Учете ги децата како да заработуваат и како да ги трошат парите

Адвентен дом

Начела на семејните финансии

Едноставни навики во секојдневниот живот. – Родителите се должни да ги подигнат, воспитуваат и учат своите деца на навиките на самосовладување и самоодрекување. Тие се должни постојано да им зборуваат на децата за нивната обврска да ја слушаат Божјата реч и дека живеат за да му служат на Исуса. Тие се должни да ги воспитаат своите деца да живеат во склад со едноставните навики од својот секојдневен живот, избегнувајќи скапа облека, скапа храна, скапи куќи и скап мебел. {АД 386.1}

Уште додека се мали, децата треба да научат да читаат, да пишуваат, да ги знаат бројките и да водат свое книговодство. Во ова знаење нека напредуваат чекор по чекор. Но пред сѐ, треба да бидат поучени дека почетокот на мудроста е стравот Господов. {АД 386.2}

Младите и семејните приходи. – Младите се изложени на многу опасности поради погрешното сфаќање за употребата на парите. Нив не треба да ги носите на раце и да ги снабдувате со пари како да постои некој неисцрпен извор, од кој можат да земаат за да ја задоволат секоја своја замислена потреба. Парите треба да ги сметате како дар кој Бог ни го доверил за извршување на Неговото дело, за градење на Неговото царство и младите мораат да научат да ги контролираат своите желби. {АД 386.3}

Не дозволувајте им на своите желби да се рашират особено ако приходот за домашните издатоци е ограничен. Усогласете ги своите желби со парите на своите родители. Господ ќе ги признае и ќе ги пофали вашите несебични напори… Бидете верни и кога имате малку. Тогаш нема да бидете во опасност да ги запоставите големите одговорности. Божјата реч објавува: „Кој е верен во малку, верен е и во многу”. {АД 386.4}

Откријте им ја вредноста на парите. – Младите не ги ценат парите до кои доаѓаат без никаков напор од своја страна. Некои мораат да ги заработуваат парите со голем труд и одрекување, но колку се сигурни оние млади кои го знаат потеклото на парите кои го трошат, кои знаат да ги ценат својата облека и храна и колку е потребно да се купи куќа! {АД 387.1}

Постојат многу начини децата да заработат пари и да учествуваат во донесување на благодарни дарови на Исус, Кој за нив го дал Својот живот… Тие мораат да бидат поучени дека парите кои ги заработиле не се нивни и дека не може да ги потрошат онака како што сака нивниот неискусен ум туку да ги употребат разумно и да одвојат за потребите на евангелието. Тие не смеат да бидат задоволни со тоа што ќе земат пари од таткото или мајката и ќе го стават во корпата за дар, затоа што тие пари не се нивни. Тие треба да си речат себеси: „Дали да го дадам она што не сум го заработил?“ {АД 387.2}

Постои неразумно нудење на помош на нашите деца. Оние кои сами се школуваат, повеќе ги ценат своите предности од оние што ги стекнале со туѓ труд, затоа што знаат колку чини тоа. Ние не смееме да ги носиме своите деца така што ќе станат беспомошен товар. {АД 387.3}

Родителите погрешно ја разбираат својата должност ако без проблем даваат пари на младиот човек, кој има физички сили да се школува за проповедник или лекар, пред да стекне искуство во полезната, напорна работа. {АД 387.4}

Поттикнете ги децата самите да заработуваат. – Многу деца кои живеат надвор од градот можат да имаат, мало парче земја, кое ќе им послужи како градина. Така ќе научат да собираат пари за Божјото дело. Ова може да го прават и момчињата и девојчињата; ако правилно се поучени, тоа ќе им помогне да ја сфатат вредноста на парите и да научат штедливо да ги употребуваат. Покрај издвојување на пари за евангелското дело, овие деца можат да помогнат во купување на своите облеки и затоа треба да ги охрабрите да го прават тоа. {АД 388.1}

Не дозволувајте неразумно трошење. – О, колку пари се потрошени за некорисни предмети во куќата, за чипки и раскошни фустани, за слатки и друго што не ни е потребно! Родители, учете ги своите деца дека не е исправно да се трошат Божјите пари за лични уживања… Поттикнете ги да го сочуваат својот денар, секогаш кога тоа е можно за да го употребат во евангелското дело. Со вежбањето во самоодрекувањето тие ќе стекнат богато искуство и таквите поуки ќе ги заштитат од стекнување на навика на неумереност. {АД 388.2}

Децата може да научат да ја покажат својата љубов кон Христа, ако не ги набавуваат непотребните ситници, за кои трошат многу пари. Ова треба да се направи во секое семејство. За тоа е потребно тактика и методи, но тоа ќе биде најдоброто воспитување што децата може да го добијат. Кога сите мали деца би ги принеле своите дарови на Господа, нивните дарови би биле слични на поточиња кои соединети, стануваат река. {АД 388.3}

На полицата или на некое сигурно видливо место чувајте мала кутија во која децата можат да ги ставаат своите дарови за Господа… Така тие можат да се воспитуваат за Бога. {АД 388.4}

Учете ги децата да ги даваат своите десетоци и приноси. – Не само што Господ го смета десетокот за свој туку и ни кажува како да го сочуваме за Него. Тој вели: „Почитувај го Господа со имањето свое и првината од сиот свој приход”. Тука не се вели дека своите средства треба да ги потрошиме за себе, а остатокот да го донесеме на Господа, иако десетокот е веќе одвоен. Да го одвоиме прво она што е Божје. Упатството што Светиот Дух ни го дал преку апостолот Павле за нашите дарови, претставува начело, кое се однесува на десеткувањето: „Секој прв ден од неделата, секој од вас нека остава кај себе и нека собира колку што може”. Ова ги опфаќа и родителите и децата. {АД 389.1}

Грешки на богатите татковци. – Ситуациите во кои може да се најде едно дете, често на него влијаат посилно отколку родителскиот пример. Има богати луѓе кои од своите деца очекуваат да бидат како нив кога биле млади, а кога не успеваат во тоа, ја обвинуваат расипаноста на сегашноста. Меѓутоа, тие немаат право да го очекуваат тоа од своите деца, ако не им создале можности слични на оние во кои самите живееле. Животните ситуации од таткото создале она што е денес. Во својата младост бил притиснат со сиромаштија и морал да работи внимателно и истрајно. Неговиот карактер е обликуван во строгото училиште на сиромаштија. Бил принуден да биде скромен во своите барања, вреден во својата работа, едноставен во својот вкус. Тој морал да ги впрегне сите свои способности за да заработи за храна и облека. Морал да штеди. {АД 389.2}

Татковците се трудат на своите деца да им овозможат богат живот, а не она од што и самите почнале. Тоа е честа грешка. Кога денеска децата би учеле во училиштето во кое учеле нивните татковци, тие би станале исто така полезни како и нив. Татковците ги измениле животните ситуации на своите деца. Сиромаштијата била господар на таткото; изобилството го опкружувало синот. Сите негови потреби се задоволени. Татковиот карактер е обликуван со остра дисциплина на штедењето, тој умеел да го цени секое, дури и најмалото добро. Навиките и карактерот на неговиот син нема да ги обликуваат ситуациите кои постоеле во минатото туку кои постојат сега удобност и попуштање… Како да му се скрати богатството кое постои секаде? {АД 389.3}

Најдобро наследство за децата. – Најдоброто наследство што родителите можат да го дадат на своите деца е познавањето на корисната работа и примерот од животот обележан со несебична добродетел. Со таков живот тие ја покажуваат вистинската вредност на парите, ценејќи ги само по доброто кое тие го постигнуваат во задоволување на нивните потреби и потребите на другите, како и за напредок на Божјото дело. {АД 390.1}