Покајание и простување
Покајание и простување
Проучете што значат искреното покајание и Божјото простување.

Вовед
Со оглед на големиот дар на спасението, постојат два чекора кои треба да се преземат. Првиот ќе биде обработен во оваа лекција, а вториот во следната. Тие чекори можат едноставно да се илустрираат со доживувањето на детето кога прима некој дар. Детето најпрвин мора да му пријде на дародавецот и да остави сѐ што евентуално има во своите раце; второ, тоа мора да го земе понудениот дар и да го задржи како свој. Со оваа лекција е опфатен првиот чекор.
Во минатата лекција ја научивме дефиницијата за гревот и дознавме каква ќе биде судбината на оние кои ќе дозволат гревот да остане во нив, но не научивме како треба да се користиме со дарот на милоста со кој Христос ни овозможува спасение. Сите сме вклучени во тоа, зашто сите погрешија и сите сме деца Адамови, и поради тоа сите умираме. Секоја промислена личност која ова прашање го разгледува во светлината на вечноста ќе посака да се запознае со можноста за избор и со излезот кој ни го нуди нашиот небесен Отец.
Како човекот кој по природа е грешник, а можеби направил и некое злосторство, може да биде ослободен од грижата на совеста и вината? Како може да ја избегне платата за направениот грев? Како може да се помири со Бога? Како лицето кое се трудело да биде исправно и се отстранувало од поголемите гревови може да дојде во потполн склад со Бога? Светото писмо ни дава одговор на сите овие прашања.
БОЖЈИ ОДГОВОР И РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ГРЕВОТ
На кои луѓе Христос посебно дошол да им помогне?
„Не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните“
— Лука 5:32До кого сѐ треба да допре овој Христов повик?
„И да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гревовите кај сите народи“
— Лука 24:47Во каква положба гревот го доведува човекот?
„Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша“
— Исаија 59:2ПОЗНАВАЊЕ И ПРИЗНАВАЊЕ НА ГРЕВОТ
Со посредство на што човекот може да дознае дека е грешен?
„Бидејќи преку Законот се познава гревот“
— Римјаните 3:20Каков е крикот на осведочениот грешник?
„Луѓе браќа што да правиме?“
— Дела на апостолите 2:37Кој одговор го дава Библијата на ваквото прашање?
„Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите“
— Дела на апостолите 2:38„Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом“
— Дела на апостолите 16:31Што треба да прави човекот кога ќе се осведочи дека е под осуда на гревот?
„Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој“
— Псалм 38:18Што треба да биде копнеж на неговото срце?
„Одврати го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене. Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене. Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене“
— Псалм 51:9-12ЖАЛОСТ ПОРАДИ ГРЕВОТ
Каков е исходот од вистинското жалење поради гревот?
„Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајување за спасение“
— 2. Коринтјаните 7:10Каков ќе биде резултатот од која и да е друга жалост, особено од онаа која доаѓа како последица на гревот?
„А световната жалост доведува до смрт“
— 2. Коринтјаните 7:10Таква била и онаа жалост која го поттикнувала Исав и Јуда. Мислејќи на Исав, апостол Павле пишува:
„Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи“
— Евреите 12:17Што мораат да направат оние кои вистински се каат?
„Отфрлете ги од себе сите свои гревови, со кои сте згрешиле“
— Езекиел 18:31Кое упатство Христос им го дава на сите кои сакаат да пристапат кон Господа?
„И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“
— Матеј 5:23,24Како Закхеј докажал дека неговото обратување е вистинско?
„А Закхеј застана и Му рече на Господ: ‘Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто, четворно ќе го вратам’“
— Лука 19:8ПОКАЈАНИЕ
Каков живот треба да следи после вистинското покајание?
„Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми благодатта? Никако! Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште?“
— Римјаните 6:1,2Дали покајанието претходи на верата?
„А потоа, откако Јован беше затворен, дојде Исус во Галилеја и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо, и велеше: ‘Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието’“
— Марко 1:14,15Од овој извештај произлегува дека покајанието треба да биде проследено со вера. Тоа е вистинска вера со која се држиме за Христа како Спасител и Го прифаќаме како жртва за престап на Божјиот закон. Меѓутоа, верата која задолжително мора да му претходи на покајанието е онаа вера која се споменува во Посланието до Евреите 11:3,6. „Преку верата разбираме дека вековите се создадени со Божји збор… бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат“.
Кое прекрасно ветување во врска со признавањето на гревот му се дава на покајникот?
„Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда“
— 1. Јованово 1:9Секој познат грев мора да се признае за да биде сигурно спасението.
На кого исто така треба да ја признаеме направената неправда или навреда?
„Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите“
— Јаков 5:16Каков е резултатот од прикривањето или затајувањето на гревот?
„Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван“
— Изреки 28:13Престапникот кој ја затајува својата вина може во овој живот да изгледа среќен и материјално да напредува, но пресметката допрва доаѓа.
Дали е можно од Бога да се сокрие или да се затаи гревот?
„Но ако не постапите така, ќе згрешите пред Господ и за гревот свој ќе претрпите казна, што ќе ве стигне“
— Броеви 32:23ПРОСТУВАЊЕ НА ГРЕВОТ
На кој начин Давид, по направениот грев, повторно бил благословен?
„Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: ‘Ќе Му ги исповедам на Господ моите престапи,’ и Ти ми ја прости вината на гревот мој“
— Псалм 32:5Кој го застапува грешникот на судот?
„И ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот“
— 1. Јованово 2:1Кога адвокатот ќе застапува некого, тој мора да ги знае сите детали за да може успешно да ја изврши својата работа.
Какво простување им ветува Господ на оние што искрено Му ги признаваат своите гревови?
„Колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечува Тој од нас нашите престапи“
— Псалм 103:12„Токму овде мнозина грешат и затоа не ја добиваат помошта што сака да им ја даде Христос. Тие мислат дека не можат да му пристапат на Христа ако прво не се покајат и дека покајанието ги приготвува за простување на нивните гревови. Вистина е дека покајанието му претходи на простувањето на гревовите, бидејќи само скршеното и понизно срце чувствува потреба за Спасителот. Но мора ли грешникот да чека да се покае па дури тогаш да може да дојде кај Исуса? Треба ли покајанието да се подигнува како пречка меѓу грешникот и Спасителот?
Библијата не кажува дека грешникот мора да се покае пред да го послуша Христовиот повик: ‘Дојдете кај Мене сите кои сте уморни и натоварени и Јас ќе ви дадам одмор’ (Матеј 11:28). Силата што доаѓа од Христа води кон вистинско покајание.
Кога ќе ја увидите својата грешност, не чекајте да се поправите. Колку има такви кои мислат дека не се доволно добри да дојдат кај Христа! Очекувате ли да се поправите со свои сопствени напори? ‘Може ли Етиопјанецот да ја промени својата кожа или рисот шарките? Можете ли вие да правите добро кога сте научиле да правите зло?’ (Еремија 13:23). Нам може да ни помогне само Бог. Ние не треба да чекаме поцврсто осведочување, подобри прилики, посвет карактер. Ние сами не можеме ништо да сториме. Мораме да дојдеме кај Христа токму онакви какви што сме.“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а) „Бидејќи преку се познава гревот.“
б) „Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува .“
в) „А световната жалост доведува “
г) „Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги “
д) „Кој ги крие престапите свои нема “
ѓ) „И за гревот свој ќе претрпите казна, “
е) „Но беззаконијата ваши ве Бог.“
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. а) Законот; б) неопходно покајување за спасение; в) до смрт; г) прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда; д) да напредува; ѓ) што ќе ве стигне; е) разделија од вашиот.
- 2. Не. Сите згрешија и лишени се од славата Божја. (Римјаните 3:23)
- 3. На грешниците. „Не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните“ (Лука 5:32).
- 4. Неговото искрено признавање на гревот и покајание. (Псалм 32:5; 51:9-12)
- 5. Со својот брат/ближниот, со оној што има нешто против него. (Матеј 5:23,24)
- 6. Со вера во Евангелието/во Исус Христос. (Марко 1:15; Дела 16:31)
- 7. Колку што е далеку исток од запад. (Псалм 103:12)
