2016 • 2. Квартал

1. лекција – Божјата црква низ вековите

2. април 2016
„Вака вели Господ, Бог Израелов… чујте го гласот Мој и правете што ќе ви заповедам – па ќе бидете Мој народ, и Јас ќе бидам ваш Бог.“
— Еремија 11,3.4.
„Христос имал своја црква во сите времиња.“
— Коментари на библиските текстови, 650.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 3 Сведоштво, 397-403.

Недела — 27. март
1. БОЖЈАТА ЦРКВА – ВЕРНИТЕ

а. Што Бог имал во сите векови, и како Тој тоа го нарекува? Дела 2,47; Еремија 7,23; Римјаните 9,26. Што е доказ за нашата љубов кон Бога? Јован 14,15.

„Бог имал своја црква низ сите векови. Послушноста на Божјите заповеди ни дава за право да уживаме во привилегиите кои ги нуди оваа црква… Ако бидеме во согласност со условите што Бог ги пропишал, ќе го обезбедиме своето место меѓу спасените. Совршената послушност на Божјите заповеди е доказ дека ние го сакаме Бога.“ – Преглед и гласник, 17. јули, 1900.

„Од самиот почеток, верните души ја сочинувале Божјата црква на земјата. Во секое столетие Господ имал свои стражари кои верно му сведочеле на поколението во кое живееле.“
— Делата на апостолите, 8.

б. Иако Божјата црква на земјата секогаш била несовршена, како Тој гледа на неа? Излез 19,5; 1 Петрово 2,9.

„Колку и да изгледала ослабена и полна со недостатоци, црквата е предмет на посебно Божјо возвишено внимание. Таа е сцена на Неговата милост и Тој со задоволство преку неа ја открива својата моќ која ги преобразува срцата.“
— Делата на апостолите, 7.

Понеделник — 28. март
2. БОЖЈАТА ЦРКВА ПРЕД ПОТОПОТ

а. Кој од потомците на Адам го сочувал почитувањето на вистинскиот Бог? Создавање 4,25.26.

„Адам добил уште еден син кој требало да биде наследник на божественото ветување, законит наследник на духовното право по раѓање. Името Сит, дадено на овој син, значело ‘именуван’ или ‘дополнителен’, ‘зашто’ – рекла мајка му – ‘Бог ми даде друг син наместо Авел, кого го уби Каин’ (Создавање 4,25). Сит по раст бил повисок и поелегантен од Каина и Авела и личел на Адам многу повеќе отколку неговите постари синови. Имал примерен карактер и ги следел стапките на Авел, иако по природа не наследил никакви подобри особини од оние што можел да ги има и Каин… Додека Адам бил создаден безгрешен, според Божјиот лик, Сит, како и неговиот брат Каин, ја наследил грешната природа на своите родители, зашто бил нивна лика. Но тој исто така примил и знаење за Искупителот и поуки за праведноста. Благодарение на божествената милост, можел да му служи на Господа и да го почитува, а се трудел, како што би правел и Авел, да бил жив, луѓето наклонети кон грев да ги врати на послушност и на почит кон својот Творец…

Верните и до тогаш му се молеле на Бога, но кога луѓето почнале да се умножуваат, разликата меѓу тие две групи станувала сѐ поочигледна. На една страна било отворено исповедање на преданост кон Бога, а на друга отворен презир и непослушност.“
— Патријарси и пророци, 60.61.

б. Следејќи го примерот на Авел, каква надеж негувале потомците на Сит? Евреите 11,13.16. Што честопати е потребно со цел да се сочува верата на Божјите деца? 2 Коринтјаните 6,17.18.

„Авел живеел пастирски живот, живеејќи под шатори или под сеници, па и потомците на Сит го следеле неговиот пример, ‘признавајќи дека се гости и дојденци на земјата’ и дека сакаат нешто ‘подобро, односно небесно’ (Евреите 11.13.16).

За извесно време овие две групи меѓусебно не се мешале. Ширејќи се од своето првобитно родно место, потомците на Каин почнале да се населуваат по рамнините и долините каде што живеле синовите на Сит; и овие подоцна, за да се сочуваат од порочното влијание на неверниците, се повлекле во планините и продолжиле таму да живеат. Додека биле одделени; почитувањето на Бога било чисто.“
— Патријарси и пророци, 61.62.

Вторник — 29. март
3. БОЖЈАТА ЦРКВА ПО ПОТОПОТ

а. Кој од трите сина на Ное го одржал вистинското служење на Бога? Создавање 9,18-27. Откако идолопоклонството повторно се распространило , кој од лозата на Сим бил повикан да ги сочува начелата на вистинското богослужение? Создавање 12,1-3.

„По напуштањето на Вавилон, идолопоклонството повторно станало речиси сеопшта појава, и Господ закоравените престапници конечно ги пуштил да одат по нивните лоши патишта, а од лозата на Сим го избрал Аврама да биде чувар на Неговиот закон за идните поколенија. Аврам пораснал во средина проникната со суеверие и со незнабоштво. Дури и семејството на татко му, преку кое било сочувано сознанието за Бога, попуштило перед заводливите влијанија што го опкружувале и ‘служеле на други богови’ освен на Јехова.

Но вистинската вера не смеела да се угасне ниту да се уништи. Бог секогаш чувал еден мал остаток на верни кои му служеле. Адам, Сит, Енох, Матусал, Ное и други, непрекинато ги чувале драгоцените откровенија на Неговата волја. Синот на Тара станал наследник на оваа света доверба. Идолопоклонството го мамело од сите страни, но напразно. Верен меѓу неверни, нерасипан со отпадот што сѐ повеќе се засилувал, тој истрајно, непоколебливо и предано му служел на единствениот и вистински Бог. ‘Близу е Господ до сите кои Го бараат, до оние, кои искрено Го призиваат’ (Псалм 145,18). Тој на Аврам му ја соопштил Својата волја и му дал јасно сознание за барањата на Својот закон и за спасението овозможено преку Христа.“
— Патријарси и пророци, 112.

б. Која нација од Аврамовата лоза станала Божја црква во вековите што следеле до доаѓањето на Исус? Излез 3,10; Второзаконие 7,6-8; 14,2; Дела 7,38.

„Бог ги избрал Израелците, создавајќи од нив свој народ, со цел преку нив да им го открие својот карактер и на другите народи. Тој сакал тие за светот да бидат извор на спасение. Ним им биле доверени небесните пророштва, откровенија на Божјата волја… Меѓутоа, Бог во својата милост сепак не ги уништил. Тој сакал повторно да им даде можност да Го запознаат преку неговиот избран народ.“
— Делата на апостолите, 8.

Среда — 30. март
4. БОЖЈАТА ЦРКВА ВО НОВИОТ ЗАВЕТ

а. Каков суд Бог изрекол против еврејската црква поради нејзиното отпадништво и отфрлањето на Христа? Матеј 21,42-45; 23,37.38.

„Со неверство и попречување на намерите што небото ги имало за нив, Израелците како народ ја загубиле врската со Бога.“ – Делата на апостолите, 291.

„Меѓутоа, Израел како народ го оставил својот Бог. Природните маслинови гранки се откршиле. Набљудувајќи ја за последен пат внатрешноста на храмот, Исус со длабока болка рекол: ‘Ете, ви се остава пуст вашиот дом…’ (Матеј 23,38). Тој до сега храмот го нарекувал дом на неговиот Татко, но сега, кога Божјиот Син ќе излезе надвор од тие ѕидини, Божјата слава засекогаш ќе се повлече од храмот изграден на Негова слава.“
— Копнежот на вековите, 537.

б. Која важна вистина можеме да ја научиме од Божјото отфрлање на еврејскиот народ? 2 Летописи 15,2; Еремија 18,7-10.

„Во Божјото Слово не постои безусловен избор – еднаш под благодат, секогаш под благодат.“ – The Faith I Live By, 157.

„Сите Божји ветувања се дадени под одредени услови.“ – Faith and Works, 47.

„Кога црквата верно го исполнува Божјото дело кое и е доверено, тогаш Бог повеќе не може да работи со неа, без оглед каква положба зазема и без оглед на тоа колку висок и свет е нејзиниот повик. Тогаш другите се повикани да преземат важни одговорности.“
— The Upward Look, 131.

в. Која црква го зазела местото на еврејската црква? 1 Петрово 2,5-10; Римјаните 11,20-22; Дела 11,26.

„Како нација, Евреите не успеале да ја исполнат Божјата намера, и лозјето било одземено од нив. Привилегиите што ги злоупотребиле, и делото што го омаловажувале, им било доверено на други.“
— Христовите очигледни поуки, 263.

Четврток — 31. март
5. ПАГАНСТВОТО ЈА ИЗОПАЧУВА ЦРКВАТА

а. После смртта на апостолите, низ кој тажен настан поминала таканаречената црква? 2 Солунјаните 2,3-8.

„Како последица на овој компромис меѓу незнабошците и христијанството се појавил ‘човекот на гревот’, кој во пророштвото е претскажан како оној што ќе се противи и ќе се издигнува над Бога. Овој огромен систем на лажна религија е ремек дело на сатанската сила – споменик на неговите настојувања да седне на престолот и да управува со земјата по своја волја.“
— Големата борба, 47.

б. Како сатаната успеал да ја изопачи црквата? Јаков 4,4; 1 Јованово 2,15; Амос 3,3.

„Големиот противник сега настојувал со лукавство да го постигне она што не успеал да го постигне со сила. Прогонствата престанале, а на негово место се појавиле опасните привлечности на земната благосостојба и на световните почести. Идолопоклониците… тврделе дека го прифаќаат Исуса како Божји Син… но тие не ги согледувале своите гревови и не чувствувале никаква потреба од покајание или на промена на срцето…

Најпосле повеќето христијани се согласиле во извесна мера да отстапат од своите начела на верата и така настанало соединување помеѓу христијанството и назнабоштвото… Нездравите учења, празноверните обреди и незнабожечките церемонии биле составен дел на нивната вера и богослужение. Кога Христовите следбеници се соединиле со идолопоклониците, христијанската вера се расипала и црквата ја загубила својата чистота и сила.“
— Големата борба, 38.39.

Петок — 1. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Од библиска перспектива, кој ја сочинува Божјата црква на земјата?

2. Иако и Каин и Сит имале грешна природа, според што Сит се разликувал?

3. Како Аврамовата вера претставувала благослов за неговите ближни?

4. Како Божјата организирана црква паѓа во опасност да ја прекине врската со Него?

5. Како црквата можела да го избегне отпадот и изопачувањето?

2016 • 2. Квартал

2. лекција – Божјата црква во последните денови

9. април 2016
„И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос.“
— Откровение 12,17.
„Иако Божјиот закон речиси насекаде ќе биде невалиден во светот, ќе постои остаток на праведници кои ќе бидат послушни на Божјите барања.“
— Знаците на времето, 22, април, 1889.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Сведоштво за проповедници, 27-42.

Недела — 3. април
1. РЕФОРМАТОРСКА ЦРКВА

а. Како Бог гледа на сојузот помеѓу христијанството и паганството? Излез 20,4.5; Езекиел 23,37.

„Интимниот и свет однос меѓу Бога и неговиот народ е претставен со симболот на брачната врска. Бидејќи идолопоклонството всушност е духовна прељуба, Божјото незадоволство и негодување против тоа погодно се прикажани како ревнување или љубомора.“
— Патријарси и пророци, 311.

б. Бидејќи водството на отпаднатата црква одбило да се покае (Откровение 2,21), кое начело го следеле верните членови? 2 Коринтјаните 6,17; Лука 6,22.

„Кога реформаторите ја проповедале Божјата реч, тие не мислеле да се одвојат од веќе постојната црква, но верските водачи не ја поднесувале светлината, па оние што ја носеле била принудени да побараат други групи на луѓе кои копнееле за вистината.“ – Копнежот на вековите, 185.

„По долга и жестока борба, верното малцинство решило да прекине секаква врска со отпаднатата црква, доколку таа и понатаму одбива да се ослободи од заблудата и идолопоклонството. Тие увиделе дека мораат да се одвојат ако сакаат да се покоруваат на Божјото Слово.“
— Големата борба, 41.

Понеделник — 4. април
2. РЕФОРМАТОРСКА ЦРКВА (продолжеток)

а. Како отпаднатата црква се однесувала кон реформаторите кои одбиле да ги подржуваат нејзините изопачени обичаи? Откровение 12,13.15. Колку долго траело таквото однесување? Откровение 6,14.

„Во шестиот век папството веќе силно се зацврстило. Престолот на неговата моќ бил поставен во царскиот град и римскиот бискуп е прогласен за глава на целата црква. Незнабоштвото му го отстапило местото на папството. Змевот му ја дал на ѕверот ‘силата своја, и престолот свој, и голема власт’ (Откровение 13,2). Сега почнале оние илјада двесте и шеесет години на папското насилство претскажано во Даниеловото пророштво и во Откровението (Даниел 7,25; Откровение 13,5-7). Христијаните биле принудени да бираат дали ќе ги напуштат своите начела и ќе ги прифатат папските церемонии и папското богослужение, или својот живот ќе го завршат во затвори, на справи за растегање, на клади, или да им биде пресечена главата на гилотина. Сега се исполниле Христовите зборови: ‘Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа, и од роднини и од пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени; и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име’ (Лука 21,16.17). Почнало свирепо прогонство против верните, пострашно од кога и да е порано, и светот станал огромно бојно поле. Во текот на стотици години Христовата црква наоѓала прибежиште во изолација и повлеченост.“
— Големата борба, 51.52.

б. Како вистинската Божја црква ги преживеала овие прогонства во мрачниот среден век? Откровение 12,16. Каков ефект ваквите искушенија имаат на верниците? Римјаните 5,3.4.

„Римската црква упорно ги обвинува протестантите поради ‘кривоверство’, и им префрла дека намерно се одвоиле од вистинската црква. Но ова обвинување прво може да се примени на самата Римска црква. Таа го обесчестила Христовото знаме и отстапила од вистинската вера ‘која им е дадена на светиите еднаш засекогаш’ (Јуда 3).“ – Големата борба, 48.

„За време на најмрачните векови на отпад имало валденжани кои ја отфрлале врховната власт на Рим, одбивале да се поклонуваат пред слики, сметајќи го тоа за идолопоклонство, и ја држеле вистинската сабота. Во најтешките бури на непријателство ја одржале својата вера… Зад високите горски тврдини – прибежиште на гонетите и угнетените во сите векови – валденжаните нашле добри засолништа. Тука горела светлината на вистината среде мракот на средниот век. Овде во текот на илјада години сведоците на вистината ја чувале својата стара вера.“
— Големата борба, 63.64.

Вторник — 5. април
3. РЕФОРМАТОРСКАТА ЦРКВА СТАНУВА ВАВИЛОН

а. Според Божјата изјава, што ќе се случи со периодите на прогонство на реформаторската црква и зошто? Матеј 24,21.22.

„Прогонството на Божјата црква не траело до крај на временскиот отсек од 1260 години. Од милост кон својот народ, Бог го скратил времето на неговото страшно искушение… Благодарение на влијанието на реформацијата, прогонството престанало малку пред 1798. година.“
— Големата борба, 272.

б. Кое пророштво почнало да се исполнува по завршетокот на средниот век, и кој настан на небото е најавен во врска со проповедањето на Евангелието? Откровение 14,6.7.

„Пророштвото што го наоѓаме во 14. глава на Откровението претставува појава на едно силно верско будење како резултат на проповедањето на веста за скорешното Христово доаѓање. Јован гледа ангел ‘како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. Тој зборуваше со висок глас: „Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори (Откровение 14,6.7).“
— Големата борба, 364.

в. Како реформаторската црква одговорила на првата ангелска вест и како тоа влијаело на нејзината положба пред Бога? Откровение 14,8.

„Кога црквите го отфрлиле Божјиот совет, така што ја отфрлиле адвентната вест, Господ ги отфрлил. Првиот ангел бил проследен од вториот, објавувајќи: ‘Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство’ (Откровение 14,8). Оваа вест била разбрана од адвентистите како објава на моралниот пад на црквите како последица на отфрлањето на првата порака. Веста ‘Падна, падна Вавилон’ била дадена во текот на летото во 1844 година, а како резултат на тоа околу педесет илјади души ги напуштиле овие цркви.“
— Духот на пророштвото 4, 232.

Среда — 6. април
4. ЦРКВАТА НА ОСТАТОКОТ

а. По падот на протестантските цркви, која црква Бог ја подигнал да изврши особено дело на обнова? Исаија 58,8-14.

(Исаија 61,4; 58,12) „Пророкот со овие зборови го опишува народот кој во време на општото отпадништво од вистината и правдата се труди да ги обнови начелата на кои е засновано Божјото царство. Тој народ ги поправа урнатините направени во Божјиот закон – ѕидовите кои Тој ги подигнал да ги заштити своите избраници. Покорноста на прописите на правдата и чистотата ќе биде нивната заштита.“ – Пророци и цареви, 462.

(Исаија 58,12). „Пророкот овде зборува за урнатините во Божјиот закон настанати поради рушење на саботата од четвртата заповед. Човекот на беззаконието го обезвреднил ова начело; а таканаречениот христијански свет прифатил да го празнува денот кој тој го воспоставил како замена за посветената сабота Господова. Дали и ние ќе бидеме меѓу оние кои ги поправаат урнатините направени во Божјиот закон? Или ќе бидеме во бројот на оние кои го примаат жигот на ѕверот, почитувајќи ја човечката институција повеќе од божествената, негувајќи го на тој начин детето на папството?“
— Знаците на времето, 28,мај, 1878.

б. Кое пророштво од Откровението се совпаѓа со пророштвото од Исаија 58,8-14? Откровение 14,9-12.

„Како што некогаш го повикал древниот Израел, така Бог и денес ја повикува својата црква да биде светлина на земјата. Со моќниот меч на вистината – со пораките на првиот, вториот и третиот ангел – Тој ја одвоил од останатите цркви и од овој свет и ја довел во своја света близина. Тој ја направил чувар на својот закон и нејзе и ги доверил големите вистини на пророштвата за ова време. Како што на стариот Израел му била доверена света доверба, исто така и овие свети вистини треба да се објават на светот. Тројцата ангели од Откровение 14 го претставуваат Божјиот народ кој ја примил Неговата порака и како Негов застапник почнал да ја објавува опомената низ целиот свет… Не смееме да дозволиме ништо да го спречи ова дело. Тоа е најважното дело на сите времиња. Тоа е далекусежно како вечноста. Љубовта што Исус ја покажал за човечките суштества со жртвата која ја поднел за нивен откуп треба да ги поттикне сите негови следбеници.“
— 5 Сведоштво, 314.

Четврток — 7. април
5. ПРЕПОЗНАТЛИВИ ЗНАЦИ НА ЦРКВАТА НА ОСТАТОКОТ

а. Како Библијата ги нарекува оние што го извршуваат претскажаното дело на обнова и ја проповедаат тројната ангелска порака? Откровение 12,17 (среден дел).

„При завршетокот на историјата на светот ќе се обноват сите божествени институции. Ќе се поправат сите урнатини што ги направил човекот престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и дека саботата, од четвртата заповед, мора да се истакне како постојан спомен на создавањето и Божјата сила. Тој мора со јасни и разбирливи зборови да укажува на обврската од држењето на сите десет заповеди. Поттикнат од Христовата љубов тој мора да соработува со Него, ѕидајќи ги урнатините. Тој мора да ‘гради врз стари урнатини и да гради патишта за населби’.“
— Пророци и цареви, 462.463.

б. Кои се двете најважни карактеристики на остатокот на Божјиот народ во овие последни денови? Откровение 12,17 (последен дел).

„(Откровение 12,17). Ова пророштво јасно наведува дека црквата на остатокот ќе го признае Бога и Неговиот закон и го има дарот на пророштвото. Послушноста на Божјиот закон и Духот на пророштвото отсекогаш биле обележје на вистинскиот Божји народ, и тие обично се ставаат на проба врз основа на актуелните манифестации.“
— Пораки од Лома Линда, 33.

Петок — 8. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Дури и како христијани, како можеме евентуално да бидеме виновни за духовна прељуба?

2. Кога е погрешно, а кога правилно да се одвоиме од Божјата организирана црква?

3. Кој се одвоил од вистинската црква во текот на мрачниот среден век? Објасни го својот одговор?

4. Објаснете што значи да се биде оној кој ги поправа урнатините во Божјиот закон?

5. Наведи некои од карактеристичните обележја на црквата на остатокот во последните денови?

2016 • 2. Квартал

3. лекција – Божјата намера за Неговата црква

16. април 2016
„И да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сè преку Исус Христос, та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни, според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Господ.“
— Ефесјаните 3,9-11.
„Црквата е ризница на богатството на Христовата милост и преку неа конечно ќе се открие… крајниот и целосен приказ на Божјата љубов.“
— Делата на апостолите, 7.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 7-12.

Недела — 10. април
1. СОЗДАДЕНИ СПОРЕД БОЖЈИОТ ЛИК

а. Што Бог рекол во врска со создавањето на човекот, и на кого Тој тоа му го изговорил? Создавање 1,26.27.

„Откако земјата била создадена и животните на неа, Отецот и Синот ја извршиле својата намера, која била донесена пред падот на сатаната, да направат човек според сопствената слика. Тие заедно работеле во создавањето на земјата и на сите живи суштества на неа. Сега Бог му рекол на својот Син: ‘Да создадеме човек според Нашиот образ’ (Создавање 1,26).“ – Lift Him Up, 47.

б. Што значи да се биде создаден според Божјиот образ? Проповедник 7,29.

„Бог човекот го создал добар; му всадил благородни црти во карактерот, без наклоност кон злото. Го надарил со високи способности на разумот….“ – Патријарси и пророци, 24.

„Склоностите му биле чисти; разумот владел над неговите желби и страсти.“ – Патријарси и пророци, 20.

Понеделник — 11. април
2. БОЖЈА СЛАВА

а. Со каква цел Бог го создал човечкиот род? Исаија 43,7.

„Бог одредил човекот – кој е круна на неговото создавање, воздигнат над сите пониски врсти на живи битија – да ја изразува неговата мисла и да ја открива неговата слава. Но човекот не смее да се воздига себеси како Бог.“ – 8 Сведоштво, 283.

„Кога Адам излегол од рацете на Создателот; тој по својата физичка, ментална и духовна природа бил сличен на својот Творец. ‘И Бог го создаде човекот според образот Свој’ (Создавање 1,27). Божја намера била во текот на својот живот човекот сѐ поцелосно да го открива овој лик – поцелосно да ја одблеснува славата на Создателот.“ – Воспитување, 10.

б. Како вдахновението ја дефинира Божјата слава? Излез 33,18.19; 34,5-7.

„Божјата слава е неговиот карактер. Додека Мојсеј бил на гората, ревниво залагајќи се пред Бога, тој се молел: ‘Покажи ми ја славата Своја’. Во својот одговор, Бог објавил: ‘Ќе ја покажам пред тебе сета Моја слава, и ќе Го изговорам името Господово пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, и кој е за утешение – ќе го утешам’ (Излез 33,18.19). Божјата слава – Неговиот карактер – тогаш беше откриена (Излез 34,6.7).“ – Знаците на времето, 3.септември, 1902.

в. Што го формира нашиот карактер? Исаија 55,7-9; Проповедник 8,5; 2 Коринтјаните 10,5.

„Ако мислите се погрешно насочени, такви ќе бидат и чувствата и склоностите, а чувствата и мислите го сочинуваат моралниот карактер. Кога како христијани ќе престанете своите мисли и чувства да не ги ограничувате, сметајќи дека тоа од вас не се бара, вие паѓате под влијанието на злите ангели и просто го повикувате нивното присуство и нивната контрола.“ – 5 Сведоштво, 288.289.

„Никогаш не заборавајте дека мислите управуваат со нашите дела. Повтореното дело станува навика, а навиките го формираат карактерот.“ – The Upward Look, 89.

Вторник — 12. април
3. БОЖЈАТА НАМЕРА ОСУЕТЕНА

а. Во што змијата ги искушала нашите прародители и ги довела под власта на гревот? Создавање 3,3-6.

„Едно од најсилните искушенија кое го снаоѓа човекот се однесува на апетитот… Од првото попуштање на апетитот, човештвото сѐ повеќе и повеќе си угодувало себеси, сѐ додека здравјето конечно не било жртвувано на олтарот на апетитот. Жителите на претпотопниот свет биле неумерени во јадењето и пиењето. Тие уживале во месната храна, иако во тоа време Бог на човекот не му дозволил да јаде животинска храна. Тие јаделе и пиеле, задоволувајќи го својот изопачен апетит без граници, додека не станале толку расипани така што Бог повеќе не можел да ги трпи. Чашата на нивното беззаконие била преполна, и Тој со потоп ја исчистил земјата од нејзината морална загаденост.“ – Совети за здравјето, 108.109.

б. Колку успешен бил сатаната во наведувањето на луѓето на грев? Создавање 6,5; Римјаните 3,10-12.18. Која била неговата цел?

„Намерата на сатаната била да предизвика вечна разделба меѓу Бога и човекот.“ – Копнежот на вековите, 14.

„При создавањето на човекот му биле подарени благородни способности и добро урамнотежен ум. Бил совршен како суштество и во совршена хармонија со Бога. Неговите мисли биле чисти, неговите цели свети. Но непослушноста ги изопачила неговите способности и наместо љубовта, се појавила себичност. Престапот во толкава мера ја ослабел неговата природа, што со своја сила воопшто не можел повеќе да ѝ се спротивстави на сила на злото. Станал роб на сатаната и засекогаш би останал тоа кога не би се вмешал самиот Бог. Искушувачот имал намера да го осуети планот со кој Бог го создал човекот и земјата да ја исполни со тага и очај. Сите тие зла сакал да ги претстави како последица на Божјото дело на создавањето на човекот.“ – Патот кон Христа, 11.

„Гревот ја расипал Божјата слика во човекот, речиси ја избришал. Човековите физички сили ослабнале, неговата ментална способност се намалила и неговата духовна визија се помрачила. Човекот станал подложен на смртта.“ – Воспитување, 11.

Среда — 13. април
4. ОБНОВА НА ИЗГУБЕНИОТ ЛИК

а. Откако сатаната успеал да го уништи Божјиот лик во човекот, кој план почнал да се спроведува? Создавање 3,15.

„Сатаната ги навел луѓето на грев, па планот на спасението станал делотворен. Четири илјади години Христос се трудел да го издигне човекот, а сатаната да го деградира и да го упропасти.“ – Копнежот на вековите, 662.

„(Создавање 3,15). Овде е дадено првото ветување за Спасителот кој ќе застане на бојното поле да се бори против силата на сатаната и да ја надвладее.“ – Одбрани пораки 2, 106.

б. Што Бог намеравал да постигне преку планот на откупението? Римјаните 8,29; 2 Коринтјаните 3,18.

„Сепак, човечкиот род не е оставен без надеж. Бескрајната љубов и милост го создала планот на спасението, и животот на човекот му е подарен како време на проба. Да се обнови сликата на неговиот Создател во човекот, да се врати во состојбата на првично совршенство, да се поттикне развојот на неговото тело, умот и душата, за да биде остварена божествената цел на создавањето – тоа е делото на откупувањето. Тоа е целта на воспитувањето, големата цел на животот.“ – Воспитување, 11.

в. Која од трите божествени личности дошла на овој свет да го обнови Божјиот лик во луѓето? Јован 1,18; Лука 19,10.

„Сатаната ликувал затоа што успеал да ја унижи Божјата слика во човечкиот род. Тогаш Исус дошол да го обнови во човекот ликот на својот Создател. Никој освен Христос не може одново да го обликува ликот кој бил уништен од гревот. Тој дошол да ги истера демоните кои управувале со волјата на човекот. Дошол да нѐ подигне од прав, да го преобликува нашиот нарушен карактер по моделот на Неговиот божествен карактер и да го направи прекрасен со својата слава.“ – God’s Amazing Grace, 11.

„Иако моралниот Божји лик речиси бил уништен од гревот на Адам, тој може да биде обновен преку Христовите заслуги и Неговата сила. Човекот може да стои со Божјиот морален лик во својот карактер; бидејќи Христос ќе му го подари.“ – God’s Amazing Grace, 246.

Четврток — 14. април
5. КОНЕЧНИОТ ПРИКАЗ НА БОЖЈИОТ КАРАКТЕР

а. Која е Божјата крајна цел за неговата црква? Ефесјаните 3,8-11.

„Божја намера уште од самиот почеток е светот со помош на црквата да го спознае совршенството на неговата добрина, милост и моќ. Верниците на црквата… мораат да ја одразуваат неговата слава.“ – Делата на апостолите, 7.

б. Во каква состојба мора да биде Божјата црква за да ја одразува Неговата полнота и Неговиот лик на светот? Ефесјаните 5,27; Јован 13,34.35. Што ќе се случи кога ќе се постигне оваа состојба? Марко 4,29.

„Сега додека нашиот Поглавар свештенички врши помирување за нас, треба да настојуваме да бидеме совршени во Христа. Дури ниту со една единствена мисла нашиот Спасител не попуштил пред сила на искушението. Сатаната наоѓа во човечките срца некое место што може да го искористи како свое упориште. Се негува по некоја грешна желба во која неговите искушенија ја покажуваат својата сила. Но Христос рекол за себе: ‘Иде кнезот на овој свет и во Мене тој нема ништо’ (Јован 14,30)… Тоа е состојба во која мора да се најдат сите што сакаат да се одржат во времето на големата неволја.“ – Големата борба, 649.

„Христос копнежливо чека да биде откриен во својата црква. Кога Христовиот лик совршено ќе биде репродуциран во неговиот народ, тогаш Тој ќе дојде да ги признае и побара како своја своина.“ – Христовите очигледни поуки, 48.

Петок — 15. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Дали Бог Отецот сам создал сѐ? Образложи го одговорот.

2. Каква била природата на Адам при создавањето, и што тој бил во состојба да формира?

3. Како сатаната успеал да ја осуети Божјата намера во создавањето на човечкиот род?

4. Која била главната цел на планот на спасението?

5. Која е, според твоето мислење, причината зошто Исус сѐ уште не се вратил?

2016 • 2. Квартал

4. лекција – Мисија на црквата

23. април 2016
„Па (Исус) им рече (на учениците): „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.“
— Марко 16,15.
„Црквата е орудие кое Бог го наменил за спасување на луѓето. Таа е организирана заради служба и нејзината мисија е да го објавува Евангелието на светот.“
— Делата на апостолите, 7.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Christian Service, 7-29.

Недела — 17. април
1. МИСИЈАТА НА ЦРКВАТА

а. Која голема мисија и била дадена на црквата, на која и била потребна темелна организација, како би ја исполнила таа мисија? Матеј 28,18-20.

„Мисијата на Христовата црква е спасување на грешниците кои пропаѓаат. Нејзина мисија е знаењето за Божјата љубов да го пренесува на луѓето и преку силата на таа љубов да ги приведува кај Христа. Вистината за наше време мора да се пренесе и до најмрачните делови од светот, и оваа работа треба да започне во домот.“
— 3 Сведоштво, 353.

б. Кои биле првите чекори што Христос ги презел во организирање на својата новозаветна црква? Марко 3,13.14. Кој нареден чекор во врска со организацијата на црквата го направиле апостолите, со цел да го унапредат Евангелието? Дела 6,1-6.

„Со ракополагањето на дванаесеттемина ученици направен е првиот чекор во организирањето на црквата која, по Христовото заминување, ќе го продолжи неговото дело на земјата. Преку тие нејаки претставници, со својата реч и со својот Дух, Тој имал намера спасението да го направи достапно за сите.“
— Делата на апостолите, 14.

Понеделник — 18. април
2. НАЛОГОТ ГИ ОПФАЌА СИТЕ ВЕРНИЦИ

а. Во кои два наврати е даден евангелскиот налог? Марко 16,14.15; Матеј 28,16-20; 1 Коринтјаните 15,6. Што можеме да научиме од оваа постапка?

„Налогот им е даден на дванаесетте кога Христос се состанал со нив во горната соба, но сега е даден на еден поголем број на присутни. Сите верници што можеле да бидат повикани се состанале на една гора во Галилеја. Самиот Христос пред својата смрт го одредил времето и местото на овој состанок… Тоа бил единствениот разговор што го имал Исус со мноштвото верници по своето воскресение. Дошол и им рекол: ‘Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.’ (Матеј 28,18)… Облечен во безграничен авторитет, им дал налог на учениците: ‘Одете и научете ги сите народи’ (стих 19).“ – Копнежот на вековите, 708.709.

„Налогот на Спасителот ги опфаќа сите верници. Тој до крајот на времето ги опфаќа сите што веруваат во Христа. Судбоносна е грешката да се мисли дека делото на спасувањето на душите зависи само од ракоположениот проповедник… Сите што го примаат Христовиот живот се одредени да работат врз спасување на своите ближни. Црквата е основана за таква работа и сите што преземаат врз себе свет завет се обврзуваат да станат Христови соработници.“
— Копнежот на вековите, 712.

б. Каде Христос ги упатил своите ученици да отпочнат со проповедање на Евангелието? Лука 24,47. Како ова може да се примени и на нас?

„Учениците биле повикани да го почнат своето дело таму каде што се наоѓале. Не смееле да го заобиколат најтврдото поле како и она што најмалку ветувало. Исто така и секој од Христовите работници треба да почне да работи таму каде што се наоѓа. Можеби во нашите сопствени семејства се наоѓаат души што жеднеат за сочувство, умирајќи од глад во недостиг од леб на животот. Можеби постојат деца што треба да се одгледуваат за Христа. Постојат незнабошци крај самите наши врати. Да ја извршуваме верно работата што ни е најблиска. Потоа нашите напори нека се прошират сѐ дотаму додека нѐ води Божјата рака. Работата на мнозина може да се чини ограничена со околностите; но без оглед каде се врши, ако се врши со вера и трудољубиво, таа ќе се почувствува до најоддалечените делови на светот.“
— Копнежот на вековите, 713.

Вторник — 19. април
3. ДОСЕГАЊЕ ДО СИТЕ ДРУШТВЕНИ СЛОЕВИ

а. Како знаеме дека Бог не гледа кој е кој? Римјаните 2,11; Матеј 5,45; 1 Јованово 2,2.

„Христос не признавал никакви разлики во однос на националноста, сталежот или верувањата. Книжевниците и фарисеите сакале да ги ограничат небесните дарови само на едно место и една националност, ускратувајќи им ги на другите членови на Божјото семејство во светот. Но Христос дошол да го урне секој ѕид на поделба. Тој дошол да покаже дека дарот на неговата милост е неограничен исто како и воздухот, сончевата светлина или дождот што ја освежува земјата.“
— Здравје и среќа, 12.

б. Како Исус со начело и пример нѐ поучил дека Евангелието треба да се проповеда и на пониските друштвени слоеви, на сиромашните, болните и отфрлените? Јован 4,5-9; Матеј 9,10-13; 10,7.8.

„Христос седел како почитуван гостин на трпезата на цариниците, покажувајќи со својата друштвеност и љубезност дека го признава достоинството на човекот, па луѓето копнееле да бидат удостоени со неговата доверба… Иако бил Евреин, Исус слободно се дружел со Самарјаните, не осврнувајќи се на фарисејските обичаи на својот народ. Наспроти нивните предрасуди, Тој го прифаќал гостопримството на овој презрен народ. Спиел под ист покрив со нив, јадел со нив на нивната трпеза – земајќи храна, која била подготвена и поставена со нивните раце – поучувал по нивните улици и кон нив се однесувал со најголема љубезност и добрина. И додека ги придобивал нивните срца преку човечкото сочувство, неговата божествена благодат им го донела спасението што Евреите го отфрлиле.“
— Здравје и среќа, 13.14.

в. Како знаеме дека Исус исто така сведочел и на средната и на високата класа? Јован 3,1-3; Матеј 8,5-10; Лука 19,1-5.

„Христос го проповедал евангелието на сиромашните, но во својата работа не се ограничувал само на оваа класа. Тој работел за сите оние кои сакале да ја слушаат Неговата реч – не само за цариниците и отпадниците, туку и за богатите и образуваните фарисеи, еврејските благородници, капетанот и римскиот управител. Тоа е работата која секогаш сум гледала дека треба да се направи.“
— Евангелизам, 413.

Среда — 20. април
4. ПРЕДУСЛОВИ ЗА ИСУСОВОТО ДОАЃАЊЕ

а. Кое дело црквата мора да го доврши пред да дојде крајот? Матеј 24,14; Откровение 14,6.7. На каков ‘крај’ овде се мисли и со кој величествен настан тој е поврзан? Матеј 24,3.

„Според пророштвото (Откровение 14,6.7), после ова предупредување за судот и вестите поврзани со него, следува доаѓањето на Синот човечки на небесните облаци. Објавувањето на судот е најава на второто Христово доаѓање. Оваа објава се нарекува вечното Евангелие. Така и проповедањето на второто Христово доаѓање и објавувањето на неговата близина го чинат суштинскиот дел на евангелската порака.“
— Христовите очигледни поуки, 227.

б. Кому му е доверено делото на објавување на последната порака на милост на светот? Откровение 3,14.

„Во посебна смисла адвентистите на седмиот ден се поставени во светот како стражари и светлоносци. Ним им е доверено објавувањето на последното предупредување на светот кој пропаѓа. Нив ги осветлува чудесна светлина од Божјата Реч и доверена им е најзначајната задача – да ги објавуваат вестите на првиот, вториот и третиот ангел. Не постои друго дело со толку големо значење. Тие не смеат да дозволат ништо друго да го привлече нивното внимание.“
— 9 Сведоштво, 13.

в. Каков треба да биде копнежот на срцето на денешната Божја црква на остатокот, која ова дело ќе го приведе кон крајот? Псалм 119,125-127.

„Овде се дадени карактеристиките на оние кои ќе бидат реформатори и кои ќе го носат знамето на третата ангелска порака; тоа се оние кои пред очите на целата вселена се познати како народ кој ги држи Божјите заповеди, ја брани честа на неговото име, и најсрдечно се бори да ги подигне и поправи ‘старите урнатини’. Кој е тој што ги повикува да ги соѕидаат ‘урнатините да го подготват патот за населбите’? Тоа е самиот Господ. Тие во небото се регистрирани како реформатори, обновители, како оние што ги подигнуваат ‘темелите’ кои ќе стојат од колено до колено.“
— Коментари на библиските текстови, 341.

Четврток — 21. април
5. ЗАЈАКНУВАЊЕ НЕОПХОДНО ЗА ДЕЛОТО

а. Што постигнала раната црква од првиот век, и како таа била оспособена за ова дело? Римјаните 10,18; Колосјаните 1,23; Дела 1,8.

б. Додека настојуваме во денешно време да го евангелизираме светот од речиси 7 милијарди жители, што како реформатори секогаш треба да имаме на ум? Захарија 4,6; Лука 18,27; 1 Самуил 14,6.

„Човечката сила е слабост, човечката мудрост е лудост. Нашиот успех во ширењето на вистината не зависи од нашите таленти или од нашата ученост, туку од непрекинатата и жива поврзаност со Бога.“
— 5 Сведоштво, 147.

в. Кое искуство членовите на црквата најпрвин мораат да го стекнат, пред да бидат во состојба успешно да го проповедаат Евангелието во светот? Дела 3,19.20. За што поради тоа тие треба да се молат? Захарија 10,1.

„Големото дело на Евангелието нема да се заврши со помала манифестација на Божјата сила од онаа што го одбележала неговиот почеток. Пророштвата што се исполниле со излевањето на раниот дожд во почетокот на Евангелието пак ќе се исполнат со позниот дожд и при неговото завршување.“
— Големата борба, 637.

Петок — 22. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која мисија Христос и ја доверил на својата организирана црква?

2. Дали налогот за проповедање на Евангелието е даден само на ракоположените проповедници?

3. Во кое дело вистинските припадници на Адвентистите на седмиот ден ќе бидат вклучени во денешно време?

4. Со која сила Божјото дело на земјата ќе биде успешно завршено?

5. Кое важно дело треба да го извршите за да се подготвите за освежување?

2016 • 2. Квартал

5. лекција – Целта на евангелизирањето

30. април 2016
„Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.“
— Матеј 28,19.
„Проповедниците кои при ширењето на вистината работат во помалите или поголемите градови не би требало да бидат задоволни со својата работа сѐ додека оние што ја прифатиле теоријата на вистината навистина не го сфатат нејзиното посветувачко влијание и додека не бидат навистина обратени кон Бога.“
— 4 Сведоштво, 300.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Евангелизам, 15-24.

Недела — 24. април
1. ИСУСОВАТА МИСИЈА

а. Која била Исусовата мисија кога дошол на овој свет? Лука 19,10.

„Грешниците биле посебен предмет на Христовата мисија – грешници од сите раси и поднебја… Нему сите му се мили.“
— In Heavenly places, 329.

б. Каква жртва Исус поднел за да ја оствари својата мисија? Евреите 2,9.

„Ангелите со страхопочит и восхит гледале на Христовата мисија во светот. Тие се восхитуваат на љубовта која го натерала толку да се жртвува за грешните луѓе.“
— Слуги на евангелието, 444.

в. Во кој дел од Христовата мисија неговата црква треба да земе учество? Лука 4,18.

„Христовата мисија била да ги исцелува болните, да ги храбри безнадежните, да ги преврзе ранетите во срцето. Ова дело на обнова треба продолжи да се спроведува меѓу бедните и страдалниците.“
— Welfare Ministry, 71.

Понеделник — 25. април
2. ЦЕЛТА НА ПРОПОВЕДАЊЕТО

а. Што е суштината на Евангелието? 1 Коринтјаните 15,1-4.

„Висејќи на крстот Христос бил евангелие. Сега ние ја имаме пораката: ‘Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29). Нема ли членовите на нашата црква своите очи да ги држат постојано насочени на распнатиот и воскреснат Спасител, во кого се сосредоточени сите наши надежи на вечен живот? Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашето предупредување до непокајаните, наше охрабрување за оние што тагуваат – надеж за секој верник.“ – Коментари на библиските текстови, 725.

„Третата ангелска вест повикува на истакнување на саботата од четвртата заповед… но големиот Центар на привлечноста, Исус Христос, не смее да биде изоставен од пораката на третиот ангел.“
— Преглед и гласник, 20. јуни, 1894.

б. Која е вистинската цел на проповедањето на Евангелието на сите народи? Лука 1,77; Дела 2,21.

„Само по себе, проповедањето нема сила да го промени срцето, а токму тоа е целта на проповедањето. Божественото влијание кое го следи излагањето на Речта ја доведува душата што се кае во подножјето на крстот.“ – Преглед и гласник, 4. септември, 1888.

„Првата и најважната цел на евангелизирањето и сѐ што е во врска со него е да се најде и да се спаси она што е изгубено. Службата на евангелизирање… е на човекот да му ја подаде раката на помош каде и да е потребно тоа. Тоа значи проповедање на болните и напатените, исто како и на душите што страдаат од гревот.“
— Преглед и гласник, 29. октомври, 1914.

в. Кое ветување им е дадено на оние што веруваат во Евангелието, и што ќе се случи со оние што го одбиваат? Марко 16,16; Јован 3,18-20.

„Тој (Христос) не кажува оти цел свет ќе се преобрати, туку дека ‘ова Евангелие за царството ќе се проповеда по сиот свет за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот’ (Матеј 24,14).“
— Копнежот на вековите, 550.

Вторник — 26. април
3. ЗНАЧЕЊЕТО НА КРШТЕВАЊЕТО

а. Што треба да направат оние што веруваат во Христа? Марко 16,16 (прв дел); Кое е значењето на крштевањето? Римјаните 6,3-6.

„Крштевањето е најсветиот и најважен обред, и неговото значење треба темелно да се проучи. Тоа значи покајание за гревовите и почеток на нов живот во Исуса Христа.“ – Child Guidance, 499

„Христос крштевањето го направил знак на стапување во неговото духовно царство, и одреден услов кој целосно мораат да го исполнат оние кои сакаат да бидат признаени како оние кои се потчинуваат на авторитетот на Отецот, Синот и на Светиот Дух…

Крштевањето е најсвечено одрекување од светот. Оние што се крстени во тројното име на Отецот, Синот и Светиот Дух јавно изјавуваат при самиот влез во христијанскиот живот дека се откажале од службата на сатаната и дека станале членови на царско семејство, деца на небесниот Цар. Тие се покориле на заповедта: ‘Затоа излезете од нивната средина и одделете се… и не допирајте се до нечисто’. На нив се исполнило ветувањето: ‘И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки, вели Господ Седржителот’ (2 Коринтјаните 6,17.18).“
— 6 Сведоштво, 58.

б. Кое име им е дадено на Христовите ученици во Антиохија, и зошто? Дела 11,26.

„Во Антиохија учениците првпат биле наречени ‘христијани’. Тоа име им било дадено затоа што Христос бил главна тема на нивното проповедање, нивното учење и нивниот разговор. Тие постојано ги прераскажувале настаните што се одиграле за време на земната служба на Спасителот, кога учениците биле благословени со неговото лично присуство. Тие неуморно ја изнесувале неговата наука и неговите чудотворни исцелувања. Со треперливи усни и со солзи во очите тие зборувале за неговата агонија во градината, за предавството, за судењето и погубувањето, за трпението и понизноста при поднесувањето на тортурата и маките на кои го изложувале неговите непријатели и за неговото божествено сожалување покажано во молитвата за оние што го прогонувале. Христовото воскресение и вознесение, неговото посредување на делото на небото за паднатиот човек – тоа биле темите за кои тие со радост зборувале.“
— Делата на апостолите, 122.

Среда — 27. април
4. ОБРАТЕНИ УЧЕНИЦИ

а. Која човечка врска се користи за да се илустрира односот помеѓу Христа и неговите ученици? 2 Коринтјаните 11,2; Ефесјаните 5,22-25.

„Во Библијата светиот и траен карактер на односот кој постои помеѓу Христа и неговата црква се прикажува со брачна врска. Господ својот народ го соединил со себе со свечен завет и ветил дека ќе биде негов Бог, а народот се обврзал дека ќе му припаѓа нему и само нему.“
— Големата борба, 391.

б. Како Библијата го опишува животот на Христовиот крстен ученик, и зошто? 2 Коринтјаните 5,17; 1 Јованово 5,1.4.

„Старата природа, родена од крв и волјата на телото, не може да го наследи Божјоото царство. Старите патишта, наследените склоности и поранешните навики мораат да се отфрлат; бидејќи Божјата милост не се стекнува преку наследство. Новото раѓање се одразува преку искажување на нови побуди, нови вкусови и нови склоности. Оние кои преку Светиот Дух се преродени во нов живот стануваат учесници во Божјата природа, и во сите нивни навики и практики тие даваат очигледни докази за својата жива поврзаност со Христа. Кога оние што тврдат дека се христијани ќе ги задржат сите свои природни недостатоци и склоности во карактерот, по што тие тогаш се разликуваат од светот? Тие вистината не ја ценат како нешто што ја посветува и облагородува душата. Тие не се наново родени.“
— Коментари на библиските текстови, 700.

в. Што црквата мора да земе во предвид пред да одобри нечие крштевање? Матеј 3,8.

„Заветот кој го преземаме врз себе со крштевањето опфаќа многу работи. Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух ние сме погребани налик на Христовата смрт и сме воскреснале налик на неговото воскресение, и ние треба да живееме нов живот… Од тогаш верникот мора да има во предвид дека тој се посветил на Бога, на Христа и на Светиот Дух, и дека сите световни размислувања мора да ги стави на второ место во својот нов однос.“
— 6 Сведоштво, 93.

Четврток — 28. април
5. КВАЛИТЕТ НАСПРОТИ КВАНТИТЕТ

а. Каде Христос ги доведува оние што сакаат да станат негови ученици, и зошто? Јован 10,16; Дела 2,41.47.

„Сите што сакаат, можат да се помират со Бога и да добијат вечен живот. Вам, Мои ученици, ви ја предавам оваа порака на милост. Таа треба да му се однесе прво на Израел, а потоа на сите племиња, јазици и народи. Сите што веруваат, треба да бидат собрани во една црква.“
— Копнежот на вековите, 711.

б. Додека, од една страна, членството во Христовата црква е важно, што сепак е многу поважно од тоа? Јован 15,4-6; Лука 13,5-9.

„Проповедниците кои работат во ширењето на сегашната вистина… не треба да бидат задоволни… сѐ додека оние што ја прифатиле теоријата на вистината… не бидат навистина обратени кон Бога. Кога со нивната работа вистински би се обратиле само шест души, тоа би било подобро во Божјоите очи отколку шеесетина од нив да ја прифатат вистината само на зборови а при тоа да останат необратени во срцето.“ – 4 Сведоштво, 300.

„Припадноста на црквата не може да го замени обратувањето. Запишувањето на имињата во списокот на верниците на некоја црква нема никаква вредност ако срцето не е вистински изменето.“ – Евангелизам, 221.

„Ние не можеме да обезбедиме право на небото со тоа што нашите имиња ќе бидат запишани во црковните книги, додека нашите срца не се во единство со Христа и неговиот народ.“
— Преглед и гласник, 19. мај, 1880.

Петок — 29. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била Христовата мисија кога дошол на овој свет како Син човечки?

2. Која треба да биде вашата цел во евангелската работа?

3. Каков завет се прави при крштевањето?

4. Перед да крштава еден човек, која должност црквата мора да ја изврши?

5. Колку и да е важно членството во црквата, што е од суштинско значење за нашето спасение?

2016 • 2. Квартал

6. лекција – Христос во центарот на пораката

7. мај 2016
„Тој е оној камен што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник; и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“
— Дела 4,11.12.
„Постои една голема централна вистина која секогаш треба да ја имаме на ум кога го истражуваме Светото писмо – Христос и тоа распнатиот. Секоја друга вистина е прекриена со влијание и сила во сразмер со нејзината поврзаност со оваа тема.“
— Коментари на библиските текстови, 663.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Евангелизам, 184-193.

Недела — 1. мај
1. ЦЕНТРАЛНА ТЕМА НА НАШАТА ПОРАКА

а. Според она што претходно го проучувавме, која е специјалната порака која ние како Реформно движење на Адвентистите на седмиот ден треба да ја пренесеме на светот? Откровение 14,6-12.

б. По угледот на раната црква, која треба да биде централна тема на нашата порака до светот? Дела 5,42; 1 Коринтјаните 2,2.

„Од сите што исповедаат дека се христијани, адвентистите на седмиот ден треба најмногу да го воздигаат Христа перед светот. Објавувањето на третата ангелска порака бара изнесување на вистината за саботата. Оваа вистина, како и другите вклучени во пораката, мора да се објавува; но големиот центар на привлечноста, Исус Христос, не смее да биде изоставен. На крстот се исполнило пророштвото: ‘Милоста и вистината ќе се сретнат, праведноста и мирот ќе се целиваат’ (Псалм 85,10). Погледот на грешникот мора да биде насочен на Голгота. Тој мора да биде наведен со едноставност на мало дете да има доверба во заслугите на Спасителот, прифаќајќи ја неговата правда и верувајќи во неговата милост.“
— Слуги на евангелието, 141.

Понеделник — 2. мај
2. ХРИСТОС ЕДИНСТВЕН СПАСИТЕЛ

а. Бидејќи суштината на Евангелието е Христос (Римјаните 1,1-3), какво знаење треба најпрвин да стекнеме, а потоа да одиме и да го проповедаме на светот? 2 Петрово 3,18; Филипјаните 3,7.8.

„Ниеден човек не може да успее во службата на Бога, освен ако целото негово срце не е во неа и ако не го смета овој свет за губиток во споредба со важното познавање на Христа.“
— Копнежот на вековите, 224.

б. Зошто знаењето за вистинскиот Христос е толку важно? Матеј 24,24. Како лажните Христоси и лажните пророци се појавуваат пред луѓето? 2 Коринтјаните 11,13-15; Матеј 7,15.

„Паднатите ангели на земјата се здружуваат со злите луѓе. Во ова време антихристот ќе се појави како вистински Христос, и тогаш Божјиот закон ќе биде целосно ставен надвор од сила меѓу народите во овој свет. Бунтот против светиот Божји закон целосно ќе созрее. Но вистинскиот водач на оваа побуна е сатаната, облечен во ангел на светлината. Луѓето ќе бидат измамени, и ќе го воздигаат на местото на Бога и ќе го обожаваат.“
— Преглед и гласник, 12. септември, 1893.

в. Зошто е важно Христос во кого веруваме и кого го проповедаме да биде вистинскиот Христос кого го проповедале и првите апостоли? Јован 14,6; Дела 4,10-12.

„Постои само еден пат до Небото. Мораме да одиме по стапките на Исус, правејќи ги Неговите дела, како што Тој ги правел делата на својот Отец. Мораме да ги проучуваме Неговите патишта, а не човечките; мораме да ја извршуваме Неговата волја, а не својата… Тој е Патот, Вистината и Животот.“ – Our Father Cares, 264.

„Ако сте свесни за своите гревови, немојте да ја трошите својата сила тагувајќи над нив, туку погледнете и живејте. Исус е нашиот Спасител и… никој кој ќе се надева на Неговите заслуги нема да биде оставен да пропадне. Кога ќе ја сфатиме нашата беспомошна состојба без Христа, не смееме да паднеме во малодушност; ние мораме да се потпреме на распнатиот и воскреснат Спасител. Сиромашна, обесхрабрена душо, гледај и живеј! Исус го дал Својот збор; Тој ќе ги спаси сите кои доаѓаат кај Него.“
— Одбрани пораки 1, 338.

Вторник — 3. мај
3. ЗНАЦИ НА ВИСТИНСКИОТ ИСУС

а. Како вдахновението го објаснува соединувањето на божествената и човечката природа во Исус Христос? Филипјаните 2,5-8.

„(Творецот на нашето спасение) доброволно ја зел на Себе човечката природа. Тоа била Негова постапка, со Негова согласност. Своето божество Тој го облекол со човечка природа. Цело време бил Бог, но не се објавил како Бог; го прикрил откривањето на Своето божество, кое барало врховна почит и восхит од целиот универзум. Тој бил Бог на земјата, но се одрекол од божествената форма и наместо неа зел форма и изглед на човек и одел по земјата како човек. Поради нас Тој станал сиромашен, за преку Неговата сиромаштија ние да се збогатиме. Ја оставил настрана Својата слава и величество; Тој бил Бог, но за извесно време се одрекол од блаженството на Божјата форма.“
— Преглед и гласник, 5 јули, 1887.

б. Кога зборуваме за Христовата човечка природа, колку години имал Исус кога родителите го изгубиле три дена за време на Пасха, а колку имал години кога бил крстен од Јован Крстител? Лука 2,42.43; 3,21-23.

„Ние сакаме, колку што е тоа навистина можно, да ја разбереме Христовата човечка природа. Божественото и човечкото биле соединети во Христа, и двете целосни.“
— Одбрани пораки 3, 135.

в. Што се однесува до Неговото божество, колку далеку во минатото Тој постоел? Михеј 5,2; Јован 17,5.24.

„Христос бил едно со Отецот перед да бидат поставени темелите на светот… Христос е перед сѐ самопостоечки Божји Син… Кога станува збор за Неговото постоење, Христос го враќа нашиот ум во вековите на прапочетокот. Тој нѐ уверува дека никогаш не постоело време во кое Тој не бил во блиска заедница со вечниот Бог… Неговиот божествен живот не може да се сфати со човечки пресметки. Христовото постоење перед Неговото воплотување не се мери со бројки.“
— The Faith I Live By, 46.

Среда — 4. мај
4. ЗНАЦИ НА ВИСТИНСКИОТ ИСУС (ПРОДОЛЖЕТОК)

а. Како Исус го објаснил фактот дека Тој бил самопостоечки Бог кој му се открил на Мојсеј на гората Хорив? Јован 8,58 (спореди со Излез 3,14.15).

„Со сериозно достоинство Исус одговорил: ‘Вистина, вистина, ви велам: ЈАС СУМ уште перед да се роди Аврам’… Овој галилејски Учител тврдел дека Божјото име, дадено на Мојсеј да го изрази поимот на вечното Божјо присуство, всушност е неговото име. Тој се прогласил за Оној кој постои вечно, кој му бил ветен на Израел, ‘чијшто искон е од почеток, од вечни времиња’ (Михеј 5,2).“ – Копнежот на вековите, 405.

„Христос бил тој кој од грмушката на планината Хорив му проговорил на Мојсеј: ‘ЈАС СУМ ОНОЈ ШТО Е… Вака ќе им кажеш на синовите Израелови: ЈАС СУМ ме прати кај вас’ (Излез 3,14). Тоа било гаранција за ослободувањето на Израел. Кога дошол ‘како втор Адам’ (Филипјаните 2,7), Тој се претставил како ЈАС СУМ. Детето од Витлеем, кроткиот и понизен Спасител, е Бог кој се ‘јави во тело’ (1 Тимотеј 3,16).“
— Копнежот на вековите, 13.

б. Како Исус ја изрекол вистината дека, бидејќи е божествено битие, Тој има иста божествена природа, суштина и атрибути како и Бог Отецот? Јован 10,27-30; Колосјаните 1,18.19.

„Христос, Речта, единородниот Божји Син, бил едно со вечниот Отец – едно во суштината, во карактерот и во намерите – единствено Суштество кое можело да проникне во сите Божји совети и намери. ‘Името му е: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот’ (Исаија 9,6).“ – Патријарси и пророци, 6.

„(Јован 10,27-30)… Евреите никогаш порано не слушнале такви зборови од човечки усни и нивното осудувачко влијание допрело до нив. Се чинело дека божественото блеснало преку човечкото додека Тој зборувал: „Јас и Отецот едно сме“. Христовите зборови биле полни со длабоко значење додека го изговарал тврдењето дека Тој и Отецот се од една супстанција, дека поседуваат исти особини.“
— Знаците на времето, 27. ноември, 1893.

Четврток — 5. мај
5. БОЖЕСТВЕН СОТВОРЕЦ СО ОТЕЦОТ

а. Од кого е светот создаден, и зошто е тоа значајно за Христовата преегзистенција? Јован 1,2.3; Ефесјаните 3,9; Колосјаните 1,15-17.

„Ако Христос ги создал сите нешта, Тој постоел пред сите нешта. Зборовите изговорени во однос на ова толку се децидни што никој не треба да се остави во сомнеж. Христос е Бог во суштина и во највисока смисла. Тој бил со Бога од вечноста, Бог над сите, благословен засекогаш.“
— Одбрани пораки 1, 236.

б. Како Бог Отецот го признава Христовото божество, и каква сигурност ова тврдење ни дава? Евреите 1,8-12.

„Исус рекол: ‘Кој верува во Мене, и да умре ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли ти во тоа?’ Христос овде однапред гледа во времето на своето второ доаѓање. Тогаш умрените праведници ќе станат во нераспадливост, а живите праведници ќе се земат на небото без да вкусат смрт. Чудото, што ќе го стори Христос за неколку мига со воскресението на Лазара од мртвите, ќе го претставува воскресението на сите умрени праведници. Со своите зборови и со своите дела Тој се прогласил себеси за зачетник на воскресението. Тој, кој и самиот набргу ќе умре на крст, стоел со клучевите на смртта како победник над гробот, покажувајќи го своето право и својата сила да даде вечен живот.“
— Копнежот на вековите, 456.

Петок — 6. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Штo е суштината на пораката која треба да ја однесеме на светот?

2. Како можеме да го препознаеме лажниот Христос, кој тврди дека е вистинскиот Христос?

3. Која личност од Тројството се јавило на Мојсеј на Хорив?

4. Како од Библијата можеме да докажеме дека Исус учествувал со Отецот во создавањето?

5. Ако Исус е нашиот Творец, што ни зборува овој факт за Него?

2016 • 2. Квартал

7. лекција – Христовото воплотување

14. мај 2016
„А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.“
— Лука 2,10.11.
„Човечката природа на Божјиот Син е сѐ за нас. Таа е златен синџир кој ги поврзува нашите души со Христа, и преку Христа со Бога. Тоа е тема која треба да ја проучуваме. Христос бил вистински човек; Тој дал доказ за својата понизност така што станал човек. Сепак тој бил Бог во тело.“
— Одбрани пораки 1, 232.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 8-15; 20-30.

Недела — 8. мај
1. ЗАД СЦЕНАТА

а. Како Бог одговорил на падот на Адам и Ева? 1 Јованово 4,10.

„Божеството било трогнато со жал кон човечкиот род, и Отецот, Синот и Светиот Дух се посветиле на извршување на планот на спасението. Со цел целосно да се спроведе овој план, било одлучено дека Христос, единородниот Божји Син, треба да се принесе како жртва за грев.“
— Преглед и гласник, 2. мај, 1912.

б. Зошто Адам и Ева не биле погубени истиот ден кога јаделе од забранетиот плод? Јов 33,24; Марко 10,45; Откровение 13,8 (последен дел).

„Оној миг кога Адам попуштил на искушението на сатаната и направил токму она што Бог му рекол да но го прави, Христос, Синот Божји, застанал меѓу живите и мртвите, велејќи: ‘Нека казната падне на мене. Јас ќе застанам на местото на човекот. Дај му уште една шанса’. Престапот навлекол смртна пресуда на целиот свет. Но, на небото се слушнал глас: ‘Најдов откуп’.“
— Знаците на времето, 27. јуни, 1900.

Понеделник — 9. мај
2. ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

а. Кој бил првиот чекор кој Христос го презел за да го овозможи исполнувањето на планот на спасението? Евреите 2,9.

„Тогаш (Исус) на ангелските чети им соопшти дека е пронајден начин за спасение на човекот; дека Тој се заложил кај Отецот и добил дозвола својот живот да го положи како откуп за паднатиот човечки род, да ги земе нивните гревови и да ја преземе на себе смртната пресуда, за на тој начин човекот преку Него да добие простување; и благодарение на заслугите на Неговата пролеана крв и послушност кон Божјиот закон, повторно да ја придобие Божјата наклонетост и право да се врати во прекрасната градина и да јаде од плодот на дрвото на животот.

„На почетокот ангелите не можеле да се радуваат… Им рекол дека Тој… ќе ја напушти целата небесна слава, ќе се појави на земјата во човечки лик, ќе се понизи како човек, врз основа на своето лично искуство ќе се запознае со различните искушенија на кои се изложува човекот, за да знае како да им помогне на оние кои се во искушение…

„Им рекол (на ангелите) дека и тие ќе учествуваат во неговото дело, дека ќе бидат со него и ќе го храбрат кога за тоа ќе има потреба, затоа што Тој – земајќи ја природата на паднатиот човек – нема да располага со сила што тие ја поседуваат; тие ќе бидат сведоци на неговото понижување и тешки страдања; и кога ќе ги гледаат неговите маки и омразата на луѓето кон него, ќе бидат толку трогнати што љубовта кон него ќе ги поттикнува на тоа ако е потребно и со сила да го ослободат од неговите мачители, но со ништо нема да смеат да го спречат она што мораат да го гледаат со свои очи…

„Сатаната се радувал заедно со своите ангели поради тоа што со падот на човекот ќе може да го повлече Божјиот Син од неговата висока положба. Ги уверувал своите ангели дека и Исус – кога на себе ќе ја земе природата на паднатиот човек – ќе биде лесно совладлив и на тој начин ќе може да го спречат остварувањето на планот на спасението за човекот.“
— Рани списи, 123, 124, 125.

б. Која Христова особина направила да биде невозможно за него да умре пред воплотувањето? 1 Тимотеј 6,14-16.

“Кога Христос бил распнат на крстот, умрела Неговата човечка природа. Божеството не пропаднало ниту умрело; тоа би било невозможно.“
— Lift Him Up, 76.

Вторник — 10. мај
3. БОЖЈИОТ СИН СТАНУВА СИН ЧОВЕЧКИ

а. Што се подразбира под изразот „Словото стана тело“ (Јован 1,14)? Евреите 2,14 (прв дел).

„Божественото и човечкото било таинствено споено, а човекот и Бог станале едно. Во тоа соединување се нашла надеж за паднатиот човечки род.“
— Коментари на библиските текстови, 540, 541.

б. Како апостол Павле потврдува дека Христос имал падната човечка природа кога дошол на овој свет? Римјаните 1,3; 8,3.

„Христос не се претворал дека зел човечка природа; Тој навистина ја зел. Тој навистина поседувал човечка природа.“ – Одбрани пораки 1, 235.

„Тој врз Себе зел падната, на страдања подложна човечка природа, деградирана и извалкана од гревот. Тој ги зел нашите болки, поднесувајќи ја нашата тага и срам. Тој ги претрпел сите искушенија што го снаоѓаат човекот. Го соединил човечкото и божественото; божествениот дух живеел во храмот на телото. Тој самиот се соединил со храмот. „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ (Јован 1,14), затоа што на таков начин Тој можел да им се приближи на грешните, нажалените синови и ќерки на Адам.“
— The Youth’s Instr., Dec. 20, 1900.

в. Зошто било неопходно Христос да ја земе човечката природа после падот, наместо пред падот? Евреите 2,16-18.

„Спасителот… дошол на светот за да ја покаже Божјата слава којашто човекот го издигнува и го обновува. Бог се открил во него за Тој да може да се открие во нив. Исус не открил никакви особини, ниту покажал сила што на луѓето не би им била достапна преку вера во него. Сите негови следбеници можат да ја имаат неговата совршена човечка природа, ако му се покорат на Бога како што го сторил тоа Тој.“ – Копнежот на вековите, 580.

„Облечен во одеждите на човештвото, Божјиот Син се спуштил на нивото на оние што сакал да ги спаси. Во Него немало лукавство ниту грев; Тој секогаш бил чист и без мана; сепак, Тој на Себе ја зел нашата грешна природа. Покривајќи го Своето божество со човечка природа за да може да му се приближи на човечкиот род, Тој настојувал на човекот да му го врати она што светот го изгубил поради непослушноста на Адам.“
— Преглед и гласник, 15. декември, 1896.

Среда — 11. мај
4. ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОПЛОТУВАЊЕТО

а. Што го квалификувало Христос да ја изврши Својата улога како посредник? 1 Тимотеј 2,5.

„Само Исус можел да му даде гаранција на Бога, зашто бил еднаков со Бога. Единствено Тој можел да биде посредник помеѓу Бога и човекот, бидејќи поседувал и божествена и човечка природа. На овој начин Исус можел да даде гаранција и за двете страни во исполнувањето на пропишаните услови. Како Син Божји Тој гарантира за нас пред Бога, а како вечна Реч, како Оној кој е еднаков со Отецот, Тој нѐ уверува во љубовта на Отецот кон оние што веруваат во Неговите заветни ветувања. Кога Бог сакал да нѐ осведочи за Својот непроменлив завет на мир, Тој го дал Својот Единороден Син да стане едно со човечкиот род и засекогаш да ја задржи Својата човечка природа како залог дека Бог ќе ги исполни Своите зборови.“
— Преглед и гласник, 3. април, 1894.

б. Како гревот влијаел на односот помеѓу човечкиот род и Бога, и како оваа врска е обновена? Исаија 59,2; Галатјаните 4,4.5.

„Човечката природа на Божјиот Син е сѐ за нас. Таа е златен синџир кој ги поврзува нашите души со Христа, и преку Христа со Бога.“ – The Youth’s Instructor, October 13, 1898.

„Намерата на сатаната била да предизвика вечна разделба меѓу Бога и човекот; но во Христа ние сме стапиле во поинтимна заедница со Бога отколку никогаш да не сме паднале. Со тоа што зел наша природа, Спасителот се поврзал со човештвото со врска што никогаш нема да се раскине… Бог го дал својот Единороден Син да стане член на човечкото семејство, засекогаш да ја задржи човечката природа. Тоа е залог дека Бог ќе ја исполни својата реч. ‘Зашто ни се роди Дете, добивме Син, кој има власт на рамото’ (Исаија 9,6)… Тој, кој е ‘свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците’, не се срамува нас да нѐ нарече браќа (Евреите 7,26; 2,11).“ – Копнежот на вековите, 14.

„Да се врати човештвото во Христа, да се доведе паднатиот човечки род во единство со божественото — тоа е делото на спасението. Христос ја зел човечката природа за луѓето да можат да бидат едно со Него, како што е Тој едно со Отецот, за Бог да може да го љуби човекот како што го љуби Својот Единороден Син, за луѓето да можат да бидат учесници во Божјата природа и да бидат потполни во Него.“
— Одбрани пораки 1, 239.

Четврток — 12. мај
5. ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОПОЛОТУВАЊЕТО (ПРОДОЛЖЕТОК)

а. Која Божја намера при создавањето на човекот е исполнета со Христовото воплотување? 1 Коринтјаните 6,19.

„Од вечни времиња Божја намера била секое создание, од сјајниот и свет серафим па до човекот, да стане храм во кој ќе живее Творецот. Поради гревот, човечкиот род престанал да биде Божји храм. Затемнетото и со злото обесчестено човечко срце не ја откривало веќе божествената слава. Меѓутоа, со воплотувањето на Божјиот Син исполнета е целта на Небото. Бог живее во човечкото срце и, со посредство на спасоносната милост, тоа повторно станува негов храм.“
— Копнежот на вековите, 123.

б. Како небесните ангели го нарекувале Христовото воплотување, и зошто? Лука 2,6-11.

„Нека се радуваат сиромашните, бидејќи Христос дошол да ги направи наследници на Неговото царство! Нека се радуваат богатите, бидејќи Тој ќе ги научи како да го искористат своето земно богатство за да си обезбедат вечно богатство на небото! Нека се радуваат неуките, бидејќи Тој дошол да им даде мудрост за спасение! Нека се радуваат учените, бидејќи на нивниот ум ќе им открие подлабоки тајни од кога и да било досега до кои тие можеле да проникнат.“ – The Spirit of Prophecy, vol. II, 191.

„Христовата понизност во корист на човекот ги восхитувала ангелите. Откупот преку Христа за нив била тајна на љубовта и мудроста.“
— Преглед и гласник, 15. јули, 1909.

Петок — 13. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто на Адам и Ева им било дозволено да живеат стотици години после падот во грев?

2. Што Христос понудил како залог кое на човечкиот род ќе му обезбеди втора можност?

3. Зошто Христос морал да ја земе Адамовата падната природа?

4. Зошто Христос не можел да го откупи светот без воплотување?

5. Дали Христовото раѓање е навистина радосна вест за вас? Зошто?

2016 • 2. Квартал

8. лекција – Христовата праведност

21. мај 2016
„Затоа, сметам дека и сè друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и сè сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос, и да се најдам во Него, не со својата праведност стекната од Законот, туку со придобивката преку верата во Христос, односно со праведноста од Бога преку верата.“
— Филипјаните 3,8.9.
„Човекот не може самиот да се спаси. Може да се залажува во врска со тоа прашање, но да се спаси не може. Само Христовата праведност може да биде од корист за неговото спасение, а таа е Божји дар.“
— Одбрани пораки 1, 317.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Faith and Works, 15-27.

Недела — 15. мај
1. УСЛОВ НА ВЕЧЕН ЖИВОТ

а. Каква положба имал Адам во Едем? Создавање 1,28.

„Адам бил крунисан владетел на Едем. Нему му била дадена власт над сите живи созданија што Бог ги создал. Адам и Ева Господ ги благословил со дар на разум, дар кој не е даден на ниту едно друго создание. Тој го направил Адама за законит владетел над делата на своите раце.“
— Коментари на библиските текстови, 10.11.

б. Низ каков тест поминал Адам? Создавање 2,16.17. Што можело да го оспособи човечкиот род да го положи овој тест? Создавање 1,26.27.

„Човекот во почетокот бил надарен со благородни сили и урамнотежен ум. Тој бил совршен и во единство со Бога. Неговите мисли биле чисти, а неговите цели свети.“
— Знаците на времето, 25. октомври, 1905.

Понеделник — 16. мај
2. АДАМ НЕ УСПЕВА ДА ГО ЗАДРЖИ ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

а. Кои се некои од последиците на Адамовата непослушност? Создавање 2,17; Езекиел 18,4 (последен дел). Како Бог реагирал на тоа? Јован 3,16.

„Непослушност на Адам кон Божјите заповеди го осудила човечкиот род на смртна казна. ‘Во Адам сите умираат’, и вечната смрт, не вечен живот, е конечната казна за сите кои продолжуваат во престапот.“ – Знаците на времето, 17. јуни, 1897.

„Во моментот кога човекот, дело на Божјите раце, одбил да биде послушен на законите на Божјото царство, во тој момент тој станал нелојален на Божјото владеење и станал целосно недостоен за сите благослови со кои Бог го опсипувал…

А причината зошто човекот не бил уништен е таа што Бог толку го сакал што го подарил Својот мил Син да ја поднесе казната за неговиот грев. Христос се понудил да биде гарант и заменик, за човекот, преку милоста која со ништо не може да се спореди, да може да има уште едно време на проба — втора шанса — имајќи го пред себе искуството на Адам и Ева како предупредување да не го престапи Божјиот закон како што тие тоа го правеле.“
— Faith and Works, 21.

б. Како Христос покажал дека од човекот се барала послушност на законот и по падот, како услов за вечен живот? Лука 10,25-28; Матеј 19,16.17.

„Услов за вечен живот и сега е ист онаков каков што отсекогаш бил – токму онаков и пред падот на нашите прародители: совршено покорување на Божјиот закон, совршена праведност. Кога вечниот живот би можел да се добие под било кој услов поинаков од овој, би се изложила на опасноста среќата на целиот универзум.“ – Патот кон Христа, 55.56.

„Христос не ги намалувал барањата на законот. Со зборови кои не можат погрешно да се разберат Тој покорувањето на законот го истакнал како услов на вечен живот – истиот оној услов кој и на Адам му бил поставен пред неговиот пад… Божјите барања во заветот на милоста се сеопфатни и целосно идентични со оние кои на човекот му биле поставени уште во Едем – целосна согласност со Божјиот закон, кој е свет, праведен и добар.“
— Христовите очигледни поуки, 356.

Вторник — 17. мај
3. НЕМА СПАСЕНИЕ ВО ЧОВЕЧКИТЕ ДЕЛА

а. Иако условот за вечен живот после гревот никогаш не е изменет, каква промена настанала во човечката природа, и каков бил резултатот? Ефесјаните 2,3; Римјаните 3,11.12.

„На Адам и Ева… им е објаснето дека нивната природа е толку изопачена со гревот, што поради тоа е намалена нивната сила со која би можеле да му се спротивстават на злото и дека на сатаната ќе му го отворат патот поуспешно да им пристапи.“
— Патријарси и пророци, 40.

б. Дали потомството на Адам ја наследило неговата безгрешна природа или неговата падната природа? Псалм 51,5. Што на потомците на Адам им станало невозможно да направат со својот напор, и зошто? Римјаните 3,23; 8,7.

„Пред падот, Адам можел со послушност кон Божјиот закон да оформи праведен карактер. Но тој тоа не го сторил, па поради неговиот грев и нашата природа станала грешна, и ние не сме во состојба себеси да се направиме праведни. Затоа што сме грешни, несвети, ние не можеме да му бидеме совршено послушни на светиот закон. Ние немаме некоја своја праведност со која би можеле да ги задоволиме барањата на Божјиот закон.“
— Патот кон Христа, 41.

в. Што е запишано за оние кои мислат дека треба да се потпираат на своите дела, а не на Христовите заслуги, како би биле оправдани? Галатјаните 3,10; Римјаните 9,31-33.

„Оној што се обидува да стигне до Небото почитувајќи го законот со своите дела се обидува да направи невозможно… Напорот што човекот го вложува со своја сила да добие спасение е претставен со приносот на Каин. Сѐ што може човек да направи без Христа е загадено со себичност и грев.“ – Faith and Works, 94.

„Рабините својата праведност ја сметале како пасош за небото, но Исус изјавил дека таа е недоволна и безвредна. Фарисејската праведност била сочинета од надворешни обреди и од теоретско знаење на вистината. Рабините тврделе дека се свети во своите лични напори да го одржат законот; но нивните дела ја разделиле праведноста од религијата. Додека во ситници биле точни во почитувањето на обредите, нивниот живот бил неморален и понижен. Со својата таканаречена праведност никогаш не би можеле да влезат во небесното царство.“
— Копнежот на вековите, 257.

Среда — 18. мај
4. ХРИСТОС СТАНАЛ НАША ПРАВДА

а. Бидејќи човечкиот род го изгубил правото на вечен живот, што Отецот одлучил да направи? Галатјаните 4,4.5. Каква положба имал Христос, како втор Адам, кога дошол на овој свет? 1 Коринтјаните 15,47.

„По падот, Христос станал Адамов учител… Кога се исполнило времето, Тој требало да се открие во човечки облик. Тој ќе ја заземе положбата на поглавар на човечкиот род, земајќи ја на Себе човечката природа, но не и грешноста.“
— Знаците на времето, 29. мај, 1901.

б. Што Христос морал да направи да ни осигура вечен живот? Матеј 5,17.18. Како Исус ги исполнил барањата на законот? 1 Петрово 2,22.

„Законот бара правда – праведен живот, совршен карактер, а ова човекот не може да го исполни. Тој не може да ги исполни барањата на Божјиот свет закон. Но Христос, доаѓајќи на земјата како човек, живеел свет живот и развил совршен карактер. Тој ова како бесплатен дар им го нуди на сите што сакат да го добијат.“ – Копнежот на вековите, 746.

„Во Својот живот на земјата, Христос развил совршен карактер, покажал совршена послушност кон заповедите на Својот Отец. Доаѓајќи на светот во човечки облик, бидејќи бил потчинет на законот, и додека им откривал на луѓето како ги носел нивните болести, нивните страдања, нивната вина, Тој не станал грешник… Ниту една дамка на гревот не била пронајдена кај Него. Тој стоел пред светот како безгрешно Јагне Божјо.“
— The Youth’s Instructor, December 29, 1898.

в. Откако го исполнил условот за вечен живот во корист на човечкиот род, кој дар Христос му го нуди на секој човек? Римјаните 6,23; 1 Јованово 5,11.

„Спасителот на светот на заблудените им нуди дар на вечен живот. Со сочувство понежно од она што го придвижува срцето на земниот татко да му прости на непослушниот син кој се кае и страда, Тој чека одговор на понудената љубов и проштавање.“
— Знаците на времето, 20, април, 1876.

Четврток — 19. мај
5. ОПРАВДАНИ САМО ПРЕКУ ВЕРА

а. Како што непослушноста на Адам нѐ направила грешници, преку чија послушност ќе бидеме оправдани? Римјаните 5,17-19. Како Бог гледа на нас кога со вера ќе ја прифатиме Христовата правда? Римјаните 3,28.

„Ние немаме некоја своја праведност со која би можеле да ги задоволиме барањата на Божјиот закон. Меѓутоа Христос ни овозможи решавање на проблемот. Тој живеел на Земјата соочен со истите неволји и искушенија со кои и ние се соочуваме. Живеел навистина безгрешен живот. Умре за нас и сега се нуди да ги земе нашите гревови а нам да ни ја даде својата праведност. Ако му се предадете Нему и ако го прифатите за свој Спасител, заради него ќе бидете прогласени за праведни без оглед на сета грешност од поранешниот живот. Христовиот карактер ќе застане на местото на вашиот карактер и вие ќе бидете прифатени пред Бога како никогаш да не сте грешеле.“
— Патот кон Христа, 41.42.

б. Кога покајниот верник ќе биде оправдан, каква надеж има тој, дури и ако умре? Јован 3,16 (последен дел); Тит 3,7; 1 Коринтјаните 15,21.22.

„Со вера (грешникот) може пред Бога да ги изнесе Христовите заслуги, а Господ послушноста на својот Син ја припишува на сметка на грешникот. Христовата праведност се прифаќа наместо човековиот неуспех и Бог ја прифаќа и ја оправдува верната душа која се кае, се однесува кон неа како да е праведна и ја љуби како што го љуби својот Син.“
— Одбрани пораки 1, 353.

Петок — 20. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој бил условот за вечен живот пред и по падот во грев?

2. До каква промена дошло во природата на луѓето, поради гревот?

3. Зошто оние кои сакаат да бидат праведни преку држење на законот ќе бидат под проклетство?

4. Како го разбирате изразот ‘Христос правда наша’?

5. Ако се случи еден човек кој е оправдан преку вера во Христовата правда да умре, која е неговата или нејзината надеж?

2016 • 2. Квартал

9. лекција – Христовата помирувачка смрт (1)

28. мај 2016
„Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав… преку Него и се спасувате… дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата.“
— 1 Коринтјаните 15, 1-3.
„Висејќи на крстот Христос бил Евангелие. Сега ние ја имаме пораката: ‘Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29)… Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашето предупредување до непокајаните, наше охрабрување за оние што тагуваат – надеж за секој верник.“
— Коментари на библиските текстови, 725.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 646-668.

Недела — 22. мај
1. ОТКУПОТ Е ПРОНАЈДЕН

а. За што Бог се погрижил при жртвувањето на Исак, и од какво значење е тоа за искуството на секој човек? Создавање 22,7-13; Јов 33,24.

„Овенот, принесен на олтарот наместо Исак, го претставувал Божјиот Син кој требало да биде жртвуван наместо нас. Кога човекот бил осуден на смрт поради престапот на Божјиот закон, Отецот – погледнувајќи го својот Син – му рекол на грешникот: ‘Живеј, најдов откуп’!“
— Патријарси и пророци, 146.147.

б. Кога иста мерка е преземена за спасение на човечкиот род? Матеј 25,34; Откровение 13,8 (последен дел).

„Оној миг кога Адам… направил токму она што Бог му рекол дека не треба да го прави, Христос, Синот Божји, застанал меѓу живите и мртвите, велејќи: ‘Нека казната падне на мене. Јас ќе застанам на местото на човекот. Дај му уште една шанса’.“
— Коментари на библиските текстови, 17.

Понеделник — 23. мај
2. НАДЕЖТА НАСОЧЕНА КОН СПАСИТЕЛОТ ШТО ДОАЃА

а. Од која висина Христос слегол за да умре за гревовите на човечкиот род? 1 Тимотеј 6,14.16; Филипјаните 2,6.

„(Исус) го понудил својот живот како откуп за паднатиот човечки род, да ги земе нивните гревови и да ја преземе на себе смртната пресуда, за на тој начин човекот преку него да добие помилување; и благодарение на заслугите на неговата пролеана крв и послушност кон Божјиот закон, повторно да ја придобие Божјата наклоност и право да се врати во прекрасната градина и да јаде од плодот на дрвото на животот…

„Тој ќе ја напушти целата небесна слава, ќе се појави на земјата како човек, ќе се понизи како човек… Тој ќе умре со најстрашна смрт, висејќи помеѓу небото и земјата како осуден грешник….“
— Рани списи, 123.

б. Кое ветување му е дадено на Адам, откако згрешил, и какво било значењето на ова ветување? Создавање 3,15.

„(Создавање 3,15). Оваа пресуда, искажана во присуство на нашите прародители, за нив претставувала извесно ветување…

Небесните ангели на нашите прародители поцелосно им го објасниле тој план со кој е завештано нивното спасение. Ги уверувале Адам и Ева дека, и покрај нивниот голем грев, нема да бидат наполно препуштени во власта на сатаната. Божјиот Син се понудил со својата смрт да ги откупи од казната што ја заслужиле со својот прекршок. Ќе им биде дадено извесно време на искушение и проверка, па со покајание и со вера во Христа ќе можат повторно да станат Божји деца.“
— Патријарси и пророци, 45.46.

в. Откако гревот влегол во светот, кој систем бил воведен за Адам и која била неговата цел? Создавање 4,3-5; Евреите 9,13.14.28.

„На паднатиот човек му е откриен планот на бескрајната жртва преку која ќе биде овозможено спасение. Ништо освен смртта на Божјиот мил Син не можело да го окае гревот на човекот, и Адам се восхитувал на Божјата добрина која обезбедила таков откуп за грешникот… Со воведувањето на симболичниот систем на жртви и дарови, Христовата смрт требала секогаш да биде пред очите на обвинетиот човек, за подобро да може да ја сфати природата на гревот, последиците на престапот и заслугите на божествената жртва.“
— Знаците на времето, 20. февруари, 1893.

Вторник — 24. мај
3. СПАСИТЕЛ НА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

а. Кога дошло одреденото време, што одлучил Отецот да направи за да го ослободил човештвото од ропството на гревот? Галатјаните 4,4.5. Кого Христос дошол да спаси на овој свет? 1 Тимотеј 4,10; 1 Јованово 4,14.

„(Христос) умрел за секој човек и поради тоа милостиво и длабоко се интересирал за секој поединец.“ – 9 Сведоштво, 229.

„Самарјаните верувале дека Месијата треба да дојде како Откупител не само на Евреите, туку и на целиот свет. Светиот Дух претскажал преку Мојсеј дека Тој ќе биде пророк пратен од Бога. Преку Јаков е објавено дека ќе му се покорат народите, а преку Аврам дека преку него ќе бидат благословени сите народи на земјата. На овие текстови од Светото писмо народот на Самарија ја темелел својата вера во Месијата…

Исус почнал да го урива ѕидот што ги разделувал Евреите и незнабошците и да му го проповеда спасението на светот.“
— Копнежот на вековите, 151.

б. Во кој облик Исус дошол на земјата како би станал Спасител на светот? Филипјаните 2,7.8.

в. Кога Христос умрел за целиот човечки род, од кои Исусови зборови можеме да сфатиме дека умрела неговата човечка, а не божествена природа? Јован 10,17.18.

„Оној кој рекол: ‘Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак‘ (Јован 10,17), излегол од гробот со животот кој се наоѓал во Него самиот. Човечкото умрело; божественото не умрело. Во Својата божествена природа, Христос поседувал сила да ги скрши оковите на смртта. Тој изјавува дека во Себе има живот со кој може да го оживее кого сака.“ – Одбрани пораки 1, 287.

„’Јас сум воскресение и живот’. Таквите зборови можел да ги изговори само оној кој претставува Божество. Сите создадени битија живеат благодарение на волјата и Божјата сила. Во самото примање на животот тие зависат од Божјиот Син… Тие одново примаат од Оној кој е извор на животот. Само Оној ‘кој самиот има бесмртност и живее во непристапна светлина’, можел да каже: ‘Власт имам да ја положам душата своја, и власт имам повторно да ја земам’.“
— Коментари на библиските текстови, 504.

Среда — 25. мај
4. ВТОРАТА СМРТ УКИНАТА ЗА ВЕРНИЦИТЕ

а. Како се нарекува применувањето на казната на вечна смрт на оние кои ќе го отфрлат Христа како свој Спасител, и зошто? Откровение 20,14; 21,8.

„’Зашто, плата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ’ (Римјаните 6,23). Додека животот е наследство на праведниците, смртта е плата за грешниците. Мојсеј му рекол на Израел: ‘Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло’ (Второзаконие 30,15). Смртта, спомената во овој стих, не е онаа смрт што е изречена над Адам, што ја поднесуваат сите луѓе како казна изречена над неговиот престап, туку тоа е ‘втората смрт’, која се истакнува како спротивност на вечниот живот.“
— Големата борба, 564.

б. Како Исус го доживеал чувството на очај на оние кои страдаат од втората смрт? Матеј 27,46; Евреите 2,9.

„Христос во многу што се чувствувал како многуте грешници на кои ќе се излие чашата на Божјиот гнев. Очајот мрачен како смрт ќе ги обземе грешните души и тогаш тие во полна мера ќе ја согледаат сета стравотија на гревот… Ако ги одбијат небесните дарови… тие ќе одлучат за својата судбина и на крајот како плата ќе го примат Божјиот гнев и вечната смрт. Засекогаш ќе бидат одделени од присуството на Исус, чијашто жртва ја презреле.“
— 2 Сведоштво, 137.

в. Што Христос укинал со својата смрт, а што ни овозможил? 2 Тимотеј 1,10; Јован 5,24; Откровение 2,11.

„Со престапот човекот ја загубил бесмртноста што му била ветена под услов на послушност… За паднатиот род не би имало надеж кога Бог не би му ја овозможил бесмртноста на човекот повторно достапна со жртвувањето на својот Син… Секој човек може да го добие овој непроценлив благослов ако ги исполни условите. Сите ‘кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост’, ќе примат ‘живот вечен’ (Римјаните 2,7).“
— Големата борба, 553.

Четврток — 26. мај
5. ЧУДЕСНА РАЗМЕНА

а. Зошто Исус ја поднел полната казна за гревот иако не бил виновен ниту за еден грев? 2 Коринтјаните 5,21; Тит 2,14.

„Исус врз Себе ја зел човечката природа, и со тоа каква чест му укажал на човечкиот род со тој чин! Тој страдал како човек, бил искушуван како што луѓето се искушуваат, но сепак не подлегнал на гревот. Тој заради нас е направен грев, иако не знаел за грев, за ние да станеме правда Божја во Него.“
— Преглед и гласник, 18. ноември, 1890.

б. Што ни нуди Христос во замена за нашите гревови? Рим. 5,17.

„Со Христа се постапувало онака како што заслужуваме ние, за со нас да се постапува онака како што заслужува Тој. Тој бил осуден поради нашите гревови во кои немал удел, за ние да можеме да бидеме оправдани со неговата праведност во која немаме удел. Претрпел смрт што била наша, за ние да примиме живот што бил негов.“ – Копнежот на вековите, 13.

„Ние не сме достојни за Божјата љубов, но Христос, нашиот гарант, е достоен на неа и целосно е во состојба да ги спаси оние што ќе дојдат кај него. Какво и да било вашето искуство во минатото, какви и обесхрабрувачки да се вашите сегашни околности, ако дојдете кај Исуса такви какви што сте, слаби, беспомошни и очајни, нашиот милосрден Спасител, полн со сочувство, уште оддалеку ќе ви излезе во пресрет, ќе ве прегрне со рацете на својата љубов и наметне со наметката на својата правда…Тој нѐ застапува кај Отецот и вели: ‘Еве Ме Мене наместо грешникот. Немој да гледаш во ова самоволно дете, туку во Мене’. Колку и гласно сатаната да ги изнесува обвинувањата против нашата душа, обвинувајќи не за гревот и полагајќи на нас право како на свој плен, крвта на Христа зборува со поголема сила.“
— Мисли од гората, 18.

Петок — 27. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Со каква цел Бог му дал на човечкиот род второ време на проба?

2. Кога Адам починал на возраст од 930 години, дали ја платил казната за престапот спомената во Создавање 2,17?

3. За кого Исус го дал својот живот на крстот?

4. Што е доказ дека Исус не ја укинал првата смрт?

5. Ако ги замениме своите гревови за Христовата правда, што исто така мораме да Му дадеме, а што мораме да прифатиме од него?

2016 • 2. Квартал

10. лекција – Христовата помирувачка смрт (2)

4. јуни 2016
„Ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие; за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост.“
— 1 Коринтјаните 1,23.24.
„Дарувањето на Исус го открива срцето на Отецот. Тој дар сведочи дека заради наше спасение Тој нема да ни ускрати ништо што е потребно за исполнување на неговото дело, па колку и да му е мило тоа.“
— 9 Сведоштво, 254.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Одбрани пораки 1, 373-378.

Недела — 29. мај
1. „ЗАШТО БОГ ТОЛКУ ГО ВОЗЉУБИ СВЕТОТ“

а. Опишете ја длабочината на Божјата љубов? Јован 3,16; Римјаните 5,6-8.

„Христовата смрт претставува доказ за големата Божја љубов кон човекот. Таа е залог и гаранција на нашето спасение…

Со помош на крстот ние дознаваме дека небесниот Отец нѐ сака со бескрајна љубов.“
— Делата на апостолите, 163.164.

б. Која нова заповед треба да настојуваме да ја почитуваме за да нѐ оддели од неверниците? Јован 13,34.35.

„Учениците требало меѓусебно така да се љубат како што Тој нив ги љубел. Требало да покажуваат постојана љубов за душите на мажите, жените и децата, правејќи се што е во нивна моќ за нивно спасение. Меѓутоа, особено биле должни да откријат нежна братска љубов кон сите оние кои биле со нив во вера…

Најголема и нај фатална заблуда е да се претпостави дека некој човек може да има вера во вечен живот без да ја има Христовата љубов кон неговите браќа.“
— Коментари на библиските текстови, 561.

Понеделник — 30. мај
2. ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО ИМА КОРИСТ ОД ХРИСТОВАТА СМРТ

а. Која поука Христос ја истакнал користејќи го примерот на бакарната змија подигната во пустината? Јован 3,14.15.

„Кога израелскиот народ умирал од каснувањето на отровните змии, Бог му наредил на Мојсеј да направи змија од бакар… Тогаш во целиот логор е огласено дека сите што ќе ја погледнат змијата ќе останат во живот.“ – Копнежот на вековите, 136.

„Мораме да погледнеме на голготскиот крст на кој умрел Спасителот. Нашите вечно интереси бараат да покажеме вера во Христа.“
— Копнежот на вековите, 575.

б. Благодарение на Христовата смрт, кој секојдневен благослов Бог го излева на секој човек во сегашниот живот во времето на проба? Матеј 5,45.

„На Христовата смрт ѝ го должиме дури и нашиот овоземен живот. Лебот што го јадеме е откупен со Неговото измачено тело. Водата што ја пиеме е купена со пролеаната крв. Никогаш никој, свет или грешен, не се храни со својата секојдневна храна, туку се храни со Христовото тело и крв. Во секој леб е втиснат голготскиот крст. Тој се гледа во секој воден извор.“
— Копнежот на вековите, 576.

в. Иако верниците и неверниците благодарение на Христовата смрт подеднакво уживаат во сето она што се однесува на овоземниот живот, кој единствено ќе добие вечен живот? Матеј 7,21; Јован 3,16; Римјаните 2,7; Откровение 22,14.

„(Матеј 7,21). Искреноста не се проверува преку зборовите, туку преку делата. Христос никого не го прашал: Што си кажал повеќе од другите? – туку ‘што особено правите?’ (Матеј 5,47). Неговите зборови: ‘Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате’ (Јован 13,17), имаат големо значење. Зборовите немаат вредност ако не се придружувани од соодветни дела.“ – Христовите очигледни поуки, 220.221.

„Божјата реч јасно ни кажува дека само малкумина ќе бидат спасени и дека повеќето од оние што ќе бидат повикани ќе бидат недостојни за вечен живот. За нив нема да има место на небото, туку нивниот дел ќе биде ист со оној на сатаната и таквите ќе ја искусат втората смрт.“
— 2 Сведоштво, 193.

Вторник — 31. мај
3. ЦЕЛОСНО ПОМИЛУВАЊЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ

а. Што барал законот, во жртвениот систем, за да се добие простување на гревот? Евреите 9,22. Што Христос направил на сите да им овозможи простување? Римјаните 5,8.9.

„Мнозина се чудат зошто Бог барал толку заклани жртви во жртвениот систем на еврејскиот народ; меѓутоа, тоа требало да ја втисне во нивниот ум големата вистината дека без пролевање на крв нема простување на гревот. Таа поука била откриена во секоја жртва, втисната во секој обред, свечено проповедана во светата свештеничка служба и лично од Бога учена – дека единствено со Христовата крв гревот може да биде простен. Колку малку како народ ја чувствуваме силата на оваа вистина! Колку ретко, со покажување на жива и делотворна вера, ја внесуваме во својот живот оваа голема вистина – дека постои простување за најмал грев и простување за најголем грев!“
— Преглед и гласник, 21. септември, 1886.

б. Како Христовата жртва го опфаќа целото човештво, и која обврска затоа почива на нас? 2 Коринтјаните 5,14.15.

„Христос пострадал надвор од портите на Ерусалим, бидејќи Голгота се наоѓала надвор од градските ѕидови. Тоа требало да покаже дека Тој не умрел само за еврејската нација, туку и за сиот човечки род.“
— Коментари на библиските текстови, 819.

в. Под кој услов грешникот добива простување, и до што тоа ќе доведе? 1 Јованово 1,9; Колосјаните 3,1-3.

„Колку е прекрасен планот на спасението во својата едноставност и полнота! Не само што тој обезбедува целосно простување на грешникот, туку овозможува и обнова на престапникот, наоѓајќи начин како тој може да биде прифатен како Божји син. Преку послушност тој може да поседува љубов, мир и радост. Неговата вера во неговата слабост може да го обедини со Христа, изворот на божествената сила; и преку Христовите заслуги тој може да добие Божјо одобрување, бидејќи Христос ги задоволил барањата на законот, и Тој ја припишува Својата правда на душата која верува и се кае.“
— Преглед и гласник, 10. март, 1891.

Среда — 1. јуни
4. ОПРАВДУВАЊЕ СО ВЕРА

а. Кога Христос со својата крв ги потпишал документите за ослободување на човечкиот род, кој станал законит владетел на целото човештво кое до тој момент било ‘продадено на гревот’ (Римјаните 7,14)? 1 Петрово 1,18-20.

„Со излевање на целата ризница на небото на овој свет, подарувајќи ни го целото небо во Христа, Бог ја откупил волјата, чувствата, умот и душата на секој човек. Без оглед дали се верници или неверници, сите луѓе се Божја сопственост.

Ние сме Негови преку создавање и откуп. Дури ниту нашето тело не ни припаѓа нам… Нашиот живот и сите наши способности му припаѓаат Нему.“
— God’s Amazing Grace, 173.

б. Бидејќи Христос се стекнал со право на сопственост, што Тој сега бара од секој поединец, со цел да се заврши процесот на усвојување како син или ќерка на Бога? Галатјаните 3,26-29.

„Мнозина… не го согледуваат делото кое Светиот Дух мора да го направи во нив пред да можат да бидат преобразени од поданици на сатаната во Божји синови… ‘Ако некој не се роди одозгора’ – освен ако не прими ново срце, нови желби, цели и мотиви, кои водат во нов живот – ‘не може да го види царството Божјо’ (Јован 3,3)… Тој повеќе нема да биде послушен поданик на Христовите непријатели. Тој преку вера станува наследник Божји и син Божји со посвојување.“ – Знаците на времето, 9. март, 1882.

„Доколку покајниот грешник, скрушен пред Бога, го препознае Христовиот откуп во своја корист и го прифати овој откуп како своја единствена надеж во овој и во идниот живот, неговите гревови ќе бидат простени…

Простувањето и оправдувањето се едно исто. Преку вера верникот од бунтовник, дете на гревот и сатаната, се менува во лојален поданик на Исуса Христа, не поради својата вродена добрина, туку затоа што Христос го прифаќа како Свое дете. Грешникот прима простување на гревот, бидејќи неговиот Гарант и Заменик ги понел тие гревови. Господ на Својот небесен Отец му вели: ‘Ова е Мое дете. Јас го одлагам извршувањето на смртната пресуда, давајќи му полиса на животно осигурување – вечен живот – бидејќи Јас го зедов неговото место и пострадав заради неговите гревови.’ На тој начин човекот, помилуван и наметнат со прекрасна облека на Христовата правда, стои безгрешен пред Бога.“
— Faith and Works, 103.

Четврток — 2. јуни
5. БОЖЈИОТ ЗАКОН Е ОДБРАНЕТ

а. Зошто царот Дариј не можел да го спаси Даниел да не биде фрлен во лавовската пештера поради кршење на царскиот декрет, иако го сакал тоа? Даниел 6,7-9.15.16.

б. Слично на тоа, што докажала Христовата смрт на крстот во поглед на природата на Божјиот свет закон? Псалм 111,7.8. Од кого потекнува тврдењето дека Христовата смрт го укинала Божјиот закон?

„Намерата на сатаната отсекогаш била да го укине Божјиот закон и да го изопачи вистинското значење на планот на спасението. Затоа тој ја измислил лагата дека целта на Христовата жртва на Голгота е да ги ослободи луѓето од обврската да ги држат Божјите заповеди… Кога законот би можел да биде укинат, а сочувано Божјоото владеење над небото, земјата и останатите неброени светови, Христос не би морал да умре. Христовата смрт требала засекогаш да го реши прашањето на валидноста на законот Господов. Поднесувајќи ја полната казна за грешниот свет, Исус станал посредник помеѓу Бога и човекот, за да ја помири душата што се кае со Бога, давајќи ѝ милост за да може да го држи законот на Севишниот. Христос не дошол да го уништи законот или пророците, туку до последно слово да го исполни. Помирувањето на Голгота го оправдало Божјиот закон како свет, праведен и вистинит, не само пред паднатиот свет, туку и пред небото и непаднатите светови. Христос дошол да го возвиши законот и да го направи чесен.“
— Faith and Works, 118,119.

Петок — 3. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како практично ќе ја откриеме нашата љубов кон Христа?

2. Кога единствено нашите зборови се од корист за другите?

3. Освен што на грешникот му дава простување, што уште овозможува планот на спасението?

4. Што мораме да направиме за да можеме да бидеме прифатени како Божји синови и ќерки?

5. Кој е најсилниот доказ дека Божјиот закон е непроменлив? Зошто?

2016 • 2. Квартал

11. лекција – Христовото воскресение

11. јуни 2016
„Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав… дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата.“
— 1 Коринтјаните 15,1.3.4.
„Исусовото воскресение било слика на конечното воскресение на сите оние што починале во Него. Ликот на воскреснатиот Спасител, неговото однесување, неговиот говор, сето тоа им било познато на учениците. Како што Исус станал од мртвите, така и оние кои спијат во него повторно ќе станат.“
— Настани на последното време, 230.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 678-689.

Недела — 5. јуни
1. ХРИСТОС ГО НАЈАВУВА СВОЕТО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Како Христос ја претскажал својата смрт и воскресението? Матеј 20,18.19.

б. Што еврејските водачи правеле во сабота за да го спречат исполнувањето на Христовите зборови во поглед на неговото воскресение? Матеј 27,62-66. Што можеме да научиме од жените кои подготвиле мириси за Исуса? Лука 23,55.56.

„Свештениците дале упатства за обезбедување на гробот. Пред отворот е поставен голем камен. Преку овој камен поставиле јаже, ги прицврстиле краиштата за карпата и ги запечатиле со римски печат. Каменот не можел да се помести без да се скрши печатот. Стражата од стотина војници, поставена околу гробот, лесно можела да спречи секој непознат да се матка околу него. Свештениците сториле сѐ што можеле да го задржат Христовото тело таму каде што било положено. Тој бил толку сигурно запечатен во својот гроб, како да требало така да остане за сите времиња.“
— Копнежот на вековите, 677.

Понеделник — 6. јуни
2. ПРИЗОР НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Според сведочењето на апостолите, кој го воскреснал Исуса? Дела 2,32; 13,33. Кого Отецот го пратил да го повика Исуса назад во живот? Матеј 28,1-3.

„Овој гласник ја заземал положбата од која паднал сатаната… Војниците го гледаат како го отстранува каменот како некое каменче и го слушаат како извикнува: ‘Сине Божји, те вика твојот Отец, стани!’ Го гледаат Исуса како излегува од гробот и ја слушаат неговата објава над разурнатиот гроб: ‘Јас сум воскресение и живот!’ Додека излегува во величество и слава, ангелските војски длабоко се поклонуваат пред Откупителот и го поздравуваат со добредојде со песна и фалба.“
— Копнежот на вековите, 678.

б. Кој дел од божеството на Синот Божји делувал во воскреснувањето на Неговото човечко тело? Јован 2,19-22; 10,17.18.

„Кога се слушнал гласот на моќниот ангел крај Христовиот гроб како зборува: ‘Те вика твојот Отец’, Спасителот излегол од гробот со животот што се наоѓал во него самиот… Сега се исполнило пророштвото што го кажал пред свештениците и поглаварите: ‘Урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам’ (Јован 2,19).“
— Копнежот на вековите, 681.682.

в. Како римските стражари и злите ангели кои го чувале гробот реагирале кога го виделе Христа како воскреснува? Матеј 28,4; Во што сатаната се уверил при Христовото воскресение?

„Римските стражари ги опфатил ужасен страв. Каде е сега нивната сила да го задржат Христовото тело во гробот? Веќе не мислеле ниту на својата должност ниту на возможноста учениците да го украдат Исусовото тело. Кога ги осветлила светлината на ангелите, посветла од светлината на сонцето, римските стражари паднале како мртви на земјата…

Пред блескавата и продорна светлина на небесните ангели, ангелите на сатаната биле принудени да побегнат… На сатаната му било потполно јасно дека и тој, тогаш кога ќе му дојде времето, ќе мора да умре, а неговото царство ќе му биде вратено на Оној кому со право и му припаѓа. Плачел од бес што и покрај сите негови напори не успеал да го победи Исуса, и што сега на човекот му е отворен патот на спасението по кој секој може да оди и да се спаси.“
— Рани списи, 150.151.

Вторник — 7. јуни
3. ПОДИГНАТ НА ВЕЧЕН ЖИВОТ

а. Како Исус им објаснил на своите ученици дека Тој воскреснал како човечко битие, со физичко тело, а не како духовно битие, како ангелите? Лука 24,36-40. Кога тие се посомневале во тоа, што Тој сторил за да ги отстрани нивните сомнежи? Лука 24,41-43.

б. Како Библијата го опишува воскреснатото тело на Христос? Филипјаните 3,21. Во што Христовото воскреснато тело се разликува од нашето сегашно смртно тело? Римјаните 6,9.10; Евреите 7,16.

в. Каков план направил сатаната за да го уништи влијанието на Христовото воскресение, и на кој начин тој е спроведен во дело? Матеј 28,11-15.

„Сатаната им наредил (на злите ангели) да одат кај свештениците и старешините, велејќи им: ‘Успеавме да ги измамиме, заслепувајќи им ги очите и стврднувајќи им ги срцата да не го примат Христа. Ги наведовме да Го сметаат за измамник. Римските стражари ја пренесоа оваа лоша вест за Христовото воскресение. Ние успеавме свештениците и старешините да ги наведеме да го мразат и да го убијат Исуса. Сега предочете им дека народот, доколку дознае дека воскреснал Исус, ќе ги каменува затоа што предале на смрт невин човек…

Затоа одлучиле да ги поткупат римските војници никому да не му кажуваат за тоа. На стражарите им понудиле голема сума на пари… А кога стражарите прашале што ќе се случи со нив затоа што спиеле на стражарско место, еврејските водачи им ветиле дека тие ќе го средат тоа со Пилат и дека нема да има никакви негативности по нив. Римските стражари својата чест и искреност ги продале за пари, и се согласиле да го следат советот на свештениците и старешините.’ – Рани списи, 151.152.

„Тогаш на војниците им е речено да шират лажен извештај… Овде свештениците се измамиле. Како можат војниците да кажат дека учениците го украле телото додека спиеле? Кога би спиеле, како би можеле да го знаат тоа? А кога би се докажала кражбата на Христовото тело, зар свештениците не би биле први што би ги осудиле? Или, ако стражата спиела крај гробот, зар свештениците не би биле први да ги обвинат кај Пилата?.“
— Копнежот на вековите, 680.

Среда — 8. јуни
4. ТРОФЕИ НА ХРИСТОВАТА ПОБЕДА

а. Кои противмерки Бог однапред ги испланирал за да го отфрли прикривањето што сатаната го осмислил? Матеј 27,50-53.

„Кога Исус висејќи на крстот извикал: ‘Се сврши’, земјата се затресла, карпите се расцепиле и се отвориле некои гробови. Кога Тој станал како победник над смртта и гробот… многу изумрени праведници, послушни на неговиот повик станале од своите гробови за да бидат сведоци на неговото воскресение. Овие посебно почестени светци, излегле од своите гробови облечени во слава. Тоа биле избрани светии од сите времиња, почнувајќи од создавањето па сѐ до Христовото време. И додека еврејските старешини се обидувале да ја прикријат вистината за Христовото воскресение, Бог ја воскреснал оваа група праведници за да посведочат за Христовото воскресение и да ја објавата неговата слава…

Оние кои по Христовото воскресение биле подигнати од мртвите, им се појавиле на мнозина и им посведочиле за тоа дека жртвата за човекот е завршена и дека Исус, кој беше распнат од Евреите, воскреснал од мртвите и како непобитен доказ за вистинитоста на своето тврдење тие изјавиле: ‘И ние воскреснавме со Него’. Посведочиле дека со помош на неговата моќна сила тие биле повикани да излезат од своите гробови.“
— Рани списи, 152.153.

б. Кое старозаветно пророштво го исполниле луѓето што биле подигнати при Христовото воскресение? Исаија 26,19. Според што овие воскреснати светци се разликувале од оние кои воскреснале пред Неговата смрт? Јован 11,43.44; Лука 7,11-15.

„Исус за време на својата служба дигал мртви во живот. Тој го воскреснал синот на вдовицата од Наин, ќерката на поглаварот и Лазара. Но тие не биле облечени во бесмртност. Иако воскреснале, сѐ уште биле подложни на смртта. Но оние што излегле од гробот при Христовото воскресение, станале во вечен живот. Тие се вознеле со него како знак на неговата победа над смртта и гробот. Овие, рекол Христос, не се повеќе заробеници на сатаната. Јас ги откупив. Јас ги изведов од гробот како првина на мојата сила, да бидат со мене каде што сум Јас, за никогаш повеќе да не видат смрт или да вкусат болка.“
— Копнежот на вековите, 682.

Четврток — 9. јуни
5. ЗНАЧЕЊЕТО НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Која надеж на верниците е осигурена со Христовото воскресение? 1 Коринтјаните 15,20-23; Јован 6,40; 1 Солунјаните 4,14-17.

б. Какво тело ќе имаат воскреснатите христијани, и зошто преобразувањето во бесмртност е неопходно? 1 Коринтјаните 15,50-53.

„Воскреснатото тело на Спасителот, Неговото однесување, акцентот на Неговиот говор, сето тоа им било познато на Неговите следбеници. На сличен начин оние што спијат во Исуса ќе воскреснат. Ќе ги препознаеме нашите пријатели, како што учениците го препознале Исуса. Иако можеби биле деформирани или болни во овој смртен живот, сепак во своето воскреснато и прославено тело нивниот идентитет ќе биде совршено сочуван, и ние, во лицата осветлени со светлината која сјае од Исусовото лице, ќе ги препознаеме цртите на оние што ги сакаме.“
— The Faith I Live By, 180.

в. Која симболична старозаветна церемонија е претслика на Христовото воскресение? Левит 23,10-12; 1 Коринтјаните 15,20.

„Христос станал од мртвите, како прв плод на оние кои заспале. Тој бил остварување на старозаветниот симбол за вртениот сноп и неговото воскресение се случило токму оној ден кога пред Господа требало да се принесе тој сноп… Неговото воскресение е симбол и залог за воскресението на сите мртви праведници.“
— Копнежот на вековите, 765.

Петок — 10. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто еврејските водачи презеле толку опсежни мерки како би го обезбедиле Христовото тело?

2. Кој, всушност, го воскреснал Исусовото тело?

3. Што потврдило Христовото воскресение во врска со судбината на сатаната?

4. Што ги одликувало оние кои воскреснале со Христа?

5. Што е тоа ‘крв и тело’, кое не може да го наследи Божјото царство?

2016 • 2. Квартал

12. лекција – Христовото вознесение

18. јуни 2016
„И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото.“
— Лука 24,50.51.
„Истиот Исус кого тие го виделе како се вознесува на небото треба повторно да дојде на сличен начин како што се вознел. Оваа сигурност отсекогаш била, и ќе биде до крајот на времето, надеж и радост за сите оние кои искрено го љубат Бога.“
— The Spirit of Prophecy, vol. 3, 254.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 720-725.

Недела — 12. јуни
1. КРАТКА ПОСЕТА НА ОТЕЦОТ

а. Што ѝ рекол Исус на Марија Магдалена кога таа прва го препознала по неговото воскресение? Јован 20,14-17.

б. Врз основа на Неговиот одговор на Марија, што укажува на тоа дека Исус подоцна се вознел на небото во недела наутро и се вратил истиот ден? Јован 20,19-27; Матеј 28,18.

„Исус одбил да прими почест од својот народ додека на добил гаранција дека Отецот ја прифаќа неговата жртва. Тој се вознел на небесните дворови и лично од Бога добил уверување дека неговата жртва на помирување за гревовите на луѓето е доволна, дека со неговата крв сите ќе можат да добијат вечен живот. Отецот го потврдил заветот што му го дал на Христа дека ќе ги прифати луѓето што се каат и што се послушни и дека ќе ги сака онака како што го сака својот Син. Христос требало да го заврши своето дело и да го исполни својот завет ‘човекот да вреди повеќе од претопено злато, повеќе од злато офирско’ (Исаија 13,12). Сета власт на небото и на земјата му е дадена на Кнезот на животот, а Тој, се вратил кај своите следбеници во светот на гревот за да може да им ја подари својата сила и слава.“
— Копнежот на вековите, 686.

Понеделник — 13. јуни
2. ХРИСТОВИТЕ ПОСЛЕДНИ ДЕНОВИ НА ЗЕМЈАТА

а. Колку долго Исус останал на земјата после Своето воскресение, и кои се некои од работите што ги направил со Неговите следбеници во текот на тој период? Дела 1,1-3; Лука 24,45.46.

„Уште четириесет дена Христос останал на земјата, подготвувајќи ги учениците за делото што стоело пред нив и објаснувајќи им го она што до тогаш не можеле да го сфатат. Им зборувал за пророштвата што се однесувале на неговото прво доаѓање, за тоа како Евреите го отфрлиле, како и за својата смрт, укажувајќи им дека секоја подробност на тие пророштва буквално се исполнила. Им објаснил дека тоа исполнување на пророштвата мораат да го сметаат како доказ за силата што ќе ги придружува во нивната идна работа…

Во текот на тие денови што Христос ги поминал со своите ученици, тие се здобиле со ново искуство. Кога нивниот сакан Учител им го објаснувал Писмото во светлината на сето она што се случило, нивната вера во него наполно се утврдила.“
— Делата на апостолите, 20.

б. Пред да се вознесе на небото, каков налог Исус им дал на своите ученици, и колку далекусежно е тоа дело? Марко 16,15; Матеј 28,19.20. Каде требало да започне нивното дело на проповедање, и зошто? Дела 1,8.

„Пред да се вознесе на небото, Христос им одредил задача и им дал налог на своите ученици… ‘Вие бевте сведоци на мојот самопрегорен живот за добро на светот’, им рекол. Ги видовте моите заложби за Израел. И покрај тоа што мојот народ… ме отфрли, сепак, уште еднаш ќе им дадам можност да го примат Божјиот Син. Видовте дека со задоволство ги примам сите што доаѓаат кај мене и што ги признаваат своите гревови. Јас никогаш нема да го отфрлам оној што ќе дојде кај мене. Вие сте мои ученици и вам ви ја доверувам оваа порака на милост. Тоа морате да им го пренесете и на Евреите и на незнабошците. Одете прво кај Израел, а потоа кај сите племиња, јазици и народи.“ – Делата на апостолите, 20.21.

„Во Ерусалим мнозина тајно верувале дека Исус од Назарет е Месија, а мнозина биле измамени од страна на свештениците и поглаварите. Ним требало да им се објави евангелието и да се повикаат на покајание. Морала јасно да се објави чудесната вистина дека проштавање на гревовите може да се добие само преку Христа. И токму тогаш, додека цел Ерусалим бил возбуден со потресните настани од минатите неколку седмици, проповедањето на учениците требало да остави најдлабок впечаток.“
— Делата на апостолите, 23. 24.

Вторник — 14. јуни
3. ХРИСТОС ПО ВТОРПАТ СЕ ВОЗНЕСУВА НА НЕБОТО

а. Кое конкретно место во Витанија Исус го избрал како место за Неговото вознесение на небото? Лука 24,50.51. Кои други искуства го направиле ова место незаборавно за Христа?

„Како место за своето вознесение Исус го одбрал местото што толку често било посветено со неговото присуство додека престојувал меѓу луѓето… Шумичките и долинките на оваа гора биле посветени со неговите молитви и солзи. Од нејзините брегови одекнувале победоносните извици на мноштвото што го прогласило за цар. На нејзините коси падини нашол дом кај Лазар во Витанија. Во Гетсиманската градина, на нејзиното подножје, Тој сам се молел и страдал. Од оваа гора требало да се вознесе на небото.“
— Копнежот на вековите, 720.

б. Како ангелите ги утешиле учениците при Исусовото вознесување? Дела 1,9-11.

„Она што на учениците им било најдрагоцено во врска со Исусовото вознесение е фактот дека Тој од нив отишол во физички облик на нивниот божествен Учител. Истиот оној Исус кој одел, разговарал и се молел со нив; кој го кршел лебот со нив; кој бил со нив во нивните чамци на езерото; кој со нив барал спокој во шумите; и кој истиот тој ден се качувал со нив по стрмните ридови на Маслинската Гора – се вознел на небото во човечки облик.“
— The Spirit of Prophecy, vol. 3, 254.

в. Зошто било полезно Исус да оди на небото? Јован 16,7; 14,16.26.

„Светиот Дух е Христов претставник, но лишен од човечки лик, и независен од него. Оптоварен со човечка природа, Христос не можел да биде лично на секое место. Затоа во нивен интерес било Тој да се врати кај Отецот, а Светиот Дух да биде Негов наследник на земјата. Тогаш никој нема да има било каква предност поради неговата локација или неговиот личен допир со Христа. Со посредство на Духот, Спасителот ќе биде достапен до сите и на секое место. Во оваа смисла Тој ќе биде поблиску за нив отколку да не се вознел на небото.“
— Копнежот на вековите, 583.

Среда — 15. јуни
4. СЛАВНО ВЛЕГУВАЊЕ ВО БОЖЈИОТ ГРАД

а. Кој уште се вознел со Христа на небото, и каков бил приемот пред да влезат во Божјиот град? Матеј 27,52.53; Ефесјаните 4,8; Псалм 24,7-10.

„Додека (Спасителот) се вознесувал Тој го предводел патот, а мноштво на заробеници, кои Тој ги воскреснал од мртвите во моментот кога Тој излегол од гробот, го следело. Небесна војска го придружувала со песни на радост и триумф.“ – Знаците на времето, 31. октомври, 1895.

„Тогаш вратата на Божјиот град се отворила ширум и мноштво ангели поминало низ портата придружувано со звуци на величествена музика… Тука се заповедниците на небесната војска и Божјите синови, претставници на безгрешните светови. Небесниот совет, пред кој Луцифер го обвинил Бога и неговиот Син, претставници на оние безгрешни царства над кои сатаната планирал да го основа своето владеење – сите се наоѓале овде да го поздрават Откупителот со добредојде. Тие се желни да ја поздрават неговата победа и да го издигнат како свој Цар.“
— Копнежот на вековите, 724.

б. Што Исус барал за своите ученици, и што Отецот изјавил за нив? Јован 17,24; Ефесјаните 1,6.

„Пред да бидат поставени темелите на Земјата, Отецот и Синот… си ги стегнале рацете и свечено се заветувале дека Христос ќе стане гаранција за човечкиот род. Христос го исполнил ова свечено ветување. Кога на крстот извикал: ‘Се сврши’, му се обратил на Отецот. Спогодбата во целост е исполнета. Сега изјавил: Оче, свршено е. Ја исполнив твојата волја, Боже мој. Го извршив откупот. Ако е твојата праведност задоволена ‘сакам оние што ми ги даде да бидат со мене каде што сум јас’ (Јован 19,30; 17,24).

Се слушнал Божјиот глас како објавува дека правдата е задоволена. Сатаната е победен. Христовите следбеници, кои се мачеле и се бореле на земјата, се прифатени во ‘Возљубениот’ (Ефесјаните 1,6). Пред небесните ангели и пред претставниците на непаднатите светови се прогласени за оправдани… Рацете на Отецот го прегрнале Синот и издадена е заповед ‘да му се поклонат сите Божји ангели’ (Евреите 1,6)“
— Копнежот на вековите, 724.725.

Четврток — 16. јуни
5. ХРИСТОВОТО УСТОЛИЧУВАЊЕ

а. Со кои зборови небесните ангели го фалеле Исуса? Откровение 5,12.

„Со неискажлива радост кнезовите, поглаварите и силите ја признале врховната власт на Кнезот на животот. Небесните војски паднале ничкум перед него, додека низ небесните дворови се ореле триумфални извици: ‘Достојно е Јагнето, кое беше заклано, да прими моќ, богатство, мудрост, сила, чест, слава и благослов’ (Откровение 5,12).“
— Копнежот на вековите, 725.

б. Која церемонија била изведена за Христа, и кое ветување за неговите ученици веднаш се исполнило штом тој ритуал бил завршен? Јован 16,7-13; Дела 1,8; 2,1-4.

„Христовото вознесување на небото претставувало знак дека неговите следбеници ќе го добијат ветениот благослов. Токму тоа тие и го очекувале пред да пристапат кон своето дело. Враќајќи се повторно на небото, Христос бил свечено устоличен со најдлабока почит и обожавање од страна на сите ангели. Штом завршил овој обред, Светиот Дух слегол во обилни млазеви врз учениците и Христос навистина е прославен со славата што ја имал со Отецот од создавањето на светот. Излевањето на Светиот Дух на денот Педесетница, претставувало небесно соопштение дека е извршено крунисување на Откупителот. Според даденото ветување, Тој им го пратил од небото на своите следбеници Утешителот како знак дека Тој, во својство на свештеник и цар, ја примил сета власт на небото и на земјата и дека овде навистина бил Помазаник над својот народ.“
— Делата на апостолите, 28.29.

Петок — 17. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Исус можел да провери дали неговата жртва за гревот е прифатена од страна на Отецот?

2. Како можеме, како и учениците, да бидеме сведоци за Исуса во проповедањето на Евангелието?

3. Кој посебен благослов Утешителот го донесува на целиот човечки род?

4. Кој присуствувал на церемонијата на Христовото устоличување?

5. На која положба е поставен Христос при неговото устоличување на небото?

2016 • 2. Квартал

13. лекција – Свештенството на Христос

25. јуни 2016
„А најважното од ова што го зборуваме, е дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата, и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.“
— Евреите 8,1.2.
„Христовото посредување за човекот во небесното светилиште е исто толку важно во планот на спасението колку и Неговата смрт на крстот.“
— Големата борба, 505.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 421-446.

Недела — 19. јуни
1. СВЕШТЕНИК ПО РЕДОТ НА МЕЛХИСЕДЕК

а. Според кој ред на свештенството Христос бил помазан за свештеник и цар? Евреите 6,20. Што било запишано за Мелхиседек? Евреите 7,1-4; 14,18-20.

„Христос бил Оној кој зборувал преку Мелхиседек, свештеник на севишниот Бог. Мелхиседек не бил Христос, но бил Божји глас во светот, претставник на Отецот.“
— Одбрани пораки 1, 393.

б. Во која светиња Христос влегол да служи, откако е воведен во свештеничка служба по редот на Мелхиседек? Евреите 8,1.2. Што се случило со земното светилиште и нејзината служба? Матеј 27,50.51.

„Раскинувањето на завесата во Храмот покажа дека еврејските жртви и прописи повеќе нема да бидат примени. Големата Жртва била принесена и прифатена и Светиот Дух кој се симна на денот на Педесетница ги посочи умовите на учениците од земното светилиште кон небесното, каде Исус влезе со Својата крв, за да ги излее врз Своите ученици заслугите од Неговото помирување… Небесното светилиште го зазеде местото на земното…“
— Рани списи, 214.

Понеделник — 20. јуни
2. ВО БОЖЈО ПРИСУСТВО

а. Која е една од Христовите служби, како наш Првосвештеник? 1 Тимотеј 2,5. Каде Христос мора да биде како би ја извршил својата посредничка служба? Евреите 8,1; Колосјаните 3,1.

б. Каде се наоѓал Божјиот престол кога Јован во визија го видел Христа како врши служба за својот народ набргу по Неговото вознесение? Откровение 4,2.5; 8,3.4.

„Светите места на небесното Светилиште се претставени со помош на две одделенија во Светилиштето на земјата. Кога на апостол Јован во визија му било дозволено да го погледне Божјиот храм на небото, тој видел ‘пред престолот гореа седум огнени светила’ (Откровение 4,5). Видел ангел ‘со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше перед престолот’ (Откровение 8,3). Тука на пророкот му било дозволено да го види првото одделение на Светилиштето на небото каде што видел ‘седум огнени светила’ и ‘златен жртвеник’, кои биле претставени со златниот светилник и со кадилниот олтар во Светилиштето на Земјата.“
— Големата борба, 427.

в. Како Павле го поткрепува Јовановото сведоштво дека Исус со својата крв влегол во првото одделение, наречено светиња? Евреите 9,8.11.12.

г. Како можеме да знаеме дека кочијата на Божјиот престол не е трајно прикачена за Ковчегот на заветот во светињата над светињите туку дека може да се движи од едно место до друго? Езекиел 1,15-17.24-26.

„Видов како Отецот стана од престолот и на огнени кочии отиде во Светињата над светињите зад завесата, и таму седна. Потоа, од престолот стана и Исус, а повеќето од оние што клечеа станаа со Него.“
— Рани списи, 44.

Вторник — 21. јуни
3. „ЗАД ЗАВЕСАТА“

а. Кои други изрази Библијата ги користи за да го опише првото одделение на небесното Светилиштето, каде што Христос влегол по неговото вознесение? Евреите 6,18-20; Броеви 4,25.26.

„Службата на свештеникот во текот на целата година во првото одделение на Светилиштето, во внатрешноста ‘зад завесата’, што служела како врата и го делела Светилиштето од тремот, го претставувала делото што го почнал Христос по Своето вознесување… Така Христос ги изнесува перед Отецот заслугите на својата крв за спасение на грешниците и со скапоцениот темјан на својата сопствена праведност му ги принесува молитвите на покајаните верници. Тоа била службата што се одвивала во првото одделение на небесното Светилиште.“
— Големата борба, 433.

б. Ако свештеникот, доаѓајќи од Светилиштето, влегол ‘зад завесата’ каде што се наоѓал ковчегот, на која завеса се мислело, и на кое одделение се однесувал изразот ‘зад завесата’? Евреите 9,3; Излез 26,31-33; Левит 16,2.15.

„Еднаш годишно, на големиот Ден на чистење… перед вратата на шаторот за состанок биле доведени два јарци. За нив се фрлала ждрепка… Јарецот што би бил одреден за Господа требало да биде принесен за народот како жртва за грев. Свештеникот неговата крв ја внесувал зад завесата и со неа прскал над поклопецот на престолот на милоста и перед него.“
— Големата борба, 431.432.

в. Како вдахновението, исто така, го користи изразот ‘зад завесата’ да го означи Светилиштето во целост, без да се однесува конкретно ниту за првото ниту за второто одделение? Броеви 18,5.7.

„Оние што се подготвени да го земат сето Божјо оружје и секој ден да посветат некое време за побожно размислување, во молитва и во проучување на Светите списи ќе одржуваат постојана врска со небото и ќе шират спасоносно влијание на сите кои се наоѓаат околу нив… Нивните искрени молитви ќе влезат зад завесата.“
— 5 Сведоштво, 105.106.

Среда — 22. јуни
4. ЗАКОНОТ ЗАПИШАН ВО СРЦЕТО

а. Како свештеник во небесното светилиште, според кој завет Христос врши посредничка служба за нас? Евреите 8,6; 9,11.

„(Евреите 8,1.2). Овде е откриено Светилиштето на Новиот завет. Светилиштето на првиот завет го направил човек. Него го изградил Мојсеј; а ова, второво, го направил Бог, а не човек. Во првото Светилиште вршеле служба земни свештеници, а во второто служи Христос, нашиот врховен Поглавар свештенички, од десната страна на Бога. Првото Светилиште било на земјата, а второто е на небото.“
— Големата борба, 425.

б. Која божествена намера Христовата служба мора да ја постигне во срцата на оние кои се под новиот завет? Евреите 8,8-11. Што значи да се има законот запишан во срцето? Римјаните 2,14.15; Тит 2,14.

„Оној кој го има Божјиот закон запишан во срцето повеќе ќе се покорува на Бога отколку на луѓето, и побрзо ќе им откаже послушност на луѓето отколку и во најмалку да отстапи од Божјата заповед.“ – 1 Сведоштво, 327.

„Ако Божјиот закон е запишан во срцето тоа ќе биде откриено во чистиот и свет живот… Сите што го љубат Исуса и ги пазат заповедите ќе се обидуваат да избегнат појава на грев… Тие нема да се чувствуваат само-доволни, туку ќе имаат доверба во Бога кој единствен може да ги сочува од секаков грев и нечистотија.“
— Преглед и гласник, 17. мај, 1887.

в. Во каква состојба Христос мора да ја донесе црквата, ако сака големата борба меѓу него и сатаната да заврши во негова корист? Ефесјаните 4,11-14; 5,25-27.

„Дури ниту со една единствена мисла нашиот Спасител не попуштил перед силата на искушението… Сатаната не можел да најде во Божјиот Син ништо што би му овозможило да извојува победа над него. Исус ги одржал заповедите на својот Отец и кај него немало грев со кој сатаната би можел да се послужи во своја корист. Тоа е состојба во која мора да се најдат сите што сакаат да се одржат во времето на големата неволја.“
— Големата борба, 649.

Четврток — 23. јуни
5. ДА СЕ ДОБИЕ ПРОШКА ЗА НЕГОВИОТ НАРОД

а. Кој перед Бога се застапува за нас, и со кој аргумент Тој се служи за да ни обезбеди прошка за нашите гревови? Евреите 9,11-15.22; 7,25.

„Ние имаме воскреснат Господ кој се искачил во висините, кој секогаш живее за да посредува за нас… во присуство на Отецот, принесувајќи ја својата крв за простување на нашите гревови.“
— Преглед и гласник, 21. септември, 1886.

б. Какво охрабрување им се дава на оние кои се обесхрабрени поради своите гревови и несовршенство на карактерот? 1 Јованово 1,9; 2,1.2; Евреите 12,2.3.

„Верувајте дека Исус ве сака, и ако погрешите во вашите напори да бидете послушни на вистината, немојте да чувствувате дека мора да се грижите и плашите, да се откажете од вашата доверба во Бога, да мислите дека Бог ви е непријател… Вие самите не можете да се исчистите од нечистотијата. Сите ваши товари донесете ги кај Исус. Тој ќе ви помогне. Тој не сака вие да се двоумите и да очекувате дека со вашите добри дела ќе ги помирите гревовите или ќе се направите себеси праведни. Надевајте се во заслугите на крвта на распнатиот и воскреснатиот Спасител.“ – The Upward Look, 376.

„Често ќе мораме да се поклонуваме и плачеме перед Исусовите нозе поради нашите мани и недостатоци, но не треба да се обесхрабриме. Дури и ако непријателот нѐ совлада, ние не сме отфрлени, Бог не нѐ напуштил. Не, Христос е од десната страна на Бога и Тој се застапува за нас.“
— Reflecting Christ, 123.

Петок — 24. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кое било значењето на кинење на завесата во храмот при Христовата смрт на крстот?

2. Како знаеме дека двете одделенија во небесното светилиште одговараат на оние во земното светилиште?

3. Кои се трите значења на поимот ‘зад завесата’ кои што се користат од страна на вдахновените списи?

4. Што значи да се има Божјиот закон запишан во срцето?

5. Какво охрабрување им се дава на заблудените членови на Христовата црква?