План за читање

Библијата и Духот на пророштвото

План за читање

Мал чекор секој ден. Изберете распоред, одредете кога ќе започнете и следете го своето читање.

Отворена Библија
За денес

Хронолошки план за Библијата

365 читања што го следат текот на библиските настани.

Ден 1

Врската го отвора првото наведено поглавје во македонскиот библиски превод од 2006 година.

Вашиот распоред

Прочитано✓Период / датумЧитање
Ден 1Создавање 1–3 ↗
Ден 2Создавање 4–7 ↗
Ден 3Создавање 8–11 ↗
Ден 4Јов 1–5 ↗
Ден 5Јов 6–9 ↗
Ден 6Јов 10–13 ↗
Ден 7Јов 14–16 ↗
Ден 8Јов 17–20 ↗
Ден 9Јов 21–23 ↗
Ден 10Јов 24–28 ↗
Ден 11Јов 29–31 ↗
Ден 12Јов 32–34 ↗
Ден 13Јов 35–37 ↗
Ден 14Јов 38–39 ↗
Ден 15Јов 40–42 ↗
Ден 16Создавање 12–15 ↗
Ден 17Создавање 16–18 ↗
Ден 18Создавање 19–21 ↗
Ден 19Создавање 22–24 ↗
Ден 20Создавање 25–26 ↗
Ден 21Создавање 27–29 ↗
Ден 22Создавање 30–31 ↗
Ден 23Создавање 32–34 ↗
Ден 24Создавање 35–37 ↗
Ден 25Создавање 38–40 ↗
Ден 26Создавање 41–42 ↗
Ден 27Создавање 43–45 ↗
Ден 28Создавање 46–47 ↗
Ден 29Создавање 48–50 ↗
Ден 30Излез 1–3 ↗

Прикажани 1–30 од 365 читања.

Зошто да читаме редовно?

Совети од Духот на пророштвото

Совети за секој дом

„Книгите Дух на пророштвото, а исто така и Сведоштвата треба да ги има секое семејство на адвентистите на седмиот ден и браќата треба да се поттикнуваат да ја сфатат вредноста на овие книги и да ги читаат. Не било најмудро што тие книги се давани по толку ниски цени и што во секоја црква се наоѓа само по еден примерок. Тие треба да се наоѓаат во библиотеката на секое семејство и секогаш треба одново и одново да се читаат. Држете ги на такво место каде што ќе бидат достапни за многумина, така што листовите ќе им се излижат од постојано читање и прелистување од страна на сите од вашето соседство.“

Елена Вајт · 4. Сведоштво, оригинална стр. 390, пасус 3.
Библијата и целта на Сведоштвата

„Ја земав драгоцената Библија и ја опкружив со неколку Сведоштва за Црквата, кои му беа дадени на Божјиот народ. Овде се изнесени случаите на сите. Укажано ми е на гревовите од кои треба да се чуваат. Тие овде можат да го најдат советот кој го бараат, бидејќи веќе е даден за случаите кои се слични на нивните. Бог одлучил да ви даде заповед по заповед, правило по правило. Но меѓу вас нема многу такви кои навистина знаат што содржат Сведоштвата. Не го познавате ниту Светото писмо. Ако добро ја проучувавте Божјата реч, со желба да живеете според барањата на Библијата и да постигнете христијанско совршенство, Сведоштвата не би ви биле потребни. Токму поради тоа што не сакавте да се запознаете со вдахновената Божја книга, Тој посака да дојде до вас со едноставни, непосредни сведоштва кои ви обраќаа внимание на зборовите на вдахновение на кои не се покорувавте и да ве повикува својот живот да го сообразите со нејзините чисти и возвишени учења.“

Елена Вајт · 2. Сведоштво, оригинална стр. 605, пасус 1.