Сегашен Христов претставник на земјата
Сегашен Христов претставник на земјата
Проучете ја улогата на Светиот Дух во животот на верникот.

Вовед
Четвртата лекција ја носи најзначајната порака за нашето време. Во минатата лекција научивме дека целата наша судбина, како и судбината на овој свет — и во сегашноста и во вечноста — е сокриена во Христа. Често, кога ја разгледуваме прекрасната Христова мисија на земјата, во срцето ни се раѓа копнеж: „О, кога би можеле да бидеме таму!“ Тоа би било незаборавно искуство — лично да Го видиме и да Го слушнеме. Понекогаш посакуваме да Го видиме и денес, и да разговараме со Него лице в лице. Љубениот Учител сето тоа го знае, бидејќи само Тој ги разбира сите копнежи на човечкото срце. Сепак, Тој рекол: „Подобро е за вас да заминам.“ Значи, Тој има нешто подобро за нас — поголема предност отколку што имале учениците. Во оваа лекција ќе откриеме кој е небесниот план за наша утеха и охрабрување.
СЕКОГАШ И НА СЕКОЕ МЕСТО СО НАС
Што посебно побарал Христос од Својот Отец при завршетокот на Својата земна мисија за Своите ученици?
„Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека“
— Јован 14:16„Пред да се принесе Себеси како жртва, Христос го побарал најдрагоцениот и најсовршен дар за Своите следбеници, дар што ќе им ги приближи неисцрпните извори на благодатта“
Кога се исполнила оваа молитва?
„Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат“
— Дела на апостолите 2:1,4За која важна фаза за целосно разбирање на Евангелието апостол Павле ги прашал коринтските верници?
„И им рече: ‘Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?’“
— Дела на апостолите 19:2Кои искуства во историјата на Божјата црква на земјата го прикажуваат делувањето на Светиот Дух?
а)
„Духот, пак, му рече на Филип: ‘Приближи се и застани до колата!’“
— Дела на апостолите 8:29б)
„Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти“
— Дела на апостолите 16:6,7в)
„Еднаш кога Му служеа на Господ и постеа, Духот Свети рече: ‘Одвојте ми ги Варнава и Савле за дело, за кое ги повикав. И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа во Селевкија, и оттаму отпловија за Кипар’“
— Дела на апостолите 13:2,4г)
„Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв“
— Дела на апостолите 20:28ТОЈ БЕШЕ ВО ПОЧЕТОКОТ
Кој посебно е споменат во делото на создавањето на самиот почеток во Библијата?
„Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата“
— Создавање 1:2Чие име е вклучено во Христовиот налог кој го симболизира создавањето на новиот човек?
„Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“
— Матеј 28:19Како е опишан Светиот Дух во Библијата?
а)
„А кога ќе дојде Утешителот… Духот на Вистината“
— Јован 15:26б)
„Сила одозгора“
— Лука 24:49в)
„Духот Божји“
— Матеј 3:16г)
„Светиот Дух“
— Лука 3:22„Природата на Светиот Дух за нас претставува тајна. Луѓето не можат да ја објаснат, зашто Господ тоа не им го открил. Луѓето кои се наклонети кон мечтаење можат со поврзување на одделни библиски цитати да создадат некакво човечко мислење за тоа, но ако се прифатат нивните гледишта, тоа нема да ја зајакне црквата. Во врска со ваквите тајни, кои се премногу длабоки за човечкиот ум, молчењето претставува злато“
МИСИЈАТА НА СВЕТИОТ ДУХ
а)
„Ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд“
— Јован 16:8б)
„И растеше со утехата на Светиот Дух“
— Дела на апостолите 9:31в)
„Исто така и Духот нè поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме“
— Римјаните 8:26г)
„А Утешителот, пак, Духот Свети… Тој ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што сум ви зборувал“
— Јован 14:26д)
„Ќе ве упати во секоја вистина“
— Јован 16:13ѓ)
„Осветен од Светиот Дух“
— Римјаните 15:16; да се прочита и 1. Коринтјаните 6:11е)
„Тој ќе сведочи за Мене“ (за Христа)
— Јован 15:26ж)
„Тој Мене ќе Ме прослави“ (Христа)
— Јован 16:14Каков ќе биде резултатот од потчинувањето на водството на Светиот Дух?
„Бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи. Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји“
— Римјаните 8:13,14„Духот е даден како сила за обновување и повторно раѓање со цел спасението стекнато со смртта на нашиот Откупител да го стори делотворно. Духот постојано настојува вниманието на луѓето да го насочи кон големата жртва принесена на крстот на Голгота, на светот да му ја открие Божјата љубов, а на осведочената и обратена душа убавината и драгоценоста на Светите списи. Доведувајќи ја душата во ситуација да ја увиди и да ја сфати својата грешност, и предочувајќи му го на умот мерилото на правдата, Духот ја одвраќа нашата љубов од земното и нè исполнува со копнеж за светост. ‘Ќе ве упати во сета вистина’ (Јован 16:13), рекол Спасителот. Ако луѓето сакаат да се потчинат на Неговата сила, Духот ќе изврши посветување на целото битие. Во душата на човекот Духот ќе го втисне божественото. Со Неговата сила патот на животот ќе стане толку јасен, што никој не мора да заталка“
Кое свечено предупредување ни е дадено во врска со Светиот Дух?
„И не го ражалостувајте Светиот Дух Божји, со кој сте запечатени за денот на избавувањето“
— Ефесјаните 4:30„Грешникот се уништува самиот себе со својата непоправливост. Ако човекот еднаш не сака да им се покори на повиците, опомените и укорите на Светиот Дух, неговата совест станува закоравена и вториот пат ќе му биде уште потешко да се покори. И така со секое повторување станува сѐ потешко. Совеста е Божјиот глас кој го слушаме среде судирот на човечките страсти. Спротивставувајќи ѝ се на истата, ние го жалостиме Божјиот Дух“
„Ако занемариме со божествена врска да се поврземе со Христа, струјата на животодавната енергија не може преку нас изобилно да тече на другите. Имало места каде што ниту Спасителот не можел да изврши многу силни чуда поради нивното неверување. Така и денес неверувањето ја одвојува црквата од нејзиниот божествен Помошник. Таа слабо се држи за вечните стварности. Поради нејзиниот недостаток на вера, Бог е разочаран и лишен од Својата слава“
Што ќе се случи ако луѓето останат упорни во својата побуна против Бога и Неговиот Дух?
„Тогаш Господ рече: ‘Мојот Дух нема да остане довека во човекот’“
— Создавање 6:3; да се прочита и Изреки 1:21-31Кои се некои од особините на Светиот Дух?
а)
„Вечниот Дух“
— Евреите 9:14б)
„Силата на Светиот Дух“
— Римјаните 15:13в)
„Зашто Духот продира во сè, па дури и во длабочините Божји“
— 1. Коринтјаните 2:10За кое посебно дело се грижи Светиот Дух?
а) Тој го поттикнува пишувањето на Светите списи – да се прочита 2. Тимотеј 3:15 и да се прегледа 1. лекција.
б) Дава дарови:
„Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист“
— 1. Коринтјаните 12:1-11в) Сведочи за Божјото одобрување:
„Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава“
— Ефесјаните 1:13,14Проверете го наученото
Одговорете на прашањата, а потоа отворете ги одговорите за споредба.
а) „Тогаш Господ рече: ‘Мојот Дух нема да остане во човекот’“ (Создавање 6:3).
б) „ Дух“ (Евреите 9:14).
в) „ на Светиот Дух да ви се збогати надежта“ (Римјаните 15:13).
г) „Зашто Духот , па дури и длабочини“ (1. Коринтјаните 2:10).
Покажи ги точните одговори
✧ РЕШЕНИЈА ✧- 1. Им ветил дека ќе им испрати друг Утешител — Светиот Дух — кој ќе биде со нив довека. (Јован 14:16)
- 2. На денот Педесетница, кога сите апостоли се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на други јазици. (Дела 2:1-4)
- 3. Го занемариле примањето на Светиот Дух. (Дела 19:2)
- 4. Во Создавање 1:2 — „Божјиот Дух лебдеше над водата“.
- 5. Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. (Матеј 28:19)
- 6. 1) Го изобличува светот за грев, правда и суд; 2) Утешува; 3) Поткрепува во немоќ и помага во молитва; 4) Учи и потсетува на Христовите зборови; 5) Упатува во секоја вистина; 6) Осветува; 7) Сведочи за Христа; 8) Го прославува Христа.
- 7. Совеста закоравува, човекот станува сè поотпорен на Божјиот глас, и на крај Божјиот Дух се повлекува од него. (Создавање 6:3; 5. Сведоштво 120)
- 8. а) довека; б) Вечниот; в) Силата; г) продира во сè, во.
