2016 • 4. Квартал

1. лекција – Криза на небото

Сабота, 1. октомври, 2016
„Јас ќе го казнам светот за злото, и нечесните – за нивните беззаконија; ќе го премавнам високоумството на гордите и ќе ја понизам надуеноста на угнетувачите”.
— Исаија 13,11.
„Бедемите на сатаната никогаш нема да триумфираат. Победа ќе ја придружува работата на третата ангелска вест. Како што Заповедникот на војската Господова ги урнал ѕидовите на Ерихон, така и Божјиот народ кој ги држи Неговите заповеди ќе триумфира, а сите елементи кои се противат ќе бидат поразени”.
— Сведоштво за проповедници, 410 (ориг).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 5-15.

Недела — 25. септември
1. КОЈ Е НАВИСТИНА ИСУС?

а. Што мораме да знаеме за улогата на Исус Христос при создавањето на универзумот и неговите жители? Јован 1,1-3; Колосјаните 1,16; Евреите 1,1.2.

„Отецот дејствувал преку Неговиот Син во создавањето на сите небесни суштества”.
— Патријарси и пророци, 6.

б. Каква разлика постои помеѓу сите суштества и Христос, кој со утврдениот план требало да стане наш Спасител? Евреите 1,6-8,13.14; Лука 1,30-35.

„Нашиот живот потекнува од Христа. Во Него се наоѓа живот кој е исконски – оригинален, не позајмен. Во Него се наоѓа изворот на животот”. – The Review and Herald, August 6, 1914.

„Зборувајќи за Неговата преегзистенција, Христос го враќа нашиот ум низ бескрајните векови во минатото. Тој нѐ уверува дека никогаш не постоело време кога Тој не бил во тесна заедница со вечниот Бог“.
— The Signs of the Times, August 29, 1900.

Понеделник — 26. септември
2. НЕБЕСНА ВЛАДА

а. Кои се некои од атрибутите на власта со која Создателот отсекогаш управувал со универзумот? Псалм 89,14; Рим. 7,12.

„Божјиот закон постоел пред да е создаден човекот. Тој бил прилагоден на состојбата во која се наоѓале светите суштества; дури и ангелите му се покорувале”. – The Signs of the Times, April 15, 1886.

„Бидејќи законот на љубовта е основа на Божјото владеење, среќата на сите со разум надарени суштества зависи од нивната целосна согласност со неговите големи начела на правдата. Бог сака сите негови созданија да му служат од љубов – нивната служба да произлегува од нивната почит кон неговиот карактер. Нему не му е мила изнудена послушност и затоа на сите им дава слобода и право доброволно да му служат.

Додека сите создадени суштества го признавале сојузот на љубовта, во целиот Божји универзум владеела совршена хармонија. Небесните војски наоѓале радост во тоа што можеле да ги исполнуваат намерите на својот Создател. Тие биле среќни и восхитени што претставуваат одраз на неговата слава и што можат да го слават и да го извишуваат него. Љубовта кон Бога за нив била најсвето чувство, меѓусебната љубов природна и несебична. Ништо не ја нарушувало небесната хармонија”.
— Патријарси и пророци, 6.7.

б. Каков отсекогаш бил ставот на непаднатите, светите ангели кон Христа? Откровение 5,11.12. Што Отецот, како Цар на вселената, исто така изјавил во врска со Христа? Евреите 1,3-6.

„Божјиот Син го дели престолот на Отецот и славата на Вечниот, Самопостоечкиот, Несоздадениот, на Оној кој има непозајмен живот, ги опкружува и двајцата… Пред насобраните небесни жители Царот изјавил дека никој, освен Христос, единствениот кој е роден од Бога, не може наполно да проникне во неговите намери и дека само нему му е дадено да ги извршува силните совети на волјата на Отецот. Божјиот Син ја извршувал волјата на Отецот при создавањето на сите небесни војски и само нему, покрај Бога, му припаѓа верност и приврзаничка преданост од сите. Својата божествена моќ Христос ја покажал и при создавањето на земјата и на нејзините жители. Но во сето тоа Тој не се стремел кон власт ниту им се спротивставувал на Божјите планови извишувајќи се себеси, туку ја возвишувал славата на Отецот, и извршувајќи ги неговите намери на добрина и љубов”.
— Патријарси и пророци, 8.9.

Вторник — 27. септември
3. ИЗБОРОТ НА ПОМАЗАНИОТ ХЕРУВИМ

а. Што можеме, врз основа на записот за ликот на тирскиот цар да научиме за Луцифер, помазаниот херувим, кој подоцна станал сатана, противник? Езекиел 28,11-15.

„Сатаната некогаш бил почитуван ангел на небото, веднаш по Исус Христос. Неговиот лице било благо, изразувало среќа, како и другите ангели. Неговото чело било високо и широко и покажувало голема интелигенција. Неговото појава била совршена. Имал благородно и величествено држење”. – Spiritual Gifts, vol. 1, p. 17.

„Сатаната го предводел небесниот хор. Тој би започнал со првата нота, а потоа сето ангелско воинство би се обединило со него и величествените звуци на музика би татнеле на небото во чест на Бога и Неговиот драг Син”.
— The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 28.

б. Што довело до падот на Луцифер? Езекиел 28,17 (прв дел).

„Малку по малку, Луцифер се препуштил на желбата за самовозвишување… Иако сета негова слава била од Бога, овој силен ангел сепак почнал да ја смета за своја сопственост. Бидејќи не бил задоволен со својата положба, иако бил ценет повеќе од кој било припадник на небесните војски, тој се осмелил да жеднее за обожавањето што му припаѓа само на Создателот. Наместо да се стреми сите создадени суштества да ги упатува на приврзаност и верност кон Бога и тоа да биде нивни највисок идеал, тој настојувал нивната служба и преданост да си ги обезбеди за себе. Копнеејќи за славата со која вечниот Отец го опкружил својот Син, овој кнез на ангелите се стремел и кон власта која била првенствено Христово право”.
— Патријарси и пророци, 7.8.

в. Колку може да се контролира духот на завист и љубомора? Изреки 27,4; 6,34. Што се случило кога Отецот, Синот и ангелите се обидувале да го вразумат Луцифер?

„Склоноста на Луцифер, наместо на Творецот да си служи себеси, предизвикала чувство на страв кај оние кои сметале дека славата на Бога треба да биде врховна… Но предупредувањето, дадено во неискажлива љубов и милост, само го предизвикало духот на противење. Луцифер дозволил со него наполно да завладеат љубомора и завист кон Христа и станувал сѐ поодлучен”.
— Патријарси и пророци, 8.

Среда — 28. септември
4. ЛУКАВА ИЗМАМА

а. Што му било покажано на пророкот Исаија за чудниот став кој Луцифер го усвоил? Исаија 14,12-14.

„Ангелите радосно ја признавале врховната власт на Христа, и се поклониле пред Него, и му укажале љубов и најголема почит. И Луцифер се поклонил заедно со нив, но во неговото срце се водела необична, жестока борба. Вистината, правдата и лојалноста се бореле против зависта и љубомората… Високите почести што му биле укажани на Луцифер тој не ги ценел како посебен Божји дар, и тие кај него не разбудиле благодарност кон својот Творец. Тој се фалел со својата слава и со високата положба и се стремел да биде еднаков со Бога”.
— Патријарси и пророци, 9.

б. Како ставот на Луцифер предизвикал хаос на небото? Јаков 3,16.

„Воздигањето на Божјиот Син како еднаков со Отецот било претставено како неправда кон Луцифер, кој тврдел дека исто така полага право на почит и чест. Кога овој кнез на ангелите би ја добил својата вистинска, возвишена положба, тоа – тврдел тој – би им донело голема среќа на сите ангелски војски, зашто тој на сите свои приврзаници би им дал полна слобода. А вака ќе ја загубат дури и онаа слобода што ја уживале до сега, зашто над нив е поставен еден апсолутен Господар и сите ќе мораат да го почитуваат неговиот авторитет. Така суптилно и лукаво биле смислени измамите кои подлиот Луцифер бргу ги ширел во небесните дворови.

Меѓутоа, немало никаква промена во врска со Христовата положба или со неговите овластувања… Но многу ангели, сепак, биле заслепени од измамите на сатаната.

Користејќи ја љубовта, лојалноста и довербата што ги имале во него светите суштества додека се наоѓале под негова команда, тој толку вешто го всадувал во нивните умови своето незадоволство кое тие не го распознале. Луцифер Божјите намери ги прикажувал во лажна светлина – конструирајќи и изопачувајќи ги така за да предизвикаат револт и незадоволство. Лукаво ги наведувал своите слушатели да ги изразат своите чувства; потоа тие изрази, секаде каде што можел да ги искористи за својата цел, ги повторувал како доказ дека ангелите не се наполно согласни со Божјото владеење… Додека тајно поттикнувал неслога и бунт, мошне лукаво настојувал однадвор да изгледа како да има единствена цел да се сочува лојалноста кон Бога, хармонијата и мирот.

Духот на незадоволство, поттикнуван на ваков начин, го извршил своето злокобно дејство“
— Патријарси и пророци, 10.

Четврток — 29. септември
5. ИСХОДОТ НА БУНТОТ

а. Кога архиизмамникот конечно поттикнувал отворена побуна на небото, каков бил исходот? Откровение 12,7-9. Како ќе биде неговиот конечен крај? Исаија 14,15-17.

б. Која била вистинската цел на војната на небото? Псалм 119,126.

„Почнал (Луцифер) да навестува сомнеж во врска со законите што владеат со небесните суштества. Тврдел дека законите можеби им се потребни на жителите на световите, но на ангелите, како повозвишени суштества, такви ограничувања не им се потребни, зашто нивната мудрост е доволна да ги води”.
— Патријарси и пророци, 10.

в. Што ја открива Божјата совршена мудрост во справувањето со оваа криза? Јуда 6; 1 Коринтјаните 6,3 (прв дел); Филипјаните 2,10.11.

„Кога (Сатаната) би бил веднаш збришан, мнозина на Бога би му служеле од страв, а не од љубов. Влијанието на измамникот не било целосно уништено, ниту пак духот на бунтот бил целосно искоренет. За добро не целата вселена низ бесконечните векови, било потребно тој поцелосно да ги развие своите начела, со цел обвинувањето против Божјото владеење да можат да се согледаат во нивната вистинска светлина и правдата и Божјата милост, како и непроменливоста на неговиот закон, засекогаш да останат надвор од секое сомневање”.
— Патријарси и пророци, 16.

Петок — 30. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да одговориме на некои од вообичаените заблуди во врска со тоа кој е Христос?

2. Зошто можеме да кажеме дека Божјото владеење е урамнотежено и праведно?

3. Кој бил коренот на Луциферовиот проблем?

4. Набројте ги сите чекори кои тој ги презел а кои ја расипале слатката хармонија на небото.

5. Зошто Бог едноставно веднаш не го уништил сатаната?

2016 • 4. Квартал

2. лекција – Глас во пустината

Сабота, 8. октомври, 2016
„Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог”.
— Исаија 40,3.
„Нашата задача на објавувањето на второто доаѓање на Исус Христос е слична на онаа на Јован Крстител, Христовиот предвесник при Неговото прво доаѓање. Ние треба да му ја објавиме на светот пораката: ‘Големиот Господов ден е близу’. ‘Подгответе се да го сретнете Бога’. Ние треба да направиме многу повеќе од она што досега сме го направиле”.
— Reflecting Christ, p. 201.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 8 Сведоштво, 9-14.

Недела — 2. октомври
1. НАДЕЖ ЗА ОБЕСХРАБРЕНИТЕ

а. Која е една од најомилените пораки кои Исаија според Божјиот налог ги напишал? Исаија 40,1.2.

„Спомнувајќи си за заветот на својата милост, Бог за Израелците, после острите казни со кои ги мачеле нивните непријатели, милостиво се залагал за својот народ. Тие, наместо мудроста и Божјата правда, ја избрале својата мудрост и правда, а како резултат на тоа бил падот на нивната нација. Бог дозволил да страдаат под двоен јарем, за да се понижат и покајат. За време на своето расејување и ропство, Евреите не биле оставени во состојба на безнадежност. Им биле давани охрабрувања, бидејќи во тоа понижување биле наведени да го бараат Господа. Бог на Исаија му дал порака за овој народ (Исаија 40,1.2).

Кога Евреите биле расеани од Ерусалим, меѓу нив имало мажи и жени кои во начелото биле цврсти како карпа, мажи и жени кои не оделе по патот поради кој Господ би се срамел да ги нарече свој народ. Тие тагувале во своето срце поради застранувањето кое не можеле да го спречат. Тие невини поединци морале да страдаат заедно со виновниците, но Господ им дал сила да ги издржат неволјите на тоа време. На нив им била упатена оваа порака на охрабрување. Надежта на целата нација почивала во тие млади момчиња и девојки кои го сочувале својот интегритет”.
— Коментари на Библиските текстови, 323.

Понеделник — 3. октомври
2. ПРЕТСКАЗАНИОТ ГЛАСНИК

а. Како Исаија пророчки ја опишал работата на Јован Крстител? Исаија 40,3; Лука 3,2-4. Во која смисла Јован требало да биде „глас во пустината“?

„Делото на Јован Крстител било големо, меѓутоа на земјата немало училиште со кое тој би можел да се поврзе. Своето образование тој морал да го добива далеку од градовите, во пустината”.
— Коментари на библиските текстови, 508.

б. Што го оспособило Јован, како и Исаија и Илија пред него, бестрашно да стои пред народот, извршувајќи ја својата животна мисија? Исаија 33,17; 6,5.

„Јован не се чувствувал доволно силен да го издржи големиот притисок на искушенијата со кои ќе се сретне во општеството. Се плашел неговиот карактер да не биде обликуван според обичаите кои во тоа време преовладувале меѓу Евреите, и затоа за своја школа ја одбрал пустината во која неговиот ум можел правилно да се воспитува, дисциплинира и учи од големата Божја книга на природата. Во пустината, Јован би можел полесно да се одрече од себе, да владее со својот апетит и да се облекува во согласност со природната едноставност. Во пустината немало ништо што неговите мисли би ги одвраќале од побожно размислување и молитва. Сатаната имал пристап до Јован, дури и кога направил сѐ што е во негова моќ да ги затвори приодите преку кои тој можел да влезе. Но, неговите животни навики биле толку чисти и природни така што можел да го препознае непријателот, и имал сила на духот и одлучност на карактерот да му се спротивстави”. – Коментари на библиските текстови, 508.

„Под водство на Божјиот Дух, (Јован) ги проучувал свитоците на пророците. Христос дење и ноќе бил предмет на негово проучување и духовно размислување, сѐ додека срцето и душата не му бил исполнети со славна визија.

Тој го гледал Царот во Неговата убавина, и на тој начин потполно заборавил на себе. Посматрајќи го величеството на светоста ја согледал својата неспособност и недостојност. Должност му била на луѓето да им ја објавува Божјата порака, и пред нив да стои во сила и Божја правда. Бил подготвен како пратеник од небото да проповеда пред луѓето без никаков страв, бидејќи пред очите го имал само она што е божествено. Можел бестрашно да стои во присуство на земните цареви, затоа што со трепет се поклонувал пред Царот над царевите”.
— Слуги на евангелието, 43.

Вторник — 4. октомври
3. ДА СЕ ПОРАМНАТ ПАТИШТАТА

а. Како прочуениот мудрец ја сумира состојбата на паднатото човештво? Проповедник 1,15. Сепак, која порака на надеж Јован Крстител требало да ја донесе, во склад со пророштвото на Исаија? Исаија 40,4; Лука 3,5.

„Бог направил сѐ што можело да се направи во корист на човекот. Секоја негова потреба била предвидена; за секоја тешкотија, за секоја криза, бил предвиден излез. Сѐ што било криво било исправено, и нерамните места биле исправени, така што никој нема да може да најде изговор на денот на судот доколку негувал неверување и се спротивставувал на влијанието на Светиот Дух”.
— Fundamentals of Christian Education, p. 251.

б. Како треба, во овие последни денови, да му овозможиме на Светиот Дух да работи преку нас на начини за кои никогаш не сме помислиле дека се можни? Исаија 40,5; Лука 3,6.

„Господ на Јован Крстител му дал порака. Дали тој барал дозвола од свештениците и владетелите да ја објавува таа порака? – Не, Бог го отстранил од нив како не би потпаднал под влијание на нивниот дух и учења. Тој бил гласот на оној кој викал во пустината (Исаија 40,3-5). Ова е токму пораката која мора да се упати на нашиот народ; ние се наоѓаме на крајот од времето, и пораката гласи: ‘Израмните, израмните го патот, отстранете ги камењата, подигнете го стандардот на народите. Луѓето мораат да се разбудат. Сега не е време да се зборува: Мир е и нема од што да се плашите’”. – Одбрани пораки 1, 410.

„Нека оние кои имаат особени способности работат за неверниците кои се наоѓаат на високи позиции, како и за оние кои се на самото дно на животот. Барајте ги внимателно душите кои пропаѓаат…

Нека вашата светлина свети со јасни и постојани зраци како никој не би можел да застане на судот и да каже: ‘Зошто не ми зборуваше за оваа вистина? Зошто не покажа грижа за мојата душа?

Затоа да бидеме вредни во делење на литературата која е внимателно подготвена за употреба за оние кои не се од нашата вера. Да ја искористиме секоја прилика да го задржиме вниманието на неверниците. Ставете ја литературата во секоја рака која е волна да ја прими. Да се посветиме на објавувањето на пораката: ‘Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог’ (Исаија 40,3)!… Сега е денот на нашата одговорност”.
— Counsels on Stewardship, pp. 189, 190.

Среда — 5. октомври
4. ПОНИЗНОСТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОМАЛОВАЖУВА

а. Како безвременското – вечно начело покажува како Бог може да ги круниса со успех дури и најмалите напори на оние кои искрено настојуваат да го унапредат Неговото дело? Захарија 4,9.10.

„Светот настапува со раскош и фалење. Божјиот начин е да го направи денот на малите нешта во почеток на славен триумф на правдата и вистината. Понекогаш Тој ги оспособува своите работници на тој начин што ќе ги доведе до разочарување и привиден неуспех. Неговата цел е тие да се научат да ги совладуваат тешкотиите.

Но ако се држат до својата првобитна вера, Бог ќе го расчисти нивниот пат. Пред храбрата непоколеблива вера на Зоровавел, големите планини на тешкотии ќе постанат рамнина. И рацете на оној кој ги постави основите на овој дом – ‘неговите раце и ќе го завршат’ ‘Тој ќе го изнесе каменот темелник со восклик: благодат, благодат врз него’ (Захарија 4,9.7)”.
— Пророци и цареви, 406.

б. На кој начин можеме да соработуваме со Бога во просветлувањето на жителите на оваа мрачна планета? Захарија 4,6.

„Господ во ова завршно дело ќе работи на начин сосем поинаков од вообичаениот, на начин кој ќе биде сосем спротивен на сите човечки планови. Меѓу нас има луѓе кои секогаш ќе сакаат да го контролираат Божјото дело, да наредуваат кои чекори треба да ги преземат дури и тогаш кога делото напредува под водство на ангелот кој ќе му се придружи на третиот ангел за да се објави пораката на светот. Бог ќе употреби начини и средства според кои ќе се види дека Тој ги зема уздите во свои раце. Работниците ќе бидат изненадени од едноставноста на средствата кои Тој ќе ги употреби за да го спроведе и усоврши своето дело на правдата”.
— Testimonies to Ministers, p. 300.

в. На кој начин пораката која сме повикани да ја објавуваме го одразува првиот дел на пораката на Јован Крстител? Матеј 3,2; Лука 3,8-14.

„(Матеј 3,2). Истата порака, преку изданија од нашите печатници, и денес треба да се објави на светот”.
— 7 Сведоштво, 139.

Четврток — 6. октомври
5. НИКОЈ НЕ БИЛ ПОГОЛЕМ ОД ЈОВАН КРСТИТЕЛ

а. Објаснете ја целта на Јовановото учење? Матеј 3,4-12.

„Христос ја упатувал истата порака како и Јован Крстител (Матеј 4,17). Но додека Јован проповедал во пустината, Христос делувал меѓу луѓето. За да достигне до грешниците таму каде што се наоѓале, Тој го гушнал човечкиот род со својата долга човечка рака, додека со својата божествена рака се држел до престолот на Бесконечниот, обединувајќи го ограничениот човек со бесконечниот Бог, поврзувајќи ја земјата со небото”.
— The Review and Herald, August 15, 1899.

б. На која заповед во законот Јован му укажал на Ирод, и каков бил резултатот? Марко 6,17-29. Што рекол Исус за Јован? Лука 7,28.

„Ирод бил трогнат слушајќи го силното и одредено сведоштво на Јован, и со голем интерес го прашал што мора да стори за да стане негов ученик. Јован бил запознаен со фактот дека Ирод планира да ја земе жената на својот брат, иако мажот ѝ сѐ уште бил жив, и верно му рекол дека тоа е незаконски. Ирод не бил подготвен на жртва. Се оженил со жената на својот брат и под нејзино влијание го фатил Јован и го ставил во затвор, со намера сепак да го ослободи… Набргу потоа, под влијание на Иродовата жена, на Јован му била отсечена главата. Видов дека и најскромните ученици кои го следеле Исуса, биле сведоци на Неговите чуда, и ги слушнале утешните зборови кои биле изговорени од Неговите усни, биле поголеми од Јован Крстител, всушност, биле повозвишени, поценети и посреќни во животот“.
— Рани списи, 127.

Петок — 7. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква надеж Бог им нуди на сите оние кои ќе се потчинат на делувањето на Неговата дисциплинувачка палка?

2. Што треба да научиме од грижата на Јован за неговата околина?

3. Како нашата литература може да биде особено корисна во времето во кое живееме?

4. Зошто Бог ќе нѐ изненади со начинот на кој светот ќе биде просветлен?

5. Кои се некои од работите на кои можеме да се научиме од животот и службата на Јован Крстител?

2016 • 4. Квартал

3. лекција – Во пресрет на Месијата

Сабота, 15. октомври, 2016
„Како пастир ќе го пасе Тој стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Тој во рацете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води доилките“
— Исаија 40,11.
„Исус е Добриот Пастир. Тој се грижи за секоја од своите овци, а особено за оние кои се слаби, болни и овци кои лутаат. Тој ги знае сите по име. Страдањето на секоја овца и секое јагне од Неговото стадо разбудува сочувство и љубов во Неговото срце и секој крик за помош допира до Неговото уво”.
— 5 Сведоштво, 346.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 629-635.

Недела — 9. октомври
1. БОЖЈАТА СИЛА И НАШАТА ЧОВЕЧКА СЛАБОСТ

а. Додека правиме планови за иднината, што треба да имаме на ум? Исаија 40,6-8. Кои други илустрации ја покажуваат Божјата величина, а истовремено нудат научна информација? Исаија 40,22 (прв дел).

„Во ова време, пред големата завршна криза, како и пред првото уништување на светот, луѓето се занесени во уживања и задоволување на телесните желби. Обземени од она што е видливо и минливо, тие го изгубиле од вид она што е невидливо и вечно. Ги жртвувале непропадливите богатства за она што со употреба се истрошува. Нивните умови треба да се издигнат, нивните погледи на животот да се прошират. Тие треба да се разбудат од летаргијата на световните соништа.

Од подемот и падот на нациите, кое е толку јасно прикажано на страниците на Светите списи, тие треба да се научат колку е безвредна славата ако е само надворешна и световна. Вавилон, со сета своја моќ и сјај, каква што светот од тогаш нема видено – моќ и сјај кои на луѓето од тоа време им изгледале толку стабилни и трајни – исчезнал без трага! Пропаднал како ‘полски цвет’! Така пропаѓа сѐ што не е втемелено на Бога. Само она што е во согласност со Неговите намери и што е одраз на Неговиот карактер може да опстане. Неговите принципи се единственото трајно нешто во овој свет”.
— Воспитување, 162.

Понеделник — 10. октомври
2. ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ

а. Додека Исаија пророкувал за Христовото триумфално влегување во Ерусалим, што открил за делото на Месијата? Исаија 40,9-11.

„Вистината содржана во пораката на третиот ангел некои ја презентираат како сува теорија; меѓутоа, во оваа порака Христос треба да се нагласи и истакне како жива стварност. Тој треба да биде откриен како прв и последен, како големиот ЈАС СУМ, корен и род Давидов, и сјајната ѕвезда Деница. Преку оваа порака на светот треба да му се открие Божјиот карактер откриен во Христа”. – 6 Сведоштво, 20.

„Во Христа се наоѓа нежност на пастир, љубов на родител и неспоредлива милост на Спасител полн со сочувство. Своите благослови ги дава под најпривлечни услови. Тој не е задоволен само да ги објави овие благослови; Тој ги изнесува на најпривлечен начин за да разбуди желба да ги поседуваме. Така неговите слуги треба да го претставуваат богатството на славата на тој неопислив дар. Христовата љубов ќе ги стопи и покори срцата, додека само со повторување на учењето не може ништо да се постигне… Зборувајте му на народот за Оној кој е ‘поубав од десет илјади други’ и за Оној кој ‘целиот е прекрасен’ (Песна над песните 5,10.16). Само со зборови не може да се изрази тоа. Треба да се одрази во карактерот и да се покаже во животот… Во секого од нив треба јасно да му се покаже на светот Христовата љубов која долго трпи, Неговата светост, кротост, милост и вистина”.
— Копнежот на вековите, 717.718.

б. Каде треба да го бараме спасението и зошто? Исаија 45,21.22.

„Дојди кај Исуса Христа со сето свое срце. Покај се за сите свои гревови, признај ги сите пред Бога, остави ги сите беззаконија и можеш да се повикаш на сите Негови ветувања”. – 5 Сведоштво, 634.

„Нема ли членовите на нашата црква своите очи постојано да ги држат насочени на распнатиот и воскреснатиот Спасител, во кој се сосредоточени сите наши надежи на вечен живот? Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашето предупредување до непокајаните, нашето охрабрување за оние кои тагуваат – надеж за секој верник. Ако успееме во срцето на луѓето да разбудиме интерес и да ги наведеме својот поглед да го насочат кон Христа, ние можеме да се повлечеме, упатувајќи ги само да продолжат да го насочуваат својот поглед на Божјото Јагне. На тој начин ќе ја примат пораката”.
— Коментари на библиските текстови, 725.

Вторник — 11. октомври
3. ТРАЕН СОЈУЗ

а. Како Господ ја опишува нежната грижа која Тој ја има за своите деца? Исаија 49,15.16; Матеј 12,50; Галатјаните 3,29. Како можеме да бидеме сигурни дека ќе се најдеме меѓу овие деца?

„Оние кои денес со Христос делат страдања и презир, подоцна ќе ја делат и Неговата слава. Тој ‘не се срами да ги нарече браќа’ (Евреите 2,11). Неговите ангели им служат ним. Тој ќе дојде по втор пат како Син човечки, и на тој начин дури и во својата слава ќе се идентификува со човештвото. На оние кои се соединиле со Него, тој им вели: ‘Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. Ете, на Своите дланки сум те врежал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене’ (Исаија 49,15.16).

Единството со Христа преку жива вера е трајно; секое друго единство мора да пропадне. Прво Христос нѐ избрал нас, плаќајќи бесконечна цена за наше спасение. Затоа и вистинскиот верник го бира Христа како прв и последен и најдобар во сѐ. Но, за ова единство мора нешто и да платиме. Тоа е единство на целосна зависност, во кое едно гордо суштество мора да се понижи. Сите кои влегуваат во ова заедништво мораат да ја почувствуваат нивната потреба за Христовата крв. Тие мораат да се променат во срцата. Мораат својата волја да ѝ ја потчинат на Божјата. Мораат да се борат со надворешни и внатрешни пречки. Мораат да поминат преку болното дело на одвојување и делото на спојување. Гордоста, себичноста, суетата, световноста – секој грев – мора да се победи, ако сакаме да влеземе во единство со Христа. Причината зошто многумина мислат дека христијанскиот живот е толку страшно тежок, зошто се толку непостојани, толку променливи, е во тоа што тие се обидуваат да се приклучат кон Христа, додека претходно не се одвоиле од идолите кои ги негувале”.
— 5 Сведоштво, 153.154.

б. Кога ќе го потчиниме целокупното битие на водството на Добриот Пастир, каква сигурност имаме? Псалм 36,7; 34,22.

„Оној, кој зел човечка природа на себе, знае како да сочувствува со луѓето што страдаат. Христос не само што ја познава секоја душа и нејзините потреби и неволји, туку и сите околности што можат да го вознемират и збунат духот. Неговата рака е испружена до секое Божјо дете што страда, со неизмерно сочувство и радост. Тој им укажува најголемо сочувство и сожалување на оние што најмногу страдаат. Тој е трогнат од нашата немоќ и копнее да положиме пред Неговите нозе сѐ што нѐ збунува и обременува и да го оставиме таму”.
— Здравје и среќа, 190.

Среда — 12. октомври
4. ВЕЛИЧАЊЕ НА ЗАКОНОТ

а. Што Исус очекува да направиме за душите кои се во темнина? Исаија 42,5-7.

„Како народ мораме да бидеме наново обратени; нашиот живот мора да биде посветен за да ја објавуваме вистината каква што е во Исуса. Ширејќи ги нашите публикации, ние можеме да зборуваме за љубовта на Спасителот со топло и трогнато срце. Само Бог има моќ да ги прости гревовите. Ако таа вест не ја објавиме на необратените, нашата немарност за нив би можела да значи пропаст. Во нашите весници и списанија треба да се објавуваат благословените библиски вистини кои ја спасуваат душата. Мнозина можат да помогнат во продавањето на нашите списанија. Господ нѐ повикува сите нас да учествуваме во делото на спасување на душите кои гинат. Сатаната се труди да ги измами дури и избраните и сега е време да бидеме будни и да работиме претпазливо. Вниманието на народот треба да се насочи на нашите книги и весници. Евангелието на сегашната вистина треба, без одлагање, да се објави во нашите градови. Зарем нема да одговориме на нашите обврски?

Ако го проучуваме Христовиот живот и Неговото учење, секој настан ќе ни даде материјал за впечатливо излагање. Така Спасителот го проповедал евангелието по патиштата и меѓу оградите. И додека Тој зборувал, често можело да се види како малата група која ги слушала Неговите зборови прераснувала во големо мноштво”.
— 9 Сведоштво, 44.45.

б. Како Бог гледа на Неговиот закон? Исаија 42,21. Што можеме да научиме од ова?

„Мораме да настојуваме да ги поттикнеме членовите на црквата, како и оние кои тоа не се, да ги увидат и почитуваат барањата на законот на Небото. Ние треба да го направиме овој закон ‘голем и славен’”. – Одбрани пораки 2, 403.

„Истиот Оној кој со векови порано го изговорил законот на гората Синај, сега дошол да го направи тој закон голем и славен. Во својата беседа на гората, Тој го објаснил тој закон, покажувајќи што секое правило подразбира. Алчноста ја прикажал како идолопоклонство, страста како прељуба, а гневот како убиство. Тој ја докажал духовноста на законот и посочил дека тој допира до секоја фаза од животот.

Пред небесниот универзум, перед паднатите ангели и перед оние кои дошол да ги спаси, Христос покажал дека живее според уредбите на Божјиот закон. Со својата врвна послушност на неговите барања, Тој го возвишил и го исполнувал…

Како што Христос живеел според уредбите на законот во човечкото тело, на таков начин и ние ќе стекнеме сила ако се фатиме за Неговата сила”.
— The Signs of the Times, March 4, 1897.

Четврток — 13. октомври
4. СТРАЖА НАД НАШИТЕ ОЧИ И УШИ

а. Што Господ сака да направиме со нашите очи и уши? Исаија 42,19.20. Зошто?

„Бог не сака ние да слушнеме сѐ што може да се слушне, и сѐ што може да се види. Голем благослов е да ги затвориме ушите да не слушаме и очите да не гледаме. Нашето внимание треба да го посветиме на тоа брзо и јасно да ги воочиме своите недостатоци, брзо да го слушнеме и послушаме секој потребен укор и упатство, да не станеме заради своето невнимание и немарност заборавни слушатели наместо творци на дело”. – 1 Сведоштво, 707.708.

„Мошне е важно со што го храниме нашиот ум и душа. Ние можеме да му дозволиме на нашиот ум да живее на романтика и на ѕидање на кули во воздух, но каква корист ќе имаме од тоа? Тоа ќе ја уништи нашата душа и тело… Нам ни е потребна онаа сила која ќе ни овозможи да ги затвориме очите пред сцените кои нас не нѐ воздигаат, не нѐ облагородуваат, не нѐ пречистуваат; и да ги затвориме своите уши за сѐ што е забрането во Божјиот Слово. Тој ни забранува да замислуваме зло, да зборуваме за злото, па дури и да мислиме за злото”.
— Our High Calling, p. 334.

б. Што Господ сака да гледаме? Евреите 12,1.2.

„Да гледаме во Исуса и да размислуваме за убавината на Неговиот карактер, и преку гледање ќе се преобразиме во истиот лик”.
— Our High Calling, p. 334.

Петок — 14. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како чувството на сопствената смртност ни дава подобар поглед на живот?

2. На кои сѐ начини можеме на другите да им кажеме за Исуса и Неговата љубов?

3. Објаснете ја длабочината на вистинската заедница со Христа?

4. Во која смисла Христос го возвеличил законот со учење и пример?

5. Пред што треба да ги затвориме очите и ушите?

2016 • 4. Квартал

4. лекција – Поддршката и грижата на Творецот

Сабота, 22. октомври, 2016.
„Нема да ослабне, ниту ќе изнемошти, додека на земјата не воспостави правда, народите ќе се надеваат на Неговиот закон”. – Исаија 42,4.
„Проучувајќи го Божјото Слово ќе видиме дека не сме препуштени на нашите слабости, на нашите сомнежи, и дека не постои повод да тонеме во обесхрабреност. Зборувајте со вера; дејствувајте во вера. Негувајте ја верата која работи преку љубов и ја чисти душата”.
— The Review and Herald, May 19, 1896.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 20-30.

Недела — 16. октомври
1. НАШИОТ МОДЕЛ

а. Каде Бог Отецот нѐ повикува сите нас да гледаме – и зошто? Исаија 42,1.

„Исус бил извор на исцелувачка милост за светот; и во текот на сите тие години на повлеченост во Назарет, Неговиот живот се излевал во потоци на сочувство и нежност. Возрасните луѓе, жалосни и оптоварени со гревот, децата кои се играат во својата невина радост, малечките суштества во шумите, трпеливите запрежни животни, сите биле посреќни во Негово присуство. Тој, чијшто збор ги одржувал световите, се наведнал да ѝ помогне на ранетата птица. Немало ништо што не би го забележал, ништо што не би било достојно за Неговата служба.

И така, додека се развивал умно и телесно, Исус растел во милоста и пред Бога и пред луѓето… Атмосферата на надеж и храброст што го опкружувала го сторила благослов за секој дом… Тој живеел за да му угоди, да му даде чест и да го прослави својот Отец во обичните животни околности. Неговото дело започнало тогаш кога му се посветил на скромниот позив на занаетчиите кои макотрпно го заработуваат нивниот секојдневен леб. Тој на Бога му служел во иста мера додека работел покрај масата на дрводелец како и тогаш кога правел чуда за народот. И секој млад човек што го следи Христовиот пример на верност и послушност во својот скромен дом, може да полага право на зборовите што ги изговорил Отецот за Него преку Светиот Дух: ‘Еве го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам, Мојот Избраник, љубимецот на душата Моја’ (Исаија 42,1)”.
— Копнежот на вековите, 50.51.

Понеделник — 17. октомври
2. ЕДИНСТВЕН УЧИТЕЛ

а. На што се однесува пророштвото на Исаија за гласот на Исус (говор)? Исаија 42,2.

„Христовиот глас не се слушал на улица, во бучните расправии со оние кои се противеле на Неговото учење. Ниту Неговиот глас можел да се чуе во молитва упатена на Отецот на улица, како луѓето би можеле да ја чујат. Неговиот глас не се слушал ниту на радосните веселби. Неговиот глас никогаш не се издигал како би се фалел самиот себеси, или како би придобил пофалби и ласкања од луѓето. Кога бил преокупиран со проучување, Тој се повлекувал со своите ученици далеку од метежот и конфузијата во градовите на некое повлечено место кое било во согласност со поуките за понизност, побожност и доблест, кои сакал да ги втисне во нивниот ум. Тој ги избегнувал човечките пофалби и повеќе ја сакал осаменоста и спокојот од бучавата и метежот на смртниот и минлив живот. Неговиот глас можел да се чуе во сесрдните залагања пред Отецот; па сепак за оваа активност Тој би ја избрал осамената гора, и често поминувал цели ноќи во молитва за сила која е неопходна да им се спротивстави на искушенијата со кои требало да се сретне, и да ја исполни значајната задача со цел да го спаси човекот. Неговиот молби биле сериозни и измешани со силен плач и солзи. И без оглед на душевните напори за време на ноќта, Тој не престанал да ја извршува својата работа во текот на денот. Тој наутро тивко би го продолжил своето дело на милост и несебична добрина”. – The Spirit of Prophecy, vol. 2, pp. 30, 31.

„Начинот на кој Спасителот им се обраќал на луѓето во голема мерка се разликувал од настапот на тогашните вероучители. Во неговиот живот никогаш не се слушнала бучна расправа, ниту наметлива молитва, не е запазена ниедна постапка чија цел би била да предизвика восхитување кај луѓето. Месијата требало да биде скриен во Бога, а Бог да биде откриен во карактерот на својот Син”.
— Пророци и цареви, 472.

б. Оние кои ги слушнале зборовите на Исуса, што кажале за неговиот начинот на зборување? Јован 7,46.

„Исус е нашиот пример. Неговиот глас, додека им се обраќал на луѓето, бил милозвучен, и никогаш не зборувал со повишен тон. Никогаш во своето излагање не зборувал толку брзо и зборовите да прескокнуваат едни врз други и да не можат да се разберат. Тој јасно го изговарал секој збор”. – The Review and Herald, March 5, 1895.

„(Учениците во горната соба) ги набљудувале рацете и нозете повредени со грубите клинови. Го препознале Неговиот глас кој не бил сличен на ниеден друг што кога и да е го чуле”.
— Копнежот на вековите, 696.

Вторник — 18. октомври
3. ДА ДОПРЕМЕ ДО ДРУГИТЕ

а. Што Исаија пророкувал за Исуса? Исаија 42,3. Што опфаќало Божјото дело? Јован 10,16; Матеј 12,20.21.

„Црквата не била соодветно едуцирана да работи надвор од сопствениот народ. Многу души надвор од црквата можеле да бидат просветлени со вистината, и тоа би внело многу поголема светлина во црквата, ако секој член кој тврдел дека има особена светлина би работел со срце, душа и зборови во придобивање на душите за вистината. Сѐ во се, членовите на црквата премногу малку направиле за оние кои имаат потреба од светлина, за оние кои се надвор од црквата на Адвентистите на Седмиот Ден… Бог на секоја душа и одредил должност. На судот никој нема да може да се оправда затоа што не ја извршил својата должност”. – Сведоштво за проповедници, 127.128.

„За Исусовото срце самото присуство на неволја претставувало повик за помош. Сиромашните, болните, осамените, отфрлените, обесхрабрените, паднатите со духот, во Него пронаоѓале сочувствителен Спасител, моќен Исцелител… Христос ги поистоветувал своите интереси со интересите на луѓето што страдаат и Тој ни порачува дека сѐ што правиме за да ги олесниме страдањата на напатените, тоа го правиме за Него”.
— Medical Ministry, p. 121.

б. Со каква цел Исус дошол на овој свет? Јован 3,17. Што покажува Неговото трпение кон грешниците?

„Сепак, кога им се придружил на учениците, Јуда не бил нечувствителен кон убавината на Христовиот карактер. Го чувствувал влијанието на таа божествена сила што ги привлекувала душите кон Спасителот. Тој, кој не дошол да докрши напукната трска ниту да угаси ‘фитилче што тлее’, нема да ја одбие оваа душа додека макар и една желба да е насочена кон светлината. Спасителот го читал срцето на Јуда; Тој ја знаел длабината на гревот на кој ќе му подлегне Јуда ако не го ослободи Божјата милост. Поврзувајќи го овој човек со себе, Тој го поставил таму каде што постојано ќе биде во допир со изворот на неговата несебична љубов. Кога би му го отворил срцето на Христа, божествената милост би го истерала демонот на себичноста, па дури и Јуда би можел да стане учесник во Божјоото царство”. – Копнежот на вековите, 243.244.

„Исус копнеел за неговата (Јуда) душа. За него чувствувал ист товар како и за Ерусалим кога плачел над овој град осуден на уништување. Неговото срце плачело: ‘Како да те дадам’? Силата на таа љубов ја почувствувал и Јуда”.
— Копнежот на вековите, 563.

Среда — 19. октомври
4. ВЕРЕН ПОМОШНИК

а. Каков бил Исусовиот став кон тешките ситуации, и како овој пример може да ни биде од помош? Исаија 42,4.

„(Исус) се спуштил до самата длабочината на човечката беда и јад, за човекот таков каков што е: извалкан со изопаченост, унижен со порок, изопачен од гревот, и обединет со сатаната во отпадот да го издигне кон себе да седне на Неговиот престол. Но, за Него е напишано дека ‘нема да ослабне, ниту ќе изнемошти’, и тој одел по патот на самоодрекување и самопожртвуваност, давајќи ни пример како треба да Го следиме во Неговите чекори. Ние треба да работиме како што тоа го правел Исус, запоставувајќи ги сопствените задоволства, одвраќајќи се од поткупот на сатаната, презирајќи ја леноста, и плашејќи се од себичноста, како би спасиле она што е изгубено, доведувајќи ја душата од темнината кон светлината, кон сончевата светлина на Божјата љубов. Ние сме овластени да одиме и да го проповедаме Евангелието на секое создание. Ние треба на изгубените да им ја однесеме веста дека Христос може да ги прости гревовите, да ја обнови човечката природа, да ја облече душата во облеките на Неговата правда, да го доведе грешникот во состојба каде може да го разбере Христовиот ум, и да го поучи и оспособи да биде Божји соработник”.
— Fundamentals of Christian Education, p. 199.

б. Каква гаранција имаат сите оние кои сакаат да работат за Бога во нивниот делокруг? Исаија 40,30.31.

„Прекрасни се можностите кои им се нудат на младите да ги сфатат гаранциите во Божјото Слово. Човечкиот ум едвај може да има претстава за духовните достигања до кои секое младо битие може да се издигне ако стане учесник во божествената природа. Исправајќи ги своите грешки и стекнувајќи победи, тие секој ден можат да растат во мудроста додека не станат силни мажи и жени во Христа…

Човек кој се надева на Господа во Него наоѓа своја сила, и доволно е силен да се одржи под најголем притисок. Сепак, кога срдечно е замолен, тој лесно застанува на страната на милоста и сожалувањето, бидејќи тоа е страната на Христа.

Оној кој целосно ќе се потчини и предаде на Бога подготвен е да ја твори Неговата волја. Тој совесно и понизно се обидува да дознае која е Божјата волја. Тој ја прифаќа дисциплината, и не се осудува да се раководи само со своето ограничено расудување. Тој комуницира со Бога, и разговара само за она што е небесно. Поврзувајќи се со Вечниот, човекот станува учесник во божествената природа. Врз него стрелите на злото немаат ефект, бидејќи тој е облечен со оклопот на Христовата правда”.
— Мојот живот денес, 302.

Четврток — 20. октомври
5. КОЛКУ Е МОЌЕН БОГ КОМУ НИЕ МУ СЛУЖИМЕ!

а. Што ни кажува Исаија за Божјата моќ? Исаија 40,26-29.

„Во песната на птиците, во повивањето на дрвјата, во музиката на морињата сѐ уште можеме да го чуеме Неговиот глас, гласот на Оној кој разговарал со Адама во Едем ‘кога пиркаше ветерче’. Кога ја набљудуваме Неговата сила во природата наоѓаме утеха, зашто Речта што создала сѐ е таа што ѝ дава живот на душата. Тој ‘Кој рече светлина да засвети од темнината, Тој засвети во нашите срца, за да ги осветли со познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа’ (2 Коринтјаните 4,6)”. – Копнежот на вековите, 232.

„И ѕвездите имаат радосна порака за секое човечко суштество. Во часовите што доаѓаат на сите, кога срцето е слабо, а искушението болно притиска; кога пречките изгледаат непремостливи, животните цели недостижни, Неговиот објективни ветувања како Содомски јаболка; каде тогаш би можело да се пронајде повеќе храброст и истрајност отколку во пораката што Бог ни заповедал да ја научиме од ѕвездите и нивното спокојно движење?“
— Воспитување, 99.

б. Кога ќе ја земеме во предвид Божјата величина, што ќе бидеме наведени да направиме? 1 Самуил 12,24; Марко 5,19; Псалм 31,19.

„Дрвото во пустината е симбол на она што Бог сака да биде животот на Неговите деца на овој свет. Тие треба да ги водат уморните души, полни со немири, и се подготвени да умрат во пустината на гревот, кон живата вода”.
— Воспитување, 100.

Петок — 21. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можат христијаните – вклучувајќи ги и младите – да ги исполнат зборовите од Исаија 42,1 во секојдневниот живот?

2. Што го правело Христовиот начин на поучување така карактеристичен во овој свет?

3. Како можеме да го следиме Христовиот пример во помагање на оние ко се надвор од црквата?

4. Додека растеме во мудроста, што ќе правиме секој ден?

5. Што можеме да научиме од ѕвездите?

2016 • 4. Квартал

5. лекција – Гледајќи на Јагнето

Сабота 29. октомври, 2016.
„А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме”. – Исаија 53,5.
„Гледајте, о гледајте на крстот на Голгота; гледајте ја царската жртва како страда заради нас”.
— That I May Know Him, p. 65.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 217-234.

Недела — 23. октомври
1. ГОВОРОТ НА УЧИТЕЛИТЕ

а. Како можеме да им зборуваме на другите како што тоа го правел Исус? Исаија 50,4.5.

„Ние сме по природа себични и самоволни. Но кога ќе ги научиме поуките што Христос сака да нѐ научи, ние стануваме соучесници во Неговата природа; понатака живееме Негов живот. Прекрасниот Христов пример, неспоредливата нежност со која ги освојувал чувствата на луѓето, плачејќи со оние што плачат, радувајќи се со оние што се радуваат, треба да остави длабоко влијание врз карактерот на сите оние што го следат во искреноста…

Насекаде околу нас има напатени души. Нив можеме да ги најдеме насекаде. Затоа да ги побараме тие страдалници и во вистинско време да им упатиме зборови што ќе ги утешат нивните срца. Секогаш да бидеме канали преку кои ќе течат освежувачките води на сочувство.

Доаѓајќи во допир со луѓето, секогаш треба да запомниме дека во искуството на другите постојат затворени поглавја од очите на смртниците. На страниците на нивното сеќавање се наоѓаат тажни приказни што се кријат од очите на љубопитните. Таму се регистрирани долги, тешки битки со тешките околности, можеби проблеми во семејниот живот, кои од ден на ден ја ослабнуваат храброста, самодовербата и верата. Душите, кои на својот животен пат мораат да водат тешка борба, можат да бидат зајакнати и охрабрени со мало внимание, кое нас нѐ чини само незначителен напор во љубовта кон ближните. За таквите, едно искрено и охрабрувачко стегање на раката, понекогаш вреди многу повеќе од злато или сребро. Љубезните зборови се добредојдени како насмевка на ангелите”.
— Здравје и среќа, 108.109.

Понеделник — 24. октомври
2. СЦЕНА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

а. Кои се некои од работите поради кои Христос страдал за нас? Зошто го правел тоа? Исаија 50,6; 52,13-15.

„Славниот Божјиот Син… морал да претрпи навреди, исмејување и срамна злоупотреба, додека ‘ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на секој човек, и видот Негов – повеќе, отколку на синовите човечки’ (Исаија 52,14).

„Кој може да ја сфати љубовта која овде е покажана? Војска од ангели со восхит и тага гледале како Оној кој бил Величество на небото и носел круна на славата, сега носи трнлив венец, како крвава жртва на разбеснетата толпа, распламтена од лудиот гнев на сатаната. Гледајте го трпеливиот Страдалник! На Неговата глава е трнлив венец. Од сите рани му тече крв. И сето тоа како последица на гревот! Само вечната љубов, која секогаш ќе остане тајна, можела да го одведе Христа да ја напушти небесната слава и почести и да дојде во овој грешен свет, каде ќе биде запоставен, презрен и отфрлен од страна на оние кои дошол да ги спаси и на крај да страда на крстот”. – 2 Сведоштво, 135.

„Гордоста и себичноста не можат да виреат во душата што ги одржува свежи сеќавањата на сцените од Голгота”.
— Копнежот на вековите, 577.

б. Како пророкот Исаија го прорекол Христовиот изглед? Исаија 53,2. Зошто мнозина биле одбиени од Неговиот едноставен изглед?

„Светските организации ги привлекуваат и заслепуваат сетилата, така што побожноста, стравот од Бога, верноста и лојалноста ја губат својата сила и човекот не може да се одржи. Христовиот понизен и скромен живот не изгледа воопшто привлечен. За многумина кои тврдат дека се синови и ќери Божји, Исус, Величеството на небото, е ‘Како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок во Него’”. – Те Adventist Home, p. 461.

„Пророштвото претскажало дека Христос ќе се појави како корен од сува земја (Исаија 53,2.3). Ова поглавје треба внимателно да се проучува. Тука Христос е прикажан како Божјо Јагне. Оние кои се издигаат во својата гордост и чиишто души се полни со суета, треба да ја гледаат оваа слика на својот Откупител и да се понижат во прав. Целата глава треба да се научи напамет. Под влијание на овие зборови ќе се покорат и ќе ја понижат душата која е извалкана од гревот на самовозвишување”.
— Те Youth’s Instructor, December 20, 1900.

Вторник — 25. октомври
3. ПРЕЗРЕН И ОТФРЛЕН

а. Како мнозина одговараат на Исусовата љубов? Исаија 53,3. Што Тој поднел заради нас? Исаија 53,4.5.

„Преку бесконечната жртва и неискажливото страдање, нашиот Откупител го ставил откупот на дофат на рацете. Престојувал во овој свет непочитуван и непознат, како би можел преку својата прекрасна милост и понижување да го издигне човекот да прими вечни почести и бесмртна радост во небесните дворови. За време на триесетте години од Неговиот живот на Земјата, Неговото срце го притискала незамислива болка. Патот од јаслите до Голгота бил во сенка на страдањето и тагата. Тој бил човек на болки и запознаен со тагата, а Неговото срце трпело душевна болка така што нема човечки јазик што може да ја опише. Навистина можел да каже: ‘Погледајте и видете има ли болка каква што е мојата болка’ (Плачот на Еремија 1,12). Го мразел гревот со совршена омраза, но сепак на својата душа ги понел гревовите на целиот свет. Бил невин, но самиот се понудил како замена за престапот. Вината на секој грев ја притискала со сета своја тежина на божествената душа на Спасителот на светот. Лошите помисли, злите зборови и злоделата на секој син и ќерка на Адам навлекле на Него одмазда бидејќи станал човеков заменик. Иако вината за гревовите не му припаѓала Нему, Неговиот дух бил растргнат и изнаранет од престапите на луѓето, и Оној кој не знаел за грев, станал грев за нас, за да бидеме праведни пред Бога”. – Одбрани пораки 1, 322.

„Колку малку се оние кои имаат претстава за агонијата која го кинела срцето на Божјиот Син за време на триесет години од животот на земјата”. – Тhat I May Know Him, p. 66.

„Божјиот Син бил отфрлен и презрен поради нас. Можете ли, гледајќи на крстот, гледајќи ги со окото на верата Христовите страдања – да се жалите на вашите страдања и искушенија? Можете ли во срцето да негувате дух на одмазда кон своите непријатели, додека до вашето уво од Христовите бледи и треперливи усни допираат зборовите на молитва за Неговиот хулители и убијци: ‘Оче, прости им, зашто не знаат што прават’ (Лука 23,34).

Ние не смееме да отстапиме пред длабочините на понижувањето на кое Божјиот Син бил изложен како би нѐ подигнал од униженоста и ропството на гревот и не поставил од својата десна страна… Крајно е време да ги посветиме овие неколку преостанати часови на нашето време на проба како би ги измиле облеките на својот карактер и да ги избелиме во крвта на Јагнето, за да бидеме во друштво на оние кои ќе стојат облечени во бели облеки пред големиот бел престол “.
— Тhat I May Know Him, p. 65.

Среда — 26. октомври
4. ЖРТВА КОЈА НЕ СЕ ЖАЛИ

а. Што треба да научиме од начинот на кој Исус одговорил на малтретирањата врз Него во моментот на распнувањето? Исаија 53,6-9; 1 Петрово 2,19-24.

„Во понизност и каење ние треба да го заземеме местото кое ни доликува во подножјето на крстот. Додека, одејќи од Голгота и гледајќи на крстот, го посматраме Спасителот во агонија, Божјиот Син како умира, Праведниот за неправедните, најдобро можеме да ја научиме лекцијата за кротоста и понизноста. Да го посматраме Оној кој со еден збор можел да повика легиони на ангели да Му помогнат, како го поднесува потсмевот, навредите, подбивите и омразата. Тој се дал себеси како жртва за гревот. Кога го навредувале, Тој не им се заканувал; кога бил лажно обвинет, Тој не ја отворил својата уста. Тој се молел на крстот за своите убијци. Тој умирал за них. Тој ја платил неизмерната цена за секого од них. Тој не сакал да изгуби ниту еден кого го откупил по толку висока цена. Без ниту еден збор на противење трпел удари и ранувања. Таквата жртва која не се жали бил Божјиот Син. Неговиот престол е од века, и Неговото царство не ќе има крај”. – Тhat I May Know Him, p. 65.

„Во својата човечка природа Христос бил искушуван со многу посилни искушенија отколку човекот, со многу поголеми истрајни напори и енергија од страна на сатаната, со оглед дека Неговата природа била повозвишена од човечката. Ова е длабока таинствена вистина, дека Христос е врзан за човештвото со најнежно сочувство. Лошите помисли, злите зборови и злоделата на секој син и ќерка на Адам ја притискале Неговата божествена душа. Поради гревовите на луѓето, Него го очекувала одмазда, бидејќи Тој станал човекова замена и ги зел врз себе гревовите на светот”.
— Тhat I May Know Him, p. 66.

б. Која била целта на небото при Христовото воплотување? Исаија 53,10.

„Величество на небото не си угодувало себеси. Сѐ што правел било во интерес на спасување на човекот. Себичноста во сите свои форми била прекорена во Неговото присуство. Тој ја презел нашата природа за да страда наместо нас и го дал својот живот на жртва на гревот. Бил ранет и мачен за да го спаси човекот од несреќата што ја заслужил престапувајќи го Божјиот закон. Со светлина која блеска од крстот, Христос сака да ги привлече кај себе сите луѓе. Неговото благородно срце копнее за секој припадник на човечкиот род. Неговиот раце секогаш се раширени да ги примат сите и Тој ги повикува сите да дојдат кај Него. Неговиот живот на земјата бил живот на постојано самоодрекување и благонаклоност”.
— 4 Сведоштво, 322.323.

Четврток — 27. октомври
5. ХРАНА ЗА УМОТ

а. Што го инспирирало Христа да умре со толку срамна смрт? Исаија 53,11.12.

„Љубениот и за обожавање достоен Искупител… не умрел како херој во очите на светот, натоварен со почести кои им се укажуваат на луѓето во битка. Тој починал како осуден криминалец, обесен помеѓу небото и земјата – умирајќи долго со срамна смрт, изложен на сарказам и мизерни навреди на злото и незауздено мноштво…

Сето ова понижување, Величеството на небото го поднело поради вината на осудениот човек. Во своето понижување, Тој одел се подлабоко и подлабоко сѐ додека не се спуштил до најголемите длабочини до кои воопшто можел да допре, со цел да го подигне човекот од неговата морална униженост. Сето ова е за вас”.
— Тhat I May Know Him, p. 68.

б. На што треба оваа неверојатна понизност да нѐ наведе на размислување? Евреите 2,3.14.15.

„Колку да сте грешни и виновни, вие сте повикани, вие сте избрани. ‘Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас’ (Јаков 4,8). Ниту еден нема да биде принуден против својата волја да дојде кај Исус Христос. Величието на небото, единородниот Син на вистинскиот и жив Бог, го отворил патот да дојдете кај Него, давајќи го својот живот како жртва на крстот на Голгота. Но, иако Тој пострадал низ сето ова за вас, Тој е премногу чист и праведен да го гледа беззаконието. Но дури ниту тоа не треба да ве разделува од Него, бидејќи Тој вели: ‘Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание’ (Марко 2,17)”.
— Fundamentals of Christian Education, pp. 251, 252.

Петок — 28. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба да научиме со цел да бидеме од поголем благослов за другите?

2. Какво влијание ќе има врз нас ако напамет го научиме 53. поглавје од книгата на пророкот Исаија?

3. Доколку ги посматраме Исусовите страдања на крстот, што ќе бидеме во состојба да направиме?

4. Зошто Исус, освен кога се молел за своите непријатели, молчел додека висел на крстот?

5. Како можеме да ја покажеме нашата благодарност за она што Исус го направил за нас?

2016 • 4. Квартал

6. лекција – Споделување со нашите соседи

Сабота, 5. ноември, 2016.
„Не бојте се и не плашете се: нели одамна ти соопштив и претскажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга Карпа нема, Јас те познавам”. – Исаија 44,8.
„Ние треба лично да знаеме, а потоа и да бидеме во состојба да им кажеме на другите дека секое Божјо ветување е вистинито. Единствено ако изнесуваме директно сведоштво со збор и дело, ние можеме да бидеме сметани за вистински и верни сведоци за Христос”.
— The Review and Herald, July 7, 1903.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 248-256.

Недела — 30. октомври
1. ДОСЕГАЊЕ ДО НЕДОСТИГНАТИТЕ

а. Опишете го Божјиот план за неговите овци, кои се надвор од неговото стадо? Езекиел 34,12-14. Што на современиот Божји гласник му било наредено да каже за оваа потреба?

„Додека патував преку Југ на една конференција видов неколку необработени градови. Во што е проблемот? Проповедниците лебдат над црквите, кои ја познаваат вистината, додека илјадници пропаѓаат без Христа. Ако им се дадат соодветни упатства и ги следат соодветните методи, секој член на црквата би ја работел својата работа како член на телото. Тој би го извршувал христијанското мисионерско дело. Меѓутоа, црквите се на умирање, а тие и понатаму бараат проповедник да им проповеда. Тие треба да се научат да му го донесат верно десетокот на Бога, како Тој би можел да ги зајакне и благослови. Треба сериозно да се подготват за работата за на нив да дојде здивот на Бога. Тие треба да се научат дека ако тие не можат да издржат сами, без проповедник, тие треба одново да се обратат, и одново да се крстат. Тие треба да доживеат наново раѓање”. – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 1750.

„Светот треба да се предупреди. Проповедниците треба да работат сесрдно и совесно, влегувајќи во нови полиња и лично заземајќи се за спасение на душите, а не да престојуваат во црквите кои веќе примиле голема светлина и многу предности”.
— 7 Сведоштво, 199.

Понеделник — 31. октомври
2. ОСНАЖЕНИ СО СЛУЖБА

а. Која спасоносна светлина мора да допре до секој човек на земјата? Исаија 42,6; Марко 16,15. Како ние како верници и како поединци често ја запоставуваме оваа обврска, особено кога сме собрани во поголеми цркви?

„Христовиот налог мора да се изврши. Божјиот народ мора Нему да му ги посвети своите средства и своите способности. Верните војници на Христовиот крст не треба само да се улогорат, туку да го носат товарот на укорите и понижувањата и да одат по патеката на самоодрекување по која чекорел Откупителот.

Проповедниците кои лебдат над црквите, проповедајќи им на оние кои веќе ја познаваат вистината, би било подобро да одат во оние места кои сѐ уште се во темнина. Доколку тоа не го направат, и тие и нивните собранија ќе станат закржлавени. Нашата вера станала слаба и болна затоа што членовите на црквата ја напуштиле својата прва љубов. Тие можат да станат силни мажи и жени во Христа доколку се потчинат на Божјите упатства…

Светот пропаѓа во гревот. Колку долго ќе си дозволите себеси да бидете одвоени од големото сиромашно лозје на кое му е потребна вашата помош, кога историјата на овој свет е толку блиска до својот крај?“ – The Review and Herald, February 9, 1905.

„Постојат голем број на членови на нашите големи цркви кои не работат релативно ништо, а кои би можеле да постигнат добри резултати во работата, доколку, наместо да се групираат заедно, би се распрснале по оние места во кои вистината сѐ уште не се пробила”.
— The Review and Herald, November 26, 1914.

б. Што секој проповедник и член треба да има на ум? Исаија 43,11.

„Божјиот народ кој има светлина и знаење не ги исполнил високите и свети Божји цели. Тој не напредувал од победа во победа, освојувајќи нови територии, кревајќи го стандардот во градовите и предградијата. Големо духовно слепило ги опфатило оние, кои Господ ги осветил со толкава светлина; тие во таа светлина не напредувале постојано. Членовите на црквите не се охрабруваат да ги користат духовните нерви и мускули, во делото на напредување…

Во секоја црква треба да се избираат млади мажи и млади жени да носат одговорности. Тие мораат да ги вложуваат сите свои напори за да се оспособат да им помогнат на оние кои не ја познаваат вистината. Бог бара сесрдни работници кои работат со целото свое срце. Оние кои ќе бидат кротки и понизни, ќе увидат од лично искуство дека освен Него нема спасител”.
— 9 Сведоштво, 102.

Вторник — 1. ноември
3. ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА ЖЕДНИТЕ

а. Што ветува Бог дека ќе направи за оние кои настојуваат да ја извршуваат неговата волја со сето срце? Исаија 44,3.4.

„Ние сме поучени во Божјата реч дека ова е време, над сите останати, кога можеме да бараме светлина од небото. Сега треба да очекуваме освежување од присуството Господово. Треба внимателно да внимаваме на движењето на Божјото провидение како што Израелската војска внимавала ‘Кога ќе чуеш шум како кога минува некој по врвовите на црниците’ (2 Самуил 5,24) што било знак дека небото ќе работи за нив.

Бог не може да го прослави своето име преку својот народ додека тој се потпира на ‘човек и кој телото го смета за своја крепост’ (Еремија 17,5). Неговата сегашна слаба состојба ќе трае сѐ дотогаш додека не почне да го возвишува само Христа и додека, како Јован Крстител, не рече во понизност на своето срце: ‘Тој треба да расте, а јас да се смалувам’ (Јован 3,30). Наложено ми е на Божјиот народ да му ги пренесам овие зборови: Воздигајте го Него, човекот од Голгота. Сето човечко нека се повлече зад Него, за да можат сите да го видат Оној во кого се сконцентрирани сите нивни надежи на вечен живот’…

Изворот на живата вода им се отвора на жедните души. Бог вели: ‘зашто ќе излеам вода врз жедната земја, и потоци врз исушеното’ (Исаија 44,3). Светлината ќе им биде дадена само на оние души кои искрено бараат светлина и кои радосно го примаат секој зрак на божественото просветлување од Неговото Свето Слово. Преку тие души Бог ќе ја открие светлината и силата кои ќе ја осветлат целата земја со Неговата слава”.
— 5 Сведоштво, 502.

б. Опишете ја лудоста на овој свет кој се потпира на своите идоли. Исаија 44,9.14-17; 46,5-8. Која освежувачка вест овие идолопоклоници треба да ја слушнат? Исаија 44,22; Псалм 103,11-13.

„Бог копнее на оттргнатото човештво да му го вдахне духот на животот. И Тој нема да дозволи ниту една душа да биде разочарана која искрено копнее за нешто повисоко и поблагородно од она што светот може да понуди. Бог постојано ги испраќа своите ангели на оние кои, иако се опкружени во многу неповолни ситуации, упатуваат молитви со вера стремејќи да се потчинат на вишата сила која ќе им донесе спасение и мир. Бог ќе им се открие на разни начини и со своето провидение ќе ја зајакне нивната доверба во Оној кој се жртвувал за да ги искупи сите ‘да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди (Псалм 78,7)”.
— Пророци и цареви, 255.

Среда — 2. ноември
4. ПРОШИРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ГРАНИЦИ

а. Што Господ сака неговиот презрен и напуштен остаток да направи? Псалм 5,11; Исаија 54,1.

„Целото педесет и четврту поглавје од книгата на пророкот Исаија се однесува на Божјиот народ, и секоја поединост на ова пророштво ќе се исполни”.
— Коментари на библиските текстови, 332.

б. Објаснете го уверувањето дадено на оние кои ги отвораат своите срца и домови за другите? Исаија 54,2.3; Евреите 13,1.2.

„Бог ми даде една вест за Неговиот народ. Тој мора да се пробуди, да ги рашири своите шатори и да ги прошири своите граници. Вите сте купени по скапа цена, браќа и сестри, и сѐ што имате и што сте, мора да се искористи на Божја слава и за добро на вашите ближни. Христос умре на крстот за да го спаси светот од пропаста во грев. Тој ве повикува да соработувате со Него во ова дело. Вие треба да бидете Негова рака помошничка. Со сесрдни и неуморни напори треба да настојувате да ги спасите изгубените. Имајте на ум дека поради вашите гревови крстот беше неопходен. Кога сте го прифатиле Христа како свој Спасител, сте дале завет дека заедно со Него ќе го понесете крстот. Вие сте врзани со Него на живот и смрт и претставувате дел од големиот план на откупување.

Преобразувачката сила на Христовата благодат го преобразува човекот кој ќе се посвети на Божјата служба. Исполнет со Духот на Спасителот, тој е подготвен да се одрече од себе, подготвен да го понесе крстот, подготвен на секаква жртва за Учителот. Тој повеќе не може да биде рамнодушен кон душите кои гинат околу него. Тој е воздигнат над сопствените интереси. Тој станал нов човек во Христа и во неговиот живот нема веќе место за себичност”.
— 7 Сведоштво, 5.

в. Кои чудесни ветувања се поврзани со овој вид на мисионерска работа? Исаија 54,4.5.10.17.

„Со својата сигурна и семоќна рака Бог ја прифаќа секоја душа која ќе му се обрати за помош, колку и да е таа душа слаба и беспомошна. Сите богатства на овој свет можат да пропаднат, но душата која живее за Бога, која не се колеба кога е изложена на ударите на напад и осуда, ниту се изопачува кога е пофалена, ќе остане засекогаш со Него”.
— 4 Сведоштво, 251.

Четврток — 3. ноември
5. ВЕТУВАЧКИ МОЖНОСТИ КОИ ПРЕТСТОЈАТ

а. Што Бог сака да бидеме за оние кои се наоѓаат околу нас, и какви уверувања можат да се најдат за оние кои ќе се прифатат за тоа дело? 2 Летописи 16,9; Исаија 11,10-13; 57,13.14.

„Групите мисионери во незнабожечките земји, пророкот ги споредува со знаме поставено како патоказ за оние кои ја бараат светлината на вистината…

Денот на ослободување е на дофат на раката… Меѓу сите народи, колена и јазици, Господ ги гледа мажите и жените кои се молат за светлина и знаење. Нивните души се незадоволни; долго тие се хранеле со пепел (Види: Исаија 44,20). Непријателот на секоја правда ги одвлекол настрана и тие опипуваат како слепци. Меѓутоа, тие се искрени во срцето и сакаат да го познаат подобриот пат. Иако се наоѓале во длабочините на незнабоштвото и не го познаваат напишаниот Божји закон, ниту Неговиот Син Исус, кај них сепак многукратно се покажува делувањето на Божјата сила врз умот и карактерот.

Понекогаш оние кои немаат познавање за Бога, освен она стекнато под дејство на Божјата благодат, биле љубезни кон Неговите слуги, заштитувајќи ги по цена на својот живот. Светиот Дух ја всадува Христовата благодат во срцата на мнозина благородни трагачи по вистината, оживувајќи ги навиките спротивни на поранешното воспитување”. – Пророци и цареви, 254.

„’Господ испраќа порака, ‘Отстранете го каменот на сопнување од патот на мојот народ’. Треба да се вложат искрени напори за да се оневозможи влијанието кое ја попречува пораката за ова време. Една свечена задача треба да се изврши во краток временски период”.
— Коментари на библиските текстови, 332.

Петок — 4. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Ако навистина сме обратени, што треба да бидеме подготвени да направиме во нашите цркви?

2. Објаснете го недостатокот на големите цркви.

3. На кого единствено ќе му биде дадена светлина, и што ќе направи со таа светлина?

4. На кој начин можам да го ‘проширам’ мојот ‘шатор’ за Господа?

5. Кои чекори можеме да ги преземеме за да им помогнеме на оние кои како слепиот човек трагаат по светлина?

2016 • 4. Квартал

7. лекција – Борбата на остатокот

Сабота, 12. ноември, 2016
„Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на луѓето, ниту стравувајте од нивните навреди”. – Исаија 51,7.
„Божјиот закон ќе биде целосно оправдан. Тогаш ќе се види дека Бог во сите свои постапки со бунтот секогаш ги имал во предвид вечното добро на својот народ и доброто на сите светови што Тој ги создал”.
— Патријарси и пророци, 348.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мисли од гората, 83.84. Одбрани пораки 1, 121-143.

Недела — 6. ноември
1. ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА ПРАВЕДНИТЕ

а. Во времето на Исаија, какви настани се развивале во Јуда за време на владеењето на царот Манасија? 2 Цареви 21,16; 2 Летописи 33,9-11.

„Царството на Јуда… повторно паднало ниско во текот на долгите години на безбожното владеење на Манасија, кога паганството повторно оживеало, и мнозина од народот повторно потонале во идолопоклонство… Славната светлина на поранешните генерации ја заменила темнина на суеверие и заблуда. Се појавиле и рашириле големи зла: тиранија, угнетување и омраза на сѐ што е добро. Правдата била изопачена; насилството преовладувало.

Сепак, и тие тешки времиња не биле без Божји сведоци и правда. Тешките искуства низ кои Јудиното царство поминало во периодот на владеењето на Езекија, во срцата на мнозина развило цврстина на карактерот, која сега служела како бедем против општото беззаконие. Нивното сведоштво во корист на вистината и правдата предизвикало гнев кај Манасија и неговите соработници кои биле на власт, и кои настојувале да се утврдат во зло, замолкнувајќи го секој глас на негодување. (2 Цареви 21,6).

Меѓу првите паднал Исаија, кој повеќе од половина век стоел пред Јуда како избран гласник на Јехова”.
— Пророци и цареви, 259.

Понеделник — 7. ноември
2. ГОСПОД СЕМОЌНИОТ СПАСУВА

а. Што сите ние треба да научиме од покајанието на Манасија? 2 Летописи 33,12.13; 2 Петрово 3,9.

„Во случајот на Манасија, Господ ни дава пример за начинот на кој Тој постапува со луѓето (2 Летописи 33,9-13).

Господ преку пророкот често му се обраќал на својот народ со зборови на опомена и укор. Тој им се откривал во својата милост, љубов и добрина. Својот отпаднички народ Тој не го препуштал на волјата на непријателот, току долго и трпеливо го поднесувал, дури и за време на нивното упорно отпадништво. Но, по залудно упатените повици, Тој подготвил прачка за казнување. Каква сомилост и љубов Бог покажувал кон својот народ! Оние кои ги попречувале Неговите намери, Господ можел да ги уништи во нивните гревови, но Тој не го сторил тоа. Неговата рака сѐ уште е испружена. Ние имаме причини да му бидеме благодарни на Бога што не го повлекол својот Дух од оние кои одбиле да одат по Неговиот пат”.
— Коментари на библиските текстови, 222.

б. Откако Бог го искористил Вавилон за да го казни отпаднатиот Израел, а потоа ја користел Медо-Персија да го уништи Вавилон, кое ветување Бог го дал во поглед на ослободувањето на својот народ по истекот на казнениот период? Исаија 44,24.28; 45,1-6.13.

„Повеќе од еден век пред раѓањето на Кир, Вдахновението го спомнува по име и го запишало делото кое ќе го изврши при ненадејното заземање на градот Вавилон, и во подготовката за патот за ослободување на децата од заробеништво. Преку Исаија биле изговорени зборовите: (Исаија 45,1-3)”.
— Пророци и цареви, 375.

в. Како се исполнило ова пророштво? Ездра 1,1-4; 6,3-5. На кој принцип овој факт треба да нѐ потсетува? Броеви 11,23.

„Господ располага со ресурси. Неговата рака е на кормилото. Кога дошло времето Неговиот храм повторно да биде изграден, Тој го покренал Кир, како свое орудие да го распознае пророштвото кое се однесувало токму на него, и на Еврејскиот народ да му даде слобода”.
— Коментари на библиските текстови, 400.

Вторник — 8. ноември
3. ВИСТИНСКА РЕФОРМАЦИЈА КОЈА ТРАЕ

а. Која духовна обнова пророкувана дека ќе се спроведе во нашите денови е претставена со обновата во времето на Неемија? Исаија 61,4; 58,12.13.

„Духовната обнова, симболично претставена во делото остварено во времето на Неемија, опишана е кај пророкот Исаија: (Исаија 61,4; 58,12).

Пророкот со овие зборови го опишува народот кој, во времето на општ отпад од вистината и правдата, се труди да ги обнови начелата кои се темел на Божјото царство. Тој народ обновува урнатини направени во Божјиот закон – ѕидови кои Тој ги подигнал за да ги заштити своите избраници, и послушноста на прописите на правдата, вистината и чистотата ќе биде вечна заштита.

Пророкот со недвосмислени зборови укажува на специфичната задача на остатокот кој го гради ѕидот. ‘Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш, тогаш ќе имаш радост во Господ, а Јас ќе те искачам на височини земни и ќе ти дадам да вкусиш од наследството на Јаков, твојот татко: устата на Господ го изрече тоа’ (Исаија 58,13.14).

Во времето на крајот секоја божествена институција ќе биде обновена. Повредата направена во законот во времето кога човекот ја променил саботата ќе биде поправена”.
— Пророци и цареви, 459.460.

б. Зошто е толку значајно да се има добар темел во делото на реформацијата? Псалм 11,3. Како ова се однесува на нашата работа денес додека се подготвуваме за враќањето на нашиот Господ? Матеј 3,9.10; 17,11.

„Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и дека саботата од четвртата заповед, мора да стои како постојан спомен на создавањето, постојан потсетник на Божјата сила. Тој треба со јасни и разбирливи зборови да укаже на обврската на потребата од послушност кон сите прописи на Декалогот. Поттикнат од Христовата љубов тој мора да соработува со Него, во градењето на урнатини. Тој треба да биде ‘обновител на урнатини, градител на патишта за населби’ (Исаија 58,12)”.
— Пророци и цареви, 460.

Среда — 9. ноември
4. НАПРЕДУВАЊЕ

а. Колку понизни треба да бидеме во работата за другите? Лука 17,10; Галатјаните 6,1; Исаија 51,1.

„Народот треба да го водиме трпеливо и постепено, имајќи ја на ум ‘длабоката јама од која сме извадени’”.
— 3 Сведоштво, 15.

б. Кои ветувања упатени на Аврамовите духовни деца се однесуваат на нас денес? Исаија 51,2.3; Галатјаните 3,28.29.

„Пред Божјиот народ се наоѓа силно дело, дело кое постојано мора да напредува, да станува сѐ поистакнато. Мораат многу повеќе да се прошират нашите напори во полето на мисионството…

Лозјето го вклучува целиот свет, и секој негов дел мора да биде обработен. Постојат места кои денес претставуваат морална пустина и тие треба да станат како Господова градина. Потребно е да се обработат пустите делови на земјата, за да можат да пупат и да процветаат како роза. Луѓето, вдахновени со Светиот Дух, треба да обработуваат нови полиња. Мораат да се основаат нови цркви, да се организираат нови собранија. Во ова време, претставниците на сегашната вистина треба да бидат во секој град и во најоддалечените краеви на земјата. Целата земја треба да биде осветлена со славата на Божјата вистина. Светлината треба да блеска во сите земји и меѓу сите народи, и таа треба да се шири преку оние кои ја примиле. Ѕвездата Деница се родила во нашите срца и со нејзината светлина ние треба да го осветлиме патот на оние кои се наоѓаат во темнина.

Кризата е пред нас. Со силата на Светиот Дух мораме сега да ги прокламираме големите вистини за овие последни денови. За кратко време сите ќе го слушнат предупредувањето и ќе донесат своја одлука. Тогаш ќе дојде крајот.

Суштината на секоја вистинска вера се состои во тоа да се направат вистински работи во право време. Бог е големиот главен работник, кој со своето провидение подготвува пат по кој ќе се оствари Неговото дело. Тој создава прилики и отвора патишта на влијание и канали на делување. Ако Неговиот народ внимава на знаците на Неговото провидение и ако е подготвен да соработува со Него, ќе види како се остварува големо дело… . Нашето дело е дело на реформирање и Божја намера е тоа со своето совршенство во сите насоки да биде поука за народот”.
— 6 Сведоштво, 15.16.

Четврток — 10. ноември
5. ДА НЕ БИДЕМЕ ЗАВЕДЕНИ НА ПОГРЕШЕН ПАТ

а. Што се случува кога луѓето ќе го отфрлат Божјото Слово со цел да ја промовираат сопствената агенда (дневен ред)? Исаија 50,11; Јован 12,48; 2 Солунјаните 2,11.

„Господ ми покажа дека оние кои до извесна мера биле заслепени од непријателот, а кои целосно не се ослободиле од стапиците на сатаната, се наоѓале во голема опасност, бидејќи не можат да ја разликуваат светлината од небото, и ќе бидат наклонети да ја прифатат лагата. Тоа ќе има влијание на општиот правец на нивните мисли, нивните одлуки, нивните предлози и совети. Најочигледните докази кои Бог ги дал за нив не се докази, бидејќи ги заслепиле своите очи избирајќи ја темнината повеќе од светлината. Тогаш тие ќе создаваат нешто ново кое го нарекуваат светлина, која Господ ја нарекува искри кои сами ги запалиле, кои ќе ги насочат нивните чекори”.

„Од страна на мнозина, зборовите што Господ ги испраќа ќе бидат отфрлени, а зборовите кои човекот може да ги каже ќе бидат примени како светлина и вистина. Човечката мудрост ќе ги води подалеку од самоодрекувањето, од посветувањето и ќе осмисли многу работи кои имаат тенденција Божјите пораки да немаат никаков ефект. Ние не можеме безбедно да се потпреме на луѓе кои не се тесно поврзани со Бога”.
— Коментари на библиските текстови, 329.330.

б. Кои клучни точки треба да ги имаме во предвид во ова дело? 1 Коринтјаните 14,8.

„Нека црквите се подигнат и покајат поради своето отпадништво од Бога. Нека стражарите се разбудат и да и дадат на трубата јасен звук”.
— Одбрани пораки 1, 126.

Петок — 11. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Колку длабоко царот Манасија потонал во понорот на беззаконието?

2. Наведете примери кои најдобро го откриваат огромното трпение на нашиот Спасител?

3. Мнозина тврдат дека се реформатори, но на што Бог ја темели вистинската реформа?

4. Која е најважната задача на која мораме денес да се посветиме?

5. Наведете ги проблемите кои ги наведуваат луѓето да застранат од вистината.

2016 • 4. Квартал

8. лекција – Соработка со небото

Сабота, 19. ноември, 2016.
„Зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: „Не плаши се, Јас ти помагам”. – Исаија 41,13.
„Ако Спасителот живее во нас, Неговата сила станува наша своина. Вистината станува наш капитал во трговијата. Тогаш во животот нема да се види неправедност. Ние сме во состојба да зборуваме благородни зборови на надеж на оние кои не ја познаваат вистината. Христовото присуство во срцето е моќ која дава живот, која го зајакнува целото битие”.
— 7 Сведоштво, 52.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 169-184.

Недела — 13. ноември
1. ЗБОРОВИ НА УТЕХА И ИСЦЕЛЕНИЕ

а. Која утешна порака до непокорната Јуда одекнува до нас денес во нашата желба да живееме за Бога и да го унапредиме Неговото дело? Исаија 41,10-14.

„Господ ветил дека своето име ќе го направи славно на земјата. Каква сила им ветил на сите кои во својата работа ќе соработуваат со небото! Трите најголеми сили во универзумот ветиле дека ќе работат со оние кои ќе настојуваат да ги спасат изгубените. Бог сака Неговиот народ да ја бара ветената помош за извршување на Неговото дело во светот”. – The Review and Herald, August 12, 1909.

„Да бидеме храбри и полни со надеж. Да се очајува во Божјата служба е грешно и неразумно. Тој ја знае секоја наша потреба. Тој ја има секоја сила. Тој може на своите слуги да им даде способност во мерка која ги задоволува нивните потреби. Неговата бескрајна љубов и сомилост се неисцрпни. Со својата величествена семожност Тој ги обединува нежноста и грижата на нежниот пастир. Не мораме да се плашиме дека Тој нема да ги исполни Своите ветувања. Тој е вечна вистина. Тој никогаш нема да го промени заветот што го направил со оние што Го љубат. Неговиот ветувања дадени на црквата стојат засекогаш. Тој ќе ја направи вечно издигната и радост на многу поколенија.

Проучете го четириесет и првото поглавје од книгата на пророкот Исаија и настојувајте да го сфатите неговото значење”.
— 8 Сведоштво, 28.

Понеделник — 14. ноември
2. ОХРАБРУВАЊЕ ВО НАШАТА МИСИЈА

а. Какво уверување имаме за Божјата љубов и заштита при извршувањето на нашата мисија, дури и во услови на искушенија? Исаија 43,1-6.

„Огнот на печката не треба да уништи, туку да прочисти, облагороди и посвети. Без искушенијата ни не ја чувствуваме толку нашата потреба за Бога и Неговата помош; и ќе станеме горди и самоволни. Според тие искушенија кои те снаоѓаат гледам дека окото Господово е над тебе и дека Тој настојува да те привлече кон себе. Лекарот не им е потребен на здравите, туку на ранетите и помошникот им е потребен на оние што се наоѓаат во речиси неиздржливо тешка положба. Обрати се кон тврдината. Научи ја оваа драгоцена поука: ‘Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно (Матеј 11,28-30)”.
— 8 Сведоштво, 97.98.

б. Кои поуки за соработка и охрабрување, дури и кај идолопоклониците можеме да ги примениме во нашата работа за Бога? Исаија 41,6.7.

„Ќе биде корисно за младите, како и за родителите и учителите, да ги проучуваат поуките за соработка кои се забележани во Светото писмо. Меѓу многуте описи треба да се запази изградбата на Светилиштето – симбол на градењето на карактерот – кога целиот народ се обединил, ‘сите кои срцето ги влечеше и душата ги поттикнуваше’ (Излез 35,21). Читајте како повратниците од ропство и покрај сиромаштијата, тешкотиите и опасностите, повторно ги подигнале ѕидините на Ерусалим, извршувајќи ја успешно оваа задача затоа што: ‘на народот му беше при срце да работи’ (Немија 4,6). Размислувајте за учеството на учениците во чудото на Спасителот за нахранување на мноштвото. Храната се умножила во Христовите раце, но учениците го примиле лебот и го давале на народот кој чекал.

‘Бидејќи сме делови еден на друг’. ‘Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат’ (Ефесјаните 4,25; 1 Петрово 4,10).

Зборовите кои се запишани за градителите на идоли во дамнешни времиња би можеле, со достојна цел, да ги земат како мото денешните градители на карактери: ‘Секој му помага на својот другар, и на својот брат му вели: „Храбро!“
— Воспитување, 254.255.

Вторник — 15. ноември
3. ВО СКЛАД СО НАШИОТ СОЗДАТЕЛ

а. Како псалмистот и Исаија ја опишуваат уникатноста на нашиот Создател? Псалм 72,18; Исаија 44,6-8; 45,11.12. На какво размислување тоа треба да нѐ наведе?

„Да имаме поголема доверба во нашиот Откупител. Не одвраќајте се од водите на Либан за да барате освежување на скршените резервоари, кои не можат да држат вода. Имајте вера во Бога. Ако со целосна доверба се потпирате на Бога, вашата победа ќе биде не само можна, туку и сигурна. Иако мноштво оди напред по погрешен пат, иако изгледите често изгледаат обесхрабрувачки, сепак ни можеме да имаме целосна сигурност во нашиот Водач; бидејќи ‘Јас Сум Бог’, Тој објавува, ‘и нема друг’ (Исаија 45,22). Тој е неограничен во моќта, способен е да ги спаси сите кои доаѓаат кај Него. Не постои друг во кого можеме со сигурност да се надеваме”.
— The Review and Herald, June 9, 1910.

б. Наместо да соработуваме со нашиот Создател во остварување на Неговите намери за нас, што ни често работиме? Исаија 45,9.10. Како Кир, незнабожечки цар, одговорил на Божјата намера која ја имал за него? Исаија 45,13.

„Ние веруваме на еден општ начин, но многу губиме бидејќи немаме целосна доверба во Бога, нашиот Создател. Кога можеме, без оглед на непријатните околности, со полна доверба да почиваме во Неговата љубов и својата заштита да ја наоѓаме во Него, мирно одморајќи во Неговата љубов, чувството на Неговата присутност ќе ни донесе длабока, спокојна радост. Ова искуство го добиваме со вера која нѐ оспособува да не се секираме, да не се грижиме, туку да зависиме од Сила која е бесконечна”. – Manuscript Releases 9, 289.

„Кога царот (Кир) ги видел зборовите кои претскажале, пред повеќе од сто години пред неговото раѓање за начинот на кој ќе биде освоен Вавилон; кога ја прочитал пораката упатена до него од страна на Владетелот на универзумот: ‘Јас сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене; Јас те наоружив, иако не Ме познаваше, за да дознаат од исток до запад дека нема друг освен Мене: Јас сум Господ, и нема друг’ – кога ги видел со свои очи изјавите на вечниот Бог: ‘Заради Јаков, Мојот слуга и Израел, Мојот избраник, Јас те нареков по име, те именував, иако ти не Ме познаваше’; кога го прочитал вдахновениот запис: ‘Јас го подигнав царот Кир во правда и ќе ги израмнам сите патишта негови. Тој ќе го изгради Мојот град и ќе ги отпушти заробените Мои не за откуп, ниту за дарови’; кога сето тоа го разбрал, срцето му било длабоко трогнато и тој одлучил да ја исполни својата мисија која небото му ја наменило (Исаија 45,5.6.4.13). Одлучил да ги пушти јудејските заробеници на слобода и да им помогне повторно да го изградат храмот на Јехова”.
— Пророци и цареви, 379.

Среда — 16. ноември
4. СИГУРНОСТА НА ЗБОРОТ БОЖЈИ

а. Кога сме во искушение да се посомневаме во сигурноста на Божјото Слово, што треба да се сетиме за Бога? Исаија 46,8-10.

„За ограничениот човечки ум не е можно целосно да го сфати карактерот или делата на Бесконечниот…

Врз основа на Неговото постапување со нас, ни можеме да ги сфатиме мотивите кои го поттикнуваат на тоа и да препознаеме дека безграничната љубов и милост се соединети со бесконечната моќ. Ние можеме да ги разбереме Неговите цели колку што е за наше добро да знаеме; но за сѐ што е над тоа мораме и понатаму да имаме доверба во моќта на Семоќниот, во љубовта и мудроста на Отецот, и Владетелот на сите…

Меѓутоа, Бог во Светото писмо ни дал доволно докази за нивниот божествен карактер, и ни не смееме да се сомневаме во Неговата реч затоа што не ги сфаќаме сите тајни на Неговото провидение…

Сѐ што Бог сметал дека е потребно да го открие мораме да го прифатиме потпирајќи се на авторитетот на Неговото Слово. Иако се изнесени само голи факти, без никакви објаснувања зошто или како се случило тоа; и иако ние не можеме да ги сфатиме потполно, треба да се задоволиме со тоа дека тоа е вистина, затоа што Бог тоа го кажал. Сите тешкотии лежат во слабоста и ограниченоста на човечкиот ум”. – 5 Сведоштво, 481.482.

„Во аналите на историјата на човештвото, подемот на народите, подемот и падот на царствата, навидум зависат од волјата и јунаштвото на луѓето. Се чини дека развојот на настаните во голема мерка е одреден од нивната сила, амбиција или каприц. Но, во Божјата Реч завесата е тргната на страна и ни, зад, над, и во сите игри и против-игри на човековите интереси, сила и страсти, ги гледаме орудијата на Семилостивиот кои тивко и трпеливо ги остваруваат намерите на Неговата волја”.
— Воспитување, 154.

б. Во Својата намера да го искористи Кир да ја избави Јуда од Вавилон, кое големо духовно избавување било обезбедено од страна на Бога, и преку кого тоа требало да дојде? Исаија 46,11-13.

„Со зборови и дело Месијата, за време на Неговата служба на земјата, требало на човештвото да му ја открие славата на Бог Отецот. Со секоја постапка на својот живот, со секој изговорен збор и со секое извршено чудо, Тој требало да му ја покаже нападнатото човештво бескрајната Божја љубов”.
— Пророци и цареви, 474.

Четврток — 17. ноември
5. БОЖЈИ ПОМОШНИЦИ

а. Кое основно искуство треба сите ние да го имаме, со цел да соработуваме со Бога во благословеното дело за спасување на душите? Псалм 51,10-13; 2 Коринтјаните 4,1-7. Зошто?

„Секој вистински ученик се раѓа за Божјото царство како мисионер. Оној што пие од водата станува извор на животот. Примателот станува давател. Христовата милост во душата е како извор в пустина што извира да ги освежи сите, и кај оние што се перед смрт да создаде желба да пијат од водата на животот”. – Копнежот на вековите, 153.

„Оној што ќе стане Божјо дете, треба отсега да се смета себеси за алка во синџирот што е спуштен за спасување на светот, да биде едно со Христа во Неговиот план на милоста и одејќи напред со Него, да го бара и спасува изгубеното”. – Здравје и среќа, 66.

„Дали толку длабоко ја вреднувате жртвата направена на Голгота, за да ги подредите сите свои интереси на делото на спасување на душите? Истата силна желба да се спсат грешниците која го карактеризирала животот на Спасителот треба да го карактеризира и животот на Неговиот вистински следбеник. Христијанинот не копнее да живее за себе. Тој наоѓа задоволство сѐ што има и сѐ што е да го посвети во служба на Господа. Тој се раководи со неискажаната желба да придобива души за Христа. Оние што не чувствуваат ваква желба, можеби е подобро да се загрижат за своето спасение. Нека се молат за дух на служба”. – 7 Сведоштво, 5.6.

„Самиот небесен Отец ни укажал на делото кое треба да го извршиме. Мораме да ги земеме своите Библии и да излеземе да го предупредиме светот. Ние сме на Бога помагачи во спасување на душите – канали по кои Неговата љубов од ден во ден се излева на оние кои пропаѓаат”.
— 9 Сведоштво, 110.

Петок — 18. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Спомнете некои од начините за унапредување на Божјото дело преку нашата заедничка соработка?

2. Што треба да имаме на ум кога се соочуваме со жестоки искушенија и тешкотии?

3. Ако се одмараме во Божјата љубов и во целост Му се посветиме на Него, што ни ќе добиеме?

4. Зошто пророштвата се толку корисни во поставувањето на темелите за верување во Бога?

5. Зошто евангелската ревност е прецизен мерач за вистинско обраќање?

2016 • 4. Квартал

9. лекција – Повикани да сведочиме

Сабота, 26. ноември, 2016.
„Колку се прекрасни врз горите нозете на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: „Твојот Бог царува”. – Исаија 52,7.
„Пренесувајќи ја примената милост на другите, стануваме учесници во неизмерните Божји благослови”.
— Те Review and Herald, February 25, 1909.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 7 Сведоштво, 9-24.

Недела — 20. ноември
1. ОЖИВУВАЊЕ НА НАШАТА ЉУБОВ КОН ВИСТИНАТА

а. Кога сме во искушение да го изгубиме времето на себични стремежи и безначајни работи, што треба да земеме во предвид? Исаија 55,6.7; Евреите 3,12.13.

„Браќа мои и сестри, барајте го Господа додека може да се најде. Ќе дојде време кога оние што го трошеле своето време и ја пропуштиле приликата, ќе зажалат што не Го барале”.
— 9 Сведоштво, 78.

б. Зошто е важно сега да го проучуваме Божјото Слово? Амос 8,11.12. Каков ефект личното проучување на Библијата ќе има на нас? Јован 8,31.32; 17,17.

„Оние кои ја проучуваат Библијата, бараат совет од Бога, и се потпираат на Христа, ќе бидат во состојба да постапат мудро во секое време и во сите околности. Божјите начела ќе бидат прикажани во практичниот живот. Ако вистината за ова време срдечно се прифати и стане основа на карактерот, ќе произведе таква решителност на намерата и целите, така што привлечноста на задоволствата, променливоста на обичаите, презирот на луѓето кои го љубат светот и повиците на сопственото срце за самоугодување ќе бидат немоќни да влијаат на неа. Најпрвин мора да се просветли совеста, волјата мора да се потчини. Љубовта кон вистината и праведноста мора да владее во душата и на тој начин ќе се изгради карактерот кој небото може да го одобри”.
— 5 Сведоштво, 28.

Понеделник — 21. ноември
2. ОЖИВУВАЊЕ НА НАШАТА ЉУБОВ КОН ХРИСТА И ДРУГИТЕ

а. На што ќе нѐ нагони силната Христова љубов? 2 Коринтјаните 5,14.15.

„Ако Божјата љубов се наоѓа во срцето, таа неизбежно ќе биде откриена во нежната љубов кон другите. Ние го почитуваме Бога со нашите дела на милосрдие, покажување на грижно сочувство за несреќните. На вдовиците и сирачињата им е потребно повеќе од нашата милостина. Тие имаат потреба од грижа и внимание, зборови на сочувство, и подадена рака која ќе ги одведе таму каде можат да си помогнат самите на себе. Сите дела направени за оние на кои им е потребна помош се направени во Христа. Додека учиме како да им помогнеме на несреќните, треба да го проучуваме Исусовиот начин на работа. Тој не одбивал да работи за оние кои грешеле; Неговите дела на милост се извршени за секоја класа, и на праведните и на неправедните. Сите подеднакво ги лекувал и поучувал”.
— Те Signs of the Times, July 14, 1909.

б. Кога ќе ни недостасува овој мотив, кој повик на покајание мораме да го прифатиме, и зошто? Откровение 2,4.5.

„Мој брате, моја сестро, што правите за Христа? Дали се стремите да бидете благослов за другите? Дали вашите усни изговараат зборови на љубезност, сочувство и љубов? Дали вложувате искрени напори да ги придобиете другите за Спасителот?

Тоа е мистерија зошто денес нема стотици работници таму каде што сега има само еден. Небесниот универзум е зачуден заради незаинтересираноста, студенилото, рамнодушноста на оние кои тврдат дека се Божји деца. Делото е пред нас веќе со години, но мнозина заспале”.
— Те Review and Herald, August 7, 1913.

в. Како чинењето на ‘првите дела’ во мисионерските потфати може да ја подигне духовноста во црквата на повисоко ниво?

„Секое отстапување од вистинските мисионерски напори, секој неуспех да се негува мисионерски дух, се одразило на црквата, и водело до пад во духовноста. Но, секој искрен напор што е направен во мисионерската работа донел духовно здравје на црквата – не само зголемување на членството на црквата, туку и зголемувањето нејзината света ревност и радост”.
— Сведоштво за проповедници, 205.206.

Вторник — 22. ноември
3. РЕЗУЛТАТИ ВРЕДНИ НА ТРУДОТ

а. Кои охрабрувачки зборови ќе ја илустрираат благодарноста која оние што ја слушнале веста ќе ја имаат за оние кои им ја донеле пораката? Исаија 52,7.

„(Бог) сака да одржувате состаноци за тие што се надвор од црквата, за луѓето да дознаат за вистината и за последната порака на предупредување. Има места каде што од срце ќе бидете примени, каде што душите ќе ви бидат благодарни што сте отишле да им помогнете. Господ нека ви помогне да се прифатите за оваа работа како никогаш порано.

Да почнеме да работиме за оние кои не ја имаат светлината… Она што ни треба е жива вера, вера која над отворениот Јосифов гроб објавува дека имаме жив Спасител, кој ќе оди пред нас и ќе соработува со нас. Бог ќе ја врши работата, доколку ние му обезбедиме инструменти. Потребно е да се молиме многу повеќе и да имаме многу помалку неверување. Мораме сѐ повеќе и повеќе да го издигаме стандардот перед народот. Не смееме да заборавиме дека Христос секогаш е од десната страна кога им објавуваме слобода на заробениците, и им делиме леб на животот на гладните души. Ако ја задржиме перед нашите умови итноста и важноста на оваа работа, Божјото спасение јасно ќе ни се открие.

Бог нека ни помогне да го земеме сето духовно оружје и да работиме со нај сесрдна сериозност, со уверување дека душите на мажите и жените навистина се вредни за спасение. Да настојуваме наново да се обратиме”.
— 9 Сведоштво, 78.

б. Што може да се случи ако ги здружиме силите во овој голем потфат? Исаија 52,8.15.

„Господ го повикува својот народ да се вклучи во разни гранки во мисионерската работа. Оние кои се наоѓаат на патиштата и меѓу оградите треба да ја слушнат спасоносната вест на Евангелието. Членовите на црквата треба да се занимаваат со евангелска работа во домовите на оние свои пријатели и соседи кои сѐ уште не се потполно осведочени во вистината”. – Reflecting Christ, 202.

„Но ако ние вистината ја изнесуваме онаква каква што е во Исуса, ќе ја изнесуваме во духот на вистинскиот Воспитувач; и нема да застапуваме различни мислења, држејќи се упорно до своите идеи, туку ќе делуваме во целосна согласност”.
— Коментари на библиските текстови, 914.

Среда — 23. ноември
4. ОСЛУШУВАЈЌИ ГО ПОВИКОТ НА БУДЕЊЕ

а. Како апостол Павле го повторува повикот на Исаија на служба? Римјаните 10,13-15.

„(Христовиот) живот бил живот на несебична служба, и тој треба да ни биде учебник.

Луѓето немаат право да мислат дека постои ограничување во напорите кои тие треба да ги направат во делото на спасување на душите. Дали Христос некогаш се уморил во својата работа? Дали некогаш се повлекувал од жртвата и тешкотиите? Членовите на црквата треба да вложуваат континуирани, истрајни напори, како и Христос”.
— Те Review and Herald, August 7, 1913.

б. Дали треба да чекаме владин декрет или резолуција на Генералната Конференција за да се разбудиме? Ако не, зошто не? Римјаните 13,11-14; 1 Солунјаните 5,4-8.

„Целата земја треба да биде осветлена со славата на Божјата вистина. Господ нема да направи крај на времето на милоста сѐ додека пораката на предупредување не биде појасно објавена. На трубата мора да и се даде јасен звук. Божјиот закон треба да се возвиши, неговите барања треба да се претстават во нивниот вистински, свет карактер, за луѓето да можат да се одлучат за вистината или против неа…

Ти веќе долго време си чекал на величествените застрашувачки настани кои треба да се случат непосредно перед доаѓањето на Синот човечки на небесните облаци, со сила и голема слава. Сега јас те прашувам: дали си подготвен на трубата да и дадеш одреден звук? Дали сигурно знаеш дека си поврзан со Бога, дека живееш во светлината на Неговото лице? Кој чувствува од ден во ден дека припаѓа на големата заедница која го почитува Исуса исполнувајќи го Божјиот план за откуп на луѓето? Најдобар начин сопствените души да ги одржувате во Божјата љубов е да станете вредни работници за спасувањето на другите…

Целото небо, ако можам така да се изразам, нетрпеливо чека луѓето да соработуваат со небесните орудија во делото на спасување на душите (Исаија 52,7). Кој ќе стане и ќе светли бидејќи дојде неговата светлина, и Божјата слава го осветли? Кој се обединил со Господа во свет завет да стане канал за комуникација преку кого небесната светлина и милост ќе се пренесат на нашиот свет”.
— General Conference Daily Bulletin, January 28, 1893.

Четврток — 24. ноември
5. ВИСТИНСКО ПРИЗНАВАЊЕ

а. Какво признание ни е потребно додека времето на проба уште се задржува? Исаија 45,23; Римјаните 14,11; 10,9.10.

„Не губете време: признајте го Христа без одлагање. Светиот Дух, Утешителот, Духот на вистината кој сведочи за Христа. Исус им рече: ‘Но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сè до крајот на земјата’ (Дела 1,8). Страшно е да го жалостиме Светиот Дух кој ве прави Христов сведок. Вие не знаете кога за последен пат ќе го натажите Духот. Светиот Дух не делува на човечкото срце за да го присили да му се предаде на Христа, да го присили да ја покори својата совест; но (Духот) сјае во одаите на умот да ве осведочи за гревот, и да ве поттикне на праведност. Ако сега не го признаете Христа, ќе дојде време кога, обземени со чувство дека сте изгубени нешто големо, сепак ќе го признаете. Но, зошто да не го признаете Христа сега, додека гласот на милоста ве повикува?“
— Те Youth’s Instructor, August 1, 1895.

б. Кога ќе го признаеме Христа како извор на нашата сила и правда, каков ефект тоа ќе има врз нашите мисионерски напори? Исаија 45,24.25.

„На еден посебен начин вистината е прилагодена на потребите на секое човечко срце. Кога Божјите деца ќе ја сфатат Божјата способност да ги задоволи нивните потреби, тие ќе се обраќаат кон другите за да ги задоволат потребите на душите кои пропаѓаат во грев. Бог ќе ги прифати сите кои ќе покажат вера во Него и ќе станат извршители на Неговиот збор”.
— Те Review and Herald, August 12, 1909.

Петок — 25. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е важно за нас да знаеме што е вистина?

2. Што се случува со нашата духовност, ако пропуштиме да го работиме делото на мисионство?

3. Додека се трудиме веста за Христа да ја поделиме со другите, на кого треба прво да се фокусираме?

4. Каков пример ни оставил Христос во секојдневниот живот, и како можеме да го следиме?

5. Како моето лично признавање на Христа може да биде уште поефикасно сведоштво?

2016 • 4. Квартал

10. лекција – Допирање до душите

Сабота, 3. декември, 2016.
“Следната сабота се собра скоро целиот град да го слушне словото Божјо”. – Дела 13,44.
„Кроткиот дух, нежното, пријатно однесување, може да ги спаси залутаните и да покрие многу гревови”.
— Здравје и среќа, 166.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 7 Сведоштво, 25-41. 6 Сведоштво, 31-57.

Недела — 27. ноември
1. ПОРАКА ЗА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ

а. Кое дело за денешно време е претскажано во пророштвото на Исаија 56? Стихови 1,2.

„Пророкот Исаија претскажал реформа на саботата што ќе биде извршена во последните денови: (Исаија 56,1.2.6.7)”.
— Големата борба, 465.

б. На кој начин можеме најдобро да им сведочиме на оние кои живеат во големите градови? Лука 14,23.

„Наша задача е на целиот свет – на секој народ, племе, јазик, колено и раса – да му ги соопштиме спасоносните вистини на пораката на Третиот ангел. Меѓутоа, тешкиот проблем се состоеше во тоа како да допреме до народот кој живее во центрите со многубројни жители. Не ни е дозволен пристап до црквите. Во градовите големите сали се скапи, а во повеќето случаи и во најдобрите сали малкумина сакаат да дојдат. Оние кои нѐ не познаваат зборуваа против нас. Луѓето не ги сфаќаат причините за нашата вера и нѐ сметаат за фанатици кои во незнаење ја празнуваат саботата наместо неделата. Во својата работа бевме во недоумица како да ги пробиеме бариерите на световноста и предрасудите и да ја изложиме перед народот драгоцената вистина која за них е толку значајна. Господ нѐ поучи дека состанокот под шатор е еден од најважните орудија за остварување на ова дело”.
— 6 Сведоштво, 21.

Понеделник — 28. ноември
2. ДОПИРАЊЕ ДО ОНИЕ НАДВОР ОД НАШИТЕ КРУГОВИ

а. Што му е покажано на Исаија во врска со Божјиот план за драгоцените, искрени души надвор од закрилата на Христос? Исаија 56,3-5. Ккао ова можело да се види во проповедањето на апостолите? Дела 13,44.

„Евреите сѐ повеќе и повеќе се сметале себеси според божественото право посупериорни од сите други народи на земјата; но сепак, не биле внимателни да го одржат својот посебен и свет карактер кој се открива преку послушност на сите Божји заповеди. Сега пророкот изјавува дека странец кој ќе го сака и почитува Бога ќе ги ужива и привилегиите кои му припаѓале исклучиво на избраниот народ. До тогаш обрежувањето и строгото почитување на церемонијалниот закон биле услови за прифаќање на незнабошците во израелското општество; но со евангелието овие разлики требало да бидат укинати”.
— Те Signs of the Times, February 28, 1884.

б. На кои себични човечки склоности треба и ни и нашите семејства одредено да се спротивставиме? Агеј 1,4.

„Се грижиш и мислиш само за своето семејство и своите роднини, и никогаш не ти паднала на памет мислата да излезеш од овој тесен круг да бидеш активен и надвор од него. Ти го обожаваш своето семејство и се затвораш во него. Се грижиш само за да се спасиш себеси и своите. Мораш да се ослободиш од тој себичен дух ако сакаш да растеш во Господа и да напредуваш во духовен поглед, перед црквата да може да расте и кон неа да бидат придодадени душите на оние кои треба да се спасат”.
— 2 Сведоштво, 50.

в. Како можеме да ги избегнеме стапиците на групирање на луѓето на едно место? Лука 9,6.

„Колку градови има кои се сосема занемарени. Со собирањето во едно место нашиот народ си наштетува самиот на себе. Ако садниците во расадникот се премногу густи една до друга, тие не можат да растат и добро да се развиваат. Расадете ги садниците од вашиот густо засаден расадник. Бог не се прославува со тоа што толку многу предности ќе се натрупаат во едно место. Дадете им простор, расадете ги вашите садници во многу места, каде што еден нема да може да се потпира на друг. Дадете им простор да растат. Тоа Господ го бара од вас”.
— 8 Сведоштво, 115.

Вторник — 29. ноември
3. ВРСКАТА СО НАШИТЕ ВКУСОВИ И НАВИКИ

а. Кое прекрасно ветување им е дадено на новите верници? Исаија 56,6.7. Како ни треба да учествуваме во делот на ширење на вистината?

„На секоја црква ѝ е потребна управувачката сила на Светиот Дух, и сега е време да се молиме за тоа. Но, во целокупното свое дело за човекот, Бог предвидел човекот да соработува со Него. За таа цел Бог бара од црквата поголема побожност, поправилно чувство на должност и појасно сфаќање на своите обврски кон својот Творец. Тој бара од неа да сочинува еден чист, посветен, работен народ. Христијанското дело на пружање на помош е едно средство со кое тоа се постига, зашто Светиот Дух одржува врска со сите кои ја вршат Божјата служба…

Вложувајте редовни, организирани напори за да ги придвижите членовите на црквата од мртвата точка во која се наоѓаат со години. Испраќајте во црквата работници кои живеат според начелата на здравствена реформа и кои ја увидуваат потребата за самооткажување во поглед на апетитот, зашто во спротивен случај, тие ќе бидат стапица за црквата. Тогаш ќе видите дека во нашите цркви ќе влезе здивот на животот”.
— 6 Сведоштво, 198.

б. Од кои духовно заразни болести фарисеите заболеле и како ни можеме тоа да го избегнеме? Матеј 23,1-3; 7,24-29. Како нашите здравствени навики влијаат на нашето христијанско сведочење? Исаија 56,10-12; 1 Коринтјаните 9,26.27.

„Господ не е задоволен од отпаднатата состојба на Својот народ во поглед на здравствената реформа. Ако не се разбудат и не обрнат внимание на светлината на здравствената реформа, тие наскоро ќе пропуштат да ја согледаат важноста на другите фази од пораката”. – Spalding Magan Collection, p. 418.

„Ако членовите на црквата очекуваат сила, тие мораат да живеат според вистината коа Бог им ја дал. Ако членовите на нашите цркви ја занемарат светлината (за овој предмет), тие ќе пожнеат сигурни последици – духовна и телесна дегенерација. Влијанието на постарите членови ќе дејствува како квасец на новодојдените верници. Господ сега не работи за да приведе многу души кон вистината, поради членовите на црквата кои никогаш не се обратиле, како и поради оние кои еднаш се обратиле, а потоа повторно почнале да запаѓаат во поранешната состојба. Какво влијание можат да имаат на новите обратеници овие непосветени членови? Не ја чинат ли тие на тој начин неделотворна Божјата вест која треба да ја објавува Неговиот народ?“
— 6 Сведоштво, 277.

Среда — 30. ноември
4. НЕЖНОСТ КОН ОТПАДНИЦИТЕ

а. Опишете ја посебната грижа која Бог ја има за оние на кои таа им е најпотребна. Исаија 56,8.

„Секој кој вистински и искрено го сака Бога ќе ги љуби и душите за кои Христос умрел. Ако сакаме да им чиниме добро на луѓето, нашиот успех со них ќе биде во сооднос со нихното уверување дека ни ги цениме и дека имаме доверба во них. Почитувањето укажано на човечката душа која се бори е сигурен начин за обнова на изгубената самопочит преку Исуса Христа. Нашите напредни идеи за тоа што таа душа може да стане претставуваат за неа таква помош што ни тоа едноставно не можеме да го сфатиме. Нам секој час ни е потребна изобилна благодат од Бога; тогаш ќе имаме богато практично искуство, зашто Бог е љубов. Кој пребива во љубовта, пребива во Бога. Дајте им љубов на оние на кои љубовта им е најпотребна. На најнесреќните, на оние кои имаат незгоден темперамент, потребна им е нашата љубов, нашата нежност, нашата поддршка. На оние кои го искушуваат нашето трпение најмногу им е потребна нашата љубов. Ние само еднаш поминуваме на оваа земја; секое добро кое можеме да го направиме треба да го чиниме најискрено, неуморно, со истиот дух за кој е кажано дека Христос го имал додека ја извршувал својата мисија. Тој нема да има неуспех ниту ќе биде обесхрабрен. Грубиот, тврдоглав, мрзоволен темперамент е оној на кој помошта му е најпотребна. Како може да им се помогне? Само практикувајќи ја истата љубов во постапувањето со них која Христос ја открил на паднатиот човек. Можеби ќе кажете: однесувајте се кон них онака како што тие заслужуваат. Што би било кога Христос така би се однесувал кон нас? Кон Него, кој тоа не го заслужил, се постапувало онака како што ни заслужуваме. Сепак, кон нас Христос се однесува со милост и љубов која ни не ја заслуживме, туку Тој. Однесувајте се кон некои луѓе онака како што мислите дека тие тоа навистина го заслужуваат, и со тоа ќе ги лишите од последната нишка на надеж, ќе го расипете вашето влијание и ќе ја уништите душата. Дали ќе се исплати тоа? Не, јас велам не, сто пати не. Врзете ги овие души, на кои им е потребна сета помош која можете да им ја дадете, за срцето полно со љубов, сочувство и самопожртвување, од кое се излева љубов како Христовата, и со тоа ќе ја спасите душата од смрт и ќе покриете мноштво гревови”.
— Fundamentals of Christian Education, 281, 282.

б. Како можеме да работиме за отпадниците во нашите сопствени редови? Јаков 5,19.20.

„Има мнозина кои грешат и го чувствуваат својот срам и безумие. Тие гледаат на своите грешки и заблуди сѐ додека не паднат во очај. Ваквите души не треба да ги занемариме. Кога некој мора да плива против струјата, сета сила на струјата го влече назад. Тогаш подадете ја вашата рака кон него како што Постариот Брат ја подал раката на Петар, кој тонел. Обратете му се со зборови полни со надеж”.
— In Heavenly Places, 295.

Четврток — 1. декември
5. СЛЕДЕЈЌИ ГО ПРИМЕРОТ НА УЧИТЕЛОТ

а. Како Христовата служба полна со сочувство кон душите заболени од гревот може да се рефлектира и подржува во животот на неговите следбеници? Исаија 61,1-3.

„Христовата мисија била да ги исцелува болните, да ги охрабри безнадежните, за ги превие ранетите во срцето. Ова дело на обнова треба да се изврши меѓу неволните и напатените човечки души. Бог од нас не бара само благонаклоност, туку и ведрина на лицето, зборови на надеж, стисок на раката. Олеснете им ги маките на некои од несреќните Божји деца. Некои од нив се болни, и останале без надеж. Вратете им ја сончевата светлина. Постојат души кои изгубиле храброст; разговарајте со них, молете се за них. Постојат оние кои имаат потреба од лебот на животот, читајте им го Словото Божјо. Постојат болести на душата кои ниту еден мелем не може да ги ублажи, ниту еден лек да ги лекува. Молете се за них, и доведете ги пред Христа. Во секој наш потфат, Христос ќе биде присутен и ќе делува на срцата на луѓето”. – Call to Medical Evangelism and Health Education, p. 23.

„Ние не треба да одиме во Назарет, Капернаум, или Витанија, за да чекориме по Христовите стапки. Неговите стапки може да се најдат покрај болничките кревети, во колибите на сиромашните, во пренатрупаните улички на големите градови и на секое место накое им е потребна утеха на човечките срца.

Ние треба да ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, да ги утешиме оние што страдаат и се немоќни. Треба да им служиме на очајните, и да влееме надеж во срцата на безнадежните.

Христовата љубов, манифестирана во несебична служба, ќе има поголем ефект во реформирањето на злосторникот, отколку мечот или судот на правда. Сепак, и овие мерки се неопходни да влеат страв во престапниците на законот, иако еден љубезен мисионер може да стори повеќе од тоа. Често срцата кои се стврднуваат под укор ќе се стопи под влијание на Христовата љубов”.
— Здравје и среќа, 66.

Петок — 2. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била првобитната цел на организирање на состаноци во шатори, и зошто?

2. Зошто треба да покажеме интерес за новите души чии семејства не се во верата?

3. Како нашите лични здравствени навики се поврзани со нашиот успех во мисионерската работа?

4. Што се случува ако кон луѓето се однесуваме онака како тие заслужуваат? Како Исус се однесува кон нас?

5. Каде можеме да најдеме прилики за лично сведочење, како што тоа го правел Исус?

2016 • 4. Квартал

11. лекција – Истрајни мисионери

Сабота, 10. декември, 2016.
„Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои немате пари, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без пари и без плаќање”. – Исаија 55,1.
„Наскоро ќе наидат неволји во целиот свет. Затоа секој поединец мора да се стреми да го запознае Бога. Не смееме да губиме време. Со сериозност и со жар мораме да ја објавиме веста: (Исаија 55,1; 56,1)”.
— 9 Сведоштво, 171.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 385-389. 6 Сведоштво, 14-29.

Недела — 4. декември
1. ИСТРАЈНОСТ ВО ТЕШКОТИИ

а. Каква порака треба да им се пренесе на сите луѓе во денешно време, без оглед на тешките околности со кои можат да се соочат? Исаија 55,1.2. Зошто Бог дозволува искушенија да дојдат на црквата?

„Гласниците кои Бог ги испраќал во сите времиња биле изложени на исмевање и прогонства поради вистината. Меѓутоа, каде и да биде принуден Божјиот народ да оди, дури и ако биде прогонет на пусти острови како саканиот ученик, Христос ќе знае каде е тој, ќе го зајакне и благослови и ќе го исполни со мир и радост…

Божјата љубов кон Неговата црква е бесконечна. Тој никогаш не престанува да се грижи за своето наследство. Тој не дозволува на црквата да дојдат никакви неволји освен оние кои се неопходни за нејзино очистување, заради нејзиното сегашно и идно добро. Тој ќе ја прочисти својата црква како што го прочистил храмот на почетокот и на крајот на својата мисија на Земјата. Сите искушеније и неволји кои Тој ги допушта на црквата, имаат за цел Неговиот народ да добие уште подлабока побожност и повеќе сила, за веста за победата на крстот да ја пренесат низ сите делови на светот. Тој на секого му одредил задача. Делото мора постојано да се шири и напредува. Тоа мора да се проширува од град во град, од една земја во друга, и од народ до народ, да напредува постојано напред и нагоре; да фати сѐ поголем корен и да добива сѐ повеќе во сила”.
— 9 Сведоштво, 171.172.

Понеделник — 5. декември
2. СТАНИ, ЗАСВЕТИ!

а. Каква светлина треба да блесне во срцето на сите кои ќе ја чујат евангелската порака? 2 Коринтјаните 4,6. На кого и преку кого оваа светлина ќе блеска денес? Исаија 9,2; Филипјаните 2,15.

„Христос дошол во нашиот свет да го открие Бога во услови на густ мрак на заблудата и празноверието кое тогаш владеело. Неговите ученици треба да го претставуваат во својот секојдневен живот и тогаш вистинската светлина од небото со своите топли и животворни зраци ќе го осветли овој свет; на тој начин на светот ќе му се открие карактерот кој е сосема поинаков од карактерот на оние кои Божјата реч не ја направиле за свој водач и стандард. Познавањето на Бога мора да се чува во услови на мракот кој го покрива светот и густата темнина која ги обвиткува луѓето. Со векови оние, кои тврделе дека веруваат во Него и Неговата реч, погрешно го прикажувале чистиот и свет Христов карактер”.
— Сведоштво за проповедници, 152.

б. Колку далеку ќе се прошири знаењето за Христа и за неговата слава? Исаија 49,6.

в. Како ќе биде откриена Божјата слава во овие последни денови? Исаија 60,1.2; Матеј 5,16.

„Овој свет го обвива темнина на погрешни сфаќања за Бога. Луѓето изгубиле секаква претстава за Неговиот карактер. Тие погрешно го сфатиле и погрешно го протолкувале. Токму во тоа време треба да се објави божествената порака, порака што просветлува со своето влијание, порака што има спасоносна сила. Треба да се објави вистината за Божјиот карактер. Светлината на Неговата слава, светлината на Неговата добрина, милост и вистина, треба да ја растера темнината на овој свет”. – Христовите очигледни поуки, 355.

„Верниците во нашата црква (лаиците) можат да извршат едно дело кое одвај е започнато. Никој не треба да се сели во некое ново место само заради световна корист; но ако некаде се пружи прилика за пристоен живот, таму нека одат семејства кои се добро втемелени во вистината, едно или две семејства во едно место, и таму нека работат како мисионери… Можат да делат наши публикации, да одржуваат состаноци во своите домови, да се запознаваат со своите соседи и да ги повикуваат да дојдат на тие состаноци. Така тие можат да светлат во добри дела”.
— 8 Сведоштво, 192.

Вторник — 6. декември
3. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА СО СЛАВА!

а. Како Бог го опишува последниот голем мисионерски потфат? Откровение 18,1-4. Зошто ова дело не може да се изврши преку посредник?

„Бог испраќал порака по порака за да го разбуди нашиот народ да направи нешто, и тоа веднаш. Но на повикот ‘Кого да испратам?’, малкумина одговориле: ‘Еве ме мене, испрати ме мене’ (Исаија 6,8)”. – 9 Сведоштво, 31.

„Мнозина кои исповедаат религија не вложуваат никакви лични напори во делото за Христа. Тие се задоволни што другите го прават за нив она што всушност требало тие да го направат, и со тоа што со своето слабо влијание за работникот, сметаат дека прават нешто добро со посредство на застапник. Таквите луѓе ја немаат онаа вера која работи со љубов, и ја чисти душата. Тие немаат вистинска религија која го проникнува нивното секојдневие и управува со секоја активност во нивниот живот. Живата вера во Христа се покажува преку добри дела во нашето семејство и соседство, преку грижливо и практично влијание кон сиромашните, посетување и давање на утеха на вдовиците и сирачињата во нивните неволји, во чување да не се извалкаме во светот, и преку употреба на нашите средства и влијанија за унапредување на Божјото дело. Ова не смееме да го правиме мрзоволно или со тешко срце, туку драговолно и радосно, како што Исус сѐ дал за нас”.
— Те Signs of the Times, August 22, 1878.

б. Кои се некои од начините на кои можеме да бидеме соработници со Бога во ова дело? 1 Коринтјаните 3,9.10.

„Никогаш немало поголема потребата за сесрдна и пожртвувана работа во Христовото дело е поголема отколку сега, бидејќи бргу ќе завршат часовите на проба… Браќа и сестри, ќе одговорите ли на (македонскиот) повикот велејќи: ‘Ние ќе направиме сѐ што можеме, ќе ви пратиме мисионери и пари. Ќе се откажеме од украсувањето на нашите домови и на нашите лица, во задоволување на нашиот апетит. Парите што ни се доверени ќе ги дадеме за Божјото дело и ние целосно ќе се посветиме, исто така, безрезервно на него…

На тој начин тие можат со приложување на своите пари можат да го помогнат ширењето на списанија и книги на оние што ја немаат светлината на вистината; тие можат да им помогнат во плаќањето на трошоците за учениците кои ќе се посветат на мисионерската работа. Вложете го во небесната банка секој денар кој можете да го одвоите”.
— 5 Сведоштво, 504.

Среда — 7. декември
4. ПРОСВЕТЛУВАЊЕ НА НАРОДОТ

а. Која охрабрувачка порака на милост сме повикани да им ја дадеме на сите народи, и како тоа треба да го направиме? Исаија 55,3-5.

„Го преколнувам Божјиот народ да престане да се критикува еден со друг, и да се посветаи на објавување на вистината за ова време… Сега треба да се поклониме пред Бога во вистинска понизност на душата; бидејќи денот на облаците и густа темнина бргу се приближува.

Последниот голем конфликт е пред нас; меѓутоа, помош ќе им биде пратена на сите кои го љубат Бога и го почитуваат Законот, и земјата, целата земја, ќе биде осветлена со Божјата слава”. – Те Review and Herald, April 19, 1906.

„Оваа работа им е дадена на сите оние кои го претставуваат распнатиот Христос. Со крштевање со Светиот Дух и со посредство на својот Учител Божјиот народ треба да го работи она што Христос го работел. Тие треба да ја отсликуваат добрината на Творецот во овој свет. Како учесници во божествената природа, тие, со вера во Христа не треба само да ги спасуваат своите души, Христос за нив вели: вие сте Божји соработници. Како Негови сведоци, Тој на секого му дал своја работа. Како Негови претставници, тие треба на светот да му носат пораката на повик и милост.

Христос на своите ученици им наложил да го издигаат Спасителот на светот. Тие треба да имаат чувство на должност со цел способностите кои им се доверени да ги посветат во придобивање на души за Оној кој принел целосна жртва за просветлување и обновување на светот”.
— Те Review and Herald, March 22, 1898.

б. Што треба да имаат на ум сите оние кои се обидуваат да ја споделат со другите светлината на сегашната вистина директно од Божјата реч? Исаија 55,9-11.

„Планот за одржување на часови за читање и проучување на Библијата е идеја од небесно потекло. Постојат многу мажи и жени кои можат да се вклучат во оваа гранка на мисионерска работа. На овој начин можат да се оспособат работници кои ќе станат силни Божји луѓе. На овој начин Божјото Слово е дадено на илјадници; а работниците оствариле личен контакт со луѓе од сите раси и јазици. Библијата е донесена во семејствата, а нејзините свети вистини се откриени на совеста. Од луѓето се бара да читаат, да испитуваат и да расудуваат сами за себе, и врз нив треба да почива одговорност за прифаќање или отфрлање на божественото просветлување. Бог нема да дозволи ова драгоцено дело за Него да остане без награда. Тој ќе го круниса со успех секој понизен напор направен во Неговото име”.
— Christian Service, 141.

Четврток — 8. декември
5. ИЗДИГАЊЕ НА БОЖЕСТВЕНИОТ СТАНДАРД

а. Кога непријателот ќе нѐ преплави со искушенија да се откажеме од нашите напори да допреме до душите, што Бог ќе направи за нас? Исаија 59,19.

б. Каков став на умот ќе нѐ оспособи да чекориме напред и покрај тешките околности? Исаија 50,7.

„Во младоста одлучив дека, ако дозволам околностите да управуваат со мене, мојот живот ќе биде неуспешен. Јас направив сѐ што сметав дека е моја должност да го направам, дури и ако околностите не ми одеа во прилог. Мојот татко често ми велеше: ‘Елена, ако твоја должност биде да одиш во одредено место, тоа би ти било откриено толку јасно така што околу тоа нема да имаш никаков сомнеж. Со оглед на твојата младост и слабост, Господ ќе ти даде јасни докази за твоите должности; Тој ќе ти даде и сила да можеш да го направиш тоа без тешкотии.’ ‘Но’, одговорив јас, ‘татко, ако тешкотиите дојдат, јас морам да имам поголема одлучност да се соочам со нив, и правејќи го тоа јас ќе добијам вредно искуство кое ќе ми помогне мудро да ги искористам способностите кои ми се доверени’.

Овде се наоѓа делото доверено на секој еден од нас. Никогаш порано не го согледав значењето и вредноста на душите така како што го согледувам во моментот. Како можеме да ја сфатиме важноста на делото на спасението? Во споредба со вредноста на душата, сѐ останато тоне во безначајност. Овој свет и неговите богатства, овој живот и неговата среќа се од мала важност, кога ќе ги споредиме со радоста дури и на само една душа спасена за вечност. Сѐ додека не имаме бистра и јасна претстава за тоа што таа душа ќе ужива кога ќе биде спасена во царството на славата; сѐ додека целосно не ја сфатиме вредноста на тој живот кој се мери со животот на Бога; сѐ додека потполно не го разбереме богатството на наградата која е подготвена за оние кои ќе ја добијат победата – ние нема да можеме да ја знаеме непроценливата вредност на душата”.
— Те Review and Herald, March 25, 1880.

Петок — 9. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да бидеме истрајни во нашата мисионерска работа денес?

2. Како лаиците можат да направат огромна работа во ширење на вистината?

3. Како можеме да го послушаме македонскиот повик?

4. Како вистинската религија делува во животот?

5. Кога светот и неговото богатство ќе го изгубат своето значење за нас?

2016 • 4. Квартал

12. лекција – Конечна победа

Сабота, 17. декември 2,016.
„Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив”. – Дела 4,33.
„Неговиот Дух и Неговата благодат и денес им се наменети на сите што се повикуваат на Неговите ветувања”. – 8 Сведоштво, 14.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 35-41. Христ. очигледни поуки, 379-383.

Недела — 11. декември
1. СВЕДОЦИ СО СИЛА

а. Опишете го искуството на раната црква по излевањето на Светиот Дух на денот на Педесетница? Дела 2,16.17; 4,33.

„(Во време на првите апостоли) стотици ја објавувале веста : ‘Се приближи царството Божјо’. Тие не се одвраќале ниту се плашеле од заканите. Преку нив зборувал Господ и каде и да оделе, лекувале болни и го проповедале евангелието на сиромасите.

Толку силно Господ може да делува кога луѓето ќе се потчинат на контролата на Неговиот Дух”.
— 8 Сведоштво, 14.

б. Кое пророштво ќе биде поцелосно исполнето во овие последни денови? Исаија 60,3-5.

„Кога Божјиот народ наполно ќе се одвои од злото за да може Тој обилно да ги осветли со небесна светлина која преку нив во богата мерка ќе светли во светот, тогаш поцелосно од кога и да е во минатото ќе се исполни пророштвото на Исаија 60,3-5”. – In Heavenly Places, p. 313.

„Христијаните треба да ги отфрлат сите несогласувања и да му се предадат на Бога заради спасување на изгубените. Со вера нека се молат за ветениот благослов и тој ќе дојде. Излевањето на Светиот Дух во времето на апостолите бил ‘ран дожд’, и резултатот бил величествен. Но ‘доцниот дожд’ ќе биде уште пообилен”.
— 8 Сведоштво, 14.

Понеделник — 12. декември
2. ВРЕМИЊА ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ

а. Кое охрабрувачко ветување за обнова и освежување но го дава Осија преку сликата на раниот и доцниот дожд? Осија 6,1-3.

б. Под кои услови се ветени ‘времиња на освежување’ – излевање на Светиот Дух во доцниот дожд во сила? Дела 3,19-21.

„Големото дело на евангелието нема да се заврши со помала манифестација на Божјата сила од онаа што го одбележала неговиот почеток. Пророштвата што се исполниле со излевањето на раниот дожд во почетокот на евангелието пак ќе се исполнат со доцниот дожд и при неговото завршување. Тоа е време на ‘освежување’ кои апостол Петар однапред ги најавил (Дела 3,19.20)”. – Големата борба, 637.

„Кај оние што ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, мора потполно да се огледа Исусовиот лик.

Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ‘освежувањето’ или ‘доцниот дожд’ ќе ги оспособи да останат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само видов од нив во времето на неволјите без Божја заштита! Тие ја занемаруваат потребната подготовка, па затоа нема да можат да го примат ‘освежувањето’ кое сите мораат да го примат за да можат да живеат во присуство на живиот Бог”.
— Рани списи, 57.

в. Со цел да добиеме сила на Светиот Дух, без мерка, какво дело треба да се направи за нас и преку нас? Исаија 43,25; 44,22.

„Ние можеме да се повикаме на благословените ветувања: ‘Ќе ги растерам како магла твоите беззаконија, и твоите гревови – како облак’ (Исаија 44,22). ‘Нејзе и се простени многу гревови’ (Лука 7,47). О, колку е драгоцена, колку е освежувачка светлината на Божјата љубов! Грешникот може да го посматра својот живот извалкан од гревот, и да каже: ‘Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре?’ ‘Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност’ (Римјаните 8,34; 5,20). Христос, Обновителот, всадува нови начела во животот на душата, и таа билка расте и донесува род. Христовата благодат нѐ чисти додека ни дава проштевање, и ги прави луѓето подесни за светоста на небото. Ние треба да растеме во благодатта и во познавањето на нашиот Господ Исус Христос сѐ додека не достигнеме целосен раст на мажите и жените во Христа”.
— Те Review and Herald, July 14, 1891.

Вторник — 13. декември
3. ОБЛЕКИ НА СПАСЕНИЕ

а. Иако ние можеме да се чувствуваме недостојни, каква сигурност можеме да имаме дека Господ ќе нѐ прифати кога ќе дојдеме кај Него во покајание? Исаија 61,10.

„Немојте да го слушате непријателот кој ве убедува дека не можете да се вратите кај Христа сѐ додека не станете подобри – доволно добри за Бог да може да ве прими. Ако го чекате тој миг никогаш нема да се вратите. Кога сатаната ќе ја покаже вашата валкана облека, повторете го Исусовото ветување: ‘Оној кој доаѓа кај мене нема да го истерам’ (Јован 6,37)…

Во прекрасното симболично пророштво на Захарија првосвештеникот Исус (синот Јоседеков) стои облечен во валкана облека пред Господовиот ангел претставувајќи ги грешниците. И Господ ги изговара зборовите: ‘Соблечете ги од него тие валкани облеки! И му рече: Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека… Ставете му чиста капа на главата’ (Захарија 3,4.5). Исто така Господ ќе те облече и тебе во ‘облека на правда’ (Исаија 61,10)”.
— Христовите очигледни поуки, 162.163.

б. Што наскоро ќе се случи во времето на „доцниот дожд“ во силата на Светиот Дух? Исаија 61,11; Јоил 2,23.28-31.

„Не смееме да чекаме само на доцниот дожд. Тој ќе дојде на сите оние кои ја препознаваат и ценат росата на милоста и тушевите кои паѓаат врз нас. Кога ние го собираме секој зрак на светлина, кога ги цениме зраците на милоста на Оној кој нѐ љуби и сака да имаме доверба во Него, тогаш Тој секое свое ветување ќе го исполни (Исаија 61,11)…

Времето на проба е токму перед нас, бидејќи гласната вика на третиот ангел веќе започнала со откривање на правдата на Исус Христос, Откупителот кој ги проштева гревовите. Ова е почетокот на светлината на ангелот од чија слава ќе ја исполни целата земја”. – Коментари на библиските текстови, 930.

„Едно дело мора да се изврши за луѓето, или мнозина нема да бидат подготвени да ја примат светлината на ангелот испратен од небото да ја осветли целата земја со Неговата слава. Немојте да мислите дека ќе се најдете како садови за чест во времето на доцниот дожд, да примите Божја слава, ако своите души ги издигате кон суета, ако зборувате изопачено, ако во тајност негувате корен на горчина”.
— Manuscript Releases 1, 175.

Среда — 14. декември
4. ПОДГОТОВКА ЗА ДОЖД

а. Како треба да ги подготвиме нашите срца за да учествуваме во доцниот дожд? Јоил 2,12-14; Осија 10,12.

„Бог го води својот народ чекор по чекор. Тој го доведува во различни положби и околности за да се покаже што им е во срцето. Таквата проверка некои успешно ја издржуваат во еден момент, но паѓаат во следниот… Некои се подготвени да прифатат една точка, но кога Бог ќе ги стави на проверка во некоја друга точка, тие застануваат и се враќаат назад, бидејќи тоа го погодува некој нивен омилен идол. Тука тие имаат можност да видат што е тоа во нивното срце што ја затвора вратата на Исус. Тие нешто друго ценат повеќе од вистината, и не се подготвени да го примат Христа во своето срце. Поединци долго се испитуваат и се проверуваат за да се види дали ќе ги жртвуваат своите идоли и дали ќе го послушаат советот на Вистинскиот Сведок. Доколку некој нема да биде пречистен преку послушност кон вистината и да ја победат нивната себичност, нивната гордост и сите лоши склоности, Божјите ангели имаат налог: ‘Тие неразделно се приврзани за своите идоли, оставете ги’, и тие ќе ја продолжат својата задача оставајќи ги таквите – заедно со нивните гревови и нивните грешни особини – на контролата на злите ангели. Оние што успешно ќе ги поминат сите проверки, ќе излезат како победници, без оглед на цената, значи дека го послушале советот на Вистинскиот Сведок, и тие ќе го примат доцниот дожд, и на тој начин ќе бидат подготвени за преобразување”.
— 1 Сведоштво, 142.143.

б. Освен длабокото испитување на срцето и искреното покајание, кои други работи треба да ги имаме во поглед на доцниот дожд? Матеј 5,6; Захарија 10,1.

„Зошто не сме гладни и жедни за дарот на Духот, кога само преку Него можеме да добиеме сила? Зошто не зборуваме, не се молиме и не проповедаме за тоа?“ – 8 Сведоштво, 15.

„Само оние кои живеат во согласност со светлината што ја имаат, ќе добијат уште поголема светлина. Доколку секојдневно не напредуваме покажувајќи ги со личен пример активните христијански доблести, нема да бидеме во состојба да ги препознаеме манифестациите на Светиот Дух во времето на доцниот дожд”. – Те Faith I Live By, 333.

„Кога како народ со сето срце и во целост ќе се посветиме на Христовата служба, Бог тој факт ќе го признае преку излевање на Неговиот Дух, без мерка; но тоа нема да се случи додека најголемиот дел од црквата нема да соработува заедно со Бога”.
— Те Review and Herald, July 21, 1896.

Четврток — 15. декември
5. НАСТОЈУВАЊЕ ДА СЕ ЗАДОБИЕ БОЖЈИОТ ПЕЧАТ НА ОДОБРУВАЊЕ

а. На што секој вистински следбеник на Христа треба интензивно да биде фокусиран, и зошто е тоа толку потребно? Откровение 3,5; 7,1-4.13.14; 2 Коринтјаните 7,1.

„Печатот на живиот Бог ќе биде ставен само на оние кои според својот карактер ќе бидат слични на Христа”. – Те Review and Herald, May 21, 1895.

„Кога ќе станеме Божји деца, нашите имиња ќе бидат запишани во книгата на животот на Јагнето, и тие ќе останат таму до времето на истражниот суд. Тогаш името на секој поединец ќе се повика, и неговиот запис ќе се испита од страна на Оној кој вели: ‘Ги знам твоите дела’. Ако во тој ден се покаже дека не сме се целосно покајале од сите наши зли дела, нашите имиња ќе бидат избришани од книгата на животот, а нашите гревови ќе сведочат против нас. Ако таканаречениот верник стане самоуверен, ако со збор или дело го прекрши и најмалиот пропис на Божјиот свет закон, тој погрешно го претставува Исуса, и на судот ќе ги слушне страшните зборови: ‘Избришете го неговото име од книгата на животот; тој прави беззаконие’. Но, Отецот покажува сожалување кон душата која не се потпира на себе, која се бои од Бога, иако можеби ја мачат сомнежи и искушенија. Исус се зазема за него и го признава неговото име перед Отецот и Неговите свети ангели”. – Те Signs of the Times, August 6, 1885.

„Но оние кои очекуваат да видат магична промена во својот карактер без поенергичен напор од своја страна да го надвладеат гревот, ќе бидат разочарани. Додека гледаме на Исуса немаме причина да се плашиме, немаме причина да се сомневаме дека Тој е во состојба да го спаси секој кој доаѓа кај Него; но секогаш треба да се плашиме нашата стара природа повторно да не добие превласт, дека непријателот ќе изработи некоја замка со помош на која повторно ќе станеме негови заробеници… Како што восокот поприма впечатокот на печатот, така и душата треба да го прими впечатокот на Божјиот Дух и да го сочува Христовиот лик”.
— Одбрани пораки 1, 336.

Петок — 16. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои резултати можеме да очекуваме да ги видиме во силата на доцниот дожд?

2. Кој единствено ќе го прими Божјиот печат?

3. Што не спречува да го примиме доцниот дожд?

4. Што треба да победиме за да го примиме доцниот дожд?

5. Од што треба да се плашиме во однос на победата над гревот?

2016 • 4. Квартал

13. лекција – Последните денови на планетата земја

Сабота, 24. декември, 2016.
„Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот”. – Исаија 11,4.
„Ние живееме во мошне свечен период од светската историја за да бидеме безгрижни и несовесни”.
— Sons and Daughters of God, 118.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Гол. борба, 603-614, 622-626, 635-644.

Недела — 18. декември
1. ЧУДЕСНО БУДЕЊЕ

а. Зошто доцниот дожд ќе биде толку радосен настан во историјата? Осија 6,1-3.

„Божјите слуги, со лица осветлени од свето помазание, ќе брзаат од место во место да ја објават небесната вест. Илјадници гласови низ целата земја ќе ја носат опомената. Ќе се прават чуда, болни ќе оздравуваат, а верните ќе ги придружуваат знаци и чуда. И сатаната ќе прави лажни чуда; ќе стори и ‘оган да падне од небото пред луѓето’ (Откровение 13,13). На овој начин жителите на земјата ќе бидат присилени да се решат за кого ќе се определат.

Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега ќе никне и ќе донесе плод. Списите што ги распространиле мисионерските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои евангелската вистина имала длабок впечаток, биле спречувани вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сѐ друго. Наспроти сатанските сили што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна”.
— Големата борба, 637.

Понеделник — 19. декември
2. ГОЛЕМАТА БОРБА Е ОТКРИЕНА

а. Кој ќе биде уште еден од резултатите на успешното проповедање на евангелието во сила на доцниот дожд? Проповедник 11,1.2; 2 Коринтјаните 2,14-17.

„Луѓе од вера и молитва ќе бидат поттикнати да појдат со света ревност и да ги проповедаат зборовите што им ги дава Бог. Гревовите на Вавилон ќе бидат разоткриени. Страшните последици од црковните обреди што ги наметнувале граѓанските власти, навлегувањето на спиритизмот, тајниот, но брз развој на папската власт – сето тоа ќе биде разоткриено. Овие свечени опомени ќе го потресат народот. Илјадници и илјадници ќе слушаат такви зборови какви што никогаш не слушнале. Со чудење ќе го слушаат сведоштвото дека Вавилон е црквата што паднала поради своите заблуди и гревови и поради отфрлањето на вистината што и е пратена од небото. Кога народот желен да ја дознае вистината ќе им се обрати на своите поранешни учители со прашањето: ‘Зарем тоа е така?’, тогаш нивните проповедници ќе им кажуваат приказни, ќе им зборуваат мили работи со цел да ја смират нивната загриженост и да ја стивнат нивната разбудена совест. Но бидејќи мнозина ќе одбијат да се задоволат само со човечкиот авторитет и бидејќи ќе го бараат библиското начело ‘Така вели Господ’, популарните проповедници, како и фарисеите во старо време, гневни затоа што во прашање е нивниот авторитет, ќе објават дека оваа вест е од сатаната и ќе го подбунат мноштвото да ги исмејува и прогонува оние што ја објавуваат.

Сатаната се вознемирува кога борбата се проширува на нови полиња и кога вниманието на народот се насочува кон погазениот Божји закон. Силата што ја придружува веста само ќе ги разгневи сите што и се противат. Свештениците ќе употребат речиси натприродни напори да ја засолнат светлината за да не им свети на нивните стада. Ќе се трудат со сите средства што им стојат на располагање да ги спречат дискусиите околу овие важни прашања. Црквата ќе се потпре врз силната рака на граѓанската власт и во тоа католиците и протестантите ќе се обединат. Кога движењето за општо празнување на неделата ќе биде посмело и порешително, тогаш и законот ќе биде повикан на помош против оние што ги држат заповедите. Ќе им се заканува со парични казни и со затвор, а на некои ќе им се понудат влијателни места и положби, како и други награди и предности, за да ги придобијат да се откажат од својата вера. Но нивниот решителен одговор ќе гласи: ‘Докажете ни ја нашата заблуда со Божјото слово! Истото ова го барал и Лутер кога се наоѓал во слични околности. Оние што ќе бидат доведени перед судови ќе ја одбранат вистината силно и убедливо и некои што ќе ги слушнат ќе бидат поттикнати да се решат да ги држат сите Божји заповеди. Така светлината ќе осветли илјадници такви кои инаку никогаш не би дознале нешто за овие вистини”.
— Големата борба, 631.632.

Вторник — 20. декември
3. ЗАШТИТА САМО ОД БОГА

а. Кога државата и цркавата ќе се обединат во пркосна побуна против Божјиот морален закон на Десетте заповеди, што ќе им се случи на верниот остаток кој ќе настојува да се придржува до Неговите свети начела? 2 Тимотеј 3,12; Откровение 13,11-17.

„Бидејќи саботата во целото христијанство станала посебен предмет на борба, а световните и црковните власти се здружиле да ги принудат луѓето да ја празнуваат неделата, упорното противење на малечкиот број да го прифатат таквото барање ќе ги направи предмет на општа омраза. Ќе се истакнува дека овој малоброен народ, кој и се опира на една установа на црквата и на државниот закон, не смее да се толерира; дека е подобро да страда тој отколку цели народи да бидат турнати во конфузија и анархија… Ваквиот аргумент ќе биде решавачки; и најпосле, против оние кои ќе празнуваат сабота според четвртата заповед, ќе биде издаден декрет со кој ќе биде објавено дека заслужуваат најтешка казна, и на народот ќе му биде дозволено, по одредено време, да ги убие. Католицизмот во Европа и отпаднатиот протестантизам во Америка ќе преземат подеднакви мерки против оние што ги почитуваат сите божествени прописи.

Тогаш за Божјиот народ ќе настапат жалост и неволја која пророкот ја опишува како време на Јаковови маки”.
— Големата борба, 641.642.

б. Кога нормалните канали на трговија се отсечени и заштитата на граѓанската власт е повлечена, како Божјиот верен остаток ќе преживее? Исаија 43,18-21; 41,17-20; 33,16.

„Господ во повеќе наврати ми покажа дека создавањето на залихи за подмирување на нашите земни потреби во времето на неволјите е спротивно на учењето на Библијата. Всушност светиите и да сочуваат нешто од намирниците во својата куќа или поле, видов дека во времето на неволјите, кога на земјата ќе наиде меч, глад и помор, насилничките раце сето тоа ќе го однесат, и туѓинци би ги жнееле нивните полиња. Тоа ќе биде момент во целост да се надеваме на Бога и Тој ќе нѐ прехрани. Видов дека во тоа време ќе биде обезбеден леб и вода, дека нема да трпиме ниту немаштија ниту глад, зашто Бог е во состојба во пустина да ни постави трпеза. Кога би било неопходно Тој би пратил гаврани да нѐ хранат, како што тоа го стори за Илија, или би ни пуштил мана од небото, како што направи за Израелците”.
— Рани списи, 45.

Среда — 21. декември
4. ЦВРСТА СИГУРНОСТ

а. Што на Божјиот народ му е наложено да прави во очекување на времето на неволја, и како тие ќе бидат заштитени? Исаија 26,20.21; 49,15.16.

„Во времето на неволјите, куќите и земјата нема да им бидат од никаква корист на светиите, бидејќи ќе мораат да бегаат од разбеснетата толпа; нивниот имот тогаш нема да може да се употреби за унапредување на делото на сегашната вистина. Покажано ми е дека Божја волја е светиите, перед да дојде времето на неволјите, да се ослободат од она што ги оптоварува и со Господа да направат завет на жртва. Ако сѐ што имаат го положат на олтарот и сесрдно го запрашаат Господа за својата должност, Тој ќе ги поучи кога треба да се ослободат од својот имот. Тогаш во времето на неволјите ќе бидат слободни, без ништо што би ги оптоварувало и успорувало.

Видов дека ако било кој се држи за својот имот и не го прашува Господа што треба да направи, Тој нема да му укаже на должноста. На них ќе им биде дозволено да го задржат она што го имаат, но во времето на неволјите тоа ќе им се попречи на нивниот пат и како планина ќе им се закани дека ќе ги здроби; тие тогаш ќе се обидат да се ослободат од него, но нема да можат”. – Рани списи, 45.

„Во деновите на жестоки искушенија (Христос) ќе каже: ‘Ајде, народе Мој, влези во собите и затвори ги вратите зад себе. Скриј се за миг додека не помине гневот (Исаија 26,20). Што се собите во кои тие треба да се сокријат? Тие се заштитата на Христа и светите ангели…

Ги видов светите како ги напуштаат градовите и селата, и заедно здружени живеат во нај осамените места. Ангелите им обезбедуваа храна и вода, додека злите страдаа од глад и жед.

Во текот на ноќта мошне впечатлива сцена помина пред мене. Делуваше како да дојде до голема конфузија и судир на војски. Господовиот гласник застана перед мене и рече: ‘Повикај го своето домаќинство. Јас ќе ве водам; следете ме.’ Тој ме одведе надолу низ мрачен премин, низ шума, потоа преку планински пукнатини, и ми рече: ‘Овде сте безбедни’. Имаше и други кои беа доведени во ова сокровиште. Небесниот гласник рече: ‘Времето на неволја пристигна како крадец во ноќта, како што Господ ве предупреди.’

Во време на неволја пред Христовото доаѓање, праведните ќе ги сочуваат небесните ангели; но за престапниците на Божјиот закон нема да има сигурност. Ангелите тогаш не можат да ги заштитат оние кои занемаруваат и само една од Божјите заповеди”.
— Мараната, 270.

Четврток — 22. декември
5. ИЗБАВУВАЊЕ!

а. Кој ќе биде безбеден во часот на Божјиот гнев? Исаија 33,13-16; 52,9.10.

б. Кој неверојатен настан ќе го сврти светот наопаку – можеби со цел секое око да го види во приближно исто време? Исаија 11,4; 24,1-6.19-22; Откровение 1,7. Што тогаш светите ќе објават? Исаија 25,9.

„Беше полноќ кога Бог избра да го избави Својот народ… Темни, тешки облаци се насобираат и се судираат едни со други. Меѓутоа, на едно место се запазува сјај на неопислива слава од каде допира Божјиот глас сличен како жубор од многу води. Настанува голем земјотрес. Гробовите се отворија и оние кои умреле со вера во третата ангелска вест, држејќи ја саботата, излегоа од своите правливи кревети, прославени, за да го слушнат заветот на мирот кој Бог ќе го направи со оние кои го одржаа Неговиот закон”. – Рани списи, 235.

„Набргу на исток се појавува малечок црн облак, со големина на половина човечка дланка. Тоа е облак што го опкружува Спасителот и кој оддалеку изгледа како да е обвиен во мрак. Божјиот народ знае дека тоа е знакот на Синот човечки. Во свечена тишина тие без здив гледаат во него како се приближува кон земјата и станува сѐ појасен и поубав; прераснувајќи во голем бел облак, чијашто основа личи на оган кој уништува, а над него се надвива заветното виножито. Исус оди напред како силен победник”. – Големата борба, 667.

„При Христовото доаѓање грешниците ќе бидат истребени од лицето на целата земја – убиени со духот на Неговата уста и уништени со светлината на Неговата слава. Христос својот народ ќе го поведе во Божјиот град и земјата ќе биде испразнета од нејзините жители. (Исаија 24,1.3.5.6)”.
— Големата борба, 684.

Петок — 23. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто сите оние кои денес сеат семе на вистина можат тоа да го прават со радост и доверба?

2. Каков ќе биде резултатот за некои кои ќе бидат повикани да сведочат за својата вера?

3. Како сега можеме да се подготвиме за актуелната криза во времето на неволја?

4. Што ќе се случи со нашите имоти кога ќе се појави вистинска криза?

5. Зошто можеме да бидеме благодарни што Бог ни дава толку многу детали за иднината?

2016 • 4. Квартал

14. лекција – Поглед во вечноста

Сабота, 31. декември, 2016.
„Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат”. – Исаија 65,17.
„Вечна е загуба ако го добиеме целиот свет, со сите негови задоволства и слава, а сепак ја изгубиме душата. Небото е доста евтино по било која цена”.
— The Review and Herald, March 18, 1875.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 644-652, 658-678.

Недела — 25. декември
1. НА ПАТ КОН НЕБОТО

а. Која ќе биде славната награда на Божјиот верен остаток? Исаија 26,1.2.

„Потоа одекнува звукот од сребрената труба додека Исус, обвиткан со пламен од оган, се спушта на облакот. Гледајќи кон гробовите на заспаните светии, Тој ги подига своите очи и раце кон небото кажувајќи со силен глас: ‘Разбудете се! Разбудете се! Разбудете се! вие што спиете во правот и станете! Настанува силен земјотрес. Гробовите се отвораат и мртвите излегуваат од нив облечени во бесмртност… и во истиот тој миг ние се преобразуваме и грабнати заедно со нив се подигаме од земјата да се сретнеме со Господа во воздухот.

Сите заедно на облакот се вознесуваме седум дена до стакленото море, каде Исус донесува круни и со својата десна рака ги става на нашите глави. Ни дава исто така и златни харфи и палми на победата. Тука на стакленото море 144.000 стојат во совршен квадрат. Некои имаат многу светли круни, а други не толку светли. Некои круни се целосно опсипани со ѕвезди, додека на други имаат само неколку. Сепак, сите се совршено задоволни со своите круни. Сите, од рамена до нозе се облечени во бела облека. Ангелите се насекаде околу нас додека чекориме кон стакленото море кон вратите од градот. Исус ја подига својата моќна и славна рака, и ги допира бисерните порти кои бесшумно се отвораат на своите светли шарки, и ни рече: ‘Вие ги измивте своите облеки во мојата крв и цврсто стоевте за мојата вистина, влезете внатре!’ Сите ние слободно влегуваме чувствувајќи дека имаме потполно право на тој град”.
— 1 Сведоштво, 44.45.

Понеделник — 26. декември
2. ВО БЛИСКА ИДНИНА…

а. Спореди ја иднината на безбожните со благословите на праведните. Исаија 33,24; 34,1.2. Што единствено ќе нѐ потсетува на овој грешен свет? Захарија 13,6.

„Отстранета е секоја трага на проклетството… Останува само еден споменик: нашиот Откупител секогаш ќе ги носи лузните на своето распетие – на Неговата некогаш ранета глава, на Неговите ребра, на рацете и нозете, се наоѓаат единствените траги на свирепото дело што го предизвикал гревот… На онаа страна што била прободена, од која течел црвен млаз кој го помирил човекот со Бога, лежи славата на Спасителот, таму е ‘скривалиштето на Неговата сила’… Знаците на Неговото понижување се Негова најголема чест; низ сета вечност раните од Голгота ќе ја истакнуваат Неговата големина и ќе ја објавуваат Неговата моќ”.
— Големата борба, 701.702.

б. Со кој убав опис Исаија ја прикажува славната надеж на вековите, и како можеме да го имаме нејзиниот предвкус дури и сега? Исаија 35,1-10.

„Се секој кој ќе се посвети на службата за Него, без никакво воздржување, ќе добие сила за постигнување на неизмерни резултати. За таквите Бог ќе стори големи нешта. Тој ќе влијае на срцата на луѓето, така што, во нивните животи, уште на оваа Земја, ќе се види исполнувањето на ветувањата наменети за идната држава (Исаија 35,1-10)”. – Здравје и среќа, 110.

„Во нашиот сегашен живот, иако е земен и ограничен со гревот, најголема радост и наше највисоко образование се добива со служење. И во идниот живот, неограничен со грешна човечка природа, наша најголема радост и наше највисоко образование ќе наоѓаме во служењето – во сведочењето, и во постојаното учење во текот на сведочењето ‘колку е богата славата на оваа тајна’ – ‘Христос во вас, надеж на славата’ (Колосјаните 1,27)”.
— Воспитување, 275.

в. Каде треба да биде нашиот главен фокус при планирањето на иднината? Исаија 65,17-19; Откровение 21,1; Евреите 11,8.10.13-16.

Вторник — 27. декември
3. КОНЕЧНО МИР И СПОКОЈ

а. Како Исаија го опишува новото небо и новата земја? Исаија 32,18; 60,18-22.

„Од страв идното наследство да не изгледа премногу материјално, мнозина симболички ги претставуваат токму оние вистини што ни овозможуваат ова наследство да го сметаме за наша вистинска татковина. Христос ги уверувал своите ученици дека Тој оди да им приготви станови во куќата на Отецот… (1 Коринтјаните 2,9). Човечкиот јазик не може да ја опише наградата на праведниците. Тоа ќе им биде можно само на оние што ќе ја видат. Ниеден ограничен ум не е во состојба да ја сфати славата на Божјиот рај”.
— Големата борба, 702.703.

б. Како Исаија ја опишува мирната атмосфера таму? Исаија 11,6.7.9; 65,25. Зошто треба да настојуваме себе и своите семејства дури и сега, на оваа земја, да ги доведеме во што послична средина? Исаија 32,17.

„Господ често давал упатства на својот народ да ги изведат своите семејства од градовите и да се населат некаде на село, каде што можат да одгледуваат сѐ што е потребно за живот; затоа што во иднина ќе се појави сериозен проблем за купување и продажба. Сега е време да обрнеме внимание на упатството кое постојано ни се повторува: излезете од градовите во село, каде што куќите не се збиени една до друга и каде што нема да имате никакви неволји”. – The Adventist Home, 95.

„Мојата порака гласи: Изведете ги своите семејства од градовите.

Дојде времето семејствата да почнат да ги напуштаат градовите, како што Бог ќе им ги отвора патиштата. Дерата треба да се однесат на село. Родителите треба да најдат соодветно место според своите можности…

Пред да се излее преполната чаша на Божјиот гнев на жителите на светот, Господ ги повикува сите вистински Израелци да се подготват за тој настан. Тој на родителите им упатува гласна опомена: Соберете ги своите деца во своите домови; одвојте ги од оние кои не ги почитуваат Божјите заповеди, кои проповедаат и прават зло. Излезете од големите градови колку што можете побрзо.

Родителите можат да изградат мали куќи на село, каде што ќе имаат своја земја за обработување, каде што ќе имаат овоштарник и градина, во која ќе одгледуваат зеленчук и други плодови… Бог ќе му помогне на својот народ да најде такви домови надвор од градовите”.
— The Adventist Home, 94.

Среда — 28. декември
4. ВИСТИНСКО МЕСТО СО КОРИСНИ АКТИВНОСТИ

а. Опишете некои од разните занимања кои можат да се најдат на новата земја? Исаија 65,21.22. Објаснете како треба денес да уживаме во нивниот предвкус.

„Би било добро за тебе да се ослободиш од тие свои заморни грижи и да се повлечеш на село, каде што влијанијата кои изопачувачки делуваат на моралот на младите не се толку силни.

Навистина, ти и при живот во село нема да бидеш целосно слободна од заморните грижи, но ќе избегнеш многу зла и ќе ја затвориш вратата на поплавата на примамливите искушенија кои се закануваат да ги обземат мислите на твоите деца.

Животот во село за нив би бил вистински благослов; движењето и живата активност во слободна природа и на чист воздух поволно би влијаеле на нивното физичко и умно здравје. Во обработката на градината би можеле да најдат и разонода и корисно занимање. Одгледувањето на растенија и цвеќиња развива смисол за добар вкус и моќ за здраво расудување, додека запознавањето со корисните и прекрасните дела на Оној кој е Творец и Господар на сѐ што гледаме и не гледаме”. – 4 Сведоштво, 104.105.

„Планините и ридовите се менуваат; земјата сѐ повеќе и повеќе старее и ветвее како облека, но благословите од Бога, кој на својот народ му подготвил трпеза во пустината, нема никогаш да престанат”. – Здравје и среќа, 146.

„Многумина се неподготвени својот леб да го заработат со потта од нивните чела, и тие одбиваат да обработуваат земја. Меѓутоа, земјата длабоко во себе крие благослови за оние кои имаат храброст, волја и истрајност да ги собираат нејзините богатства. Татковците и мајките кои поседуваат парче земја и топол дом се кралеви и кралици”.
— Fundamentals of Christian Education, 326, 327.

б. Што уште може да се каже за новата земја? Исаија 64,4.

„Какво ли подрачје за истражување ќе се отвори пред нас кога ќе биде отстранет велот што сега го замрачува нашиот видик, кога нашите очи ќе го здогледаат светот на убавина кој сега само делумно го гледаме со микроскоп; кога ќе ја гледаме славата на небото која сега од далеку ја набљудуваме со телескоп; кога ќе биде отстрането лошото влијание на гревот, кога целата Земја ќе се појави ‘во велелепноста на Господа, нашиот Бог”. – Воспитување, 270.271.

„Таму ќе има музика и песна, таква музика и таква песна какви освен во виденијата дадени од Бога, ниту едно уво не слушнало ниту умот замислил”.
— Воспитување, 273.

Четврток — 29. декември
5. КРАЕН ФОКУС

а. Како моќта и љубовта Божја се одразуваат на новата земја? Ефесјаните 3,17.20.

„(На новата земја) чувствата на љубов и сочувство што Бог ги всадил во душата, таму ќе најдат најдобра и најубава примена…

Секоја дарба ќе се развива, секоја способност ќе се зголемува. Учењето нема да го заморува умот ниту да ја исцрпува животната сила. Таму можат да се извршат најголемите потфати, да се остварат највозвишените стремежи, да се исполнат највисоките желби, и сѐ уште ќе постојат нови цели да се постигнат, нови чуда кои ќе бидат предмет на восхитување, нови вистини да се сфатат, нови предмети да ги поттикнат силите на разумот, на душата и телото да се развиваат”.
— Големата борба, 705.

б. Кој голем благослов ќе го искусат спасените? Исаија 66,22.23. Како можеме сега да се подготвиме за тоа?

„Како што годините на вечноста поминуваат, ќе носат се побогати и почудесни откровенија за Бога и Христа. Со зголемувањето на знаењето ќе расте и нивната љубов, нивната стравопочит и среќа. Колку повеќе луѓето ќе знаат за Бога, сѐ посилно ќе му се восхитуваат на Неговиот карактер”. – Големата борба, 706.

„Крајно време е да ги посветиме неколкуте преостанати часови на времето на милоста за перење на нашите облеки и нивното избелување во крвта на Јагнето, да можеме да бидеме дел од она мноштво во бели облеки кое стои пред големиот бел престол”.
— That I May Know Him, 65.

Петок — 30. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како да знаеме дека сите спасени ќе бидат задоволни со нивната награда?

2. Како можеме да ги доживееме убавините на небото денес?

3. Доколку можеме да се зависиме само од Бога во времето на големата криза, зошто треба да се преселиме на село?

4. Како и зошто новата земја ќе биде подобра од старата?

5. Како што нашето знаење за Бога се зголемува, каков ќе биде резултатот?