Почетокот и крајот на гревот
Почетокот и крајот на гревот
Истражете го потеклото на гревот и библиското ветување за неговиот крај.

Вовед
Свеста за постоењето на гревот била присутна во секое време и кај сите народи. За да се излезе на крај со овој проблем, пронајдени се многу и различни патишта, почнувајќи со принесување човечки жртви, па сѐ до распространетото тврдење дека гревот воопшто не постои. Некои психолози се обидуваат ова да го објаснат како „комплекс на вина“.
Кај човекот склон кон побожност, свеста за гревот и вината е сосема реална. Вистина, во денешно време, таа не се наоѓа секогаш на површината, туку често е прикриена со маска на лажни заклучоци. Луѓето денес често се окупирани со разни активности, како што се интернетот, телевизијата, радиото, забавите, спортовите, разни списанија, весници и книги. Со тоа се толку зафатени, што ретко се свртуваат кон вистинските животни прашања и немаат време да се позанимаваат со преиспитување на својата совест. Оние кои го увидуваат проблемот наоѓаат утеха во религијата, црквата или во некоја општествена работа.
Најважно е да го запознаеме Божјиот план за нас и патот со кој Тој засекогаш ќе го реши проблемот со гревот. Што во врска со тоа Тој нѐ учи во Својата Реч? Колкави и да се потешкотиите во нашиот живот, треба да бидеме сигурни дека Господ го знае најкраткиот и најдобриот пат како да ги решиме и да ги надвладееме.
„Не е можно да се објасни потеклото на гревот така што може да се најде оправдување за неговото постоење. Сепак можеме доволно да разбереме дека што се однесува до потеклото и конечното уништување на гревот, Божјата правда и Неговото милосрдие во сето Негово постапување со ова зло дошле до потполн израз. Во Светите списи ништо не е појасно од вистината дека Бог ниту на било кој начин не е одговорен за настанувањето на гревот, и дека никакво тиранско скратување на божествената милост, ниту било каков недостаток во божественото владеење не дале повод за побуна. Гревот се наметнал како неканет гостин за чиешто присуство не може да се наведе причина. Тој е таинствен, необјаснив и да се оправдува би значело да се брани. Кога за него би можело да се најде оправдување или причина за неговото постоење, тогаш тој би престанал да биде грев.“
ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
Сите ние знаеме за гревот и имаме свое мислење за него, но како тој е дефиниран во Божјата Реч?
„Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие“
— 1. Јованово 3:4Каков е резултатот или плодот на гревот?
„Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт“
— Римјаните 6:23Кој е зачетникот на гревот?
„Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот“
— 1. Јованово 3:8Дали Бог го создал сатаната како грешен?
„Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, сè додека не се најде во тебе беззаконие“
— Езекиел 28:15Која несвета амбиција придонела за падот на сатаната?
„А во срцето свое си велеше: ‘Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам рамен на Севишниот’“
— Исаија 14:13,14Дали горделивоста исто така придонела за неговиот пад?
„Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја“
— Езекиел 28:17Што се случи како последица на гревот? Каде е фрлен сатаната?
„И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени“
— Откровение 12:7-9Што работи сатаната сега?
„Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта“
— 1. Петрово 5:8Што трпи Божјата црква од Христовите денови?
„А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената“
— Откровение 12:13 (жената симболично ја претставува црквата)Што е коренот на гревот?
„Потоа похотта (недозволена желба), откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт“
— Јаков 1:15ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО НА ОВОЈ СВЕТ
Како гревот дошол на светот?
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта… смртта царуваше уште од Адам, па сè до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам“
— Римјаните 5:12,14„И како што по Адам сите умираат“
— 1. Коринтјаните 15:22Дали постои некој кој не погрешил?
„Сите згрешија и лишени се од славата Божја“
— Римјаните 3:23Дали е можно човекот да се ослободи од влијанието на гревот со нешто што сам може да го направи?
„Може ли Етиопјанец да ја смени кожата своја и леопардот – дамките свои? Па така и вие, можете ли да правите добро, кога сте свикнати да вршите зло?“
— Еремија 13:23Која надеж постои за грешниот човек?
„Зашто Јас не сакам никој да умре, вели Господ Бог; но поправете се – и живејте!“
— Езекиел 18:32„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единироден Син, та секој што верува во Него, да има живот вечен“
— Јован 3:16Бог сочувствува со грешникот и му дава можност да се покае, но кога ќе умре нема повеќе можност за покајување.
Што сѐ претрпел Христос поради нашите гревови?
„А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија“
— Исаија 53:5Што на крајот ќе направи Христос со зачетникот на гревот и сето зло?
„А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот“
— Евреите 2:14КРАЈОТ НА ГРЕВОТ
Каква судбина е проречена за сатаната?
„И Јас те претворив во пепел на земјата пред очите на сите, што те гледаат. Сите, што те знаеја меѓу народите, се згрозуваа над тебе, ти стана за ужас и исчезна засекогаш“
— Езекиел 28:18,19Кој ќе ја одигра водечката улога во подготовката на народот за големата битка која ќе ги означи последните настани во уништувањето на гревот и грешниците?
„Зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот“
— Откровение 16:14На кое место ќе се соберат на крајот?
„И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон“
— Откровение 16:16Зошто е дозволено луѓето да потпаднат под влијание на сатаната?
„И со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле. И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата, та да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата“
— 2. Солунјаните 2:10-12Колку долго сатаната ќе биде врзан за време на второто Христово доаѓање?
„Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години“
— Откровение 20:1,2Што ќе се случи на крајот на тие илјада години?
„А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок“
— Откровение 20:7,8Што ќе се случи кога сатаната и војската на грешниците ќе го опколат градот на светиите?
„Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта“
— Откровение 20:9Како ќе биде потполно уништен гревот, неговиот зачетник и сите оние кои повеќе го сакаат гревот отколку Бога?
„Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња“
— Малахија 4:1Дали по конечното уништување постои можност гревот повторно да се појави?
„Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сè, ниеден противник нема повторно да се крене“
— Наум 1:9Иако Христос ќе дојде како Цар над царевите и Господар над господарите, како ќе им се јави на оние кои Го љубат и Го чекаат Неговото второ доаѓање?
„Така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение“
— Евреите 9:28Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
| Тврдење | Точно | Неточно |
|---|---|---|
| а) Бог го создал Луцифер | ||
| б) Бог го создал гревот | ||
| в) Гревот настанал во Едемската градина | ||
| г) Нема причина за постоење на гревот | ||
| д) Гревот е престап на Божјиот закон | ||
| ѓ) Повеќето луѓе погрешиле и тие се изгубени | ||
| е) Човекот не може сам да се очисти од гревот ако не добие помош од небото |
а) „Зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара “ (1. Петрово 5:8).
б) „Затоа, како што гревот преку еден човек, а преку гревот – смртта“ (Римјаните 5:12).
в) „Ниеден противник нема “ (Наум 1:9).
г) „Зашто, платата, што ја дава гревот, е “ (Римјаните 6:23).
а) корен:
б) гранчиња:
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. а) Точно; б) Неточно; в) Неточно (гревот настанал на небото); г) Точно; д) Точно; ѓ) Неточно (сите згрешиле, не само повеќето); е) Точно.
- 2. а) некого да проголта; б) влезе; в) повторно да се крене; г) смрт.
- 3. На местото наречено Армагедон. (Откровение 16:16)
- 4. Ѓаволски духови кои прават чуда. (Откровение 16:14)
- 5. Илјада години. (Откровение 20:2)
- 6. Сатаната, откако ќе биде пуштен од затворот, ќе ги лаже народите Гог и Магог и ќе ги собере за војна. (Откровение 20:7,8)
- 7. Со оган од небото. (Откровение 20:9; Малахија 4:1)
- 8. Да. Првата битка е Армагедон пред второто доаѓање, а втората е по илјада години кога сатаната ги собира народите против Новиот Ерусалим.
- 9. а) корен – сатаната (зачетникот на гревот); б) гранчиња – грешниците (следбениците на сатаната).
- 10. 1) Гордост/горделивост; 2) желба да се издигне престолот над Божјите ѕвезди; 3) желба да биде рамен на Севишниот; 4) возгордување поради својата убавина и мудрост.
