2015 • 2. Квартал

1. лекција – Здравје за секого

04. април 2015
„Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сè да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.“
— 3 Јованово 2
„Бог одредил преку Неговите слуги, Неговиот глас да го слушнат оние што се болни, што се во неволја и што се под власт на зли духови. Тој сака преку Своите човечки претставници да биде Утешител каков што светот не познава.“
— Копнежот на вековите, 261 (351).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 67-70; 329-332.

Недела — 29. март
1. ПРОМЕНА ВО ЧОВЕКОВОТО ЗДРАВЈЕ

а. Опишете ја здравствената состојба на човекот пред падот во грев. Создавање 1,26.27.31.

„Кога човекот излегол од рацете на својот Творец, имал висока става и совршена симетрија. Неговото лице имало румена боја, оддавајќи здравје и разведрено со светлина на живот и на радост.“ – Патријарси и пророци, 20 (45).

„Фактот дека (човекот) веќе шест илјади години одолева на постојаното зголемување на болеста и престапот е убедлив доказ за моќта на издржливоста со која тој во почетокот бил надарен.“
— Коментари на библиски текстови, 10.

б. Како човековото здравје постепено се влошувало по падот? Создавање 11,28; Псалм 90,10; Јован 5,3.

„Деформитетот, малоумноста, болестите и човечките страдања – со секоја следна генерација по падот – се потешко и потешко го притискаат човечкиот род, а сепак масите се заслепени од вистинските причини за тоа. Тие, во голема мера, себеси не се сметаат виновни за таквата жалосна состојба. Своите страдања вообичаено ги припишуваат на Провидението, сметајќи го Бога како зачетник на нивните неволји. Меѓутоа, во неумереноста, во поголем или помал степен, лежи основата на сите овие страдања.“
— Одбрани пораки 2, 411.

Понеделник — 30. март
2. КОПНЕЖОТ НА БОЛНИТЕ

а. Каков е крикот на секој болен човек кој сè уште не е напуштен од страна на Светиот Дух? Матеј 8,2; Марко 10,47.

„Колку често оние што се здрави ја забораваат таа чудесна милост која за нив трае од ден во ден, од година во година? Тие на Бога не му упатуваат никаков знак на благодарност за сите Негови благослови. Но, кога ќе ги погоди некоја болест, се сеќаваат на Бога. Силната желба за оздравување ги принудува на сесрдна молитва, а така и треба. Бог е наше засолниште како во болеста, така и во здравјето.“
— 5 Сведоштво, 214 (315).

б. Дури и кога изгледа дека болниот нема желба за оздравување, каква е реалноста? Лука 8,27-29.

„Со авторитет (Исус) им наредил на злите духови да излезат од нив. Неговите зборови продреле во помрачениот ум на несреќните луѓе. Нејасно чувствувале дека е близу Оној, кој може да ги спаси од демоните што ги мачеле. Тие паднале перед нозете на Спасителот и Му се поклониле, но, кога ги отвориле усните за да замолат за милост преку нив проговориле демоните, викајќи: ‘Што сакаш од мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме’ (Лука 8,28).“
— Копнежот на вековите, 250 (337.338).

в. Која взаемна желба треба да ја имаме за оние кои се најблиску до нас? 3 Јованово 2; Јован 5,6.

„Бог сака да ги достигнеме стандардите на совршенството што ни се овозможени преку дарот во Христа… Во Неговата пишана Реч и во големата книга на природата Тој ги открил принципите на животот. Наша должност е да се здобиеме со знаење за тие принципи и во послушност да соработуваме со Него во обновувањето на здравјето на телото, како и на душата.“ – Здравје и среќа, 92 (114.115).

„Бог сака оние што ја носат Неговата светлина постојано да го држат високиот стандард. Со поуки и пример тие мораат да го одржат овој совршен стандард високо над лажниот стандард на сатаната, кој ако се следи, ќе доведе до беда, деградација, болест и смрт и за телото и за душата.“
— RH, 12. ноември, 1901.

Вторник — 31. март
3. БОЖЈИ ОДГОВОР

а. Кој апел Христос ни го упатува и денес? Матеј 11,28-30. Дали ова се однесува само на нашето духовно здравје?

„Зборовите на нашиот Спасител: ‘Дојдете кај Мене… и Јас ќе ви дадам одмор’ (Матеј 11,28), претставуваат рецепт за исцелување од физичките, менталните и од духовните заболувања. И покрај тоа што луѓето, заради сопствените грешки, си навлекле страдања, Тој кон нив гледа со сомилост.“ – Здравје и среќа, 72 (115).

„Вистинската религија и законите на здравјето одат рака под рака. Невозможно е да се работи на спасување на мажите и жените, а да не им се претстави потребата од отфрлањето на грешните задоволства, кои го уништуваат здравјето, ја унижуваат душата и го спречуваат божественото влијание на вистината на умот.“
— Совети за здравјето, 445.

б. Од каде доаѓа исцелувачката сила? Јован 5,21; Малахија 4,2.

„Единствената надеж на човекот е Божјиот живот во душата. Христовата љубов, го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и силата на најважните животни органи – силата на мозокот, срцето и на нервите; таа ги поттикнува на работа највозвишените сили на човечкото битие. Ја ослободува душата од вина и тага, од немир и грижа, кои ги уништуваат животните сили.“
— Здравје и среќа, 73 (115).

Среда — 1. април
4. ХРИСТОС, НАШИОТ ПРИМЕР ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ

а. Како беше пророкувано Христовото дело? Исаија 61,1-3. Како Тој го исполнил ова пророштво? Марко 1,32-34.

„За време на Својата служба, Исус посветил повеќе време во лекување на болните, отколку во проповедање. Неговите чуда сведочеле за вистинитоста на Неговите зборови… Кога поминувал низ градовите, Тој бил како животворна струја што дава живот и радост секаде каде што одел.“ – Копнежот на вековите, 260 (350).

„Нашиот Господ Исус Христос дошол на овој свет како неуморен слуга на човечката потреба. За да може да послужи на секоја потреба на човештвото, ‘Тој врз Себе ги зеде нашите немоќи и ги понесе болестите’ (Матеј 8,17). Дошол да го отстрани бремето на болестите, бедата и гревот.“
— Здравје и среќа, 8 (17).

б. Како Исус ја прикажал поврзаноста помеѓу духовната и физичката природа? Јован 5,14.

„Со тоа го потврдил учењето дека болеста е последица од кршењето на Божјите закони, како природните така и духовните. Кога луѓето би живееле во склад со планот на Создателот, во светот не би постоела големата беда.“ – Копнежот на вековите, 639 (824).

„Кршењето на природните закони, со своите последици: страдање и предвремена смрт, земало толкав замав, што исходот од тоа се смета за судбина на човештвото; меѓутоа, Бог човекот не го создал толку слаб. Ваквата состојба не е дело на Провидението, туку последица на човековите погрешни навики…“
— Христијанска умереност, 6 (19.20).

Четврток — 2. април
5. СОРАБОТНИЦИ СО БОГА

а. Која задача Христос им ја доверил на Своите ученици и денес? Матеј 10,7.8.

„Христовите следбеници треба да работат онака како што работел Тој. Ние треба да ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, да ги утешиме страдалниците и потиштените. Ние треба да им служиме на очајните, да им влееме надеж на безнадежните…“
— Копнежот на вековите, 260 (350.351).

б. Што би требало да имаат на ум Божјите соработници кога се соочуваат со искушенија? Исаија 42,4; 53,3; Јован 6,38.

„Искушенијата и пречките се дисциплински методи избрани од Бога и од Него назначени услови за успех.“ – Здравје и среќа, 375 (471).

„Треба да се чуваме од самосожалување. Никогаш не потклекнувајте пред чувството дека не сте почитувани колку што би требало да бидете, дека вашите напори не се ценат, дека вашата работа е премногу тешка. Нека споменот на она што Христос го претрпел за нас, ја замолкне секоја мисла на негодување.“
— Здравје и среќа, 379 (476).

Петок — 3. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која е причината за многубројните болести и страдања денес?

2. Во кои две ситуации треба да мислиме на Бога, како наше засолниште?

3. Која е нашата улога во процесот на лекувањето?

4. Ако постојано ги престапуваме законите на природата, што всушност правиме, и каков ќе биде резултатот?

5. Кои се пречките со кои ќе се судриме во здравствено мисионерската работа, и како тоа може да го надминеме?

2015 • 2. Квартал

2. лекција – Болеста и нејзините причини

11. април 2015
„Ако го послушаш добро гласот на Господ твојот Бог… нема да ти пратам ниедна од болестите… Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“
— Излез 15,26
„’Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што човекот ќе си посее, тоа и ќе си жнее’ (Галатјаните 6,7). Оној кој своите таленти и своите средства себично ги троши на угодување себеси, во задоволување на ниски страсти, ќе пожнее само уште поголема изопаченост. Таквата жетва е неизбежна.“
— 4 Сведоштво, 263(343).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Ум, карактер и личност 2, 466-473.

Недела — 5. април
1. БОЛЕСТ И СМРТ

а. Зошто земјата е толку преполна со болести? Изреки 14,12; 26,2.

„Гревот на Израелците кај Ваал-Фегор донел Божја казна врз цениот народ; денеска истиот тој грев можеби нема да биде толку бргу казнет, но сигурно ќе ја прими својата одмазда. ‘Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие’ (1 Коринтјаните 3,17). Природата става печат на страшната казна за таквите злосторства – казна која, порано или подоцна, ќе го снајде секој престапник. Токму овој грев, повеќе од кој било друг, претставува причина за страшното изопачување на нашиот род, како и за болестите и бедата што се проклетство за светот. Луѓето можат да успеат своите престапи да ги сокријат од своите ближни, но тоа не значи дека нема да пожнеат сигурни последици во страдања, болест, малоумност или смрт.“
— Патријарси и пророци, 487 (461).

б. Што Бог им ветува на послушните? Излез 15,26. Што ќе се случи со непослушните? Второзаконие 28,58-61.

„Кога Христос ги исцелувал болните, Тој на мнозина од нив им го нагласувал предупредувањето: ‘Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо’ (Јован 5,14). Со тоа, Тој ги поучувал дека тие ја навлекле болеста поради престапувањето на Божјите закони и дека здравјето може да биде сочувано единствено само преку послушност.“
— Здравје и среќа, 71 (113).

Понеделник — 6. април
2. ПРИЧИНА И ПОСЛЕДИЦИ

а. Што вели Библијата за причинско – последичната поврзаност која постои во природниот свет? Галатјаните 6,7. Како оваа поврзаност може да ја доведеме во врска со нашето здравје? Второзаконие 28,15.22.

„Според Божјите закони во природата, со непогрешна точност последиците соодветствуваат со причината. Жетвата кажува каква била сеидбата… Бог никого не уништува. Секој што е уништен, се уништил самиот себеси.“ – Христовите очигледни поуки, 59 (84).

„Бог ни подарил способности да ги користиме, да ги развиваме и да ги зајакнеме преку едукација. Со размислување и внимателно заклучување можеме правилно да го утврдиме односот помеѓу причините и последиците.“
— 4 Сведоштво, 524 (548).

б. Дали болеста е секогаш резултат на нашите лични постапки? Излез 34,7 (последен дел); Јован 9,2.3.

„Многу природно е за луѓето да мислат дека големите несреќи се сигурен показател на големите престапи и тешките гревови; но луѓето често прават грешка, мерејќи го карактерот на таков начин.“ – Коментари на библиските текстови, 241.

„Многумина страдаат како последица од престапите на нивните родители. Иако тие не се одговорни за она што го правеле нивните родители, тоа воопшто не ја намалува нивната должност да знаат што е, а што не е престапување на здравствените закони. Тие треба да ги избегнуваат погрешните навики на своите родители и да настојуваат да се доведат себеси во подобра положба со правилен начин на живот.“
— Здравје и среќа, 177 (234).

в. Што покажува дека Бог понекогаш им дозволува на праведните луѓе да се разболат, иако можеби тие верно ги следеле принципите на доброто здравје? 2 Коринтјаните 12,7-9; Јов 2,3-7.

„Јов бил болно и тешко погоден, и неговите пријатели се обиделе да го натераат да признае дека неговото страдање е резултат на гревот… но Господ ги укорил што го осудиле Неговиот верен слуга. Светот е преплавен со беззаконие, меѓутоа сите страдања не се резултат на еден изопачен начин на живеење. Јов сосем јасно ни е прикажан како човек кого Господ дозволил сатаната да го мачи.“
— Коментари на библиските текстови, 242.

Вторник — 7. април
3. СОВЛАДУВАЊЕ НА ОБЕСХРАБРЕНОСТА

а. Што направил Илија кога бил обземен со сомнеж и обесхрабреност? 1 Царевите 19,1-4. Што и ние сме често искушувани да направиме? Јов 7,11.

„Не е мудро да гледаме само на себе и да ги проучуваме своите емоции. Ако го правиме тоа, непријателот ќе ни ги предочи тешкотиите и искушенијата кои ја ослабуваат верата и ја уништуваат храброста. Постојано задржување на она што нè вознемирува и предизвикува излив на емоции, значи препуштање и вплеткување во нешто што го збунува духот. Наместо на себе, ние треба постојано да гледаме на Христа.“ – Здравје и среќа, 190 (249).

„Оние таканаречени христијани, кои постојано се жалат и кои сметаат дека е погрешно да се биде расположен и среќен, немаат вистинска религија. Оние кои наоѓаат некое тажно задоволство во сè што е меланхолично во светот на природата, кои повеќе сакаат да ги гледаат мртвите лисја отколку да берат прекрасно свежо цвеќе… тие не се во Христа.“
— Здравје и среќа, 192 (251).

б. Каков противотров Бог дава против депресијата? Псалм 37,7.8; Матеј 11,28.30.

„Ништо не придонесува повеќе за унапредување на здравјето на телото и на душата од духот на благодарност и пофалба. Исто колку што сме должни да се молиме, должни сме и да пружиме отпор на малодушноста и чувството на незадоволство. Доколку целта на нашето патување е небото, зарем да одиме таму како поворка нажалени луѓе, која по целиот пат кон Татковата куќа само воздивнува и се жали?“ – Здравје и среќа, 192 (251).

„Кога би ѝ давале поголем израз на нашата вера и повеќе би се радувале на благословите за кои со сигурност знаеме дека се наменети за нас, а тоа се Божјата голема љубов и милост, би имале уште повеќе вера и поголема радост.“
— Здравје и среќа, 193 (252).

Среда — 8. април
4. СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ

а. Зошто многумина имаат висок крвен притисок и проблеми со нервите? Матеј 6,31.34.

„Господ нè надарил со извесна животна сила. Тој, исто така, ни дал органи прилагодени за извршување на најразличните животни функции и одредил тие да работат во взаемна согласност. Ние ќе бидеме здрави доколку внимателно ја чуваме својата животна сила и го одржуваме во ред чувствителниот механизам на нашето тело. Но ако животните сили пребрзо се исцрпуваат, нервниот систем позајмува енергија за сегашната употреба предвидена за подоцна, а кога е повреден еден орган, со него страдаат и сите останати.“
— Здравје и среќа, 177 (234.235).

б. Кое ветување секогаш треба да го имаме на ум? Второзаконие 33,25; Матеј 6,26-30.

„Мораме да се потпираме на Исуса секој ден и секој час. Тој ни ветил дека додека траат нашите денови ќе трае и нашата сила. Со Негова благодат ние може да ги носиме сите бремиња на сегашниот живот и да ги вршиме своите должности. Но многумина ја губат храброста мислејќи на идните неволји. Тие постојано се трудат утрешните грижи да ги внесат во денешниот ден. Затоа голем дел од нивните неволји се измислени. За таквите грижи Исус не се погрижил. Тој ветува дека благодатта е само за тој ден.“
— 5 Сведоштво, 185 (200).

в. Што треба да разгледаме кога сме оптоварени со финансиски притисоци? Матеј 6,8.33.

„Одново и одново ми беше покажано дека кога поединци почнуваат да бараат повисоки и уште повисоки плати, во нивното искуство се појавува нешто поради што веќе не се корисни. Меѓутоа, кога ќе ја прифатат платата со која очигледно покажуваат подготвеност на самопожртвување, Господ го гледа нивното самооткажување и Тој ќе им даде успех и победа. Ова ми беше покажано одново и одново. Господ, кој гледа тајно, ќе ја награди јавно секоја жртва која Неговите слуги се подготвени да ја направат.“
— Ум, карактер и личност 2, 612.

Четврток — 9. април
5. ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ

а. Имајќи ги предвид последиците од стареењето, каква треба да биде нашата молитва? Псалм 71,18.19; 17,5.

„Покажано ми е како Давид сесрдно се молел на Господ да не го напушти во неговата старост, и сфатив која била причината што го поттикнала на толку искрена молитва. Тој забележал дека повеќето луѓе во староста се чувствуваат незадоволни и дека карактерните мани што луѓето ги прават несреќни во староста се поизразени. Кај оние што по својата природа се скржави и лакоми овие особини стануваат најодвратни во нивната старост. Ако пак, се завидливи, нерасположени и нетрпеливи, сето тоа станува поизразено со годините.“
— 1 Сведоштво, 320 (422).

б. Како нашето минато од детството и од младоста влијае на нас кога ќе остариме и како овој фактор треба да влијае на нас кога сме млади? Проповедник 12,1; Езекиел 16,60.

„О, кога младите би можеле да сфатат колку е важно својот ум да го сочуваат чист и неизвалкан со изопачени мисли и да ја сочуваат својата душа од сето она што ја унижува – бидејќи чистотијата или нечистотијата од младите денови се рефлектира врз староста.“
— Упатства за младите, 25. октомври, 1894.

в. Како младите и старите можат да соработуваат заедно за меѓусебно добро?

„Колку е трогателно да се набљудуваат младите и старите кога се потпираат едни на други, младите од старите очекуваат совет и мудрост, а старите од младите очекуваат помош и сочувство. Ова токму така и треба да биде.“
— Синови и ќерки Божји, 161.

Петок — 10. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што вообичаено се смета како причина за болеста, и која е главната причина?

2. Наведи некои примери каде што болеста не е резултат на нашите постапки?

3. Како можеме да ја совладаме обесхрабреноста и депресијата?

4. Што треба да разгледаме кога сме во искушение да претераме со работата?

5. Колку е важно за младите да ги почитуваат постарите лица?

2015 • 2. Квартал

3. лекција – Превенција на болестите: Божјиот начин (1)

18. април 2015
„Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло… Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое“
— Второзаконие 30,15.19.
„Вистинската умереност нè учи на воздржување од сè што е штетно и на разумна употреба на она што е здраво и корисно. Има малку луѓе кои правилно сфаќаат во колкава мера нивните навики во исхраната влијаат врз нивното здравје, нивниот карактер, нивната корисност во овој свет и врз нивната вечна судбина.“
— Патријарси и пророци, 593 (562).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здрав живот, 76-95.

Недела — 12. април
1. ВАЖНОСТА НА ХИГИЕНАТА И НА ЧИСТОТАТА

а. Што во времето на Израел било правило за сите за кои се сомневало или се знаело дека имаат инфективни или заразни болести? Левитска 13,45.46; Броеви 5,2-4.

„Тие морале (Израелскиот народ) да прават разлика меѓу она што е чисто и нечисто не само во религиозната служба, туку и во секојдневниот живот. Сите, кои дошле во допир со заразни болести или загадувања, биле изолирани од логорот и не им било дозволено да се вратат без темелно чистење на телото и облеката.“
— Здравје и среќа, 215 (277).

б. Кои примери од Стариот Завет ја покажуваат важноста на чистотата? Излез 19,10; Второзаконие 23,12.13.

„(Израелците) во секој поглед морале да ја сочуваат чистотата. Не смееле да оставаат ништо неуредно или нездраво во нивната околина, ништо што би ја загадувало чистотата на атмосферата. Морале и однатре и однадвор да бидат чисти.“
— Коментари на библиски текстови, 93.94.

Понеделник — 13. април
2. ПРАВИЛНА ИСХРАНА

а. Која била првобитната исхрана дадена на човечкиот род во Едем? Создавање 1,29. Што било додадено веднаш по падот? Создавање 3,18 (последен дел).

„Житарките, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, приготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана.“ – Здравје и среќа, 231.

„Бог на нашите прародители им дал храна којашто Тој ја одредил за припадниците на човечкиот род. Одземањето на животот на кое било суштество било спротивно на Неговиот план. Во Едем немало смрт. Плодовите на дрвјата во градината била храната која одговарала на потребите на човекот.“
— Совети за животот и исхраната, 81.

б. Која голема промена во исхраната придонела за значително скратување на животниот век на човекот? Создавање 9,3.29; 11,24.25.

„После потопот луѓето во голема мера јаделе храна од животинско потекло. Бог видел дека човекот, изопачувајќи го својот пат перед Него и продолжувајќи да оди според склоностите на сопственото срце, бил склон гордо да се издига против својот Творец. И Тој им дозволил на тогашните долговечни припадници на човековиот род да употребуваат месо за да го скрати нивниот грешен живот. Набргу по потопот човековиот род почнал брзо да опаѓа и според димензиите и според должината на својот животен век.“
— Совети за животот и исхраната, 373.

в. Кои прописи Бог му ги дал на Својот народ за да ги заштити од болестите кои сега преовладуваат во цивилизираните земји (рак и кардиоваскуларни болести)? Левитска 3,17.

„Храната треба да се приготвува едноставно, но сепак вкусно, која ќе го поттикне апетитот. Маснотиите треба да ги изоставите од вашата исхрана. Тие, при приготвувањето на храната, прават таа да биде нездрава.“ – Совети за животот и исхраната, 354.

„Јаткастите плодови и храната направена од нив сè повеќе се користат како замена за месото. Но, за нашата храна да биде здрава и богата со нив, треба да комбинираме житарки, овошје и некои корења. Сепак треба да се внимава да не се употребуваат премногу јаткасти плодови… Маслинките, слично на јаткастите плодови, соодветно подготвени, можат да ги заменат путерот и животинското месо.“
— Совети за животот и исхраната, 354; Здравје и среќа, 231.232.

Вторник — 14. април
3. ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНА АПСТИНЕНЦИЈА

а. Што учи Библијата за ферментираното вино и жестоките пијалаци? Изреки 23,29-32. Зошто на свештениците им било забрането да употребуваат вино? Левитска 10,8-11.

„На свештениците кои служеле во Неговиот храм, Бог им забранил употреба на вино, а исто таква забрана би била направена и против тутунот, кога неговата употреба во тоа време би била позната; бидејќи и едното и другото имаат парализирачко влијание врз мозокот… Единствен сигурен курс е да не се допре, вкуси и да не се земаат чајот, кафето, виното, тутунот, опиумот и алкохолните пијалаци.“ – 3 Сведоштво, 380.

„Чајот, кафето и тутунот претставуваат, секој на свој начин и до извесен степен, стимулативни средства исто како и алкохолните пијалаци. Дејството на чајот и кафето, како што е веќе покажано, е слично на дејството на виното, ликерот, алкохолот и на тутунот.“
— Темели на христијанското воспитување, 428; Христијанска умереност, 39.

б. Како да знаеме дека виното дадено од страна на Исус на свадбата во Кана бил чист сок од грозје? Јован 2,7-10; Изреки 20,1.

„Виното што го обезбедил Христос за свеченоста и она што им го дал на учениците, како симбол на Својата крв бил чист гроздов сок. Во Стариот Завет Христос бил Оној кој дал предупредување до Израел: ‘Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој кој им е потчинет, не е разумен’ (Изреки 20,1). И Тој самиот не се погрижил за таков пијалак. Сатаната ги наведува луѓето да им попуштаат на желбите кои го заматуваат разумот… Неферментираното вино што им го обезбедил на гостите бил здрав и освежителен пијалак. Неговото дејство се состоело во тоа да го доведе вкусот во склад со здравиот апетит.“
— Копнежот на вековите, 99 (149).

Среда — 15. април
4. УМЕРЕНОСТ ВО СÈ

а. Што нè учи Библијата за количината на здрава храна која треба да ја јадеме? Може ли прекумерното јадење на здрава храна да нè разболи? Создавање 16,16; Изреки 25,16.

„Можно е да се јаде неумерено дури и здрава храна. Ако некој ја отфрлил употребата на нездрави продукти, тоа сепак не значи дека може да јаде од здравата храна колку што ќе посака. Прејадувањето, без оглед на квалитетот на храната, ја оптоварува животната машина и со тоа ја попречува во нејзиното работење.“ – Христијанска умер., 65.

„Неумереноста во јадењето, па дури и на здрава храна, ќе има штетно влијание врз нашиот организам и ќе ги отапи менталните и моралните способности.“
— Знаци на времето, 1. септември, 1887.

б. Како Библијата го опишува злото на прејадувањето и неговите последици? Второзаконие 21,20; Изреки 23,21.

„Како народ, и покрај сето истакнување на здравствената реформа, ние премногу јадеме. Попуштањето на апетитот претставува најголемата причина за физичките и менталните слабости и поставува темел за многубројни болести кои насекаде се појавуваат.“
— Христијанска умереност, 202.

в. Која најчеста форма на неумереност преовладува и меѓу Божјиот народ? Проповедник 10,16.17. Зошто е тоа толку штетно?

„Се зачудив кога дознав дека многумина од вас јадат меѓу оброците, наспроти светлината која ви беше дадена. Не би требало да земате ниту залак помеѓу вашите редовни оброци.“ – 2 Свед, 246 (373).

„Помеѓу оброците не треба да се јаде ништо, никакви слатки, јаткасти плодови, овошје, или каква било храна. Нередовното јадење го уништува здравиот ритам на органите за варење, како и здравјето и доброто расположение.“ – Здравје и среќа, 339 (384).

„Органите за варење, како и мелницата која постојано работи, ја губат својата сила, желудникот оптоварен со прекумерна работа ја повикува на помош животната сила од мозокот и на таков начин ги слабеат умните сили.“
— Совети за животот и исхраната, 181.

Четврток — 16. април
5. ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА ИСХРАНАТА

а. Што Библијата препорачува во поглед на купувањето на храна лишена од хранливост? Исаија 55,2.

б. Што може да научиме од Духот на пророштвото во поглед на нашата исхрана?

„Зеленчукот, овошјето и житарките треба да ја сочинуваат нашата исхрана. Ниту грам месо не треба да влезе во нашиот желудник. Јадењето на месо е неприродно.“ – Совети за животот и исхраната, 380.

„Зачините по својата природа се штетни. Сенфот, биберот, мирудиите, киселите краставички и другите работи го иритираат желудникот и ја прават крвта нездрава и нечиста… Салатите подготвени со масло и оцет предизвикуваат ферментација во желудникот.“ – Совети за животот и исхраната, 345.

„Според светлината што ми е дадена, шеќерот, кога се употребува во големи количини е поштетен од месото. Колку помалку се јаде засладена храна, толку подобро, бидејќи таа предизвикува нарушувања во желудникот, создава нетрпеливост и раздразливост.“
— Совети за животот и исхраната, 321, 328.

Петок — 17. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете го Божјиот метод за спречување на заразните болести?

2. Каква исхрана има голема улога во спречување на ракот и кардиоваскуларните болести?

3. Кој став е единствено сигурен во поглед на алкохолот, кафето, тутунот и сличните супстанции?

4. Што е умереност?

5. Кои зачини се лоши за нас, и зошто?

2015 • 2. Квартал

4. лекција – Превенција на болестите: Божјиот начин (2)

25. април 2015
„И го зеде Господ Бог човекот (кого го создаде), го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува.“
— Создавање 2,15.
„Во името на Исус, штедете ги своите сили, бидејќи откако со одмор ќе се освежите, ќе можете повеќе да направите и подобро да работите… Христовите ученици треба да се едуцираат не само како треба да работат, туку и како треба да се одморат.“
— Мојот живот денес, 147 (133).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Адвентен дом, 493-520.

Недела — 19. април
1. ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

а. Каква работа му била дадена на човекот пред падот во грев, за да се унапреди здравјето и среќата? Создавање 2,15. Кои благодати доаѓаат од работата, дури и по падот во грев? Псалм 128,2; Проповедник 2,24.

„При создавањето, работата била одредена како благослов. Тоа значело развој, сила, среќа… Таа е, исто така и заштита против искушенијата. Работната дисциплина помага во ограничувањето да си угодуваме на сопствените склоности, а ги поттикнува трудољубивоста, непорочноста и цврстината.“
— Воспит., 190 (214).

б. Кои се некои од последиците на мрзеливоста? Изреки 12,24; 19,15; Проповедник 10,18.

„Мрзеливоста и немарноста не се плодови кои можат да се пронајдат на христијанското дрво. Мрзеливоста е големо проклетство. Бог ги благословил човечките битија со нерви, органи и мускули; и тие не треба да дозволат било кој од овие органи да ослаби поради неактивност, туку треба со вежбање да се зајакнат и да се одржуваат здрави. Голема несреќа е ништо да не се работи, бидејќи мрзеливоста секогаш била и ќе биде големо проклетство за човечкиот род.“
— Совети за детето, 124.

Понеделник — 20. април
2. УМЕРЕНОСТ ВО РАБОТАТА

а. Кој совет ни е даден во Проповедник 3,1? Кога ќе го занемариме овој совет и работиме прекумерно, какви ќе бидат последиците?

„Не работете прекумерно. Многу е подобро да се остават некои работи недовршени, кои се предвидени за денешниот ден, отколку да се преморувате, да губите елан потребен за извршување на задачите за следниот ден. Не кршете ги денес природните закони, за да не ја изгубите својата сила за утрешниот ден.“ – Ум, карактер и лич., 376.

„Прекумерната работа понекогаш доведува до губење на самоконтрола. Но Господ, никогаш не нè принудува да работиме набрзина и нервозно. Многумина го преземаат врз себе товарот кој милостивиот небесен Отец не го ставил врз нив. Должностите кои никогаш немал намера да им ги довери да ги извршат, се наметнуваат едни по други. Бог сака да сфатиме дека ние не го славиме Неговото име ако се преоптоваруваме со претешки товари кои го заморуваат нашето срце и нашиот мозок, чинејќи нè раздразливи и мрзоволни. Бог сака ова сериозно да го сфатиме.“
— Пораки до младите, 135.

б. Колку што е тоа можно, во кој дел од 24-часовниот ден треба да работиме за да го сочуваме своето здравје? Псалм 104,23; Јован 9,4.

„Бидејќи процесот на изградба на телото се одвива за време на часовите за одмор, мошне е важно, особено за младите, на спиење да одат во одредено време и да спијат доволно.“ – Мојот живот денес, 157 (143).

„Според сведоштвата кои ми се давани од време на време за умните работници, знам дека спиењето пред полноќ вреди многу повеќе од она после полноќ. Два часа добар сон пред дваесет и четири часот вредат повеќе од четирите часа по дваесет и четири часот.“
— Објавени ракописи 7, 224.

в. Каква придобивка има физичката активност врз умот? Проповедник 5,12.

„Неактивноста е честа причина за заболувањата. Физичката активност ја забрзува и изедначува циркулацијата на крвта. За за здравиот млад човек, брзото и напорно вежбање го зајакнува целиот организам… Без такво вежбање умот не може да ја одржи својата работна способност. Тој станува неактивен и неспособен за остра и брза реакција што би требало да му даде обележје на неговите способности.“
— Мојот живот денес, 144 (130).

Вторник — 21. април
3. ОДМОР ЗА УМОРНИТЕ

а. Кои средства Бог ги предвидел за да ја обнови енергијата кај луѓето? Марко 6,31. Како знаеме дека Христос, во Својата човечка природа, бил подложен на истите слабости? Марко 4,38; Јован 4,6.

„Иако времето е кратко, а работата која треба да ја извршиме е голема, на Господ не Му е по волја кога своето работно време толку го продолжуваме така што не ни преостанува време за одмор, за проучување на Библијата и за разговор со Бога во молитва. Сето ова е важно за јакнење на душата и има за цел да нè доведе во положба во која ќе примиме мудрост од Бога како најдобро би ги искористиле своите таленти во служба на Учителот. Кога Христос рекол дека ‘жетвата е голема, а работници има малку’, Тој не барал од Своите ученици постојано напорно да работат… Напротив, им рекол дека веќе се преморени, и дека нема да бидат способни за идните напори доколку за извесно време не се одморат.“ – Мојот живот денес, 147 (133).

„Нека се обединат неколку семејства што живеат во град или село и нека ги напуштат своите занимања кои ги заморуваат и физички и психички, и нека организираат излет во природа, на брегот на некое убаво езеро или некоја пријатна шума каде што се опкружени со убавините на природата.“
— 1 Сведоштво, 388 (514).

б. Кој е еден од видовите на одмор, и кои услови треба да се исполнат како овој одмор би бил ефикасен? Псалм 4,8.

„Во јадење, пиење и облекување, законите на здравјето треба внимателно да се уважуваат, истото тоа треба да се почитува и во регулирањето на часовите за спиење. Ниту еден студент не треба да создава навика да седи до доцна во ноќта покрај запалено светло, а потоа дневните часови да ги поминува во спиење.“ – Христијанско воспитување, 124.

„Природата ќе ја врати… енергијата и силата (кај младите) во часовите за спиење, ако тие не ги кршат нејзините закони.“ – Здрав живот, 46.

„За да станувате наутро навреме, поставете го вашиот часовник да ве разбуди рано, и навикнете се на тоа; потоа на спиење ќе заминувате порано и ќе ја победите својата болна неуредност која ви ја измачува душата, предизвикува мрачни чувства, обесхрабрување и несреќна напнатост, онеспособувајќи ве да било што направите без големо префрлување. Многумина од умните работници продолжуваат со читање и во часовите кога треба да спијат, ова е многу штетно за здравјето.“
— Објавени ракописи 9, 46.47.

Среда — 22. април
4. ОДМОР ЗА ТЕЛОТО, УМОТ И ДУХОТ

а. Покрај одморот кој произлегува од спиењето, за кои други форми на одмор исто така знаеме? Левитска 23,3; Матеј 11,28. Дали саботниот одмор вклучува и дополнителен сон во овој ден?

„Нека никој не смета дека посветеното време може да го помине на бескорисен начин. На Бога не Му е угодно кога луѓето кои ја слават саботата ќе го преспијат поголемиот дел од овој ден. Тие со тоа го срамат својот Создател и со својата постапка зборуваат дека шесте дена во седмицата се премногу драгоцени за да можат да се одмораат во нив. Мораат да заработуваат пари, па ако треба и ќе се лишат од потребниот сон, а потоа тоа го надополнуваат спиејќи во светиот ден. Тие потоа се оправдуваат со зборовите: ‘Саботата е одредена како ден за одмор. Нема да се лишувам од одморот со тоа што би одел на состанок, затоа што ми е потребен одмор’. Овие луѓе погрешно го користат светиот ден. Тие токму на тој начин би требало да им зборуваат на членовите на своето семејство за неговата важност и да се собираат во домот за молитва без оглед дали се многу или малку… Од сите денови во седмицата, ниту еден не е толку поволен за побожни размислувања и чувства како саботата.“
— 2 Сведоштво, 463 (704).

б. Која е разликата помеѓу рекреацијата и разонодата, и каде е најдоброто место за одмор и рекреација? Марко 6,31. А што е со побожното размислување и личната молитва? Создавање 24,63; Лука 6,12.

„Постои разлика помеѓу рекреација и забава. Рекреацијата, кога е навистина она што нејзиното име значи, ре-креација (повторно создавање), има тенденција да зајакне и да изгради. Одделувајќи нè од нашите вообичаени грижи и занимања, таа овозможува освежување за умот и телото, а со тоа нè оспособува со нова свежина да ѝ се вратиме на сериозната животна работа. Забавата, од друга страна, се бара заради уживање и во неа често се претерува; таа ја троши силата која е потребна за корисна работа и на тој начин станува пречка за вистинскиот успех во животот.“ – Воспитување, 207.

„Оние на кои менталната и физичката благосостојба им е поважна од парите или барањата и обичаите на општеството, би требале на своите деца да им го овозможат благословот да учат од природата и да се рекреираат во природата. Тоа ќе биде од голема помош во образовната работа кога секое училиште би било сместено така што на учениците ќе им овозможи да обработуваат земја и да имаат пристап до полиња и шуми.“
— Воспитување, 211.212.

Четврток — 23. април
5. КОРИСНИ АКТИВНОСТИ

а. Кои се некои од придобивките кои се остваруваат преку физичките активности?

„Со физички активности ќе зајакнат не само органите на телото, туку и умот исто така ќе стекне сила и знаење благодарение на нивната активност.“ – 3 Сведоштво, 59 (77).

„Разумната активност ќе ја потисне крвта на површината, со што ќе им се олесни на внатрешните органи. Брзите, не толку напорни активности на отворено, и во добро расположение, ќе ја зајакнат циркулацијата, ќе и дадат здрав сјај на кожата и на екстремитетите ќе им испраќаат крв обновена со свеж воздух.“
— 2 Сведоштво, 349 (530).

б. Како во поглед на физичките активности треба да гледаме на разните спортски игри? 1 Коринтјаните 10,31; Дела 24,16.

„Страста за играње фудбал и други врсти на себични задоволства влијае врз младите, затоа што се запоставува будното стражарење, молитвата и секојдневното посветување на Бога.“ – Објавени ракописи 6, 127.

„Другите атлетски игри… поттикнуваат љубов кон уживања и возбудувања, а со тоа поттикнуваат одвратност кон корисната работа и тенденција да ги избегнуваат практичните должности и одговорности.“ – Воспитување, 210.

„Има рекреации кои се мошне корисни и за умот и за телото. Раководејќи се според просветениот ум, кој знае да прави разлика помеѓу доброто и злото, може да се најде изобилство на начини за забава чии извори не само што не се опасни, туку и поучни.“
— 4 Сведоштво, 510 (653).

Петок — 24. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која благодат од самиот почеток Бог ја обезбедил за човекот, која е од суштинска важност за неговото физичко и психичко здравје?

2. Што умереноста во работата значит за човекот?

3. Зошто многузина луѓе немаат мирен сон?

4. Покрај спиењето, кои други форми на одмор ќе ни помогнат во обновување на нашите физички и духовни сили?

5. Кои се најдобрите извори на рекреација за христијаните, и зошто?

2015 • 2. Квартал

5. лекција – Улогата на природата во зачувување на здравјето

2. мај 2015
„И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“
— Создавање 2,7.
„Божјите лекови се едноставните природни средства кои не го разоруваат или ослабуваат организмот со своето силно дејство.“
— 5 Сведоштво, 305 (443).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 210-214 (272-276). Совети за животот и исхр., 419.420.

Недела — 26. април
1. ВОЗДУХОТ И ЗДИВОТ НА ЖИВОТОТ

а. Кога првиот човек станал жива душа, и од што човечкиот живот во суштина зависи? Создавање 2,7; Јов 34,14.

„Во Господ ние живееме, се движиме и постоиме. Секое отчукување на срцето, секој здив е инспирација на Оној кој во ноздрите на Адам вдахнал животен здив – инспирација на сеприсутниот Бог, големиот Јас сум.“
— RH, 8. ноември, 1898.

б. Зошто е толку важно да имаме чист и свеж воздух и како можеме да го вдишуваме на здрав начин?

„Поучувајте ги (пациентите) да дишат длабоко и да ги користат стомачните мускули при дишењето и зборувањето.“ – Здравје и среќа, 204 (264.265).

„Мнозина се разболеле затоа што не дозволувале во нивните соби да влезе чист ноќен воздух. Слободниот, чист воздух е еден од најголемите благослови на небото кој можеме да го уживаме.“ – 2 Сведоштво, 348 (528).

„Занемарувањето на соодветното проветрување е многу одговорно за зголемената сонливост и слабото внимание, кои го уништуваат ефектот на многуте проповеди и ја прават работата на учителот напорна и неефикасна.“
— Здравје и среќа, 212 (274).

Понеделник — 27. април
2. ВОДАТА – СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ

а. Зошто водата е толку важна за одржување на животот на земјата? Судии 15,18.19.

„И во здравје и во болест, чистата вода е еден од најголемите небесни благослови. Правилната употреба на истата го обновува здравјето. Таа е пијалак, кој Бог го предвидел да ја задоволи жедта на животните и човекот. Пијте ја слободно, таа помага да се обезбедат потребите на организмот, и да и помогне на природата да се спротивстави на болеста.“
— Здравје и среќа, 179 (237).

б. Кои квалитети водата треба да ги има како би била здрава за пиење и корисна за здравјето? Излез 15,23.25. Како водата може да се користи во лекувањето на болеста? Евреите 10,22.

„Надворешната употреба на водата е едно од најлесните и најповолните средства за регулирање на крвотокот. Ладниот или освежувачкиот туш, претставува одличен тоник. Топлата бања ги отвора порите и на тој начин потпомага во отстранувањето на нечистотиите. Наизменичната употреба на топла и млака вода ги смирува нервите и ја изедначува циркулацијата… Постојат многу начини на кои водата може да се примени за ублажување на болките и спречување на болеста. Сите треба да бидат упатени во примената на едноставното домашно лекување со вода.“
— Здравје и среќа, 179 (237).

в. Со што сатаната ја заменува водата со цел да го ослаби човекот и физичко и духовно – и што не е во ред со нив? Исаија 55,2; Изреки 23,31.

„Здравјето во никој случај не се подобрува со употреба на она што за извесно време стимулира, но потоа предизвикува реакција која телото го остава послабо отколку порано. Чајот и кафето, додека дејствуваат, ги поттикнуваат ослабените сили, но кога нивното моментално влијание ќе помине, останува само чувството на депресија како последица… Употребата на чајот и кафето претставува грев, штетно уживање кое, како и останатите зла, и нанесува штета на душата.“ – Совети за животот и исхраната, 425.

„Никогаш не земајте чај, кафе, пиво, вино или било каков алкохолен пијалак. Водата е најдобрата течност која може да ги очисти ткивата на организмот.“
— Совети за животот и исхраната, 421.

Вторник — 28. април
3. ПОВЕЌЕ ЗА ВОДАТА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ЖИВОТОТ

а. Што секогаш треба да имаме на ум кога пиеме чиста вода? Проповедник 3,1.

„Многумина прават грешка пиејќи ладна вода со своите оброци. Земена во текот на оброкот, водата го намалува лачењето на плунковните жлезди. Колку што е постудена водата, толку е поштетна за желудникот. Водата или лимонадата со мраз, ако се пие за време на оброкот, го стопира варењето сè додека телото не обезбеди доволно топлина во желудникот за да може повторно да ја продолжи својата работа… Храната во желудникот не треба да се исплакнува и затоа не е потребен никаков пијалак за време на оброкот… Колку повеќе се зема течност во желудникот за време на оброкот, толку потешко се вари храната; бидејќи течноста мора прво да се апсорбира. Не јадете многу сол, откажете се од киселите туршии, не внесувајте во својот желудник луто зачинета храна, јадете овошје со останатото јадење и иритацијата која бара многу течност ќе престане да постои. Но, ако нешто е потребно за да се угаси жедта, тоа е само чистата вода која треба да ја пиете малку перед или по оброкот. Тоа е сето она што природата го бара.“
— Совети за животот и исхраната, 420.

б. Кои придобивки ги добиваме од чистата вода, “дарот од Бога“? Псалм 104,10-14. Што можеме да научиме од другите живи нешта кои Бог ги создал?

„Материјалниот свет се наоѓа под Божја контрола. Природата им се покорува на природните закони. Сè во неа ја изговара и ја слуша волјата на Творецот. Облаците и сонцето, росата и дождот, ветерот и бурата, сè е под надзор на Бога и немо се покорува на Неговите заповеди. Покорувајќи им се на Божјите закони, никулецот од земјата донесува ‘најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот’ (Марко 4,28). Сето тоа Бог го прави во соодветно време затоа што природните појави не се спротивставуваат на Неговото дејствување. Може ли тогаш човекот, создаден според Божјиот лик, надарен со разум и говор, да биде единственото битие кое не ги цени Неговите дарови и кое не се покорува на Неговата волја? Зарем само разумните битија предизвикуваат конфузија во нашиот свет?“
— Христовите очигледни поуки, 55 (81.82).

в. Што вели Библијата за водата во небесното царство? Откровение 22,1; 21,6.

Среда — 29. април
4. ДУХОВНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ВОДАТА

а. Кои два верски обреда ја користат водата како главно средство? Матеј 3,5.6; Јован 13,3-5.

б. Кое е значењето на секој од овие обреди, и што симболизира водата и во едниот и во другиот обред? 1 Петрово 3,21; Јован 13,8.

„Крштевањето претставува најсвечено одрекување од светот. Оние кои се крстени во тројното име на Таткото, Синот и Светиот Дух јавно изјавуваат на самото влегување во својот христијански живот дека се откажале од службата на сатаната и дека станале членови на царското семејство, деца на небесниот Цар.“ – 6 Сведоштво, 65 (91).

„Примерот на миење на нозете на Своите ученици Христос го дал за доброто на сите кои треба да поверуваат во Него. Тој бара од нив да го следат Неговиот пример. Овој обред на понизност не е само наменет за тестирање на нивната понизност и верност, туку и постојано да ги потсетува дека спасението било стекнато под услов на понизност и постојана послушност која е и нивен дел.“
— Духот на пророштвото 1, 202.

в. Дали водата при обредот на миење на нозете нè чисти од гревот? Зошто да или зошто не? Лука 22,3-6; Јован 13,10.11.

„Христос на Своите ученици им дал до знаење дека миењето на нозете не е чистење и отстранување на гревот, туку со таа служба на понизност само се проверува чистењето на срцето. Ако срцето е чисто, суштината на овој обред е само да го открие тој факт. Тој му ги измил и нозете на Јуда, но рекол: ‘Не сте сите чисти’. Јуда кон оваа свеченост пристапил со предавничко срце, и Христос на сите им открил дека во него го препознал Својот предавник, и дека обредот на миење на нозете за него не значел чистење на душата од неговата морална изопаченост… И и ние имаме во Неговиот пример поука дека обредот на миење на нозете не треба да се одлага затоа што му присуствуваат и некои таканаречени верници кои не се исчистени од своите гревови.“
— Коментари на библиските текстови, 557, 558.

Четврток — 30. април
5. ПРИДОБИВКИ ОД СОНЧЕВАТА СВЕТЛИНА

а. Какви благослови Бог ни дава преку сонцето? Проповедник 11,7; Второзаконие 33,14 (прв дел). Која аналогија укажува на тоа дека сонцето го поттикнува и телесното и духовното здравје? Малахија 4,2.

„Сонцето е од Бога даден лекар.“ – Објавени ракописи XX, 25.

„Убедете се дека физичката активност, сончевата светлина и воздухот се благослови кои небото ги предвидело за болните да оздрават, а здравите да го сочуваат своето здравје. Бог не ве лишува од тие бесплатни благодати кои небото ги дарува, туку вие сами себе сте се казниле затворајќи ја својата врата перед нив. Правилно искористени, овие едноставни, но моќни средства ќе и помогнат на природата да ги совлада реалните тешкотии, ако постојат такви, и ќе и дадат сила на умот и телото.“
— 2 Сведоштво, 352 (535).

б. Кои се некои од ризиците од прекумерното изложување на сонцето? Јона 4,8; Матеј 13,6. Каква заштита Бог им обезбедил на Израелците во пустината? Псалм 105,39.

в. Како Библијата ја прикажува совршената рамнотежа на природата на новата земја и вистинскиот извор на тамошната светлина? Исаија 49,10; Откровение 21,23.

Петок — 1. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кој начин можеме да имаме корист од свежиот воздух?

2. Каква улога има водата во одржувањето на здравјето и на внатрешното и на надворешното?

3. Зошто не треба да се пие вода за време на јадењето?

4. Иако обредите на крштевањето и миењето на нозете не можат сами по себе да нè очистат од гревот, зошто сè уште се потребни?

5. Како можеме да имаме корист од сончевата светлина, како физичка така и духовна корист?

2015 • 2. Квартал

6. лекција – Облекување за Божја слава

9. мај 2015
„А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив.“
— Создавање 3,21.
„Нашите зборови, нашите постапки и нашиот начин на облекување јасно и недвосмислено зборуваат дали ние собираме со Христа или пак растураме. Тоа не е безначајна ситница преку која можеме лесно и со подбив да преминеме. Прашањето на облекувањето бара сериозно размислување и многу молитва.“
— 4 Сведоштво, 500 (641).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Порака за младите, 344-360.

Недела — 3. мај
1. БОГ СЕ ПОГРИЖИЛ

а. Кога Адам и Ева после падот ја изгубиле својата првобитна облека од светлина и сфатиле дека се голи, со што според сугестијата на сатаната се обиделе да го заменат изгубеното? Псалм 104,2 (прв дел); Создавање 1,27; 3,7.

„Светиот пар го опкружувала прекрасна пријатна светлина, Божја светлина. Оваа облека од светлина претставувала симбол на нивната духовна облека на небесната невиност. Кога би Му останале верни на Бога, тие засекогаш би биле обвиени во неа. Меѓутоа, кога згрешиле, ја прекинале својата врска со Бога, и светлината што ги осветлувала, исчезнала. Голи и посрамени, својата небесна облека се обиделе да ја надоместат со облека од смоквини лисја што сами ја направиле.“
— Христовите очигледни поуки, 259 (310.311).

б. Што Господ направил, така што Адам и Ева можеле да ја сочуваат својата пристојност и да бидат заштитени од временските промени? Што укажува дека оваа покривка е многу повеќе од една, мала животинска кожа? Создавање 3,21.

„Температурата на воздухот, која до тогаш била рамномерна и блага, сега станала подложна на значителни промени, и Бог милостиво ги обезбедил со облека од кожа да ги штити од преголеми горештини и од студ.“
— Патријарси и пророци, 40 (61).

Понеделник — 4. мај
2. ОБЛЕКАТА И ЗДРАВЈЕТО

а. Како нашата облека треба да биде прилагодена на работата со која се занимаваме? Излез 28,2; Матеј 22,11.12.

„Христијанските сестри не треба секогаш да се облекуваат екстравагантно, туку секогаш треба да настојуваат облеката да им биде уредна, пристојна и здрава колку што тоа ја дозволува природата на работата што ја извршуваат.“
— 1 Сведоштво, 352 (465).

б. Како нашата облека треба да биде прилагодена на временските прилики? Изреки 31,21.

„При изборот на нашата облека… треба повеќе да гледаме таа да биде издржлива отколку допадлива. Таа треба да обезбеди топлина и соодветна заштита. Мудрата жена, опишана во Изреки (31,21) ‘Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта’.“ – Порака до младите, 351.352.

„Од илјада жени само една ги затоплува своите нозе како што треба… Жените треба да ги покриваат своите екстремитети исто така темелно како и мажите.“ – Одбрани пораки 2, 479.

„Мајките ги облекуваат своите деца со речиси голи раце и нозе, поради што крвта се разладува и скршнува од својот нормален тек и навалува во внатрешните органи; тоа предизвикува нарушување на циркулацијата и разни заболувања. (Екстремитетите) треба да се толку темелно облечени за да ја привлечат крвта до екстремитетите.“
— 2 Сведоштво, 350 (531.532).

в. Која основна илустрација ја користел ангелот за да му ја пренесе на првосвештеникот нашата потреба за здравјето на душата? Захарија 3,4. Со цел да се сочува нашето физичко здравје, што исто така е неопходно во поглед на нашата облека?

„Нашата облека треба да биде чиста. Нечистотијата на облеката е нездрава, а со тоа ги загадува и телото и душата.“ – Здравје и среќа, 253 (288).

„Бог бара од нас да водиме грижа за организмот кој ни го подарил, за да можеме да му го претставиме своето тело како жива, света и прифатлива жртва… Ако виталните сили на своето тело ги заслабнеме со самозадоволување, со попуштање на апетитот и со облекување според нездравите барања на модата – само за да бидеме во хармонија со светот – ние стануваме непријатели на Бога.“
— 3 Сведоштво, 47 (63).

Вторник — 5. мај
3. КОПИРАЊЕ НА СВЕТОТ ВО ПОГЛЕД НА ОБЛЕКАТА

а. Како ние пречесто ја користиме облеката за наша сопствена слава, наместо Божјата слава? Што нè учи Божјото Слово во тој поглед? 1 Петрово 3,3.4; 1 Тимотеј 2,9.

„Суетните и лекоумните љубители на модата можат да тврдат дека се Христови следбеници; но нивниот начин на облекување и нивните разговори покажуваат што го обзема нивниот ум и што е предмет на нивните желби. Нивните животи го откриваат пријателството и склоноста кон светот, и светот со право ги вбројува меѓу свои.“ – Порака до младите, 355.

„Надворешниот изглед често открива што е во умот и ние треба да бидеме внимателни какви знаци даваме со своето облекување, бидејќи светот според тоа суди за нашата вера.“
— Порака до младите, 346.347.

б. Зошто Бог наредил облеката на машкиот и женскиот пол да се разликува? Второзаконие 22,5.

„Постојана голема тенденција жените со своето облекување и изглед да бидат што повеќе слични на спротивниот пол, и нивниот начин на облекување да биде што повеќе сличен на машкиот, но Бог вели дека тоа е одвратно во Неговите очи… Бог одредил дека треба да има јасна разлика помеѓу облеката на мажите и жените и дека тоа прашање се смета за мошне важно, така што дал определени насоки во врска со тоа; бидејќи истата облека носена од страна на двата пола ќе предизвика конфузија и голем пораст на беззаконието.“
— Совети за детето, 427.

в. Која е должноста на црквата во поглед на облекувањето на нејзините членови?

„Модата го изопачува умот и ја поткопува духовноста на нашиот народ. Робувањето на модата сè повеќе зема замав меѓу адвентистите на седмиот ден и прави многу повеќе од сè друго за да го одвои нашиот народ од Бога. Покажано ми е дека правилата на нашата црква во тој поглед не се потполни. Секое манифестирање на горделивост во облекувањето, кое е забрането во Божјото Слово, би требало да биде доволна причина за примена на црковна дисциплина. Доколку некоја сестра и покрај сите предупредувања, повици и молби, продолжува да ја спроведува својата изопачена волја, тоа може да се смета за јасен доказ дека нејзиното срце не е обединето со Христа.“
— 4 Сведоштво, 505 (647.648).

Среда — 6. мај
4. ОБЛЕКУВАЊЕТО И ДУХОВНОСТА

а. Дали начинот на кој се облекуваме има нешто заедничко со нашето христијанско искуство? Наведи некои примери на побожни и безбожни луѓе, и опиши го нивното облекување и надворешниот изглед? 2 Царевите 9,30; Матеј 3,4.

„Во настојувањето да ја разубавите својата надворешност, луѓето со здраво расудување ќе видат доказ за гордо срце и слаб ум. Едноставното, чисто и скромно облекување е препорака за моите сестри. Не постои подобар начин така успешно да им светлите на другите отколку со вашата едноставност во облекувањето и однесувањето.“ – Порака до младите, 348.

„Ние судиме за карактерот на некоја личност според стилот на нејзиното облекување. Скромната, побожна жена ќе се облекува скромно. Префинетиот вкус и образованиот ум ќе се откријат во изборот на едноставна и соодветна облека. Нашите зборови, нашите постапки и нашиот начин на облекување јасно и недвосмислено зборуваат дали ние собираме со Христа или пак растураме.“
— 4 Сведоштво, 500 (641).

б. Што исто така можеме да научиме од Божјата заповед во поглед на нашата облека? Броеви 15,38-40.

„Овде Господ јасно заповедал Израеловите синови да носат сосем едноставно подготвена облека, за да се разликуваат од идолските народи околу нив. И секогаш кога погледот ќе им се задржал на таа нивна особеност во облекувањето, тие требало да се потсетат дека се народ што ги држи Божјите заповеди… Наредбата дадена од Бога, синовите на Израел да носат сина лента на своите облеки, немала никакво директно влијание врз нивното здравје. Божјиот благослови биле условени единствено со нивната послушност, а лентата само ги потсетувала на високите барања на Јехова и ги спречувала да не се мешаат со другите народи.“
— 1 Сведоштво, 396 (524.525).

в. Кој симбол се користи во Библијата за правдата? Откровение 19,8.

Четврток — 7. мај
5. ИДЕАЛНИ ОБУВКИ

а. Кој квалитет треба да го имаат нашите обувки за да бидат здрави?

„Ако било кој дел од телото треба да биде потпомогнат со дополнителна покривка, тоа треба да бидат екстремитетите и стапалата, кои најмногу се оддалечени од големото тркало на животот, кое испраќа крв низ целиот организам. Екстремитетите треба да бидат облечени со топла облека за да се заштитат од ладното струење на воздухот… Ако при изборот на топли обувки, со соодветна големина и дебелина на ѓонот, повеќе се води сметка за удобноста отколку за модата, нозете секогаш ќе бидат топли.“
— Здрав живот, 124.

б. Што во Библијата се вели за нозете на оние кои се вклучени во ширењето на Евангелието? Исаија 52,7; Ефесјаните 6,15. Како Библијата ги опишува оние кои ‘чекорат со ситни чекори’? Исаија 3,16.17.

„Обувајќи ги нозете со обувките на евангелието, треба да бидеме подготвени да тргнеме во секој момент.“ – 9 Сведоштво, 44 (48).

„Предочено ми е дека пророштвото од третото поглавје од книгата на пророкот Исаија, каде е упатен укор до ќерките на Сион кои мислат само на облекувањето и својот надворешен изглед, може да се примени на овие последни денови.“ – 1 Сведоштво, 205 (270).

„Реформата во облекувањето е од суштинско значење и за физичкото и за менталното здравје. Божјиот народ, во голема мера, ја изгубил својата особеност; почнал постепено да се прилагодува на припадниците на останатиот свет и да се дружат со нив. Ова не е според Божјата волја.“
— 1 Сведоштво, 397 (525).

Петок — 8. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква покривка Бог предвидел за луѓето после падот, и зошто?

2. Кои се некои од здравствените фактори кои треба да се земат во предвид при изборот на нашата облека?

3. Зошто Бог прави разлика помеѓу машката и женската облека?

4. Објаснете ја поврзаноста помеѓу облекувањето и духовноста?

5. Кои се некои од последиците од носењето на несоодветни обувки?

2015 • 2. Квартал

7. лекција – Божји методи на лекување

16. мај 2015
„И ете, видете сега дека тоа сум Јас; Јас сум и нема друг Бог, освен Мене: Јас уништувам и Јас оживувам, Јас ранувам и Јас лекувам, и нема таков кој може да избави од раката Моја.“
— Второзаконие 32,39.
„Божјата исцелителна сила ја проткајува целата природа. Ако дрвото е повредено, ако човечкото битие е рането или скршило коска, природата веднаш почнува да ја поправува штетата. Дури и перед да се појави потреба, исцелителните сили се во готовност; и штом еден дел од телото е повреден, сите сили се посветуваат во делото на обнова. Така е тоа и во духовната сфера. Уште перед гревот да создаде потреба од тоа, Бог се погрижил за лекот.“
— Воспитување, 113.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 70-80 (112-124).

Недела — 10. мај
1. ИЗВОРОТ НА СЕКОЕ ВИСТИНСКО ЛЕКУВАЊЕ

а. Кој е единствениот извор на исцелување за било која болест? Осија 6,1; Јов 5,18.

„Во извршувањето на Своите чуда Спасителот ја откривал онаа сила која постојано делува во корист на човекот, притоа одржувајќи му ги и здравјето и животот. Бог работи секој ден, секој час, секој миг, преку силите на природата за да нè одржи во живот, да нè изгради и обнови. Кога е повреден некој дел од телото, процесот на исцелување започнува веднаш; природата почнува да делува за да се поврати нарушеното здравје. Но силата што работи преку природата е Божјата сила. Секоја животворна сила доаѓа од Него. Кога некој ќе оздрави од која и да е болест, Бог е Тој кој го исцелил. Болеста, страдањата и смртта претставуваат дело на непријателската сила. Сатаната е уништувачот; Бог е обновителот.“
— Здравје и среќа, 71 (112.113).

б. Кој е најважниот чекор за да дојде до целосно оздравување? Матеј 9,1.6.

Понеделник — 11. мај
2. ВАЖНА МИСИОНЕРСКА ЗАДАЧА

а. Кој е еден од најважните делови од мисионерската работа? Матеј 10,8. Како Бог ќе ги благослови оние кои ќе ја прифатат оваа работа?

„Болниот треба да се лекува преку заедничките човечки и божествени напори. Секој дар и секоја сила која Христос им ја ветил на Своите ученици, Тој им ја дава на оние кои верно ќе Му служат. Гревот донесува физичка и духовна болест и слабост. Христос ни дава можност да се ослободиме од тоа проклетство. Со посредство на вистината Господ ветува исцелување на душата. Сите оние кои се подготвени да бидат едуцирани, Светиот Дух ќе ги оспособи да ја пренесуваат Неговата вистина со сила… Под влијанието на Светиот Дух животните сили се зголемуваат.“ – Medical ministry, 12.

„Библиската вера не е штетна ниту за телесното ниту за умното здравје. Влијанието на Божјиот Дух е најдобриот лек кој заболените мажи и жени можат да го примат. Небото е извор на здравје во секој поглед и доколку болниот кој верува е поподложен на небесното влијание, дотолку е посигурно неговото оздравување.“
— 3 Сведоштво, 133 (172).

б. Како Исус го поминувал поголемиот дел од своето време во текот на својата земна служба? Лука 7,21.22. Зошто?

„Во текот на Својата служба, Исус посветил повеќе време во исцелување на болните, отколку во проповедање…“ – Здравје и среќа, 9 (19).

„Секое дело на исцелување Спасителот го користел како можност да всади Божји принципи во умот и душата на луѓето. Тоа била целта на Неговото дело. Делел земни благослови за да ги придобие срцата на луѓето да го прифатат Евангелието на Неговата благодат и милост.“ – Здравје и среќа, 10 (20).

„Дошол да го отстрани бремето на болестите, јадот, неволјите и гревот. Неговата мисија била да им донесе на луѓето целосно обновување; Тој дошол да им даде здравје, мир и совршенство на карактерот. Од Него течел поток на исцелителна сила која го враќала здравјето не само на телото, туку и на умот и душата на луѓето.“
— Здравје и среќа, 8 (17).

Вторник — 12. мај
3. ОТКРИВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРИЧИНАТА

а. Како Библијата покажува дека без отстранување на причината на болеста, лекувањето е привремено? Јован 5,14; 2 Тимотеј 2,19.

„Кога Христос ги исцелувал болните, Тој на мнозина од нив им го нагласувал предупредувањето: ‘Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо’ (Јован 5,14). Со тоа, Тој ги поучувал дека тие ја навлекле болеста поради престапувањето на Божјите закони и дека здравјето може да биде сочувано единствено преку послушност… Таквите треба да бидат поучени дека секоја практика која ги нарушува и слабее физичките, менталните или духовните сили претставува грев.“ – Здравје и среќа, 71 (113).

„Кога лекарот гледа дека пациентот страда од болест предизвикана поради неправилна исхрана или други погрешни навики, но занемарува да му укаже на тоа, тој му нанесува неправда на својот ближен… Дали е тој добронамерен и милостив доколку на своите пациентите не им препорачува строга умереност како лек за болеста?“
— Здравје и среќа, 72 (114).

б. Како ќе направиме разлика помеѓи исцелувањето од Божјите слуги и она од сатанските агенти? Матеј 24,24; 7,15.16.

„Да се учат луѓето од Бога да бараат исцелување за своите болести, а да не се упатат да ги отфрлат погрешните навики, претставува потполно промашување.“ – Здрав живот, 236.

„Бог нема да направи чудо да ги промени природните последици кои вие можете да ги контролирате.“ – Здрав живот, 238.

„Божјите слуги денес не можат да работат со помош на чуда, бидејќи и за лажните дела на исцелување ќе се тврди дека се од божествено потекло.“
— Medical ministry, 14.

Среда — 13. мај
4. ЛУЃЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ЗА МЕДИЦИНСКА РАБОТА

а. Дали има потреба луѓето посебно да бидат обучувани за лекување на болните? Зошто? Лука 5,31; Колосјаните 4,14.

„Посветениот лекар носи двојна одговорност; во него се обединети квалификациите на лекар со оние на проповедник на Евангелието. Тоа е голема, света и мошне потребна работа.“ – Кресова колекција, 138.

„Никој не треба да слуша сугестии дека само со вера сите наши слабости ќе бидат отстранети, па според тоа нема потреба од основање на здравствени установи. Верата и делата се неразделно поврзани.“ – 6 Сведоштво, 332 (441).

„Лука, писателот на Евангелието што го носи неговото име, бил здравствен мисионер. Тој во Библијата е наречен ‘возљубениот лекар’ (Колосјаните 4,14). Апостол Павле слушнал за неговата вештина како лекар и го издвоил како еден од оние на кои Господ им доверил специјална задача.“
— Здравје и среќа, 95 (140.141).

б. Како младите луѓе треба да се подготвуваат за медицинската работа? 1 Коринтјаните 10,31; Михеј 6,8.

„Додека се стреми да се подготви за својата животна задача, студентот по медицина треба да се охрабри да го постигне највисокиот можен развој на сите свои сили и способности. Со своите студии, колку и да ги цени, тој не мора да го поткопува своето физичко здравје, ниту да го намалува својот интерес за духовните работи.“ – Совети за родителите, 394.

„Во секој оддел каде што (студентите по медицина) треба да работат, тие треба да поседуваат добра волја, искрен дух и срдечна несебична ревност во обидот да им направат добро на другите.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 396.

Четврток — 14. мај
5. БОЖЈИТЕ МЕТОДИ: ВИСТИНСКО НАСПРОТИ ЛАЖНОТО

а. Кои методи во поглед на лекувањето биле користени од страна на Исус и Неговите пророци? Јован 9,6.7; Исаија 38,21.

„Исцелувањето можело да биде извршено само со посредство на силата од Големиот Исцелител, но сепак, Христос употребил едноставни природни средства. Иако не бил за употреба на наркотици и медикаменти, Тој ја одобрувал примената на едноставни природни средства.“
— Здравје и среќа, 175 (233).

б. Кои методи на лекување се забранети од Бога? 2 Цареви 1,2.3. Зошто?

„Наркотиците и медикаментите, коишто вообичаено се практикуваат, претставуваат проклетство. Стојте подалеку од нив. Користите ги сè помалку и помалку, и повеќе зависете од хигиенските средства.“ – Одбрани пораки 2, 281.

„Кога докторката А дошла во санаториумот таа го запоставила своето знаење и праксата од хигиената, и речиси во секоја болест применувала мали дози на хомеопатски методи на лекување. Ова беше спротивно на светлината што Бог ми ја даде.“ – Одбрани пораки 2, 282.

„Отфрлете од себе сè што мириса на хипнотизирање, наука со која се користат сатанските агенти… Апостолите на речиси сите форми на спиритизмот тврделе дека имаат моќ да лекуваат болни. Таа сила тие ја припишувале на електрицитетот, магнетизмот, на таканареченото сочувствително лекување или на скриените сили во човечкиот ум.“
— Евангелизам, 606.

Петок — 15. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Од кого доаѓа секое вистинско исцелување, и како тоа се постигнува?

2. Која треба да биде нашата цел во помагањето на другите да оздрават?

3. Ако сакаме да го подобриме своето здравје, што треба да разгледаме?

4. Како еден лекар може да работи за Бога?

5. Зошто се одрекуваме од нашата вера ако прифатиме третмани од лекари кои користат т.н. биоенергија, магнетизам, хипноза и слични методи?

2015 • 2. Квартал

8. лекција – Одржувајте го здравјето на вашето срце

23. мај 2015
„Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот.“
— Изреки 4,23.
„Нека оваа молитва оди до Бога: ‘Создај чисто срце во мене’ (Псалм 51,10), бидејќи во чистата душа Христос постојано престојува, а од преполнетото срце се изворите на животот.“
— Коментари на библиски текстови, 282.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здрав живот, 178-187.

Недела — 17. мај
1. СРЦЕТО – ВАЖНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ

а. Зошто срцето има клучна улога во одржување на здравјето? Изреки 4,23.

„Совршеното здравје зависи од совршена циркулација. Доколку циркулацијата на крвта во организмот е подобра, дотолку крвта е послободна од пречките и нечистотијата. Крвта го храни телото. Здравјето на телото зависи од здравата циркулација на крвта.“ – Здрав живот, 178.

„Христовата љубов го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и силата на најважните животни органи – силата на мозокот, срцето и нервите.“
— Здравје и среќа, 93 (115).

б. Што претставува срцето во духовен поглед? Како срцето во духовна смисла влијае на духовното здравје? Лука 6,45; Исаија 26,3.

„За здрав раст во благодатта од суштинско значење е да се чува срцето. Срцето во својата природна состојба е живеалиште на вашите мисли и грешните страсти. Кога ќе го донесеме во потчинетост кај Христа, тоа мора да биде очистено од Светиот Дух од сите нечистотии. Ова не може да се направи без согласност на поединецот. Кога душата е очистена, должност на секој христијанин е да ја одржува неосквернета.“
— Коментари на библиските текстови, 281.

Понеделник — 18. мај
2. БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО

а. Што доведува до појава на артериосклероза (најчестата причина на болеста и смртта во светот), и како можеме да го спречиме тоа? Левитска 3,17; Создавање 1,29.

„Месната храна, путерот, сирењето, богатите колачи, зачинетата храна, и зачините слободно се користат и од старите и од младите… Таквата храна органите во кои се создава крвта не можат да ја претворат во добра крв.“ – Здрав живот, 180.181.

„Маслинките, како и јаткастите плодови, правилно подготвени ги заменуваат путерот и месото.“ – Здравје и среќа, 261.

„Лошата циркулација остава крвта да стане нечиста, предизвикува застој на крвта (конгестија) во мозокот и белите дробови и предизвикува болести на срцето, црниот дроб и белите дробови.“ – Здрав живот, 180.

„Тешкотиите со настинката, болестите на бубрезите, главоболката и срцевите проблеми се резултат на неумереност во јадењето.“
— Здрав живот, 181.

б. Кои се некои од духовните болести на срцето? Езекиел 3,7 (последен дел); Еремија 17,9; Изреки 16,5.

„Може ли некој да помисли дека е можно срцето во кое постои гордост сепак да најде место во Божјото царство? Гордоста била таа која го предизвикала падот на сатаната. Неговото срце се возгордеало поради неговата убавина.“
— Знаци на времето, 5. февруари, 1894.

в. Што открива состојбата на срцето во духовен поглед? Матеј 7,20; 12,34 (последен дел); 15,18.19.

„Будно треба да стражариме над нашите мисли; бидејќи една нечиста мисла остава длабок впечаток на душата… Ако мислите се чисти и свети, човекот станува подобар затоа што негува такви мисли. Тоа го забрзува духовниот пулс и моќта за правење добро се зголемува. И како што една капка дожд го подготвува патот за уште една во навлажнување на земјата, така една добра мисла го подготвува патот за друга.“ – Верата со која живеам, 222.

„Сликата за тоа какви сме ја сочинуваат не само нашите зборови и дела, туку и нашите мисли.“
— Совети за детето, 563.

Вторник — 19. мај
3. СООДВЕТЕН ТРЕТМАН

а. Ако кај некое лице е дијагностицирано срцево заболување, како треба да разговараме со него или неа и што треба да му кажеме? Изреки 25,11.

„Оние кои се погодени со болест не можеме со аргументи да ги просветлиме и да им ја објасниме природата и причината за нивната болест. Треба со тактичност и мудро расудување, со нежност и љубов кон нивната душа да им се објаснат причините за нивната болест, а потоа обидете се да го просветлите нивниот ум за да можат својот апетит и страстите да ги доведат под контролата на разумот, и да најдат сигурен лек за секоја болест во Исуса Христа .“ – Памфлет бр. 167, стр.2.

„Главна, ако не и единствената причина зошто мнозина стануваат инвалиди е што крвта не им циркулира слободно, и промените во таа витална течност, кои се неопходни за животот и здравјето, не се остваруваат. Таквите не се движат доволно, ниту пак нивните бели дробови ги хранат со чист и свеж воздух; затоа невозможно е крвта да им се витализира и таа низ целиот организам тече пребавно.“
— Здрав живот, 180.

б. Кој ја дијагностицира духовната дијагноза на срцето? Еремија 17,10. Кој лек Тој го препорачува? Езекиел 36,26.

„Кога Исус зборува за ново срце, Тој притоа мисли на умот, животот, на целото битие. Да се доживее промена на срцето значи својата љубов и своите чувства да ги повлечеме од овој свет и да ги прицврстиме на Христа. Да се има ново срце значи да се има нов ум, нови цели, нови мотиви. Кој е знакот дека имаме ново срце? – промена во животот. Секој ден, секој час умираме за себичноста и гордоста.

Една од најпознатите искрени молитви забележани во Божјото Слово е оваа Давидова молитва: ‘Создај чисто срце во мене, Боже’ (Псалм 51,10). Божјиот одговор на таквата молитва е: ‘Јас ќе ви дадам ново срце’. Ова е дело кое човекот во својата ограниченост не може да го направи. Мажите и жените треба да започнат сè од почеток, молејќи го најискрено Бога да им подари вистинско христијанско искуство. Тие треба да ја почувствуваат создавачката моќ на Светиот Дух. Тие треба да добијат ново срце, кое станало меко и нежно под влијание на божествената благодат. Тие треба да работат искрено и со понизно срце барајќи од Исуса водство и поттик.“
— Коментари на библиските текстови, 375.

Среда — 20. мај
4. ТРАЈНО ИСЦЕЛУВАЊЕ ВО ИДНИНА

а. Иако секое физичко лекување на оваа земја (вклучувајќи го и она извршено од страна на Исус и апостолите) е само привремено, кога лекувањето ќе биде трајно? Откровение 22,2.14; 2,7.

„Плодот од дрвото на животот во Едемската градина имал натприродни својства. Да се јаде од него значело да се живее засекогаш. Неговите плодови биле противотров за смртта. Неговите лисја го одржувале животот и бесмртноста.“ – Коментари на библиските текстови, 949.

„Престапот на Божјите заповеди го лишил човекот од секое право на дрвото на животот. Христос умрел, за да може, благодарение на Неговата крв и послушноста на Божјиот закон, да го направи човекот достоен за небесен благослов, и повторно да му го даде правото на дрвото на животот.“
— Духовни дарови 3, 88.89.

б. Колку може човекот да направи во чистење и прочистување на своето срце во духовна смисла? Изреки 20,9; Еремија 13,23.

„О, кога сите би можеле да сфатат дека без Христа не можат да направат ништо!… Нашите постапки имаат двојно влијание; бидејќи тие делуваат на другите, како и на нас самите. Ова влијание или ќе биде благослов или проклетство за оние со кои се дружиме. Постапките создаваат навики, а навики карактер, и ако не внимаваме на своите навики нема да можеме да им се придружиме на небесните битија во делото на спасувањето, ниту пак ќе бидеме подготвени да влеземе во небесното живеалиште кое Исус отишол да го подготви; бидејќи таму ќе можат да влезат само оние кои ја предале својата волја и својот пат на Божјиот волја и на Божјиот пат.“
— Христијанско воспитување, 92.

в. Што Бог може да направи за нас во тој поглед? Исаија 41,10; Псалм 51,10.

„Но, на оние кои трпеливо продолжуваат да чинат добро, тежнеејќи за слава, чест и бесмртност, Бог ќе им подари вечен живот.“
— Знаци на времето, 24. септември, 1894.

г. Што им е ветено на оние кои се чисти по срце? Матеј 5,8.

Четврток — 21. мај
5. ЛЕК ЗА ДУХОВНИ БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО

а. Што мораме да направиме за да имаме вистинско исцелување на духовното срце? Псалм 32,5; 1 Јованово 1,9.

„Господ бара да ги исповедаме своите гревови и да ги понизиме нашите срца пред Него; но во исто време треба да имаме доверба во Него како добар и нежен Татко, кој нема да им го сврти грбот на оние кои ја ставаат својата доверба на Него. Многумина од нас живеат според гледање, а не со вера…

Бог не се откажува од нас заради нашите гревови. Ние можеме да правиме грешки и да го жалостиме Неговиот Дух; но кога ќе се покаеме и ќе дојдеме кај Него со понизно срце, Тој нема да нè отфрли. Постојан пречки кои треба да бидат отстранети. Погрешни чувства се негувале, а имало и гордост, самодоволност, нетрпеливост и негодување. Сето ова нè одделува од Бога. Гревовите треба да се исповедаат; мора да има подлабока работа на милоста во срцето. Оние коишто се чувствуваат слаби и обесхрабрени можат да станат силни луѓе во Бога и да направат благородна работа за Учителот. Но тие мора да работат од повисока гледна точка; мора да се раководат со несебични побуди.“
— Слуги на евангелието (1892), 411.412.

б. Коен Бог сака да го доживееме ова исцелување? 2 Коринтјаните 6,2.

Петок — 22. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што подразбираме под зборот ‘срце’ од духовна гледна точка?

2. Кои се главните причини за болестите на телесното срце?

3. Што значи да се има ново срце во духовна смисла, и зошто е тоа потребно за да целосно го замениме старото срце?

4. Каков карактер единствено има вредност пред Бога, и зошто?

5. Кога и како се постигнува целосно исцелување на физичкото срце? Кога и како имаме вистинско лекување на духовното срце?

2015 • 2. Квартал

9. лекција – Опасност од екстремизам

30. мај 2015
„Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш?“
— Проповедник 7,16.
„Навистина има многу здрав разум во реформата на исхраната.“
— Здравје и среќа, 281 (319).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за жив. и исхр., 195-213.

Недела — 24. мај
1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ

а. Што е екстремизам? Проповедник 7,16-18.

„Оние кои се залагаат за непопуларните вистини треба да бидат најмногу доследни во својот начин на живот и треба да бидат крајно внимателни за да не западнат во ниту една крајност. Тие не треба да се трудат што повеќе да се оддалечат од другите луѓе, туку напротив што повеќе да се приближат кон оние кои сакаат да ги реформираат и да им помогнат да го прифатат оној начин на живот кој толку го истакнуваат.“ – 2 Сведоштво, 419 (377.378).

„Исто така би сакале да ги предупредиме и оние кои одат во крајност, да не подигаат лажен стандард,а потоа настојуваат и останатите да ги соберат околу него.“
— 2 Сведоштво, 247 (375).

б. Кои се некои од карактеристиките на фанатиците? Матеј 23,25.

„Има поединци кои не слушаат никакви совети, туку упорно продолжуваат по патот на сопствената мудрост негувајќи ги наследените и стекнатите склоности кон злото, додека не станат толку заслепени и не можат да видат подалеку од тоа. Принципите се изопачуваат, лажните мерила се воздигаат, за критериум се зема она што не го носи потписот од небото. Тие се прилагодуваат на световните идеи и формираат карактер кој ќе ги исклучи од небото. А сепак, некои од таквите се фалат во Господа како луѓе кои творат правда и не ги забораваат прописите на својот Бог.“
— Знаци на времето, 24. јуни, 1903.

Понеделник — 25. мај
2. СПРАВУВАЊЕ СО ФАНАТИЗМОТ

а. Како можеме да бидеме мудри и да го избегнеме фанатизмот? Римјаните 12,3; Осија 14,9.

„Оние кои се свесни за своите слабости, се потпираат на сила која е посилна од нив. И додека гледаат на Бога, сатаната нема власт врз нив. Но, оние кои се надеваат во себе лесно доживуваат пораз.“ – Коментари на библиските текстови, 480.

„Оние кои само делумно ги разбираат принципите на реформата најчесто се најкрути, не само во личното спроведување на своите ставови, туку и во нивното наметнување на своите семејства и своите соседи. Последиците од нивната погрешна реформа, кои можат да се видат во нивното слабо здравје и нивните напори да ги наметнат своите ставови на другите, на многумина им даваат погрешна претстава за реформата во исхраната и ги наведуваат сосема да ја отфрлат… Никој не треба да ги критикува другите бидејќи нивните навики не се во потполна хармонија со неговите. Не е можно да се донесе некое константно правило со кое би се регулирале навиките на сите, и никој не смее да се смета себеси како критериум за секого. Не можат сите да јадат иста храна. Онаа храна што е вкусна и здрава за еден, може да биде невкусна, па дури и штетна за друг.“
— Здравје и среќа, 247 (319).

б. Како поинаку можеме да одговориме на фанатизмот? Марко 6,45.46.

в. Како можеме да ја избегнеме опасноста да не паднеме во крајности? Второзаконие 30,16.19; Исаија 8,20.

„Оние кои ги воздигаат начелата приближувајќи ги кон Божјиот налог, според светлината која Бог им ја дал преку Неговото Слово и сведоштвата на Неговиот Дух, нема да го сменат курсот на дејствување за да ги задоволат желбите на нивните пријатели или роднини, било да се еден, двајца или цело мноштво, кои живеат спротивно на Божјите мудри одредби. Ако во овој поглед напредуваме во склад со начелата, ако строго се придржуваме кон правилата на исхраната, ако како христијани го образуваме својот вкус според Божјиот план, ќе извршиме влијание кое ќе ја исполни Божјата намера. Прашањето е: ‘Дали сме подготвени да бидеме вистински здравствени реформатори?’“
— Совети за животот и исхраната, 36.

Вторник — 26. мај
3. ДВЕ КАТЕГОРИИ НА ЗДРАВСТВЕНИ РЕФОРМАТОРИ

а. Каков треба да биде основниот водечки принцип во поглед на здравствената реформа? Филипјаните 4,5.

„Оние кои ги сфаќаат законите на здравјето и кои се раководат според принципите, ќе избегнуваат крајности, како во попуштањето, така и во ограничувањето. Тие одбираат храна, која нема само да му угоди на апетитот, туку ќе го изгради и телото. Тие настојуваат да ги зачуваат своите животни сили за повозвишена служба на Бога и луѓето. Нивниот апетит е под контрола на разумот и совеста, а нивната награда е телесно и ментално здравје. Иако не ги наметнуваат своите ставови на другите, нивниот пример е сведоштво во корист на добрите принципи.“
— Здравје и среќа, 247 (319).

б. Опишете ги двете категории на таканаречените здравствени реформатори, и кажете каде секоја од нив ќе заврши? Софонија 2,15; Изреки 14,12.

„Прикажани ми се две категории на верници: првата, оние кои не живеат според светлината што Бог им ја дал; втората, кои се премногу строги во спроведувањето на своите еднострани идеи за реформа и во нивното применување на другите. Кога еднаш ќе заземат некој став, тие тврдоглаво се држат за него и речиси во сè ја преминуваат границата.

Првата категорија ја прифаќа реформата само затоа што тоа веќе некој го прифатил. Тие немаат јасна претстава за нејзините принципи. Мнозина од оние што исповедаат вера ја прифатиле само затоа што и други веќе го сториле тоа, и во текот на целиот свој живот не се во состојба да ги наведат причините за својата вера. Поради тоа тие се толку нестабилни… тие чекорат во светлината на туѓ факел и сигурно ќе се загубат.“ – Христијанска умереност, 72.

„Втората категорија има погрешно мислење за реформата. Тие прифатиле премногу скуден начин на исхрана. Живеат од храна со слаб квалитет, подготвена така што во неа нема хранливост која му е потребна на организмот. Подготвувањето на храната е многу важно и тоа треба да се стори толку внимателно што таа ќе му годи на неизопачениот апетит.“
— Христијанска умереност, 73.

в. Како тогаш треба да ја избираме нашата храна? 1 Коринтјаните 10,31.

Среда — 27. мај
4. ПРОГРЕСИВЕН НАПРЕДОК

а. Што треба да имаат на ум верните луѓе кога го упатуваат народот на здравствена реформа? Создавање 33,14; Изреки 4,18.

„Ако грешите, нека тоа не биде во оддалечување од луѓето, бидејќи тогаш ќе ја пресечете низата на своето влијание и не можете да им направите никакво добро. Помало зло е да бидете на страната на луѓето, отколку потполно да се одвоите од нив, бидејќи во тој случај постои надеж да ги поведете луѓето со себе, но нема потреба да грешите на двете страни. Не треба да скокате ниту во вода или во оган, туку одете по средниот пат, избегнувајте ги сите крајности.“ – Совети за животот и исхраната, 271 (211).

„Ако дојдеме кај оние кои не се просветлени во однос на здравствената реформа и најпрвин им ја прикажеме нашата најсилна позиција, постои опасност да се обесхрабрат кога ќе видат од што сè треба да се откажат, така што тогаш нема да направат никаков напор да се реформираат. Ние мораме да ги водиме луѓето внимателно и постепено, имајќи ја на ум длабочината на јамата од која сме извлечени.“
— Здрав живот, 35.

б. Како вистинскиот пастир го води своето стадо? Јован 10,2-4.11.

в. Како се однесуваат лажните пастири? Јован 10,10 (прв дел). 12,13; Езекиел 34,2-4.

„Недостаток на цврстина во поглед на начелата на здравствената реформа е вистински показател на нивниот карактер и на нивната духовна сила (оние кои се наоѓаат во средиштето на делото).“ – 2 Сведоштво, 321 (487).

„Видов дека некои кои порано набрзина запаѓале многу длабоко во фанатизам сега први истрчуваат да работат, пред Бог да ги прати и пред да се ослободат од своите минати заблуди; мешајќи ја вистината со заблудата, тие со тоа би го хранеле и Божјо стадо, а ако би им се допуштило така да продолжат, стадото би се разболело, би следело одвлекување на вниманието и духовна смрт.“ – Рани списи, 50 (62).

„Наместо да бидат водени од разумот и здравото расудување некои (меѓу нашиот народ) дозволиле нивните чувства да ја преземат водечката улога.“ – 1 Сведоштво, 270 (356.357).

„(Некои поединци кои исповедаат дека веруваат во еден дел од сегашната вистина) не одговараат за ништо. Тие имаат некоја своја независна вера.“
— 1 Сведоштво, 247 (326).

Четврток — 28. мај
5. ЖНЕЕЊЕ НА ОНА ШТО СМЕ ГО ПОСЕАЛЕ

а. Каков ќе биде резултатот од екстремизмот во здравствената реформа? Исаија 1,5.6.

„Стеснетите идеи, претераното нагласување на прашања кои не се толку значајни, ѝ нанесуваат штета на науката за чувањето и негувањето на здравјето. Некои во подготвувањето на јадењата толку штедат што, наместо здрава, добиваат многу слаба храна, осиромашена со хранливи состојки. Какви се последиците од тоа? – Слабокрвност. Видов дека во многу случаи најтешко се лекува болеста предизвикана со еднолична и осиромашена исхрана. Тие несреќни души не ги натерала сиромаштијата да прифатат толку оскудна храна, туку нивните погрешни идеи за тоа што ја сочинува здравствената реформа.“ – Христијанска умереност, 70 (319).

„Други пак, во својата желба да бидат добар пример, одат во спротивна крајност. Некои од нив не се во состојба да ја добијат најпосакуваната храна и наместо да користат производи што најдобро ќе го пополнуваат тој недостиг, прифаќаат сиромашна исхрана. Нивната храна ги нема сите состојки потребни за создавање на добра крв. Нивното здравје страда, способностите се намалуваат и нивниот пример зборува против, а не во корист на реформата во исхраната.“
— Здравје и среќа, 246 (319).

б. Што ќе се случи кога ќе ги следиме Божјите методи? Исаија 58,8. Како знаеме дека Божјиот пат не е тежок? Второзаконие 30,11-14.

„Внимателната усогласеност со законите кои Бог ги вградил во нашето битие ќе ни обезбедат здравје и ќе го сочуваат организмот од слом.“
— Совети за животот и исхраната, 20.

Петок — 29. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што екстремистите често работат и кој пристап би бил подобар?

2. Опишете ги двете категории на лажни здравствени реформатори?

3. Кој треба да биде водечкиот принцип во поглед на здравствената реформа?

4. Како треба да напредуваме во здравствената реформа?

5. Кои се последиците од екстремизмот? Какви ќе бидат резултатите ако го следиме Божјиот пат?

2015 • 2. Квартал

10. лекција – Погрешни методи на лекување

6. јуни 2015
„Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните.“
— Матеј 24,24
„Нашиот ум мора да се потпре на Бога, и не треба да плашиме како овој свет, плашејќи се од она од што тие се плашат и почитувајќи го она што тие го почитуваат, туку да бидеме храбри и смели за вистината.“
— Рани списи, 48 (60).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патр. и пр., 719-726 (683-689). Рани списи, 47.48 (59.60).

Недела — 31. мај
1. ЖЕЛБА ДА ЈА ЗНАЕМЕ ИДНИНАТА

а. Кога и зошто некои цареви се обраќале кон сатанските медиуми за совет? 2 Царевите 1,2; 1 Самуилова 28,6-8. Што би се случило кога и ние би го правеле истото?

„Господ никогаш не одбил ниту една душа која дошла кај Него со искрено и со понизно срце. Тогaш зошто не му одговорил на Саула? Царот сам со своите постапки ги проиграл сите можности за обраќање на Бога. Го отфрлил советот на пророкот Самоил; го протерал Божјиот избраник Давид, и ги убил Господовите свештеници. Зарем тогаш можел да очекува одговор од Бога кога самиот ги прекинал сите канали на комуникација што небото ги одредило… Кај Бога можел да се врати само со покајание и понизност. Меѓутоа, горделивиот цар во својата болка и очај решил да побара помош од друг извор.“ – Патријарси и пророци, 715 (676).

„Ако зависиме од луѓе кои не го љубат Бога и не ги исполнуваат Неговите заповеди, сигурно ќе бидеме доведени во многу тешка ситуација. Оние кои не се поврзани со Бога поврзани се со непријателот на Бога, а непријателот ќе работи преку нив да нè заведе на погрешен пат. Ние не го почитуваме Бога, како единствен вистински Бог, кога покрај Него одиме да се распрашуваме за богот на Акарон.“
— Коментари на библиските текстови, 193.

б. Какво предупредување имаме во поглед на лажните пророци? Второзаконие 13,1-3.

Понеделник — 1. јуни
2. ЗАВЕДЕНИ ПОРАДИ ЉУБОПИТНОСТ

а. Што ги навело Адам и Ева да бидат измамени од сатаната? Создавање 3,1-6.

„Од век во век, љубопитноста ги доведува луѓето да го бараат дрвото на знаењето; и најчесто кога мислат дека го набрале плодот и го откриле она што е суштински најважно, тие како и Соломон во своето истражување – согледуваат дека тоа е само суета и ништо во споредба со вистинската наука за светост, наука која би им ги отворила вратата на Божјиот град. Амбицијата ги наведува луѓето да бараат таков вид на знаење кое ќе им донесе слава, самовозвишување и надмоќност. На таков начин Адам и Ева биле изработени од сатаната сè додека Божјото ограничување не било раскинато, и нивното воспитување почнало да се формира под влијание на учителот на лагата, со цел да стекнат знаење кое Бог во Својата милост им го скратил – знаење за последиците од престапот.“
— Коментари на библиските текстови, 14.

б. Како можеме да ги избегнеме овие стапици на сатаната? Исаија 8,19; Ефесјаните 6,13.16.

„Зарем оние што го имаат светиот Бог, кој е бесконечен во мудроста и силата, ќе одат кај маѓепсници, чиешто знаење доаѓа од интимноста со непријателот на нашиот Господ? Бог е светлина на Своите луѓе; Тој ги повикува со вера да го насочат погледот кон славата која е скриена за човечкиот поглед. Сонцето на правдата ги праќа своите светли зраци во нивните срца; тие добиваат светлина од небесниот престол и немаат желба да се свртат од изворот на светлината и да им се обраќаат на гласниците на сатаната.“ – Патријарси и пророци, 726 (687.688).

„Ова време (кога на модерниот спиритизам ќе му биде дозволено да го имитира Божјото дело) брзо ќе дојде, и ние ќе треба цврсто да се држиме за моќната рака на Јехова, бидејќи сите тие големи знаци и моќни чуда на ѓаволот се дизајнирани да го измамат Божјиот народ и да го соборат… Кога би можеле нашите очи да се отворат, би ги виделе злите чети на ангели насекаде околу нас, кои настојуваат да пронајдат некој нов начин за да нè мачат и да нè уништат. Исто така би виделе и Божји ангели како нè штитат од нивната моќ, затоа што Божјото будно око секогаш бдее над Израел; Тој ќе го заштити и ќе го спаси Својот народ, ако во целост му се предаде Нему. Кога непријателот ќе навали како поплава, Господовиот Дух ќе подигне знаме против него. Ангелот рече: ‘Не заборавај, ти се наоѓаш на маѓепсана земја’. Видов дека мораме будно да стражариме, имајќи го на себе сето оружје Божјо, земајќи го штитот на верата; тогаш ќе бидеме во состојба да се одржиме и огнените стрели на нечестивиот нема да ни наштетат.“
— Рани списи, 48 (60).

Вторник — 2. јуни
3. ЛАЖНИ ИСЦЕЛУВАЊА

а. Кога ќе се чинат чудесни лекувања, како можеме да знаеме дали тие биле извршени од страна на Божјите слуги или сатанските агенти? Матеј 7,20-23; 1 Јованово 2,3.

„Сатаната им ја дава својата власт на оние кои му помагаат во неговите измами; затоа оние кои тврдат дека имаат голема Божја сила можат да се препознаат само со помош на големиот детектор, Божјиот закон. Господ ни вели дека тој ќе се обиде да ги измами ‘ако е можно и избраните’.“
— Коментари на библиските текстови, 450.

б. Зошто чудата не треба да ја формираат основата на нашата вера? На што нашата вера треба да биде цврсто втемелена? Лука 24,27; Јован 5,39.

„На Господовото доаѓање ќе му претходи ‘дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса’ (2 Солунјаните 2,9). А апостол Јован, опишувајќи ја чудотворната сила што ќе се појави во последните денови, кажува: ‘И правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши’ (Откровение 13,13.14). Овде не станува збор за обични измами. Луѓето ќе бидат измамени со чуда што ќе можат да ги прават сатанските орудија вистински, а не привидно.“ – Големата борба, 574 (553).

„Сакал (Христос) да го просветли нивниот ум и да ја утврди нивната вера во ‘најсигурното пророчко Слово’. Сакал вистината да фати поцврст корен во нивното срце не само затоа што е потпрена со Неговото лично сведоштво, туку и поради сигурниот доказ што се наоѓал во симболите и во сенките на обредниот закон, како и во пророштвата на Стариот завет. На Христовите следбеници им било потребно да имаат разумна вера не само заради самите нив, туку и на светот да можат да му ги објават спознанијата за Христа. Како прв чекор при објавувањето на овие спознанија Исус учениците ги упатил на Мојсеј и на пророците. Тоа е сведоштво што го дал воскреснатиот Спасител за вредноста и важноста на книгите на Стариот завет.“
— Големата борба, 358 (349).

Среда — 3. јуни
4. МЕТОДИ ОД САТАНСКО ПОТЕКЛО

а. Како сатаната ќе се обидува да го имитира Божјото дело? Дела 19,13.

„Пред Бог да ги излее Своите судови на земјата, меѓу Неговиот народ ќе се јави такво будење на вистинска побожност, какво што не се видело од времето на апостолите. Врз Божјите деца ќе се излее Неговиот Дух и Неговата сила. Во тоа време мнозина ќе ги напуштат црквите во кои љубовта кон светот го зазела местото на љубовта кон Бога и кон Неговото Слово. Многу проповедници и верници со радост ќе ги прифатат оние големи вистини што Бог ќе ги даде да се објавуваат во тоа време за да го приготват народот за второто Христово доаѓање. Непријателот на душите ќе сака да го спречи ова дело; и пред да настапи времето на тоа движење, ќе се обиде да го осуети со подигање на свои лажни движења. Во оние цркви во кои сатаната ќе може да ја покажува својата лажна моќ ќе предизвика уверување дека врз нив е излеан посебен Божји благослов; во нив ќе се покаже навидум големо религиозно будење. Мнозина ќе ликуваат што Бог работи толку чудесно за нив, а всушност тоа дело потекнува од сосем друг дух. Сатаната ќе се обидува под плаштот на религијата да го прошири своето влијание врз целиот христијански свет.“ – Големата борба, 413.

„Момчињата и девојките ќе се подигнат сметајќи се дека се избрани и чудесно повикани да направат нешто големо. Многумина ќе се обратат после особениот налог, но тие нема да носат божествен потпис. Во тоа ќе има неморал и екстравагантност, и многумина ќе доживеат бродолом на верата.“
— Мараната, 168.

б. Кои други методи сатаната ги користи да ги зароби душите?

„Апостолите на речиси сите форми на спиритизмот тврделе дека имаат моќ да лекуваат болни. Таа сила тие ја припишувале на електрицитетот, магнетизмот, на таканареченото сочувствително лекување или на скриените сили во човечкиот ум. И не е мал бројот на оние кои… одат по овие исцелители, наместо да веруваат во моќта на живиот Бог и во знаењето на добро квалификуваните христијански лекари. Мајката, гледајќи на постелата на своето болно дете, извикува: ’Не можам да направам ништо повеќе! Зарем нема лекар кој може да го излекува моето дете!’ Потоа, однекаде слуша дека некој видовит човек или магнетен исцелител на чудесен начин исцелувал луѓе, па му го доверува своето дете, ставајќи го на таков начин точно во рацете на сатаната, како тој да стои пред неа. Во многу случаи идниот живот на детето е под контрола на сатанската сила, која се чини дека е невозможно да се пробие.“
— Евангелизам, 606.

Четврток — 4. јуни
5. СИЛНА И ЦВРСТА НАДЕЖ

а. Која е единствената сигурна надеж за верниците? Дали Бог секогаш им го обновува здравјето на болните? Јован 6,68.69; Псалм 62,1.2.

„Постојат случаи кога Бог одлучно ја манифестира Својата божествена моќ, враќајќи му го здравјето на болниот. Сепак не се сите болни излекувани. Мнозина заспиваат во Христа. На островот Патмос, на Јован му било заповедано да напише: ‘Блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа! Да, вели Духот – нека се одморат од својот труд, зашто нивните дела ги следат (Откровение 14,13). Оттука гледаме дека не треба да ги сметаме за слаби во верата оние на кои не им е дадено да ја преживеат својата болест.“ – Здравје и среќа, 174 (230).

„Постои сигурен лек за малодушните, а тоа се: вера, молитва и работа. Верата и работата му даваат на човекот сигурност и задоволство кое се зголемува од ден во ден. Дали лесно подлегнувате на мрачни чувства и малодушност? Немојте да се плашите ниту во најцрните денови кога сè изгледа изгубено. Имајте вера во Бога. Нему му се познати сите ваши потреби. Тој е семоќен. Неговата безгранична љубов и сочувство никогаш не се исцрпени. Немојте да се плашите дека нема да го исполни Своето ветување. Тој е вечна вистина. Тој никогош нема да го измени заветот кој го направил со оние кои Го љубат. Бог им дава на Своите верни слуги онолку сила колку што им е потребно.“
— Пророци и цареви, 109 (164.165).

б. Кога се во искушение да прибегнат кон методи на лекување инспирирани од сатаната, како верните болни ќе одговорат? Псалм 43,5; 121,1.2.

Петок — 5. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога бараме совет од Господа, каква треба да биде состојбата на нашето срце?

2. Како сатаната работи за да ги измами душите, и како можеме да му се спротивставиме?

3. Како чудесните исцелувања извршени од страна на Божјите слуги можеме да ги разликуваме од оние извршени од страна на сатанските агенти?

4. Кои се некои од модерните методи на сатанските лекувања кои се користат од страна на сатанските агенти?

5. Каков е, и каков секогаш ќе биде, ставот на вистинските верници кога поминуваат низ разни искушенија и кога иднината изгледа неизвесна?

2015 • 2. Квартал

11. лекција – Совет за медицинските мисионери

13. јуни 2015
„Исус не му дозволи, но му рече (на човекот кој бил опседнат): ‘Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.’“
— Марко 5,19.
„Со Господовата промисла можам да видам дека медицинско мисионерската работа треба да биде голем пробоен клин преку кој ќе може да се допре до заболените души.“
— Совети за животот и исхраната, 76.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 94-112 (139-160).

Недела — 7. јуни
1. СУШТИНСКА КОМПОНЕНТА НА МИСИОНЕРСКАТА РАБОТА

а. Зошто физичкото лекување е особено важен дел од делото на духовното ослободување направено од Исус и Неговите ученици? Лука 4,18; Матеј 10,1.

„Телото е најважниот посредник преку кој се развиваат разумот и душата и така се изградува карактерот. Токму заради тоа непријателот на душата ги насочува своите искушенија на ослабување и уништување на физичките сили. Неговиот успех во тој поглед често пати значи покорување на целото битие на злото. Склоностите на телесната природа, ако не се под власта на повисока сила, неизбежно водат во пропаст и смрт.“
— Пророци и цареви, 332 (488.489).

б. Зошто Исус им дава толку многу внимание на физичките потреби на луѓето? Јован 3,16. Зошто гранките на мисионерската, медицинската и воспитно образовната работа се неразделни? Матеј 9,35.

„Неговата (Христовата) мисија била да им донесе на луѓето целосно обновување; Тој дошол да им даде здравје, мир и совршенство на карактерот.“
— Здравје и среќа, 8 (17).

Понеделник — 8. јуни
2. ПРОБОЕН КЛИН

а. Зошто здравствено медицинската работа мора да претходи на мисионерската работа? Наведете примери. Јован 5,6-8.14.

„Медицинско мисионерската работа треба да биде голем пробоен клин преку кој ќе може да се допре до заболените души.“ – Совети за животот и исхраната, 76.

„Само доколку се примени Христовиот метод за допирање до луѓето може да се постигне вистински успех. Спасителот се дружел со луѓето како Оној, кој им посакува добро. Тој ја покажувал Својата симпатија кон нив, им служел на нивните потреби и ја придобивал нивната доверба. Потоа ги повикувал: ‘Врвете по Мене’… Бог честопати ги допира нивните срца преку нашите напори да им ги олесниме физичките страдања.“
— Здравје и среќа, 97 (143.144).

б. Каков ефект здравствено мисионерската работа има на искрените души? Матеј 8,28-34. Што бива со оние кои се закоравени во гревот и во предрасудите? Марко 5,16.17.

„Злите духови биле принудени да ги ослободат своите жртви и кај опседнатите настанала прекрасна промена. Разумот им се просветлил, а очите им зрачеле со интелигенција. Изразот на нивните лица, толку долго демонски изобличен, одеднаш станал благ, крвавењето на нивните раце престанало и тие ги подигнале своите гласови во благодарност на Бога. Но, луѓето што ја виделе оваа чудесна сцена не се радувале. За нив загубата на свињите била од поголемо значење, отколку ослободувањето на овие затвореници од ропството на сатаната. Тие во страв се собрале околу Христа, молејќи го да си замине од нив. Тој тоа и го сторил; се качил на бродот и отпловил на спротивниот брег.“
— Здравје и среќа, 58 (97).

в. Каква е Божјата намера во лекувањето или во продолжување на животот? Псалм 71,18.

„Нашето признавање на Божјата верност е средство одредено од небото за откривање на Христа на светот. Ние треба да ја признаваме Неговата благодат откриена на светите луѓе во минатото; но она што ќе има најголем ефект е сведочењето за сопственото искуство. Ние сме сведоци за Бога, тогаш кога во себе го откриваме дејството на една сила која е божествена.“
— Здравје и среќа, 60 (100).

Вторник — 9. јуни
3. ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО МИСИОНЕРСКИТЕ РАБОТНИЦИ

а. Која опасна црта на карактерот може да влијае на здравствено мисионерскиот работник? Јаков 4,6.

„Ништо не е толку навредливо за Бога, ништо толку опасно за човечката душа, како горделивоста и самодоволноста. Од сите гревови, тој е најбезнадежен и најтешко се лекува.“ – Христовите очигледни поуки, 117 (154).

„Борбата за превласт го открива духот кој, ако се негува, на крајот ќе ги исклучи од Божјото царство оние кои го негуваат. Христовиот мир не може да пребива во умот и срцето на работникот кој критикува и наоѓа мана кај друг работник, само затоа што не ги применува методите кои тој ги смета за најдобри, или затоа што смета дека овој не го почитува. Господ никогаш не го благословува оној кој ги критикува и обвинува своите браќа, зашто тоа е работа на сатаната.“ – Евангелизам, 102.

„Гордоста на позицијата е длабоко вкоренето зло кое упропастило илјадници… бидејќи таквите го изгубиле од вид начелото.“
— Одбрани пораки 2, 184.185.

б. Како можеме да ја избегнеме оваа опасност? Јаков 4,10; 1 Коринтјаните 10,12.

„При изборот на мажи и жени за Својата служба, Бог не прашува дали тие поседуваат световно богатство, ученост или говорнички дар. Тој прашува: ‘Дали тие одат во таква понизност, што ќе можам да ги научам на Моите патишта? Можам ли да ставам Свои зборови во нивната уста? Дали тие ќе ме претставуваат Мене?“ – Здравје и среќа, 21 (37).

„Во такви случаи на болка, каде што сатаната има контрола на умот, перед да биде упатена молитва треба да се спроведе длабоко самоиспитување и да се види дали постојат гревови кои треба да се покаат, исповедаат и остават. Неопходна е длабока понизност на душата пред Бога и цврсто потпирање само на Христовата пролиена крв. Постот и молитвата нема да помогнат ништо сè додека од срцето не се отстрани погрешната навика“ – Здрав живот, 236.237.

„Оној кој најдобро се познава самиот себесе секогаш ќе биде понизен. Нема да се однесува гордо. Тој ја носи тежината на одговорноста додека ги гледа проблемите на луѓето што страдаат, и тој нема да го земе човечкиот живот во негова рака за да се справува дури и со телата на луѓето без поврзување со искусниот Лекар, сметајќи Го како Татко, а себеси како дете кое треба да се обучува и исправува ако погреши.“
— Здрав живот, 258.259.

Среда — 10. јуни
4. ЕДУЦИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

а. Кој треба да биде еден од најважните приоритети на мисионерските работници? Матеј 28,19 (прв дел).

„Секоја црква треба да биде училиште за обука на христијански работници. Не нејзините членови треба да бидат поучени како да даваат библиски часови, како да раководат со саботната школа и да ги поучуваат другите како да им помогнат на сиромашните и да се грижат за болните и како да работат за необратените. Треба да се формираат училишта и курсеви за обучување и пракса во негата на здравјето, во умешноста на готвење и разни други видови на христијанска помош. Но не е доволно само поучување, туку потребна е и практична работа под надзор на искусни инструктори… Сите треба да ги развијат своите физички и ментални сили до највисок степен на лична способност, за да можат да работат за Бога, онаму каде што Неговото провидение ќе ги повика.“
— Здравје и среќа, 101 (149).

б. Зошто е толку важно да се обучуваат учениците? Наведете еден пример. Излез 33,11; Броеви 27,18.

„Образованите работници, кои се посветени на Бога, можат да послужат на многу разновидни начини и да вршат многу поопсежно дело од оние што не се образовани. Дисциплината што тие ја поседуваат е она што нив ги става во поповолна положба.“
— Здравје и среќа, 102 (150).

в. Во обучување на учениците, каков практичен пример Исус им дал, зајакнувајќи ја двојната природа на нивната работа? Лука 9,6.

„(Христос) додека поминувал правејќи добро, учејќи ги неуките и исцелувајќи ги болните, Тој својата сила над болните не ја покажувал само со исцелување од болеста, туку во срцето им ги всадувал божествените начела на љубов и добрина. Така треба да работат и Неговите следбеници. Христос не е повеќе лично на овој свет, но Тој нè овластил да ја продолжиме здравствено мисионерската работа која Тој ја започнал, и во ова дело треба да го дадеме најдоброто.“
— Совети за здравјето, 249.

Четврток — 11. јуни
5. ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

а. Кој дел од здравствено мисионерската работа ќе ја одигра последната улога во предупредувачката порака која му се упатува на светот за време на Гласниот вик? Зошто е тоа толку важно? Дела 24,25.

„Делото на здравствената реформа е Господово средство за намалување на страдањата во нашиот свет и за прочистување на Неговата црква.“ – 9 Сведоштво, 113.

„Принципите на здравствената реформа се наоѓаат во Божјото Слово. Евангелието за здравјето треба цврсто да се поврзе со проповедање на речта. Божја намера е обновувачкото влијание на здравствената реформа да биде дел од последниот голем напор во објавување на евангелската порака. Нашите лекари треба да бидат Божји работници. Тие треба да бидат мажи, чии сили се посветени и преобразени со Христовата милост. Нивното влијание треба да биде цврсто поврзано со вистината во нејзиното објавување на светот. Во совршеното и целосното единство со службата на Евангелието, делото на здравствената реформа ќе ја открие својата од Бога дадена моќ. Под влијание на евангелието ќе бидат направени големи реформи во здравствено мисионерската работа.“
— Medical ministry, 259.

б. Каков треба да биде нашиот став кон здравствената реформа како што се приближуваме кон крајот? Изреки 4,18.

„Што повеќе се приближуваме кон крајот на времето, мораме сè повеќе и повеќе да се издигнуваме во поглед на здравствената реформа и христијанската умереност и сè поодредено и поодлучно да проповедаме. Мораме постојано да се стремиме да ги едуцираме луѓето, не само со нашите зборови, туку и со нашата практика. Поуката остава најдлабок впечаток кога ќе се поткрепи со пример.“
— 6 Сведоштво, 82 (112).

Петок — 12. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто толку многу време треба да се посвети на здравјето на своето тело?

2. Како здравствено мисионерската работа ни помага во ширење на Евангелието?

3. Која опасност постои за успех на здравствено мисионерскиот работник?

4. Која е исклучително важната должност на секој работник? Зошто?

5. Кој дел од здравствено мисионерската работа ќе одигра посебна улога во последната предупредувачка порака до светот?

2015 • 2. Квартал

12. лекција – Едукација во поглед на здравјето

20. јуни 2015
„Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.“
— Осија 4,6.
„Вистинското образование значи повеќе од стремење на одреден курс на обучување. Тоа значи повеќе од подготовка за овој живот. Тоа го опфаќа целото битие и целиот период на човековото постоење. Тоа е хармоничен развој на физичките, менталните и духовните сили. Тоа ги подготвува студентите за радосна служба во овој живот и за повозвишена и посестрана радост на служење во светот што ќе дојде.“
— Совети за црквата, 202.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 173-179.

Недела — 14. јуни
1. ПРЕДНОСТИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

а. Која е вредноста на образованието на Божјите работници? Изреки 1,5; 2,10.11.

„Постои недостиг од образовани кадри меѓу нас… Невозможно е некој да предвиди за што би можел да биде повикан во животот. Тој може да биде ставен во ситуација каде што ќе треба брзо расудување и добро избалансирани аргументи, и затоа заради Христова чест потребни се повеќе образовани работници; тие ќе бидат во состојба подобро да ја разјаснат вистината на разбирлив начин. Вистината треба да биде презентирана на начин кој ќе биде ослободен од можни грешки.“
— Христијанско воспитување, 138.

б. Дали е вредно да се вложи напор да се добие образование во областа на здравството? Изреки 2,2-5; 8,11.

„Образованиот лекар ќе пронајде пристап до градската средина каде што другите не луѓе не можат.“
— Medical ministry, 242.

Понеделник — 15. јуни
2. ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВЕТО

а. Дури и ако не станеме професионалци во областа на медицината, зошто сите треба да имаме барем основни познавања од таа област? Римјаните 12,1; 1 Коринтјаните 6,19.20.

„Наша должност е да ги проучуваме законите кои владеат со нашето битие и да дојдеме во согласност со нив. Незнаењето на овие работи претставува грев… Она што треба да проучуваме иако се однесува на природниот живот претставува знаење за нас самите… Тоа е куќата во која живееме, и која треба да ја чуваме за да може да послужи на слава на Бога кој нè откупил. Ние треба да знаеме како да ја зачуваме живата машинерија – духот, душата и телото – да ја посветиме во Негова служба. За жалење е што како разумни битија толку малку знаеме за телото и неговите побарувања.“ – Здрав живот, 16.

„Далеку подобро е да се спречи болеста, отколку да знаете како да се лекува кога таа е веќе тука. Должност на секој човек е, не само за негово сопствено добро, туку и за доброто на човештвото, да се информира во врска со законите на животот и совесно да ги почитува. Сите треба да бидат запознаени со најчудесниот и најпрекрасниот од сите организми, човечкиот организам. Тие треба да ги разберат функциите на разните органи и нивната меѓусебна зависност. Тие треба да го проучуваат влијанието на умот врз телото, и на телото врз умот, и законите кои владеат со целиот организам.“
— Здравје и среќа, 104.105.

б. Зошто проповедниците и библиските работници треба да имаат знаење за здравјето? 3 Јованово 2; Псалм 67,2.

„Проповедниците во нашата земја треба да бидат запознаени со науката за физиологијата. Тогаш тие ќе бидат интелигентни во врска со законите кои владеат со физичкиот живот и нивната поврзаност со здравјето на умот и душата. Тогаш тие ќе бидат во можност коректно да зборуваат на оваа тема. Во својата послушност на физичките закони тие треба да зборуваат од искуство и реформата во тој поглед да ја истакнуваат сè повеќе и повеќе.“ – Здрав живот, 16.

„Добро е во претставувањето на вистината на неверниците, најпрвин да ги истакнеме оние предмети во кои тие ќе се согласуваат со нас. Начелата на здравјето и умереноста ќе го привлечат нивното расудување, а ние можеме од овие теми да ги наведеме да ја разберат и важноста на четвртата заповед.“
— Совети за здравјето, 545.

Вторник — 16. јуни
2. КОГА ДА ЗАПОЧНЕМЕ

а. Кога е вистинското време да се започне со проучување на здравјето? Изреки 22,6; Проповедник 3,1.

„Од првите мугри на разумот, човечкиот ум треба да стане интелигентен во поглед на физичката структура.“ – Здрав живот, 13.

„Од најголема важност е мажите и жените да бидат упатени во науката за човечкиот живот и за најдобриот начин на чување на физичкото здравје. Младоста е особено време кога треба да се собира знаење и практично да се применува во текот на животот.“ – Здрав живот, 15.

„Едукацијата во младоста е време кога младите го обликуваат својот карактер и во световниот и во верскиот живот.“
— Да го воздигаме Него, 270.

б. Зошто не треба да се одлага со образованието на нашите деца во основните правила за чување на здравјето? Осија 4,6.

„Еднаш формираните навики, тешко се искоренуваат. Реформата треба да започне со мајката пред раѓањето на своите деца; и ако Божјите упатства беа верно послушани, неумереноста не би постоела.“ – Совети за животот и исхраната, 225.

„Константен напор на секоја мајка е да ги усогласи своите навики со Божјата волја, за да може да работи во хармонија со Него и на таков начин да ги сочува своите деца од современите пороци кои го уништуваат животот и здравјето. Нека мајките, без двоумење, воспостават вистинска врска со својот Творец, за да можат, со Неговата милост која помага, да изградат бедем околу своите деца кои ќе ги заштитат од расипаност и неумереност… Кога мајките би оделе по овој пат, тогаш тие би можеле да ги видат своите деца, како младиот Даниел, како го достигаат високиот стандард на морални и интелектуални дострели…“ – Совети за животот и исхраната, 226.

„Важноста на воспитувањето на децата со цел да се стекнат со исправни навики во земање на храна, тешко може да се процени. Децата уште од малечки треба да се учат дека мораат да јадат за да живеат, а не да живеат за да јадат. Воспитувањето на детето треба да започне уште во пазувите на неговата мајка. На детето треба да му се дава храна само во редовни временски интервали, а поретко како што старее.“
— Совети за животот и исхраната, 230.

Среда — 17. јуни
3. МЕТОДИ НА ЕДУКАЦИЈА

а. Што можеме да научиме од Исусовите методи на поучување? Што луѓето говореле за Него? Марко 1,22; Јован 7,46. Како овој метод можеме да го примениме и во поучувањето на луѓето за здравиот живот?

„Христовиот начин на учење бил убав и привлечен, и секогаш бил препознатлив по својата едноставност.“ – Христијанско воспитување, 126.

„Христовото учење се одликувало со едноставност, достоинство и сила која дотогаш им била непозната (за Неговите слушатели), и тие без да сакале воскликнувале: ‘Никогаш човек не говорел така како Овој човек’ (Јован 7,46).“ – 5 Сведоштво, 514 (747).

„Причината зошто Христос зборувал како ниеден човек пред него е во тоа што никој никогаш не живеел така како Тој што живеел. Неговите зборови имале убедлива сила, бидејќи доаѓале од чисто и свето срце, исполнето со љубов и сочувство, добрина и вистина.“
— Во небесните пространства, 237.

б. Кој бил еден од начините на кој Исус ги поучувал луѓето? Јован 4,7.9.10.

„Личниот елемент е од голема важност при секое вистинско подучување. Христос ги подучувал луѓето поединечно. Токму со личен контакт и дружење Тој ги обучил Дванаесетте ученици. Токму во четири очи, често пред само еден слушател, ги давал Своите најдрагоцени совети.“
— Воспитување, 205 (231).

в. Колкава е вредноста на малите ситници за Божјите работници? Лука 16,10.

„Запоставувањето на малите нешта често доведува до занемарување на поголеми одговорности.“ – Слуги на еванг., 128 (145).

„Никогаш не потценувајте го значењето на малите нешта. Малите нешта ја дополнуваат актуелната дисциплина во животот. Благодарение на тоа душата се обучува да расте налик на Христа, или да го носи ликот на злото. Бог ни помага да оствариме навики на размислување, разговор, гледање и акции со што ќе им посведочиме на сите околу нас дека сме биле со Исуса и дека сме се научиле од Него.“ – Совети за детето, 129.130.

„За Елисеј… се зборувало како за оној кој на својот господар Илија му ги полевал рацете. Како личен придружник на пророкот, тој продолжил да се покажува верен во мали нешта, додека секој ден во него зајакнувала одлуката да се посвети на повикот кој Бог му го одредил.“
— Воспитување, 49 (58.59).

Четврток — 18. јуни
5. ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ЦЕЛАТА ВЕЧНОСТ

а. Која е целта на вистинското образование, и што ова образование вклучува? Второзаконие 28,13.

„Да се обнови во човекот сликата на неговиот Творец, да се врати во состојба на првобитното совршенство, да се поттикне развојот на телото, умот и душата, за да биде остварена божествената цел на создавањето – тоа е делото на откупувањето. Тоа е целта на воспитувањето, големата цел на животот.“
— Воспитување, 11 (15.16).

б. Иако на Новата Земја нема да постои болест, што ќе опфаќа образованието на откупените? Откровение 22,12.

„Небото е училиште; неговиот делокруг на проучување е вселената; неговиот учител, Бесконечниот. Филијалата на ова училиште била основана во Едем; и кога планот на спасението ќе се оствари, образованието повторно ќе продолжи во училиштето во Едем.“ – Воспитување, 269 (301).

„И во идниот живот… наша најголема радост и наше највисоко воспитување ќе наоѓаме во служењето.“
— Воспитување, 275 (309).

в. Опишете ги образовните теми кои ќе се ценат и проучуваат низ целата вечност? Матеј 23,10; Захарија 13,6; Откровение 21,22.

Петок — 19. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какви предности образованието ќе им донесе на Божјите работници?

2. Кои гранки на образованието треба да имаат приоритет во нашиот живот и зошто?

3. Кога треба да бидат поставени темелите на образованието во поглед на здравјето и зошто?

4. Како може еден учител да биде успешен во учењето и во поучувањето на своите студенти?

5. Зошто ќе постои потреба за образование и на Новата Земја и што во тоа образование ќе биде опфатено?

2015 • 2. Квартал

13. лекција – Здравје на Новата Земја

27. јуни 2015
„И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“
— Откровение 21,4.
„Спасениот народ нема да познава друг закон освен законот на небото. Сите ќе бидат среќно и сложно семејство, облечено во облеки на пофалба и благодарност.“
— Пророци и цареви, 498 (733).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 491-499.

Недела — 21. јуни
1. НЕПОКОЛЕБЛИВА НАДЕЖ

а. Иако мнозина од Божјиот народ починале како резултат на разни болести, каква е сепак надежта на верниците? Јов 19,26.27. Како можеме да стекнеме нова храброст дури и во болест?

„Во личните искуства кај секого од нас постои време на големи разочарувања и крајно обесхрабрување… Кога би можеле во таквите моменти со својот духовен вид да проникнеме во смислата на Божјото провидение, ние би ги виделе ангелите како сакаат да нè спасат од самите нас, стремејќи се да ги постават нашите стапала на темел кој е поцврст од вечните ридови; и тогаш во нас ќе проструи нова вера и нов живот… Од најголемите длабочини на обесхрабрување и безнадежност, Јов се искачил до безрезервните височини на цврста вера во милоста и спасоносната Божја сила.“
— Мојот живот денес, 358 (328).

б. На што се темели оваа надеж? Јов 19,25; 1 Коринтјаните 15,20.

„Воскресението на Исус претставува пример за конечното воскресение на сите оние кои заспале во Него. Воскреснатото тело на Спасителот, Неговото однесување, Неговиот акцент во говорот — сето тоа им било познато на Неговите следбеници. На сличен начин и оние кои заспале во Исуса ќе воскреснат.“
— Коментари на библиските текстови, 681.

Понеделник — 22. јуни
2. ТЕМЕЛНА ПРОМЕНА

а. Каква физичка промена ќе искусат верните во последната труба? 1 Коринтјаните 15,51-55.

„Тука над отворените гробови стои воскреснатото мноштво (утрото на воскресението). Последната нивна мисла била за смртта и смртните маки. Последните мисли биле за гробот и погребувањето, но сега тие воскликнуваат: ‘О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?’ (1 Коринтјаните 15,55)… Кога ќе се разбудат сета нивна болка исчезнала… Тука тие, во моментот на воскреснување, конечно ја примаат бесмртноста, и преобразени одат да се сретнат со својот Господ во воздухот. Вратата на Божјиот град се отвораат на нивните златни шарки, а народите кои се одржале во вистината влегуваат внатре.“
— Коментари на библиските текстови, 683.

б. На кои ветувања можеме да ја темелиме нашата надеж кога сме физичките болни? Исаија 35,3-6; Откровение 21,4.

„Оваа земја е место на подготовка за небото. Времето поминато тука претставува зима за христијанинот. Овде студените ветрови на болката удираат врз нас, а брановите на проблемите се превртуваат врз нас. Но, во блиска иднина, кога Христос ќе дојде, тагите и воздишките засекогаш ќе завршат. Тогаш ќе настапи лето за христијанинот. Сите искушенија ќе завршат и нема да има повеќе болест или смрт.“
— Коментари на библиските текстови, 948.

в. Кое ќе ја земеме во предвид прекрасната надеж која нè очекува на небото, какви мисли треба да го обземат нашиот ум? Филипјаните 4,8.

„Преку гледање ние се менуваме, и ако во мислите постојано се задржуваме на нашиот божествен Модел, ќе посакаме целосно да се преобразиме и обновиме во сликата на Неговата чистота. Ќе чувствуват глад и жед на душата да станеме слични на Оној кого го обожаваме. Колку повеќе нашите мисли се задржуваат на Христа, толку повеќе ќе зборуваме за Него на другите и повеќе ќе Го истакнуваме пред светот. Ние сме повикани да излеземе и да бидеме одвоени од светот, за да можеме да бидеме синови и ќерки на Севишниот; и ние сме под света обврска да Го славиме Бога, како Негови деца на земјата. Важно е умот да остане на Христа.“
— Коментари на библиските текстови, 254.

Вторник — 23. јуни
3. НОВ ФИЗИЧКИ ЖИВОТ

а. Кои се некои од физичките карактеристики на откупените кога тие ќе станат од своите гробови? 1 Коринтјаните 15,35.42.43. Како оние кои починале пред многу години ќе се разликуваат од оние во подоцнежните генерации? Псалм 90,17.

„Сите излегуваат од своите гробови исти по стас како што биле закопани. Адам, кој е меѓу воскреснатото мноштво, се истакнува по височина и по својот величествен изглед, по раст само малку понизок од Божјиот Син. Неговата става покажува очигледна разлика во споредба со луѓето од подоцнежните поколенија; тука се гледа колку човечкиот род се дегенерирал. Но сите стануваат со свежина и сила на вечна младост. Во почетокот човекот бил создаден според Божјиот лик не само по карактерот, туку и по ликот и по изгледот. Гревот ја расипал божествената слика во човекот и речиси ја избришал. Но Христос дошол пак да го возобнови она што е загубено. Тој ќе го преобрази нашето понижено тело и ќе го направи слично на Своето прославено тело. Смртното, распадливо тело, лишено од убавината, некогаш опогането со грев, станува совршено, убаво и бесмртно. Сите мани и недостатоци се оставени во гробот. Бидејќи ќе имаат пристап кон дрвото на животот во одамна загубениот Едем, откупените ќе растат до мерата на висината на човечкиот род во неговата првобитна слава. Ќе бидат отстранети последните преостанати траги од проклетството на гревот, а Христовите верни ќе се појавват во убавината на Господа, нашиот Бог, по духот, душата и телото, одразувајќи ја совршената слика на својот Господ. О прекрасен откуп, за кој многу се зборувало, кој долго се очекувал, многу се сакал, но никогаш целосно не бил сфатен!“
— Големата борба, 671 (644.645).

б. Какви средства Бог користел за продолжување на животот пред падот? Создавање 2,9. Што укажува на тоа дека Тој повторно ќе ги искористи истите средства и на Новата Земја? Откровение 22,2.14.

„Дрвото на животот ја претставува Христовата заштитна грижа за Неговите деца. Кога Адам и Ева јаделе од ова дрво, тие ја признавале својата зависност од Бога. Дрвото на животот поседувало моќ да го овековечи животот и, сè додека јаделе од него, тие не можеле да умрат. Животот на претпотопните генерации бил долготраен благодарение на животворната сила на ова дрво, која Адам и Ева преку наследство ја пренеле на нивните потомци.“
— Коментари на библиските текстови, 949.

Среда — 24. јуни
4. НАСОЧУВАЊЕ НА НАШИОТ УМ

а. На што Бог сака да ги насочиме нашите мисли, дури и кога сме болни? 1 Солунјаните 5,18. Зошто? Изреки 17,22.

„Човекот чијшто ум наоѓа мир и задоволство во Бога е на патот на здравјето.“ – Мојот живот денес, 164 (150).

„Во Писмото постои една физиолошка вистина – вистина на која треба сериозно да обратиме внимание: ‘Веселото срце е благотворно како лек’ (Изреки 17,22). Вистинските начела на христијанството отвораат пред сите извор на непроценлива среќа. Ние треба да го поттикнеме духот на пријатното расположение и мирољубивост и секогаш да бидеме полни со надеж, бидејќи од тоа зависи нашето здравје.“
— Мојот живот денес, 165 (151).

б. Кои ветувања можат да го утешат болниот во неговата неволја? Филипјаните 4,6.7; Псалм 103,1-3.

в. Како болните можат да бидат благослов за другите и каков ефект ќе има тоа врз нив самите? Матеј 5,16; Исаија 58,6-8.

„Ако човекот во својот ум е слободен и среќен, бидејќи е свесен дека чини добро и наоѓа задоволство во тоа што ги усреќува другите, тоа создава расположение кое делува на целиот организам, предизвикувајќи послободна циркулација на крвта и јакнејќи го целото тело.“
— Мојот живот денес, 164 (150).

г. За кои работи болните можат да размислуваат, дури и кога тие не можат веднаш да го видат непосредното излекување? Псалм 77,11.12.

„Христијанинот треба да живее толку блиску до Бога, за да може да го покаже и препорача она што е возвишено – „плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога“ (Филипјаните 1,11). Неговото срце секогаш треба да биде исполнето со благодарност и пофалби. Тој секогаш треба да биде подготвен да ги признае благословите што ги примил, сеќавајќи се на Оној Кој рекол: ‘Кој принесува жртва благодарствена, тој Ме прославува’ (Псалм 50,23)… Должност на секој е да негува ведрина наместо да размислува за тешкотиите и неволјите.“
— Мојот живот денес, 167 (153).

Четврток — 25. јуни
5. ИСКАЖУВАЊЕ НА ВАШАТА РАДОСТ

а. Зошто можеме да бидеме радосни дури и во мачни околности? Исаија 65,17-19; 1 Коринтјаните 2,9.

„Божјите деца треба да се радуваат во сите околности и во секое време. Кога ќе наидат неволји и тешкотии, довербата во Божјото мудро провидение може да им донесе радост. Не очекувајте чувствата на радост и среќа сами да ви долетаат, туку со вера фаќајте се за Божјите ветувања и подигнете химна на благодарност кон Бога.“
— Во небесните пространства, 123.

б. Што ќе направиме кога своите искушенија ќе ги споредиме со она што Исус го има направено за нас? Псалм 62,5.6; 63,3.4.

„Во Христовите раце можете да најдете целосен одмор. Размислувајте за Неговата голема љубов, и додека размислувате за Неговото самоодрекување и за Неговата бескрајна жртва поднесена заради нас, додека верувате во Него, вашето срце ќе се исполни со света радост, спокоен мир и неопислива љубов. Додека зборуваме за Христа и додека Го повикуваме во молитва, нашата доверба во Него како наш личен Спасител ќе зајакнува и Неговиот прекрасен лик сè повеќе и повеќе ќе се одразува во нас. Нашиот мир е како надојдена река, чии бранови на слава еден по друг се сливаат во нашето срце, и ние навистина вечераме со Христа и Тој со нас. Имаме вистинска претстава за Божјата љубов и во неа го наоѓаме својот мир. Нема јазик што може ова да го опише; тоа ја надминува моќта на знаењето. Ние стануваме едно со Христа и нашиот живот е сокриен со Христа во Бога. Со силна доверба можеме да Го наречеме Бога наш Татко.“
— Коментари на библиските текстови, 259.

Петок — 26. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква надеж можеме да имаме дури и кога сме болни од неизлечиви болести?

2. Опишете ги физичките промени на верните при Христовото второ доаѓање?

3. Каква разлика ќе се види меѓу откупените при воскресението?

4. Каква причина за благодарност кон Господ можеме да имаме дури и во ситуации кои најмногу обесхрабруваат?

5. Зошто не треба да ја криеме нашата радост и надеж која Бог ни ја нуди?