Истражен суд
Истражен суд
Истражете што учи Библијата за судот и Христовото посредување.

Вовед
Пред да започнеме со проучување на овој значаен предмет, да направиме краток преглед на претходната лекција. Се сеќавате ли дека проучувавме за најдолгиот пророчки период спомнат во Библијата? Овој период, спомнат во Книгата на пророкот Даниел 8:14, води кон очистувањето на светилиштето. Видовме дека тие 2300 дена (години) започнуваат во 457 година пред Христа и дека периодот од 70 недели, или 490 години, е отсечен од тие 2300 години. Овие 70 недели го означуваат времето на првото Христово доаѓање, Неговата смрт и завршувањето на времето на проверка за Евреите како нација. Остатокот од 1810 години во пророштвото води до 1844 година, кога започнува чистењето на небесното светилиште.
Земното светилиште во времето на Мојсеј било симбол на вистинското небесно светилиште. Тоа било составено од две одделенија. Во првото одделение, наречено Светиња, свештеникот ја извршувал секојдневната служба. Еднаш годишно, на Денот на помирувањето, првосвештеникот влегувал во Светињата над светињите за да изврши очистување. По Своето воскресение и вознесение на небото, Христос ја започнал Својата служба во првото одделение на небесното светилиште. Според најсигурната пророчка реч, во 1844 година требало да започне чистењето на светилиштето. Тогаш Христос влегол во Светињата над светињите за да го изврши завршното дело на очистување, со што започнал истражниот суд.
„Сцените што се поврзани со завршното дело на очистување, мошне се свечени. Во прашање се мошне значајни и важни интереси. Сега горе во небесното светилиште заседава суд. Ова дело е во тек веќе многу години. Набргу – никој не знае кога, ќе се помине на случаите на живите. Нашиот живот ќе се разгледува во возвишеното присуство на Бога.“
Што ќе направи Христос при Своето второ доаѓање и врз основа на што ќе ги донесе Своите одлуки?
(Матеј 16:27; Откровение 22:12; 20:12)
ЗАБЕЛЕШКА: „Секоја човечка постапка ќе се разгледа пред Бога и ќе биде регистрирана како верност или пак како неверност. Покрај секое име во небесните книги со стравотна точност ќе биде запишан секој лош збор, секоја себична постапка, секоја неисполнета должност, секој таен грев, секое па дури и највештото прикривање. Занемарувањето на предупредувањата дадени од Бога, укорите, напразно пропуштеното време, неискористените прилики, влијанието на доброто или на злото со своите далекусежни последици – сето тоа верно го запишал ангелот записничар.“
„Кога би можело да се повлече завесата што го дели невидливиот свет од видливиот и кога човечките синови би можеле да ги видат ангелите што го запишуваат секој збор и секое дело со кое ќе мора да се сретнат на судот, колку зборови што секој ден се изговараат би останале неизговорени, а колку дела ненаправени!“
Колку книги се спомнуваат во Библијата?
ОДГОВОР:
- Спомен книга – за оние што се плашат од Бога и го почитуваат Неговото име (Малахија 3:16).
- Книга за беззаконија – во која се запишани гревовите на луѓето (Еремија 2:22).
- Книга за секој поединец – каде што се запишани сите негови дела и живот (Псалм 139:15,16).
- Книга на животот – во која се запишани имињата на спасените (Откровение 20:12).
На кого единствено ќе му се даде право на вечен живот?
(Јован 3:16,36)
Во чие присуство споменатите книги внимателно ќе бидат прегледани?
(Даниел 7:9,10)
ЗАБЕЛЕШКА: Во времето на истражниот суд и праведните и непокајаните сè уште се во своите гробови. Меѓутоа, во небесните книги се наоѓа запис за животот на секој поединец, така што нивните дела и карактер се добро познати. Христос е тука за да се залага за оние кои Го избрале за свој Застапник (1. Јованово 2:1). Повикувајќи се на Својата крв, Тој апелира пред судот нивните гревови да бидат избришани од небесните записници. Бидејќи местото каде што заседава овој суд се наоѓа на небото — каде што е и Божјиот престол — и бидејќи Христос лично присуствува како бранител, произлегува дека и процесот на судењето се одвива на небото. На сите им се суди според записите за нивниот живот, а пресудата ќе биде одговор на делата направени во телото. На овој суд ќе се одлучи не само за случаите на умрените, туку ќе се заврши и испитувањето на живите. По ова, Христос ќе дојде на земјата за да ги земе оние кои ќе се пронајдат како верни и лојални Нему.
Кој е нашиот Посредник во небесното светилиште?
(1. Тимотеј 2:5 и 1. Јованово 2:1)
ЗАБЕЛЕШКА: „Христовото посредување за човекот во небесната светиња исто толку е важно во планот на спасението колку и Неговата смрт на крстот. Со Својата смрт Тој го започнал делото што по воскресението отишол да го доврши на небото. Затоа ние мораме со вера да влегуваме зад завесата каде што „Исус влезе за нас како претходник’ (Евреите 6:20). Таму, светлината што доаѓа од крстот на Голгота, посјајно отсјајува. Тука можеме да добиеме појасен преглед во планот на спасението. Она што небото го сторило во планот на спасението на човекот, со ништо не може да се спореди; поднесената жртва ги задоволува сите барања на прекршениот Божји закон. Исус овозможил пристап до престолот на Отецот, и со Негово посредување, искрените желби на сите што се обраќаат со вера до Него можат да стигнат до Бога.“
Кои се сведоци во Божјото присуство?
(Матеј 18:10)
Според кое мерило на овој суд на сите ќе им биде судено?
(Јаков 2:10-12)
Чии случаи ќе бидат разгледувани во процесот на истражување и судење?
(1. Петрово 4:17)
Дали ќе бидат спасени сите оние кои почнале да живеат христијански живот?
(Матеј 24:13; Евреите 3:14; Езекиел 18:24; 33:12,13)
Што им овозможува на христијаните сигурна победа над секој грев?
(Филипјаните 4:13; 1. Коринтјаните 10:13; Јуда 24)
Што ќе биде со имињата на оние кои нема да се најдат во книгата на животот како победници?
(Излез 32:33; Псалм 69:28; Откровение 3:5; Дела на апостолите 3:19)
ЗАБЕЛЕШКА: Од записот во Божјите книги ќе бидат избришани или нашите гревови или нашите имиња. Ако без одлагање ги признаеме и оставиме своите гревови, можеме да бидеме сигурни дека тие ќе бидат избришани од книгите, а нашето име ќе остане запишано.
Кое сигурно ветување ни го дава Бог дека нашите гревови ќе ни бидат простени?
(1. Јованово 1:9)
Која е нашата должност со оглед на сериозноста на истражниот суд?
(Проповедник 12:13,14)
ЗАБЕЛЕШКА: Во Библијата се спомнуваат три фази на судот:
- Истражен суд – кој се одвива пред второто Христово доаѓање.
- Суд за изгубениот свет и паднатите ангели – кој ќе го вршат Христос и светите во текот на илјадагодишниот период по Неговото второ доаѓање.
- Извршен суд – казнување на непокајаните на завршетокот на тој период.
Истражниот суд на небото започнува пред Христовото второ доаѓање за да се утврди кој е достоен да воскресне во првото воскресение при Неговото доаѓање и кој од живите ќе биде преобразен „во еден миг“, кога ќе затруби последната труба. Сето тоа мора да се случи пред Христовото доаѓање, бидејќи кога Тој ќе се појави на облаците, веќе нема да има време за никаква истрага. Извршниот суд ќе настапи по илјадагодишниот период, во кој светите ќе ги испитаат сите случаи на непокајаните (види: Откровение 20:4–5; 1. Коринтјаните 6:1–3). Истражниот суд на светот му е најавен во пораката на првиот ангел од Откровение 14:6–7.
„Тие мораат длабоко и совесно да ги преиспитаат своите срца. Мораат да го отфрлат лекомислениот и суетен дух на кого му се предале многу таканаречени христијани. Сите оние што сакаат да ги совладаат лошите наклоности, што сакаат целосно да загосподарат со нив ги чека уште посериозна борба. Делото на подготовка е лична задача на секој поединец. Душите не се спасуваат групно, туку поединечно. Побожноста и чистотата на еден не можат да го надоместат недостатокот на овие особини кај другиот. Иако сите народи мораат да излезат пред Бога за да примат суд, сепак Тој случајот на секој поединец ќе го испита со таква точност како да не постои повеќе ниту едно друго суштество на Земјата. Секој мора да биде испитан и да биде пронајден без мани и недостатоци или слично нешто.“
„Секоја човечка постапка ќе се разгледа пред Бога и ќе биде регистрирана како верност или пак како неверност. Покрај секое име во небесните книги со стравотна точност ќе биде запишан секој лош збор, секоја себична постапка, секоја неисполнета должност, секој таен грев, секое па дури и највештото прикривање. Занемарувањето на предупредувањата дадени од Бога, укорите, напразно пропуштеното време, неискористените прилики, влијанието на доброто или на злото со своите далекусежни последици – сето тоа верно го запишал ангелот записничар.“
„Какви свечени мисли! Ден по ден, заминувајќи во неврат, со своите записи ги полни небесните книги. Еднаш изговорениот збор, еднаш направените дела, не можеме никогаш да ги отповикаме. Ангелите го забележале секое добро и зло. Ниту најсилниот освојувач на земјата не е во можност да го поништи извештајот за еден единствен ден. Нашите дела, нашите зборови, дури и нашите најскриени побуди – сето тоа има своја тежина во одлучувањето за нашата судбина, за живот или за смрт. Иако ние таквите поединости можеби и ги забораваме, тие ќе претставуваат сведоштво што ќе нѐ оправда или ќе нѐ осуди.“
„Кога оние што ги кријат или оправдуваат своите гревови би можеле да видат како сатаната ликува над нив, какви зајадливи забелешки поради таквиот нивен живот тој изнесува на Христа и светите ангели, би побрзале да ги признаат своите гревови и да се откажат од нив. Со посредство на недостатоците во нивниот карактер, сатаната настојува да загосподари со целото нивно битие, и знае дека тоа ќе му успее, ако тие своите мани и понатаму ги негуваат. Затоа постојано настојува Христовите следбеници да ги наведе на судбоносно измамлив заклучок дека своите карактерни мани не е можно да ги победат. Но Исус и за нив пред Отецот ги подигнува Своите ранети раце: и секому што сака да Го следи, Тој му порачува: ‘Доволна ти е Мојата благодат’ (2. Коринтјаните 12:9)… Затоа никој нека не мисли дека неговите мани се неизлечиви. Бог во Својата милост ќе ни даде вера и сила да ги победиме.“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а) се наши сведоци на небото.
б) Според кое мерило ќе бидеме судени сите:
в) Имињата на оние кои нема да победат ќе бидат избришани од
г) Ако се покаеме за нашите гревови и ги оставиме, тие ќе бидат избришани од
д) Добрите и праведни дела на оние кои победиле и кои одат со Христа нема да бидат
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. 457; 1844; очистувањето; 70; 490; Месијата (Христос).
- 2. Светиња; Светиња над светињите; Светиња над светињите; очистување (помирување); Светиња над светињите.
- 3. (Примери) а) лош збор; б) себична постапка; в) неисполнета должност; г) таен грев; д) неискористена прилика; занемарување на предупредувања; влијание врз другите.
- 4. веруваат во Синот (Исус Христос). (Јован 3:16,36)
- 5. Затоа што тоа дело е исто толку важно како и Неговата смрт на крстот. Тоа ни овозможува пристап до Бога, ни дава сигурност во спасението и нè подготвува за судот.
- 6. а) Ангелите; б) Законот на слободата (Божјиот закон, Десетте заповеди); в) Книгата на животот; г) небесните книги (книгата за беззаконија); д) заборавени (избришани).
- 7. Со Божја помош и сила, преку вера во Исус Христос, кој ни дава победа над гревот. (Филипјаните 4:13; Јуда 24). Со покајание, признавање и напуштање на гревот.
- 8. Да се бои од Бога и да ги пази Неговите заповеди. (Проповедник 12:13,14)
