Пред и после крстот

← Ризница на ЕвангелиетоЛЕКЦИЈА 6 ОД 30

Пред и после крстот

Проучете го значењето на Христовата жртва и односот меѓу законот и Евангелието.

Лекција 6 — Пред и после крстот

Вовед

Мнозина од оние кои ја проучуваат Библијата се збунети и наидуваат на потешкотии затоа што не ја сфатиле значајната вистина содржана во последниот дел на минатата лекција. Кога не сфаќаме дека Библијата упатува на два закона и кога не ги разликуваме, доаѓа до потешкотии во разбирањето на некои посланија, особено на оние што ги пишувал апостол Павле. Тој ја познавал таа разлика кога за церемонијалниот закон вели дека ни бил „воспитувач до Христа“ (Галатјаните 3:24). Тоа не може да биде моралниот закон, бидејќи токму церемонијалниот закон со своите служби и барања укажувал на Христа или симболизирал еден вид на Негова служба.

За многу искрени души „Стариот завет“ е едвај нешто повеќе од досадна историја на еврејскиот народ и нивните доживувања. Ако ја сфатиме Божјата намера изразена во церемонијалниот закон, „Стариот завет“ фрла обилна светлина врз „Новиот завет“ и Христовата служба. Токму поради тоа Господ и го сочувал тој запис со сите негови детали сѐ до нашите денови.

Накратко ќе повториме некои детали за сликата да ни биде појасна. Господ го дал Својот морален закон, „Десетте заповеди“, на Синај. Израелците сето тоа лично го слушале, се согласиле со тоа и дале ветување дека ќе бидат послушни, но за помалку од шест недели тие го погазиле своето ветување. Бидејќи биле под осуда, и бидејќи во тоа време немало никаква можност казната за прекршениот закон да се избегне, Господ во Својата милост им го открил божествениот пат за излез — можност за помилување. Се нашол Еден кој сакал и можел да ја преземе казната за нивниот прекршок. Господ сакал, со посредство на Светилиштето и службата на церемонијалниот закон, да станат свесни за фактот дека Тој навистина е меѓу нив — дека со нив престојува. Токму тоа е она што Христос сака Неговите деца и денес да го сфатат.

„Ете, стојам пред вратата и чукам“

— Откровение 3:20

„Јас во нив“

— Јован 17:26

„Дека Христос, надежта на славата, е во нас“

— Колосјаните 1:27

Не треба да нè збунува фактот што „Десетте заповеди“ се повторуваат во церемонијалниот закон, затоа што сите служби се сосредоточени токму на тоа. Да го нема моралниот закон, не би бил потребен ниту Спасител, ниту било кој церемонијален обред. Поуките кои мора да се научат во новозаветниот период не се промениле. И нам сѐ уште ни е потребна претстава и свест за фактот дека нашиот Творец и Спасител сака да престојува меѓу нас и дека за нас, благодарејќи на Неговата жртва на Голгота, постои надеж, иако сме под осуда на големиот закон на слободата. Поуката која денес треба да ја учиме се разликува од онаа од Стариот завет во тоа што крстот, со Оној кој умрел за нас и на кого со вера треба да гледаме, временски не е повеќе пред, туку зад нас. Божјите деца во Стариот завет гледале нанапред, со вера, на истиот настан. Пред нас е жива и остварена историја. Израел имал само претслика за нешто што тогаш припаѓало на иднината. Сето тоа можеме да го споредиме со современите претшколски установи каде децата своите први лекции ги учат на предмети кои се гледаат и кои можат да се допрат, пред да бидат во состојба да ги сфатат апстрактните поими. Ако сакаме длабоко да го сфатиме духовното значење на Христовото дело и воспоставувањето на Неговото царство, прво треба да го проучиме она што, во духовна смисла, претставува претшколски поуки.

БОЖЈИОТ ПЛАН ВО ЦЕРЕМОНИЈАЛНИОТ ЗАКОН

Каде за прв пат се споменува жртвената служба?

„Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата“

— Евреите 11:4

„И Му направи Ное жртвеник на Господ… и ги принесе на жртвеникот како жртви сепаленици“

— Создавање 8:20

Со кои зборови е претставен церемонијалниот закон?

„Тоа е законот за жртвата сепаленица, за жртвата за престап, за жртвата за вина, за жртвата за посветување и жртвата за мир“

— Левитска 7:37

Дали е можно церемонијалниот закон да се смета како дел од Божјиот закон – „Десетте заповеди“?

„Тие зборови ги изрече Господ громогласно кон целото ваше собрание на планината од огнот, облакот и мракот, и повеќе не говореше, и ги напиша на две камени плочи и ми ги предаде“

— Повторени закони 5:22

Дали церемонијалниот закон е целосен сам по себе?

„Законот на заповедите и одредбите го обессили“

— Ефесјаните 2:15

Каква е природата на моралниот закон?

„Непорочен е Законот Божји – душите ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките“

— Псалм 19:7

„Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб“

— Римјаните 7:14

„Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра“

— Римјаните 7:12

Дали жртвените служби кои се претставени во церемонијалниот закон можат да ја задоволат или да ја усовршат совеста на верникот?

„Која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви, кои не можат да го направат совршен по совеста оној што служи“

— Евреите 9:9

До кога церемонијалниот закон го пропишувал извршувањето на службата во земното Светилиште?

„Установени до времето кога сето ова ќе се исправи“

— Евреите 9:10

ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ЦЕРЕМОНИЈАЛНИОТ ЗАКОН

Кога дошло времето на „исправање“ или „обнова“?

„Но Христос, кога стана Првосвештеник на идните добра, со поголемо и со посовршено светилиште, неракотворено, односно не онакво какво што се прави на земјата, ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп“

— Евреите 9:11,12

Како делувала Христовата смрт врз церемонијалниот закон?

„Кој… ја разруши преградата што беше меѓу нив, откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на заповедите и одредбите го обессили…“

— Ефесјаните 2:14,15

Со кој натприроден настан во времето кога Христос умрел јасно покажал дека на церемонијалниот систем му дошол крајот?

„А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот. И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа“

— Матеј 27:50,51

Расцепувањето на завесата не било одоздола па нагоре, како што би било ако е направено со човечка рака, туку од врвот, што е божествено дело.

Кое старозаветно пророштво го претскажува овој настан?

„И во една седмица ќе склопи завет со мнозина, а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот…“

— Даниел 9:27

Што е одлучено на собирот на првата христијанска црква, кој бил повикан за да се одлучи дали новите верници мораат да се придржуваат на обредите што ги пропишувал церемонијалниот закон?

„Зашто Светиот Дух и ние одлучивме да не ви ставаме на вас никаков друг товар, освен она што е потребно“

— Дела на апостолите 15:28

„Иако Христовата смрт му ставила крај на законот на претсликите и сенките, таа ниту во најмала мера не ги намалила обврските предвидени со моралниот закон. Напротив, токму тој факт што Христос морал да умре поради човековиот престап на овој закон докажува дека тој закон е непроменлив“

— Патријарси и пророци, 365

Проверете го наученото

Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.

а) „Ете стојам пред и чукам“ (Откровение 3:20).

б) „Непорочен е душите ги укрепува“ (Псалм 19:7).

в) „Зашто знаеме дека Законот е “ (Римјаните 7:14).

г) „Туку се состојат само од јадења и пиења, и разни миења и телесни обреди, установени до времето кога сето ова ќе се “ (Евреите 9:10).

д) Иако Христовата крај на законот на претсликите и сенките таа ниту во најмала мера не ги намалила обврските предвидени со моралниот закон.

Во првиот ред се дава одговор во врска со моралниот закон („Десетте заповеди“), а во вториот ред во врска со церемонијалниот закон.

ПрашањеБожјиот закон (морален)Церемонијалниот закон
а) Кој ги напишал?
б) На што се напишани?
в) Кому се изговорени?
г) Каде се чувани?
д) Што прикажуваат?
ѓ) До кога важат?
Покажи ги точните одговори ✧ РЕШЕНИЈА ✧
  • 1. „Воспитувач“ (или „чувар“) – „воспитувач до Христа“.
  • 2. До Христа. (Галатјаните 3:24)
  • 3. а) вратата; б) Законот Божји; в) духовен; г) исправи; д) смрт му ставила.
  • 4. Расцепувањето на завесата на храмот на две, од горе до долу, во моментот кога Христос умрел. (Матеј 27:50,51)
  • 5. Завесата била расцепена од врвот надолу, а не одоздола нагоре, што покажува дека тоа било божествено дело, а не човечко.
  • 6. Табела со споредба:
ПрашањеБожјиот закон (морален)Церемонијалниот закон
а) Кој ги напишал?Бог (со Својот прст)Мојсеј
б) На што се напишани?На камени плочиВо книга
в) Кому се изговорени?На целиот народНа Мојсеј (за народот)
г) Каде се чувани?Во ковчегот на заветотПокрај ковчегот
д) Што прикажуваат?Божјиот карактерСенка/претслика на Христос
ѓ) До кога важат?Засекогаш / веченДо Христос (до крстот)