Божјо владеење
Божјо владеење
Откријте ги начелата на Божјото владеење и значењето на Неговиот закон.

Вовед
Во првите четири лекции учевме за некои од основните вистини кои се неопходни за вистинска служба на Бога. Имаме прекрасна предност да станеме поданици на Божјото царство и да живееме со Него низ бескрајните времиња на вечноста. Овој повик им е упатен на сите кои сакаат да ја искористат понудената можност. Меѓутоа, како што во секое семејство мора да постои взаемна доверба за да се овозможи соработка и склад, така и во големото Божјо семејство постојат некои основни правила. Во склад со карактерот на нашиот небесен Отец, тие ја откриваат Неговата љубов и намера за Неговите деца.
Големата Христова порака се нарекува „Евангелие за царството“, а основно за секое царство е тоа што мора да има свои закони. Освен тоа, ако секој човек мора да стои сам пред судот, тогаш мора да постои и некој закон според кој ќе биде суден. Библијата постојано ни го открива постоењето на тој „морален закон“, како што некои го нарекуваат. На Синајската Гора, Господ ги повикал Израелците како Свој народ пред Себе и им се открил во пламен и дим на планината, изговарајќи им ги „Десетте зборови“, кои тие ги чуле со своите уши. Тогаш го повикал нивниот водач, Мојсеј, да дојде пред Него и да ги прими тие заповеди во пишана форма, напишани со прст Божји на камени плочи. Тие со векови биле со почит и внимание чувани во Светилиштето. Во мрачните денови од историјата на Израел, свештениците внимателно ги скриле во една пештера, каде што, без сомнение, останале сѐ до денес.
Во Христовите денови, кога Го прашале за тој закон, Тој јасно изјавил:
„Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“
— Матеј 5:17,18Писателот на Откровението, кога му се прикажани припадниците на верниот остаток на Божјиот народ во последно време, ги опишува како оние „што ги пазат Божјите заповеди“ (Откровение 12:17). По тоа ќе се познаат дека се Божји деца.
Од животно значење за сите е да знаеме што се бара од нас за да можеме да учествуваме во Божјото царство и да Го следиме Оној кој е наш голем пример и кој отишол пред нас, оставајќи ни пример да одиме по Неговата трага (1. Петрово 2:21).
Од суштинско значење е да го разликуваме законот на вечното царство, кој е, како и самото тоа царство, вечен и непроменлив, од законот кој го издале народите, владите или црковните собори. Во Библијата имаме пример за тоа со церемонијалниот закон, кој исто така му бил даден на Мојсеј да го запише во книгата и да го чува покрај ковчегот како закон за обредните церемонии, и кој бил на сила сѐ додека не бил укинат церемонијалниот систем. Тие „со рака пишувани одредби“ не биле повеќе потребни кога, со Христовото распнување, воскресение и основањето на христијанската црква, го доживеале своето целосно исполнување. Меѓутоа, апостол Јаков јасно дава до знаење дека големиот „царски закон“ мора да се извршува во сите свои поединости, и за да нема забуна на кој закон мисли, тој набројува некои негови прописи:
„Зашто Оној, Кој рекол: ‘Не прави прељуба!’, рекол и: ‘Не убивај!’ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот“
— Јаков 2:11А апостол Јован вели:
„По ова знаеме дека ги љубиме чедата Божји, кога Го љубиме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди. Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки“
— 1. Јованово 5:2,3Во оваа лекција ќе видиме дека и во „Божјото царство“ постои закон, и дека тој закон, како и Неговиот Законодавец, е вечен и непроменлив — и дека не смее да се изедначува и поистоветува со законите кои се од привремен карактер и менливи, како и она на што тие се однесуваат. Во тој „Закон на слободата“ (Јаков 2:12), секој може да го препознае откровението на Божјата љубов.
БОЖЈИОТ ЗАКОН
Што мора да се доведе во врска со Божјото царство?
„Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сè“
— Псалм 103:19„А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила“
— 1. Коринтјаните 15:24Кој бил признат како чувар на Божјите заповеди во старозаветно време?
„Бидејќи Авраам го послуша гласот Мој и се покоруваше на заповедите Мои, на наредбите Мои и на законите Мои“
— Создавање 26:5Делата на Авел беа „праведни“ – тоа ни покажува дека во тоа време сигурно постоело некое мерило кое одредувало која е должноста на човекот и што е добро, а што не. Во Библијата Ное е опишан како „проповедник на правдата.“
Кое прашање им го поставил Господ на Израелците кога излегле од Египет, но пред да стигнат до Синај и да ги примат камените плочи со законот?
„А Господ му рече на Мојсеј: ‘До кога ќе се противите на заповедите Мои и на законот Мој?’“
— Излез 16:28ИСУС ГО ПОТВРДУВА ЗАКОНОТ ОД ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ
Како одговорил Исус кога Го прашале дали постои некој услов за вечен живот?
„А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите“
— Матеј 19:17 (Следните стихови покажуваат дека мислел на Десетте заповеди)Каде во Библијата наоѓаме запис за давањето на Десетте заповеди?
Излез 20:1-17; Второзаконие 5:6-21.
Како Библијата го опишува Божјиот закон?
а) Свет, праведен, добар.
„Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра“
— Римјаните 7:12б) Духовен.
„Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум од тело, предадено на гревот“
— Римјаните 7:14в) Совршен.
„Господовиот Закон е совршен – ја крепи душата“
— Псалм 19:7г) Вечен.
„Утврдени засекогаш, засновани врз верност и правдина“
— Псалм 111:8Дали законот преку верата е укинат?
„А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме“
— Римјаните 3:31Што е речено за оние кои го љубат Божјиот закон?
„Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна“
— Псалм 119:165„По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди. Кој вели: ‘Го познав’, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина“
— 1. Јованово 2:3,4„Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите“
— Откровение 22:14ЦЕРЕМОНИЈАЛНИОТ ЗАКОН
Во Библијата постојат многу извештаи за законот кој Бог му го дал на Мојсеј и кој бил запишан во книгата, според кој се раководеле свештениците и народот во граѓанските и црковните прашања.
„Зошто е, пак, даден Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде семето… (Христос)“
— Галатјаните 3:19Со каков карактер е Мојсеевиот закон?
„Тоа е законот за жртвата сепаленица, за жртвата за престап, за жртвата за вина, за жртвата за посветување и жртвата за мир, што му го даде Господ на Мојсеј во Гората Синајска, во денот кога им заповеда на синовите израелски во Пустината Синајска да Му ги принесуваат на Господ своите жртви“
— Левитска 7:37,38Кој го напишал тој закон и каде е чуван?
„А кога Мојсеј ги напиша во книга сите зборови од овој закон сè до крајот, им заповеда на левитите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, велејќи: ‘Земете ја оваа книга на законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог; и таа ќе биде таму сведоштво против тебе’“
— Повторени закони 31:24-26Како апостол Павле го нарекол церемонијалниот закон?
„И така, Законот беше за нас воспитувач да нè доведе до Христос“
— Галатјаните 3:24Која голема жртва била однапред претскажана низ жртвите и службите на церемонијалниот закон?
„Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра“
— Евреите 10:1„Извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот… тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос“
— Колосјаните 2:14,17Церемонијалниот закон бил додаден за луѓето да добијат претстава за Жртвата на искупувањето која Бог ја предвидел за оние кои паднале под осуда на моралниот закон. Ветеното семе, Христос, претскажан преку жртвеното јагне, умрел наместо грешникот, за на секој кој ќе поверува да му биде простено. Кога големата Жртва е принесена, церемонијалниот закон престанал да важи, додека царскиот закон останува засекогаш да ги чува оние кои Го љубат Бога и Му се покоруваат.
„Иако Христовата смрт му ставила крај на законот на претсликите и сенките, таа ниту во најмала мера не ги намалила обврските предвидени со моралниот закон. Напротив, токму тој факт што Христос морал да умре поради човековиот престап на овој закон докажува дека тој закон е непроменлив“
Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
Втора заповед:
Четврта заповед:
Шеста заповед:
Седма заповед:
Деветта заповед:
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. Закони / правила. Секое царство мора да има свои закони за да се сочува поредокот.
- 2. Авраам. (Создавање 26:5)
- 3. Господ ги укорил Израелците пред Синај: „До кога ќе се противите на заповедите Мои и на законот Мој?“ (Излез 16:28). Исто така, Авел бил „праведен“, а Ное „проповедник на правдата“.
- 4. „Ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите“ (Матеј 19:17).
- 5. Свет, праведен, добар, духовен, совршен, вечен. (Римјаните 7:12,14; Псалм 19:7; Псалм 111:8)
- 6. Втора: Забрана за правење идоли/кипови и поклонување пред нив. Четврта: Се однесува на саботата — денот за одмор. Шеста: Забрана за убивање. Седма: Забрана за прељуба. Деветта: Забрана за лажно сведочење.
- 7. „Полесно е небото и земјата да поминат, отколку една точка од Законот да падне“ (Лука 16:17).
- 8. Со Христовата смрт на крстот, кога жртвениот систем го доживеал своето целосно исполнување. (Колосјаните 2:14)
- 9. Да послужи како воспитувач да ги доведе луѓето до Христа; да биде сенка на идните добра и да ја претскаже големата жртва на Исус Христос. (Галатјаните 3:24; Евреите 10:1)
- 10. Божјиот морален закон — Десетте заповеди. (Јаков 2:12; Проповедник 12:13,14)
