2011 • 3. Квартал

1. лекција – „Бог со нас“

2. јули 2011
„И ќе го наречат Емануел – што значи: Бог со нас“.
— Матеј 1,23
„Кога треба да проучите некој сериозен проблем, сосредоточете ги своите мисли на најчудесната појава која некогаш се случила на земјата или на небото – отелотворувањето на Божјиот Син“.
— Библиски коментари, 7, 904.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 7-14.

Недела — 26. јуни
1. ЧОВЕЧКА ПРЕТСТАВА ЗА БОГА

а. Зошто ни е потребен Исус како наш Спасител? Римјаните 5,12; 6,23. Што ќе се случи со оние кои не се грижат да се спасат од гревот и неговите последици? 2 Солунјаните 1,8.9; Откровение 20,9.14.

„Со огнот кој треба да ја очисти земјата, конечно ќе бидат уништени и истребени сите непокајани, и коренот и гранките, сатаната како корен а неговите следбеници како гранки.”
— Големата борба, 593.

б. Што е проречено во Библијата за Христовото отелотворување? Евреите 10,5. Кои имиња му се дадени Нему уште пред Неговото раѓање, и зошто? Матеј 1,21-23. Какво е значењето на тие имиња во врска со планот на искупението? Лука 19,10; Евреите 7,25.

„Христос бил подготвен да го посети нашиот свет и да се отелотвори. Тој вели: ‘Ти ми приготви тело.’ Доколку се појавил во славата што ја имал при Таткото уште пред создавањето на светот, ние не би можеле да ја издржиме светлината на Неговото присуство. Манифестирањето на Неговата слава било придушено, за да можеме ние да ја посматраме и да не бидеме уништени.”
— Копнежот на вековите, 8.

Понеделник — 27. јуни
2. НАША ГОЛЕМА ПОТРЕБА

а. Со што Бог се раководел кога го испратил Својот Син за да нé спаси? Јован 3,16.

„Бог не замислил гревот да постои, но предвреме видел дека тој ќе се појави и преземал мерки за соочување со таа ужасна појава. Неговата љубов кон светот била толку голема, што се заветувал дека ќе го даде Својот Единороден Син ‘за ниту еден кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот’ (Јован 3,16).”
— Копнежот на вековите, 7.

б. Каква паралела можеме да видиме помеѓу Излез 25,8 и Матеј 1,23? Јован 1,14.

„Така со помош на столбот од облак дење и со столбот од оган навечер, Бог одржувал врска со Израел, откривајќи им ја на луѓето Својата волја и давајќи им ја Својата милост. Божјата слава била прикриена, а Неговото величество било завиткано во превез, за да можат да го видат слабите човечки очи. Така Христос требало да дојде во ‘нашето понижено тело’ (Филипјаните 3,21), ‘станувајќи сличен на луѓето’. Во очите на светот Тој не поседувал никаква убавина поради која тие би Го посакале; сепак, Тој бил отелотворен Бог, Светлината на Небото и на Земјата. Неговата слава била обвиена со превез. Неговата големина и величество биле скриени, за да може да им се приближи на тажните луѓе изложени на искушение.

„Бог му заповедал на Мојсеј за Израел: ‘Нека ми направат светилиште за да можам да престојувам меѓу нив’ (Излез 25,8), и Тој престојувал во светилиштето, среде Својот народ. Во текот на нивното заморно талкање низ пустината, симболот на Неговото присуство бил со нив. Така и Христос поставил Свој шатор среде шаторот на луѓето.”
— Копнежот на вековите, 8.

в. Како името „Емануел“ продолжува да биде реалност, дури и по Христовото вознесение? Матеј 28,20.

„Христос ги извршил сите потребни подготовки, за Неговата црква да биде преобразено тело кое – осветлено со светлината на светот – ја поседува славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да биде опкружен со духовна атмосфера на светлина и мир. Тој сака Неговата радост да се открие и во нашиот живот.”
— Христовите поуки, 382.

Вторник — 28. јуни
3. ВЕЧЕН ЖИВОТ ИЛИ ВЕЧНА СМРТ

а. Додека втората смрт (исчезнување или уништување) е резервирана за оние кои ја презираат Божјата милост и љубов и ја занемаруваат понудата на спасението во Христа, каква сигурност им се дава на оние кои избираат живот? Јован 5,29 (прв дел); Римјаните 2,6.7; Откровение 20,6; 21,4.

б. Што е вечен живот? Каде и кога вечниот живот започнува? Јован 17,3; 3,36; 5,24; 1 Јованово 2,25; 5,11.12.20.

„Вечниот живот претставува прифаќање на животните елементи содржани во Светото писмо и исполнување на Божјата волја. Тоа значи да се јаде телото и пие крвта на Синот Божји. Оние кои го прават тоа, светлината на Евангелието им донесува живот и бесмртност, бидејќи во Божјата Реч навистина се наоѓа вистина, дух и живот. Сите кои веруваат во Христа како во свој личен Спасител имаат предност да се хранат со Божјата Реч. Влијанието на Светиот Дух преку Божјата Реч претставува бесмртна вистина, која на побожниот истражувач му дава сила на духовните жили и мускули.

„’Ги истражувате Писмата’, вели Христос, ‘зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за мене’ (Јован 5,39). Оние кои длабоко копаат под површината ќе ги откријат скапоцените камења на вистината. Светиот Дух е присутен кај искрениот истражувач. Тој ги просветлува страниците на пишаната Реч, втиснувајќи ја вистината во умот на истражувачот со ново и свежо знаење. Тоа истражувачот го исполнува со чувство на мир и радост какво никогаш порано не почувствувал.”
— Одбрани пораки 2, 38.39.
„Кога ќе примиме мир преку Христа, овде за нас започнува Небото. Ние одговараме на Неговиот повик: ‘Дојдете и поучете се од Мене’ и така доаѓајќи ние го започнуваме вечниот живот. Небото е постојано приближување кон Бога преку Христа. Колку подолго сме во блаженството на Небото, сѐ повеќе и повеќе ќе ни се отвора славата перед нас и колку повеќе го познаваме Бога, толку поголема ќе биде нашата среќа. Чекорејќи со Исуса во овој живот, можеме да бидеме исполнети со Неговата љубов, задоволени со Неговото присуство. Уште во овој живот можеме да примиме сѐ што може да поднесе човечката природа. Меѓутоа, што е тоа во споредба со она што доаѓа?”
— Копнежот на вековите, 246.

Среда — 29. јуни
4. СВЕТОТ ПОДЕЛЕН НА ДВЕ СТРАНИ

а. Опиши ја разликата на овие две страни во духовен поглед и објасни како таа разлика ќе стане очигледна тогаш кога ќе биде предоцна за каква било измена? Малахија 3,15-18.

„Низ бисерната врата во Божјиот град ќе влезат само оние кои Божјата Реч ја применуваат во пракса. Тие, одбегнувајќи ја изопаченоста која го преплавува светот со посредство на сетилноста и телесните желби, ќе станат учесници во божествената природа.”
— Денес со Бога, 94.

б. Што кажува Библијата за верата само на зборови, која милиони таканаречени христијани ги наведува да имаат за Христа поволно мислење, додека никогаш не Го прифатиле како свој личен Спасител? Јаков 2,19.20; Матеј 7,21-23.

„Мнозина верата во Христа ја исповедаат само декларативно, но ништо не знаат за живата зависност од Него која се повикува на Неговите заслуги како распнат и воскреснат Спасител… Мнозина признаваат дека Христос е спасител на светот, но во исто време се држат далеку од Него и не се кајат поради своите гревови, ниту пак Го признаваат како свој личен Спасител.”
— Одбрани пораки 1, 389.390.

в. Кога судбината на овие две страни ќе биде засекогаш одлучена? Даниел 12,1; Лука 13,23-25; Откровение 22,11.12.

„Во овие две параболи се истакнува поуката дека по судот нема да има повеќе време на милост. Кога делото на Евангелието ќе се доврши веднаш ќе настапи одвојување на добрите од злите и судбината и на едните и на другите засекогаш ќе биде одлучена.”
— Христовите поуки, 98.
„Сега е погодно време за работа, токму сега, додека сѐ уште трае денот. Но, никому не му е наредено да ги претражува Светите списи за да, ако е можно тоа, утврди кога ќе заврши времето на милоста. Таква порака Бог не ставил во уста на ниту еден смртник. На јазикот на ниту еден смртник не му е дадено да го објави она што Тој го сокрил на Своите тајни совети.”
— Одбрани пораки 1, 192.

Четврток — 30. јуни
5. ТАЈНА: ЕДЕН ДУХ И ЕДЕН ЖИВОТ СО ХРИСТА

а. Како да знаеме од Библијата дека, ако сакаме да бидеме во царството мораме да имаме победничко искуство – докази а не само мислење дека навистина „Бог е со нас“? Галатјаните 2,20; Јован 14,16-18.23; Откровение 3,20.

„Со Својата човечка природа Христос го допрел човештвото – со Своето божество Тој се држел за Божјиот престол. Како Син Човечки, Тој ни пружил пример на послушност – како Божји Син, Тој ни дава сила да бидеме послушни… „Бог со нас” е гаранција за нашето ослободување од грев, гаранција дека ќе имаме сила да бидеме послушни на законите на Небото.”
— Копнежот на вековите, 9.

б. Како можеме да имаме сигурна надеж на вечен живот ако сме соединети со Христа, односно, ако навистина „Бог е со нас“? 1 Коринтјаните 6,17; Римјаните 8,11.

„Христос станал едно во телото со нас, за и ние да станеме едно во духот со Него. Благодарение на тоа единство, ние ќе излеземе од гробот, не само затоа што тоа ќе биде манифестирање на Христовата сила, туку и затоа што преку вера, Неговиот живот ќе стане наш живот. Вечен живот имаат оние, кои го гледаат Христа во Неговиот вистински карактер и кои го примаат во своето срце. Христос престојува во нас преку Духот, а Духот Божји, примен во срцето преку вера, претставува почеток на вечниот живот.”
— Копнежот на вековите, 290.

Петок — 1. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што значи името Емануел, и како тоа е поврзано со планот на спасението?

2. На кој начин Христовото ветување дадено при разделбата со учениците: Матеј 28,20, го потврдува значењето на името Емануел дури и во нашите денови?

3. Објасни го Христовото ветување запишано во Евангелието по Јован 3,36; 5,24.39.

4. Според што можеме да ја утврдиме разликата помеѓу вистинските христијани и оние кои се тоа само по име?

5. Објасни го почетокот на вечниот живот?

2011 • 3. Квартал

2. лекција – Христос откриен во Стариот завет

9. јули 2011
„За Исус од Назарет… сведочат сите пророци“.
— Дела 10,38-43
„Тоа било потребно за (учениците) да разберат како била претскажана (Христова) мисијата преку сите старозаветни пророци. На тоа морала да се заснова нивната вера“.
— Историја за Христа, 163.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 149.150; 616-620.

Недела — 3. јули
1. ГОЛЕМ БЛАГОСЛОВ – ВО ШТО?

а. Какво значење и вредност Исус и придавал на Божјата Реч запишана во Стариот завет? Лука 11,28; 24,25-27. Зошто? Матеј 4,4.

„Во Своите поуки, додека лично бил меѓу луѓето, мислите на Своите слушатели Исус ги насочувал кон Стариот завет. Тој им зборувал на Евреите: ‘Вие ги истражувате Писмата во кои мислите дека има живот вечен. И токму тие сведочат за Мене’ (Јован 5,39). Во тоа време Писмата на Стариот завет ја сочинувале целата Библија.”
— Патријарси и пророци, 378.

б. Кој укор, упатен на Евреите, може исто така да се примени на таканаречените христијани кои ги отфрлаат или игнорираат списите на Стариот завет? Марко 12,24; Лука 16,31; Јован 5,38-40.45-47.

„Евреите ги поседувале Светите списи и сметале дека имаат вечен живот со тоа што имале само формално познавање на Божјата Реч. Меѓутоа, Христос рекол: ‘Вие ја немате Неговата Реч во себе.’ Бидејќи го отфрлиле Христа во Неговата Реч, тие го отфрлиле и лично… Еврејските водачи ги проучувале пророштвата за царството на Месијата, но тоа не го правеле со искрена желба да ја дознаат вистината, туку со цел да пронајдат докази, кои ги поткрепуваат нивните славољубиви надежи.”
— Копнежот на вековите, 149.

Понеделник — 4. јули
2. ЗБОРОВИ ИЗГОВОРЕНИ ПРЕКУ ПРОРОЦИТЕ

а. Што рекол Бог, преку Мојсеј, за доаѓањето на Исус, ветениот Спасител? Второзаконие 18,15-19.

„Кога неговото животно дело во својство на учител и водач на израелскиот народ се ближело кон крај, Мојсеј со пророчки зборови говорел за Месијата кој треба да дојде. ‘Твојот Господ Бог ќе ти подигне Пророк меѓу твоите браќа, како мене – него послушајте го’, му рекол на собраното мноштво на Израел. Мојсеј им посведочил на Израелците дека нему тоа му го открил лично Бог додека бил на гората Хорив, велејќи: ‘Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам’ (В Мојсеева 18,15.18).”
— Делата на апостолите, 168.

б. Како Петар и Павле ја потенцирале важноста на проучувањето на списите на старозаветните пророци? Дела 3,22-24; 2 Петрово 3,2; Ефесјаните 2,20.

в. Што е потребно за правилно да се разбере Светото писмо? Јован 16,13.

„Единствен начин на кој можеме да стекнеме посовршено сфаќање на вистината се состои во тоа нашето срце да биде благо и потчинето на Христовиот Дух. Душата мора да се очисти од суетата и гордоста, од неа мора да се исфрли сето она што ја обземало и Христос мора да биде востоличен во неа.”
— Копнежот на вековите, 379.
„Мораме да покажеме стравопочит и кон Божјата Реч. Мораме да го почитуваме и печатениот текст, никогаш не смееме да го употребуваме во обични цели ниту со него да постапуваме немарно. Писмото никогаш не треба да се цитира во шега ниту да се прераскажува за да се искаже некоја духовитост.”
— Воспитување, 244.
„Треба да се споредува еден библиски текст со друг. Мора грижливо да се проучува, со молитва и размислување… Библијата никогаш не смееме да ја проучуваме без молитва. Пред да ги отвориме нејзините страници треба да бараме просветлување од Светиот Дух, и тоа ќе ни биде дадено… Исус и нас ќе нѐ види на тајните места за молитва ако бараме од Него светлина за да можеме да знаеме што е вистина.”
— Патот кон Христа, 82.

Вторник — 5. јули
3. ДА ГО ПОСЛУШАМЕ НЕГОВИОТ ГЛАС

а. Зошто Исус ги објаснувал списите на Стариот завет? Лука 24,27.44.45.

„Исус се радувал што ова сознание, кое не го поседувале мудрите и умните, им било откриено на овие скромни луѓе. Често, кога им ги изнесувал содржините на Стариот завет и им покажувал како тоа се однесува на Него и на Неговото дело на помирување, тие биле разбудени од делувањето на Неговиот Дух и се воздигнувале во небесна атмосфера. Тие ги сфатиле духовните вистини што ги проповедале пророците многу појасно и од самите изворни писатели. Кога потоа го читале Стариот завет, тие не го сфатиле тоа како наука на книжевниците, тие го сфатиле тоа како откровение од Бога.”
— Копнежот на вековите, 379.

б. Од кога Бог им зборувал на луѓето преку пророците? Дела 3,20.21; 1 Петрово 1,10.11. На кој начин и преку кого Тој обично зборувал – и зошто е мудро да се послуша Неговиот глас? Евреите 12,25.26.

„Зар нема многумина, дури и меѓу верските водачи, чии стврднати срца се спротивставуваат на Светиот Дух, што им оневозможува да го препознаат Божјиот глас? Зар тие не ја отфрлаат Божјата Реч само за да ги сочуваат сопствените традиции.”
— Копнежот на вековите, 150.

в. Исус Христос е Божја Реч како што е споменато во Јован 1,1 и Откровение 19,13. Што ќе се случи со оние кои одбиваат да послушаат и да се предадат на Неговота волја? Дела 3,23; Евреите 2,2.3.

„Бог вели: ‘Синко, дај ми го твоето срце’. Зарем ќе одбиете да Му го дадете она поради што не можете да очекувате никаква пофалба, бидејќи тоа и онака е Негово – она што не можете да го одбиете без да ја уништите вашата душа? Тој го бара срцето, дајте му го, тоа е Негово. Тој ги бара вашите интелектуални способности; дајте му ги, тие се Негова сопственост, позајмени за употреба. Тој ги бара вашите пари; тие се Негови; дајте му ги. Не припаѓате само на себе; зашто скапо сте платени. Господ Исус полага право на вашата служба. Тој ве љуби. Ако се сомневате во Неговата љубов, погледнете на Голгота. Светлината која се рефлектира од крстот ја покажува големината на таа љубов која со човечки јазик не може да се искаже. ‘Кој ги држи Моите заповеди, тој е оној што има љубов кон Мене’. Ние треба со вредно учење да бидеме запознаени со Божјите заповеди, и тогаш ќе покажеме дека сме Негови послушни синови и ќерки.”
— Упатство за младите, 5. јануари, 1887.

Среда — 6. јули
4. ХРИСТОС ОТКРИЕН ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ

а. Со кои симболи и со какви имиња Исус се открива во Стариот завет? Исаија 9,6; Еремија 23,6; Агеј 2,7.

  • Семе (потомство) Авраамово: Создавање 22,18; Галатјаните 3,16.
  • Скали од Јакововиот сон: Создавање 28,12; Јован 1,51.
  • Вистинското пасхално Јагне: Излез 12,3.11.46; Јован 19,36; 1 Коринтјаните 5,7.
  • Подигнатата змија: Левитска 21,4-9; Јован 3,14.
  • Карпа: Излез 17,6; Левитска 20,8; 1 Коринтјаните 10,1-4.
  • Лебот на животот: Псалм 78,23-25; Јован 6,31-35.
  • Ѕвезда: Левитска 24,17; Матеј 2,1.2.
  • Аголен камен темелник: Псалм 118,22; Матеј 21,42-44; Ефесјаните 2,20.

б. Кој бил последниот пророк што пророкувал за ветениот Месија? Матеј 3,1.11.12; 11,13; Лука 16,16. Што изјавил Јован укажувајќи на конечното исполнување на сите пророштва за доаѓањето на Спасителот? Јован 1,29.

„Со стравопочитување и чудење народот го набљудувал Оној, за кого било кажано дека е Божји Син. Јовановите зборови длабоко го трогнале народот. Тој им зборувал во Божја име. Тие од ден на ден го слушале како ги осудува нивните гревови и секој ден се зацрврстувало уверувањето дека е испратен од Небото. Но, Кој бил Тој, Кој бил поголем од Јован Крстителот? Во Неговото скромно однесување и облекување немало ништо што би укажувало на Неговото возвишена положба. Тој навидум бил обичен човек, облечен како и тие во скромна сиромашна облека… Исус дошол во сиромаштија и понизност, за да биде наш пример и наш Откупител. Кој би можел да ги учи луѓето на понизност ако се појавил во царски сјај? Како би можел да изнесува толку остри вистини како што била беседата на гората? Што би било со надежта на скромните во животот доколку Тој дошол на овој свет како Цар?”
— Копнежот на вековите, 89.

Четврток — 7. јули
5. ДВАЈЦА УЧИТЕЛИ

а. Покрај Десетте заповеди, напишани од Христос (Излез 24,12) и ставени во ковчегот (Излез 31,18; Второзаконие 10,5), Евреите исто така имале и закони (церемонијални, граѓански и здравствени закони) дадени преку Мојсеј и ставени покрај ковчегот (Второзаконие 31,26). Која била целта на законот за жртви (Левитска 7,37; Евреите 10,1.6.8.11)? Галатјаните 3,21-24. Зошто тој закон завршува на крстот? Евреите 10,12-14.

„Христос бил темел на целокупното Еврејско уредување. Смртта на Авел била последица на Каиновото одбивање во школата на послушноста да го прифати Божјиот план: да биде спасен преку крвта на Исуса Христа, симболично прикажана со принесувањето на жртви кои укажувале на Христа… Целокупниот тој церемонијал е подготвен по Божјо упатство, и Христос станал темел на целиот тој систем. Задачата на овој систем била во улога на учител грешните човечки битија да ги наведе да размислуваат за Христа.”
— Одбрани пораки 1, 233.

б. На кој начин моралниот Божји закон (Десетте заповеди) сеуште дејствуваат како учител доведувајќи ги грешниците кај Христа? Галатјаните 3,24.

„Кој закон апостолот го нарекува учител кој нѐ води кај Христа (Галатјаните 3,24)? Мојот одговор е: и церемонијалниот закон и моралниот кодекс од Десетте заповеди… (Моралниот) закон ни го открива гревот, наведувајќи нѐ да почувствуваме потреба за прибежиште во Христа.”
— Одбрани пораки 1, 233.234.

Петок — 8. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што рекол Христос за светите списи на Стариот завет?

2. Каков, ако сме водени со Божјиот Дух, ќе биде нашиот став во поглед на Неговата Реч?

3. Во која смисла Христос зборувал и во Стариот и во Новиот завет?

4. На кој начин Христос се откривал во времето на Стариот завет?

5. Објасни ја претставата за законот како учител кој нé води кај Христа.

2011 • 3. Квартал

3. лекција – Христос – совршен темел

16. јули 2011
„На тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“.
— Матеј 16,18
„Верата се темели на Христа во текот на шест иљади години. Шест илјади години поплавите и виорот на сатанскиот гнев навалуваат на Карпата на нашето спасение, но таа останала цврста“.
— Копнежот на вековите, 315.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мисли од гората, 102-105.

Недела — 10. јули
1. МУДРИ ГРАДИТЕЛИ

а. Кој е единствениот темел на кој ќе можеме да опстанеме на денот на судот? 1 Коринтјаните 3,11. Што според Божјиот повик треба да бидеме во овој свет? 1 Коринтјаните 3,9.

„Христос, Реч, откровение на Бога – откровение на Неговиот карактер, Неговиот закон, љубовта и животот – е единствениот темел на кој може да се изгради цврст карактер…

„Ако со вера ја примите Речта, таа ќе ви даде сила да послушате. Ако ја занемарите светлината која веќе ја поседувате, ќе добиете уште поголема светлина. Yидајте на Божјата реч и вашиот карактер ќе биде изграден според ликот на Христовиот карактер.”
— Мисли од гората, 104.

б. Како Христос го опишал навистина мудриот човек? Матеј 7,24.25.

„Оној кој ќе ги прими овие Мои зборови и на нив како на темел ќе го заснова својот живот и карактер сличен е – вели Исус – на градителите на овие куќи на камен… Божјата Реч е единственото што останува во овој свет, таа е сигурен темел.”
— Мисли од гората, 103.

Понеделник — 11. јули
2. НЕМУДРИ ГРАДИТЕЛИ

а. Како Христос опишува еден немудар човек кој може и да тврди дека е христијанин? Матеј 7,26.27. Во што се состои заблудата на мнозина таканаречени христијани кои не ја увидуваат својата опасност? Матеј 7,21-23. Имајте на ум дека грчкиот збор преведен како „грев“ е аномиа, што значи беззаконие.

б. Со каков материјал ние треба да ја градиме својата духовна куќа за да опстане во секое искушение? 1 Коринтјаните 3,12.13.

„Како што огнот ја открива разликата помеѓу златото, среброто и скапоцените камења и запаливите материјали, како што се: дрво, слама и сено, така денот на судот ќе открие дали карактерот сме го обликувале по угледот на Христа или сме се раководиле или управувале според склоностите на своето себично срце.”
— Ум, карактер и личност, 548.
„Но секоја друга градба која не е подигната на темелот на Божјата реч ќе пропадне. Човек кој, слично на Евреите во Христовите денови гради на темелот на човечките мислења и ставови, на церемонијалот кој го измислиле луѓето или на делата кои тој самиот може да ги направи независно од Христовата милост – подига зграда на својот карактер на нестабилен песок. Бесните олуи на искушенијата ќе го однесат темелот од песок и од неговата куќа ќе останат само урнатини од брегот на времето.”
— Мисли од гората, 105.

в. Со што немудрите градители ја отвораат вратата на својата духовна куќа на сатаната? Матеј 12,43-45.

„’Празниот, очистен и украсен дом’ ја претставува душата која се потпира на сопствената правда…”
— Библиски коментари, 461.
„Самоправедноста е вистинско проклетство, едно бедно човечко украсување кое сатаната го користи на своја слава. Оние кои својата душа ја китат со самофалба и ласкање подготвуваат пад за уште седум полоши духови. Во самото прифаќање на вистината, таквите души се измамиле. Тие градат на темелот на самоправедноста.”
— Библиски коментари, 462.

Вторник — 12. јули
3. МОРАМЕ ДА ГИ ЗЕМЕМЕ ВО ПРЕДВИД УСЛОВИТЕ

а. Под кои услови навистина можеме да бидеме членови на Христовото домаќинство? Евреите 3,6; 10,23.36.

„Не е доволно само да се исповеда верата. Мораме трпеливо да ги поднесуваме сите невољи и тешкотии и храбро да се спротивставиме на секое искушение. Верата мора да се потврдува и докажува во пракса во секојдневниот живот, на тој начин навистина ќе се покаже нејзината преобразувачка сила, и ветувањата дадени под тие услови ќе се исполнат.”
— Библиски коментари, 805.

б. Какво сродство и поврзаност Бог сака да види меѓу членовите на своето домаќинство? Галатјаните 6,9.10; Римјаните 15,5-7.

„Црквените односи не треба лесно да се земаат. Секој верник треба со сето срце да биде приврзан за Божјата Црква. Нејзиниот успех и напредувањето треба да му бидат најважни интереси… Никој не треба да се повлекува затоа што неговите таленти се помали или можностите ограничени. Сите можат барем нешто да направат за Божјото дело. Можат со својот живот и карактер да бидат илустрација на Христовото учење живеејќи во мир и совршена слога со своите браќа. Исто така можат со мало самоодрекување да помогнат во носењето на финансискиот товар во Црквата. Не треба да се чувствуваат слободни само да ги примаат и делат предностите на заедништвото не придонесувајќи ништо од своја страна.

„Знаејќи колку единството и христијанското заедништво се неопходни за успех во Неговото дело, Христос им наредил на Своите ученици да ги негуваат тие својства. И историјата на христијанството од тогаш одлучно потвдува дека силата е само во единството.”
— Библиско ехо и Знаците на времето, 1. септември 1888.
„Некои кои го љубат и почитуваат Бога, осиромашуваат под одредени околности. Некои не се доволно внимателни и штедливи и не знаат како да управуваат со своето домаќинство. Други се сиромашни поради болест или некоја несреќа. Без оглед на причината, тие се наоѓаат во неволја и помагањето на таквите претставува значајна гранка од мисионерската работа.

„Сите наши цркви треба да се грижат за своите сиромашни членови. Нашата љубов кон Бога треба да ја искажуваме во делата на милосрдие кон сиромашните и страдалниците кои ни се домашни во вера, чии потреби ни се познати и на кои им е потребна нашата подршка. Секоја душа има посебна обврска кон Бога – да им посвети посебно внимание и сочувство на Неговите достојни сиромаси”.
— 6 Сведоштво, 250.

Среда — 13. јули
4. ПОМАГАЊЕ ЕДНИ НА ДРУГИ

а. Како членови на Христовото домаќинство, како треба да си помагаме едни на други? Галатјаните 6,1.2; Јаков 5,19.20; Евреите 10,24; 12,13.

б. Каде и како треба практично да го применуваме предупредувањето на апостолот Павле дадено во 2 Солунјаните 3,13? Исаија 58,7; Матеј 25,34-40.

„Делото на кое Господ овде нѐ повикува го опфаќа секој верник кој е во оскудица и страда. Секое дело на помагање ние не треба себично да го ограничуваме само на неколкумина свои роднини и пријатели. Помош треба да му укажеме на секој страдалник на кого ќе наидеме, но особено на оние кои страдаат поради вистината.”
— Библиски коментари, 339.

в. Која духовна состојба треба да ја достигнеме за да можеме во помагањето на другите да бидеме успешни? 2 Тимотеј 2,20-26. Како можеме да станеме садови за чест во Христовиот дом? 1 Тимотеј 4,12-16.

„Добриот пример сведочи за вистината повеќе отколку најголемата говорничка вештина која не го следи доследниот начин на живот. Украси ги светилките на својата душа и постојано ја дополнувај со маслото на Светиот Дух. Барај ја во молитва Христовата милост и јасно разбирање кое ќе те оспособи да бидеш успешен во својата работа.”
— Слуги на евангелието, 88.
„Внимавај на себе. Не зборувај за грешките и недостатоците на другите. Ако имаш било што против некого поединечно, оди кај него и разговарај за тоа. Моли се со него и за него. Кога сите би постапувале така, колку души би се спасиле и придобиле за Божјо дело!…

„Бог ни упатувал укори и опомени. Да не го заборавиме она што сме го виделе и чуле. Да не ги заборавиме случките од минатото, кога Господ ни ја откривал Својата моќ и Својата милост давајќи ни победа по победа, кога ни ја укажувал Својата милост и благослов, и кога нѐ изобличувал поради нашите заблуди и грешки. Да не ги повторуваме грешките поради кои сме биле изобличени. Да не очекуваме Тој секој ден да ни зборува што треба, а што не треба да правиме. Она што еднаш го заповедал, тоа останува така засекогаш. Утврдувајте се во вера и доверба во Бога. Пристапувајте му со жива вера”.
— Билтен на генералната конференција 2. април, 1903.

Четврток — 14. јули
5. „НЕ ПЛАШИ СЕ, МАЛО СТАДО“

а. Како се однесуваат припадниците на овој свет кон Господарот на универзумот? Што заради тоа мораме да очекуваме од нив? Матеј 14,24-26.

„Божјите слуги не треба во ова време да се плашат ниту изненадуваат што мораат да наидуваат на големи тешкотии и прогонства. Искупителот на светот, Божјиот Син, во времето кога живеел на овој свет, Го срамотеле и навредувале оние на кои им донел благослов. Одел од еден град во друг за да ја осигура Својата безбедност, и тоа прогонство не престанувало сѐ додека не ја завршил Својата мисија на Земјата.”

„Јас сум толку благодарна што имаме вера која ќе издржи во искушенија и прогонства. Бидејќи немирите во светот сѐ повеќе се зголемуваат, Божјите деца ќе поминуваат низ невољи, но Божјата Реч дава утеха и охрабрување за тоа време.”
— Објавени ракописи, 21, 101.

б. Под кој услов имаме сигурност додека ги поднесуваме прогонствата? Римјаните 8,35-37; Евреите 13,6; 2. Летописи 5,2.

„Во сите времиња ги навредувале и прогонувале Божјите избрани гласници; сепак, преку нивните невољи се ширело знаењето за Бога на сите страни. Секој Христов ученик мора да стапи во овие редови и да го унапредува истото дело, убеден дека непријателите на делото не можат да направат ништо против вистината, туку само за вистината. Бог сака вистината да го заземе првото место, таа да стане предмет на испитување и расправа, па дури и ако луѓето ја презираат. Човечкиот разум мора да се поттикне на размислување; расправиите, прекорите, секој обид да се ограничи слободата на совеста – сето тоа се Божји средства разумот, кој инаку би заспал да се пробуди”.
— Мисли од гората, 26.

Петок — 15. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Опиши ја мудроста на духовниот градител.

2. Опиши ги оние кои во тој поглед немудро постапуваат.

3. Според што можеме да се препознаеме како членови на Христовото домаќинство?

4. Што ќе биде земено во обѕир и на Божјиот суд?

5. Каква сигурност наоѓаме во Божјата Реч за деновите на прогонство?

2011 • 3. Квартал

4. лекција – Христос наш Спасител

23. јули 2011
„Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците“.
— 1 Тимотеј 1,15
„Целата Библија е манифестација на Христа и Спасителот сака верата на Своите следбеници да ја утврди кон Речта. Кога Неговото видливо присуство ќе биде повлечено Речта мора да биде извор на нивната сила“.
— Копнежот на вековите, 292.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 51-59.

Недела — 17. јули
1. ИСПРАВАЊЕ НА ПОГРЕШНИТЕ ИДЕИ

а. Што очигледно покажува дека Евреите навистина верувале дека со принесувањето на жртвите се ослободуваат од своите гревови? Исаија 1,11; Еремија 6,20; Михеј 6,6.7. Како тие го разбрале планот на искупението?

„Простувањето на гревовите, оправдувањето со вера во Исус Христос, пристапот кон Бога само преку посредник поради човековата тешка состојба со падот во грев – за тие вистини луѓето имале мошне нејасна претстава. Знаењето за Бога и за единствениот пат преку кој може да Му се пристапи во голема мера било изгубено. Претставата за тоа што го сочинува гревот, а што ја сочинува праведноста била речиси сосем нејасна.”
— Одбрани пораки 1, 238.

б. Какви пораки Бог им упатувал преку пророците за да го исправи нивното погрешно мислење? Исаија 1,15-19; 59,1.2; Еремија 6,16; 8,5; Михеј 6,8.

в. На кој начин Бог преку апостол Павле им го објаснил на Евреите христијанското значење на жртвените дарови? Евреите 10,1-4.

„Симболичниот систем на жртви и дарови е воспоставен за да може грешникот во таа служба да ја препознае големата Христова жртва.”
— Верата со која живеам, 106.

Понеделник — 18. јули
2. БОЖЈАТА ВОЛЈА ИЗВРШЕНА

а. Како Павле, користејќи го Псалмот 40,6-8, го објаснува системот на двата закона по Христовото страдање на крстот? Евреите 10,8.9. Што тој подразбира под изразот „првото“ што е укинато, а што под изразот „второто“ што Христос дошол да го изврши? Евреите 10,10.

„Евангелието за Христа со својата слава ја осветлува ерата на еврејството и го осветлува целото еврејско уредување, давајќи му значење и смисла на церемонијалниот закон. Шаторот од состанок, или Божјиот храм на земјата, бил само симбол на оригиналната светиња на небото. Сите церемонии на еврејскиот обреден систем биле пророчки и симболични тајни во планот на искупението.

„Обредите на церемонијалниот закон биле дадени од страна на самиот Христос кој, обвиткан со столб од облак дење и столб од оган ноќе, ги водел Израеловите синови: и за тој закон треба да се зборува со голема почит, бидејќи е свет. Дури и кога повеќе не е задолжителен, Павле го прикажал перед Евреите во неговата вистинска светлина и вредност, истакнувајќи го неговото место по планот на спасението и неговата поврзаност со Христовото дело. Прочуениот апостол овој закон го прогласува за славен, достоен на Неговиот божествен основоположник. Така и она што поминало било прикажано возвишено. Но тука не станува збор за моралниот закон кој Бог го воспоставил според него да се управува целото Негово семејство и на Небото и на Земјата; бидејќи Божјиот морален закон останува на сила додека постојат Небото и Земјата.”
— Библиски коментари, 688.

б. Бидејќи Христос дошол да ја открие Божјата волја, што мораме ние да направиме во интерес на сопственото спасение? Колосјаните 4,12; Римјаните 12,1.2. На кој начин Божјата волја се открива во нашиот живот? Римјаните 2,17.18; Псалм 40,8.

„Божјата волја е изразена во прописите на Неговиот свет закон а начелата на овој закон се и начела на небото.”
— Мисли од гората, 78.
„Послушноста што ја покажал Христос е токму онаа послушност која Бог ја бара од човечките битија и денес. Тоа била послушност каква синот му ја должи на својот татко. Тој на својот Татко му служел драговолно, слободно и со љубов, бидејќи тоа било сосем исправно (Прочитај: Псалм 40,8). Така и ние треба Му служиме на Бога. Нашата послушност мора да произлегува од срце. Тоа секогаш било Христово искуство. Ако ние Него навистина го сакаме, никогаш нема да ни биде тешка задачата да Му бидеме послушни Нему.”
— Знаци на времето, 25. јануари, 1899.

Вторник — 19. јули
3. ОПРАВДУВАЊЕ

а. Зошто сите припадници на човечкиот род се „виновници перед Бога“? Во која смисла сиот свет е „под осуда на законот“? Римјаните 3,19. Кој проблем сите го имаме? Римјаните 3,23.

„Ние сме престапници на Божјиот закон, а со делата на законот не може да се оправда ниту едно тело. И најдобрите напори кои човекот може да ги направи со сопствената сила потполно се бескорисни во настојувањето да се задоволат барањата на светиот и праведен закон кој е прекршен.”
— Одбрани пораки 1, 363.

б. Дали гревот може да ни се припише кога Божјиот закон би бил укинат? Римјаните 4,15; 5,13 (последен дел). Зарем во таков случај би ни бил потребен Спасител?

в. Бидејќи законот за престапникот не предвидува никаква можност за помилување и бидејќи тој или таа додека живеат во гревот дури и не знаат за тој закон, на кој начин Бог единствено може да ги оправда грешниците кои се враќаат кон Него? Римјаните 3,21-25.28; 5,18-21; Ефесјаните 2,8.9.

„Преку Христа, на човекот му е дадена можност за обнова и помирување со Бога. Понорот кој настанал со појавата на гревот е премостен на крстот на Голгота. Со Својата заслуга која на грешникот му овозможува проштевање, Исус во целост го платил откупот, а праведноста на законот останува непроменета. Сите што веруваат дека Христос е жртва на помирување можат да дојдат кај Бога и да примат прошка за своите гревови, бидејќи преку Христовите заслуги комуникацијата помеѓу Бога и човекот повторно е воспоставена. Бог може да ме прими и мене како Свое дете, и јас со полно право можам да се радувам во Него како мој грижлив Татко. Нашите надежи на спасение мораат да бидат сосредоточени само на Христа бидејќи Тој е наша замена и наш гарант.”
— Одбрани пораки 1, 363.
„Иако со добри дела не можат да се спасат дури ниту најдобрите луѓе, никој не може да биде спасен ако не донесува род во добри дела. Христовото посветувачко влијание на нашето срце ќе роди драгоцен плод и силата на Неговиот Дух ќе ги направи нашите дела прифатливи за Бога.”
— Знаци на времето, 6. јануари, 1898.

Среда — 20. јули
4. НОВ ЖИВОТ

а. Наведи примери за да се покаже како Христос им простувал на грешниците или ги оправдал „без закон“. Лука 18,13.14; 19,5-9; Јован 5,8.14; 8,10.11.

б. Кога некој грешник е оправдан или помилуван, какви промени се одвиваат во срцето и животот? 2 Коринтјаните 5,17-19.21; Јован 3,3.5.

„Кога покајниот грешник скрушено ќе се понизи перед Бога, признавајќи го Христовото помирување поднесено заради нас, и ќе го прифати тоа како негова единствена надеж и за овој и за идниот живот, неговите гревови се простуваат. Тоа е оправдување со вера. Секоја душа која навистина ќе поверува, потполно се потчинува на Божјата волја, искрено се кае и верува во заслугите на Спасителовата крв, и постојано напредува од сила во сила, од слава во слава.”
— Библиски коментари, 632.
„Простувањето и оправдувањето претставуваат едно исто. Преку вера еден бунтовник, дете на гревот и роб на сатаната станува верен поданик на Исуса Христа, не затоа што доброто му е својствено и што за него е нераскидливо поврзано, туку затоа што Христос го прима како посвоено дете. Грешникот добива простување на гревовите затоа што тие гревови се пренесени на неговиот Гарант и Замена.”
— Библиски коментари, 633.

в. Кога Христос на покајничкиот грешник му ги опростува гревовите и го оправдува, Тој му вели на него или неа: „Оди, и повеќе не греши“. Што значи тоа? Римјаните 3,20.31; 7,7; 1 Јованово 3,4.

г. Како Петар ја опишува состојбата на лицето кое е оправдано или му е простено, слично на жената во Евангелието според Јован 8,11, но заборава на зборовите кои Христос на крајот и ги упатил? 2 Петрово 2,20-22.

Четврток — 21. јули
5. ПОСВЕТУВАЊЕ

а. Може ли грешникот кој добил оправдување или простување да започне нов живот во Христа, без да се очисти од своите гревови и без почитување на Божјиот закон? Римјаните 2,13.23; 6,1.2.22. Кога грешникот ќе му се обрати на Христа во покајание, кои две работи Спасителот ги прави за него? 1 Јованово 1,9; 1 Коринтјаните 6,11.

б. Со каква цел се оправдуваат грешниците, преку благодатта со посредство на верата? Ефесјаните 2,8-10; Тит 2,11-14.

„Преку Христа кој ќе дејстува во вас, вие ќе го покажете истиот дух и ќе ги правите истите добри дела – дела на правда и послушност.”
— Патот кон Христа, 57.

в. Како Библијата го нарекува процесот на духовното чистење кој започнува кога покајаниот грешник е оправдан или помилуван? 1 Солунјаните 4,3-5; 2 Солунјаните 2.13.

г. Може ли човек без посветување или светост да го види Господа? Матеј 5,8; Евреите 12,14.

д. Што и рекол Исус на жената откако таа била оправдана (помилувана)? Јован 8,11. Што ќе се случи ако таа намерно продолжи со својот дотогашен начин на живот во грев? Евреите 10,26.27. Под кој услов верниците ќе бидат признаени на истражниот суд? 1 Јованово 1,7; Колосјаните 2,6; Римјаните 2,13.

Петок — 22. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кое знаење Евреите во Христовите денови во голема мера го изгубиле од вид?

2. Објасни ја, со помош на Псалмот 40,6-8, Павловата констатација во Евреите 10,8.9: „го укинува првото за да го постави второто“.

3. Во која смисла целиот свет е виновен пред Бога?

4. Што í рекол Исус на жената оправдана и помилувана без законот? Која била нејзината должност по добивањето на оправдување или простување?

5. Објасни ја меѓусебната поврзаност помеѓу оправдувањето и посветувањето?

2011 • 3. Квартал

5. лекција – Христос – единствениот пат

30. јули 2011
„Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене“.
— Јован 14,6
„Христос е врска на поврзување помеѓу Бога и човекот“.
— 8 Сведоштво, 193.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 514-518.

Недела — 24. јули
1. ЕДИНСТВЕН ПАТ

а. Што Христос открил како единствен начин преку кој може да се пристапи до Бога Отецот? Јован 14,6. Какво во суштина е верувањето на сите христијани во тој поглед? Дела 4,12; 1. Тимотеј 2,5.

„Не постојат многу патишта за влез на Небото. Не може секој да избере сопствен пат… (Христос) бил патот кога Адам живеел, кога Авел ја принел на Бога крвта на погубеното јагне, која ја прикажувала крвта на Откупителот. Христос бил патот по кој нашле спасение патријарсите и пророците. Тој е единствен пат по кој и ние можеме да Му пристапиме на Бога.”
— Копнежот на вековите, 515.

б. Каква одговорност Бог става пред оние кои го познаваат патот на спасението? Дела 17,16; 18,26; 1 Коринтјаните 2,2.

„Бог очекува оние што го знаат патот, да им го покажат и на другите. Тој на луѓето им ги доверил богатствата на Својата вистина… Внатрешната благодат ќе се покаже во надворешните дела. Нам ни е потребен дух кој на другите ќе им покаже дека сме учеле во Христовата школа и дека се угледуваме на примерот што ни е даден. Потребно ни е срце кое е ослободено од возвишеност и суета, кое не мисли само на себе. Би требало секој поединец постојано да копнее да им биде благослов на другите. Бог ги гледа нашите скромни напори и тие се драгоцени во Неговите очи.”
— 5 Сведоштво, 537.

Понеделник — 25. јули
2. ЕДИНСТВЕН ИСЦЕЛИТЕЛ

а. Со што Христос ја изразувал Својата љубов кон луѓето? Јован 10,14.15.

„Душата што му се предала на Христа во Неговите очи е подрагоцена од целиот свет. Спасителот би поминал низ агонијата на Голгота за да може барем само една душа да биде спасена за Неговото царство. Тој никогаш нема да напушти ниту една душа заради која умрел. Освен ако Неговите следбеници не одлучат да го напуштат, Тој цврсто ќе ги држи .”
— Копнежот на вековите, 370.

б. Која очигледна поука Христос сакал да им ја даде на Израеловите синови преку бронзената змија која Мојсеј ја подигнал во пустината? Јован 3,14.15; 12,32.

„Подигањето на бронзената змија на Израелците требало да им даде важна поука. Тие не можеле сами да се спасат од смртоносното дејство на отровот во нивните рани. Само Бог можел да ги исцели; а од нив се барало да покажат доверба во Неговиот начин на лекување. Морале да погледнат за да живеат. На Бога можеле да Му угодат само со вера, а со тоа што погледнале во змијата ја докажувале својата вера. Тие знаеле дека во самата змија нема никаква сила, туку дека тоа е симбол на Христа; на тој начин им е укажано на неопходноста од верување во Неговите заслуги.”
— Патријарси и пророци, 449.

в. Како Еремија ја нагласува нашата неспособност и немоќ сами да се спасиме? Еремија 13,23.

г. Како Христос повторно ја повторил истата поука додека бил на оваа земја? Јован 15,5 (последен дел)?

„Христос ни е потребен во секој миг. Ние треба да го посматраме и проучуваме Неговиот карактер. Што би направил Христос кога би бил на мое место? Тоа треба да биде одмерување на нашата должност…

„Откриената Реч за нас ја претставува Христовата фотографија. Љубовта кон светот може да биде протерана од душата само кога душата е исполнета со Христа”
— Погледот угоре, 258.

Вторник — 26. јули
3. ЕДИНСТВЕНИСЦЕЛИТЕЛ (ПРОДОЛЖЕТОК)

а. Кое недвосмислено пророштво за ветениот Месија поглаварите на еврејскиот народ не го препознале? Исаија 53,3-5; Матеј 9,11-13. Од кого во целост зависи исцелувањето на душата заболена од гревот? Псалм 103,2.3; 147,3.

„И денес постојат илјадници кои страдаат од телесни болести… Товарот на гревот, со неговиот немир и неостварени желби, претставува основа за нивната болест. Тие не можат да најдат олеснување, додека не дојдат кај Исцелителот на душата. Мирот што само Тој може да го подари, би дал сила на умот и здравје на телото.”
— Копнежот на вековите, 194.
„Господ Исус Христос сака да нѐ исцели од сите наши недостатоци и слабости. Тој нѐ поседува. Ние сме Негови и по создавање и откупување. Сите мораме да бидеме обединето во Него. Тој е единствениот извор на исцелување. Секоја обнова на сила доаѓа од Него. Тој на жителите на Ерусалим им ја отворил фонтаната за очистување од гревот и од нечистотијата. Тој сите ги поканува да дојдат кај Него – да се исцелат и да пијат од водата на животот. Затоа немајте доверба во себе, туку во Исуса.”
— Погледот угоре, 141.

б. Која Исаијина порака – упатена пред асирското ропство – повторно е применета во Христовите денови? Исаија 6,9-11; Матеј 13,13-15. Каква примена може тоа да има исто така и во нашите денови?

„Фарисеите тврделе дека се духовно здрави и дека не им е потребен лекар, додека за цариниците и незнабошците тврделе дека пропаѓаат поради духовна болест. Зарем тогаш Неговото дело не се состои во тоа како Лекар да оди токму кај оние луѓе на кои Неговата помош им била потребна?

„Меѓутоа, иако имале толку високо мислење за себе, фарисеите всушност биле во полоша состојба, отколку луѓето кои тие ги презирале.”
— Копнежот на вековите, 198.
„Истиот дух кој постоел во Христовите денови постои и денес. Благословите што Спасителот сакал да го подари, честопати бил принуден да го задржи поради несокриениот презир манифестиран во животот на оние што ги отфрлиле сите опомени, сите најсрдечни молби и сите напори направени за нивно спасение. Тие не го познале денот на нивната посета. Ги презреле доказите за Божјото залагање, и историјата се повторила.”
— Паулсонова колекција, 11.

Среда — 27. јули
4. ЕДИНСТВЕН ТЕМЕЛ И ОСНОВА ЗА МИР

а. Зошто Христос е единствениот вистински миротворец? Исаија 9,6; Јован 14,27.

„(Јован 14,27). Тоа не е оној мир кој обично се постигнува со прилагодување кон светот. Христос никогаш не купувал мир правејќи компромис со злото. Мирот што им го оставил Христос на Своите ученици не е надворешен, туку внатрешен, и тоа мир секогаш треба да остане во срцето на Неговите сведоци – и во борбата и во судирите и расправиите.”
— Делата на апостолите, 60.

б. Пред да можеме да имаме мир во себе треба да имаме мир со Бога. Како? Римјаните 5,1.

„Христос е ‘кнез на мирот’ (Исаија 9,6) и Неговата мисија е да го поврати и на небото и на земјата мирот кој е изгубен низ гревот. ‘Оправдани со верата имаме мир со Бога, преку нашиот господ, Исус Христос’. (Римјаните 5,1). Кој и да се согласи да се откаже од гревот и да го отвори своето срце за Христовата љубов, има удел во тој небесен мир.

„Не постои некој друг темел на мирот. Христовата милост примена во срцето, ќе го задуши секое непријателство, смири секоја кавга и ќе ја исполни душата со љубов. Кој е во мир со Бога и своите ближни не може да биде несреќен. Во неговото срце нема да има завидливост, злите претпоставки тука немаат место, а омразата не може да постои.”
— Мисли од гората, 22.

в. Во која смисла Евангелието како порака на мирот во исто време претставува и меч? Лука 2,13.14; Матеј 10,34.

„Евангелието навистина е порака на мирот. Христијанството е систем кој, доколку се прифати и послуша, ќе донесе хармонија и среќа на целиот свет. Христовата религија, сите оние што ќе ги прифатат нејзините учења, ги соединува во блиско братство. Исусовата мисија била луѓето, помирувајќи ги со Бога, да ги зближи меѓусебно. Но, поголемиот дел од светот е под власта на сатаната, најголемиот непријател на Христа. Евангелието им нуди на луѓето начела на живот кои се во потполна спротивност со нивните навики и желби, и затоа тие се бунат против евангелието и го отфрлаат. Тие ја мразат чистотата која ги открива и осудува нивните гревови, и затоа ги прогонуваат и уништуваат сите оние кои им укажуваат на неопходноста од покорувањето на Неговите оправдани и свети барања. Токму во таа смисла – бидејќи возвишените вистини што тоа ги донесува предизвикуваат омраза и судири – евангелието е наречено меч.”
— Големата борба, 42.

Четврток — 28. јули
5. НЕМА ДРУГА МОЖНОСТ

а. Кој е единствениот пат и начин грешниците да станат синови и ќерки Божји? Јован 1,12.13; Римјаните 8,14.

„(1 Петрово 1,18.19). Со самото тоа што навистина сте Му поверувале на Бога Светиот Дух во вашето срце зачнал нов живот. Сега сте како деца родени во Божјо семејство, и Бог ве сака како што го сака Својот Син.”
— Патот кон Христа, 46.

б. Под кој услов, единствено, можеме да влеземе во царството небесно? Матеј 5,20. Како Исус му го објаснил тоа на Никодим? Јован 3,3.5.7; Галатјаните 6,15. Што значи да се биде роден со Духот?

„Иако сам по себе е невидлив, ветрот предизвикува ефекти што се гледаат и чувствуваат, така и влијанието на Духот врз душата се открива во секоја постапка на оној што ја чувствува неговата спасоносна моќ. Кога Божјиот Дух превзема контрола врз срцето, животот се преобразува. Грешните мисли се отфрлаат, злите дела се оставаат; љубовта, понизноста и мирот доаѓаат на местото на гневот, зависта и кавгата. Радоста го зазема местото на тагата, а на лицето се одразува небесна светлина.”
— Копнежот на вековите, 116.

в. На кој начин Исус истото ова во друга прилика го објаснил со други зборови? Матеј 9,16.

„Христијанскиот живот не е преобликување или подобрување на стариот, туку преобразување на природата. Нашето „јас” и гревот умираат, и потоа настапува целосно нов живот. Таа промена може да се постигне само со делотворното делување на Светиот Дух.”
— Копнежот на вековите, 116.

Петок — 29. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како е можно да се приближиме до Бога без човечки посредник?

2. Објасни ја сличноста помеѓу стиховите: Јован 15,5 (последен дел) и Филипјаните 4,13.

3. Објасни го значењето на Христовите зборови: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните“ (Матеј 9,11.12).

4. Како можеме да ги усогласиме Христовите зборови запишани во Евангелието по Матеј 10,34 и Јован 14,27?

5. На кој начин грешниците можат да станат синови и ќерки Божји?

2011 • 3. Квартал

6. лекција – Соучесници во божествената природа

6. август 2011
„Зашто, ние станавме Христови соучесници, само ако почетната увереност ја запазиме цврсто да крај“.
— Евреите 3,14
„Во својата бескрајна љубов Бог на луѓето им дал предност да станат соучесници во божествената природа“.
— Поуки за рекреација, 23.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 150-156.

Недела — 31. јули
1. СЛАВАТА НА СТАРИОТ ЗАВЕТ

а. Каква поука за нас содржи начинот на кој Мојсеј станал соучесник во божествената природа? Излез 33,18-20; 34,4-8.28.35; 2 Коринтјаните 3,18.

„Мнозина од нашите браќа и сестри не ја распознаваат чудесната убавина која треба да ја видат во Божјиот закон. Тие не го посматраат она што на Мојсеј му било откриено…

„На Мојсеј, како Божја слава, му бил откриен Неговиот карактер. На сличен начин и ние посматрајќи го Христовиот карактер ја гледаме Неговата слава.”
— Објавени ракописи 9, 296.
„Небесната светлина која блескоти од Голгота ја претставува славата на Божјиот закон исто така како и сјајот што сега зрачел од неговото (Мојсеевото) лице.”
— Патријарси и пророци, 338.

б. Зошто Израелците се плашеле од Мојсеевото лице? Излез 34,30.

„Израелците не можеле да ја поднесат небесната светлина која, кога би останале послушни би ги исполнила со радост. Виновникот има и причина да се плаши. Душата слободна од грев нема да сака да се крие пред небесната светлина.”
— Патријарси и пророци, 338.

Понеделник — 1. август
2. СЛАВАТА НА НОВИОТ ЗАВЕТ

а. Како да го споделиме Мојсеевото искуство, станувајќи соучесници со Христа? Евреите 3,14; Филипјаните 2,5; 1 Коринтјаните 2,16 (последен дел).

„Светлината што зрачела од Мојсеевото лице ги претставува благословите што ги примаат оние кои, благодарение на Христовото посредување ги држат Божјите заповеди. Таа исто така претставува доказ дека, во колку нашата врска со Бога е поинтимна и нашето сфаќање за неговите барања појасни, сѐ поцелосно ќе се сообразиме со Божествениот лик и ќе бидеме по подготвени да станеме соучесници во божествената природа.”
— Патријарси и пророци, 338.

б. Каков природно ќе биде резултатот ако постојано гледаме на Божјата слава? 2 Коринтјаните 3,18; 4,6.

„Илјадници и илјадници од нив земале вода од овој извор на животот, па сепак неговото изобилство ниту најмалку не се намалило. Мнозина го имале Христа постојано пред своите очи и гледајќи во Него, се преобразиле во Неговиот лик.”
— Христовите поуки, 107.
„Гревот го замрачува нашиот ум и ја замаглува нашата свест. Ако ги очистиме своите срца од гревот, светлината на познавањето на Божјата слава во лицето на Исус Христос, која свети од Неговите зборови и одблеснува од лицето на природата, сѐ повеќе и сѐ поцелосно ќе го објавува Оној кој е ‘милостив, долготрпелив на гнев, многу милостив и вистински’ (Излез 34,6).

„Во Неговата светлина ние ќе видиме светлина, сѐ додека нашиот ум, срце и душа не се преобразат во облик на Неговата светост…

„Размислувајќи за Неговата добрина, милост и љубов, сѐ појасно и појасно ќе ја увидуваме вистината, сѐ повозвишена и посвета ќе биде нашата желба за чисто срце и јасни мисли. Душата која престојува во чиста атмосфера на свети мисли се преобразува, одржувајќи постојана врска со Бога преку проучување на Неговата Реч. Вистината е толку голема, толку далекусежна, толку длабока и широка, така што човекот размислувајќи за неа потполно се губи себеси од вид. Срцето станува благо и потчинето на понизност, љубезност и љубов.”
— 8 Сведоштво, 347.

в. Со каква особена сила тоа искуство ќе биде видно пратено во последните денови? Откровение 18,1.

„Божјите слуги, со лица осветлени од небесното посветување, ќе брзаат од место до место да ја објават пораката на небото. Илјадници гласови, ширум земјата, ќе го објавуваат предупредувањето.”
— Големата борба, 541.

Вторник — 2. август
3. ДЕЈСТВУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ ВО НАС

а. Дајте практични примери како ние треба да ја посматраме Христовата слава. Колосјаните 3,1.2; Филипјаните 4,8. Ако Господ ни е постојано во мислите, на кој начин Светиот Дух дејствува во нас?

„Утешителот, Светиот Дух, кого Исус рекол дека ќе го испрати во светот, е таа сила која го менува нашиот карактер во Христовиот лик; и кога тоа ќе се оствари во нас – како во огледало – се рефлектира Божјата слава. Тоа е карактерот на оние кои со постојано гледање во Христа стануваат слични на Него – така што, додека гледаме во нив го гледаме во нив Христовиот карактер како во огледало. Незабележливо и за нас самите, ние од ден во ден се менуваме прилагодувајќи ја својата волја и сите свои постапки на Христовата волја и убавината на Неговиот карактер. На тој начин можеме да растеме во Христа и несвесно да го рефлектираме Неговиот лик.”
— Во небесните пространства, 337.

б. Што прави Светиот Дух во нас, со наша согласност и соработка? Римјаните 8,11-13; 2 Солунјаните 2,13.

„Посветувањето на душата преку влијанието на Светиот Дух претставува всадување на Христовата природа во човечка. Евангелската религија е Христос во животот – живо, активно начело. Таа ја претставува Христовата благодат откриена во карактерот и поткрепена со добри дела. Начелата на Евангелието не можат да се одделатат од кој било дел на практичниот живот. Секое подрачје од христијанското искуство и работа треба да биде претстава на Христовиот живот.”
— Христовите поуки, 347.
„Да се добие спасение е задача што може да се изврши со заеднички напори. Меѓу Бога и грешникот мора да постои соработка. Тоа е неопходно заради обликување на правилни начела и на карактерот. Човекот мора најсесрдно да се труди да го победи сето она што не му дозволува да постигне совршенство. Но сепак, неговиот успех во целост зависи од Бога. Сам по себе, човечкиот напор не е доволен. Тој не вреди ништо без Божествената помош. Бог работи, и човекот работи. Човекот од своја страна мора да им се спротивставува на искушенијата, а сила за тоа добива од Бога.”
— Делата на апостолите, 361.

Среда — 3. август
4. ШТО Е ВИСТИНА?

а. Што претставува вистина преку која треба да бидеме посветени? Јован 14,6; 17,17.19; Псалм 119,142.

„Во Христа, во Неговиот карактер и Неговата мисија, се сконцентрирани сите вистини. Тој е ланецот со кој се поврзани сите бисери и скапоцености на библиското учење. Во Него се наоѓа целосниот систем на вистината.

„Оние кои одат во послушност ќе дознаат што е вистина… За да ја запознаеме вистината, мораме да бидеме подготвени на послушност. Оние кои својата љубов ја подаруваат на овој свет не се подготвени своите планови да ги подредат на Христовите планови и намери. Тие одат по мракот незнаејќи каде одат.

„Драгоцената светлина на вистината ја осветлува стазата на секој кој ја бара вистината.

„Бог ја прифаќа раката на верата во нас за да ја насочи да се фати за Христовото божество, за да постигнеме совршенство на карактерот.

„Христос ни покажал како се постигнува тоа. Со што победил Тој во судирот со сатаната? -Со Божјата Реч.”
— Нашиот висок повик, 16; Копнежот на вековите, 79.

б. На кој начин Христос дошол до нас (со Божјиот закон или без него)? Псалм 40,7.8. И што Тој бара од нас? Лука 11,28; Матеј 22,36-40; Евреите 5,9.

„Законот бара совршена послушност. „Кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ” (Јаков 2,10). Ниедна од тие десет заповеди не може да се престапи а со тоа да не се покаже нелојалност кон небесниот Бог. И најмала отстапка од она што законот го бара, било од небрежност или намерен престап, претставува грев, а секој грев го изложува грешникот на Божјиот гнев. Послушноста е единствениот услов под кој старозаветниот Израел ги примил исполнувањата на ветувањата кои го правеле особено сакан Божји народ; и послушноста на тој закон исто така ќе им донесе големи благослови на поединците и народите сега како што тоа би го донел за Евреите.

„Послушноста на законот е важна не само за наше спасение, туку и за нашата сегашна среќа и среќата на сите со кои сме поврзани.”
— Одбрани пораки 1, 218.

Четврток — 4. август
5. ПОБЕДА НАД СВЕТОТ, ТЕЛОТО И ЃАВОЛОТ

а. На кој начин Христос, имајќи го Божјиот закон во Своето срце (Псалм 40,8; Јован 15,10), се соочил со искушувачот? Јован 14,30.

„Во Него немало ништо што би одговорило на вештото лукавство на сатаната. Тој не се согласувал на грев. Не им попуштал на искушенијата, дури ниту во своите мисли. Така може да биде и со нас.”
— Копнеж на вековите, 79.

б. Соединети со Христа (Јован 15,4; 1 Јованово 3,24), имајќи го Божјиот закон во срцето (Евреите 8,10), како и ние можеме да се спротивставиме на искушението? Јаков 4,7.

„За да може со помош на Христовата божествена сила да стане победник, тој мора да вложува напори и од своја страна, колку тоа и да го чини. Накратко, човекот мора да победи како што победи и Христос. И тогаш благодарение на победата стекната со семоќното Христово име, тој станува Божји наследник и сонаследник на Исуса Христа. Меѓутоа тоа не може да се случи само благодарение на Христовата победа. И човекот мора да го направи своето; тој мора да победи за себеси со силата и благодатта кои Му ги дава Христос.”
— ИВ Сведоштво, 31.

в. Во што се покажува нашето единство со Христа? Галатјаните 5,22-25; Римјаните 8,3.4. Кое ветување тогаш ни припаѓа и нам? Римјаните 8,16.17.

„На оние кои ќе го победат светот, гревот и ѓаволот, Бог ќе им ја укаже Својата наклонетост и одобрување и тие ќе го примат печатот на живиот Бог.”
— Сведоштво за проповедници, 445.

Петок — 5. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога и на каков начин божествената присутност видно се покажувала преку Мојсеј?

2. На кој начин ова Мојсеево искуство ќе се повтори во текот на доцниот дожд?

3. Со што ние покажуваме дали сме проникнати или не со Светиот Дух?

4. Кои библиски стихови покажуваат дека никој не може да го прими Христа додека го отфрла Неговиот закон ниту го прифаќа законот додека го отфрла Христа?

5. Со што навистина можеме да ги осведочиме другите дека Христовиот Дух живее во нас?

2011 • 3. Квартал

7. лекција – Христос – Господар на саботата

13. август 2011
„Па така, Синот Човечки е господар и на саботата“.
— Марко 2,28
„Бидејќи саботата е спомен на делото на создавањето, таа е и знак на Христовата љубов и Неговата сила“.
— Верата со која живеам, 32.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 204-208.

Недела — 7. август
1. ХРИСТОС САБОТАТА ЈА НАРЕКУВА „МОЈОТ СПОКОЈ“

а. За кого Христос, кој со Отецот создавал сé што постои (Јован 1,3), ја воспоставил саботата – само за Евреите или за сиот човечки род? Создавање 2,1-3; Марко 2,27.

„Саботата не била одредена само за Израел, туку и за целиот свет. Таа му е објавена на човекот во Едем и, како и останатите прописи од Декалогот, таа претставува неминлива обврска.”
— Копнежот на вековите, 205.
„Бидејќи е создадена за човекот, саботата е Господов ден. Таа му припаѓа на Христа. Зашто ‘сѐ стана преку Него, и ништо што стана не стана без Него’ (Јован 1,3). Бидејќи Тој создал сѐ, ја создал и саботата. Тој ја изделил како спомен на делото на создавање. Таа посочува кон Него и како Творец и како Оној, кој посветува.”
— Копнежот на вековите, 210.

б. Што исто така Христос го нарекува саботен спокој? Евреите 4,3-5. Што Тој покрај 24 часовен прекин на работа – исто така ни нуди? Матеј 11,28-30; Исаија 11,10.

„Кога ќе примиме мир преку Христа, овде за нас започнува Небото. Ние одговараме на Неговиот повик: ‘Дојдете, и поучете се од Мене’ и така доаѓајќи ние го започнуваме вечниот живот. Небото е постојано приближување кон Бога преку Христа. Колку подолго сме во блаженството на Небото, сѐ повеќе и повеќе ќе ни се отвора славата пред нас и колку повеќе го познаваме Бога, толку поголема ќе биде нашата среќа. Чекорејќи со Исуса во овој живот, можеме да бидеме исполнети со Неговата љубов, задоволени со Неговото присуство.”
— Копнежот на вековите, 246.

Понеделник — 8. август
2. ШТО ПРЕТСТАВУВА ХРИСТОВИОТ СПОКОЈ ИЛИ МИР?

а. Што претставува Христовиот јарем (Матеј 11,29) кој ни дава вистински мир? Еремија 6,16; Исаија 48,16-18.

„Ако го барате Господа, и секој ден се преобразувате, ако по сопствениот духовен избор бидете слободни и радосни во Бога, ако со радосно срце одговорите на Неговиот милостив повик да го понесете Христовиот јарем – јарем на послушност и служба – повеќе нема да се слуша мрморење, ќе бидат отстранети сите ваши потешкотии и ќе бидат отстранети сите ваши збунувачки проблеми на кои дотогаш сте наидувале.”
— Мисли од гората, 102.
„Човекот што оди по патот на Божјите заповеди е во друштво на Христа и во Неговата љубов срцето наоѓа мир.”
— Копнежот на вековите, 246.

б. Крштевањето е внатрешно искуство на ново раѓање потврдено со надворешен знак на потопување во вода (1 Петрово 3,21). Саботата на Господовиот одмор е исто така внатрешно искуство на посветеност потврдено со надворешен знак на почитување на седмиот ден (Езекиел 20,12). Во двата случаи, две работи одат заедно. Што значи надворешниот знак без внатрешно искуство? Излез 31,13; 1 Петрово 1,15.16.

„Саботата е знак на Христовата моќ да нѐ направи свети. Таа е дадена на сите што Христос ги прави свети. Како знак на Неговата посветувачка сила, саботата е дадена на сите, кои преку Христа стануваат дел од Божјиот Израел.”
— Копнежот на вековите, 210.

в. Како Господ нé осветува нас (со наша согласност и соработка) да можеме да го понесеме Неговиот јарем и да уживаме во Неговиот мир? Јован 8,32.

„Оние кои се учат од Христа на Неговата кротост и добрина наоѓаат спокојство во практичната примена на Неговиот поуки (на верност, искреност и служба од љубов).”
— Библиски коментари, 804.
„Оние кои се држат за Христовата Реч и ја предаваат својата душа на Негова грижа и својот живот на Неговото водство ќе најдат мир и спокојство. Ништо од овој свет не може да ги растажи, бидејќи Исус ги прави радосни со Своето присуство. Во совршеното помирување се наоѓа совршен мир.”
— Копнежот на вековите, 246.

Вторник — 9. август
3. ОДМОР – СЕКОЈДНЕВЕН ПОВИК

а. Како Павле го нагласува посветувањето во врска со Христовиот саботен одмор? Евреите 4,3-12. „Но, за народот Божји сé уште останува саботна (грчки „саббатисмос“) починка“ (Евреите 4,9). Што е карактеристично за ова искуство? Исаија 26,3.

„Спасителовиот живот на Земјата, иако низ судири, бил живот на мир. Додека разбеснетите непријатели постојано Го прогонувале, Тој говорел: ‘Оној што Ме прати е со Мене’ (Јован 8,29). Никаква бура на човечкиот или на сатанскиот гнев не можела да го наруши мирот на Неговата целосна заедница со Бога. И Тој ни вели: ‘Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам’. ‘Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши’ (Јован 14,27; Матеј 11,29). Носете го со Мене јаремот на службата на слава на Бога, за спас на човештвото и ќе сфатите дека Мојот јарем е благ и бремето Мое лесно.

„Самољубието го нарушува нашиот мир. Кога нашето ‘јас’ живее во нас, ние секогаш сме подготвени да го браниме од нападите и навредите; а кога тоа е мртво, и нашиот живот е скриен со Христа во Бога, тогаш никогаш нема да го примаме кон срце омаловажувањето и потценувањето. Ќе бидеме глуви за префрлувањата и слепи за потсмевањето и навредите.”
— Мисли од гората, 24.
„Нашиот живот може да ни изгледа многу замрсен, но ако се довериме на грижата на мудриот Бог, Тој ќе креира модел на живот и карактер, кои ќе бидат на Негова слава.”
— Копнежот на вековите, 246.

б. Зошто бунтовната генерација на Евреите која го провоцирала Бога во пустината не влегла во Неговиот мир? Псалм 95,7-11. Како Павле нé предупредува да не го повторуваме нивниот пример? Евреите 3,7-13.

в. Какво објаснување дава Павле за „другиот ден“ кој го нарекува „денес“, ден во кој Господ во Својата милост ни дава уште една можност да Му се обратиме и уживаме во Неговиот мир? Евреите 4,7.8.

Среда — 10. август
4. ЗНАК НА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

а. Со кој знак се утврдува идентитетот на Божјиот народ како почитувач на вистинскиот Бог, Создателот на Небото и Земјата? Излез 31,13-17; Езекиел 20,19.20.

„Од сите прописи што им биле дадени на Евреите, саботата најмногу ги одвојувала од околните народи. Бог одредил празнувањето на саботата да ги означува Евреите како Негови поклоници. Таа била симбол на нивното одвојување од идолопоклонството и нивната врска со вистинскиот Бог. Меѓутоа, за да ја празнуваат саботата како света, луѓето и сами мораат да бидат свети. Тие со вера мораат да станат учесници во Христовата праведност. Кога на Израелците им била дадена заповед ‘Помни го денот саботен за да го празнуваш‘, Господ, исто така им рекол: ‘Ќе ми бидете свет народ.’ (Излез 20,8; 22,31). Само на тој начин саботата можела да ги издвои Израелците како Божји поклоници.”
— Копнежот на вековите, 205.
„Саботата е знак меѓу Бога и Неговиот народ, и празнувајќи ја саботата ние на видлив и забележителен начин ја покажуваме својата приврзаност на Божјиот закон. Тоа треба да биде знак на распознавање, знак според кој Неговиот народ се разликува од светот.”
— Библиски коментари, 855.

б. Какви докази имаме дека овој знак или печат се наоѓа во Божјиот закон? Исаија 8,16 (спореди со: Второзаконие 6,6-8; 28,45.46). Каков повик на акција во овој стих им се упатува на сите оние на кои им е доверена сегашната вистина?

„Господ нѐ повикува преку Својата Реч сѐ повеќе и повеќе да го издигнуваме нашето знаме. Ако го послушаме Неговиот глас, Тој ќе работи со нас и нашите напори ќе бидат крунисани со успех. Во својата работа, ние ќе примиме големи благослови од висините и ќе си собираме себеси богатство покрај Божјиот престол.

„Кога би знаеле што ни претстои, не би биле толку спори во Господовото дело. Ние живееме во време на решетање, во време кога ќе се изрешета сѐ што може да биде изрешетано. Господ нема да им прости на оние кои ја познаваат вистината, ако тие со зборови и дела не се покоруваат на Неговиот заповеди. Ако не се трудиме да придобиеме души за Христа, ќе одговараме за делото кое сме можеле да го извршиме, но кое не сме го извршиле поради својата духовна мрзеливост. Оние кои му припаѓаат на Божјото царство, мораат сесрдно да работат на спасување на душите. Тие мораат да го направат својот дел ‘врзи го сведителството и запечати го законот меѓу учениците’ (Исаија 8,16).”
— 6 Сведоштво, 304.

Четврток — 11. август
5. ПРОРЕЧЕНА ОБНОВАТА НА ХРИСТОВАТА САБОТА

а. Како знаеме дека пророштвото од 56. поглавје од Исаија укажува на христијанската ера? Кога е откриено Господовото спасение? 1 Петрово 1,5.10-12. Кога Божјата правда е откриена? Римјаните 3,21 (спореди со: Исаија 56,1).

б. Кое ветување Христос го дал за сите незнабошци кои ќе се свртат кон Него и ја празнуваат саботата? Исаија 56,3-8.

„(Исаија 56,1.2.6.7). Овие зборови се однесуваат на христијанската епоха, што покажува и самиот контекст на наведеното пророштво: ‘Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци, вели: покрај веќе распрснатите Израелци, ќе соберам и други’ (Исаија 56,8). Овде се најавува собирање на незнабошците со посредство на евангелието. А на оние што тогаш ќе ја почитуваат саботата пророштвото изрекува благослов. Така обврската на четвртата заповед се протега преку времето на распнувањето, воскресението и Христовото вознесение, опфаќајќи го и времето на новозаветната епоха кога Неговите слуги, радосната вест на Евангелието треба да им ја објават на сите народи.”
— Големата борба, 402.

в. Што друго кажал Христос, преку Исаија, за Неговата сабота во христијанската ера? Исаија 58,12-14 (спореди со: Исаија 61,1-4).

„(Исаија 58,12-14). Ова пророштво се однесува и на наше време. Тука споменатите ‘урнатини’ се направени во Божјиот закон кога Римската сила ја променила саботата. Но, дошло време оваа божествена институција да биде обновена. Урнатинините треба да се санираат и ‘темелите на многу поколенија’ треба повторно да се издигнат.”
— Големата борба, 403.

Петок — 12. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како треба да го примиме благословот на покојот што Христос го воспоставил?

2. Дефинирајте ги внатрешните и надворешните аспекти на Христовиот покој. Зошто двата аспекта мораат да одат заедно? Објаснете зошто формалното празнување на седмиот ден не е доволно за некој да влезе во Христовиот покој?

3. Зошто Евреите и покрај строгото празнување на саботата не влегле во Христовиот покој?

4. Што всушност е Божји печат, и како тоа е еден посебен знак на идентификација?

5. Како знаеме дека пророштвото: Исаија 56,1-7 и 58,13 се однесува на нашите денови?

2011 • 3. Квартал

8. лекција – Обнова во празнувањето на саботата

20. август 2011
„И така во сабота е допуштено да се прави добро“.
— Матеј 12,12
„Исцелувајќи го човекот со исушена рака, Исус го обвинил еврејскиот обичај, и четвртата заповед стои како што Бог одредил“.
— Да бидеме слични на Исус, 145.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 208-210.

Недела — 14. август
1. ЗНАЧАЈНИ РАЗЛИКИ

а. Што рекол Христос за моралниот закон напишан на две камени плочи? Излез 24,12; Матеј 5,17-20; Лука 16,17.

б. Како апостолите ги потврдиле овие десет заповеди како обврзувачки во Новозаветната ера? Римјаните 3,20.31; Јаков 2,10-12.

в. Кога церемонијалниот закон – вклучувајќи ги и неговите еврејски годишни саботи – е укинат? Галатјаните 3,1; 4,9.10; Колосјаните 2,14.16.17.

„Постојат два различни закона кои треба да ги разгледаме. Едниот е законот на симболи и сенки, кој важел до Христовите денови и престанал кога симболите го нашле своето остварување во Неговата смрт. Другиот е законот на Јехова, кој исто така е траен и непроменлив како и Неговиот вечен престол. Продолжувајќи и по Христовото распнување да принесуваат жртви паленици и останати жртви кои симболично укажувале на Неговата смрт, Евреите го порекнувале Христа и перед светот практично зборувале дека сѐ уште го очекуваат Откупителот кој ќе дојде и дека не веруваат во Него кој го дал Својот живот за гревовите на светот. Затоа церемонијалниот закон престанал да важи по Христовата смрт.”
— Знаци на времето, 29. јули, 1886.

г. Наместо да биде дел од привремените „сенки на она што доаѓа“ (Колосјаните 2,17) покажувајќи кон иднината, на што седмиот ден – саботата укажува? Излез 20,11.

Понеделник — 15. август
2. ХРИСТОС ПОУЧУВАЛ НА ПРАВИЛНО ПРАЗНУВАЊЕ НА САБОТАТА

а. Што докажува дека Исус правилно поучувал во поглед на празнувањето на саботата? Лука 13,11-17.

„Христос сакал да ги поучи Своите ученици и Своите пријатели дека Божјата служба доаѓа пред сѐ останато. Целта на Божјото дело во овој свет е избавување на човекот. Според тоа, она што е неопходно да се прави во сабота заради остварување на тоа дело е во склад со законот за саботата.”
— Копнежот на вековите, 207.

б. Што Христос со својата изјава: „Мојот Отец досега работи и Јас работам“ (Јован 5,17) всушност сакал да каже? Во што можеме да го видиме постојаното делување на Божјата рака? Создавање 8,22; Матеј 5,45; 6,28-30. Што можеме да научиме од Христовото прашање поставено на фарисеите? Лука 6,7-9.

„Дали Бог треба да му забрани на Сонцето да ја врши својата должност во сабота, да ги скрати своите благотворни зраци, кои ја загреваат Земјата и ги хранат растенијата? Дали движењето на световите мора да запре во тој свет ден?…

„Бог, ниту за еден момент не може да ја запре Својата рака, инаку човекот би изнемоштил и би починал. Тој ден и човекот мора да работи. Мора да се обрне внимание на животните потреби, болниот мора да се негува, на сиромашните и страдалниците мора да им се укаже помош. Не е без вина оној што занемарува да ги олесни страдањата во саботниот ден. Божјиот свет ден за одмор е создаден за човекот и делата на милосрдие се во склад со намената на саботата. Бог не сака Неговите сознанија ниту за еден час да ги поднесуваат страдањата, кои би можеле да се отстранат во сабота или кој било друг ден.

„Барањата кон Бога се дури поголеми во саботата, отколку во другите денови. Неговиот народ тогаш ја напушта својата вообичаена работа и времето го поминува во размислување и во богослужение. Верниците во сабота бараат од Бога повеќе благонаклонетост отколку во некој друг ден. Тие бараат Негово посебно внимание и копнеат по Неговите посебни благослови. Бог не чека да помине саботата и дури тогаш да ги исполни тие барања. Небото никогаш не престанува да работи и луѓето никогаш не треба да одмораат од правење добро. Саботата не треба да биде време поминато во некорисна активност.”
— Копнежот на вековите, 144.

Вторник — 16. август
3. ХРИСТОС ГО ПОТВРДУВА СВОЕТО УЧЕЊЕ ВО ПОГЛЕД НА САБОТАТА

а. Како Исус, предупредувајќи ги своите своите ученици на претстојното бегство од Ерусалим го потврдил Своето учење во поглед на саботата? Матеј 24,20.

„’Молете се вашето бегање да не биде во зима ниту во сабота’, рекол Христос. Оној што ‘ја создал саботата’ не ја укинал, приковувајќи ја на крст. Светоста на саботата не престанала со Неговата смрт на крстот. Четириесет години учениците требало да се молат на Бога нивното бегање да не биде во сабота.”
— Копнежот на вековите, 485.

б. Што можеме да научиме од Христовото примерно празнување на саботата? Лука 4,14-16; Матеј 12,8-12. Наведи некои практични илустрации. Исаија 58,13.14.

„Законот забранува световна работа во Господовиот ден за одмор; работата заради земно задоволство или добивка не е дозволена според законот. Меѓутоа како што Бог го прекинал Своето дело на создавање и се одморил во сабота и ја благословил, така човекот треба да ги остави своите секојдневни работи и тие свети моменти да ги посвети на здрав одмор, богослужение и свети дела. Христовото дело при исцелувањето на болниот било во совршен склад со законот. Тоа манифестирало почит кон саботата.”
— Копнежот на вековите, 144.
„За да ја славиме саботата на свет начин, не е потребно да се затвораме во себе ниту да ги одбегнуваме убавите глетки во природата и закрепнувачкиот свеж воздух. Во никој случај не би смееле да дозволиме да нѐ притискаат товарите и деловните грижи во Господовиот ден кој Тој го посветил. Не би смееле да дозволиме ниту духот да се занимава со мислите од земска природа… Саботата е создадена поради човекот за да му донесе благодат со тоа што ќе го одвои неговиот дух од земските работи, за да може да ја набљудува Божјата добрина и големина. Потребно е Божјиот народ да се собира за да зборува за Него, да ги разменува мислите и погледите за вистината кои се наоѓаат во Неговата реч и да посвети дел од своето време за вистинска молитва. Но тие моменти, дури ни во сабота не би смееле да станат здодевни поради претерано долгите проповеди, бидејќи така се губи интересот.

„Би требало сите да поминат надвор од домот еден дел од денот. Можат ли децата да стекнат подобро знаење за Бога од тоа што ќе поминат во поле еден дел од своето време, не во игра туку во друштво на своите родители.”
— 2 Сведоштво, 186.

Среда — 17. август
4. ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ И ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ

а. Што очигледно покажува дека Евреите во својата оптужба не можеле Христа – па дури ниту се обидувале – да Го обвинат за престап на саботата? Матеј 26,59-65.

б. И кога Новиот завет веќе бил потврден со Христовата крв (Евреите 9,16.17) учениците продолжиле да ја празнуваат саботата според законот. Лука 23,56. Има ли во тоа некаков доказ дека Неговото учење за законитоста за празнувањето на саботата е променето по Неговото воскресение. Матеј 28,20; Галатјаните 3,15.

в. Што Христос сака да ни подари со посредство на саботата? Јован 14,27.

„Саботата ќе биде задоволство за сите оние што ја примаат како знак на Христовата создавачка и откупителна моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање како на доказ на Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на загубениот Едем и истовремено укажува на мирот, кој е повторно вратен преку Христа.”
— Копнежот на вековите, 210.
„Саботата е знак на Христовата моќ да нѐ направи свети. Таа е дадена на сите што Христос ги прави свети. Како знак на Неговата посветувачка сила, саботата е дадена на сите, кои преку Христа стануваат дел од Божјиот Израел.”
— Копнежот на вековите, 210.

г. Што кажува апостол Павле за Ананија, еден од водечките луѓе во првата христијанска црква? Дела 22,12. Кога Павле не би ја празнувал саботата според законот (Дела 16,13; 25,8), што не би му било дозволено да прави во еврејската синагога? Дела 18,4.11.

д. Што обратените христијани од еврејството, особено поранешните фарисеи, ги учеле христијаните од незнабоштвото? Дела 15,1-5. Што водечките апостоли, по ерусалимскиот собор свикан поради тоа прашање, им пишувале на обратените од незнабоштвото? Дела 15,20.23-29.

Четврток — 18. август
5. ЕДИНСТВЕН ДЕН ГОСПОДОВ

а. Каде првите христијани добивале дополнителни инструкции поврзани со нивното спасение? Дела 15,21; 22,19; Матеј 23,1-3.

б. Можете ли да се сетите на уште една причина поради која Христос им наложил на Своите следбеници да продолжат да присуствуваат на богослужбите во синагогите? Лука 24,49; Јован 16,1-3.

в. Во кој ден и апостолите и првите христијани од незнабожечко потекло одржувале богослужение? Дела 13,42-44; 14,1; 16,13; Откровение 1,10.

„Денот Господов спомнат од страна на Јован бил сабота, ден во кој Јехова се одморал по големото дело на создавање и кој поради тоа го благословил и посветил.”
— Одблесок на Христовиот лик, 95.
„Каква причина можеме да наведеме за празнувањето на првиот ден од седмицата кој го празнуваат поголемиот дел од таканаречените христијани, кога Библијата не дава никаков авторитет за таква промена и за тоа не постои никаков пропис или пример од Христа или Неговите следбеници? Причината за тоа се наоѓа само во фактот дека наместо јасното ‘вака вели Господ’, светот ги следи традициите и човечките обичаи. Сатаната секогаш настојува луѓето да ги одврати од послушноста на Божјите заповеди преку воздигање и почитување на традициите од овој свет.”
— Да бидеме слични на Христа, 161.

Петок — 19. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете ја разликата помеѓу Христовата сабота која Тој ја нарекува „Моја сабота“, и еврејските годишни празници означени како „ваши саботи“?

2. На кој начин Христос поучувал на законско празнување на саботата? Наведи примери.

3. Како Христос го обновил правилното празнување на саботата?

4. Кои докази очигледно покажуваат дека првите ученици, апостолите, обратените фарисеи и водечките луѓе во првата христијанска црка биле почитувачи на саботата?

5. Што покажува внимателната споредба на следните записи од Новиот завет? Матеј 23,1-3; Дело 15,21; 18,4.11; 22,12. и 19?

2011 • 3. Квартал

9. лекција – Ракописните уредби укинати на крстот

27. август 2011
„Извршувајќи го ракописниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот“.
— Колосјаните 2,14
„Трите водечки апостоли… го изнеле предметот перед Советот и добиле одобрување и согласност од сите во одлуката незнабошците да се ослободат од обврските кои ги наметнува церемонијалниот закон“.
— Библиски коментари, 716.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 374-381.

Недела — 21. август
1. СЕНКАТА ЗАМЕНЕТА СО СУШТИНА

а. Зошто Мојсеевиот „ракописен закон“ бил на сила само до Христовото распнување на крстот? Колосјаните 2,14.17.

„Церемонијалниот систем се состоел од симболи кои укажувале на Христа, на Неговата жртва и Неговата служба како свештеник. Тој ритуален закон со своите жртви и прописи, Евреите требало да го применуваат сѐ додека симболите не се оствариле во смртта на Исуса Христа – Божјо јагне – кое ‘ги зема на себе гревовите на светот’. Тоа е оној закон што го зел Христос ‘од средината и го приковал на крст’ (Колосјаните 2,14).”
— Патријарси и пророци, 376.

б. Што сакало да се каже со „одредбите“ (Ефесјаните 2,15; Евреите 10,1.8) кои биле само сенка на „идните добра“? Евреите 9,11.12; 10,12.

„Принесувањето на жртви требало да биде очигледа поука за Божјата љубов откриена во Христа – во маченичката жртва што умира, кој ја презеде на Себе вината на човековиот грев, во Невиниот кој е направен грев заради нас.”
— Одбрани пораки 1, 233.

Понеделник — 22. август
2. ГОРДИ ПОРАДИ ДОБИЕНАТА ПРЕДНОСТ

а. Зошто законот даден преку Мојсеј бил како сведок против Израелскиот народ? Второзаконие 31,24-26.

б. Што Евреите, како што тоа Бог однапред го предвидел, правеле по преземањето на ветената земја? Второзаконие 31,16.29.

в. Која уредба од Мојсеевиот закон, особено, создавала непријателство помеѓу Евреите и незнабошците? Левитска 3,38; 16,40; 18,4.7.

г. Како книжниците и фарисеите со своите традиции ги влошиле работите? Матеј 23,4. Што е барано од народот по неговото враќање од пазар за да се измие од загадувањето при случаен допир со незнабошците? Марко 7,1-4.

„Меѓу обредите на кои најмногу се внимавало било обредното чистење. Ако некој би ја заборавил формалноста која требало да се изврши перед да се започне со јадење, тоа се сметало за тежок грев, кој заслужува казна како на овој, така и на оној свет, додека уништувањето на престапникот се сметало за доблест.”
— Копнежот на вековите, 297.
„Постоеле безброј правила кои се однесувале на чистењето. Целиот живот едвај би бил доволен за да се научат сите. Животот на луѓето што се труделе да ги исполнат сите барања на рабините претставувал долга борба против обредната нечистотија и бескраен редослед на миења и чистења. Луѓето биле окупирани со безначајни ситници и обреди кои Бог не ги барал, додека истовремено нивното внимание било одвратено од големите начела на Неговиот закон.”
— Копнежот на вековите, 298.

д. Која опасност и денес им прети на сите на кои им се доверени пророштвата на Божјата Реч? Лука 18,9-14.

„Браќа, кога во срцето ќе се понизите перед Бога, ќе видите дека постои опасност од фарисејство во секоја црква, опасност од размислување и молење како и кај самоправедниот фарисеј (Лука 18,11).”
— Објавени ракописи 11, 267.

Вторник — 23. август
3. ЅИДОТ НА ПОДЕЛБА СРУШЕН

а. Што Јован Крстител и Исус изјавиле за привилегиите и на не-Евреите? Матеј 3,9; 8,11.12; Јован 1,29.

„Христос знаел дека со принесувањето на оваа жртва за гревовите на човештвото, Неговиот царство ќе биде усовршено и ќе се прошири по целиот свет. Тој ќе работи како Обновител и Неговиот Дух ќе надвладее. За миг гледајќи во иднината слушнал глас кој објавувал во сите делови на Земјата: ‘Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зема на Себе гревовите на светот’ (Јован 1,29). Во тие странци Тој видел гаранција за голема жетва, кога ќе биде срушен yидот на поделба помеѓу Евреите и незнабошците и кога сите нации, јазици и племиња ќе ја слушнат веста на спасението… Собирањето на незнабошците ќе настапи по Неговата смрт која се приближувала.”
— Копнежот на вековите, 478.

б. Какво објаснување дал Петар, откривајќи како Бог му го отворил умот во поглед на својата намера со незнабошците? Дела 11,4-12; 15,7-9.

„Петар им го изнел целиот настан. Им го раскажал своето искуство во врска со добиената визија со која е предупреден да не се осврнува веќе на церемонијалната разлика меѓу обрезаните и необрезаните, ниту незнабошците да ги смета за нечисти.”
— Делата на апостолите, 103.
„Мнозина мислат дека Бог поставил некаков yид на поделба меѓу Евреите и другите народи; дека Неговата љубов и Неговата грижа им се скусени на другите народи и наменети исклучиво на Израел. Но Бог не сакал Неговиот народ да поставува yид меѓу себе и своите ближни. Срцето на бесконечна Qубов им е наклонето на сите жители на Земјата. Иако го отфрлиле, Тој постојано се труди да им се открие и да ги стори соучесници во Својата љубов и милост. Своите благослови Тој му ги дал на Својот одбран народ за да им бидат пренесени и на другите.”
— Патријарси и пророци, 379.

в. Што како верници, негувајќи ја истата драгоцена вера во сегашната вистина, и пораката на третиот ангел, секогаш треба да имаме на ум? Галатјаните 3,26-29.

Среда — 24. август
4. ДВА РАЗЛИЧНИ ЗАКОНСКИ СИСТЕМИ

а. Какво објаснување дава Павле за стариот, сега укинат, закон кој Евреите ги одвојувал од незнабошците? Ефесјаните 2,11-19. Како благодарение на Евангелието сите се еднакви во Божјите очи? Римјаните 3,22-23; 9,24-26.30.

„Во тој век на класна поделба, кога правата на човекот често не биле признати, Павле ја изнел големата вистина за човечкото братство, нагласувајќи дека Бог ‘од еден ги создаде сите народи за да се населат по целата земја’. Сите се еднакви перед Бога и секое човечко суштество Му должи вистинска преданост на Творецот.”
— Делата на апостолите, 179.

б. Кои други церемонијални правила – правила кои е сметани за знак на правдата и на припадноста кон еврејскиот народ – исто така се укинати на крстот? Римјаните 4,9-11; Дела 15,1.5.10.11.

в. Дали некоја од Десетте заповеди на моралниот закон – напишана од Христа (Второзаконие 4,13; 9,9.10) – е укината, намалена или изменета? Матеј 5,17-20; 22,36-40; Лука 16,17.

г. Што треба да научиме од разликата која Павле ја открива помеѓу Евреите кои го престапуваат законот и христијаните обратени од незнабоштвото кои го почитуваат законот? Римјаните 2,23-27; 8,7; 1 Коринтјаните 7,19.

„Телесното мудрување е во непријателство против Бога, во бунт против Неговата волја…

„Ако припадниците на Божјиот народ го препознаат и почитуваат Неговото постапување со нив и го признаат и прифатат Неговото учење, тие ќе видат како Тој го порамнува патот перед нив и ги води со Својата светлина низ мракот на обесхрабрувањето.”
— Одблесок на Христовиот живот, 64.

Четврток — 25. август
5. СТАВОТ ЗБОРУВА СЕ

а. Објасни ги Петровите скалила (2 Петрово 1,1-7) со помош на кои учествуваме во божествената природа за разлика од сатанските фалсификати како што се: самоправедност, сомнеж, водени од чувствата, апетитот, гордост, компромис, осудување на другите и конечно емотивна пречувствителност. Кој духовни род покажува дека осудувачкиот став е заменет со братска љубезност и милост? Галатјаните 6,1-3.10.

„Да не бидеме како фарисеите, кои поради заслепеност од духовна гордост, самоправедност и духовна вообразеност се одвоиле од Бога. Со години ми се давани упатства и предупредувања дека ваква опасност му се заканува на нашиот народ.”
— Ј.Г. Вајт, Материјали од 1888, стр.166.
„За совршено единство цо црквата ништо не придонесува толку како духот на христијанско трпение. Сатаната сее неслога и раздор; несложните и меѓусебно неслични елементи може да ги усогласи само Христос. Затоа нека секоја душа се понизи и научи во школата на нашиот Спасител, кој изјавува за Себеси дека е ‘кроток и смирен во срцето’…

„Големите вистини на Божјата Реч се толку јасно изложени што никој не мора погрешно да ги разбере. Кога како поедини членови во Црквата го љубите Бога над сѐ друго а ближниот како себеси, тогаш нема да има потреба да вложувате напори за меѓусебно единство бидејќи единството во Христа доаѓа како природен резултат. Ушите повеќе нема да бидат отворени за извештаите кои нанесуваат навреда или неправда на ближните, и никој нема да го навредува својот ближен.”
— Објавени ракописи 11, 266.267.
„Која мајка некогаш ги љубела своите деца како што Христос ги љуби Своите деца? Расипаноста на нивниот карактер Му причинува на Исуса подлабока и потешка болка отколку што една мајка може да почувствува. Тој ги гледа идните последици на секоја лоша постапка. Затоа мораме направиме сѐ што можеме за една запоставена душа.”
— 6 Сведоштво, 266.

Петок — 26. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е погрешно да се мешаат моралниот и церемонијалниот закон?

2. Кој закон предизвикал непријателство помеѓу Евреите и не евреите, и како Евреите со своите традиции уште повеќе го продлабочувале тоа непријателство?

3. Со што според пророштвото е предвидено дека сите ќе имаат еднаков пристап кон Христа?

4. Зошто требало yидот на поделба помеѓу Евреите и незнабошците да биде срушен?

5. Кој закон Христос го потврдил за разлика од оној што бил прикован на крстот?

2011 • 3. Квартал

10. лекција – Свето и несвето

3. септември 2011
„За да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не“
— Левитска 10,10
„Припадниците на Божјиот народ мораат да се научат да Му пристапуват на Бога со длабока почит и стравопочитување, на начин кој Тој го одредил. Тој не може да прифати делумна послушност“
— Конфликт и храброст, 100.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 369-373.

Недела — 28. август
1. ОСОБЕНА РАЗЛИКА

а. Што Бог барал од свештениците во Стариот завет? Левитска 10,10.11.

„Бог изрекол проклетство над оние кои отстапуваат од Неговиот заповеди, не правејќи разлика меѓу светото и несветото… Никој нека не се лаже верувајќи дека некој дел од Божјите заповеди не е важен, или дека Тој ќе прифати каква било измена на Неговите барања… Бог во Својата Реч не дал ниту една заповед која луѓето можат по своја волја да ја држат или да не ја држат, а да не ги сносат последиците на својот избор.”
— Патријарси и пророци, 371.

б. Што им се случило на двајцата синови на Арон, кои ги занемариле Божјите барања? Левитска 10,1.2. Која била причината која ги навела да ја превидат разликата помеѓу светото и несветото? Левитска 10,9.

„Надав и Авијуд никогаш не би го сториле тој смртоносен грев кога пред тоа не би биле делумно опиени со слободно пиење на вино… Мислите им биле поматени, а сфаќањето на моралот отапено така што не биле веќе во состојба да прават разлика меѓу светото и обичното.”
— Патријарси и пророци, 372.

Понеделник — 29. август
2. ГОЛЕМА ЗАСЛЕПЕНОСТ

а. Колку голема била конфузијата помеѓу светото и несветото (помеѓу светлината и темнината, доброто и злото) меѓу еврејските водачи во деновите на Исаија, Еремија Езекиел и Даниел? Исаија 5,20-24; Еремија 15,19; Езекиел 22,26.

б. Објасни ја конфузијата меѓу еврејските водачи во врска со правилното и погрешното во деновите на Христос? Матеј 12,7; 23,1-5.23-26. Колку таквиот став е вообичаен и денес?

„Укорот што Христос го упатил на фарисеите може да се примени на оние во чие срце исчезнала првата љубов. Ладната, легалистичка религија никогаш не може да доведе души кај Христа; бидејќи тоа е религија која е лишена од љубов и Христа. Кога постот и молитвите се практикуваат во самоправеден дух, тие му се гнасни на Бога.”
— Одбрани пораки 1, 388.

в. Што им било наредено на Израелците преку Мојсеј во поглед на Десетте Божји заповеди? Второзаконие 6,6-8. Што треба ние да сфатиме, за начинот на кој фарисеите го промашиле духовното значење буквално применувајќи го 8. стих?

„(Второзаконие 6,8). Заповедта дадена на Мојсеј била претворена во пропис дека тие начела од Светото писмо треба да се носат на себе. Токму затоа тие биле запишани на ленти од пергамент и на видлив начин приврзани околу главата и околу зглобовите на рацете. Меѓутоа, со тоа не се постигнало Божјиот закон да влијае на разумот и на срцето. Тие ленти биле носени како ознаки, со цел да привлечат внимание. Се сметало дека на оние што ги носат, тие им даваат изглед на побожност кој предизвикува почит кај народот. Исус задал удар на тоа суетно преправање.”
— Копнежот на вековите, 469.
„Обредната служба немала никаква вредност доколку со жива вера не е поврзана со Христа. Дури ниту моралниот закон не ја исполнува својата цел, ако не се сфаќа неговата врска со Спасителот. Христос многупати кажал дека законот на Неговиот Татко содржи нешто подлабоко, а не само авторитетни заповеди. Во законот е отелотворено она исто начело што е содржано во евангелието. Законот укажува на човековата должност и ја покажува неговата вина. Човекот мора да очекува прошка и сила од Христа, за да го прави она што го пропишува законот.”
— Копнежот на вековите, 466.

Вторник — 30. август
3. ДА СЕ ПРАВИ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ПРАВДАТА И ГРЕВОТ

а. Дали Исус донел нова религија – или дошол да го уништи делото на сатаната, кој внесува конфузија помеѓу правото и погрешното? Дали Исус дошол да ги оправда и зајакне или да ги поништи и укине нашите морални обврски кон Бога и ближните, како што тоа е објаснето во законот и пророците, а особено во Десетте Божји заповеди? Матеј 5,17-19; 22,38-40.

„(Марко 12,30.31). Двете заповеди се израз на начелата на љубовта. Невозможно е да се држи првата, а втората да се престапува, ниту да се држи втората, а првата да се престапува. Ако Бог се наоѓа на местото што му припаѓа, ако се наоѓа на престолот на срцето, тогаш и нашиот ближен го добива местото што му припаѓа.”
— Копнежот на вековите, 365.

б. Бидејќи „сиот закон и пророците“ се темелат на начелата на љубов кон Бога и човекот, на кој начин Библијата јасно дефинира што е грев? Римјаните 3,20; 4,15; 7,7; 1 Јованово 3,4. Опиши ја спротивноста помеѓу оние кои го отфрлаат Божјиот закон и оние кои му се покоруваат.

„Многумина јавно проповедаат дека Божјиот закон е укинат и со својот живот тоа навистина и го потврдуваат. Ако нема закон, тогаш нема ниту престап, па според тоа ниту грев, бидејќи гревот е престап на законот.

„Телесното мудрување е во непријателство со Бога и се бунтува против Неговата волја. Кога еднаш ќе го отфрли јаремот на послушноста, човекот несвесно се втурнува во беззаконие и злосторство. Беззаконието сѐ повеќе зема замав меѓу оние кои се фалат со чиста и совршена верска слобода. Нивниот живот е одвратен за Господа, и тие се соработници со непријателот на душите. Тие го свртуваат својот поглед од светлината на сегашната вистина и убавината на светоста за нив е само сенка…”
— 4 Сведоштво, 13.
„Покажано ми е што е човекот без познавање на Божјата волја. Неговиот живот е полн со злосторство и беззаконие. Но, до каква промена доаѓа во неговото срце кога Божјиот Дух во потполност ќе му ја открие сета големина и значење на законот! Слично на Валтазар, тој со пробудена свест го чита она што е напишано со раката на Семоќниот, а осведочувањето му ја обзема душата. Громовите на Божјата реч го будат од неговата духовна замреност и тој бара милост во Христово име. Бог е секогаш подготвен да слушне вакви понизни молитви и Тој никогаш не го остава неутешен искрениот покајник.”
— 4 Сведоштво, 14.

Среда — 31.август
4. ПОБЕДА НАД ФАРИСЕЈСКАТА РЕЛИГИЈА

а. На кој начин Исус ги укорил еврејските водачи за престап на Божјиот закон, јасно изложен во Стариот завет? Матеј 15,3.13; 23,23; Јован 7,19.

„Садукеите си ласкале себеси дека од сите луѓе најстрого се придржувале за Светото писмо. Меѓутоа, Исус покажал дека тие не ја сфатиле неговата вистинска смисла. За да се сфати тоа, срцето морало да биде просветлено од Светиот Дух. Тој рекол дека тие не го познаваат Светото писмо и Божјата сила и дека тоа е причина за нивната збунетост во верата и темнината на умот.”
— Копнежот на вековите, 463.

б. Како Павле, пред неговото обратување, се сметал себеси и неговата лична праведност заснована на законот? Филипјаните 3,4-6. Кога тој разбрал дека тој всушност е престапник на законот? Римјаните 7,7-9; 8,7; Филипјаните 3,7-9.

в. Како Павле гледал на законот после своето обраќање? Римјаните 7,10-16. Дали за своето минато непокорување на законските прописи го обвинувал законот или самиот себе? Римјаните 7,22.25; 8,1-4.

г. Откако покајниот грешник ќе се ослободи од осудата на законот, дали тој е слободен да се врати на својот некогашен живот во грев затоа што сега е под милост? Римјаните 6,1.2.15; Јован 8,11.

„Со новото раѓање срцето доаѓа во хармонија со Бога, затоа што е во хармонија со Неговиот закон. Кога во животот на грешникот ќе се случи оваа голема промена, тогаш тој преминал од смртта во животот, од гревот во посветеноста, од престапот и бунтот во послушност и верност на Бога. Престанал стариот живот на отуѓеност од Бога, започнал новиот живот на помирување со Него, живот на вера и љубов.”
— Големата борба, 417.

Четврток — 1. септември
5. ОБРАТУВАЊЕ

а. Павле учи дека законот ги осудува грешниците. Така престапникот (под осуда) на законот не може да очекува проштевање. Галатјаните 2,16. Дали верникот оправдан со вера треба да продолжи да греши? Галатјаните 2,17.18.

„(Архиизмамникот) денеска ги поттикнува таканаречените христијани под изговор дека го извишува Христа, да го презрат моралниот закон, учејќи дека неговите одредби можат неказнето да се престапуваат. Должност на секој Божји слуга е најрешително да му се спротивстави на таквото изопачување на верата и со речта на вистината бестрашно да ги разобличува таквите заблуди.”
— Делата на апостолите, 286.

б. Како Павле и по своето духовно растење во Христа (Галатјаните 1,11.12), гледал на законот и пророците? Дела 24,14; 28,17.

„Многумина сметаат дека се христијани, едноставно заради фактот што прифатиле некои верски начела. Меѓутоа, тие не ја остваруваат вистината во секојдневниот живот. Тие всушност и не веруваат во вистината, ниту ја љубат, и затоа не примиле сила и благодат што доаѓаат преку посветеноста на вистината. Луѓето можат да исповедаат дека веруваат во вистината, но ако со тоа не станат искрени, благи, трпеливи, долготрпеливи, ако умот не им е насочен кон Небото, тогаш таа претставува проклетство за нив, а преку нивното влијание и проклетство за светот.

„Праведноста која Христос ја проповедал се состои во прилагодување на срцето и животот со откриената Божја волја.”
— Копнежот на вековите, 227.

Петок — 2. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какво предупредување имаме против мислењата дека Бог прифаќа и делумна послушност?

2. Објасни во што се состоила заслепеноста на еврејските водачи во деновите на Христа?

3. Дали текстот во Евангелие по Матеј 22,36-40 е во согласност со Десетте Божји заповеди?

4. Зошто луѓето Павловото почитување на Божјиот закон го прикажуваат во спротивна светлина?

5. Во што грешат сите кои сметаат дека е доволно само верувањето?

2011 • 3. Квартал

11. лекција – Два завета

10. септември 2011
„А кога вели: нов завет, првиот го направи застарен“.
— Евреите 8,13
„Иако постојат различни степени на развој и различно прикажување на Неговата сила за да ги задоволи потребите на луѓето во различни векови, Божјото дело во сите времиња сепак е исто“.
— Воспитување, 50.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 381-385.

Недела — 4. септември
1. СТАРИОТ ЗАВЕТ

а. Кој всушност бил Господ кога направил завет со Израел? Малахија 3,1; Јован 1,1-3.14; Дела 7,37.38. Како е наречен законот кој Христос го напишал на две плочи од камен? 2 Коринтјаните 3,3; Галатјаните 6,2.

„Отецот светот го предал во Христови раце со цел Тој со Своето дело на посредување да ги искупи луѓето и да го оправда авторитетот и светоста на Божјиот закон. Секое општење меѓу небото и паднатиот човечки род е одржувано само преку Христа.”
— Патријарси и пророци, 377.

б. Како Стариот завет е верификуван, и на кој закон бил заснован? Излез 24,3.7.8; Евреите 9,18-20.

в. Што во врска со заветот што Бог го направил со Својот народ се подразбирало под „сите зборови Божји“ (Излез 24,3) или „сите заповеди од законот“ (Евреите 9,19)? Второзаконие 34,28; Второзаконие 4,13; 9,10.

г. Откако ги објавил сите заповеди на законот на кои се заснова заветот (Второзаконие 5,2), дали Бог нешто додал на она што било напишано на двете камени плочи? Второзаконие 5,22. Дали нам ни е дозволено нешто да додаваме или одземаме од тоа? Второзаконие 4,2.

Понеделник — 5. септември
2. ОЧИГЛЕДНА СЛИЧНОСТ

а. Дали во Новиот завет постои светиња? Ако постои, каде таа се наоѓа? Кој е нејзиниот градител? Кој во неа служи како Првосвештеник? Евреите 8,1.2.

б. Што во Стариот завет исто така постоело? Евреите 9,1.

„Светињата на која апостолот упатува овде бил таканаречениот шатор за состанок што го подиглан Мојсеј по Божји налог, за да биде земно престојувалиште на Севишниот.”
— Големата борба, 369.

в. Споредувајќи ги двата завета која сличност Библијата исто така ја истакнува? Дали постои сличност и во службите на двете светињи? Евреите 8,5. Дали Посредник во двата завета е истиот Спасител?

„(Евреите 8,1.2). Овде е откриена светињата на Новиот завет. Светињата на првиот завет ја направил човек, нејзин градител значи бил Мојсеј, а оваа втората ја направил Господ, а не човек. Во онаа светиња службата ја вршеле земните свештеници, а во оваа служи Христос, нашиот Поглавар свештенички, од десната страна на Бога. Првата светиња била на земјата, а втората е на небото.”
— Големата борба, 370.
„Спасителот, кој симболично е најавен во обредите и церемониите на еврејскиот закон е токму Оној кој е откриен во евангелието. Растерани се облаците што го обвивале Неговиот божествен лик, исчезнала маглата и сенката, а Исус, Спасителот на светот, стои пред нас откриен. Тој, кој од Синај ги објавил Десетте Божји заповеди и му ги предал на Мојсеј прописите на церемонијалниот закон, токму Тој ја одржал и евангелската беседа на гората. Големите начела на љубовта кон Бога, што ги истакнал Тој како темел на законот и на пророците, се само повторување на она што веќе му било кажано на еврејскиот народ преку Мојсеј. ‘Чуј Израеле! Нашиот Господ Бог е единствен Господ. Сакај го твојот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сите свои сили’ (Второзаконие 6,4.5). ‘Сакај го својот ближен како самиот себеси’ (Левитска 19,18). Во двата завета учителот е ист. Божјите барања се исти. Начелата на Неговото владеење не се менуват. Зашто сѐ доаѓа од Оној ‘Во кого нема промена ниту сенка од измена’ (Јаков 1,17).”
— Патријарси и пророци, 385.

Вторник — 6. септември
3. ЗАКОНОТ И ДВАТА ЗАВЕТА

а. Каде Мојсеј, во Стариот завет добил препис на Божјиот закон? Излез 31,18. Каде ние го гледаме Божјиот закон во Новиот завет? Евреите 8,2.5; 9,3.4; Откровение 11,19.

б. Каде Бог го напишал својот закон? Второзаконие 33,2; Излез 24,12. Што Евреите во својата самодоверба мислеле дека можат да направат? Излез 24,7 (последен дел); Исус Навин 24,24. Како тие, не потпирајќи се на силата на Христовата милост ја покажале својата неспособност да го одржат даденото ветување? Римјаните 9,31.32; Псалм 78,5.10.

„Токму затоа што законот е свет, Евреите не можеле да стекнат правда со сопствените напори и да го одржат законот.”
— Мисли од гората, 41.

в. Каде Христос, со посредство на Светиот Дух, го запишува Божјиот закон во текот на Новиот завет? Еремија 31,31-33 (Евреите 8,10). На кој начин единствено можеме навистина да бидеме послушни на Божјиот закон? Езекиел 36,26.27; Филипјаните 4,13.

„Истиот закон, кој бил напишан на камени плочи, Светиот Дух ги втиснал на плочите на срцето. Наместо празното настојување да „утврдиме” некоја своја правда, треба да ја прифатиме Христовата правда. Неговата крв е измирување за нашите гревови. Неговата послушност ни се припишува нам. Тогаш срцето, преродено со Светиот Дух донесува „духовен плод”. Благодарение на Христовата благодат, ќе успееме да живееме со послушност кон Божјиот закон напишан во нашето срце. А ако го имаме во себе Христовиот Дух, ќе живееме онака како што живеел Тој.”
— Патријарси и пророци, 384.
„Човечките напори нема да бидат од корист без божествената сила; а без човечкиот труд божествените напори кај мнозина нема да имаат никакво влијание. Мораме да направиме сѐ од своја страна за да ја примиме Божјата благодат. Неговата благодат е дадена да делува во нас да сакаме и направиме, но никако како замена за нашите лични напори…

„Оние што одат по стазата на послушност наидуваат на многу пречки. Со снажното влијание сатаната може итро да ги врзе за овој свет, но Господ е во состојба да го отстрани сето она што оди на штета на оние што ги избрал. Тие можат со Неговата сила да го совладаат секое искушение, да ја победат секоја тешкотија.”
— Пророци и цареви, 330.

Среда — 7. септември
4. ШАТОР (ИЛИ СКИНИЈА) НА СВЕДОШТВОТО

а. Зошто земната светиња била наречена „шатор на сведоштвото“? Излез 38,21; Левитска 1,50.53. Што всушност е „сведоштвото“ на кое тука се мисли? Излез 25,16; 31,18; 34,27-29.

б. Со кое име во Библијата се нарекува небесната светиња? Откровение 15,5. Што содржи ковчегот на заветот кој се наоѓа во небесната светиња? Откровение 11,19. Што всушност претставуваат зборовите на Божјиот завет? Излез 34,28; Второзаконие 4,13.

„’И се отвори Божјиот Храм во небото’ (Откровение 11,19). Овде тој фрлил поглед и зад втората завеса во светињата над светињите. Го видел ‘ковчегот на заветот’ прикажан со светиот ковчег што го направил Мојсеј за во него да се чува Божјиот закон.”
— Големата борба, 372.

в. На што Мојсеј, пред сé друго, мислел кога рекол дека човекот живее „од секој збор кој излегува од Божјата уста“ (Второзаконие 8,3)? Второзаконие 8,1.6; 30,14-16.

„Со Божјата реч во своја рака, секое човечко битие, во каква било положба да го стави животот, може да избере друштво какво сака. Со помош на нејзините страници тоа може да разговара со најблагородните и најдобрите претставници на човечкиот род, може да го слуша гласот на Вечниот додека зборува со луѓето.”
— Воспитување, 127.

г. На кој начин и самиот Христос го потврдил она што Мојсеј го кажал под Негово вдахновение? Матеј 4,4 (спореди: Дела 7,38; 1 Коринтјаните 10,4.9).

„Човекот не треба да живее не од еден збор, ниту од многу зборови, туку од „секој збор кој излегува од Божјите усни“. Не можеме да занемариме ниеден збор колку и да ни изгледа безначаен, ако сакаме да се спасиме. Нема ниедна заповед во законот, која не служи за доброто и среќата на човекот, во овој живот, но и во оној кој допрва ќе дојде.”
— Мисли од гората, 39.

Четврток — 8. септември
5. ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД БОЖЈАТА РЕЧ

а. Како Христовите следбеници во Новиот завет треба да го сметаат Божјиот закон кој се нарекува и „сведоштво“? Исаија 8,14-16.20; 1 Петрово 2,6-8.

„Христовата мисија на земјата не била да го поништи законот, туку со посредство на милоста повторно да ги наведе луѓето на послушност кон Неговите одредби.”
— Мисли од гората, 37.

б. Што во животната борба со искушенијата мораме да сфатиме за силата на Божјата благодат? 1 Коринтјаните 15,57; 2 Коринтјаните 12,9.10.

„Оние кои се ослабени со престапот не се во можност да ги исполнат Божјите барања; последиците и казните поради гревот го притискаат човечкиот род; но Христос како Јагне Божјо ја платил казната за минатите гревови и сите кои поверуваат во Него им дава сила (право) да станат синови Божји, сила да ги послушаат заповедите на Неговиот закон. Преку благодатта на нашиот Господ Исус Христос ние во борбата против светот, телото и ѓаволот можеме да бидеме победници. Исус вели: ‘Без мене не можете да правите ништо’; ние зависиме од Него за божествена благодат и помош секој ден…

„Нашето срце ќе биде така разнежено со љубовта која Христос ја покажал кон нас што нема да бидеме обземени со грижи и проблеми од овој свет. Кога Христос живее во нашето срце и кога имаме вистинска претстава за жртвата што тој ја поднел за нас ние постојано ќе зборуваме за тоа. До извесна мера ќе го разбереме совршенството на законот кој Тој дошол да го направи голем и славен. Предноста на послушноста ќе изгледа драгоцена и привлечна за нашата душа.”
— Знаци на времето, 10. февруари, 1888.

Петок — 9. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. За колкав временски период Христос ги помирил луѓето со Бога?

2. Што е опфатено во споредбата на двата завета (Евреите 9,1)?

3. Што можеме да видиме со вера кога ќе ги споредиме Евреите 9,4 со Откровение 11,19?

4. Зошто Божјата Реч е достојна за нашата доверба?

5. Како Христос (во Матеј 4,4) ги потврдува зборовите од Второзаконие 8,3?

2011 • 3. Квартал

12. лекција – Два различни служења на Законот

17. септември 2011
„Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава служењето за праведноста“!
— 2 Коринтјаните 3,9
„На Мојсеј му било откриено значењето на симболите и сенките кои укажувале на Христа. Тој го видел крајот на она што требало да престане со Христовата смрт, кога симболите нашле свое исполнување“.
— Преглед и гласник, 22. април, 1902.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Одбрани пораки 1, 236-241.

Недела — 11. септември
1. ЛЕВИТСКА СЛУЖБА И СЛУЖБАТА НА СМРТТА

а. Како левитската служба го применувала Божјиот закон – како доделување на живот или како доделување на смрт? 2 Коринтјаните 3,7.

„Службата на законот, напишан и врежен во камен, била служба на смртта. Без Христа, престапникот останувал под проклетството на законот, без надеж и помилување.”
— Одбрани пораки 1, 237.

б. Како секојдневната служба на свештениците покажувала дека грешникот бил под смртната казна на законот? Бидејќи „словото“ на законот го „убива“ престапникот, на кој начин одредбите на церемонијалниот закон (Галатјаните 3,19) овозможуваат замена? Левитска 5,17-19; Евреите 10,11 (спореди со 2 Коринтјаните 3,6 последен дел).

„Божјиот закон, изговорен во застрашувачка величественост од Синај, е израз на осуда на грешникот. Улогата на законот е да осуди, но во него нема сила која може да помилува или да откупи.”
— Одбрани пораки 1, 236.237.

Понеделник — 12. септември
2. ДВЕ СВЕШТЕНСТВА: ЗЕМНО ПРОСЛЕДЕНО СО НЕБЕСНО

а. Што е укинато на крстот – Божјиот закон или славата на левитската служба преку извршување на смртната казна во симболи? 2 Коринтјаните 3,7.11; Евреите 10,1-3.

„Откако Христос умрел на крстот како жртва за грев, церемонијалниот закон повеќе не можел да остане на сила. Меѓутоа, поради својата поврзаност со моралниот закон, тој закон сепак бил славен. Како целина го носел божествениот печат, изразувајќи ја Божјата светост, правда и праведност. А ако службата на обредниот систем која требало да престане била славна, колку повеќе пославно треба да биде остварувањето на симболите, кога Христос бил откриен, давајќи со Својот животодавен Дух посветување на сите кои веруваат.”
— Одбрани пораки 1, 238.

б. На кого и на чии потомци свештенството било ограничено? Излез 28,1; Левитска 16,40. Како Арон и неговите синови биле инаугурирани? Излез 40,12-15.

в. Бидејќи Христос по тело не бил потомок на Арон и не потекнувал од Левиевото племе, што морало да се направи со законот за свештенството? Евреите 7,12.19.28.

г. По чиј поредок Христос станал наш Првосвештеник? Еремија 7,14-17.21-26.

„Бог никогаш не останал без Свои сведоци на Земјата. Едно време Мелхиседек во откривање на небесната вистина и настојувањето да се овековечи Божјиот закон го претставувал лично Исуса Христа.

„Преку Мелхиседек, кој бил свештеник на Севишниот Бог, говорел Самиот Христос. Мелхиседек не бил Христос, но тој бил Божји глас во светот, претставник на Отецот.”
— Библиски коментари, 34.

д. Дали во еврејското родословие се наоѓа некаков запис за предците на Мелхиседек или за неговите потомци? Евреите 7,3.

Вторник — 13. септември
3. ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА И СЛУЖБАТА НА ЖИВОТОТ

а. Каде ние како верници (служители на Новиот завет) го носиме „Христовото послание“ (Десетте заповеди) – на камени плочи или на плочите на срцето? 2 Коринтјаните 3,2.3; Еремија 31,33.

б. На кој начин службата на правдата (2 Коринтјаните 3,9) води кон животот? 2 Коринтјаните 5,17-21; Римјаните 8,1-7.13.

„Законот и Евангелието се во совршена хармонија и меѓусебно се поддржуваат. Законот во својата величественост постојано се соочува со совеста на грешникот, предизвикувајќи да ја почувствува неговата потреба за Христа, како искупувачка жртва за грев. Евангелието ја признава сила и непроменливоста на законот. ‘Но јас го разбрав гревот преку Законот’, вели Павле, ‘зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: Не биди похотлив’ (Римјаните 7,7). Свеста за гревот, разбудена и наметната со законот, го тера грешникот кон Спасителот. Во својата потреба човекот може да се повикува на силните аргументи обезбедени од страна на крстот на Голгота. Тој може да се повика на Христовата праведност, која се дава на секој покајнички грешник.”
— Одбрани пораки 1, 240.241.

в. За кого вратата на Христовиот дом се секогаш отворени? Евреите 3,6; Малахија 1,11; Римјаните 9,24-26.

„Израел да ја завршел верно својата задача, сите народи на Земјата би имале удел во неговиот благослов. Но срцата на оние на кои им била доверена вистината за спасението не чувствувале ништо за потребите на оние кои живееле околу нив. Евреите ја загубиле од вид Божјата цел и почнале да гледаат на незнабошците како на луѓе кои се наоѓаат надвор од влијанието на Божјата милост. Ја затскриле светлината на вистината, и завладеала темнина. Народите биле покриени со покривало на незнаење; луѓето малку знаеле за Божјата љубов; заблудата и суеверието цветале.

„Такви биле состојбите кога Исаија добил повик за пророчка мисија. Но тој не паднал во малодушност, затоа што во неговите уши одекнувале триумфалните хорови на ангели кои го опкружувале Божјиот престол. ‘Целата земја е полна со Неговата слава’ (Исаија 6,3).”
— Пророци и цареви, 251.

Среда — 14. септември
4. ХРИСТОВИОТ ДОМ – ДОМ ЗА СИТЕ НАРОДИ

а. Каков отсекогаш бил Божјиот план за секое човечко суштество за кое толку нежно се грижи? 2. Летописи 6,32.33; Исаија 56,3-7.

„Бог не признава никаква разлика по однос на народност, раса или боја. Тој е Творец на целиот човечки род. Сите луѓе припаѓаат на едно семејство според создавањето и сите постануваат едно преку откупувањето. Христос дошол да ги сруши сите yидови кои ги делеле луѓето, да ги отвори сите одделенија на храмот за да секоја душа би имала слободен пристап до Бога.”
— Пророци и цареви, 249.

б. Што вели Библијата за припадниците кои го сочинуваат свештенството на Новиот завет? Исаија 61,1-6; 1 Петрово 2,5.9.

„Еврејскиот храм бил изyидан од делкан камен откорнат од планинските карпи: секој камен бил изделкан, измазнет и испитан перед да го донесат во Ерусалим и да се вгради на одредено место во храмот. И кога сѐ така е подготвено, донесено на градилиштето, градбата била подигната без да се слушне ниеден удар на секирата ниту чеканот. Оваа зграда го претставува Божјиот духовен храм, кој се гради од материјал присобран од сите народи и јазици, од сите слоеви, ниски и високи, од богати и сиромашни, учени и неуки. Тоа не се мртви работи кои се обработуваат со чекан и длето. Тоа се живи камења, кои вистината ги одделила од светот и кои сега Големиот Градител, Господарот на овој Храм, ги делка и измазнува, за секој камен да го заземе своето место во духовниот храм. Кога ќе биде довршен во сите свои делови, ќе му се восхитуваат и ангелите и луѓето, бидејќи Yидар и Творец му е самиот Бог”
— ИX Сведоштво, 186.

в. Како се изградува духовниот храм на Божјото наследство? Ефесјаните 2,19-22. Што всушност го покажува нашиот успех во тој голем проект?

„Оние кои во духот на љубовта се едно со Исуса ќе бидат со свилени жици на љубов цврсто поврзани и во меѓусебно заедништво. Тогаш врските на човечкото братство нема да бидат секогаш така затегнати, на секоја провокација веднаш да се раскинуваат. ‘Сите вие сте браќа’, ќе биде чувството на секое дете на верата. Кога Христовите следбеници се едно со Него, нема да има прв и последен, ниту помалку почитувани или помалку значајни. Благословеното братско заедништво ќе ги врзе сите во Христа во цврста лојалност која не може да биде прекината.”
— РХ, 5. октомври, 1897.

Четврток — 15. септември
5. ПРЕТСКАЖАНО СОБИРАЊЕ

а. Кое пророштво наскоро треба да се исполни во голема мера? Јован 10,16.

„Кога бурата на прогонство навистина ќе наиде на нас, вистинската овца ќе го препознае гласот на вистинскиот Пастир. Ќе се вложат напори полни со самооткажување за да се спасат изгубените, и мнозина кои заскитале од стадото ќе се вратат да го следат големиот Пастир.”
— Христијанска служба, 166.

б. Што ќе ги разбуди верните Христови овци, кои сé уште се наоѓаат во другите трла? Откровение 18,1.2.4. Која е нашата должност со оглед на Божјата желба сите изгубени да дојдат во покајание? 1 Петрово 2,9; 2 Петрово 3,9.

„Потребно е членовите на црквата да се посветат повеќе на работа од куќа до куќа, давајќи библиски часови и делејќи книги. Целосен и урамнотежен христијански карактер може да се развие единствено тогаш кога човечкото орудие согледува дека е голема чест да се работи несебично на ширење на вистината и Божјо дело да се помага со своите средства. Мораме да сееме покрај секоја вода, да негуваме во својата душа љубов кон Бога, да работиме додека сѐ уште е ден и со своите средства да ја подржуваме секоја должност на која ќе ни се укаже.”
— 9 Сведоштво, 128.

Петок — 16. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни зошто левитската служба била служење за смртта?

2. Зошто законот за свештенство требало да се менува?

3. Што е мошне значајно за Мелхиседековото свештенство?

4. На кој начин христијанскиот живот е служба на правда и помирување?

5. Која е нашата должност во поглед на Христовите „други овци“ кои се изгубени во Вавилон?

2011 • 3. Квартал

13. лекција – Повторно градење на Давидовиот шатор

24. септември 2011
„Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сé, е Бог“.
— Евреите 3,4
„Точноста, вештината, тактичноста, мудроста и совршенството што (Бог) ги барал при изградбата на земната скинија, Тој сака да ги внесеме во сето она што ќе го чиниме во Неговата служба“.
— 7 Сведоштво, 127.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 483-495.

Недела — 18. септември
1. ПОУКА ОД ИЗРАЕЛЦИТЕ ВО ПУСТИНАТА

а. Кои две имиња, во врска со изградбата на скинијата, секогаш треба да ги имаме на ум? Евреите 3,1.2; 1 Коринтјаните 10,1-4; Дела 7,44.

„Мојсеј бил пророк преку кого Бог и зборувал на црквата во пустината; но голем како што бил Мојсеј, па дури и поголем од него, е Синот Божји кој ‘направил дом’.”
— Библиски коментари, 803.

б. Со што присуството на невидливиот Водач на израелскиот народ било обвиткано? Неемија 9,12.

„Присуството на Исус Христос, обвиткано во столб од облак дење и столб од оган ноќе, го следело овој народ во сите нивни скитања по пустината. Ангелот на заветот дошол во името на Бога, како невидлив водач на Израел. Синот Божји во врска со Неговиот дом е поголем не само од Мојсеј, туку и од највозвишениот ангел.”
— Библиски коментари, 803.

Понеделник — 19. септември
2. ДВАЈЦА ВЕРНИ ГРАДИТЕЛИ

а. Како Библијата ја истакнува Мојсеевата верност? Левитска 12,7; Евреите 3,5.

„Успехот во овој живот или успехот во стекнување на идниот живот, зависи од верно и совесно внимание на малите нешта. Совршенство се гледа во најмалечкото Божјо дело токму како и во најголемото. Истата онаа рака што ги одржува световите при нивното кружење низ вселената, ги создала нежно и вешто и полските кринови. И како Бог што е совршен во Својот делокруг, така треба да бидеме и ние совршени во нашиот. Хармоничен, убав и силен карактер се изградува со лично исполнување на должностите. Во најмалечките, како и во поважните постапки во нашиот живот, верноста треба да биде главно обележје. Чесноста во малечките работи и верноста и љубезноста ќе ја осветлат патеката на животот; и кога нашето дело на земјата ќе биде завршено, ќе се покаже дека секоја од најмалечките должности што била верно исполнета, имала свое влијание на добро – влијание што нема да се заборави.”
— Патријарси и пророци, 607.

б. Објасни како синовите Израелови и Мојсеј ја завршиле изградбата на домот (скинијата) во пустината? Излез 39,43; 40,33-35.

„За градење на светињата било потребно време од околу половина година. Кога била завршена, Мојсеј ги прегледал сите работи и ги споредил со мустрата што му била покажана на гората и со упатствата што ги добил од Бога. ‘И ги погледа Мојсеј сите тие работи, и ете, тие беа ги направиле како што беше заповедал Господ, така беа ги направиле. И ги благослови Мојсеј’. Израелците во групи брзале сакајќи да ја видат светата градба. Додека тие се гордееле со глетката, над светињата се наднел столб од облак, се спуштил над неа и целосно ја обвил облак. ‘И се исполни скинијата со слава Господова’.”
— Патријарси и пророци, 359.

в. Како Исус, додека бил на овој свет, ја нагласил Својата верност во извршување на задачата што Му била доверена? Јован 5,19.36; 17,4.

Вторник — 20. септември
3. ШАТОРОТ – СИМБОЛ НА ХРИСТИЈАНСКАТА ЦРКВА

а. На кој начин ние можеме да градиме на сигурен темел? Исаија 28,16; Лука 6,47.48; 11,28.

„Ние yидаме на Христа ако се покоруваме на Неговата реч. Не е праведен оној кој само ѝ се радува на правдата, туку оној што ја извршува. Светоста не е некој занес, таа е последица на целосното предавање на Бога, таа е потчинување на волјата на нашиот небесен Татко. Кога синовите Израелови се залогориле на границата на ветената земја, не било доволно само да го запознаат Ханаан или само да пеат песни за него. Да го правеле само тоа тие никогаш не би ги добиле во посед лозјата и маслиновите градини во таа прекрасна земја. Таа можела да стане нивна дури тогаш кога ќе ја освојат потчинувајќи се на условите, кога ќе негуваат жива вера во Бога и би се фатиле за Неговите ветувања слушајќи ги Неговите совети.

„Религијата е извршување на Христовите зборови но не затоа за да ја добиеме Божјата наклонетост, туку затоа што, иако незаслужено, сме го примиле дарот на Неговата љубов. Христос не го заснова спасението на луѓето на исповедување на верата, туку врз верата која се покажува во делата на правдата. Да се работи, а не само да се зборува – тоа се очекува од Христовите следбеници. Карактерот се изградува токму низ делата. ‘Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји’ (Римјаните 8,14). Синови Божји се оние кои Духот секогаш ги води, а не оние чии срца се моментно трогнати и кои само одвреме навреме се потчинуваат на Неговата сила.”
— Мисли од гората, 104.

б. Зошто Христос изградил духовен шатор на овој свет? Дела 15,16; Ефесјаните 2,19-22; 1 Петрово 2,5.9.

„Еврејскиот шатор бил еден вид симбол на христијанската црква… Црквата на земјата сочинета од оние кои се верни и лојални на Бога ја претставува ‘вистинската скинија’ во која служи Самиот Искупител.

„Овој шатор е Христовото тело, и Тој од сите страни на светот, од исток и запад, од север и југ, ги собира оние кои ќе помогнат истиот да се состави… Светиот шатор е изграден од оние кои го примаат Христа како нивен личен Спасител… Христос е слуга во ‘вистинската скинија’, Првосвештеник на сите што веруваат во Него како во свој личен Спасител.”
— Библиски коментари, 811.

Среда — 21. септември
4. ПОВИК НА ВЕРНОСТ

а. Како нашиот голем Градител нé предупредува да извлечеме поука од непослушните Евреи? Евреите 3,7.8. Како ова предупредување оди рака под рака со предупредувањето на апостолот во 2 Коринтјаните 13,5,6, особено кога вистината ја споделуваме со другите?

„Да се запознаеш самиот себеси е големо знаење. Вистинското самоспознавање доведува до смиреност и понизност што го отвора патот на Господа да го развие умот и обликува карактерот. Ниеден учител не може својата задача да ја направи прифатлива за Бога ако не е свесен за своите недостатоци и ги остава настрана сите планови кои го слабеат духовниот живот. Кога учителите се подготвени да го стават настрана сето она што не е од примарна важност за вечен живот, тогаш за нив може да се каже дека тие работат на своето спасение со страв и трепет и дека навистина градат мудро за вечноста.”
— Совети за родителите, учителите и студентите, 347.

б. Што Господ со право очекува од нас денес? Јован 12,35.36; 1 Солунјаните 5,4-8.

„Господ работи во соработка со волјата и напорите на човечките орудија. Привилегија и должност на секој човек е да го држи Господа за Неговата Реч, да верува во Исуса како негов личен Спасител, и со нетрпение веднаш да одговори на милостивите прописи што Тој ги пропишал. Тој треба да проучува, да верува и да ги почитува упатствата дадени во Светото писмо. Својата вера не треба никогаш да ја заснова на чувствата, туку на доказите во Божјата Реч.”
— Библиски коментари, 804.
„Денес постои трескавична љубов кон земните задоволства, страшен пораст на неморалност и презир кон секој авторитет. Не само љубителите на овој свет туку исто така и таканаречените христијани се раководат со чувствата наместо со должноста. Христовите зборови: ‘Бидете будни и молете се’ (Матеј 26,41) одекнуваат низ вековите. Прочитајте: 1 Солунјаните 5,4.6. Знаците на времето ни укажуваат на близината на доаѓањето на нашиот Господ. Дали навистина верувате дека крајот на историјата на овој свет е блиску, дека Христос е пред вратата? Дали се подготвуваме за големите призори на судот?”
— RH, 20. декември, 1881.

Четврток — 22. септември
5. СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

а. Коен и зошто службите во Ерусалимскиот храм го изгубиле значењето? Матеј 23,38.

„Христос бил темел и живот на храмот. Службата во храмот била симбол на жртвата на Божјиот Син. Свештенството е воспоставено да ја прикажува Христовата посредничка улога и дело. Целиот систем на принесување на жртви симболично ја прикажува Спасителовата смрт заради откуп на светот. Принесувањето на тие жртви не би имало никаква смисла, ако големиот настан на кој укажувале тие би бил веќе остварен.

„Бидејќи целиот обреден систем симболично укажувал на Христа, тој систем немал никаква вредност без Него. Кога Евреите го запечатиле отфрлањето на Христа, осудувајќи го на смрт, тие го отфрлиле сето она што давало смисла на храмот и службата во него. Светоста на нивниот храм исчезнала; тој бил осуден на пропаст. Од тој ден жртвените прилози и службата во врска со тоа, станале бесмислени. Како и Каиновата жртва, тие не изразувале вера во Спасителот. Со тоа што го предале Христа на смрт, Евреите всушност го уништиле храмот.”
— Копнежот на вековите, 110.111.

б. Какво предупредување треба да извлечеме од неподготвеноста на Евреите да одговорат на светиот повик на должноста? Псалм 81,11-13; 1 Петрово 2,6-8.

„Внимавајте да не бидете задоволни со себеси и да не работите во сопствената сила, туку во духот и силата на вашиот Учител.”
— Копнежот на вековите, 378.

Петок — 23. септември
ПРЕГЛЕД И ПРАШАЊА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

1. Како Библијата ја нагласува верноста на Мојсеј?

2. Со што Исус ја посведочил Својата вера во Божјото дело?

3. Од што зависи успехот и во овој живот и во задобивање на вечниот живот?

4. Зошто Исус го воспоставил светото свештенство и духовната скинија во „пустината“ на овој свет?

5. Која опомена ако ја послушаме ќе ни помогне да го избегнеме трагичниот неуспех на Евреите?