци, 365.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 353-368.

Недела — 14. февруари
1. ГОДИШНА СЛУЖБА

а. Кога во земната светиња се вршела истрага и бришење на признатите гревови на Божјиот народ? Левитска 16,29.30.

б. Кога и колку пати првосвештеникот влегувал во второто одделение од светињата? Левитска 16,15-17.24.34; Евреите 9,6.7.

„Ниеден смртник, освен првосвештеникот, не смеел да ја види внатрешноста на светињата над светињите. Само еднаш годишно свештеникот смеел да влезе и тоа дури после најгрижливи и најсериозни подготовки. Влегувал тресејќи се, а народот со страхопочит и молчејќи чекал тој да се врати. При тоа срцата им биле полни со сериозни молитви за Божји благослов. Пред ковчегот, над кој се наоѓал престолот на милоста, првосвештеникот вршел служба на помирување за Израел, а во светиот облак на славата Бог се сретнувал со него. Доколку тој би се задржал подолго одошто обично, тие би биле вxашени, плашејќи се можеби да не загинал од Божјата слава поради нивните или пак поради своите гревови.”
— Патријарси и пророци, 362.

Понеделник — 15. февруари
2. БРИШЕЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ

а. Што требало да направи првосвештеникот по завршувањето на годишната служба на чистење на светињата? Левитска 16,20-22. Што ќе се случи на крајот на несимболичниот ден на помирување?

„Правдата бара сатаната најпосле да биде казнет, зашто тој е зачетник на злото и непосреден поттикнувач на сите гревови што предизвикале смрт на Божјиот Син. Христовото дело на откуп на човекот и чистењето на вселената од гревот ќе бидат окончани со отстранување на гревот од небесната светиња и со пренесување на целокупната вина врз сатаната кој мора да прими конечна казна. Така и во симболичната служба годишниот циклус на обреди е завршуван со чистење на светињата и со исповедање на гревот над главата на јарецот на Азазела кој го претставувал сатаната.”
— Патријарси и пророци, 368.

б. Која била главната разлика во поглед на народните гревови помеѓу секојдневната и годишната служба? Левитска 4,20; 16,30. Што симболично претставува годишната служба на денот на помирување и како тоа според Божјо Слово треба да влијае на нас?

„Така со службата вршена во светињата, а подоцна во храмот, народот секој ден бил поучуван на големите вистини во врска со Христовата смрт и со Неговата служба; а еднаш годишно мислите им биле упатувани на завршните настани во големата борба меѓу Христа и сатаната – на конечното чистење на вселената од гревот и грешниците. Во големиот ден на судот, мртвите ќе станат да примат плата ‘според запишаното во книгите, според делата нивни’ (Откровение 20,12). Тогаш, благодарение на заслугите на Христовата пролеана крв, гревовите на вистинските покајници ќе бидат избришани од небесните книги. Така светињата ќе биде ослободена и очистена од гревот. Во земната служба тоа големо дело на измирување или на бришење на гревот било симболично претставено со обредите вршени на денот на помирување – со чистење на земната светиња”.
— Патријарси и пророци, 368.
„Само Божјото Слово е нешто што е сосема сигурно и непроменливо на овој свет… Тоа ги наведува луѓето не само да ја распознаат вистината, туку и да ја разоткријат грешноста на сопствената душа гледајќи се себеси како грешници на кои им се заканува пропаст, потоа ги повикува да се покајат и обратат, за да можат нивните гревови да бидат избришани и повеќе да не сведочат против нив”.
— Библиски ехо, 28. мај, 1894.

Вторник — 16. февруари
3. СЛУЖБИ ВО НЕБЕСНАТА СВЕТИНЈА

а. Дали Исус влегол во небесната светиња додека земната (како образ на небесната) сè уште функционирала? Евреите 9,8.9.

„Кога Исус после Своето вознесение влегол во небесната светиња за да, благодарение на заслугите на Сопствената крв, го излие врз Своите ученици благословот на Своето посредување, Евреите биле во потполна темнина за да продолжат и понатаму со своите бескорисни жртви и приноси. Службата на старозаветните симболи и сенки била завршена. Онаа врата низ која порано луѓето навистина имале пристап кон Бога, не била повеќе отворена. Евреите одбиле да Го побараат Христа на патот што тогаш единствено бил достапен – односно со посредство на Неговата служба во небесната светиња. Затоа и не можеле да воспостават врска со Бога. За нив вратата била затворена.”
— Големата борба, 385.

б. Кои разлики помеѓу земната и небесната светиња ја прават небесната толку повредна и позначајна? Евреите 9,11.12.22.23.

„По Своето вознесување, Спасителот требало да ја почне Својата првосвештеничка служба за нас. Павле кажува: ‘Зашто Христос не влезе во ракотворено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас’ (Евреите 9,24). Како што Христовата служба се состои од два големи дела, од кои секој има одредено време и посебно место во небесната светиња, така и земната служба се состоела од два дела, од секојдневно и од годишно богослужение кои не се вршени во исто одделение на светињата.”
— Патријарси и пророци, 367.
„Сега е време да го работиме она што ќе остане сигурно за вечност. Христос се залага пред Отецот за нас. Зарем да не се принесеме себеси како доброволна и за Бога прифатлива жртва? Зарем ќе ги покриваме своите гревови, или ќе ги признаеме за да најдеме милост и помош за време кога ќе ни затреба? Додека Христос посредува за нас, Зарем да не ги отфрлиме со гнасење и одвратност своите гревови кои предизвикале толку страдања и смртта на Божјиот Син? Додека Христос покажува толкаво сожалување кон нас, зарем да не се сожалиме сами на себе? Зарем да не ја избавиме својата душа во каење и потиштеност, за да може Господ и на нас да го исполни Своето ветување ‘И ќе ви дадам ново срце?’”
— Билтен на ГК, 1. октомври, 1899.

Среда — 17. февруари
4. ВРЕМЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ

а. Кога Исус, нашиот Првосвештеник, ќе ги отстрани нашите гревови од небесната светиња? Даниел 8,14. Кога, според зборовите на апостол Петар, нашите гревови ќе бидат избришани и отстранети оттаму? Дела 3,19-21.

„Пророштвата што се исполниле во раниот дожд на почетокот на евангелието, повторно ќе се исполнат во доцниот дожд, при неговиот завршеток. Тоа е ‘времето на освежување’ коешто апостол Петар однапред го најавил велејќи: ‘Покајте се, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, за да дојдат од Господ времиња за освежување и Тој да ви го прати вам претскажаниот Исус Христос’ (Дела 3,19-20).”
— Големата борба, 541.

б. Како можеме да докажеме дека истражниот суд започнал пред второто Христово доаѓање, и дека првата ангелска порака морала да му претходи на заседавањето на тој суд? Откровение 14,6.7.14.15.

„Делото на истражниот суд и бришењето на гревовите треба да завршат пред второто Христово доаѓање. Бидејќи на мртвите ќе им биде судено според она што е запишано во книгите. Не е можно гревовите на луѓето да бидат избришани сè додека не се изврши суд над нив во кој случајот на секој поединечно ќе биде разгледан. Апостол Петар јасно кажува дека гревовите на верниците ќе бидат избришани ‘за да дојдат од Господ времиња за освежување и Тој да ви го прати вам претскажаниот Исус Христос’ (Дела 3,19-20). Кога ќе биде завршен истражниот суд ќе дојде Христос, и со Себе ќе донесе плата секому според делата негови.”
— Големата борба, 432.
„Кога ќе се отворат записничките книги на судот, пред Бога ќе се открие животот на секој поединец којшто верувал во Исуса. Почнувајќи најпрвин од оние кои први живееле на земјата, нашиот Застапник ќе оди постепено од поколение до поколение, и ќе заврши со живите. Секое име ќе биде спомнато, случајот на секој поединец ќе биде темелно испитан. Некои имиња ќе бидат примени, некои ќе бидат отфрлени. Имињата на оние чиишто гревови ќе се најдат во книгите непокајани, а записот за нивните добри дела ќе биде избришани од ‘книгата за спомен’“.
— Големата борба, 430.

Четврток — 18. февруари
5. НЕМА ВРЕМЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ

а. Под кој услов нашите имиња можат да бидат избришани на овој суд? Дела 3,19.

„Господ ја чита секоја тајна на човечкото срце. Пред Него сè е откриено. Вие можете да ја затворите книгата на своите сеќавања за да го избегнете признавањето на направените гревови; меѓутоа книгите кои се отвораат на заседанието на истражниот суд не можете да ги затворите. Ангелот записничар ќе посведочи дека тоа е вистина, сè што се обидувате да сокриете или предадете на заборав, запишано е, и вие тоа ќе го читате тогаш кога ќе биде предоцна да се исправат пропустите. Тогаш ќе бидете зачудени и совладани од очајот. О, колку е ужасен фактот дека има многу такви кои се играат со своите вечни интереси, затворајќи го срцето за секоја постапка која вклучува признавање на вината.”
— RH, 16. декември, 1890.

б. Кое предупредување мораме итно да го разгледаме во светлината на првата ангелска порака? Евреите 3,7.8; 2 Коринтјаните 6,2; Езекиел 18,24.

„Кога во симболичната служба Првосвештеникот влегувал во светињата над светињите, од сите Израелци се барало да се соберат околу светињата и на најсвечен начин да ја понижат својата душа пред Бога, за да добијат простување на своите гревови и да не бидат исклучени од собирот на верните. Колку тогаш е поважно ние во овој вистински Ден на помирување да ја сфатиме службата на нашиот Првосвештеник и да знаеме што ни е должност и што Тој очекува од нас.”
— Големата борба, 385.

Петок — 19. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Кога ќе се земат во предвид годишните служби во еврејскиот религиозен систем, кој ден бил сметан за најзначаен?

б. Опиши ја службата на помирување и нејзините резултати?

в. Зошто службата во небесната светиња е со поголема вредност од земната?

г. Како во пораката на првиот ангел се најавува почетокот на истражниот суд?

д. Што треба да правиме за да нашите гревови бидат избришани пред да заврши времето на милост и проверка?

2010 • 1. Квартал

9. лекција – Погрешна претстава за службата во небесната светиња

27. февруари 2010
„Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“.
— 1 Јованово 1,29
„Сигурност кај Бога може да ни даде само Христос, бидејќи Тој е рамен на Бога. Тој може да биде единствен посредник помеѓу Бога и човекот, бидејќи поседува и божествена и човечка природа“.
— RH, 3. април, 1894.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 422-427.

Недела — 21. февруари
1. ВИСТИНСКИ И ЛАЖНИ ПРОРОЦИ

а. Кој е еден од начините преку кои Бог им ја открива Својата волја на мажите и жените? Броеви 12,6.

„Соновите што доаѓаат од Господ, во Божјото Слово се ставени на иста висина со визиите и исто така се вистински плод на Духот на пророштвото како што се и визиите. Таквите сонови, кога ќе се земат во предвид личностите што ги добиваат и околностите под кои се дадени, самите содржат докази за својата вистинитост.”
— 1 Сведоштво, 510.

б. Какви предупредувања се дадени во Божјото Слово против лажните пророци, и какви заштитни мерки Црквата мора денес да применува? Второзаконие 13,1-4; Римјаните 16,17; 1 Јованово 4,1.

„Духот не бил даден – ниту пак некогаш ќе биде даден – да го заземе местото на Библијата; зашто Светите списи изрично кажуваат дека Божјото Слово е мерило со кое мора да се провери секое учење и секое искуство.”
— Големата борба, 9.
„Наскоро пред нас ќе се покаже последната голема измама, Антихристот, своите чуда ќе ги прави пред нашите очи. Неговото имитација ќе биде толку слична на вистинските чуда што ќе биде невозможно да се разликуваат едни од други, освен со помош на Светото писмо. Со негово сведоштво мораме да го провериме секое тврдење и секое чудо.”
— Големата борба, 9.

Понеделник — 22. февруари
2. ОВЕН И ЈАРЕЦ

а. Што симболизирал големиот овен во Даниел 8, и како тие пророштва се исполниле? Даниел 8,3.4.20; Естира 1,1.3.

б. Што е прикажано со симболот на ‘мошне голем‘ козел, и како тоа се исполнило? Даниел 8,5-8.21.22.

„На секој народ кој се појавил на сцената на настаните му било дозволено да го заземе своето место на земјата за да може да се види дали ќе ја исполни намерата на ‘Стражарот и Светецот’. Пророштвото го најавило подемот и падот на големите светски царства – Вавилон, Медо-Персија, Грција и Римјаните Со секое од нив, како и со народите чија што моќ била помала, историјата се повторувала. Секое царство поминало низ период на проба, секое изневерило, славата му избледела, моќта исчезнала, а неговото место го зазело друго царство.”
— Воспитување, 176.177.

в. Што треба да се смета како причина затоа што големите луѓе како што биле Александар Велики и Јулие Цезар ја изгубиле својата моќ? Проповедник 10,17; Лука 14,11.

„На Александар Велики му било многу полесно да ги покори царствата на целиот свет, отколку да ги совлада своите барања. И кога постанал победник на светот, овој таканаречен великан поради попуштање на апетитот паднал како жртва на неумереност.”
— Христијанска умереност, 34.
„Човек или жена кои, кога ќе се најдат во искушение да им попуштат на страстите, ќе ја сочуваат рамнотежата на умот поголеми се во очите на Бога и небесните ангели отколку најславните војсководачи кои кога и да било воделе големи војски и придобивале победи. Еден прославен император на посмртната постела рекол: ‘Од сите победи кои сум ги извојувал само една ми причинува голема утеха, тоа е победата над мојот бунтовен и избувлив темперамент. На Александар и на Цезар полесно им било да го освојат светот отколку да се победат самите себеси. Откако победиле и покориле многу народи, тие паднале – првиот како жртва на неумереност, вториот поради лудата славољубивост.”
— Совети за детето, 95.96.
„Бог ве повикува да се откажете од гордоста и својата упорност, за да може Неговиот мир да завладее во вашето срце. Морате да негувате дух на кроткост и смиреност. Внесете ја Христовата кроткост во секоја своја постапка.”
— 4 Сведоштво, 329.

Вторник — 23. февруари
3. МОЌНИОТ МАЛ РОГ

а. Што симболично е прикажано со моќната сила на малиот рог, и како тоа се исполнило? Даниел 7,8; 8,9-12; Откровение 13,1-3.

„Ова пророштво, кое речиси се изедначува со описот на малечкиот рог во 7-то поглавје на Даниеловата книга, без сомнение укажува на папството.”
— Големата борба, 392.
„Круната земена од Израел последователно преминувала низ царствата на Вавилон, Медо-Персија, Грција и Римјаните Бог вели: ‘И нема веќе да ја има, сè додека, не дојде Кому таа Му припаѓа, и Нему ќе му ја дадам’ (Езекиел 21,32).”
— Воспитување, 179.

б. Како изразите ‘се засили‘, ‘се засили многу’ и ‘израсна многу’ се користат за споредба помеѓу трите политички сили? Даниел 8,4.8.9.

в. На кого Библиските симболи спомнати во пророштвото на Даниел 8,10 се однесуваат? Откровение 1,13.16.20; 2,1.

„’Ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја’ (Откровение 2,1). Тие зборови се наменети за учителите на црквата – на оние на кои Бог им доверил гоеми одговорности. Позитивното влијание со кое треба црквата да обилува е поврзано со службениците на црквата кои треба да ја откријат Христовата љубов. Небесните ѕвезди се под негова власт. Тој ги опсипува со светлина. Тој управува и раководи со нивните движења. Кога не би постапувал така, тие не би се одржале во својата положба… Ако целосно се потпрат врз Бога, Тој ќе ги стори канали на Својата светлина.”
— Делата на апостолите, 442.
„Кога Јован во визија Го видел својот Господ, колку поинаков изгледал тогаш Спасителот! Тој повеќе не бил ‘човек на болки и свикнат на страдања’ (Исаија 53,3). Тој повеќе не ги носел знаците на Своето понижување. Неговите очи светкале како огнен пламен… Лицето Му светело со светлина на пладневно сонце. Во Својата десница држел седум ѕвезди, кои ги претставуваат проповедниците и служителите во црквата. Од устата излегувал меч со две острици – подесен симбол за силата на Неговите зборови.”
— Посветен живот, 77.78.

Среда — 24. февруари
4. РИМ ВО ДВЕ ФАЗИ

а. Кој е Поглавар на небесните војски и како малиот рог се воздига против Него? Даниел 8,11.25; Откровение 19,16; 17,14.

„Низата пророштва во кои се наоѓаат овие симболи, почнуваат во дванаесеттото поглавје на Откровението со симболот на змев кој ‘сакаше да го изеде’ Христа штом се родил. Змевот е сатаната (Откровение 12,9) кој го поттикнал Ирода да Го убие Спасителот. Негов главен претставник во војувањето против Христа и Неговиот народ, во првите векови на христијанската ера, било Римското царство, претежно со паганска религија. И додека змевот првобитно го претставува сатаната, во преносна смисла тој е симбол на паганскиот Римјаните”
— Големата борба, 391.
„На секого поединечно од Своите деца Исус им укажува внимание и љубов, дури и кога ќе погрешат. Тие му припаѓаат Нему и ние со нив треба да постапуваме како со откупеници на Неговата крв. Секоја неразумна постапка преземена против нив во книгите се пишува како да е насочена против Христа.”
— Одбрани пораки 3, 195.

б. Која служба ја презел Исус кога влегол во небесната светиња? Евреите 3,1; 8,1.2; 9,24.

„Христос е нашиот Адвокат, нашиот Првосвештеник и нашиот Посредник.”
— Да го воздигаме Него, 319.

в. Како папството, по падот на римската империја, ја пренело посредничката служба на небесната светиња на своите институции на земјата? 2 Солунјаните 2,3.4. Зошто таа промена е неприфатлива? Јован 14,6; 1 Тимотеј 2,5.

„Христос се залага за нас како наш Адвокат и Нему во тоа не му се потребни заслугите ниту посредувањето на ниту еден човек. Христос е единствениот Кој може да го понесе товарот на гревот и да ги простува гревовите. Молитвите и признавањето на гревот треба да му се упатуваат само Нему Кој еднаш за сите влегол во светињата над светињите.”
— Да го воздигаме Него, 319.
„Свештениците и владетелите немаат право да посредуваат помеѓу Христа и душите за коишто Тој умрел, како да се надарени со својствата на Спасителот и како да имаат право да ги простуваат престапите и гревот. Тие и самите се грешници. И само се човечки битија.”
— Верата со која живеам, 105.

Четврток — 25. февруари
5. ЧИСТЕЊЕ НА НЕБЕСНАТА СВЕТИЊА

а. Како пророштвото на Даниел најавува дека Христовата секојдневна служба во небесната светиња ќе биде сокривана и замрачена? Даниел 8,11.12.

„Видов во врска со изразот ‘секојдневните’ (Даниел 8,12) дека зборот: ‘жртва’ е додаден со човечка мудрост и дека не му припаѓа на текстот; и дека Господ во поглед на тоа дал правилно значење на оние кои што го објавувале часот на судот.”
— Рани списи, 79.

б. Колку долго на ова отпадништво му било дозволено да продолжи опустошено да ја фрла во сенка Христовата служба на помирување во небото? Даниел 8,13.14.

„Како наш Посредник, Христос работи непрекинато. Било луѓето да го примаат или отфрлаат, Тој најсрдечно се залага за нив. Тој им дава живот и светлина настојувајќи со силата и влијанието на Својот Дух ги придобие и одврати од служење на сатаната.”
— RH, 12. март, 1901.

в. Што можеме да разбереме кога го знаеме почетокот и крајот на периодот од 2300 денови? Исаија 43, 25; Откровение 14,6.7.

Петок — 26. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Како можеме да ги препознаеме пророците кои имаат вистинска порака од Бога?

б. Опиши го симболичното значење на овенот и јарецот.

в. Објасни ја разликата помеѓу изразот: ‘се засили‘, ‘се засили многу’ и ‘израсна многу’ во врска со ова пороштво.

г. На кој начин земната власт се обидела да го фалсификува Христовото дело во небесната светиња?

д. Кој настан треба да бидеме во можност со вера да го видиме по истекот на 2300 дена?

2010 • 1. Квартал

10. лекција – „Тогаш светилиштето ќе се очисти“ – 1 дел

6. март 2010
„Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти“.
— Даниел 8,14
„Христовиот крст мора да се проучува. Тоа треба да го привлече вниманието и да разбуди склоност и љубов кај секоја душа. Крвта која таму беше пролеана за гревовите може да го очисти умот и срцето од секој вид на себичност“.
— Сведоштво за проповедници, 378.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 377-380.

Недела — 28. февруари
1. ПОСТ И МОЛИТВА

а. Што проучувал Даниел во текот на првата година на царот Дариј? Даниел 9,2; Еремија 29,10.

„Имајќи бреме за Израел, Даниел повторно ги проучувал пророштвата на Еремија. Тие биле толку јасно напишани што од тие пророчки книги ги разбрал ‘бројот на годините според словото што му го беше кажал Господ на Еремија, дека седумдесет години ќе се навршат над опустошениот Ерусалим’ (Даниел 9,2).”
— Пророци и цареви, 379.

б. Под кои услови Даниел се обидувал да ги разбере списите од Божјите именувани весници? Даниел 2,17-19; 9,3; 10,1.2. Како ние треба да ги проучуваме Светите списи ако очекуваме Светиот Дух го просветли нашиот ум?

„Кога Светите списи ги истражуваш со искрена желба да ја запознаеш вистината, Бог со Својот Дух влијае на твоето срце и светлината на Неговото Слово навлегува во твојот ум. Библијата самата себеси се толкува, еден пасус објаснува друг. Со споредување на текстови кои се однесуваат на ист предмет, ќе согледаш таква хармонија и убавина за кои можеби никогаш не си сонувал.”
— 4 Сведоштво, 475.

Понеделник — 1. март
2. ДВЕ ИЛЈАДИ И ТРИСТА ДЕНОВИ

а. Кого Бог го испратил да го просветли Даниел со објаснување на визијата (Даниел 8,14)? Зошто? Даниел 8,16-18.26.27.

„Благодарение на второто видение била фрлена нова светлина за идните настани, и пред крајот на тоа видение Даниел слушнал ‘како еден ангел прашуваше друг, велејќи: До кога ќе трае тоа од видението?’ (Даниел 8,13). Одговорот го збунил: ‘Две илјади вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти’ (Даниел 8,14). Тој сериозно барал смисла на видението. Не можел да ја разбере врската помеѓу седумдесетгодишното ропство, проречено преку Еремија, и две илјади и триста години кои, како што рекол во видението небесниот посетител, треба да поминат пред да се исчисти Божјата светиња. Ангелот Гаврил му дал само делумно толкување. Меѓутоа, кога пророкот ги слушнал зборовите дека ‘видението се однесува на далечни времиња’, тој се онесвестил.”
— Пророци и цареви, 379.

б. Како Гаврил образложува дека дошол со цел да го надополни недовршеното објаснување на визијата (Даниел 8,14)? Даниел 9,22.23.

„Овој ангел (Гаврил) бил испратен кај Даниел со посебна цел: да му ја објасни точката која тој не успеал да ја разбере во визијата од осмото поглавје, а тоа е токму извештајот за времето – ‘две илјади вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти’“.
— Големата борба, 295.
„Како еден народ, ние треба сериозно да ги проучуваме пророштвата; не треба да се смириме додека не го разбереме предметот на светињата прикажан во Даниеловото пророштво и Јовановите виденија. Овој предмет фрла голема светлина на нашата сегашна положба и работа и дава непогрешлив доказ дека Бог нè водел во нашето минато искуство. Тој го објаснува нашето разочарување од 1844. година, покажувајќи дека светињата која требала да биде очистена не била на земјата, како што порано претпоставувавме, туку дека Христос влегол во најсветиот дел во небесната светиња и дека таму го извршува завршното дело на Својата свештеничка служба, исполнувајќи ги зборовите коишто ангелот му ги упатил на Даниел: ‘две илјади вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти’ (Даниел 8,14)”.
— Евангелизам, 222.223.

Вторник — 2. март
3. ПРИНЦИП: ДЕН ЗА ГОДИНА

а. Како да го разбереме пророчкиот ден? Езекиел 4,6; Броеви 14,33.34.

„Во пророштвото еден ден претставува една година. Погледај: Броеви 14,34; Езекиел 4,6”.
— Инструктор за младите, 22. март, 1893.

б. Како Гаврил го објаснил првиот дел од 2300 денови? Даниел 9,24-27.

„Откако му наредил на Даниел: ‘внеси се во зборот и разбери го видението’, првите зборови на ангелот биле: ‘Седумдесетте седмици се определени за твојот народ и за светиот твој град’. Седумдесет седмици, што претставуваат 490. години, според објаснувањето на ангелот, се отсечени, како време што припаѓа изрично за Евреите. Но од што тие биле отсечени? Бидејќи периодот од 2300. денови е единствениот временски период што се споменува во осмото поглавје, тогаш седумдесетте седмици можат да бидат отсечени од тој период; според тоа седумдесетте седмици мораат да бидат дел од 2300. денови, и дека овие два периода мораат да имаат ист почеток. Според изјавата на ангелот, седумдесетте седмици, треба да започнат во исто време со издавањето на заповедта – повторно да се изгради Ерусалим. Кога би се утврдила датата на оваа наредба, тогаш би се пронашла појдовната точка на големиот временски период од 2300 денови.”
— Големата борба, 295.

в. Како се исполнила фразата ’да му се стави печат на гревот’ или ’да се принесе жртва за грев’ како што навестува оригиналот? Евреите 9,24-26.

„Ангелот потоа рекол: ‘И во една седмица ќе склопи завет со мнозина’ – седум години. Евангелието требало да им се проповеда посебно на Евреите во текот на седум години од почетокот на службата на Спасителот; Самиот Христос требал да проповеда три и пол години, а после Него апостолите. ‘А во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот’ (Даниел 9,27). Во пролет 31. година по Христа, Христос, вистинската жртва, била принесена на Голгота. Тогаш завесата од храмот се раскинала на половина, што значело дека жртвениот систем ја изгубил својата светост и смисла. Дошол моментот кога требало да престанат земските жртви и приноси.”
— Пророци и цареви, 480.

Среда — 3. март
4. ОБЈАСНУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ

а. Какво помирување е направено за беззаконието? 2 Коринтјаните 5,19.20.

„Плаќајќи неизмерна цена, Христос го откупил светот и припадниците на човечкиот род биле предадени во Неговите раце; тие станале Негова своина. Во Своето самопожртвување Тој ги оставил сите почести и богатства на небото, Својот величествен дом во царските дворови и станал ‘син на Јосиф и Марија’… Кога дошло време да ја започне Својата јавна мисија, веднаш по крштавањето, го издржал мачниот пост од речиси шест седмици. Неискажаните страдања низ кои минувал тогаш биле предизвикани не само од мачното чувство и од последиците на четириесетдневното гладување; најмногу од сè го притискала вината за гревовите на светот која ја презел на Себе. ‘Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев’. Под тој ужасен товар на вина поради нашите гревови, Тој се спротивставил на страшните искушенија како што се: апетитот, љубовта кон светот и земските почести и горделивото фалење кое води до дрско пречекорување на дозволеното. Христос минал низ сите три големи и главни искушенија и ги победил во име на човекот, изградувајќи за него совршен карактер… Со Својот живот на страдања, самооткажување и самопожртвуваност, со Своето страдање и со Својата смрт, Христос подготвил пат за спасение на човекот.”
— 3 Сведоштво, 344.
„Размислувајте за Христовото понижување. Тој врз Себе ја зел паднатата и напатена човечка природа, понижена и извалкана од гревот. Го зел и мачниот товар на нашите таги, ја поднесувал нашата болка и срамота. Ги издржал сите искушенија на кои човекот бил изложен. Во Него се обединило човечкото со божественото; божествениот дух престојувал во храмот на човечкото тело. Тој се поистоветил со тој храм. ‘И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина’, бидејќи само на тој начин можел да се приближи и лично да контактира со грешните и напатени синови и ќерки на Адам.”
— Библиски коментари, 331.

б. Пред да започне службата во земната светиња шаторот од состанок морал да биде помазан (Излез 40,9); што морал Исус да направи пред да ја започне службата во небесната светиња? Даниел 9,24; Евреите 8,1-5; 9,8.11.12.

Четврток — 4. март
5. ОБЈАСНУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ (продолжение)

а. Како се открива Божјата праведност во Новиот завет? Исаија 56,1; Римјаните 3,21-24.

б. Како е осигурана ‘вечна правда‘? Наум 1,9.

„На крајот целата вселена ќе биде сведок за природата и за последиците на гревот. А неговото потполно уништување кое, кога би било извршено на самиот почеток, би внело страв во срцата на ангелите и би Го обесчестило Бога, сега ќе ја оправда Неговата љубов и ќе ја издигне Неговата чест пред сите жители на вселената, кои со радост ја творат Неговата волја и на кои Неговиот закон им е во срцата. Злото никогаш повеќе нема да се појави…. Божјиот закон кој сатаната го прогласил како јарем на ропството, ќе биде почитуван како закон на слободата.”
— Големата борба, 448.
„Христос во Својата човечка природа изградил совршен карактер, и истиот карактер Тој ни го препорачува и нуди нам … Со Својата совршена послушност Тој на секое човечко битие му овозможил послушност на Божјите заповеди. Кога целосно ќе се предадеме на Христа, нашето срце се соединува со Неговото, нашата волја се стопува во Неговата волја, нашиот ум станува едно со Неговиот, нашите мисли се заробуваат во покорност Нему – ние живееме Негов живот. Тоа значи да се биде облечен во облеката на Неговата праведност… Својата прекрасна облека на правда – совршена послушност на законот на Јехова.”
— Христовите поуки, 278.

Петок — 5. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. На каква жртва треба да бидеме подготвени да ја направиме за да ги разбереме важните пророштва за нашето време?

б. Од каде знаеме дека пророштвото на Даниел од деветото поглавје е јасно поврзано со објаснувањето на осмото поглавје – особено 14. стих?

в. Кога ги проучуваме пророштвата, кој принцип мораме да го разбереме во поглед на времето?

г. Објасни ги поединостите кои требале да се исполнат во периодот од 70 недели?

д. Што требало да се случи пред да може Исус да ја започне Својата служба во небесната светиња?

2010 • 1. Квартал

11. лекција – 13. март 2010.

„Тогаш светилиштето ќе се очисти“ – 2 дел
„И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазаникот Божји се седум седмици. Потоа ќе биде обновен Ерусалим со улици и ѕидини, и ќе опстои шеесет и две седмици; а тоа ќе биде тешко време“.
— Даниел 9,25.
„Христовата крв, иако покајаниот грешник го ослободувала од казната што ја бара законот, сепак таа не го избришала веднаш гревот; тој мора да остане во светињата запишан до конечното помирување“.
— Патријарси и пророци, 368.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 415-421.

Недела — 7. март
1. СЕДУМДЕСЕТ НЕДЕЛИ

а. Со кој настан започниваат седумдесетте пророчки недели? Даниел 9,25.

б. Објасни зошто декретите на Кир и Дариј не ги исполниле сите услови на ова пророштво. Ездра 1,1-4; 6,1-12.

в. Зошто Артаксерксовиот декрет е земен како појдовна точка за исполнување на ова пророштво? Ездра 6,14; 7,11-26.

„Овој декрет, во неговиот завршен облик го издал Персискиот цар Артарксеркс, 457 година пред Христа”.
— Големата борба, 295.
„Заповедта на Артарксеркс за обнова и изградба на Ерусалим – трета заповед издадена по седумдесетгодишното заробеништво – е значајна заради изразот кој го содржи за небесниот Бог, по тоа што во неа се оддава признание за успесите на Ездра, и заради дарежливоста која што била покажана кон остатокот на Божјиот народ.”
— Пророци и цареви, 417.

Понеделник — 8. март
2. ПОЈАВАТА НА МЕСИЈА

a. Кога се појавил Месијата – покажувајќи дека последната од седумдесетте пророчки недели започнала? Јован 1,29.41; Матеј 3,16.17; Дела 10,38.

„’Од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазаникот Божји се седум седмици и шеесет и две седмици’, односно шеесет и девет седмици, или 483 години. Декретот на Артаксеркс стапил на сила есента 457 година пред Христа. Сметајќи од ова време, 483-те години се протегаат до есента 27 години по Христа. Во тоа време се исполнило ова пророштво. Зборот ‘Месија’ значи ‘Помазаник’. Есента 27. година од новата ера, Христос бил крстен во реката Јордан и добил помазание од Светиот Дух. Апостол Петар потврдува дека ‘Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет’ (Дела 10,38). А и Спасителот самиот за Себе кажува: ‘Духот Господов е врз Мене; зашто Господ ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните’ (Лука 4,18). По Своето крштавање, Тој заминал за Галилеја, ‘и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо, и велеше: Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието’”.
— Големата борба, 295.

б. Како Исус го искористил ова пророштво (Даниел 9,25) за да ја најави Својата мисија? Марко 1,14.15.

„Самиот Христос ги испратил да ја објавуваат пораката: ‘Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието’ (Марко 1,14.15). Оваа порака се темели на пророштвото забележано во деветото поглавје од книгата на Даниел. ‘До доаѓањето на Помазаникот Божји’, според зборовите на ангелот требало да поминат шеесет и девет пророчки ‘недели’, а учениците со големи надежи и воодушевување го очекувале воспоставувањето на царството на Месијата во Ерусалим кое би завладеало над целиот свет.

„Тие воодушевено ја ширеле веста која Христос им ја доверил, иако нејзината смисла и самите погрешно ја разбрале. Додека својата вест ја темелеле на споменатото пророштво од книгата на Даниел 9,25, тие не разбрале дека веќе според следниот стих на истото поглавје, ‘Помазаникот’ Месијата – мора да биде погубен. Уште од својата најрана младост нивното срце било задоено со копнеж за слава на земното царство, и затоа не биле во состојба правилно да ги разберат ниту цитатите на даденото пророштво, ниту Христовите зборови.”
— Големата борба, 312.

Вторник — 9. март
3. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОРОШТВАТА

а. Со што Исус за сето време додека бил на земјата ја поврзувал Својата мисија, и што се случило во точно определеното време? Јован 7,6-8; 19,16-18.28-30.

„Ангелот Гаврил му го открил на Даниел времето на првото доаѓање како и некои од главните случувања врзани со животното дело на Спасителот. ‘Седумдесет седмици’, рекол ангелот, ‘се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде крај на престапот, за да му се стави печат на гревот и избришани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да им се стави печат на виденијата и пророците и да биде помазан Светиот над светиите’.”
— Пророци и цареви, 479.
„Христос дошол точно во одреденото време и токму на начинот опишан во пророштвото. Сведоштвата на Светите списи се исполниле во секоја подробност на Неговото Месијанство.”
— Големата борба, 312.

б. Бидејќи првиот дел од овој период (490 пророчки денови) завршил во 34. година од новата ера, кога треба да заврши преостанатиот дел од 2300 денови?

„Така Христовата смрт – токму тој настан којшто учениците го сметале за дефинитивно уништување на својата надеж, всушност бил фактор кој засекогаш ја осигурал таа надеж. Иако им донела страшно разочарување, таа претставувала врвен доказ дека нивното верување во Христа било правилно. Токму настанот што ги исполнил со жалост и разочарување претставувал конечно остварување на она што на секое Адамово дете му ја отворило вратата на надеж и во кој е сосредоточен идниот живот и вечната среќа на сите верници од сите времиња.”
— Големата борба, 314.
„Така секој детал предвиден со ова пророштво точно се исполнил, и седумдесетте седмици кои несомнено започнале 457. година пред Христа, се завршуваат 34 години по Христа. Со помош на овие податоци не е тешко да се пронајде крајот на овие 2300 денови, односно години. Откако седумдесетте седмици – 490. дена – ќе се оџемат од 2300 денови, остануваат уште 1810 дена. По истекот на 490 дена, односно години, дадени на Евреите треба да се навршат уште 1810 години. Сметајќи од 34. година по Христа, преостанатите 1810 години достигаат до 1844-та година. Според тоа 2300 денови од книгата на пророкот Даниел 8,14 се завршуваат 1844. година. По истекот на големиот временски период, требало да настапи она што го рекол ангелот во споменатото видение: ‘Тогаш светилиштето ќе се очисти’. На тој начин времето на очистувањето на светињата – што според тогашното сеопшто верување требало да биде за второто Христово доаѓање – најпосле било утврдено.”
— Големата борба, 296.

Среда — 10. март
4. ИСТРАЖНИОТ СУД – ДЕЛ НА ЕВАНГЕЛИЕТО

а. Со каква цел вистината за 2300 денови и истражниот суд како дел од вечното евангелие требало да се објават на светот? Откровение 14,6.7.

„За да се подготват луѓето да опстанат на судот во пораката им се заповеда: ‘Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава’, и ‘поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори’. Резултатот од прифаќањето на оваа порака е даден во следните зборови: ‘Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус’. Луѓето, за да се подготват и одржат на судот, треба да ги држат Божјите заповеди…”
— Големата борба, 389.

б. Дали Откровението 14,6.7. навестува дека е можно да се утврди времето за почеток на овој суд? Ако не може да се утврди точното време, тогаш како може таква порака да се објавува?

„Самата порака го открива времето кога ова движење настанало. Се истакнува дека таа претставува дел на ‘вечното евангелие’; и дека го најавува почетокот на судот. Пораката за спасението е проповедана во сите времиња, но оваа порака претставува дел на евангелието кое може да се објавува само во последните денови, зашто само тогаш може да се каже дека настапил часот на судот. Пророштвата наведуваат низа едноподруго настани што треба да се одиграат пред почетокот на судот.”
— Големата борба, 320.

в. Како дури и последната книга од Светото писмо ги повторува условите за влез во царството на слава? Откровение 21,27; 22,14.15.

„Кога луѓето би размислувале длабоко за Христовата љубов покажана на крстот, нивната вера би била зајакната да ги прифатат заслугите на Неговата пролиена крв и тие ќе бидат очистени и сочувани од гревот. Мнозина ќе бидат изгубени, затоа што за свое спасение се потпираат на законска религија или само на покајание за гревот. Меѓутоа, само покајанието не може да донесе спасение на ниту една душа. Човек не може да се спаси со свои сопствени дела. Без Христа не е можно да се биде совршено послушен на Божјиот закон; небото никогаш не може да биде стекнато со несовршена послушност бидејќи тоа би го изложило на опасност целото небо како и да овозможи втор бунт.”
— Знаците на времето, 30. декември, 1889.

Четврток — 11. март
5. ЗАКОНСКО ВЛЕГУВАЊЕ

а. Кој е единствениот начин со кој имате право да влезете во Новиот Ерусалим? Ефесјаните 5,27; Исаија 43,25.

б. Што треба да правиме со оглед на сериозноста на времето во кое живееме? Марко 13,33; Откровение 3,3; 22,11.

„Сега горе во небесната светиња заседава суд. Ова дело е во тек веќе многу години. Набргу – никој не знае кога – ќе се помине на случаите на живите. Нашиот живот ќе се разгледува во возвишеното присуство на Бога.

„Кога ќе заврши делото на истражниот суд, тогаш судбината на секој поединец дефинитивно ќе биде решена: за живот или за смрт. Времето на милост и проба ќе заврши малку пред Господ да се појави на небесните облаци.

„И праведните и непокајаните сè уште ќе живеат на земјата во својата смртна состојба – луѓето ќе садат и ќе градат, ќе јадат и ќе пијат, сосем несвесни дека горе во светињата е изговорена последна и неотповиклива одлука… Опасна е состојбата на оние кои, уморни од стражарењето, се предале на привлечностите на овој свет. Додека деловниот човек сосема е предаден на својата трка за заработка, додека љубителот на овоземни задоволства бара уживање и додека ќерката на модата го средува и мести својот накит – во истиот час Судијата на целиот свет може да ја изрече пресудата: ‘Измерен си на кантар и се најде многу лесен’.”
— Големата борба, 436. 437.

Петок — 12. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Зошто 457 година пред Христа го обележува почетокот на 70 недели?

б. Како Исус покажал дека почетокот на Неговата јавна служба го обележува почетокот на 70 недели?

в. Како настаните од седумдесеттата недела се однесуваат на остатокот од 2300 дена?

г. Каков карактер мораме да формираме за да добиеме право да влеземе на портите во Новиот Ерусалим?

д. Бидејќи имаме налог да го предупредиме целиот свет, која порака мораме да ја објавуваме како дел од евангелието во овие последни денови?

2010 • 1. Квартал

12. лекција – Бегство од конфузијата

20. март 2010
„Затоа излезете од нивната средина и одделете се, вели Господ, и не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам“.
— 2 Коринтјаните 6,17.
„Должност на секое Божјо дете е да се запраша: ‘Во што јас се одвојувам од овој свет‘? Изложете се на мала непријатност за да бидете на сигурна страна“.
— 1 Сведоштво, 255.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 101-108.

Недела — 14. март
1. НЕ ТОЛЕРИРАЈТЕ ЗЛО

а. Кога злото се зголемило до таков степен, така што Бог не можел повеќе да го толерира тоа, што Тој пуштил на овој грешен свет? Создавање 6,5.6. Што треба да научиме од ова?

„На долговечните луѓе од претпотопниот свет, само еден чекор оддалечени од рајот, Бог им дал богати дарови и тие поседувале телесна сила и сила на умот која денешните луѓе едвај можат и да ја насетат; но тие Неговите дарови, силата и способностите кои Тој им ги дал ги користеле за себични цели, задоволувајќи ги недозволените барања и својата гордост… Сé додека не отишле толку далеку така што повеќе Бог не можел да ја поднесува нивната безбожност и со потоп биле избришани од лицето на земјата”
— Темели на христијанско воспитување, 421.422.

б. По потопот човечката раса се намножила. Што неизбежно се случувало за да малубројните верници ја сочуваат чистотата на вистината? Создавање 10,1-10.

„Потомците на Ное извесно време останале да живеат меѓу планините каде што се запрел ковчегот. Кога почнале да се намножуваат, набргу почнал да се шири отпад кој довел до одвојување. Оние што сакале да Го заборават својот Творец и да ги отфрлат ограничувањата наметнати со Неговиот закон, постојано чувствувале дека им пречи учењето и примерот на нивните богобојазливи соплеменици, и по извесно време конечно решиле да се одделат од оние што Му служеле на Бога.”
— Патријарси и пророци, 103.

Понеделник — 15. март
2. ВАВИЛОНСКА КУЛА

а. Како Нимрод, еден од насилниците против Бога, настојувал да стекне име за себе? Создавање 10,9.10. Која наредба тој целосно ја игнорирал? Создавање 11,1-9; 1,28; 9,1.

„Бог на луѓето им наредил да се разотидат по сета земја, повторно да ја наполнат и да завладеат со неа. Меѓутоа, овие градители на Вавилон решиле својата заедница да ја сторат единствена и да основат монархија која подоцна ќе ја покори сета земја. Така нивниот град би станал престолнина на едно сеопшто светско царство и со својата слава и убавина би го привлекувал вниманието и би предизвикал восхит кај целиот свет и би претставувал гордост за своите славни градители.”
— Патријарси и пророци, 103.

б. Во остра спротивност со оние кои, како Нимрод, се обидуваат да направат име за себе дури и денес, како Вдахновението ги опишува оние кои сакаат да го издигнат Божјо име на земјата? Второзаконие 28,9.10.

„Вистината за нас треба да биде сè во се. Нека оние кои се стремат да стекнат име одат во светот. Големата борба е токму пред нас во која секој ќе застане на своја страна. Во тоа ќе биде вовлечен целиот христијански свет. Мораме да се раководиме со начелата на Божјото Слово секој ден и секој час. Своето јас мораме да го посветиме на начелата на праведност, милост и Божја љубов. Секогаш кога во нешто не сте сигурни, сериозно запрашајте се во молитва: ‘дали е тоа патот Господов?’ Со Библијата во рака, прашајте го Господа што би сакал Тој да направите.”
— Поглед нагоре, 171.
„Господ од нас не бара да подигаме големи градби. Тој бара, повеќе отколку било што друго, луѓе кои се обратени во срцето. Ве повикувам најсрдечно: одете во места кои се занемарени и објавувајте му на народот порака на опомена. Господ наскоро доаѓа, а многумина се неподготвени, целосно неподготвени. Насекаде околу нас се наоѓаат територии на кои треба темелно да се работи за душите кои се заинтересирани за сегашната вистина.”
— Беседи и говори 2, 311.

Вторник — 16. март
3. СПОМЕНИК ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА БОЖЈОТО СЛОВО

а. Како Вавилонската кула покажува дека нејзините градители немале вера во Божјото Слово и како оваа историја се повторува во овие последни денови? Создавање 9,8-17; 2 Петрово 3,3-7; 10-13.

„Жителите на долината Сенар не верувале во Божјиот завет дека нема веќе да пушти потоп на земјата. Мнозина од нив тврделе дека Бог и не постои, а потопот го поврзувале со последиците на природните појави и причини. Други пак верувале во некое надмоќно суштество кое, според нивното осведочување, го уништило претпотопниот свет, но нивното срце како и некогаш срцето на Каина, се бунело против Него. Една од целите што си ја поставиле себеси при градењето на кулата била да си осигурат лична безбедност во случај на повторен потоп.”
— Патријарси и пророци, 540.

б. Која Божја заповед честопати ја забораваат градителите на современиот Вавилон? Матеј 5,14-16; Марко 16,15.

„Овој надворешен сјај, раскош и цермонии, што само ја залажуваат духовната глад на душите оптоварени со грев, се доказ за внатрешната расипаност. Христовата религија, за да се препорача, не и се потребни привлечности од таков вид. Во светлината што свети од крстот, вистинското христијанство изгледа толку чисто и привлечно што неговата вистинска вредност не можат да ја зголемат никакви надворешни украсувања.”
— Големата борба, 502.
„Работата треба да се пренесе во многу правци. Треба да се заземат нови територии. Но не треба да се основаат никакви ерусалимски центри. Ако се подигнат такви центри, Господ ќе го расее народот од нив. Божјо дело треба да се води без никакво надворешно парадирање. При подигање на институции никогаш не треба според големината и раскошот да се натпреваруваме со институциите од овој свет.”
— RH, 16. јули, 1914.

Среда — 17. март
4. ЗБРКА

а. Како зборот ‘Бабел‘ (Вавилон) како и последиците на кулата покажуваат кој е неизбежниот резултат на непокорувањето на Божјо Слово? Создавање 11,9.

„Биле пратени ангели да ги попречат намерите на градителите. Јазикот им бил побркан, така што, наместо потребниот, доставуван е материјал кој воопшто не одговарал. Настанала забуна и вчудовиденост. Во целокупната работа настанал застој. Градителите никако не можеле да си го објаснат себеси ова необично недоразбирање, и во својата бркотија и бес, почнале вината да си ја префрлаат еден на друг.”
— Патријарси и пророци, 104.

б. Зошто Бог честопати човечката мудрост ја смета како ‘збрка‘? 1 Коринтјаните 1,25-29. Како треба да се смета секое зло дело? Јаков 3,13-16.

„Во таканаречениот христијански свет мнозина се одвраќаат од јасното учење на Библијата и својата вера ја градат врз човечки теории и врз пријатни измислици. Тие укажуваат на својата ‘кула’ како пат по кој можат да се искачат на небото. Фактичната конфузија на денешните меѓусебно противречни секти и вероисповеди наполно одговара на изразот ‘Вавилон’ кој пророштвото го применува на црквите во овие последни денови.”
— Патријарси и пророци, 108.

Четврток — 18. март
5. ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ЗБРКАТА

а. Бидејќи луѓето не се издигаат повеќе отколку што е нивната највисока цел, што се случува кога човекот се обожава себеси или своите сопствени дела? Псалм 115,4-8; Исаија 41,28.29.

„Човекот не се издигнува над границите до кои допираат неговите претстави за вистината, за чистотата и светоста. Ако умот никогаш не се издигне над она што е само човечко, човекот постојано ќе паѓа сè подлабоко и подлабоко. Поклониците на лажните богови на своите божества им придавале човечки особини и страсти; така, она што го сметале за мерило е спуштено до сличност со склоностите на грешниот човек.”
— Знаците на времето, 20. јануари, 1881.

б. Како Божјиот народ се предупредува да нема ништо заедничко со Вавилон? 1 Коринтјаните 14,33; 2 Коринтјаните 6,17.18; Откровение 14,8; 18,4.

„Од Христовите следбеници се бара да се одвојат од светот, да не се дофаќаат до ништо нечисто, а дадено им е ветување дека ќе бидат синови и ќерки на Севишниот. Вистинска, понизна послушност на Неговите заповеди е знак според кој се распознаваат Неговите деца, примателите на Неговата благодат и учесниците во големото спасение.”
— 2 Сведоштво, 491.

Петок — 19. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Зошто одвојувањето секогаш била судбина на Божјиот народ?

б. Што знаеме за Нимрод?

в. Какво предупредување содржи за нас судбината на градителите на вавилонската кула?

г. Што означува ‘Вавилон‘, и како тоа може да се примени на човечката мудрост?

д. Каква поврзаност може да одржува вистинскиот Божји народ со Вавилон и со сето она што тој збор претставува?

2010 • 1. Квартал

13. лекција – Падот на Вавилон

27. март 2010
„Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога“.
— Јаков 4,4
„Оние што ја имаат вистината каква што е во Исуса, дури ниту со своето молчење, не треба да ја одобруваат работата на тајната на беззаконието. Со постојани предупредувања на опасност, тие никогаш не треба да престанат“.
— Одбрани пораки 2, 369.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 259-268.

Недела — 21. март
1. ЧИСТА ДЕВИЦА

а. Со што Христос го прикажува односот помеѓу Него и Неговата црква на земјата? Еремија 31,31.32; 3,14; Ефесјаните 5,23-27.

„Како во Стариот, така и во Новиот завет брачната врска се користи за да се прикаже светото и нежно единство кое постои помеѓу Христа и Неговиот народ. Според Исусовото сфаќање, свадбената веселба укажувала на радоста во оној ден кога Тој Својата невеста ќе ја донесе во Татковиот дом и кога искупените ќе седнат со Искупителот на свадбената вечера на Јагнето.”
— Копнежот на вековите, 132.

б. Со кој симбол се прикажува чистата црква? 2 Коринтјаните 11,2; Откровение 12,1.

„Друга должност која мошне често не се сфаќа сериозно – должност која мора да им се објасни на младите кога ќе почнат да ги сфаќаат Христовите барања – е должноста да се сродат со црквата. Мошне е тесна и света врската помеѓу Христа и Неговиот народ – Тој е младоженец, а Црквата невеста; Тој е глава, а Црквата тело; врската со Христа, според тоа, вклучува и врска со Неговата Црква.”
— Воспитување, 268.

Понеделник — 22. март
2. СОЈУЗ НА ЦРКВАТА И ДРЖАВАТА

а. Со кој симбол е прикажана нечистата црква, и што претставува нејзиното седење на ѕверот? Откровение 17,1-6.

„Кога црквата во почетокот се расипала, застранувајќи од едноставноста на евангелието и прифаќајќи ги незнабожечките обреди и обичаи, таа ја изгубила божествената сила и дарот на Светиот Дух; а за да може да владее над совеста на народот, барала поддршка од световните власти. Како резултат на тоа се појавило папството – црква што владеела над државата користејќи ја за остварување на своите цели… Протестантските цркви кои, соединувајќи се со световните власти, тргнале по стапките на Рим, покажале слична желба да ја ограничат слободата на совеста… Отпадот уште во почетокот ја навел црквата да бара помош од државната власт, а тоа го подготвило патот за развој на папството, прикажано со симболот на ѕверот.”
— Големата борба, 395.

б. Што оваа жена и нејзините ќерки ги прави нечисти? Откровение 17,1.2; Езекиел 16,44.

„Секој, па дури и најбезначајниот, сојуз на Црквата со државата, иако можеби изгледа дека светот го приближува кон Црквата, всушност само Црквата ја приближува кон светот… Светот не смее да се вовлече во Црквата, формирајќи со неа единствена заедничка целина слична на брачната врска. На тој начин Црквата навистина би се изопачила во ‘врталиште на сите нечисти и гадни птици’.”
— Големата борба, 267; Откровение 18,2.
„Поради здружување со светот нашите институции го губат своето суштинско значење и стануваат несигурни; затоа што на тие светски настроени луѓе… се гледа како на учители кои поради нивното службено знаење треба да се почитуваат, тие неизбежно ќе влијаат под влијанието на духот и силите на темнината; на тој начин линијата на разликување помеѓу оние кои Му служат на Бога и на оние кои не Му служат повеќе не се забележува.”
— Сведоштво за проповедници, 265.266.

Вторник — 23. март
3. СВЕТОВНОСТ И ЛАЖНИ ДОКТРИНИ

а. Какво е виното на блудството кое отпаднатата црква го користи за да ги опие царевите на оваа земја? Јаков 4,4; 2 Петрово 2,1.2.

„Вавилон негува отровни доктрини, вино на заблуда. Тоа вино е направено од лажни доктрини како што се: природната бесмртност на душата, вечните маки на грешниците, негирање на Христовото постоење пред раѓањето во Витлеем, и застапување и издигање на првиот ден во седмицата над Божјиот свет и посветен ден. Такви и слични грешки се презентираат во светот… и кога царевите или претседателите пијат од ова отровно вино, тоа ги поттикнува да се гневат кон оние кои не сакаат да дојдат во согласност со лажните сатански ереси.”
— Сведоштво за проповедници, 61.62.

б. Како Вавилон (отпаднатото христијанство) преку своите лажни доктрини фрла магија врз луѓето? 2 Тимотеј 4,3.4; Откровение 18,3.23.

„Да се понижи нашето мерило за да си обезбедиме себеси популарност и да го зголемиме бројот на приврзаници… значи да се биде сосем слеп. Кога бројот на приврзаници би било мерило за успех, сатаната би можел да полага право на превласт, зашто големо мноштво од овој свет се негови следбеници.”
— 6 Сведоштво, 143.
„Секој необратен човек е маѓепсан и збунет со магиската сила на големиот измамник… Секоја душа која намерно негува некој познат грев, во верата или пракса, е под власта на магијата и магиски делува на другите. Сатаната го користи да заведе и други души.”
— Знаците на времето, 18. мај, 1882.

Среда — 24. март
4. ПОПУЛАРЕН УЖАС

а. Какви страшни злосторства направила отпаднатата мајка на црквите? Кога оваа мајка на блудниците го започнала своето дејствување? Откровение 17,5.6; 18,24; Даниел 7,25; 2 Солунјаните 2,1-12; 1 Јованово 4,3.

„Периодот ‘за време, за две времиња и за половина време’ (Даниел 7), претставува три и пол години или 1260 денови – односно го означуваат времето кога папската превласт го прогонувала и угнетувала Божјиот народ. Овој временски период започнал со воспоставување на папството 538. година по Христа, а завршил 1798. година… Папската власт навистина била смртно ранета и пророштвото: ‘Кој во ропство води, во ропство ќе биде одведен’, очигледно се исполнило.”
— Големата борба, 392.

б. Каква очигледна спротивставеност постои помеѓу вистинскиот Божји народ и Вавилон? Лука 12,32; 2 Тимотеј 3,12.

„Учете ги децата дека ќе дојде време кога во конфликтот со нив ќе ризикуваме да го изгубиме имотот и слободата, сепак во тој конфликт мораме да влеземе со духот на Христовата кроткост; вистината треба да се застапува и брани онака каква што таа е во Исуса. Богаството, почестите, семејниот комфор, сето тоа треба да биде од второстепено значење.”
— Одбрани пораки 2, 369. 370.
„Христијанството изгледа толку популарно во светот само затоа што постојано оди во компромис со гревот, што на големите вистини на Божјо Слово толку рамнодушно се гледа и што во црквата има толку мала жива побожност. Штом ќе дојде до оживување на верата и силата на првобитната христијанска црква, ќе оживее и духот на прогонството и огнот на гонењето повторно ќе се распали.”
— Големата борба, 43.

Четврток — 25. март
5. ПАДОТ НА ВАВИЛОН ПОСЛЕ ПРВАТА ПОРАКА

а. Бидејќи проповедањето на првата ангелска порака започнало пред истражниот суд во 1844. година, на кого мора да се однесува втората ангелска порака за падот на Вавилон? Откровение 17,5; 14,8.

„Веста: ‘Падна, падна Вавилон’, најавена во четиринаесеттото поглавје на Откровението, мора да се однесува на верски заедници коишто некогаш биле чисти, но се расипале. Бидејќи оваа вест доаѓа после предупредувањето за судот, значи дека таа мора да се објави во последните денови; затоа не може да се однесува само на Римокатоличката црква, зашто таа црква е во пад веќе многу векови… Без какво било сомневање, во разни заедници кои ја исповедаат протестантската вера.”
— Големата борба, 344.

б. Кое предупредување треба да го послушаме во овие последни денови? 2 Солунјаните 2,10-12.

„Божјиот народ нема да наоѓа сигурност во правење на чуда, бидејќи сатаната ќе ги имитира чудата кои ќе се прават… Тие ќе мора да се потпрат на живата реч ‘Пишано е’.”
— 9 Сведоштво, 10.

Петок — 26. март
ПРЕГЛЕД И ПРАШАЊА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

а. Со кој симбол се опишува чистата Божја црква во овој зол свет?

б. Што таканаречената црква ја прави блудница?

в. Какво влијание има компромисот на чистата доктрина заради популарноста на црквата но исто така и на светот како целина?

г. Која е разликата помеѓу Вавилон и Божјиот народ?

д. Бидејќи римокатоличката црква била во пад со векови пред објавувањето на првата ангелска порака, на кого падот на Вавилон нагласен во пораката на вториот ангел очигледно се однесува?