2011 • 1. Квартал

1. лекција – Бог

1. јануари 2011
„Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на Земјата и на вселената, отсекогаш и засекогаш Ти си Бог“.
— Псалм 90,2.
„Бог отсекогаш постоел. Тој е големиот Јас Сум… Тој е бесконечен и сеприсутен. Немаме зборови со кои можеме да ја опишеме Неговата величина и величие“.
— Медицинска служба, 92.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 8 Сведоштво, 273-313.

Недела — 26. март
1. ПРАКТИЧНО ОТКРОВЕНИЕ ЗА БОГА

а. Колку е блиску Бог до секого од нас? Дела 17,24-27; Еремија 23,24.

б. Како Бог, по излезот на Израелците од Египет, живеел меѓу луѓето за да можат да ја видат Неговата слава и Неговиот карактер? Создавање 25,8; Псалм 63,2. Како се нарекува планината каде што Бог застанал со светилиштето? Псалм 9,11; 76,2.

в. Каква поука за Бога и планот на спасението наоѓаме во службата извршувана во светилиштето? Псалм 77,13; 68,24.

„Свеченото принесување на жртви, богослужението во светињата и зборовите на пророците претставувале откровение на Бога“
— Патријарси и пророци, 627.
„Живо се прикажувале големите вистини претставени со симболите на службата во Светилиштето и со вера се прифаќала централната личност на целиот тој систем – јагнето Божјо, кое требало да ги земе врз Себе гревовите на светот.”
— Воспитување, 47.

г. Каква утеха царот Давид наоѓал кога гледал кон местото на светилиште во Ерусалим? Псалм 122,1; 134,3.

Понеделник — 27. март
2. ЦЕЛТА НА СВЕТИЛИШТЕТО

а. Кого и што Израелците, според Божја намера, можеле да најдат во светилиштето кое Тој им го дал? Псалм 27,4.5; 84,1-5.10.

„Израелците од племиња на робови биле издигнати над сите други со цел на Царот над царевите да Му бидат посебно ‘богатство меѓу сите народи’. По Божјо провидение тие биле изделени од светот за да може да им се укаже света доверба. Бог ги сторил чувари на Својот закон и имал намера преку нив да го сочува меѓу луѓето знаењето за Себе. Така требало на светот, обвиен во темнина и мрак, да му засвети небесна светлина и да се слушне глас кој сите народи ќе ги повика да ги напуштат своите идоли и да Му служат на живиот Бог“.
— Патријарси и пророци, 320.
„Во поглед на Израелот Бог му заповедал на Мојсеј: ‘Да ми направите Светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам’ (Излез 25,8) – и престојувал во Светилиштето среде Неговиот народ. Во текот на целото нивно заморно патување низ пустината, симболот на Неговото присуство беше со нив.”
— Копнежот на вековите, 11.

б. Под кои услови Божјиот народ преку вера може да биде во Неговото Светилиште? Псалм 15,1-5. Каква сигурност им дава тоа? Псалм 91,1-9. Кое Божјо ветување ни е дадено како цврсто сидро за душата? Евреите 6,19.20; 10,19.20.

„Така Бог му го открил Својот славен идеал за карактерот на израелскиот народ, во чија средина сакал да престојува. Моделот им бил покажан кога законот бил објавен од Синај. Но, тие биле немоќни самите да го досегнат тој идеал. Откровението на Синај можело само да ги увери во нивната беда и беспомошност. Светилиштето со својата служба на жртвување требало да им даде друга поука – поука за простување на гревовите, и за силата на послушноста за живот, која се добива во Спасителот“.
— Воспитување, 35.
„Бог определил храмот во Ерусалим да биде постојано сведоштво за Божјата возвишена цел достапна за секоја душа… Предворјата на храмот во Ерусалим, исполнети со метеж и безбожна трговина, премногу верно го прикажувале храмот на срцето, осквернето со присуство на сетилни страсти и несвети мисли. Чистејќи го храмот од купувачите и продавачите на светот, Исус ја објавил Својата мисија: чистење на срцето од нечистотијата на гревот – од земните желби, себичните страсти, од лошите навики кои ја корумпираат душата“.
— Копнежот на вековите, 139.

Вторник — 28. март
3. БОЖЈАТА СЕПРИСУТНОСТ

а. Преку кого Бог живее во секој од Своите слуги? Исаија 57,15; 66,1.2. Јован 14,16.17.23. Под кој услов Тој може да живее во нас?

„Светиот Дух е Христов претставник, но е лишен од личноста на човекот и не зависи од неа. Оптоварен со човечка природа, Христос не можел лично да биде присутен на секое место. Поради тоа во нивен интерес било Тој да се врати кај Отецот, а Светиот Дух да биде нивен застапник на земјата. Тогаш никој нема да има било каква предност поради неговата локација или неговиот личен контакт со Христа. Со посредство на Духот Спасителот ќе биде достапен за сите. Во таа смисла Тој ќе биде поблиску до нив отколку да не бил вознесен на небото“.
— Копнежот на вековите, 648.
„Ако Го познаваме Бога и Исуса Христа кого Тој Го испратил, во душата ќе доживееме неискажлива радост. Уф, колку ни е потребно божественото присуство! За крштевање со Светиот Дух секој работник треба да издишува молитва кон Бога. Божјите деца треба да се собираат заедно, да бараат од Бога особена помош за небесна мудрост, за да знае Божјиот народ како да ја планира, осмислува и извршува работата.”
— Сведоштво за проповедници, 170.

б. Како апостолите Павле и Јован ги истакнуваат условите според кои Бог може да биде присутен меѓу нас? 1 Коринтјаните 3,16.17; 1 Јованово 3,24.

„Во срцето на човекот очистено од сите морални нечистотии живее драгоцениот Спасител, Кој ја облагородува и осветува целата негова природа и го преобразува човекот во храм на Светиот Дух“.
— Сведоштво за проповедници, 378.388.
„Ова е критериумот; доказ за нашата љубов е верата која работи преку љубовта и ја чисти душата. ‘Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое’ (Јован 14,24). ‘Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам’ (Јован 14,21). Ова ветување е дадено под услов. Зарем ова не нѐ наведува на рационален заклучок дека причината зошто црквата е толку малку свесна за Божјото присуство е нивната незаинтересираност да ги прават работите кои Тој ги посочил со што му даваат на светот една погрешна претстава за Христовиот карактер.”
— Е.Г. Вајт Материали од 1888, 1037.

Среда — 29. март
4. ПРИКАЖУВАЊЕ НА БОГА

а. Бидејќи ниту еден човек никогаш не го видел Бога Отецот, што треба да знаеме за нашата потреба за откровение на Христа? Јован 1,18.

„Како што зборовите ја откриваат мислата, така и Христос Го открива невидливиот Отец. Тој е манифестација на Отецот и е наречен Слово Божјо. Праќајќи го Својот Син во светот, ја облекол Неговата божественост со човечка природа за да може како човек да го носи ликот на невидливиот Бог. Тој со Своите зборови, Својот карактер, со Својата моќ и величественост ги откривал Божјите особини и Неговата природа. Божеството блеснало преку човечката природа со омекнувачки и пригушени зраци на светлина. Тој бил олицетворение на Божјиот закон, кој е препис на Неговиот карактер“.
— Библиски коментари, 542.

б. Што значат Христовите зборови кога Тој рекол дека чистите по срце ќе Го видат Бога? Матеј 5,8. Како тоа треба да влијае на нашиот практичен живот?

„Оние кои се со чисто срце Го наоѓаат Творецот во делата на Неговата крепка рака, во убавината на сето она што ја исполнува вселената. И сѐ им станува многу појасно кога во Неговиот пишан збор читаат за откривањето на Неговата милост, добрина и благост. Вистините скриени од мудрите и разумните, им се откриваат на простите. Убавината и скапоценоста на вистината која не ја забележуваат луѓето напоени со световна мудрост, сѐ повеќе им се откриваат на оние кои како деца, со полна сигурност, сакаат да ја спознаат и творат Божјата воља. Ние ја спознаваме вистината кога и сами ќе станеме учесници во божествената природа“.
— Мисли од гората, 22.
„Чистите по срце ќе Го видат Бога. Неговото присуство може да се открие; но не може да биде сфатено. Ова знаење е премногу неодгатливо за нас. Постојат чувства кои не можат да се пренесат. Некои работи не можат да се искажат. Нашите зборови се несоодветни а мислите премногу ограничени за да го сфатиме сето тоа; бидејќи постои бесконечност надвор од нашите мисли. Ако сакаме да бидеме соработници со Бога, ние треба да одржуваме заедница со Него; мора да го побараме Неговото водство во сѐ што ќе преземаме.”
— Објавени ракописи 6, 381.

Четврток — 30. март
5. КОЈ Е КАКО БОГ?

а. Каков е Божјиот карактер? Второзаконие 32,4; 1 Петрово 1,16.

б. Кои други особини му припаѓаат Божјиот карактер? Создавање 34,6; 1 Јованово 4,8.

в. На кои принципи е основан Божјиот престол? Псалм 89,14. Што се наоѓа околу Божјиот престол? Откровение 4,3. Објасни зошто праведноста и милоста во Божјиот план одат заедно? Псалм 85,10.

„Не треба да се истакнува само правдата; бидејќи тоа ќе ја затемни славата на виножитото на ветувањето кое се наоѓа над престолот; луѓето перед очите би ја имале само казната од законот. Меѓутоа, кога не би имало правда и казнување, нема да има стабилност на Божјото владеење. Затоа со соединувањето на судот и милоста спасението станува целосно и сеопфатно. Токму спојувањето на овие две особини нѐ наведува кога го посматраме Откупителот на светот и законот на Јехова да воскликнеме: ‘Твојата милост ме возвеличува’ (2 Сам. 22,36)“.
— Божјата чудесна благодат, 70.

г. Што очигледно докажува дека Бог при создавањето им дал слободна волја не само на ангелите туку исто така и на луѓето? Второзаконие 30,19; Исаија Навин 24,15.

„Бог сака сите Негови созданија да Му служат од љубов… Нему не Му е мила изнудена послушност и затоа на сите им дава слободна волја и право доброволно да Му служат.”
— Патријарси и пророци, 6.

Петок — 31. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каде Бог сака да престојува во моментов?

2. Каква состојба Бог бара во Неговиот ‘храм’ за да може да живее таму?

3. Дали во нас се огледуваат Божјите особини откриени во светилиштето?

4. Како можеме да Го видиме Бога?

5. Опиши го Божјиот карактер. Како можеме да докажеме од Библијата дека мажите и жените се создадени како слободни морални битија?

2011 • 1. Квартал

2. лекција – Потеклото на злото

8. јануари 2011
„(Христос им рече на седумдесетмината) го видов сатаната како падна од небото како молња“.
— Лука 10,18.
„Гревот се зачнал во оној кого Бог, покрај Христа најмногу го почествувал и кој меѓу небесните жители бил највисок во силата и славата“.
— Големата борба, 439.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 5-16.

Недела — 2. јануари
1. ПОТЕКЛОТО НА ГРЕВОТ

а. Кој е зачетник на гревот? Јован 8,44; 1 Јованово 3,8.

„Гревот се зачнал кај суштество кое Бог, покрај Христа, најмногу го ценел и кое, покрај Него, било надарено со најголема сила и уживало најголема слава меѓу небесните жители. Луцифер ‘ѕвездата Деница’, бил прв херувим засолнувач, свет и неизвалкан. Стоел во присуство на големиот Творец и блескотните зраци на славата што постојано го опкружуваат Бога се излевале и врз него.”
— Патријарси и пророци, 7.

б. Како Библијата го опишува првобитниот карактер на Луцифер и грешните мисли кои се појавиле во неговиот ум? Езекиел 28,15.17.

в. Во која смисла Луцифер се вознесувал? Исаија 14,13.14. Користејќи го симболот на Тирскиот кнез, како Езекиел го опишува Луциферовото самовозвишување? Езекиел 28,2.

„Луцифер дозволил со него наполно да завладеат љубомора и завист кон Христа и станувал сѐ поупорен. Овој кнез на ангелите си поставил за цел на Божјиот Син да му го оспори правото на врховна власт и со тоа да ги побие доказите за мудроста и љубовта на Творецот“.
— Патријарси и пророци, 7.

Понеделник — 3. јануари
2. ВОЈНА НА НЕБОТО

а. Кој бил на страната на Луцифер против Божјиот суверенитет? Јуда 6; 2 Петрово 2,4.

„Напуштајќи го своето место во непосредна Божја близина, Луцифер отишол меѓу ангелите да шири незадоволство. Дејствувал тајно и извесно време ги криел своите вистински намери под маска на стравопочит кон Бога. Почнал да навестува сомнежи во врска со законите што владеат со небесните суштества. Тврдел дека законите можеби им се потребни на жителите на световите, но на ангелите, како повозвишени суштества, такви ограничувања не им се потребни, зашто нивната мудрост е доволна да ги води. Наводно, тие не се суштества што можат да Го обесчестат Бога; сите нивни мисли се свети и затоа не можат да згрешат како и Бог што не може да згреши“.
— Патријарси и пророци, 9.

б. Опишете го резултатот на Луциферовиот бунт и предупредувањето кое ние треба да го извлечеме од тоа. Откровение 12,7-9.

„Сето небесно воинство било повикано да се појави пред Отецот, за да секој поединечно се изјасни и одлучи. Сатаната дрско го изразил своето незадоволство со фактот дека Христос треба да биде пред него. Тој нагласувал гордо дека тој треба да биде еднаков со Бога, да учествува во советувањето со Отецот и да биде упатен во сите Негови намери. Бог му рекол на сатаната дека во тајните на Неговите намери може да навлезе само Неговиот Син, и дека Тој бара од сите членови на небесното семејство, дури и сатаната, беспоговорна послушност, но дека тој (Сатаната) се покажал себеси недостоен за место во небото. Потоа сатаната триумфално посочил на неговите истомисленици, кои претставувале речиси една половина од сите ангели и извикал: ‘Тие се со мене! Ќе ги протераш ли исто така и нив и на тој начин да го испразниш небото’? Тогаш објавил дека е подготвен да се спротивстави на власта на Христа и да го брани своето место на небото со употреба на сила, сила против сила“.
— Историја на откупувањето, 18.
„Бунтот и отпадништвото го исполнуваат и самиот воздух кој го дишеме. Ние ќе бидеме засегнати од нив, освен само ако преку вера нашите беспомошни души душа ги привржеме за Христа.”
— Одбрани пораки 2, 394.

Вторник — 4. јануари
3. БОЖЈИОТ ЗАКОН НА УДАР

а. Во војната со аргументи, што лажно тврдел Луцифер за Бога и за Неговиот закон? Јован 8,44 (последен дел).

„(Луцифер) се обидел да ја фалсификува Божјата реч и лажно да го прикажува Неговиот план на владеење; тврдел дека Бог е неправеден затоа што и на ангелите им наметнал закон и дека, барајќи потчинетост и покорност од Своите созданија, Тој всушност само настојува да се издигне Себеси“.
— Патријарси и пророци, 14.
„Пред да биде протеран од небото, сатаната имал познавање за Бога. Тој го познава Неговиот карактер; но од тогаш настојува погрешно да го прикаже. Тој религијата ја прикажува како серија на страдање и унижување, или величествена глетка и раскош. Постојан многу форми на религија креирани од страна на непријателот на Бога кои, како приносот на Каин, се лишени од Христа.”
— Знаците на времето, 3. март, 1898.

б. Кои други гревови се манифестирале во почетокот на Луциферовиот бунт? Исаија 14,13. Покрај самовозвишувањето и лакомството, кој друг престап Луцифер го направил од раната фаза на неговиот бунт? Јован 8,44 (прв дел).

„Вешто го прикажувал ова прашање од свое гледиште, користејќи измамни заклучоци и ласкање за да си осигури успех. Неговата моќ на измама била мошне голема. Наметнувајќи се со плашт на лага, стекнувал предимства. Секоја своја постапка ја обвивал во таква таинственост, што дури и на ангелите им било тешко да го препознаат вистинскиот карактер на неговото дело“.
— Патријарси и пророци, 14.

в. Објаснете зошто ние не треба да бидеме измамени од обвинувањата на сатаната насочени против Божјиот закон и карактерот? Псалм 119,7-12.18.

„Божјиот закон е единствениот вистински критериум на морална совршеност. Тој закон практично беше демонстриран во животот на Исус Христос. Тој вели за Себе: ‘Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец’ (Јован 15,10). Ништо помалку од таква послушност ќе ги задоволи барањата на Божјото Слово. ‘Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој’ (1 Јованово 2,6). Ние не можеме да тврдиме дека не сме во состојба да го направиме тоа, бидејќи имаме сигурно ветување: ‘Доста ти е Мојата благодат’ (2 Коринтјаните 12,9)“.
— Посветен живот, 80.81.

Среда — 5. јануари
4. ПРОТЕРАНИ ОД НЕБОТО

а. Каде сатаната и неговите ангели биле протерани по нивното исфрлање од небото? Исаија 14,12; Откровение 12,9. Зошто сатаната бил протеран, а не уништен?

„Во својата бескрајна мудрост Бог не го уништил сатаната дури ниту тогаш кога било решено тој да биде протеран од небото. Бидејќи на Бога Му е угодна и прифатлива само служба од љубов, верноста на Неговите созданија мора да се темели на непоколебливото убедување во Неговата праведност и добронамерност. Жителите на небото и на другите светови, неподготвени да ја сфатат природата и последиците на гревот, во тоа време не би можеле да ја согледаат Божјата праведност и милост во случај сатаната веднаш да бил уништен, тие на Бога би Му служеле повеќе од страв отколку од љубов. Влијанието на измамникот не би било сосема уништено, ниту пак духот на бунтовникот потполно искоренет. Морало да се допушти злото да созрее. За добро на целата вселена низ сите времиња, било потребно тој поцелосно да ги развие своите принципи, за да можат сите созданија да ги согледаат неговите обвинувања против Божјо владеење во вистинска светлина, и Божјата правда и милост како и непроменливоста на Неговиот закон засекогаш да останат надвор од секаков сомнеж“.
— Големата борба, 443.
„Бунтот на сатаната на целата вселена треба да и послужи како поука за сите наредни векови – да биде вечно сведоштво за природата и страшните последици на гревот. Исходот од владеењето на сатаната и неговите последици врз луѓето и ангелите требало да покаже какви плодови мора да се очекуваат кога ќе се отстрани Божјиот авторитет. Тоа ќе сведочи дека од постоењето на Божјото владеење и Неговиот закон зависи благосостојбата на сите суштества што Тој ги создал“.
— Големата борба, 444.

б. На што и врз основа на што сатаната лажно полага право од како е фрлен на земјата? Лука 4,6; Јован 14,30.

„Кога сатаната Му кажал на Христа ‘сета оваа власт и нивната слава мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам’ само делумно ја кажал вистината, и тоа само затоа што со тоа сакал да ја постигне својата намера да измами. Сатаната своето царство го грабнал од Адам, но Адам бил полномошник на Создателот. Тој не бил независен владетел. Земјата Му припаѓа на Бога, а Тој сѐ му доверил на Својот Син. Адам требал да владее во потчинетост на Христа. Кога Адам го предал својот суверенитет во рацете на сатаната, Христос сепак останал законит Цар“.
— Копнежот на вековите, 109.

Четврток — 6. јануари
5. САТАНСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО ОВОЈ СВЕТ

а. Кое име го употребува Библијата за да ја прикаже духовната и социјалната атмосфера во доменот на сатаната? Матеј 16,18; 23,15; 2 Петрово 2,4 (прв дел).

б. Кое е главното занимање на сатаната и неговите ангели откако се фрлени на земјата? Откровение 12,9. Наведи еден пример кој покажува како силите на пеколот работат. Лука 11,24-26.

„Уште од неговиот пад, сатаната работел преку измама“. – Мисли од гората, 25.

„Сатаната продолжил кај луѓето да се служи со истите средства како и кај ангелите. Неговиот дух овде владее во синовите на непослушноста. Тие, токму како и тој, се стремат да ги отстранат сите ограничувања што на луѓето им ги наметнува Божјиот закон, и кршењето на Неговите прописи го нарекуваат слобода.”
— Големата борба, 444.

в. Каков ќе биде исходот на војната помеѓу светлината и темнината? Откровение 17,14; 19,11-16.

„Борбата против Божјиот закон, која беше започната на небото, ќе продолжи се до крајот на времето. Секој човек ќе биде испитан. Целиот свет ќе мора да се одлучи за послушност или непослушност. Сите ќе бидат повикани да изберат помеѓу Божјиот закон и човечките закони… Тогаш ќе дојде крајот. Бог ќе го оправда Својот закон и ќе го ослободи Својот народ. Сатаната и сите кои му се придружиле во бунтот ќе бидат уништени“.
— Копнежот на вековите, 748.

Петок — 7. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Луцифер ‘носител на светлина’ станал сатана ‘непријател’?

2. На кој начин тој го сеел незадоволството меѓу ангелите?

3. Кои негови гревови претставувале почеток на неговиот бунт против Бога?

4. Зошто било премногу рано да се уништи сатаната, кога тој морал да биде протеран од небото?

5. На кој начин го продолжил својот бунт, откако бил ограничен само на оваа земја?

2011 • 1. Квартал

3. лекција – Создавањето и падот на човештвото

15. јануари 2011
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија“.
— Римјаните 5,12.
„Сатаната ликувал во неговиот успех. Со своето искушување ја навел жената да се посомнева во Бога, да ја доведе во прашање Неговата мудрост и да се обиде да навлезе во неговите премудри планиви. Преку неа тој го предизвикал и падот на Адам“.
— Историја на откупот, 38.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 17-39.

Недела — 9. јануари
1. СОЗДАВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО

а. Каква била Божјата намера при создавањето на човечкото семејство? Создавање 1,26-28; Јован 14,3.

„Бог го создал човекот за Своја сопствена слава, за да може човечкиот род, откако ќе биде проверен и испитан, да стане едно со небесното семејство. Божја намера била да се насели небото со човечко семејство, ако тоа се покаже послушно на секој Негов збор.“
— Библиски коментари, 11.

б. Иако нашите прародители биле создадени според Божјиот лик, зошто тие морале да бидат проверени? Создавање 1,27; Исаија 43,7.

„Адам бил ставен на проба да се види дали тој ќе биде послушен како верните ангели или непослушен. Ако ја издржал проверката неговите поуки на неговите деца би биле само лојалност. Неговиот ум и мислите би биле како и Божјите мисли“.
— Библиски коментари, 11.

Понеделник — 10. јануари
2. ИСКУШЕНИЕ И ПАД

а. На каква едноставна проверка Бог ги ставил Адам и Ева за да се види на кого тие ќе му веруваат – на Бога Создателот или на сатаната, измамникот? Создавање 2,16.17; 3,1-5.

„Жителите на Едем, како и ангелите пред нив, биле ставени на проверка; среќата што им ја дал Бог можеле да ја сочуваат само под услов на целосна верност кон законот на Творецот. Можеле да слушаат и да живеат, или да бидат непослушни и да пропаднат. Бог ги направил добитници на богати благослови; но, ако ја занемарат Неговата волја, Оној, Кој не ги штеди дури ни ангелите кога ќе згрешат, нема ниту нив да ги поштеди; со престапот би го загубиле правото на Неговите дарови и би навлекле на себе беда и пропаст.

„Ангелите ги предупредиле да се пазат од лукавството на сатаната, зашто тој неуморно ќе настојува да им постави стапица и да ги совлада. Сѐ додека Му бидат послушни на Бога, нема да им се случи никакво зло, зашто, ако притреба, сите небесни ангели ќе бидат пратени да им помогнат. Ако решително го одбијат неговото прво навестување, ќе можат да бидат исто толку сигурни колку и небесните весници. Меѓутоа, ако само еднаш му подлегнат на искушението, нивната природа во толкава мера ќе се изопачи, што не ќе најдат веќе во себе ниту сила ниту волја да му се спротивстават“.
— Патријарси и пророци, 28.

б. Која заповед од Божјиот закон ја прекршиле Адам и Ева кога го послушале сатаната и поверувале во неговите лаги? Создавање 20,3. На кој начин нивниот престап влијае на сите нивни потомци? Римјаните 3,23; 5,12.19.

„Како внимателно ангелите ги слушале зборовите на сатаната, зачетникот на гревот, како тој своите идеи ги става над Божјите заповеди, настојувајќи со своето измамно размислување да го прикаже Божјиот закон неважечки! Како нервозно чекале да видат дали светиот пар ќе биде измамен од лукавствата на искушувачот. Тие се прашувале: Дали светиот пар својата доверба и љубов наместо на Отецот и Синот ќе ја пренесе на сатаната?“
— Знаците на времето, 12. мај, 1890.
„Адам бил надарен со чиста и безгрешна природа, но тој паднал затоа што ги слушал сугестиите на непријателот. Неговото потомство станало расипано; поради непослушност на еден човек мнозина станаа грешници“.
— Упатство за младите, 2. јуни, 1898.

Вторник — 11. јануари
3. БЕЗВРЕДНОСТ НА ВЕШТАЧКАТА ПОКРИВКА

а. Што сфатиле Адам и Ева кога им се отвориле очите? И што направиле? Создавање 3,7.

„Исчезнала нивната дотогашна љубов и мир, а наместо тоа се појавило чувство на вина, страв од иднината и свест за голотијата на душата. Исчезнала и светлосната облека со која дотогаш биле препашани, па морале да се потрудат, наместо неа, да си ‘направат опашала’, зашто не можеле необлечени да излезат пред Бога и пред светите ангели“.
— Патријарси и пророци, 33.

б. Опиши ја духовната состојба на човечкиот род после падот во грев? Проп. 7,20; Римјаните 3,10-18.

„Преку гревот целиот човечки организам е пореметен, умот е изопачен, имагинацијата оштетена. Гревот ги деградирал способностите на душата. Надворешните искушенија наоѓаат хармоничен одговор во срцето и нозете незабележливо се свртуваат кон злото“.
— Мараната, 91.

в. Сепак, колкумина сé уште се обидуваат да ја покријат својата духовна голотија? Изреки 30,10; Лука 18,9-12.

„Бела облека на невиност носеле нашите прародители кои Бог ги наместил да живеат во светиот Едем… Таа светла облека претставувала симбол на нивната духовна облека на небесната невиност. Когатие би Му останале верни на Бога, тие засекогаш би биле обвиткани со неа. Меѓутоа, кога згрешиле, ја прекинале својата врска со Бога и исчезнала светлината што ги осветлувала. Голи и посрамени, својата небесна облека се обиделе да ја надоместат со облека од смоквини лисја што сами ја направиле.

„Токму тоа го правеле прекршителите на Божјиот закон уште од денот на непослушноста на Адам и Ева. Тиеплеле смоквини лисја за да ја покријат голотијата предизвикана со гревот. Носеле облека што самите ја направиле, се обидувале со свои дела да ги покријат своите гревови и да се сторат поприфатливи во Божјите очи“.
— Христовите параболи, 277.278.

Среда — 12. јануари
4. САМООПРАВДУВАЊЕ

а. Кое прашање Бог му го поставил на Адам пред да му ја изрече смртната казна? Создавање 3,9-11.

б. Како Адам и Ева се обидувале да се оправдаат? Создавање 3,12.13.

„Адам не можел својот грев ниту да го побие ниту да го оправда. Меѓутоа, наместо да покаже дека се кае, се обидел вината да ја префрли врз својата жена, а со тоа и врз Бога. ‘Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев’. Тој, кој од љубов кон Ева, доброволно решил да ја жртвува Божјата наклоност кон себе, својот опстанок во рајот и вечниот живот полн со радост – сега, по својот пад, се обидува одговорноста за својот прекршок да ја префрли врз жената, па дури и врз самиот Творец. Толку е страшна моќта на гревот!“.
— Патријарси и пророци, 33.
„Кога жената била прашана: ‘Зошто го направи тоа?’ – таа одговорила: ‘Змијата ме измами, и јас јадев.’ Во нејзиното оправдување поради сторениот грев во исто време се наоѓале и прашања: ‘Зошто си ја создал змијата? Зошто си дозволил да влезе во Едем?’ Така таа, како и Адам, одговорноста за својот пад Му ја препишувала на Бога“.
— Патријарси и пророци, 34.

в. Каква е тенденцијата на грешните луѓе кога им се отвараат очите за нивната вина? Римјаните 2,1-3.

„Духот на самооправдување потекнува од таткото на лагата; нашите прародители подлегнале во тоа веќе во мигот кога дозволиле да бидат изложени на влијанието на сатаната, и тоа го покажуваат сите Адамови синови и ќерки. Наместо понизно да го признаат својот грев, тие се обидуваат да се оправдаат, пренесувајќи ја одговорноста врз друг, врз околностите или врз Бога – при што дури и Неговите благослови ги користат како повод да негодуваат против Него“.
— Патријарси и пророци, 34.

Четврток — 13. јануари
5. ПРЕСУДА

а. Каква пресуда Бог изговорил за нашите прародители и за земјата? Создавање 3,16-19.

„Додека Адам останал лојален на небото, сѐ во природата му се потчинувало. Но, кога тој се побунил против Божјиот закон, инфериорните созданија почнале да му се опираат на неговото господарење. На тој начин Господ во Својата голема милост настојувал на луѓето да им ја покаже светоста на Неговиот закон, наведувајќи ги од лично искуство да ја увидат опасноста од отфрлањето на Неговите прописи, дури и во најмал степен“.
— Патријарси и пророци, 36.
„Предупредувањето дадено на нашите прародители: ‘Во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш‘ (Создавање 2,17), не имплицирало на тоа дека тие требале да умрат истиот ден кога ќе го стават забранетиот плод во својата уста. Меѓутоа, истиот тој ден требало да им биде изречена неотповиклива одлука. Бесмртност им била ветена под услов на послушност. Со престапот го загубиле вечниот живот. Тој ден тие биле осудени на смрт.”
— Патријарси и пророци, 36.

б. Што човештвото изгубило со падот во грев? Создавање 3,16-19.

„Доколку на човекот и по неговиот пад би му бил дозволен слободен пристап до дрвото на животот, тој би живеел вечно и со тоа и гревот би бил бесмртен. Но, оттогаш херувим со огнен меч бил поставен ‘да го пази патот кон дрвото на животот’ (Создавање 3,24), и на никого од Адамовите потомци не му било дозволено да ја помине таа бариера и да го вкуси животворниот плод на дрвото на животот. Затоа не постои бесмртен грешник“.
— Големата борба, 474.

Петок — 14. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Под кој услов ние имаме привилегија да го заземеме местото на оние кои биле протерани од рајот?

2. Во што нашите прародители биле проверувани?

3. Како луѓето и жените се проверуваат веќе околу 6000 години?

4. Зошто самооправдувањето е поголем грев од неверувањето и непослушноста?

5. Кои биле неодложните резултати од Адамовиот престап?

2011 • 1. Квартал

4. лекција – План за откуп

22. јануари 2011
„Зашто и Синот Човечки не дојде да Му служат, но да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина“.
— Марко 10,45.
„Штом се појавил гревот, се појавил и Спасител. Штом Адам згрешил, Божјиот Син се претставил како гарант за човечкиот род“.
— Верата со која живеам, 75.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 159-164; Патријарси и пророци, 40-48.

Недела — 16. јануари
1. БОЖЈАТА ОДРЕДБА ВО НАША ПОЛЗА

а. Од кога паднатиот човечки род има Спасител? Откровение 13,8. Како Бог можел да Го третира Христа откако веќе умрел за нив од создавањето на светот? Римјаните 4,17 (последен дел).

„Планот на спасението бил поставен пред да биде создадена земјата, зашто Христос е Јагне ‘заклано од создавањето на светот’“.
— Патријарси и пророци, 41.

б. Зошто никој, освен Божјиот Син, не е во состојба да го откупи паднатиот човечки род? Исаија 43,11; Јован 14,6; Дела 4,12.

„Прекршителите на тој закон можел да ги искупи со Своите страдања само Оној Кој е еднаков со Бога. Никој, освен Христос, не можел да ги искупи луѓето од ‘законската клетва’ и повторно да ги доведе во хармонија со небото“.
— Патријарси и пророци, 40.

в. Зошто Христос морал да умре за нас? Евреите 9,22; Ефесјаните 1,7.

„За многумина голема мистерија е зошто во старозаветниот период се барани толку многу жртвени дарови, зошто толку многу заклани животни биле ставени на олтар… Пролеаната крв на секое жртвувано животно била симбол на Јагнето Божјо ‘Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29).”
— Нашиот висок повик, 47.

Понеделник — 17. јануари
2. ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО ОБЈАВЕН

а. Што разбрале нашите прародители кога ја слушнале пресудата изречена врз сатаната? Создавање 3,15.

„Бог изјавил: ‘Ставам непријателство’ (Создавање 3,15). Ова непријателство не настанува природно. Кога човекот го престапил Божјиот закон, неговата природа станала зла и тој оттогаш е во хармонија, а не во непријателство со сатаната. По природа помеѓу грешниот човек и зачетникот на гревот не постои никакво непријателство. Преку отпадништво злото им станало заедничка особина. Отпадникот никогаш не мирува, освен кога наведувајќи ги и другите да го следат неговиот пример, ја добие нивната согласност и подршка. Тоа е она што паднатите ангели и безбожните луѓе ги соединува во едно очајно сродство“.
— Големата борба, 449.
„(Создавање 3,15). Оваа пресуда, искажана во присуство на нашите прародители, за нив претставувала извесно ветување. Иако предвидувала судир и војна меѓу човекот и сатаната, навестила дека големиот непријател најпосле ќе биде скршен.”
— Патријарси и пророци, 43.

б. На што планот на спасението бил воспоставен? Јован 3,16.

„Дојде време кога некоја промена мора да се направи, или образот Божји ќе биде целосно избришан од срцата на луѓето што Тој ги создал. Целото небо со голем интерес гледало што ќе направи Бог. Дали уште еднаш ќе го манифестира Својот гнев. Дали ќе го уништи светот со оган? Ангелите мислеле дека дошло времето за одлучен удар на правдата, кога, ете, на нивно најголемо изненадување беше откриен планот на спасението. Чудете се небеса, вчудоневиди се, о земјо! Бог Го испратил Својот единороден Син во светот за да го спаси светот. Неверојатна благодат! ‘Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Својот Син за да ги очисти гревовите наши’ (1 Јованово 4,10).

„Бог не Го испратил Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот преку Него да се спаси. Правдата можела да изрече пресуда на вечен срам над човекот. Но Бог, во Својата љубов и милост, му дал уште една шанса.”
— Материјали на Е.Г.Вајт од 1888, 569.570.

в. За колкумина планот на спасението е достапен? 1 Јованово 2,2; Откровение 22,17; 2 Петрово 3,9.

Вторник — 18. јануари
3. БОЖЈОТО ПРЕДЗНАЕЊЕ

а. Како псалмистот ја пренесува реалноста на Божјото предзнаење за секое човечко суштество? Псалм 139,1-4.

б. Што значат зборовите на апостол Павле кога вели: ‘Ги познава Господ оние кои се Негови’ (2 Тимотеј 2,19). Наведете примери: Еремија 1,5; Галатјаните 1,15.

в. Како Бог го открил Неговото предзнаење во однос на Исак и Јаков? Создавање 25,23.

„Бог од самиот почеток го знае крајот. Тој за Јаков и Исак уште пред нивното раѓање знаел каков карактер тие двајцата ќе развијат. Знаел дека Исав нема да има срце да Му се потчинува. Тој одговорил на загрижената молитва на Ревека и ја известил дека таа ќе има два сина, а постариот ќе му служи на помалиот. Тој ја открил идната историја на нејзините двајца синови пред неа, дека тие ќе бидат две нации, едната ќе биде поголема од другата, но постариот треба да му служи на помалиот. Првенецот имал право на посебни предности и привилегии, кои не му припаѓале на никој друг член од семејството“.
— Историја на искупението, 87.

г. Во која смисла секој е предодреден за спасение? Ефесјаните 1,3-6.11.12. Зошто, тогаш, некој ќе биде изгубен? Јован 3,18.36; 6,37.

„Бог сака сите луѓе да бидат спасени; бидејќи сѐ што е потребно за тоа Тој го овозможил, давајќи Го Својот Единороден Син да го плати откупот на човекот. Оние кои ќе пропаднат ќе загинат затоа што одбиваат да бидат прифатени како деца на Бога, преку Исус Христос. Гордоста на човекот ги попречува луѓето да ги прифатат одредбите на спасението. Но човечките заслуги нема да ја примат душата во присуство на Бога. Она што ќе го направи човекот прифатлив за Бога е доделената Христова благодат преку верата во Неговото име. Никакво потпирање на сопствените дела или среќа во животната борба не претставуваат доказ дека некој е избран од Бога; место меѓу избраните се добива само преку Христа…

„Кога покајничкиот грешник доаѓа кај Христа, свесен за својата вина и недостојност, сфаќа дека тој заслужува казна, но потпирајќи се на Христовата милост и љубов, тој нема да биде одбиен.”
— Нашиот висок повик, 78.

Среда — 19. јануари
4. ТЕКОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

а. Каде се запишани нашите имиња кога ќе се свртиме од царството на сатаната во Божјото царство? Лука 10,20. Каде се запишуваат и нашите дела? Филипјаните 4,3.

„Сите кои ќе го изберат Христовото царство на љубовта, правдата и мирот, и кои тоа го ставаат над сѐ, поврзани се со горниот свет и секој благослов потребен за овој живот е нивен. Во книгата на Божјата промисла, книгата на животот, на секого му е дадена страница. Оваа страница ја содржи секоја подробност од нашата историја, дури и влакната на главата се изброени. Бог никогаш не ги заборава Своите деца“.
— Копнежот на вековите, 293.

б. Објаснете зошто доктрината ’еднаш спасен-засекогаш спасен’ е во конфликт со Библијата. 1 Коринтјаните 9,27; Евреите 6,4-6; Откровение 3,5.

„Кога ќе станеме Божји деца нашите имиња се запишуваат во книгата на животот на Јагнето, и тие остануваат таму сѐ до времето на истражниот суд. Тогаш името на секој поединец ќе се повика и неговиот запис ќе биде прегледан од Оној, Кој изјавува: ‘Ги знам делата твои’. Ако во тој ден се покаже дека сите наши зли дела не биле целосно покајани, нашите имиња ќе бидат избришани од книгата на животот, а нашите гревови ќе сведочат против нас“.
— Знаците на времето, 6. август, 1885.

в. Што се бара од оние кои се повикани и избрани? Матеј 24,13; 2 Петрово 1,1-11.

„Секоја душа треба да настојува ‘грижејќи се за ова сестрано’ постојано да напредува во духовни дострели, јакнејќи во секоја благодат, зголемувајќи ја ефикасноста и развивајќи се во корисност и светост како плодно дрво во Господовата градина. Тој не треба да остане пуст ниту залуден во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Вистинската религија го наведува верникот да ги развива даровите кои ќе го направат во Божјите очи подрагоцен од офирското злато“.
— Библиски коментари, 841.

Четврток — 20. јануари
5. БОЖЈИТЕ ВЕЧНИ НАМЕРИ

а. Со кое име се нарекува планот на спасението во Библијата? Римјаните 16,25.26; Колосјаните 1,26.27.

„Бог знаел за настаните во иднината дури и перед создавањето на светот. Тој Своите намери не ги прилагодувал на околностите, туку дозволил работите да се развиваат и обелоденат. Тој немал намера состојбата во светот да биде таква каква што е сега, но знаел дека ќе биде така. Планот со кој требало да се осуети отпадот на некои од истакнатите небесни битија – тоа е тајна која се криеше од векови“.
— Библиски коментари, 657.

б. Од каде знаеме дека вратата на милоста нема да остане засекогаш отворена, и дека нема да има втора шанса за непокајаните грешници? Откровение 10,6.7 (спореди со Лука 13,23-25; 17,28-30).

„Времето на објавувањето на вечното Евангелие е последниот период на проба кој некогаш ќе им биде доделен на луѓето. Оние кои живеат во ова време на проба и искушување а сепак не даваат да се наведат на покајание и послушност, ќе пропаднат со неверниците. Друго време на проба и милост нема да има“.
— Библиски коментари, 909.

Петок — 21. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Бидејќи спасението е овозможено само со крвта на Исус Христос (Ефесјаните 1,7; Колосјаните 1,14), на кој начин се спасувале верните Божји слуги пред да биде Христос распнат на Голгота?

2. Кога пораката на Евангелието за прв пат им е проповедана на Адам и Ева?

3. Наведете примери кои го откриваат предзнаењето на Бога?

4. Што знаеме за книгата на животот?

5. Што претставува тајната ‘скриена од векови и родови’ (Колосјаните 1,26)?

2011 • 1. Квартал

5. лекција – Помирувањето во симболи

29. јануари 2011
„Без пролевање крв нема проштевање“.
— Евреите 9,22.
„Како што престапот (на Адам) донесе смрт и мизерија, жртвата на Исус Христос донесува живот и бесмртност и целосна светлина“.
— Историја на искупувањето, 48.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 49-53.

Недела — 23. јануари
1. ПРИНЕСУВАЊЕ НА ЖРТВИ

а. Која служба Бог ја воспоставил за да постојано на луѓето им ја предочува Христовата смрт? Создавање 4,4. Какво било значењето на тие симболи?

„Принесувањето на жртви го пропишал сам Бог. Тоа имало за цел човекот постојано да го потсетува на неговиот грев и да го наведе на каење и на јавно покажување на вера во ветениот Спасител“.
— Патријарси и пророци, 46.

б. Како сатаната во Каиновиот ум ја изопачил претставата за планот на спасението? Создавање 4,3-7.

„Каин излегол пред Бога со срце полно со незадоволство и сомневање во Ветената жртва и во потребата воопшто да се принесува жртва за грев. Неговиот принос не бил израз на каење поради гревот. Тој сметал, како и денеска мнозина што сметаат, дека тоа е само доказ на слабост да се следи точно патот што го пропишал Бог и за своето спасение потполно да се потпре врз страдањата што ќе ги поднесе ветениот Спасител. Тој сакал во своите постапки да биде самостоен и да ги истакне своите лични заслуги. Не сакал да принесе јагне и неговата крв да ја помеша со жртвените приноси, туку принел од своите плодови, од производите на својот труд. Неговиот принос повеќе претставувал израз на доброволен прилог или на нешто што се прави од внимание и милост, и сметал дека со тоа си осигурува себеси божествена наклоност и Негово одобрување. Каин Го послушал Бога само во тоа што подигнал олтар и принел жртва; но тоа била само делумна послушност. Пропуштил да го стори она што било најважно, а тоа е признавање дека му е потребен Спасител“.
— Патријарси и пророци, 50.

Понеделник — 24. јануари
2. ОСНОВНА РАЗЛИКА

а. Каква била разликата меѓу Каин и Авел во однос на откупувањето? Евреите 11,4. Објасни ги несогласувањата меѓу двајцата браќа.

„Авел ги сфатил големите основни начела на откупувањето. Увидувал дека е грешник и дека меѓу неговата душа и врската со Бога стојат гревот и смртта како казна. Принел заклано животно, жртвуван живот, и со тоа ги признал барањата на законот кој бил прекршен. Гледајќи во пролеаната крв, ја видел Жртвата на иднината – Христа – како умира распнат на Голгота и, верувајќи во помирувањето што ќе биде со тоа направено, се осведочил дека е оправдан и дека жртвата му е примена“… „Каин имал истата можност да ги осознае и да ги прифати сите тие вистини исто како и Авел. Тој не бил жртва на некаква самоволна и тиранска Божја намера. Едниот брат не бил избран да биде прифатен од Бога, а другиот да биде одбиен. Авел избрал вера и послушност, а Каин неверување и бунт. Сѐ било засновано на тоа“.
— Патријарси и пророци, 50.51.

б. Какви биле последиците од неверувањето на Каин? Создавање 4,8-12.

„Наместо да го признае својот грев, Каин продолжил да се жали против Божјата неправда и да негува завист и омраза кон Авела. Налутено го прекорувал брата си, настојувајќи да го вовлече во расправа во врска со Божјото постапувањењ со него. Со кротост, но бестрашно и решително, Авел ја бранел Божјата праведност и Неговата добрина. Му укажал на Каина на неговата заблуда и се трудел да го наведе и самиот да го увиди тоа. Го потсетил на Божјото сожалување покажано кон нивните драги родители што им го поштедил животот тогаш кога можел да ги казни со смрт истиот миг и упорно истакнувал дека Бог ги љуби, бидејќи ако не е така, Тој не би Го дал Својот сакан, безгрешен и свет Син да ја претрпи казната што ја заслужиле тие. Сето тоа уште повеќе разгорело жесток гнев кај Каина. Разумот и совеста му зборувале дека Авел е во право, но се лутел што оној, кој обично му се покорувал, се осмелил да му се спротивстави и што кај него не наишол на согласност во своето противење и во бунтот против Бога. Во налет на јарост, го убил брата си“.
— Патријарси и пророци, 52.

Вторник — 25. јануари
3. ДВЕ ГРУПИ НА ВЕРНИЦИ

а. Опишете ги двете групи на верници кои постојат од почетокот на светот. Дајте подетален опис на групата претставувана од Каин. Езекиел 33,31; Лука 18,9-14.

„Каин и Авел се претставници на две групи што ќе постојат во светот до крајот на времето. Едната група ќе знае да ја користи жртвата принесена поради човечките престапи, а другата сѐ повеќе ќе се надева и ќе се потпира на нивните сопствени заслуги; нивната жртва, лишена од силата на Божјото посредување, не ќе биде во состојба да им обезбеди Божја милост. Нашите престапи можат да бидат простени само со Христовите заслуги. Оние што сметаат дека Христовата крв не им е неопходна, дека со свои дела, без божествена благодат, можат да обезбедат одобрување од Бога, паѓаат во истата онаа заблуда како и Каин. Ако не ја прифатат крвта која може да очисти, тие остануваат под осуда. Не е предвиден и не постои ниту еден друг начин човекот да се ослободи од робувањето на гревот. Најголем дел од светот ѝ припаѓа на онаа група верници кои го следат Каиновиот пример, бидејќи речиси сите лажни религии се засноваат на истиот принцип – дека човекот може да си обезбеди спасение со сопствени напори“.
— Патријарси и пророци, 51.

б. Како историјата ја покажува разликата помеѓу овие две групации во светлината на двата спротивставени принципа – љубов и толеранција наспроти омраза и прогонство? 1 Јованово 3,11.12.15.16. На кое предупредување ние треба да внимаваме во однос на ова?

„Исус имал трпение кон погрешките на децата и возрасните луѓе и ги сожалувал на нивниот погрешен пат. Ако Тој чувствува како што чувствуваат некои кои тврдат дека се Негови следбеници, Тој постојано ќе биде исполнет со омраза, одвратност кон оние кои ја злоупотребуваат Неговата милост, ја презираат Неговата благодат, одбиваат да се покорат на Неговите заповеди и го газат Неговиот авторитет. Тој ја откупил и душата и телото, иако тие својата верност ја подариле на сатаната, Неговиот огорчен непријател, Тој сѐ уште ги сака. Никој може да го мрази братот свој, па дури и својот непријател, без да се стави под осуда. Наградата што ја примаме од рацете на нашиот Творец и судија секогаш е во согласност со природата на нашето однесување кон Него и Неговите созданија.”
— Упатство за младите, 13. јануари, 1898.

Среда — 26. јануари
4. БОГОСЛУЖЕНИЕ ВО ВРЕМЕТО НА ПАТРИЈАРСИТЕ

а. Каков систем на богослужение имале верните луѓе во деновите на патријарсите? Наведете еден пример? Создавање 8,20.

„Со чинот на жртвувањето грешникот ја признавал својата вина и ја покажувал својата вера, гледајќи напред кон големата и совршена жртва на Синот Божји, на чие што страдање жртвувањето на животното укажувало“.
— Историја на искупувањето, 51.

б. Што е запишано за Аврамовата преданост на Бога и за неговото влијание меѓу своите соседи? Создавање 12,7.8. Што можеме да научиме од неговата загриженост за безбожните жители на Содом? Создавање 18,23-32.

„Аврам ‘пријател Божји’, ни оставил достоен пример. Неговиот живот бил живот на молитва. Каде и да ги поставил своите шатори, во непосредна близина подигал и жртвеник, повикувајќи ги сите членови на своето домаќинство да присуствуваат на утринската и вечерната жртва. Кога би ги собрал своите шатори и би се преселил на друго место, жртвеникот останувал… Чувствувајќи се и самиот грешник, се залагал за грешниците. Таков дух треба да поседуваат сите што пристапуваат кон Бога. Аврам покажал токму онаква доверба каква што покажува дете кога за нешто го моли саканиот татко… Аврамовата молитва била проникната со љубов кон душите што биле осудени на пропаст. Додека чувствувал одвратност кон гревовите на изопачените жители на тој град, тој сакал тие грешници да се спасат. Неговото толку длабоко и искрено залагање за жителите на Содом покажува колкава загриженост би морале и ние да чувствуваме за непокајаните. Гревот треба да се мрази, а грешникот треба да се сака и да се има кон него сомилост.“
— Патријарси и пророци, 114, 127, 128.

Четврток — 27. јануари
5. ИСПАВНИ И ПОГРЕШНИ ИДЕИ ЗА БОГОСЛУЖЕНИЕ

а. Како сатаната измамил многумина со мислата дека крвта на телиња и јариња всушност е доволна да се отстранат нивните гревови? Исаија 1,11.

б. Што Бог кажува за религијата која ќе се изроди во низа на постојано повторувани формалности? Исаија 1,15; Изреки 28,9.

„Кога сатаната гледа дека Господ го благословува Својот народ и го подготвува да ги спознае неговите илузии, тој ја применува својата маестрална моќ да ги однесе во фанатизам од една страна и ладен формализам од друга страна, за да ги подготви за своја жетва“.
— Одбрани пораки 2, 19.

в. Што Бог навистина бара? Ос. 6,6; Исаија 1,16-18; 55,6.7.

„Молитвите кои, според обичајот, се нарекуваат утринско и вечерно богослужение, не се секогаш ревносни и успешни. Тие се често поспано, досадно и бездушно повторување на зборови кои не допираат до ушите на Бога. На Бога не му се потребни вашите церемонијални комплименти, Тој прима скршеност на срцето, исповед на гревовите и каење на душата. Плачот на понизното, скршено срце Тој никогаш не го презира… Мораме да имаме таква љубов кон Исуса која страдањата па дури и смртта заради Него ќе ги смета за привилегија. Доверете му ги на Господа сите ваши искушенија и сите ваши слабости и чувствувајте се потполно зависни од Неговата моќ и сила. Тоа е вистинска молитва.“
— Во небесните пространства, 87.

Петок — 28. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто биле потребни жртвени дарови штом гревот навлегол во светот?

2. Која е главната разлика меѓу Каиновиот и Авеловиот принос?

3. Објаснете на кој начин Каин и Авел ги претставуваат двете групации на верниците?

4. Што ја одржувало надежта во спасението во времето на патријарсите?

5. Кои се некои од важните аспекти во практиката на вистинската религија?

2011 • 1. Квартал

6. лекција – Ослободување од Египет

5. февруари 2011
„И тој ден ќе ви биде ден на сеќавање и празнувајте го тој празник, посветен на Господ; празнувајте го од колено на колено; како трајна уредба“.
— Создавање 12,14.
„Пасхата била воспоставена како спомен на ослободување на Израел од египетското ропство. Бог наредил од година во година да се прераскажува и повторува историјата за овој настан“.
— Копнежот на вековите, 632.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 276-282.

Недела — 30. јануари
1. ПАСХАТА ВОСПОСТАВЕНА

а. Која била последната порака упатена до фараонот, бунтовниот монарх, пред излегувањето на Израелците од Египет? Што непосредно претстоело? Создавање 11,4-8.

б. Пред извршувањето на оваа казна, какви упатства Бог им дал на Израелците во поглед на нивното излегување? Прераскажете го накратко излегувањето на Израелците. Создавање 12,1-28.

„Господ на синовите Израелови им дал упатство во врска со нивното излегување од Египет, особено да внимаваат на претстојната казна. Секое семејство, само или здружено со некое друго, доколку било малубројно, морало да заколе јагне или јаре, здраво и без мана, потоа да натопи китка исоп во крвта на закланото животно и со неа да ги испрска ‘обата довратника и горните прагови на куќата во која ќе ја јадат’ за ангелот што ќе има задача ‘таа ноќ’ да го погуби ‘секој првороден во земјата египетска’ да не влезе во нивниот дом..“.
— Патријарси и пророци, 277.
„За спомен на тоа големо ослободување, Израелскиот народ требало да го празнува тој ден во сите идни поколенија… Во подоцнежните години, кога го празнувале тој празник, тие биле должни на своите деца да им ја повторуваат историјата за тоа големо ослободување. Првиот од тие празници, Пасха, или празник на пресни лебови, бил во Авив, прв месец на еврејската година што се совпаѓа со крајот на март и почетокот на април… По празникот Пасха следел седумдневен празник на пресни лебови.”
— Патријарси и пророци, 277, 565, 569.

Понеделник — 31. јануари
2. КРВТА КАКО ЗНАК

а. Какво било значењето на крвта која требала да биде ставена на куќите на Израелците? Создавање 12,7.13.23.

„Пред да добијат слобода, поробените морале да покажат вера во големото ослободување кое само што не настапило. Знакот на крвта морал да биде ставен на нивните куќи, а тие, заедно со сите членови на своите семејства, морале да се одвојат од Египќаните и да се соберат во своите станови. Кога Израелците и во најмалечка ситница би го занемариле даденото упатство, кога своите деца не би ги изделиле од децата на Египќаните, кога јагнето само би го заклале, а би пропуштиле со Неговата крв да ги испрскаат своите довратници, или кој било од нив да излегол од својата куќа, тие не би биле сигурни. Тие би можеле искрено да веруваат дека сториле сѐ што било потребно, но нивното верување не би ги спасило. Сите оние што би пропуштиле да ги послушаат Господовите упатства, би ги загубиле своите првенци од раката на ангелот извршител… На нивните врати се наоѓал знак од крв – знак на заштита на Спасителот – и уништувачот не поминал низ нив.”
— Патријарси и пророци, 280, 282.

б. Кој знак на заштита ни е потребен и на кој начин единствено можеме да го добиеме? Езекиел 9,4; Откровение 7,1-3; 14,1.

„Што претставува печатот на живиот Бог, кој се става на челата на Неговиот народ? Тоа е знак кој ангелите, но не и човечките очи, можат да го прочитаат, бидејќи ангелот уништувач мора да го види овој знак на откупување. На оние кои Господ ги признава за Свои синови и ќерки, тие небесни битија го гледаат знакот на крстот од Голгота. Гревот на престапот на Божјиот закон е отстранет. Тие имаат на себе свадбена облека и се послушни и верни на Божјите заповеди… Знакот или Божјиот печат се открива во почитувањето на седмиот ден сабота, спомен на Господовото создавање… Оние што ќе го победат светот, телото и ѓаволот, ќе бидат Божји миленици кои ќе го примат печатот на живиот Бог. Оние чии раце не се чисти, чии срца не се чисти, нема да имаат печат на живиот Бог. Само оние кои денес се каат и ги исповедаат своите гревови како во големиот ден на помирување, ќе бидат признаени како достојни и обележани како заслужни за Божја заштита.”
— Библиски коментари, 901; 8 Сведоштво, 127; Сведоштво за проповедници, 445.

Вторник — 1. февруари
3. ГОРЧЛИВИ БИЛКИ И БЕСКВАСЕН ЛЕБ

а. Што им било наложено на Израелците да јадат со пасхалното јагне? Создавање 12,8. Какво значење имале горчливите билки?

„Јагнето требало да се јаде со горчливите билки, што укажувало на горчливото робување во Египет. Така и ние, кога ќе го примиме лебот што Го претставува Христа, тоа треба да го правиме со скршено срце, каејќи се за нашите гревови.”
— Патријарси и пророци, 280.

б. Што за Божјиот народ, кој живее во оваа последна генерација, претставуваат горчливи билки? Евреите 2,18; Откровение 1,9.

„Преку Оној Кој бил ‘брат и соучесник во болка’ (Откровение 1,9), Христос му открива на Својот народ страшен конфликт низ кој мора да помине пред Неговото второ доаѓање. Пред сцените на жестока борба која ги очекува, Тој ги потсетува дека и нивните браќа, исто така, се напиле од чашата и биле крстени со тоа крштевање. Оној Кој ги одржал овие први сведоци на вистината нема да заборави на Својот народ во овој завршен конфликт“.
— Домашен мисионер, 1 ноември, 1893.

в. Што симболизира бесквасниот леб и што тоа значи за нас денес? Создавање 12,15; 1 Коринтјаните 5,6-8.

„Христовите следбеници мора да ги делат Неговите искуства. Тие мора да ја прифатат Божјата реч и целосно да се прилагодат кон неа така што таа да стане движечка сила на нивниот живот и на нивните постапки. Со Христовата сила тие мора да се преобразат во Неговиот лик… Употребувањето на бесквасниот леб исто така имало свое значење. Со законот за празникот Пасха… изрично било забрането за време на празникот во нивните куќи да се најде кисело тесто. Исто така и квасецот на гревот мора да биде отстранет од срцата на сите оние што сакаат од Христа да примат живот и духовна храна.”
— Патријарси и пророци, 280.

Среда — 2. февруари
4. СИМБОЛИЧНА УРЕДБА ЗА СПОМЕН

а. На кого не му било дозволено да го јаде пасхалното јагне? Создавање 12,43.45. Кој услов морал да го исполни некој странец за да му биде дозволено да учествува во овој обред? Создавање 12,44.48.

„Христос крштевањето го направил знак за влез во Неговото духовно царство“.
— Библиски коментари, 642.

б. Кој обред го презема местото на празникот Пасха во рамките на Новиот завет? Лука 22,14-20. Кој услов е потребен за да учествуваме во тоа?

„Кога Спасителот го дал Својот живот на Голгота, значењето на Пасха престанало, а воведен е обредот Вечера Господова како спомен на истиот оној настан на кој симболично укажувала Пасха. Празникот Пасха требало да биде и спомен и симбол, не само да посочува на ослободувањето од Египет, туку и однапред да укажува на големото ослободување што ќе го изврши Христос, ослободувајќи го Својот народ од јаремот на гревот.”
— Патријарси и пророци, 278, 569.

в. Како Бог гледа на обидот на некои таканаречени христијани да продолжат со древните еврејски обреди? Галатјаните 4,9-11. Што е додадено во новозаветната верзија на пасхалната служба – и зошто? Јован 13,1-17.

„Во овој обред (на понизност), Христос Своите следбеници ги ослободува од грижите и товарот на древните еврејски обврски во ритуали и церемонии. Тоа повеќе нема никаква основа, бидејќи симболите нашле остварување во Него… Овој обред не му зборува толку на разумот на човекот колку на неговото срце… Продолжувањето со овие обреди би била навреда за Јехова.”
— Преглед и Гласник, 14. јуни, 1898.

Четврток — 3. февруари
5. ПРВОРОДЕН

а. Какво симболичното значење имало посветувањето на првородените? Второзаконие 3,13.

„Посветувањето на првенците потекнува од најрани времиња. Бог ветил дека ќе Го даде Првенецот на небото да ги спаси грешниците. Благодарноста за овој дар секое домаќинство го признавало со тоа што го посветувале првородениот син. Тој морал да биде посветен за свештеник, како претставник на Христа меѓу луѓето… Како што крвта со која бил попрскан довратникот го спасила првенецот на Израел, така и Христовата крв имала моќ да го спаси светот.”
— Копнежот на вековите, 33, 34; Патријарси и пророци, 278.

б. Во која смисла и Исус Христос е првороден? Колосјаните 1,18; Откровение 1,5.

Петок — 4. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков празник била Пасха, и кога е празнувана?

2. Во кое чудо Господ, пред самото ослободување на Израелците, барал тие да веруваат?

3. Што симболизирале бесквасниот леб и горчливите билки?

4. На кој настан празникот Пасха посочувал како спомен во минатото? А на што посочувал во иднината?

5. На што посочувало првородството како спомен, и кого го претставувало во иднината?

2011 • 1. Квартал

7. лекција – Божјото царство на земјата

12. февруари 2011
„И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ. Тоа се зборовите, што ќе им ги кажеш на синовите израелски“.
— Создавање 19,6.
„Преку избраниот народ, Бог имал намера да го излие благословот на целото човештво“.
— Пророци и цареви, 6.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 308-322.

Недела — 6. февруари
1. БОЖЈИОТ ИЗБРАН НАРОД

а. Во песната на спасението компонирана од Мојсеј по преминувањето на Црвеното Море, што тој кажува за Божјиот план за воспоставување на царство на земјата? Создавање 15,17.18. Каков план има Господ за децата на Авраам? Создавање 19,5.6.

б. Кое ветување било вклучено во тој план? Создавање 29,45.

в. Иако Бог не гледа кој е кој (2 Летописи 19,7; Дела 10,34), зошто Тој го избрал Израелскиот народ? Второзаконие 9,3-5; 10,15. Зошто денес нé избира нас? 1 Коринтјаните 4,9 (последен дел).

„Бог го избрал Израел. Тој ги повикал да го зачуваат знаењето меѓу луѓето за Неговиот закон и за симболите и пророштвата кои укажувале на Спасителот. Тој сакал тие за светот да бидат извори за спасение. Она што бил Аврам во земјата на неговиот престој, Јосиф во Египет и Даниел во дворовите на Вавилон, тоа еврејскиот народ требал да биде меѓу народите. Тие требале да Го откријат Бога на луѓето.“
— Копнежот на вековите, 15.
„Со нашите зборови и дела ние пред светот, ангелите и луѓето откриваме дали веруваме во Христа како личен Спасител.”
— Упатства за младите, 26. април, 1900.

Понеделник — 7. февруари
2. БОГ ЈА ОДРЕДУВА СВОЈАТА ЦЕЛ

a. Каква цел Бог поставил пред Израел? Второзаконие 4,5-8. Што требало да се оствари преку нив? Второзаконие 28,12; Исаија 2,2.3.

„Бог одредил Неговиот народ да биде светлина на светот. Требало од нивниот живот да блесне славата на Неговиот закон. А за да се оствари тоа, Бог направил избраниот народ да завземе поволна местоположба помеѓу народите на земјата. Во Соломоново време израелското царство се простирало од Емат на север до Египет на југ и од Средоземното Море до реката Еуфрат. Преку таа територија воделе многу патишта на светската трговија, и во сите правци проаѓале каравани од далечни земји. Така на Соломон и на неговиот народ им се дала прилика на луѓето од сите народи да им го откријат карактерот на Царот над царевите и да ги поучат да Го почитуваат и слушаат. Тоа сознание требало да се даде на цел свет. Учењето за принесување на жртва требало да Го воздигне Христа пред народите, така што сите кои би сакале, да добијат живот.”
— Пророци и цареви, 45.

б. На што Господ постојано ги потсетувал Израелците за да сериозно тоа го сфатат? Второзаконие 7,6-9; 28,15.16.33.

в. Кое предупредување им било дадено на Евреите кога дошло време царството да се земе од нив? Матеј 8,11.12. Зошто тие конечно го изгубиле царството? Матеј 21,43; Марко 12,6-9.

„Еврејските водачи сметале дека се премногу мудри за да им бидат потребни какви било совети; премногу праведни за да им се понуди спасение и премногу славни за да ја прифатат онаа слава што доаѓа од Христа. Спасителот ги напуштил нив за да им ги довери на други предимствата што тое ги злоупотребиле и делото што тие не знаеле да го ценат. Божјата слава морала да се открие и Неговите зборови да се исполнат. Во светот морало да се воспостави Христовото царство“.
— Делата на апостолите, 10.

Вторник — 8. февруари
3. БОЖЈИОТ ПЛАН ЗА НАС ДЕНЕС

а. Опишете го Божјиот план за припадниците на Неговото царство во Новиот завет. Лука 12,32; 17,21.

„Од ден на ден луѓето откриваат дали царството Божјо е во нив. Ако Христос владее во нивните срца тие се стекнуваат со сила на принципот, моќ, можност да застанат како верни чувари, вистински реформатори; бидејќи без целосна соработка со Исус Христос не може да има никаква реформа Благодарение на Христовата милост луѓето своите од Бога дадени способности ги користат да се реформираат. Со овој чин на самоодрекување, на кој Господ гледа со одобрување, тие добиваат победи над нивните наследни и негувани склоности. Тогаш тие, како и Даниел, оставаат впечаток на другите срца што никогаш нема да биде избришан. Тоа влијание ќе се однесе во сите делови од светот.”
— Објавени ракописи 20, 113.
„Христијанството… не е само вероисповед. Тоа е учење на Оној Кој живее и останува засекогаш. Тоа е жив, вдахновен принцип кој го обзема умот, срцето, мотивите и целото битие на човекот.”
— Објавени ракописи 20, 114.

б. Која победа Господ сака да ја оствари во и преку Неговите избраници? Матеј 5,14.16; Филипјаните 2,15.

„Луѓето заземаат страна според нивниот избор. Оние што се хранат со Божјото Слово го покажуваат тоа со нивните постапки; тие се на страната на Господ и сакаат и со поука и со пример да ги реформираат луѓето околу себе… Прашањето кое треба го разгледаме е: Дали ги имаме својствата на Христос? Изговорите се безвредни. Сите околности, сите желби и страсти треба да бидат слуги на човекот кој се бои од Бога, а не да владеат над него. Христијанинот не треба да биде роб на било какви вродени или стекнати склоности. Наместо да биде роб на навиките, тој треба да владее со животинските страсти. Ние не треба да бидеме слуги на околностите, туку треба да ги контролираме со принципите на најголемиот Учител за кого светот некогаш знаел. Светената положба во која се наоѓаме денес кон светот, свечените одговорности и должности кои ни ги налага нашиот Господ не треба да ги игнорираме сѐ додека нашата волја и нашите околности се прилагодат. Принципот на самооткажување и самопожртвување, откриен во примерот на Христа, Јован Крстител, Даниел и неговите другари, треба како ралник да ги изоре сите наши вродени и стекнати склоности, во сите околности и опкружувања.”
— Објавени ракописи 20, 113.114.

Среда — 9. февруари
4. ДВЕ КЛАСИ НА ЛУЃЕ

a. Денес, како што се приближуваме до границите на небесниот Ханан, за кое предупредување ние мора да водиме сметка? Лука 21,34-36; Римјаните 13,11.12.

„Оние кои Го примаат Христа со вера како нивен личен Спасител, не можат да се во хармонија со светот. Постојат две различни класи: едната е верна на Бога, чувајќи ги Неговите заповеди, а другата се однесува и зборува како светот“.
— Сведоштво за проповедници, 139.

б. Кои сцени на изопаченост особено ги гледаме денес? Лука 17,26-30; Дела 2,40.

„Целиот свет е во некоја вознемиреност. Знаците на времето се застрашувачки… Луѓето сѐ уште јадат и пијат, садат и градат, се женат и мажат. Трговците сѐ уште купуваат и продаваат. Луѓето се во конфликт еден против друг, борејќи се за највисоко место. Љубителите на задоволствата сѐ уште ги полнат театрите, коњските трки и коцкарниците. Насекаде преовладува возбуда, сепак времето на милост бргу се приближува кон крајот и судбината на секој поединец ќе биде одлучена за вечност. Сатаната гледа дека неговото време е кратко. Тој ги ставил сите свои агенции на работа за да може луѓето да ги измами, освои и маѓепса додека не се заврши времето на искушението и додера вратата на милоста не биде засекогаш затворена.”
— Копнежот на вековите, 613.

в. Опиши ги двете класи на луѓе во овој свет. 1 Солунјаните 5,4.5. Што треба да прават синовите на светлината? Лука 11,28. Што и многуте посетители на црквите ги прави синови на темнината? Матеј 24,48-51.

„Сето општество се класифицира во две големи групи – послушни и непослушни. На која страна ние ќе се најдеме?”
— Библиски коментари, 855.
„Луѓето заземаат страна според нивниот избор. Оние што се хранат со Божјо Слово го покажуваат тоа со нивните постапки; тие се на страната на Господ и сакаат и со поука и со пример да ги реформираат луѓето околу себе. Сите кои одбиваат да бидат научени од Бога се држат до човечките преданија. Тие конечно ќе преминат на страната на непријателот, против Бога и ќе застанат до Антихристот. Божјиот народ кој ја разбира нашата позиција во овој момент од земната историја треба со отворени уши и омекнати срца да стреми кон меѓусебна слога и единство со Исуса Христос“.
— Објавени ракописи 20, 113.

Четврток — 10. февруари
5. ПРЕД НАС Е ВЕЧНОСТ

а. Бидејќи секој човек, порано или подоцна, мора да го направи својот избор во однос на вечноста која е пред нас, што е напишано во 1 Јованово 2,17?

„Многумина кои тврдат дека го очекуваат доаѓањето на нашиот Господ, всушност копнеат по земска добивка. Тие се слепи за своите вечни интереси. Се трудат околу она што не се исплаќа. Тие ги трошат своите пари на она што не е храна. Се обидуваат да се задоволат со богатството кое го собираат на земјата, со богатство кое мора да пропадне. Ја запоставуваат подготовката за вечност, што треба да биде главно и единствено вистинско дело во нивниот живот. Одлучете се за вечност.”
— 2 Сведоштво, 675, 553.

б. Бидејќи ние мораме да извршиме подготовка за вечност, кој совет треба да го имаме на ум? 1 Петрово 5,6-10.

„Каде е безбедноста? Ништо што е човечко или земно не нуди заштита. Луѓето брзо се подредуваат под знамето што тие го избрале… Има и такви кои чекаат и стражарат имајќи го на ум доаѓањето на нашиот Господ. Други се подредуваат под команда на големиот отпадник. Малкумина со срце и душа веруваат дека има пекол кој треба да го избегнат и небо кое треба да го задобијат. Што ќе одбереме – слобода во Христа, или ропство и тиранија во служба на сатаната? Зошто отфрлувајќи ја поканата на божествената љубов да го отфрлиме повикот на милоста? Ако избереме живот со Христа низ бескрајните времиња на вечноста, зошто да не Го избереме сега за свој најсакан и најдоверлив пријател, за свој најдобар и најмудар Советник?“
— Копнежот на вековите, 613; Библиско ехо, 25. јуни, 1894.

Петок — 11. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Зошто Бог го избрал Израел?

б. Зошто царството беше земено од израелскиот народ и дадено на други народи?

в. Која е Божјата намера за Неговиот народ во однос на светот?

г. Објаснете ја разликата меѓу вистинските и таканаречените христијани.

д. Зошто многу таканаречени христијани ќе бидат измамени и ќе го загубат небото?

2011 • 1. Квартал

8. лекција – Копија од небесното светилиште

19. февруари 2011
„Нека Ми направат светилиште, за да можам да живеам меѓу нив“.
— Создавање, 25,8.
„(Бог) презентирал пред Мојсеј еден минијатурен модел на небесното светилиште и му заповедал сѐ да направи во согласност со моделот кој му бил прикажан на планината“.
— Знаците на времето, 24. јуни, 1880.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Историја на откупувањето, 151-157.

Недела — 13. февруари
1. ЗЕМНИОТ ШАТОР

а. Бог ги извел Израелците од Египет (Создавање 12,51). Потоа ги организирал (Создавање 18,21-26). После тоа им го дал Својот закон (Создавање 20,3-17). Кој е следниот важен настан кој што требал да се одигра меѓу нив? Создавање 25,8.

б. Како Господ Му го прикажал на Мојсеј планот за изградба на светилиште? Создавање 25,9.40; Евреите 8,5.

„Светилиштето, градено со човечки раце, требало да биде ‘образец на вистинското’, слика на ‘небесните стварности’ (Евреите 9,24.23). Таа во минијатура го претставувала небесниот храм во кој нашиот Првосвештеник, Христос, откако го принел Својот живот на жртва, ги застапува грешниците. Додека бил на гората, Бог на Мојсеј му го покажал небесното светилиште и му наредил сѐ да направи точно според покажаниот модел“.
— Патријарси и пророци, 353.

в. Каде, на земјата, Бог ветил да се сретне со Израеловите синови? Создавање 29,42-46.

„Бог му заповедал на Мојсеј за Израел: ‘Нека Ми направат светилиште, за да можам да живеам меѓу нив.’ (Создавање 25,8), и Тој живеел во светилиштето, среде Неговиот народ.”
— Мојот живот денес, 317.

Понеделник — 14. февруари
2. БОЖЈОТО ЖИВЕАЛИШТЕ

а. Каде, на небото, се наоѓа престолот на Бога? Исаија 6,1; Псалм 11,4.

б. Каде, на небото, Христос го дели престолот на Отецот? Евреите 8,1.2.

в. Зошто е особено значаен фактот дека Христос служи во небесните дворови како наш Застапник? Евреите 4,14-16.

„Низ сите нивни заморни лутања низ пустината, симболот на присуството (Божјо) бил со (Израел) нив. Така Христос го поставил Својот шатор среде нашиот човечки логор. Го поставил Својот шатор покрај шаторот на луѓето за да може да живее меѓу нас и да нѐ запознае со Неговиот божествен карактер и живот. ‘Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот’ (Јован 1,14)

„Откако Исус дошол да живее со нас, ние знаеме дека Бог е запознаен со нашите неволји и сочувствува со нашите болки. Секој Адамов син и ќерка можат да разберат дека нашиот Творец е пријател на грешниците. Бидејќи во секое милосрдие, во секое ветување за радост, во секој чин на љубовта, во секоја божествена привлечност прикажана во животот на Спасителот на земјата, го гледаме ‘Бог со нас’.”
— Копнежот на вековите, 11.

г. Кој дополнителен опис открива нешто повеќе за славната сцена пред Божјиот престол? Откровение 4,4; 7,13-15; 8,3.

д. Со оглед дека ни е претставена величествена слика за небото, која треба да биде нашата постојана цел? Откровение 3,21; Колосјаните 3,1.2.

„Колку би било подобро да се бараат оние нешта кои се горе, отколку да бараме работи од овој свет и да ги формираме нашите карактери налик на световните.”
— Беседи и разговори 2, 228.
„Оној Кој стои како наш Посредник, Кој ги слуша сите покајнички молитви и признанија, Кој е претставен со виножитото, симбол на милосрдието и љубовта, опкружено околу главата, наскоро ќе престане со Неговото дело во небесното светилиште. Благодат и милост тогаш ќе се спуштат од престолот, и правдата ќе го заземе своето место. Тој, Кого Неговиот народ толку долго Го чека ќе ја преземе Неговата служба на Врховен Судија.”
— Преглед и Гласник, 1. јануари, 1889.

Вторник — 15. февруари
3. ЦЕНТАР НА ОТКУПНОТО ДЕЛО

а. Каде се наоѓа центарот на Христовото дело во наш интерес? Евреите 9,11.12. Зошто познавањето на службата во светилиштето е задолжително? Псалм 77,13.

„Светилиштето на небото претставува средиште на Христовото дело за луѓето. Тоа е од животна важност за секоја душа што живее на земјата. Тоа ни укажува на планот на откупот, нѐ води сѐ до крајот на времето и ни го открива триумфалниот исход на вековната борба помеѓу правдата и гревот. За нас од најголема важност е овие предмети темелно да ги истражиме, за да бидеме во можност да дадеме одговор на секој кој ќе не праша за нашата надеж“.
— Големата борба, 434.

б. Кога Светиот Дух го покажал патот во небесното светилиште? Евреите 9,8; 6,18-20.

„Иако службата требало да се премести од земниот во небесниот храм, иако светилиштето и нашиот голем Првосвештеник ќе бидат невидливи за човековите очи, сепак учениците поради тоа нема да претрпат никаква загуба. Во нивното општење со небото нема да има прекин, ниту ќе се намали нивната моќ заради отсуството на Спасителот. Иако Исус служи во небесното светилиште, Тој сѐ уште со Својот Дух служи за црквата на земјата“.
— Копнежот на вековите, 145.

в. Бидејќи Христос влегол ‘во самото небо’ да служи во ‘вистинско светилиште’ а не во ‘образ на вистинското’ (Евреите 9,2.24), како можеме да имаме пристап до Него? Евреите 4,14-16.

„Во Очевото прифаќање на Христа во корист на човекот, ние сме сигурни дека преку заслугите на Неговиот Син можеме да најдеме пристап до Бога. Ние можеме да бидеме прифатени во Возљубениот. Исус, Спасителот на светот, го отворил патот така што и најгрешните, најсиромашните, најугнетените и најпрезрените можат да најдат пристап до Бога и да имаат дом во дворовите што Исус отишол да ги подготви за оние што Го љубат.“
— Библиско ехо, 1 февруари 1893.

Среда — 16. февруари
4. ТОЧНОСТ И СОВРШЕНСТВО

а. Која поука можеме да ја изведеме од фактот дека при изградбата на земниот шатор, Бог инсистирал одново и одново сѐ да биде направено ‘според образецот’? Создавање 25,9.40; Дела 7,44.

„Бог сака совршенството на Неговиот карактер да се одразува во секоја наша, па дури и механичка работа. Бог сака во сѐ што се прави во Неговата служба да се внесе точност, вештина, тактичност, мудрост и совршенство кои ги барал при подигањето на земниот шатор. Секоја работа што ја вршат Неговите слуги мора во Неговите очи да биде толку чиста и драгоцена како што биле златото, темјанот и смирната кои во својата искрена, нерасипана вера ги донеле мудреците од исток на новороденчето – Спасителот“.
— 7 Сведоштво, 142.

б. Како оваа поука може да се примени и на кандидатите за место во царството на славата? Матеј 5,48; Колосјаните 1,28; 4,12.

„Должност на Божјите пратеници е секој човек да го прикажат совршен во Исуса Христа. Оние што ќе ја примат вистината со небесно потекло преку неа треба да се облагородат и посветат. Потребни се многу мачни напори за да се достигне Божјото мерило на вистинско совршенство. Неправилниот камен добиен од каменоломот мора да се обработува и неговите нерамни страни мора да се израмнат… Совршенството на карактерот е доживотно дело; и е неостварливо за оние кои не сакаат тоа да го постигнат со постепени напори по патот кој Бог го одредил за тоа. Ние никако не смееме да си дозволиме себеси да грешиме во овој поглед туку секојдневно мораме да растеме во Христа, нашиот жив Поглавар“.

„Секој ден кој го живеете, можете да го усовршите со благословените својства потполно откриени во Христовиот карактер; правејќи така ќе внесете светлина, љубов, мир и радост во вашиот дом.”
— 5 Сведоштво, 473; Преглед и Гласник, 29. јули, 1890.

Четврток — 17. февруари
5. ОБЕЗБЕДЕН МАТЕРИЈАЛ

а. Сите потребни материјали за изградба на светилиштето Господ можел да ги обезбеди на чудесен начин. Зошто Тој побарал од луѓето да донесат само доброволни прилози? Создавање 25,1-8.

„Било потребно да се извршат големи и скапи подготовки. Драгоцени и скапи материјали морале да бидат собрани. Но Господ прифаќал само доброволни прилози. Посветеност на Божјото дело и да се жртвува од срце биле прво нешто што се барало во подготовката на место за Бога“.

„Бог прифаќа само доброволна служба.”
— Историја на откупот, 152; Библиски коментари, 920.

б. Како што самите сме архитекти на својот карактер, како треба да бидеме внимателни во изборот на духовни материјали со кои ќе го изградуваме карактерот? 1 Коринтјаните 3, 10-15.

„Зградата на нашиот карактер мора да се изгради на Христа. Тој е сигурен темел – темел кој никогаш не може да биде поместен. Бури на искушенија и неволји не можат да ја поместат зградата утврдена на Вечната Карпа.

„Оној кој сака да порасне во прекрасна зграда за Господа мора да ги негува сите свои способности. Тоа е единствената вистинска употреба на талентите со кои карактерот хармонично се развива… Словото Божјо нѐ предупредува да внимаваме како yидаме за да бидеме сигурни дека нашата зграда е втемелена на Вечната Карпа.”
— Водење на детето, 166, 164.

Петок — 18. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Зошто Господ му доверил на Мојсеј да подигне среде Израелците светилиште, копија на небесното?

б. Каде на небесата и Отецот и Синот имаат свој престол?

в. Како може Христос, додека служи во небесното светилиште, да биде присутен и меѓу Својот народ овде на земјата?

г. Што симболично значат точноста и совршенството што Бог го барал при изградба на светилиштето?

д. Што значел внимателниот избор на материјалите потребни за подигање на шаторот?

2011 • 1. Квартал

9. лекција – Две одделенија

26. февруари 2011
„И завесата ќе го одделува светилиштето од Светињата над светињите“.
— Излез 26,33.
„Внатрешниот простор (на шаторот) бил поделен на два дела разделени со богата и убава завеса што ја придржувале столбови обложени со злато“.
— Патријарси и пророци, 356.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 353-368.

Недела — 20. февруари
1. СВЕТИЊА И СВЕТИЊА НАД СВЕТИЊИТЕ

a. Опишете го првото одделение на светињата. Евреите 9,2.

„Во светињата, на нејзината јужна страна, бил светилникот со своите седум светилки, коишто и дење и ноќе ја осветлувале светињата; на северната страна стоела трпезата за бесквасните лебови; пред завесата што ја делела светињата од светињате над светињите стоел златен жртвеник за кадење, од кој секој ден кон Бога се дигал облак на мирисен темјан заедно со молитвите на Израелците“.
— Големата борба, 369.

б. Опишете го второто одделение или најсветото место во светилиштето? Евреите 9,3-5.

„Во светињата над светињите се наоѓал ковчегот на заветот од скапоцено дрво обложен со злато – ризница во која се чувале двете камени плочи на кои Бог ги напишал десетте заповеди. Над ковчегот се наоѓал поклопец – престол на милоста – прекрасно уметничко дело од чисто злато, закрилен со два херувими, по еден на секој крај, изработени од чисто злато. Во ова одделение се откривало Божјоото присуство во облак на слава помеѓу херувимите“.
— Големата борба, 370.

Понеделник — 21. февруари
2. СВЕТИЛНИКОТ И ПОСТАВЕНИТЕ ЛЕБОВИ

а. Кого го претставува светилникот? Излез 25,31.32; Јован 8,12; Откровение 1,20.

„Ниту еден светилник, ниту една црква, не светат сами од себе. Од Христа извира сета нивна светлина. Црквата на небото денес е само надополнување на црквата на земјата; но таа е повозвишена, повеличествена – совршена. Истата божествена светлина треба да продолжи низ сите векови на вечноста. Семоќниот Господ Бог и Јагнето се нејзината светлина. Ниту една црква не може да има светлина доколку пропушти да ја шири славата што ја добива од Божјиот престол“.
— Божјата неверојатна благодат, 95.

б. Зошто многумина претпочитаат да ги затвораат очите пред вистинската Светлина и да одат во сопствените искри? Исаија 50,11; Јован 3,19-21.

„Библиската вистина, религијата на Исус Христос, се борат против силната струја на моралната нечистотија. Во срцата на луѓето предрасудите денес се многу посилни отколку во времето на Христос. Христос не ги исполнил очекувањата на луѓето; Неговиот живот претставувал прекор за нивните гревови и тие затоа Го отфрлиле. Затоа сега вистината на Божјоото Слово не се усогласува со практиките на луѓето и нивните природни склоности, и иљадници ја отфрлаат нејзината светлина“.
— Копнежот на вековите, 563.

в. На кого укажувале поставените лебови? Излез 25,30; Јован 6,48-51.

„И маната и лебовите поставени во светињата укажувале на Христа, на живиот Леб кој е секогаш во Божјо присуство заради нас“.
— Патријарси и пророци, 364.

г. Во која смисла сите популарни цркви (претставени со седум жени) преферираат да јадат ‘свој леб’? Исаија 4,1. Што е единственото нешто што тие сакаат да примат од Христа?

„Она што патот на многумина кои исповедаат религија го прави толку мрачен е недостатокот на вера. Има и такви кои се нарекуваат христијани, но не се достојни за тоа име. Тие немаат христијански карактер. Кога нивното христијанство ќе се стави на проба, нивната дволичност станува многу очевидна. Вистинската религија се одразува во секојдневното однесување. Животот на вистинскиот христијанин се одликува со искрено и несебично залагање за добро на другите и за прослава на Божјоото име.”
— 2 Сведоштво, 350.

Вторник — 22. февруари
3. ЖРТВЕНИКОТ ЗА ТЕМЈАН И КОВЧЕГОТ НА ЗАВЕТОТ

a. Што се наоѓало пред завесата на најсветото место? Излез 30,1.7.8; 40,5; Откровение 8,3.4.

„Сите кои денес доаѓаат кај Христа треба да имаат на ум дека Неговите заслуги слично на темјан се мешаат заедно со молитвите на оние кои се каат за своите гревови и примаат прошка, милост и благодат… Со смирено срце треба да упатуваме молитви на кои, како одговор од небото, ќе примиме милост, мир и радост“.
— Библиски коментари, 649.

б. Кое однесување во духовна смисла не претставува сладок мирис, туку одвратен чад пред Господа? Исаија 65,5; Лука 18,9-11.

в. Кој предмет се наоѓал во светињата над светињите?

„Во тоа одделение се наоѓал ковчегот, направен од багремово дрво, опкован со злато и однадвор и одвнатре, а при врвот порабен со златен венев. Тој бил направен со цел во него да се чуваат камените плочи на кои Самиот Бог ги напишал Десетте заповеди. Наречен е ковчег на Божјоото сведоштво, или ковчег на заветот, зашто Десетте Божји заповеди биле основа на заветот (сојузот) склучен меѓу Бога и Израел.”
— Патријарси и пророци, 358.

г. Каде вистинските верници го носат Божјиот закон? Еремија 31,33.

д. Што друго покрај Божјиот закон се наоѓало во ковчегот на заветот? Второзаконие 10,2.5; Излез 16,32-35; Евреите 9,4.

„Маната што паѓала од небото и ги одржувала Израелците, симболично го претставувала Оној Кој е ‘леб Божји… Кој слегува од небото и му дава живот на светот’… Ароновата палка, од Левиевиот дом, беше потерала… Со тоа чудо конечно е решено прашањето на свештенството. Така… било утврдено дека Мојсеј и Арон зборуваат со божествеен авторитет.”
— Патријарси и пророци, 301, 419.

Среда — 23. февруари
4. ПРЕСТОЛОТ НА МИЛОСТА СО ХЕРУВИМИТЕ

а. Опишете го престолот на милоста. Излез 25,17-21.

„Поклопецот на светиот ковчег – наречен престол на милоста – бил направен од чисто злато и наткрилен со херувими исто така направени од злато и поставени еден спроти друг. По едно крило на секој херувим било свртено кон горе, додека другото, во знак на страхопочит и понизност, го засолнувало телото на ангелот..“.
— Патријарси и пророци, 358.

б. Што претставувале двата херувима кои со стравопочит гледале на Божјиот закон? Псалм 103,20; Евреите 1,14.

„Позицијата на херувимите, свртени со нивните лица еден кон друг, и стравопочитта со која гледале кон ковчегот, ја претставува онаа почит со која небесните чети гледаат во Божјиот закон и нивниот интерес за планот на спасението. Едното крило на секој од овие два ангела било подигнато кон небото, додека со другото било покриено телото на ангелот. Ковчегот во земнотот светилиште бил модел на вистинскиот ковчег на небото. Таму, покрај небесниот ковчег, од секоја страна стојат живи ангели, засенувајќи го со едното крило престолот на милоста.”
— Патријарси и пророци, 358; Историја на откупувањето, 153.154.

в. На кој начин ковчегот на заветот го открива Божјиот карактер? Псалм 85,10.

„Божјиот закон што се наоѓал во ковчегот претставувал големо мерило на правдата и судот. Според тој закон се изречувани смртни пресуди над престапниците; но над законот се наоѓал престол на милоста на кој се откривало Божјоото присуство и од кој, благодарение на помирувањето остварено преку Христа, грешникот добивал проштавање“.
— Патријарси и пророци, 358.

Четврток — 24. февруари
5. МАНИФЕСТИРАЊЕ НА БОЖЈОТО ПРИСУСТВО

а. Што претставувала Шекината? Излез 25,22. Како можеме да ја опишеме потполно всетоста на оваа сцена?

„И на едниот и на другиот крај од ковчегот се наоѓал по еден прекрасен херувим со раширени криља. Над престолот на милоста се наоѓала Шекина, манифестација на божественото присуство, а преку херувимите Бог ја објавувал Својата волја. Од тој облак божествените пораки понекогаш му биле соопштувани на првосвештеникот. Понекогаш светлосен зрак би паѓал на десниот ангел и со тоа би одобрувал дека Бог е задоволен. Сенката на левиот ангел го покажувала Божјоото неодобрување или отфрлање…

„Нема јазик со кој може да се опишат славата и убавината на амбиентот што го давала внатрешноста на светињата; позлатените yидови од кои одблеснувала светлината од златниот светилник и брилијантните нијанси на боите од богато извезените завеси со нивните блескотни ликови на ангелите, трпезата и жртвеникот за темјан – сето тоа, позлатено, создавало фантастична убава глетка. А зад завесата светиот ковчег на заветот со своите таинствени херувими, над него светата Шекина – видливо откровение на Божјоото присуство. Меѓутоа, тоа било само слаб одблесок на славата на Божјиот храм на небото, на големото средиште на Неговото дело за откуп на човекот“.

„Славата честопати толку ги исполнувала двете одделенија така што свештеникот не можел да богослужи и бил принуден да застане на вратата од скинијата. Свештеникот во светињата, упатувајќи ги со вера своите молитви кон престолот на милоста, кого тој не можел да го види, го претставува Божјиот народ кој своите молитви ги упатува кон Христа пред престолот на милоста во небесното светилиште. Тие не можат со природни очи да Го видат својот Посредник, но со очите на верата тие Го гледаат Христа пред престолот на милоста и Му ги упатуваат своите молитви сигурни дека можат да се повикуваат на придобивките од Неговото посредување“.
— Рани списи, 34; Патријарси и пророци, 358; Историја на откупот, 155.

Петок — 25. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Опишете ги двете одделенија на светилиштето.

б. Објаснете го значењето на светилникот и поставените лебови?

в. Која е духовната смисла на златниот кадилен олтар?

г. На кој начин срцето на вистинскиот христијанин ја отсликува светлината од ковчегот на заветот?

д. На кој начин Господ понекогаш ја манифестира Својата божествена волја во светињата над светињите?

2011 • 1. Квартал

10. лекција – Дворот на светилиштето

5. март 2011
„Направи му и двор на шаторот“.
— Излез 27,9.
„Светиот шатор бил опкружен со отворен простор, наречен трем, кој бил заграден со завеси од најфино платно, закачени на столбови од месинг“.
— Патријарси и пророци, 357.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 4 Сведоштво, 151; Патријарси и пророци, 356.357.362.363.

Недела — 27. февруари
1. ДВОРОТ

а. Што било поставено околу шаторот? Излез 40,8.33.

„Влезот во тој заграден простор се наоѓал на источната страна и бил затворен со завеси прекрасно изработни од скапоцен материјал…”
— Патријарси и пророци, 357.

б. Колку врати имал дворот? Излез 38,18. Низ колку врати имаме пристап до Бог Отецот? Јован 10,9; 14,6.

„Сѐ било направено да се задоволат потребите на нашата духовна и морална природа… Исус рекол дека поставил пред нас отворена врата и дека никој не може да ја затвори. Отворената врата е пред нас, и преку Христовата благодат не осветлуваат зраци на милосрдна светлина“.
— Синови и ќерки Божји, 19.

в. Кој отсекогаш бил единствената врата за Божјото стадо? Јован 10,1-8.

„Христос е врата за Божјото стадо. Низ оваа врата влегувале сите Негови деца од најрани времиња… Мнозина изнесувале разни науки во кои светот требал да верува, биле измислени церемонии и системи од луѓето кои се надевале дека ќе добијат оправдување и мир со Бога, и на тој начин да го пронајдат влезот во Неговото стадо. Но единствената врата е Христос“.
— Копнежот на вековите, 465.

Понеделник — 28. февруари
2. ПАТОТ Е ОТВОРЕН

a. Кој факт покажува дека земјата, во однос на небесното светилиште, претставува надворешен двор каде што ‘Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29), било жртвувано? Евреите 13,12.13.

„Нашиот голем Првосвештеник завршил со жртвените приноси за Себе, кога Тој пострадал надвор од ерусалимските порти. Тогаш било направено совршено помирување за гревовите на луѓето. Исус е наш Застапник, наш Првосвештеник и Посредник. Нашата сегашна позиција затоа е слична на Израеловите синови ки стојат во надворешниот двор чекајќи ја благословената надеж, славната појава на нашиот Господ и Спасител Исус Христос… Симболот и стварноста се сретнале во смртта на Христа, како Јагне заклано за гревовите на светот. Големиот Првосвештеник ја направил единствената жртва која има вистинска вредност.”
— Да го запознаам Него, 73.

б. На кој начин патот во небесното светилиште е отворен пред нас? Евреите 9,8; 10,16-22. Каков треба да биде нашиот одговор на Божјата милостива грижа?

„Во моментот кога Христос издивнал, постоеле сведоци во храмот кои виделе како силната завеса ,од тежок материјал, од страна на невидлива рака била искината од врвот до дното. Со овој чин и на небесната Вселена и на светот изопачен од гревот им било дадено до знаење дека е отворен нов и жив пат за паднатиот човечки род“.

„Без крстот човекот не би можел да има никаква врска со Отецот. На тоа висат сите наши надежи. Имајќи го во предвид сето тоа христијанинот може да тргне по стапките на победникот; бидејќи од крстот струи светлината на Спасителовата љубов. Кога грешникот доаѓа до крстот и гледа во Оној Кој умрел за да го спаси, тој може да се радува со полнотата на радоста, бидејќи грвовите му се простени. Клекнат до крстот тој го достига највисокото место до кое човек може да достигне. Светлината на познавањето на славата Божја се открива во лицето на Исус Христос; и зборовите на помилување допираат и до него: ‘Живеј, о живеј грешнику! Твоето покајание е прифатено, зашто јас најдов откуп…’

„Наша привилегија е исто така да ја воздигаме славата на крстот на Голгота, наша привилегија е да се предадеме целосно на Оној, Кој се предаде Себеси за нас. Тогаш светлината на љубовта која не осветлила од Неговото лице ќе можеме да ја рефлектираме на оние кои сѐ уште се наоѓаат во темнина.”
— Верата со која живеам, 201; Преглед и Гласник, 29. април, 1902.

Вторник — 1. март
3. ОЛТАР ОД МЕСИНГ

а. Што стоело во дворот во близина на влезот? Излез 40,29.

„Во тремот, недалеку од влезот, бил сместен олтар од месинг за жртви паленици. На тој жртвеник Му биле принесувани на Бога сите жртви паленици, а неговите рогови биле прскани со крвта на измирување“.
— Патријарси и пророци, 357.

б. Што било наговестено од страна на фактот дека олтарот за жртва немал скалила? Излез 20,26. Како ова во духовна смисла можеме да го примениме на нас лично? Откровение 3,17.

„Потребно е, о толку многу ви е потребно во ова време да купите злато од љубов и вера, за да се обогатите; да купите бела облека на Христовата правда за да бидете облечени – да не се покаже срамот на вашата голотија на Божјиот Суд.”
— Објавени ракописи 20, 98.

в. Објаснете го начинот на кој доаѓаме перед Бога директно ‘без скалила’ или преку посредници како што се свештениците и светците? Јован 6,37; 1 Тимотеј 2,5.

„Држете се цврсто до вашата единствена надеж-драгоцената привилегија да Му пристапите на Бога преку Христа. При целосна беспомошност на вашата душа потпрете се на вашиот Посредник. Преку Него и само преку Него можете да дојдете до Бога. помировањето нема никаква ефикасност без однапред одредениот пат. Човечките обреди и методи не се од никаква корист било што да преземете без Христа потполно е празно и безвредно.

„Светиот Дух е твојата надеж. Кога го воздигате крстот од Голгота, тој ве воздига вас. Спасение можете да најдете само кога одите по Христа носејќи го крстот и следејќи ги Неговите стапки на посветеност и самоодрекување. Словото на живиот Бог треба да биде ваш водич и советник. Исус Христос е патот во светињата над светињите-пат на кој нема неизвесност. Грешникот е понизен; спасителот се возвишува како се во сѐ. Тоа е твоето засолниште“.

„Ако постапиме според словото можеме да дојдеме до Бога со целосна доверба и сигурност во вера велејќи: ‘Спомни си за словото Твое кон Твојот слуга, со кое си му дал надеж’ (Псалм 119,49). Повикот е упатен не само на поединци туку на сите.”
— Објавени ракописи 2, 24.25; Преглед и Гласник, 6. декември, 1998.

Среда — 2. март
4. МИЈАЛНИК

а. Што се наоѓало меѓу олтарот и влезот на шаторот? Излез 38,8.

„Меѓу олтарот и влезот во шаторот бил поставен мијалник кој исто така бил направен од месинг, искован од огледалата што доброволно ги приложиле израелските жени. Во тој мијалник свештениците ги миеле рацете и нозете секогаш кога влегувале во светињата или кога пристапувале кон олтарот да Му принесат жртва на Господа“.
— Партијарси и пророци, 357.

б. Какви се поуки треба да извлечеме од месинганиот мијалник кој е направен од огледалата кои израелските жени доброволно ги предале на Бога? 2 Коринтјаните 13,5.6; Јаков 1,21-25.

„Гордост и суета се манифестираат насекаде. Оние кои се склони да го поминуваат времето перед огледало восхитувајќи се себеси имаат мала склоност да се погледнат во големото морално огледало во Божјиот закон. Идолопоклонството на обликувањето уништува се што е понизно, кротко и љубезно во карактерот. Тоа го троши драгоценото време што треба да се посвети на размислување, испитување на срцето и проучување на Божјото Слово со молитва.”

„Божјиот закон претставува мерило на правдата. Тоје огледало во кое ние гледаме за да ги согледаме недостатоците на својот карактер. Кога ќе погледнеме во огледалото ние ги откриваме недостатоците на нашата облека или личност, но со самото тоа не ја отстрануваме несовршеноста. Тоа мораме самите да го отстраниме…

„Ако излегувајќи на улица сме ја извалкале својата облека со кал, а потоа враќајќи се во куќата погледнеме на свотаја извалкана облека во огледало, треба ли да му кажеме на огледалото: ‘Очисти ме од мојата нечистотија’, дали огледалото ќе не очисти? Тоа не е целта на гледање во огледалото. Сѐ што може огледалото да направи е да покаже дека нашата облека е извалкана; тоа неможе да ја отстрани нечистотијата.

„Така е и со Божјиот закон. Тој укажува на недостатоците на карактерот. Тој нѐ осудува како грешници, но тој на грешникот не му нуди никакво помилување. Тој неможе да го спаси од неговите гревови. Но Бог нашол решение. Јован вели: ‘И ако некој згреши кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот’ (1 Јованово 2,1). На тој начин ние приоѓајќи кон Него го наоѓаме Христовиот карактер, и правдата на Христовиот карактер го спасува престапникот-ако од своја страна направи сѐ што може да направи.”
— Порака за младите, 359; Знаците на времето, 5. мај, 1881; Беседи и говори 1, 15.

Четврток — 3. март
5. ПОСЕБНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА БОЖЈОТО ОДОБРУВАЊЕ

а. Што се случува кога подигањето на шаторот заедно со дворот било завршено? Излез 40,34.35.

„Израелците во групи брзале сакајќи да ја видат светата градба. Додека тие се гордееле со глетката, над светињата се наднел столб од оган, се спуштил над неа и целосно ја обвил облак. ‘И се наполни шаторот со славата Господова.’ Тоа било откровение на Божјоото величество, па за извесно време ни Мојсеј не можел да влезе во светињата. Длабоко возбудени Израелците го посматрале знакот кој им сведочел дека делото на нивните раце било прифатено. Не се слушнал ниту еден глас како израз на радост. Сите биле опфатени со свечена стравопочит. Радоста на нивното срце нашла излив во солзи радоснички и тие тивко шпотеле зборови на сесрдна благодарност на Бога што дошол да престојува меѓу нив“.
— Патријарси и пророци, 359.

б. Кое сигурно осведочување треба да ги исполни со радост и нашите срца? Римјаните 8,31; Евреите 13,6.

„И Бог кој што дотогаш бил поддршка на својот Слуга, претставувал потпиралиште на Својот народ во сите векови. Во секоја криза Божјоот народ може со доверба да рече: ‘Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?’ (Римјаните 8,31). Било какви заговори да коваат сатаната и неговите застапници, Бог ќе ги открие и ќе ги осуети. Верните и денес треба да одговорат онака како што одговорил Неемија: ‘Нашиот Бог ќе војува за нас,’ затоа што Бог е присутен во делото и никој не може да го спречи Неговиот конечен успех“.
— Пророци и цареви, 440.

Петок — 3. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Кого вратата во дворот го симболизирала?

б. Кој бил вратата за да небесното светилиште се отвори перед нас?

в. Што е наговестено со фактот дека олтарот за жртва од месинг бил во дворот најблиску до влезот?

г. Каква поука можеме да извлечеме од фактот дека мијалникот бил направен од огледало?

д. Кое сигурно осведочување треба да ги исполни со радост и нашите срца?

2011 • 1. Квартал

11. лекција – Одмор

11. март 2011
„Сладок е сонот за оној, кој се труди, – па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие“.
— Проповедник 5,12.
„Сонот, како пријатна природна обнова, го закрепнува и засилува измореното тело и го подготвува за утрешните должности“.
— 1 Сведоштво, 357.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 344-349.

Недела — 5. март
1. „НА ОНИЕ КОИ ТОЈ ГИ САКА ИМ ДАВА СОН“

а. Спиењето зазема околу една третина од секој 24-часовен период. Што треба да разбереме како и зошто ние имаме корист од него, особено во младоста? Псалм 4,8.

„Бидејќи процесот на изградба на телото се одвива во текот на часовите на одмор, од суштинско значење е, особено во младоста, спиењето секогаш да биде редовно и изобилно“. – Мојот живот денес, 157.

„Природата ќе ја обнови силата и виталноста во часовите на нивното спиење, доколку не ги прекршуваат нејзините закони“. – Здрав живот, 69.

б. Кои примери покажуваат дека Христос и Неговите апостоли ја уважувале потребата за одмор? Марко 6,31; Лука 8,23.

„На Христовите ученици им било потребно да им се дадат поуки не само како треба да работат, туку и како треба да се одморат. И денес избраните работници од Бога треба да го послушаат Христовиот налог: ‘Дојдете и вие на осамено место и одморете се малку’“. – Мојот живот денес, 147.

„Спасителот најпосле бил ослободен од притисокот на народот, и, совладан од уморот и гладта, легнал на крмата на бродот и наскоро заспал“. – Копнежот на вековите, 316.

Понеделник — 6. март
2. „РАНО ВО ПОСТЕЛА И РАНО СТАНУВАЊЕ“

a. Кој совет во поглед на спиење е најдобар за оние кои по цела ноќ остануваат будни? Псалм 104,22.23; 127,2; 1 Солунјаните 5,5.7.

„(Лекарите) треба да учат дека со учење по девет часот навечер, не само што ништо не се добива туку многу се губи“. – Објавени ракописи 8, 330.

„Не создавајте навика да седите и после девет часот навечер. Секое светло треба да се згасне. Ова претворање на ноќта во ден е јадна и нездрава навика, и со такво читање во време кога треба да се одмара, мнозина кои се занимаваат со умна работа, силно го загрозуваат своето здравје. Тоа ја повикува крвта во мозокот, а потоа настанува немир, и скапоцениот сон, кој треба да го одмори и освежи телото, не доаѓа тогаш кога е најпосакуван… Особено оние кои се занимаваат со умна работа треба да се смират и ниту на било кој начин да не се возбудуваат пред спиење“. – Објавени ракописи 9, 46.

„Спиењето пред полноќ вреди многу повеќе од она после полноќ. Два часа добар сон пред дванаесет часот вреди многу повеќе отколку по полноќ“. – Објавени ракописи 7, 224.

„Во нашите училишта светлата треба да бидат згаснати во 09:30 часот“. – Совети за родителите, учителите и студентите, 245.

б. Што кажува патријархот Јов за оние кои се обидуваат да го променат Божјиот план? Јов 17,12.

„Некои од младите се спротивставуваат на редот и дисциплината. Тие не ги почитуваат правилата на куќниот ред за времето одредено за утринско станување. Тие лежат во кревет неколку часа по разденувањето, кога сите треба да бидат на нозе. А на полноќ ги држат светлата запалени користејќи ја вештачката светлина наместо дневната светлина со која природата нѐ снабдува во предвидените часови на денот…

„Нашиот Бог е Бог на редот, и Тој сака Неговите деца да се доведат во ред и под Негова дисциплина. Зарем нема да ни биде подобро ако раскинеме со оваа навика на претворање на ноќта во ден, и свежите утрински часови во ноќ? Ако младите формираат навики на редовност и поредок, тие ќе го подобрат здравјето, во духовноста, меморијата и склоностите“. – Водење на детето, 111.112.

Вторник — 7. март
3. ПРЕМОРЕНОСТ

а. Како треба да водиме грижа за здравјето на нашите мисионери, работници и служители во Црквата? 2 Коринтјаните 1,6; 2 Тимотеј 2,10.

„Голема грешка е проповедникот постојано да работи на службени должности, одејќи од место до место, и присуствувајќи до длабоко во ноќта на разни состаноци и на седници на одбор. Ова го замара и обесхрабрува“. – Слуги на евангелието, 245.

б. Што обично го нарушува сонот, и како тоа може да се избегне? Проповедник 10,17.

„Доколку воопшто се зема трет оброк, тој треба да биде лесен и неколку часови пред заминување во постела.

„Меѓутоа, кај многу несреќници, заморениот желудник може напразно да се жали барајќи одмор. Во него се внесува повеќе храна, која ги става органите за варење во движење за повторно да ја вршат истата работа и за време на спиењето. Сонот на таквите личности често пати е пореметен со непријатни соништа и наутро тие се будат неосвежени. Се јавува чувство на изнемоштеност и губиток на апетит. Низ целото тело се чувствува недостиг на сила. За кратко време органите за варење се исцрпени, бидејќи немале време за одмор. Овие луѓе стануваат несреќни диспептичари кои патат од лошо варење и се прашуваат што ги сторило такви. Причината предизвикала сигурни последици“. – Совети за исхраната, 174.

„Ако оваа навика (на јадење доцна во ноќта, непосредно пред спиење) се практикува подолго време, здравјето ќе стане сериозно оштетено. Крвта станува нечиста, тенот нездрав, а често се појавува и осип на кожата. Често ќе слушнете како некои се жалат на болки и запаленија во пределот на стомакот; и додека ја извршуваат својата работа желудникот толку ги измачува така што се принудени да се воздржат од работа и да се одморат. Тие изгледа не се свесни за својата состојба и не водат сметка за тоа; бидејќи штом ќе поминат болките, тие изгледаат здрави…

„Откако стомакот, кој бил преоптоварен, ќе ја изврши својата задача, тој станува исцрпен, што предизвикува истоштеност. Тука мнозина се заблудени, мислејќи дека поради недостиг на храна се јавуваат такви чувства, и не давајќи му на стомакот време за одмор, повторно јадат и тоа уште повеќе, што за некое време ја отстранува истоштеноста“. – Здрав живот, 165.

в. Наведете два примери кои покажуваат како Божјите слуги настојувале да го олеснат заморот кај другите? Создавање 18,2-4; Создавање 17,11.12.

Среда — 8. март
4. ОДМОР НЕ СЕ НАОЃА САМО ВО СПИЕЊЕ

а. Под кои услови можеме да уживаме во одморот даден од Христа? Матеј 11,28-30; Јован 14,27.

б. На кој начин Христовиот јарем ни дава одмор? Исаија 48,17.18; Еремија 6,16.

„Јаремот кој нѐ впрегнува во службата е Божјиот закон. Големиот закон на љубовта е откриен во Едем, објавен на Синај, а во Новиот завет напишан во срцето, е она што го поврзува човекот работник за Божјата волја. Кога би биле оставени да ги следиме нашите сопствени склоности, да одиме таму каде нашата волја нѐ води, би паднале во редовите на сатаната и би ги попримиле неговите особини. Затоа Бог нѐ врзува со Својата волја, која е возвишена и благородна. Тој посакува ние трпеливо и мудро да ги преземеме работните должности. И самиот Христос во Својот човечки лик го носел јаремот на службата. Тој рекол: ‘Со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот закон е во срцето мое’ (Псалм 40,8). ‘Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати’ (Јован 6,38). Љубовта кон Бога, ревност за славата Негова, и љубов кон паднатото човештво го довеле Исуса да страда на земјата и да умре. Тоа била силата која управувала со Неговиот живот. Тој нѐ повикува да го прифатиме овој принцип“. – Копнежот на вековите, 311.

в. Зошто Евреите како народ не успеале да влезат во Божјата почивка? Како ние можеме да го избегнеме повторувањето на неуспехот на стариот Израел? Евреите 3,18.19; 4,1-3.10.11.

„Прифати го водството на Светиот Дух за твоја духовна просветленост и под тоа водство следи ги упатствата Господови. Оди таму каде Господ те упатува, прави го она што Тој ти заповеда. Чекај на Господа, и Тој ќе ја обнови твојата сила“. – Одбрани пораки 2, 230.

„Иако времето е кратко, а работата која треба да се изврши е голема, Господ не е задоволен со нас ако нашето работно време го продолжуваме толку многу така што ќе немаме време за одмор, за проучување на Библијата и за комуникација со Бога“. – Мојот живот денес, 147.

Четврток — 9. март
5. СЕДУМДНЕВЕН ЦИКЛУС

а. Каков благослов седмичниот одмор значи за наше физичко, духовно и умно освежување? Создавање 20,9-11.

б. Како саботниот одмор е поврзан со нашиот откуп? Создавање 31,13; Марко 2,27.28.

„На сите кои саботата ја примаат како знак на Христовата создавачка и искупувачка сила, таа ќе им биде милина. Гледајќи го Христа во неа, тие ќе се радуваат во Него. Саботата им укажува на делата на создавањето како доказ на Неговата моќна сила во откупувањето. Саботата потсетува на изгубениот мир во Едем и истовремено укажува на мирот воспоставен преку Спасителот“. – Копнежот на вековите, 269.

в. Што значи да се одмара во сабота? Исаија 58,13; Матеј 12,12; Дела 16,13.

„На Бога не Му е угодно кога луѓето кои ја слават саботата ќе го преспијат поголемиот дел од овој ден. Тие со тоа Го срамат својот Творец и со својата постапка зборуваат дека шесте дена во седмицата се премногу драгоцени за да можат да се одмараат во нив. Мораат да заработуваат пари, па ако треба и ќе се лишат од потребниот сон, а потоа тоа го надополнуваат спиејќи во светиот ден… Овие луѓе погрешно го користат светиот ден“. – 2 Свед., 792.

г. Каков пример во поглед на правилното празнување на саботата оставиле првите ученици и Ананија, без што тие не би имале добар извештај од Евреите? Лука 23,56; Дела 22,12; 2,47 (прв дел).

Петок — 10. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Во која смисла поимот на одмор се однесува на воздржаност?

б. Зошто е подобро порано да се оди на спиење?

в. Што се случува кога ние легнуваме со храна која сé уште е во нашиот стомак?

г. Каков одмор Христос нуди во Евангелие според Матеј?

д. Како повеќето не успеваат да го разберат вистинското значење на саботниот одмор?

2011 • 1. Квартал

12. лекција – Христијанска облека

18. март 2011
„Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни“
— 1 Тимотеј 6,8.
„Големината на физичкото страдање предизвикано од неприродното и нездраво облекување не може да се процени“.
— 4 Сведоштво, 607.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Одбрани пораки 2, 465-479.

Недела — 12. март
1. ЗАМЕНА НА ОБЛЕКАТА

а. Што откриле Адам и Ева кога не Го послушале Бога, и со што ја замениле својата небесна облека? Создавање 3,7-11.

„Адам и Ева јаделе од плодот и се стекнале со знаење кое, доколку Го слушале Бога никогаш не би го стекнале – со горкото искуство во непослушност и нелојалност на Бога сознале дека се голи. Облеката на невиност, покривка од Бога која ги опкружувала, исчезнала; и тие таа небеска облека се обиделе да ја заменат со плетење на престилка од смоквини лисја“.
— РХ, 15. февруари, 1898.

б. Што всушност претставува покривката сплетена од смоквини лисја? Исаија 64,6.

„Прекривката од смоквини лисја ги претставуваат аргументите кои се користеле да се покрие непослушноста“.
— РХ, 15. ноем., 1898.

в. Што значи тоа да се биде облечен во облеката на Христовата правда? Исаија 61,10.

„Кога ние се предаваме на Христа, нашето срце се соединува со Неговото, нашата волја се спојува со Неговата волја, нашиот ум станува едно со Неговиот, нашите мисли се заробуваат во покорност Нему – ние живееме Негов живот“.
— Христовите поуки, 278.

Понеделник — 13. март
2. РАЗГОЛЕНОСТ

а. Кој библиски запис покажува како Бог гледа на разголеноста? Создавање 9,20-25; Создавање 20,26.

б. Со каква цел сатаната ја користи разголеноста, и кој е неговиот главен инструмент да го сее семето на неморалот? 2 Самоилова 11,2-4; Матеј 5,27.28.

„Оваа заповед ги забранува не само валканите дела, туку и неморалните мисли и желби и секоја навика што би ги поттикнувала.

„Кога еднаш бариерите на женската скромност се отстранети, ниту најниската разузданост повеќе не изгледа грешна. Леле, колку страшни последици на заводничкото влијанието на неморалните жени можат денес да се видат во светот!“
— Патријарси и пророци, 314; Адвентен дом, 58. 59.

в. Кои гревови се поттикнуваат и прават преку изложувањето и гледањето на делумното или целосното разголување? Галатјаните 5,19-21; 2 Петрово 2,14.

„Планот на сатаната е да ги ослаби способностите на умот и да ги потчини на сензуалноста, но Божја волја не е умот на таков начин да се потчини на контролата на лукавиот непријател. Тој сака Неговите деца во интелектуална и духовна определба да напредуваат“.
— Совети за родителите, учителите и студентите, 195.

г. До каква трансформација во начинот на облекување доаѓа во животот на лицето кое својата љубов ја подарува на светот а сега се посветува на Бога? Лука 8,27.35; 1 Коринтјаните 4,9 (последен дел).

д. Со што се споредува христијанската облека? Матеј 6,28.29.

„Цело небо будно и со голем интерес набљудува какво влијание шират околу себе оние кои се сметаат за Христови следбеници. Сестри мои, вашата облека зборува или за Христа и за Неговата света облека или за овој свет. За кого сведочиме со својот изглед? Да имаме секогаш на ум дека мораме да полагаме сметка пред Бога и за влијанието кое сме го ширеле“.
— 4 Сведоштво, 614.

Вторник — 14. март
3. СКРОМНОСТ ВО ОБЛЕКУВАЊЕТО

а. Кои се некои од карактеристиките на добрата облека?

„Нашата облека, иако скромна и едноставна, треба да биде од добар квалитет, пригодни бои и прилагодена за службата. Поголемо внимание треба да се посвети на издржливоста на материјалот отколку на неговиот изглед. Таа треба да обезбеди топлина и соодветна заштита…

„Таа треба да биде израз на пристојност, убавина, на подесност и природна едноставност.

„Христос нѐ предупредува против гордоста на животот, но не и против неговата милост и природна убавина“.
— Совети за родителите, учителите и студентите, 250.

б. Каков вид на облека треба да се избегнува? 1 Тимотеј 2,9; Исаија 3,16-24.

„(1 Тимотеј 2,9). Тука се забранува суетност во облекувањето, упадливи бои и раскошни украси. Сето она што е дизајнирано за да привлече внимание на носителите или да предизвика восхит е спротивно на скромноста во облекувањето, препорачано во Божјото Слово“.
— Совети за родителите, учителите и студентите, 249.

в. Каква разлика мора да се почитува помеѓу машката и женската облека? Второзаконие 22,5.

„Се забележува сѐ поголема склоност жените според својот начин на облекување и надворешен изглед да станат што послични на мажите, и обликот на нивната облека станува сѐ послична на машката, но Бог кажува дека тоа Му е одвратно…

„Бог бара помеѓу машката и женската облека да има јасна и истакната разлика, и Тој тоа прашање го смета за толку важно така што дал изрични упатства во тој поглед“.
— 1 Сведоштво, 412.414.

г. До какви непристојности доведувале кринолините во деновите на сестра Вајт – и како многумина денес се виновни за уште поголема нескромност? Изреки 7,10; Исаија 3,16.17; Еремија 8,12.

„Дами со долги фустани, особено ако во долниот раб се проширени со обрач (кринолина), додека одат надолу или нагоре по скалите, додека поминуваат низ тесната врата на сообраќајните возила, или додека ги подигаат нивните здолништа да не ја собираат нечистотијата од улицата, понекогаш се разоткриваат до таа мерка што пристојна особа гледајќи го тоа мора да поцрвени од срам“.
— Здравствен реформатор, 1. август, 1868.

Среда — 15. март
4. НЕЗДРАВО ОБЛЕКУВАЊЕ

а. Кои делови на телото треба да бидат заштитени, и зошто? Лука 15,22 (последен дел).

„Нашите екстремитети и нозете соодветно треба да се заштитат од студот и влагата за да се обезбеди циркулација на крвта во нив… Утринските вежби се најсигурна заштита против настинки, кашлање, насобирање на крвта во мозокот и белите дробови, воспаление на црниот дроб, бубрезите и белите дробови, и стотина други болести“.
— Здравствен реформатор, 1. сеп., 1868.

б. Опиши ја и нездравата состојба предизвикана од модата во нашето општество – и објасни како да се поправи овој проблем.

„Здравјето на целиот организам зависи од здравото функционирање на дишните органи… Женскиот фустан треба да биде обесен на рамениците“… „Но, вистина е дека денес поголемиот дел од жените носат облека која е толку припиена до телото што животните органи не можат правилно да функционираат. Секој дел од облеката би требал да биде толку комотен да ја подигнува и облеката со подигањето на раката“… „Секој дел од облеката треба да биде доволно широк, за да не ја попречува ниту циркулацијата на крвта, ниту слободното, природно длабоко дишење“.
— Исто, 1. февруари, 1872; Христијанска умереност, 118; Здравје и среќа, 228.

в. На што во своето облекување посебно внимание треба да обратат оние кои живеат во постудени области?

„(Една) голема причина за смртноста кај доенчињата и младите е обичајот кој ги остава грбот и рамениците голи. Во осудата на оваа мода не можеме да бидеме премногу строги… Воздушната бања на грбот и екстремитетите и кружењето околу пазувите, ги разладува овие чувствителни делови на телото толку блиску до виталните органи, ја попречува здравата циркулација на крвта и предизвикува болест, особено на белите дробови и на мозокот“… „Посебно внимание треба да се посвети на екстремитетите, и тие да бидат исто така темелно облечени, како градите и пределот околу срцето“… „Зошто и твојата ќерка не ја облекуваш така удобно и така правилно како што го правиш тоа со твојот син? Во текот на студената и ветровита зима нејзините екстремитети и нозете се облечени со декорирани панталони, долна облека, кратки волнени чорапи и кожни чизми. Ова е како што треба да биде, но вашата ќерка е облечена според барањата на модата, а не здравјето ниту удобноста“.
— Одбрани пораки 2, 467; Мојот живот денес, 159; Здравствен реформатор, 1. септември, 1868.

Четврток — 16. март
5. ЗДРАВО ОБЛЕКУВАЊЕ

а. Колку внимателни треба да бидеме при изборот на нашата облека? Матеј 10,32.33; Колосјаните 3,23-25.

„Нашите зборови, нашите постапки и нашиот начин на облекување јасно и недвосмислено зборуваат дали ние собираме со Христа или пак растураме. Тоа не е безначајна ситница преку која можеме лесно и со насмевка да преминеме. Прашањето за облекувањето бара да размислиме за тоа најсериозно и со молитва“… „Пуританската простота и едноставност треба да ги означуваат живеалиштата и облеката на сите оние кои веруваат во свечените вистини за ова време“.
— 4 Сведоштво, 614; Порака до младите, 315.

б. Каква поука можеме да научиме од упатството дадено на Израелскиот народ во врска со носењето на сина лента? Броеви 15,38-41.

„Ако Бог дал толку јасни упатства на Неговиот древен народ во поглед на нивната облека, зарем Неговиот народ во ова време во поглед на облеката е без Негови инструкции. Зарем не треба и во облекувањето да се разликуваме од овој свет“.
— Нашиот висок повик, 271.

в. Каква утешна сигурност можеме да имаме ако нашиот вкус за световна убавина го замениме со Христовиот повисок идеал на вистинска убавина? 1 Петрово 3,3.4.

„Никаков надворешен изглед не може да се спореди со вредноста на ‘постојаниот тивок дух’ (1 Петрово 3,4), што е голема вредност пред Бога“.
— Здравје и среќа, 225.

Петок — 17. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Како често и ние сме виновни за правење на ‘смоквини лисја’ во нашиот живот?

б. Бидејќи здравото стебло може да се препознае по лисјата, што открива нашата облека?

в. Опиши некои од духовните проблеми предизвикани поради употреба на тесна облека.

г. Наведи некои несоодветни стилови на облека?

д. Како можеме да ги подобриме нашите христијански сведоштва?

2011 • 1. Квартал

13. лекција – Благодарност и среќа

25. март 2011
„А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог“.
— Јоил 2,23.
„Кога духот ни е среќен и задоволен заради чувството дека сме ја исполниле нашата должност, кога сме свесни дека ги усреќуваме другите, влијанието, кое бодри и облагородува, внесува нов живот во целото битие“.
— Здравје и среќа, 198.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 183-201.

Недела — 19. март
1. ВЕСЕЛО СРЦЕ

а. Како нашите мисли влијаат на нас физички? Изреки 17,22.

„Состојбата на умот има многу поголемо влијание врз здравјето, отколку што многумина воопшто можат да сфатат. Многу болести од кои луѓето страдаат се резултат на ментална депресија. Жалоста, загриженоста, незадоволството, грижата на совеста, чувството на вина, неверувањето – сето тоа придонесува за ослабнување на животните сили и води кон уништување и смрт.

„Имагинацијата на пациентот честопати ја предизвикува или многу ја влошува неговата болест“. — Здравје и среќа, 183.

„Кога ние одиме жалосни, оставаме впечаток врз умовите дека на Бога не му е мило да бидеме среќни, и на овој начин даваме лажно сведоштво против нашиот небесен Татко“.
— RH, 14. јан, 1890.

б. Каков став е потребен за да уживаме во добро здравје? Псалм 5,11; 1 Солунјаните 5,18.

„Храброста, надежта, верата, сочувството и љубовта го обновуваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволното срце и радосниот дух претставуваат здравје за телото и сила за душата. ‘Веселото срце е благотворно како лек’ (Изреки, 17,22)“. — Здравје и среќа, 183.

„Важноста на силата на волјата и самосовладувањето како за чување така и за обновување на здравјето… од друга страна, прекрасната животна сила која се наоѓа во доброто расположение, несебичност, благодарноста – сето тоа исто така треба да се прикаже“.
— Воспитување, 197.

Понеделник — 20. март
2. МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

а. Ако се занемари физичкото здравје, кој дел од нашето битие ќе стане засегнато? 1 Коринтјаните 3,17; 6,19.20.

„Помеѓу умот и телото постои таинствена и чудесна врска – тие реагираат едно на друго. За да се одржи телото во здрава состојба за да ги развие своите сили, за да може секој дел од живата машина да делува хармонично, треба да биде прва грижа во нашиот живот. Да се занемари телото значи да се занемари умот. Болното тело и закржлавениот ум не можат да служат на слава на Бога“.
— 3 Сведоштво, 452.

б. Каков метод користи сатаната за да го уништи нашиот ум? Псалм 101,3.

в. Со што треба да биде обземен нашиот ум? Филипјаните 4,8. Со кое правило треба да се раководиме во своите постапки? Исаија 33,15.16.

г. Какоможеме да добиеме утеха среде искушенијата и тешкотиите? Филипјаните 4,4-7; Плач Ер. 3,26; Исаија 57,15.

„Не губете ја вашата потпора. Држете се цврсто до Исуса… Тешкотии ќе се појават. Ќе наидеш на пречки. Гледај постојано на Исуса. Кога ќе се појават итни случаи, прашај: Господе, што да направам сега?“ — Адвентен дом, 207. 208.

„Вера, трпение, воздржување, небесно расположение и доверба во мудроста и добрината на нашиот небесен Отец, тоа се совршени плодови кои созреваат и кога ќе наидат облаци на разочарување и тешки загуби“. — Библиски коментари, 818.

„Ние треба да ја проучуваме Божјата Реч и да ѝ се покоруваме. Тогаш срцето ќе најде мир, среќа и радост и нашите мисли ќе бидат насочени кон небото. Меѓутоа, ако вистината се чува одделена од животот, во предворјето, срцето нема да биде загреано од пламенот на Божјата добрина“.
— 5 Сведоштво, 517.

Вторник — 21. март
3. АКТИВНОСТА НОСИ СРЕЌА

а. Кои активности донесуваат среќа – дури и на оние кои се многу болни? Дела 25,30; Галатјаните 6,9.10.

„Добрите дела претставуваат двоен благослов; тие се благотворни не само за оние за кои се наменети, туку и за оној што ги прави. Осведочувањето дека го правиме она што е исправно, претставува еден од најдобрите лекови против болестите на телото и душата. Кога духот ни е среќен и задоволен заради чувството дека сме ја исполниле нашата должност, кога сме свесни дека ги усреќуваме другите, влијанието, кое бодри и облагородува, внесува нов живот во целото битие.

„Наместо постојано да бара сочувство, инвалидот треба да се потруди да сочувствува со другите. Положете го бремето на своите слабости, таги и болки на сочувствителниот Спасител. Отворете го вашето срце за Неговата љубов и дозволете преку вас таа да потече и на другите. Имајте предвид дека секој има тешкотии што мора да ги поднесува и тешки искушенија на кои што треба да се спротивстави и дека вие нешто може да сторите, со цел да го олесните нивното бреме. Изразувајте благодарност за благословите во кои уживате; покажете дека го цените вниманието што ви се укажува. Чувајте го вашето срце секогаш полно со Божјите скапоцени ветувања, за од него, како од ризница да потечат зборови што ќе претставуваат утеха и сила за другите. Тоа ќе влијае спасоносно и благотворно на вас. Настојувајте секогаш да бидете благослов за оние што ве опкружуваат и секогаш ќе пронајдете пат и начин како да бидете од помош, како за членовите на своето семејство, така и за другите.

„Кога и оние со слабо здравје би можеле да заборават на себе, интересирајќи се за другите; кога би го исполниле Божјиот налог да им служат на оние што се позагрозени од нив, тогаш би ја вкусиле вистинитоста на пророчкото ветување: ‘Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје брзо ќе процвета’ (Исаија 58,8)“.
— Здравје и среќа, 198.199.

б. Кои активности се одличен лек за умот и за телото? Исаија 58,6-8; Матеј 25,32-40.

„Секој зрак на светлина која ја пренесуваме на другите ќе се одрази врз нашите сопствени срца. Секој збор на љубов и сочувство изговорен на тажните, секоја постапка направена за да се намалат страдањата на угнетените, и секој дар за снабдување на потребите на нашите ближни и да се прослави Божјото име, ќе резултира со благослов на давателот. Оние кои на тој начин работат ги почитуваат законите на небото и ќе добијат одобрение од Бога. Задоволството дека на другите сме им направиле добро ќе проструи како блесок на молњата низ нашиот нервен систем, ќе ја забрза циркулацијата на крвта и ќе го поттикне умното и физичкото здравје“.
— Ум, карактер и личност 2, 642.

Среда — 22. март
4. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТАГА

а. Како горчината, тагата во срцето и вината влијаат на здравјето? Изреки 12,25.

„Болести на умот владеат насекаде. Девет десетини од болестите, од кои луѓето страдаат имаат основа овде. Можеби некои домашни животни проблеми ја нагризуваат душата како рак и ги ослабнуваат животните сили. Грижата на совеста понекогаш ги поткопува темелите на здравјето и доведува до дисбаланс на умот“.
— 5 Сведоштво, 419.

б. Кои се некои од причините за малодушноста на духот? Псалм 55,4.5; Матеј 6,34.

„Бог не посакува да одиме во маката на духот. Да не гледаме во нашето искуство само трње и чички. Во градината на Божјото Слово треба да береме лиљани, рози и миризливи каранфили на Неговите ветувања. Оние кои гледаат само тешкотии во нивното животно искуство ќе разговараат за сомнежите и обесхрабрувањата, затоа што не гледаат на Исуса, Јагнето Божјо, кое ги зеде гревовите на светот“.
— Да го познаам Него, 278.

в. Каковлексепрепорачува за малодушноста на духот, и на коепредупредувањеморамедавнимавамевослучај на вознемиреност? Псалм 100,1-5; 101,1; 1 Солунјаните 5,16.17.

„За оние кои се раздразнети со нешто, кои се вознемирени или некаде брзаат, би било подобро да не јадат додека не се смират и одморат; бидејќи животните сили, веќе толку оптоварени, не се во состојба да лачат доволно количество од течностите кои се потребни за варење“.
— Христијанска умереност, 66.

г. Кој е најдобриот медицински рецепт против обесхрабреноста? Псалм 27,14; 31,24.

„Христовата љубов го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и силата на најважните животни органи — силата на мозокот, срцето и нервите; таа ги поттикнува на работа највозвишените сили на човековото битие. Ја ослободува душата од вина и тага, од немир и грижа, кои ги уништуваат животните сили. Со неа доаѓаат спокојство и сталоженост; таа во душата буди радост која не може да ја уништи ништо земно — радост во Светиот Дух, радост која донесува здравје и живот.“
— Здравје и среќа, 73.

Четврток — 23. март
5. НАЈВОЗВИШЕН БЛАГОСЛОВ

а. На кој начин Бог пребива во нашето срце за да ни даде победа над неволјите и разочарувањата? Јован 16,13; Ефесјаните 5,18-20; Евреите 10,22-25.

„Ние живееме во свет преполнет со страдања. На секој чекор од нашиот пат нѐ чекаат тешкотии, искушенија и тага. Но многу луѓе си го отежнуваат бремето на животот постојано предвидувајќи само неволји. Кога ќе ги снајде некоја невоља или разочарување, тие мислат дека сѐ оди кон пропаст, дека нивната загуба е најтешка и дека сигурно ќе наидат на криза. На таков начин тие си навлекуваат беда и фрлаат сенка на сѐ што ги опкружува. За нив животот станува тешко бреме. Но не треба да биде така. Тие ќе мораат да вложат одлучни напори да го сменат текот на мислите и таа промена може да се постигне. Нивната среќа во овој живот како и блаженството во идниот, зависи од насочувањето на сопствените мисли кон она што е убаво и пријатно. Пренасочете ги од таа мрачна слика што е плод на нивната имагинација кон благословите, кои Бог ги послал на нивниот пат, а потоа и кон она што е невидливо и вечно“.
— Здравје и среќа, 189.

б. Во овој свет на страдања и болести, која треба да биде нашата постојана молитва, и каков благодатен одговор доаѓа од Божјиот престол? Псалм 67,1.2; Еремија 30,17.

„Оние што го чекаат Младоженецот треба да му кажат на народот: ‘Еве го вашиот Бог!’ Откривањето на Неговиот карактер полн со љубов е последен зрак на милосрдната светлина, последна порака на милоста што ќе му се објави на светот. Божјите деца треба да ја објават Неговата слава. Со својот живот и карактер треба да покажат што сторила Божјата благодат за нив“.
— Христовите поуки, 380.

Петок — 24. март
ПРЕГЛЕД И ПРАШАЊА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

а. Зошто преку тагата погрешно Го прикажуваме нашиот милостив и добар Бог?

б. Како нашите мисли влијаат на нашето физичко тело?

в. Наведи еден значаен лек кој може да ослободи од било која болест?

г. Што треба да сфатиме за моќта на Христовата љубов кон нас?

д. На што нашите мисли постојано треба да се задржуваат?