Влијанието пред раѓањето
Адвентен дом
Здравјето на мајката и нејзиниот личен изглед
Жените треба да се подготват да станат мајки. – На жените им е потребно големо трпение пред да станат подготвени да бидат мајки. Бог одредил тие да се подготват за оваа задача. Со поврзувањето со Христа нејзиното дело добива вечна вредност, која тешко може да се сфати. Улогата на жената е света. Христос е потребен во секој дом, затоа што службата на мајчината љубов може да го претвори домот во Ветил. Сопругот и сопругата мораат да соработуваат. Каков би бил светот кога сите мајки би се ставиле себеси на олтарот на Бога и кога своето потомство би го посветиле на Него пред и пораѓањето на децата! {АД 255.1}
Значењето на влијанието пред раѓањето. – Многу родители гледаат на последиците од влијанието пред раѓањето како на безначаен поим. Меѓутоа, небото не гледа така. Веста која ја донел Божјиот ангел и која два пати свечено ја повторил, покажува дека го заслужува нашето најголемо влијание. {АД 255.2}
Во зборовите упатени до еврејската мајка, на Маноевата жена, Бог им се обраќа на сите мајки во сите времиња: „Жената да се чува од сѐ што сум кажал“. Доброто на детето зависи од мајчините навики. Нејзиниот апетит и страсти мораат да дојдат под контрола на начелата. Таа мора нешто да избегнува и против нешто мора да се бори, ако сака да се исполни Божјата намера со неа и со нејзиното дете. {АД 255.3}
Светот е полн со стапици за многу млади. Многумина ги привлекува животот на себично и сетилно задоволство. Тие не се во состојба да ги забележат скриените страсти и страшниот крај на патот кој им изгледа како пат на среќа. Задоволувајќи ги својот апетит и страстите, тие ја трошат својата животна сила и милионите и така пропаѓаат за овој свет и за оној кој ќе дојде. Родителите треба да знаат дека нивните деца ќе наидат на овие искушенија. Уште пред раѓањето на детето мора да се почне со подготовка која ќе го оспособи за успешна борба против злото. {АД 255.4}
Ако мајката пред раѓањето на своето дете си угодува себе си, ако е себична, нетрпелива и многу бара, овие особини ќе се покажат во природата на нејзиното дете. На тој начин многу деца пораѓањето ги наследиле речиси несовладивите склоности кон злото. {АД 256.1}
Но ако мајката цврсто ги држи исправните начела, ако е умерена и има самоконтрола, ако е љубезна, нежна и несебична, таа на своето дете може да му ги пренесе истите скапоцени црти на карактерот. {АД 256.2}
Суштината на грижите пред раѓањето. – Многу е распространета заблудата дека во животот жените не треба ништо да сменат пред да го родат детето. Во овој важен период мајката треба да работи полесни работи. Во нејзиниот организам се случуваат големи промени. Нему му е потребно повеќе крв и поради тоа треба особено да се подобри храната којашто ќе се претвори во крв. Ако нема доволно таква храна, таа нема да ја сочува телесната сила и на потомството ќе му недостасува животна сила. И нејзината облека бара внимание. Таа мора да се облекува така што ќе биде заштитена од студеното време. Таа не смее да ја троши животната сила поради недостаток на топла облека. Ако на мајката ѝ е ускратена здравата храна во изобилство, неа ќе ѝ недостасува потребната количина и квалитет на крв. Нејзиниот крвоток ќе биде слаб и тоа ќе му недостасува и на нејзиното дете. Нејзиното дете нема да биде во состојба да ја прими храната која треба да ја претвори во добра крв за исхрана на организмот. Напредокот на мајката и на детето многу зависат од добрата топла облека и од здравата храна. {АД 256.3}
Треба да се вложи голема грижа за мајката да биде опкружена со среќа и задоволство. Сопругот и татко има особена обврска да направи сѐ што е во негова моќ да го олесни товарот на сопругата и мајка. Колку што може, тој е должен да го понесе товарот на нејзините животни ситуации. Тој треба да биде пријатен, љубезен, учтив и нежен и многу внимателен кон сите нејзини потреби. За жал, за некои жени во текот на бременоста не се води ниту наполу грижа, колку за добивката. {АД 257.1}
Апетитот не е сигурно мерило. – Мислата дека жената поради својата особена состојба може со целосна слобода да ужива во својот апетит е грешка основана на обичај, а не на здрав разум. Апетитот на жената во тоа време може да биде променлив и со хирови и тешко може да му се угоди; а обичаите дозволуваат да добие сѐ што ќе замисли, не прашувајќи го разумот дали таквата храна ќе ѝ даде потребна сила на нејзиното тело и ќе ѝ овозможи развој на детето. Храната мора да биде добра, но не смее да надразнува… Ако некогаш било потребно храната да биде што поедноставна, но затоа поквалитетна, тогаш тоа е ова време. {АД 257.2}
Жените кои ги познаваат начелата кои добро се упатени, нема да отстапат од едноставната храна која во ова време им е попотребна од било кога претходно. Тие знаат дека уште еден живот зависи од нив и затоа ќе внимаваат да не се водат според своите навики особено во исхраната. Тие не смеат да јадат слаба и надразлива храна само затоа што е вкусна. Во тоа време ќе се појават многу советници кои ќе им предложат да се направи она што разумот никогаш не би го одредил. Болните деца се раѓаат затоа што родителите му угодуваат на апетитот… {АД 257.3}
Ако во желудникот се внесува голема количина на храна, која органите за варење не може да ја сварат ниту организмот може да се ослободи од нејзините штетни состојки, мајката прави неправда на самата себе и го поставува темелот на болести на идното дете. Ако јаде како сака и што сака, не размислувајќи на последиците, таа ќе ја сноси казната и тоа не сама. Нејзиното невино дете мора да пати поради нејзината неразумност. {АД 258.1}
Самосовладување и умереност. – Мајчините телесни потреби во никој случај не смеат да се запостават. Од неа зависат два животи и нејзините желби треба нежно да се исполнуваат, а нејзините потреби несебично да се задоволуваат. Меѓутоа, во тоа време, како никогаш порано, таа мора да ја избегнува храната и сето останато што би ја ослабело нејзината телесна или умствена сила. По наредба на самиот Бог, таа ја има најсвечената обврска да владее со себе. {АД 258.2}
Основата на вистинскиот карактер на идниот човек се зацврстува уште пред раѓањето на детето со навиките на мајката во строга умереност… Оваа лекција не смее лесно да се сфати. {АД 258.3}
Да се сочува доброто и весело расположение. – Секоја жена која е на патот да стане мајка, без разлика на својата средина, треба да сочува среќно, весело и задоволно расположение, свесна дека сите нејзини напори во тој поглед ќе бидат двојно повеќе наградени со телесен како и со морален карактер на нејзиното потомство. И тоа не е сѐ. Таа може да се навикне на весело размислување и така да внесе радост во срцето; нејзиниот среќен дух ќе се пренесе на семејството и на сите со кои се дружи. Така, во голема мера ќе се подобри нејзиното телесно здравје. Тоа ќе им даде сила на животните извори, крвотокот нема бавно да работи, што би се случило кога би се предала на незадоволството и нерасположението. Нејзиното душевно и морално здравје ќе биде оживеано со нејзиното расположение. Моќта на волјата може да се спротивстави на сите влијанија и ќе се покаже како најдобро средство за смирување на нервите. На децата на кои им се скратени животните сили кои требало да ги наследат од своите родители, треба да им се обрне посебно внимание. Строго внимавајќи на законите на нивното битие, може да се создаде многу подобра состојба. {АД 258.4}
Сочувајте ги мирот и довербата. – Жената која очекува да стане мајка, треба да ја сочува својата душа во Божјата љубов. Во нејзиниот ум треба да владее мир; таа треба да престојува во Исусовата љубов, постапувајќи според Христовите зборови. Таа мора да има на ум дека мајката соработува со Бога. {АД 259.1}

