Брачни должности и предности
Адвентен дом
Брачни должности и предности
Исус не бара од нас самечки живот. – Оние кои го сметаат бракот за света Божја установа, кои ги чуваат Неговите свети начела, ќе се раководат според разумот. {АД 121.1}
Исус не наметнал самотнички живот на ниту една група на луѓе. Тој не дошол да ја уништи светата заедница бракот туку да ја подигне и да ѝ ја врати првобитната светост. Тој со одобрување гледа на семејната заедница во која владее светата и несебична љубов. {АД 121.2}
Бракот е законски и свет. – Јадењето и пиењето, женењето и мажењето сами по себе не се грев. Во Ноево време како и во наше време, основањето на брачна заедница била во согласност со Законот, ако се постапувало во согласност со неговите прописи и безгрешно претерување. Меѓутоа, во Ноево време луѓето основале брачна заедница, не грижејќи се за Божјиот совет и Неговото водство… {АД 121.3}
Фактот дека сите односи во животот се од минлива природа, треба да го менува сето она што го правиме и зборуваме. Браковите во Ноево време биле грешни пред Бога поради неконтролирана и претерана љубов кон она што само по себе би било во согласност со законот ако правилно се употребувало. И денес има многу од оние кои ги губат своите души затоа што сите свои мисли ги насочуваат кон бракот и брачните односи. {АД 121.4}
Брачната заедница е света, но во нашиот изопачен век таа го крие секој вид на зло. Таа е злоупотребена и станала злосторство, кое претставува еден од знаците на последното време како што браковите пред потопот биле свој вид на злочин… Кога ќе се сфати светата природа и барањата за бракот, небото ќе го одобри и денес, резултат на тоа ќе биде заедничката среќа, а Бог ќе се прослави. {АД 121.5}
Предноста на брачната заедница. – Оние кои себе си се нарекуваат христијани… се должни искрено да ја ценат секоја предност на брачната заедница, додека светото начело треба да биде основа за секоја постапка. {АД 122.1}
Во многу случаи, родителите ги… злоупотребиле своите брачни предности и со своето попуштање ги зајакнале своите животински страсти. {АД 122.2}
Да се избегне крајноста. – Обврзани сме да ја избегнеме крајноста, кога претеруваме во она што е дозволено со законот, ние правиме тежок грев. {АД 122.3}
Многу родители не стекнуваат знаење коешто им е потребно во брачниот живот. Тие не се будни и затоа сатаната ја користи предноста да владее со нивниот ум и живот. На согледуваат дека Бог бара во својот брачен живот да се чуваат од секое претерување. Малкумина се оние кои сметаат дека верска должност е да владеат со своите страсти. Тие по своја волја влегле во брак и затоа сметаат дека попуштањето на најниските страсти може да се одобри во бракот. Дури и сопружниците кои тврдат дека се побожни, се препуштаат на своите страсти и не мислат дека Бог ги смета одговорни за растурање на животната сила, која го ослабува нивното здравје и го поткопува целиот организам. {АД 122.4}
Самоодрекување и умереност. – О, кога на сите би можела да им објаснам дека нивна должност кон Бога е да го сочуваат својот дух и тело во најдобра состојба за на својот Создател да можат да му понудат совршена служба! Сопругата христијанка нека се воздржува со своите зборови и постапки да не ги распалува животинските страсти на својот сопруг. Мнозина немаат сила за да ја расипуваат на таков начин. Од својата младост тие го ослабувале својот ум и поткопувале својот организам со задоволување на животинските страсти. Самоодрекувањето и умереноста треба да бидат начело за нивниот брачен живот. {АД 123.1}
Ние имаме свечена обврска пред Бога да го сочуваме својот дух чист, а телото здраво, за да бидеме на благодат на човештвото, а на Бога да му послужиме за совршена служба. Апостолот ни ги упатил следните зборови на опомена: „Да не царува гревот во вашето смртно тело, да не му служите на неговите страсти“, потоа ни пишува: „Секој кој се бори, од сѐ се воздржува“. Тој ги повикува сите кои се нарекуваат христијани да го дадат своето тело „во жива жртва, света угодна на Бога“. Тој вели: „Туку го отфрлам телесното, за како што им зборував на другите, и самиот да не бидам отфрлен“. {АД 123.2}
Чистата љубов не го поттикнува човекот да ја претвори својата сопруга во орудие кое ќе служи за да ја задоволи неговата страст. Тоа се животински страсти кои бараат попуштање од човекот. Колку малку мажи ја покажуваат својата љубов на начин којшто го опишал апостолот: „Како што и Христос ја сака црквата, и себе си се предаде за неа, затоа што ја освети и очисти… да биде света и без маани“. Тоа е љубовта којашто Бог во брачната заедница ја смета за света. Љубовта е чисто и свето начело, додека страста не дозволува да се прибере и покори на разумот. Таа е слепа за последиците, таа не гледа. {АД 123.3}
Зошто сатаната настојува да ја ослаби самоконтролата. – Сатаната се обидува да го снижи мерилото за чистота и да ја ослаби самоконтролата кај оние кои влегуваат во брак, затоа што знае дека со јакнење на ниските страсти, ќе предизвика слабеење на моралната сила и нема да биде потребно да се грижи за нивното духовно растење. Тој исто така знае дека нема подобар начин на нивните потомци да им го втисне својот злобен лик и дека така ќе му биде многу полесно да го обликува нивниот карактер, отколку карактерот на нивните родители. {АД 124.1}
Последици од претерувањето. – Сопружници, вие еден ден ќе видите што е страста и какви се последиците од нивното задоволување. Ниските страсти можат да се најдат во бракот како и надвор од него. {АД 124.2}
Какви се последиците од попуштањето на ниските страсти…? Спалната соба, во која треба да престојуваат Божјите ангели, се онечистува со несвети постапки. Бидејќи владеат срамните страсти, телото се расипува и срамните постапки водат до срамни болести. Она што ни го дал Бог како благослов е претворено во проклетство. {АД 124.3}
Сексуалните претерувања целосно ќе ја уништат љубовта кон богослужението, ќе го лишат умот од работи потребни за одржување на организмот и целосно ќе ја истрошат животната сила. Ниту една жена не би требало да му помага на својот сопруг во своето самоуништување. Таа нема да го прави тоа ако е просветлена и ако вистински го сака. {АД 124.4}
Колку повеќе човекот им попушта на животинските страсти, толку стануваат појаки и посилни и сѐ повеќе ја поттикнуваат желбата за попуштање. Побожните мажи и жени треба да се разбудат и да согледаат што е нивната должност. Мнозина таканаречени христијани патат од нервна и умствена парализа поради својата неумереност. {АД 124.5}
Внимателни сопрузи. – Сопрузите треба да бидат грижливи, внимателни, постојани и верни. Тие треба да покажат љубов и сочувство. Ако живеат според Христовите зборови, нивната љубов нема да биде телесна, земна, сетилна, која води кон уништување на нивните тела, а на сопругите им носи слабост и болест. Тие нема да попуштат во задоволувањето на ниските страсти, а во исто време им зборуваат на своите сопруги дека во сѐ треба да му се покоруваат на мажот. Кога сопругот е со благороден карактер, со чисто срце, просветлен разум со што треба да се одликува секој христијанин тоа ќе се одрази во бракот. Ако го има Христовиот ум, тој нема да го уништува телото, туку ќе биде полн со нежна љубов и со желба да го постигне највисокиот идеал во Христа. {АД 125.1}
Кога ќе се јават сомнежите. – Ниту еден човек не може вистински да ја сака својата сопруга, ако таа покорно му се потчини и е подготвена да му стане негов роб и да ја задоволи неговата изопачена страст. Во својата безволна покорност таа ја губи вредноста која ја имала претходно во неговите очи. Тој гледа како таа во сѐ се симнува од своето возвишено место и наскоро почнува да ја обвинува дека исто така покорно ќе се препушти на понижување и кај некој друг човек. Тогаш сомнежот во нејзината постојаност и чистота, му станува здодевна и затоа почнува да бара нови објекти кои ќе ја разбудат и зајакнат неговата пеколна страст. Божјиот закон се презира. Овие луѓе се полоши од животните; тоа се демони во човечки облик. Нив не им се познати вистинските начела, посветената љубов која подигнува и облагородува. {АД 125.2}
Жената исто така станува љубоморна на својот сопруг и мисли дека тој, ако му се пружи прилика, на друга ќе ѝ ја подари својата наклонетост. Таа гледа дека тој не се управува според совеста ниту според стравот Божји, страста ја срушила сета осветена ограда. Сѐ што во сопругот било слично на Бога сега служи на ниските, животински страсти. {АД 126.1}
Проблеми од неразумните барања. – Прашањето кое овде се поставува гласи: треба ли жената слепо да се покорува на барањата на својот сопруг кога ќе види дека со него владеат само ниските страсти и кога разумот ѝ вели дека со тоа што го прави, си штети на своето тело кое Бог ѝ го доверил да го држи во светост и чест и да го сочува како жива жртва за Бога? {АД 126.2}
Тоа не е чиста и света љубов која ја поттикнува жената да ги за дозволи животинските склоности на својот сопруг на штета на своето здравје и живот. Ако има вистинска љубов и мудрост, ќе настојува неговиот ум да го одврати од задоволувањето на страстите и да го насочи кон повисоки духовни теми со тоа што ќе му открие интересни духовни предмети. Можеби ќе биде потребно смирено и со љубов, дури и по цена да го предизвика неговото незадоволство, да му укаже на тоа дека таа не може да го понижува своето тело со попуштање во сексуалното претерување. Таа треба на нежен и љубезен начин да го потсети на тоа дека Бог го има првото и возвишено право на целото нејзино битие и дека таа не може да го презре ова право, затоа што ќе биде повикана да одговори на големиот Божји ден… {АД 126.3}
Ако таа ги подигне своите чувства и ако го сочува своето женско достоинство во светост и чест, жената може со своето разумни постапки многу да направи за осветувањето на својот маж и така да ја исполни својата возвишена мисија. Постапувајќи така, таа може да изврши двојно дело: може да го спаси и сопругот и себе. Во врска со ова прашање, толку чувствително и тешко за решавање, потребно е многу трпение и мудрост, како и морална храброст и одлучност. Силата и милоста можат да се најдат во молитвата. Искрената љубов треба да биде начело кое владее со срцето. Само љубовта кон Бога и љубовта кон сопругот можат да бидат темел за секоја вистинска постапка… {АД 126.4}
Ако жената на својот маж му го потчини телото и умот, и ако во сѐ рамнодушно му се препушта на неговата волја, жртвувајќи ја својата совест, своето достоинство, па дури и својата личност, таа со тоа ја губи можноста силно да влијае на доброто, со што би го подигнала својот сопруг. Таа би можела да ја омекне неговата груба природа. Со своето облагородено влијание таа ќе го направи поблагороден и почист, ќе го поттикне сериозно да се труди да завладее со своите страсти и да стане духовен; така и двајцата ќе имаат удел во Божјата природа, ако побегнат од телесните желби на овој свет. Моќта на влијанието може да биде големо и тоа може да го наведе умот да се занимава со возвишени и благородни теми, а не со ниски сетилни попуштања за кои тежнее необратеното срце. Ако жената смета дека дреба да го понизи својот идеал за да му угоди на мажот кај кого животинските страсти станале основа за неговата љубов и начело за неговото дејствување, таа го навлекува на себе Божјото негодување, затоа што со тоа се одрекува од својата должност да врши просведочено влијание на својот сопруг. Ако смета дека без ниту еден збор на приговор мора да се покори на Неговите ниски страсти, тоа значи дека не ја сфаќа својата должност кон него и кон Бога. {АД 127.1}
Нашето тело Божја откупена сопственост. – Ниските страсти имаат свое седиште во телото и дејствуваат преку него. Изразите „тело“ или „телесен“ или „телесни страсти“ се однесуваат на ниската, расипана природа. Телото само по себе не може да дејствува спротивно на Божјата волја. Имаме заповед да го распнеме телото со неговите страсти и желби. Како ќе го направиме тоа? Дали ќе му нане семе болка на телото? Не, треба да ја уништиме желбата за гревот. Мораме да ја отфрлиме секоја расипана мисла и да го заврземе разумот за покорност на Исуса Христа. Сите телесни склоности мораат да се потчинат на повисоката сила од душата. Божјата љубов мора да има целосна власт над нас. Христос мора да седи сам на престолот на нашето срце. Своето тело мораме да го сметаме за Негова откупена сопственост. Деловите на телото мораат да станат орудие на правдата. {АД 127.2}
Шести дел
НОВ ДОМ

