2. лекција: Човековото тело

9. октомври 2010.

„Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае.“

ПСАЛМ 139,14

„Ние овде можеме да се восхитуваме на Божјите дела во светот на природата, но човечкиот организам е нешто највеличествено“ — Совети за родителите, учителите и студентите, 100.

НЕДЕЛА: 1. ПРОУЧУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО

а. На кој предмет Бог сака да му дадеме прво место? — Матеј 6,33; Псалм 86,11; Изреки 9,10.
б. Зошто треба да покажеме интерес за изучување на физиологијата? — Псалм 139,14.
„Родителите треба да настојуваат кај своите деца да разбудат интерес за изучување на физиологијата. Од првата мугра на разумот човековиот ум треба да постане интелигентен во поглед на физичката структура… Меѓу избраните студии за децата, физиологијата зазема важно место. Сите деца треба да ја изучуваат. И тогаш родителите треба да сфатат дека тоа практично оди заедно со хигиената.“ — Совети за родителите, учителите и студентите, 100.
в. Што треба да сфатиме за тесната врска помеѓу нашето физичко тело и нашето здравје? — Псалм 119,73.
„Законите што управуваат со нашиот организам Бог ги впишал во секој нерв, мускул и влакно во телото. Секое немарно или намерно кршење на овие закони е грев против нашиот Создател.“ — Воспитување, 172.

ПОНЕДЕЛНИК: 2. ПРЕКРАСНО СОЗДАДЕН

а. Што можеме да научиме од функциите на различните делови на телото? — 1 Коринтјаните 12, 12.14.
„(Учениците) кога ќе согледаат дека навистина се чудесно создадени (Псалм 139,14), ќе бидат исполнети со стравопочит. Наместо да го расипуваат делото на Божјите раце, тие ќе посакаат да сторат се што е во нивна моќ да го исполнат прекрасниот план на Создателот. На тој начин ќе се постигне послушноста на законите на здравјето да не ја сметаат за жртва или самооткажување, туку за она што таа навистина е, непроценливо предимство и благослов.“ — Воспитување, 175.
б. Може ли еден дел од телото да страда без да влијае на другите делови? — 1 Коринтјаните 12,26.
„За хармонична акција на сите делови — мозокот, коските и мускулите — потребно е да се обезбеди целосен и здрав развој на целиот човечки организам.“ — Темели на христијанското воспитување, 426.
в. Како треба да се грижиме за нашето тело? — 1 Коринтјаните 3,16.
„Бог грижливо и верно го создал човековиот организам и Тој не обврзува да го проучуваме, да ги разбереме неговите потреби и да ја исполниме нашата улога во заштитата од она што му наштетува и го осквернува.“ — Здравје и среќа, 210.
д. Зошто е важно да се сочуваат во добра здравствена состојба дури и најмалите делови на нашиот организам? — 1 Коринтјаните 12,25.
„Способностите на умот и телото треба да бидат внимателно чувани. Нашите дарови не смееме да ги ослабиме поради самоугодување. Секоја способност треба внимателно да биде сочувана за да биде секогаш подготвена за употреба. Ниеден дел од физичкиот организам не треба да ослабне поради злоупотреба. Секој дел, иако мал, има влијание врз целината. Злоупотребата на еден нерв или мускул ја намалува корисноста на целото тело. Оние за кого Христос го дал Својот живот треба своите навики и практики да ги доведат во согласност со Неговата волја.“ — Поглед угоре, 379.

ВТОРНИК: 3. СЕГАШНИОТ ЖИВОТ

а. Од што зависи животот на секоја ќелија? — Левитска 17,14; Второзаконие 12,23.
„За да имаме добро здравје, мораме да имаме добра крв, затоа што крвта е река на животот. Таа го надоместува истрошеното и го храни нашето тело. Таа донесува живот и виталност до секој дел од нашиот организам, кога е задоволена со соодветни хранливи елементи и прочистена и засилена од допирот со свежиот воздух. Колку е подобра нејзината циркулација, толку подобро таа ќе ја извршува својата задача.“ — Здравје и среќа, 210.
б. Што е потребно за да крвта со кислородот и хранливите материи се пренесе до сите делови од телото? — Создавање 2,8.15.
„Потребно е на децата да им се даваат едноставни лекции за разните органи на телото и да ги научат напамет. Идејата дека физичките вежби го зајакнуваат секој орган и даваат нов живот и исхрана за секој дел од живата машина треба длабоко да се всади во умот… Мозокот мора да планира и да дава наредби, а мускулите треба да ја вршат волјата на мозокот.“ „Совршеното здравје бара совршена циркулација.“ — Објавени ракописи V, 222.223; Здравје и среќа, 228.
в. Како ферментацијата во стомакот влијае врз целото тело?
„Нарушувања настануваат поради неправилна комбинација на храна, настапува ферментација (вриење); крвта е затруена а мозокот во конфузија.“ — Совети за животот и исхраната, 110.
д. Што треба да бараме од Бога, за да го направиме она што е најдобро за нашата благосостојба? — Псалм 51,10.
„Чистиот и благороден живот, живот на победа над апетитот и страстите, е возможен за секој што ќе ја соедини својата слаба, колеблива човекова волја, со непроменливата и непоколеблива Божја волја.“ — Здравје и среќа, 125.

СРЕДА: 4. ОПАСНОСТ ОД ОПИЕНА КРВ

а. Со што најчесто се опијува крвта? — Исаија 22,13.
„Многу зачинетата храна го надразнува желудникот и поттикнува желба за нешто што уште повеќе надразнува… лицата кои им се предавале на задоволствата на нивниот апетит и слободно јаделе месо, многу зачинети сосови и разни видови на богати колачи и компоти, не можат веднаш да ја засакаат едноставната, здрава и корисна храна.“ — Христијанска умереност, 18; Совети за животот и исхраната, 158.
б. До какви сериозни последици доведува зачинетата и раздразлива храна?
„Преобилната и раздразлива храна трескавично ја вознемирува крвта, го возбудува нервниот систем и многу често ја замаглува претставата за моралот до таа мерка што телесните побуди ги превагнуваат и разумот и совеста… Масите на христијанските родители не треба да изобилуваат со храна која содржи мирудии и зачини.“ — Христијанска умереност, 181; Совети за родителите, учителите и студентите, 101.
в. Со што, во повеќето случаи, можеме да ја замениме употребата на лековите, и зошто? — Јован 4,7 (последен дел); Езекиел 47,12.
„Господ не упатил дека голема ефикасност во лекување може да се постигне со правилна употреба на водата… Постојат едноставни билки кои можат да се користат за закрепнување на болните, чие влијание врз организмот е многу поразлично од влијанието на наркотиците кои ја трујат крвта.“ — Одбрани пораки 2, 288.

ЧЕТВРТОК: 5. СОЗДАТЕЛОТ И ЧУВАРОТ НА ТЕЛОТО

а. Кој го одржува човечкото тело? — Псалм 36,9; 66,8.9.
„Творецот будно бдее над човековата машинерија, одржувајќи го во движење. Кога не би била Неговата постојана грижа, пулсот би престанал да чука, срцето би престанало да работи, мозокот повеќе не би ја извршувал својата функција.“ — Совети за здравјето, 586.
б. Зошто, тогаш, постојат толку болести? — Осија 4,6 (прв дел); Исаија 24,4.5.
„Најголема причина за човечкото страдање е во тоа што не знаат како да го сочуваат своето здравје и како да се лекуваат.“ — PDF извор.
в. Што треба да научиме за да уживаме во здравјето и да го продолжиме животот? — 1 Коринтјаните 10,31; 3,9.
„Оние кои своите навики во јадење и пиење ги држат под контрола на здравиот разум, јадат и пијат во слава на Бога, можат да ги продолжат деновите на својот живот. Јадете за да живеете, не живејте за да јадете… Секоја способност и секоја особина треба да се користи за слава на Неговото име.“ — Денес со Бога, 123, 90.

ПЕТОК: ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

  1. Зошто децата треба да имаат длабоко разбирање на физиологијата а не само да ги учат правилата за здравјето?
  2. Каков благослов ни донесува проучувањето на физичкото здравје?
  3. Зошто крвта е толку важна?
  4. Кои се опасностите од јадење на зачинета храна?
  5. Каква треба да биде нашата цел во однос на нашето физичко тело?

3. лекција: Умот и телото

16. октомври 2010.

„Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.“

1 КОРИНТЈАНИТЕ 6:20

„Поврзаноста која постои помеѓу телото и духот е многу длабоко изразена.“

НЕДЕЛА: 1. ИНТИМНА ВРСКА

а. Кои се составните делови на човечкото битие? — 1 Солунјаните 5:23.

„Божјиот народ треба да расте во благодат посветувајќи ја својата душа, тело и дух на Него.“

ПОНЕДЕЛНИК: 2. НИЕ СМЕ ОНА ШТО ЈАДЕМЕ

а. Што кажува Библијата за јадењето и за пиењето?

„Нашите навики во јадењето и пиењето покажуваат дали сме од овој свет или сме меѓу оние кои Господ ги повикал.“

в. Како погрешните навики во исхраната влијаат на децата?

„Шеќерот не е добар за стомакот. Тој предизвикува ферментација, а тоа го заматува умот.“

ВТОРНИК: 3. ИЗМЕНЕТИ НЕРВИ

а. Објасни зошто начинот на кој се храниме влијае на нашето духовно здравје?

„Исхраната има многу заедничко со религијата. Начинот на кој го храниме телото влијае на бистрината на умот.“


4. лекција: Божја медицина

23. октомври 2010.

„Благословувај Го, душо моја, Господа, и не заборавај ги сите Негови добродејства: Тој ги простува сите твои беззаконија, ги исцелува сите твои болести.“

ПСАЛМ 103:2,3

НЕДЕЛА: 1. БОЛЕСТ И СТРАДАЊА

а. Зошто има толку многу болести и страдања околу нас?

„Голема добивка е да се обезбеди здравје ставајќи се во прав однос со законите на животот.“

ВТОРНИК: 3. ПРИРОДНИ СРЕДСТВА

а. Кои природни средства се одобрени од Бога?

„Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, физичките вежби и соодветната исхрана се вистинските лекови.“