Саботни библиски лекции – 2. квартал 2012
1. лекција – Творец и сопственик
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Одбрани пораки 1, 290—294.
Недела — 1. април
1. ТВОРЕЦ И ОДРЖУВАЧ
а. Што треба да сфатиме додека ја набљудуваме величествената убавина на сѐ што е создадено? Псалм 19,1—3; Исаија 40,18.21.26.
б. Кој аспект на Божјата семоќ можеме секојдневно да го допираме? Дела 17,24—29.
Понеделник — 2. април
2. ДОСТОЕН ЗА ПОЧИТ
а. Кои факти покажуваат дека Бог е единствениот кој ја заслужува нашата постојана почит? Псалми 33,6—9; Еремија 10,9—13.
„Творецот ги одржува во живот сите свои созданија. Истата рака ги држи и планините на нивните места и ги води планетите низ нивниот таинствен марш околу сонцето“
б. Кои прашања треба да нѐ исполнат со почит кон Бога? Јов 11,7; 38,1—7. Како ваквата почит придонесува за спасение на нашите души?
„Бог нема намера целосно да му се открие на човекот. Доколку луѓето во целост проникнат во Божјите дела и патишта, тие не би верувале во Неговата бесконечност. ‘Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта’ (Римјаните 11,33). Неговата љубов никогаш не би можела да се објасни со природните закони. Кога тоа би било возможно, ние не би чувствувале потреба да му ги довериме нашите души. Скептиците не веруваат затоа што нивните ограничени умови не можат да ја разберат бесконечноната моќ со која Бог им се открива на луѓето. Дури ниту градбата и функционирањето на човечкото тело не може наполно да се разбере; тоа се тајни кои ги збунуваат и најучените“.
Вторник — 3. април
3. ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИК
а. Што Бог отсекогаш сакал да разбереме во однос на сопственоста на имотот? Псалм 50,7.10—12.
„Нашите тела му припаѓаат на Бога. Тој со откупот ја платил цената и за телото и за душата. ‘Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓаме само на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа прославете го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.’ ‘Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ — за телото’ (1 Коринтјаните 6,19.20.13). Творецот го надгледува човечкото тело и го одржува. Ако Тој постојано не дејствува, пулсот не би чукал, работата на срцето би запрела, мозокот не би ја извршувал својата задача“.
б. Што сѐ опфаќа Божјата сопственост? Псалм 24,1.2; Второзаконие 10,14. Што значи тоа за нас? Откровение 4,11.
„Оние кои постојано на ум го имаат овој однос кон Бога, во својот желудник нема да внесуваат храна која го задоволува апетитот и им штети на органите за варење. Тие нема да ја уништуваат Божјата сопственост со нездрави навики во јадење, пиење или облекување. Тие внимателно ќе се грижат за човечкото тело и ќе сфатат што мора да прават за да дејствуваат во согласност со Божјата волја. Тој сака да бидеме здрави, среќни и корисни. Но за да го постигнеме тоа, ние мораме својата волја да ја замениме со Неговата“.
Среда — 4. април
4. КОМУ МУ Е ДОВЕРЕНА ВЛАСТА?
а. Кому Бог му ја доверил власта над Неговите земни добра? Создавање 1,26—28. Зошто тоа е чест за човештвото? Псалм 8,1—9.
б. Како се фалел измамникот перед Христа, по падот на Адам? Лука 4,5.6.
в. Кога Христовата власт над оваа планета треба целосно да се обнови? Даниел 7,13.14.26.27; Михеј 4,8; Откровение 11,15.
„Според изјавата на пророкот Даниел Христос на небото ќе прими ‘власт, слава и царство’; Тој ќе го добие Новиот Ерусалим, престолнината на Неговото царство, ‘стокмен како невеста променета за својот маж’ (Даниел 7,14; Откровение 21,2). Откако ќе го добие Ерусалим, Тој ќе дојде во сета своја слава, како Цар над царевите и Господар над господарите за да го избави Неговиот народ, кој ќе ‘седне на трпеза со Авраам, Исак и Јаков во царството небесно’ (Матеј 8,11) за да учествуваат на свадбената вечера на Јагнето“.
Четврток — 5. април
5. УПРАВУВАЊЕТО ДОВЕРЕНО НА ЛУЃЕТО
а. Кој совет треба да го имаме на ум секогаш кога ќе ни се довери власт — мала или голема? Второзаконие 8,11—18.
б. Која порака има особено значење во овие последни денови кога Господ само што не дошол? Лука 19,11—13.
„Секој талент што му го враќаме на Бога ќе биде испитан. Постапките на Божјите слуги нема да се сметаат за неважни. Секој поединец лично ќе се испитува и од секого ќе биде побарано да даде сметка за талентите што му биле доверени, за да се утврди дали ги умножил или ги злоупотребил. Наградата ќе биде според умножените таленти, а казната според злоупотребените таленти…
„Талентите се во наши раце. На нас останува дали ќе ги употребиме на Божја слава или ќе ги злоупотребиме. Ние можеме со нив да тргуваме денес, но утре времето за нас може да заврши времето на нашата проба и нашата сметка да биде конечна“.
Петок — 6. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кои факти откриваат дека нашиот Творец е и наш Седржител?
2. Зошто единствено Господ е достоен за обожавање?
3. Како треба да дејствуваме кога ќе дознаеме дека сѐ е Божја сопственост и дека Тој власта на земјата им ја доверил на луѓето?
4. Што треба да знаеме за узурпираната власт на сатаната?
5. Какво искушение имаме кога ни се доверуваат добра?
2. лекција – Изворен Дародавец
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за служителите, 72. Божјата восх. благодат, 62.
Недела — 8. април
1. ОБЕЛЕЖЈА НА БОЖЈИОТ КАРАКТЕР
а. Откако Бог ги создал луѓето, што уште им обезбедил? Создавање 2,7.15. Зошто е тоа благослов за нас? Проповедник 5,12.18.
б. Кои докази од секојдневниот живот ја откриваат Божјата голема љубов кон нас? Псалм 36,5—9; Дела 14,17.
„Плодните дрвја полни со овошје треба да ги сметаме за Божји дар, исто како Тој лично да ги ставил во нашите раце“. — Да Го воздигаме Него, 62.
Понеделник — 9. април
2. НАЈГОЛЕМИ БОЖЈИ ДАРОВИ
а. Кој е најголемиот од сите Божји дарови? Јован 3,16; Ефесјаните 2,4—7.
„Христос нѐ откупил со својата крв. Бог платил за нашето откупување и ако сакаме да го примиме, Тој ни го дава бесплатно“. — 9 Сведоштво, 253.
б. Кој дар од Неговиот Татко им го ветува Христос на своите следбеници? Јован 6,37—39; 17,24. Зошто овој податок треба сите да нѐ охрабри? Јаков 1,17.18.
Христос е законски сопственик на целата земја. Тој вели: ‘Сѐ Ми предаде Мојот Отев.’ ‘Сѐ што има Мојот Отец, Мое е.’ ‘Ми се даде секаква власт на небото и на земјата’ (Лука 10,22; Јован 16,15; Матеј 28,18). Целото небо и целата земја се во Негова служба. Големиот дар на небесната љубов не останала само во градите на Таткото. Христос бил даруван за човечкиот род.
Христос е полн со милост и вистина. Тој е сѐ во сѐ. Затоа, ниедно човечко битие не треба славата да ја приграби за себе. Славата му припаѓа на Божјиот Син. Сега и засекогаш, целата слава и благодарност му припаѓа Нему“. — Писма од Бетл Крик, 65.
„Христос нѐ сака затоа што ние сме дар од Неговиот Татко и награда за Неговото дело. Тој нѐ сака како сопствени деца. Тој те сака и тебе читателу. Небото не може да даде ништо поголемо, ниту подобро“. — Копнежот на вековите, 469.
„Привилегија е на Христовата спасувачка љубов да се потпреме со доверба и сигурност и да кажеме: Тој ме сака, Тој ме прифаќа; јас ќе му верувам, затоа што Тој го даде животот за мене. Доброто познавање на Христовиот карактер најдобро го потиснува сомнежот“. — Сведоштва на проповедниците, 517.
Вторник — 10. април
3. КОЈ Е ХРИСТОС?
а. Додека небесниот Отец го воздигаме како Творец, што треба ние исто така да разбереме и за Исус Христос? Евреите 1,1—3; Јован 1,1—3.
б. Врз основа на што на Христос му припаѓа правото да Му служиме и да бидеме Негови ученици? Ефесјаните 3,9; Филипјаните 2,5—10.
„Апостол Павле, пишувајќи под влијание на Светиот Дух, за Христа изјавил дека ‘преку Него е создадено сѐ; и дека Тој е пред сѐ, и сѐ во Него постои’ (Колосјаните 1,16.17). Раката која ги држи световите во вселената, раката која во совршен ред одржува сѐ што постои во универзумот, е раката која за нас била прикована на крстот“. — Воспитување, 132.
Среда — 11. април
4. НЕБЕСНО НАЧЕЛО
а. Кое основно правило треба да го научиме од Христовиот живот на земјата? Лука 22,27 (последен дел); Евреите 5,8; 12,2.3.
б. Во која смисла ние радосно треба да го следиме Христовиот пример на жртвување? 1 Петрово 2,21; Римјаните 12,1.2.
„(Христос) ја напуштил Својата слава, власта и богатството за да им помогне на оние кои пропаѓаат во гревот. Тој се спуштил до нашите потреби, за да може да нѐ издигне до небото. Неговиот живот го карактеризирале жртва, самоодрекување и несебична љубов. Тој е нашиот пример. Дали… го следите Примерот?“ — 2 Сведоштво, 615.
„Зборовите: ‘Не припаѓате само на себе;’ ‘скапо сте платени’ (1 Коринтјаните 6,19.20), треба да ги врежеме во нашето сеќавање, за да можеме да го препознаеме Божјото право на нашите таленти, нашиот имот, нашето влијание и на нашата личност. Ние треба да научиме како да го користиме овој Божји дар – во умот, душата и телото, за да како Христова сопственост да бидеме способни за здрава и угодна служба“. — Медицинска служба, 276.
Четврток — 12. април
5. ПОДАРЕНА МИЛОСТ
а. Што е милост, и зошто тоа е од суштинско значење за нашето спасение? Римјаните 5,6—9; Ефесјаните 2,8.9.
„Милоста (на Спасителот) е доволна да го потчини гревот“. — Верата со која живеам, 87.
б. Како треба да одговориме на Божјата изобилна милост? Ефесјаните 2,10; Тит 2,11—14.
„Според божественото уредување и Неговата незаслужна благодат, Господ одредил добрите дела да се наградуваат. Ние сме прифатени само преку Христовата милост; а делата на милосрдие што ги извршуваме се плодови на верата и тие ни носат благослов, затоа што луѓето добиваат награда според своите дела.
„Богоугодниот мирис на Христовата милост нашите добри дела ги прави прифатливи за Бога, а токму таа милост ни овозможува да ги правиме тие дела за кои Тој нѐ наградува“. — Одбрани пораки 3, 199.200.
„Сите ваши добри дела не можат да ве спасат, но сепак е невозможно да бидеме спасени без добри дела. Секоја жртва за Христа претставува за вас вечна добивка“. – RH, 21. март, 1878.
Петок — 13. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Наброј некои од едноставните дарови кои Бог ги дал уште од Едемските денови.
2. Како Божјиот најголем дар вклучува реципрочна врска?
3. Зошто е важно за нас да разбереме кој навистина е Христос?
4. Кое основно начело го опфаќа целиот план за спасение?
5. Каква сила им дава милоста на откупените во нивната подготовка за небото?
3. лекција – Сесрдност, доброволна служба
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 266—269.
Недела — 15. април
1. МОТИВ ЗА СЛУЖБА
а. Кои аспекти на вистинската посветеност често ги занемаруваат оние кои тврдат дека го следат Христа? Марко 8,34; Јован 15,19.20
б. Која е разликата меѓу вистинската и лажната служба? Јов 31,24—28; 29,11—16. Зошто мораме да ги преиспитаме нашите побуди?
Понеделник — 16. април
2. КЛУЧНАТА ПОРАКА НА ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ
а. Која жална разлика се забележува помеѓу Христос и мнозина кои денес се нарекуваат Негови следбеници? Филипјаните 2,5—8.21.
„Па така колку се вистинити зборовите на апостолот: ’Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос‘ (Филипјаните 2,21). Многу христијани ги немаат делата кои одговараат на името што го носат. Тие дејствуваат како никогаш да не слушнале за планот на спасението овозможен со неизмерна цена. Мнозинството сака да изгради име за себе на овој свет; тие ги прифаќаат светските навики и обичаи и живеат за да го задоволат своето ‘јас’. Ги следат своите цели со иста ревност како светот, и на тој начин ја трошат својата сила со која треба да помогнат во воспоставувањето на Божјото царство“.
б. На кое небесно начело Христос им укажува на сите Негови следбеници денес? Зошто? Матеј 16,24—26.
„Ние треба да ја практикуваме истата самопожртвуваност што Христа го навела да умре на крстот за да им овозможи вечен живот на човечките битија“.
Вторник — 17. април
3. ДА УЧИМЕ ОД АПОСТОЛИТЕ
а. Која била тајната за горливата љубов што апостол Павле ја имал кон луѓето? 2 Коринтјаните 4,15—18; 5,14.15.
„Христовата љубов во душата ќе се открие во зборови и дела. Христовото царство ќе биде на прво место. Сопственото ‘јас’ доброволно ќе биде жртвувано на Божјиот олтар. Секој што е вистински обединет со Христа ќе ја чувствува истата љубов за душите заради кои Божјиот Син го напуштил царскиот престол и високата положба; и станал сиромашен за ние преку Неговата сиромаштија да се збогатиме“.
б. За која склоност апостол Јован ги предупредува верниците и како тоа може да важи за нас? 1 Јованово 2,15—17.
„Додека мнозина чекаат да биде отстранета секоја пречка, душите во светот умираат без надеж и без Бога. Многумина, заради светски предности, заради здобивање на научно знаење би заминале и во пустински предели, би отишле во далечни земји за да успеат во бизнисот; но каде се оние кои би го смениле местото на живеење и би ги преселиле своите семејства во места каде има потреба од небесна светлина, каде нивниот пример ќе покаже дека се Христови претставници?“
Среда — 18. април
4. ЧИСТО И ЗАДОВОЛНО СРЦЕ
а. Како Христови слуги, што треба да ја обележува нашата вера? Зошто? Ефесјаните 6,6—8.
б. Зошто Исус неколку пати посочувал на десеттата заповед за време на Неговата служба? Излез 20,17; Лука 12,15. Како ние можеме да задобиеме победа на ова подрачје? 1 Коринтјаните 15,31.
„Постојаното самоодрекување и добродетелта се Божји лек против гревот на себичност и алчност. Бог воспоставил систематско добредетелство за да го одржува Неговото дело и да ги олесни страдањата на напатените и сиромашните. Тој наредил давањето да стане навика за да може се спротивстави на опасниот грев — алчноста. Постојаното давање ја уништува алчноста. Систематското давање е воспоставено за Бог да ги добие богатствата на алчните толку брзо како што ги стекнале и истите да се посветат на Господа, на кого и му припаѓаат…
„Богатството ги прави луѓето себични, и натрупувањето ја храни алчноста; а овие зла се зајакнуваат со активно практикување. Господ ги знае опасностите кои ни се закануваат и ни дал упатства за да ја спречиме сопствената пропаст. Тој бара постојано практикување на милосрдие за силата на навиките за добри дела да ја победи силата на навиките во спротивна насока“.
Четврток — 19. април
5. ВИСТИНСКА, БОГОУГОДНА СЛУЖБА
а. Како можеме да се охрабриме од примерот на првите христијани во Македонија? 2 Коринтјаните 8,1—5.
б. Како Христос накратко ја сумира нашата должност како верници? Марко 12,29—31. Што се случува кога ова начело се применува во секојдневниот живот? Матеј 7,24.25.
„Никој не може навистина да биде обединет со Христа, да ги практикува Неговите поуки и на себе да го стави јаремот на воздржување без да сфати нешто што не може да се искаже со зборови. На таквиот му доаѓаат нови, духовно збогатени мисли. Интелектот е просветлен, волјата е одлучна, совеста станува чувствителна, а имагинацијата прочистена. Срцето станува понежно, мислите подуховни, а службата слична на Христовата. Во животот се забележува она што не може да се изрази со зборови — вистинска, верна и предана посветеност на срцето, умот, душата и нова сила за работа во работата за Господарот“.
Петок — 20. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како во животот на Јов се одразувал Христовиот Дух?
2. Која вообичаена склоност мора да ја победиме ако сакаме да станеме победници?
3. Што нѐ учат Павле и Јован околу негувањето на вечните вредности?
4. Зошто алчноста е толку штетна за нашите души?
5. Која е наградата за службата од сѐ срце, дури и во овој земен живот?
4. лекција – Ревност во службата
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Колпортерска служба, 154.155.
Недела — 22. април
1. ПОТРЕБЕН Е НОВ СТАВ
а. Што треба да научиме од Христовото предупредување против негодувањето и половичната служба? Матеј 25,14.15.18.24—30.
б. Кои Христови предупредувања особено се однесуваат на овие последни денови од земната историја? Матеј 24,12. Откровение 2,4.
Понеделник — 23. април
2. ОСОБИНА КОЈА СЕ БАРА
а. Како Библијата ја опишува огромната важност на ревноста за Бога? Псалм 42,1; 84,2. Како можеме да ја стекнеме оваа особина ако таа ни недостасува? Еремија 29,13.
„Потребно е да се пости, понизува и моли за нашата слаба ревност и млака духовност“. — 4 Сведоштво, 511.
б. Кое ветување им е дадено на оние кои копнеат да станат слични на Христа? Матеј 5,6. Зошто искуството на Јаков е толку вредно за нас? Создавање 32,24—30.
„Наоружани со величествената вистина која е наша привилегија, ние со помош на Светиот Дух треба да станеме живи канали на светлината. На тој начин ќе можеме да пристапиме кон престолот на милоста и гледајќи во заветот на виножитото да клекнеме и со скрушени срца да го бараме царството небесно заедно со духовна ревност што ќе донесе своја награда. Ние ќе можеме да го зграбиме со сета своја сила исто како Јаков. Тогаш нашата порака ќе биде Божја сила за спасение“. — Отсликувајќи го Христа, 217.
„Отидете во вашата скришна соба и насамо молете го Бога: ‘Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.’ (Псалм 51,10). Бидете сесрдни, бидете искрени. Горливата молитва има голема сила. Слично на Јаков, борете се во молитва пред Бога. На Исуса му течеле крвави капки пот во Маслинката градина. И вие мора да вложите напор. Не напуштајте го вашето скришно место додека не се почувствувате силни во Бога; потоа бдејте, и сѐ додека бдеете и се молите ќе можете да ги избегнете замките и тогаш милоста Божја ќе живее во вас“. — Пораки за младите, 131.132.
Вторник — 24. април
3. РЕВНОСТА НА ДЕЛО
а. Што можеме да научиме од претрпените борби и извојуваните победи на Божјите верни сведоци? Еремија 20,8—11; Дела 4,14—20.
„Ревноста за Бога и Неговото дело ги поттикнало апостолите со голема моќ да сведочат за евангелието. Зарем нема слична ревност да ги разгори нашите срца со одлучност да се проповеда за искупителната љубов на Христа и за Неговото распетие? Секој христијанин ја има таа привилегија, не само да го чека туку и да го забрза доаѓањето на Спасителот?“ — Делата на апостолите, 600.
б. Каков вид на искуство треба да одекне меѓу нас? Псалм 119,137—140; 1 Јованово 3,1—3.
„Ние се наоѓаме на работ на вечниот свет. Заради сеопштото беззаконие, љубовта на мнозина оладила. Но напротив, во нашите срца треба да се развива љубовта кон Бога, кон чистотата, вистината и светоста. Зголемувањето на злото околу нас треба да разбуди во нас огнена ревност и силна решителност“. — RH, 29. ноември, 1881.
Среда — 25. април
4. ОДБЕГНУВАЊЕ НА ПОГРЕШНА РЕВНОСТ
а. На кој начин се изложуваме на опасност со погрешна ревност да застраниме од вистинскиот пат? Римјаните 10,1—3; 1 Коринтјаните 10,23.
б. Во што била погрешна лажната ревност на Јуј? 2 Царевите 10,16—19. 28—31.
„Христијанската ревност се раководи според начелата и не е повремена. Таа е искрена, длабока и силна, ја проникнува целата душа. Спасувањето на душите и интересите на Божјо царство се најважни… Христијанската ревност не се изразува со постојано зборување, туку таа дејствува моќно и успешно. Сепак христијанската ревност не се покажува за да биде видена. Во секој напор и секое дело ќе се забележува понизност. Христијанската ревност наведува на сесрдна молитва и понизност, и верно исполнување на домашните должности. Во семејниот круг ќе се забележи нежност и љубов, добронамерност и сомилост кои се вистински плодови на христијанската ревност“. — 2 Сведоштво, 253.254.
Четврток — 26. април
5. ХРИСТОВИОТ ПРИМЕР
а. Како пророштвото на псалмистот за божествена ревност се исполнило во Христа? Псалм 69,9; Јован 2,13—17; 4,34. Кои поуки можеме да ги извлечеме од Христовата ревност? 1 Коринтјаните 2,2—4.
„Христос изјавил дека Негова храна и пијалак се да ја извршува волјата на својот Отев. Ревноста што произлегува од ваквата посветеност на вистината верникот го прави силен бидејќи тој е извор на посветена вистина и со ширењето на таа вистина тој станува корисен христијанин. Ревноста секогаш треба да биде урамнотежена и на тој начин да ја открива светоста на карактерот“. — Објавени ракописи 10, 131.
б. Кој повик го упатува Христос до сите што живеат во млакиот период на Лаодикеја? Откровение 3,19.
„Во ова време кога крајот на сите нешта е пред нас, зарем не е потребно ревноста на црквата да ја надмине ревноста на раната црква? Ревност за Божјата слава ги поттикнала апостолите со голема моќ да сведочат за вистината. Зарем ваква ревност не треба да ги разгори нашите срца со копнеж да проповедаме за искупувачката љубов на Христа и Неговото распнување? Зарем Божјата моќ не треба уште посилно да биде откриена денес, отколку во времето на апостолите?“ — 7 Сведоштво, 32.
Петок — 27. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. На кое предупредување од параболата за талентите треба да внимаваме?
2. Кој аспект од искуството на Јаков, исто така, треба да биде и наш и зошто?
3. Што можеме да научиме од Еремија, Давид и првите апостоли?
4. Како и ние може да покажеме знаци на погрешна ревност?
5. Кои се особините на вистинската ревност?
5. лекција – Енергија и делотворност
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 287—307.
Недела — 29. април
1. ТАЛЕНТ ШТО СЕКОЈ ГО ПОСЕДУВА
а. Дури и во овие денови на брзо живеење, што Бог милостиво ни дава и зошто? Проповедник 3,1.
„Само малку денови на милост ни остануваат во кои мораме да се подготвиме за вечноста. Немаме време за губење, за задоволување на себичните желби и за толерирање на гревот. Сега треба да изградиме карактер за идниот, вечен живот. Сега треба да се подготвиме за истражниот суд“.
б. Што треба да имаме на ум кога планираме како ќе го искористиме времето? Јаков 4,13—15.
„Кога секој од нас на најдобар можен начин би го искористувал времето, многу средства би биле заштедени за Божјото дело. Кога се работи од сѐ срце, се работи сесрдно, енергично и брзо“. — 4 Сведоштво, 430.
Понеделник — 30. април
2. МУДРО СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ
а. Што мораме да сфатиме при нашите напори да го унапредиме Божјото дело? 1 Петрово 5,8; Откровение 12,12.
„О, колку голема одговорност ни е доверена — на секоја душа да ѝ го предочиме фактот дека постои небо кое треба да се придобие и втора смрт што треба да се избегне. Душата треба со сета сила да донесе одлука и насила да го придобие царството. Сатаната е активен, а и ние мора да бидеме активни. Тој е неуморен и истраен, па и ние мора да бидеме такви. Немаме време да пронаоѓаме изговори и да ги обвинуваме другите за нашето назадување; немаме време да ѝ ласкаме на душата дека доколку околностите се подобри, би ни било многу полесно да работиме на Божјото дело. Ние сме должни да ги предупредиме оние што тврдат дека веруваат во Христа, да престанат да го навредуваат Бога со грешните изговори“. — Објавени ракописи, 12, 366.
б. На што нѐ учи вдахновението во поглед на борбата што ни претстои? Ефесјаните 6,12; Матеј 24,13.
„Ние сме должни со разгорена ревност и енергија да го продолжиме Божјото дело сѐ до крајот на времето“. — Совети за родителите, учителите и студентите, 455.
Вторник — 1. мај
3. РЕСУРСИТЕ СТАНУВААТ КОРИСНИ
а. Што нашиот Господар сака да разбереме за разновидните таленти што ни ги доверил? Лука 19,13.
„Јас не можам да пронаоѓам пример во Исусовиот живот кога тој посветил време на игри и забава. Тој бил голем воспитувач за сегашноста и идниот живот; сепак јас не можам да најдам ниеден пример каде Тој ги советува учениците да се забавуваат со цел физички да се рекреираат. Откупителот на светот на секој човек му дава задача и му вели: ‘Тргувајте… додека да се вратам.’ (Лука 19,13). Правејќи така, срцето се загрева за задачата. Сите сили на битието се употребуваат во напорот да се послуша. Нашиот позив е висок и свет“. — Совети за родителите, учителите и студентите, 255.
б. Што треба да научиме од искуството на Соломон? Проповедник 2,10.11.
„Покажете им на луѓето дека вашиот ум е насочен кон должностите, кон она што е корисно и кон спасување на душата. Забавите на кои се троши драгоцено време за задоволување на нашето ‘јас’, не се исплатливи“. — Медицинска служба, 82.
„Енергијата која денес се троши на евтини, безвредни и расипливи добра треба да се искористи во делото за просветлување на светот. Секоја сила што Бог ја дал треба да се употреби во работата која со себе донесува благословено задоволство сега и за вечноста“. — Објавени ракописи 6, 267.
Среда — 2. мај
4. КУПУВАЊЕ НА ИМОТ
а. Зошто ставот на безумниот, богат човек е предупредување за нас? Лука 12,16—21.
„Луѓето се однесуваат како да немаат разум. Тие се затрупани со грижи за овој живот. Тие немаат време за Бога, ниту време да му служат. Работа, работа, работа — тоа е нивното motto. Од сите околу себе бараат да работат постојано под притисок, да се грижат за огромните фарми. Нивните амбиции се да ги срушат старите и да изградат поголеми, за да можат да ги складираат своите добра. И токму ваквите луѓе кои се робови на своето богатство ги сметаат за Христови следбеници. Тие тврдат дека веруваат во скорешното Христово доаѓање, дека крајот на сите нешта е пред прагот, а сепак не покажуваат дух на пожртвуваност. Тие сѐ подлабоко и подлабоко тонат во светот. Одвај некогаш си дозволуваат да го проучуваат Божјиот збор, да размислуваат и да се молат. Ниту пак им ја даваат оваа привилегија на членовите на нивните семејства или, пак, оние што работат за нив. Сепак, овие луѓе тврдат дека веруваат дека светот не е нивен дом, дека се само гости и туѓинци на земјата кои се подготвуваат да заминат во подобра земја. Примерот и влијанието на ваквите е проклетство за Божјото дело. Нивниот живот е исполнет со површност и лицемерство. Тие го сакаат Бога и Неговата вистина исто онолку колку што тоа го покажуваат со своите дела и ништо повеќе. Човекот дејствува според верата што тој ја има“. — 2 Сведоштво, 746.
б. Кои мисли треба да ни бидат најважни? 1 Коринтјаните 3,23; 6,20.
Четврток — 3. мај
5. ПОДГОТОВКА ЗА ПОЗНИОТ ДОЖД
а. Кое сознание треба да нѐ пробуди и секого од нас да го покрене на дејствување? 2 Коринтјаните 6,2; Матеј 10,7.
„Зарем оваа рамнодушност ќе преовладува од година во година? Зарем сатаната постојано ќе триумфира, а Христос ќе биде разочаран од слугите кои ги откупил со бесконечна цена? Ние со радост го очекуваме излевањето на позниот дожд и се надеваме на подобри денови кога црквата ќе се обедини со голема моќ и на тој начин ќе бидеме поспремни за поуспешна работа за Христа. Но позниот дожд никогаш нема да ги освежи и покрене мрзливците кои не ја користат силата што Бог им ја дава сега. Духовната мрзеливост нема да нѐ приближи кон Бога. Во нашите дела мора да вткаеме енергија, ревност, посветеност и лична побожност“. — Знаците на времето, 9. декември, 1886.
б. Кој е Божјиот позив за нас денес? Исаија 60,1.2; Матеј 5,14—16.
Петок — 4. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто времето е толку важно?
2. Која вообичаена замка може да нѐ спречи во работата за Христа?
3. Која склоност би можела да нѐ задржи во лаодикејскиот период?
4. Што треба да нѐ поттикне да работиме за Христа?
5. Зошто многумина нема да го примат позниот дожд?
6. лекција – Финансиски средства
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 138—146; 2 Сведоштво, 735—746.
Недела — 6. мај
1. ОТВОРАЊЕ НА СРЦЕТО
а. Како начинот на кој ги трошиме парите открива колку е длабока нашата посветеност и преданост на Бога? Матеј 6,21.
„Парите се дар од Бога. Тие не ни се дадени да ги трошиме на задоволување на гордоста или амбициите“. — Здравје и среќа, 252.
б. Како Давидовата посветеност на Бога е инспирација, но и прекор за повеќето од нас? 1 Летописи 29,3—5.
Понеделник — 7. мај
2. ЗБОРОВИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
а. Како сме предупредени за опасната завера против оние што ја празнуваат саботата? Лука 21,34.
б. Зошто ни е дадено особено предупредување против алчноста? Лука 12,15.
Вторник — 8. мај
3. СЕРИОЗНО ПРАШАЊЕ
а. Како љубовта кон парите го влошува нашиот духовен живот и кој е лекот за тоа? 1 Тимотеј 6,9.10.
Постојаното самооткажување е Божји лек против себичноста и лакомството кои како канцер ја нагризуваат душата. Бог ја воспоставил добродушноста за да го одржи своето дело и да ги задоволи потребите на сиромашните и страдалните. Тој наредил давањето да стане навика, за да се победи опасниот и лукав грев — алчноста. Постојаното давање доведува до изумирање на алчноста. Бог воспоставил систематска добродушност за да ги искористи богатствата на алчните со исто темпо со кое тие биле натрупани и да бидат посветени на Господа, кому вистински му припаѓаат“. — 3 Сведоштво, 510.
„Самопожртвуваноста е клучна во Христовото учење. Честопати е претставена со авторитет, затоа што Бог знае дека не постои друг начин да се спаси човекот и да се ослободи од себичноста, која доколку се задржи го деградира целото битие“. — 9 Сведоштво, 45.
„Љубовта кон парите и пријателството со светот го загрозува духовниот живот на Божјиот народ“. — 2 Сведоштво, 741.
б. На што сака Бог да го фокусираме нашето внимание, и зошто? Колосјаните 3,1.
Среда — 9. мај
4. ЗАВЕТ НА ЖРТВА
а. Имајќи го предвид краткото време што останува пред Господовото доаѓање, што треба да има на ум секој од нас кога ги распоредува своите лични средства? Агеј 2,8.
„Некои ги затвораат своите уши пред повикот за средства кои се потребни за праќање мисионери во странски земји и за објавување на книги со вистината кои како есенски лисја треба да го преплават светот. Таквите ја оправдуваат својата алчност и кажуваат дека ќе бидат дарежливи кон крајот на својот живот. Тие велат дека за Божјото дело одвоиле дел во нивните тестаменти. На тој начин живеат живот на лакомост и крадат од Бога во жртви и приноси, а со своите тестаменти на Бога му враќаат само мал дел од она што Тој им го позајмил, додека најмногу средства одвојуваат за своите роднини кои немаат интерес за вистината“. — 4 Сведоштво, 456.
б. Кое особено предупредување во врска со управувањето на ресурсите им го упатува Христос на родителите? Матеј 10,37.
Четврток — 10. мај
5. НАЈБЕЗБЕДЕН СЕФ
а. Каква сигурност им нуди Христос на сите што ќе направат завет на жртва со Него? Матеј 6,28—33.
„Секој чин на саможртвување за доброто на другите ќе го зајакне духот на милосрдност во срцето на оној што дава и ќе доведе до поблиска врска со Откупителот на светот“. — Совети за управителите, 20.
б. Како најдобро можеме да го сочуваме нашето богатство? Изреки 3,9.10.
„Ние треба да инвестираме во небесните интереси и секогаш кога работиме да го имаме небото перед очи, и на тој начин нашето богатство ќе го вложуваме во небесната банка“. — Знаците на времето, 4. април, 1895.
Петок — 11. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто парите можат да бидат талент кој открива многу нешта за нашето срце?
2. Опиши ја стратегијата на сатанската завера против оние што ја држат саботата?
3. Кој благослов ќе го примиме ако ја победиме љубовта кон парите?
4. Што треба да биде наша преокупација како што се приближува крајот на времето?
5. Кое ветување е дадено за оние кои своето богатство го вложуваат во небесната банка?
7. лекција – Десеток
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Слуги на евангелието, 200—205.
Недела — 13. мај
1. ОД ДЕНОТ НА СОЗДАВАЊЕТО
а. На кој начин Бог резервирал за себе дел од Едемската градина? Создавање 2,16.17. Како ова се споредува со десетокот? Малахија 3,7.8.
„Исто е и со Божјите барања кон нас. Тој го предава своето богатство во рацете на луѓето, но бара од тоа верно да се одвојува една десетина за Неговото дело. Тој бара овој дел да се стави во Неговата ризница. Тоа треба да му се предаде Нему како Негова сопственост; тоа е свето и треба да се користи за свети цели – за издржување на оние кои ја носат пораката за спасение во сите делови на светот“.
б. Каква била практиката на раните патријарси во врска со десеттиот дел од нивниот приход ? Создавање 14,18—20; 28,20—22.
Понеделник — 14. мај
2. ВО ЕВРЕЈСКАТА ЕКОНОМИЈА
а. Какви конкретни упатства во почетокот и биле дадени на еврејската нација во врска со десетокот? Левитска 27,30.32. Како овој принцип бил нагласуван низ сите векови? Малахија 3,10.
И кога Израелците биле организирани како нација, законот за десеток е потврден како Божја уредба и од почитувањето на таа уредба зависела нивната благосостојба“. – Патријарси и пророци, 551.
„’Десетокот… е на Господа’. Тука е употребен ист облик на изразување како и во заповедта што се однесува за празнувањето на саботата. ’Седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог’ (Излез 20,10). Еден одреден дел од времето и од средствата доверени на луѓето Бог задржал за себе и човекот не може ниеден од тие делови да задржи за своите сопствени интереси а да не биде виновен“.
б. Што покрај десетокот исто така требало да се издвои за Бога? Излез 34,26 (прв дел); 2 Летописи 31,5.6.
Така народот постојано бил потсетуван дека Господ е вистинскиот сопственик на нивните ниви и на нивните стада овци и говеда, дека Тој со благотворните зраци на сонцето и дождот им овозможил сеидба и жетва, дека Тој е Творец на сѐ што имаат и дека нив ги сторил само повереници на неговите добра.
Кога луѓето од Израел, натоварени со првите плодови од полето, овоштарниците и лозјата, се собирале перед светињата, тоа претставувало јавно признавање на Божјата добрина“.
Вторник — 15. мај
3. БЕЗВРЕМЕНСКО НАЧЕЛО
а. Што било вклучено во реформата спроведена во деновите на Немија? Немија 10,37; 12,44.
б. Која пракса на фарисеите и Христос ја одобрил? Матеј 23,23. Зошто начелото на десетокот се применува и во новозаветната ера? Евреите 7,1—5.8.20.21.
Бог апсолутно резервирал за Себе одреден дел од нашето време и нашите средства. Да се игнорираат овие тврдења значи да крадеш од Бога“. – RH, 16. мај, 1882.
„Десетокот треба да се посвети на Бога. Неговите барања доаѓаат на прво место. Ние не ја извршуваме Неговата волја ако Му го посветуваме она што ни преостанало откако сме ги задоволиле своите потреби. Пред да трошиме било кој дел од нашите приходи, треба да го издвоиме и предадеме делот кој Тој изрично го бара како свој. Но кога го задржуваме она кое Тој го прогласил за свое, целиот наш имот го погодува проклетство и во небесните книги ни се припишува вина за разбојништво. Бог на човекот му дал девет десеттини, додека една десетина бара за свети цели – како што му дал на човекот шест дена да работи за свои потреби а седмиот ден е резервиран и одделен за Него“. – Записник од пацифичката унија, 10. октомври, 1901.
„Додека ние како народ се стремиме верно да му го посветиме времето кое Тој го резервирал за себе, зарем да не му ги вратиме и дел од средствата кои Тој со право ги бара?…
Десетокот од секој наш приход е Господов. Тоа Тој го резервирал за себе за да се употреби за верски цели. Тоа е свето. Ништо помалку од ова Тој, во поглед на давањето, не прифаќа во кој било период. Занемарувањето или одложувањето на оваа обврска ќе предизвика Божјо незадоволство. Кога сите кои тврдат дека се христијани верно би ги давале своите десетоци на Бога, Неговата ризница би била полна“.
Среда — 16. мај
4. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАС
а. Како начелото за десеток се однесува на осмата заповед? Излез 20,15; 3,7—9.
б. Што не треба никогаш да заборавиме во врска со десетокот? 1 Коринтјаните 9,13.14.
„Никој нека не се чувствува слободен да го задржува десетокот и да го употребува според својата замисла. Човекот не смее да го употребува десетокот дури ниту во случај на итна потреба, ниту пак смее да го употребува како што му одговара, па дури и ако смета дека со тоа го помага Божјо дело.
„Мошне јасна, одредена порака ми е дадена за нашиот народ. Принудена сум да му кажам дека се прави грешка кога десетокот ненаменски се троши за разни објекти кои, иако се добри сами по себе, сепак не се она за што десетокот според Божјата изречна уредба е наменет. Оние кои на таков начин го користат десетокот се оддалечуваат од божественото уредување. Тој ќе им суди за тоа“. — Слуги на евангелието, 203.
„Некои мислат дека десетокот може да се употребува за подигање и одржување на училишта. Други пак сметаат дека со десетокот треба да се издржуваат колпортерите. Меѓутоа, голема е грешка ако десетокот не се употребува за она за што и е наменет – за издржување на проповедниците. Денес би требало да имаме стотици добро оспособени работници таму каде што имаме само еден“.
Четврток — 17. мај
5. НАШИ ПРВИ ФИНАНСИСКИ ПРИОРИТЕТИ
а. Што претставува клуч за духовен и овоземен напредок? Матеј 6,33.
б. Што Господ изјавува во поглед на она што е Негово? Малахија 3,10.
Петок — 18. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која очигледна поука од Едем го илустрира принципот на десетокот?
2. Што е барано од Евреите да направат пред да ги донесат своите десетоци во Божјата ризница?
3. Зошто системот на десеток е применлив и во новозаветната ера?
4. Што ќе се случи ако секој христијанин верно го дава својот десеток?
5. Каква благодат им донесува верното давање на десеток на сите кои учествуваат во тоа?
8. лекција – Доброволни дарови
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 3 Сведоштво, 361—371. 4 Сведоштво, 440—453.
Недела — 20. мај
1. ПРВИНИ
а. Која изјава му била дадена на Божјиот народ во почетокот на нивната историја? Излез 22,29.
б. Која пракса, обновена во реформата спроведена во времето на Неемија, исто така е потребна и меѓу нас денес? Неемија 10,34—37.
Понеделник — 21. мај
2. БЛАГОДАРНИ, ДОБРОВОЛНИ И ЖРТВИ ЗА ГРЕВ
а. Што нѐ учат Библијата за давањето? Псалм 50,14; 116,12.
„Нашето време, нашите таленти и нашиот имот треба да му ги посветите на Оној кој ни ги дал тие благослови. Во секое избавување од некоја неволја, во секоја нова и неочекувана примена благодат и милост, ние треба да ја признаеме Божјата добрина; и нашата благодарност треба да ја покажеме не само со израз на благодарност во зборови, туку, како Јаков, со дарови и приноси наменети за напредок на Неговото дело. Како што постојано ги примаме Божјите благослови, така постојано треба и да даваме“.
б. Зошто Езекиел увидел дека има потреба од реформа во Јудеја? 2 Летописи 29,1—7. 27—33. Каква реформа е потребна и меѓу нас денес?
„Донесете ги вашите жртви за грев, вашите благодарни и доброволни прилози; понизете се во срцето пред Господа, Тој е секогаш подготвен да прими и помилува“.
„(Божјите) гласници не треба на тој начин да бидат хендикепирани во нивната работа при проповедање на Речта на животот. Во проповедањето на вистината тие треба да имаат средства кои ќе ги инвестираат за унапредување на делото, кое мора да се направи во вистинско време, за да се постигне најдобро и најспасоносно влијание. Мораат да се вршат дела на милосрдие, мора да им се помогне на сиромашните и напатените. За таа цел треба да се наменат даровите и прилозите. Овие мора да се направи особено во новите полиња каде сѐ уште не е издигнато знамето на вистината“.
Вторник — 22. мај
3. ЛЕВИТСКА ДАРЕЖЛИВОСТ
а. Како Бог ја комбинира должноста и благословот? Изреки 11,24.25.
„Некои совесни поединци му враќале на Бога околу една третина од сите свои приходи за верски цели и за сиромашните. Овие прилози биле барани не само од одредена класа на луѓе, туку од сите, барањето било пропорционално според износот што го поседувале“.
„Секогаш, во кој било период на овоземната историја, кога припадниците на Божјиот народ радосно и доброволно го спроведувале Неговиот план на систематска добродушност и во дарови и прилози, можеле да се осведочат дека ветениот напредок ги следи нивните напори токму во соодносот со нивната послушност“.
б. Кога заветуваме парични средства, што никогаш не смееме да заборавиме? Проповедник 5,4.5; Псалм 66,13.14.
„Бог го задржува апсолутното право на одреден дел од нашето време и нашите средства. Да се игнорираат овие барања значи да се закинува од Бога. Христијаните се фалат дека нивните привилегии далеку ги надминуваат оние од еврејското доба. Треба ли тогаш да дадеме помалку за Божјо дело од она што го давал Неговиот древен народ? Десетокот бил само дел од нивните давања. Покрај доброволните прилози и жртви на благодарност барани се и други бројни дарови, кои тогаш, како и сега, биле вечна обврска“.
Среда — 23. мај
4. ДРУГ ДЕСЕТОК
а. Во еврејската економија што претставувал вториот десеток – и која била неговата цел? Второзаконие 14,22.23.27—29; 26,12.13.
„Меѓутоа, секоја трета година овој втор десеток е употребуван дома за гостење на левитите и сирачињата, како што рекол Мојсеј: ‘Да јадат во твоите места и да се наситат’ (Второзаконие 26,12). Тој десеток претставувал фонд за добротворни цели и за негување на гостопримство“.
б. Каква благодат им донесувал на дарителите, во духовна смисла, вториот десеток и на кој начин тоа може да претставува благослов и денес? Изреки 19,17.
„За употреба на вториот десеток секогаш ќе се најдат доволно места за срдечната мисионерска работа во нови места“.
Четврток — 24. мај
5. ДАВАЊЕ ВО ПРАВ ДУХ
а. Што треба да сфатиме кога даваме прилози за Божјо дело? Марко 12,41—44. Како можеме да ја утврдиме висината на првите плодови (првината) и другите прилози? Второзаконие 16,17.
„Прилозите што се барале од Евреите за верски и добротворни цели изнесувале полна четвртина од целокупните нивни приходи. Можело да се очекува дека толку високите даноци ќе го осиромашат народот; но, напротив, верното исполнување на овие прописи всушност претставувало еден од условите за нивниот напредок и благосостојба“.
б. Каков став Господ сака секој од нас да пројави? 2 Коринтјаните 9,6.7; Матеј 6,1—4.
Петок — 25. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Господ бара од нас да му ги дадеме нашите првини Нему?
2. Кои видови на прилози Господ сѐ уште и денес бара од нас?
3. Што можеме да научиме од Евреите во поглед на давањето?
4. За кои цели вториот десеток може да се користи во нашите денови?
5. Каква е вредноста на дарот кој го даваме во Божјите очи?
9. лекција – Божја ризница – Неговата црква
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 5—10.
Недела — 27. мај
1. КОШАРА ЗА НЕГОВОТО СТАДО
а. Зошто Бог има црква на земјата? 1 Петрово 2,5.9.
б. Кои особини се од суштинско значење во вистинската Божја црква? Откровение 14,12, Ефесјаните 4,4—6.
Понеделник — 28. мај
2. СИГУРНО УТОЧИШТЕ
а. Бидејќи, само Христовото присуство во нашето срце (Јован 15,4.5) може да нѐ направи единствени во вистината, кој пример на првите ученици не треба никогаш да го заборавиме? Дела 1,13.14; 2,46; 4,32.
б. Која одговорност презема секој од нас кога ќе го потчини својот живот на Христа? 1 Тимотеј 3,15.
в. Каква привилегија му се нуди на секој член на вистинската Божја црква? 1 Јованово 1,7; Евреите 10,24.25.
Вторник — 29. мај
3. ПОВИКАНИ НА СЛУЖБА
а. Која должност верниците често ја занемаруваат? Псалм 60,4.
б. На што секој Христов следбеник постојано се повикува? 2 Тимотеј 2,1—4.
в. Што помага за обединување на црквата? Гал. 6,2; Ефесјаните 4,1—3.
Среда — 30. мај
4. РАСТЕЊЕ И РАЗВОЈ
а. Како вдахновението го опишува растот и развојот на верниците и на црквата? Ефесјаните 2,19—22; 4,14—16; 1 Коринтјаните 3,9—13.
„Нашето дело не беше издржувано од големи дарови или наследства, бидејќи меѓу нас имаше малку богати луѓе. Која е тајната на нашиот просперитет? Ние напредувавме под наредбата на Капетанот на нашето спасение. Бог ги благословуваше нашите обединети напори. Вистината се ширеше и цветеше. Установите се множеа. Синаповото зрно израснало во големо дрво. Системот на организација се покажа како голем успех. Се пристапи на систематска дарежливост според планот на Библијата. Телото беше ‘составено и сврзано преку сите дарувани врски‘ (Ефесјаните 4,16)“.
б. Што е тоа што овозможува талентите и средствата најефикасно да се искористат меѓу верниците? 1 Коринтјаните 1,10; 14,40. Од друга страна, што е тоа што предизвикува мнозина да биваат изгубени од редовите на чуварите на саботата?
Четврток — 31. мај
5. ОПТИМАЛНА СЛУЖБА И КРЕДИБИЛИТЕТ
а. Опишете ја состојбата која мора да постои меѓу Христовите следбеници за да се обезбеди успех во нашите мисионерски потфати. Јован 10,16; 13,35; 17,18—23.
„(Ангелот рече): ‘Црквата мора да се обрати кон Божјата Реч и да се придржува кон евангелскиот ред кој беше лесно сфатен и занемарен’. Ова е неминовна потреба за црквата да дојде во единство на верата“. — Рани списи, 110.
„Исус се молел Неговите ученици да можат да бидат едно… Таквото единство може да го убеди светот дека ја продолжуваме Христовата мисија и дека имаме божествени акредитиви“. — RH, 11. јуни, 1890.
„Ако постоеле тешкотии меѓу браќата и сестрите – ако имало завист, злоба, горчина, зли претпоставки, исповедајте ги тие гревови, но не на еден воопштен начин, туку едноставно отидете лично кај вашите браќа и сестри. Бидете конкретни. Ако сте направиле една грешка а тие дваесет, признајте ја таа една грешка како да сте вие главниот виновник. Загрлете го оној кој се чувствува навреден и, со срце омекнато под влијанието на Божјиот Дух, речете: ‘Ќе сакаш ли да ми простиш? Не постапив исправно кон тебе. Сакам да ја исправам секоја грешка, за да не остане ништо запишано против мене во небесните книги. Записникот за мене мора да биде чист.’ Кој, според ваше мислење, би можел да одолее на таков гест како овој?“
Петок — 1. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можеме да го утврдиме идентитетот на вистинската Божја црква?
2. Зошто членството во црквата е важно за верниците како поединци?
3. На кој начин можеме да бидеме во опасност да сведочиме против вистината?
4. Наведи некои фактори кои ќе поттикнат единство во црквата?
5. Со што можеме да докажеме пред светот дека навистина имаме божествени акредитиви?
10. лекција – Божјиот план за финансирање на Неговото дело
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 4 Сведоштво, 545—550.618.619.
Недела — 3. јуни
1. ЗА СЕКОГО ПО НЕШТО
а. Кој е Божјиот метод за усовршување и обединување на Неговите расеани овци? Ефесјаните 4,11—16.
б. На кој начин ова ги вклучува и должностите и предностите на секој верник? 1 Коринтјаните 3,7.8.
Понеделник — 4. јуни
2. ПОУЧУВАЊЕ НА БОЖЈИ НАЧИН
а. На кој начин мнозина денес го повторуваат гревот на Надав и Авиуд? Левитска 10,1.2.
„А каков впечаток сето тоа остава врз умот на неверниците? Светите критериуми на Божјата Реч се влечат по прашина. Христијанството и Божјото име се излагаат на презир. Со такво небиблиско извлекување на пари се поттикнуваат и охрабруваат изопачени принципи. А тоа е токму она што го сака сатаната. Луѓето го повторуваат гревот на Надав и Авиуд. Наместо свет тие употребуваат ‘туѓ оган’ во Божјата служба. Господ не прима такви приноси“.
б. Што можеме да научиме од начинот на кој Мојсеј собирал средства – и од одѕивот на Израелците? Излез 35,4.5.21.29; 36,3—7.
в. Што во поглед на давањето секогаш треба да се има во предвид? 2 Коринтјаните 9,7.
Вторник — 5. јуни
3. ПРАКТИЧЕН СОВЕТ
а. Со што можеме да се изложиме на опасност врз себе да навлечеме проклетство кое го заслужиле жителите на Мероз? Судии 5,23.
„Плодовите на себичност секогаш се откриваат во занемарувањето на должноста и во злоупотребата на даровите кои Бог им ги доверил на луѓето за унапредување на Неговото дело“. – Совети за управителите, 26.
„Малата количина на средства наменети за делото на спасување на души е скромна и многу бавно пристигнува во Господовата ризница, а и таа скромна сума се добива со тежок труд. Кога сите би можеле да увидат колку алчноста, која сѐ повеќе зема замав, го попречува напредокот на Божјото дело во поглед на десетоците и приносите, кај мнозина би дошло до одлучна реформа; и не би се осмелувале повеќе, како досега, да го попречуваат напредокот на Божјото дело“.
б. Што учи Светото писмо за личното штедење? Изреки 21,20; Јован 6,12.
в. На кој начин македонските повици и денес допираат до секого од нас, и какви благослови можеме да примиме ако одговориме на нив? Дела 16,9.10.
„Сите пари кои можеме да ги заштедиме, должни сме да ги положиме во Господовата каса. Потребите на запоставените и необработени полиња викаат за тие пари. Од многу земји се слуша плачот: ’Дојдете и помогнете ни‘ (Дела 16,9). Членовите на нашата црква треба длабоко да се заинтересирани и за домашните и за странските мисии. Трудејќи се со самопожртвување знамето на вистината да го забодат на нови подрачја, тие ќе почувствуваат голем благослов. Вложените пари во тоа дело ќе бидат богато возвратени“.
Среда — 6. јуни
4. НАШИОТ УДЕЛ ВО БОЖЈИОТ ПЛАН
а. Како нашите десетоци и дарови влијаат на отворање на нови полиња? 1 Тимотеј 5,17.18.
„Кога сите кои тврдат дека се Божји народ, и млади и стари, би ја вршеле својата должност, нема да има недостаток во ризницата. Кога сите верно би давале десеток и би посветиле на Господа првина од своите приноси, Неговото дело би имало доволно парични средства“.
б. Како Давид нѐ поттикнува на великодушно давање? 1 Летописи 29,10—14.
„Ако се постапувало според Божјиот план, денес средствата редовно би се приливале во Неговата ризница со што на проповедниците би им било овозможено да влезат во нови полиња, нови работниците би се обединиле со проповедниците во напорите знамето на вистината да се издигне во мрачните делови на Земјата“.
Четврток — 7. јуни
5. ПРЕДНОСТИ И ОДГОВОРНОСТИ
а. Со што Божјиот народ го забрзува или пак одложува Христовото враќање на облаците на славата? 2 Петрово 3,11.12.
„Божјото дело, кое требало да биде десеткратно посилно и поделотворно отколку што е сега, е задржано, како што студените ветрови на зимата го задржуваат доаѓањето на пролетта, затоа што некои од оние што тврдат дека се Божји народ ги присвојуваат за себе средствата кои би требало да ги посветат во Божјото дело. Затоа што Христовата љубов и самопожртвувањето не се вткаени во животната пракса, црквата е слаба таму каде што би требало да биде силна. Со сопствените постапки таа ја засолнува својата светлина и милиони души го закинуваат Христовото евангелие“.
б. Која предност му се овозможува на секој верник? 1 Коринтјаните 3,9.
Петок — 8. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кој е еден од начините на кој можеме да придонесеме во усовршувањето на единството на Божјиот народ?
2. На кој начин погрешните методи на собирање на средства се спротивни на Божјиот метод?
3. Како со намалувањето на своите лични прилози можеме да го попречиме Божјото дело?
4. Што би се случило кога сите би ја негувале великодушноста на Давид?
5. Како можеме да го забрзаме или пак одлагаме враќањето на нашиот Господ?
11. лекција – Библиски начела на финансирање
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 51—55; Воспитување, 135—145 ориг.
Недела — 10. јуни
1. ЛИЧНИ ФИНАНСИИ
а. Какви последици можеме да имаме поради запоставувањето на делото Господово и сега и за вечноста? Агеј 1,5—11.
„Занемарувањето да го признаете Христа во своите сметководствени книги ве одделува од големата привилегија вашето име да биде запишано во животната книга на Јагнето“.
б. Што треба да разгледаат оние кои обично имаат склоност да бараат помош, наместо да ја понудат? Второзаконие 28,12.13.
Понеделник — 11. јуни
2. УСЛОВЕНИ ВЕТУВАЊА
а. Каква е Божјата намера за Неговиот народ и денес? Второзаконие 28,1—6.
„Според божествената намера, ниту христијаните, кои уживаат многу поголеми предимства отколку Евреите, не би смееле да бидат помалку дарежливи од нив. ‘Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него‘ (Лука 12,48), рекол Спасителот. Дарежливоста што се барала од Евреите, во голема мера ја користел само еврејскиот народ. Денес Божјото дело се раширило по целиот свет. Богатството на евангелието Христос го ставил во рацете на своите следбеници и ги задолжил таа добра и радосна порака на спасението да ја носат низ целиот свет. Затоа ние имаме многу поголеми обврски од стариот Израел“.
б. Кои ветувања се сигурни за сите кои се придржуваат до Божјиот финансиски план? Малахија 3,11.12.
„Благодарение на овој систем остварени се големи успеси. Кога би го прифатиле овој совет, секој би можел да стане внимателен и верен ризничар за Господа; и нема да има недостиг на средства потребни за објавување на последната порака на милост и предупредување за овој свет. Кога сите би го прифатиле овој систем, ризницата би била пополна, а оние кои даваат прилози не би станале посиромашни. Секоја инвестиција го прави верникот уште повеќе посветен во делото на сегашната вистина“.
Вторник — 12. јуни
3. ПОУКИ ОД ХРИСТОВИТЕ ДЕНОВИ
а. Каков поттик за нас можат да бидат даровите кои мудреците ги посветиле на детето од Витлеем? Матеј 2,1.2.11.
б. Што можеме да научиме од Марија кога со миро го помажала Исуса? Марко 14,3.
в. Како можат оние кои вообичаено зависат од милостината да станат – како Марија – дарители? Дела 20,35.
Среда — 13. јуни
4. ВО ВРЕМЕТО НА АПОСТОЛИТЕ
а. При објавување на Евангелието, каква одлучност во намерата ние треба да споделиме со првите христијани? Дела 4,32—37.
„Така е секогаш кога Божјиот Дух владее со човечкото срце и живот. Оние, чиишто срца ги исполнува Христовата љубов, ќе го следат примерот на Оној кој осиромашил за ние да се збогатиме со Неговото сиромаштво. Парите, времето, угледот и влијанието – сите дарови што ги примиле од Божјите раце – тие ќе ги ценат само како средство за напредок на Неговото дело. Така било во првата црква. А кога во црквата на нашите денови ќе се покаже дека верниците, благодарение на силата на Духот, се одвратиле од земните работи и дека се подготвени да поднесат жртва за да можат нивните ближни да го слушнат Евангелието, тогаш објавувањето на вистината ќе има силно влијание врз слушателите“.
б. Што можеме да научиме од подмолната измама на Ананија и Сапфира и страшните последици од сето тоа? Дела 5,1—11.
Четврток — 14. јуни
5. СИСТЕМАТСКО САМООДРЕКУВАЊЕ
а. Што мораме да сфатиме во функционирањето и финансиската поддршка на Божјото дело на оваа земја? 1 Коринтјаните 14,33.
б. Што можеме да научиме од примерите на оние кои претставуваат пример во самоодрекување? Евреите 11,8—10.24—26.37—40.
Бог ги поттикнувал срцата на мнозина. Вистината, за која неколкумина поединци толку многу се жртвувале, триумфирала и мнозина цврсто ја прифатиле. По Божја промисла, оние кои имале средства требало да ги вложат за ширење на вистината, така што – кога делото ќе се прошири – потребите на истото би можеле да бидат задоволени. Сега Бог не бара припадниците на Неговиот народ да ги продаваат своите куќи во коишто треба да живеат; но ако оние кои имаат изобилство не го послушаат Неговиот глас да се одвојат од светот и жртвуваат за вистината, Тој ќе помине покрај нив и ќе ги повика оние кои се подготвени да направат сѐ за Исуса, дури и да ги продадат своите домови за да ги задоволат потребите на Неговото дело. Оние кои даваат треба да го ценат тоа како посебна привилегија“.
Петок — 15. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како примателот на љубовта може да стане нејзин дистрибутер?
2. Каква треба да биде нашата добронамерност во споредба со онаа на древните Евреи?
3. Како треба да нѐ инспирираат примерите на великодушност во Христовите денови?
4. Што можеме да научиме од духот на ранохристијанската црква?
5. Како самоодрекувањето на пионерите на сегашната вистина може да се открие и денес?
12. лекција – Просветлување на целиот свет
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 9 Сведоштво, 47—57. 3 Сведоштво, 345—357.
Недела — 17. јуни
1. ОДГОВОР НА МАКЕДОНСКИОТ ПОВИК
а. Иако литературата претставува моќно мисионерско средство, кои чекори мора да ги преземеме за да го комплетираме Евангелскиот налог? Матеј 28,18—20. Како оваа потреба за вредни евангелски работници може да се задоволи? Исаија 52,7.8.
б. Која итна задача треба да се изврши? Марко 16,15.
Понеделник — 18. јуни
2. ВАЖНОСТА НА БОЖЈИОТ ДЕСЕТОК
а. Како вдахновението го нагласува личниот, човечки елемент во делото на спасувањето на душите? Римјаните 10,13—15. Како можеме да сите да бидеме вклучени во тоа? Откровение 22,17.
б. Што Господ бара ако занемариме навреме да го предадеме својот десеток? Левитска 27,31. Како искуството на една локална црква во 1889 година може да ги поттикне сите денес?
Вторник — 19. јуни
3. ВЕРНОСТ ВО СПОСОБНОСТА НА ПРЕДВИДУВАЊЕ
а. Каков приговор бил упатен против великодушноста на Марија кон Исуса? Јован 12,3—6. Како Христос го пофалил гестот на Марија и како сме предупредени ние денес да не упатуваме слични приговори? Марко 14,7—9.
б. Кои реалности би требало сега да нѐ разбудат? Јован 4,35.36.
Среда — 20. јуни
4. ВКУСНА СОЛ
а. Какво предупредување им се упатува на сите кои сакаат да го почитуваат Христа? Матеј 5,13.
б. На кој начин сегашната вистина треба да се прошири по целиот свет? Проповедник 11,1.6.
в. Кој повик денес е најитен и зошто? Матеј 9,36—38.
Четврток — 21. јуни
5. ПРОСВЕТЛУВАЊЕ НА СИТЕ КРАЕВИ НА СВЕТОТ
а. Колку славен ќе биде исходот на евангелскиот налог и како можеме да бидеме благословени ако учествуваме во него? Откровение 18,1.
Петок — 22. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Во која смисла литературата е ограничена во својата намена за спасение на душите?
2. Што открива важноста на точноста во давањето на десеток?
3. Како можеме да се изложиме на опасност од повторувањето на гревот на Јуда?
4. Што треба да имаме на ум кога одлучуваме колку ќе дадеме за Христа?
5. На кој начин светот ќе биде просветлен – со нас или без нас?
13. лекција – Наша последна прилика!
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 4 Сведоштво, 453—462; 6 Сведоштво, 412—420.
Недела — 24. јуни
1. ПРЕД ДА ЗГАСНЕ ЖИВОТОТ
а. На кои реалности сите ние сме потчинети? Евреите 9,27. Што треба секој од нас најсериозно да размисли – без оглед дали е стар, млад, болен или здрав? Римјаните 12,11.
„Многумина не одлучуваат да напишат тестамент додека уште се во здравје и сила. Меѓутоа, нашите браќа треба да ја преземат таа мера на претпазливост. Тие во секое време треба да знаат каква е нивната финансиска состојба, не дозволувајќи имотот да им остане несреден. Нивните имотно—правни работи секогаш треба да бидат така средени, што во секој момент можат мирно да ги остават“.
б. Во планирањето на нашиот тестамент, што треба да земеме во обѕир? Исаија 38,1.
Понеделник — 25. јуни
2. ПОДГОТОВКИ ЗА КРАЈОТ
а. Бидејќи многу голема сума на пари се губи затоа што луѓето умираат без да изготват легален тестамент, на што треба благовремено да го свртиме вниманието на верникот? 1 Коринтјаните 4,2.
„Мнозина покажуваат непотребна чувствителност во тој поглед. Тие сметаат дека ако се испитуваат старите и изнемоштени за тоа каква намера имаат со својот имот значи да се стапи на забранета почва. Но ова претставува исто толку света должност колку што е и должноста да се проповеда Божјата реч со цел да се спасат душите. Мораме да го имаме на ум фактот дека овде се во прашање поединци кои во свои раце држат средства или имот кој Бог им го доверил и дека тие имаат намера својата должност во својство на повереници да ја пренесат на други. Треба ли да се дозволи средствата кои Бог им ги позајмил за да ги вложат во Неговото дело, да дојдат во рацете на неверниците само затоа што тие им се роднини? Зарем христијаните, загрижени за идното добро на таквите свои браќа и за доброто на Божјото дело, не треба да им помогнат во правилна распределба на нивниот имот и во мудра употреба на талентите кои Бог им ги дал? Зарем нивните браќа мирно да гледаат како тие го завршуваат својот живот, а во исто време ја ограбуваат Божјата ризница? Тоа би претставувало страшна загуба и за нив самите и за Божјото дело; бидејќи оставајќи ги сите свои средства во рацете на оние на кои не им е грижа за Божјата вистина, тие практично би направиле исто како и оној слуга во Христовата парабола кој го завиткал својот талент во крпа и го закопал во земја“. — 4 Сведоштво, 456.
„Смртта нема да дојде ниту еден ден порано, браќа мои, само затоа што сте ја напишале вашата последна волја. Кога им го оставате имотот на своите роднини, никако не заборавајте на Божјото дело. Бидејќи како Негови управители го држите Неговиот имот, Неговите барања треба да ви бидат на прво место. На својата сопруга и деца, природно, не треба да заборавите; оставете им го делот кој им припаѓа ако тој им е потребен. Но не внесувајте во својот тестамент долг список на роднини на кои вашиот имот не им е потребен, туку тоа само се прави затоа што е таков обичајот“.
б. Што, според она што Бог го очекува од нас, треба секогаш да имаме на ум, без разлика дали ќе живееме или ќе умреме? Римјаните 14,8.12.
Вторник — 26. јуни
3. ЗАВРШНО ДЕЛО
а. Која е нашата должност во овие последни денови? 1 Солунјаните 5,1—6; Зах. 10,1. Како можеме да го примиме позниот дожд или ‘освежувањето’? Дела 3,19—21.
„Бог ги повикува луѓето да го предупредат светот кој спие и кој е мртов во престапот и гревовите. Тој повикува на доброволна жртва од оние чии срца се во делото, кои чувствуваат товар за душите за тие да не погинат, туку да имаат вечен живот“.
б. Што денес како црковна организација и како поединци, првенствено треба да имаме на ум? Проповедник 8,5; Јован 9,4.
„Со каква цел ние го натрупуваме богатството? Зарем да биде уништено од страна на огнот во последниот ден? Зарем ќе трупаме злато и сребро, за да бидат сведоци против нас на судот – како оган да го изедат нашето тело? Зарем ние ќе се држиме до нашите имоти сѐ додека не паднат во рацете на нашите непријатели? Доаѓа време кога оние кои ги држат Божјите заповеди не можат ниту да купат ниту да продадат. Во што тогаш ќе можеме да ги вложиме своите куќи и земјата, заштедените влогови во банка и подвижниот имот? Сега е време своето богатство да го вложиме таму каде што вечно ќе биде безбедно“.
Среда — 27. јуни
4. ПРАКТИЧНА ПОДГОТОВКА
а. Зошто Христос сѐ уште не се вратил? 2 Петрово 3,9. Како можеме да ја избегнеме загубата на сите наши средства, најавена во пророштвата што наскоро ќе се исполнат? Исаија 2,20; Езекиел 7,19; Псалм 96,2—8.
„Божјо дело треба сѐ повеќе да се шири; и кога Неговиот народ ќе ги послуша Неговиот совети, тие нема да имаат многу средства во нивна сопственост кои ќе бидат проголтани во завршниот пожар. Сите треба своето богатство да го вложат таму каде што молците и ’рѓата не можат да го изедат; и тогаш срцата нема со тие јажиња да им бидат врзани за оваа земја“.
б. Што им ветува Христос на сите оние кои со верност во службата сериозно се подготвуваат за Неговото враќање? Исаија 33,14—17.
Во времето на неволјите, куќите и земјата нема да им бидат од никаква корист на светиите, бидејќи ќе мораат да бегаат од разбеснетата толпа; нивниот имот тогаш нема да може да се употреби за унапредување на делото на сегашната вистина. Покажано ми е дека Божја волја е светиите, пред да дојде времето на неволјите, да се ослободат од она што ги оптоварува и со Господа да направат завет на жртва. Ако сѐ што имаат положат на олтарот и најискрено го запрашаат Бога за својата должност, Тој ќе ги поучи кога треба да се ослободат од овие работи. Тогаш тие ќе бидат слободни во времето на неволјите, без ништо што би ги ограничувало и спречувало“.
Четврток — 28. јуни
5. ВИСОКОПРИНОСНА ИНВЕСТИЦИЈА
а. Каде е најдобро и најсигурно да се инвестира денес — и зошто? Лука 12,32—34.
Не треба да има одлагање. Божјото дело ја бара вашата помош. Ви се обраќаме вам, како Божји управители, своите средства да ги ставите во промет, за да се создадат можности преку кои на мнозина ќе им се даде можност да научат што е вистина“.
б. Која изјава Господ ќе ја даде на крајот на времето? Псалм 50,3—5. Како сите кои направиле завет на жртва ќе бидат богато наградени? 1 Коринтјаните 15,57.58.
„Самоодрекувањето што го практикувале со цел да го помогнат Божјото дело повеќе ниту на ум им доаѓа. Додека – како споменици на Божјата милост и откупувачката љубов – ги посматраат душите за кои се труделе да ги придобијат за Христа, и сега ги гледаат спасени, засекогаш спасени – извици на пофалба и благодарност одѕвонуваат во небесните сводови“.
Петок — 29. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Какво суеверие во поглед на пишувањето на тестаментот е штетно за Божјото дело?
2. Зошто е погрешно да занемаруваме да зборуваме за правењето на тестаментот?
3. Која е една од причините зошто мнозина нема да го примат позниот дожд?
4. Што треба да сфатиме пред да се доближиме до времето на неволја?
5. Како и кога ќе добиеме камата на богатството вложено на небото?
