2016 • 3. Квартал

1. лекција – Состојбата на лозјето

Сабота, 2. јули 2016
„Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?“
— Исаија 5,4.
„Потчинете ја сопствената волја, своите карактеристични навики кои толку долго ви се идоли, како би можеле да ги примите начелата на вистината. На тој начин ќе станете гранка на вистинската лоза, и нема да раѓате диво грозје или трнливи плодови, туку богати гроздови на драгоцени плодови”.
— Преглед и гласник, 12. април, 1892.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 5-9; 203.204.

Недела — 26. јуни
1. ДРАГОЦЕНО ЛОЗЈЕ

а. Со која цел Творецот ја основал израелската нација? Битие 12,2; Второзаконие 7,6-8; 26,17-19.

б. Зошто овој народ требало длабоко да биде благодарен на Бога? Второзаконие 32,9-12.

в. Според Божјиот план, како еврејскиот народ требало да биде благослов за другите народи, и како ова може да се примени на нас денес? Второзаконие 4,5-8; Матеј 5,16.

„Господовото око почива на секој припадник на Неговиот народ; Тој за секого има свој план. Негова намера е оние кои ги практикуваат Неговите свети заповеди да бидат особен народ…

Не само на овој свет, туку на целата вселена ние треба да ги откриеме начелата на (Божјото) царството”.
— 6 Сведоштво, 7.

Понеделник — 27. јуни
2. СОСТОЈБАТА НА ЛОЗЈЕТО ДЕНЕС

а. Зошто Бог бил разочаран од лозјето кое толку го сакал? Исаија 5,1-4.

„(Евреите) сакале да ги присвојат плодовите од лозјето во кое биле поставени како управители. Дури и незнабошците ги презирале заради нивната лакомост и алчност. Така на незнабожечкиот свет му се пружила можност погрешно да го толкува Божјиот карактер и законите на Неговото царство”.
— Пророци и цареви, 9.

б. Кога црквата не донесува плод од вистинската лоза? Јован 15,4.

„Господ ја посадил Својата црква како лоза на плодна земја… Но лозата што Бог ја посадил се наведнала кон земјата и ги испреплетувала своите ластари околу човечки потпори. Неговите гранки се распостирале широко и далеку, но родот што го донеле било диво грозје…

Господ ѝ подарил големи благослови на Својата црква. Правдата бара таа да ги врати овие таленти со добивка. Бидејќи се зголемија богатствата на вистината, што ѝ се доверени на чување, се зголемија и нејзините обврски. Но, наместо да ги користи овие дарови ѝ се повеќе да се усовршува и воздигнува, таа падна од висината што ја достигна уште во своите претходни искуства. Промена на нејзината духовна состојба почна постепено и речиси незабележливо. Штом почна да го бара пофалби и пријателството на светот, нејзината вера почна да се намалува, а нејзиниот ентузијазам да му го отстапува местото на мртвиот формализам. Секој чекор поблизу кон светот е чекор подалеку од Бога. Кога луѓето станаа горди и почнаа да копнеат за светски почести, Христовиот Дух исчезна и се појавија неслога и раздор кои ја рушат и слабеат црквата”.
— 5 Сведоштво, 160.

в. Какви плодови Бог копнее ние да донесеме? Галатјаните 5,22.23.

„Плодовите што Христос ги бара од Својата црква, после сето внимание што ѝ го укажал и со право ги очекува се: вера, трпение, љубов, долго поднесување, небесна благост и кротост. Тоат се гроздови на духовни родови кои и среде бури, облаци и темнина исто толку добро созреваат како и на сонцето”.
— 5 Сведоштво, 77.

Вторник — 28. јуни
3. ОДБЕГНУВАЈТЕ ПОВРШНО ИСКУСТВО

а. Опишете ја духовната состојба на Господовото лозје во почетокот на владеењето на Озија, јудејскиот цар. 2 Царевите 15,1-3; 2 Летописи 26,1-7.15.

„Долгото владеење на Озија (исто така познат како Азарија), во земјата на Јуда и Венијамин, било одбележено со поголем напредок, од било кој владетел од смртта на Соломон, речиси два века порано. Неговата војска со небесен благослов повратила неколку територии кои биле изгубени во поранешните години. Градовите биле обновени и утврдени, и положбата на нацијата меѓу околните народи во голема мера била зајакната. Трговијата оживеала, и богатството од другите земји се слевало во Ерусалим”.
— Пророци и цареви, 205.

б. Именувај некои духовни недостатоци кои го замрачиле овој призор. 2 Царевите 15,4.

„Овој надворешен просперитет (под Озија)… не бил пропратен со соодветно оживување на духовна сила. Обредите во храмот продолжиле како и во изминатите години, и мнозина се собирале да му се поклонат на живиот Бог; меѓутоа, гордоста и формалноста постепено го зазеле местото на понизноста и искреноста”.
— Пророци и цареви, 205.

в. Какви потешкотии ќе имаме ако занемариме да го искорениме злото? Песна над песните 2,15.

„Мнозина грижливо ги негуваат недостатоците во својот карактер и наоѓаат изговори за нив; но тие мораат да се поправат. Секое отстапување од она што е исправно е грев, а гревот мора да биде отстранет. Ние не смееме да дозволиме да одиме немарно пред своите браќа или пред светот.

Мнозина одново и одново ги исповедаат своите гревови, но не ги оставаат преку вистинско покајание. Ако немаме непоколеблива намера и помош од Божјата благодат, цврстите одлуки и будното бдеење ќе бидат залудни и немоќни кога искушенијата ќе ја нападнат душата”. – The Signs of the Times, March 6, 1884.

„Малите лисици го расипуваат лозјето, малите занемарувања, малите недостатоци, малата нечесност, малото отстапување од начелото ја заслепува душата и ја одделува од Бога”.
— In Heavenly Places, 226.

Среда — 29. јуни
4. ИЗВАЛКАНИ ОД ГОРДОСТА

а. Зошто врз Озија дошла несреќа? 2 Летописи 26,16-21; Броеви 15,30.

„Гревот кој имал толку страшни последици за Озија, бил грев на дрскоста. Наспроти јасната Божја заповед дека само Ароновите потомци можат да служат како свештеници, царот влегол во светилиштето ‘за да запали темјан на кадилниот жртвеник’. Првосвештеникот Азарија и останатите свештеници се спротивставиле со тоа што го молеле царот да се откаже од намерата. Тие му говореле на царот дека згрешил и дека нема ‘нема да ти биде за чест пред Господ Бог’ (2 Летописи 26,16.18).

Озија бил исполнет со гнев дека тој, царот, бил прекорен на таков начин. Меѓутоа, не му било дозволено да го оскверни светилиштето така што наишол на сложно негодување од оние кои биле надлежни за тоа. Додека стоел тука, исполнет со гнев и бунтовност, одненадеж го погодила Божја казна. На неговото чело се појавила лепра. Побегнал од страв и никогаш повеќе не влегол во храмот. До денот на својата смрт – која настапила после неколку години – Озија останал лепрозен како жив пример на лудоста од отфрлањето на јасните зборови ‘Така вели Господ’. Ниту неговата возвишена позиција, ниту пак долгиот живот во службата не можеле да го оправдаат гревот на дрскоста со кој ја оцрнил последната година од своето владеење и навлекол врз себеси казна од Небото”. – Пророци и цареви, 205.206.

„Бог ракоположил луѓе на одредени позиции во својата црква, и Тој не сака тие да истапат од местото на кое Тој ги именувал. Ако Бог им подари успех, тие не треба да се возгордеат, и да сметаат дека се оспособени за работа за која не се поставени, и на која Бог не ги повикал”.
— The Review and Herald, August 14, 1900.

б. Како Бог гледа на гордоста? Изреки 6,16.17; Јаков 4,6.

„Оној што паѓа во тежок грев, може да го почувствува својот срам и беда и да почувствува потреба од Христовата благодат; но горделивоста не чувствува никаква потреба и така срцето се затвора за Христа и за бескрајните благослови што Тој дошол да ги донесе”. – Патот кон Христа, 20.

„Гордоста, самоувереноста, љубовта кон светот, пронаоѓање на грешки, горчината, зависта, сето тоа се плодови кои ги донесуваат мнозина кои ја исповедаат Христовата религија. Нивното однесување е во остар контраст со Христовиот карактер… Со таквото обратување Христос нема никаква врска”.
— The Review and Herald, April 15, 1902.

Четврток — 30. јуни
5. СООЧЕТЕ СЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ИЛИ ОДБЕРЕТЕ ПОСВЕТУВАЊЕ?

а. Опишете ги околностите кои владееле во Израел и Јуда во времето кога Исаија бил повикан да служи како пророк? Исаија 1,1-9.21-23.

„Владеењето на Озија се ближело кон крај, и Јотам веќе носел многу државни одговорности кога Исаија, кој бил од царско потекло, бил повикан уште како млад човек да врши пророчка мисија… Божјата заштита била ускратена, а асирската војска се подготвувала да ја преплави Јудината земја.

Но тие надворешни опасности, колку и да изгледале големи, не биле толку сериозни како внатрешните. Изопаченоста на народот предизвикувала кај Господовиот слуга силна збунетост и длабоко очајување”.
— Пророци и цареви, 206.207.

б. Како накратко можеме да ги објасниме страдањата на верните тогаш и денес? Псалм 11,3.

„Со угнетувањето и богатството дошле гордоста и раскошот, пијанството и оргиите… Безбожноста завладеала до таа мера во сите слоеви така што оние малкумина што останале верни на Бога, често доаѓале во искушение да паднат во малодушност и да им попуштат на обесхрабрувањето и очајот”. – Пророци и цареви, 207.

„Додека другите копнеат по земни задоволства, вие треба да копнеете за непогрешливите ветувања на Божјата љубов, молејќи се срдечно и искрено: Кој ќе ми покаже како да го утврдам својот позив и избор?“
— 2 Сведоштво, 156.

Петок — 1. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била причината за опаѓање на верата во Божјата црква?

2. Наведете еден навидум мал пропуст за време на владеењето на Озија?

3. Зошто Бог ја смета гордоста за голем грев? Дали и ние така гледаме на тој грев?

4. Како површниот напредок на Јуда, на крајот на краиштата, влијаел на нив како народ?

5. Во ерата на морално пропаѓање, што Божјиот верен остаток треба да разбере?

2016 • 3. Квартал

2. лекција – Зрели за реформација

Сабота, 9. јули 2016
„Во оној ден, седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име – симни од нас срамот наш”.
— Исаија 4,1.
„Ние не треба да се држиме до своите патишта, своите планови и своите идеи; треба да се преобразиме преку обнова на своите умови, за да можеме да осознаеме која е добрата, угодна и совршена волја Божја”.
— The Upward Look, p. 218.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 201-204; 4 Сведоштво, 601-620.

Недела — 3. јули
1. СЕБИЧНА АЛЧНОСТ

а. Опишете ја состојбата на Јуда во времето кога Јотам, синот на Озија, почнал да презема сè поголеми одговорности пред смртта на неговиот татко. 2 Царевите 15,34.35; Осија 10,13; 11,7.

„Оние кои требало да стојат како носители на светлина меѓу народите го навлекле врз себе Божјоот гнев со својот бунт и отпадништво. Многуте зла, кои ја забрзале пропаста на северното царство, и на кои јасно укажале Осија и Амос, сега брзо го изопачувале Јудиното царство”.
— Пророци и цареви, 207.

б. Како материјални добра, дадени од Бога, биле употребувани? Исаија 3,14.15; 5,8; 10,1.2.

„Состојбата била особено неповолна во социјален поглед. Со желба за добивка луѓето си придавале куќа на куќа и нива на нива (Види Исаија 5,8). Правдата се изопачила и немало никакво сожалување кон сиромашните… дури и судиите, чија должност била да ги заштитат беспомошните, биле глуви за плачот на сиромашните и напатените, вдовиците и сираците”.
— Пророци и цареви, 207.

Понеделник — 4. јули
2. МЛАДЕШКА ГОРДОСТ

а. Што Бог изјавил дека ќе дојде како резултат на гордоста и љубовта кон покажувањето кое било придружувано со угнетувањето? Исаија 2,11.12; Изреки 29,23.

„Горделивоста на срцето е страшна црта на карактерот. „Горделивоста доведува до погибел и горделивиот дух до пропаст“ Ова е законитост која се потврдува и во семејството, и во црквата и во нацијата”. – 4 Сведоштво, 290.

„Во оној момент кога ќе почнеме да се чувствуваме самодоволни и сигурни, тогаш сме во опасност од срамен неуспех”.
— This Day With God, 277.

б. Каква ситуација Исаија пророкувал, и како тоа влијаело на спроведувањето на правдата? Исаија 3,4-6.12. Како можеме да бидеме сигурни дека нашите деца се соодветно обучени да го избегнат ова деструктивно влијание денес?

„Родителите, општо земено, не заземаат исправен став кон своите деца. Тие не ги ограничуваат како што треба, туку им дозволуваат да растат во гордост и да ги следат своите склоности. Во старо време, авторитетот на родителите бил почитуван и уважуван; децата биле потчинети на своите родители слушајќи ги со стравопочит; меѓутоа, во ова последно време работите се наопаку поставени. Мнозина родители се потполно потчинети на своите деца. Тие не се осмелуваат да се спротивстават на волјата на своите деца, и затоа им се потчинуваат. Меѓутоа, сè додека се под покривот на своите родители и зависат од нив, децата се должни да се потчинуваат на контролата на родителите. Родителите мораат да бидат одлучни, барајќи нивните гледишта со право да се уважуваат”. – 1 Сведоштво, 165.

„Родители, направете го домот извор на среќа за своите деца. Со ова не сметам дека треба да им попуштате. Колку повеќе им угодувате, толку потешко ќе биде да управувате со нив, но и ним ќе им биде потешко да живеат вистински, благороден живот кога ќе одат во светот. Ако им дозволите да прават што сакаат, нивната чистота и убавина на карактерот брзо ќе избледат. Учете ги да бидат послушни. Нека увидат дека вашиот збор мора да се почитува. Тие најпрвин можат наизглед да бидат несреќни поради тоа, но тоа ќе ги сочува од многу несреќи во иднината. Нека управувањето во домот биде праведно и нежно, полно со љубов и сочувство, но сепак цврсто и вистинско. Не дозволувајте ниту еден неучтив збор или непослушно дело”. – The Signs of the Times, April 8, 1903.

„Мајката не треба никогаш да му допушти на своето дете да стекне предност над неа”.
— Child Guidance, 283.

Вторник — 5. јули
3. СЈАЈ И ГЛАМУР

а. Наведете некои од приговорите што Господ ги имал против сионските жени во деновите на Исаија (Користете библиски речник за подобра претстава). Исаија 3,16-23.

„Желбата за истакнување наведува на екстравагантност и кај многу млади луѓе ја уништува желбата за поблагороден живот. Наместо да се стремат кон образование, тие мошне рано се фаќаат за некоја работа за да заработат пари и на тој начин да ја задоволат својата страст за облекување. Оваа страст одвела во пропаст многу млади девојки…

Дури и богослуженијата и денот за одмор не се изземени од власта на модата… Црквата станала место за одржување на модни ревии и повеќе се размислува за модата отколку за проповедта”. – Воспитување, 219.

„Идолопоклонството кон облекувањето е морална болест”. – Child Guidance, 432.

„Не е мал бројот на нашите луѓе кои назадуваат. Тие ја имитираат модата на светот. Нивната духовност е на умирање. Чекор по чекор тие сѐ повеќе се приближуваат кон љубовта кон светот. Себичноста и гордоста ги обземаат, а Божјоот љубов не наоѓа место во нивните срца. Некои кои некогаш биле ревносни реформатори сега се рамнодушни. Сестрите кои некогаш едноставно се облекувале сега се во согласност со модата”.
— Review and Herald, November 17, 1904.

б. За разлика од носење на провокативна облека, како христијаните треба да се облекуваат? 1 Тимотеј 2,9; Римјаните 13,14.

„Ако сакате, можете да одберете живот и спасение, или можете да одберете да си угодувате себеси и вашите драгоцени часови на проба да ги посветите да го направите вашето лице привлечно, како би го задоволило окото на световните и сладострасните луѓе, како би примиле ласкање од лажливи усни и на крај да го пожнеат она што го посеале – изопаченост”. – Daughters of God, 121.

„Вистинските христијани се возвишени во своите разговори; иако веруваат дека учествувањето во лудите ласкања претставува грев, тие сепак се љубезни, пријатни и добронамерни. Нивните зборови се искрени и вистинити. Тие се чесни во односите со своите браќа и со светот. Во своето облекување тие ги одбегнуваат излишните детали и надворешното прикажување; нивната облека е скромна и уредна, со мера и вкус”.
— Christian Temperance and Bible Hygiene, 87.

Среда — 6. јули
4. ОДБЕРЕТЕ ВИСОК ПОЗИВ

а. Кои сериозни последици за нашата духовност ќе има раскошното, провокативно облекување, ако тоа не се отстрани од црквата? Исаија 3,24-26; Матеј 5,27.28.

„Љубовта кон облекувањето го загрозува моралот, и жената која како христијанка треба да се одликува со скромност, разумност и чистота, ја прави спротивна на она што би требало да биде. Раскошната екстравагантна облека, премногу често поттикнува страст во срцето на оние кои ја носат поттикнуваат ниски страсти во срцето на оние кои ги набљудуваат”. – 4 Сведоштво, 503.

„Модата го изопачува умот и ја поткопува духовноста на нашиот народ. Робувањето на модата сѐ повеќе зема замав и меѓу адвентистите на седмиот ден и прави многу повеќе од сѐ друго за да го одвои нашиот народ од Бога. Покажано ми е дека правилата на нашата црква во тој поглед се непотполни. Секое манифестирање на горделивост во облекувањето, кое е забрането во Божјата реч, би требало да биде доволна причина за примена на црковна дисциплина. Доколку некоја сестра, и покрај сите предупредувања, повици и молби продолжува да ја спроведува својата изопачена волја, тоа може да се смета за јасен доказ дека нејзиното срце не е обединето со Христа. „Јас“ и само „јас“ станува предмет на обожавање и една таква таканаречена христијанка може многумина да одврати од Бога.

За нас како народ е многу тежок грев што дозволуваме членовите на нашата црква да се облекуваат на начин кој не е во согласност со нашата вера. Мораме веднаш да се разбудиме и да ја затвориме вратата перед заводливите искушенија на модата. Ако не го направиме тоа, нашите цркви ќе се деморализираат”.
— 4 Сведоштво, 505.506.

б. Опишете ги упатствата кои треба да ги прими нашата младина. Тит 2,3-6; 1 Петрово 3,1-4.

„Девојките треба да се поучат дека вистинскиот шарм на женственоста не е само во убавината на обликот или во достигањата; туку во кроткиот и тивок дух, во трпението, великодушноста, љубезноста и подготвеноста да работат и да се жртвуваат за другите. Тие треба да бидат научени да работат, да се школуваат за одредена потреба, да живеат за некоја цел, да имаат доверба во Бога и да се бојат од Него, и да ги почитуваат своите родители. Тогаш, како што ќе растат, ќе напредуваат во чистотата на умот, ќе бидат повеќе самостојни и повеќе сакани. Таквата жена ќе биде невозможно да се деградира. Таа ќе ги избегне искушенијата кои упропастиле многу души”.
— Child Guidance, 140.

Четврток — 7. јули
5. ДА СЕ НАРЕЧЕШ СО ИМЕ – ИЛИ ДА БИДЕШ ОБРАТЕН ОД СПАСИТЕЛОТ?

а. Во каква духовна стапица паднал Божјиот народ, и во времето на Исаија и во нашите денови (имајте во предвид дека во библиските симболи „седум“ означува полнота а „жена“ често се однесува на црквата – Еремија 6,2)? Исаија 4,1. Каков е Божјиот одговор? Исаија 55,8.9.

„Ние треба да се воздигнеме на повисоко ниво или ќе бидеме недостојни за христијанско име”. – 5 Сведоштво, 572.

„Христијанската борба не е живот на задоволства во јадење, пиење и облекување како кај самољубивите световни луѓе. Господ Исус дошол на овој свет во човечка природа за да, со Својот драгоцен живот, ни остави пример каков треба да биде нашиот живот. Тој е образец, не во духовно уживање, туку во живот кој постојано треба да ни биде перед очите, живот на самоодрекување и самопожртвување. Исус Христос, нашиот Образец, дошол да ни укаже на правилниот став. Пред нас е Кнезот на небото, Синот Божји. Тој ја оставил царската круна и кнежевската облека и дошол на овој свет да ја заземе Својата позиција како Човек на болката и да биде запознаен со тагата. Колку малку луѓе тоа го разбираат!“
— The Upward Look, 217.

б. Објаснете го виталниот столб на христијанската вера? Лука 9,23-26.

„Карактерот кој треба да го одразуваме е Христовиот карактер… Господ да ни помогне да умреме за себе, и одново да се родиме, како Христос би можел да живеел во нас, давајќи ни преку живото, активно начело сила која ќе нѐ одржува свети”. – Мојот живот денес, 365.

„Нека „јас“ умре. Предајте ја својата волја и умрете за себе сега, токму сега, и оставете Бог да ви го отвори патот”.
— This Day With God, 323.

Петок — 8. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто земната благосостојба честопати е проклетство и стапица за Божјиот народ?

2. Како ние како родители можеме да се подобриме во насочувањето и негувањето на нашите деца?

3. Наведете некои суетни гледишта во облекувањето како знак на духовна слабост?

4. Како можеме да ја насочуваме нашата младина да развие посвет вкус и почист ум?

5. На кој начин јас покажувам дека сум самоволен, наместо да Му се предадам на Бога?

2016 • 3. Квартал

3. лекција – Соочување со реалноста

Сабота, 16. јули 2016
„И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот”.
— Исаија 6,5.
„Исаија ги осудувал другите поради нивното отпадништво и одвојување од Бога. Тој бил речиси готов да попушти на обесхрабрувањето, меѓутоа тој сфатил дека живее меѓу ‘народ со нечисти усни’ но сега тој се гледа себеси во опасност. Тој и самиот е ‘човек со нечисти усни’ Тој не сакал себеси да се воздига. О колку мал тој бил во својата мудрост, колку недостоен, колку неподобен за света служба”.
— The Bible Echo, September 9, 1895.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 200-217.

Недела — 10. јули
1. ГЛЕДАЈЌИ НА ДРУГИТЕ КАКО НА БЕЗНАДЕЖНИ СЛУЧАИ

а. Како другите автори ги изразиле истите чувства кои и Исаија би ги имал гледајќи го големото зло во таканаречениот Божјиот народ? Псалм 94,3.4; Еремија 4,14.

„Изгледало дека Божјата намера во поглед на Израел нема да се оствари и дека бунтовната нација ќе доживее слична судбина како Содом и Гомор.

Со оглед на ваквите околности, не е чудно што Исаија, за време на последната година од царувањето на Озија, бил повикан веста на опомена и Божји укор да ги објави на Јуда. Тој добро знаел дека ќе наиде на тврдоглав отпор. Чувствувајќи се неспособен да се соочи со ситуацијата и размислувајќи за тврдоглавоста и неверувањето на народот за кој требал да работи, неговата задача изгледала безнадежна. Треба ли во очај да се одрече од својата мисија и да ја остави Јуда и понатаму непречено да тоне во идолопоклонство? Зарем боговите на Ниневија да владеат со земјата пркосејќи му на небесниот Бог.

Со такви мисли се занимавал Исаија додека стоел под тремот на храмот”.
— Пророци и цареви, 207.

Понеделник — 11. јули
2. МОМЕНТОТ КОЈ ГО МЕНУВА ЖИВОТОТ

а. Што Исаија видел во визија додека стоел пред храмот? Исаија 6,1-4.

„Одеднаш вратата на внатрешната завеса во Храмот се чинело како да се отворила или повлекла и му било дозволено да погледне внатре во светињата над светињите, во која дури ниту нозете на пророкот не смееле да стапнат. Пред неговите очи во видение му се покажал Бог како седи на висок и возвишен престол, а скутот на Неговата слава го исполнувал храмот. Од двете страни на престолот лебделе серафими, служејќи пред својот Творец со покриени лица, сложно и свечено изјавувајќи: ‘Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава (Исаија 6,3); се чинело дека столбовите и кедровата врата треперат од нивните гласови и целиот храм бил исполнет со почест и пофалба”. – Пророци и цареви, 207.208.

„Дали (Исаија) мислел за себе дека е недостоен пред да ја види Божјата слава? Не; тој се видел себеси како праведен пред Бога”.
— The Review and Herald, June 4, 1889.

б. Под влијание на оваа визија, што наеднаш се случило со сликата што Исаија ја имал за самиот себе (имајќи го во предвид фактот дека тој веќе ја изнел веста на укор за израелскиот народ)? Исаија 6,5.

„Кога Исаија го согледал тоа откровение на славата и Господовото величие, тој бил совладан со чувството на Божјата чистота и светост. Каква остра спротивност помеѓу неспоредливото совршенство на неговиот Создател и грешниот живот на оние кои, заедно со него, се вбројувале во избраниот народ на Израел и Јуда”. – Пророци и цареви, 208.

„Исаија ги осудувал гревовите на другите, но сега тој се гледа себеси изложен на истата осуда што ја изрекол против нив. Тој бил задоволен со ладната, безживотна церемонија во која и самиот се придржувал во славење на Бога, но за тоа не бил свесен додека Господ не му ја дал оваа визија. Колку незначителна изгледала неговата мудрост и талентите кога погледнал во светоста и величието на светилиштето! Колку недостоен изгледал сам во своите очи! Колку неподобен за света служба! Неговата тогашна претстава за себе би можела да се изрази со јазикот на апостол Павле: ‘Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело’”.
— Коментари на библиските текстови, 311.

Вторник — 12. јуни
3. СЕГАШЕН ПОВИК

а. Што е потребно денес, исто како што било потребно и во времето на Исаија? Јоил 2,12.13.

„Потребно е темелно самоиспитување на срцето. Со солзи и со исповед на гревовите на скршеното срце, мораме да се приближиме кон Бога за да може Тој да се приближи кон нас”. – Евангелизам, 510.

„Мора да има длабоко покајание, вера во нашиот Спасител Исус Христос, будно стражарење, непрестајна молитва и марливо пребарување на Светото писмо”. – Manuscript Releases, vol. 8, 338.

„Чиста и неизвалкана вера треба да ја исполни светињата на душата. Секој има задача која треба да ја изврши, ниту пријателот или проповедникот не може тоа да го направи за него; секој треба да се покае за себе, и да ги исповеда своите гревови на Бога. Направете го тоа темелно. Верувајте за себе; имајте Божја благодат во срцето за себе. Бог на секој животен пат ќе има свои вистинити, верни сведоци кои ќе сведочат за силата на Неговата благодат. Тие се можеби скромни, но тие ќе живеат во светлината на Божјоото лице, со Библијата како свој водач.

Погледни, о погледни каде си ги занемарил своите должности, но и во што на верниците и на неверниците си дал пример кој ќе ги одведе далеку од Бога, далеку од правдата и духот на вистината. Исус ќе има луѓе што ќе дојдат кај Него, тие ќе се потпираат на Него, ќе имаат доверба во Него, и ќе имаат искуство втемелено само врз Него”.
— The Review and Herald, December 18, 1888.

б. Какво искуство Бог сака да стекнат оние што Го следат? Изреки 4,18.?

„Господ ве повикува да дојдете до повисок, да постигнете посвет стандард. Мора да имате искуство многу подлабоко отколку што сепак сметате дека го имате… Предајте му ги на Исуса најдобрите и најсветите чувства на своето срце. Чувајте го секој зрак на светлина. Негувајте го секој копнеж на душата по Бога. Негувајте во себе духовни мисли и света заедница. Вие сте ги виделе само првите зраци на зората на Неговата слава. Ако подобро го запознаете Господа , ќе знаете дека излегувањето му е исто како зората… Откако сме се покајале за своите гревови, признавајќи ги и добивајќи проштавање, ние треба и понатаму да примаме поуки од Христа, сѐ додека не постигнеме целосно совршенство на евангелската вера”.
— 8 Сведоштво, 251.252.

Среда — 13. јули
4. О, КОГА НАШИТЕ ОЧИ БИ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ

а. Објаснете колку е голема нашата потреба за покајание. Јоил 2,15-17.

„Нека мнозина Христови проповедници огласат пост, нека повикаат свечено собрание и нека Го бараат Бога, додека може да се најде. Повикајте го сега, додека лежите во подножјето на крстот на Голгота. Откажете се од гордоста и како претставници и чувари на црквите плачете помеѓу тремот и олтарот… Молете се, о молете се за излевањето на Божјиот Дух!“ – Одбрани пораки 3, 189.

„Наместо да ги воздигате своите души во самодоволност, проповедниците и народот треба да ги исповедаат своите гревови пред Бога и едни со други”.
— Одбрани пораки 3, 390.

б. Што сите ние треба да разбереме во ова свечено дело? Римјаните 3,9-12.

„Има мнозина кои се споредуваат помеѓу себе, земајќи ги како модел бедните, грешни смртници, иако имаме сигурен, непогрешлив Модел. Божјиот народ не треба да се мери од страна на светот, ниту со човечки мислења, ниту со она што биле перед да ја прифатат вистината. Нивната вера и положба во светот, какви што се сега, мора да се спореди со она што тие би биле кога нивниот пат постојано би водел напред и нагоре, бидејќи тие тврдат дека се Христови следбеници. Ова е единствената безбедна споредба. Во секоја друга, ќе има самоизмама. Ако моралниот карактер и духовната состојба на Божјиот народ не соодветствуваат со благословите, предностите и светлината што им е доверена, тие ќе бидат измерени на мерилата и ќе се најдат лесни. Ангелите во нивниот извештај ќе напишат: ‘Лесни!’“ – The Review and Herald, August 31, 1886.

„Не можеме да си дозволиме да живееме од лушпите на туѓите грешки и недостатоци. Зборувањето лоши работи е двојна клетва, која паѓа повеќе во голема мера на оној кој што зборува, отколку на оној што слуша. Оној што сее семе на раздор и неслога ќе пожнее, во својата сопствена душа, смртоносни плодови. Самиот чин на барање зло во другите го развива злото кај оној што го бара. Задржувајќи се на туѓите недостатоци, ние се преобразуваме во истиот лик. Но, задржувајќи се на Исус, зборувајќи за Неговата љубов и совршениот карактер, ние се менуваме во Неговиот лик”.
— Здравје и среќа, 392.

Четврток — 14. јуни
5. ПОНИЗНОСТ И ОЧИСТУВАЊЕ

а. Откако срцето на Исаија станало понизно како никогаш пред тоа, што направил небесниот Бог за својот слуга? Исаија 6,6.7. Каква поука треба да извлечеме од ова?

„Оваа визија дадена на Исаија (во 6. поглавје) ја прикажува состојбата на Божјоот народ во последните денови. Тие се привилегирани со вера да го согледаат делото кое се врши во небесното светилиште. ‘И се отвори Божјиот храм во небото и се покажа ковчегот на Неговиот завет во Неговиот храм’ (Откровение 11,19). Додека со вера ја посматраат Светињата над светињите и го гледаат делото кое Христос го врши во небесното светилиште, тие согледуваат дека се народ со нечисти усни – народ чии уста се полни со суета, и чии таленти не се посветени и употребени за слава на Бога. Кога својата слабост и недостојност ќе ја споредат со чистотата и светоста на славниот Христов карактер, тие можат само да очајуваат. Меѓутоа, ако тие, како што тоа го направил Исаија во свое време, го прифатат впечатокот кој Господ сака да го втисне во нивното срце, и ако во длабочината на својата душа се понижат пред Бога, и за нив има надеж. Над престолот е божилакот на ветувањето, и она што било направено за Исаија, ќе биде направено и за нив. Бог ќе ја исполни секоја молитва која доаѓа од скршено и понизно срце”.
— Коментари на библиските текстови, 311.312.

б. Каква треба да биде нашата секојдневна молитва? Псалм 51,2.7.

„Не слушајте ги сугестиите на непријателот кој ве наговара да се држите настрана од Христос сѐ додека не се поправите, додека не бидете доволно добри за да дојдете до Бога. Ако чекате на тоа, вие никогаш нема да дојдете”.
— Христовите очигледни поуки, 173.

Петок — 15. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Пред визијата во храмот, какво мислење имал Исаија за себе и другите?

2. Како визијата за небесната слава го променила ставот на пророкот?

3. Опишете го делото кое треба сите ние да го извршиме денес?

4. Објаснете што се случува кога ќе почнеме да ги бараме грешките кај другите?

5. Кое уверување дадено на Исаија одекнува до секоја покајничка душа?

2016 • 3. Квартал

4. лекција – Размислување за праведноста

Сабота, 23. јули 2016
„Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели”.
— Исаија 1,18.
„(Исус) е запознаен со човечките гревови, Тој знае за секоја нивна постапка и ги чита нивните тајни побуди; но сепак не се свртува од нив во нивното беззаконие. Тој ги преколнува грешниците и се суди со нив и во извесна смисла – бидејќи и сам ги сносел слабостите на човечкиот род – Тој се става на исто ниво со нив”.
— 4 Сведоштво, 225.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 20-37.

Недела — 17. јули
1. ПОДГОТВЕНОСТА НА СРЦЕТО

а. Откако бил очистен гледајќи го во визија небесното светилиште, каков бил одговорот на Исаија на Божјиот повик? Исаија 6,8-10.

„…Пророкот (Исаија) бил подготвен за делото што му претстоело. За сето време на својата долга и напорна мисија во себе го носел сеќавањето за ова видение”.
— 5 Сведоштво, 517.

б. Како ние треба, исто така, да одговориме на Божјиот повик денес? Евреите 3,12-15.

„Небесните ангели одамна чекаат човечките орудија – членовите на црквата – да почнат да соработуваат со нив во големото дело кое мора да се изврши. Тие чекаат на вас”. – 9 Сведоштво, 31.

„Тука секој може нешто да направи. Секоја душа која верува во вистината треба да го заземе своето место и да каже: ‘Еве ме мене, испрати ме мене’ (Исаија 6,8)”.
— 6 Сведоштво, 49.

Понеделник — 18. јули
2. РАЗУМНО РАСУДУВАЊЕ

а. Објасни како и зошто Бог упатува повик до нашиот разум. Исаија 1,18.

„Господ од припадниците на Својот народ очекува да се раководат според разумот, а не според минливи впечатоци. Неговото дело можат да го сфатат сите Негови деца. Неговото учење е такво што секој може да го разбере, ако го примени здравиот разум. Тоа има за цел да го воздигне и облагороди умот”. – 1 Сведоштво, 176.

„Христос ги откупил нашите срца. Христос го откупил и човечкиот разум. Ја откупил и моќта на расудување, и Христос ни доверува способности и сили. Тој не сака овие сили и способности да бидат користени само за овоземни работи, а од вид да се изгуби она што е вечно”. – Sermons and Talks, vol. 1, 251.

„Големото име меѓу луѓето е како буквите напишани во песок, но беспрекорниот карактер ќе се одржи за сета вечност. Бог ви дава здрав разум и расудувачки ум, при што може да се сфатат Неговите ветувања; а Исус е подготвен да ви помогне во формирањето на силен, урамнотежен карактер”.
— God’s Amazing Grace, 81.

б. Како Евангелието нè благословува со уште поголема ментална јасност? 2 Тимотеј 1,7.

в. Каков е односот помеѓу срцето и умот? Евреите 10,16; Езекиел 36,26.

„Што е ново срце? Тоа е нов ум. А што е ум? Тоа е волјата. Каде е вашата волја? Таа е или на страната на сатаната или на Христовата страна. Сега тоа е до вас. Ќе ја ставите ли вашата волја денес на Христовата страна? Тоа е ново срце. Тоа е нова волја, нов ум”. – Sermons and Talks, vol. 1, 210.

„Зборовите: ‘Ќе ви дадам ново срце’ (Езекиел 36,26), значат: Ќе ви дадам нов ум. Оваа промена на срцето секогаш е пратена со јасна претстава за христијанската должност, разбирање на вистината”.
— Совети за родителите, учителите и студентите, 374.

Вторник — 19. јули
3. ОСТРИ ЗБОРОВИ, СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ

а. Каков едноставен избор Исаија требало да објави, и кој сличен избор ни е понуден и нам денес? Исаија 1,19.20; Исус Навин 24,14.15.

„Волјата е управувачка сила во природата на човекот, способна за одлучување или избор. Секое човечко суштество, надарено со разум има способност да го избере доброто. Во секое животно искуство, Божјата реч ни зборува: „Одберете си сега, кому да му служите“ (Исус Навин 24,15). Секој може да ја стави својата волја на страната на Божјата волја, може да избере да Му биде послушен, и поврзувајќи се на тој начин со божествените сили, може да стане толку цврст што ништо нема да може да го принуди да прави зло. Во секое младо суштество, во секое дете, лежи сила која со Божја помош може да изгради чесен карактер и да живее корисен живот”. – Воспитување, 257. 258.

„Вредноста на едноставната вера и безусловната послушност никогаш не можеме да ја прецениме. Одејќи еднакво по патот на послушноста во едноставна вера, можеме да постигнеме целосно совршенство на карактерот”.
— Коментари на библиските текстови, 308.

б. Кои гревови на Божјиот народ биле споменати од страна на пророкот? Исаија 1,21-23.

„Тежок грев постои во нашата средина, а тоа е самодоволноста – фарисејството – чувство дека сме праведни и дека сите наши дела се за секоја пофалба, додека во исто време сме далеку од негување на вистински дух кон Бога или кон нашите браќа… Самопочитта се негува и во вас се појавува критички дух кон другите затоа што не сте во прв план. Се појавиле завист, љубомора, сомнеж, пронаоѓање на грешки и лажно сведочење. Меѓу вас има непосветени срца, кои сѐ што сте кажале или направиле, дури и според особените Божји упатства, го прикажуваат во погрешно светло. Непријателот се радува кога луѓето го обвинуваат човекот за изговорениот збор. Во многу од овие случаи каде што се појавиле критики, всушност немало вистински грев; сомнежот е производ на состојбата на умот кој се занимава со него. Ако некој им застане на патот, тие повеќе нема да бидат во единство или во заедништво со него. Тие се чувствуваат загрозени со сѐ што тој може да каже или направи… Сепак, оние кои на овој начин создаваат незадоволство и раскол и сеат семе на љубомора, цело време тврдат дека цврсто веруваат во вистината. Таквите не го практикуваат духот на вистината”.
— The Review and Herald, December 18, 1888.

Среда — 20. јули
4. ТЕМЕЛНО, УМНО ДЕЛО

а. Што ни е потребно за да можеме целосно да се покаеме? Псалм 119,18.

„(1 Јованово 3,2.3). Овде е изложена човечката задача која тој самиот мора да ја изврши. Тој мора да се соочи со огледалото, Божјиот закон, да ги воочи недостатоците во својот морален карактер, да ги отфрли своите гревови и да ги испере својата облека на карактерот во крвта на Јагнето… Меѓутоа, влијанието на евангелската надеж не го наведува грешникот спасението кое Христос му го нуди да го смета како бесплатен дар на Неговата благодат, продолжувајќи притоа и понатаму да живее во престап на Божјиот закон. Кога светлината на вистината ќе го осветли неговиот ум и тој во потполност ќе ги сфати Божјите барања и тежината на своите престапи, тој се менува во животот, со силата добиена од Спасителот, се враќа на верноста кон Бога, водејќи нов и почист живот”. – 4 Сведоштво, 225.

„Кога ќе започнете да ја проучувате Божјата реч, оставете ги сите однапред усвоени мислења и вашите наследни и негувани идеи. Никогаш нема да ја откриете вистината ако го проучувате Светото писмо за да ги одбраните вашите лични идеи. Оставете ги настрана вашите лични идеи и со скрушено срце одете да чуете што Господ има да ви каже. Божјата реч му дава разум на понизниот истражувач, кој седнува покрај Христовите нозе за од Него да ја прими вистината. На оние кои се премногу мудри во своите очи за да ја проучуваат Библијата, Христос им вели: Морате да станете кротки и понизни во срцето ако сакате да станете мудри за спасение.

Немојте да ја читате Божјата реч во светлината на вашите поранешни мислења, туку проучувајте ја грижливо, во молитва и со ум ослободен од предрасуди. Ако во текот на читањето стекнете уверување дека вашето омилено мислење не се согласува со Речта, не обидувајте се Речта да ја доведете во склад со вашето мислење, туку, напротив, настојувајте вашето мислење да го доведете во склад со Божјата реч. Не дозволувајте врз вас да влијаат вашите навики и вашето старо верување. Отворете ги очите на вашиот ум за да ги разберете чудесата на законот. Дознајте што е напишано, а потоа утврдете ги своите нозе на вечната Карпа”.
— Порака кон младите христијани, 181.

б. Како нашата решеност да се одвратиме од гревот треба да нè потсетува на големата реформација во времето на Неемија? Неемија 4,6 (последен дел).

„О, никој да не го одложува денот на покајание и реформа! Сега е благопријатно време”.
— The Signs of the Times, July 30, 1894.

Четврток — 21. јули
5. ПРЕДВКУСОТ НА ВИСТИНСКА ХАРМОНИЈА

а. Опишете го нивото на искреното покајание кое Христос сака да го види во нас кои живееме во последните денови од историјата на Земјата. Откровение 3,19.

„‘За остатокот мора да се изврши едно големо дело. Мнозина од нив се задржуваат на незначителни потешкотии. Легиони на зли ангели ве опкружуваат – вели ангелот – и настојуваат да ве обземат со својата ужасна темнина, за да можат да ве измамат и да ве фатат во своите стапици. Вие ги оптоварувате своите мисли така што тие премногу лесно се одвраќаат од делото на подготовка и од сите важни вистини за овие последни денови, кои се позначајни од сето останато. Се задржувате на безначајни потешкотии и се впуштате во подробно разјаснување на незначителни ситници за со тоа да го задоволите овој или оној‘. Кога срцата не се скротени со Божјата благодат, дискусијата помеѓу поединци со часови се продолжува, а со тоа се губи не само нивното време, туку и времето на Божјите слуги кои се принудени да ги слушаат. Поголемиот дел на тешкотии за пет минути би биле отклонети доколку не би имало гордост и себичност”. – Рани списи, 97.98.

„Христос доаѓа. Се сеќавам кога мислевме дека крајот ќе дојде во 1844 година, и кога доаѓавме заедно на нашите состаноци, прашањето кое мнозина го поставуваа беше: ‘Браќа, дали видовте нешто во мене што не е исправно? Знам дека самите не можеме да ги видите своите грешки, и ако било кој од браќата видел нешто лошо во мене, сакам тоа да ми го каже.‘ Во некои прилики ги признававме своите престапи, би се поклонувале пред Бога и би Го молеле за прошка. Тогаш браќата кои имаа некои несогласувања одеа сами во штала или овоштарник и се бореа заедно со Бога. Потоа би се вратиле, рака под рака, имајќи љубов еден кон друг и мир меѓу себе. Чувствувавме дека не можеме да се разделиме додека сѐ не биде во совршена слога. Слаткиот дух на мирот би се почувствувал меѓу нас, и Божјата слава нѐ опкружуваше. Лицата ни светеа”.
— Sermons and Talks, vol. 2, p. 24.

Петок — 22. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто желбата на Исаија да го прифати Божјиот повик може да биде инспирација за нас?

2. Што вистинската христијанска религија прави за човечкиот ум?

3. Како вистинското покајание ќе го промени нашиот однос кон другите?

4. Објаснете што е клучно за вистински раст во нашето проучување на Библијата?

5. Кое искуство на раните Адвентни верници би било добро да го повториме?

2016 • 3. Квартал

5. лекција – Нашиот сочувствителен Отец

Сабота, 30. јули 2016
„Извиши го силно гласот свој… Подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јудини: еве Го вашиот Бог”.
— Исаија 40,9.
„Пророкот (Исаија) го возвишувал Бога како Творец на сѐ. Неговата порака во градовите на Јуда била: ‘Еве го вашиот Бог’”.
— Пророци и цареви, 214.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очигледни поуки, 114-126.

Недела — 24. јули
1. ТИВКА НАДЕЖ КАКО ОСНОВА

а. Што му било речено на Исаија дека може да очекува во текот на службата која ја прифатил? Исаија 6,9-12. И покрај тоа, какво уверување тој требало да негува? Исаија 6,13; 10,20.21.

„Неговата грижа (Исаија) за заблудената Јудеја не била залудна. Неговата мисија не била сосема неуспешна… Целиот свој живот тој морал да биде храбар и трпелив учител – не само пророк на казната туку и пророк на надежта. Сите плодови од неговата работа, како и работата на сите верни Божји гласници ќе се покаже дури кога потполно ќе се оствари Божјиот план. Требало да се спаси остатокот”.
— Пророци и цареви, 209.

б. Наведете некои клучни идеи кои пророкот ги истакнал – и зошто тие возвишени теми можат нас да нè инспирираат со надеж. Исаија 40,9.13-15.21-31.

„И ѕвездите имаат радосна порака за секое човечко битие. Во часовите што сите ги доживуваат, кога срцето ќе изнемошти, а искушението болно притиска; кога пречките изгледаат непремостливи, животните цели недостижни, Неговите справедливи ветувања како Содомски јаболка; каде, тогаш, може да се пронајде повеќе храброст и непоколебливост отколку во поуката што Бог ни заповедал да ја научиме од ѕвездите и нивното спокојно движење?“
— Воспитување, 99.

Понеделник — 25. јули
2. СРЦЕТО СОКРИЕНО ЗАД ОБЛАЦИТЕ

а. Во текот на земната историја, која погрешна претстава за Божјиот карактер отсекогаш требало да се разјасни? Езекиел 18,25; Исаија 55,8.9.

„Во времето на Исаија духовното сфаќање на луѓето било затемнето преку погрешните претстави за Бога. Сатаната долго настојувал да ги наведе луѓето на помисла дека Бог го создал гревот, страдањата и смртта. Оние кои на тој начин биле измамени го замислувале Бога дека е строг и дека многу бара. Тие сметале дека Тој само чека прилика да ги повика луѓето на одговорност и да ги осуди, дека со незадоволство го прима грешникот и тоа дека за тој став има изговор во законот. Големиот измамник лажно им го претставил законот на љубовта кој управува со небото: им говореле дека тој закон ја ограничува човечката среќа и дека претставува тежок јарем кој треба да се отфрли. Тој говорел дека луѓето не треба да се покоруваат на Неговите прописи, и дека казните за престапот се доделуваат произволно.

Израел немал никакво оправдување затоа што го загубил од вид вистинскиот Божји карактер. Тој многу пати им се открил како ‘полн со сочувство и милостив, долготрпелив, изобилен со љубов и вистина’ (Псалм 86,15)”.
— Пророци и цареви, 211.

б. Која вистинска слика за Бога ние често ја забораваме? Исаија 49,13-16.

„Кога оставаме впечаток дека се сомневаме во Божјата љубов, дека немаме доверба во Неговите ветувања, го срамиме Бога и го жалостиме Неговиот Свет Дух. Како би се чувствувала мајката, кога нејзините деца постојано би се жалеле на неа, како таа да не им сака добро, а таа во текот на целиот свој живот се трудела да ги заштити нивните интереси и да им даде утеха? Болното сознание дека нејзините деца можат да се посомневаат во нејзината љубов би го скршило нејзиното срце. Како би се чувствувал кој и да е родител, кога децата така би постапувале со него? А што може да мисли нашиот небесен Отец за нас кога немаме доверба во Неговата љубов, која го навела да го жртвува Својот единороден Син за ние да имаме живот? Апостолот пишува: ‘Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сè?’ (Римјаните 8,32). А сепак колку има такви кои кажуваат, ако не со зборови тогаш со своите дела: ‘Со тоа Бог не мислел на мене. Можеби Тој ги сака другите, но не ме сака мене!

Сето тоа ѝ нанесува штета на вашата душа; бидејќи со секој сомнежлив збор го повикувате сатаната да ве искушува; таквиот збор ја зајакнува склоноста кон сомневањето, а со неа ги жалостите ангелите кои ви служат. Кога сатаната ве искушува, немојте да изговорите ниту еден збор на сомнеж или мрачен збор”.
— Патот кон Христа, 76.

Вторник — 26. јули
3. ПОВИК ПОЛН СО ЉУБОВ

а. Кој Божји план за Неговиот заблуден народ Исаија го објавил? Исаија 41,14; 48,4.8-11.

„Срцето на бескрајната љубов копнее по оние кои чувствуваат немоќни да се ослободат од стапиците на сатаната, и Тој милостиво им нуди поткрепа за да живеат за Него…

Жителите на Јуда не биле достојни, но Бог сепак не сакал сосема да се откаже од нив. Преку нив Неговото име требало да се прослави меѓу незнабошците. Мнозина од луѓето кои биле во целосно незнаење за Неговиот карактер, требале да почнат да ја осознаваат славата на Божјоот карактер. Со цел да ги разјасни Своите милостиви намери, Бог постојано ги праќал своите слуги пророците со пораката: ‘Вратете се секој од својот лош пат’ (Еремија 25,5)…

Повикот на покајание бил јасно упатен и сите биле повикани да се вратат”.
— Пророци и цареви, 214.215.

б. Кои славни ветувања се дадени на секого од нас, само ако сакаме да ги прифатиме? Исаија 55,6.7; 44,21.22.

„Дали и ти, читателу, го одбра сопствениот пат? Дали си се оддалечил далеку од Бога? Дали си се обидел да се храниш со плодовите на престапот, само за да се претвораат во пепел на твоите усни? И сега, бидејќи животните планови ти се спречени и надежите мртви, седиш ли осамен и очаен? Оној ист глас кој долго време му зборува на твоето срце, но кој не си сакал да го слушнеш, ти се обраќа јасно и гласно: ‘Станете и одете си, зашто тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ќе биде разорена – и тоа со голема погибел’ (Михеј 2,10). Врати се дома кај твојот Отец…

Не го слушај непријателот кој ти советува да не му пријдеш на Христа сѐ додека не се поправиш, додека не станеш достоен да дојдеш кај Бога. Ако толку чекаш, никогаш нема да дојдеш. Ако сатаната укажува со прст на твојата валкана облека, сети се на ветувањето на Спасителот: ‘Сè што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор’ (Јован 6,37). Кажи му на непријателот дека крвта на Исуса Христа очистува од секаков грев”.
— Пророци и цареви, 215.216.

Среда — 27. јули
4. ПОНИЗНИ ПРЕД БОГА И ЕДНИ КОН ДРУГИ

а. Објаснете ја промената која Бог сака Неговиот народ да ја направи – да се одрече од идолопклонството и гордоста, за да станат деца на небесниот Отец. Исаија 57,13-21.

„Не дозволувајте гордоста, самодовербата или самоправедноста да го спречи некого да ги исповеда своите гревови, за да може да се фати за ветувањето: ‘Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван’ (Изреки 28,13). Ништо не сокривајте од Бога и не го запоставувајте признавањето на вашите маани на браќата кои имаат удел во нив…

Жалосен е фактот дека заблуденото срце не сака да биде критикувано или да се подложи на понижување исповедајќи го гревот. Некои ги согледуваат своите недостатоци, меѓутоа, водени од помислата дека со признавањето ќе го изгубат достоинството, тие наоѓаат изговор за своите погрешки и се штитат себеси од дисциплината кое признавањето ја носи на душата… Тие ги гледаат грешките на другите; но како можат да имаат храброст да советуваат: ‘Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите’ кога во својот живот не го извршуваат ова упатство? Колкумина проповедници или членови учат од вистината која ја потиснуваат на страна и, ако е можно, ја забораваат, затоа што не им е прифатлива, затоа што не ѝ ласка на нивната гордост, туку ги укорува и боли?… Тие мораат да бидат гладни и жедни за Христовата правда, просветлени од Светиот Дух”.
— Fundamentals of Christian Education, 239,240.

б. Како можеме поуспешно да соработуваме со Светиот Дух, за да бидеме дел од големиот Божји план? Исаија 59,20.21.

„Гревот не треба да се негува. Сега е време кога љубовта кај мнозина се лади, и секое твое отпадништво може другите да ги охрабри на нивниот погрешен пат и да ги доведе до многубројни и тешки престапи. Немојте да давате пример на млакост; не одвраќајте се од сведоштвата на Божјиот Дух. Нам ни е доверена свечена порака која треба да му ја објавиме на светот, а влогот е голем. Не можеме да бидеме безбедни меѓу искушенијата што нѐ опкружуваат во овие опасни времиња, освен ако не сме трезни во молитвите. Мораме да се чуваме да не ги прифатиме своите ниски стандарди наместо високото библиско мерило за карактерот”.
— Gospel Workers (1892), 462.

Четврток — 28. јули
5. ПОТПИРАЊЕ НА ВЕЧНАТА И МОЌНА ДЕСНИЦА

а. Кој милосрден повик упатен до жителите на Јуда одекнува до нас денес? Исаија 27,5.

„Сатаната смислил посебен план: луѓето прво да ги наведе на грев, а потоа да ги остави беспомошни и растревожени, плашејќи се да бараат проштавање. Но зошто треба да се плашиме… Великодушно ни е понудено сѐ што било потребно да се отстранат нашите слабости и охрабрени сме да се вратиме кај Христа…

Христос се обврзал дека ќе биде наша замена и гаранција, и Тој никого нема да занемари. Оној кој не можел да дозволи луѓето да бидат изложени на вечна пропаст, кој својата душа ја предал на смрт наместо нив, ќе погледне со милост и сочувство кон секој човек кој сфаќа дека тој не може самиот да се спаси.

Секој кој очајува Тој ќе му помогне да се подигне. Тој, кој со своето посредување на секој човек предвидел бесконечна резерва на морална сила, не може да ја пропушти можноста таа сила да не ја употреби во наша полза. Сите свои гревови, грижи и болки да ги положиме кај Неговите нозе, бидејќи Тој нѐ љуби”.
— Христовите очигледни поуки, 119.120.

б. Со кои зборови Исаија го опишува искуството кое треба да биде и наше? Исаија 12,1-6.

„О, колку пати срцето било трогнато со убавината на Христовото лице, воодушевено со убавината на Неговиот карактер и покорено со мислата за Неговото страдање. Тој сега сака целосно да се потпреме на Него”.
— Одбрани пораки 2, 232.

Петок — 29. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Исаија можел да му проповеда на својот народ со надеж?

2. Како можеме да избегнеме да бидеме измамени со вообичаените погрешни претстави за Бога?

3. Зошто Бог се труди да ги повика гордите, тврдоглави луѓе на покајание?

4. Ние можеме да ги исповедаме своите гревови на Бога, но колку често го занемаруваме советот од Јаков 5,16?

5. И покрај тврдењата на сатаната, зошто Бог сака да ја проучиме лекцијата за оваа недела?

2016 • 3. Квартал

6. лекција – Сојуз со неверниците

Сабота, 6. август 2016
„Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте. Господ Саваот – само Него сметајте Го за свет, и Тој да биде ваш страв и ваш трепет”.
— Исаија 8,12.13.
„(Бог) повикува луѓе кои ќе останат одвоени од непријателите на вистината. Тој повикува луѓе кои нема да се осмелат да се потпрат на човечката десница влегувајќи во партнерство со световните луѓе, како би обезбедиле средства за унапредување на Божјото дело – дури и за изградба на институции”.
— Counsels on Health, 290.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 132-147.

Недела — 31. јули
1. ЕКСТРЕМНО ОТПАДНИШТВО

а. Објаснете го обемот на неповолните услови со кои Божјиот верен остаток се соочил за време на владеењето на Ахаз, царот на Јуда. 2 Летописи 28,1-4. Како Михеј ја опишува оваа ситуација? Михеј 7,2.4.

„Со доаѓањето на Ахаз на престолот, за Исаија и неговите соработници настапиле речиси полоши услови отколку било кога порано во Јудиното царство. Мнозина во некогаш се противеле на измамничките влијанија на идолопоклонството сега биле убедени да учествуваат во службата на паганските богови. Кнезовите во Израел се покажале неверни; лажни пророци се појавувале со вести кои воделе на погрешен пат; дури и некои свештеници предавале за пари. Сепак, водачите на отпадништвото сѐ уште формално ги одржувале богослуженијата и тврделе дека се вбројуваат во Божјиот народ”. – Пророци и цареви, 218.

„…’Твоите водачи те доведуваат до заблуда и го раскопуваат патот по кој одиш’ (Исаија 3,12). За време на владеењето на Ахаз ова буквално се обистинило… Силите на доброто рапидно се намалувале, а силите на злото се умножувале”.
— Пророци и цареви, 219.

Понеделник — 1. август
2. НЕСВЕТ СОЈУЗ

а. Кој апел Бог го упатил за време на кризата во времето на Ахаз? Михеј 6,1-5. Како Тој ја опишал ситуацијата, и што во врска со тоа направил? Исаија 28,5-13.

„Заради доброто на оние што останале верни, како и поради Својата бескрајна љубов кон грешниците, Бог во сите времиња бил трпелив кон бунтовниците, ги повикувал да се откажат од својот зол пат, и да Му се вратат. Преку луѓето кои ги избрал, Бог ги поучувал престапниците на патиштата на правдата ‘заповед врз заповед, заповед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку и таму малку’ (Исаија 28,10).

Така било во времето на царот Ахаз. Повик по повик бил упатуван до грешниот Израел да се врати повторно кон Господа. Нежни биле посредувањата на пророците, и додека така стоеле пред народот, искрено повикувајќи ги на покајание и реформа, нивните зборови донесувале плодови за Божја слава”.
— Пророци и цареви, 219.220.

б. Иако Ахаз ги игнорирал апелите на пророците и продолжил со идолопоклонството, од што конечно се исплашил? 2 Царевите 16,5. Зошто Бог дозволил ова да се случи? 2 Летописи 29,6-8.

„Да биле Ахаз и поглаварите негови од царството вистински слуги на Севишниот, тие не би требале да се плашат од таков неприроден сојуз каков што бил формиран против нив. Меѓутоа, постојаните престапи им ја одземале силата. Обземен со ужасен страв од одмаздничкиот гнев на навредениот Бог, Ахаз затреперил во срцето ‘и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата’ (Исаија 7,2)”.
— Пророци и цареви, 222.

в. Каква порака примил Ахаз во овој пресуден момент? Исаија 7,4-9. Како царот одговорил? 2 Царевите 16,6-8.

„Добро би било за царството на Јуда Ахаз да ја примил оваа порака (Исаија) како небесна. Меѓутоа, одлучувајќи да се потпре на телесна рака, тој побарал помош од незнабошците”.
— Пророци и цареви, 222.

Вторник — 2. август
3. НАДЕЖ ВО НАЈМРАЧНИОТ ЧАС

а. Какви предупредувања треба да извлечеме од горчливите последици на Ахаз во сојузот со Асирија? 2 Летописи 28,14-23.

„Даровите (Ахаз) ја поттикнале алчноста на Асирија и тој подмолен народ набргу се заканил дека ќе ја преплави и уништи Јуда. Ахаз и неговите несреќни поданици ги мачело страв дека потполно ќе паднат во рацете на свирепите Асирци”.
— Пророци и цареви, 223.

б. Кој бил најлошиот дел од отпадништвото на Ахаз? 2 Летописи 28,24-27.

„При крајот на своето владеење, отпадничкиот цар наредил да се затворат вратите на храмот. Светата служба била прекината. Пред олтарот повеќе не бил одржуван пламенот на светилниците. За гревовите на народот не биле веќе принесувани жртви. Мирисот на пријатниот темјан повеќе не се дигал кон небото во времето на утринската и вечерната жртва. Напуштајќи ги тремовите на Божјиот дом и затворајќи ги неговите врати, жителите на безбожниот град храбро подигале олтари на пагански божества на аглите од улиците низ целиот Ерусалим. Се чинело дека незнабоштвото навидум триумфира, и дека силите на темнината речиси преовладале”.
— Пророци и цареви, 223.

в. Зошто сојузите се толку опасни и што можеме да научиме од Исаината порака на надеж упатена до остатокот? Исаија 8,9-14.

„Во Јуда имало и такви кои останале послушни на Господа, упорно одбивајќи да му попуштат на идолопоклонството. Исаија, Михеј и нивните соработници со надеж ги запирале погледите во тие луѓе, соочени со тешки состојби во последните години од Ахазовото владеење. Светилиштето било затворено, но верниците имале ветување дека ’Бог е со нас’ (Исаија 8,10)”. – Пророци и цареви, 223.

„Поставено било прашањето: што вие подразбирате под изразот заговор? Кој создава заговор или сојузи? Знаете ли што е заговор – тоа е обединување на луѓе во дело кое не носи печат на чиста, јасна, непоколеблива чесност”.
— Коментари на библиските текстови, 318.

Среда — 3. август
4. ВЕЧЕН ПРИНЦИП

а. Кои предупредувања, ако ги послушаме, ќе нè заштитат од формирање на погрешни сојузи со оние кои не се придржуваат до сегашната вистина? Исаија 31,1-3.

„Сатаната се користи со својата моќ одоздола за да ги инспирира луѓето да формираат сојузи и заговори на зло против светлината и против Божјата Реч. Неверувањето, папството и полу-папството доаѓаат во блиска и силна врска со таканареченото христијанство. Потценувањето на вдахновението, издигањето на човечките идеи од страна на луѓето кои се нарекуваат мудри го ставаат човечкиот талент над Божјата мудрост и начелата, и таканаречената наука над моќта на живата побожност. Ова се знаци на последните денови”. – That I May Know Him, 345.

„На сите им е потребна мудрост како внимателно би ја проучувале тајната на беззаконието која има голема улога во настаните при завршетокот на историјата на овој свет. Божјото откривање на гнасните дела на жителите на владејачките светски сили кои се обединуваат во тајни друштва и сојузи, не почитувајќи го Божјиот закон, треба да ги оспособи луѓето кои ја имаат светлината на вистината да се држат далеку од сите овие зла. Сите лажни верски учители на светот сѐ повеќе ќе ги манифестираат своите зли дела; бидејќи постојат само две страни, оние кои ги држат Божјите заповеди и оние кои војуваат против Божјиот свет закон”.
— Manuscript Releases 8, 322.

б. Кој библиски принцип нè предупредува од влегување во сојузи? 2 Коринтјаните 6,14-18.

„Безбожниците се поврзуваат и организираат во разни здруженија, синдикати и сојузи. Ние не треба да имаме никаква врска со овие организации. Бог е нашиот владетел, нашиот управител, и Тој нѐ повикува да излеземе од светот и да бидеме одвоени… Ако одбиваме да го направиме тоа, ако продолжиме да се поврзуваме со светот, гледајќи сѐ од световна гледна точка, ние ќе станеме како светот. Ако во своите работни зделки се раководиме со политиката и идеите од овој свет, тогаш не можеме да стоиме на возвишената и света платформа на вечната вистина”. – Коментари на библиските текстови, 319.

„Синдикалните здруженија и световните сојузи се стапица. Браќа, не влегувајте во нив; држете се далеку од нив. Немојте да имате ништо со нив. Поради овие здруженија и сојузи, наскоро на нашите институции ќе им биде многу тешко да продолжат со својата работа во градовите”.
— Одбрани пораки 2, 142.

Четврток — 4. август
5. ДАЛЕКУСЕЖЕН КОНЦЕПТ

а. Како Вдахновението ја отсликува вревата на градскиот живот и сојузите кои таквиот живот ги бара, за разлика од мирниот живот кој Бог го сака за Неговиот народ? Наум 2,4; Плачот на Еремија 5,4; Исаија 32,17-19.

„Божјиот план е нашиот народ да се настани надвор од градовите и од овие места да ги предупредува градовите, и од нив да подига споменици за Бога. Во овие градови мора да постои сила на влијание, за да може да се чуе пораката на предупредување. Со години на нашиот народ му е упатувано предупредување да излезе од Батл Крик. Но поради многуте интереси кои се таму воспоставени, било погодно да се остане, и луѓето не можеле да сфатат зошто треба да се селат… Ако можете да го направите тоа, преместете ја школата надвор од Батл Крик. Одете во место каде нема луѓе кои веруваат како и ние и таму основајте школа, на место со пространо земјиште, за учениците кои доаѓаат да се едуцираат да бидат воспитувани на вистински начин. (Браќата Спалдинг и Маган) ги послушаа дадените упатства. Овој прв чекор бил успешен. Бог бил задоволен”. – The General Conference Bulletin, April 6, 1903.

„Во Божјиот план за Израел секое семејство имало дом и земјиште, со доволно земја за обработка. На тој начин биле обезбедени и средства и поттик за корисен, вреден и самостоен живот. Ништо што луѓето смислиле не може да го подобри овој план. За оние кои имаат храброст, волја и упорност да ги собираат нејзините богатства, земјата има благослови скриени во нејзините длабочини. Татковците и мајките кои поседуваат парче земја и топол дом се кралеви и кралици. Скапите живеалишта, украсниот мебел, покажувањето, луксузот и удобноста не ги исполнуваат условите кои се од суштинско значење за среќен, корисен живот”.
— The Faith I Live By, 260.

Петок — 5. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Колку далеку Ахаз ги водел Јудејците во идолопоклонство?

2. На кој начин сојузот на Ахаз со Асирија покажува сериозно неверување?

3. Кога службата во храмот престанала, како Бог го утешил верниот народ?

4. Кој е вистинскиот проблем со сојузите?

5. Зошто животот надвор од градовите е добар за нашата вера, особено во денешно време?

2016 • 3. Квартал

7. лекција – Езекија

Сабота, 13. август 2016
„Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне”.
— 1 Коринтјаните 10,12.
„Секој ден нашите зборови и дела оставаат впечаток врз оние со кои се дружиме. Колку ли е само потребно да поставиме стражар над своите усни и грижливо да внимаваме на своите чекори!“
— Пророци и цареви, 235.236.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 224-236.

Недела — 7. август
1. ОБНОВЕНА НАДЕЖ

а. Што Езекија, синот на Ахаз, сфатил кога станал цар на Јуда? 2 Летописи 29,1.6-9. Кои биле неговите први чекори? 2 Летописи 29,2-5.10.

„Езекија стапил на престол решен да направи сѐ што е во негова моќ да ја спаси Јуда од судбината која го снашла северното царство. Вестите на пророкот биле против сите половни мерки. Единствено со одлучна реформа можела да се отстрани страшната казна.

Езекија се покажал како човек подготвен да се соочи со тешката криза. Штом дошол на престол, започнал да ги остварува своите планови. Прво се дал на работа да ја обнови службата во храмот која толку долго била запоставена”.
— Пророци и цареви, 224.

б. Каков апел Бог упатил до Јуда? Исаија 31,6. Како „побожниот остаток“ одговорил? Михеј 7,7-9; 2 Летописи 29,16-20.27-31.35.36.

„Бог ги подготвил срцата на поглаварите на Јуда да започнат движење на реформација за да се сопре бранот на отпадништво”.
— Пророци и цареви, 225.

Понеделник — 8. август
2. РАДОСТА НА РЕФОРМАЦИЈАТА

а. Која пророчка молитва, претходно упатена при посветувањето на храмот, се исполнила во времето на реформацијата на Езекија? 1 Царевите 8,33.34; 2 Летописи 7,14.

„(1 Царевите 8,33.34). Печат на Божјоото одобрување бил ставен врз оваа молитва, затоа што по нејзиното завршување оган слегол од небото и ја изгорел жртвата сепаленица, а славата Господова го исполнила храмот (Види 2 Летописи 7,1). Во текот на ноќта Господ му се јавил на Соломон и му кажал дека неговата молитва била слушната и дека ќе им биде дадена милост на оние кои ќе се молат тука… Овие ветувања во голема мерка се исполниле во текот на реформацијата во времето на Езекија”.
— Пророци и цареви, 226.227.

б. Опишете го успехот на реформацијата што ја спровел Езекија? 2 Летописи 30,1.9-13.21-23.26.27.

„Седумте дена на празнувањето на Пасхата поминале многу брзо и народот одлучил да помине уште седум дена во длабоко проучување на Господовите патишта. Свештениците и понатаму го поучувале народот од книгата на законот. Народот секојдневно се собирал во храмот да принесува дарови на благодарност. Како што големиот собор се приближувал кон крајот, било очигледно дека Бог чудесно издејствувал обратување на отпадничката Јудеја и ја сопрел плимата на идолопоклонството која се заканувала сѐ да повлече со себе. Сериозните предупредувања на пророците не биле изговорени залудно”.
— Пророци и цареви, 229.

в. По Пасхата, кои понатамошни чекори биле доказ за искреноста на реформацијата на Езекија? 2 Летописи 31,5.6. Како е опишано неговото владеење? 2 Летописи 31,20.21; 2 Царевите 18,4-7.

„Владеењето на Езекија било одбележано со цела низа на провиденија на одредени настани кои на околните народи им посведочиле дека Израеловиот Бог бил со Својот народ”.
— Пророци и цареви, 228.

Вторник — 9. август
3. МИЛОСТ И ЗАДАЧА

а. Каква порака дошла до Езекија кога бил болен, и како му била указана милост? 2 Царевите 20,1-7. Како тој ја изразил својата благодарност? Исаија 38,9-20.

„Бидејќи му се вратило здравјето за кое толку многу копнеел, јудејскиот цар запеал песна на пофалба за Господовата милост и дал завет дека целиот свој преостанат живот ќе го посвети во службата на Царот над царевите. Неговото благородно признавање на Божјоото милостиво постапување кон него претставува инспирација за сите кои сакаат да ги поминат своите години во слава на својот Творец”.
— Пророци и цареви, 232.

б. Со каков знак Бог го потврдил своето ветување дадено на Езекија, и каква реакција тоа предизвикало во далечната земја? 2 Царевите 20,8-12.

„Во плодните долини на реките Тигар и Еуфрат живеел еден древен народ кој, и покрај тоа што во тоа време бил потчинет на Асирија, бил предодреден да владее со светот. Во тој народ имало мудреци кои многу време посветиле во проучување на астрономијата; и кога забележале дека сенката на сончевиот часовник се вратила за десет степени наназад тие многу се восхитиле. Нивниот цар, Меродах-Валадан, дознавајќи дека тоа чудо се случило како знак на јудејскиот цар, дека небесниот Бог му го продолжил животот, пратил пратеници да му честитаат на Езекија за неговото оздравување и, ако е можно, да дознаат нешто повеќе за Бога, кој можел да направи толку големо чудо.

Посетата на овие пратеници од владетел на една далечна земја му дала на Езекија можност да го воздигне живиот Бог. Колку лесно можел да им зборува за Бога, одржувачот на сите создадени нешта, преку чија благонаклонетост неговиот живот бил поштеден кога исчезнала секоја друга надеж! Колку брзо би се обратиле овие трагачи по вистината од халдејската рамнина и како брзо би биле наведени да ја признаат врховната власт на живиот Бог!“
— Пророци и цареви, 233.

в. Што можеме да научиме од можноста за мисионирање која Бог му ја дал на Езекија? Колосјаните 4,5; Откровение 3,18 (последен дел).

„Очите треба да бидат помазани со небесна очна маст за да ги видат и откријат овие можности”.
— 9 Сведоштво, 95.

Среда — 10. август
4. ГОЛЕМА ГРЕШКА

а. Која грешка оставила дамка врз добриот запис за Езекија? 2 Летописи 32,25.31; Исаија 39,1-4.

„Но срцето на Езекија го обзело суета и гордост и тој самобендисано им го открил на лакомите очи целото богатство со кое Бог го збогатил својот народ… (Исаија 39,2) Тоа го направил, не за да го прослави Бога, туку да се воздигне себеси во очите на странските кнезови. Не помислил дека тие луѓе се претставници на еден силен народ кој ниту го љуби Бога ниту се бои од Него, и дека било неразумно да им го покажува целото земно богатство на нацијата.

Посетата на овие пратеници за Езекија претставувала тест за неговата благодарност и посветеност… (2 Летописи 32,31) Езекија да ја искористел оваа прилика и да посведочил за силата на Израеловиот Бог, извештајот на пратениците би бил како светлина која продира низ темница. Но тој се величел себеси , а не Господ над војските. ‘Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа’ (2 Летописи 32,25).

Колку страшни биле последиците кои следеле! На Исаија му било откриено дека пратениците при враќањето понеле извештај за богатството кое го виделе и дека вавилонскиот цар и неговите советници ќе сковаат план својата земја да ја збогатат со богатствата на Ерусалим. Езекија тешко погрешил, ‘затоа гневот дојде врз него, врз Јуда и врз сиот Ерусалим’ (2 Летописи 32,25)”.
— Пророци и цареви, 234.

б. Какви новости Исаија требало да му каже на Езекија, и како царот покажал каење за својата непромисленост? Исаија 39,5-8; 2 Летописи 32,26.

„Во последните години од своето владеење царот на Јуда доживеал голем процут, затоа што доследно се трудел да се покае за минатото и да го прослави Божјоото име на кого му служел; сепак, неговата вера морала да биде ставена на тешка проба за да увиди дека само надежта во Бога може да ги победи силите на темнината кои се заканувале да го уништат и него и неговиот народ”.
— Пророци и цареви, 235.

Четврток — 11. август
5. СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИ ДА ПОКАЖЕМЕ КРОТОСТ

а. Што треба сите ние да научиме од искуството на Езекија со вавилонските пратеници? Псалм 141,3; 1 Коринтјаните 10,12; 1 Петрово 3,15.

„Извештајот за неуспехот на Езекија да ја оправда Божјоото доверба при посетата на пратениците, содржи значајна поука за сите нас. Многу повеќе отколку до сега мораме да зборуваме за драгоцените поглавја од нашите искуства кои сме ги стекнале за Божјоото милост и добрина, за неспоредливата длабочина на Спасителовата љубов…

Секој ден нашите зборови и дела оставаат впечаток врз оние со кои се дружиме. Колку ли е само потребно будно да стражариме над своите усни, грижливо да пазиме на своите чекори! Едно непромислено движење, еден неразумен чекор, и силните бранови на некое посилно искушение можат да ја повлечат душата во надолна патека…

Од друга страна, ако со својот пример им помагаме на другите да развиваат добри начела, ние им даваме сила да прават добро. Тие пак од друга страна вршат на други исто така корисно влијание. Така со своето влијание несвесно помагаме на стотици и илјадници”. – Пророци и цареви, 235.236.

„Кога Господовиот глас повикува: ‘Кого да испратам и кој ќе отиде за нас’ , божествениот Дух става одговор во срцето: ‘Еве ме мене, испрати ме мене’ (Исаија 6,8). Но, имајте на ум дека претходно живиот јаглен од олтарот мора прво да ги допре вашите усни. Тогаш зборовите кои ги зборуваат ќе бидат мудри и свети зборови. Тогаш ќе поседувате мудрост и ќе знаете што треба да кажете, а што треба да остане неизговорено.

(1 Петрово 3,15) Зошто страв? Страв вашите зборови да не одразуваат самодоверба, за да не изговарате зборови кои не се доволно промислени, за да вашите зборови и однесување не се разликува од Христовите зборови и однесување. Поврзете се цврсто за Христа и претставете ја вистината каква што е во Него”.
— 6 Сведоштво, 241.

Петок — 12. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто и ние можеме да бидеме инспирирани од проактивниот пристап на Ахазовиот наследник?

2. Зошто владеењето на Езекија е крунисано со радост и успех?

3. Освен што му помагал на царот на Јуда, на кого уште Бог сакал да се приближи?

4. Што Езекија заборавил кога пратениците дошле во посета?

5. Кога сакаме да сведочиме за Бога, зошто треба да бидеме внимателни?

2016 • 3. Квартал

8. лекција – Гордост и понизност

Сабота, 20. август 2016
„… Здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат”.
— 1 Петрово 5,5 (последен дел).
„Гордоста на Асирија и нејзиниот пад треба да послужат како поука до крајот на векот”.
— Пророци и цареви, 247.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 237-247.

Недела — 14. август
1. ВЕРНО РАКОВОДСТВО

а. Со какво образложување Езекија го охрабрил својот народ да се соочи со Асирците, и како зборовите на пророкот Исаија помогнале во оваа криза? 2 Летописи 32,7.8 (прв дел); Исаија 12,6.

„Во времето кога Езекија стапил на престолот на Јуда, Асирците веќе имале одведено во ропство голем број Израелови синови од северното царство; и неколку години откако започнал да владее, и додека сѐ уште ја зајакнувал одбраната на Ерусалим, Асирците ја освоиле и ја зазеле Самарија и ги раштркале десетте племиња меѓу многуте провинции на Асирското царство. Границите на Јудеја биле оддалечени само неколку милји, а Ерусалим помалку од педесет милји. Богатиот плен кој би го нашле во храмот би можело да ги доведе непријателите во искушение повторно да се вратат.

Меѓутоа, јудејскиот цар направил сѐ што можел да се подготви за давање на отпор на непријателот”.
— Пророци и цареви, 238.

б. Зошто Езекија можел да има доверба во Божјата помош? Исаија 10,12.24-27; 14,24-27. Како луѓето реагирале на неговиот апел? 2 Летописи 32,8 (последен дел).

„Ништо не може толку брзо да ја поттикне верата од вежбањето во вера. Јудејскиот цар се подготвил за бурата која доаѓала, и сега, уверен дека пророштвото против Асирците ќе се исполни, тој се потпрел на Бога”.
— Пророци и цареви, 238.

Понеделник — 15. август
2. КРИЗАТА ДОАЃА

а. Кога, судејќи според сè, ситуацијата во Јуда изгледала безнадежно, како асирските заповедници ја направиле уште полоша? Исаија 36,13-20.

„Долго очекуваната криза конечно дошла. Силите на Асирија, напредувајќи од победа во победа, се појавиле во Јудеја. Уверени во својата победа, водачите ги поделиле своите сили на две армии, од кои едната требала да се сретне со египетската армија на југ, а другата да го опколи Ерусалим.

Единствената надеж на Јуда сега била во Бога. Сета можна помош од Египет била отсечена, а во близина немало ниеден друг народ кој би им подал пријателска рака.

Потпирајќи се на силата на својата дисциплинирана војска, асирските заповедници договориле средба со јудејските заповедници и во таа прилика дрско побарале да им се предаде градот. Барањето било пропратено со хулење на Еврејскиот Бог. Поради слабостите и отпадништвото на Израел и Јуда, народите повеќе не се плашеле од Божјото име, туку тоа станало предмет на континуиран срам”.
— Пророци и цареви, 239.

б. Како Јудејците одговориле на подбивот на горделивите Асирци, и како ова искуство нè учи по прашањето на заземање на став? Исаија 36,21.22; 37,1-4.

„Истиот мајсторски ум кој во минатите векови правел завери против верните и денес сѐ уште се труди да ги отстрани од лицето на земјата оние кои се бојат од Бога и го држат Неговиот закон… Владетелите настроени кон прогон, проповедниците и членовите на црквата ќе коваат завера против нив. Тие ќе се обидат да ја поткопаат нивната вера со зборови и перо, со фалење, закани и исмејување”. – 5 Сведоштво, 310.

„Кога луѓето ще се состанат да ги проучуваат точките на верата околу кои постои разлика во мислењата, ќе се покаже духот кој со нив управува. Оние што стојат во одбрана на вистината треба да бидат смирени и присебни. Ако го имаат Христовиот ум, тие ќе бидат љубезни и учтиви. Нивниот говор нема да биде остар. Тие нема да се сметаат себеси за непогрешливи, ниту пак со презир ќе гледаат на оние кои се разликуваат од нив. Тие нема да ги сметаат за непријатели, ниту пак ќе им се подбиваат или потсмеваат”.
— Gospel Workers (1892), 389.

Вторник — 16. август
3. ВЕРА ВО УСЛОВИ НА МРАЧНИ ОКОЛНОСТИ

а. Во екот на кризата на Јуда со Асирија, каква порака Бог му дал на Езекија преку Исаија? 2 Царевите 19,5-7. Зошто за нас е толку важно да размислуваме за овие значајни историски искуства?

„Бог сака да се потсетиме на Неговите постапки со Својот народ во минатото – како го спасувал од непријателите. Тој својата моќ за ослободување секогаш ја покажувал во крајна потреба, кога се чинело дека веќе нема спас од нападите на сатаната. Човечката потреба е можност за Бога”. – 5 Сведоштво, 492.

„Христијанскиот карактер се развива не со ослободување од искушенијата и неволјите, туку среде нив. Изложеноста на отфрлање и противење, на Христовиот следбеник му помага само да биде уште попретпазлив и да упатува уште посериозни молитви кон моќниот Помошник. Тешките неволји, поднесени благодарение на Божјата благодат, развиваат трпение, претпазливост, храброст и длабока и непоколеблива доверба во Бога. Триумфот на христијанската вера на Христовиот следбеник му овозможува да страда и истовремено да биде силен, да поднесува и со тоа да победува, да биде убиван цел ден, а сепак да живее, да носи крст и на тој начин да ја добие круната на славата”. – Делата на апостолите, 365.

„Оние што ќе извојуваат конечна победа во својот духовен живот ќе имаат часови на страшна збунетост и големи искушенија во нивниот верски живот; бидејќи тоа е дел од нивното воспитување во Христовата школа; тоа е од суштинска важност за да се очистат од секоја троска”.
— Messages to Young People, p. 63.

б. Што Исаија и Езекија правеле во текот на оваа криза? 2 Летописи 32,20; 2 Царевите 19,14-19.

„Езекиевата молитва за Јуда за честа на нивниот Врховен Владетел биле во склад со Божјите намери. При посветувањето на храмот, Соломон се молел на Господа ‘да го врши Тој она што е нужно за Неговиот слуга и за Неговиот народ Израел секој ден, та да го познаат сите народи дека Господ е Бог, и дека нема друг освен Него’ (1 Царевите 8,59.60). Особено се молел Господ да им биде благонаклонет кога во време на војна или угнетување од страна на непријателската војска, поглаварите на Израел да дојдат во домот за молитва и да се молат за ослободување”.
— Пророци и цареви, 242.

Среда — 17. август
4. БОГ НАДВЛАДУВА ЗАРАДИ ПРАВДАТА

а. Какво уверување Господ испратил до царот и народот на Јуда? 2 Царевите 19,20-22.28.32-34. Што треба да научиме од начинот на кој Бог ги задоволил нивните потреби, иако нивната земја била опустошена? 2 Царевите 19,29.

„Како Божјиот народ во минатото, и ние треба да бидеме подготвени да напредуваме кога се крева облакот и се движи напред, и да запреме кога облакот запира. Мораме да го прилагодиме нашето движење на водството на Божјиот Дух. Наместо да ги следиме нашите сопствени идеи, ние треба да соработуваме со Божеството. На тој начин ќе бидеме во можност да го одржуваме чекорот со нашиот Водач.За да се биде христијанин, не е потребно некој човек да има големи таленти. Тој можеби нема да учествува во законодавните одбори; можеби нему нема да му биде дозволено да се изјаснува во сенат или да гласа во парламентот; сепак, тој има пристап до Бога. Царот над царевите се спушта да ја слушне молитвата која доаѓа од оној кој сака да ја извршува волјата на Учителот. Сесрдната молитва која доаѓа од искрено, скрушено срце во Божјите очи е повредна од речитоста. Бог ја слуша секоја молитва принесена со темјанот на верата. Неговото најслабо дете може да изврши влијание кое ќе биде во склад со советите на небото. Преку одговорите на молитвите Бог го оживува Неговото дел”.
— The Review and Herald, June 23, 1903.

б. Во која смисла судбината на Асирија претставувала општо правило за сите векови? Исаија 30,27.28; Изреки 11,17; 16,18.

„Со неверојатна точност Бесконечниот сѐ уште ја прегледува состојбата на сметката на сите народи. Додека Неговата милост се нуди заедно со повиците за покајание, оваа сметка останува отворена; меѓутоа, кога бројките ќе го надминат износот кој Бог го одредил, Неговиот гнев ќе почне да се излева. Сметката се затвора. Божјото трпение престанува. Милоста повеќе не се залага за нив”. – The Review and Herald, June 3, 1915.

„’Ќе биде соборена гордоста на Асирија, и скиптарот ќе биде одземен од Египет’ (Захарија 10,11). Ова е вистина не само за оние народи кои се кренале против Бога во далечни времиња, туку исто така и за денешните народи кои не ја исполнуваат Божјата намера. Во оној ден кога ќе се делат конечни награди, кога праведниот Судија од целата земја ќе ги ‘просее народите’ (Исаија 30,28), на оние кои ја одржале вистината ќе им биде дозволено да влезат во Божјиот град, и небесните сводови ќе одекнуваат со триумфални песни на откупените”.
— Пророци и цареви, 247.

Четврток — 18. август
5. ДА СЕ ПОНИЗИ ГОРДОСТА ВО СЕБЕ

а. Кои практични поуки треба да извлечеме од искуствата на Езекија, Исаија и Асирците? 1 Петрово 5,5-7; Изреки 16,18.

„Постојат многу начини на кои Бог може да казнува, а казната сигурно ќе дојде каде што преовладува гордоста… Доколку некој човек се воздигне поради чувство на негова способност и покаже доверба во неговата човечка сила, искушението сигурно ќе го совлада. Бог ќе го собори. Тој ќе му укаже во целост на неговата слабост за да може да ја почувствува својата потреба за божествена помош”. – Manuscript Releases 21, 332,333.

„Секој ден треба да се понизиме пред Бога, наместо да сметаме дека нашата мудрост е совршена. Треба сериозно да ја извршуваме нашата работа. Не треба да се молиме Бог да нѐ понизи; бидејќи ако Тој тоа го направи, ќе нѐ понизи на начин кој нема да ни се допадне. Од ден на ден, мораме да се понизуваме пред моќната Божја рака. Треба да работиме на своето спасение со страв и со трепет. Иако Бог во нас чини да сакаме и да чиниме она што Нему му е угодно, ние треба да соработуваме со Него додека Тој работи преку нас. Мораме да се чуваме да не ги воздигаме своите души во самодоверба. Но, вие ќе кажете: како можам да знам дека Христос е во моето срце? Кога ќе ве критикуваат или коригираат во она што го правите, кога работите не одат онака како што сте мислеле дека треба да одат – ако тогаш дозволите да ви се возбудат страстите наместо трпеливо и љубезно да поднесувате поправање, Христос не престојува во вашето срце”.
— The Review and Herald, July 12, 1887.

Петок — 19. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Езекија дораснал на ситуацијата и покрај заканата на Асирците?

2. Како треба да се поставиме кон „Сенахирим“ во нашиот живот?

3. Во текот на кризата со која Јуда се соочила, како Бог го исполнил својот древен завет?

4. Што можеме да научиме од начинот на кој исчезнал привидниот напредок на Асирија?

5. Наведете неколку показатели кои го откриваат нивото на нашата понизност?

2016 • 3. Квартал

9. лекција – Одговорноста на човештвото

Сабота, 27. август 2016
„Во оној ден ќе го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ќе бидат управени кон Светецот Израелов”.
— Исаија 17, 7.
„Секој од нас треба да се најде во позиција каде ќе ја сфати својата одговорност пред небесниот Бог. Кога ова ќе го сфатиме, Божјиот благослов ќе почива врз нас”.
— Australasian Union Conference Record, July 28, 1899.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 773-782.

Недела — 21. август
1. ОСУДА ЗА ГОРДОСТА И ПРЕТПОСТАВКИТЕ

а. Само што Асирците биле подложни на судот, што Исаија пророкувал дека ќе се случи со гордиот Вавилон? Исаија 13,1.4-6.17-22; 47,1-3.7-9. Кога страшната судбина конечно го снашла овој голем град? Даниел 5,1.18-23.28.30.

б. Објаснете ја паралелата помеѓу овие настани и она што Господ го објавил дека наскоро ќе дојде на духовниот Вавилон. Откровение 18,1.2.7-17; Езекиел 7,9.

в. Зошто сите треба да бидат внимателни во овој поглед? Изреки 15,3.

„Божјоото око посматра сѐ… Светиот Бог кој го мрази гревот е сведок на секој збор и на секое дело во нашиот живот. Ние не можеме да избегаме од нашата одговорност кон Него, затоа што Бог е насекаде. Зошто да живееме на таков начин што нашата сметка можеме да ја донесеме со радост, а не со тага? Бог ни доделил задача која треба да ја извршиме, и ниту пријателот или проповедникот не може тоа да го направи за него; секој треба да се покае за себе, и да ги исповеда своите гревови на Бога. Направете го тоа темелно. Верувајте за себе; имајте Божја благодат во срцето за себе. Бог на секој животен пат ќе има свои вистинити, верни сведоци кои ќе сведочат за силата на Неговата благодат. Тие се можеби скромни, но тие ќе живеат во светлината на Божјоото лице, со Библијата како свој водач.

Погледни, о погледни каде си ги занемарил своите должности, но и во што на верниците и на неверниците си дал пример кој ќе ги одведе далеку од Бога, далеку од правдата и духот на вистината. Исус ќе има луѓе што ќе дојдат кај Него, тие ќе се потпираат на Него, ќе имаат доверба во Него, и ќе имаат искуство втемелено само врз Него”.
— The Signs of the Times, September 14, 1888.

Понеделник — 22. август
2. ПОВЕЌЕ ЗАВИСНИ ОД БОГА, ПОМАЛКУ ОД ОПШТЕСТВОТО

а. Среде метежот и вревата на градскиот живот во современото општество, кое предупредување секогаш мораме да го имаме на ум? Исаија 17,12-14. На пример, што на Господовиот гласник за последните денови му било дадено да запише за еден град (во овој случај Мелбурн, Австралија) кој во нејзино време имал малку помалку од половина милион жители?

„Божја волја не е Неговиот народ да се настани во градовите, каде што има постојан метеж и конфузија. Нивните деца треба да бидат поштедени од ваквите работи; целиот систем е изопачен од страна на брзање, гужва и бучава.

Господ сака припадниците на Неговиот народ да се преселат надвор од градовите, каде на свој имот можат да одгледуваат овошје и зеленчук, и каде нивните деца можат да бидат доведени во директен допир со Божјите дела во природата. Изведете ги своите семејства далеку од градовите, тоа е мојата порака”. – Medical Ministry, 310,311.

„Градовите ќе стануваат сѐ полоши и полоши. Во нив ќе има судири и крвопролевање, и на крај тие ќе бидат погодени со земјотреси. Зградите ќе бидат урнати и ќе ги проголта оган од небото…

Дали нашите браќа и сестри во Мелбурн ќе тргнат во нови потфати без претходно да побараат совет од Бога? Дали ќе градат големи фабрики во Мелбурн, додека светот станува сѐ полош и полош, кога градовите стануваат како Содом и Гомор? Дали сакаат да ги ослепат очите на луѓето за да не ги препознаат знаците на времето?

Во градовите мора да се работи. Оние кои живеат во нив мораат да бидат предупредени на настаните што се пред нас. Нека времето и средствата се трошат мудро. Потрудете се пораките за сегашната вистина да се рашират по патиштата и улиците во градовите. Но, немојте своите семејства да ги сместите во градот и не воспоставувајте деловни односи. Ако го направите ова, од вас во иднина ќе се очекува да се прилагодите да почитувате разни празници. Ќе бидат поставени посматрачи да бараат повод да приговараат на Божјиот народ кој ги држи заповедите. Сатаната ќе ја покажува својата моќ и непријателство, а угнетувањето ќе биде резултатот. Колку е поголем градот, толку поголемо ќе биде угнетувањето. Во такво време, како ова, дали ние ќе ги инвестираме парите и времето во деловни потфати во градовите, кога тие се толку многу потребни за унапредување на делото во нови области? Нека учителите на вистината излезат на патиштата и меѓу оградите и нека ги натераат луѓето да дојдат, за Божјиот дом да може да биде полн”.
— Manuscript Releases 19, 336,337.

б. Наместо да се потпираме на телесните мускули, каде треба да го насочиме својот поглед? Исаија 17,7.8.

Вторник — 23. август
3. ПОСВЕТУВАЊЕ ВО ДЕНОТ НА ОЧИСТУВАЊЕТО

а. Што Господ изјавил за јадење на „чиста“ месна храна во несимболичниот Ден на очистување? Исаија 22,12-14.20-22 (спореди со Откровение 3,8.7). Кога Божјиот гласник бил вознесен во визија, што му било откриено во поглед на „отворените“ и „затворените“ врати?

„Светиот Дух се излеа врз нас и јас во духот бев вознесена во градот на живиот Бог. Тогаш ми беше покажано дека Божјите заповеди и сведоштвото на Исус Христос во врска со затворената врата не можат да се одвојат едно од друго, и дека времето Божјите заповеди да заблескаат во своето полно значење и Божјиот народ да биде ставен на проба во поглед на вистината за саботата, започна кога се отвори вратата во најсветото место во небесното светилиште, каде се наоѓа ковчегот со десетте заповеди. Оваа врата не се отвори сѐ додека Исус не го завршил Своето посредување во светињата на светилиштето во 1844. година. Тогаш Исус станал и ја затворил вратата од светињата, а ја отворил вратата од светињата над светињите и влегол зад втората завеса, каде Тој сѐ уште стои покрај ковчегот од каде што сега допира верата на духовниот Израел.

Видов дека Исус ја затвори вратата од светињата и никој не може да ја отвори, и ја отвори вратата од светињата над светињите и никој не може да ја затвори (Откровение 3,7.8); и дека од оној момент кога Тој ја отворил вратата од светињата над светињите, каде што се наоѓа ковчегот на заветот, заповедите го осветлуваат Божјиот народ и празнувањето на саботата за нив станува тест”.
— Рани списи, 33.34.

б. Која е нашата најитна должност со оглед на времето во кое живееме? Исаија 34,16. Објаснете ја накратко мисијата на Божјиот гласник за денешно време и објаснете зошто е таа толку значајна.

„Јас не дојдов да објавам мир; овој глас можете да го чуете каде и да одите. Постојат такви кои ќе ве намамат да заспиете во вашата телесна сигурност; но Моето дело е поинакво. Мојата вест треба да ве алармира, да ве поттикне да го реформирате својот живот и да престане вашиот бунт против Богот на универзумот. Земете го Божјото Слово и погледајте дали сте во склад со него. Дали вашиот карактер ќе ја издржи истрагата која ја спроведува небото?“
— The Review and Herald, June 22, 1911.

Среда — 24. август
4. СИДРО СРЕДЕ ВЕТРИШТАТА НА НАУКИТЕ

а. Како можеме да стоиме непоколебливо на Христова страна во времето кога луѓето имаат тенденција да го оспоруваат Бога и Неговата мудрост? Исаија 29,13-16; 30,8-11.

„Никогаш порано Господ толку целосно не ја открил Својата благодат на Својот избран народ како што тоа го прави во овие последни денови кога Неговиот закон се остава и се гази”. – Сведоштво за проповедници, 74.

„Господ го повикува секој учител, секој проповедник, секој кој ја примил светлината на Неговата вистина добро да ја испита и да ја процени својата духовна состојба. Тие имаат голема светлина и, за да го обезбедат вечниот живот, тие повеќе не смеат грешните луѓе да ги сметаат за своја потпора, туку треба да ѕидаат врз сигурен темел”.
— Сведоштво за проповедници, 346.347.

б. Што треба да биде наша заштита во време на верски заблуди? Исаија 8,19.20.

„Не постои слога меѓу Христос и Велијар. Нивните необични сфаќања за непостоењето на воскресение за безбожниците и за идниот век претставуваат големи заблуди што сатаната ги уфрлил меѓу ересите на овие последни денови со цел да ги уништи душите. Тие заблуди на никаков начин не можат да се согласат со пораката која има небесно потекло.

Поединци од тоа движење имаат наводно и некои дарови добиени од Бога. Тие испуштаат некои неартикулирани гласови што ги нарекуваат странски јазици, а кои се потполно неразбирливи не само за луѓето, туку и за Господ и за целото небо. Овие дарови ги измислуваат мажите и жените со помош на големиот измамник. Фанатизмот, лажното возбудување, неразбирливите јазици и дигањето врева, тие ги сметаат за дарови што Бог ги дал во Својата црква. На тој начин уште некои се вовлечени во таа заблуда, и плодовите од сето се многу зли. ‘По нивните родови ќе ги познаете’ (Матеј 7,16). Фанатизмот и кревањето врева се сметаат за некои посебни докази на верноста. За некои богослужението не е успешно ако на него не доживеале некое возбудување и чувство на среќа. Тие на секаков начин се трудат да го предизвикаат тоа и вештачки се возбудуваат. Но влијанието на таквите собири не е од корист. Кога минливото чувство на занес ќе исчезне, тие паѓаат уште подлабоко отколку што биле пред собирот, бидејќи нивната среќа не дошла од вистинскиот извор. За духовно воздигање најкорисни се оние собири на кои преовладува сериозност и длабоко испитување на срцето, на кои секој се стреми да се запознае себеси и во искрена и длабока понизност сакаат да учат од Христос”.
— 1 Сведоштво, 312.313.

Четврток — 25. август
5. ДРЖЕТЕ СЕ ДАЛЕКУ ОД ЗАБЛУДАTA

а. Денес, додека спиритуалистичката филозофија и религијата на „New age“ (Нова ера) наизглед брзо и неконтролирано напредува, што треба да имаме на ум? Исаија 47,10-15.

„Сите треба да чувствуваат потреба со постојана будност да ја чуваат својата морална природа. Како верни стражари, тие треба да ја чуваат тврдината на душата, чувствувајќи дека ниту за момент не смеат да попуштат во својата внимателност. Нивната единствена сигурност се наоѓа во истрајна молитва и жива вера”. – Counsels on Health, 411.

„Во земните работи, слугата кој најгрижливо настојува да ги исполни барањата на својата служба и да ја изврши волјата на својот господар, најмногу е ценет. Во една прилика, еден господин сакал да вработи пајтонџија во кого може да има доверба. Неколку луѓе се јавиле на неговиот оглас. Тој по ред го прашувал секој од нив колку близу може да вози до работ на некоја провалија без да ги вознемири коњите, ниту пак луѓето во кочијата. Еден по друг одговарале како можат да пријдат на опасно мало растојание од провалијата; на крај, еден од нив одговорил дека тој воопшто не би се впуштал во таков опасен потфат, туку би се држел подалеку од провалијата. Господарот него го вработил во службата. Треба ли човекот повеќе да го цени добриот слуга отколку нашиот Небесен Отец? Ние не треба да проверуваме колку далеку можеме да отстапиме од Божјите заповеди, надевајќи се во милоста на Законодавецот и да си ласкаме себеси како и понатаму сме во границите на Божјото трпение; нашата грижа треба да биде како да се држиме што е можно подалеку од престапот. Треба одлучно да се држиме на страната на Христа и нашиот Небесен Отец и да не се излагаме на ризик со опасни претпоставки.

Денес, додека последната порака го повикува Божјиот народ да се потчини на налозите на Неговиот закон, ќе се јават подбивачи и неверници; меѓутоа, секоја душа мора да стои цврсто за себе. Како што Ное верно го опоменувал претпотопниот свет, така и ние мораме да бидеме верни на големата доверба која Господ ни ја дал. Иако подбивачи и клеветници има насекаде околу нас, не треба да се повлечеме од објавувањето на небесните вистини на оваа генерација”.
— The Review and Herald, June 22, 1911.

Петок — 26. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Додека духовниот Вавилон изгледа дека напредува, на што треба да се сетиме?

2. Кои чекори треба да ги преземам за да го поедноставам мојот начин на живот и да бидам помалку наклонет кон светот?

3. Кои докази во Исаија го поврзуваат вегетаријанството и Божјиот остаток?

4. Како Небото го побива клучното начело на харизматичното движење?

5. Наведете го најсигурниот начин да се одбраниме од заблудите кои нѐ опкружуваат?

2016 • 3. Квартал

10. лекција – Упатства за кротките

Сабота, 3. септември 2016
„Ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат словото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него”.
— Исаија 30,21.
„Човекот не е препуштен да биде немоќна играчка на ѓаволските искушенија… Окото на Севишниот никогаш не дреме и не спие, будно го чува кампот на Израел. Десет илјада пати десет илјада и илјадници илјади ангели се во службата за потребите на синовите човечки. Гласовите вдахновени од Бога, воскликнуваат: Тоа е патот, одете по него”.
— Мојот живот денес, 97.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 296-302, 352-357; Те Sanctified Life, 80-93.

Недела — 28. август
1. БОЖЈАТА ГРИЖА

а. Со која убава илустрација Исаија ја прикажува Божјата постојана грижа за Своето лозје, и како тоа треба да допре до нашето срце, како Негови деца? Исаија 27,2.3; Псалм 112,5-7.

„Точно е дека светот е во мрак. Спротивставувањето е сѐ појако. Потсмевачот и подбивачот стануваат похрабри и поцврсти во своите престапи. Сепак, сето ова не треба да нѐ загрижува. Не треба да трчаме така несигурно. Не, не. Моето срце е цврсто, верува во Бога. Ние го имаме својот Спасител. Можеме да се радуваме во Неговата целосна совршеност”. –Reflecting Christ, 351.

„Кога само би ја согледале и ценеле Божјата добрина и љубов и Неговата непрестајна грижа за нас, колку поинаков би бил овој свет! Ако најнапред го бараме Божјото царство и Неговата правда, начелата на правдата ќе управуваат со нашите животи, и за себичноста ќе нема место во нашето срце. Желбата да ја вршиме нашата волја би се претопила во желбата да ја исполнуваме Божјата волја. Ние треба да негуваме постојано познавање на Божјоото љубов и добрина. Мораме да имаме на ум дека пред Него сме одговорни за употребата на даровите што ни ги доверил”.
— Manuscript Releases 7, 327.

Понеделник — 29. август
2. ПОТРЕБНА Е ТРЕЗВЕНА БУДНОСТ

а. Што денес ги заслепува мноштвото луѓе, па и таканаречените христијани? Исаија 29:9-12.

„Ми беше покажано дека лажните пастири се пијани, но не од вино; тие се тетерават, но не од силните пијалаци. Божјата вистина за нив е запечатена книга, тие не можат да ја читаат”.
— Рани списи, 134.

б. Како оваа состојба влијае на мнозина кои ја потврдуваат сегашната вистина, но одбиваат да прифатат делови од неа, и каква опомена следи поради тоа? Исаија 29,13-16.

„Секоја од разните групи на таканаречените адвентисти има малку вистина, но сите тие вистини Бог им ги дал на Своите деца за да се подготвуваат за Неговиот ден. Освен тоа, Тој им ја дал вистината која ни една од тие групи не ја познава ниту ја разбира. Важните точки кои, за нив се запечатени, Бог им Ги открил на оние кои се волни да видат и подготвени да разберат. Кога има да изнесе некоја нова светлина, Бог сам Го просветлува разумот на своите избраници како би можеле тоа да го сфатат, а не да бараат просветлување слушајќи ги оние кои се наоѓаат во темнина и во заблуда.

Ми беше покажано колку е неопходно за оние кои веруваат дека сме ние носители на последните вести на милост, да се одвојат од оние кои секојдневно се напојуваат со нови заблуди. Видов дека ниту младите ниту старите не треба да ги посетуваат нивните состаноци; погрешно би било да ги храбрат на таков начин, затоа што тие проповедаат заблуда која претставува отров за душата и учат доктрини коишто се човечки заповеди. Влијанието на таквите собири не е добро. Кога Бог веќе нѐ ослободил од мракот и заблудите, тогаш треба цврсто да стоиме во слободата која Тој ни ја подарил и да се радуваме на вистината. На Бога не му е угодно да одиме да слушаме погрешни учења без да сме принудени. Тој не нѐ праќа на такви собири каде се наметнува заблудата врз народот и Тој таму нема да нѐ чува. Ангелите престануваат будно да бдеат над нас и ние сме препуштени на ударите од непријателот, да не заслепи и ослаби со помош на своите зли ангели, и тогаш светлината која нѐ опкружува, станува нејасна под влијание на темнината.

Видов дека ние немаме време да слушаме измислици. Наместо да се забавуваат со тоа, нашите мисли треба во потполност да бидат обземени со сегашната вистина…”.
— Рани списи, 101.102.

Вторник — 30. август
3. ПРОРОШТВА ЗА ОДРЕДЕНИ КЛАСИ

а. Кое пророштво е изречено за оние кои се кротки во Господа, а за разлика од оние кои негуваат критички дух во однос на своите браќа и сестри? Исаија 29,18-21.

„Оној кој мислел дека е сигурен во љубовта и пријателството на својот брат, ќе увиди дека почнува да се сомнева и во него и во неговите побуди.

Неутврдените гласини често го уништуваат единството помеѓу браќата. Има поединци кои будно, со отворен ум и уши, прислушкуваат да фатат скандал кој на таков начин проструил. Тие собираат ситни инциденти од некој настан, кои сами по себе можат да бидат сосема безначајни, но се прераскажуваат сѐ додека човекот не го направат престапник само поради еден збор. Нивното мото е: ‘Пријавете го, и ние ќе го обвиниме’ (Еремија 20,10). Тие носители на информации, вршејќи ѓаволска работа со изненадувачка посветеност, не се ни свесни колку со своите постапки го навредуваат Бога. Кога само половина од енергијата и ревноста која ја вложуваат во оваа страшна работа би ја вложиле во преиспитување на своето срце, би увиделе дека треба толку многу да направат за да ја исчистат душата од нечистотиите на гревот и би немале време или склоност за критикување на своите браќа, и тогаш не би паднале под власта на таквото искушение. Вратите на умот треба да се затворат против ‘тие велат’ или ‘имам слушнато’. Зошто, наместо да дозволиме љубомората или сомнежот да ни се вовлечат во срцето, да не одиме кај своите браќа и искрено, но љубезно, да изнесеме пред нив она што сме чуле за нивниот карактер или влијание? Зошто да не се молиме на Господа со нив и за нив? Иако не можеме да ги сакаме и да се дружиме со оние кои се жестоки непријатели на Христа, можеме да негуваме дух на кротост и љубов која го карактеризирала нашиот Спасител – љубов која ‘не мисли на зло’ и која не се дава лесно да се испровоцира”.
— The Review and Herald, June 3, 1884.

б. Кое охрабрувачко пророштво ни е дадено за овие последни денови во поглед на искрените припадници на еврејскиот народ кои искрено го бараат Бога? Исаија 29:22-24.

„Меѓу Евреите има луѓе кои, како Савле од Тарс, се силни во познавањето на Писмото, и тие со чудесна сила ќе ја објавуваат непроменливоста на Божјоото закон. Богот на Израел ќе стори до тоа да дојде во последните денови. Божјата рака не се скратила за да не може да спаси. Ако Неговите слуги со вера се залагаат за оние кои долго време биле запоставени и презрени, ќе се открие Неговото спасение”.
— Делата на апостолите, 294.

Среда — 31. август
4. БОЖЈАТА ДОЛГОТРПЕЛИВОСТ КОН СИТЕ НАС

а. Како Исаија отворено ги укорил телесните желби на оние кои се сметале за Божји народ, и како тоа може да се примени на нас денес? Исаија 30,8-16.

„Сакаме во вашиот ум да ја втиснеме свеста од потребата за чистење на секоја нечистотија на гревот. Црквата која Христос ја става пред престолот на својата слава е без ‘осквернување, или порок, или нешто слично.’(Ефесјаните 5:27). Сакате ли да бидете помеѓу оние кои своите облеки на својот карактер ги испрале во крвта на Јагнето? Тогаш, ‘престанете да правите зло; научете се да правите добро’ (Исаија 1,16.17); беспрекорно одете по заповедите и уредбите на својот Бог. Зарем не треба да се запрашате дали на вашата удобност и одговара држењето на небесните вистини. Треба да го земете својот крст и да го следите Исуса, без оглед на цената. Ќе видите дека Неговиот јарем е благ, и Неговото бреме е лесно. Кога сте го прекршиле Неговиот закон и со тоа сте навлекле на себе смртна казна, Бог не го поштедил Својот Единороден Син, како би ве довел од патот на престапот во патот на животот и светоста; а вие занемарувате толкаво големо спасение, и одбивате да ги исполните условите на вечниот живот?…

Донесете одлука од сега па натаму вашите нозе да одат по патот на послушноста. Темнината која ве опкружува како густ облак ќе се подигне, и небесната светлина ќе ги осветли сите оние кои ќе ја изберат вистината по секоја цена.

Господ ги разбира сите ваши искушенија; и колку и да ви изгледа невозможно да живеете за Бога, ќе откриете дека патот пред вас ќе се отвори. Кога вашата вера ќе биде тестирана, како што Господ го отворил Црвеното Море, и водите во вашиот живот ќе се разделат, и Неговото провидение ќе направи патека за вашите нозе. Безбедно е да му служите на Бога. Ако одите по Божјоото пат, тоа можеби нема да биде на напредок на вашиот световен живот; но престапникот ќе биде вечно изгубен…

Нашите татковци грешеле, а ние одиме по нивните чекори; но Бог ја отворил книгата на Законот, и отпадничкиот Израел, сега ги слуша заповедите на Бога. Нивното беззаконие стои откриено, а Божјоот гнев ќе биде врз секоја душа која ќе одбие да се покае и реформира додека светлина светли на нејзиниот пат…

Мораме да ги покаеме своите минати гревови и злите дела и да го бараме Бога со сето срце. Мораме да веруваме дека Бог стои зад она што го вели и да престанеме да правиме компромис со злото во било кој поглед. Треба да се понизиме пред Бога и да смтаме дека секоја загуба е подобра од губење на Неговата милост”.
— The Review and Herald, June 22, 1911.

б. Како Бог го покажал Своето големо трпение кон нас? Исаија 30:18,19.

Четврток — 1. септември
5. СЛУШАЊЕ НА ТИВКИОТ, ТЕНОК ГЛАС

а. На кој начин искреноста во молитва ‘и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот‘ (Матеј 6:13), може да ни помогне да останеме на безбеден пат? Исаија 30,20.21.

„Духот кој управува со сојузот на злото постојано настојува да го засени погледот на луѓето од зборовите Божји и да го истакне на попривлечен начин мислењето на луѓето. Тој би сакал ние да не го слушаме гласот Божји кој зборува: ‘Ова е патот одете по него’ (Исаија 30:21). Тој настојува се што е во негова моќ по пат на образование и воспитување да ја замрачи небесната светлина”. – 8 Сведоштво, 329.

„Господ сака сите да сфатат дека нивниот напредок е скриен со Него во Христа, дека зависи од нивната посветеност и кроткост, од нивната срдечна посветеност и преданост”. – 7 Сведоштво, 126.

„Кога упатуваме молитва која Христос ни ја оставил (Матеј 6:13), се потчинуваме на Божјоото водство и Го молиме Тој да нѐ води по сигурна патека. Не можеме да бидеме искрени во молитвата а во исто време да одиме по патот кој сами сме го избрале. Да почекаме Тој да нѐ води со Својата рака; да го послушаме Неговиот глас кој вели: ‘Ова е патот одете по него’ (Исаија 30:21).

Нема да бидеме безбедни сѐ додека одбиваме да го согледаме она што сигурно ќе го пожнееме ако ги слушаме сатанските совети. Гревот е обесчестување и несреќа за секоја душа која го негува, во негова природа е да нѐ заслепи и измами и тој ќе не мами со ласкави понуди. Ако се осудиме да стапнеме на ѓаволско тло, не ни е ветено дека ќе бидеме заштитени од силите на злото. Што се однесува до нас треба да го затвориме секој влез преку кој сатаната би можел да допре до нас”.
— Мисли од гората, 83.84.

б. Што ни ветил Бог ако ги отфрлиме нашите идоли? Ис. 30:22-26.

Петок — 2. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Додека нѐ осипува со своите благослови, за што сака Бог да размислуваме??

2. Зошто треба два пати да размислуваме пред да одиме во друга црква?

3. Зошто вистинската кротка и понизна личност не може да озборува?

4. Кон што се стремат оние кои проповедаат вера, а имаат телесен ум?

5. Како единствено Бог одговара на нашите молитви за Негово водство?

2016 • 3. Квартал

11. лекција – Сочувство кон покајниците

Сабота, 10. септември 2016
„Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот, Чие име е Светец: „Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но Јас сум и со оние што имаат скршено срце и понизен дух, за да го оживувам духот на понижените и да ги оживувам срцата на поразените”.
— Исаија 57,15.
„Ништо не е поважно за општење со Бога од најдлабоката понизност”.
— 5 Сведоштво, 33.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 6 Сведоштво, 29.30.77-80.261.262.

Недела — 4. септември
1. СООЧУВАЊЕ СО РЕАЛНОСТА

а. Што мораме да сфатиме за да се доближиме до Бога? Исаија 59,1.2.

„Гревот во кој најмногу се запаѓа, кој нѐ одвојува од Бога и доведува до духовно пореметување, е себичноста. Никој не може да се врати кај Бога освен ако се одрече од себе. Ние во поглед на тоа не можеме ништо да постигнеме сами; но ако Бог ни подари сила ќе можеме да живееме за доброто на другите и на тој начин да се спасиме од себичноста. Не е потребно да одиме во незнабожечки земји да би покажале на тој начин дека сакаме сé да му посветиме на Бога и да живееме корисен, несебичен живот. Треба да го правиме тоа во своето семејство, во црква, меѓу оние со кои се дружиме и соработуваме. Токму во своите секојдневни сфери од животот треба да се одречеме од своето јас и да го држиме во потчинетост. Павле можел да каже: ‘Секој ден умирам’ (1 Кор.15,31). Тоа секојдневно умирање на нашето јас, во малите работи од животот нѐ прави победници. Треба да заборавиме на себе во желбата на другите да им правиме добро. Кај многу луѓе ја нема оваа љубов кон другите. Наместо верно да ја извршуваат својата должност, тие се стремат кон нивно сопствено задоволство”. – 2 Сведоштво, 142.

„Мораме да се запознаеме себеси – познавање кое ќе резултира со каење, перед да можеме да најдеме простување и мир”.
— Христовите очигледни поуки, 120.

Понеделник — 5. септември
2. ПРИБЛИЖУВАЊЕ КОН БОГА

а. Колку е важна понизноста во Божјоото очи? Исаија 57:14-17.

„Ако некогаш луѓето треба во понизност да одат перед Бога, тогаш тоа треба да го прави Неговата црква, Неговите избраници во оваа генерација. Сите треба да престанат да го оплакуваат фактот дека нашите интелектуални способности отапеле и дека не ги цениме доволно нашите привилегии и можности. Ние немаме со што да се пофалиме”. – Counsels to Writers and Editors, 63.

„Мораме да ја препознаеме и отфрлиме самодовербата. Единствено правдата и вистината ќе ја издржат пробата за ова време. Мораме секојдневно да го имаме покрај себе Духот Божји за да може да нѐ сочува од зли мисли и немудри дела, од издигање на душата во суета”. – Manuscript Releases 19, 65.

„Господ го отвора патот за ширење на Евангелието, но ние не сме подготвени. Секојдневно силата на Божјоот Дух мора да нѐ омекне и облагороди. Дури и нашите мисли треба да се донесат во потчинетост на Христа. Непосветеното јас треба да се распне”.
— Signs of the Times, October 24, 1900.

б. Што сака Бог да направи за нас преку Неговото Слово? Исаија 57:18,19.

„Зацврстете ја својата вера со толкава цврстина и сигурност во Христа, така што никакви околности од било кој вид не можат да ја поместат. Нека вашиот живот биде сокриен со Христа во Бога.

Не трошете го своето време размислувајќи за неисправните карактери на другите. Тоа нема да ги излечи вашите карактерни недостатоци. Размислувајќи за недостатоците на другите, вие ќе се измените во истиот лик. Секогаш кога сте во искушение да разговарате за лудориите на другите или да ги обвинувате за повредите што ви ги направиле, сметајте дека тие го повредиле Христовото срце во лицето на Неговите светии. Тогаш земете ја Библијата, отворете ја перед Бога и молете Го за исцелувачкиот мелем на Неговиот мир”. – Manuscript Releases 21, 24.25.

„Речта ги прави горделивите смирени, изопачените кротки и скрушени, а непослушните послушни. Грешните навики на човекот се природно вткаени во неговите секојдневни постапки. Но Речта ги сече и искоренува телесните желби. Таа ги проценува мислите и намерите на срцето; навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и уништувајќи ги телесните желби ги прави луѓето волни да страдаат за својот Господ”.
— Коментари на библиските текстови 805.

Вторник — 6. септември
3. ИМАЈЌИ ЈА ВО ПРЕДВИД ВЕЧНОСТА

а. Спротивно на утехата која им ја дава на скрушените и кротките, каква пресуда Бог изрекува над оние што го отфрлаат Божјоот апел? Исаија 57:20,21. Како можеме да ја избегнеме оваа состојба?

„Дали сте подготвени да ги отфрлите идолите што сте ги негувале? Дали сте подготвени да го пуштите Исус да влезе во вашето срце, да го очисти од секаква нечистотија? Дали во секој момент и во сите околности владеете со себе? Можете ли да кажете: ‘Мене животот ми е Христос, јас сум Негов? Сѐ што имам, време или сила или влијание, сѐ е Негово’? Дали го претставувате преку својата трпеливост, сталоженост, несебичност?“ – The Signs of the Times, April 9, 1902.

„О, тоа предано и понизно срце ќе го води Божјоот народ да го направи она што Христос го заповедал, а сепак во таа понизност и вистина ќе речат: ‘Ние сме бесполезни слуги, го направивме само она што бевме должни да го направиме’. Меѓутоа, мнозина, мнозина кои се полни со гордост и чувство на важност, според Божјоата проценка се млаки. Се јавува чувство на самозадоволство поради некои ситни успеси. Каде можеме да го чуеме сведочењето на срцата што се скршени во покајание и исповед перед Бога? Каде можеме да ги видиме таканаречените верници како го носат јаремот на Христос? Колку малку време посветуваме на горлива молитва, чиј резултат би бил поседување на кроток и смирен дух, кој во Божји очи има голема вредност”. – The Review and Herald, September 16, 1909.

„Нема вашето исповедање на верата да покаже дали сте навистина христијани, туку вашите постапки. Се приближуваме кон судниот ден и треба да се стремиме ова малку време што ни преостанува до Христовото доаѓање мудро да го искористиме. Треба да се стремиме својот ум да го наполниме со знаење од вистинска вредност, а не со дрва, сено, слама. Со мудро управување нашите способности треба да се зголемуваат, за да добиеме поголема сила да ги сфатиме Христовите свети учења. Ние треба да станеме учители на тајните на Евангелието”.
— The Review and Herald, April 19, 1892.

б. Што треба секогаш да имаме на ум во поглед на вечноста? Римјаните 14:10.

„Ние живееме на прагот на вечниот свет. Во небеските судови се испитуваат случаите на сите луѓе, и крајно време е да го отфрлиме гревот и ревносно да работиме за спасение на што повеќе души”.
— Reflecting Christ, 121.

Среда — 7. септември
4. ВЛИЈАНИЕТО НА СВЕТИОТ ДУХ

а. Што Христос признава како доказ дека во голема мера сме исполнети со Свет Дух – ветениот Утешител? Јован 16:8.

„Колку поблиску доаѓате до Христа, во своите очи станувате сѐ погрешни; затоа што вашиот вид станува појасен, така ќе ја препознаете својата несовршеност во спротивност со Неговата совршена природа. Меѓутоа, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Ова е доказ дека ѓаволските измами ја изгубиле својата моќ, дека ве буди оживувачкото влијание на Светиот Дух и дека ве напуштаат рамнодушноста и немирот.

Длабоко вкоренетата љубов кон Христа не може да се најде во срцето кое не ја гледа својата грешност. Душата која со милост е преобратена ќе се восхитува на Неговиот божествен карактер; но непознавањето на сопствените морални изопачености е непогрешен доказ дека не сме ја сфатиле Христовата убавина и возвишеност. Што помалку држиме до себе, толку повеќе ќе ја цениме бесконечната чистота и убавина на нашиот Спасител. Увидувањето на сопствените грешки нѐ води до Оној кој простува. Исус ќе нѐ прифати; затоа што Неговиот збор е гаранција”.
— Review and Herald, February 17, 1885.

б. Објасни ја разликата помеѓу ваквата понизност и спротивниот став кој често се среќава во светот – многу често и во црквата – и последиците кои овој вториот ги носи со себе. Јован 3:13,14.

„Што е лажно сведочење против вистината? Тоа значи да тврдиме дека веруваме во вистината, додека духот, зборовите и однесувањето не го претставуваат Христа, туку сатаната. Злобните претпоставки, нетрпеливоста и духот кој не простува, тоа е лага против вистината, а љубовта, трпението и долгото поднесување се во склад со начелата на вистината”. – That I May Know Him, 185.

„Мнозина од нив негуваат несвета желба за превласт. Мнозина сакаат да им се ласка и љубоморно пазат некој случајно да не ги навреди или занемари. Постојано е присутен дух на непростување. Тука постои завист, кавга и соперништво.

Малкумина ја примаат Христовата љубов со понизност, со длабоко и постојано чувство за нивната недостојност. Тие не можат да го поднесат манифестирањето на Божјоата сила, затоа што тоа би поттикнало во нив самодоверба, гордост и завист. Ова е причината зошто Бог толку малку може да стори за нас сега”.
— 5 Сведоштво, 33.34.

Четврток — 8. септември
5. ПОНИЗНИ ПРЕД ДРУГИТЕ

а. Како оние кои се исполнети со Духот се однесуваат кон оние кои се во заблуда или грешат? Галатјаните 6,1-3.

„‘И прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник’ (Лука 11,4). Не можеме оваа молитва да ја повторуваме од срце, а истовремено да не се осмелуваме да простиме; бидејќи се молиме на Бога да ни ги прости гревовите наши како што ние им простуваме на оние кои ни погрешиле. Малкумина ја разбираат вистинската смисла на оваа молитва. Ако оние кои не простуваат ја сфатат длабочината на нејзиното значење, тие не би се осмелиле да ја повторуваат и да бараат од Бога да се однесува така како што тие се однесуваат кон своите блиски”. – The Youth’s Instructor, December 7, 1899.

„Кога во душата на работникот би престојувал Христос, кога секоја себичност би умрела, кога не би постоело ривалство ниту борба за власт, кога би постоело единство, кога би биле посветени така да нивната меѓусебна љубов може да се види и почувствува, тогаш обилното излевање на Светиот Дух ќе дојде еднакво сигурно како што Божјите ветувања се доверливи во секоја цртичка и точка. Но кога работниците ги обезвреднуваат залагањата на другите како би можеле да ја покажат сопствената надмоќност, со тоа покажуваат дека нивната работа не го носи оној печат кој би требало да го носи. Бог не може да ги благослови”. – Одбрани пораки 1, 168.

„Перед да нѐ крсти со Светиот Дух, нашиот небесен Отец ќе нѐ искуша, со цел да види дали можеме да живееме а да не Го обесчестуваме. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи до вас. Не мислете, деца мои, дека сте ја примиле целата духовна помош која ви е потребна. Не мислете дека ќе имате обилни духовни благослови без прифаќање на условите кои самиот Бог ги одредил. Јаков и Јован мислеле дека поставеното прашање ќе ги доведе до највисока положба во Божјоото царство. О, колку далеку биле од исправното разбирање на работите! Тие не сфатиле дека, перед да станат учесници во Божјоата слава, мораат да го земат Неговиот јарем и секојдневно да се учат на Неговата понизност и кроткост”.
— Manuscript Releases 1, 178.

Петок — 9. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како и во мојот живот може да се исполни ветувањето кое им е дадено на победниците?

2. Какви промени се случуваат во нас при посветеното проучување на Божјоото Слово?

3. Имајќи во предвид дека е кратко времето на милост, на што треба да се посветиме?

4. Како можеме да се доведеме во опасност да сведочиме лажно против вистината?

5. Кои практични чекори треба да ги преземам како би добил позен дожд?

2016 • 3. Квартал

12. лекција – Порака за денешно време

Сабота, 17. септември 2016
„Викај со сиот глас, не воздржувај се; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов – гревовите негови”.
— Исаија 58,1.
„Јас не можам премногу силно да ги повикувам сите членови на нашата црква, сите оние кои се вистински мисионери, сите оние кои веруваат во пораката на Третиот ангел и сите оние кои ја одвраќаат својата нога од саботата, да ја разгледаат пораката од педесет и осмото поглавје од Исаија”.
— 6 Сведоштво, 163.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 21- 36. 5 Сведоштво, 201-205.

Недела — 11. септември
1. ДО КОГО Е УПАТЕНА ОВАА ПОРАКА?

а. Што треба грижливо да имаме на ум кога настојуваме да ја објавиме пораката на Исаија, поглавје 58? Исаија 58,1

„(Исаија 58,1) Оваа порака треба да ја објавуваме, но иако сме должни тоа да го правиме, мораме да внимаваме да не напаѓаме, да не осудуваме и да не ги обвинуваме оние кои ја немаат светлината што ние ја имаме. Ние не смееме да скршнуваме од својот пат и жестоко да ги напаѓаме католиците. Меѓу католиците има луѓе кои се мошне совесни како христијани, такви кои одат во светлината што свети над нив, и Бог ќе работи за нив. Оние што и покрај големите предности и можности за тоа не ги развивале своите телесни, умни и морални сили, туку живееле за да си угодуваат на себе, одбивајќи да ги вршат своите должности – таквите се наоѓаат во поголема опасност и Бог таквите повеќе ги осудува отколку оние кои имаат погрешни претстави за науката и начелата, но се трудат во животот да им прават добро на другите. Немојте да ги критикувате другите, ниту да ги осудувате.

Ако дозволиме себичните причини, лажното резонирање и лажните изговори да го изопачат нашиот разум и нашето срце, така што ќе скршнеме од Божјите патишта и Неговата волја, нашата вина ќе биде многу поголема од вината на оние кои отворено грешат. Мораме да бидеме мошне внимателни, за да не ги осудуваме оние што пред Бога се помалку виновни од самите нас”.
— 9 Сведоштво, 183.

Понеделник — 12. септември
2. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ЧЕСТО СЕ ЗАМОЛЧУВА

а. Каква најчесто е реакцијата со која се соочуваат искрените верници кои сакаат да ‘викаат со сиот глас, и да не се воздржуваат’ (Исаија 58,1)? Јован 3,19-21 (спореди: Броеви 16,1-4). Што му е покажано на Божјиот гласник за состојбата на Божјиот народ?

„Многумина обожаваат идоли во своите срца и прават неправда, што ги одвојува од Бога и ги води во темнина. Видов дека само малку од нив одат во светлина, па можат да го забележат каменот на сопнување и да го отстранат од својот пат…

Некои кои се наоѓаат на позиција на стражар, кои треба да ги преупредуваат луѓето на опасност, престанале да стражарат и задремале. Таквите луѓе се неверни стражари. Тие седат со скрстени раце, додека нивниот подмолен непријател влегува во тврдината покрај нив и со успех го руши она кое Бог наредил да се изградува. Тие гледаат како сатаната ги мами неискусните и невините, а сепак тоа мирно го набљудуваат како тие работи да не ги интересираат. Тие не увидуваат никаква особена опасност, не гледаат никаква особена причина за вознемирување. Нив им се чини дека сѐ оди како што треба и не согледуваат никаква потреба да подигнат глас на опомена која е дадена во јасните сведоштва, за да им ги објават на луѓето нивните беззаконија а на домот Израелов неговите гревови. Тие укори и опомени го нарушуваат мирот на безгрижните стражари и затоа негодуваат. Зборуваат во срцето, иако тоа не го прават гласно: ‘Сето тоа е непотребно. Сето тоа е премногу строго, премногу остро. Овие луѓе непотребно се вознемируваат и возбудуваат и не ни даваат одмор и мир. ‘Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и меѓу нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?’(Броеви 16:3). Тие не се волни да уживаме ниту малку удобност, мир и среќа. Постојаната работа, маката и непрекинатата будност би ги задоволиле тие неразумни стражари кои премногу бараат. Зошто не го проповедаат она што им оди како подмачкано и не викаат: ‘Мир, мир’? Тогаш се ќе им оди како подмачкано.

Тие немаат кипови, но нивниот грев не е затоа ништо помал во Божјите очи. Тие го обожуваат сатаната и ја љубат земната добивка. Некои ќе ја жртвуваат совеста за да ги остварат своите цели. Себични се и тесногради оние кои тврдат дека се Божји народ. Тие ги сакаат светските работи и се здружуваат со силите на темнината. Уживаат во неправдата. Не негуваат љубов кон Бога ниту кон ближните. Тие се идолопоклоници и во Божјите очи се многу полоши од незнабошците кои се поклонуваат на идоли и не знаат за подобар пат”.
— 2 Сведоштво, 290-292.

Вторник — 13. септември
3. ХРИСТОС ПО ВТОРПАТ СЕ ВОЗНЕСУВА НА НЕБОТО

а. Кои фактори ја отежнуваат задачата на сите оние кои се обидуваат на трубата што опоменува да и дадат карактеристичен звук? Исаија 58,2, Езекиел 2,1-7.

„Овде Господ не го укорува безбожниот свет, туку оние што Бог ги нарекува ‘Мој народ’. Тој понатаму кажува: ‘Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, како народ, кој божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог’ (Исаија 58,1.2). Овде ни се предочени луѓето кои мислат дека се праведни и кои покажуваат навидум голем интерес за Божјата служба; но сериозниот и свечен укор од Оној што ги испитува срцата докажува дека тие ги газат Божјите заповеди”. – Големата борба, 466.

„За таквите луѓе Господ вели: ‘Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, како народ, кој божем постапува праведно’ Ова е народ кој живее во самоизмама, кој е самоправеден, задоволен со себе; и на проповедникот му е наредено да вика гласно и да му ги покаже неговите престапи. Ова дело за Божјиот народ се вршело во сите времиња, и тоа сега е потребно повеќе од кога и да е…

Бог секогаш има луѓе на кои им ја доверува Својата порака. Неговиот Дух доаѓа во нивните срца и ги принудува да зборуваат. Поттикнати од света ревност и под дејство на божествена сила, тие ја прифаќаат оваа должност, не размислувајќи ладнокрвно за последиците на нивното објавување на Господовото слово на народот. Но Господовиот слуга наскоро станува свесен дека се изложил на извесен ризик. Тој гледа како тој и неговата порака стануваат предмет на критика. Неговото однесување, неговиот живот, неговиот имот, сето тоа се проверува и коментира. Неговото порака се растегнува на парчиња и се отфрла без никакво почитување, бидејќи така му одговара на ограниченото расудување на луѓето. Дали таа порака го извршила делото што Бог ѝ го наменил? Не. Тоа не е случај, затоа што срцата на слушателите не биле посветени.

Ако лицето на проповедникот не е како кремен, ако тој нема непоколеблива вера и храброст, ако неговото срце не е зајакнато со постојано општење со Бога, тој ќе почне да го прилагодува своето сведоштво за да им угоди на непосветените уши и срца на кои им се обраќа. Во своето настојување да ја избегне критиката на која е изложен, тој се одвојува од Бога и го губи чувството за божествената наклоност и неговото сведоштво станува млако и безживотно. Тој согледува дека ја загубил верата и храброста и дека неговата работа нема никакво дејство”.
— 5 Сведоштво, 202.203.

Среда — 14. септември
4. ПОРАДИ КОГО НАВИСТИНА СЕ ЖАЛАМ?

а. Како Божјиот народ во Исаија 58 очекува Тој да одговори на нивната служба кон Него, а што Тој одговара? Исаија 58,3; Малахија 3,14,15. Кои фактори за нашиот став по ова прашање – и кон Бога и кон другите треба да ги разгледаме денес?

„(Исаија 58:1-3). Пророкот овде ни претставува луѓе кои го обвинуваат Бога затоа што не им дава сé што тие себично бараат. Бог во својот одговор на нивните жалби покажува дека тие не го заслужуваат тоа што го бараат од Неговите раце, затоа што не постапиле праведно”. – Conference Bulletin, May 31, 1909.

„Постовите на овие верници (од Исаија 58) се само измама, исмејување на понизноста. Тие ги задржале сите несакани црти на карактерот. Нивните срца не се очистени од нечистотија. Тие не ја примиле Божјата милост. Тие се лишени од Светиот Дух, лишени од сладоста на Неговото влијание. Тие не покажуваат покајание, ниту вера која делува преку љубов. Тие се неправедни и себични во постапките кон своите ближни, безмилосно ги угнетуваат оние кои ги сметаат за пониски од себе. Сепак, тие се жалат затоа што Бог не ги воздига над другите поради нивната праведност”. – The Review and Herald, June 25, 1901.

„Луѓето кои на пророкот (Исаија) му било наредено да ги предупреди… имаат изглед на побожност и сметаат дека имаат право на посебна наклоност и благослов, затоа што делуваат доста побожно и редовно обавуваат верска служба. Ова го храни нивното самозадоволство, и се сметаат како младичот кој дошол кај Христа, тврдејќи дека ги пази сите заповеди, и прашал: ‘Што уште ми недостасува?’… Овој младич си ласкал себеси дека ги држел сите Божји заповеди. Меѓутоа, дали тоа навистина било така? Не. Тој не Го сакал Бога над сѐ; го сакал своето богатство кое му е дадено само на користење, повеќе отколку Бога; не ги сакал ни своите ближни како самиот себеси, затоа што не бил подготвен да го подели своето богатство со нив. Го сакал својот имот повеќе отколку што ги сакал душите за кои Христос бил спремен да го жртвува својот живот”. – Review and Herald, October 13, 1891.

„Треба да се чуваме од самосожалување. Никогаш не потклекнувајте пред чувството дека не сте ценети колку што би требале да бидете, дека вашите напори не се вреднуваат, дека вашата работа е премногу тешка. Нека споменот на она што Христос го претрпел за нас, ја замолкне секоја мисла на негодување. Кон нас се однесуваат подобро, отколку што се однесувале кон нашиот Господ”.
— Здравје и среќа, 379.

Четврток — 15. септември
5. МОТИВИ КОИ УПРАВУВААТ СО ДЕЛАТА

а. Во Исаија 58, кој бил вистинскиот мотив зад постот на Божјиот народ? Исаија 58,4. Како да го избегнеме ваквиот дух? Лука 7,33-35.

„На Спасителот на светот не може да му се оддаде почит со постот забележан од страна на Еврејскиот народ. Тие постеле во својата гордост и самоправедност, додека Исус јадел во понизност со цариниците и грешниците…

Делото на сатаната од самиот негов пад било да ги обвинува другите. И сите оние кои ја одбиваат од Бога дадената светлина одат по истиот пат и денес. Тие со задоволство го откриваат кај другите она што го сметаат за погрешно. Така било и со фарисеите. Кога пронашле нешто со што би можеле да ги обвинат учениците, тие не разговарале со оние за кои сметале дека се во заблуда. Тие му зборувале на Христа за работи за кои сметале дека се тежок престап (кршење на саботата). Кога сметале дека Исус го крши законот, тие го обвиниле Него кај учениците. Нивната цел била да ги отуѓат срцата”. – Коментари на библиските текстови, 451.

„Кога своите молитви ги принесуваме со самодоверба, кога не стражариме и не ги доведуваме своите дела во склад со нашите молитви, ние во очите на небото не сме верници. Нас ни недостасува вера која работи преку љубов и ја чисти душата; зашто вистинската вера ќе го наведе имателот да ги умртви делата на телото, да ја распне себичноста, самољубието, нетрпеливоста и самоправедноста. Оние кои навистина сакаат да бидат Христови следбеници мораат секојдневно да ги учат лекциите на кротост и понизност, за да можат да зборуваат внимателно, да покажуваат љубезност и учтивост, да имаат нежни срца и да внесуваат во домот сочувство и сончева светлина. Арогантниот дух мора да се скроти, додека љубезноста и склоноста кон покорување мора да се негуваат”.
— The Review and Herald, June 5, 1894.

Петок — 16. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кое библиско начело го одредува степенот на нашата одговорност кон Бога?

2. Зошто директното сведоштво и укорувањето на гревот наидуваат на противење?

3. Ако сериозно го сфатиме вечниот живот, како ќе се однесуваме кон начелата?

4. Што не било во ред со постот на Евреите во Исаија 58?

5. Без разлика дали постиме или не, какви ставови ја попречуваат молитвата?

2016 • 3. Квартал

13. лекција – Мисија за сегашно време

Сабота, 24. септември 2016
„Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби”.
— Исаија 58,12.
„Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа… Тој мора да биде ‘обновител на урнатини, градител на патишта за населби‘ (Исаија 58,12)”.
— Пророци и цареви, 460.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Welfare Ministry, 29-41.

Недела — 18. септември
1. ЗНАЦИ НА ИЗВЕШТАЧЕНА РЕЛИГИЈА

а. Како можеме да ја избегнеме лажната понизност? Исаија 58,5; Филипјаните 2,3.14.15.

„Никој нека не мисли дека наместо вистинска понизност доволно е само да се наведнат главите како трски. Таквата понизност е лажна; таму каде што нема кротост во срцето, нема да ја има ниту во животот. Оние кои само ја исповедаат вистината, а не се извршители на Словото, ќе ги рушат семејните олтари, ќе сеат неслога и раздори во домот и ќе бидат сиромашни со свети и благородни дела кои произлегуваат од верата во Христа. Најубедлив доказ за моќта на Евангелието на светот ќе биде неговото влијание врз животите на оние кои веруваат во него. Вистинскиот христијанин ќе го претставува Христа и ќе престане да мрмори или да се жали на Бога или на своите ближни…

Оние кои се само површни христијани не се благослов ниту за себе ниту за другите, дури и ако постат, се облекуваат во вреќишта и се посипуваат со пепел. Тие ги задржуваат старите навики: преку карактерот, сомнежот, љубомората, обвинувањето на другите – сето тоа докажува дека тие не се под влијание на Христовата благодат… Кога пропуштаат да постапат онака како што би постапил Христос, тие вината и одговорноста ја префрлаат на околностите или на луѓето со кои биле во контакт. Наместо да се преиспитуваат за да увидат во што се состои причината за нивната недоследност, тие ја оплакуваат својата состојба и сметаат дека нивните проблеми се последица на туѓите недела”.
— The Review and Herald, June 5, 1894.

Понеделник — 19. септември
2. ПОСТОТ КОЈ БОГ ГО ИЗБРАЛ

а. Каков пост е доказ за највисок степен на христијанска побожност? Исаија 58,6.

„Делото на добродетелство кое е наложено во ова поглавје (Исаија 58) е делото кое Бог го бара од својот народ во ова време”. – 6 Сведоштво, 197.

„Кога го прикажуваме совршенството кое се наоѓа во (Божјите) барања, во Неговиот заповеди, во Неговиот закон, ние го прикажуваме она што ослободува од оковите на беззаконието, и наместо луѓето да се принудени да постат и да бидат оковани со синџирите на гревот, ќе попуштат стегите на беззаконието и оние кои непријателот ги држи заробени ќе се ослободат”. – Manuscript Releases 5, 38.

„Дознајте кои се потребите на сиромашните и оние кои страдаат, а потоа со љубов и нежност помогнете им да се охрабрат, влејте им надеж и доверба делејќи ги со нив добрата кои Бог ни ги подарил. Со тоа ќе ја извршите задачата која Бог ни ја наменил. ‘Угнетените пушти ги на слобода’ (Исаија 58,6). Не мирувајте сѐ додека не го скршите секој јарем. Не е возможно да го занемарите ова дело и да бидете послушни на Бога”.
— Pacific Union Recorder, July 21, 1904.

б. Што уште е вклучено во вистински Божји пост? Исаија 58,7.

„(Исаија 58,6,7) Тоа е упатството кое Христос го пропишал за малодушната, колеблива, треперлива душа. Оние кои се тажни, кои одат со тага пред Бога, треба да се пробудат и да им помагаат на оние на кои им е потребна помош…

За таа цел, Бог бара од црквата поголема побожност, поправилно чувство на должност и појасно сфаќање на своите обврски кон својот Творец. Тој бара од неа да сочинува еден чист, посветен, работен народ. Христијанското дело на пружање на помош е едно од средствата со кое тоа се постига, затоа што светиот Дух одржува врска со сите кои ја вршат Божјата служба”. – 6 Сведоштво, 198.

„Запомнете дека постои еден свет кој треба да се спаси. Ние треба да го извршиме својот дел, да стоиме покрај Христа како Негови соработници. Тој е глава; ние сме помошна рака. Негова намера е ние преку здравствено-мисионерска работа да ги ослободиме потчинетите, симнувајќи од нив голем товар. Да не ги затвориме очите пред бедата која е околу нас и да не бидеме глуви за страдалничкото лелекање кое го има сѐ повеќе. Христос е најголемиот мисионер кој светот некогаш го познавал. Тој дошол да ги подигне и разведри тажните и вознемирените, и во оваа работа ние треба да соработуваме со Него”.
— Welfare Ministry, 118.

Вторник — 20. септември
3. ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ГОВОРНИ НАВИКИ

а. Кое изобилно ветување доаѓа врз сите кои со вера учествуваат во радосното практично служење на оние кои се во неволја? Исаија 58,8.

„(Исаија 58,8) Кога членовите на нашите цркви поединечно ќе се нафатат на работата што им е наменета, тие ќе бидат опкружени со една сосем поинаква атмосфера. Нивните напори ќе бидат проследени со благослови и сила. Ќе постигнат повисока духовна култура на срцето и умот. Ќе биде совладана себичноста која ги оковала нивните души. Нивната вера ќе стане живо начело”.
— 6 Сведоштво, 198.

б. Зошто мораме во целост да ја искорениме нехристијанската навика на ‘пружање на прст’? Исаија 58,9.10; Матеј 7,1-5.

„Токму оние кои се слепи за сопствените грешки, честопати брзо ги забележуваат грешките на другите, најбрзи се да ги критикуваат нивните зборови и да ги осудат за нешто што направиле или пропуштиле да направат…

Секоја нељубезна критика на другите, секој збор на самољубие, значи ‘испружен прст и безбожна беседа’ (Исаија 58,9). Гордото издигање на своето јас, како да сме безгрешни, преувеличување на маните на другите, претставува навреда за Бога…

Ние немаме право да не му веруваме на братот затоа што некои зли извештаи дошле до нашите уши, заради обвинувањата или претпоставките дека тој сторил нешто лошо. Честопати злобните извештаи потекнуваат од страна на оние кои се Божји непријатели, од оние кои се здружиле со непријателот за да ги обвинуваат браќата. Оние кои не обрнуваат внимание на зборовите од Спасителот: ‘Пазете како слушате’ (Лука 8:18), им дозволуваат на своите непосветени уши да чујат погрешно, им дозволуваат на своите изопачени сетила да си замислуваат погрешно, и со своите злобни јазици погрешно да известуваат.

Многумина кои ги обвинуваат браќата, нема отворено да разговараат со оние за кои сметаат дека се во заблуда, туку ќе отидат кај други и под маската на пријателство со заблудените, ќе ги осудуваат таквите. Понекогаш овие тужители отворено ќе се согласат со оние кои сакаат да наштетат. Тужбите кои се само претпоставки, тие ќе ги изнесуваат како факти, и нема јасно да им предочат на оние кои ги обвинуваат кои се нивните конкретни грешки, оневозможувајќи им на тој начин да одговорат на тужбите изнесени против нив”.
— The Review and Herald, May 7, 1895.

Среда — 21. септември
4. ГРАДЕЊЕ НАМЕСТО УНИШТУВАЊЕ

а. Каква промена ќе искусиме ако стекнеме победа над ‘јаремот, пружање на прстот и зборување на суетни работи’? Исаија 58,10.11.

„Оние кои можат да послужат за добро во напредувањето на Христовото дело, но своите способности ги користат да рушат, а не да градат, ќе го почувствуваат Божјиот гнев. Тие ќе ги искусат Христовите страдања кои ги поднел за да го спаси човекот од казната за престапот на законот. Човековата вредност и степенот на неговата одговорност се откриваат единствено на крстот на Голгота”. – The Southern Watchman, March 31, 1908.

„Да се прави добро – тоа е одличен лек за секоја болест. Оние кои се посветуваат на нашето дело треба да Му се обратат на Бога, а Тој им ветил дека ќе им одговори. Нивната душа ќе биде освежена во текот на суша, а тие ќе бидат како наводнувана градина, чиишто води никогаш не пресушуваат.

Разбудете се, браќа и сестри. Не плашете се од добри дела. ‘Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.’ (Гал. 6,9). Не чекајте да ви се каже што ви е должност. Отворете ги очите, погледнете ги оние кои се наоѓаат околу вас; запознајте се со беспомошните, немоќните и сиромашните. Не кријте се од нив и не затворајте ги очите за нивните неволји. Кој со својот живот дава докази за чистата вера за која зборува Јаков, неизвалкана со себичност и расипаност? Кој настојува да направи сѐ што е во негова моќ за да може да помогне во големото дело на спасување?“
— 2 Сведоштво, 18.

б. Опишете ја мисијата која ни е доделена и ветувањето што ја придружува. Исаија 58,12.13 (прв дел).

„Божјиот народ има посебна задача да ги соѕида урнатините направени во Неговиот закон и колку повеќе се приближуваме кон крајот, толку повеќе таа задача станува поитна. Сите кои Го љубат Бога ќе покажат со држење на Неговите заповеди дека го носат Неговиот печат. Тие ги поправаат ‘патиштата за населбите…’ (Исаија 58,13.14). Вистинската здравствено-мисионерска работа е нераздвојно поврзана со држење на Божјите заповеди во кои саботата е посебно спомната, бидејќи таа претставува голем споменик на создавачкото Божјо дело. Празнувањето на саботата е поврзано со делото на обновување на моралниот Божји лик во човекот. Тоа е служба која Божјиот народ треба да ја врши во ова време”.
— 6 Сведоштво, 197.

Четврток — 22. септември
5. МИРОТ КОЈ НИ ГО ДАВА КНЕЗОТ НА МИРОТ

а. Што треба да разбереме за вистинската христијанска услужливост, која е карактеристика на оние што ја држат саботата? Исаија 58,13.14.

„Видов како во сабота цело небо будно ги набљудува оние кои ги признаваат барањата на четвртата Божја заповед и ја празнуваат саботата. Ангелите го бележат интересот и почитта кое тие ја укажуваат на таа божествена установа. Оние луѓе кои Го слават Господа Бога во своите срца со побожноста на својата душа и кои се трудат да ги искористат светите мигови славејќи ја саботата онака како што најдобро знаат и умеат и Го слават Бога со тоа што се радуваат на саботата – тие луѓе примаат од ангелите посебен благослов на светлина и здравје и ним им е подарена посебна сила. Од друга страна, ангелите го вртеа своето лице од оние кои не ја почитуваа светоста на светиот Божји ден и не им подарија ниту светлина ниту сила. Ги видов прекриени со облак, очајни и често тмурни. Чувствуваат дека немаат Божји Дух”. – 2 Сведоштво, 464.

„Оние кои живееле не за да си угодуваат на самите себеси, туку за да бидат благослов за несреќните кои имаат толку малку благослови – колку нивните срца ќе бидат исполнети со задоволство! Тие ќе го искусат исполнувањето на ветувањето: ‘И ќе бидеш блажен, зашто тие немаат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.’(Лука 14,14)”. – 6 Сведоштво, 230.

„Саботата ќе биде задоволство за сите кои ја примаат како знак за Христовата создавачка и откупувачка моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како доказ за Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на изгубениот Едем и истовремено укажува на мирот кој е повторно обновен преку Спасителот”.
— Копнежот на вековите, 210.

Петок — 23. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведете некои примери на лажна и на вистинска понизност?

2. Каков лицемерен пост Бог осудува?

3. Како јас можам да учествувам во најдобриот вид на пост кој Бог го сака за мене?

4. Која човечката склоност за уривање може да се претвори во градење?

5. Накратко опиши го Божјиот славен план за почитувачите на саботата денес?