2016 • 1. Квартал

1. лекција – Вистинска реформација

3. јануари 2016
„Како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци.“
— Лука 1,70.
„Сега мораме да го започнеме делото на реформација свртувајќи се кон Господ со цело срце. Нека тоа дело започне, како би можело срцето да омекне и како би можел Христос да ве обликува според својот божествен лик.“
— Знаци на времето, 22. февруари, 1892.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаци на времето, 12. окт., 1904.

Недела — 27. декември
1. ТЕМЕЛ НА ВИСТИНСКА РЕФОРМА

а. Која е разликата помеѓу вистинските и лажните реформи? Исаија 8,20; Филипјаните 3,9.

„Безбедноста на општеството и напредокот на реформите зависат од јасното дефинирање и препознавање на темелните вистини. Начелата на Божјиот закон мора да се чуваат пред луѓето како вечни и непроменливи, каков што е карактерот на самиот Бог. Законот се дефинира како правило на дејствување… Доброто на општеството и безбедноста на човекот бараат законот да се почитува. Секој праведен закон се заснова на Господовиот закон, кој е даден на гората Синај.“ – The Helath Reformer, August 1, 1878.

„Секоја вистинска реформа која има за цел да ја издигне душата и се стреми кон еден нов и поблагороден живот, има свое место во делото на евангелието.“
— Здравје и среќа, 147.

б. На кого треба да се надеваме? Псалм 118,8; Изреки 3,5.

„Каква и да имаме положба во животот, какво и да е нашето занимање, ние мораме да бидеме доволно понизни да чувствуваме колку ни е потребна постојана помош; мораме безусловно да се потпреме на учењето на Божјата Реч, прифаќајќи ја во сѐ Неговата промисла и верно да ги излеваме своите души во молитва.“
— 5 Сведоштво, 403.

Понеделник — 28. декември
2. ВИСТИНСКА РЕФОРМА ЗАПОЧНУВА ОД СРЦЕТО

а. Што претходи на реформацијата? Јоил 2,12.13; Псалм 51,10; 2 Коринтјаните 7,11.

„Постои грев, огромен грев, кој ги обвинува многуте оние што тврдат за себе дека се христијани. Големиот Застапник вели: ‘Моите барања на кои полагам право кога се во прашање човечките срца се занемарени. Бог повикува на покајание, на реформација.“ – Преглед и гласник, 8. декември, 1896.

„Во покајанието е вклучена и жалоста поради гревот и одвојување од него.“ – Патот кон Христа, 15.

„Признавањето нема да биде прифатливо за Бога без искрено покајание и поправање. Мора да се видат одлучни промени во животот, сѐ што го навредува Бога мора да биде отфрлено. Тоа ќе биде последицата на вистинското жалење поради гревот. Делото што сами мораме да го направиме јасно ни е откриено: ‘Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица’ (Исаија 1,16.17). ‘Ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, -тогаш тој ќе живее, нема да умре’ (Езекиел 33,15). Говорејќи за плодот на покајанието Павле вели: ‘Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огорчување, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сè покажавте дека во тоа дело сте чисти’ (2 Коринтјаните 7,11).“
— Патот кон Христа, 26.

б. Каков копнежлив крик во времето на Педесетница претставувало признавањето од големата лична потреба? Дела 2,37.38.

„Како може човекот да биде прав пред Бога? Како може грешникот да стане праведен? Само Христос може да нѐ доведе во хармонија со Бога, во хармонија со светоста; но како да дојдеме до Христа? Мнозина го поставуваат истото прашање што го поставило мноштвото на денот на Педесетница кога, осведочено за својата грешност, извикало: ‘Што да правиме?’ Првите зборови во одговорот на Петар биле: ‘Покајте се!’ (Дела 2,37.38). Кратко потоа, во една друга прилика, рекол: ‘Покајте се… и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши!’ (Дела 3,19).“
— Патот кон Христа, 15.

Вторник — 29. декември
3. ПЛОДОВИ НА ВИСТИНСКА РЕФОРМА

а. Како се опишани реформаторите во овие последни денови? Исаија 58,12.13.

„(Исаија 58,8.9.12-14). Овде се опишани карактеристиките на оние кои треба да бидат реформатори, кои ќе го носат знамето на пораката на третиот ангел, оние кои тврдат за себе дека се Божји народ кој ги држи заповедите, кој го почитува Бога и сериозно работат, пред очите на целата вселена, во обновата на старите урнатини. Кој е тој кој ги повикува да ги обноват урнатините и изградат патиштата? Тоа е Бог. Нивните имиња се запишани на небесата како реформатори, обновители кои ќе ги подигнат темелите на многу генерации.“
— Преглед и гласник, 13. октомври, 1891.

б. Кој конкретен доказ на реформа ќе биде видлив во животот? Матеј 3,8.

„Ништо помалку од изменетиот начин на живот – преку плодови на покајание – не може да ги исполнат Божјите барања. Без такви плодови, нашето исповедање на верата е безвредно.“ – Знаци на времето, 7. јули, 1887.

„Ниту едно покајание не е вистинско доколку не е проследено со реформа. Христовата правда не е наметка за покривање на неисповеданите и неоставените гревови; тоа е животен принцип кој го преобразува карактерот и управува со однесувањето. Светоста значи целосна припадност на Бога, тоа е целосно предавање на срцето и животот на небесните принципи.“ – Копнежот на вековите, 423.

„Јован се одвоил од пријателите и удобниот живот. Неговата едноставна облека од влакна на камила – била постојан укор за претерувањето во облекувањето и парадирањето на еврејските свештеници и народот. Неговата чиста вегетаријанска исхрана – рогач и див мед – претставувала укор на попуштањето на апетитот и ненаситноста која насекаде преовладувала… Оние кои требаат да го подготват патот за второто Христово доаѓање се претставени со верниот Илија, како што Јован дошол во духот на Илија да го подготви патот за првото Христово доаѓање (Малахија 4,5.6). Овде пророкот опишува какво е делото. Мора да се објави важноста на реформата и да се влијае на јавното мислење. Во пораката треба да се вклучи и умереноста во облекувањето и во други работи… Сите оние кои ги кршат моралните обврски во однос на исхраната и облекувањето подготвуваат пат за кршење на Божјите барања во поглед на вечните интереси.“
— 3 Сведоштво, 47.

Среда — 30. Декември
4. ЗНАМЕТО НА РЕФОРМАЦИЈАТА – ВИСТИНА И СЛОБОДА

а. На кој начин ќе препознам во што треба да се реформирам? Псалм 119,142; Јован 17,17; 14,6.

„Од сите кои го исповедаат Неговото име, Господ бара да се држат строго до вистината. Тоа ќе биде како сол која не го изгубила својот вкус и како светлина во услови на морална темнина и измамата на овој светот.“ – 4 Сведоштво, 273.

„Принципите до кои треба да се држиме денес се исти како оние кои биле застапувани од страна на приврзаниците на евангелието во големата Реформација… Знамето на вистината и верската слобода, која овие реформатори во тоа време толку високо ги држеле, во овој последен судир нам ни се предадени. Одговорноста за оваа голема доверба почива на оние кои Бог ги благословил со познавањето на Неговото Слово. Затоа Божјата Реч треба да ја примиме како највисок авторитет. Нејзините вистини треба да ги прифатиме лично за себе; а можеме да ги цениме само ако осознаеме преку лично проучување… Исповедањето на нашата вера практично значи признавање и прифаќање на вистината и со зборови и со дела. Само на тој начин другите можат да знаат дека навистина веруваме во Библијата.“
— 6 Сведоштво, 372.373.

б. Каков е односот помеѓу слободата, посветувањето и Божјиот закон? Псалм 119,44.45; Јаков 1,25; Јован 8,31.32.

„Целосно покорување на волјата на нашиот небесен Отец претставува посветување, а Божјата волја се изразува преку Неговиот свет закон. Држењето на сите Божји заповеди е посветување. Посветувањето настапува кога ќе се докажеме како деца кои се послушни на Божјата Реч. Наша волја треба да биде Божјата Реч, а не човечко мислење или идеи.“ – Одбрани пораки 3, 204.

„Лажното посветување директно нѐ наведува да се оддалечиме од Библијата. Религијата се сведува на бајка. Главни критериуми се чувствата и впечатоците. Додека тврдат дека се безгрешни и се фалат со својата праведност, оние кои тврдат дека полагаат право на посветувањето учат дека луѓето имаат слобода да го престапуваат Божјиот закон, а дека оние кои ги почитуваат неговите прописи отпаднале од благодатта. Јасното истакнување на барањата на тој закон го будат нивното противење и предизвикуваат гнев и презир. На тој начин се открива нивниот карактер, бидејќи ‘копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се подредува на законот Божји затоа што не може.’ (Римјаните 8,7).“
— Преглед и гласник, 5. октомври, 1886.

Четврток — 31. декември
5. ЛИЧНА РЕФОРМА

а. Како јас можам да се реформирам? Римјаните 1,16; 2 Тимотеј 3,15.

„Ниедна вистинска реформа не може да се изврши без божествената сила. Човечките бариери против природните и наследените склоности се слични на обидот налетот на поплавата да се запре со насип од песок. Сѐ додека Христовиот живот не стане животворна сила во нашиот живот, ние не сме во состојба да одолееме на искушенијата кои нѐ напаѓаат одвнатре и однадвор.“ – Знаци на времето, 1. декември, 1914.

„Христијанството предлага реформа на срцето. Она што Христос работи одвнатре, ќе се покаже однадвор под влијанието на обратениот ум. Планот според кој требало да се отпочне однадвор, а потоа да се работи одвнатре, секогаш пропаѓал и секогаш ќе пропадне. Божјиот план со вас е да почне во самото средиште на сите тешкотии, во срцето, и тогаш од срцето ќе излезат принципите на правдата; реформата ќе биде остварена и однадвор и одвнатре.“
— Совети за исхраната, 35.

б. Како можам да станам активен реформатор? Галатјаните 6,9.10; 1 Јованово 1,3.

„’Јас ќе ги прославам оние, кои Мене Ме прославуваат’ (1 Самоилова 2,30). Заминувајќи од таквиот дом на своите секојдневни должности, таткото излегува со смирен дух, целосно предан на Бога во постојан разговор на душата со Него. Тој е христијанин, не само според своето исповедање туку и во својот животен повик и во сите свои деловни односи. Тој совесно ги извршува своите работи, знаејќи дека Божјоото око секогаш го следи.

Во црквата неговиот глас не молчи. Тој секогаш има зборови на благодарност и охрабрување, бидејќи тој е христијанин кој духовно постојано се развива и секој ден стекнува ново искуство. Тој е корисен и активен соработник во црквата, трудејќи се да го прослави Бога и да ги спасува своите ближни.“
— 5 Сведоштво, 424.425.

Петок — 1. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што вистинската реформа остварува во животот на вистинскиот верник?

2. Во која смисла покајанието е блиску поврзано со реформацијата?

3. Во кои области сите треба да се реформираме?

4. Како можеме да бидеме светлина среде моралната темнина?

5. Кога ќе имаме вистинска реформа во нашиот живот?

2016 • 1. Квартал

2. лекција – Древен реформатор

9. јануари 2016
„И пророкот Илија, тишбеец од галаадските жители, му рече на Ахав: „Се колнам во живиот Господ, Бог Израелов, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.“
— 1 Царевите 17,1.
„Иако живеел далеку од сите познати градови и не заземал никаква висока положба во животот, Илија Тишбеецот… се посветил на својата служба сигурен во Божјата намера да го подготви патот пред него и дека ќе му осигура изобилен успех.“
— Пророци и цареви, 81.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 81-88.

Недела — 3. јануари
1. ПОТЕКЛОТО НА ИЛИЈА И ПОВИКОТ

а. Кој бил Илија и каков тип на човек бил тој? 1 Царевите 17,1; Јаков 5,17.

„Илија… бил роден меѓу планините на Галад, источно од Јордан и потекнувал од народ кој бил приврзан во ‘гнасотиите на Аморејците’. Но, тој го започнал своето делување со зборови на вера и сила на устата и целиот живот го посветил на делото на реформа.“
— Преглед и гласник, 14. август, 1913.

б. Покрај какви луѓе Бог честопати само поминува, а кого наместо нив повикува? 1 Коринтјаните 1,26-28.

„На обичните животни патеки, мнозина со тешки напори трпеливо ги извршуваат своите секојдневни задачи, несвесни за сокриените сили кои, кога би биле разбудени на активност, би ги вклучиле меѓу големите и водечките луѓе во светот. Потребен е само еден допир на вешта рака да ги разбудат и развијат овие заспани способности. Такви биле луѓето кои Исус ги повикал да тргнат по Него и три и пол години да се обучуваат под Негов личен надзор. Никакво обучување во школите на рабините или салите на филозофите не можеле според вредноста и значењето да се споредат со оваа обука.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 425.

Понеделник — 4. јануари
2. СООЧУВАЊЕ СО ОТПАДНИШТВОТО

а. Зошто Илија отишол во царската палата за таму јавно да го осуди отпадот на израелската нација? Јован 16,8; 3,20; 1 Тимотеј 5,20.

„На Илија му била доверена мисија на Ахав да му ја соопшти небесната порака за претстојната казна. Тој не барал да биде Божји гласник – Божјата Реч го пронашла патот до него. Горлив за честа на Божјото дело, тој не се двоумел да го послуша божествениот повик, иако подготвеноста да послуша изгледала како покана на брза погибел од страна на нечестивиот цар. Пророкот веднаш тргнал и патувал цел ден и ноќ, сѐ додека не стигнал во Самарија. Кога стигнал, не побарал прием кај царот, ниту чекал официјално да биде најавен. Облечен во груба облека каква што обично носеле пророците во тоа време, поминал покрај стражарите, наизглед незабележан, и застанал за миг перед шокираниот цар.

Илија не се извинил поради своето ненадејно доаѓање. Оној кој е поголем од израелскиот владетел му наредил да зборува, и кревајќи ја раката кон небото, свечено посведочил со живиот Бог дека казните на Севишниот треба да го снајдат Израел. ‘Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд’ изјавил тој, ‘освен според мојот збор’ (1 Царевите 17,1).“
— Преглед и гласник, 14. август, 1913.

б. Со каква цел Илија подоцна го укорил царот? 1 Царевите 18,17, 18; Јов 17,8.

„Непочитувањето на Божјиот закон од страна на Ахав и неговиот народ довело до сите несреќи кои им се случиле, и Илија не се двоумел да му ја соопшти целата вистина на виновниот цар. Светот е полн со ласкавци и лицемери, како во царските палати, така и во секојдневниот живот; но колку малку се оние кои имаат храброст која Илија ја покажал; колку малку се оние кои ќе застанат во одбрана на Божјиот погазен закон наспроти оние кои се сметаат за моќници на оваа земја.“ – Знаци на времето, 18. декември, 1884.

„Господ сака да спаси, а не да уништи. Тој се радува во спасувањето на грешниците. ‘Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот’ (Езекиел 33,11)… Тој им дава на своите избрани гласници света храброст и одлучност, така што оние што слушаат да можат да се уплашат и да бидат наведени на покајание.“
— Пророци и цареви, 68.

Вторник — 5. јануари
3. ПОВИК НА ИЗБОР

а. Додека на гората Кармил повикувал на реформација, кој предизвик Илија го упатил до народот? 1 Царевите 18,21.

„Илија среде општото отпадништво на израелскиот народ, не го прикривал фактот дека му служи на небесниот Бог. Имало четиристотини и педесет пророци, четиристотини свештеници и илјадници обожаватели на Ваал; сепак, Илија не се обидувал ниту на кој било начин да создаде привиден впечаток дека и тој е на таа популарна страна. Тој свечено стоел сам… Каде се денес таквите како Илија?… Ништо не може да се постигне со кукавичлук или страв кога ќе се дознае дека сме народ кој ги држи Божјите заповеди. Криењето на нашата светлина, како да се срамиме од нашата вера, може да доведе само до пропаст. Бог во таков случај нѐ препушта на нашите слабости. Нека Тој во својата голема милост нѐ сочува од воздржувањето да светиме на секое место на кое Тој во своето провидение нѐ повикува. Ако се осмелиме да одиме сами – раководејќи се според сопствените идеи и планови, а оставајќи го Исуса на страна – не можеме да очекуваме дека Тој ќе ни подари постојаност, храброст и духовна сила. Бог имал морални херои, и денес ги има – тоа се оние кои не се срамат да бидат Негов особен народ. Својата волја и своите планови тие секогаш и во сѐ ги подредуваат на Божјиот закон. Љубовта кон Христа ги наведува и животот да го дадат за Него ако затреба… Верност и преданост на Бога е нивното мото.“
— 5 Сведоштво, 365.

б. Што направил Илија како прв чекор во делото на реформа? 1 Царевите 18,30.

„Измама и слепило го покрило Израел, како темен облак. Ова кобно отпадништво не ги совладало одеднаш, туку постепено, затоа што не ги слушале зборовите на прекори и опомени што Господ им ги упатувал. Секое отстапување од правиот пат, секое одбивање да се покајат ја зголемувало нивната вина и ги оддалечувало сѐ подалеку од Небото. И сега, во оваа криза, тие упорно одбивале да застанат на Божјата страна.

Господ се гнаси од рамнодушност и неверство во време кога криза го зафаќа Неговото дело. Целата вселена со неискажлив интерес ги гледа завршните сцени од големата борба помеѓу доброто и злото. Припадниците на Божјиот народ се приближуваат до границите на вечниот свет; што може да му биде поважно од верноста на небесниот Бог?“
— Пророци и цареви, 97.98.

Среда — 6. јануари
4. ОТКРИВАЊЕ НА БОЖЈАТА СИЛА

а. Именувајте некои реформатори од минатото. Лука 1,17; Создавање 32,28; Излез 9,16. Како тие ја стекнале потребна сила за исполнување на своите мисии? Псалм 27,14; 28,7.

„Ако луѓето одат со Бога, Тој ќе ги сокрие во пукнатините на Карпата. Така сокриени, тие можат да го видат Бога токму онака како што го видел Мојсеј. Благодарение на моќта и светлината што ги дава Бог, ќе можат да сфатат повеќе и поцелосно отколку што нивниот слаб разум воопшто можел и да замисли.“ – Делата на апостолите, 281.

„Јаков победил затоа што бил истраен и решителен. Неговото искуство сведочи за силата на истрајната молитва. Сега е време да ја научиме оваа лекција за истрајната молитва и непоколебливата вера. Најголеми победи на Христовата црква или на поединечните христијани не се оние што се постигнуваат со талент или знаење, со богатство или со услови поволни за човекот, туку тоа се победи што се постигнуваат во разговор на душата со Бога во тајна молитва, кога верата во душевна борба најсесрдно се фаќа за раката на семожната сила. Оние кои не се подготвени да го остават секој грев и искрено да бараат Божји благослов, нема никогаш ниту да го добијат. Но, сите оние кои цврсто се држат за Божјото ветување како и Јаков, и кои се толку истрајни и искрени како тој, ќе успеат како што и тој успеал. ‘Зарем Бог нема да ги одбрани Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги одбрани набргу’ (Лука 18,7.8).“
— Патријарси и пророци, 198.

б. На кои ветувања денешните реформатори можат да се повикаат кога ќе се укаже потреба за божествена сила? Псалм 68,35; 2 Самоилова 22,32.33.

„Искуството на Илија, кога одново се надевал на Бога во часот на искушението, не претставува поука само за луѓето на одговорни должности. Оној кој бил силата на Илија, може со својата сила да го поддржи секое свое дете без разлика колку е слабо. Тој од секој очекува лојалност и секому му дава сила во зависност од неговата потреба. Човек во своја сила е слаб, но во Божјата сила е толку јак така што може не само да го победи злото, туку и да им помогне на другите да го победат. Сатаната никогаш не може да го совлада оној кој се става под Божја заштита. Со сигурност треба да кажеме: ‘Во Господ е правда и сила… Во Господ сето семе на Израел ќе биде оправдано и прославено’.“
— Преглед и гласник, 30. октомври, 1913.

Четврток — 7. јануари
5. ОСАМЕНИ?

а. Дали Илија бил осамен во одбрана на Бога и Неговиот закон? Зошто да или зошто не? Псалм 34,7; 91,11; 103,20.

„Соочен со царот Ахав и лажните пророци, опкружен од страна на мноштвото Израелци, Илија единствен стоел да ја брани честа на Јехова… Меѓутоа Илија не бил сам. Над него и околу него се наоѓале заштитничките војски на Небото – ангели со исклучителна сила.“
— Преглед и гласник, 18. септември, 1913.

б. Кога сме осамени во одбрана на вистината и правдата, што треба да имаме на ум? 1 Царевите 19,18.

„Не се сите во овој свет беззаконици и грешници, ниту пак сите поминале на страната на непријателот. Бог има многу илјадници луѓе кои не ги свиткале колената перед Ваал, мнозина кои долго време тежнеат поцелосно да разберат сѐ што е во врска со Христа и Законот, мнозина кои се надеваат – иако е тешко да се надеваш – дека Исус наскоро ќе дојде и ќе стави крај на владеењето на гревот и смртта. Постојат мнозина кои од незнаење му служат на Ваал, но со нив Божјиот Дух сеуште се бори.“ – Пророци и цареви, 113.

„Кога поднесувате презир, срам и прогонство поради вистината, вие се наоѓате во друштво на најдобрите; бидејќи и Христос го поднесол сето тоа во многу поголема мера. Ако бидете верни стражари во Божјото дело, сето ова ќе претставува само комплимент за вас. Херои се оние души кои ќе останат верни, иако се осамени, и кои ќе примат круни на непоминлива слава.“
— The Youth’s Instructor, May 28,1884.

Петок — 8. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Од каде Бог честопати ги повикува луѓето и зошто?

2. Наместо јасно да го осудат гревот, што повеќето луѓе прават?

3. На што укажува фактот дека ја криеме светлината што ни е доверена и каков ќе биде резултатот на тоа?

4. Како можеме да добиеме благослов Божјата сила да дејствува во нашиот живот?

5. Зошто, всушност, не сме сами иако сме единствените што ја бранат вистината?

2016 • 1. Квартал

3. лекција – Делото на обнова

16. јануари 2016
„И Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.“
— 2 Летописи 7,14.
„Никогаш израелското царство не било оставено без благородни сведоци на Божјата сила да ги спасат луѓето од гревот. Некои дури и во најмрачните периоди останале верни на божествениот Владетел и среде идолопоклонството живееле без мана пред очите на светиот Бог.“
— Пророци и цареви, 70.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Преглед и гласник, 21. август 1913.

Недела — 10. јануари
1. ВЕРЕН ОСТАТОК

а. Дали во времето на Илија, додека Божјите казни паѓале на отпадничкиот Израел, постоел верен остаток? 1 Царевите 18,13; 19,18.

б. Дали Бог секогаш има свој верен остаток? Римјаните 11,5; Откровение 12,17.

в. Како Бог ветува дека ќе се грижи за својот народ додека Неговите казни паѓаат на Земјата? Псалм 27,5; Исаија 33,15.16.

“Оној ист Бог, кој се грижел за Илија, нема да напушти ниту едно од своите самопожртвувани деца. Оној, што ја изброил косата на нивната глава, ќе се грижи за нив; за време на гладот ќе имаат храна. Додека безбожниците ќе умираат од глад и епидемии, ангелите ќе ги штитат праведните и ќе ги задоволуваат сите нивни потреби. На оној што ‘оди во правда’ му е дадено ветување: ‘ќе му се даде леб, водата негова нема да пресуши’ (Исаија 33,15.16; 41,17).“
— Големата борба, 655.

Понеделник — 11. јануари
2. ПОДГОТВЕТЕ ГО ПАТОТ ЗА ГОСПОД

а. Какво конкретно барање Илија упатил како предизвик за отпадот на израелскиот народ? 1 Царевите 18,19.20.

“Илија побарал на Кармил да се собере сиот Израел, како и сите пророци на Ваал. Со остар поглед, кој влева стравопочит, пророкот давал изглед на човек кој стоел во присуство на Господ, Израеловиот Бог. Состојбата на израелците во нивното отпадништво барала цврстина во однесувањето, остар настап и заповеднички авторитет. Бог подготвува порака која одговара на дадениот момент и на постојните околности… Бог секогаш има соодветна порака за својот народ во сите околности.“
— 3 Сведоштво, 216.

б. Кој исто така зазел цврст став на страната на Бога во процесот на спроведување на реформата? Неемија 5,9.

„Господ за своето дело ќе употреби луѓе кои се како челик цврсто верни на начелото, кои нема да ги поколебаат погрешните заклучоци на оние кои го изгубиле својот духовен вид. Неемија од Бога бил избран затоа што бил подготвен да соработува со Бога во делото на обнова… Кога видел дека луѓето се раководат од погрешни принципи, тој не стоел на страна како набљудувач и со своето молчење го одобрувал злото. Тој не дозволил народот да дојде до заклучок дека и тој ја поддржува погрешната страна. Тој зазел еден цврст, непопустлив став за она што е право. Ниту во најмала ситница не попуштал на влијанијата кои би ги изопачиле принципите кои Бог ги воспоставил.“ – Преглед и гласник, 2. мај, 1899.

„Кога Неемија го започнал своето делување како реформатор и ослободител во Израел, тој бил поттикнат од љубовта кон Бога и од грижата за просперитетот на Неговиот народ. Со цело срце пристапил кон тоа дело; неговата надеж, енергија, ентузијазам и одлучност на карактерот биле заразни и ги инспирирале другите со иста храброст и возвишени цели. Секој човек станал како Неемија во својата сфера и ги крепел рацете и срцето на својот ближен, така што набргу немоќта била надвладеана од силата и храброста.“ – Преглед и гласник, 18. март, 1884.

„Најголемата потреба на светот е потребата за луѓе – луѓе кои не можат ниту да се купат ниту продадат, луѓе кои во длабочината на својата душа се праведни и чесни, луѓе кои не се плашат да го наречат гревот со неговото вистинско име, луѓе чија совест е верна на должноста како што е магнетната игла на полот, луѓе кои ќе стојат на страната на праведноста па дури и небото да се урне.“
— Воспитување, 47.

Вторник — 12. јануари
3. ПОВИК НА ПОКАЈАНИЕ

а. Која била целта на казните кои биле пратени на Израел? Исаија 1,16-18; Лука 11,32. Какво влијание тие казни имале на Ахав? 1 Царевите 18,17.

„Целта на оваа (ненадејна) неволја била да ги наведе Израелците да го увидат својот грев, да ги наведе на покајание и да ги насочи кон Бога како би го почитувале Јехова како единствен вистински и жив Бог. После три и пол години на суша, Господ му рекол на Илија: ‘Оди и јави му се на Ахав, и јас ќе дадам дожд на земјата‘. ‘Штом Ахав го виде Илија, му рече: „Ти ли си оној што му носи неволји на Израел?” Илија му одговори: „Јас не му донесувам неволји на Израел, туку ти и татковиот дом твој, бидејќи ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците’ (1 Царевите 18,1.17.18).“ – Преглед и гласник, 26. мај, 1891.

„Признавањето нема да биде прифатливо за Бога без искрено покајание и реформа. Мора да се видат одлучни промени во животот, сѐ што го навредува Бога мора да биде отфрлено. Тоа ќе биде последицата на вистинското жалење поради гревот.“
— Патот кон Христа, 26.

б. Во што е разликата помеѓу вистинското и лажното покајание? 2 Коринтјаните 7,9-11.

„Мнозина не успеваат да ја сфатат вистинската природа на покајанието. Тие жалат затоа што грешеле и дури привидно се менуваат само затоа што се плашат дека ќе мора да трпат поради своите лоши дела. Но тоа не е покајание во библиска смисла на зборот. Тие се жалат на страдањата наместо на гревот. Таква била болката на Исав кога сфатил дека засекогаш го загубил првенството. Валам, преплашен од ангелот кој стоел на неговиот пат со извлечен меч, ја признал својата вина за да не го загуби животот; но тука немало вистинско каење поради гревот, немало промена на намерите, не се јавила одвратност кон злото. Откако го предал својот Господ, Јуда Искариотски извикнал: ‘Згрешив, зашто предадов невина крв’ (Матеј 27,4).“ – Патот кон Христа, 15.

„Кај овој началник на цариниците се разбудил копнеж за подобар живот… Закхеј го слушнал повикот за покајание… Тој ги познавал Писмата и бил осведочен дека она што го прави е погрешно… Тој се чувствувал како грешник во очите на Бога… Закхеј веднаш почнал да се придржува кон своето ново уверување и да им ги враќа парите на оние што ги оштетил.“
— Копнежот на вековите, 421.

Среда — 13. јануари
4. ПОВИК НА ПОСЛУШНОСТ

а. Од што зависи нашата среќа и спасение? Псалм 106,3; Јов 36,11; Еремија 7,23.

„Нашата среќа и нашето спасение зависат од јадење на лебот на животот; значи од слушање на Христовите зборови, од извршување на Христовите дела, од напредување во праведноста и воздржување од неправда. Ништо не може да ни даде таква самоувереност, таква храброст, такво зголемување на способностите и талентите, како правилното прифаќање на барањата на Божјиот закон… Љубовта кон Исус нѐ наведува да ги почитуваме Божјите заповеди, кои се како светилка на нашите нозе и светлина на нашите патека, обезбедувајќи ни просветлувачко, пречистувачко, блажено присуство и на Отецот и на Синот. Оној кој е послушен може да разговара со Бога онака како што Енох разговарал со Него.“
— Синови и ќерки Божји, 194.

б. Каков став откриваат оние кои одбиваат послушност на Бога? Дела 7,51-53; 2 Тимотеј 3,8. Како тие ќе се однесуваат кон Божјиот народ во последните денови? Матеј 24,9.

„Грешниците, кои всушност го предизвикале небесното негодување, сиот товар ќе го струполат врз оние чијашто послушност кон Божјите заповеди е постојан прекор за престапниците. Ќе се тврди дека луѓето кои не ја почитуваат неделата, со тоа го навредуваат Бога; дека овој грев навлекува неволја што нема да престане сѐ додека не бидат сите присилени да ја празнуваат неделата, и дека оние што ги истакнуваат барањата на четвртата заповед и со тоа го поткопуваат почитувањето на неделата, го бунат народот, спречувајќи го повторно да ја добијат Божјата милост и да постигнат земна благосостојба. Така ќе се повторат некогашните обвинувања против Божјите слуги, и тоа за истата причина: „Штом Ахав го виде Илија, му рече: ‘Ти ли си оној што му носи неволји на Израел’? Илија му одговори: ‘Јас не му донесувам неволји на Израел, туку ти и татковиот дом твој, бидејќи ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците’ (1 Царевите 18,17.18).“ – Големата борба, 614.

„Сите искушенија на сатаната Христос ги пречекал со Божјата Реч. Имајќи доверба во Божјите ветувања, Тој примил сила да ги почитува Божјите заповеди и искушувачот не можел кај Него да има успех.“
— Здравје и среќа, 129.

Четврток — 14. јануари
5. ДЕЛОТО НА ОБНОВА

а. Што се тоа „старите патеки“ кои имаат потреба од обнова? Еремија 6,16; Исаија 58,12-14.

„Еремија постојано го свртувал вниманието (на нацијата) на советите дадени во Петтата книга Мојсеева. Тој ги нагласил учењата на Мојсеевиот закон повеќе од било кој друг пророк и покажал како тие можат да донесат најголем духовен благослов на нацијата и за секое срце. ‘Разгледајте и распрашајте се за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ќе најдете спокојство на душите свои’ (Еремија 6,16).“
— Пророци и цареви, 278.279.

б. Што е вклучено во делото на обнова и кој е повикан да учествува во ова дело? Исаија 62,6; 58,1.

„Алармантен е фактот дека рамнодушноста, поспаноста и апатијата во духовен поглед претставуваат обележје на луѓето на одговорни функции, како и дека горделивоста и алармантното игнорирање на предупредувањата на Божјиот Дух сѐ повеќе земаат замав. Се рушат оградите кои Бог во својата Реч ги подигнал околу својот народ. Луѓето на кои им е познато како Бог го водел својот народ во минатото, наместо да ‘прашуваат за старите патеки’ и да застануваат во одбрана на нашата положба како посебен и избран народ, сѐ повеќе се поврзуваат со светот. Најмногу вознемирува фактот дека гласот на опомена, укор и сесрдно преколнување сѐ помалку се слуша. Очите на Божјиот народ како да се заслепени, додека црквата, како да е гонета со некоја сила, се побрзо плови по каналот на световноста.“
— 4 Сведоштво, 397.

Петок — 15. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како припадниците на верниот Божји остаток живееле, иако тие од време на време биле опкружени со идолопоклонство? Како ова може да се примени на нас денес?

2. Што Неемија направил за да ги инспирира другите да работат со него?

3. Какви промени се неопходни во нашите животи ако навистина сме се покајале?

4. Од каде потекнува вистинската среќа и зошто?

5. Наместо да ги бараат „старите патеки“, што некои правеле, и како тоа влијаело на црквата?

2016 • 1. Квартал

4. лекција – Вториот Илија

23. јануари 2016
“И (Јован) ќе оди пред (Господ) во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорните кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“
— Лука 1,17.
„Јован им рекол на Евреите дека нивната положба пред Бога ќе зависи од нивниот карактер и живот. Исповедањето на верата нема вредност. Ако нивниот живот и карактер не се во склад со Божјиот закон, тогаш тие не се Негов народ.“
— Копнежот на вековите, 65.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 97-108.

Недела — 17. јануари
1. СОСТОЈБАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАЛ ИЗРАЕЛ

а. Каква била задачата на Божјиот гласник кого Бог го испратил да го подготви патот за првото Господово доаѓање? Малахија 3,1-3.

б. Каков тип на личност бил овој гласник? Лука 1,13-17.

в. Во каква состојба се наоѓал Божјиот народ кога им бил потребен таков гласник? Лука 5,37-39; Матеј 15,8.9.

„Мевовите што се користеле како садови за чување на ново вино… Со ова позната слика, Исус ја прикажал состојбата на еврејските водачи… Тие сметале дека нивната сопствена праведност е сосем доволна и не сакале некој нов елемент да биде внесен во нивната религија.“ – Копнежот на вековите, 201.

„Смоквата (што Исус ја проколнал) се исушила. Ова неродно дрво ја симболизирало состојбата на еврејскиот народ во тоа време. Ним им биле дадени сите можности и привилегии.“
— Знаци на времето, 23. мај, 1900.

Понеделник — 18. јануари
2. ЈОВАН КРСТИТЕЛ – БОЖЈИ ГЛАСНИК

а. Кои зборови Исус ги користел зборувајќи за Јован Крстител? Матеј 11,9.10.13-15.

„Исто така се верувало дека Илија лично ќе се појави пред доаѓањето на Месијата. Ова очекување Јован го негирал, но неговите зборови имале подлабоко значење. Подоцна, повикувајќи се на Јован, Исус рекол: ‘Ако сте подготвени да го прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде’ (Матеј 11,14). Јован дошол во духот и силата на Илија за да ја изврши истата задача што Илија ја извршил. Кога Евреите би го примиле, таа би била извршена за нив. Меѓутоа, тие не ја прифатиле неговата вест. За нив тој не бил Илија. За нив тој не можел да ја исполни мисијата што дошол да ја исполни.“
— Копнежот на вековите, 87.

б. Кој отишол да го слуша Јован Крстител? Матеј 3,5.6; 21,32; Лука 11,1.

в. Зошто тие повеќе биле привлечени од Јовановата порака отколку од учителите во нивните денови? Матеј 3,1-3.

„Својата порака Јован не ја објавувал со вешто обработени и внимателно одбрани аргументи ниту пак со добро пресметани теории. Силен и строг, но сепак полн со надеж, одекнувал неговиот глас од пустината: ‘Покајте се, зашто се приближи царството небесно’ (Матеј 3,2). Тоа со некоја нова, необична сила ги допирало луѓето. Целата нација била возбудена. Мноштво луѓе доаѓале во пустината .“
— Слуги на евангелието, 43.

г. Дали Јован Крстител се плашел да ја говори вистината? Матеј 14,3.4.

„Тој го гледал Царот во Неговата убавина и себеси се изгубил од вид. Посматрајќи го величеството на светоста, ја увидел својата неспособност и недостојност. Негова должност била на луѓето да им ја објавува небесната порака и пред нив да стои во Божјата сила и правда. Бил подготвен како гласник од Небото да излезе пред луѓето без никаков страв, бидејќи го имал пред очите само она што е божествено. Можел бестрашно да стои пред земните цареви, бидејќи со трепет му се поклонувал на Царот над царевите.“
— Слуги на евангелието, 42.

Вторник — 19. јануари
3. ЈОВАНОВАТА ПОДГОТОВКА – ПУСТИНАТА

а. Во која смисла животот во природното опкружување го подготвил Јован Крстител за неговата мисија? Исаија 40,3-5; 30,15; Псалм 101,3.

„Според природниот редослед, синот на Захарија би бил обучен за свештеничка служба. Меѓутоа, воспитувањето во рабинските школи би го онеспособило за неговото дело. Бог не го испратил кај учителите по теологија за да го научат како да ги толкува Писмата. Тој го повикал во пустината за да се запознае со природата и со Творецот на таа природа…

Тука околината била поволна за навиките на едноставност и самоодрекување. Непопречуван од бучавата на светот, тој можел да ги проучува поуките на природата, на откровението и провидението. Зборовите што ангелот му ги упатил на Захарија често биле повторувани од страна на неговите богобојазливи родители. Уште од детството тие му укажувале на неговата мисија и тој ја прифатил светата доверба. Самотијата во пустината му дала можност да побегне од општеството, во кое речиси целосно доминирале сомнежот, неверувањето и нечистотијата. Тој немал доверба во сопствените сили дека ќе се спротивстави на искушението и затоа избегнувал постојан допир со гревот, за да не го изгуби чувството на неговата страшна грешност.“
— Копнежот на вековите, 60.61.

б. За да се докаже како ‘работник кој нема од што да се срами’, кои извори на поучување Јован Крстител првенствено ги користел и какво влијание тие имале на него? 2 Тимотеј 2,15; Псалм 19,1-3; Лука 1,80.

„Јован не бил немарен… Сѐ што го опкружувало во неговиот дом меѓу планините за него претставувало една книга на инструкции која содржела поуки од најдлабоко значење во поглед на карактерот, добродушноста и Божјата љубов…

Далеку од зафатениот свет, чии грижи и примамливи задоволства го пренасочувале неговиот ум и ги изопачувале неговите мисли и впечатоци, тој се наоѓал во тишина, опкружен со Бога и природата. Тука не бил изложен на влијанието на лошата околина; неговото разбирање не било заслепено, ниту пак неговиот дух бил запознаен со расипаноста. Во осаменоста на пустината, Јован станал силен во духот. Со своите строго умерени навики тој си обезбедил физичко, ментално и морално здравје. Неговото расудување било јасно, неговиот суд исправен.“
— The Youth’s Instructor, January 7, 1897.

Среда — 20. јануари
4. ЕДНА ЦЕЛ

а. Каков бил животниот фокус на Јован? Дела 13,24. Како овој фокус, слично на апостол Павле, влијаел на неговите животни навики во целина? 1 Коринтјаните 9,27.

„Пред Јован се наоѓала сериозна задача; за да има здрава физичка конституција и умна и морална сила да ја изврши таа задача, тој морал да го контролирал апетитот и страстите. Јован требало да предводи во делото на реформа и со својот умерен начин на живот и едноставната облека да претставува укор на неумерените навики и грешните претерувања на луѓето.“ – Преглед и гласник, 7. јануари, 1873.

„Меѓутоа, Јован не го поминал својот живот во безделничење, во испосничка тага или во себична изолација. Од време на време одел во друштво на луѓето и внимателно следел сѐ што се случува во светот. Од своето мирно и тивко засолниште го следел развојот на настаните. Со визија просветлена од Божјиот Дух тој го проучувал карактерот на луѓето, за да пронајде начин како да допре до нивните срца со небесна порака. Врз него почивал товарот на мисијата. Во самотија, во размислување и молитва, тој се трудел да ја подготви својата душа за животното дело што било пред него.“
— Копнежот на вековите, 61.

б. Опишете ја исхраната и облекувањето на Јован Крстител? Матеј 3,4; Лука 1,15. Зошто ова претставувало важен дел во Јовановата служба?

„Посветен на Бога уште од своето раѓање како назиреј, (синот на Захарија) го прифатил овој завет како свој завет на доживотно посветување.“ – Копнежот на вековите, 61.

„Јован требало, како гласник на Јехова, да им ја носи Божјата светлина на луѓето. Тој ќе им даде нов правец на нивните мисли. Морал да им укаже на светоста на Божјите барања и на нивната потреба за Неговата совршена правда. Таквиот гласник мора да биде свет. Мора да биде храм во кој ќе живее Божјиот Дух. За да ја исполни својата мисија, тој мора да има здрава телесна градба, умна и духовна сила. Затоа било потребно да го контролира својот апетит и страстите, за да може да стои меѓу луѓето непоколебан од околностите, како карпите и планините во пустина.“ – Копнежот на вековите, 59.

„Јован не бил осамен, мрачен или мрзоволен, туку уживал во својот едноставен и повлечен начин на живот, а неговите умерени навики ги сочувале неговите сетила неизопачени.“
— The Youth’s Instructor, January 7, 1897.

Четврток — 21. јануари
5. НАШАТА ПОРАКА ДЕНЕС

а. Од каде знаеме дека пораката на Илија не го достигнала своето целосно исполнување во текот на мисијата на Јован Крстител, Христовиот предвесник? Малахија 4,5.6. Која е нашата порака денес? Дела 3,19; Исаија 58,1.

„Јован бил повикан да изврши посебно дело; требало да го подготви патот на Господ и да ги исправи Неговите патеки… (Исаија 40,3-5). Ова е пораката која мора да се упати на нашиот народ; ние сме блиску до крајот на времето, а пораката гласи: ‘Исчистете го патот за Царот; соберете камења; подигнете го знамето за народот. Луѓето мора да се разбудат. Сега не е време да зборуваме: Мир и сигурност.“
— Преглед и гласник, 18. февруари, 1890.

б. Какво влијание оваа порака може да има на црквата и светот денес? Дела 22,15; Римјаните 10,13.

„Должноста кон ближните нѐ обврзува на тоа… постојано да вршиме спасоносно влијание и позитивно мислење за Божјиот закон. Со својот живот треба да светиме така што сите околу нас, во нашето покорување на секоја Божја заповед и секој Негов принцип, ќе го видат посветувачкото влијание на евангелието. Во голема мерка сме одговорни пред светот за душите кои се околу нас… Нека светот види дека ние… сакаме да ги споделиме нашите благослови и привилегии преку посветувањето со вистината.“
— 4 Сведоштво, 43.

Петок — 22. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Под кои услови денес можеме да бидеме сметани за Божји народ?

2. Како Јован ја изнесувал пораката на народот и каков бил резултатот?

3. Кои се некои од предностите на оние кои живеат во природата, далеку од градовите?

4. Зошто Јован бил умерен во сите свои навики?

5. Како Бог сака ние да учествуваме во ширењето на порака денес?

2016 • 1. Квартал

5. лекција – Јовановата порака

30. јануари 2016
„Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите.“
— Марко 1,4.
„Јовановата работа и мисијата ги потсетувале луѓето на Законот и пророците, додека тој истовремено ги насочувал на Христа како Спасител на светот. Ги повикувал да гледаат на ‘Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29).“
— The Southern Watchman, March 21, 1905.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: The Spirit of Prophecy, vol 2, pp. 47-57.

Недела — 24. јануари
1. ХРИСТОС КАКО ЦЕНТАР

а. На кого Јован ги насочувал своите слушатели? Матеј 3,11; Дела 19,4; Јован 1,29.

б. Кој бил изворот на Јовановото знаење? Лука 3,2. Во која смисла нашиот начин на поучување треба да биде сличен на Јовановиот? Евреите 12,2; 2 Коринтјаните 3,18.

„Јован Крстител во неговиот пустински живот го поучувал самиот Бог. Воден од Светиот Дух, тој ги проучувал откровенијата Божји во природата, а ги пребарувал и списите на пророците. Христос и ден и ноќ бил предмет на неговото проучување и духовно размислување, сѐ додека и срцето и душата не му биле исполнети со величествената претстава за Него.“ – Слуги на евангелието, 42.

„За нас би било добро секој ден да поминеме еден час во размислување за Христовиот живот. Треба да го проучуваме во секој детал, за во мислите да го оживееме секој настан, особено завршните настани. Додека така размислуваме за Неговата голема жртва поднесена заради нас, нашата доверба во Него ќе биде многу попостојна, нашата љубов ќе оживее, а Неговиот Дух сѐ подлабоко ќе нѐ исполнува. На крај, доколку сакаме да бидеме спасени, мораме да ја научиме поуката за покајанието и за понизноста во подножјето на крстот.“
— Копнежот на вековите, 49.

Понеделник — 25. јануари
2. ПОВИК НА ПОКАЈАНИЕ

а. Каква била содржината на Јовановата порака? Лука 1,17; Матеј 3,1.2.8.

„Проповедањето на Јован Крстител предизвикало силна возбуда. На почетокот на неговата служба верскиот интерес кај народот бил на ниско ниво. Суеверие, традиции и приказни внесувале забуна во умовите на луѓето, така што тие не разбрале кој е вистинскиот пат. Во својата ревност да си обезбедат световно богатство и чест, луѓето заборавиле на Бога. Јован истапил напред за да го најави Помазаникот Господов и ги повикувал луѓето на покајание.“ – The Youth’s Instructor, May 17, 1900.

„Јован го објавувал доаѓањето на Месијата и го повикувал народот на покајание. Како симбол на очистување од гревовите, тој ги крштевал во водите на Јордан. Така со значајна, очигледна поука, објавил дека оние, што себеси се прогласиле за Божји избран народ, биле извалкани со грев и дека без очистување на срцето и животот не можат да имаат дел во царството на Месијата.“
— Копнежот на вековите, 63.

б. Во каква состојбата се наожаат луѓето денес? 2 Тимотеј 3,1-4. Каква порака ние треба да им упатиме? Дела 17,30; 26,19.20.

„Мораме да ги убедиме луѓето ширум светот да се покајат и да го избегнат гневот што доаѓа. Тие ќе ги спасат или ќе ги изгубат своите души. Да не бидеме рамнодушни по ова прашање. Господ ги повикува работниците полни со искрена сериозност и одлучност. Кажете им на луѓето да бидат подготвени и во ‘добро време и во невреме’. Со зборови на живот на усните, тргнете и говорете им на мажите и жените дека крајот на сите нешта е близу.

Да ги зацврстиме своите души во Божјата љубов. Мораме да ја објавиме пораката на предупредување. Вистината не смее да слабее на нашите усни. Мораме да ги поттикнеме луѓето неодложно да се подготват, бидејќи речиси ништо не знаеме за она што нѐ чека. Никогаш поцврсто не сум верувала дека живееме во последниот остаток од времето. Нека секој учител ја отвори вратата пред сите кои сакаат да дојдат кај Исус и да се покајат за своите гревови.“ – Евангелизам, 217.

„Вистинското покајание произлегува од чувството на одвратност кон направениот грев… Има голема разлика меѓу неизбежното признавање на фактите кога тие веќе се докажани, и искреното признавање на гревовите за кои знаеме само ние и Бог.“
— Коментари на библиските текстови, 107.

Вторник — 26. јануари
3. ВИСТИНСКИ ДЕЦА НА АВРАМ

а. Какво тврдење изнесувале еврејските водачи? Како Јован одговорил на ова тврдење? Матеј 3,7-10.

„Јован ги укорил (фарисеите и садукеите) за нивната себична гордост и алчност. Ги предупредил на нивното неверие и го осудил нивното лицемерие. Им рекол дека тие не ги исполниле условите на заветот од своја страна, што би им дало право на ветувањата кои Бог им ги дал на верниот и послушен народ. Нивното гордо фалење дека се деца на Аврам не ги направило такви. Нивната гордост, нивната ароганција, себичноста и свирепоста ги обележувале како генерација на змии отровници, а не како деца на послушниот и праведен Аврам. Нивните безбожни дела ги дисквалификувале од правото на Божјите ветувања кои Бог му ги ветил на Аврамовото потомство. Јован ги уверил дека Бог од камења ќе му подигне деца на Аврам, врз кои ќе може да ги исполни своите ветувања, наместо да зависи од природните потомци на Аврам кои ја занемариле светлината што Бог им ја дал и чие срце станало тврдо поради себичните амбиции и злото неверување. Тој им рекол дека, кога тие навистина би биле вистински деца на Аврам, тие би ги вршеле делата на својот татко Аврам. Би ја имале Аврамовата вера, љубов и послушност. Меѓутоа тие не донесувале таков род. Тие немале право да се повикуваат на Аврам како на свој татко, ниту на ветувањата кои Бог му ги дал на Аврамовото потомство.“
— The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 51.

б. Како Исус подоцна одговорил на истите тврдења кои ги изнесувале Евреите? Јован 8,39.40.

в. Во која смисла ние денес можеме да бидеме сметани за Авраамово потомство? Галатјаните 3,26-29.

„Додека од една страна тврделе дека се Божји народ кој ги држи Неговиот заповеди, нивните дела ја негирале нивната вера; без вистинско покајание за своите гревови не можеле да имаат удел во Христовото царство. Правдата, добродетелта, милоста и Божјата љубов би го обележувале животот на народот кој ги држи Неговите заповеди. Сѐ додека овие родови не биле видливи во нивниот секојдневен живот, сите нивни тврдења не биле повредни од слама која ќе ја проголта огнот што уништува.“
— The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 51.52.

Среда — 27. јануари
4. ВИСТИНСКА ВЕЛИЧИНА

а. Што претставува сила и основа на вистинската величина? Псалм 27,1; Излез 15,2; Галатјаните 2,20.

„Силата на народите и на поединците не се наоѓа во можностите и капацитетите кои наизглед изгледаат непобедливи; таа не се наоѓа во нивната горделива величина. Божјата сила е единственото што може да ги направи големи или силни. Самите тие, со својот став кон Неговите намери, одлучуваат за својата судбина.“ – Christ Triumphant, p. 180.

„Вистинското почитување кон Бога е инспирирано од чувството за Неговата бескрајна величина и свеста за Неговата постојана присутност. Со таа свест за Невидливиот мора длабоко да биде проникнато секое срце.“ – Пророци и цареви, 28.

„Зборовите што ги изговарате пред луѓето во светот ќе остават посебен впечаток ако тие се совпаѓаат со она што го кажувате во црквата. Вашиот став, вашите зборови, вашиот дух постојано оставаат впечаток на оние со кои доаѓате во контакт.“
— Christ Triumphant, p. 198.

б. Што за другите – додека им го пренесуваме знаењето за Бога – претставува помоќно осведочување од самите зборови? Матеј 5,14-16; 2 Солунјаните 3,9 (последен дел).

„Никој од нас не може да живее така што нема да влијае на светот околу себе. Ниту еден член на семејството не може толку да се повлече во себе, а останатите членови на семејството да не го почувствуваат неговиот дух и влијание. Дури и изразот на лицето врши влијание на добро или зло. Неговиот дух, неговите зборови, неговите постапки, неговиот однос кон другите не можат да се избришат. Неговата себичност ја опкружува неговата душа со отровна атмосфера. Меѓутоа, ако е исполнет со Христовата љубов, ќе биде учтив, љубезен, нежен и внимателен кон чувствата на другите. Преку делата на својата љубов ќе им го пренесе на своите ближни чувството на нежност, благодарност и среќа. Сите тогаш ќе сфатат дека таквиот човек живее за Исуса и секојдневно покрај Неговите нозе прима поуки, Негова светлина и Негов мир.“ – Адвентен дом, 33.34.

„Нека сите настојуваат да ги откријат туѓите доблести, а не недостатоците. Често токму нашиот став, атмосферата која нѐ опкружува, одредуваат што другите ќе откријат во нас.“
— Адвентен дом, 105.

Четврток — 28. јануари
5. РЕАКЦИЈАТА НА ЛУЃЕТО

а. Што е тоа што привлекувало толку голем број на луѓе во пустината? Марко 1,4; Лука 3,15.

„Божјиот пророк стоел цврст како карпа, верен на мисијата да го укори гревот и злосторствата во сите форми, како кај царевите и благородниците, така и кај непризнаените и непознатите. (Јован Крстител) не отстапил од должноста. Лојален на Бога, со благородно достоинство на моралниот карактер, цврст како карпа, верен на принципот.“ – Духот на пророштво 2, 72.

„Мноштвото го прифатило Јовановото проповедање и го следело од место во место. Мнозина негувале во своите срца надеж дека тој е Месијата. Но, кога видел како луѓето се свртуваат кон него, Јован настојувал нивниот ум да го насочи на Оној кој треба да дојде.“
— Преглед и гласник, 28. ноември, 1907.

б. Кои значајни промени се случувале во животот на луѓето? Матеј 3,8; Дела 18,24.25; 2 Коринтјаните 5,17.

„Спасението… е жива заедница со Исус Христос, за да бидеме обновени во срцето, да ги чиниме Христовите дела со вера и со трудот на љубовта, со трпение, кротост и надеж. Секоја душа која е едно со Христа ќе биде жив мисионер за сите околу неа.“
— Евангелизам, 319.

Петок — 29. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како нашето дневно проучување може да стане слично на проучувањето на Јован Крстител?

2. Во која смисла пораката која ние денес треба да ја изнесеме е слична на онаа на Јован?

3. Како можеме да се сметаме за Аврамови деца денес?

4. Споменете на кои сѐ начини можеме да вршиме позитивно влијание на другите?

5. Како луѓето се менувале под влијание на Јовановата порака?

2016 • 1. Квартал

6. лекција – Уште еден Илија

6. февруари 2016
„Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов – голем и страшен. И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и ја удрам земјата со проклетство.“
— Малахија 4,5.6.
„Во ова време, во предвечерјето на второто Христово доаѓање на небесните облаци, Бог ги повикува луѓето кои ќе подготват еден народ да опстане во големиот ден Господов. Исто такво дело, како она што Јован го направил, треба да се изврши во овие последни денови.“
— Коментари на библиските текстови, 424.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за живот. и исхр., 225-247.

Недела — 31. јануари
1. ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО ВРЕМЕТО НА ПОСЛЕДОКОТ

а. Што е посебно значајно за времето во кое ние сега живееме? Малахија 4,1.5.

„Тој (Јован Крстител) бил претставник на оние што живеат во овие последни денови, на кои Бог им ги доверил светите вистини да им ги објават на луѓето и да го подготват патот за второто Христово доаѓање. Јован бил реформатор.“
— Коментари на библ. текстови, 71.

б. Каква мисија треба да извршиме додека се соочуваме со времето на последокот? 2 Петрово 3,11; Лука 16,13; 10,27.

„Оној што сака да изгради силен, хармоничен карактер, кој сака да биде добро урамнотежен христијанин, мора да даде и да стори сѐ за Христа, зашто Спасителот нема да прифати поделена служба.“ – Делата на апостолите, 377.

„Мораме да работиме во еден дух, имајќи го Христовиот ум. Ако го правиме тоа, во црквата ќе се разбуди нов живот.“
— Преглед и гласник, 29. ноември, 1898.

Понеделник — 1. февруари
2. НА СТРАЖАРСКА ДОЛЖНОСТ

а. Во што се состои одговорноста на стражарот? Езекиел 33,6-9.

„Стражарите кои во старо време биле распоредени на ѕидовите на Ерусалим и другите градови заземале најодговорни позиции. Од нивната верност зависела безбедноста на сите кои живееле во областа на тие градови. Кога би се заканила опасност, тие не смееле да молчат ниту дење ниту ноќе. На секои неколку моменти тие морале да се довикуваат еден со друг за да видат дали се сите будни и на некој од нив да не му се случила несреќа. Стражарите биле поставени на истакнати места за набљудување од кои тие можеле да ги видат сите важни положби кои требало да се чуваат, и од тие места за набљудување одекнувал глас на предупредување или пак некои добри вести. Тој глас бил будно пренесуван од еден стражар до друг; секој од нив ги повторувал зборовите што ги слушнал, сѐ додека веста не го обиколила целиот град. Овие стражари ги претставуваат проповедниците, од чија верност зависи спасението на душите.“ – 4 Сведоштво, 310.

„Сега не е време да се опуштиме во своите напори, да станеме незаинтересирани и малодушни; не е време да ја сокриваме својата светлина под садот, да зборуваме мили работи, да пророкуваме измама. Не, не; нема место за поспаните стражари на ѕидовите на Сион. Сите сили треба во целост и исклучиво да се стават во служба на Бога.“
— The Ellen G. White 1888 Materials, p. 720.

б. За што треба да размислуваме додека гледаме на времето во кое денес живееме? 1 Коринтјаните 15,34; Римјаните 13,11.12.

„Браќа мои, ние живееме во најсвечениот период на историјата на оваа Земја. Нема време за грев. Секогаш било опасно да се продолжи во престапот, но во посебна смисла денес е навистина опасно. Се наожаме на самата граница на вечниот свет и во посвечен однос кон времето и вечноста отколку кога било досега.“ – Сведоштво за проповедници, 122.

„Енох имал искушенија како и ние… Него не го извалкале гревови кои преовладувале во времето во кое живеел. Исто така и ние можеме да останеме чисти и неизвалкани. Тој ги претставувал светите кои живеат во услови на опасностите и расипаноста на последните денови. Поради својата непоколеблива послушност на Бога бил вознесен во небото. Исто така ќе биде вознесен и верниот остаток и пренесен од грешниот и расипаниот свет како би уживале во чистите радости на небото.“
— 2 Сведоштво, 130.

Вторник — 2. февруари
3. НАЛОГ ДА СЕ ПОДГОТВИ ПАТОТ

а. Кој треба да ги објави завршните пораки на евангелието? 2 Тимотеј 4,2; Откровение 14,6; Малахија 3,1.

„(Откровение 14,6.7). Оваа порака претставува дел на ‘вечното евангелие’. Проповедањето на евангелието не им е доверено на ангелите, туку на луѓето. Небесните ангели управуваат со тоа дело. Тие водат големо движење кое треба да му донесе спасение на човечкиот род, но самото проповедање на евангелието го вршат Христовите слуги на земјата.“
— Големата борба 320.

б. Што покажува дека ние треба да го подготвиме патот за второто Христово доаѓање, како што тоа го направил Јован Крстител пред Неговото прво доаѓање? Исаија 40,3; Јован 1,23; Евреите 12,13.

„Мисијата на Јован Крстител е мисија и за денешно време. Неговото делување и делувањето на оние кои одат напред во духот и силата на Илија, за да ги разбудат луѓето од нивната рамнодушност, се исти во многу погледи. Христос треба да дојде по вторпат за да му суди на светот праведно. Божјите гласници кои ја носат последната порака на предупредување што треба да му се пренесе на светот, треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање исто онака како што Јован го подготвил патот за Неговото прво доаѓање.“
— The Youth’s Instructor, May 17, 1900.

в. Зошто е потребна подготовка? Евреите 12,14; Лука 12,39.

„Христијаните мора да се подготват за она што наскоро ќе го снајде светот како најголемо изненадување, а подготовката треба да се состои од марливо проучување на Божјата Реч и во напорите својот живот да го усогласат со нејзините прописи… Бог повикува на обнова и реформација.“ – Пророци и цареви, 426.

„Бог сака припадниците на Неговиот народ да се подготват за кризата што наскоро ќе настапи. Подготвени или неподготвени, сите ќе мора да се соочат со неа; а само оние кои својот живот го усогласиле со божественото мерило, ќе останат цврсти во тоа време на испит и искушување.“
— Делата на апостолите, 334.

Среда — 3. февруари
4. ОБРАЌАЊЕ НА СРЦЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

а. Која особена задача родителите се повикани да ја направат? Лука 1,13-17; Изреки 22,6.

„Ангел од небото дошол да им порача на Захарија и Елисавета како треба да го обучуваат и едуцираат своето дете, со цел да работат во хармонија со Бога во подготовката на гласникот кој треба да го најави Христовото доаѓање. Како родители тие требало верно да соработуваат со Бога во формирањето на таков карактер кај Јован, за да може како способен работник да ја извршува должноста која му била доделена. Јован бил дете родено во нивните поодминати години; неговото раѓање претставувало чудо, па родителите можеле да заклучат дека Господ ќе се грижи за него бидејќи требал да изврши посебна мисија за Господа. Меѓутоа, родителите не размислувале на таков начин; одлучиле да живеат повлечено во природа, каде нивниот син нема да биде изложен на искушенијата на градскиот живот или предизвикан да отстапи од советите и упатствата кои тие како родители ќе му ги дадат. Тие ја одиграле својата улога во развојот на карактерот на детето кое во секоја смисла ќе ја исполни целта која Бог ја наменил за неговиот живот. Нивниот син не смеел да пропушти да стане добар и мудар поради безгрижното запоставување на нивниот дел (Лука 1,7-9).“
— The Signs of the Times, April 16, 1896.

б. Која посебна лична задача секој од нас е повикан да ја направи? Малахија 4,4-6.

„Татковци и мајки, обратете ги своите срца за да го побарате Бога; врз вас почива голема одговорност вашите деца да стекнат правилно обликуван карактер. Секогаш имајте ги пред очите нивните вечни интереси. Учете ги да бидат префинети, благородни, чисти, откривајќи ги највисоките црти на карактерот, како пред светот и небото би објавиле дека избрале да му служат на Бога…

Големи благослови и духовна сила ќе дојдат во семејствата кои се определиле да ги стават настрана оние работи кои не се од примарна важност и кои одлучно ќе го преземат делото на подготовка за Господовото доаѓање. Бог на родителите им доверил задача да им помогнат на своите деца да стекнат искуство слично на Христовото…

Откријте во својот живот сличност и склад со Христовиот лик. Подобрете ги талентите што ги имате; негувајте ги силите на умот и телото; зголемувајте го вашето познавање на Божјата Реч; подобрете го дарот на говорот; со сведоштво на еден побожен пример издигнете ја пред другите моќта на Речта да го преобрази карактерот.“
— Преглед и гласник, 5. октомври, 1911.

Четврток — 4. февруари
5. ЗАДАЧА ЗА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

а. Зошто било потребно Јовановите родители да го подигаат своето дете по строгите принципи на исхраната? Лука 1,15; Матеј 3,4.

„На детето ќе влијаат навиките на мајката, било на добро или на зло. Таа самата мора да биде под контрола на принципите и да вежба воздржување и самоодрекување, ако му посакува добро на своето дете. Бог имал важна задача за детето ветено на Захарија; задача која барала активно размислување и одлучна акција. Јован морал да развие здрава телесна градба, умна и морална сила; требало да ги обезбеди овие потребни услови, за неговите навики да бидат правилно насочени, уште од детството… Ве повикуваме принципите на умереност да бидат вклучени во домашниот живот; примерот на родителите да претставува поука на децата за воздржаност, самооткажување и самоконтрола и да ги спроведуваат, доколку е можно, дури од најраната возраст.“
— Historical Sketches, pp. 208, 209.

б. Зошто е толку важно да ги насочиме напорите на воспитување на своите деца? Изреки 22,6; Псалм 127,3.

„Повеќе од која било природна дарба, навиките стекнати во раните детски години одлучуваат дали некој ќе биде победник или победен во животната борба. Младоста е време за сеидба. Таа одредува каква ќе биде жетвата за овој и за идниот живот.“
— Копнежот на вековите, 60.

Петок — 5. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Ако го сакаме Бога над сѐ, како тоа ќе влијае на нашиот начин на живот?

2. Како верниот стражар треба да се однесува денес?

3. Како можеме да се подготвиме за претстојната криза?

4. Кое особено дело Бог сака денес да се изврши во семејниот круг?

5. Како можеме да ги поучуваме своите деца на умереност/воздржаност, и како тоа знаење може да им помогне во подоцнежниот живот?

2016 • 1. Квартал

7. лекција – Каде започнува реформацијата?

13. февруари 2016
„Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо.“
— Езекиел 36,26.
„Верските будења доведувале до темелно испитување на срцата и до понизност. Тие се одликувале со свечени и сериозни повици упатени до грешниците и со искрена сомилост кон оние што се откупени со Христовата крв. Мажите и жените се молеа и се бореа со Бога за спасение на душите.“
— Големата борба, 477.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за животот и исхр., 15-27.

Недела — 7. февруари
1. САМОИСПИТУВАЊЕ

а. Од каде мора да започне нашата духовна реформација? 2 Коринтјаните 13,5; Римјаните 8,10.

„Вистинската реформација започнува со чистење на душата. Нашата работа за паднатите ќе постигне вистински успех единствено доколку Христовата благодат го преобрази карактерот и ја доведе душата во тесна врска со живиот Бог.“
— Здравје и среќа, 128.

б. Која внатрешна сила е потребна за да се спроведе реформа однадвор? Тит 3,5; Езекиел 36,26.27.

„Тивкиот и тенок глас на Божјиот Дух има моќ да го промени срцето.“ – Пророци и цареви, 112.

„Планот според кој требало да се отпочне однадвор, а потоа да се работи одвнатре, секогаш пропаѓал и секогаш ќе пропадне. Божјиот план со вас е да почне во самото средиште на сите тешкотии, во срцето, и тогаш од срцето ќе излезат принципите на правдата; реформата ќе биде остварена и однадвор и одвнатре.“
— Совети за исхраната, 35.

Понеделник — 8. февруари
2. ДА СЕ ПОСМАТРА ХРИСТОС

а. Што можеме да научиме од Христовиот пример? Евреите 12,2; 1 Петрово 2,21-23.

„Законот ги осудува сите гревови и бара од сите доблест. Тој бара од човекот надворешна почит и бара чистота на душата. ‘Ете’, пишува псалмистот, ‘Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја’ (Псалм 51,6). Христос во својот живот го воздигнал Законот. Тој е модел за целото човештво. Тој го живеел Законот. Неговата чистота и добродетел, Неговата посветеност на вистината и Неговата ревност за Божјата слава го откриваат совршенството на Законот. Секоја Негова постапка претставувала откровение на Татковата волја. Бил сето она што Законот барал од Него да биде.“ – Преглед и гласник, 26. февруари, 1901.

„Христос живеел живот на совршена послушност кон Божјиот закон, и во тоа оставил пример за секое човечко суштество. Животот што Тој го живеел на овој свет ние треба да го живееме преку Неговата сила и под Негови инструкции.“
— Здравје и среќа, 128.

б. Во која смисла гледањето нѐ преобразува? 2 Коринтјаните 3,18; Псалм 119,11.

„Гледајќи на Христа ние се менуваме. Ако умот постојано се занимава со она што е минливо, тоа целосно нѐ обзема, влијае на карактерот, така што Божјата слава се губи од вид и се заборава. Се занемаруваат можностите кои на таквите им стојат на дофат на раката да се научат на она што е небесно. Духовниот живот умира.“ – Синови и ќерки Божји, 105.

„За да можеме да објавиме таква порака каква што Јован објавил, мораме да имаме духовно искуство како неговото. Истиот процес мора да се изврши во нас. Во Христа мораме да го видиме Бога и, гледајќи во Него, целосно да се изгубиме од вид себеси.“ – Слуги на евангелието, 43.

„Срцето преокупирано со Божјата Реч е наоружано против сатаната. Оние кои го земаат Христа за свој секојдневен сопатник и семеен пријател ќе почувствуваат дека невидливата сила на Божјата Реч е насекаде околу нив; гледајќи постојано во Исуса, тие ќе се преобразат во Неговиот лик. Гледајќи во Исуса, тие стануваат слични на божествениот пример; нивниот карактер е омекнат и достоен за небесното царство.“
— 4 Сведоштво, 480.

Вторник — 9. февруари
3. ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШЕТО ЈАС

а. Кога ќе видиме дека е потребна реформа, кој чекор најпрвин треба да се преземе? Марко 8,34; 2 Коринтјаните 10,5.

„Учењето на Јован предизвикало во срцата на мнозина голема желба да имаат удел во благословите што Христос требало да ги донесе, и тие ја прифатиле вистината… Ништо освен страсната желба, одлучната волја, зацртаната цел не може да одолее на моралната темнина која ја покрива Земјата како смртна покривка. Со цел да ги добиеме благословите кои претставуваат голема привилегија, тие мораат ревносно да работат и да се откажат од себе.“ – The Youth’s Instructor, May 17, 1900.

„Кога Божјиот Дух со својата чудесна сила на пробудување ќе ја допре душата, тогаш се руши човечката горделивост. Световните задоволства, положбата и власта тогаш стануваат безвредни… Тогаш понизноста и самопожртвуваната љубов, кои толку малку се ценети меѓу луѓето, се издигнуваат како единствена вредност. Тоа е дело на евангелието чијшто еден дел била Јовановата порака.“
— Копнежот на вековите, 87.

б. Колку далеку досега делото на самоодрекување? Филипјаните 1,21; 2 Коринтјаните 5,14.15; Јован 3,30.

„Гледајќи со вера во Спасителот, Јован се искачил на висина на самоодрекување. Не се обидувал да го привлече вниманието на луѓето врз себе, туку да ги издигне нивните мисли повисоко и уште повисоко, додека не ги насочи кон Божјото Јагне. Тој и самиот бил само еден глас, глас на крик во пустината. Сега со радост ја прифатил тишината и анонимноста, за очите на сите да можат да се свртат кон светлината на животот.“
— Слуги на евангелието, 44.

в. Каков став треба да заземе вистинскиот Божји гласник? Римјаните 14,7.8; Галатјаните 2,20.

„Оние кои верно го извршуваат својот повик како Божји гласници, нема да бараат никакви почести за себе. Љубовта кон себе ќе биде проголтана во љубовта за Христа. Тие ќе препознаат дека нивна работа е да прогласуваат, како и Јован Крстител: ‘Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’ (Јован 1,29).“
— Слуги на евангелието, 44.

Среда — 10. февруари
4. УМЕРНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ

а. Во која смисла правилната исхрана поттикнува на поефикасна работа? 1 Коринтјаните 9,25-27. Каде и кога ова дело треба да се примени? Филипјаните 2,5; 2 Петрово 1,5-8.

„Големото дело на реформа и умереност, за да биде целосно успешно, мора да започне во домот.“ – Преглед и гласник, 23. август, 1877.

„Светлината за здравствена реформа светли денес пред Божјиот народ за да ја увиди потребата од држење на апетитот и страстите под контрола на повисоките сили на умот. Ова, исто така, е потребно за да имаат сила и острина на умот, за да го препознаат светиот синџир на вистината и да се одвратат од маѓепсувачките заблуди и пријатни измислици кои го преплавуваат светот.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 44.

„Желбите и страстите мора да се потчинат на повисоките ментални сили на умот. Таа самодисциплина е од суштинско значење за ментална сила и духовно расудување, кое ни овозможува да ги сфатиме и да ги спроведеме во дело светите вистини на Божјата Реч. Од таа причина умереноста има свое значајно место во подготовката за второто Христово доаѓање.“
— Копнежот на вековите, 60.

б. Како треба да се охрабруваат младите да ги контролираат своите мисли? Римјаните 12,2; 1 Петрово 1,13.

„Секој од нас поединечно треба да ги препаше бедрата на својот ум, да биде трезвен и будно да бдее во молитва. Умот мора да биде строго контролиран за да се задржува само на она што ги зајакнува и облагородува моралните сили. Младите треба рано да започнат да ги негуваат исправните навики на размислување. Треба да го дисциплинираме својот ум да размислува во здрава насока и не смееме да му дозволиме да се занимава со она што е зло. Псалмистот вели: ‘Зборовите на устата моја и помислите на серцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој’ (Псалм 19,14). И додека Бог дејствува врз срцето со својот Свет Дух, човекот мора да соработува со Него. Мислите мораат да се ограничуваат, да се спречи нивното разгранување и разгледување на работи кои само ќе ја ослабнат и осквернат душата. Мислите мора да бидат чисти, помислите на срцето мора да бидат чисти, за зборовите кои излегуваат од устата да бидат прифатливи за Небото и корисни за оние со кои се дружиме.“
— Преглед и гласник, 12. јуни, 1888.

Четврток — 11. февруари
5. ПОНИЗНОСТ ВО СЛУЖБАТА

а. Што мораме да разбереме за да бидеме успешни во придобивањето на души за Христа? Лука 14,8-11; Јован 3,30.

„Пред честа доаѓа понизноста. За исполнување на високите должности меѓу луѓето, Небото бира работник кој, како Јован Крстител, пред Бога зазема ниско место. Ученикот што најмногу наликува на дете, најуспешно работи за Бога. Небесните суштества можат да соработуваат со оној што копнее да ги спаси душите, а не да се издигне себеси. Оној, кој најдлабоко чувствува дека му е потребна божествена помош ќе се моли да ја добие, а Светиот Дух ќе му даде дел од Исусовата светлина, што ќе ја зајакне и воздигне душата. По средбата со Христа, тој заминува да работи за оние кои пропаѓаат во своите гревови. Тој е помазан за својата мисија и ќе има успех таму каде што многу учени и интелектуално мудри претрпеле неуспех.“
— Копнежот на вековите, 323.

б. Што е неопходно во црквата денес? 1 Петрово 5,5.6.

„Драгоцената особина која се вика понизност за жал им недостига и на проповедниците и на црквата. Луѓето кои ја проповедаат вистината имаат премногу високо мислење за своите способности. Вистинската понизност го наведува човекот да го издига Христа и вистината и да биде свесен за својата целосна зависност од Бога, кој е Автор на вистината. Поуката за понизност се учи тешко и многу болно, но на крајот тоа донесува најблаготворни резултати. Болниот процес кој обично го следи учењето и прифаќањето на оваа поука е предизвикан од лажната претстава за себе и од лажната проценка на самите себе, така што не сме во состојба да ја увидиме нашата голема потреба.“
— 4 Сведоштво, 290.291.

Петок — 12. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што значи да се доживее промена на срцето, и како тоа може да се случи кај нас?

2. Како можеме да го следиме Христовиот пример живеејќи живот на совршена послушност на Божјиот закон?

3. Што се случува кога Божјиот Дух ќе ја допре душата?

4. Како можеме да ги контролираме нашите мисли и како тоа ќе влијае на нашите зборови?

5. Како понизноста ќе ни помогне во нашата служба за другите?

2016 • 1. Квартал

8. лекција – Реформација во домот

20. февруари 2016
„Дај синовите наши да се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки – накитени и украсени како столбови во храмот.“
— Псалм 144,12.
„Децата стануваат тоа што од нив ќе направат нивните родители со своите поуки, дисциплина и пример. Затоа од голема важност е родителите верно да ја вршат својата должност во обука на младите за служба на Бога.“
— 5 Сведоштво, 24.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Адвентен дом, 317-325.

Недела — 14. февруари
1. МЕСТО ОД КОЕ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕМЕ

а. На кого Бог му доверил сериозна одговорност да го започне делото на реформација? Малахија 4,6; Псалм 78,5-7.

„Кога родителите би можеле да ја сфатат одговорноста која почива врз нив додека нивните деца се невини бебиња, многу гревови и беда би можеле да се избегнат; за умереноста би се учело покрај огнот, а на масата би се повторувале практични пораки секој ден. Ред по ред, правило по правило, децата би биле научени на неопходната самоконтрола и самоодрекување, и потоа вистинската реформа забрзано би напредувала.“
— The Health Reformer, May 1, 1877.

б. Каде родителите можат да најдат извор на мудрост? Ефесјаните 1,17; Јаков 1,5.

„Нека родителите ги земат своите Библии и ги пребаруваат за да разберат какви се Божјите барања во однос на нивните деца. Нека настојуваат да разберат што е вклучено во родителската должност. Божјата Реч мора да биде наше правило во водењето на семејните работи.“ – Christian Education, pp. 230, 231.

„Со молитва, проучување на Библијата и марлив труд од своја страна (родителите), можат достоинствено да успеат во таа важна должност, а вложеното време и трудот можат стократно да им се исплатат.“
— Child Guidance, p. 64.

Понеделник — 15. февруари
2. ПРОШИРУВАЊЕ НА ДЕЛОТО НА РЕФОРМА

а. Каква е Божјата намера во поглед на верата на родителите? Изреки 22,6; 2 Тимотеј 1,5.

„Ако верно и совесно ги извршувате своите должности во семејството – таткото како свештеник на семејството, мајката како мисионер во својот дом – ќе ги умножите движечките сили кои ќе влијаат на добро и надвор од семејството. Развивајќи ги така своите способности, ќе станете погодни за работа во црквата и во соседството. Приврзувајќи ги на таков начин своите деца за себе и за Бога, татковците и мајките заедно со своите деца стануваат Божји соработници.“
— Counsels on Health, p. 430.

б. Што треба да направите доколку не сте успеале да го ставите Бога на прво место во својот живот и во вашиот дом? 1 Јованово 1,9; Јаков 5,16.

„Ако како родители пропуштите да ја извршите својата должност во семејниот круг, исповедајте ги своите гревови пред Бога. Соберете ги своите деца околу себе и признајте го својот пропуст. Кажете им ја својата желба да извршите реформа во домот и побарајте ја нивната помош да создадете дом каков што би требало да биде. Читајте им ги упатствата од Божјата Реч. Молете се со нив и замолете го Бога да го сочува нивниот живот и да им помогне да се подготват за дом во Неговото царство. Така ќе можете да го започнете и да го продолжите делото на вистинска реформа.“
— Преглед и гласник, 21. април, 1904.

в. Каков ќе биде резултатот на нашата верност кога целосно ќе му се предадеме на Бога? Псалм 51,9-13; Исаија 60,2.3; Дела 16,5.

“Кога големата светлина испратена од Бога ќе заблеска преку човечките орудија, ќе се изврши големо дело. Пратена со пројава на Дух и сила, вистината ќе биде откриена јасно и очигледно.

Кога ќе се изврши вистинска работа во домот, родителите ќе почувствуваат дека срцата им се поттикнати, омекнати и трогнати. Чудните предрасуди што ги негувале кон браќата и сестрите во црквата, предрасуди кои донесуваат зли родови, ќе бидат совладани и ќе исчезнат. Наместо тоа, ќе се открие дух на искреност и непристрасност, дух налик на Христа. Божјиот народ ќе ја напушти упорната желба да има сопствен пат и да ги истакнува своите идеи, бидејќи ќе разбере дека се наожа во присуство на Божјиот Син.“
— Преглед и гласник, 15. јули, 1902.

Вторник — 16. февруари
3. ВЛИЈАНИЕ НА ЦРКВАТА

а. Кога реформацијата се извршува во домот, како тоа ќе се одрази на црквата? Ефесјаните 5,27; Тит 2,14; Псалм 144,14 (втор дел), 15.

„Темел на напредокот на црквата се поставува во домот. Влијанијата кои владеат во домот се пренесуваат и во црковниот живот; затоа црковните должности најпрвин треба да започнат во домот.“ – Адвентен дом, 318.

„(Господ) сака делото на реформација да започне во домот, од родителите, и тогаш црквата ќе увиди дека Светиот Дух делува. Влијанието на таквата работа ќе се почувствува во црквата како квасец. Татковците и мајките треба да се обратат. Тие не научиле како правилно да го обликуваат карактерот на своите деца.“ – Преглед и гласник, 18. март, 1902.

„Бог ги проценува членовите на црквата според она какви се тие во својот дом. Кога Христовите зборови се почитуваат во домот, влијанието се проширува и на црквата.“
— Преглед и гл., 21. јули, 1903.

б. Во која смисла влијанието на човекот во неговиот дом ќе се одрази на неговата корисност во црквата? 1 Тимотеј 3,5. Како тоа влијае на неговата надеж на вечен живот? Матеј 25,21.

„Оној кој работи во служба на евангелието мора да биде верен во неговиот семеен живот. Како татко, од суштинско значење е што подобро да ги искористи талентите што Бог му ги дал како би направил од својот дом симбол на небесно семејство. Во службата што ја извршува тој би требало да ја искористи од Бога дадената сила да придобие души за црквата. Како свештеник во домот и како Христов претставник во црквата, тој треба, во својот живот, да го прикаже Христовиот карактер…

„Оној што ќе пропушти да се докаже како верен и разумен пастир во својот дом, сигурно нема да успее да биде верен пастир на Божјото стадо во црквата.“ – Reflecting Christ, p. 179.

„Животот на Земјата е почеток на животот на Небото; воспитувањето на Земјата е запознавање со принципите на Небото; животниот повик тука претставува обука за животниот повик таму. Она што сме сега во карактерот и светата служба, однапред јасно ни открива што ние ќе бидеме.“ – Адвентен дом, 535.

„Големото реформно движење мора да започне во домот. Послушноста на Божјиот закон е голем поттик за марливост, штедливост, вистинољубивост и меѓучовечките односи.“
— Child Guidance, p. 489.

Среда — 17. февруари
4. ПОДГОТОВКА ЗА СВЕДОЧЕЊЕ

а. Каков ќе биде нашиот одговор кога Божјиот Дух ќе ни го допре срцето? Исаија 6,8.

„Кога Бог ќе сака да изврши посебно дело за унапредување на вистината, Тој ќе ги поттикне луѓето да работат во рудниците на вистината со молитва и ревност за да ја откријат скапоцената руда. Овие луѓе ќе ја имаат Христовата истрајност. Тие нема да попуштат ниту ќе се обесхрабрат. Потполно ќе се стопат во Христа. Ќе одат во духот и силата на Илија за да го подготват патот за второто доаѓање на нашиот Господ Исус Христос. Нивна задача е да исправат што е криво. Некои работи мора да се срушат, а нешто треба повторно да се изгради. Старите богатства треба повторно да се стават во рамката на вистината. Тие луѓе треба да ја проповедаат Божјата Реч; нивното сведочење не треба да биде обликувано од мислења и идеи кои се сметале за здрави и правилни, туку од Божјата Реч која живее и останува засекогаш. Треба да го воздигнат Христа и да ги повикаат грешниците на покајание… укажувајќи им на сите на личната одговорност да бидат љубезни и великодушни, да прават добро и да придобиваат души за Христа.“
— The Ellen G. White 1888 Materials, p. 169.

б. Што ќе претставува жив доказ дека срцето е обновено? 2 Коринтјаните 5,17; Колосјаните 3,10; Матеј 5,16.

„Ако срцето е обновено од страна на Божјиот Дух, животот ќе сведочи за тоа… Промената ќе се види во карактерот, навиките и стремежите. Контрастот ќе биде јасен и недвосмислен помеѓу она што сме биле и што сме сега. Карактерот се открива и со зборови и со дела кои ни поминале во навика, а не во лоши или добри постапки кои тука и таму случајно сме ги направиле.“ – Патот кон Христа, 61.

„Љубовта на нашиот небесен Татко, откриена во дарот на својот Еднороден Син на овој свет, е доволна да ја инспирира секоја душа, да го растопи секое тврдо срце кое не чувствува љубов и да го наведе на понизност и нежност; па сепак, гледаат ли небесните битија во оние заради кои Христос умрел бесчувствителност кон Неговата љубов, тврдост на срцата, неподготвеност со благодарност да одговорат на Дарителот на сите добри нешта? Дали помалку важните настани ќе ја окупираат целокупната сила на битието, а Божјата љубов ќе остане невозвратена?… Потребен ни е раст во верата. Мораме да чекаме, да бдееме, да се молиме, да работиме, да преколнуваме Светиот Дух да се излее изобилно на нас, за да можеме да бидеме светлина на светот.“
— Fundamentals of Christian Education, pp. 198, 199.

Четврток — 18. февруари
5. ОДЕТЕ ПО ЦЕЛИОТ СВЕТ

а. Со оглед дека Христос наскоро ќе дојде, која порака треба да се упати денес? Софонија 1,14; Амос 4,12.

„Како народ кој верува во скорото Христово доаѓање, мораме да ја објавиме пораката: ‘Приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле‘ (Амос 4,12).“
— 8 Сведоштво, 359.

б. Колку далекусежна е задачата на упатување на пораката на евангелието? Исаија 61,10.11; Матеј 24,14; Откровение 14,6.

„Дојдено е времето кога пораката за скорото Христово доаѓање треба да одекне низ целиот свет.“
— 9 Сведоштво, 19.

в. Како оваа порака треба да се упатува? Дела 4,29-31.

„Денес треба да ја зборуваме вистината со света смелост.“ – Одбрани пораки 2, 52.

„Трубата мора да даде одреден звук, бидејќи се наоѓаме во подготовка пред Големиот ден Господов.“ – Евангелизам, 218.

„Од Божјите одбрани луѓе (кои се Негови амбасадори) вистината ќе засвети. Таа ќе се слушне од нивните усти, ќе се гледа на нивните лица и ќе се покаже во нивниот живот. Ќе се одликуваат со чистота и нерасипаност. Христовата благодат има прочистувачко и облагородувачко влијание врз карактерот.“
— Reflecting Christ, p. 347.

Петок — 19. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како родителите можат да го започнат делото на реформација во своите домови?

2. Ако верно ги исполнувате своите обврски во домот, каде на друго место ќе бидете во можност да работите поефикасно?

3. Како Бог нѐ мери?

4. Како можеме да бидеме светлина во овој свет?

5. Што е вклучено во пренесувањето на вистината во светот?

2016 • 1. Квартал

9. лекција – Порака до Лаодикија

27. февруари 2016
„Те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.“
— Откровение 3,18.
„Денес секој треба да го бара Господа. Без будење и реформација Божјиот народ нема да ја издржи проверката. Ниедна душа која е задоволна со самата себе Господ нема да ја прими во дворовите што ги подготвува за праведниците.“
— 7 Сведоштво, 285 ориг.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Ком. на библ. текстови, 885-897.

Недела — 21. февруари
1. ЛАОДИКИЈСКА СОСТОЈБА

а. Каков став преовладува во таканаречениот христијански свет денес? Исаија 4,1.

б. Во која опасна состојба се наоѓа Христовата црква во Лаодикијскиот период? Откровение 3,17.

„Има мнозина кои се горди на своето духовно богатство, од нивното познавање на вистината, а кои живеат во грешна самоизмама. Кога членовите на црквата ќе се понижат пред Бога, со ревносно, а не половично и безживотно дејствување, Господ ќе ги прими.“ – Преглед и гласник, 23. декември, 1890.

„Христос не може да ги прифати имињата на оние кои се задоволни во својата самодоволност. Тој не може и нема да им се наметнува на оние кои не чувствуваат дека Неговата помош им е потребна, кои тврдат дека знаат и имаат сѐ.“
— Коментари на библиските текстови, 891.

Понеделник — 22. февруари
2. ДИРЕКТНО СВЕДОШТВО ЗА ЛАОДИКИЈА

а. Какво потресна осуда Христос изнесува против оние кои тврдат дека се Негов народ? Откровение 3,15.16.

„Пораката упатена до Лаодикијците претставува потресна осуда и применлива е на Божјиот народ во сегашно време.“
— Преглед и гласник, 16. септември, 1873.

б. Која порака, упатена со цел да се поправи таквата состојба, била отфрлена во 1888 година на Генералната конференција одржана во Минеаполис? Откровение 3,18; 18,1.

„Пораката која ни ја упатиле А.Т. Џонс и Е.Г. Вагонер е Божјата порака за Лаодикијската црква, и тешко на секој кој признава дека верува во вистината, а сепак не ја рефлектира и на другите светлината што Бог ја дал.“ – Manuscript Releases, vol. 15, p. 92.

„Пораката и гласниците не биле прифатени, туку презрени. Копнеев оние на кои толку им беше потребна пораката за божествената љубов да го чујат Христовото тропање на вратата на нивното срце и да го пуштат небесниот гостин да влезе. Но, Христос залудно тропал на вратата на некои срца. Со отфрлање на пораката дадена во Минеаполис, луѓето направиле грев. Направиле далеку поголем грев негувајќи со години иста омраза кон Божјите гласници, отфрлајќи ја вистината за која Светиот Дух ги осведочувал.“ – The Ellen G. White 1888 Materials, str. 913.

„Наскоро доаѓа времето на проба, бидејќи гласниот вик на третиот ангел веќе започнал со откривање на праведноста на Исус Христос, Откупителот кој ги проштава гревовите. Ова е почеток на светлината на ангелот чија слава ќе ја исполни целата земја.“ -Одбрани пораки 1, 363.

„Причината за големиот отпор – кој во Минеаполис се подигнал против пораката која Господ ја пренел преку браќата Вагонер и Џонс – лежи во неподготвеноста на луѓето да се откажат од своите однапред создадени мислења и да ја прифатат оваа вистина. Предизвикувајќи го овој отпор, сатаната во голема мера успеал да го оневозможи нашиот народ да прими особена сила на Светиот Дух која Бог толку многу сакал да им ја даде. Непријателот успеал да спречи тие да не ја добијат силата која можеле да ја примат за да ја носат вистината по светот, како што тоа го направиле апостолите кои ја проповедале по Педесетница. Светлината која требало да ја осветли целата земја со Неговата слава била попречена поради постапките на нашите сопствени браќа. Таа светлина во голем степен му е ускратена на светот.“
— Одбрани пораки 1, 234.235.

Вторник — 23. февруари
3. НЕКА ВАШИОТ СВЕТИЛНИК ГОРИ!

а. Какво предупредување ни се упатува нам денес? Откровение 2,5; Јов 18,5.6; Еремија 25,10.

„Кога ќе престанеме да ја исполнуваме својата мисија, кога светилникот одбива да ја рефлектира светлината, а големите вистини кои ни се доверени како би ги упатиле до светот не стигнат до луѓето, тогаш светилникот ќе биде отстранет.“ – Преглед и гл., 7. јуни, 1887.

„Ние имаме порака на предупредување наменета за црквата. Бог ни вели: ‘Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш’ (Откровение 2,5). Драгоценото време кога сте можеле да придобиете души за Христа е потрошено – души кои поради вашата љубов кон удобноста се изгубени. Секој член на црквата сега треба да се разбуди и да ја врши својата должност. Нека Бог ви помогне да го прифатите тој јарем. Нека членовите на црквата се молат, постат и веруваат. Нека срцата на родителите се обратат кон нивните деца, како и срцата на децата кон родителите, ‘да не дојдам,’ вели Господ, ‘и ја сотрам земјата’.“ – Historical Sketches, pp. 286, 287.

„Живиот христијанин е оној кој не ја оставил својата прва љубов и чиј светилник не е отстранет од неговото место.“
— Преглед и гласник, 1. ноември, 1892.

б. Што треба да сториме со светлината што ја имаме? Матеј 5,16; Лука 11,33. Што ни е потребно за да може нашата светлина да блесне? Матеј 25,4.

„Треба да се угледаме на Исуса, да го примиме Неговиот Дух, да живееме во светлината на Неговата добрина и љубов и да ја одразуваме врз другите Неговата слава.“ – Мојот живот денес, 200.

„Нека црквата стане и светли. Нека секое семејство практикува самоодрекување, правејќи сѐ што е во нивна моќ да ја подобрат својата духовна состојба. Оние кои навистина се на Божјата сторона ќе го покажат тоа со постојано самоодрекување и самопожртвување. Тие ќе јадат и пијат на Божја слава, одбивајќи да ја расипат својата душа и тело со неумереност. Тогаш состојбата на црквата ќе сведочи дека нејзината светлина не е отстранета. Но, ако членовите на црквата не го направат она што Бог им го наменил, движењето на здравствената реформа ќе го продолжи своето дело без нив, и тогаш ќе се види дека Бог го отстранил светилникот од своето место. Оние кои одбиваат да примат светлина и да живеат според неа, ќе бидат оставени во позадина.“
— Manuscript Releases, vol. 13, p. 339.

Среда — 24. февруари
4. МАСЛО ВО НАШИТЕ САДОВИ

а. Во што се состои сличноста помеѓу лаодикијската состојба и состојбата на црквата прикажана со петте луди девици? Откровение 3,15.18; Матеј 25,3.8-10.

„Кај овие успиени ученици (Исус), гледал претстава на црквата која спие. Кога требале да бидат будни, тие спиеле.“ – Коментари на библ. текстови, 483.

„За состојбата на црквата претставена со неразумни девојки исто така се зборува како за состојба во Лаодикија.“ – Преглед и гласник, 19. август, 1890.

„Иако таканаречените Христови следбеници се наожаат во жалосна состојба, сепак не се во толку очаен теснец како што се нашле неразумните девојки кога светилките почнале да им се гасат, а немале време да ги наполнат своите садови со масло. Кога пристигнал младоженецот, оние што биле подготвени влегле со Него на свадбата; но кога неразумните девојки пристигнале, вратата била затворена и било предоцна за влез. Советот на верниот Сведок, меѓутоа, случајот на оние кои се наоѓаат во состојба на млакост не го прикажува како целосно безнадежен. Сепак, постои можност за нивната состојба да се пронајде лек, и пораката на Лаодикијците е полна со охрабрување, бидејќи црквата која е во назадување сепак може да го купи златото на верата и љубовта, може да ги добие облеките на Христовата праведност за да не се покаже срамот на нивната голотија.“
— Преглед и гласник, 28. август, 1894.

б. Што и е потребно на црквата која се наоѓа во состојба на поспаност и млакост? Матеј 25,4.7; Левит 24,2.

„Бог ве повикува да светите. Со интензивна грижа одржувајте ги своите светилки, долевајте масло на милост во садовите; нека вашите светилки бидат подготвени и нека горат за да може вашата светлина јасно да засвети среде моралната темнина на овој свет. Сите оние кои ја имаат вистината треба да ја држат во правда и да ја ценат нејзината вредност и светост. Треба да бараат мудрост од Бога за да можат да ги насочат зраците на светлината кон патиштата и пристапните патеки на животот. Ако сме посветени со вистината, нашите души ќе бидат проникнати со длабока и трајна свест за нејзиното значење, а нашето јадење и пиење ќе биде желбата да ѝ бидеме послушни на таа вистина и да ја пренесуваме драгоцената светлина на другите.“
— Преглед и гласник, 7. февруари, 1890.

Четврток — 25. февруари
5. СВЕТЛОНОСЦИ ВО СВЕТОТ

а. Што треба да правиме додека се извршува суд во лаодикијскиот период? Откровение 3,19-21; 14,6.

„Имаме драгоцена светлина која треба да ја објавиме на луѓето и се радуваме што имаме сегашна вистина – порака за наше време. Радосната вест дека Христос е наша Праведност им донела олеснување на многу, многу души, и Бог му вели на својот народ: ‘Одете напред’.“ – Преглед и гласник, 23. јули, 1889.

„На секој кој ја примил пораката на предупредување почива одговорност да го издига Христа и да го претстави на светот на начин на кој е откриен во сликите, навестен во симболите, како што е прикажан во откровенијата на пророците и откриен во поуките дадени на Неговите ученици и во прекрасните чуда направени за човечкиот род. Истражувајте го Светото писмо, бидејќи тоа сведочи за Него. Сакате ли да се одржите во времето на неволја, морате да го познавате Христа и да го прифатите дарот на Неговата праведност која Тој му ја припишува на грешникот што се кае.“
— Одбрани пораки 1, 363.

б. Каква состојба во Христовата црква на остатокот ќе биде сведоштво за светот? Јован 17,20.21; Евреите 13,1; 1 Петрово 3,8.9.

„Божја волја е меѓу неговиот народ да постои единство и братска љубов… Иако не смееме да жртвуваме ниту еден принцип на вистината, мораме постојано да се залагаме настојувајќи да постигнеме состојба на такво единство.“
— Патријарси и пророци, 549.

Петок — 26. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква е состојбата на црквата во Лаодикијскиот период?

2. Што го спречувало Божјиот народ да прими посебна сила на Светиот Дух пред повеќе од 100 години?

3. Како може нашата светлина да свети?

4. Каква надеж можеме да имаме додека размислуваме за разликата помеѓу Лаодикија и петте неразумни девици?

5. Каква е Божјата волја за нас денес?

2016 • 1. Квартал

10. лекција – Оживување на првобитната побожност

5. март 2016
„Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нè повика со Својата слава и совршенство.“
— 2 Петрово 1,3.
„Единствено ако на Божјиот закон му се врати неговото вистинско место, може да дојде до оживување и побожност на првобитната вера.“
— Големата борба, 494.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 301-304; Colporteur Ministry, pp.72–75.

Недела — 28. февруари
1. НАЈГОЛЕМАТА ПОТРЕБА НА ЦРКВАТА НА ОСТАТОКОТ

а. Која е најважната и неодложна потреба на црквата? Осија 6,1.2; Исаија 57,14.15.

„Оживување на вистинската побожност меѓу нас е најголемата и најитната од сите наши потреби. Да го бараме тоа треба да биде нашата прва задача.“
— Преглед и гласник, 22. март, 1887.

б. Која е таа сила која овозможува вистинско оживување? Захарија 4,6; Јован 3,5.6.

„Под влијание на Светиот Дух мора да дојде до будење и реформација. Будење и реформација се два различни поими. Будење значи обновување на духовниот живот, оживување на силите на умот и срцето, воскресение од духовната смрт. Реформацијата подразбира реорганизација, промена на идеите и теориите, навиките и практиката. Реформацијата не може да донесе добар род на правда ако не е поврзана со будење под влијание на Светиот Дух. Будењето и реформацијата треба да извршат дело кое им е наменето, и во тоа мора да бидат поврзани.“
— Преглед и гласник, 25. февруари, 1902.

Понеделник — 29. февруари
2. ДЕЛО НА ОБНОВА

а. Што сѐ е вклучено во нашата мисија? Исаија 58,12; Дела 3,20.21.

„Жива сила мора да ја прати веста за второто Христово доаѓање. Не смееме да застанеме додека не видиме дека многу души се обратиле кон блажената надеж во Господовото враќање. Веста која во времето на апостолите ја носеле учениците извршила големо дело; луѓе кои им служеле на идолите се обраќале кон служба на живиот Бог. Задачата која треба денес да се изврши не е ништо помалку реална; а вистината не е ништо помалку вистина; само треба да ја објавуваме веста со толку поголема сериозност колку што е поблизу Господовото доаѓање. Веста за денешно време е позитивна, едноставна и од најголемо значење. Ние мора да постапуваме како мажи и жени кои веруваат во тоа. Наша задача е да чекаме, да бдееме, да работиме, да се молиме и да го предупредуваме светот.“
— Евангелизам, 219.

б. Како Неемија се соочувал со пречките при обновата на ерусалимските ѕидови после враќањето од ропство? Неемија 6,3. Што можеме да научиме од ова искуство?

„Делото на обнова и реформа што го извршиле повратниците од ропството передводени од Зоровавел, Ездра и Неемија претставува слика на духовна обнова која мора да се изврши во последните денови од историјата на овој свет. Остатокот на Израел бил слаб народ, изложен на бесот на непријателот, но Бог сакал токму тој народ да го сочува на земјата сознанието за Него и Неговиот закон. Тие биле чувари на вистинското богослужение, чувари на светите пророштва. Доживеале многу искуства додека работеле на обновата на храмот и ѕидовите на Ерусалим, и наидувале на силно противење. Тешко било бремето што го носеле водачите во тоа дело, но тие луѓе работеле со непоколеблива доверба, понизен дух, цврсто потпирајќи се на Бога и верувајќи дека Тој ќе направи Неговата вистина да триумфира. Слично на царот Езекија, Неемија ‘се приврза кон Господ, не отстапувајќи од Него и ги пазеше заповедите Негови…И Господ беше со него’ (2 Царевите 18,6.7).“ – Пророци и цареви, 459.

„Бог повикува луѓе како Илија, Натан и Јован Крстител- луѓе кои верно ќе ја објавуваат пораката без оглед на последиците; луѓе кои храбро ќе ја говорат вистина, па дури ако за тоа мораат да жртвуваат сѐ што имаат.“
— Пророци и цареви, 95.

Вторник — 1. март
3. ОПРАВДУВАЊЕ НА ГРЕВОТ

а. Како Библијата го дефинира гревот? 1 Јованово 3,4. Како Бог гледа на немудрите симпатии кон гревот? Тит 3,10.11; Ефесјаните 5,11.

„Во делото на реформа која треба да се спроведе денес, потребни се луѓе кои, слично на Ездра и Неемија, нема да го ублажуваат или да се изговараат за гревот, ниту ќе се срамат да се борат за Божјата слава. Оние врз кои почива товарот на ова дело нема да останат мирно кога луѓето прават неправда, ниту ќе го прекриваат злото со наметка на лажно милосрдие. Тие ќе имаат на ум дека Бог не гледа кој е кој и дека строгоста кон неколкумина може да се покаже како милост за мнозина. Тие, исто така, ќе имаат на ум дека кај оној кој го укорува злото, Христовиот Дух секогаш ќе се открива.“ – Пророци и цареви, 457.458.

„Постои извесна наклоност кон гревот и грешниците која претставува опасност за напредокот на црквата во нашите денови. ‘Морате да имате братска љубов’, може да се слушне. Но сентименталноста која пронаоѓа изговор за гревот и го штити виновникот не е братска љубов.“
— Знаците на времето, 6. јануари, 1881.

б. Дали гревот смее да помине без укор? Ефесјаните 5,11; 2 Тимотеј 4,2.

„Кога во црквата повторно ќе се слушне гласот на укор: ‘Ти си тој’ (Самоил 12,7). Кога тие зборови не би биле така ретки, ние би виделе многу поголема манифестација на Божјата сила. Божјите гласници не треба да се жалат на неуспех во своите напори сѐ додека не се покајат за својата желба за одобрување од страна на луѓето, бидејќи тоа ги наведува да ја премолчат вистината и да викаат: ‘Мир’, и тогаш кога Господ не објавува мир“ – Слуги на евангелието, 135.

„(Јован 20,23). Христос со ова не му дава право ниту на еден човек да им суди на другите. Тој тоа изрично го забранил во својата Беседа на гората. Тоа право му припаѓа само на Бога. Меѓутоа, Тој црквата како организирана целина ја прави одговорна за поедините членови. Оние што ќе паднат во грев, црквата е должна да ги предупредува, поучува и, ако е можно, да ги поправи. ‘Укорувај, забранувај, советувај – вели Господ – со голема долготрпеливост и поука’ (2 Тимотеј 4,2). Постапувајте правилно со оние што грешат. Предупредете ја секоја душа која е во опасност. Не дозволувајте било кој да падне во самоизмама. Нагласувајте го она што Бог го рекол за лажењето, кршењето на саботата, кражбата, идолопоклонството и сите други зла. ‘Оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо’ (Галатјаните 5,21).“
— Слуги на евангелието, 448.

Среда — 2. март
4. РЕВНОСТ ДА СЕ ПОСТАПИ ПРАВИЛНО

а. Колку ревно треба Божјите гласници да се залагаат за она што е право? Исаија 58,1.

„Во овие денови на речиси сеопшт отпад, Бог ги повикува своите гласници да го објавуваат Неговиот закон во духот и силата на Илија. Како што Јован Крстител, подготвувајќи го народот за првото Христово доаѓање, им обрнувал внимание на своите слушатели на прописите на Десетте Божји заповеди, така и ние требаме јасно и одредено да ја објавуваме пораката: ‘Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд’ (Откровение 14,7). Со срдечност која била карактеристична за пророкот Илија и Јован Крстител, и ние мораме да се трудиме да го подготвиме патот за второто Христово доаѓање.“ – Коментари на библ. текстови, 425.

„Нашата порака мора да биде исто така одредена и непосредна како што била и Јовановата. Тој бестрашно ги укорувал властодршците поради нивното беззаконие. Иако поради тоа и самиот живот му бил во опасност, не се двоумел да ја објави Божјата Реч. И нашето дело во овој век мора исто така да биде извршено.“
— Слуги на евангелието, 43.

б. Како ние често реагираме кога сме повикани да се вклучиме во делото на реформацијата, и како тоа влијае на другите? Второзаконие 20,8.

в. Што треба да се сетиме во тие моменти? Исаија 35,4; Матеј 28,20 (последен дел).

„Илија не смеел да го напушти местото на својата должност. Требало да му се обрати на Оној кој го пратил да ја одбрани честа на Јехова, молејќи Го за заштита од гневот на Језавела. Требало да му каже на гласникот дека Бог, во кого се надева, ќе го заштити од омразата на кралицата. Поминале само неколку часа откако бил сведок на манифестацијата на чудесната божествена сила, и тоа требало да му биде сведоштво дека Бог нема да го напушти. Да останал таму каде што се наоѓал, да се потпрел на Божјата сила и заштита, да останал одлучен бранител на вистината, би бил заштитен од сѐ. Господ би му подарил уште една победа казнувајќи ја Језавела; а впечатокот оставен врз царот и кај народот би довел до голема реформација.“
— Пророци и цареви, 106.

Четврток — 3. март
5. МОЌТА НА ПРИМЕРОТ

а. Како ефикасна и далекусежна може да биде моќта на примерот? 1 Тимотеј 4,12; Исаија 62,10.

„Народот ретко кога ќе се издигне на поголем степен од својот проповедник. Ако во проповедникот владее дух на љубов кон световните работи, тоа ќе има големо влијание на другите. Луѓето ќе се повикуваат на неговите мани како изговор за својата љубов кон светот… Проповедниците би требало да му даваат пример на стадото. Кај нив треба да се огледа постојана љубов за душите и иста преданост кон делото кое би сакале да го видат кај народот.“
— 2 Сведоштво, 728.

б. Како сите ние можеме да живееме во самоизмама во поглед на нашата состојба? Матеј 23,25-28. Што е лекот за тоа? Јаков 4,8.

„Реформаторите не се рушители. Тие никогаш нема да се трудат да ги уништат оние кои не постапуваат во склад со нивните планови и не ги усвојуваат. Реформаторите мораат да одат напред, не повлекувајќи се. Тие мораат да бидат одлучни, цврсти, решителни, непоколебливи, но цврстината не смее да се изопачи во надмоќен дух. Бог сака сите кои му служат да бидат цврсти како карпа во поглед на принципите, но кротки и понизни во срцето како што бил Христос. Тогаш, ако се во Христа, ќе можат да го извршат делото кое Тој би го извршил да е на нивно место.“ – 6 Сведоштво, 114.

„Христовата религија и најгрубиот и најжесток темперамент го прави благ и го облагородува држењето колку и да е неугледно и грубо. Нашите зборови ги прави нежни, а однесувањето привлечно. Да се научиме од Христа како високото чувство на чистота и честитост да го усогласиме со ведрото расположение. Учтивото и љубезното христијанско однесување претставува најсилен доказ кој можеме да го изнесеме во прилог на христијанството.“
— Colporteur Ministry, p. 73.

Петок — 4. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која е најголемата потреба на црквата денес?

2. Како и ние можеме да се вклучиме во проповедање на пораката за Исусовото скоро доаѓање?

3. Каква е одговорноста на црквата кон своите членови?

4. Каков треба да биде нашиот став кога ќе се прифатиме за делото на реформација?

5. Како можеме да го следиме Исусовиот пример во начинот на кој постапуваме со другите?

2016 • 1. Квартал

11. лекција – Наша порака

12. март 2016
„Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос.“
— Колосјаните 2,8.
„Божја намера не е на грешниците да им испраќа гласници кои ќе им ласкаат и ќе ги задоволат нивните желби. Тој не праќа никаква порака за мир и спокој за непосветените да не заспијат во лулката на телесната сигурност, туку полага тешко бреме на одговорност врз совеста на престапникот и ја прободува неговата душа со остри стрели на осуда.“
— 4 Сведоштво, 136.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 79-87.

Недела — 6. март
1. РАЗВОДЕНЕТА ПОРАКА

а. Како е можно да се ослаби или обессили Божјата порака? 1 Коринтјаните 1,17; Марко 7,13.

б. Што често им се зборува на луѓето наместо верна порака? Еремија 6,14.15; Езекиел 13,10.

„Луѓето се осмелуваат да направат гревови кои се тешки во Божјите очи и мислат дека поради тоа не треба да бидат повикани на одговорност; велат дека тоа го направиле поради нервоза или поради посебен темперамент, но тоа е само смирување на совеста и повик: ‘Мир, мир, кога нема мир’. Гревот е грев, и тоа е сатанска измама гревот да се гледа во поинаква светлина отколку што навистина е.“
— Преглед и гласник, 1. август, 1893.

в. Како Бог гледа на ласкањето? Псалм 5,9; 12,3. Што се постига со ласкање? Изреки 26,28; 29,5.

„Пофалбите, ласкањето и попуштањето направиле многу повеќе во насочување на драгоцените души на лажни патеки од која било друга сатанска измама.“
— Fundamentals of Christian Education, p. 304.

Понеделник — 7. март
2. НАШИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

а. Каква била исхраната на Јован, и што е кажано за неговиот карактер? Матеј 3,4; Лука 1,80. Во која смисла неговиот начин на живот претставувал укор за луѓето во тоа време?

„Во времето на Јован Крстител, алчноста за богатство, љубовта кон раскошот и надворешното покажување биле многу распространети. Сетилните задоволства, веселбите и пијанките предизвикале телесни заболувања и дегенерација што ги умртвувале духовните способности и ја намалувале чувствителноста кон гревот. Јован требало да стои како реформатор. Со својот умерен живот и со едноставната облека, тој претставувал укор за неумереноста во тоа време. Затоа ангелот од небесниот престол им дал на Јовановите родители упатства за умереност.“ – Копнежот на вековите, 60.

„Со години Бог го насочувал вниманието на својот народ кон здравствената реформа. Тоа е една од големите гранки на делото за подготовка на доаѓањето на Синот Човечки. Јован Крстител, во духот и силата на Илија, одел напред да го подготви патот на Господа и да го обрати народот кон мудроста на праведниците. Тој бил претставник на оние кои живеат во овие последни денови, на кои Бог им ги доверил светите вистини да ги објават на луѓето, да го подготват патот за второто Христово доаѓање. Јован бил реформатор. Ангелот Гаврил, директно од небото, им дал упатства за здравствената реформа на таткото и мајката на Јован. Ангелот рекол дека Јован не смее да пие вино ниту жесток пијалак, бидејќи уште од своето раѓање треба да биде исполнет со Светиот Дух.“
— Совети за исхраната, 71.

б. Споредете ја облеката на Јован со онаа на Илија. Матеј 3,4; 2 Царевите 1,8. Каква е тоа поука за нас?

„Невообичаениот изглед на Јован будел кај слушателите сеќавања на старите пророци. Со своето однесување и облекување, Јован бил сличен на пророкот Илија. Со силата и духот на Илија, тој ја осудувал расипаноста на народот и ги укорувал гревовите кои преовладувале. Неговите зборови биле јасни, директни и убедливи. Мнозина верувале дека тој е еден од пророците кој воскреснал од мртвите. Кај целиот народ постоела силна возбуда. Мноштво се слевало во пустината.“ – Копнежот на вековите, 63.

„Чистата едноставност и неизвештаченост треба да биде обележје и на домовите и на облеките на сите оние кои веруваат во свечената вистина за ова време.“
— 5 Сведоштво, 125.

Вторник — 8. март
3. НЕМА МЕСТО ЗА ГОРДОСТ, СУЕТА, ЕКСТРАВАГАНТНОСТ

а. Каков треба да биде нашиот став кон световните работи? 1 Јованово 2,15-17. Кој основен принцип се наоѓа зад здравствената реформата и која е неговата цел? 1 Тимотеј 2,9.10; Броеви 15,38-40.

„На децата на Израел, откако биле изведени од Египет, им било заповедано на своите облеки да носат едноставна сина лента со која ќе се разликуваат од околните народи и која ќе ги обележува како посебен Божји народ. Денес од Божјиот народ не се бара на својата облека да носи посебни ознаки, но во Новиот Завет ние често се навраќаме на примери од древниот Израел. Ако Бог му дал на својот народ во минатото толку одредени и јасни упатства во поглед на нивната облека, нема ли Тој да ја забележи и облеката на својот народ во денешно време? Зарем не треба да постои разлика во нивното облекување од она на светот? Зарем не треба Божјиот народ, кој е Негово особено богатство, да настојува и со својата облека да го прослави Бога? Зарем не треба да бидат пример и со своето облекување и со својот едноставен стил да ја укоруваат гордоста, суетата и екстраваганцијата на световните луѓе кои сакаат задоволства? Бог го бара ова од својот народ. Неговата Реч ја осудува гордоста.“
— Преглед и гласник, 23. јануари, 1900.

б. Што често се случува кога Божјиот народ ќе го напушти Бога и каква е нашата одговорност кон овие браќа и сестри? Изреки 28,4; Римјаните 1,32.

„Кога оние што се обединуваат со светот, но сепак се прогласуваат себеси дека се чисти, се залагаат за единство со оние кои секогаш се противеле на делото на вистината, од нив мора да се плашиме и да ги избегнуваме, исто онака одлучно како што тоа го правел Неемија. Такво наговарање може да потекнува само од непријателот на сите добра. Тоа се зборови на лицемери кои и денес треба да ги отфрлиме исто онака одлучно како и некогаш. Мора да се пружи одлучен отпор на секое влијание чија цел е да ја поткопа верата на Божјиот народ во Неговото водство.“ – Пророци и цареви, 447.

„Постојат моменти кога отпадништво се појавува во нашите редови, кога од срцата на оние кои треба да држат чекор со својот божествен Водач исчезнува побожноста. Божјиот народ се одвојува од изворот на својата сила, а потоа следуваат гордост, суета, екстравагантност и фалење. Постојат идоли одвнатре и идоли однадвор, но Бог го испраќа Утешителот да го укори гревот за Неговиот народ да биде предупреден на своето отпадништво и изобличен поради своето застранување.“
— Christian Education, 95.

Среда — 9. март
4. ВОЗДИГАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ

а. Како може да се издигне принципот на вистината денес? 2 Петрово 1,10-12; 2 Тимотеј 2,15; Римјаните 12,9.

„Сите оние кои се приклучуваат на црквата треба да откријат една трансформација на карактерот која ја покажува нивната почит кон светите нешта. Целиот нивен живот треба да биде моделиран според чистотата и префинетоста на Исус Христос. Оние кои се приклучуваат на црквата треба да бидат доволно понизни за да примат упатства во оние точки каде што имаат недостатоци и каде можат и мораат да се променат. Тие мораат да вршат христијанско влијание. Оние кои не се менуваат во зборовите и однесувањето, во облекувањето или во својот дом, живеат само за себе, а не за Христа. Не се создадени повторно во Исуса Христа, со внатрешно чистење на срцето и на она што однадвор ги опкружува.“ – Testimonies to Southern Africa, p. 87.

„Наредено ми е да кажам дека има потреба од реформа во секоја црква, во секое семејство. Ние немаме време да го посветиме на уживања, ниту пак средства да ги инвестираме во купување фотографии со човечки лица. Инвестирајте ги своите пари во Божјото дело. Водете сметка за примерот кој го оставате. Од најголемо значење за секоја душа е да го љуби и да се плаши од Бога и да ги почитува Неговите заповеди. Сите ние треба подобро да се запознаеме со законите на Божјото царство за да не ја изгубиме полисата за осигурување на вечен живот (2 Петрово 1,10-12) и да не пропуштиме да најдеме влез во Божјиот град.“
— Manuscript Releases, vol. 21, p. 409.

б. На што треба да се базираат нашите принципи? Исаија 59,19; 8,20; Проповедник 12,13.

„Но Бог на земјата ќе има свој народ кој ќе внимава на Библијата, и само на Библијата, како мерило на сите науки и темел на секоја реформа. Ниту мислењата на учените луѓе, ниту тврдењата на науката, ниту верските догми или одлуки на црковните собори, толку многубројни и спротивни како и црквите што ги застапуваат, ниту гласот на мнозинството – ниту едно од ова, ниту сите заедно не можат да се сметаат како доказ за или против која и да е точка на верата. Пред да примиме која било наука или пропис, треба да се увериме дека е во согласност со она јасното: ‘Така кажува Господ!’“
— Големата борба, 619.

Четврток — 10. март
5. ДОДАТНА СИЛА НА ПОРАКАТА

а. Како Светиот Дух може да помогне во упатувањето на завршната порака на вистината? Дела 2,1.4; Откровение 2,26.

„Кога од црквата ќе исчезне немарноста и мрзливоста, Божјиот Дух милостиво ќе се покаже. Божествената моќ ќе биде откриена. Црквата ќе го согледа делувањето на провидението на Господ над војските. Светлината на вистината ќе блеска со јасни, силни зраци, и многу души, како во времето на апостолите, од заблуда ќе се обратат кон вистината. Земјата ќе биде осветлена со славата на Господ.“
— 9 Сведоштво, 42.

б. Кога можеме да очекуваме Божјата сила да се манифестира на чудесен начин во исцелување на болните? Матеј 17,19-21; 1 Коринтјаните 10,31; 9,27.

„Вие можете да кажете: ‘Зошто тогаш не се прифатиме за работа и не ги лекуваме болните како што тоа го правел Исус?’ Мојот одговор е: ‘Вие не сте подготвени’. Некои верувале и некои се излекувале, но има и многу кои се разболеле поради неумереност во исхраната или поради попуштање на погрешните навики. Кога ќе се разболат, дали ќе се молиме да се подигнат, за повторно да продолжат по старо? Мора да се изврши реформа во нашите редови; луѓето мора да постигнат повисоки стандарди пред да можеме да очекуваме Божјата сила да се манифестира на јасен начин во оздравувањето на болните.“
— Medical Ministry, pp. 15, 16.

Петок — 11. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што е ласкање и зошто христијанинот не треба да го користи?

2. Како Јован ја осудувал неумереноста распространета во негово време? Што ова значи за нас?

3. Што се случува со оние кои се горди, суетни и екстравагантни?

4. Како откриваме дека сме создадени одново во Христа?

5. Со цел да напредува пораката во сила, како треба да живееме?

2016 • 1. Квартал

12. лекција – Делото на обнова

19. март 2016
„И ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови.“
— Исаија 61,4.
„Христос дошол на вистинското место да ги постави вистините кои биле ставени на погрешно место и на тој начин се помагало во ширење на заблудите. Тој ги потсетувал на нив, ги повторувал и ги ставил во соодветна рамка на вистината и заповедал цврсто да останат тука засекогаш. Таков бил случајот со Божјиот закон, саботата и со брачната институција.“
— Manuscript Releases, vol. 17, p. 21.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Адвентен дом, 326-339.

Недела — 13. март
1. САБОТАТА – УРНАТИНА ВО БОЖЈИОТ ЗАКОН

а. Од какво значење е поправањето на урнатините настанати во Божјиот закон? Исаија 58,12; 1 Царевите 18,30; Неемија 2,17.

„При завршетокот на историјата на светот сите божествени институции ќе бидат обновени. Ќе се санираат урнатините во законот кој ги направил човекот престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и дека саботата од четвртата заповед мора да постои како постојан спомен на создавањето и Божјата сила. Тој мора со јасни и разбирливи зборови да укаже на обврската за држењето на сите десет заповеди.“ – Пророци и цареви, 460.

„Заповедта за саботата е сместена во средината на Декалогот; таа е воспоставена во Едем, во исто време кога Бог ја воспоставил брачната врска. Бог ја дал саботата како спомен на Неговата создавачка сила и дела… Тој го направил нејзиното празнување задолжително за човекот за да може да размислува за Божјите дела, Неговата добрина, Неговата милост и љубов, и преку природата да може да го види Бога кој ја создал таа природа. Кога човекот секогаш би ја празнувал саботата, никогаш не би постоел ниту еден неверник или атеист во светот.“
— Знаците на времето, 13. февруари, 1896.

Понеделник — 14. март
2. БРАКОТ И СЕМЕЈНАТА ЦЕЛИНА

а. Каков бил првобитниот Божји план во поглед на бракот? Создавање 2,24; Матеј 19,4-6.

„Кога подоцна фарисеите го испитувале во врска со законитоста на разводот, Исус ги потсетил своите слушатели дека уредбата на бракот била воспоставена при создавањето. ‘Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така’ (Матеј 19,8). Ги потсетил на блаженото време во Едем кога Бог сѐ создал и изјавил ‘дека тоа е добро’. Оттаму потекнуваат бракот и саботата, две уредби создадени на слава на Бога и на благослов на човештвото. Кога Создателот со брачен завет ги споил рацете на светиот пар, кажувајќи дека ‘човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело’ (Создавање 2,24), прогласил закон за бракот кој важи за сите Адамови деца до крајот на времето. Она што самиот вечен Отец го прогласил за добро е закон кој на луѓето треба да им донесе најголем благослов и да им овозможи највисок развој.“ – Адвентен дом, 340.341.

„Бракот постои од создавањето; го воспоставил Бог и тој е божествена уредба. Брачната институција е основана во Едем. Саботата од четвртата заповед е воспоставена во Едем кога се поставени темелите на Земјата, кога ликувале утринските ѕвезди и сите Божји синови извикувале од радост. Тогаш нека оваа, Божјата институција на бракот, стои пред вас цврсто и непоколебливо како и саботата од четвртата заповед.“
— Manuscript Rel., vol. 1, pp. 160, 161.

б. Како брачната институција и семејните односи ќе бидат обновени во последните денови? Малахија 4,5.6; Матеј 17,11; Дела 3,20.21.

„Имало две институции кои се основани во Едем, а кои не го изгубиле своето значење по потопот; тоа се саботата и брачната заедница. Нив човекот ги понел со себе надвор од портите на рајот. Оној кој ја љуби и празнува саботата и кој ја одржува чистотата на брачната институција, со тоа докажува дека е пријател на Бога и на луѓето. Оној кој со поука или пример ја намалува обврската на овие свети институции е непријател на Бога и човекот и неговото влијание и неговите од Бога дадени таленти доведуваат до состојба на конфузија и морална расипаност.“
— Знаците на времето, 28. февруари, 1884.

Вторник — 15. март
3. ПРАКТИКУВАЊЕ НА УМЕРЕНОСТА ВО ИСХРАНАТА

а. Каков начин на живот треба да водат оние кои се подготвуваат за Исусовото скоро доаѓање? 1 Коринтјаните 9,25; 10,31; Лука 4,2-4.

„Јован Крстител бил пратен во духот и силата на Илија да го приготви патот на Господа и да го обрати народот кон мудроста на праведниците. Тој бил претставник на оние што живеат во последните денови, на кои Бог им ги доверил светите вистини да им ги пренесат на луѓето за да го подготват патот за второто Христово доаѓање. Оние кои во денешно време треба да го предупредат светот на доаѓањето на Синот Човечки, мораат да се придржуваат до истите принципи на умереност како Јован Крстител.“ – Christian Temperance and Bible Hygiene, p. 39.

„Бидејќи нашите прародители со попуштање на апетитот го загубиле Едем, нашата единствена надеж да се вратиме во Едем е цврсто да се спротивставиме на апетитот и страстите. Умереноста во исхраната и владеењето со своите страсти ќе го сочува умот и ќе даде умна и морална сила, оспособувајќи ги луѓето сите свои склоности да ги стават под контрола на повисоките сили и да ја воочат разликата помеѓу доброто и злото, светото и обичното.“
— 3 Сведоштво, 382.

б. Каква исхрана првобитно била предвидена за Адам? Создавање 1,29; 3,18.

„За да дознаеме која храна е најдобра, мораме да го проучиме Божјиот првобитен план за исхраната на луѓето. Оној, кој го создал човекот и кој ги разбира неговите потреби, му ја одредил храната на Адам. ‘Еве’ – рекол Бог: ‘Ви дадов секаков вид растение, што дава семе… и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид. Тоа да ви биде за храна’ (Создавање 1,20). Кога го напуштил Едем и тргнал да си обезбеди егзистенција обработувајќи ја земјата под проклетството на гревот, човекот добил дозвола да јаде и ‘полска трева’ (Создавање 3,18). Житарките, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови ја сочинуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, подготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива, Таа ја зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана“
— Здравје и среќа, 230.231.

в. Каков став во однос на исхраната е штетен за духовното искуство? Исаија 22,13.14.

Среда — 16. март
4. ПРОМЕНА НА СРЦЕТО

а. Пред да може Бог да го започне делото на обнова со секој од нас, што прво мора да се случи? Изреки 28,13; Псалм 32,5; 1 Јованово 1,9.

„Ако сме згрешиле против Бога, никогаш нема да имаме мир и повторно да најдеме милост кај Него ако целосно не ги признаеме гревовите и не се поправиме во она во што сме биле несовесни. Сѐ додека не ги искористиме сите средства кои ни се на располагање за да го поправиме направеното зло, Бог не може да го одобри и благослови. Патот на признавањето на гревот е понижувачки, но тоа е единствениот начин со кој можеме да стекнеме сила да победиме. Можеби никогаш нема да успееме така да ги исправиме сите пропусти и недостатоци за нашата работа да биде до таа мера совршена и на Бога угодна како што би требало да биде; сепак, колку што е тоа можно, треба да се вложи секој напор за да се постигне таа цел.“
— Преглед и гласник, 22. мај, 1888.

б. Што Бог ветил дека ќе направи со срцата на оние што сакаат да Му служат? Езекиел 36,26.

в. Колку вистината во целост ќе го проникне обратениот христијанин? Римјаните 10,10; Марко 12,30. Каква постојано ќе биде неговата молитва? Псалм 139,23.24.

„Вистината во секоја смисла мора да стане вистина за оној што ќе ја прими. Таа мора да биде втисната во срцето… Срцето е тврдина на нашите битие, и сѐ додека не биде во целост на Господовата страна, непријателот постојано ќе здобива победи со помош на своите вешто смислени искушенија.“ – In Heavenly Places, p. 140.

„Бог гледа на срцето; сѐ е ‘голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме’ (Евреите 4,13). Дали тој ќе биде задоволен со било што друго освен со делувањето на вистината одвнатре? Секоја вистински обратена душа носи очигледни знаци дека мудрувањето на телото е покорено.“
— 1 Сведоштво, 163.

Четврток — 17. март
5. ТРАЈНА ПОРАКА

а. Каков е односот на праведникот кон пораката на вистината, за разлика од безбожникот? Изреки 4,19.18; 2 Петрово 3,18.

„Посветената душа нема да се задоволи да остане во незнаење, туку ќе сака да оди во светлина и да бара уште поголема светлина. Како рударот кој копа во потрага по злато и сребро, Христовиот следбеник ќе ја бара вистината како сокриено богатство и ќе напредува од светлина во уште поголема светлина, постојано зголемувајќи го своето знаење. Тој постојано ќе расте во благодатта и познавањето на вистината. Сопственото јас мора да се победи. Мораме да ја распознаеме секоја карактерна мана во Божјоото големо огледало.“
— Одбрани пораки 1, 317.

б. Колку долго вистината ќе трае? Псалм 100,5; 117,2; Изреки 12,19. Колку долго делото на реформација ќе продолжи со работата?

„Реформацијата, како што тоа многумина го мислат, не завршила со Лутер. Таа мора да продолжи до крајот на историјата на овој свет. Лутер имал голема задача да ја рефлектира на другите светлината со која Бог го осветлил. Сепак, тој не ја примил целата светлина која требало да биде дадена на светот. Од тоа време па сѐ до сега, страниците на Светото писмо постојано зрачат нова светлина, а нови вистини постојано се откриваат.“
— The Story of Redemption, p. 353.

Петок — 18. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога саботата е дадена на човештвото и со каква цел?

2. Што се случува во општеството кога луѓето ја игнорираат Божјата сабота и Неговиот план за бракот?

3. Како умереноста или недостатокот на умереност влијаат на нашите избори?

4. Што треба да сфатиме за состојбата на нашето срце ако постојано доживуваме неуспех кога сме во искушение?

5. Ако навистина сме посветени, каков ќе биде нашиот став кон светлината или знаењето?

2016 • 1. Квартал

13. лекција – Должноста на црквата

26. март 2016
„Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите.“
— Исаија 62,10.
„Нека во совеста, како со железно перо во камен, ви биде запишано дека вистинскиот успех, и за овој и за идниот свет, може да се осигура само со верна приврзаност на вечните начела на правдата.“
— 7 Сведоштво, 146.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Евангелизам, 217-221.

Недела — 20. март
1. ПОРАКА ЗА НАС

а. Зошто е важно да ја примениме на себе пораката на Вистинитиот Сведок упатена до Лаодикија? Откровение 3,14-17; 1 Коринтјаните 8,2; 10,12.

„Пораката упатена до Лаодикија всушност се однесува на оние кои не ја применуваат на себе.“
— Counsels to Writers and Editors, p. 99.

б. Што покажува дека лаодикијската состојба не е безнадежна? Откровение 3,18. Што треба да направиме за да го примениме тоа лековито средство? 1 Петрово 5,6; Псалм 147,11.

„Советот на верниот Сведок, меѓутоа, случаевите на оние кои се наоѓаат во состојба на млакост не ја прикажува како целосно безнадежна. Сепак, постои можност за нивната состојба да се пронајде лек, и пораката на Лаодикијците е полна со охрабрување бидејќи црквата која е во назадување сепак може да го купи златото на верата и љубовта, може да ги добие облеките на Христовата праведност да не се покаже срамот на нивната голотија. Чистотата на срцето и мотивите сепак можат да станат обележје на оние кои сега се половични и кои се обидуваат да му служат на Бога и на мамона. Тие сѐ уште можат да ги исперат облеките на својот карактер и да ги избелат во крвта на Јагнето.“
— Коментари на библ. текстови, 896.

Понеделник — 21. март
2. ПОВИК НА БУДЕЊЕ

а. Што треба да направиме за да имаме удел во објавувањето на последната порака на светот? 1 Коринтјаните 15,34; Римјаните 13,11.

„Живееме во завршните сцени од историјата на оваа земја. Пророштвата брзо се исполнуваат. Часовите на искушенија брзо поминуваат. Немаме време ниту за момент за губење. Да не се најдеме како спиеме на стража. Нека никој не вели во своето срце или со своите дела: ‘Мојот господар уште долго нема да дојде’. Веста за скорото Христово доаѓање треба да се објави со сериозни зборови и предупредувања. Да ги уверуваме насекаде мажите и жените да се покајат и да бегаат од гневот што иде. Мораме да ги поттикнеме веднаш да пристапат кон подготовка затоа што малку знаеме за тоа што ни претстои. Проповедниците и членовите нека заминуваат во полиња што дозреваат и да ги предупредуваат лекомислените и рамнодушните да го бараат Господа додека може да се најде. Работниците ќе најдат жетва каде и да ја објавуваат заборавената библиска вистина. Ќе ги најдат оние кои ќе ја прифатат вистината и кои своите животи ќе ги посветат на придобивање на души за Христа.“
— 8 Сведоштво, 198.

б. Кое дело денес треба да напредува? Неемија 2,18; Псалм 94,16.

„Господ сака Неговиот народ да се подигне и да ја изврши задачата што му е доверена. Одговорноста да се предупреди светот не се темели само на работниците во мисионското дело. Членовите на црквата треба да учествуваат во спасувањето на душите. Со мисионерски посети и со мудра дистрибуција на нашата литература, може да се допре до оние кои никогаш не биле предупредени. Нека се организираат групи во потрага по души. Нека членовите на црквата ги посетуваат своите соседи и да ги отворат пред нив Светите Списи. Можеби некои ќе бидат одредени да работат ‘меѓу оградите’ и на тој начин, со мудро планирање, вистината може да биде проповедана во сите области. Со истрајност и упорност во оваа работа, ќе се зголемат и способностите, и мнозина ќе ги видат плодовите на својата работа во спасување на душите. Оние, пак, кои ќе се обратат, за возврат ќе ги поучуваат другите. На тој начин семето ќе се сее во многу места и вистината ќе им биде објавена на сите.“ – Преглед и гласник, 25. јануари, 1912.

„Сега имаме предупредувања кои можеме да ги упатиме и работа која сега можеме да ја извршиме, но наскоро ќе биде потешко отколку што можеме да замислиме.“
— Евангелизам, 218.

Вторник — 22. март
3. ОЖИВУВАЊЕ НА СУВИТЕ КОСКИ

а. Во визијата дадена на пророкот Езекиел во врска со долината на сувите коски, што Бог ветил дека ќе направи со нив? Езекиел 37,5.6. Кој бил изворот на сила кој им дал живот на коските? Езекиел 37,13.14.

„Каква сила мораме да имаме од Бога за срца кои имаат само законска религија да можат подобро да ги увидат нештата кои им се обезбедени – Христа и Неговата правда! Животворната порака била потребна за на сувите коски да им се вдахне живот.“ – Одбрани пораки 3, 177.

„Но сличноста со сувите коски не може да се примени само на светот, туку и на оние кои се благословени со голема светлина. Тие исто така се слични на овие скелети во долината. Тие имаат форма на луѓе, рамка на телото; но немаат духовен живот. Во оваа пророчка парабола луѓето не се обликувале со самото прибирање и спојување на коските, бидејќи тоа не е доволно за да може организмот складно да функционира. За да можат да станат и да ги извршуваат животните активности, овие тела морале да бидат вдахновени со здивот на животот. Овие коски го претставуваат домот Израелов – Божјата црква. Надеж на црквата е животворното влијание на Светиот Дух. Господ мора да дувне Свој Дух во сувите коски, за да оживеат.“
— Коментари на библ. текстови, 377.

б. Што сѐ вклучува процесот на оживување? Откровение 3,19.20; 2 Тимотеј 4,2.

„Божјите ангели одат од црква до црква, извршувајќи ја својата должност; а Исус Христос тропа на вратата на вашите срца за да влезе. Меѓутоа не се почитуваат оние кои Бог ги употребува како свои орудија да ги будат припадниците на црквата и да им укажуваат на нивното духовно сиромаштво. Гласот на Вистинитиот Сведок се слуша во укори и предупредувања, но тоа не се уважува и не се слуша. Луѓето избрале да го следат својот пат наместо Божјиот затоа што сопственото ‘јас’ не е распнато во нивното срце. Тоа е причината што од Бога дадената светлина има толку мало влијание на умот и срцето. ‘Биди ревен и покај се.’“ – Преглед и гласник, 18. декември, 1888.

„Оние што ја носат пораката на светот би требало да го бараат Бога искрено, како би можел врз нив изобилно да се спушти Светиот Дух. Немаме време за губење. Молете се за Божја сила како би можеле успешно да работите за оние кои се близу и оние кои се далеку.“
— Одбрани пораки 1, 92.93.

Среда — 23. март
4. ВОЗДИГАЊЕ НА ХРИСТА

а. Што е она што го привлекува вниманието на пробудените и оживеани Божји гласници? Псалм 17,15; Јован 17,3; 1 Коринтјаните 2,1.2.

„Длабока, срдечна побожност во семејството, во црквата и во соседството ќе ги наведе душите да ги разберат чудесата на законот и да ја видат славната вистина за Христос нашата правда… Оние кои ја имаат пред себе откриената вистина за ова време имаат голема одговорност. Тие мораат да ја објават неопходноста од покајание пред Бога и верата во нашиот Господ Исус Христос. Тие мораат да размислуваат за Христовиот крст и да го насочат вниманието на секоја душа на Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот. Христос во своето самоодрекување, Христос во своето понижување, Христос во својата чистота, Неговата светост, Христос во својата неспоредлива љубов – тоа се теми кои треба да се внесат во секоја проповед. Ми беше покажано дека меѓу Божјиот народ мора да се случи големо будење. Мнозина од оние чии имиња се во црквените книги се необратени. Нека оние кои се посветени на делото ги повторуваат овие зборови: (Јован 3,16).“ – Преглед и гл., 13. авг., 1889.

„Еден интерес ќе надвладее; еден предмет ќе ги проголта сите други – Христос наша Правда.“
— The Paulson Collection, p. 342.

б. Како разбудениот и оживеаниот Божји слуга ќе реагира кога ќе се соочи со противењето на пораката на предупредување? Јоил 2,17; Римјаните 12,12; Ефесјаните 6,18.

„Бог секогаш го штител својот народ во најголемите неволји и тогаш кога се чинело дека нема ниту најмала надеж да се избегне пропаста. Намерите на безбожните луѓе, непријателите на Неговата црква, не се надвор од дофатот на Неговата сила и на Неговото провидение кое управува со сѐ. Тој може да го трогне срцето на државникот, гневот на разбрануваните и незадоволните, и омразата на оние што го мразат Бога. Неговата вистина и Неговиот народ Тој може да ги сврти на друга страна, како што ги свиткува ‘водните потоци’ (Изреки 21,1), ако така намисли. Молитвата ја придвижува раката на Семожниот. Тој што го одредува патот на ѕвездите на небото, чиишто зборови ги контролираат брановите на длабокото море – истиот бесконечен Создател ќе го заштити Својот народ кога тој ќе Го повика со вера. Тој ќе ги ограничи силите на темнината додека на светот не му се даде опомена и додека сите кои ќе ја послушаат опомената не бидат подготвени за овој судир.“
— 5 Сведоштво, 312.

Четврток — 24. март
5. ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА БЛАЖЕНАТА НАДЕЖ

а. Која голема привилегија имаме додека се подготвуваме за скорото Христово враќање? Лука 8,16; Исаија 60,1.

„Предност на секој човек е да биде жив канал преку кој Бог ќе може да му ги открие на светот богатствата на својата милост, неистражливото Христово богатство. Христос ништо не сака толку многу колку човечките орудија со кои на светот ќе му го претстави својот карактер и својот Дух. На светот ништо не му е толку потребно колку љубовта на Спасителот која ќе се манифестира преку луѓето. Цело небо чека живи канали преку кои ќе може да го излее светото масло кое ќе носи радост и благослов за човечките срца.“
— Христовите поуки, 359.

б. Со оглед на тоа дека Христовото доаѓање е близу, како денес треба да живееме? 2 Петрово 3,11.12; Тит 2,11-13.

„Христос сторил сѐ што стоело до Него како Неговата црква би ја направил едно преобразено тело кое – просветлено со Оној кој е Светлината на светот – ќе ја има славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да биде опкружен со духовна атмосфера на светлина и мир. Тој посакува Неговата радост да се открие во нашите животи.“ – Христовите поуки, 359.

„Господ доаѓа. Подигнете ги своите глави и радувајте се… Ова е добра, радосна вест, која треба да ја исполни си воодушевање секоја душа. За неа често би требало да зборуваме во своите домови и да ја пренесуваме на луѓето што ги среќаваме на улица. Зарем може да се објавува нешто порадосно!“
— Евангелизам, 218.

Петок — 25. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Во која смисла пораката за Лаодикија е полна со охрабрување за нас?

2. Кои се некои од практичните начини како членовите на црквата можат да допрат до душите кои се околу нив?

3. Како визијата за сувите коски може да се примени и на оние кои имаат голема светлина?

4. На кои сѐ начини Бог ќе ја надвладее силата на темнината кога Неговиот народ верно ќе се моли?

5. На кој начин Божјиот народ ќе ја прошири радосната вест за ова време?