2014 • 2. Квартал
1. лекција — „ИЗРАЕЛ ВО ХАНАН“
5. април 2014
„И Му служеше Израел на Господ во сите денови Исусови, и во сите денови на старешините, кои го поминаа времето со Исус и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израел“.
— Исус Навин 24,31
„Израелците само делумно ја послушале Божјата заповед (да ги истераат сите жители на Ханан), и многу поколенија биле погодени од остатокот на тие идолски народи“.
— Знаци на времето, 13. јануари, 1881.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 574-580.
Недела — 30. март
1. ОБНОВЕНИОТ ЗАВЕТ ПОВТОРНО ЗАБОРАВЕН
а. Како Исус Навин, пред крајот на својот живот, го опоменувал народот да му остане верен на Господ? И како тие реагирале на неговата опомена? Исус Навин 24,15.16.20-26.
„Бог го поставил својот народ во Ханан како еден силен бедем да го задржува напливот на моралните зла да не го преплават светот. Кога Израелците би му останале верни на Бога, тие, според Божјата намера, би напредувале од победа во победа. Тој би им ги предал во раце народите поголеми и посилни отколку што биле Хананејците“.
— Патријарси и пророци, 575.
б. Што тие после смртта на Исус Навин сепак направиле? Судии 2,7.8.11.12; 3,5–7.
„Непочитување на Божјите ограничувања од страна на оние што влегле во хананската земја посеано е семе на зло што продолжило да донесува горчливи плодови на многу поколенија… Израелците поради своите гревови биле одвоени од Бога. Биле лишени од Неговата сила и не биле веќе надмоќни над своите непријатели“.
— Патријарси и пророци, 575.576.
Понеделник — 31. март
2. „СЕКОГАШ ПОСТОЕЛ ОСТАТОК“
а. Кој термин го користи Библијата за реформаторите во тој период од црковната историја? Кој збор се користи за да се опише реформаторската улога на овие Божји слуги? Судии 2,16.18.
б. Опишете го длабокото застранување кое Божјиот народ го искусил? Псалм 78,58-62. Како Бог, сеќавајќи се на заветните ветувања дадени на Аврам, го избавувал својот народ од нивните непријатели? Псалм 78,65.66.
в. Иако мнозина можат да се одвратат од Бога, каква сигурност имаме дека вистината никогаш нема да биде оставена без своите верни носители? Исаија 1,9; Римјаните 11,1-5. Што укажува на тоа дека Бог ќе го користи верниот остаток да го реформира својот народ на крајот од времето? Проповедник 3,15.
„Сепак, Тој никогаш не се откажал наполно од својот народ. Секогаш постоел еден мал остаток – оние што му останале верни на Бога; и Господ од време на време подигал верни и храбри луѓе да го рушат идолопоклонството и да го ослободуваат Израел од неговите непријатели“.
— Патријарси и пророци, 576.
„Големиот Поглавар кој се движи среде Неговите свеќници, никогаш не бил без своја црква… Ако ние одбиваме да и дозволиме на нашата светлина да свети за Господарот… другите ќе го направат она што ние сме можеле да го направиме, но сме одбиле да го сториме тоа“.
— RH, 7. јуни, 1897.
„Мнозина од луѓето кои имале голема светлина не ја ценеле истата и не се подобриле… Тие ги негираат начелата на вистината во пракса и му нанесуваат срам на Божјото дело. Христос изјавува дека таквите ќе ги изблуе од својата уста… Својата порака Господ им ја дава на оние кои одат во согласност со вистината што ја имале и таквите ќе ги признае како вистински верници… Таквите луѓе ќе ги заземат местата на оние кои, имале светлина и знаење, но не оделе по патот на Господа, туку по мислите на нивните непосветени срца“.
— Одбрани пораки 3, 421.422.
„Во часот на најголема опасност за црквата, најогнени молитви за неа ќе упатува верниот остаток“.
— 5 Сведоштво, 495.
Вторник — 1. април
3. ИЗРАЕЛЦИТЕ ИЗВИКУВААТ КОН БОГА ОД ОЧАЈ
а. Споменете некои од ослободителите од редот на верниот остаток кои Бог ги подигнал во времето на првите судии. Судии 3,9.15.31; 4,4.6. После овие јунаци, кој бил повикан да го скрши јаремот на угнетувачите? Судии 6,11-14.
„На Гедеон му бил упатен Божји повик да го ослободи својот народ… Бил жалосен поради постоечката состојба и размислувал како би можел да го скрши јаремот на угнетувачот на неговиот народ“.
— Патријарси и пророци, 578.
б. Зошто Гедеон побарал знак од Оној кој зборувал со него? Судии 6,17-21.
„Гедеон барал некаков знак дека оној што му се обраќа бил заветниот Ангел кој во минатите времиња се залагал за Израелците. Божјите ангели, кои некогаш разговарале со Авраам, еднаш го прифатиле неговото гостопримство; и Гедеон сега сесрдно го убедувал небесниот Гласник да остане кај него како негов гостин. Брзајќи кон својот шатор, приготвил од своите сиромашни резерви едно јаре и пресни лебови па сето тоа го донел и го поставил пред него. Но ангелот му наредил: ‘Земи го месото и погачата и стави ги на оној камен, а чорбата истури ја’. Гедеон го направил тоа, а потоа му бил даден бараниот знак: Ангелот со својот стап го допрел месото и пресните лебови и од карпата пламнал оган спалувајќи ја жртвата. Потоа ангелот исчезнал од неговиот видокруг“.
— Патријарси и пророци, 578.
в. Кое уверување го смирило Гедеон откако сфатил дека ангелот на Заветот кој се појавил пред неговите очи бил самиот Христос? Судии 6,22.23.
„Овие милостиви зборови изговорени од страна на истиот сочувствителен Спасител кој на своите исплашени ученици на бурното море им кажал: ‘Јас сум, не бојте се’ (Марко 6,50). – Оној кој со истите зборови им се јавил на своите загрижени ученици ‘во Горната соба’, сега му рекол на Гедеон: ‘Мир на тебе, не плаши се, нема да умреш’ (Судии 6,23)“.
— Знаци на времето, 23. јуни, 1881.
Среда — 2. април
4. ПРВА ЗАДАЧА– РЕФОРМА ВО СЕМЕЈСТВОТО
а. Каде Гедеон ја започнал реформата во Израел? Судии 6,25.27.28
„Гедеоновиот татко Јоас, кој учествувал во отпадот на своите сонародници, живеел во Офра и тука му подигнал голем олтар на Вал, пред кој мештаните се клањале. На Гедеон му било наредено да го урне тој олтар, а на карпата каде што му била запалена жртвата да му подигне олтар на Јехова и таму да принесе жртва. Принесувањето на жртви на Господа им било доверено на свештениците и тоа само на олтарот подигнат во Силом. Но Оној кој ја воспоставил обредната служба и на кого укажувале сите тие жртви, имал власт да ги менува своите барања. На ослободувањето на Израел морало да му претходи свечен протест против служењето и клањањето на Вал. Гедеон морал да му објави војна на идолопоклонството пред да може да тргне во борба против непријателите на својот народ.
„Божјиот налог бил верно извршен. Знаејќи дека ќе наиде на отпор ако се обиде тоа да го стори јавно, Гедеон својата задача ја извршил тајно. Со помош на своите слуги сѐ завршил за една ноќ“.
— Патријарси и пророци, 578. 579.
б. Каква била реакцијата на луѓето од градот следното утро кога виделе дека олтарот на Вал бил уништен? Судии 6,30.
в. Како Јоас, како истакнат човек во градот, застанал во одбрана на неговиот син, и што му рекол тој на мноштвото? Судии 6,31.32.
„Голем бил гневот на жителите на Офра кога следното утро дошле да се поклонат перед Вал. Тие Гедеона и би го убиле кога Јоас – кој бил известен за посетата на Ангелот – не би станал во одбрана на својот син. ‘Вие ли ќе го браните Вал?’, рекол Јоас, ‘вие ли сакате да го избавите? (Судии 6,31). Оној што го брани ќе загине утрово. Ако е бог, сам нека расправи со него што му го урнал олтарот.’ А ако Вал не можел да го одбрани ниту својот олтар, тогаш како можела да му се довери заштита над неговите поклоници“.
— Патријарси и пророци, 579.
Четврток — 3. април
5. ОСОБИНИ ПОТРЕБНИ НА ХРИСТОВИТЕ ВОЈНИЦИ
а. Која поука поборниците на крстот треба да ја научат од Гедеон? Римјаните 15,4; 1 Петрово 3,15.
„Господ е подготвен да направи големи работи за нас. Победата можеме да ја здобиеме не преку бројки, туку преку целосното предавање на душата на Исус. Да одиме напред во Негова сила, надевајќи се во силниот Бог Израелов… Во записот за Гедеоновата војска се наоѓа една поука за нас. Господ и денес исто така е подготвен да работи преку човечките напори и да постигне големи работи преку слаби инструменти. Од суштинско значење е да имаме јасно познавање за вистината, бидејќи како поинаку би можеле да се спротивставиме на нејзините лукави противници? Библијата мора да се проучува, не само заради запознавање со нејзините учења, туку и заради нејзините практични поуки. Никогаш не треба да бидете изненадени, никогаш не смеете да бидете без своето оружје. Бидете подготвени за секое изненадување, за секој повик на должност. Будно искористете ја секоја можност да ја презентирате вистината, запознајте се добро со пророштвата и со Христовите поуки. Но немојте да верувате во добро подготвени аргументи. Аргументот самиот по себе не е доволен. Морате да го барате Бога на своите колена, за да влијаете на луѓето морате да бидете вооружени со силата на Неговиот Дух.
„Дејствувајте веднаш. Бог сака да реагирате во вистински момент, како што тоа го правеле Гедеоновите војници. Многу пати проповедниците се премногу прецизни, премногу планираат и пресметуваат. Додека тие се подготвуваат да направат нешто големо, можноста за тоа добро дело поминува неискористена. Проповедникот, еден сирот и ограничен човек, се однесува така како да целиот товар лежи врз него, додека Исус го носи и него и неговиот товар и уште многу повеќе. Браќа, верувајте помалку во себе, а повеќе во Исуса“.
— Библиски коментари, 122.
Петок — 4. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што се случило, после смртта на Исус Навин, кога Израелците удобно се сместиле во Ханан?
2. Каква сигурност можеме да имаме дека вистината никогаш не била оставена без своите верни поборници?
3. Каде Гедеон го започнал делото на реформа во Израел?
4. Како Јоас се обидувал да го смири гневот на народот?
5. На кој начин можам подобро да се подготвам за извршување на доверената задача?
2014 • 2. Квартал
2. лекција — „ГЕДЕОН“
12. април 2014
„Другиот му одговори: „Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеон, синот на Јоас, Израелецот; Бог ги предал во рацете негови Мидјаните и целиот логор“.
— Судии 7,14
„Сите оние кои ќе бидат војници на Христовиот крст, мораат да го препашат оклопот и да се подготват за судирот. Тие не треба да бидат заплашени од страна на закани или преплашени од опасностите. Мораат да бидат претпазливи во опасностите, но сепак цврсти и храбри во соочување со непријателот и да се борат за Бога“.
— Библиски коментари, 122.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 579-587.
Недела — 6. април
1. ЧОВЕК ПОДГОТВЕН ДА ГО ПОСЛУША БОГА
а. Кога Мадијамците и Амаличаните дознале дека Гедеон го уништил олтарот на Вал и дека оформил армија, што тие направиле? Судии 6,33.
б. Што Гедеон направил, со Божја помош, за да се подготви за претстојната битка? Судии 6,34.35.
в. Со кои инструкции од Господа Гедеоновата војска е намалена на триста луѓе? Судии 7,2-7.
„(Гедеон) се зачудил кога Господ му рекол дека неговата војска е премногу голема. Но Господ ја видел гордоста и неверноста во срцата на својот нарог… Загреани за возбудливиот повик на Гедеон, тие биле готови да се отповикаат, но кога ги виделе огромните маси Мадијамци, мнозина се уплашиле. Сепак, во случај Израелците да победат, истите тие, наместо победата да му ја препишат на Бога, сета слава би ја присвоиле за себе“.
— Патријарси и пророци, 580.
Понеделник — 7. април
2. НЕМА МЕСТО ЗА НЕМАРНИ И ОНИЕ КОИ САМО НА СЕБЕ СИ УГОДУВААТ
а. Каква поука можеме да научиме од начинот на кој 32.000 луѓе биле проверувани? Марко 8,34. Кои се некои од важните особини на кои треба да обратиме внимание при изборот на мажи и жени за работа во Евангелието и денес? Римјаните 12,11.
„За немарните и за оние кои гледаат да си угодат само себеси нема место во Божјото дело. Неговиот избор паднал врз оние малобројни кои не сакале поради задоволување на личните потреби да се задржуваат при извршувањето на своите должности. Овие триста избраници, покрај тоа што биле храбри и подготвени за самосовладување, биле луѓе од вера. Тие не биле извалкани со идолопоклонство. Нив Бог можел да ги поведе и преку нив можел да го ослободи Израел. Успехот не зависел од бројот. Ослободувањето Бог може да го изврши со мал број исто како и со голем. Тој не се прославува толку со голем број, колку со карактерот на оние што Mу служат“.
— Патријарси и пророци, 581.
„Ние сакаме мисионери, кои се мисионери во целосна смисла на зборот, кои ќе ги остават настрана себичните размислувања, ставајќи го Божјо дело на прво место; и кои пред очите ќе ја имаат само Неговата слава и секогаш ќе бидат подготвени да одат онаму каде Бог им заповедува, и да работат со целиот свој капацитет во ширење на познавањето на вистината“.
— Слуги на евангелието, 410.
б. Имајќи ја во вид одговорноста дадена на родителите да ги обучуваат своите деца во навиките на корисност (Изреки 22,6), на кое прашање – упатено до царот на Јуда – родителите ќе мораат да одговорат? Еремија 13,20 (последен дел).
„Родителите не можат да сторат поголем грев отколку кога ќе ја занемарат својата од Бога дадена одговорност дозволувајќи им на своите деца ништо да не работат; бидејќи таквите деца наскоро ќе научат да го сакаат безделничењето и растат во неснаодливи, бескорисни мажи и жени“.
— Водење на детето, 122.
„Бог… е незадоволен со оние кои се премногу немарни или премногу мрзливи нешто да постигнат или да го продлабочат своето знаење. Господ нѐ повикува да Го љубиме со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој ум. Токму тоа нѐ обврзува да го развиваме нашиот интелект во полна мера, како би можеле да го запознаеме и да го љубиме нашиот Творец“.
— Христовите поуки, 294.
Вторник — 8. април
3. МЕЧОТ НА ГЕДЕОН
а. После ноќта помината во страв од претстојниот судир со Мадијамците и Амалиците, што Господ му рекол на Гедеон да направи за да го охрабри? Судии 7,9-11.
б. Што Гедеон начул од двата непријателски војника, и каков бил одговорот на Гедеон? Судии 7,13-15.
„Гедеон сфатил дека преку тие непознати Mадијамски војници му зборува Божјиот глас. Се вратил кај своите малобројни луѓе и им рекол: ‘Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мадијанскиот логор!’ (Судии 7,15)“.
— Патријарси и пророци, 581.
в. Опишете го планот за напад, кој бил сугериран од страна на божественото откровение. Судии 7,16-20. Што направиле домаќините во паника, целосно збунети со овој план? Судии 7,21.22.
„Со Божјо упатство му е даден план за напад и тој веднаш тргнал да го изврши. Тие триста луѓе требало да ги подели во три чети. Секој човек добил по една труба и факел, привремено сокриен во земјено грне. Потоа биле распоредени така за да му се приближат на мадијамскиот логор од сите страни. На полноќ, кога екнал борбениот рог на Гедеон, затрубиле триста труби; потоа од скршените грниња наеднаш пламнале стотина запалени факели и сите триста Гедеонови војници се устремиле кон непријателите со стравотен воен вик: ‘Меч Господов и Гедеонов’.
„Војската била изненадена на спиење. На сите страни се видела светлина на запалени факели и отсекаде допирал звук од труби и воен вик на напаѓачите. Мадијамците мислеле дека се препуштени на милост и немилост на некаква натприродна сила, па целосно ги опфатил паничен страв. Со диви извици на тревога и страв бегале на сите страни да го спасат животот, и во забуната, мислејќи дека го убиваат непријателот, се убивале еден со друг“.
— Патријарси и пророци, 582.
Среда — 9. април
4. ГЕДЕОН ПРЕД ВНАТРЕШЕН КОНФЛИКТ
а. Што направиле илјадниците луѓе од останатите израелски племиња откако повикот на Гедеон допрел до нив? Судии 7,23. Што направиле припадниците на Ефремовото племе кога Гедеон ги повикал? Судии 7,24.25.
б. Зошто Ефремовото племе се налутило? Како Гедеон со својот скромен и мудар одговор го смирил неоправданиот гнев на луѓето од Ефрем? Судии 8,1-3.
„Духот на љубомора лесно можел да разгори караници што би довеле до судир и крвопролевање, но одговорот на Гедеон, во кој се видела неговата понизност, ја оладил јароста на Ефремовите луѓе, па во мир се вратиле во своите домови. Гедеон бил цврт и непопустлив кога биле во прашање начелата – во војната мошне храбар, а сепак во однесувањето со луѓето ретко љубезен и учтив“.
— Патријарси и пророци, 585.
в. Што треба една личност да научи пред тој или таа да може да стане успешен во придобивање на души? Изреки 15,1.33; 25,15; Кол. 4,6; 1 Петрово 3,15.
„Водачот што го избрал Бог да ги совлада Мадијамците, меѓу Израелците не заземал некоја истакната положба. Тој не бил ниту свештеник, ниту владетел, ниту Левит. Тој сам себеси се сметал за најмал во домот на својот татко. Но Бог во него видел храбар и чесен човек. Тој не се надевал во себе, туку доброволно дозволил Бог да го води. Бог за своето дело не бира секогаш луѓе со најголеми таленти, туку оние со кои може најдобро да се послужи. ‘Пред славата настапува понизност’ (Изреки 15,33). Господ најуспешно може да работи преку оние кои се најсвесни за својата неспособност и кои целосно се потпираат врз Него, гледајќи во Него свој водач и извор на својата сила. Тој ќе ги направи силни и мудри, поврзувајќи ја својата сила со нивната слабост и својата мудрост со нивното незнаење.
„Господ за својот народ би можел да стори многу повеќе кога би се негувала вистинска скромност. Но малку има такви на кои Тој може да им довери голема одговорност или голем успех, а да не станат самоуверени и да не заборават во колкава мера зависат од Него. Тоа е причината што Бог при изборот на орудијата за своето дело ги заобиколува оние што светот ги смета за големи, талентирани и достојни за почит. Таквите луѓе многу често се премногу горди и самољубиви. Тие сметаат дека можат да работат без да го прашаат Бога за совет“.
— Патријарси и пророци, 584.
Четврток — 10. април
5. УМОТ НА ГЕДЕОН ЗАПАЃА ВО ЗАБЛУДА
а. После значајната победа над Мадијамците и Амаличаните, како сатаната работел преку умот на Гедеон да го заведе народот на Израел на погрешен пат? Судии 8,24.27.
„Затоа што му било наредено да принесе жртва на карпата на која му се јавил ангел, Гедеон мислел дека е повикан да биде свештеник. Не чекајќи Божјо посветување, почнал да бара погодно место каде би завел систем на богослужение, слично на она што се вршело во шаторот за состанок… Оваа негова постапка била стапица не само за него и за неговото семејство, туку и за целиот израелски нарог. Неовластеното богослужение помогнало мнозина од народот најпосле да го напуштат Бога и да им служат на идолите. По смртта на Гедеон, голем дел од народот, заедно со неговото семејство, бил зафатен со нов отпаг. Токму оној човек кој некогаш со уривање на олтарот на Вал го уништил идолопоклонството во Израел, сега го завел народот од Бога“.
— Патријарси и пророци, 586.
„Многу малку се оние што сфаќаат колку далекосежни се нивните постапки. Колку често заблудите на родителите имаат најпогубно дејство врз нивните синови и врз синовите далеку по нивната смрт. Секој има извесно влијание врз другите и е одговорен за последиците на тоа влијание. Зборовите и делата имаат убедлива моќ и резултатот на она што ние го правиме сега ќе се покаже дури подоцна. Влијанието што го вршат нашите зборови и дела ќе има сигурно свое повратно дејство врз самите нас во вид на благослови или проклетства“.
— Патријарси и пророци, 587.
Петок — 11. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Гедеон се изненадил кога Господ му наредил да ја намали својата војска?
2. Зошто таквиот чекор во постојните околности бил неопходен?
3. Што му рекол Господ на Гедеон рано пред зори?
4. Што Гедеон го оспособило со таков мудар одговор да го смири неоправданиот гнев на Ефремовците?
5. Што треба една личност да научи пред тој или таа да може да стане успешен во придобивање на души?
2014 • 2. Квартал
3. лекција — „САМСОН“
19. април 2014
„И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Цора и Ештаол“.
— Судии 13,25.
„Божјото ветување дека преку Самсон ‘ќе почне да го избавува Израел од Филистејските раце’ (Судии 13,5) се исполнило, но колку е мрачен и страшен записот за животот на тој човек кој можел да послужи на слава на Бога и за слава на нацијата“.
— Патријарси и пророци, 599.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 591-600.
Недела — 13. април
1. ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО ПОД РЕПРЕСИЈА
а. Што Израелците правеле во времето на благосостојбата и мирот, после победите на Гедеон и Ефтај? Судии 10,6.7; 13,1.
б. Како Господ одговорил на нивните неодлучни повици за ослободување во овие прилики? Судии 10,13.14. Дали Господ и денес на сличен начин би му одговорил на својот народ?
в. Како Божјиот народ во тие времиња и како Неговиот народ денес, подржувајќи ја реформата, можат да бидат ослободени од гревот и угнетувањето? 2 Летописи, 7,14.
„Секогаш кога Израелците како негов народ ги отфрлиле гревовите што ги одделувале од Него, Тој ги услишувал нивните молитви и уште еднаш се зазел за нив“.
— Патријарси и пророци, 589.
„Наша прва задача е да го отфрлиме гревот, но за да го направиме ова ние мора да се приближиме до Бога за да го разбереме Неговиот карактер и Неговите барања, и на таков начин се осведочуваме колку сме грешни и колку ни е потребен Спасител“.
— RH, 4. март, 1884.
Понеделник — 14. април
2. ЗАБОРАВАЊЕ НА ИЗБРАНИОТ ОСЛОБОДИТЕЛ
а. Како Бог одговорил на молитвите на Израелците за ослободување од филистејското угнетување? Судии 13,24.25.
„Иако се чинело дека Бог не ги слуша нивните молитви, иако од година во година власта на нивните угнетувачи станувала сѐ потешка, Божјото провидение сепак за нив подготвило помош. И токму во првите години на робувањето под Филистејците, се родило дете преку кое Бог имал намера да ја понизи силата на нивниот моќен непријател“.
— Патријарси и пророци, 591.
б. Наместо да се посвети на својата мисија, како Самсон му овозможил на сатаната да го заведе и да го направи заробеник на силите на темнината? Судии 14,1-3.
„Кога Самсон би ги почитувал Божјите заповеди толку верно како неговите родители, тој би доживеал поблагодарна и посреќна судбина. Но него го расипало дружењето со идолопоклониците. Бидејќи градот Сарај бил во близина на филистејската земја, Самсон се мешал со нив во пријателски односи. Така, во неговата младост настанале интимни пријателски влијанија кои го затемниле целиот негов живот. Една млада девојка, која живеела во филистејскиот град Тамнат, го освоила неговото срце и тој решил да ја земе за жена“.
— Патријарси и пророци, 594.
„Тој не се прашал дали тој брак ќе му помогне подобро да го прослави Господа или ќе го доведе во таква положба во која не ќе може да ја оствари својата животна задача. Бог им ветил мудрост на сите оние кои пред сѐ се стремат Него да го прослават, но такво ветување нема за оние што настојуваат да ги задоволат само своите желби.
„Колку има такви кои упорно продолжуваат по истиот пат како и Самсон! Колку често се склучуваат брачни врски меѓу побожните и безбожниците затоа што во изборот на сопружниците господарат само телесните склоности“.
— Патријарси и пророци, 594.
в. Што направил Самсон, откако дознал дека неговата невеста го предала? Што се случило откако тој ја напуштил свадбата? Што се случило кога гневот на Самсон се оладил? Судии 14,15-20; 15,1.2.
Вторник — 15. април
3. САМСОНОВАТА СВЕТЛИНА СТАНУВА ТЕМНИНА
а. Откако слушнал дека неговата жена му била дадена на друг човек, како Самсон им се одмаздил на Филистејците? Судии 15,4.5.
б. Како Филистејците на Самсоновата одмазда крвнички возвратиле против неговата жена и нејзиниот татко? Судии 15,6-8.
„За да се одмазди, ги запалил сите фелистејски полиња и лозја, а Филистејците толку многу се налутиле на неа, што ја убиле, иако на вероломност била наведена токму со нивни закани со што започнала и целата работа. Самсон и пред тоа веќе дал доказ за својата необична сила – со голи раце убил млад лав и триесет луѓе во Аскалон. А тогаш, разјарен поради тоа што Филистејците на толку свиреп начин му ја убиле жената, ги нападнал и ‘наполно ги порази’. Потоа, во потрага по сигурно засолниште од своите непријатели, се повлекол ‘во пештерата кај карпата Етам’ (Судии 15,8), во племето на Јуда“.
— Патријарси и пророци, 595.
в. Опишете го процесот во развојот на Самсоновиот карактер кој бил недостоен за неговата мисија и неговиот реформаторски повик. Како неговата историја често се повторува од страна на оние кои се повикани да бидат светлина во светот? Спореди: Матеј 6,23 со Галатјаните 5,9; 1 Јованово 2,11.
„Ако не решиме целосно да му се предадеме на Бога, ќе останеме во темнина. Ако и само малку се притеснуваме на сатаната му оставаме отворена врата низ која тој може да влезе да нѐ заведува со своите искушенија. Тој знае дека нема повеќе да има бариери против гревот само ако успее да го замрачи нашиот вид, така што окото на верата не може да го види Бога.
„Превласта само на една грешна желба покажува дека душата е во заблуда. Секое угодување на таквата желба го јакне во душата противењето на Бога. Кога чекориме по патеката што ја одбрал сатаната, стануваме опкружени со сенките на злото, а секој чекор води во уште подлабока темнина и се повеќе го заслепува срцето“.
— Мисли од гората, 65.
„Со тоа што упорно го негува злото и тврдоглаво ги занемарува барањата на божествената љубов, грешникот ја губи љубовта кон доброто, стремежот за Бога, па и самата способност да ја прими небесната светлина. Повикот на милоста сѐ уште е полн со љубов, светлината блеска исто толку јасно како тогаш кога прв пат заблескала во душата, но гласот наидува на глуви уши, светлината паѓа на заслепени очи“.
— Мисли од гората, 66.
Среда — 16. април
4. „ФИЛИСТЕЈЦИТЕ ГО ЗАРОБУВААТ“
а. И покрај Божјата намера да ги ослободи Израелците преку Самсон, со каква постапка Израелците ја покажале својата духовна деградација? Судии 15,10-13. Кој, во многу случаи, и на прво место треба да биде обвинет кога такво нешто ќе се случи меѓу Божјиот народ? Исаија 3,12; Матеј 15,14.
„Има луѓе на одговорни позиции кои учат едно а во пракса применуваат друго. Додека ревно ги осудуваат своите браќа, нивниот карактер во Божји очи е полош од оние што ги критикуваат и осудуваат. Овие луѓе се слепи водачи на слепите, и доколку искрено не се покаат пред Бога ќе пропаднат и едните и другите“.
— Свег. за црквата во Батл Крик, 13.
б. Бидејќи бил судија во Израел дваесет години (Судии 15,20), како сатаната го направил Самсона роб на Израеловите непријатели? Судии 16,1.4-6.16-20.
„Каква промена за човекот кој бил судија и заштитник на Израел! – а сега немоќен, слеп, затворен и деградиран до таа мера да работи тешки ропски работи. Малку по малку тој ги престапувал и ги погазил условите на својот свет повик. Бог со него долго имал трпение, но кога толку длабоко потонал во грев и ја предал својата тајна, тогаш и Бог отстапил од него“.
— Патријарси и пророци, 598.
в. Бидејќи Самсон не знаел како да ги контролира своите очи (во духовна смисла – Матеј 5,28.29), што Бог им дозволил на Филистејците да направат со неговите очи (во буквална смисла)? Судии 16,21.
„Во своите страдања и понижување, како играчка во рацете на Филистејците, Самсон научил повеќе од сопствената слабост отколку било кога порано; и неговата неволја го навела на покајание. Како што растела неговата коса, така постепено и силата му се враќала. Меѓутоа, неговите непријатели воопшто не се плашеле од тоа, сметајќи дека тој е само окован и беспомошен затвореник“.
— Патријарси и пророци, 598.
Четврток — 17. април
5. МЕЃУ ЈУНАЦИТЕ НА ВЕРАТА
а. Зошто според ваше мислење Самсоновото име се споменува меѓу јунаците на верата? Евреите 11,32; Судии 16,28-30.
б. На кое предупредување секој христијанин треба да обрати внимание, особено оние кои директно се ангирани во служба на Господа? 1 Коринтјаните 10,12.
„Грижата што ја води Бог во своето провидение за човекот, на Самсон не му била скусена, така што тој можел да се приготви за извршување на задачата за која бил повикан. Уште од почеток на својот живот живеел во околности што биле поволни за развој на неговите телесни и духовни сили и за развој на неговата морална чистота. Но, под влијание на лошото друштво, тој занемарил постојано да оди со Бога, што претставува единствена сигурност за човекот, и поројот на злото го зафатил. Сите кои на патот на должноста се доведени во искушение, можат да бидат сигурни дека Бог ќе ги сочува, но ако луѓето доброволно се изложуваат на силата на искушението, порано или подоцна сигурно ќе паднат.
„Сатаната со сите свои сили настојува да ги заведе токму оние луѓе што Бог има намера да ги употреби како свои орудија за некое нарочно дело. Тој нѐ напаѓа нас таму каде што сме најслаби, настојувајќи преку карактерните недостатоци да завладее со целото наше битие; и тој знае дека, доколку ние не ги отстраниме нашите недостатоци, неговиот успех е сигурен. Сепак никој не мора да биде победен. Во борбата против силата на злото човекот не е препуштен сам на себе. Помошта ни стои при рака и ќе ѝ биде дадена на секоја душа која искрено ќе ја побара“.
— Патријарси и пророци, 600.
Петок — 18. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога неколку верни верници во Израел се молеле за ослободување, кого Бог го подигнал од семејството на Маној?
2. Кој бил првиот запишан погрешен чекор на Самсон?
3. Колку бргу Самсон сфатил дека бракот помеѓу верник и неверник, кој донесува големи страдања, е голема грешка?
4. Опишете како Самсон чекор по чекор дозволил неговата светлина да стане темнина?
5. Под кои мизерни услови Самсон сепак дошол до покајание?
2014 • 2. Квартал
4. лекција — „ИЛИЈА И НЕГОВИТЕ СИНОВИ“
26. април 2014
„А синовите на Илија беа лоши луѓе. Тие не Го познаваа Господа“.
— 1 Самоилова 2,12.
„Илија не управувал со своето домаќинство во согласност со Божјите правила за владеење со семејството“.
— Знаци на времето, 6. април, 1888.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 609-615.
Недела — 20. април
1. ДЕТЕТО САМОИЛ
а. Кои значајни служби во иднина го очекувале детето родено од Елкан и Ана? 1 Самоилова 1,20; 3,20; 7,15-17.
б. За да ја исполни својата свечена заклетва на Бога, што Ана направила откако го додоила детето? 1 Самоилова 1,24. Што му кажала на првосвештеникот Илија? 1 Самоилова 1,26-28.
„Молитвата на Ана била примена; таа го добила подарокот за кој толку искрено се молела. Кога погледнала на детето, таа го нарекла Самоил – ‘зашто го измоли од Господа’. Штом момчето било доволно старо за да може да се оддели од неговата мајка, таа го исполнила ветувањето. Ана го сакала своето дете со сета преданост на мајчиното срце; посматрајќи го секој ден како се развива и ги слушала неговите детски муабети, го сакала сѐ повеќе и повеќе. Тоа ѝ било единствено дете, посебен небесен дар. Меѓутоа, бидејќи го примила како дар посветен на Бога, таа не сакала на Дарителот да му го скуси она што е Негово..“.
— Патријарси и пророци, 602.
„Верата и побожноста на оваа Израелка длабоко го трогнале Илија. Мошне попустлив како татко, се зачудил и понизил кога ја видел големата жртва на оваа мајка која се дели од своето единствено дете за да го посвети на служба на Бога. Почувствувал укор поради својата себична љубов, па се понизил и со страхопочит се помолил“.
— Патријарси и пророци, 603.
Понеделник — 21. април
2. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ УПАТЕНО ДО ПРВОСВЕШТЕНИКОТ
а. Што вели Библијата за детето Самоил? 1 Самоилова 2,26.
„Бог на сите во овој живот им дава можност за развој на карактерот. Сите можат да го заземат местото кое му е одредено во Неговиот голем план. Господ го прифатил Самоил од неговото најрано детство, бидејќи неговото срце било чисто и имал страхопочит кон Бога. Тој бил даруван на Бога, посветен на жртва, и Господ го направил, дури и во неговото детство, канал на светлина. А животот така посветен како што бил Самоиловиот имал голема вредност перед Бога. Ако младите и денес се посветат како што тоа го направил Самоил, Господ ќе ги прими и употреби во своето дело“.
— Библиски коментари, 137.
б. Како воспитното влијание на Илија влијаело на Самоил? Каква поука младите во нашето време треба да научат од примерот на Самоил?
„Самоил му бил доверен на грижа на Илија и убавината на детскиот карактер кај стариот свештеник предизвикувала топла наклоност. Момчето било љубезно, великодушно, послушно и полно со почит. Огорчен поради отпадот на своите синови, Илија наоѓал мир, утеха и благослов во присуство на својот малечок штитеник. Самоил бил услужлив и предан, и дури ни таткото не би го сакал своето дете колку Илија што го сакал Самоила. Имало нешто необично во тоа што меѓу највисокиот народен судија и едно дете се родила толку топла симпатија. Секогаш кога остарениот Илија би го обзела немоќ или би го мачела совеста поради лошото однесување на неговите синови, тој му се обраќал на Самоил да го теши“.
— Патријарси и пророци, 606.
в. Додека првосвештеникот Илија тагувал поради однесувањето на неговите синови, какво предупредување Господ му упатил преку еден пророк, и со каков знак тоа било потврдено? 1 Самоилова 2,27-30.34.
„(Илија), на себе навлекол Божјо незадоволство со тоа што не го осудувал гревот ниту ги казнувал грешниците. На него не можело да се смета дека Израелците ќе ги сочува чисти“.
— Патријарси и пророци, 612.
Вторник — 22. април
3. ИЗОПАЧЕНОСТА НА СВЕШТЕНИЦИТЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ТОА
а. Опишете ги пропустите на Илија како првосвештеник и врховен судија на нацијата во воспитувањето на своите синови. 1 Самоилова 2,12.17.22.
„На израелскиот свештеник и судија сосема јасно му била предочена должност со родителскиот авторитет да господари и да ги зауздува децата што му ги подарил Бог..“.
— Патријарси и пророци, 609.
„Но Илија дозволувал неговите деца да господарат. Таткото им бил потчинет на децата. Проклетството поради престапот на законот јасно се покажало во расипаноста и злото со кои било обележано однесувањето на неговите синови“.
— Патријарси и пророци, 610.
б. Каков ефект благите предупредувања и прекорите на првосвештеникот имале на неговите безбожни синови? 1 Самоилова 2,23-25.
„Иако целосно несоодветни за служба, сепак биле поставени во светињата како свештеници да служат перед Бога..“.
— Патријарси и пророци, 610.
„Овие неверни свештеници го престапувале Божјиот закон и ја обесчестувале нивната света функција со своето грдо и понизувачко однесување, а сепак и понатаму останувале во светињата валкајќи ја. Поради безбожното постапување на Офни и Финес многу луѓе од народот престанале да доаѓаат на местото каде што се вршело богослужението. Така е занемарена и презрена службата што ја пропишал Бог, зашто била поврзана со гревовите на овие безбожни луѓе. А оние, чиишто срца биле наклонети кон зло, се осмелиле уште повеќе да грешат. Безбоштвото, расипаноста, па дури и идолопоклонството, зеле страшен замав“.
— Патријарси и пророци, 611.
в. Каков ефект отпадништвото во Израел имало врз околните народи?
„И околните народи кои биле добро запознаени со неправдата што отворено се правела во Израел, станале уште посмели во своето идолопоклонство и во лошите дела. Тие воопшто не чувствувале дека се виновни за своите гревови како што би ги чувствувале кога Израелците би биле истрајни во својата чесност“.
— Патријарси и пророци, 618.
Среда — 23. април
4. САМОИЛ: ГЛАСНОГОВОРНИК НА БОГА
а. Бидејќи Бог не можел повеќе да комуницира со Илија или со неговите синови, кого Тој го повикал да ја пренесе последната порака на укор за домот на првосвештеникот? 1 Самоилова 3,2-4.
б. Мислејќи дека го вика првосвештеникот, што Самоил направил? 1 Самоилова 3,5.6. Кога Господ го повикал Самоила по трет пат, што Илија му кажал на момчето да направи? 1 Самоилова 3,8.9.
„Тогаш Илија се уверил дека таинствениот повик бил Божјиот глас. Господ го заобиколил својот одбран слуга, старецот со седа глава, и му се обратил на дете. Тоа веќе само по себе било горчлив но оправдан прекор за Илија и за неговиот дом“.
— Патријарси и пророци, 616.
в. Што Господ му наредил на Самоил да му каже на стариот првосвештеник? 1 Самоилова 3,11-14. Како Илија го придобил малиот Самоил ништо да не сокрие од него, и каков бил одговорот на Илија? 1 Самоилова 3,16-18.
„Илија ги укорувал своите синови со зборови полни со свеченост и со страшно значење- зборови за кои сите што учествуваат во светата служба треба добро да размислат: ‘Ако човек згреши против човек, ќе се помолат на Бога за него; но ако човек згреши против Господ, кој ќе биде тој што ќе моли за него’ (1 Самоилова 2,25)“.
— Патријарси и пророци, 614.
„Па сепак, Илија не покажал плодови на вистинско покајание. Ја признал вината, но не успеал да се откаже од гревот. Господ со години ја одложувал најавената казна. За тоа време можело многу да се стори за да се искупат грешките од минатото. Но стариот свештеник не презел ефикасни мерки за да го отстрани злото што го валкало Божјо светилиште и водело во пропаст илјадници Израелци. Божјото трпение придонело срцето на Офни и Финес уште повеќе да се стврдне, па тие биле уште подрски во престапите. Илија целиот народ го запознал со укорот и со опомената што му ја упатил Бог на неговиот дом. Се надевал дека на тој начин ќе ја намали немарноста на своите поранешни години. Но, предупредувањата биле занемарени од страна на народот, како што биле занемарени и од свештениците“.
— Патријарси и пророци, 617.
Четврток — 24. април
5. ПОУКА ЗА ЦРКВАТА ДЕНЕС
а. Како биле казнети безбожните свештеници, Офни и Финес? Со каков ужасен настан Бог ја повикал целата нација на покајание? 1 Самоилова 4,2; 14-18.
„(Изрелскиот) народ бил зрел да ја прими Божјата казна, па сепак (старешините) не увидувале дека нивните гревови биле причина за оваа ужасна несреќа“.
— Патријарси и пророци, 618.
б. Колку внимателна треба да биде црквата кога поставува луѓе во проповедничка служба? 1 Тим. 3,5-7.
„Црквата мора да ја покаже својата ревност за Бога во справувањето со оние кои, додека исповедаат голема вера, јавно го срамат Христа. Тие ја доведуваат во опасност вистината. Тие се неверни стражари. Таквите му нанесуваат прекор и срам на Божјото дело. Време е за одлучен и сериозен напор да се очисти црквата од калта и нечистотијата која го оцрнуваше нејзиниот добар глас и нејзината чистота“.
— Сведоштво за проповедници, 409.
„Стандардот на моралот не е возвишен доволно високо меѓу Божјиот нарог… Оние кои како проповедници стојат зад проповедалната треба да бидат луѓе со беспрекорна репутација… Постојат некои чудни отстапувања од начелата на моралот… ако оние што тврдат дека се чувари на Божјиот закон станат престапници на тој закон, Тој ќе ја повлече својата заштита“.
— 5 Сведоштво, 564. 567. 568.
Петок — 25. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која поука младите од нашето време треба да научат од примерот на Самоил?
2. Каков пропуст направил Илија во воспитувањето на неговите синови?
3. Како нашата недоследност ќе влијае на нашите соседи?
4. Каква ужасна несреќа допуштил Бог за да го наведе израелскиот народ на покајание?
5. Каков стандард се бара од оние кои го прифаќаат проповедничкиот повик?
2014 • 2. Квартал
5. лекција — „ВО ДЕНОВИТЕ НА САМОИЛ“
3. мај 2014
„И сиот Израел… дозна дека Самоил е поставен да биде пророк Господов“.
— 1 Самоилова 3,20.
„Самоил од страна на Бога му бил дарен на Израел со трикратна служба како судија, пророк и свештеник… Собирал околу себе млади луѓе кои биле побожни, разумни и студиозни. Тие биле наречени пророчки синови“.
— Знаци на времето, 22. јуни, 1882.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 627-636.
Недела — 27. април
1. САМОИЛ ПОВИКУВАН НА РЕФОРМА
а. Каков апел Самоил упатил до Израелците кои како народ сѐ уште биле во состојба на световност и идолопоклонство? 1 Самоилова 7,3.
б. Каков бил резултатот на неговиот апел? 1 Самоилова 7,4-6.
в. Што Филистејците направиле кога слушнале дека Израелците се собираат во Миспа? 1 Самоилова 7,7-9. Како Господ му помогнал на својот народ како одговор на нивното вистинско покајание? 1 Самоилова 7,10-13.
„Тогаш Оној што слегол на Синајската гора во облак од оган, чад и грмотевици, кој перед Израелците го разделил Црвеното Море, и кој низ Јордан им отворил пат, повторно ја покажал својата моќ. Врз воинствените чети се урнала страшна бура и земјата била покриена со мртви тела на силните воини.
„Растреперени од страв и надеж, Изрелците стоеле неми и со страхопочит. Кога го виделе поразот на своите непријатели, тие знаеле дека Бог го прифатил нивното покајание“.
— Патријарси и пророци, 626.
Понеделник — 28. април
2. ПРОРОЧКИ ШКОЛИ
а. Како на Израелците им било обрнато вниманието на потребата од вистинско воспитување? 5 Мојсеева 6,6.7; Псалм 119,130.
„Вистинската цел на воспитувањето е во човековата душа да се обнови Божјиот лик. Во почетокот Бог го создал човекот според својот лик… Гревот го извалкал Божјиот лик во човекот и речиси наполно го избришал. А за повторно да се воспостави тој лик, направен е план на спасение и на човекот му е подарено време на милост. Човекот повторно да се врати на оној степен на совршенство на кој се наоѓал при создавањето, тоа е големата цел на животот – цел што се наоѓа во основата на сите други цели“.
— Патријарси и пророци, 631.
б. Со каква цел Самоил ги воспоставил пророчките школи? Мал. 2,7.
„Пророчките школи ги основал Самоил да служат како брана од широко распространетата расипаност, да обезбедат морална и духовна благосостојба на младината и идна среќа на нацијата, на тој начин што ќе подига луѓе кои бидат способни во Божји страв да го водат и да го советуваат народот…
„Во времето на Самоил постоеле две такви школи, една во Рама, во родното место на пророкот, а друга во Киријат-Јарим, каде што во тоа време се наоѓал ковчегот на заветот. Подоцна се основани и други школи“.
— Патријарси и пророци, 628.
в. Кои биле главните предмети на проучување во тие школи? Второзаконие 6,21-25; Псалм 19,7-11; 71,22.
„Главни предмети што се изучувани во тие школи биле Божјиот закон, со упатствата дадени преку Мојсеј, потоа светата историја, музика и поезија… Во школите во тоа време главна цел на проучувањето била да се запознае Божјата волја и должностите на човекот кон Бога. Во извештаите на светата историја можеле да се забележат трагите од чекорите на Јехова. Големите вистини се објаснувани со помош на симболи, а верата помагала да се сфати главниот предмет на целиот систем – Божјо Јагне кое ќе ги земе на себе гревовите на светот“.
— Патријарси и пророци, 628.
Вторник — 29. април
3. ВОСПИТНИОТ ЕФЕКТ НА РОДИТЕЛСКОТО ВЛИЈАНИЕ
а. Како е објаснувано влијанието на Божјиот закон врз воспитувањето на децата? Излез 20,5.6.
„Оние кои им ја изнесуваат вистината на другите мораат и самите да живеат во согласност со нејзините принципи. Само доколку го одразуваат Божјиот карактер преку праведноста, благородноста и несебичноста на својот живот, ќе можат да влијаат на другите.
„Вистинското воспитување не е присилно поучување на неподготвен и неприемлив ум. Мораат да се разбудат менталните сили и да се поттикне интересот. Божјиот метод на проучување се погрижил за тоа. Оној кој го создал умот и му ги одредил законите, се погрижил и за негово развивање во согласност со нив… Бог му давал поуки на Израел, кои ги илустрирале принципите и го чувале споменот за Неговите прекрасни дела. Кога некој би поставил прашање, дадената поука би влијаела врз умот и срцето“.
— Воспитување, 41.
б. Која личност во Стариот и во Новиот Завет се истакнува како мајка која не успеала позитивно да влијае на своите ќерки? Лука 17,32.
„Сопругата на Лот била себична, нерелигиозна жена“.
— Патријарси и пророци, 167.
„Иако со тело била во рамнината, нејзиното срце останало во Содом и таа загинала со него. Таа се побунила против Бога, бидејќи Неговите казни го вклучиле и нејзиниот имот и нејзините деца“.
— Патријарси и пророци, 155.
в. Зошто ‘сѐ што (Ахан) имал’, вклучувајќи ги и неговите деца, било уништено заедно со него? Исус Навин 7,15.20.21.25.
„(Ахановото домаќинство) не било воспитано и образувано во склад со упатствата дадени во големиот критериум на Божјиот закон. Ахановите родители го воспитувале нивниот син на таков начин така што тој се чувствувал слободен да не ја послуша Божјата Реч. Принципите вткаени во неговиот живот го навеле и со своите деца да постапува на таков начин така што тие, исто така, биле изопачени. Умот дејствува и реагира на умот, а казната во која покрај Ахан биле опфатени и сите негови сродници, го открива фактот дека сите тие биле вклучени во престапот“.
— Водење на детето, 234.
Среда — 30. април
4. ИЗРАЕЛЦИТЕ БАРААТ ЦАР
а. Каков изговор Израелците користеле како поддршка на нивниот план да имаат цар кој ќе владее со нацијата? 1 Самоилова 8,4.5.
„На Самоил не му зборувале за случаите на злоупотреба на власта кај народот. Кога би му било познато лошото однесување на неговите синови, тој секако би ги сменил. Но старешините тоа и не го барале од него. Самоил сфатил дека вистински повод претставуваат незадоволството и гордоста и дека нивното барање е резултат на добро промислени, решителни намери“.
— Патријарси и пророци, 638.
б. Откако Самоил во молитва перед Господ ги изнел барањата на народот, што Господ му рекол? 1 Самоилова 8,6.7.
в. Што му одговориле луѓето на Самоил откако тие не го прифатиле Божјиот совет? Како оваа нивна грешка се одразила врз нивниот однос со Бога? 1 Самоилова 8,19.22.
„Господ преку своите пророци однапред кажал дека со Израелците ќе владеат цареви, но тоа не значело дека тој начин на владеење ќе биде најдобар за нив или во согласност со Неговата волја. Тој му дозволил на народот сам да се определи, зашто одбиле да го послушаат Неговиот совет. Осија кажува дека во својот гнев им дал цар (Осија 13,11). Кога луѓето ќе посакаат да одат по пат што сами си го одбрале, не прашувајќи го Бога за совет, или наспроти Неговата откриена волја, Тој често им ја исполнува желбата со цел преку горчливото искуство да ја увидат својата лудост и да се покаат за својот грев..“.
„Чувствувајќи ја својата зависност од Бога, тие постојано би му се приближувале. И тогаш би биле возвишени, облагородени и оспособени за високиот позив како Негов избран нарог. Меѓутоа, поставувањето на човек на престолот на Израел мислите на народот би ги одвратило од Бога; повеќе би се потпирале врз човечка сила, а помалку врз Божјата моќ, а грешките на нивните цареви би морале да ги наведат на грев и народот да го одвојат од Бога“.
— Патријарси и пророци, 639. 640.
Четврток — 1. мај
5. НАРОДОТ БАРА МОНАРХИЈА
а. Зошто Израеловите синови верувале дека за нив монархијата ќе биде најдобра форма на владеење? 1 Самоилова 8,19.20. Кој бил вистинскиот проблем? Второзаконие 1,30-32; 1 Самоилова 10,17-19.
„Внатрешните несогласувања ги слабееле; постојано биле изложувани на инвазија од страна на незнабожечките непријатели, па народот дошол до заклучок дека племињата мора да се обединат под силна централистичка управа за Израел да се одржи меѓу незнабошците. И колку повеќе отстапувале од послушноста на Божјиот закон, сѐ повеќе растела и желбата да се ослободат од владеењето на својот божествен Властодржец; и така меѓу Израелците сѐ повеќе се ширела идејата за основање на монархија“.
— Патријарси и пророци, 637.
б. Зошто народот со извици го прогласил Саул, Венијаминец, за цар на Израел дури и перед тој да биде инаугуриран? 1 Самоилова 10,22-24.
в. Зошто некои од луѓето биле незадоволни од изборот на Саул, особено поради тоа што Венијаминовото племе било најмало? 1 Самоилова 10,27.
Петок — 2. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како на потребата за вистинско воспитување било предочувано вниманието на Израелците?
2. Зошто Бог го поттикнал Самоил да основа верски училишта?
3. Како родител, како јас можам да влијаам врз моите деца повеќе отколку што сум свесен за тоа?
4. Зошто жената на Лот и сличните на неа биле дисквалификувани да шират позитивно влијание врз своите деца?
5. Што Бог често прави кога луѓето избираат да одат по својот пат спротивно на Неговата откриена волја?
2014 • 2. Квартал
6. лекција — „ПРВИОТ ИЗРАЕЛСКИ ЦАР“
10. мај 2014
„И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава“.
— 1 Самоилова 11,15.
„Преку пророкот Самоил Господ му дал упатства на Саул, дека чесноста во неговото постапување како цар на Израел мора да биде една од најистакнатите доблести“.
— Судир и храброст, 174.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 642-651.
Недела — 4. мај
1. ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРВИОТ ИЗРАЕЛСКИ ЦАР
а. Иако јасно ги укорил Израеловите синови за изборот на монархија, кои биле последните зборови на Самоиловиот говор? 1 Самоилова 12,20.25.
„Самоил не ги оставил луѓето во состојба на обесхрабреност, бидејќи тоа ќе ги спречи сите напори за подобар живот“.
— Патријарси и пророци, 650.
б. Иако Господ не бил задоволен што синовите Израелови избрале монархија (Осија 13,11), зошто сепак поставил цар над нив? 1 Самоилова 12,13; Езекиел 14,4. Во која смисла тие биле заслепени од сопствените гревови?
„Најголема благосостојба Израелците уживале во времето кога Јехова го признавале за свој Цар – кога законите и владеењето што ги воспоставил Тој ги сметале за повозвишени од законите на другите народи. Во врска со Божјите заповеди Мојсеј му рекол на народот: ‘Во тоа лежи вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи кои, кога ќе ги чујат сите тие наредби, ќе речат: Само овој народ е мудар и разумен народ’ (Второзаконие 4,6). Поради отстапувањето од Божјите закони, Евреите не станале народ каков што сакал Бог да станат; а потоа сето зло, што било последица на нивниот сопствен грев и лудост, ѝ го припишувале на Божјата управа. Толку многу гревот ги заслепил“.
— Патријарси и пророци, 639.
Понеделник — 5. мај
2. ИЗРАЕЛ НЕ УСПЕАЛ ДА ЕВАНГЕЛИЗИРА
а. На кои благословени ветувања, во повеќе наврати, вниманието на избраниот народ е насочувано од времето на Мојсеј? Второзаконие 7,6.11.14.18.
„Целта која денес Бог сака да ја постигне преку својот народ е иста како онаа која сакал да ја постигне преку Израел кога го извел од Египет. Посматрајќи ја Божјата добрина, милост, правда и љубов откриена во црквата, светот треба да стекне една претстава за Божјиот карактер. Кога Божјиот закон ќе се покаже со пример во животот, дури и светот ќе ја признае супериорноста на оние кои го љубат и се бојат од Него и Му служат, се повозвишени од секој друг народ на земјата. Господовото око почива на секој припадник на Неговиот народ; Тој за секого има свој план. Негова намера е оние кои ги практикуваат Неговиот свети прописи да бидат видливо особен народ“.
— 6 Сведоштво, 13.14.
б. Со што Израелците биле неквалификувани да ги евангелизираат незнабошците во времето на Судии? 1 Летописи 5,25.26.
„Татковците и мајките во Израел станале рамнодушни кон нивните обврски кон Бога; рамнодушни кон нивните обврски кон своите деца. Поради неверноста во домот и идолските влијанија од надвор, многу млади Евреи добиле воспитување кое многу се разликувало од она што Бог планирал за нив. Тие ги научиле патиштата на незнабошците“.
— Воспитување, 45.46.
в. Иако Израелците ја промениле формата на владеењето, како Самоил ја предупредувал неговата генерација на Божјата цел да бидат светлина на незнабошците? 1 Самоилова 12,14.15.
„Дисциплината и воспитувањето кое Бог ги одредил за Израел, требале да постигнат тој да се разликува од другите народи по севкупниот начин на живот. Оваа исклучителност… за нив била непожелна“.
— Воспитување, 49.
Вторник — 6. мај
3. ИЗРАЕЛ ПРЕСТАНУВА ДА БИДЕ ОСОБЕН НАРОД
а. Што покажува дека Израелците ја презирале привилегијата да бидат особен народ? 1 Самоилова 8,20.
„Бог Израелците ги одвоил од сите други народи со цел од нив да создаде особено богатство. Но тие, не обрнувајќи внимание на оваа висока чест, нетрпеливо сакале да го имитираат примерот на незнабошците. И денеска во народот кој тврди дека е Божји, постои копнеж својот живот да го прилагоди кон светските обичаи и навики. Како што отстапуваат од Господа тие стануваат поамбициозни за добивки и почести од светот“.
— Патријарси и пророци, 641.
б. Како и денес Божјиот народ се предупредува да не ги повторува грешките на Евреите? 1 Петрово 2,9; 2 Коринтјаните 6,17.18.
„Христијаните постојано се трудат да ги следат обичаите на оние што му се поклонуваат на богот на овој свет. Мнозинатврдат дека врз безбожниците може подобро да се влијае ако човекот се соедини со нив и се прилагоди кон нивните обичаи. Меѓутоа, сите што прават така се одделуваат од изворот на својата сила. Со тоа што се спријателуваат со светот, стануваат непријатели на Бога. Заради земни признанија, тие ја жртвуваат неизмерната чест што им ја укажува Бог, а која се состои од објавувањето на делата на Оној кој нѐ повикал да излеземе од темнината и да пристапиме кон Неговото чудесна светлина (1 Петрово 2,9)“.
— Патријарси и пророци, 641.
в. На каква опасност верните Божји слуги постојано ги предупредуваат своите браќа и сестри во вера? Јаков 4,4; 1 Јованово 2,15.16.
„Исус доаѓа; и зарем припадниците на својот народ да ги затече како се прилагодиле кон светот? Зарем Тој таквите ќе ги признае за свои следбеници кои треба да бидат чисти како што Тој е чист? О, не! Тој како свои ќе ги признае само оние кои се прочистени и кои облеките на својот карактер ќе ги избелат преку страдања, држејќи се до крај одвоени и неопоганети од светот“.
— 1 Сведоштво, 124.
Среда — 7. мај
4. САУЛОВАТА ПРОВЕРКА
а. Што се случило кога Израелците се обиделе да обезбедат мир со агресивните Амонци? 1 Самоилова 11,1-4.8.11. Наместо да има доверба во Господа кога се нашол во искушение, што Саул направил? 1 Самоилова 13,5-13. Сепак, како Бог им помогнал на Израелците? 1 Самоилова 14,31.
„Наступило време за проверка на Саул. Тој сега морал да покаже дали ќе зависи од Бога и трпеливо ќе чека според Неговата заповед или не, дали ќе се покаже како човек на кого Бог во тешките времиња може да му верува и да го води Неговиот народ, или со своето колебање ќе покаже дека не е достоен за светата одговорност што му била доверена“.
— Патријарси и пророци, 654.
б. Со што Саул и по втор пат покажал дрско пречекорување на дозволеното и дух на самовоздигнување? 1 Самоилова 14,24-29.43-45.
„Ќе го жртвува дури и својот роден син само да ги убеди своите приврзаници дека царскиот авторитет мора да се сочува… Кога неговата заповед е прекршена – иако била неумесна, а прекршокот направен во незнаење – царот и таткото му изрекол смртна пресуда на својот син. Меѓутоа, народот решително се спротивставил на извршувањето на таквата пресуда“.
— Патријарси и пророци, 660.
в. Какви поуки од Сауловите грешки треба да извлечат особено проповедниците и библиските работници? Матеј 7,2.
„Сите оние кои се најмногу подготвени да си простат и да ги правдаат своите гревови, често се мошне строги кога треба да им се суди на другите. Многумина, како Саул, врз себе навлекуваат Божјо негодување, а сепак ги отфрлаат советите и ги презираат укорите. Дури и кога ќе се уверат дека Бог не е на нивна страна, тие одбиваат да ја видат кај себе причината за нивните проблеми. Тие негуваат дух на горделивост и фалбаџиство, а кога станува збор за други, кои се подобри од нив, тогаш се мошне строги во прекорите. Добро би било кога таквите самонаречени судии би промислиле за следните Христови зборови: ‘Оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери’ (Матеј 7,2)“.
— Патријарси и пророци, 661.
Четврток — 8. мај
5. САУЛ КОНЕЧНО ОТФРЛЕН
а. Со што Саул, кога повторно бил искушан, покажал дека за него царскиот авторитет и чест се поважни отколку послушноста на Божјите заповеди? 1 Самоилова 15,1-3.7-9.20.21.
б. Зошто Бог конечно го отфрлил Саул како цар? 1 Самоилова 15,22-24.
„Опасен е чекорот да се занемарат советите и опомените на Божјата Реч или на Божјиот Дух. Мнозина, како и Саул, паѓаат во искушенија сѐ додека не станат слепи за вистинскиот карактер на гревот. Тие си ласкаат себеси како имаат перед себе некаква возвишена цел и како божем не сториле никаква неправда со тоа што отстапиле од Божјите барања. На тој начин тие му пркосат на Духот на милоста сѐ додека од нивните уши наполно не исчезне Неговиот глас и додека целосно не ги прифатат измамите што самите си ги избрале“.
„Но кога Саул избрал да постапува независно од Бога, Господ не можел да го води и бил принуден да го отфрли“.
— Патријарси и пророци, 672. 673.
в. Каде Саул се обидел да најде помош кога Божјиот Дух отстапил од него? 1 Самоилова 16,14; 28,6.7; Исаија 8,19.
„За сето време додека Саул со своите дела му се противел на Бога, сатаната му ласкал и го измамувал“.
— Патријарси и пророци, 716.
Петок — 9. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Какво предупредување Самоил им дал на Израелците при крунисувањето на Саул?
2. По смртта на Самоил, како Израелците покажале дека тие се дисквалификувани да ги евангелизираат незнабошците?
3. Наведи некои притисоци од страна на светот на кои Божјиот народ денес може да биде подложен да потклекне?
4. Каква кардинална грешка Саул направил во Галгал?
5. Како ние треба да се чуваме од постепеното паѓање, како што тоа го направил Саул?
2014 • 2. Квартал
7. лекција — „ЦАРОТ ДАВИД“
17. мај 2014
„Му рече Господ на Самоил… зашто меѓу неговите синови (Јесеј) си избрав цар“.
— 1 Самоилова 16,1.
„Никаква надворешна убавина не може да ја препорача душата на Бога. Мудроста и доблестите откриени во карактерот и однесувањето ја изразуваат вистинската убавина на човекот; внатрешната вредност, превозвишеноста на срцето одлучуваат дали ќе нѐ прифати Господ над војските“.
— Судир и храброст, 160.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 674-702.
Недела — 11. мај
1. ДАВИД ВО ДВОРОТ НА ЦАРОТ САУЛ
а. Која поука Бог сакал Самоил да ја научи кога требало да најде замена за отфрлениот цар? 1 Самоилова 16,7 (втор дел).
б. Кој настан според Божјото провидение му овозможил на Давид да стекне искуство во царскиот дворски живот перед неговото крунисување? 1 Самоилова 16,17-21. Зошто Бог му го дал ова искуство?
„Според Божјото провидение, пред царот го довеле Давида како човек кој одлично знаел да свири на харфа… (Давид) бил поучен на патиштата Господови и сега си поставил задача поцелосно од кога и да е порано да ја извршува Божјата волја. Имал нови теми за размислување. Бил на царскиот двор и ги видел одговорностите на царското семејство. Открил некои од искушенијата што ја измачувале душата на Саул и навлегол во многу тајни, во карактерот и постапките на првиот израелски цар… Бог на Давид му давал поуки за доверба. Како што Мојсеј бил обучен за неговата работа, така сега синот на Јесеј Господ го подготвувал за водач на својот избран народ“.
— Патријарси и пророци, 679.680.
Понеделник — 12. мај
2. САУЛ НАМЕРАВА ДА ГО УБИЕ ДАВИДА
а. Како Бог го поттикнал Давида да одговори на предизвикот на Голијат против Израел? 1 Самоилова 17,23.24.37.45-49. Што можеме да научиме од ова искуство во нашите напори да го евангелизираме денешниот свет?
„Нашите проповедници не треба пркосно да провоцираат расправа со противниците… (Некои проповедници) немаат, како скромниот Давид, доверба во Израеловиот Бог, ниту Него го прават своја сила. Тие истапуваат самоуверено и фалбаџиски како Голијат, воздигајќи се себеси и не сокривајќи се зад Исус…
„Младите проповедници треба да се учат од Христос, не само теоретски туку и во практична смисла, да учат од Исус дека тие можат да ја имаат Неговата благодат, кротост и понизноста на духот“.
— 3 Сведоштво, 203.204.
б. Кога и како Саул почнал да ја открива една од најслабите точки во неговиот карактер? 1 Самоилова 18,6-9.
„Секој што се труди да им се допадне на луѓето, во животот нема да биде сигурен како оној што се труди пред сѐ да стекне Божјо одобрување. Во својата амбиција Саул сакал да биде прв меѓу оние што ги почитуваат луѓето, а кога ја слушнал споменатата песна, почувствувал сосема сигурно дека Давид ќе ги придобие срцата на луѓето и дека ќе владее наместо него“.
— Патријарси и пророци, 688.
в. Кои настани покажуваат дека Саул бил контролиран од страна на злобниот дух? 1 Самоилова 19,11.17; 20,27-31.
„Саул ѝ го отворил срцето на љубомората што му ја отрула душата… Владетелот на Израел својата волја ѝ ја спротивставил на волјата на Севишниот. За време на своето царување, Саул не научил да го совладува својот дух. Дозволувал нагони да управуваат со неговиот разум сѐ додека не потонал во бесот на страстите. Добивал и напади на бес и во тие мигови бил во состојба дури да го убие секого што би се осмелил да се спротивстави на неговата волја“.
— Патријарси и пророци, 688.
Вторник — 13. мај
3. ДАВИД Е ВО БЕГСТВО
а. Спомени некои од местата во кои Давид побарал засолниште откако сфатил дека неговиот живот е во опасност? 1 Самоилова 21,1.10; 22,1. Дали неговиот страв бил оправдан? 1 Самоилова 22,16-18.20.21.. Дали тој воопшто требал да стравува од Саула? 1 Јованово 4,18.
„Секој погрешен чекор што ќе го направат Божјите деца се должи на нивниот недостаток на вера. Кога сенки ќе ја обземат душата и кога ќе ни затреба светлина и насоки, мораме да погледнеме нагоре; зад темнината постои светлина. Давид не смеел ниту за миг да се посомнева во Бога“.
— Патријарси и пророци, 695.
б. Бегајќи од неговиот татко – по жена, од царот Саул, со какви нечесни постапки Давид покажал недостаток на вера во Божјата заштита? 1 Самоилова 21,2.8.13-15.
„Давид му рекол на свештеникот дека тој бил испратен од страна на царот да изврши некоја задача што не смее да се одлага. Тука покажал дека му недостига вера во Бога и поради тој негов грев првосвештеникот го загубил животот. Кога Давид би ја кажал вистината, Авимелех би знаел што треба да стори за да му го зачува животот. Бог бара Неговиот народ да ја сака вистината и за време на најголема опасност“.
— Патријарси и пророци, 694.
в. Иако без потреба никогаш не треба непотребно да се излагаме на прогонство, како искуството на Давид може да се повтори во нашите денови? Матеј 10,22.23. На кое ветување во такви прилики можеме да се повикаме? 2 Коринтјаните 12,19.
„Помеѓу правдата и гревот, љубовта и омразата, вистината и лагата се води непрекината борба. Кога некој во својот живот ја прикажува Христовата љубов и убавината на светоста, тој на таков начин ги одзема поданиците на сатанското царство и кнезот на злото станува да му се спротивстави. Прогони срам ги очекува сите оние кои се исполнети со Христовиот Дух. Карактерот на прогонството се менува со текот на времето, но во основа на сето тоа се наоѓа оној истиот дух кој, почнувајќи од Авел, постојано ги прогонувал Божјите избраници“.
— Мисли од гората, 23.
Среда — 14. мај
4. ДАВИДОВАТА ВЕЛИКОДУШНОСТ
а. На кој начин локалното население од Зиф му понудиле на Давид и неговите луѓе да се предадат? Кој настан го спречил остварувањето на нивниот план? 1 Самоилова 23,19.20.25-28.
б. Кога Саул, изгонувајќи ги Филистејците, се вратил да го гони Давида, како Давид ја покажал својата великодушност? 1 Самоилова 24,1.3.4.8.10.15.16. Каков бил одговорот на Саул? Стихови 17-20.
„(1 Самоилова 24,9-11). Кога ги слушнал Давидовите зборови, Саул бил скршен и не можел да не ја признае нивната вистинитост. Неговите чувства биле длабоко трогнати кога сфатил дека целосно бил во моќта на човекот што сакал да го убие. Давид стоел пред него свесен за својата невиност…
„Непријателството што го негуваат против Божјите слуги луѓето кои му се предале на власта на сатаната понекогаш преминува во чувство на помирливост и наклоност, но таа промена не е секогаш трајна. Луѓето наклонети кон зло, кои зборуваат лошо за Божјите слуги и им прават неправда, понекогаш ги обзема длабоко убедување дека биле неправедни. Духот Господов се бори со нив и тие стануваат кротки пред Бога и пред оние чиешто влијание се обиделе да го уништат, и можат дури да го изменат своето однесување кон нив. Но штом ќе им ја отворат вратата на злите сугестии, старите сомнежи се будат, старото непријателство пак се јавува и тие повторно го прават она за што се каеле и што извесно време го напуштиле“.
— Патријарси и пророци, 700.701.
в. Додека денес го проповедаат евангелието, какви поуки војниците од крстот треба да извлечат од великодушноста на Давид? Римјаните 12,17-21.
„Бог ги извршува своите планови, иако тие за човечкото око може да изгледаат затскриени со мистерија. Луѓето не можат да ги сфатат Божјите патишта и, гледајќи го она што се гледа, сите маки и искушенија што Бог ги дозволува да дојдат врз нив, ги толкуваат како нешто што е насочено против нив и што ќе им послужи само на пропаст“.
— Патријарси и пророци, 709.
Четврток — 15. мај
5. НАВРЕМЕНА ПОУКА
а. Која грешка Давид продолжил да ја манифестира откако и по втор пат го поштедил животот на Саул? 1 Самоилова 27,1.
„Со своето неверство Давид го обесчестил Бога. Филистејците повеќе се плашеле од Давид отколку од Саула и неговата војска. Со тоа што побарал заштита кај Филистејците, Давид ја открил слабоста на својот сопствен нарог… Со својата постапка дал повод неговите намери погрешно да се толкуваат, а кај мнозина однапред предизвикал предрасуди кон себе. Го сторил токму она што го сакал сатаната, зашто, барајќи засолниште кај Филистејците, тој предизвикал кај Божјите непријатели и непријателите на Божјиот народ голема радост. Давид не престанал да му служи на Бога ниту попуштил во ревноста за Неговото дело; но довербата во Бога ѝ ја жртвувал на личната безбедност и со тоа го извалкал исправниот и верен карактер што Бог го бара од своите слуги да го поседуваат“.
— Патријарси и пророци, 710.
б. Како трпеливо треба да поминуваме многу часови на колена залагајќи се за поправање на оние кои станале непријатели на вистината? Евреите 12,3.12-14.
„Затоа да внимаваме со заблудените да не постапуваме на начин кој на другите им зборува како да нам не ни е потребно спасение. Да не обвинуваме, осудуваме и уништуваме како во сѐ да сме беспрекорни. Христовата работа била да поправи, да исцели и да обнови“.
— Во небесните пространства, 291.
Петок — 16. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог го довел Давида во Сауловиот двор?
2. Кој бил Сауловиот основен проблем и како можеме ние да го избегнеме тоа?
3. Кое предупредување на Исус треба да го имаме на ум кога размислуваме за Давидовото прогонство?
4. Зошто Давид не верувал во Сауловото признание во Енгад?
5. Кои поуки војниците од крстот треба да ги научат од Давидовата великодушност?
2014 • 2. Квартал
8. лекција — „ДАВИДОВОТО ПОКАЈАНИЕ И КАЗНАТА“
24. мај 2014
„Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене“.
— Исаија 27,5.
„Секој оној кој под Божји укор ќе ја понизи душата, ги признае своите гревови и се покае, како што тоа го направил Давид, може да биде сигурен дека постои надеж за него или неа“.
— To be Like Jesus, 383.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 767-786.
Недела — 18. мај
1. „ТИ СИ ЧОВЕКОТ“
а. Како Бог одеднаш го нарушил лажното чувство на мир кое Давид го имал после своите големи гревови? 2 Самоилова 12,1-4. Каква пресуда, во одговор на пророковите зборови, Давид несвесно си изрекол себеси? 2 Самоилова 12,5.6.
б. Какво директно сведоштво пророкот Натан упатил до Давид и како Давид реагирал? 2 Самоилова 12,7-10.13 (прв дел); Псалм 51,4.
„На Давид неговата совест му откривала горчливи и понизувачки вистини. Додека неговите приврзаници се чуделе за ненадејниот пресврт на неговата судбина, тоа за него не била мистерија. Тој често имал претчувство дека ќе настапи таков ден каков што бил овој. Тој само се прашувал како Бог толку долго имал трпение да ги поднесува неговите гревови и да ја одложува заслужената казна…
„Мнозина престапници се обидувале својот грев да го оправдаат повикувајќи се на Давидовиот пад; но колку малку се оние кои се готови така искрено да се покаат и да се понизат како што тоа го сторил Давиг. Колку малку има такви кои укорот и одмаздата би ги поднесувале толку стрпливо како него“.
— Патријарси и пророци, 777.
Понеделник — 19. мај
2. ГОРКИ ПОСЛЕДИЦИ
а. Како Давидовата личност била погодена од неговите гревови? Псалм 51,3.17.
„И кај самиот Давид настанала голема промена. Бил скршен во духот, свесен за својот грев и за неговите далекосежни последици. Се чувствувал понижен во очите на своите поданици. Неговото влијание било ослабено“.
— Патријарси и пророци, 762.
б. Како Давид, поради неговото грешно однесување, ја изгубил почитта на народот а особено од неговите синови? Псалм 27,6.7. Какви последици уследиле веднаш и зошто? 2 Самоилова 12,14.
„Но сега неговите поданици, на кои им бил познат неговиот грев, и сами можеле послободно да се однесуваат кон гревот. Неговиот авторитет ослабел и во неговото сопствено семејство; синовите сѐ помалку го слушале и го почитувале. Кога требало да ги осуди оние кои згрешиле, чувството на сопствената вина не му давало да зборува. Тоа чувство ја слабеело неговата рака при спроведувањето на правдата во својот сопствен дом. Неговиот лош пример имал влијание и врз неговите синови, а Бог не сакал ништо да преземе за да ги спречи последиците.
„Се хулело на Бога и Неговата Реч, душите закоравеле во неверие, и мнозина, под наметка на побожност, се охрабриле да прават грев“.
— Патријарси и пророци, 762.
в. Зошто Бог дозволил записот за падот на Давид да биде вклучен во Библијата? 1 Коринтјаните 10,12.
„Оние кои укажуваат на Давидовиот пример за да ја намалат вината на сопствените гревови би требало од овој библиски запис да научат колку е мачен патот по кој поминува престапникот. Дури и ако се вратат од својот лош пат, како Давид, ќе увидат колку се горчливи последиците на гревот и тешко подносливи уште во овој живот.
„Бог сакал историјата на Давидовиот пад да послужи како предупредување дека дури ни оние што Тој ги благословил со своја исклучителна наклоност не треба да се чувствуваат безбедни ако ги занемарат будноста и молитвата“.
— Патријарси и пророци, 763.
Вторник — 20. мај
3. КАЗНА ПРЕКУ ПОБУНА
а. Како Давидовиот син Авесалом се одмаздил за злочинот кој Амнон го направил против неговата сестра? 2 Самоилова 13,28.29. Што се случило три години по Авесаломовото бегство од Давид? 2 Самоилова 13, 37-39; 14,23.24.28.
б. После привидното помирување со својот татко, како Авесалом ги ‘придобиваше срцата’ на Израелците? 2 Самоилова 14,33; 15,1-6. Како Давидовиот став влијаел на Авесаломовото бунтовничко срце? Проповедник 8,11.
„Благодарение на посредувањето на Јоав, на Авесалом пак му било дозволено да се сретне со татко си; но, иако имало формално помирување, сепак синот и натаму негувал славољубиви намери. Се однесувал речиси како цар и имал коли и коњи и педесет луѓе со кои бил опкружен. И додека царот сѐ повеќе и повеќе бил наклонет да се повлече во самотија, Авесалом заводнички се борел да ја добие наклоноста на народот.
„Давидовата рамнодушност и нерешителност вршеле свое влијание и врз неговите приврзаници. Небрежноста и одлагањето станале карактеристични во сите негови административни работи како и во делењето на правдата. А Авесалом секое незадоволство на народот лукаво го користел во своја полза“.
— Патријарси и прор., 770.
в. Какви упатства Авесаломовите шпиони им давале на сите племиња на Израел? 2 Самоилова 15,10. Кога Давид ја примил веста за Авасаломовионт бунт, што одлучил за да не дојде до крвопролевање во Ерусалим? 2 Самоилова 15,13.14.
„Давид бил неочекувано изненаден гледајќи дека бунтот избувнал во најнепосредна близина на неговиот престол. Неговиот роден син – синот кој толку многу го сакал и на кој толку му верувал – посакал да се добере до круната, а без сомнение и до неговата глава. Во таа голема опасност, Давид најпосле ја отфрлил потиштеноста која толку долго го мачела и со истиот дух, што го покажувал во своите поранешни години, почнал да се приготвува за средба со оваа ужасна вонредна состојба…
„Тој донел одлука. Избраниот град не смеат да го снајдат ужасите на војната. Решил да го напушти Ерусалим, а верноста на своите приврзаници да ја провери на тој начин што ќе им даде можност да му дојдат на помош“.
— Патријарси и пророци, 772.
Среда — 21. мај
4. ВОСТАНИЕТО УГУШЕНО
а. Кога Давид и неговите придружници бегале, зошто тој испратил некои свои пријатели назад во Ерусалим?
1. Луѓе кои го носеле ковчегот. 2 Самоилова 15,24.25.29.
„Оној што седи на својот престол меѓу херувими, рекол за Ерусалим: ‘Ова е мое почивалиште’ (Псалм 132,14), и без Божјо одобрување ниту првосвештеникот ниту царот немаат право да го оддалечат оттаму симболот на Неговото присуство“.
— Патријарси и пророци, 773.
2. Хусај. Стихови 32-37. Каков бил неговиот совет и зошто? 2 Самоилова 17,7.14-16.23.
„И овојпат Давид во несреќата што го снашла морал да ги види последиците на својот грев. Најлукавиот и најревниот од сите политички водачи, Ахитофел, се одделил од него од одмазда поради срамот и неправдата нанесени на неговото семејство преку Витсавеја која била негова внука… На барање на Давид Хусај се вратил во Ерусалим, со цел на Авесалом да му понуди свои услуги и да го осуети советот на лукавиот Ахитофел“.
— Патријарси и пророци, 774.
б. Што му рекол Давид на еден од своите војници кој сакал да го убие човекот кој го проколнувал Давида? 2 Самоилова 16,9. 11.12.
„Духот кој го наведува човекот осветнички да триумфира над оној кој е во неволја, да го исмејува или навредува е духот на сатаната“.
— Патријарси и пророци, 776.
в. Како Давид ги поделил своите сили, имајќи го во предвид и бегството, и какво упатство им дал на сите во поглед на неговиот син Авесалом? 2 Самоилова 17,24; 18,1.2.5.
Четврток — 22. мај
5. НОВА ПОУКА ЗА СОВРЕМЕНИОТ ИЗРАЕЛ
а. Каков бил исходот на битката помеѓу лојалните сили и бунтовничката армија? 2 Самоилова 18,7.8.
б. Каков бил крајот на Авесалом, поттикнувачот на бунтот? 2 Самоилова 18,9-11.14.16.17.
в. Каква поука можеме да научиме од историјата на Авесалом во нашата работа, како денешни евангелисти? Римјаните 15,4.
„Старозаветниот Израел во својата историја често бил потресуван со бунтови на некои незадоволници… Многупати познати и угледни луѓе, владетели во Израел, се свртеле против Божјото провидение и жестоко го рушеле она што некогаш ревносно го граделе. Гледаме дека тоа многупати се повторувало и во нашето искуство…
„На црквата и претстојат тешки времиња. Таа ќе пророкува облечена во вреќи. Но иако ќе мора да се бори против ересот и прогонството, против неверниците и отпадниците, со Божја помош таа сепак ќе му застане на глава на сатаната. Господ ќе има луѓе цврсти како челик и во верата постојани како гранитна карпа“.
— 4 Сведоштво, 568.
Петок — 23. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога пророкот Натан му рекол на Давид: ‘Ти си човекот’, каков укор тоа било за царот?
2. Опишете ги последиците кои Давидовиот најголем грев ги имал врз неговото владеење?
3. Каква сериозна дамка ова претставува не само за угледот на Давид туку и за јудејско-христијанската религија?
4. Со каква цел Бог дозволил записот за падот на Давид да биде вклучен во Библијата?
5. Во која смисла историјата за Авесаломовата побуна претставува опомена за црковните водачи, евангелисти, но и за верниците воопшто?
2014 • 2. Квартал
9. лекција — „СОЛОМОН“
31. мај 2014
„Зашто ние сме Му на Бога благопријатен мирис Христов и меѓу оние кои се спасуваат и меѓу оние кои пропаѓаат; на едните сме смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот. И за ова кој е способен?“
— 2 Коринтјаните 2,15.16.
„Страшна е и самата помисла дека нашето влијание може да биде мирис смртен за смрт, но тоа е можно. Кој може да ја процени загубата на една заведена душа, која ќе го изгуби вечното блаженство!“.
— Пророци и цареви, 86. ориг.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Духот на пророштвото 1, 390-398.
Недела — 25. мај
1. ГОСПОД ДАВА МУДРОСТ
а. Кога Соломон почнал да царува над Израел, што Господ му рекол во сон, и што Соломон побарал? 1 Царевите 3,5-9.
б. Што Господ му ветил на Соломон после неговото мудро барање? 1 Царевите 3,11-14; Изреки 2,6.
в. Што секој работник во Господовото лозје треба да сфати? Јаков 1,5-7.
„Оние кои денес заземаат позиции од доверба треба да ја примат поуката содржана во молитвата на Соломон. Колку човекот е на повисока позиција, толку се поголеми и неговите одговорности кои тој мора да ги носи, пошироко е неговото влијание и поголема е неговата потреба да се потпре на Бога. Таков човек секогаш треба да има на ум дека со повикот на работа доаѓа и повикот внимателно да се однесуваме кон своите ближни. Тој мора да стои пред Бога во став на ученик“.
— Пророци и цареви, 17.
Понеделник — 26. мај
2. НА СЕКОЈ КОЈ НОСИ ТОВАР НА ОДГОВОРНОСТ ПОТРЕБНА МУ Е МУДРОСТ
а. Како Библијата го опишува вистинскиот носител на товар? Матеј 24,45-47; Јован 21,15-17; Дела 20,28.
„Ако човек кој носи товар на должности сака повеќе мудрост отколку богатство, моќ или слава, таквиот човек нема да се разочара. Од големиот учител ќе научи не само што треба да направи, туку и како тоа треба да го направи како би добил знак на божествено одобрување.
„Се додека остане посветен, човекот на кого Бог му подарил способност за расудување нема да копнее за високи позиции ниту ќе бара да владее или да заповеда. Некој мора да го понесе бремето на одговорноста; меѓутоа, наместо да се стреми кон власт, вистинскиот водач ќе се моли со разумно срце за да може да разликува добро од зло. Патот на оние луѓе кои се на одговорни позиции не е лесен. Тие мораат да разберат дека секоја потешкотија им нуди можност за молитва. Никогаш не смеат да пропуштат да се обратат кон големиот Извор на сета мудрост. Кога Господ ќе ги поткрепи и просветли, тие ќе бидат во состојба одлучно да одолеат на несветите влијанија и да направат разлика помеѓу правичноста и неправичноста, помеѓу доброто и злото. Тие ќе го одобруваат она што Бог го одобрува и искрено ќе се борат против воведување на погрешни начела во Неговото дело“.
— Пророци и цареви, 17.
б. Што е запишано за почетокот на владеењето на Соломон? 1 Царевите 3,28; 4,29.34.
„Многу години го одбележувале Соломоновиот живот со посветеност на Бога, со исправност и строга послушност на Божјите заповеди. Тој раководел со секоја значајна активност и мудро ги водел работите поврзани со царството. Неговото богатство и мудрост, величествените згради кои ги подигнал и јавните работи кои ги направил за време на првите години од неговото владеење, енергијата, побожноста, праведноста и великодушноста кои ги откривал со зборови и дела, му обезбедиле преданост на неговите поданици и восхитување и почитување на владетелите од многу земји“.
„Никој не разбирал подобро од (Соломон) дека овие дарови (на моќ, мудрост и слава) му биле подарени со цел да може на светот да му даде познавање на Бога“.
— Пророци и цареви, 18; RH, 7. декември, 1905.
Вторник — 27. мај
3. ХРАМОТ ИЗГРАДЕН СО НЕБЕСНА МУДРОСТ
а. Каква монументална градба подигнал царот Соломон? 1 Царевите 6,1.7.38.
„Величествената градба која Соломон и неговите помагачи ја подигнале за Бога и Неговата служба, била исклучително убава и раскошна…
„На (планината Морија) местото на кое храмот бил подигнат веќе долго време се сметало за свето. На тоа место Авраам, таткото на сите верни, ја покажал својата подготвеност да го жртвува својот син единец покорувајќи се на Божјата заповег. Тука Бог со Авраам го обновил својот завет на благослов, завет кој го содржел славното месијанско ветување до човечкиот род за избавување преку жртвата на Синот на Севишниот (Види 1. Мојсеева 22,16-18). На тоа место Давид принел жртва паленица и жртва на благодарност за да го оттргне мечот на ангелот уништувач, а Господ му одговорил со оган од небото (Види 1. Летописи 21). Сега уште еднаш слугите Господови се собрале на ова место да го обноват својот завет на верност кон Него“.
— Пророци и цареви, 22.
б. Штом величествената градба била завршена, што било внесено во храмот? 2 Летописи 5,1-5.
в. Опишете ја свечената церемонија со која е пратено внесувањето на ковчегот на заветот во храмот. 2 Летописи 5,12.13. Прераскажете ја во скратен облик Соломоновата молитва при посветувањето на храмот. 1 Царевитете 8,23-53.
„Соломон… клекнал на платформата и пред целиот народ изговорил молитва на посветување. Верниците ги наведнале своите глави кон земјата а царот ги подигнал рацете кон небото молејќи се (во молитва кон Бога)“.
„’Кога Соломон ја заври молитвата, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Господова го исполни домот. И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Господова го исполни домот Господов’ (2. Летописи 7,1.2)“.
— Пророци и цареви, 24. 26.
Среда — 28. мај
4. МУДРОСТА ЗЛОУПОТРЕБЕНА
а. Како Соломон ја оплакувал злоупотребата на својата мудрост во неговите подоцнежни години? Проповедник 2,1-3.7.10.15.
б. Во спротивност со погрешниот курс на Соломон, по каков пат одел Христос? Матеј 8,20; Дела 10,38. Што можеме да научиме проучувајќи ги Христовите методи на работа?
„Оние кои одговориле на повикот и стапиле во служба на најголемиот Работник, треба добро да ги проучат Неговите методи на работа. Тој обилно се користел со приликите што му се пружале на големите друмови.
„Во паузите на своите патувања Исус живеел во Капернаум кој заради тоа станал познат како ‘Негов град’ (Матеј 9,1). Сместен на патот кој водел од Дамаск за Ерусалим, Египет и Средоземното Море, Капернаум бил погоден за средиште на Спасителовото дело. Низ градот поминувале луѓе од многу земји и тука застанувале заради одмор. Таму Исус се среќавал со луѓе од сите народи и сталежи, па Неговите поуки се пренесувале до многу земји и во многу домаќинства. На тој начин кај луѓето бил поттикнат интерес за пророштвата кои говореле за доаѓањето на Месија, вниманието било насочено кон Спасителот, и светот дознал за Неговата мисија“.
— Пророци и цареви, 47.
в. Што Соломон рекол кога дошол при себе? Проповедник 2,16-18. Кака поука треба да научиме од неуспехот на Соломон?
„Судирот кој ни претстои бара од нас дух на самоодрекување; не смееме да се потпреме на себе, туку единствено на Бога; должни сме мудро да ја искористиме секоја можност за спасување на душите. Благословот Господов ќе ги следи членовите на Неговата црква доколку таа работи сложно, откривајќи му ја на светот, кој се наоѓа во темнината на заблудата, убавината и светоста на Христовиот дух и самопожртвување, доколку го слават Бога, а не луѓето, и доколку се посветат на неуморна служба за оние на кои толку им се потребни благословите на Евангелието“.
— Пророци и цареви, 48.
Четврток — 29. мај
5. СОЛОМОНОВОТО ПОКАЈАНИЕ
а. Како Светиот Дух конечно ја разбудил Соломоновата успиена совест? 1 Царевите 11,11.12. Каков ефект Господовата казна имала врз него? Проповедник 2,11.13.
„(1 Царевите 11,11-28). Овој збор на осуда против него и неговиот дом како да го разбудил Соломона од сон, и со разбудена совест тој почнал во вистинска светлина да гледа на својата лудост. Искаран во духот, со ослабен ум и тело, тој уморен и жеден ги остави распуканите земски кладенци за уште еднаш да се напие од водата на животот… Тој долго бил вознемируван од стравот дека ќе пропадне затоа што не бил во состојба да се откаже од својата лудост, но сега во пораката препознал зрак на надеж“.
— Пророци и цареви, 50.
б. Во неговите подоцнежни записи, на каква опасност Соломон ги предупредува заинтересираните, особено младите? Проповедник 11,9; 12,13,14.
„Сѐ додека борбата не заврши, ќе има луѓе кои ќе отстапуваат од Бога. Сатаната така ги обликува околностите што тие речиси незабележливо ќе ги ослабат бедемите на душата, доколку немаме помош од божествената сила. На секој чекор мора да се запрашаме ‘Дали е ова патот Господов’? Во текот на целиот живот, склоностите и страстите мораат одлучно да се скротат. Ниеден момент не можеме да бидеме безбедни, освен ако не се потпреме на Бога, и ако животот не ни е сокриен во Христа. Будноста и молитвата се заштитни мерки на чистотата“.
— Пророци и цареви, 54.
Петок — 30. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто можеме да бидеме охрабрени од Божјиот одговор на барањето на Соломон?
2. Објаснете го успехот во раните Соломонови години и причините за тоа?
3. Опишете како мнозина и денес го повторуваат искуството на Соломон во подоцнежните години?
4. Каков е емоционалниот резултат на живеење на еден егоцентричен живот?
5. Додека бараме задоволства и планови за осмислен живот, која свечена реалност секогаш треба да ја имаме на ум?
2014 • 2. Квартал
10. лекција — „ПОУКИ ОД КОБНИТЕ ГРЕШКИ“
7. јуни 2014
„Така се одметнаа Израелците од домот Давидов сѐ до денес“.
— 2 Летописи 10,19.
„Вдахновеното перо го забележало тажниот запис на Соломоновиот наследник, како оној кој не успеал да изврши силно влијание за лојалност кон Јехова“.
— Судир и храброст, 201.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци цареви, 87-98 ориг.
Недела — 1. јуни
1. РОВОАМ
а. Што народот побарал од Соломоновиот син Ровоам кога се зацарил, и како тој одговорил на тоа? 2 Летописи 10,3-5.
б. Како советот на соработниците на Ровоам се разликувал од советот на оние со повеќе искуство? Чиј совет тие го прифатиле? 2 Летописи 10,6-11.
„Поласкан од изгледите за остварување на врховна власт, Ровоам одлучил да го отфрли советот на постарите луѓе во неговото царство и за негови советници да ги земе помладите луѓе“.
— Пророци и цареви, 59.
„На средбата во Сихем, на самиот почеток од неговото владеење, Ровоам можел да заземе став со кој би ја стекнал довербата на народот во неговата способност да застане на чело на нацијата. Да покажал подготвеност дека на прво место му е благосостојбата на неговите поданици, народот би го прифатил како мудар владар. Но во овој момент на својата животна шанса, пропуштил да расуди за причините и последиците, тој засекогаш го ослабел влијанието врз поголемиот дел од народот“.
— RH, 3. јули, 1913.
Понеделник — 2. јуни
2. НЕМУДРА ОДЛУКА
а. Врз основа на неговата одлука, како би го опишале карактерот на Ровоам?
„Иако Соломон сакал Ровоам, својот избран наследник, да го подготви мудро да ја дочека кризата која ја прорекол Божјиот пророк, никогаш не бил во состојба доволно силно да влијае во вистински правец на разумот на својот син, чие воспитување во детството било занемарено. Ровоам од својата мајка, една Амонка, наследил колеблив карактер. Едно време се трудел да му служи на Бога и постигнувал извесни успеси, но не бил постојан и на крајот потпаднал под влијание на злото кое го опкружувало уште од детството“.
— Пророци и цареви, 58.
б. Како народот реагирал против непопустливиот став на неразумниот цар? 2 Летописи 10,16.
„Да ја разбрале божествената волја Ровоам и неговите неискусни советници во поглед на Израел, тие би излегле во пресрет на барањата на народот да се изврши одлучна реформа во начинот на владеење. Меѓутоа, тие ја пропуштиле можноста која им се давала на состанокот во Сихем, не размислувале за причините и последиците, и така засекогаш го ослабнале своето влијание на поголемиот дел од народот. Нивната изразита решеност да го продолжат па дури и да го зголемат угнетувањето воведено во текот на Соломоновото владеење, била во спротивност со Божјиот план за Израел и му дала на народот повод да се посомнева во искреноста на нивните побуди. Во овој обид непромислено и бесчувствително да владеат, царот и неговите избрани советници покажале гордост заради положбата и власта.
„Меѓу племињата имало илјадници луѓе кои, премногу огорчени од угнетувањето за време на Соломоновото владеење, сметале дека не им преостанува повеќе ништо друго освен да се побунат против Давидовиот дом“.
— Пророци и цареви, 59.
в. Кога Ровоам ја увидел својата грешка, како тој се обидувал да ја поправи ситуацијата? 1 Царевите 12,18.
Вторник — 3. јуни
3. ПОДЕЛБАТА СТАНУВА НЕИЗБЕЖНА
а. Кога Ровоам видел дека само две племиња, Јудиното и Венијаминовото останале лојални кон него, а дека останатите десет племиња се побуниле, за што тој се подготвувал? 2 Летописи 11,1.
б. Што Господ му порачал на Ровоам преку еден пророк со цел да го спаси од правење на уште една грешка, полоша од првата? 2 Летописи 11,2-4.
„Три години Ровоам настојувал да извлече поука од жалното искуство кое го стекнал на почетокот од своето владеење, и во тоа настојување имал успех. Тој ‘соѕида тврди градови во земјата Јудина’, и ‘ги утврди тие градови, намести во нив заповедници и складишта за жито и за масло и за вино’, грижејќи се особено да ‘ги утврди силно’ (2 Летописи 11,5.11,12). Но тајната на Јудиниот успех во првите години на Ровоамовото владеење не лежела во тие мерки. Племињата Јудино и Венијаминово се наоѓале во поповолна положба благодарение на тоа што го признавале Бога како врховен владетел“.
— Пророци и цареви, 60.
в. Поради која следна грешка на Ровоам Израел не можел да биде светлина на светот? 2 Летописи 12,1.
„И покрај тоа што по природа бил тврдоглав, самоуверен, самоволен и склон кон идолопоклонство, тој сепак би стекнал силен карактер, цврста вера и навика да се покорува на божествените барања, кога целосно би се потпрел на Бога. Меѓутоа, како што времето одминувало, царот сѐ повеќе се потпирал на силата на својата позиција и на градовите кои ги утврдил. Малку по малку попуштал на наследените слабости и на крајот целосно прешол на страната на идолопоклонството. ‘Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го остави законот Господов, а заедно со него и сиот Израел’ (2 Летописи 12,1).
„Колку се жални и полни со значење зборовите: ‘а заедно со него и сиот Израел!’ Народот кој Господ го избрал да биде светлина на околните народи, се одвоил од Изворот на силата настојувајќи да стане сличен на нив“.
— Пророци и цареви, 61.
Среда — 4. јуни
4. ЈЕРОВОАМ
а. Бидејќи од страна на десетте бунтовнички племиња бил доведен ривалски цар, од што Јеровоам најмногу се плашел и што направил тој? 1 Царевите 12,26-29.
„Јеровоам најмногу стравувал од тоа владетелот на престолот Давидов во даден момент да не ги придобие срцата на своите поданици. Тој сметал дека доколку би дозволил десетте племиња почесто да ја посетуваат престолнината на израелското царство, каде сѐ уште се вршела службата во храмот како во времето на Соломон, мнозина би посакале да потпаднат под власта во Ерусалим. Советувајќи се со своите советници, Јеровоам се одлучил на едно дрско дело, колку што тоа било можно, да ја осуети побуната на своите поданици. Решил во границите на своето новоформирано царство да подигне две нови светилишта, едно во Ветил а друго во Дан. Во овие места, наместо во Ерусалим, десетте племиња требало да се собираат на богослужение“.
— Пророци и цареви, 65.
б. Што Јеровоам, покрај поставувањето на две идолски места за поклонување, исто така направил? 1 Царевите 12,31.32.
в. Како Господ го запрел и казнил пркосниот став на Јеровоам? 1 Царевите 13,1-6.
„Господ сака да спасува, а не да уништува. Тој се радува на спасението на грешникот. ‘Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот’ (Езекиел 33,11). Тој ги опоменува и преколнува заталканите да престанат да чинат зло, да се обратат кон Него и да живеат. Тој на своите избрани гласници им подарува света смелост и одлучност, за да оние што ќе ги слушнат да почувствуваат страв и да се покаат. Колку само одлучно Божјиот човек го укорил царот! Но тоа било неопходно, бидејќи злото на било кој друг начин не можело да се спречи, Господ му дал смелост на својот слуга така што неговите зборови оставиле траен впечаток на слушателите“.
— Пророци и цареви, 68.
Четврток — 5. јуни
5. ОПАСНОСТ ОД ПОГРЕШНО ВЛИЈАНИЕ
а. Признавајќи дека сме повикани да бидеме светлина на светот, колку внимателни треба да бидеме никогаш да не прифатиме или вршиме погрешно влијание? Евреите 12,13; 2 Коринтјаните 2,15.16.
„Како што било тоа во Соломоновиот случај, така било и за владеењето на Ровоам: влијанието на погрешниот пример ги одвело мнозина на погрешен пат. Тоа исто, во голем или помал степен, важи за сите оние кои прават зло – влијанието на лошите постапки не се ограничува на сторителот. Никој не живее само за себе. Никој не пропаѓа сам во своето беззаконие. Сечиј живот е светлина која го осветлува и развеселува патот на другите, или пак со своите мрачни и погубни влијанија ги носи во очајание и пропаст“.
— Пророци и цареви, 61.
б. Како Господ ги уверувал Израелците дека Тој сѐ уште ги љуби и дека е подготвен да им прости? Исаија 1,17-20; Еремија 3,11-13.22.
„И покрај изопаченоста на оние кои се приклониле на идолските обичаи, Бог во својата милост правел сѐ што е во Негова моќ да го спаси од пропаст поделеното царство. И покрај тоа што луѓето кои биле вдахнати со сатанска сила се обидувале со текот на времето да ги расипат Божјите планови за Израел, Тој сепак ја манифестирал својата љубов кон избраниот народ, одведувајќи го во заробеништво и повторно ослободувајќи го избраниот народ“.
— Пророци и цареви, 62.
Петок — 6. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Перед крунисувањето на Ровоам, што сакале да дознаат од новиот владар претставниците на израелските племиња?
2. Спротивно на советите кои Ровоам ги добивал од искусните луѓе кои биле советници на неговиот татко, што младите и неискусни луѓе предложиле?
3. Како народот реагирал на царевиот одговор, и зошто?
4. Што направил Ровоам кога видел дека се наоѓа во беспомошна состојба?
5. Каква поука треба да извлечеме од грешката на Ровоам?
2014 • 2. Квартал
11. лекција — „ЦАРОТ АСА“
14. јуни 2014
„Аса го правеше она, што беше добро и угодно пред очите на неговиот Господ Бог“.
— 2 Летописи 14,2.
„Иако силите (на Аса) биле помалобројни од непријателот, неговата вера во Оној кого тој го направил своја потпора не ослабнала“.
— Судир и храброст, 203.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 72-75.
Недела — 8. јуни
1. ВЕРАТА НА АСА СТАВЕНА НА ПРОБА
а. Што вели Библијата за Аса, внукот на Соломон? 2 Летописи 14,2-5.
б. Како Аса ја открил својата вера за време на тестот кога Етиопјаните ја нападнале Јуда? 2 Летописи 14,9-11. Како неговата вера била наградена? 2 Летописи 14,12.
„(2 Летописи 14,9). Во оваа криза Аса не се потпрел на ‘тврдите градови во земјата Јудина’, каде што соѕидал ‘ѕидови и кули и порти и предворја’ (2 Летописи 14,6-8), ниту на храбрите јунаци од својата грижливо обучена војска. Царот се потпрел на Господа над војските со чие име Израел чудесно се ослободувал во старо време…
„Молитвата на Аса е таква што секој христијански верник може да ја изговори. Ние учествуваме во војна, но не против крв и тело, туку против началствата и силите, против духовните сили на злобата под небото (Ефес. 6,12). Во животната борба мора да се судриме со сите оние сили кои војуваат против правдата. Нашата надеж не е во човек, туку во живиот Бог. Мораме со сета сила на верата да се надеваме дека Тој со својата семоќ ќе се придружи на напорите на човечкото орудие кое се бори за слава на Неговото име. Облечени во оклопот на Неговата праведност, можеме да се здобиеме со победа над секое непријателство“.
— Пророци и цареви, 73.
Понеделник — 9. јуни
2. ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА СЕ УСПЕЕ
а. Како пророкот Азарија го потсетил Аса на изворот на неговата победа? 2 Летописи 15,1.2.7.
б. Што Аса направил за да ја задоволи потребата која била неопходна за понатамошните реформи кои веќе биле во тек? 2 Летописи 15,8.
„(2 Летописи 15,1.2.7). Охрабрен од овие зборови, Аса наскоро извршил уште една реформа во Јудеја“.
— Пророци и цареви, 74.
в. Споредувајќи ги деновите на Аса со нашите денови, за што ние треба да бидеме свесни, и што треба со сето срце да подржуваме? Исаија 48,16-18.
„Во денешно време, кога сатаната преку своите многубројни помагачи се обидува да ги заслепи очите на луѓето на обврзувачките барања на Божјиот закон, има потреба од луѓе што ќе наведат мнозина да ‘треперат на заповедта на нашиот Бог’ (Ездра 10,3). Потребни се вистински реформатори кои што ќе им укажат на луѓето за големиот Законодавец, и ќе ги поучат дека ‘Господовиот Закон е совршен – ја крепи душата’ (Псалм 19,7). Потребни се луѓе кои добро го познаваат Светото писмо, кои со секој свој збор и постапка, ќе го прослават законот на Јехова и ќе тежнеат да ја зајакнат верата. Потребни се учители, ох, толку многу, кои ќе ги поттикнат срцата со почит и љубов кон Светото писмо.
„Широко распространетото беззаконие кое што денес преовладува во голема мера се должи на неуспехот на луѓето да го проучуваат Светото писмо и да му се покоруваат, затоа што кога Божјата Реч е ставена настрана, таа повеќе нема сила да ги заузда злите страсти на непосветеното срце. Тогш тие сеат во тело, а од него излегува расипаност.
„Со занемарувањето на Библијата дошло и до отфрлањето на Божјиот закон. Учењето дека не треба да се покоруваме на Божјиот закон ја ослабело силата на моралните обврски и ги отворило уставите на беззаконието во светот. Беззаконијата, развратот и расипаноста навалуваат како страшна поплава“.
— Пророци и цареви, 425.426.
Вторник — 10. јуни
3. „ТИЕ СТАПИЈА ВО ЗАВЕТ“
а. На што народот, со оглед на нивните претходни искуства во отпадништво, свечено се заветувал на посебен собир? 2 Летописи 15,12-15.
б. Во нашите напори да придобиеме души за Христа, како може примерот сличен на оној кој Аса го направил во оваа пригода да биде поттик за нас денес? 2 Летописи 15,9.
„Настојувајте да го запознаете Господа. Ако го направите ова вие ќе придобивате души за Христа. Не само што вашата душа ќе биде спасена, туку силата со која е обратена вашата душа ќе ве оспособи да дадете пример кој и другите ќе ги придобие за Христа“.
— Упатство за младите, 9. јуни, 1914.
в. Како искрените посматрачи ќе бидат убедени во силата на вистината додека нѐ слушаат или посматраат? Матеј 5,16; 1 Тимотеј 4,12.16.
„Оној кој заслужува да се нарече христијанин, што значи сличен на Христа, ќе биде исполнет со побожност и чистота, со љубов и почит кон Бога и Исуса Христа кого Тој го има испратено, и неговиот дух, неговите зборови, неговите дела, ќе носат печат на Небото. Другите ќе можат да видат дека бил со Исуса и дека се научил од Него. Неговите молитви ќе бидат едноставни и страсни и ќе се издигаат кон Бога на крилјата на верата. Учејќи во Христовата школа, тој ќе има скромно мислење за самиот себе; и иако тој може да биде сиромашен со добра во овој свет, тој може да биде богат со благодатта на Светиот Дух, и може да биде на благослов и збогатување на другите со својот дух и влијание, затоа што Христос во него е извор на вода која тече во вечен живот. Тој околу себе ќе шири атмосфера на надеж, храброст и сила, и ќе ги посрами оние кои се световни, себични, формални верници, кои имаат име дека се живи а мртви се“.
„Светот навистина може да биде предупреден само ако, посматрајќи ги оние кои ја исповедаат вистината, забележат дека тие се посветуваат со таа вистина, постапувајќи во склад со високите и свети начела“.
— Синови и ќерки Божји, 85; Библиски коментари, 930.
Среда — 11. јуни
4. ГРЕШКИТЕ НА АСА
а. Откако влегол во свечен завет со Господа, како верата на Аса била тестирана и како тој изневерил? 2 Летописи 16,7-9.
„Во долгиот извештај за верната служба на Аса има и неколку грешки. Погрешил неколку пати, и тоа кога заборавил целосно да се потпре на Бога. Кога во една прилика, царот на Израел влегол во Јудиното царство и ја зазел Рама, утврден град само на пет милји од Ерусалим, Аса се обидел да се ослободи склопувајќи сојуз со сирискиот цар Венадад“.
— Пророци и цареви, 74.
б. Како Аса направил и други грешки кога поради недостаток на вера во Бога бил укорен од Божјиот пророк? 2 Летописи 16,10.
в. Зошто Библијата ги раскажува и победите и грешките, позитивните и негативните особини на карактерот на мажите и жените кои се поврзани со Божјото дело? Псалм 39,4.
„Вдахновеното перо, верно на својата задача, ни укажува на гревовите на кои подлегнале; Ное, Лот, Мојсеј, Аврам, Давид, Соломон, па дури и силниот дух на Илија паднал за време на неговата тешка неволја. Верно се забележани непослушноста на Јона и идолопоклонството на Израелците. Петровото срамно откажување од Христа, острата препирка меѓу Павле и Варнава, неуспесите и слабостите на пророците и апостолите, сето тоа е разоткриено од страна на Светиот Дух кој го подига превезот на тајната од човечкото срце. Перед нас се отворени животите на мнозина верници со сите нивни недостатоци и лудости, кои треба да послужат како поука за сите идни генерации.
„Ако биле без никакви недостатоци, тие би биле повеќе од луѓе, и ние во својата грешност очајно би се сомневале дека некогаш ќе се воздигнеме на такво ниво на совршеност. Но гледајќи како тие се бореле и паѓале, како повторно станувале и со Божја благодат стекнувале победа, и ние биваме охрабрени да ја продолжиме борбата во совладување на препреките кои нашата изопачена природа ни ги става на патот“.
— 4 Сведоштво, 11.
Четврток — 12. јуни
5. ОПАСНОСТ ОД ПРЕЗИРАЊЕ НА УКОРОТ
а. Каква поука можеме да извлечеме од втората грешка на Аса? Изреки 10,17; 15,10.
„Наместо да се понизи перед Бога заради својата грешка, Аса ‘се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше разјарен против него поради тоа. Во тоа време Аса угнетуваше и некои од народот’ (2 Летописи, 16,10)“.
— Пророци и цареви, 75.
„Секогаш ќе има мажи и жени кои го презираат укорот, и чии чувства се бунат против тоа. На никого не му е пријатно кога ќе му се укаже на неговите грешки. Речиси во секоја ситуација кога укорот е неопходен ќе се најдат поединци кои го предвидуваат фактот дека Божјиот Дух бил ожалостен и дека на Божјото дело со тоа му е нанесен срам. Таквите обично ги сожалуваат оние кои заслужуваат укор, бидејќи биле повредени личните чувства. Таквото непосветено сочувство ги прави сите оние кои тоа го покажуваат за соучесници во вината на укорениот“.
— 3 Сведоштво, 332.
„Нашиот Творец и нашиот Заповедник, бескраен во својата моќ, страшен во својот суд, со сите средства се труди да ги наведе луѓето да ги согледаат своите гревови и да се покаат. Тој, преку устата на своите слуги, ја изнесува опасноста од непослушноста; упатува предупредувачки пораки и верно го изобличува гревот. Неговиот народ бил одржуван во напредок само поради Неговата милост, и будната стража на Неговите избрани слуги. Тој не може да подржува и чува народ кој ги отфрла Неговите совети и ги презира Неговите укори“.
— Пророци и цареви, 290.
„Да му заблагодариме на Господа за опомените кои Тој ни ги дал, за да нѐ спаси од нашите искривени патишта“.
— Синови и ќерки Божји, 260.
Петок — 13. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто можеме да бидеме инспирирани од верата на Аса кога бил соочен со криза?
2. Кога Аса ја слушнал Божјата порака, кои следни чекори тој ги презел во делото на реформа?
3. Објасни како оние кои се наоѓаат околу нас можат да бидат привлечени од вистината?
4. Што ќе ги убеди искрените души во силата на спасоносната вистина?
5. Како можеме да ја избегнеме стапицата во која Аса конечно паднал?
2014 • 2. Квартал
12. лекција — „ЦАРОТ ЕЗЕКИЈА“
21. јуни 2014
„Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа“.
— 2 Летописи 32,25.
„Иднината изгледала крајно замрачена; но сепак царот сѐ уште можел да се моли на Оној кој дотогаш бил негово ‘прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја’ (Псалм 46,1)“.
— Судир и храброст, 240.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 230-236.
Недела — 15. јуни
1. ЦАРОТ ЕЗЕКИЈА СЕ МОЛИ ЗА ЧУДО
а. Што било кажано за Езекиевото владеење над Јуда? 2 Царевите 18,1-3.
„Езекија стапил на престолот решен со сите сили да се бори за да ја спаси Јуда од судбината која го снашла северното царство. Вестите на пророкот биле против сите половични мерки. Единствено со најодлучна реформа можела да се избегне страшната казна“.
— Пророци и цареви, 223.
б. Што му се случило на царот Езекија среде неговото успешно владеење? 2 Царевите 20,1. Како Езекија одговорил на обесхрабрувачката порака на пророкот? 2 Царевите 20,2.3.
в. Со каква порака пророкот се вратил кај царот? 2 Царевите 20,4-6.
„Пророкот радосно се вратил носејќи вест на утеха и надеж. Исаија му ја пренел на царот веста за Божјата милост и заштита, а потоа наложил на заболеното место да се стави облога од смокви“.
— Пророци и цареви, 321.
Понеделник — 16. јуни
2. ЧУДЕСНИОТ БЛАГОСЛОВ НА ЕЗЕКИЈА
а. Бидејќи Езекија сакал да биде сигурен дека пораката била од Бога, што тој побарал? 2 Царевите 20,8.
„Како Мојсеј во мадијамската земја, како Гедеон во присуство на небесниот гласник, како Елисеј перед да се вознесе неговиот господар, така и сега Езекија барал некој знак дека пораката била од небото… Единствено со Божјо посредство можело да се постигне сенката од сонцето да се врати за десет степени назад; а ова требало да биде знак за Езекија дека Господ ја слушнал неговата молитва. И ‘пророкот Исаија извика кон Господ, и Тој направи да се врати сенката за десет степени наназад, која се спушти според Ахазовиот сончев часовник’ (2 Царевите 20,11)“.
— Пророци и цареви, 231.
б. Преку кое чудо Господ бил подготвен да ја покаже својата милост на својот слуга? 2 Царевите 20,7.
„Оние кои бараат исцелување со посредство на молитва не треба да ја занемарат употребата на помошните лековити средства до кои може да се дојде. Употребата на таквите средства, кои Бог ги предвидел за ублажување на болката, како помош на природата во нејзиното дело на обнова на здравјето, воопшто не значи одрекување од верата. Верата не се негира ако болниот соработува со Бога ставајќи се во најповолна положба за оздравување“.
— Здравје и среќа, 202.
в. Каква песна компонирал Езекија во знак на признавање на Божјата милост? Исаија 38,10-20.
„Бидејќи му се повратило здравјето за кое толку многу копнеел, јудејскиот цар запеал песна на пофалба за Господовата милост и дал завет дека целиот свој преостанат живот ќе го посвети во служба на Царот над царевите. Неговото благодарно признавање на Божјото милостиво постапување кон него претставува поттик за сите оние кои сакаат да го поминат својот живот на слава на својот Творец“.
— Пророци и цареви, 231.
Вторник — 17. јуни
3. ГРЕШКАТА НА ЕЗЕКИЈА
а. Каква грешка Езекија направил кога ги примил амбасадорите од Вавилон? 2 Царевите 20,12.13.
„При посетата на овие амбасадори од владетелот на една далечна земја на Езекија му се укажала можност да го велича живиот Бог. Колку лесно можел да им говори за Бога, Седржителот на сите создадени нешта, преку чија благонаклонетост неговиот живот бил поштеден кога исчезнала секоја друга надеж! Колку бргу би се обратиле тие трагачи по вистината од халдејската рамнина и колку бргу би биле наведени да ја признаат врховната власт на живиот Бог“.
— Пророци и цареви, 233.
б. Зошто Господ дозволува да правиме грешки слични на оние што ги направил царот Езекија? 2 Летописи 32,25.31.
„Да ја искористел Езекија оваа прилика и да посведочил за силата, добрината и милоста на Израеловиот Бог, извештајот на претениците би бил како светлина која продира низ темнина. Но тој се величал себе си, а не Господа над војските“.
— Пророци и цареви, 233.
в. Каква поука треба да извлечеме од записот за грешката на Езекија? Изреки 2,6-11; 11,2; 16,18; 21,2.
„Извештајот за пропустот на Езекија да ја оправда Божјата доверба при посетата на пратениците, содржи значајна поука за сите нас. Многу повеќе отколку до сега мораме да зборуваме за скапоцените поглавја од нашите искуства кои сме ги стекнале за Божјата милост, за ненадминатите длабочини на Спасителовата љубов. Ако разумот и срцето се исполнети со Божјата љубов, нема да ни биде тешко и на другите да им го пренесеме она што го сочинува духовниот живот. Големите мисли, благородните желби, јасните перцепции за вистината, несебичните цели, копнежите за побожност и светост, ќе најдат израз во зборовите кои го откриваат карактерот кој е ризница на срцето“.
— Пророци и цареви, 235.
Среда — 18. јуни
4. ЕЗЕКИЈА ИСПОЛНЕТ СО КАЕЊЕ
а. Штом Вавилонските амбасадори отишле, Господ го испратил Исаија да го укори Езекија за неговата грешка. Што му рекол пророкот? 2 Царевите 20,16-18.
„На Исаија му било откриено дека пратениците при враќањето понеле извештај за богатството што го виделе и дека вавилонскиот цар и неговите советници ќе сковаат план својата земја да ја збогатат со ерусалимското злато. Езекија тешко погрешил, ‘затоа гневот Божји падна врз него, врз Јудеја и врз Ерусалим’ (2 Летописи 32,25)“.
— Пророци и цареви, 234.
б. Исполнет со грижа на совест, што рекол царот кога длабоко се понизил перед Господа? 2 Летописи 32,26; 2 Царевите 20,19.
„Злото семе било посеано за да во свое време изникне и донесе жетва на очајување и страдање. Во последните години од своето владеење јудејскиот цар доживеал голем просперитет, затоа што доследно се трудел да го откупи минатото и да го прослави Божјото име на кого Му служел; но сепак неговата вера морала да биде ставена на тешка проба за да увиди дека само надежта во Бога може да ги победи силите на темнината кои се заканувале да го уништат и него и неговиот народ“.
— Пророци и цареви, 235.
в. Каков успех како мисионери можеме да очекуваме ако на другите не им покажеме добар пример? 1 Тимотеј 4,12.16; Евреите 12,13.
„Нашата помош и водство им се потребни на оние со кои секојдневно доаѓаме во допир. Тие можеби се наоѓаат во таква духовна состојба што еден збор изговорен во вистински момент ќе наиде на поволен одговор. Можеби утре тие души ќе се наоѓаат таму каде што повеќе нема да можеме да им пријдеме. Какво влијание вршиме на тие сопатници?… Едно непромислено движење, еден непромислен чекор, и силните бранови на некое посилно искушение можат да ја повлечат душата со себе во длабочина“.
— Пророци и цареви, 235.
„Еден достоен пример вреди многу повеќе отколку многу прописи“.
— Здравје и среќа, 149 (ориг).
Четврток — 19. јуни
5. ДА ВНИМАВАМЕ НА УСНИТЕ И НАШИТЕ ЧЕКОРИ
а. Што Бог очекува од секој вистински Христов следбеник? Јаков 2,12.
б. Што ќе не остави без изговор на денот на Божјиот суд? Римјаните 2,1- 3.
„Секој ден животот донесува одговорности кои ние мораме да ги прифатиме. Секој ден нашите зборови и дела оставаат впечаток врз оние со кои се дружиме. Колку ли е само потребно будно да стражариме над своите усни, грижливо да пазиме на своите чекори! Едно непромислено движење, еден непромислен чекор, и силните бранови на некое посилно искушение можат да ја повлечат душата со себе во надолна патека. Ние не сме во можност од човечкиот ум да ги извлечеме мислите кои таму сме ги ставиле. Ако тие биле зли, можеби ние сме ставиле во движење цела низа на околности, вистинска плима на зло која веќе не сме во состојба да ја сопреме“.
„Од друга страна, ако со својот пример им помагаме на другите да развиваат добри начела, ние им даваме сила да прават добро. Тие пак од своја страна вршат на други исто така корисно влијание. Така со своето влијание несвесно помагаме на стотици и илјадници. Вистинскиот Христов следбеник поттикнува добри намери кај сите оние со кои доаѓа во допир. Во еден неверен и грешен свет, таквиот следбеник ја открива силата на Божјата благодат и совршенството на Неговиот карактер“.
— Пророци и цареви, 235. 236.
Петок — 20. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога ќе се соочиме со криза каква што доживеал Езекија, каков треба да биде нашиот одговор?
2. Каков одговор добил Езекија, кога искрено се помолил на Господа?
3. Зошто ставот на Езекија кон амбасадорите е толку значаен?
4. Како и ние често се излагаме на опасност повторувајќи ја грешката на Езекија?
5. Со цел да имаме успех како христијански мисионери, зошто мораме да стражариме над нашите усни и нашите чекори?
2014 • 2. Квартал
13. лекција — „ПОУКИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ НЕУСПЕХ“
28. јуни 2014
„Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова“.
— Исаија 1,19.20.
„Со своето отпадништво и бунт, оние кои би требале да стојат како светлоносци меѓу народите во светот, ги предизвикале Божјите казни против себе“.
— RH, 4. март, 1915.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 205 – 215.
Недела — 22. јуни
1. МОЌНО СВЕДОШТВО ЗА СВЕТОТ
а. Која песна Израеловите синови ја пееле за време на светите празници во Ханан? Второзаконие 31,30; 32,1-3. Какво влијание оваа песна имала врз соседните народи? Псалм 67,2.
„Народот на Израел, додека патувал низ пустината, го славел Бога со свети песни… И во Ханан, кога се собирале на светите празници, ги прераскажувале Божјите чудесни дела и во своите песни изразувале благодарност на Неговото свето име. Бог сакал целиот живот на Неговиот народ да биде живот на пофалба и слава“.
— Христовите поуки, 265.
б. Со кои средства најефикасно можеме да му покажеме на светот како ние сме добиле голем благослов од Бога, со посредство Христовото Евангелие? Псалм 145,5.6.
„Многу повеќе отколку што тоа го чиниме треба да зборуваме за драгоцените поглавја од нашиот животно искуство“.
— Христовите поуки, 266.
Понеделник — 23. јуни
2. ПОВТОРУВАЊЕ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА
а. Со кои зборови Господ ги изнел пред својот народ последиците од нивното неверување? Второзаконие 8,18-20.
„(Второзаконие 28. поглавје). За да ги всади овие вистини (условни благослови) што подлабоко во срцата на присутните, големиот водач ги изразил со свети стихови. Таа песна била не само историска туку и пророчка. И покрај тоа што раскажува за чудесното Божјо постапување со својот народ во минатото, исто така ги најавува и величествените настани на иднината и конечната победа на верните кога Христос повторно ќе дојде во сила и слава. На народот му било наложено добро да ја запамети таа пророчка песна и да им ја пренесе на своите деца и на децата на своите деца. Таа песна морала да се пее кога народот ќе се собере на богослужение и да се повторува при поаѓањето на секојдневните должности. Должноста на родителите била тие зборови да ги всадат во чувствителните умови на своите деца така што тие никогаш да не ги заборават“.
— Патријарси и пророци, 488.
б. Какво охрабрување Мојсеј им упатил на Израелците на крајот од нивното лутање по пустината? Второзаконие 28,1.2.9-11.58.59.64.
„Мојсеј вниманието на народот го насочил кон ‘оној ден кога стоеше пред својот Господ Бог под Хорив’. Потоа ги прашал собраните Евреи: ‘Има ли некој голем народ кому неговиот бог му се приближил толку како што е близок кон нас нашиот Господ Бог кога и да го повикаме? И има ли некој голем народ со такви праведни наредби и закони како целиот овој закон што ви го предавам денес? (Второзаконие 4,10.7.8)’. И денес би можело да се повтори ова прашање упатено до Израел. Законите што Бог му ги дал на стариот Израел биле помудри, подобри и похумани од законите на најцивилизираните народи на земјата. Сите човечки закони содржат траги на слабост и страсти на необновеното срце; но Божјиот закон носи печат на божественост… Големиот водач (Мојсеј) се плашел дека неговиот народ може да отстапи од Бога. Во еден необично свечен и возбудлив говор ги изложил пред нив благословите кои ќе ги примат ако бидат послушни, како и проклетствата кои ќе настапат како последица на престапот“.
— Патријарси и пророци, 486.487.
Вторник — 24. јуни
3. ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ
а. Како Израел како народ постапил со светата доверба која ја примил од Бога? Еремија 2,21; Осија 10,1.
„Израелскиот народ го изгубил од вид својот висок позив како Божји претставници. Заборавиле на Бога и не успеале да ја исполнат својата света мисија. Благодатите што ги примиле од Бога не донеле благослов на светот. Сите нивни предности тие ги присвоиле за свое прославување“.
— Делата на апостолите, 8.
б. Како пророчкото предупредување дадено преку Мојсеј се исполнило во времето на јудејските цареви? 2 Летописи 36,14- 17.20; Еремија 39,8.9.
„Израеловите синови биле одведени во вавилонско ропство, бидејќи се одвоиле од Господа и затоа што не се држеле до начелата кои би ги сочувале од методите и праксите на народите кои го обесчестувале Бога. Господ не можел да им даде просперитет ниту да го исполни заветот кој го направил со нив кога тие не ги почитувале начелата кои требало најревносно да ги држат. Со својот живот и постапките, тие погрешно го прикажувале Неговиот карактер и Тој дозволил да бидат одведени во ропство. Бидејќи се одвоиле од Него, Тој дозволил да бидат понижени, да продолжат по својот пат, и да и невините да страдаат заедно со виновниците“.
— Библиски коментари, 201.
в. Како Бог го открил своето разочарување од Израел? Исаија 5,1.2.25.
„Еврејскиот народ не го послушал ова предупредување. Тие заборавиле на Бога и ја изгубиле од вид својата висока привилегија како Негови претставници. Благословите кои тие ги примиле на светот не му донело никаков благослов. Сите нивни предности себично ги користеле за своја прослава. Така ја закинувале Божјата служба која од нив со право ја очекувал, но и светот го закинувале на ист начин не давајќи му никаков пример на верски живот и свет пример“.
— Христовите поуки, 258.
Среда — 25. јуни
4. ИЗРАЕЛ РАСЕАН МЕЃУ НАРОДИТЕ
а. Што е запишано за однесувањето и судбината на последниот Јудејски цар? 2 Летописи 36,11-13; Еремија 39,4-7.
„Колку тажно и страшно предупредување претставува ова (записот за Седекија и несреќниот крај) за оние кои тврдоглаво ги одбиваат укорите и не сакаат во понизност да се покаат пред Бога за да може да ги спаси“.
— Библиски коментари, 202.
б. Што требало да се постигне со расејувањето на избраниот народ меѓу незнабошците, иако тие веќе се покажале недостојни?
„Господ го расеал (својот народ), за да може знаењето за Неговата вистина да продре во светот. Ако останале верни и вистинити и покорни, Бог повторно би ги вратил во нивната земја.
„Меѓу Израелците имало христијански патриоти, кои во начелата биле цврсти како челик и на овие верни луѓе Господ гледал со големо задоволство. Тоа биле луѓе кои себичноста не ги расипала, кои не го сквернавеле Божјото дело со погрешни методи и практики, на кои Божјата чест им била помила од сѐ во животот. Тие во ропство страдале заедно со виновниците, но нив, според Божјото провидение, токму тоа ропство во Вавилон ги истакнало во прв план, така што нивниот пример, неизвалканата чесност и честитост заблескале со небесна светлина“.
— Библиски коментари, 203. 202.
в. Каков бил резултатот на прогонството кое дошло на верниците во Ерусалим? Дела 8,1.4.5.
„Наместо да ги поучуваат новообратените како да го проповедаат Евангелието на оние кои сѐ уште не го чуле, (учениците) биле во опасност да тргнат по патот на кој сите би биле задоволни со она што било постигнато. Бог дозволил Неговите претставници да бидат изложени на прогонство, за да ги расее по други земји каде можеле да работат за другите. Протерани од Ерусалим, тие го проповедале ‘Евангелието по сите градови’ (Дела 8,40)“.
— Делата на апостолите, 77.
Четврток — 26. јуни
5. ПРЕКУМЕРНА ОПАСНОСТ ОД ЛАЖНА СИГУРНОСТ
а. Како Јован Крстител ја растресол лажната сигурност на еврејскиот народ? Матеј 3,9.
„Еврејскиот народ ја негувал идејата дека тие се миленици на небото и дека, како Божја црква, секогаш ќе бидат над сите останати. Тие тврделе дека се деца на Аврам, и дека темелите на нивната благосостојба се толку цврсти така што – им се чинело – дека можат да се спротивстават на небото и земјата да им ги одземат нивните права. Меѓутоа со своето неверство се подготвувале за осуда од страна на небото и за целосно одделување од Бога.
„Евреите погрешно го протолкувале ветувањето за Божјата вечна наклонетост кон Израел… Евреите сметале дека нивното природно потекло од Аврама им дава право на тоа ветување. Меѓутоа, тие ги занемариле условите што Бог ги поставил. Неговата благонаклонетост е осигурена на оние луѓе во чие срце е запишан Неговиот закон. Тие се едно со Него. Меѓутоа, Евреите се одвоиле од Бога… Бидејќи во минатото Господ бил толку милостив кон нив, тие ги оправдувале своите гревови. Си ласкале себеси дека се подобри од другите луѓе и дека имаат право на Неговите благослови. Сето ова ‘се напиша како опомена за нас, кои живееме во последното време’ (1 Коринтјаните 10,11). Колку често, погрешно ги толкуваме Божјите благослови и си ласкаме себеси дека сме фаворизирани заради некоја добрина во нас! Бог не може да го стори за нас она што Тој копнее да го направи. Неговите дарови се користат за зголемување на нашето самозадоволство и да се стврднат нашите срца во неверие и во грев“.
— Христовите поуки, 262; Копнежот на вековите, 84. 85.
Петок — 27. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Опишете што треба да биде тема на нашите разговори во овој свет?
2. Колку ние во нашата сфера на влијание ја повторуваме изјавата која Мојсеј ја дал по завршетокот на лутањето по пустината?
3. Колку добро јас лично ги познавам светите вистини за нашите денови?
4. Како вавилонското ропство можело да биде избегнато?
5. Со каква цел Господ дозволил израелскиот народ да се расее по светот?