1. лекција – Криза на небото
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 5-15.
Недела — 25. септември
1. КОЈ Е НАВИСТИНА ИСУС?
а. Што мораме да знаеме за улогата на Исус Христос при создавањето на универзумот и неговите жители? Јован 1,1-3; Колосјаните 1,16; Евреите 1,1.2.
б. Каква разлика постои помеѓу сите суштества и Христос, кој со утврдениот план требало да стане наш Спасител? Евреите 1,6-8,13.14; Лука 1,30-35.
„Зборувајќи за Неговата преегзистенција, Христос го враќа нашиот ум низ бескрајните векови во минатото. Тој нѐ уверува дека никогаш не постоело време кога Тој не бил во тесна заедница со вечниот Бог“.
Понеделник — 26. септември
2. НЕБЕСНА ВЛАДА
а. Кои се некои од атрибутите на власта со која Создателот отсекогаш управувал со универзумот? Псалм 89,14; Рим. 7,12.
„Бидејќи законот на љубовта е основа на Божјото владеење, среќата на сите со разум надарени суштества зависи од нивната целосна согласност со неговите големи начела на правдата. Бог сака сите негови созданија да му служат од љубов – нивната служба да произлегува од нивната почит кон неговиот карактер. Нему не му е мила изнудена послушност и затоа на сите им дава слобода и право доброволно да му служат.
Додека сите создадени суштества го признавале сојузот на љубовта, во целиот Божји универзум владеела совршена хармонија. Небесните војски наоѓале радост во тоа што можеле да ги исполнуваат намерите на својот Создател. Тие биле среќни и восхитени што претставуваат одраз на неговата слава и што можат да го слават и да го извишуваат него. Љубовта кон Бога за нив била најсвето чувство, меѓусебната љубов природна и несебична. Ништо не ја нарушувало небесната хармонија”.
б. Каков отсекогаш бил ставот на непаднатите, светите ангели кон Христа? Откровение 5,11.12. Што Отецот, како Цар на вселената, исто така изјавил во врска со Христа? Евреите 1,3-6.
Вторник — 27. септември
3. ИЗБОРОТ НА ПОМАЗАНИОТ ХЕРУВИМ
а. Што можеме, врз основа на записот за ликот на тирскиот цар да научиме за Луцифер, помазаниот херувим, кој подоцна станал сатана, противник? Езекиел 28,11-15.
„Сатаната го предводел небесниот хор. Тој би започнал со првата нота, а потоа сето ангелско воинство би се обединило со него и величествените звуци на музика би татнеле на небото во чест на Бога и Неговиот драг Син”.
б. Што довело до падот на Луцифер? Езекиел 28,17 (прв дел).
в. Колку може да се контролира духот на завист и љубомора? Изреки 27,4; 6,34. Што се случило кога Отецот, Синот и ангелите се обидувале да го вразумат Луцифер?
Среда — 28. септември
4. ЛУКАВА ИЗМАМА
а. Што му било покажано на пророкот Исаија за чудниот став кој Луцифер го усвоил? Исаија 14,12-14.
б. Како ставот на Луцифер предизвикал хаос на небото? Јаков 3,16.
Меѓутоа, немало никаква промена во врска со Христовата положба или со неговите овластувања… Но многу ангели, сепак, биле заслепени од измамите на сатаната.
Користејќи ја љубовта, лојалноста и довербата што ги имале во него светите суштества додека се наоѓале под негова команда, тој толку вешто го всадувал во нивните умови своето незадоволство кое тие не го распознале. Луцифер Божјите намери ги прикажувал во лажна светлина – конструирајќи и изопачувајќи ги така за да предизвикаат револт и незадоволство. Лукаво ги наведувал своите слушатели да ги изразат своите чувства; потоа тие изрази, секаде каде што можел да ги искористи за својата цел, ги повторувал како доказ дека ангелите не се наполно согласни со Божјото владеење… Додека тајно поттикнувал неслога и бунт, мошне лукаво настојувал однадвор да изгледа како да има единствена цел да се сочува лојалноста кон Бога, хармонијата и мирот.
Духот на незадоволство, поттикнуван на ваков начин, го извршил своето злокобно дејство“
Четврток — 29. септември
5. ИСХОДОТ НА БУНТОТ
а. Кога архиизмамникот конечно поттикнувал отворена побуна на небото, каков бил исходот? Откровение 12,7-9. Како ќе биде неговиот конечен крај? Исаија 14,15-17.
б. Која била вистинската цел на војната на небото? Псалм 119,126.
в. Што ја открива Божјата совршена мудрост во справувањето со оваа криза? Јуда 6; 1 Коринтјаните 6,3 (прв дел); Филипјаните 2,10.11.
Петок — 30. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можеме да одговориме на некои од вообичаените заблуди во врска со тоа кој е Христос?
2. Зошто можеме да кажеме дека Божјото владеење е урамнотежено и праведно?
3. Кој бил коренот на Луциферовиот проблем?
4. Набројте ги сите чекори кои тој ги презел а кои ја расипале слатката хармонија на небото.
5. Зошто Бог едноставно веднаш не го уништил сатаната?
2. лекција – Глас во пустината
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 8 Сведоштво, 9-14.
Недела — 2. октомври
1. НАДЕЖ ЗА ОБЕСХРАБРЕНИТЕ
а. Која е една од најомилените пораки кои Исаија според Божјиот налог ги напишал? Исаија 40,1.2.
Кога Евреите биле расеани од Ерусалим, меѓу нив имало мажи и жени кои во начелото биле цврсти како карпа, мажи и жени кои не оделе по патот поради кој Господ би се срамел да ги нарече свој народ. Тие тагувале во своето срце поради застранувањето кое не можеле да го спречат. Тие невини поединци морале да страдаат заедно со виновниците, но Господ им дал сила да ги издржат неволјите на тоа време. На нив им била упатена оваа порака на охрабрување. Надежта на целата нација почивала во тие млади момчиња и девојки кои го сочувале својот интегритет”.
Понеделник — 3. октомври
2. ПРЕТСКАЗАНИОТ ГЛАСНИК
а. Како Исаија пророчки ја опишал работата на Јован Крстител? Исаија 40,3; Лука 3,2-4. Во која смисла Јован требало да биде „глас во пустината“?
б. Што го оспособило Јован, како и Исаија и Илија пред него, бестрашно да стои пред народот, извршувајќи ја својата животна мисија? Исаија 33,17; 6,5.
„Под водство на Божјиот Дух, (Јован) ги проучувал свитоците на пророците. Христос дење и ноќе бил предмет на негово проучување и духовно размислување, сѐ додека срцето и душата не му бил исполнети со славна визија.
Тој го гледал Царот во Неговата убавина, и на тој начин потполно заборавил на себе. Посматрајќи го величеството на светоста ја согледал својата неспособност и недостојност. Должност му била на луѓето да им ја објавува Божјата порака, и пред нив да стои во сила и Божја правда. Бил подготвен како пратеник од небото да проповеда пред луѓето без никаков страв, бидејќи пред очите го имал само она што е божествено. Можел бестрашно да стои во присуство на земните цареви, затоа што со трепет се поклонувал пред Царот над царевите”.
Вторник — 4. октомври
3. ДА СЕ ПОРАМНАТ ПАТИШТАТА
а. Како прочуениот мудрец ја сумира состојбата на паднатото човештво? Проповедник 1,15. Сепак, која порака на надеж Јован Крстител требало да ја донесе, во склад со пророштвото на Исаија? Исаија 40,4; Лука 3,5.
б. Како треба, во овие последни денови, да му овозможиме на Светиот Дух да работи преку нас на начини за кои никогаш не сме помислиле дека се можни? Исаија 40,5; Лука 3,6.
„Нека оние кои имаат особени способности работат за неверниците кои се наоѓаат на високи позиции, како и за оние кои се на самото дно на животот. Барајте ги внимателно душите кои пропаѓаат…
Нека вашата светлина свети со јасни и постојани зраци како никој не би можел да застане на судот и да каже: ‘Зошто не ми зборуваше за оваа вистина? Зошто не покажа грижа за мојата душа?
Затоа да бидеме вредни во делење на литературата која е внимателно подготвена за употреба за оние кои не се од нашата вера. Да ја искористиме секоја прилика да го задржиме вниманието на неверниците. Ставете ја литературата во секоја рака која е волна да ја прими. Да се посветиме на објавувањето на пораката: ‘Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог’ (Исаија 40,3)!… Сега е денот на нашата одговорност”.
Среда — 5. октомври
4. ПОНИЗНОСТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОМАЛОВАЖУВА
а. Како безвременското – вечно начело покажува како Бог може да ги круниса со успех дури и најмалите напори на оние кои искрено настојуваат да го унапредат Неговото дело? Захарија 4,9.10.
Но ако се држат до својата првобитна вера, Бог ќе го расчисти нивниот пат. Пред храбрата непоколеблива вера на Зоровавел, големите планини на тешкотии ќе постанат рамнина. И рацете на оној кој ги постави основите на овој дом – ‘неговите раце и ќе го завршат’ ‘Тој ќе го изнесе каменот темелник со восклик: благодат, благодат врз него’ (Захарија 4,9.7)”.
б. На кој начин можеме да соработуваме со Бога во просветлувањето на жителите на оваа мрачна планета? Захарија 4,6.
в. На кој начин пораката која сме повикани да ја објавуваме го одразува првиот дел на пораката на Јован Крстител? Матеј 3,2; Лука 3,8-14.
Четврток — 6. октомври
5. НИКОЈ НЕ БИЛ ПОГОЛЕМ ОД ЈОВАН КРСТИТЕЛ
а. Објаснете ја целта на Јовановото учење? Матеј 3,4-12.
б. На која заповед во законот Јован му укажал на Ирод, и каков бил резултатот? Марко 6,17-29. Што рекол Исус за Јован? Лука 7,28.
Петок — 7. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Каква надеж Бог им нуди на сите оние кои ќе се потчинат на делувањето на Неговата дисциплинувачка палка?
2. Што треба да научиме од грижата на Јован за неговата околина?
3. Како нашата литература може да биде особено корисна во времето во кое живееме?
4. Зошто Бог ќе нѐ изненади со начинот на кој светот ќе биде просветлен?
5. Кои се некои од работите на кои можеме да се научиме од животот и службата на Јован Крстител?
3. лекција – Во пресрет на Месијата
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 629-635.
Недела — 9. октомври
1. БОЖЈАТА СИЛА И НАШАТА ЧОВЕЧКА СЛАБОСТ
а. Додека правиме планови за иднината, што треба да имаме на ум? Исаија 40,6-8. Кои други илустрации ја покажуваат Божјата величина, а истовремено нудат научна информација? Исаија 40,22 (прв дел).
Од подемот и падот на нациите, кое е толку јасно прикажано на страниците на Светите списи, тие треба да се научат колку е безвредна славата ако е само надворешна и световна. Вавилон, со сета своја моќ и сјај, каква што светот од тогаш нема видено – моќ и сјај кои на луѓето од тоа време им изгледале толку стабилни и трајни – исчезнал без трага! Пропаднал како ‘полски цвет’! Така пропаѓа сѐ што не е втемелено на Бога. Само она што е во согласност со Неговите намери и што е одраз на Неговиот карактер може да опстане. Неговите принципи се единственото трајно нешто во овој свет”.
Понеделник — 10. октомври
2. ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ
а. Додека Исаија пророкувал за Христовото триумфално влегување во Ерусалим, што открил за делото на Месијата? Исаија 40,9-11.
„Во Христа се наоѓа нежност на пастир, љубов на родител и неспоредлива милост на Спасител полн со сочувство. Своите благослови ги дава под најпривлечни услови. Тој не е задоволен само да ги објави овие благослови; Тој ги изнесува на најпривлечен начин за да разбуди желба да ги поседуваме. Така неговите слуги треба да го претставуваат богатството на славата на тој неопислив дар. Христовата љубов ќе ги стопи и покори срцата, додека само со повторување на учењето не може ништо да се постигне… Зборувајте му на народот за Оној кој е ‘поубав од десет илјади други’ и за Оној кој ‘целиот е прекрасен’ (Песна над песните 5,10.16). Само со зборови не може да се изрази тоа. Треба да се одрази во карактерот и да се покаже во животот… Во секого од нив треба јасно да му се покаже на светот Христовата љубов која долго трпи, Неговата светост, кротост, милост и вистина”.
б. Каде треба да го бараме спасението и зошто? Исаија 45,21.22.
„Нема ли членовите на нашата црква своите очи постојано да ги држат насочени на распнатиот и воскреснатиот Спасител, во кој се сосредоточени сите наши надежи на вечен живот? Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашето предупредување до непокајаните, нашето охрабрување за оние кои тагуваат – надеж за секој верник. Ако успееме во срцето на луѓето да разбудиме интерес и да ги наведеме својот поглед да го насочат кон Христа, ние можеме да се повлечеме, упатувајќи ги само да продолжат да го насочуваат својот поглед на Божјото Јагне. На тој начин ќе ја примат пораката”.
Вторник — 11. октомври
3. ТРАЕН СОЈУЗ
а. Како Господ ја опишува нежната грижа која Тој ја има за своите деца? Исаија 49,15.16; Матеј 12,50; Галатјаните 3,29. Како можеме да бидеме сигурни дека ќе се најдеме меѓу овие деца?
Единството со Христа преку жива вера е трајно; секое друго единство мора да пропадне. Прво Христос нѐ избрал нас, плаќајќи бесконечна цена за наше спасение. Затоа и вистинскиот верник го бира Христа како прв и последен и најдобар во сѐ. Но, за ова единство мора нешто и да платиме. Тоа е единство на целосна зависност, во кое едно гордо суштество мора да се понижи. Сите кои влегуваат во ова заедништво мораат да ја почувствуваат нивната потреба за Христовата крв. Тие мораат да се променат во срцата. Мораат својата волја да ѝ ја потчинат на Божјата. Мораат да се борат со надворешни и внатрешни пречки. Мораат да поминат преку болното дело на одвојување и делото на спојување. Гордоста, себичноста, суетата, световноста – секој грев – мора да се победи, ако сакаме да влеземе во единство со Христа. Причината зошто многумина мислат дека христијанскиот живот е толку страшно тежок, зошто се толку непостојани, толку променливи, е во тоа што тие се обидуваат да се приклучат кон Христа, додека претходно не се одвоиле од идолите кои ги негувале”.
б. Кога ќе го потчиниме целокупното битие на водството на Добриот Пастир, каква сигурност имаме? Псалм 36,7; 34,22.
Среда — 12. октомври
4. ВЕЛИЧАЊЕ НА ЗАКОНОТ
а. Што Исус очекува да направиме за душите кои се во темнина? Исаија 42,5-7.
Ако го проучуваме Христовиот живот и Неговото учење, секој настан ќе ни даде материјал за впечатливо излагање. Така Спасителот го проповедал евангелието по патиштата и меѓу оградите. И додека Тој зборувал, често можело да се види како малата група која ги слушала Неговите зборови прераснувала во големо мноштво”.
б. Како Бог гледа на Неговиот закон? Исаија 42,21. Што можеме да научиме од ова?
„Истиот Оној кој со векови порано го изговорил законот на гората Синај, сега дошол да го направи тој закон голем и славен. Во својата беседа на гората, Тој го објаснил тој закон, покажувајќи што секое правило подразбира. Алчноста ја прикажал како идолопоклонство, страста како прељуба, а гневот како убиство. Тој ја докажал духовноста на законот и посочил дека тој допира до секоја фаза од животот.
Пред небесниот универзум, перед паднатите ангели и перед оние кои дошол да ги спаси, Христос покажал дека живее според уредбите на Божјиот закон. Со својата врвна послушност на неговите барања, Тој го возвишил и го исполнувал…
Како што Христос живеел според уредбите на законот во човечкото тело, на таков начин и ние ќе стекнеме сила ако се фатиме за Неговата сила”.
Четврток — 13. октомври
4. СТРАЖА НАД НАШИТЕ ОЧИ И УШИ
а. Што Господ сака да направиме со нашите очи и уши? Исаија 42,19.20. Зошто?
„Мошне е важно со што го храниме нашиот ум и душа. Ние можеме да му дозволиме на нашиот ум да живее на романтика и на ѕидање на кули во воздух, но каква корист ќе имаме од тоа? Тоа ќе ја уништи нашата душа и тело… Нам ни е потребна онаа сила која ќе ни овозможи да ги затвориме очите пред сцените кои нас не нѐ воздигаат, не нѐ облагородуваат, не нѐ пречистуваат; и да ги затвориме своите уши за сѐ што е забрането во Божјиот Слово. Тој ни забранува да замислуваме зло, да зборуваме за злото, па дури и да мислиме за злото”.
б. Што Господ сака да гледаме? Евреите 12,1.2.
Петок — 14. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како чувството на сопствената смртност ни дава подобар поглед на живот?
2. На кои сѐ начини можеме на другите да им кажеме за Исуса и Неговата љубов?
3. Објаснете ја длабочината на вистинската заедница со Христа?
4. Во која смисла Христос го возвеличил законот со учење и пример?
5. Пред што треба да ги затвориме очите и ушите?
4. лекција – Поддршката и грижата на Творецот
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 20-30.
Недела — 16. октомври
1. НАШИОТ МОДЕЛ
а. Каде Бог Отецот нѐ повикува сите нас да гледаме – и зошто? Исаија 42,1.
И така, додека се развивал умно и телесно, Исус растел во милоста и пред Бога и пред луѓето… Атмосферата на надеж и храброст што го опкружувала го сторила благослов за секој дом… Тој живеел за да му угоди, да му даде чест и да го прослави својот Отец во обичните животни околности. Неговото дело започнало тогаш кога му се посветил на скромниот позив на занаетчиите кои макотрпно го заработуваат нивниот секојдневен леб. Тој на Бога му служел во иста мера додека работел покрај масата на дрводелец како и тогаш кога правел чуда за народот. И секој млад човек што го следи Христовиот пример на верност и послушност во својот скромен дом, може да полага право на зборовите што ги изговорил Отецот за Него преку Светиот Дух: ‘Еве го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам, Мојот Избраник, љубимецот на душата Моја’ (Исаија 42,1)”.
Понеделник — 17. октомври
2. ЕДИНСТВЕН УЧИТЕЛ
а. На што се однесува пророштвото на Исаија за гласот на Исус (говор)? Исаија 42,2.
„Начинот на кој Спасителот им се обраќал на луѓето во голема мерка се разликувал од настапот на тогашните вероучители. Во неговиот живот никогаш не се слушнала бучна расправа, ниту наметлива молитва, не е запазена ниедна постапка чија цел би била да предизвика восхитување кај луѓето. Месијата требало да биде скриен во Бога, а Бог да биде откриен во карактерот на својот Син”.
б. Оние кои ги слушнале зборовите на Исуса, што кажале за неговиот начинот на зборување? Јован 7,46.
„(Учениците во горната соба) ги набљудувале рацете и нозете повредени со грубите клинови. Го препознале Неговиот глас кој не бил сличен на ниеден друг што кога и да е го чуле”.
Вторник — 18. октомври
3. ДА ДОПРЕМЕ ДО ДРУГИТЕ
а. Што Исаија пророкувал за Исуса? Исаија 42,3. Што опфаќало Божјото дело? Јован 10,16; Матеј 12,20.21.
„За Исусовото срце самото присуство на неволја претставувало повик за помош. Сиромашните, болните, осамените, отфрлените, обесхрабрените, паднатите со духот, во Него пронаоѓале сочувствителен Спасител, моќен Исцелител… Христос ги поистоветувал своите интереси со интересите на луѓето што страдаат и Тој ни порачува дека сѐ што правиме за да ги олесниме страдањата на напатените, тоа го правиме за Него”.
б. Со каква цел Исус дошол на овој свет? Јован 3,17. Што покажува Неговото трпение кон грешниците?
„Исус копнеел за неговата (Јуда) душа. За него чувствувал ист товар како и за Ерусалим кога плачел над овој град осуден на уништување. Неговото срце плачело: ‘Како да те дадам’? Силата на таа љубов ја почувствувал и Јуда”.
Среда — 19. октомври
4. ВЕРЕН ПОМОШНИК
а. Каков бил Исусовиот став кон тешките ситуации, и како овој пример може да ни биде од помош? Исаија 42,4.
б. Каква гаранција имаат сите оние кои сакаат да работат за Бога во нивниот делокруг? Исаија 40,30.31.
Човек кој се надева на Господа во Него наоѓа своја сила, и доволно е силен да се одржи под најголем притисок. Сепак, кога срдечно е замолен, тој лесно застанува на страната на милоста и сожалувањето, бидејќи тоа е страната на Христа.
Оној кој целосно ќе се потчини и предаде на Бога подготвен е да ја твори Неговата волја. Тој совесно и понизно се обидува да дознае која е Божјата волја. Тој ја прифаќа дисциплината, и не се осудува да се раководи само со своето ограничено расудување. Тој комуницира со Бога, и разговара само за она што е небесно. Поврзувајќи се со Вечниот, човекот станува учесник во божествената природа. Врз него стрелите на злото немаат ефект, бидејќи тој е облечен со оклопот на Христовата правда”.
Четврток — 20. октомври
5. КОЛКУ Е МОЌЕН БОГ КОМУ НИЕ МУ СЛУЖИМЕ!
а. Што ни кажува Исаија за Божјата моќ? Исаија 40,26-29.
„И ѕвездите имаат радосна порака за секое човечко суштество. Во часовите што доаѓаат на сите, кога срцето е слабо, а искушението болно притиска; кога пречките изгледаат непремостливи, животните цели недостижни, Неговиот објективни ветувања како Содомски јаболка; каде тогаш би можело да се пронајде повеќе храброст и истрајност отколку во пораката што Бог ни заповедал да ја научиме од ѕвездите и нивното спокојно движење?“
б. Кога ќе ја земеме во предвид Божјата величина, што ќе бидеме наведени да направиме? 1 Самуил 12,24; Марко 5,19; Псалм 31,19.
Петок — 21. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можат христијаните – вклучувајќи ги и младите – да ги исполнат зборовите од Исаија 42,1 во секојдневниот живот?
2. Што го правело Христовиот начин на поучување така карактеристичен во овој свет?
3. Како можеме да го следиме Христовиот пример во помагање на оние ко се надвор од црквата?
4. Додека растеме во мудроста, што ќе правиме секој ден?
5. Што можеме да научиме од ѕвездите?
5. лекција – Гледајќи на Јагнето
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 217-234.
Недела — 23. октомври
1. ГОВОРОТ НА УЧИТЕЛИТЕ
а. Како можеме да им зборуваме на другите како што тоа го правел Исус? Исаија 50,4.5.
Насекаде околу нас има напатени души. Нив можеме да ги најдеме насекаде. Затоа да ги побараме тие страдалници и во вистинско време да им упатиме зборови што ќе ги утешат нивните срца. Секогаш да бидеме канали преку кои ќе течат освежувачките води на сочувство.
Доаѓајќи во допир со луѓето, секогаш треба да запомниме дека во искуството на другите постојат затворени поглавја од очите на смртниците. На страниците на нивното сеќавање се наоѓаат тажни приказни што се кријат од очите на љубопитните. Таму се регистрирани долги, тешки битки со тешките околности, можеби проблеми во семејниот живот, кои од ден на ден ја ослабнуваат храброста, самодовербата и верата. Душите, кои на својот животен пат мораат да водат тешка борба, можат да бидат зајакнати и охрабрени со мало внимание, кое нас нѐ чини само незначителен напор во љубовта кон ближните. За таквите, едно искрено и охрабрувачко стегање на раката, понекогаш вреди многу повеќе од злато или сребро. Љубезните зборови се добредојдени како насмевка на ангелите”.
Понеделник — 24. октомври
2. СЦЕНА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ
а. Кои се некои од работите поради кои Христос страдал за нас? Зошто го правел тоа? Исаија 50,6; 52,13-15.
„Кој може да ја сфати љубовта која овде е покажана? Војска од ангели со восхит и тага гледале како Оној кој бил Величество на небото и носел круна на славата, сега носи трнлив венец, како крвава жртва на разбеснетата толпа, распламтена од лудиот гнев на сатаната. Гледајте го трпеливиот Страдалник! На Неговата глава е трнлив венец. Од сите рани му тече крв. И сето тоа како последица на гревот! Само вечната љубов, која секогаш ќе остане тајна, можела да го одведе Христа да ја напушти небесната слава и почести и да дојде во овој грешен свет, каде ќе биде запоставен, презрен и отфрлен од страна на оние кои дошол да ги спаси и на крај да страда на крстот”. – 2 Сведоштво, 135.
„Гордоста и себичноста не можат да виреат во душата што ги одржува свежи сеќавањата на сцените од Голгота”.
б. Како пророкот Исаија го прорекол Христовиот изглед? Исаија 53,2. Зошто мнозина биле одбиени од Неговиот едноставен изглед?
„Пророштвото претскажало дека Христос ќе се појави како корен од сува земја (Исаија 53,2.3). Ова поглавје треба внимателно да се проучува. Тука Христос е прикажан како Божјо Јагне. Оние кои се издигаат во својата гордост и чиишто души се полни со суета, треба да ја гледаат оваа слика на својот Откупител и да се понижат во прав. Целата глава треба да се научи напамет. Под влијание на овие зборови ќе се покорат и ќе ја понижат душата која е извалкана од гревот на самовозвишување”.
Вторник — 25. октомври
3. ПРЕЗРЕН И ОТФРЛЕН
а. Како мнозина одговараат на Исусовата љубов? Исаија 53,3. Што Тој поднел заради нас? Исаија 53,4.5.
„Колку малку се оние кои имаат претстава за агонијата која го кинела срцето на Божјиот Син за време на триесет години од животот на земјата”. – Тhat I May Know Him, p. 66.
„Божјиот Син бил отфрлен и презрен поради нас. Можете ли, гледајќи на крстот, гледајќи ги со окото на верата Христовите страдања – да се жалите на вашите страдања и искушенија? Можете ли во срцето да негувате дух на одмазда кон своите непријатели, додека до вашето уво од Христовите бледи и треперливи усни допираат зборовите на молитва за Неговиот хулители и убијци: ‘Оче, прости им, зашто не знаат што прават’ (Лука 23,34).
Ние не смееме да отстапиме пред длабочините на понижувањето на кое Божјиот Син бил изложен како би нѐ подигнал од униженоста и ропството на гревот и не поставил од својата десна страна… Крајно е време да ги посветиме овие неколку преостанати часови на нашето време на проба како би ги измиле облеките на својот карактер и да ги избелиме во крвта на Јагнето, за да бидеме во друштво на оние кои ќе стојат облечени во бели облеки пред големиот бел престол “.
Среда — 26. октомври
4. ЖРТВА КОЈА НЕ СЕ ЖАЛИ
а. Што треба да научиме од начинот на кој Исус одговорил на малтретирањата врз Него во моментот на распнувањето? Исаија 53,6-9; 1 Петрово 2,19-24.
„Во својата човечка природа Христос бил искушуван со многу посилни искушенија отколку човекот, со многу поголеми истрајни напори и енергија од страна на сатаната, со оглед дека Неговата природа била повозвишена од човечката. Ова е длабока таинствена вистина, дека Христос е врзан за човештвото со најнежно сочувство. Лошите помисли, злите зборови и злоделата на секој син и ќерка на Адам ја притискале Неговата божествена душа. Поради гревовите на луѓето, Него го очекувала одмазда, бидејќи Тој станал човекова замена и ги зел врз себе гревовите на светот”.
б. Која била целта на небото при Христовото воплотување? Исаија 53,10.
Четврток — 27. октомври
5. ХРАНА ЗА УМОТ
а. Што го инспирирало Христа да умре со толку срамна смрт? Исаија 53,11.12.
Сето ова понижување, Величеството на небото го поднело поради вината на осудениот човек. Во своето понижување, Тој одел се подлабоко и подлабоко сѐ додека не се спуштил до најголемите длабочини до кои воопшто можел да допре, со цел да го подигне човекот од неговата морална униженост. Сето ова е за вас”.
б. На што треба оваа неверојатна понизност да нѐ наведе на размислување? Евреите 2,3.14.15.
Петок — 28. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што треба да научиме со цел да бидеме од поголем благослов за другите?
2. Какво влијание ќе има врз нас ако напамет го научиме 53. поглавје од книгата на пророкот Исаија?
3. Доколку ги посматраме Исусовите страдања на крстот, што ќе бидеме во состојба да направиме?
4. Зошто Исус, освен кога се молел за своите непријатели, молчел додека висел на крстот?
5. Како можеме да ја покажеме нашата благодарност за она што Исус го направил за нас?
6. лекција – Споделување со нашите соседи
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 248-256.
Недела — 30. октомври
1. ДОСЕГАЊЕ ДО НЕДОСТИГНАТИТЕ
а. Опишете го Божјиот план за неговите овци, кои се надвор од неговото стадо? Езекиел 34,12-14. Што на современиот Божји гласник му било наредено да каже за оваа потреба?
„Светот треба да се предупреди. Проповедниците треба да работат сесрдно и совесно, влегувајќи во нови полиња и лично заземајќи се за спасение на душите, а не да престојуваат во црквите кои веќе примиле голема светлина и многу предности”.
Понеделник — 31. октомври
2. ОСНАЖЕНИ СО СЛУЖБА
а. Која спасоносна светлина мора да допре до секој човек на земјата? Исаија 42,6; Марко 16,15. Како ние како верници и како поединци често ја запоставуваме оваа обврска, особено кога сме собрани во поголеми цркви?
Проповедниците кои лебдат над црквите, проповедајќи им на оние кои веќе ја познаваат вистината, би било подобро да одат во оние места кои сѐ уште се во темнина. Доколку тоа не го направат, и тие и нивните собранија ќе станат закржлавени. Нашата вера станала слаба и болна затоа што членовите на црквата ја напуштиле својата прва љубов. Тие можат да станат силни мажи и жени во Христа доколку се потчинат на Божјите упатства…
Светот пропаѓа во гревот. Колку долго ќе си дозволите себеси да бидете одвоени од големото сиромашно лозје на кое му е потребна вашата помош, кога историјата на овој свет е толку блиска до својот крај?“ – The Review and Herald, February 9, 1905.
„Постојат голем број на членови на нашите големи цркви кои не работат релативно ништо, а кои би можеле да постигнат добри резултати во работата, доколку, наместо да се групираат заедно, би се распрснале по оние места во кои вистината сѐ уште не се пробила”.
б. Што секој проповедник и член треба да има на ум? Исаија 43,11.
Во секоја црква треба да се избираат млади мажи и млади жени да носат одговорности. Тие мораат да ги вложуваат сите свои напори за да се оспособат да им помогнат на оние кои не ја познаваат вистината. Бог бара сесрдни работници кои работат со целото свое срце. Оние кои ќе бидат кротки и понизни, ќе увидат од лично искуство дека освен Него нема спасител”.
Вторник — 1. ноември
3. ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА ЖЕДНИТЕ
а. Што ветува Бог дека ќе направи за оние кои настојуваат да ја извршуваат неговата волја со сето срце? Исаија 44,3.4.
Бог не може да го прослави своето име преку својот народ додека тој се потпира на ‘човек и кој телото го смета за своја крепост’ (Еремија 17,5). Неговата сегашна слаба состојба ќе трае сѐ дотогаш додека не почне да го возвишува само Христа и додека, како Јован Крстител, не рече во понизност на своето срце: ‘Тој треба да расте, а јас да се смалувам’ (Јован 3,30). Наложено ми е на Божјиот народ да му ги пренесам овие зборови: Воздигајте го Него, човекот од Голгота. Сето човечко нека се повлече зад Него, за да можат сите да го видат Оној во кого се сконцентрирани сите нивни надежи на вечен живот’…
Изворот на живата вода им се отвора на жедните души. Бог вели: ‘зашто ќе излеам вода врз жедната земја, и потоци врз исушеното’ (Исаија 44,3). Светлината ќе им биде дадена само на оние души кои искрено бараат светлина и кои радосно го примаат секој зрак на божественото просветлување од Неговото Свето Слово. Преку тие души Бог ќе ја открие светлината и силата кои ќе ја осветлат целата земја со Неговата слава”.
б. Опишете ја лудоста на овој свет кој се потпира на своите идоли. Исаија 44,9.14-17; 46,5-8. Која освежувачка вест овие идолопоклоници треба да ја слушнат? Исаија 44,22; Псалм 103,11-13.
Среда — 2. ноември
4. ПРОШИРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ГРАНИЦИ
а. Што Господ сака неговиот презрен и напуштен остаток да направи? Псалм 5,11; Исаија 54,1.
б. Објаснете го уверувањето дадено на оние кои ги отвораат своите срца и домови за другите? Исаија 54,2.3; Евреите 13,1.2.
Преобразувачката сила на Христовата благодат го преобразува човекот кој ќе се посвети на Божјата служба. Исполнет со Духот на Спасителот, тој е подготвен да се одрече од себе, подготвен да го понесе крстот, подготвен на секаква жртва за Учителот. Тој повеќе не може да биде рамнодушен кон душите кои гинат околу него. Тој е воздигнат над сопствените интереси. Тој станал нов човек во Христа и во неговиот живот нема веќе место за себичност”.
в. Кои чудесни ветувања се поврзани со овој вид на мисионерска работа? Исаија 54,4.5.10.17.
Четврток — 3. ноември
5. ВЕТУВАЧКИ МОЖНОСТИ КОИ ПРЕТСТОЈАТ
а. Што Бог сака да бидеме за оние кои се наоѓаат околу нас, и какви уверувања можат да се најдат за оние кои ќе се прифатат за тоа дело? 2 Летописи 16,9; Исаија 11,10-13; 57,13.14.
Денот на ослободување е на дофат на раката… Меѓу сите народи, колена и јазици, Господ ги гледа мажите и жените кои се молат за светлина и знаење. Нивните души се незадоволни; долго тие се хранеле со пепел (Види: Исаија 44,20). Непријателот на секоја правда ги одвлекол настрана и тие опипуваат како слепци. Меѓутоа, тие се искрени во срцето и сакаат да го познаат подобриот пат. Иако се наоѓале во длабочините на незнабоштвото и не го познаваат напишаниот Божји закон, ниту Неговиот Син Исус, кај них сепак многукратно се покажува делувањето на Божјата сила врз умот и карактерот.
Понекогаш оние кои немаат познавање за Бога, освен она стекнато под дејство на Божјата благодат, биле љубезни кон Неговите слуги, заштитувајќи ги по цена на својот живот. Светиот Дух ја всадува Христовата благодат во срцата на мнозина благородни трагачи по вистината, оживувајќи ги навиките спротивни на поранешното воспитување”. – Пророци и цареви, 254.
„’Господ испраќа порака, ‘Отстранете го каменот на сопнување од патот на мојот народ’. Треба да се вложат искрени напори за да се оневозможи влијанието кое ја попречува пораката за ова време. Една свечена задача треба да се изврши во краток временски период”.
Петок — 4. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Ако навистина сме обратени, што треба да бидеме подготвени да направиме во нашите цркви?
2. Објаснете го недостатокот на големите цркви.
3. На кого единствено ќе му биде дадена светлина, и што ќе направи со таа светлина?
4. На кој начин можам да го ‘проширам’ мојот ‘шатор’ за Господа?
5. Кои чекори можеме да ги преземеме за да им помогнеме на оние кои како слепиот човек трагаат по светлина?
7. лекција – Борбата на остатокот
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мисли од гората, 83.84. Одбрани пораки 1, 121-143.
Недела — 6. ноември
1. ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА ПРАВЕДНИТЕ
а. Во времето на Исаија, какви настани се развивале во Јуда за време на владеењето на царот Манасија? 2 Цареви 21,16; 2 Летописи 33,9-11.
Сепак, и тие тешки времиња не биле без Божји сведоци и правда. Тешките искуства низ кои Јудиното царство поминало во периодот на владеењето на Езекија, во срцата на мнозина развило цврстина на карактерот, која сега служела како бедем против општото беззаконие. Нивното сведоштво во корист на вистината и правдата предизвикало гнев кај Манасија и неговите соработници кои биле на власт, и кои настојувале да се утврдат во зло, замолкнувајќи го секој глас на негодување. (2 Цареви 21,6).
Меѓу првите паднал Исаија, кој повеќе од половина век стоел пред Јуда како избран гласник на Јехова”.
Понеделник — 7. ноември
2. ГОСПОД СЕМОЌНИОТ СПАСУВА
а. Што сите ние треба да научиме од покајанието на Манасија? 2 Летописи 33,12.13; 2 Петрово 3,9.
Господ преку пророкот често му се обраќал на својот народ со зборови на опомена и укор. Тој им се откривал во својата милост, љубов и добрина. Својот отпаднички народ Тој не го препуштал на волјата на непријателот, току долго и трпеливо го поднесувал, дури и за време на нивното упорно отпадништво. Но, по залудно упатените повици, Тој подготвил прачка за казнување. Каква сомилост и љубов Бог покажувал кон својот народ! Оние кои ги попречувале Неговите намери, Господ можел да ги уништи во нивните гревови, но Тој не го сторил тоа. Неговата рака сѐ уште е испружена. Ние имаме причини да му бидеме благодарни на Бога што не го повлекол својот Дух од оние кои одбиле да одат по Неговиот пат”.
б. Откако Бог го искористил Вавилон за да го казни отпаднатиот Израел, а потоа ја користел Медо-Персија да го уништи Вавилон, кое ветување Бог го дал во поглед на ослободувањето на својот народ по истекот на казнениот период? Исаија 44,24.28; 45,1-6.13.
в. Како се исполнило ова пророштво? Ездра 1,1-4; 6,3-5. На кој принцип овој факт треба да нѐ потсетува? Броеви 11,23.
Вторник — 8. ноември
3. ВИСТИНСКА РЕФОРМАЦИЈА КОЈА ТРАЕ
а. Која духовна обнова пророкувана дека ќе се спроведе во нашите денови е претставена со обновата во времето на Неемија? Исаија 61,4; 58,12.13.
Пророкот со овие зборови го опишува народот кој, во времето на општ отпад од вистината и правдата, се труди да ги обнови начелата кои се темел на Божјото царство. Тој народ обновува урнатини направени во Божјиот закон – ѕидови кои Тој ги подигнал за да ги заштити своите избраници, и послушноста на прописите на правдата, вистината и чистотата ќе биде вечна заштита.
Пророкот со недвосмислени зборови укажува на специфичната задача на остатокот кој го гради ѕидот. ‘Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш, тогаш ќе имаш радост во Господ, а Јас ќе те искачам на височини земни и ќе ти дадам да вкусиш од наследството на Јаков, твојот татко: устата на Господ го изрече тоа’ (Исаија 58,13.14).
Во времето на крајот секоја божествена институција ќе биде обновена. Повредата направена во законот во времето кога човекот ја променил саботата ќе биде поправена”.
б. Зошто е толку значајно да се има добар темел во делото на реформацијата? Псалм 11,3. Како ова се однесува на нашата работа денес додека се подготвуваме за враќањето на нашиот Господ? Матеј 3,9.10; 17,11.
Среда — 9. ноември
4. НАПРЕДУВАЊЕ
а. Колку понизни треба да бидеме во работата за другите? Лука 17,10; Галатјаните 6,1; Исаија 51,1.
б. Кои ветувања упатени на Аврамовите духовни деца се однесуваат на нас денес? Исаија 51,2.3; Галатјаните 3,28.29.
Лозјето го вклучува целиот свет, и секој негов дел мора да биде обработен. Постојат места кои денес претставуваат морална пустина и тие треба да станат како Господова градина. Потребно е да се обработат пустите делови на земјата, за да можат да пупат и да процветаат како роза. Луѓето, вдахновени со Светиот Дух, треба да обработуваат нови полиња. Мораат да се основаат нови цркви, да се организираат нови собранија. Во ова време, претставниците на сегашната вистина треба да бидат во секој град и во најоддалечените краеви на земјата. Целата земја треба да биде осветлена со славата на Божјата вистина. Светлината треба да блеска во сите земји и меѓу сите народи, и таа треба да се шири преку оние кои ја примиле. Ѕвездата Деница се родила во нашите срца и со нејзината светлина ние треба да го осветлиме патот на оние кои се наоѓаат во темнина.
Кризата е пред нас. Со силата на Светиот Дух мораме сега да ги прокламираме големите вистини за овие последни денови. За кратко време сите ќе го слушнат предупредувањето и ќе донесат своја одлука. Тогаш ќе дојде крајот.
Суштината на секоја вистинска вера се состои во тоа да се направат вистински работи во право време. Бог е големиот главен работник, кој со своето провидение подготвува пат по кој ќе се оствари Неговото дело. Тој создава прилики и отвора патишта на влијание и канали на делување. Ако Неговиот народ внимава на знаците на Неговото провидение и ако е подготвен да соработува со Него, ќе види како се остварува големо дело… . Нашето дело е дело на реформирање и Божја намера е тоа со своето совршенство во сите насоки да биде поука за народот”.
Четврток — 10. ноември
5. ДА НЕ БИДЕМЕ ЗАВЕДЕНИ НА ПОГРЕШЕН ПАТ
а. Што се случува кога луѓето ќе го отфрлат Божјото Слово со цел да ја промовираат сопствената агенда (дневен ред)? Исаија 50,11; Јован 12,48; 2 Солунјаните 2,11.
„Од страна на мнозина, зборовите што Господ ги испраќа ќе бидат отфрлени, а зборовите кои човекот може да ги каже ќе бидат примени како светлина и вистина. Човечката мудрост ќе ги води подалеку од самоодрекувањето, од посветувањето и ќе осмисли многу работи кои имаат тенденција Божјите пораки да немаат никаков ефект. Ние не можеме безбедно да се потпреме на луѓе кои не се тесно поврзани со Бога”.
б. Кои клучни точки треба да ги имаме во предвид во ова дело? 1 Коринтјаните 14,8.
Петок — 11. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Колку длабоко царот Манасија потонал во понорот на беззаконието?
2. Наведете примери кои најдобро го откриваат огромното трпение на нашиот Спасител?
3. Мнозина тврдат дека се реформатори, но на што Бог ја темели вистинската реформа?
4. Која е најважната задача на која мораме денес да се посветиме?
5. Наведете ги проблемите кои ги наведуваат луѓето да застранат од вистината.
8. лекција – Соработка со небото
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 169-184.
Недела — 13. ноември
1. ЗБОРОВИ НА УТЕХА И ИСЦЕЛЕНИЕ
а. Која утешна порака до непокорната Јуда одекнува до нас денес во нашата желба да живееме за Бога и да го унапредиме Неговото дело? Исаија 41,10-14.
„Да бидеме храбри и полни со надеж. Да се очајува во Божјата служба е грешно и неразумно. Тој ја знае секоја наша потреба. Тој ја има секоја сила. Тој може на своите слуги да им даде способност во мерка која ги задоволува нивните потреби. Неговата бескрајна љубов и сомилост се неисцрпни. Со својата величествена семожност Тој ги обединува нежноста и грижата на нежниот пастир. Не мораме да се плашиме дека Тој нема да ги исполни Своите ветувања. Тој е вечна вистина. Тој никогаш нема да го промени заветот што го направил со оние што Го љубат. Неговиот ветувања дадени на црквата стојат засекогаш. Тој ќе ја направи вечно издигната и радост на многу поколенија.
Проучете го четириесет и првото поглавје од книгата на пророкот Исаија и настојувајте да го сфатите неговото значење”.
Понеделник — 14. ноември
2. ОХРАБРУВАЊЕ ВО НАШАТА МИСИЈА
а. Какво уверување имаме за Божјата љубов и заштита при извршувањето на нашата мисија, дури и во услови на искушенија? Исаија 43,1-6.
б. Кои поуки за соработка и охрабрување, дури и кај идолопоклониците можеме да ги примениме во нашата работа за Бога? Исаија 41,6.7.
‘Бидејќи сме делови еден на друг’. ‘Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат’ (Ефесјаните 4,25; 1 Петрово 4,10).
Зборовите кои се запишани за градителите на идоли во дамнешни времиња би можеле, со достојна цел, да ги земат како мото денешните градители на карактери: ‘Секој му помага на својот другар, и на својот брат му вели: „Храбро!“
Вторник — 15. ноември
3. ВО СКЛАД СО НАШИОТ СОЗДАТЕЛ
а. Како псалмистот и Исаија ја опишуваат уникатноста на нашиот Создател? Псалм 72,18; Исаија 44,6-8; 45,11.12. На какво размислување тоа треба да нѐ наведе?
б. Наместо да соработуваме со нашиот Создател во остварување на Неговите намери за нас, што ни често работиме? Исаија 45,9.10. Како Кир, незнабожечки цар, одговорил на Божјата намера која ја имал за него? Исаија 45,13.
„Кога царот (Кир) ги видел зборовите кои претскажале, пред повеќе од сто години пред неговото раѓање за начинот на кој ќе биде освоен Вавилон; кога ја прочитал пораката упатена до него од страна на Владетелот на универзумот: ‘Јас сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене; Јас те наоружив, иако не Ме познаваше, за да дознаат од исток до запад дека нема друг освен Мене: Јас сум Господ, и нема друг’ – кога ги видел со свои очи изјавите на вечниот Бог: ‘Заради Јаков, Мојот слуга и Израел, Мојот избраник, Јас те нареков по име, те именував, иако ти не Ме познаваше’; кога го прочитал вдахновениот запис: ‘Јас го подигнав царот Кир во правда и ќе ги израмнам сите патишта негови. Тој ќе го изгради Мојот град и ќе ги отпушти заробените Мои не за откуп, ниту за дарови’; кога сето тоа го разбрал, срцето му било длабоко трогнато и тој одлучил да ја исполни својата мисија која небото му ја наменило (Исаија 45,5.6.4.13). Одлучил да ги пушти јудејските заробеници на слобода и да им помогне повторно да го изградат храмот на Јехова”.
Среда — 16. ноември
4. СИГУРНОСТА НА ЗБОРОТ БОЖЈИ
а. Кога сме во искушение да се посомневаме во сигурноста на Божјото Слово, што треба да се сетиме за Бога? Исаија 46,8-10.
Врз основа на Неговото постапување со нас, ни можеме да ги сфатиме мотивите кои го поттикнуваат на тоа и да препознаеме дека безграничната љубов и милост се соединети со бесконечната моќ. Ние можеме да ги разбереме Неговите цели колку што е за наше добро да знаеме; но за сѐ што е над тоа мораме и понатаму да имаме доверба во моќта на Семоќниот, во љубовта и мудроста на Отецот, и Владетелот на сите…
Меѓутоа, Бог во Светото писмо ни дал доволно докази за нивниот божествен карактер, и ни не смееме да се сомневаме во Неговата реч затоа што не ги сфаќаме сите тајни на Неговото провидение…
Сѐ што Бог сметал дека е потребно да го открие мораме да го прифатиме потпирајќи се на авторитетот на Неговото Слово. Иако се изнесени само голи факти, без никакви објаснувања зошто или како се случило тоа; и иако ние не можеме да ги сфатиме потполно, треба да се задоволиме со тоа дека тоа е вистина, затоа што Бог тоа го кажал. Сите тешкотии лежат во слабоста и ограниченоста на човечкиот ум”. – 5 Сведоштво, 481.482.
„Во аналите на историјата на човештвото, подемот на народите, подемот и падот на царствата, навидум зависат од волјата и јунаштвото на луѓето. Се чини дека развојот на настаните во голема мерка е одреден од нивната сила, амбиција или каприц. Но, во Божјата Реч завесата е тргната на страна и ни, зад, над, и во сите игри и против-игри на човековите интереси, сила и страсти, ги гледаме орудијата на Семилостивиот кои тивко и трпеливо ги остваруваат намерите на Неговата волја”.
б. Во Својата намера да го искористи Кир да ја избави Јуда од Вавилон, кое големо духовно избавување било обезбедено од страна на Бога, и преку кого тоа требало да дојде? Исаија 46,11-13.
Четврток — 17. ноември
5. БОЖЈИ ПОМОШНИЦИ
а. Кое основно искуство треба сите ние да го имаме, со цел да соработуваме со Бога во благословеното дело за спасување на душите? Псалм 51,10-13; 2 Коринтјаните 4,1-7. Зошто?
„Оној што ќе стане Божјо дете, треба отсега да се смета себеси за алка во синџирот што е спуштен за спасување на светот, да биде едно со Христа во Неговиот план на милоста и одејќи напред со Него, да го бара и спасува изгубеното”. – Здравје и среќа, 66.
„Дали толку длабоко ја вреднувате жртвата направена на Голгота, за да ги подредите сите свои интереси на делото на спасување на душите? Истата силна желба да се спсат грешниците која го карактеризирала животот на Спасителот треба да го карактеризира и животот на Неговиот вистински следбеник. Христијанинот не копнее да живее за себе. Тој наоѓа задоволство сѐ што има и сѐ што е да го посвети во служба на Господа. Тој се раководи со неискажаната желба да придобива души за Христа. Оние што не чувствуваат ваква желба, можеби е подобро да се загрижат за своето спасение. Нека се молат за дух на служба”. – 7 Сведоштво, 5.6.
„Самиот небесен Отец ни укажал на делото кое треба да го извршиме. Мораме да ги земеме своите Библии и да излеземе да го предупредиме светот. Ние сме на Бога помагачи во спасување на душите – канали по кои Неговата љубов од ден во ден се излева на оние кои пропаѓаат”.
Петок — 18. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Спомнете некои од начините за унапредување на Божјото дело преку нашата заедничка соработка?
2. Што треба да имаме на ум кога се соочуваме со жестоки искушенија и тешкотии?
3. Ако се одмараме во Божјата љубов и во целост Му се посветиме на Него, што ни ќе добиеме?
4. Зошто пророштвата се толку корисни во поставувањето на темелите за верување во Бога?
5. Зошто евангелската ревност е прецизен мерач за вистинско обраќање?
9. лекција – Повикани да сведочиме
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 7 Сведоштво, 9-24.
Недела — 20. ноември
1. ОЖИВУВАЊЕ НА НАШАТА ЉУБОВ КОН ВИСТИНАТА
а. Кога сме во искушение да го изгубиме времето на себични стремежи и безначајни работи, што треба да земеме во предвид? Исаија 55,6.7; Евреите 3,12.13.
б. Зошто е важно сега да го проучуваме Божјото Слово? Амос 8,11.12. Каков ефект личното проучување на Библијата ќе има на нас? Јован 8,31.32; 17,17.
Понеделник — 21. ноември
2. ОЖИВУВАЊЕ НА НАШАТА ЉУБОВ КОН ХРИСТА И ДРУГИТЕ
а. На што ќе нѐ нагони силната Христова љубов? 2 Коринтјаните 5,14.15.
б. Кога ќе ни недостасува овој мотив, кој повик на покајание мораме да го прифатиме, и зошто? Откровение 2,4.5.
Тоа е мистерија зошто денес нема стотици работници таму каде што сега има само еден. Небесниот универзум е зачуден заради незаинтересираноста, студенилото, рамнодушноста на оние кои тврдат дека се Божји деца. Делото е пред нас веќе со години, но мнозина заспале”.
в. Како чинењето на ‘првите дела’ во мисионерските потфати може да ја подигне духовноста во црквата на повисоко ниво?
Вторник — 22. ноември
3. РЕЗУЛТАТИ ВРЕДНИ НА ТРУДОТ
а. Кои охрабрувачки зборови ќе ја илустрираат благодарноста која оние што ја слушнале веста ќе ја имаат за оние кои им ја донеле пораката? Исаија 52,7.
Да почнеме да работиме за оние кои не ја имаат светлината… Она што ни треба е жива вера, вера која над отворениот Јосифов гроб објавува дека имаме жив Спасител, кој ќе оди пред нас и ќе соработува со нас. Бог ќе ја врши работата, доколку ние му обезбедиме инструменти. Потребно е да се молиме многу повеќе и да имаме многу помалку неверување. Мораме сѐ повеќе и повеќе да го издигаме стандардот перед народот. Не смееме да заборавиме дека Христос секогаш е од десната страна кога им објавуваме слобода на заробениците, и им делиме леб на животот на гладните души. Ако ја задржиме перед нашите умови итноста и важноста на оваа работа, Божјото спасение јасно ќе ни се открие.
Бог нека ни помогне да го земеме сето духовно оружје и да работиме со нај сесрдна сериозност, со уверување дека душите на мажите и жените навистина се вредни за спасение. Да настојуваме наново да се обратиме”.
б. Што може да се случи ако ги здружиме силите во овој голем потфат? Исаија 52,8.15.
„Но ако ние вистината ја изнесуваме онаква каква што е во Исуса, ќе ја изнесуваме во духот на вистинскиот Воспитувач; и нема да застапуваме различни мислења, држејќи се упорно до своите идеи, туку ќе делуваме во целосна согласност”.
Среда — 23. ноември
4. ОСЛУШУВАЈЌИ ГО ПОВИКОТ НА БУДЕЊЕ
а. Како апостол Павле го повторува повикот на Исаија на служба? Римјаните 10,13-15.
Луѓето немаат право да мислат дека постои ограничување во напорите кои тие треба да ги направат во делото на спасување на душите. Дали Христос некогаш се уморил во својата работа? Дали некогаш се повлекувал од жртвата и тешкотиите? Членовите на црквата треба да вложуваат континуирани, истрајни напори, како и Христос”.
б. Дали треба да чекаме владин декрет или резолуција на Генералната Конференција за да се разбудиме? Ако не, зошто не? Римјаните 13,11-14; 1 Солунјаните 5,4-8.
Ти веќе долго време си чекал на величествените застрашувачки настани кои треба да се случат непосредно перед доаѓањето на Синот човечки на небесните облаци, со сила и голема слава. Сега јас те прашувам: дали си подготвен на трубата да и дадеш одреден звук? Дали сигурно знаеш дека си поврзан со Бога, дека живееш во светлината на Неговото лице? Кој чувствува од ден во ден дека припаѓа на големата заедница која го почитува Исуса исполнувајќи го Божјиот план за откуп на луѓето? Најдобар начин сопствените души да ги одржувате во Божјата љубов е да станете вредни работници за спасувањето на другите…
Целото небо, ако можам така да се изразам, нетрпеливо чека луѓето да соработуваат со небесните орудија во делото на спасување на душите (Исаија 52,7). Кој ќе стане и ќе светли бидејќи дојде неговата светлина, и Божјата слава го осветли? Кој се обединил со Господа во свет завет да стане канал за комуникација преку кого небесната светлина и милост ќе се пренесат на нашиот свет”.
Четврток — 24. ноември
5. ВИСТИНСКО ПРИЗНАВАЊЕ
а. Какво признание ни е потребно додека времето на проба уште се задржува? Исаија 45,23; Римјаните 14,11; 10,9.10.
б. Кога ќе го признаеме Христа како извор на нашата сила и правда, каков ефект тоа ќе има врз нашите мисионерски напори? Исаија 45,24.25.
Петок — 25. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто е важно за нас да знаеме што е вистина?
2. Што се случува со нашата духовност, ако пропуштиме да го работиме делото на мисионство?
3. Додека се трудиме веста за Христа да ја поделиме со другите, на кого треба прво да се фокусираме?
4. Каков пример ни оставил Христос во секојдневниот живот, и како можеме да го следиме?
5. Како моето лично признавање на Христа може да биде уште поефикасно сведоштво?
10. лекција – Допирање до душите
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 7 Сведоштво, 25-41. 6 Сведоштво, 31-57.
Недела — 27. ноември
1. ПОРАКА ЗА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ
а. Кое дело за денешно време е претскажано во пророштвото на Исаија 56? Стихови 1,2.
б. На кој начин можеме најдобро да им сведочиме на оние кои живеат во големите градови? Лука 14,23.
Понеделник — 28. ноември
2. ДОПИРАЊЕ ДО ОНИЕ НАДВОР ОД НАШИТЕ КРУГОВИ
а. Што му е покажано на Исаија во врска со Божјиот план за драгоцените, искрени души надвор од закрилата на Христос? Исаија 56,3-5. Ккао ова можело да се види во проповедањето на апостолите? Дела 13,44.
б. На кои себични човечки склоности треба и ни и нашите семејства одредено да се спротивставиме? Агеј 1,4.
в. Како можеме да ги избегнеме стапиците на групирање на луѓето на едно место? Лука 9,6.
Вторник — 29. ноември
3. ВРСКАТА СО НАШИТЕ ВКУСОВИ И НАВИКИ
а. Кое прекрасно ветување им е дадено на новите верници? Исаија 56,6.7. Како ни треба да учествуваме во делот на ширење на вистината?
Вложувајте редовни, организирани напори за да ги придвижите членовите на црквата од мртвата точка во која се наоѓаат со години. Испраќајте во црквата работници кои живеат според начелата на здравствена реформа и кои ја увидуваат потребата за самооткажување во поглед на апетитот, зашто во спротивен случај, тие ќе бидат стапица за црквата. Тогаш ќе видите дека во нашите цркви ќе влезе здивот на животот”.
б. Од кои духовно заразни болести фарисеите заболеле и како ни можеме тоа да го избегнеме? Матеј 23,1-3; 7,24-29. Како нашите здравствени навики влијаат на нашето христијанско сведочење? Исаија 56,10-12; 1 Коринтјаните 9,26.27.
„Ако членовите на црквата очекуваат сила, тие мораат да живеат според вистината коа Бог им ја дал. Ако членовите на нашите цркви ја занемарат светлината (за овој предмет), тие ќе пожнеат сигурни последици – духовна и телесна дегенерација. Влијанието на постарите членови ќе дејствува како квасец на новодојдените верници. Господ сега не работи за да приведе многу души кон вистината, поради членовите на црквата кои никогаш не се обратиле, како и поради оние кои еднаш се обратиле, а потоа повторно почнале да запаѓаат во поранешната состојба. Какво влијание можат да имаат на новите обратеници овие непосветени членови? Не ја чинат ли тие на тој начин неделотворна Божјата вест која треба да ја објавува Неговиот народ?“
Среда — 30. ноември
4. НЕЖНОСТ КОН ОТПАДНИЦИТЕ
а. Опишете ја посебната грижа која Бог ја има за оние на кои таа им е најпотребна. Исаија 56,8.
б. Како можеме да работиме за отпадниците во нашите сопствени редови? Јаков 5,19.20.
Четврток — 1. декември
5. СЛЕДЕЈЌИ ГО ПРИМЕРОТ НА УЧИТЕЛОТ
а. Како Христовата служба полна со сочувство кон душите заболени од гревот може да се рефлектира и подржува во животот на неговите следбеници? Исаија 61,1-3.
„Ние не треба да одиме во Назарет, Капернаум, или Витанија, за да чекориме по Христовите стапки. Неговите стапки може да се најдат покрај болничките кревети, во колибите на сиромашните, во пренатрупаните улички на големите градови и на секое место накое им е потребна утеха на човечките срца.
Ние треба да ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, да ги утешиме оние што страдаат и се немоќни. Треба да им служиме на очајните, и да влееме надеж во срцата на безнадежните.
Христовата љубов, манифестирана во несебична служба, ќе има поголем ефект во реформирањето на злосторникот, отколку мечот или судот на правда. Сепак, и овие мерки се неопходни да влеат страв во престапниците на законот, иако еден љубезен мисионер може да стори повеќе од тоа. Често срцата кои се стврднуваат под укор ќе се стопи под влијание на Христовата љубов”.
Петок — 2. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која била првобитната цел на организирање на состаноци во шатори, и зошто?
2. Зошто треба да покажеме интерес за новите души чии семејства не се во верата?
3. Како нашите лични здравствени навики се поврзани со нашиот успех во мисионерската работа?
4. Што се случува ако кон луѓето се однесуваме онака како тие заслужуваат? Како Исус се однесува кон нас?
5. Каде можеме да најдеме прилики за лично сведочење, како што тоа го правел Исус?
11. лекција – Истрајни мисионери
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 385-389. 6 Сведоштво, 14-29.
Недела — 4. декември
1. ИСТРАЈНОСТ ВО ТЕШКОТИИ
а. Каква порака треба да им се пренесе на сите луѓе во денешно време, без оглед на тешките околности со кои можат да се соочат? Исаија 55,1.2. Зошто Бог дозволува искушенија да дојдат на црквата?
Божјата љубов кон Неговата црква е бесконечна. Тој никогаш не престанува да се грижи за своето наследство. Тој не дозволува на црквата да дојдат никакви неволји освен оние кои се неопходни за нејзино очистување, заради нејзиното сегашно и идно добро. Тој ќе ја прочисти својата црква како што го прочистил храмот на почетокот и на крајот на својата мисија на Земјата. Сите искушеније и неволји кои Тој ги допушта на црквата, имаат за цел Неговиот народ да добие уште подлабока побожност и повеќе сила, за веста за победата на крстот да ја пренесат низ сите делови на светот. Тој на секого му одредил задача. Делото мора постојано да се шири и напредува. Тоа мора да се проширува од град во град, од една земја во друга, и од народ до народ, да напредува постојано напред и нагоре; да фати сѐ поголем корен и да добива сѐ повеќе во сила”.
Понеделник — 5. декември
2. СТАНИ, ЗАСВЕТИ!
а. Каква светлина треба да блесне во срцето на сите кои ќе ја чујат евангелската порака? 2 Коринтјаните 4,6. На кого и преку кого оваа светлина ќе блеска денес? Исаија 9,2; Филипјаните 2,15.
б. Колку далеку ќе се прошири знаењето за Христа и за неговата слава? Исаија 49,6.
в. Како ќе биде откриена Божјата слава во овие последни денови? Исаија 60,1.2; Матеј 5,16.
„Верниците во нашата црква (лаиците) можат да извршат едно дело кое одвај е започнато. Никој не треба да се сели во некое ново место само заради световна корист; но ако некаде се пружи прилика за пристоен живот, таму нека одат семејства кои се добро втемелени во вистината, едно или две семејства во едно место, и таму нека работат како мисионери… Можат да делат наши публикации, да одржуваат состаноци во своите домови, да се запознаваат со своите соседи и да ги повикуваат да дојдат на тие состаноци. Така тие можат да светлат во добри дела”.
Вторник — 6. декември
3. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА СО СЛАВА!
а. Како Бог го опишува последниот голем мисионерски потфат? Откровение 18,1-4. Зошто ова дело не може да се изврши преку посредник?
„Мнозина кои исповедаат религија не вложуваат никакви лични напори во делото за Христа. Тие се задоволни што другите го прават за нив она што всушност требало тие да го направат, и со тоа што со своето слабо влијание за работникот, сметаат дека прават нешто добро со посредство на застапник. Таквите луѓе ја немаат онаа вера која работи со љубов, и ја чисти душата. Тие немаат вистинска религија која го проникнува нивното секојдневие и управува со секоја активност во нивниот живот. Живата вера во Христа се покажува преку добри дела во нашето семејство и соседство, преку грижливо и практично влијание кон сиромашните, посетување и давање на утеха на вдовиците и сирачињата во нивните неволји, во чување да не се извалкаме во светот, и преку употреба на нашите средства и влијанија за унапредување на Божјото дело. Ова не смееме да го правиме мрзоволно или со тешко срце, туку драговолно и радосно, како што Исус сѐ дал за нас”.
б. Кои се некои од начините на кои можеме да бидеме соработници со Бога во ова дело? 1 Коринтјаните 3,9.10.
На тој начин тие можат со приложување на своите пари можат да го помогнат ширењето на списанија и книги на оние што ја немаат светлината на вистината; тие можат да им помогнат во плаќањето на трошоците за учениците кои ќе се посветат на мисионерската работа. Вложете го во небесната банка секој денар кој можете да го одвоите”.
Среда — 7. декември
4. ПРОСВЕТЛУВАЊЕ НА НАРОДОТ
а. Која охрабрувачка порака на милост сме повикани да им ја дадеме на сите народи, и како тоа треба да го направиме? Исаија 55,3-5.
Последниот голем конфликт е пред нас; меѓутоа, помош ќе им биде пратена на сите кои го љубат Бога и го почитуваат Законот, и земјата, целата земја, ќе биде осветлена со Божјата слава”. – Те Review and Herald, April 19, 1906.
„Оваа работа им е дадена на сите оние кои го претставуваат распнатиот Христос. Со крштевање со Светиот Дух и со посредство на својот Учител Божјиот народ треба да го работи она што Христос го работел. Тие треба да ја отсликуваат добрината на Творецот во овој свет. Како учесници во божествената природа, тие, со вера во Христа не треба само да ги спасуваат своите души, Христос за нив вели: вие сте Божји соработници. Како Негови сведоци, Тој на секого му дал своја работа. Како Негови претставници, тие треба на светот да му носат пораката на повик и милост.
Христос на своите ученици им наложил да го издигаат Спасителот на светот. Тие треба да имаат чувство на должност со цел способностите кои им се доверени да ги посветат во придобивање на души за Оној кој принел целосна жртва за просветлување и обновување на светот”.
б. Што треба да имаат на ум сите оние кои се обидуваат да ја споделат со другите светлината на сегашната вистина директно од Божјата реч? Исаија 55,9-11.
Четврток — 8. декември
5. ИЗДИГАЊЕ НА БОЖЕСТВЕНИОТ СТАНДАРД
а. Кога непријателот ќе нѐ преплави со искушенија да се откажеме од нашите напори да допреме до душите, што Бог ќе направи за нас? Исаија 59,19.
б. Каков став на умот ќе нѐ оспособи да чекориме напред и покрај тешките околности? Исаија 50,7.
Овде се наоѓа делото доверено на секој еден од нас. Никогаш порано не го согледав значењето и вредноста на душите така како што го согледувам во моментот. Како можеме да ја сфатиме важноста на делото на спасението? Во споредба со вредноста на душата, сѐ останато тоне во безначајност. Овој свет и неговите богатства, овој живот и неговата среќа се од мала важност, кога ќе ги споредиме со радоста дури и на само една душа спасена за вечност. Сѐ додека не имаме бистра и јасна претстава за тоа што таа душа ќе ужива кога ќе биде спасена во царството на славата; сѐ додека целосно не ја сфатиме вредноста на тој живот кој се мери со животот на Бога; сѐ додека потполно не го разбереме богатството на наградата која е подготвена за оние кои ќе ја добијат победата – ние нема да можеме да ја знаеме непроценливата вредност на душата”.
Петок — 9. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можеме да бидеме истрајни во нашата мисионерска работа денес?
2. Како лаиците можат да направат огромна работа во ширење на вистината?
3. Како можеме да го послушаме македонскиот повик?
4. Како вистинската религија делува во животот?
5. Кога светот и неговото богатство ќе го изгубат своето значење за нас?
12. лекција – Конечна победа
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 35-41. Христ. очигледни поуки, 379-383.
Недела — 11. декември
1. СВЕДОЦИ СО СИЛА
а. Опишете го искуството на раната црква по излевањето на Светиот Дух на денот на Педесетница? Дела 2,16.17; 4,33.
Толку силно Господ може да делува кога луѓето ќе се потчинат на контролата на Неговиот Дух”.
б. Кое пророштво ќе биде поцелосно исполнето во овие последни денови? Исаија 60,3-5.
„Христијаните треба да ги отфрлат сите несогласувања и да му се предадат на Бога заради спасување на изгубените. Со вера нека се молат за ветениот благослов и тој ќе дојде. Излевањето на Светиот Дух во времето на апостолите бил ‘ран дожд’, и резултатот бил величествен. Но ‘доцниот дожд’ ќе биде уште пообилен”.
Понеделник — 12. декември
2. ВРЕМИЊА ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ
а. Кое охрабрувачко ветување за обнова и освежување но го дава Осија преку сликата на раниот и доцниот дожд? Осија 6,1-3.
б. Под кои услови се ветени ‘времиња на освежување’ – излевање на Светиот Дух во доцниот дожд во сила? Дела 3,19-21.
„Кај оние што ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, мора потполно да се огледа Исусовиот лик.
Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ‘освежувањето’ или ‘доцниот дожд’ ќе ги оспособи да останат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само видов од нив во времето на неволјите без Божја заштита! Тие ја занемаруваат потребната подготовка, па затоа нема да можат да го примат ‘освежувањето’ кое сите мораат да го примат за да можат да живеат во присуство на живиот Бог”.
в. Со цел да добиеме сила на Светиот Дух, без мерка, какво дело треба да се направи за нас и преку нас? Исаија 43,25; 44,22.
Вторник — 13. декември
3. ОБЛЕКИ НА СПАСЕНИЕ
а. Иако ние можеме да се чувствуваме недостојни, каква сигурност можеме да имаме дека Господ ќе нѐ прифати кога ќе дојдеме кај Него во покајание? Исаија 61,10.
Во прекрасното симболично пророштво на Захарија првосвештеникот Исус (синот Јоседеков) стои облечен во валкана облека пред Господовиот ангел претставувајќи ги грешниците. И Господ ги изговара зборовите: ‘Соблечете ги од него тие валкани облеки! И му рече: Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека… Ставете му чиста капа на главата’ (Захарија 3,4.5). Исто така Господ ќе те облече и тебе во ‘облека на правда’ (Исаија 61,10)”.
б. Што наскоро ќе се случи во времето на „доцниот дожд“ во силата на Светиот Дух? Исаија 61,11; Јоил 2,23.28-31.
Времето на проба е токму перед нас, бидејќи гласната вика на третиот ангел веќе започнала со откривање на правдата на Исус Христос, Откупителот кој ги проштева гревовите. Ова е почетокот на светлината на ангелот од чија слава ќе ја исполни целата земја”. – Коментари на библиските текстови, 930.
„Едно дело мора да се изврши за луѓето, или мнозина нема да бидат подготвени да ја примат светлината на ангелот испратен од небото да ја осветли целата земја со Неговата слава. Немојте да мислите дека ќе се најдете како садови за чест во времето на доцниот дожд, да примите Божја слава, ако своите души ги издигате кон суета, ако зборувате изопачено, ако во тајност негувате корен на горчина”.
Среда — 14. декември
4. ПОДГОТОВКА ЗА ДОЖД
а. Како треба да ги подготвиме нашите срца за да учествуваме во доцниот дожд? Јоил 2,12-14; Осија 10,12.
б. Освен длабокото испитување на срцето и искреното покајание, кои други работи треба да ги имаме во поглед на доцниот дожд? Матеј 5,6; Захарија 10,1.
„Само оние кои живеат во согласност со светлината што ја имаат, ќе добијат уште поголема светлина. Доколку секојдневно не напредуваме покажувајќи ги со личен пример активните христијански доблести, нема да бидеме во состојба да ги препознаеме манифестациите на Светиот Дух во времето на доцниот дожд”. – Те Faith I Live By, 333.
„Кога како народ со сето срце и во целост ќе се посветиме на Христовата служба, Бог тој факт ќе го признае преку излевање на Неговиот Дух, без мерка; но тоа нема да се случи додека најголемиот дел од црквата нема да соработува заедно со Бога”.
Четврток — 15. декември
5. НАСТОЈУВАЊЕ ДА СЕ ЗАДОБИЕ БОЖЈИОТ ПЕЧАТ НА ОДОБРУВАЊЕ
а. На што секој вистински следбеник на Христа треба интензивно да биде фокусиран, и зошто е тоа толку потребно? Откровение 3,5; 7,1-4.13.14; 2 Коринтјаните 7,1.
„Кога ќе станеме Божји деца, нашите имиња ќе бидат запишани во книгата на животот на Јагнето, и тие ќе останат таму до времето на истражниот суд. Тогаш името на секој поединец ќе се повика, и неговиот запис ќе се испита од страна на Оној кој вели: ‘Ги знам твоите дела’. Ако во тој ден се покаже дека не сме се целосно покајале од сите наши зли дела, нашите имиња ќе бидат избришани од книгата на животот, а нашите гревови ќе сведочат против нас. Ако таканаречениот верник стане самоуверен, ако со збор или дело го прекрши и најмалиот пропис на Божјиот свет закон, тој погрешно го претставува Исуса, и на судот ќе ги слушне страшните зборови: ‘Избришете го неговото име од книгата на животот; тој прави беззаконие’. Но, Отецот покажува сожалување кон душата која не се потпира на себе, која се бои од Бога, иако можеби ја мачат сомнежи и искушенија. Исус се зазема за него и го признава неговото име перед Отецот и Неговите свети ангели”. – Те Signs of the Times, August 6, 1885.
„Но оние кои очекуваат да видат магична промена во својот карактер без поенергичен напор од своја страна да го надвладеат гревот, ќе бидат разочарани. Додека гледаме на Исуса немаме причина да се плашиме, немаме причина да се сомневаме дека Тој е во состојба да го спаси секој кој доаѓа кај Него; но секогаш треба да се плашиме нашата стара природа повторно да не добие превласт, дека непријателот ќе изработи некоја замка со помош на која повторно ќе станеме негови заробеници… Како што восокот поприма впечатокот на печатот, така и душата треба да го прими впечатокот на Божјиот Дух и да го сочува Христовиот лик”.
Петок — 16. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кои резултати можеме да очекуваме да ги видиме во силата на доцниот дожд?
2. Кој единствено ќе го прими Божјиот печат?
3. Што не спречува да го примиме доцниот дожд?
4. Што треба да победиме за да го примиме доцниот дожд?
5. Од што треба да се плашиме во однос на победата над гревот?
13. лекција – Последните денови на планетата земја
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Гол. борба, 603-614, 622-626, 635-644.
Недела — 18. декември
1. ЧУДЕСНО БУДЕЊЕ
а. Зошто доцниот дожд ќе биде толку радосен настан во историјата? Осија 6,1-3.
Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега ќе никне и ќе донесе плод. Списите што ги распространиле мисионерските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои евангелската вистина имала длабок впечаток, биле спречувани вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сѐ друго. Наспроти сатанските сили што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна”.
Понеделник — 19. декември
2. ГОЛЕМАТА БОРБА Е ОТКРИЕНА
а. Кој ќе биде уште еден од резултатите на успешното проповедање на евангелието во сила на доцниот дожд? Проповедник 11,1.2; 2 Коринтјаните 2,14-17.
Сатаната се вознемирува кога борбата се проширува на нови полиња и кога вниманието на народот се насочува кон погазениот Божји закон. Силата што ја придружува веста само ќе ги разгневи сите што и се противат. Свештениците ќе употребат речиси натприродни напори да ја засолнат светлината за да не им свети на нивните стада. Ќе се трудат со сите средства што им стојат на располагање да ги спречат дискусиите околу овие важни прашања. Црквата ќе се потпре врз силната рака на граѓанската власт и во тоа католиците и протестантите ќе се обединат. Кога движењето за општо празнување на неделата ќе биде посмело и порешително, тогаш и законот ќе биде повикан на помош против оние што ги држат заповедите. Ќе им се заканува со парични казни и со затвор, а на некои ќе им се понудат влијателни места и положби, како и други награди и предности, за да ги придобијат да се откажат од својата вера. Но нивниот решителен одговор ќе гласи: ‘Докажете ни ја нашата заблуда со Божјото слово! Истото ова го барал и Лутер кога се наоѓал во слични околности. Оние што ќе бидат доведени перед судови ќе ја одбранат вистината силно и убедливо и некои што ќе ги слушнат ќе бидат поттикнати да се решат да ги држат сите Божји заповеди. Така светлината ќе осветли илјадници такви кои инаку никогаш не би дознале нешто за овие вистини”.
Вторник — 20. декември
3. ЗАШТИТА САМО ОД БОГА
а. Кога државата и цркавата ќе се обединат во пркосна побуна против Божјиот морален закон на Десетте заповеди, што ќе им се случи на верниот остаток кој ќе настојува да се придржува до Неговите свети начела? 2 Тимотеј 3,12; Откровение 13,11-17.
Тогаш за Божјиот народ ќе настапат жалост и неволја која пророкот ја опишува како време на Јаковови маки”.
б. Кога нормалните канали на трговија се отсечени и заштитата на граѓанската власт е повлечена, како Божјиот верен остаток ќе преживее? Исаија 43,18-21; 41,17-20; 33,16.
Среда — 21. декември
4. ЦВРСТА СИГУРНОСТ
а. Што на Божјиот народ му е наложено да прави во очекување на времето на неволја, и како тие ќе бидат заштитени? Исаија 26,20.21; 49,15.16.
Видов дека ако било кој се држи за својот имот и не го прашува Господа што треба да направи, Тој нема да му укаже на должноста. На них ќе им биде дозволено да го задржат она што го имаат, но во времето на неволјите тоа ќе им се попречи на нивниот пат и како планина ќе им се закани дека ќе ги здроби; тие тогаш ќе се обидат да се ослободат од него, но нема да можат”. – Рани списи, 45.
„Во деновите на жестоки искушенија (Христос) ќе каже: ‘Ајде, народе Мој, влези во собите и затвори ги вратите зад себе. Скриј се за миг додека не помине гневот (Исаија 26,20). Што се собите во кои тие треба да се сокријат? Тие се заштитата на Христа и светите ангели…
Ги видов светите како ги напуштаат градовите и селата, и заедно здружени живеат во нај осамените места. Ангелите им обезбедуваа храна и вода, додека злите страдаа од глад и жед.
Во текот на ноќта мошне впечатлива сцена помина пред мене. Делуваше како да дојде до голема конфузија и судир на војски. Господовиот гласник застана перед мене и рече: ‘Повикај го своето домаќинство. Јас ќе ве водам; следете ме.’ Тој ме одведе надолу низ мрачен премин, низ шума, потоа преку планински пукнатини, и ми рече: ‘Овде сте безбедни’. Имаше и други кои беа доведени во ова сокровиште. Небесниот гласник рече: ‘Времето на неволја пристигна како крадец во ноќта, како што Господ ве предупреди.’
Во време на неволја пред Христовото доаѓање, праведните ќе ги сочуваат небесните ангели; но за престапниците на Божјиот закон нема да има сигурност. Ангелите тогаш не можат да ги заштитат оние кои занемаруваат и само една од Божјите заповеди”.
Четврток — 22. декември
5. ИЗБАВУВАЊЕ!
а. Кој ќе биде безбеден во часот на Божјиот гнев? Исаија 33,13-16; 52,9.10.
б. Кој неверојатен настан ќе го сврти светот наопаку – можеби со цел секое око да го види во приближно исто време? Исаија 11,4; 24,1-6.19-22; Откровение 1,7. Што тогаш светите ќе објават? Исаија 25,9.
„Набргу на исток се појавува малечок црн облак, со големина на половина човечка дланка. Тоа е облак што го опкружува Спасителот и кој оддалеку изгледа како да е обвиен во мрак. Божјиот народ знае дека тоа е знакот на Синот човечки. Во свечена тишина тие без здив гледаат во него како се приближува кон земјата и станува сѐ појасен и поубав; прераснувајќи во голем бел облак, чијашто основа личи на оган кој уништува, а над него се надвива заветното виножито. Исус оди напред како силен победник”. – Големата борба, 667.
„При Христовото доаѓање грешниците ќе бидат истребени од лицето на целата земја – убиени со духот на Неговата уста и уништени со светлината на Неговата слава. Христос својот народ ќе го поведе во Божјиот град и земјата ќе биде испразнета од нејзините жители. (Исаија 24,1.3.5.6)”.
Петок — 23. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто сите оние кои денес сеат семе на вистина можат тоа да го прават со радост и доверба?
2. Каков ќе биде резултатот за некои кои ќе бидат повикани да сведочат за својата вера?
3. Како сега можеме да се подготвиме за актуелната криза во времето на неволја?
4. Што ќе се случи со нашите имоти кога ќе се појави вистинска криза?
5. Зошто можеме да бидеме благодарни што Бог ни дава толку многу детали за иднината?
14. лекција – Поглед во вечноста
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 644-652, 658-678.
Недела — 25. декември
1. НА ПАТ КОН НЕБОТО
а. Која ќе биде славната награда на Божјиот верен остаток? Исаија 26,1.2.
Сите заедно на облакот се вознесуваме седум дена до стакленото море, каде Исус донесува круни и со својата десна рака ги става на нашите глави. Ни дава исто така и златни харфи и палми на победата. Тука на стакленото море 144.000 стојат во совршен квадрат. Некои имаат многу светли круни, а други не толку светли. Некои круни се целосно опсипани со ѕвезди, додека на други имаат само неколку. Сепак, сите се совршено задоволни со своите круни. Сите, од рамена до нозе се облечени во бела облека. Ангелите се насекаде околу нас додека чекориме кон стакленото море кон вратите од градот. Исус ја подига својата моќна и славна рака, и ги допира бисерните порти кои бесшумно се отвораат на своите светли шарки, и ни рече: ‘Вие ги измивте своите облеки во мојата крв и цврсто стоевте за мојата вистина, влезете внатре!’ Сите ние слободно влегуваме чувствувајќи дека имаме потполно право на тој град”.
Понеделник — 26. декември
2. ВО БЛИСКА ИДНИНА…
а. Спореди ја иднината на безбожните со благословите на праведните. Исаија 33,24; 34,1.2. Што единствено ќе нѐ потсетува на овој грешен свет? Захарија 13,6.
б. Со кој убав опис Исаија ја прикажува славната надеж на вековите, и како можеме да го имаме нејзиниот предвкус дури и сега? Исаија 35,1-10.
„Во нашиот сегашен живот, иако е земен и ограничен со гревот, најголема радост и наше највисоко образование се добива со служење. И во идниот живот, неограничен со грешна човечка природа, наша најголема радост и наше највисоко образование ќе наоѓаме во служењето – во сведочењето, и во постојаното учење во текот на сведочењето ‘колку е богата славата на оваа тајна’ – ‘Христос во вас, надеж на славата’ (Колосјаните 1,27)”.
в. Каде треба да биде нашиот главен фокус при планирањето на иднината? Исаија 65,17-19; Откровение 21,1; Евреите 11,8.10.13-16.
Вторник — 27. декември
3. КОНЕЧНО МИР И СПОКОЈ
а. Како Исаија го опишува новото небо и новата земја? Исаија 32,18; 60,18-22.
б. Како Исаија ја опишува мирната атмосфера таму? Исаија 11,6.7.9; 65,25. Зошто треба да настојуваме себе и своите семејства дури и сега, на оваа земја, да ги доведеме во што послична средина? Исаија 32,17.
„Мојата порака гласи: Изведете ги своите семејства од градовите.
Дојде времето семејствата да почнат да ги напуштаат градовите, како што Бог ќе им ги отвора патиштата. Дерата треба да се однесат на село. Родителите треба да најдат соодветно место според своите можности…
Пред да се излее преполната чаша на Божјиот гнев на жителите на светот, Господ ги повикува сите вистински Израелци да се подготват за тој настан. Тој на родителите им упатува гласна опомена: Соберете ги своите деца во своите домови; одвојте ги од оние кои не ги почитуваат Божјите заповеди, кои проповедаат и прават зло. Излезете од големите градови колку што можете побрзо.
Родителите можат да изградат мали куќи на село, каде што ќе имаат своја земја за обработување, каде што ќе имаат овоштарник и градина, во која ќе одгледуваат зеленчук и други плодови… Бог ќе му помогне на својот народ да најде такви домови надвор од градовите”.
Среда — 28. декември
4. ВИСТИНСКО МЕСТО СО КОРИСНИ АКТИВНОСТИ
а. Опишете некои од разните занимања кои можат да се најдат на новата земја? Исаија 65,21.22. Објаснете како треба денес да уживаме во нивниот предвкус.
Навистина, ти и при живот во село нема да бидеш целосно слободна од заморните грижи, но ќе избегнеш многу зла и ќе ја затвориш вратата на поплавата на примамливите искушенија кои се закануваат да ги обземат мислите на твоите деца.
Животот во село за нив би бил вистински благослов; движењето и живата активност во слободна природа и на чист воздух поволно би влијаеле на нивното физичко и умно здравје. Во обработката на градината би можеле да најдат и разонода и корисно занимање. Одгледувањето на растенија и цвеќиња развива смисол за добар вкус и моќ за здраво расудување, додека запознавањето со корисните и прекрасните дела на Оној кој е Творец и Господар на сѐ што гледаме и не гледаме”. – 4 Сведоштво, 104.105.
„Планините и ридовите се менуваат; земјата сѐ повеќе и повеќе старее и ветвее како облека, но благословите од Бога, кој на својот народ му подготвил трпеза во пустината, нема никогаш да престанат”. – Здравје и среќа, 146.
„Многумина се неподготвени својот леб да го заработат со потта од нивните чела, и тие одбиваат да обработуваат земја. Меѓутоа, земјата длабоко во себе крие благослови за оние кои имаат храброст, волја и истрајност да ги собираат нејзините богатства. Татковците и мајките кои поседуваат парче земја и топол дом се кралеви и кралици”.
б. Што уште може да се каже за новата земја? Исаија 64,4.
„Таму ќе има музика и песна, таква музика и таква песна какви освен во виденијата дадени од Бога, ниту едно уво не слушнало ниту умот замислил”.
Четврток — 29. декември
5. КРАЕН ФОКУС
а. Како моќта и љубовта Божја се одразуваат на новата земја? Ефесјаните 3,17.20.
Секоја дарба ќе се развива, секоја способност ќе се зголемува. Учењето нема да го заморува умот ниту да ја исцрпува животната сила. Таму можат да се извршат најголемите потфати, да се остварат највозвишените стремежи, да се исполнат највисоките желби, и сѐ уште ќе постојат нови цели да се постигнат, нови чуда кои ќе бидат предмет на восхитување, нови вистини да се сфатат, нови предмети да ги поттикнат силите на разумот, на душата и телото да се развиваат”.
б. Кој голем благослов ќе го искусат спасените? Исаија 66,22.23. Како можеме сега да се подготвиме за тоа?
„Крајно време е да ги посветиме неколкуте преостанати часови на времето на милоста за перење на нашите облеки и нивното избелување во крвта на Јагнето, да можеме да бидеме дел од она мноштво во бели облеки кое стои пред големиот бел престол”.
Петок — 30. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како да знаеме дека сите спасени ќе бидат задоволни со нивната награда?
2. Како можеме да ги доживееме убавините на небото денес?
3. Доколку можеме да се зависиме само од Бога во времето на големата криза, зошто треба да се преселиме на село?
4. Како и зошто новата земја ќе биде подобра од старата?
5. Како што нашето знаење за Бога се зголемува, каков ќе биде резултатот?
