2015 • 1. Квартал
1. лекција – Соништата на Јосиф
3. јануари 2015
„Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност.”
— Евреите 12,11
„Верата, трпението, воздржувањето, небесното расположение и довербата во нашиот мудар небесен Отец се совршените плодови кои созреваат среде облаци на разочарувања и периоди на жалост.”
— Коментари на библиски текстови, 818.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Одбрани пораки 2, 96-100.
Недела — 28. декември
1. ПРВИОТ СОН НА ЈОСИФ
а. Кој бил Јосиф и што сонувал една ноќ? Создавање 30,22-24; 37,1-7.
„Постоел еден (од синовите на Јаков) кој по својот карактер значително се разликувал од останатите — постариот син на Рахела, Јосиф, чија ретка лична убавина ја одразувала внатрешната убавина на неговата душа и срце. Беспрекорно, активно и весело по природа, момчето покажувало морална искреност и цврстина на карактерот. Ги слушал поуките на својот татко и сакал да му се покорува на Бога.” — Судир и храброст, 72.
„Божјиот ангел му давал упатства на Јосиф во сон, кои тој невино им ги раскажувал на своите браќа.”
— Духовни дарови 3, 138.
б. Како Јосифовите браќа го разбрале значењето на неговиот сон кој се однесувал токму на нив? Создавање 37,8.
„Јосиф сонувал како, додека сите биле ангажирани околу врзувањето на сноповите жито, неговиот сноп се исправува и стои исправен, а сноповите на сите останати стоеле наоколу и му се поклонувале на неговиот сноп. Откако го раскажал сонот, тие го разбрале неговото значење. Неговите браќа огорчено извикале: ‘Зарем ти ќе владееш над нас’?”
— Знаците на времето, 18. декември, 1879.
Понеделник — 29. декември
2. ВТОРИОТ СОН НА ЈОСИФ
а. Според што вториот сон на Јосиф се разликувал од првиот? Создавање 37,9.
„Наскоро Господ му дал на Јосиф уште еден сон, но со повпечатливо значење. И овој сон се однесувал на неговиот татко и на неговите браќа.”
— Знаците на времето, 18. декември, 1879.
б. Како таткото на Јосиф реагирал на овој сон? Создавање 37,10.
„Набргу Јосиф сонил уште еден сон со слично значење, кој исто така им го раскажал: ‘Сонив уште еден сон, а тоа – сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа’. Овој сон е протолкуван како очигледен стремеж за првенство. Таткото, кој се нашол тука, го прекорил, велејќи: ‘Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајка ти, и браќата твои, ќе дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?’ (Создавање 37,9.10).”
— Патријарси и пророци, 206 (210).
в. Како се разликувала реакцијата на Јаков на овој сон од реакцијата на неговите браќа? Создавање 37,11.
„Се чинело дека Јаков рамнодушно гледа на соништата на својот син. Но и самиот тој често примал од Господ упатства во сон и верувал дека Господ го поучува Јосиф на ист начин. Тој го предупредил Јосиф да не ги открива своите вистински чувства пред своите злобни браќа.” — Духовни дарови 3, 139.
„Наспроти привидната строгост на неговите зборови, Јаков верувал дека Бог на Јосиф му ја открил иднината. Додека момчето стоело пред своите браќа со лице озарено од Духот на вдахновението, тие не можеле да го сокријат својот восхит; но не сакале да се откажат од своите лоши патишта и ја мрзеле чистотата која ги осудувала нивните гревови.” — Патријарси и пророци, 206 (210).
„Господ работи на Свој начин и во согласност со Своите намери. Нека луѓето се молат да ја отфрлат својата себичност и да бидат во хармонија со небото.”
— RH, 5. мај, 1896.
Вторник — 30. декември
3. ВРЕМЕТО ОТКРИВА СÈ
а. Како Јосиф, многу години подоцна, конечно го препознал исполнувањето на својот прв сон за сноповите со жито? Создавање 42,6-9.
„(За време на гладот, синовите на Јаков) ги упатиле кон царскиот претставник, па со другите кои дошле да бараат храна, излегле пред господарот над египетската земја. И ‘му се поклонија со лицето до земја’. ‘Јосиф ги препозна своите браќа, но тие него не го препознаа’ (Создавање 42,6.8). Неговото еврејско име било заменето со ново, што му го дал царот, а меѓу премиерот на Египет и момчето што тие им го продале на Исмаилците, имало малку сличност. Кога Јосиф ги видел своите браќа на колена пред себе, си спомнал за своите соништа и пред неговите очи оживеале сцените од минатото.”
— Патријарси и пророци, 221 (224).
б. Колку години поминале пред да се исполни првиот сон? Создавање 37,2; 41,46.53.54; 42,6; 45,6.
в. Зошто Бог дозволил да помине толку време пред да се исполни оваа визија? 2 Петрово 3,8.9. Спореди: Создавање 37,4.11 со Создавање 45,15.
„Мнозина кои никогаш не биле во неволја изгледаат одлични христијани и нивниот живот изгледа беспрекорен; меѓутоа, Бог гледа извесни црти во нивниот карактер кои мораат да бидат откриени за да можат да ги увидат и да ги поправат… Во своето провидение Бог дозволува да се најдеме во положба која бара активирање на умните способности неопходни за развој на карактерот под различни околности. Таканаречените христијани можат, однадвор гледано, да живеат сосем беспрекорен живот; но кога променетите животни околности ќе ги доведат во потполно поинаква положба, доаѓаат до израз некои силни црти на нивниот карактер кои би останале сокриени ако понатаму живееле во исто опкружување.” — 4 Сведоштво, 52 (55.56).
„Бог предодредил Јосиф да помине низ тешки искушенија, тешкотии и неволји за да го подготви за неговата идна висока положба.”
— Коментари на библиски текстови, 44.
Среда — 31. декември
4. МОМЕНТИ НА ПРОВЕРКА
а. Дискутирајте за некои од причините поради кои Бог дозволува одредени искуства да траат подолго отколку што ние би сакале. Псалм 26,2; Евреите 12,11, Јаков 5,7-11; Откровение 14,12 (прв дел).
„Никој од оние што ја примиле Божјата Реч не е поштеден од тешкотии и искушенија. Но, кога ќе се појават неволји, вистинскиот христијанин не станува немарен, недоверлив или малодушен. Иако не сме во состојба да го видиме конечниот исход на настаните, или да ја разбереме намерата на Божјото провидение, ние не смееме да ја изгубиме нашата доверба. Сеќавајќи се за нежната Господова милост, сите наши грижи треба да Му ги предадеме Нему и трпеливо да го чекаме Неговото спасение. Во борбата духовниот живот зајакнува. Неволјите што ги поднесуваме развиваат цврст карактер и скапоцени духовни доблести. Совршениот плод на верата, кротоста и љубовта, често најдобро созрева во услови на бурни облаци и темнината.”
— Христовите поуки, 43 (60.61).
б. Кој е најголемиот предизвик за нашата вера во време кога искушувањето се продолжува? Евреите 10,35-39; Псалм 27,14.
„Не обесхрабрувајте се поради тоа што околностите се смениле, што наидуваат разочарувања и што во развојот на делото не можете да направите толку многу колку што сте се надевале. Сите свои грижи положете ги пред нозете на Спасителот. ‘Барајте и ќе добиете’ (Јован 16,24). Направете го најдоброто што можете, а потоа чекајте трпеливо, во надеж и со радост, бидејќи Божјото ветување нема да остане неисполнето. Христовиот живот, исполнет со постојани напори, е запишан за наше охрабрување. Тој не дозволувал да се обесхрабри. Во време на искушение бидете трпеливи. Трпението е скапоцена доблест. Тоа ќе донесе здравје на срцето и душата. Чекајте на Господа сè додека Тој не види дека сте подготвени да ги примите и да ги цените благословите што сте ги барале. Вежбајте се во вера дури и тогаш кога искушенијата се многу остри. ‘А верата е тврда увереност во она на кое се надеваме и убедување за нештата што не се гледаат’ (Евреите 11,1). Верата раѓа надеж.
За да се прифати спокојно разочарувањето, потребна е самоконтрола; но Исус ги разбира вашите потреби. Секоја молитва која искрено и со вера ќе Му ја упатиме ќе биде услишена. Направете сè што е во ваша моќ; не дозволувајте да се обесхрабрите и не паѓајте во очај. Кога се чини дека сте опкружени со навидум несовладливи тешкотии, тогаш е време, повеќе отколку кога било, да Му верувате на Господа.”
— RH, 30. мај, 1912.
Четврток — 1. јануари
5. БОЖЕСТВЕНО ОТКРОВЕНИЕ
а. Како Јосиф на крај верувал дека овие одредени соништа претставуваат божествено откровение и покрај тоа што неговите браќа тоа порано го отфрлиле? Создавање 40,8; 41,15.16.
„Славата (за толкување на соништа) Јосиф не ја припишал на себе. Тој фараонот го насочил на Бога, велејќи: ‘Тоа не е од мене, туку Бог ќе му даде одговор на фараонот за негово добро’ (Создавање 41,16). Благодарение на мудроста примена од Бога, Јосиф можел да го сфати вистинското значење на сонот. Тој го видел чудесното Божјо делување и целосното значење на сонот јасно го изнел пред фараонот.” — Упатства за младите, 11. март, 1897.
„Јосифовиот одговор ја открива неговата скромност и неговата вера во Бога. Понизно ја одбил честа со која лично нему му се припишувала мудроста. ‘Тоа не е од мене’. Единствено Бог може да ги објасни овие тајни.”
— Патријарси и пророци, 216 (220).
б. Со каква намера Бог дава одредени соништа и визии во овие последни денови? Јоил 2,28-31; Дела 10,9-28.
„Ти препорачувам, драг читателе, Божјата Реч да ја земеш како начело на својата вера и живеење. Преку таа Реч ќе бидеме судени. Во таа Реч Господ ветил дека ‘во последните денови’ ќе дава виденија, не за тие да претставуваат некое ново правило на верата туку за да го храбрат Неговиот народ и да ги исправаат оние кои застраниле од библиската вистина. Така Господ постапувал и со апостол Петар кога го пратил да Го проповеда Христа кај незнабошците.”
— Рани списи, 83 (78).
Петок — 2. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто треба да бидеме внимателни да не го исмејуваме оној кој имал сон?
2. Објаснете зошто човечката природа не сака да се поклони пред било чиј авторитет?
3. Која е целта на искушенијата во животот на христијанинот?
4. Кои особини на нашата вера се развиваат во искушенијата?
5. Дали треба во времето кое е пред нас да очекуваме повеќе соништа и визии?
2015 • 1. Квартал
2. лекција – Божјиот план за Јосиф
10. јануари 2015
„Градете го своето спасение со страв и трепет, зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.”
— Филипјаните 2,12.13
„Со Божји методи, а не човечки, треба да се раководиме во своите одлуки. Тој има план, добар и мудро осмислен. Тој план Тој ни го открил во својата Реч, и од нас очекува да го земеме како наш водич во сите работи, големи и мали. Своите планови човекот не треба да ги создава според своите ограничени решенија, туку треба да истражува какви во тој поглед се Божјите планови.”
— Објавени ракописи, 18, 270.271.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаци на времето, 18. декември, 1879.
Недела — 4. јануари
1. ЈОСИФ ПРВПАТ ПАТУВА САМ
а. Зошто е значајно тоа што Јосиф тргнал сам да ги бара своите браќа? Создавање 37,12-14.
„(Јаков)… го пратил Јосифа да ги побара (браќата) и да му донесе извештај за нив. Кога Јаков би го знаел вистинското расположение на другите свои синови кон Јосиф, во никој случај не би го пратил сам, но тие своите чувства грижливо ги криеле. Јосиф со радосно срце се разделил од својот татко; ниту старецот ниту момчето и не сонувале што сè ќе се случи пред пак да се видат.”
— Патријарси и пророци, 207 (210).
б. Зошто за Јосиф била важна средбата со човекот кој му кажал каде се наоѓаат неговите браќа? Создавање 37,15-17.28.
„Кога Јосиф пристигнал на местото каде што неговиот татко претпоставувал дека се наожаат неговите браќа, тој не ги нашол таму. Како што одел од поле до поле барајќи ги, еден странец ја забележал неговата упорност и му рекол дека отишле во Дотан. Тој веќе патувал осумдесет километри, а му преостанале повеќе од дваесет и пет. Ова било едно долго патување за едно момче; но тој тоа радосно го извршувал.”
— Знаците на времето, 18. декември, 1879.
Понеделник — 5. јануари
2. ЗАГОВОР НА ЈОСИФОВИТЕ БРАЌА
а. Што било првото нешто што им паднало на ум на браќата кога виделе како Јосиф доаѓа, и зошто? Создавање 37,18-20.
„Колкаво растојание (Јосиф) морал да помине за да ги види и поздрави своите браќа. Гледајќи го како доаѓа, лесно го препознале по неговата шарена наметка; но штом го виделе, во нив се разбудиле чувствата на завист, љубомора и омраза. Тие не размислувале за долгиот пат кој морал да го помине за да се сретне со нив; не размислувале за неговиот умор и глад ниту за фактот дека тој е нивен брат кој има право на нивно гостопримство, нивно внимание и братска љубов. Самиот поглед на шарената наметка која укажувала на неговата различност ги исполнил со сатански бес.”
— Знаците на времето, 18. декември, 1879.
б. Како ѓаволот се обидувал да го спречи Божјиот план да го искористи Јосиф да го спаси Неговиот народ? Создавање 15,12-14; 37,20; Ефесјаните 6,11.12. Гледајќи долгорочно, кого браќата всушност би убиле ако успеале во нивните планови против Јосиф? Создавање 42,1.2.
в. Во своите напори да го спречи Божјиот план за Јосиф и неговото семејство, кој првобитен Божји план сатаната се обидувал да го осуети? Создавање 3,15; 22,16-18; Галатјаните 3,16.
„Убиството на Авел е прв пример на непријателството кое, како што изјавил Бог, требало да постои меѓу змијата и потомството на земјата – помеѓу сатаната и неговите приврзаници од една страна, и Христа и неговите следбеници од друга страна.” — Патријарси и пророци, 53.
„Наведувајќи ги Израелците така дрско да го исмеваат и да го навредуваат Јехова, сатаната имал намера да ги упропасти. Бидејќи тие загубиле секакво чувство на свест за предимствата и за благословите што им биле понудени и се откажале од својата свечена и повторена заклетва на верност и потонале во изопаченост, сатаната се понадевал дека Бог потполно ќе раскине со нив и конечно ќе дозволи да пропаднат. Со тоа би го сотрел семето на Аврама кое, како семе на ветувањето, требало да го сочува знаењето за вистинскиот Бог и преку кое требало да дојде Оној Кој како вистинско ‘семе’ на жената требало да ѝ стапне на главата на сатаната. Големиот бунтовник планирал да го уништи Израел и со тоа да ги спречи и да ги побрка Божјите намери.”
— Патријарси и пророци, 345 (335).
Вторник — 6. јануари
3. БОРБА ЗА ДУШАТА
а. Кого Божјиот Дух го поттикнал да го спаси Јосифа од смрт, и зошто Бог го избрал токму тој брат? Создавање 37,19-22; 29,31.32.
„Кога не би бил Рувим, тие би ја исполниле својата намера. Но тој се исплашил од помислата да учествува во убиството на својот брат, па предложил да го фрлат Јосиф жив во една јама и да го остават таму да загине.” — Патријарси и пророци, 207 (211).
„(Рувимовото) залагање за Јосиф покажува јасни аргументи на вина која би паднала врз нив, и дека Божјото проклетство ќе дојде врз нив заради таквиот злочин.”
— Знаците на времето, 18. декември, 1879.
б. Каков бил Божјиот план за Јосиф во тој момент? Псалм 105,16.17. Каков бил планот на Рувим? Создавање 37,22 (последен дел).
„Меѓутоа Рувим имал намера подоцна да го спаси Јосифа и жив да го врати кај татка си.”
— Патријарси и пророци, 207 (211).
в. Преку кој друг брат Бог работел на остварување на Своите планови, и зошто направил Рувим да не биде таму во тоа време? Создавање 37,25-30.
„Бидејќи успеал и другите браќа да ги наговори да го прифатат овој план, се оддалечил од нив, плашејќи се дека не ќе може доволно да ги контролира своите чувства, и дека неговата вистинска намера ќе биде откриена…” — Патријарси и пророци, 207 (211).
„Тогаш Јуда предложил да го продадат својот брат како роб на тие трговци наместо да го остават да умре. Така ќе се ослободат од него на сигурен начин, а нема да ги извалкаат рацете со неговата крв. ‘Бидејќи брат ни е’, нагласувал Јуда, ‘наша крв е’ (Создавање 37,27). Со тој предлог веднаш сите се согласиле и бргу го извадиле од јамата…
„Рувим се вратил кај јамата, но Јосиф не бил таму. Сиот исплашен и осудувајќи се самиот себеси, ја искинал својата облека и ги побарал другите браќа, изјавувајќи: ‘Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?’ (30 стих). Кога дознал за судбината на Јосиф и кога сфатил дека не може да го врати, бил присилен да им се придружи на другите во обидот да ја сокријат својата вина.”
— Патријарси и пророци, 208 (212).
Среда — 7. јануари
4. НАШ ЗАШТИТНИК
а. Иако Јосиф бил надвор од заштитата на својот земен татко, кој сè уште бил со него? Создавање 39,2; Псалм 103,13.
„Браќата на Јосиф си ласкале себеси дека пронашле сигурен пат да го спречат исполнувањето на Јосифовите необични соништа. Но Господ управувал со настаните и направил токму свирепите постапки на неговите браќа да придонесат за исполнување на соништата кои тие настојувале да ги спречат. Јосиф мошне болно тагувал поради одвојување од својот татко, и најголема жалост му причинувало размислувањето за болката на неговиот татко. Но Бог не го оставил Јосифа да оди сам во Египет. Ангелите го подготвиле патот за неговиот прием.”
— Духот на пророштвото 1, 130.131.
б. Што секогаш треба да имаме на ум во поглед на Божјата контрола и надлежност над животот на секој поединец? Јов 2,3-6; Псалм 56,11.
„Проучувајте ја историјата на Јосиф и Даниел. Господ не ги спречил заверите на луѓето кои сакале да им наштетат; но направил сите тие лукаво смислени планови да излезат на добро за Неговите слуги кои среде сите искушенија и судири ја сочувале својата вера и лојалност.”
— Слуги на евангелието, 426 (477).
в. Со каква сигурност секој кој верува во Христа може да верува дека Господ води грижа и за него или неа? Јован 10,27-29; 1 Петрово 5,6.7.
„На секој поединец Христос му вели: ти си мој. Јас те откупив. Ти си сега само еден груб камен; но ако се препуштиш во Моите раце јас ќе те исполирам и ќе засветиш на слава на Моето име. Никој нема да ве откине од Мојата рака. Јас ќе ве направам да бидете Мое особено богатство. На денот на Моето крунисување ќе бидете скапоцени камења на радост во Мојата круна.” — Во небесните пространства, 267.
„Сегашната и вечна сигурност на луѓето е нивниот гарант, Исус Христос, Праведникот. Душата која верува никој не може да ја откине од Неговата рака… Со прифаќање на Божјата љубов во срцето, љубовта кон светот исчезнува и ние се изградуваме во најсвета вера.”
— Упатства за младите, 17. февруари, 1898.
Четврток — 8. јануари
5. СОРАБОТКА СО БОГА
а. Што им е ветено на оние кои во целост ќе се потпрат на Бога како што тоа го направил Јосиф? Псалм 37,4.5; Изреки 3,5.6.
„Секој план изнесете го со пост и со понизност на душата пред Господ Исус, и сите свои патишта доверете Му ги на Господа. Неговите ветувања се сигурни. Тој ќе управува со вашите чекори. Неговите извори се непресушни. Светецот Израелов Кој сите војски небесни ги знае по име и ги одржува ѕвездите на нивните патишта, води грижа за секого од нас поединечно…
Сакам сите да сфатат какви можности и изгледи за успех имаат оние кои со целосна доверба ќе се потпрат на Христа. Животот сокриен со Христа во Бога секогаш има засолниште; и таквиот може да каже: ‘Сè можам преку Христа, кој ми дава сила’ (Филипјаните 4,13).”
— Country Living, 28.
б. Што ние треба да чиниме, и како, на својот христијански пат? Филипјаните 2,12.13.
„Никој не може сам со сопствени дела да го заслужи спасението, меѓутоа ниту Бог тоа не може да го направи без наша соработка. Но, ако луѓето искрено се залагаат за тоа, Бог работи со нив и им дава сила и право да станат Божји синови.” — 6 Сведоштво, 343 (372).
„Бог и човекот треба да соработуваат. Сè што се прави треба да биде направено во Бога.” — Сличност со Христа, 120.
„Сè што можеме да направиме за наше спасение е градење на спасението со страв и трепет. Бог работи во нас да сакаме и да направиме според Неговата волја. Ако Му дозволиме да работи, Тој ќе работи. Нашата награда на небото зависи од нашите секојдневни постапки и разговори овде на земјата. Ние можеме да бидеме христијани овде. А за да бидеме христијани не е неопходно да бидеме потиштени, негодувајќи што не можеме да одиме по сопствениот пат. Ако сме навистина христијани, Христос станува во нас надеж на славата.”
— Погледот горе, 204.
Петок — 9. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објасни зошто навидум малите одлуки можат да го променат животот.
2. Во каква војна христијаните се вклучени?
3. Како Божјиот Дух може да влијае на нас да Му дозволиме на Бога Тој да работи во нас и за нас?
4. Зошто не треба да се плашиме од она што луѓето можат да ни направат?
5. Дали она што треба да се направи за наше спасение е Божјо или човечко?
2015 • 1. Квартал
3. лекција – Влијанието на Јаков
17. јануари 2015
„И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.”
— Ефесјаните 6,4
„Во формирање на карактерот… ниедно друго влијание не е посилно од влијанието на семејството.”
— Воспитување, 283.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за детето, 17-25.
Недела — 11. јануари
1. РОДИТЕЛСКАТА ГРЕШКА НА ЈАКОВ
а. Каде Јаков погрешил во подигањето на своите децата? Создавање 37,2.3.
„Родителите не смеат да бидат пристрасни, туку кон своите деца треба да бидат еднакво нежни, имајќи на ум дека тие се откупени со Христовата крв. Децата ги имитираат своите родители, затоа треба да водат сметка да им пружат добар пример.”
— 5 Сведоштво, 298 (319).
б. Како оваа грешка влијаела на останатите браќа? Создавање 37,4.
„Бидејќи мајка му не била веќе жива, му бил наполно предан на татка си, а срцето на Јаков било врзано за тоа дете на неговата старост. ‘А Израел го сакаше Јосиф повеќе од сите свои синови’ (Создавање 37,3).
„Но токму таа наклоност на таткото ќе стане причина за страдања и болки. Јаков немудро ја покажувал својата наклоност кон Јосифа, а ова предизвикало љубомора и завист кај другите негови синови.” — Патријарси и пророци, 205 (209).
„Татковците и мајките треба внимателно и со молитва да го проучуваат карактерот на своите деца. Тие треба да ги потиснуваат и ограничуваат оние особини кои се премногу истакнати, а да ги охрабруваат и поттикнуваат оние кои се дефицитарни и на тој начин да обезбедат хармоничен развој на карактерот… Неурамнотежениот ум, брзата нарав, раздразливоста, зависта или љубомората сведочат за родителската негрижа. Овие лоши особини во карактерот им донесуваат голема несреќа на оние кои ги поседуваат.”
— Темели на христијанско воспитување, 66.67.
Понеделник — 12. јануари
2. ОД ПРИЧИНИ ДО ПОСЛЕДИЦИ
а. На кој начин жените на Јаков го поттикнувале лошиот дух кај нивните деца? Создавање 29,30-32; 30,1-8.20.
„Гревот на Јаков… го открил својот горчлив плод во карактерот и животот на неговите синови. Кога станале зрели луѓе тие развиле сериозни недостатоци. Резултатите од полигамијата се манифестирале во домаќинството. Овие страшни зла имале тенденција да ги исушат и самите извори на љубовта и со своето влијание ги слабееле најсветите врски. Љубомората на некои мајки го загорчувала семејниот живот. Децата пораснале како кавгаџии и неподложни на контрола, а животот на таткото бил замрачен со страшна вознемиреност и тага.” — Судир и храброст, 72.
„(Јаков) повеќе ја сакал Рахела, па тоа предизвикало завист и љубомора кај Лија, и затоа животот му бил загорчен од постојаното соперништво меѓу сестрите.”
— Патријарси и пророци, 186 (189.190).
б. Како лошиот дух манифестиран од страна на родителите влијае врз развојот на карактерот на децата? Ефесјаните 6,4; Езекиел 16,44; Римјаните 2,21. Како можеме да пружиме добар пример? 1 Коринтјаните 9,27; 1 Петрово 2,21-23.
„Кога татковците и мајките ќе сфатат колку нивните деца ги копираат, тие ќе внимаваат на секој збор и на секој гест.” — Коментари на библиските текстови, 740.
„Колку сериозно и истрајно уметникот се труди на платно совршено да го пренесе ликот на избраниот модел; и колку скулпторот вредно го делка и обработува каменот за да добие дупликат на копијата која ја замислил. Така и родителите треба да работат на обликување, полирање и облагородување на карактерот на своите деца според моделот кој им е даден во Исуса Христа. И како што уметникот трпеливо го проучува, планира и обработува одредениот материјал за да бидат што посовршени резултатите од неговата работа, така и родителот треба да го смета времето поминато во воспитување на своите деца за корисен живот овде и нивното оспособување за бесмртното царство.” — Совети за детето, 476.477.
„Кога ќе почувствував лутина и бев во искушение да изговорам зборови од кои ќе се срамам, јас се воздржував и без зборови излегував од собата и барав од Господа да ми даде трпение да ги поучам овие деца. Потоа би се вратила и во разговорот со нив нагласував дека повеќе не смеат така да постапуваат. По ова прашање ни треба да заземеме таков став да не ги провоцираме децата на гнев. Ние треба да зборуваме љубезно и трпеливо имајќи на ум цело време како и самите честопати сме непослушни и како сакаме со нас да постапува нашиот небесен Татко.”
— Совети за детето, 254.255.
Вторник — 13. јануари
3. ИЗМАМАТА НА БРАЌАТА
а. Кога искушението да се каже лага е најсилно? Создавање 37,27-32; 3,11-13; 4,9.10.
„Колку е вистинито тоа што еден грев води кон друг; и колку снажно оваа вистина е илустрирана во случајот на Каин! Тој изгледал изненаден од прашањето: ‘Каде е братот твој, Авел? (Создавање 4,9). Тој толку далеку отишол во грев, толку потклекнал под влијанието на сатаната така што изгубил чувство за Божјата присутност и за Неговата величина и сѐзнаење. Па така тој лажел пред Господа за да ја прикрие својата вина.” — Знаците на времето, 16. декември, 1886.
„Иако сатаната може да ја користи измамата и лажните заклучоци за да ги оствари своите цели, Господ не може да лаже; иако Луцифер, како и змијата, може да се претвора и да го менува својот вистински облик за да се сокрие, Бог може да се користи само со директна, јасна вистина.”
— Духовни дарови 4, 319.
б. Како браќата преку измамничките лукавства си навлекле врз себе проблеми и душевни болки? Создавање 37,34.35; 42,36-38.
„’Види дали е тоа облеката на синот твој, или не’ (Создавање 37,32), биле нивните зборови. Тие таа сцена ја очекувале со страв, но не се надевале дека ќе мораат да го гледаат својот татко потонат во тага и болка што му го кинела срцето. ‘Облеката е на мојот син’,рекол Јаков, ‘крвожеден ѕвер го изел. Јосиф е, навистина, растргнат’ (33 стих). Попусто синовите и ќерките се обидувале да го утешат… Се чинело дека ниту времето не можело да ја олесни нити да ја намали неговата болка. ‘Со тага ќе појдам по синот мој во светот на мртвите’ (35 стих), липал во очај. Преплашени од она што го сториле, но плашејќи се од приговорите на нивниот татко, синовите на Јаков сепак во своето срце ја криеле вистината за сопствената вина која сега дури и ним им изгледала многу голема.”
— Патријарси и пророци, 209 (212).
в. Објаснете зошто измамничката постапка поради која Јаков сега страдал заради измамите на своите деца може да се поврзе со неговите измами од минатото? Создавање 27,8-38; Галатјаните 6,7.
„Секое посеано семе донесува соодветна жетва. Така е тоа и во човечкиот живот.”
— Христовите очигледни поуки, 63 (84).
Среда — 14. јануари
4. ПЛОДОВИТЕ НА ГРЕВОТ
а. Кои грешни страсти синовите на Јаков ги негувале кон Јосиф? Создавање 37,3-5.11.23.24.
„Наклонетоста со која Јаков го гледал Јосифа не можела да се сокрие и прекрасната шарена наметка која му ја дал им била јасен доказ на неговите синови за неговата пристрасност. Тоа за нив била доволна причина да негуваат љубомора, омраза и одмазда во нивните срца.” — Знаците на времето, 18. декември, 1879.
„Божјиот закон ја разоткрива љубомората, зависта, омразата, злобата, одмаздата, страста и амбицијата која се подига во душата, но кои не нашле израз во надворешна акција поради недостаток на прилики.”
— Ум, карактер и личност, 526.
б. Каде нè водат овие грешни страсти кога ги негуваме – што всушност нè наведува на тоа? Изреки 27,4; Јаков 1,13-15.
„Зависта и љубомората се како две сестри кои се сливаат во своето делување. Зависта го наведува човекот да сака некое добро што другите го поседуваат и ќе направи сè што е во негова моќ да им наштети на карактерот и угледот на оние на чие место сакаат да бидат.” — Знаците на времето, 2. ноември, 1888.
„Христовата љубов во душата никогаш не доведува до злоба и завист.”
— Нашиот висок повик, 234.
в. Кога овие грешни страсти се негуваат во срцето, што луѓето се во состојба да направат? Создавање 37,18-20; Изреки 6,34.35; 1 Јованово 3,11-15.
„Јосифовите браќа ја забележале силната љубов на нивниот татко кон Јосиф и тоа ја предизвикало нивната завист кон него. Нивната завист прераснала во омраза, и конечно, во убиство.” — Духот на пророштвото 1, 127.
„Зависта е ќерка на горделивоста и ако ја негувате во своето срце, ќе предизвика омраза, а можеби и одмазда и убиство.” — Патријарси и пророци, 689 (651).
„Убиство прво постои во мислите. Оној кој на омразата и дава место во своето срце, стапува на патот на убиецот и неговите жртви му се гнасни на Бога.”
— Копнежот на вековите, 290 (310).
Четврток — 15. јануари
5. ХРИСТИЈАНСКИ ДОМ
а. Наведи некои значајни насоки за говор во христијанскиот дом. Ефесјаните 4,21-27.31.32. Откровение 14,5.
„Околу секое семејство постои свет круг кој треба да се зачува. Никој нема право да го повреди овој свет круг. Мажот и жената треба да бидат сè еден на друг. Жената не треба да има тајни за кои нејзиниот маж не знае, а другите знаат; мажот исто така не треба да има тајни кои ги крие од својата жена, а ги открива на другите.” — Адвентен дом, 177.
„Ако во раното детство децата не се истрајно и трпеливо обучени на вистински начин, тие ќе формираат погрешни навики. Овие навики ќе се развијат во нивниот подоцнежен живот и ќе ги расипат другите. Оние чии умови навикнале на ниски дофрлања, кои се унижени со измамнички практики и со погрешно домашно влијание ќе ги носат своите погрешни навики низ целиот живот. Доколку формално ја прифатат христијанската вера, тие своите навики ќе ги откриваат и во нивниот верски живот.”
— Совети за детето, 200.201.
б. Зошто е важно да ја согледаме грешноста на измамата манифестирана во животот на Јаков и неговите деца? Јован 8,44; 1 Петрово 2,1-3; Откровение 21,27.
„Вистината е од Бога, а измамата во сите свои форми потекнува од сатаната; и секој оној кој на било кој начин се оддалечува од вистинскиот пат на вистината, се предава на моќта на злиот непријател. Оние кои се учеле од Христа нема да учествуваат ‘во бесплодните дела на темнината’ (Ефесјаните 5,11).” — Пророци и цареви, 168 (252).
„Господ мрази секаква измама, тајност и лукавство. Ова е дело на сатаната. Божјото дело е отворено и искрено.”
— Сведоштво за проповедници, 274.
Петок — 16. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто е важно нашите деца да ги сакаме подеднакво?
2. За што родителите треба да бидат свесни кога ги подигаат своите деца?
3. Дали постои сигурност во кажување на лаги, дури и во таканаречените безопасни лаги?
4. Како можеме да извршиме убиство во нашето срце?
5. Како лагите и измамите можат да го уништат христијанскиот дом?
2015 • 1. Квартал
4. лекција – Патување за Египет
24. јануари 2015
„Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф.”
— Псалам 105,17
„Она што Аврам бил во земјата на своето престојувалиште, што Јосиф бил во Египет и што Даниел бил на Вавилонскиот двор, тоа еврејскиот народ требало да биде меѓу народите.”
— Копнежот на вековите, 15 (27).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Духот на пророштвото 1, 123-131.
Недела — 18. јануари
1. БОЖЈОТО ПРОВИДЕНИЕ НА ДЕЛО
а. Наведи барем седум настани кои Господ во своето провидение морал да ги уреди пред да може Јосиф да биде испратен во Египет. Псалм 105,17; Создавање 37,13-28.
„Патот избран од Бога може да изгледа мрачен, но сепак тоа е најсигурниот пат кон светлината. Среде привидните несреќи и порази, Божјото провидение сепак ги остварува Неговите намери.”
— Знаците на времето, 26. јули, 1883.
б. Зошто Бог од сите синови на Јаков го избрал Јосиф да изврши во Египет толку голема задача? Создавање 37,2; 39,6; Дела 7,9.
„Јосиф ги слушал упатствата на својот татко и се боел од Бога. Тој бил послушен на исправното поучување на својот татко повеќе од било кој од неговите браќа. Ги чувал неговите упатства како скапоцено богатство и со сето срце го почитувал Бога. Тој тагувал поради погрешното однесување на некои негови браќа и понизно ги упатувал на вистинскиот пат, и да ги остават своите зли дела. Ова било единственото нешто со што ја предизвикувал нивната огорченост. Неговата омраза кон гревот била таква така што тој не можел да издржи да гледа како неговите браќа грешат против Бога. Тој го изнесувал овој предмет пред таткото, надевајќи се дека тој со својот авторитет ќе успее да ги реформира.”
— Духот на пророштвото 1, 126.
Понеделник — 19. јануари
2. ОСАМЕНО ПАТУВАЊЕ
а. На патот за Египет, како роб, како Јосиф го доверил својот живот на Бога? Создавање 37,28; Псалм 88,3-5; 73,13.14.
„Кога караванот одел кон јужните граници на Ханан, тој можел да ги види далечните ридови меѓу кои биле поставени шаторите на неговиот татко. Споменувајќи си за својот сакан татко, горко заплакал во својата осаменост и болка… Со растреперено срце гледал кон иднината.”
— Патријарси и пророци, 210 (213).
б. Кога искушенијата да се посомнева во Божјото водство се најтешки? Создавање 16,2.3; 17,1-3.
„Мнозина кои својот живот искрено ќе го посветат во Божја служба доживуваат големо изненадување и разочарување, бидејќи токму тогаш, како никогаш порано, ќе се соочат со пречки, потешкотии и искушенија. Тие се молат за сила да изградат карактер сличен на Христовиот и да се оспособат за Господовото дело, но запаѓаат во такви околности кои изгледаат како да сето зло во нивната природа повторно се буди. Тогш, како и Израелците во старо доба, прашуваат: ‘Ако Бог нè води, зошто сите овие работи доаѓаат на нас.”
— Здравје и среќа, 420 (470).
в. Зошто Бог дозволил Јосиф да остане така осамен? 1 Петрово 4,12.13; Евреите 12,5.6; Римјаните 8,28.
„Каква промена на ситуацијата – од нежно негуван син до презрен и беспомошен роб…
„Но, според Божјото провидение, па дури и тоа искуство требало да биде благослов за него. Само за неколку часови го научил она што инаку со години не би го научил. Со својата голема и нежна љубов кон него, татко му згрешил што бил пристрасен и што премногу се грижел за него. Оваа неразумна наклоност ги налутила неговите браќа и кај нив предизвикала сурова постапка што го разделила од неговиот дом. Последиците на сето тоа се манифестирале во нивниот карактер. Имало грешки што порано биле поттикнувани, а кои сега требало да се коригираат. Тој бил задоволен со себе и строго точен. Навикнат на нежното внимание и грижа од својот татко, сега се чувствувал неподготвен за тешкотиите што го очекувале во горчливиот и незгрижен живот на странец и роб.”
— Патријарси и пророци, 210 (213).
Вторник — 20. јануари
3. ОД ДЕТЕ ДО МОМЧЕ ВО ЗРЕЛА ВОЗРАСТ
а. До кое ветување треба да се држат сите богобојазливи родители додека ги воспитуваат своите децата? Изреки 22,6.
„Тогаш мислите му се свртиле кон Бога на неговите татковци. Во детството бил научен да го сака и да се бои од Него. Често во шаторот на својот татко ја слушал приказната за визијата што Јаков ја видел кога како бегалец и изгнаник бегал од дома. Слушал за ветувањата што му ги дал Господ на Јаков и како тие биле исполнети; како во тешките мигови дошле Божјите ангели и му дале вистински упатства, го тешеле и го штителе. Дознал и за Божјата љубов со која за луѓето е предвиден и Спасител. Сите тие драгоцени поуки сега живо излегувале пред него.”
— Патријарси и пророци, 211 (213.214).
б. На кого Јосиф единствено можел да се повика во својата осаменост и прогонство? Како оваа одлука му го променила животот? Псалм 27,10; 34,18.19; Римјаните 10,13.
„Душата му затреперила од длабока возбуда кога решил верно да му се предаде на Бога и во сите околности да постапи онака како што му прилега на приврзаникот на небесниот Цар. Решил да Му служи на Господа со неподелено срце, пред своите животни искушенија да истапи храбро, во духовна сила и морална постојаност и секоја должност да ја изврши верно. Искуството на само еден ден претставувало пресвртна точка во Јосифовиот живот. Неговата страшна несреќа од разгалено дете направила промислен, храбар и самостоен човек.”
— Патријарси и пророци, 211 (214).
в. Кога сме во искушение да се чувствуваме напуштени и дека сè е изгубено, на што треба да се сетиме? Псалм 37,25; 33,18.22; 73,25.26; Евреите 12,1-3.
„Во секоја неволја Бог има намера тоа да го изведе за наше добро. Секој удар кој го уништува идолот, секое провидение кое ја слабее нашата потпора на земјата, а ја зацврстува нашата доверба во Бога, претставува благослов. Кастрењето може да биде мошне болно за некое време, а потоа ќе ‘принесе мирен род на праведност’ (Евреите 12,11)… Секое искушение кое ја погаѓа нашата вера и изгледа како Бог да нè оставил, е да нè доведе поблиску до Него… Нека ниеден христијанин не мисли дека е оставен во часовите кога искушенијата ќе наидат.”
— RH, 10. април, 1894.
Среда — 21. јануари
4. ВЕРА КОЈА ПОБЕДУВА
а. И покрај својата младост, каква победа Јосиф здобил над настанатите околности? Создавање 39,1.2; Псалм 40,1-4.
„Бог во Својата голема милост на сите кои веруваат ќе им даде сила и способност да учествуваат во Неговата служба, како што им дал сила на Јосиф, Даниел и Тимотеј и на мноштво други кои се користеле со Неговите ветувања. Тие Му верувале и се потпирале на Него, и во тоа била нивната праведност. Мажите и жените биле поттикнати со вера. Тоа им го отворало патот низ облаците на приговорите преку кои сатаната настојувал да го попречи нивниот напредок. Гледајќи дека тие имаат доверба во Неговата помош и ефикасност, тие можат безбедно да поминат низ големата темнина на човечката непосветеност.”
— Погледот горе, 206.
б. Што вели Библијата за оние кои дозволуваат околностите да ја надвладеат нивната вера? Броеви 13,32.33; Евреите 3,17-19; Јаков 1,8.
„Христовиот живот бара самоодрекување и силна вера. Околностите не треба да господарат со нашиот живот. Божјото дете, наследник на небото, не може да преминува час на една час на друга страна.”
— RH, 9. ноември, 1897.
в. Кои ветувања ни се дадени ако ги победиме своите искушенија, и како можеме да одолееме? Броеви 14,24; 1 Јованово 5,4; Откровение 3,21.
„Сега е време да се покажат оние кои се вистински Халевци, кои нема да се повлекуваат пред високите ѕидови и силните џинови, туку кои веруваат дека самиот овој факт ќе ја направи победата пославна. Пред нас се наоѓаат големи тешкотии и искушенија. Тоа бара голема храброст и истрајни напори за да се оди напред. Но, сега сè зависи од нашата вера во Капетанот кој досега безбедно нè водел. Зарем сега ќе покажеме неверување? Зарем треба да слабееме попуштајќи ѝ на недовербата и стравот? Зарем да се согласиме на компромис со светот и да се одвратиме од небесниот Ханан?” — RH, 29. ноември, 1881.
„Додека страшливците и оние кои мрмореле изумреле во пустината, верниот Халев доживеал да има свој дом во ветената земја. ‘Јас ќе ги прославам оние кои Мене Ме прославуваа кажува Господ’ (1 Самуил 2,30).”
— 5 Сведоштво, 282 (304).
Четврток — 22. јануари
5. СИТЕ ВО БОЖЈИОТ ПЛАН
а. По пристигнувањето на Јосиф во Египет, зошто било важно да се сретне со Потифар? Создавање 39,1.2. Како Бог ја искористил оваа средба во својот иден план за Јосиф? Создавање 37,36; 39,20; 41,9-14.
„Својата продажба во Египет Јосиф ја сметал за најголема несреќа што можела да го снајде; но ја видел потребата да се надева на Бога како никогаш дотогаш додека бил под сигурна заштита на љубовта на неговиот татко. Јосиф го донел Бога со себе во Египет, и тој факт очигледно го правел поведар и порасположен и покрај сета негова жалост и тага. Како што Божјиот ковчег донесувал спокојство и просперитет во Израел, така и ова богобојазливо момче донело благослов за Египет.”
— Коментари на библиските текстови, 42.
б. Зошто Божјите планови не се секогаш во согласност со нашите лични желби? Изреки 16,9; Исаија 55,8.9; Римјаните 8,26.
„На секоја искрена молитва одговорот ќе дојде; можеби нема да дојде кога ние посакуваме или во време кое го очекуваме; но одговорот ќе дојде на начин или во време кое најдобро одговара на нашите потреби. Бог ќе одговори на молитвите упатени во осаменост, истоштеност и искушенија, но не секогаш во согласност со нашите очекувања, меѓутоа секогаш за наше добро.” — Слуги на еванг., 234.
„Сите ние сакаме брз одговор на нашите молитви и доаѓаме во искушение да се обесхрабриме ако на нашата молитва не добиеме веднаш одговор. Искуството ме научи дека ова е голема грешка. Одложувањето е за наша особена корист. Тука ни се дава можност да видиме дали нашата вера е вистинска и искрена или е непостојана како морските бранови.”
— Совети за здравјето, 380.381.
Петок — 23. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објасни како работи Божјото провидение?
2. Какви искушенија можат да дојдат на нас во поглед на нашата вера?
3. Зошто нашето спасение е далеку позначајно за Бога отколку нашата привремена состојба?
4. Што треба да правиме кога ќе наидат тешки околности?
5. Како треба да чекаме Бог да одговори на нашите молитви?
2015 • 1. Квартал
5. лекција – Верност во сите работи
31. јануари 2015
„Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив.”
— Лука 16,10
„Ако сте верни во сите поединости, вашата верност ќе сведочи дека сте учеле во Христовото училиште.”
— Упатство за младите, 7. ноември, 1895.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очигледни поуки, 238-249.
Недела — 25. јануари
1. ПРАВИЛЕН СТАВ
а. Како можеме да кажеме дека Јосиф секогаш манифестирал правилен став, без оглед на тоа што се случило со него? Создавање 39,2.23.
„Јосиф не се жалел на својата судбина, ниту пак прашувал зошто Господ дозволува да страда заради правда. Тој не дозволувал никаков облак на потиштеност да го замрачи неговото срце. Тој му верувал на Бога и трпеливо го чекал спасението од Него. Тој утврдил дека ова страдање (додека бил во затвор) треба да послужи како можност да го прослави Бога и за добро на неговите соработници.”
— RH, 21. февруари, 1888.
б. Што ќе видат другите кога ќе заземеме правилен став во поглед на верност кон Бога? Создавање 39,3; Матеј 5,16; 2 Кор. 3,2.
„Од палатата на фараонот, (Јосифовото) влијание се чувствувало низ сета земја, а знаењето за Бога се ширело на сите страни.” — Патријарси и пророци, 341 (332).
„Јосиф својата вера секогаш ја носел со себе и во тоа била тајната на неговата непоколеблива верност.” — Коментари на библиските текстови, 44.
„Добрите дела на Божјиот народ имаат посилно влијание отколку зборовите.”
— 2 Сведоштво, 443.
Понеделник — 26. јануари
2. ВЕРНОСТ
а. Зошто Потифар го поставил Јосифа да биде управител над неговото домаќинство? Создавање 39,3.4.
„Забележливиот просперитет што го придружувал сè она што му било доверено на Јосифа не бил резултат на некое директно чудо, туку Божји благослов ја крунисал неговата трудољубивост, совесност и енергичност. Јосиф секој свој успех го припишувал на Бога, па дури и неговиот идолопоклонички господар тоа го прифатил како тајна на неговиот исклучителен успех. Секако, успехот никако не би можел да се оствари без Јосифовите истрајни и добро смислени напори. Бог се прославил преку верноста на Својот слуга.”
— Патријарси и пророци, 212 (214.217).
б. Какви упатства имаме ние во поглед на верноста во нашите должности? Лука 16,10-12; Колосјаните 3,22.23.
„Скромните, обични животни должности мора верно да се извршуваат ‘од сè срце’ вели апостолот ‘како за Господа’. Каков и да е делокругот на нашето дејствување, дали е тоа домашна работа, работа на терен или интелектуална работа, ние тоа ќе го вршиме за слава на Бога, сè додека Христа не го направиме да ни е прв и последен и најдобар во сè.” — 5 Сведоштво, 434 (459).
„Ако човекот ги извршува своите должности верно каде и да е, тој ќе стане сила на добро. Бог му дал на Јосиф да најде милост кај чуварот на затворот, и така верниот Јосиф станал одговорен за сите затвореници.” — Знаците на времето, 8. јануари, 1880.
„Што и да работиме, треба во својата работа да бидеме и со срце и со душа, тогаш ќе бидеме и радосни и успешни… Верноста во извршувањето на секоја должност ја прави работата благородна и открива карактер кој Бог може да го одобри.”
— Коментари на библиските текстови, 500.501.
в. Како Јосифовата верност како понизен слуга, конечно била наградена од Бога? Создавање 41,41-43; Изреки 22,29.
„Силниот, добро урамнотежен и складен карактер се изградува само со верно извршување на должностите. Јосиф имал беспрекорен карактер, и бидејќи се покажал верен во најмали должности, конечно му било доверено управување со нацијата.”
— Знаците на времето, 25. мај, 1891.
Вторник — 27. јануари
3. ОД РОБ ДО ПОВТОРНО ПОСИНУВАЊЕ
а. Каква доверба Потифар имал во честитоста на Јосифовиот карактер? Создавање 39,6; 1 Солунјаните 4,11.12.
„Божја намера била Неговиот поклоник со својата чистота и исправност да се истакне во забележлива спротивност со идолопоклониците – за на тој начин светлината на небесната благодат да може да заблеска среде темнината на незнабоштвото.
„Јосифовата благородност и верност го придобиле срцето на неговиот господар, и најпосле тој повеќе го сметал како син, а не како роб.”
— Патријарси и пророци, 212 (217).
б. Какво влијание оние кои се навистина синови и ќерки Божји ќе им донесат на оние со кои се дружат? Создавање 39,5; 30,27.
„Како што Божјиот ковчег донесувал спокојство и просперитет во Израел така и ова богобојазливо момче донело благослов во Египет. Тоа се манифестирало на таков видлив начин во куќата на Потифар кој, во чија куќа служел, сите примени благослови му ги припишал на својот купен роб, и го направил син, а не слуга. Божја намера била оние кои Го љубат и почитуваат Неговото име исто така и самите да бидат почитувани, и славата која преку нив Му се оддава на Бога да се одрази на нив.”
— Упатство за младите, 11. март, 1897.
в. Како лесно ќе се препознаат чесните и исправните мажи и жени во последните денови? 2 Тимотеј 3,1-4. Како можеме да знаеме дека ова предупредувањето се однесува на таканаречениот Божји народ? 2 Тимотеј 3,5-9; 2 Петрово 2,1-3.
„Во делото на сегашната вистина мошне се потребни луѓе кои се верни на чувството за правда и должност, чијшто морален интегритет е постојан и цврст, а чија енергија одговара на барањата на Божјото провидение. Таквите квалификации се подрагоцени од било какво богатство кое може да се вложи во Божјото дело.” — 3 Свед., 24 (23).
„Кога Господ своите дијаманти ќе ги направи навистина славни и почитувани, Тој на нив ќе гледа со задоволство. Ангелите ќе ги изработат круните за секој од нив, и на тие круни, украсени со ѕвезди, ќе се одразува сјајот на светлината која зрачи од Божјиот престол.”
— Мараната, 309.
Среда — 28. јануари
4. ДУХОТ НА УЧЕНИК
а. Што толку значајно придонело Јосиф од роб да стане висок офицер во египетската армија? Создавање 39,1; 41,33-37.
„Кога караванот стигнал во Египет, Јосиф му е продаден на Потифар, командирот на царската стража, кај кого служел полни десет години.” — Патријарси и пророци, 211 (214).
„Јосифовата благородност и верност го придобиле срцето на неговиот господар, и најпосле тој повеќе го сметал како син, а не како роб. Младичот така дошол во допир со угледни и учени луѓе и стекнал знаење од разни области на науката, јазикот и од областа на економијата – образование што му било потребно на идниот премиер на египетската држава”
— Патријарси и пророци, 212 (217).
б. Именувај некои од големите водачи и нивните поранешни занимања? 1 Царевите 19,19-21; Излез 3,1; Матеј 4,18.19. Зошто Бог често бира луѓе кои се занимавале со едноставни занимања во животот? 1 Коринтјаните 1,26.27.
„Кога ќе дојде време (пораката на третиот ангел) да се проповеда со најголема сила, Господ ќе се послужи со понизни орудија, ќе го води умот на оние што се посветиле на Неговата служба. Работниците повеќе ќе бидат оспособени со помазанието на Светиот Дух отколку со образованието во школите. Луѓе од вера и молитва ќе бидат поттикнати да одат со света ревност и да ги проповедаат зборовите што им ги дава Бог. Гревовите на Вавилон ќе бидат разоткриени.”
— Големата борба, 537.
в. Како Божјиот начин на избор на работници се разликува од човечкиот избор? 1 Самуилова 16,6-13. Што Господ бара? Дела 13,22; Псалм 143,10.
„Постарите браќа, помеѓу кои Самуил сакал да избира, ги немале особините за кои Бог сметал дека мора да ги има владетелот на Неговиот народ. Гордите, себични, полни со самодоверба, биле отфрлени заради еден кој тие го потценувале, еден кој ги сочувал едноставноста и искреноста на младоста, и кого, иако самиот се сметал за безвреден, Бог можел да го воспита да ги понесе царските одговорности.”
— Воспитување, 266.
Четврток — 29. јануари
5. БОЖЈА ВЕРНОСТ
а. Како е верен Бог во Своите постапки со мажите и жените? Плач Еремиин 3,22.23; 1 Солунјаните 5,24; Откровение 19,11.
„Дали Господ ќе заборави на Својот народ во овој час на искушение? Дали го заборавил верниот Ное кога казните наишле на претпотопниот свет? Дали го заборавил Лот кога оган слегол од небото и ги запалил градовите во рамнината? Дали го заборавил Јосиф опкружен со идолопоклоници во Египет? Дали го заборавил Илија кога Језавела со заклетва му се заканувала со судбината на Вааловите пророци? Дали го заборавил Еремија во темната и морбидна јама во неговата затворска куќа? Дали заборавил на тројцата праведници во огнената печка, или на Даниел во лавовската јама? Христос не може да заборави на оние кое се како зеница на окото негово, откупени со Неговата скапоцена крв.”
— Духот на пророштво 4, 445.446.
б. Со што треба да покажеме доверба во Божјата верност да ги сочува и насочи нашите животи? Филипјаните 1,6; Евреите 10,23; 2 Солунјаните 3,3.
„Ние губиме многу драгоцени благослови што своите потреби, грижи и таги не ги изнесуваме пред нашиот Спасител. Тој е прекрасен Советник. Тој со голем интерес и со срце полно со нежно сочувство гледа на Својата црква. Тој влегува во длабочината на нашите потреби. Меѓутоа нашите патишта не се Негови патишта. Тој ги гледа резултатите на секоја акција и бара трпеливо да веруваме во Неговата мудрост, а не во плановите за кои ние претпоставуваме дека се мудри…
„Секоја искрена молитва треба да се упатува помешана со заслугите на Христовата крв. Ако одговорот се одлага, тоа е затоа што Бог сака да му покажеме на светот света храброст во ветувањата на сигурноста на Божјата Реч. Тој е верен на даденото ветување и никогаш нема да ја остави душата која целосно се предава на Христа.”
— Во небесните пространства, 74.
Петок — 30. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто е важно да имаме правилен став како христијани?
2. Како ние треба да се однесуваме без разлика каква работа ќе преземеме?
3. Кое е најголемото сведоштво кое можеме да му го дадеме на светот?
4. Што Бог денес бара во срцата на мажите и жените?
5. Како можеме да бидеме сигурни дека Господ никогаш нема да нè изневери?
2015 • 1. Квартал
6. лекција – Најголемото искушение на Јосиф
7. февруари 2015
„Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.”
— 1 Коринтјаните 6,18
„Благодарение на Јосифовиот благороден карактер бил сочуван животот на египетската нација.”
— Делата на апостолите, 8 (13).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, pp. 81-89.
Недела — 1. февруари
1. ЧУВАЈТЕ СЕ ДА НЕ ПАДНЕТЕ
а. Кога работите одат без проблеми, на што секогаш треба да бидеме свесни? 1 Коринтјаните 10,12; Матеј 26,41.
„Сега треба да бараме длабоки и живи искуства со Бога. Не смееме да загубиме ниту еден миг. Околу нас се одигруваат настани од најголема важност; ни се наоѓаме на сатанска маѓепсана почва. Не спијте, Божји стражари! Непријателот е близу и демне, подготвен секој миг да скокне врз вас и да ве стори свој плен, само ако ви падне духот и ако задремете.”
— Големата борба, 532 (601).
б. Додека Бог го благословувал Јосифа изобилно, што ѓаволот се обидувал да направи? Создавање 39,5-7; 1 Петрово 5,8.
„Нашиот голем противник има свои агенти кои постојано демнат да ја уништат душата, како што лавот го демне својот плен.” — Колпортерска служба, 52.
„Човекот е природно наклонет да ги следи сугестиите на сатаната, и затоа не може успешно да се спротивстави… освен ако Христос, моќниот освојувач, живее во него, насочувајќи ги неговите желби и давајќи му сила. Само Бог може да ја ограничи власта на сатаната. Сатаната слободно се движи на сите страни на Земјата, се подига на неа и повторно се спушта. Тој ниту за момент не ја намалува својата будност, плашејќи се да не пропушти некоја можност за уништување на душите.”
— 1 Сведоштво, 309 (341).
Понеделник — 2. февруари
2. СТАПИЦИТЕ НА ЃАВОЛОТ
а. Која била целта на ѓаволот кога поставил стапица на прељубодејство пред очите на Јосиф? Создавање 39,7; Изреки 5,1-5; 7,22.23.27.
„Малку се искушенијата кои се поопасни или попогубни за младите луѓе од искушенијата на сензуалните уживања и ниедно попуштање нема да се покаже така погубно за телото и душата и за овој и за идниот живот. Благосостојбата на целата негова иднина зависела од моментот на одлуката.” — Коментари на библ. текстови 43.
„Драги млади пријатели, малку време поминато во сеење на какол, ќе даде жетва која ќе го загорчи целиот ваш живот; еден час на лекомисленост, едно попуштање на искушението, може целиот ваш живот да го насочи во погрешна насока. Младоста можете да ја имате само еднаш во животот; затоа направете ја корисна. Кога еднаш нешто си направил, никогаш не можеш да се вратиш за да ја поправиш својата грешка.”
— 4 Сведоштво, 596.
б. Под кои околности човекот е најмногу склон да падне во гревот на неморалот? Создавање 39,11.12 (прв дел); Изреки 7,13-21.
„Сите кои своеволно отстапуваат од Божјите заповеди се ставаат под контрола на сатаната. Многу поединци се мешаат со злото мислејќи дека можат со тоа да раскинат кога ќе посакаат; но тие се заведуваат повторно и повторно сè додека не се најдат под контрола на волјата посилна од неговата. Тој не може да и избега на неговата таинствена сила. Тајниот грев или страста можат да ги држат во заробеништво потполно беспомошни како оној демонски роб од Капернаум.” — Верата со која живеам, 312.
„Некој може да го сокрие својот грев од таткото, мајката, сопругата и пријателите, но сепак сето тоа е откриено пред Бога и се забележува во Неговиот записник.”
— Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, p. 89.
в. Зошто не треба да бидеме сами во компромитирачки ситуации со спротивниот пол? 1 Солунјаните 5,22.
„Сите кои Го љубат Исус и ги држат заповедите ќе настојуваат да избегнат сè што изгледа на зло; не затоа што тие се принудени тоа да го направат, туку затоа што го копираат чистиот Модел и чувствуваат одбојност кон сè што е спротивно на законот напишан во нивните срца.”
— Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, p. 81.
Вторник — 3. февруари
3. ЦЕНТАР НА НАШИТЕ МИСЛИ
а. Кога Јосиф се соочил со заводничкото искушение од страна на жената на Потифар, каде биле насочени неговите мисли? Создавање 39,7-9; Колосјаните 3,1-3.
„Одговорот на Јосиф ја открива моќта на верските начела. Тој нема да ја изневери довербата на својот земен господар, и без оглед на последиците, тој ќе Му биде верен на својот небесен Господар. Пред очите на Бога и светите ангели мнозина си дозволуваат слобода да го прават она што го сметале за грешно во присуство на своите ближни. Но Јосиф прво помислил на Бога: ‘Како јас да направам толку големо зло и да згрешам пред Бога’ (Создавање 39,9).” — Судир и храброст, 75.
„Кога ќе надојдат искушенија, не треба да гледаме на околностите или на личната слабост туку на силата на Речта. Целокупната нејзина сила е наша. ‘Твојата Реч’, вели псалмистот, ја скрив во своето срце за да не грешам против Тебе’ (Псалм 119,11).”
— Копнежот на вековите, 104 (123).
б. Што било тоа што Јосиф го одвратило од нејзиното напредување? Создавање 39,9; Евреите 8,10; Псалм 119,10.11. Што се случува кога ќе ги сокриеме Божјите ветувања во нашето срце? 2 Петрово 1,4.
„Стравот од Бога, обединет со љубовта која е благородна, чиста и возвишена, ќе ве заштити од нечесните постапки… Каква поука сите млади луѓе имаат од историјата на Јосиф. Овде моралниот интегритет е сочуван во најсилните искушенија. Како жесток и заводлив бил нападот врз неговата доблест! Доаѓајќи од таков извор и на таков начин, тоа било неверојатно искушување за таков младешки ум. Јосиф го спасиле неговите верски принципи кои го навеле брзо и цврсто да се спротивстави на лукавството на сатаната.” — Христос победник, 97.
„Ние ќе бидеме искушувани на различни начини, но кога сме во искушение треба да се сетиме дека победата ни е обезбедена над секое искушение… Оние кои навистина веруваат во Христа учествуваат во божествената природа и добиваат сила да се спротивстават на секое искушение. Тие нема да паднат во искушение ниту ќе дозволат да бидат поразени. Во време на искушението тие ќе се повикаат на ветувањето и ќе успеат да побегнат од изопаченоста која доаѓа на светот преку похотта.” — Христос победник, 197.
„Нека младите се научат темелно да ја проучуваат Божјата Реч. Примена во душата, таа ќе се покаже како силна барикада против искушението.”
— Совети за родителите, учителите и студ., 98 (121).
Среда — 4. февруари
4. БЕГАЈТЕ ОД ИСКУШЕНИЈАТА
а. На кој начин единствено можеме да се спротивставиме на сексуалните искушенија? Создавање 39,12; 1 Коринтјаните 6,18.
„Јосиф својата поглед во молитва за помош мирно го насочил кон небото, со брзо движење се извлекол од својата наметка со која бил облечен, оставајќи ја во рацете на својот искушувач, и додека очите – наместо на валканата страст – биле осветлени со цврста одлука, извикал: ’Како јас да направам толку големо зло и да згрешам пред Бога?’ Победата е здобиена; побегнал од маѓепсницата; тој е спасен.” — Коментари на библиските текстови, 43.
„Не запирајте ниту за миг со причини да го вразумувате искушувачот. Сатаната ќе се радува да ве види совладани од искушението. Не запирајте за да расправате со својата нејака совест. Избегнете го првиот чекор во престапот.”
— Совети за здравјето, 587.
б. Во моментот кога ѓаволот се обидува да ја уништи чистотата и невиноста на децата и младите промовирајќи разузданост, што можеме да научиме од Јосиф? 2 Тимотеј 2,22; 1 Тимотеј 4,12.
„За да ги заштитат своите деца од загадувачките влијанија, родителите треба да ги научат на начелата на чистота. Оние деца кои во домот ќе формираат навики на послушност и самосовладување ќе имаат помалку тешкотии да се борат против гревот на младоста. Родителите треба да ги учат своите деца да бидат верни на Бога во сите услови и на сите места. Тие треба да ги опкружуваат со влијанија кои го зајакнуваат карактерот.”
— Совети за детето, 113.
в. Кои практични мерки можеме да ги преземеме за да го избегнеме падот во искушението? Римјаните 13,14; Псалм 101,3.
„Оние кои не сакаат да упаднат во стапицата на сатаната, мора да ги чуваат приодите на својата душа и да се трудат да не читаат, да не гледаат и да не го слушаат она што наведува на нечисти мисли. Не смее да им се дозволи на мислите да се запираат на секој предмет што би можел да го дошепне непријателот на душите. Срцето мора верно да се чува; инаку надворешното зло буди склоност кон злото што постои внатре и душата талка во мрак.”
— Адвентен дом, 403.
Четврток — 5. февруари
5. НЕБОТО ГЛЕДА
а. Кој го посматрал Јосиф, кога тој се соочил со најголемиот предизвик во својот живот? Создавање 39,2; Изреки 5,20.21; 1 Коринтјаните 4,9.
„Огнените испитувања биле за да ја тестираат посериозно верата и карактерот на Јосиф. Моралот на Египќаните бил на многу ниско ниво. Сопругата на неговиот господар била мошне развратна жена, и сега искушението да застрани од правиот пат и да го престапи Божјиот закон стоело перед младиот изгнаник. Неговата идна благосостојба зависела од моментот на одлука. Дали сатаната ќе триумфира? Дали начелото ќе заблеска во Јосифовото срце? Дали Божјиот страв ќе остане негова заштита? Дали ќе остане верен и на Божјиот закон? Ангелите го посматрале овој Божји слуга со најголем интерес.”
— Знаците на времето, 8. јануари, 1880.
б. Иако човечките очи не можат да видат што правиме и можеби ќе ги сокриеме нашите приватни гревови од очите на човекот, што всушност ние секогаш треба да имаме на ум? Евреите 4,13; Проповедник 12,14.
„Кога секогаш би мислеле на тоа дека Бог гледа и слуша сè што правиме, дека за нашите зборови и постапки се води точен извештај и дека еден ден за сето тоа ќе одговараме – тогаш би се плашеле да грешиме. Младите секогаш нека имаат на ум дека Бог ги гледа секаде каде што се наоѓаат и било што да работат. Нему не може да му побегне ниту една наша постапка. Ние не можеме да ги сокриеме нашите патишта од Севишниот. Човечките закони, иако понекогаш строги, често се престапуваат без да се откријат, и затоа остануваат неказнети. Но, тоа не е случај со Божјите закони. Ниту најтемната ноќ не може да го засолни виновникот. Тој може да мисли дека е сам, но за секоја негова постапка присутен е невидлив сведок. Пред Божјиот поглед дури ниту побудите на нашето срце не се скриени.”
— Патријарси и пророци, 213 (217.218).
Петок — 6. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто христијаните треба секогаш да бидат будни?
2. Како може еден грев да го промени правецот во нашиот живот?
3. Како можеме најдобро да се подготвиме за средба со искушението?
4. Кои чекори мораме да ги преземеме за да го избегнеме паѓањето во развратни гревови?
5. Кога сме сами, далеку од луѓето, што секогаш треба да имаме на ум?
2015 • 1. Квартал
7. лекција – Чистота во времето на изопаченост
14. февруари 2015
„Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љубов, дух, вера и чистота.”
— 1 Тимотеј 4,12
„Каква поука сите млади имаат во историјата за Јосиф? Овде моралниот интегритет е сочуван во најтешки искушенија.”
— Христос победник, 97.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 433-456.
Недела — 8. февруари
1. БОГ ГИ ПОВИКУВА ЈОСИФОВЦИТЕ ДЕНЕС
а. На што Бог ги повикува младите луѓе кои сакаат да бидат како Јосиф денес? Создавање 39,9; 1 Тимотеј 4,12; Изреки 31,10-12.
„Не гледајте колку близу можете да одите по работ на пропаста и да бидете безбедни. Избегнете го првиот приод до опасноста. Не можете да се играте со спасението на вашата душа. Твојот капитал е твојот карактер. Негувајте го тоа како најскапоцено богатство. Истрајно негувајте морална чистота, самопочит и отпор кон злото. Во секој миг бидете внимателни; еден чин на блискост, една невнимателност може да ја загрози душата отворајќи ја вратата на искушението и слабеејќи ја моќта на отпорот.”
— Адвентен дом, 404.
б. Каква штета се нанесува кога се практикуваат сексуалните гревови? Изреки 6,27-33.
„Малку се искушенијата кои се поопасни или попогубни за младите луѓе од искушенијата на сензуалните уживања и ниедно попуштање нема да се покаже така погубно за телото и душата и за овој и за идниот живот.” — Letters to Young Lovers, 69.
„Давид бил човек кој се каел, и иако го признал и го мразел својот грев, тој не можел да го заборави.”
— Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 89.
Понеделник — 9. февруари
2. БРАКОТ ПОД НАПАД
а. Кој е единствениот интимен физички однос кој Бог го смета како морален и чист? Создавање 2,21-25; Евреите 13,4.
„Ако во брачната врска се признаваат и се почитуваат божествените начела, тогаш бракот е благослов; тој ја чува чистотата и среќата на човечкиот род; ги задоволува човековите социјални потреби и ја возвишува неговата телесна, интелектуална и морална природа.”
— Адвентен дом, 26.
б. Што се случува кога брачната институција, како што е дадена од Бога, веќе не е признаена од страна на општеството како мерило на сексуалната моралност? Исаија 5,20; Римјаните 1,26-32; Јован 3,19.20.
„Насекаде се гледаат бродоломите на човештвото, срушени семејни олтари, распаднати семејства. Необичното отстапување од начелата и моралните вредности е сè подлабоко и земјата брзо станува како Содом. Содомските практики кои ги предизвикале Божјите казни на уништување на светот со вода и кои предизвикале Содом да биде уништен со оган, бргу се зголемуваат. Бргу се приближуваме кон крајот. Бог долго ја поднесува перверзијата на човештвото, но нивната казна не е ништо помалку сигурна. Нека оние кои исповедаат дека се светлина на светот се одвојат од секое беззаконие.”
— Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 120.121.
в. Што се случува кога Божјата црква дозволува сексуалниот неморал да постои и во нејзините редови? Ефесјаните 5,11.12; Римјаните 2,21-24; Јуда 5,7.
„Разузданост, незаконска интимност и безбожни практики се вовлекуваат во голем степен и меѓу нас; и проповедниците кои се занимаваат со светите вистини се виновни за гревот во тој поглед. Тие ги посакуваат жените на своите ближни и ја престапуваат седмата заповед. Ние сме во опасност да станеме сестра на паднатиот Вавилон ако дозволиме нашите цркви да се изопачат и станат ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; и тоа нема да се очисти додека не се преземат одлучни мерки за да се излечи постојното зло.”
— Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 188.
Вторник — 10. февруари
3. ВИДЛИВИТЕ ГРЕВОВИ ВО ПОРАСТ
а. Со лесен пристап до интернет преку персоналните компјутери и другите преносни електронски уреди, кои нечисти гревови се во пораст? Матеј 5,27.28; 1 Јованово 2,16.
„Возбудливите љубовни приказни и нечисти слики вршат лошо влијание врз младината… Ова е време кога расипаноста насекаде преовладува. Со сликите и читањето се будат лоши страсти. Фантазијата го изопачува срцето. Луѓето сакаат да посматраат сцени кои будат ниски, животински страсти. Овие порочни слики кои делуваат на изопаченото вообразување, ги расипуваат добрите обичаи и ги поттикнуваат заслепените, измамени луѓе да се препуштат на похотните страсти.”
— 2 Сведоштво, 455 (410).
б. Што можеме да направиме за да себеси и нашите деца ги заштитиме од ваквата стратегија на ѓаволот? Лука 11,34.35; Псалм 101,3; Јов 31,1.
„Ако родителите сакаат своите деца да ги сочуваат чисти, тие мораат да ги опкружат со чисти опкружувања кои Бог може да ги одобри. Со каква грижа родителите треба да ги чуваат своите деца од безгрижните и деморализирачки навики! Татковци и мајки, дали го сфаќате значењето и одговорноста кои лежат на вас? Дали им дозволувате на вашите деца да се дружат со другите деца за кои не знаете како се воспитани? Не им дозволувајте да бидат сами со тие деца? Водете особена грижа за нив. Секоја вечер знајте каде се и што прават. Дали се чисти во сите нивни навики? Дали сте ги упатиле во начелата на моралната чистота?”
— Совети за детето, 114.
в. Покрај неморалното опкружување во кое се наоѓаме, какви треба да бидат нашите мисли и чувства? Филипјаните 4,8; 2 Петрово 1,4; Колосјаните 3,1.2.
„Ако во нивните чувствителни години умовите на децата се исполнети со пријатни слики на вистина, чистота и добрина, тоа ќе формира вкус за она што е чисто и возвишено, и нивната имагинација нема лесно да се изопачи или оскверни.” — Совети за детето, 116.
„Рекреацијата на отворено, размислувањето за Божјите дела во природата ќе бидат од најголема корист.” — 4 Сведоштво, 626 (653).
„Родителите и старателите мораат да ја одржуваат чистотата на срцето и животот ако сакаат нивните деца да бидат чисти.”
— Совети за детето, 27.
Среда — 11. февруари
4. ЦВРСТО НА БОЖЈА СТРАНА
а. Зошто е толку важно да ја браниме чистотата денес повеќе отколку во било кое друго време? 2 Тимотеј 3,13; 1 Коринтјаните 6,9-11.
„Неморал изобилува насекаде. Разузданоста е особен грев на овој век. Никогаш гревот со таква смелост не ја дигал својата изопачена глава како денес. Се чини дека луѓето се опиени, а оние кои ја љубат доблеста речиси се обесхрабрени од нејзината смелост, сила и распространетост… Беззаконието кое изобилува не е само ограничено на неверниците и потсмевачите. Би сакала да е така, меѓутоа не е. Грешат мнозина мажи и жени кои ја исповедаат Христовата вера. Дури и некои кои тврдат дека го очекуваат Неговото доаѓање не се поподготвени за тој настан од самиот сотона. Тие не се чистат од нечистотијата.”
— Адвентен дом, 328.
б. Каква високо принципиелна свест треба да поседуваат христијанските мажи и жени? 2 Тимотеј 1,7; Ефесјаните 4,13.14; Јаков 1,6-8.
„Најголемата потреба на светот е потребата од луѓе – луѓе кои не можат ниту да се купат ниту да се продадат, луѓе кои во длабочината на својата душа се праведни и чесни, луѓе кои не се плашат да го наречат гревот со неговото вистинско име, луѓе чија совест е верна на должноста како што магнетната игла му е верна на полот, луѓе кои ќе стојат на страната на праведноста па дури и небото да се урне.”
— Воспитување, 57.
в. Како можеме да имаме свест која се раководи според начелото и вистината, наместо со политика и лична склоност? Филипјаните 2,5; Псалм 40,8; Матеј 4,4.
„Оние кои никогаш не научиле од Бога што им е должност и кои не ги познаваат Неговите намери за нив, не се доверливи во времето на острите судири со силите на темнината. На нив влијае она што се гледа однадвор… Во препороденото срце постои цврсто начело на покорност на Божјата волја, бидејќи во таквото срце постои љубов за она што е праведно, добро и свето. Тука нема да има колебање, попуштање на вкусот, прилагодување на светот и прифаќање на одреден курс, бидејќи другите го прават тоа. Секој треба да стои за себе.”
— 2 Сведоштво, 544 (487.488).
Четврток — 12. февруари
5. НЕПРOМЕНЛИВ ПРИНЦИП
а. Што се случило кога Јосиф цврсто одлучил да застане на Божја страна? Создавање 39,12-20. Зошто не треба да бидеме изненадени од ова? 2 Тимотеј 3,12.
„Јосиф поради својата верност и морална честитост ги изгубил угледот и слободата. Ова е најтешката проба на која доблесните и богобојазливите луѓе можат да бидат изложени, кога се чини дека порокот напредува, додека доблеста е згазена и фрлена во прав. Заводничката останала да живее во мир и благосостојба како модел на исправност и пристојност, додека Јосиф, верен на начелата, бил целосно деградиран и обвинет за најодвратен злочин.”
— Коментари на библиските текстови, 44.
б. Како цврсто треба да стоиме во поддржување на чистотата на брачната институција? Матеј 14,3-10.
„Бракот од самото создавање е воспоставен од Бога како божествена институција… затоа нека бракот, како божествена институција, стои пред вас цврсто како и саботата од четвртата заповед.” — Testimonies on Sexual Behavior, Adultery, and Divorce, 159.
„Зошто (Јован Крстител) го предизвикал гневот на Иродијада кажувајќи му на Ирод дека е незаконски да живее со жената на својот брат? Предвесникот на Христос го изгубил својот живот затоа што отворено зборувал. Зошто тој не се воздржал да не зборува за она со што ќе го предизвика незадоволството на оние кои живееле во грев? Така постапувале луѓето чија должност била да бидат верни чувари на Божјиот закон, сè додека личниот интерес не го зазел местото на верноста и додека не се дозволило гревот да помине без укор. Кога гласот на верниот укор уште еднаш ќе се слушне во црквата?”
— Пророци и цареви, 96 (141).
Петок — 13. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто престапот на седмата заповед е толку опасен за душата?
2. Како општеството денес брзо ги исполнува пророштвата кои се однесуваат на второто Христово доаѓање?
3. Како технологијата може да стане смртоносно оружје во рацете на корисникот?
4. Која е најголемата потреба во светот денес?
5. Дали сте подготвени да го положите својот живот во одбрана на Божјите институции?
2015 • 1. Квартал
8. лекција – Развој на христијански карактер
21. февруари 2015
„Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост.”
— Јаков 1,2.3
„Малку се оние што сфаќаат колку малите работи во животот влијаат врз развојот на карактерот. Всушност, ниту една должност која треба да ја извршиме не е навистина мала. Разните околности со кои секојдневно се среќаваме се наменети за да се провери нашата верност и да се оспособиме за поголеми задачи.”
— Патријарси и пророци, 220.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 428-434.
Недела — 15. февруари
1. ХРИСТИЈАНСКИ ИСКУШЕНИЈА
а. Зошто било дозволено Јосиф да помине низ уште едно искушение во својот живот? Создавање 39,20; Псалм 105,17.18; 1 Петрово 4,14-16.
„Улогата која Јосиф ја одиграл во врска со сцените од мрачниот затвор, било она што на крајот го воздигнало до просперитет и чест. Бог предодредил дека тој треба да стекне искуство преку искушенијата, страдањата и неволјите за да го подготви за неговата идна возвишена положба.”
— Коментари на библиските текстови, 44.
б. Кое ветување треба да го имаме на ум кога поминуваме низ искушенијата? Создавање 39,21; 1 Коринтјаните 10,13; Филипјаните 4,19.
„Бог сигурно го чувал угледот (на Јосиф) кој бил оцрнет од страна на нечесниот обвинител, а подоцна во годините на неговата благосостојба направил да блесне со сиот сјај.” — Духовни дар. 3, 145.
„За секое искушение имаме Божјо ветување дека ќе се најде начин како тоа можеме да го избегнеме. Зошто тогаш мнозина се совладани? Тоа е затоа што немаат доверба во Бога.”
— Христијанска умереност, 25 (22).
Понеделник — 16. февруари
2. ЦЕЛОСНО ЗАДОВОЛСТВО
а. Како била непоколеблива верата на Јосиф од ова тешко а уште и неправедно судење? Создавање 39,22.23.
„Во почетокот управителот на затворот со Јосифа постапувал мошне свирепо. Псалмистот кажува: ‘Ги стегнаа во окови нозете негови, железо околу вратот негов, додека се исполни зборот негов: додека не се исполни неговото пророштво, за да се потврди Господовото слово’ (Псалм 105,18.19). Но вистинскиот карактер на Јосиф блескал дури и во мракот на затворот; тој во својата вера и во своето трпение останал истраен. Како возврат за толку години верно служење, добил најсвирепа казна, но тоа не го разочарало, ниту ја загубил верата. Го имал оној мир што доаѓа од свеста за сопствената невиност и затоа својот случај целосно му го препуштил на Бога.”
— Патријарси и пророци, 213 (218).
б. Кога ќе дојдеме во искушение да се посомневаме во тоа зошто Бог дозволува толку сурови неправди, на кого треба да се сетиме? Исаија 53,7; 1 Петрово 2,21-23.
„Ако сте во искушение? (Постариот Брат) ќе ве избави. Ако сте слаби? Тој ќе ве зајакне. Ако сте неуки? Тој ќе ве просветли. ‘Тој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни’ (Псалм 147,3). Без оглед на вашите грижи и искушенија изнесете го вашиот случај перед Господа. Вашиот дух ќе биде зајакнат да издржите. Патот ќе се отвори перед вас за да излезете од своите непријатности и тешкотии. Ако сте слаби и беспомошни ќе станувате сè посилни во Неговата сила.”
— Знаците на времето, 15. јануари, 1902.
в. Што очигледно покажува дека Потифар не верувал во целост во обвинувањата на својата жена? Создавање 39,20; Изреки 6,34.
„Доколку Потифар целосно верувал во обвиненијата на неговата сопруга, Јосиф би го изгубил својот живот. Но неговото однесување во минатото, неговата скромност и цврста честитост, биле убедлив доказ за неговата невиност; па сепак, за да се спаси угледот на куќата на неговиот господар, Јосиф бил жртвуван, додека грешната сопруга се возвишила и била ценета од нејзините пријатели како модел на доблест.”
— Знаците на времето, 8. јануари, 1880.
Вторник — 17. февруари
3. ПРОВЕРКА НА КАРАКТЕРОТ
а. Како Јосиф се однесувал во затворот? Филипјаните 2,4.
„(Јосиф) бил осуден како криминалец во мрачен затвор, но тој не станал мрзлив ниту со обесхрабрување гледал на тежината на својот случај. Тој останал трпелив во вера и надеж. Не го затворил своето срце во однос на луѓето што страдаат, не го свртил вниманието врз себе; туку имал разбирање за маките на своите колеги – затвореници, дарувајќи им љубезно сочувство. Тој го пронашол своето дело дури и во затворот. Тој навистина бил слуга на слугите. Бог во школата на страдањето го оспособил за поголема корисност. Научил да владее со себеси. Од позиција на чест и доверба одеднаш бил целосно деградиран; меѓутоа честитоста, невиноста и доблеста никогаш не можат да бидат деградирани. Божјата волја била неговиот владејачки мотив во благосостојба, и тој го покажал истиот висок критериум заради кој сега се наоѓал во затворските ѕидови. Ја носел својата религија насекаде со себе, каде и да одел, и во било која ситуација да бил поставен.”
— Знаците на времето, 8. јануари, 1880.
б. Додека бил во затворот, кои особини Бог се обидувал да ги поттикне во Јосифа? Создавање 40,1-4; 41,33.38.39; Изреки 1,1-5; 14,35.
„(Јосиф) не размислувал за сопствена вина, зашто ја немал, туку настојувал да ја заборави својата болка, трудејќи се да ја ублажи тагата и патилата на другите. Дури и во затворот нашол можност за своето дело. Во таа школа на страдање, Бог го приготвил за поголема корисност во животот, а тој не ѝ се опирал на потребната дисциплина. Во затворот, гледајќи ги последиците на угнетувањето, тиранијата и злосторството, ја научил поуката за праведноста, за сочувството и милосрдието, поука што го подготвила својата идна власт да ја применува мудро и со сожалување” — Патријарси и пророци, 214 (218).
„Формирањето на благороден карактер е доживотна задача и мора да биде резултат на грижливо вложени и истрајни напори. Бог дава можности, а успехот зависи од тоа како ни е ќе ги искористиме.” — Патријарси и пророци, 220 (223).
„Ние стануваме победници помагајќи им на другите да победат. Победуваме со крвта на Јагнето и заради словото на нашето сведоштво. Држењето на Божјите заповеди нè потчинува на духот на послушноста, а службата која произлегува од таков дух е прифатлива за Бога… Колкумина во нашите цркви настојуваат да постават таков пример кој на луѓето ќе им го прикаже Оној Кој е Светлината на светот?”
— RH, 25. февруари, 1909.
Среда — 18. февруари
4. ВТОР ЧЕКОР ВО БОЖЈИОТ ПЛАН
а. Како Јосиф преку Божјото провидение бил оспособен да им послужи на фараоновиот пехарник и пекар; Создавање 40,5-8 (прв дел). Во кого Јосиф се надевал кога се понудил да ги протолкува соништата? Создавање 40,8 (последен дел); Јаков 1,5.
„’Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде’ (Јаков 1,5). Ваквото ветување вреди повеќе од злато или сребро. Ако во понизност на срцето барате божествен совет во секоја неволја и збунетост, Неговиот збор ветува дека милостиво ќе ви биде даден. А Неговиот збор никогаш не може да изневери.”
— 5 Свед., 402 (427).
б. Што сонувал пехарникот, и како Јосиф тоа го протолкувал? Создавање 40,9-13.
„Пехарникот му го раскажал својот сон на Јосиф, кој тоа го протолкувал дека на пехарникот ќе му биде вратена фараоновата наклонетост, дека повторно ќе му ја дава чашата со својата рака како што тоа претходно го правел. Пехарникот бил задоволен со толкувањето и се ослободил од својата голема грижа.
„Јосиф на главниот пехарник му рекол дека после три дена тој повеќе нема да биде затвореник. Тој чувствувал голема благодарност кон Јосиф заради интересот што го покажал кон него, за љубезното однесување додека бил под негова рака, и перед сè, за неговата помош кога бил многу загрижен, кога го толкувал неговиот сон.”
— Духовни дарови 3, 147.
в. Пекарот исто така бил возбуден да дознае за својот сонот, но и какво е неговото значење? Создавање 40,16-19. Колку точно било Јосифовото толкување? Создавање 40,20-22.
„’А кога виде главниот пекар колку добро му го протолкува сонот’ (Создавање 40,16), се охрабрил и тој да го каже својот сон. Штом го раскажал својот сон, Јосиф тажно го погледнал, бидејќи го разбрал неговото страшно значење. Јосиф имал љубезно и сочувствително срце, сепак неговото високо чувство на должност го навело да ја каже вистината, иако тажно, го протолкувал сонот и на главниот пекар. Му кажал дека трите кошници врз главата значат три дена. И дека, како што птиците во неговиот сон јаделе месо од горната кошница, така ќе го јадат неговото тело бидејќи ќе биде обесен на дрво.”
— Духовни дарови 3, 147.148.
Четврток — 19. февруари
5. УЧЕЊЕ НА ЛЕКЦИИ ЗА ДОВЕРБА
а. Откако го протолкувал сонот на пехарникот, што Јосиф побарал од него, и зошто? Создавање 40,14.15. Како пехарникот возвратил на Јосифовата љубезност? Создавање 40,23.
„Пехарникот бил виновен за гревот на неблагодарноста. Откако се ослободил од својата вознемиреност, после утешното толкување на Јосиф, тој сметал дека, доколку царот повторно му ја укаже својата наклонетост, сигурно ќе се сети на Јосифовото заробеништво и дека ќе му зборува на царот во негова полза. Видел дека толкувањето на сонот точно се исполнило, но сепак во неговата благосостојба заборавил на Јосиф во неговото неправедно притворање. Неблагодарноста од страна на Господ се смета за еден од најтешките гревови. Иако тоа е гнасно и одвратно и перед Бога и перед луѓето, сепак тоа е секојдневна појава.”
— Духовни дарови 3, 148.
б. Која важна поука Бог сакал Јосиф да ја научи додека се наоѓал во затворот? Еремија 17,5; Исаија 49,14-16. Зошто? 1 Коринтјаните 1,31.
„Уште две години Јосиф останал во затворот. Надежта што горела во неговото срце постепено изумирала, а кон сите други искушенија се придружило уште и горчливото осило на неблагодарноста.” — Патријарси и пророци, 216(219).
„Верата е доверба во Бога – верување дека Тој нè сака и знае што е најдобро за нас. На тој начин, таа нè наведува наместо својот, да го избереме Неговиот пат. Наместо нашето незнаење, таа ја прифаќа Неговата мудрост; наместо нашата слабост, Неговата сила; наместо нашата грешност, Неговата праведност. Нашиот живот, ни се самите, сето тоа веќе е Негово; верата го признава Неговото право на сопственост и ги прифаќа благословите што тоа ги донесува. Вистината, правдата, чистотата, се посочени како дел од тајната на успехот во животот. И токму верата нè вдахнува со овие принципи.”
— Воспитување, 253.
Петок — 20. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кои средства Бог ги користи за да го развие карактерот?
2. Зошто треба да се обраќаме кон Него, кога ќе се соочиме со искушенија?
3. Како треба да се однесуваме кога поминуваме низ искушенија и тешкотии?
4. Како можеме да примиме вистинска мудрост?
5. На што треба да се сетиме кога сме разочарани од човечка негрижа?
2015 • 1. Квартал
9. лекција – Од затвор во палата
28. февруари 2015
„Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши.”
— Јаков 4,10
„Јосиф од затворот бил возвишен за господар над целата земја Египетска… Тој покажувал иста верност кон Бога како во затворската ќелија, така и во фараоновата палата… Верната совесност во сите должности и на секоја положба – од најниска до највисока – ги обучила сите негови способности за највисока служба.”
— Патријарси и пророци, 219.220 (222).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаците на времето, 15. јануари, 1880.
Недела — 22. февруари
1. СОНОТ НА ФАРАОНОТ
а. Откако Јосиф бил оставен да чека две години од моментот кога пехарникот бил пуштен на слобода, каков сон Бог му дал на фараонот? Создавање 41,1-7.
„Египетскиот цар во една ноќ сонил два сона, што очигледно укажувале на ист настан и навидум навестувале некоја голема несреќа. Тој не го сфатил нивното значење, а сепак тоа не престанало да го вознемирува. Сите мудреци и гаталци на неговото царство не можеле да ги протолкуваат.”
— Патријарси и пророци, 216 (219).
б. Како Господ се обидувал да му се открие на фараонот, како што тоа подоцна го направил со Навуходоносор? Создавање 41,8; Даниел 2,1-11.29.
„(Фараонот) ги повикал сите египетски волшебници и мудреци. Царот мислел дека тие наскоро ќе му помогнат да ги разбере овие соништа, затоа што имале репутација во решавањето на ваквите проблеми. Царот им ги раскажал своите соништа, но бил многу разочаран кога открил дека сите негови волшебници и прочуени мудреци не можеле да ги објаснат.”
— Духовни дарови 3, 149.
Понеделник — 23. февруари
2. ТОЛКУВАЊЕ
а. Како фараоновата неволја повторно го потсетила пехарникот на Јосиф? Создавање 41,9-13.
„Збунетоста и вознемиреноста на царот, сè повеќе растеле и целиот двор го обзел страв. Општата возбуда го потсетила главниот пехарник на неговиот некогашен сон и на неговото толкување. Така најпосле се сетил на Јосифа, и совеста го каснала поради неговата толку голема заборавност и неблагодарност. Веднаш му раскажал на царот како еден млад Евреин кој заедно со него бил во затворот, им ги протолкувал соништата и нему и на главниот пекар и како тоа толкување точно се исполнило.
„За Фараонот било непријатно понижување да ги заобиколи мудреците и гаталците на своето царство и за совет да му се обрати на некаков странец и роб, но бил подготвен и на најголемо понижување само да најде олеснување и мир за својот вознемирен дух. Веднаш пратиле по Јосифа. Тој во затворот се преоблекол и се истрижал, зашто косата во текот на долгото темнување и немилоста многу му пораснала. Потоа го извеле перед царот.”
— Патријарси и пророци, 216.
б. Како од примерот на Јосиф можеме да се поучиме своето знаење за Бога да го поделиме со другите? Создавање 41,14-16; 1 Петрово 3,15.
„Јосифовиот одговор на царот ја покажува неговата силна вера и понизна доверба во Бога. Тој скромно се откажал од секаква чест дека поседува посупериорна мудрост за толкување од другите. Му рекол на царот дека неговото знаење не е поголемо од знаењето на оние што веќе ги консултирал. ‘Тоа не е од мене’ (Создавање 41,16). Само Бог може да ги објасни овие мистерии.” — Духовни дарови 3, 150.
„Јосиф го понел Бога со себе во Египет, а тој факт го потврдувал со своето расположение и покрај сите негови тешкотии…
„Толку пријатното расположение и сочувство со другите, и покрај сите негови тешкотии, на Јосиф му го давала неговата религија. Има луѓе кои кога ќе видат дека во животот со нив се постапува неправедно, стануваат кисели, неблагородни и нељубезни во своите зборови и однесувањето. Омразени и мразејќи ги другите, тие сè подлабоко тонат во обесхрабреност. Но Јосиф бил христијанин.”
— Синови и ќерки Божји, 320.
в. Кое пророштво Бог му го открил на фараонот преку толкувањето на Јосиф, и зошто? Создавање 41,25-32; 2 Петрово 1,19.
Вторник — 24. февруари
3. ВОЗВИШУВАЊЕ НА БОГА
а. Каков совет Јосиф му дал на фараонот по толкувањето на сонот, и што можеме да научиме од искуството на Јосиф? Создавање 41,33-37; Јаков 4,10.
„Царот поверувал во сè што Јосиф рекол. Тој верувал дека Бог бил со него и бил импресиониран од фактот дека тој бил најсоодветен човек да му се довери одговорност за остварување на сето она што го предложил. Тој не го презирал затоа што бил еврејски роб. Видел дека тој поседува извонреден дух. ‘Па им рече фараонот на слугите свои: Зар можеме да најдеме човек, како што е овој, во кого има Божји дух?’ (Создавање 41,38).” — Духовни дарови 3, 151.152.
„Оној кој Го прима Христа со жива вера одржува постојана заедница со Бога и претставува сад за чест. Ја носи со себе атмосферата на небото, која е дар на Божјата милост, богатство кое на светот не може да се купи.”
— Коментари на библиските текстови, 45.
б. Како сите искушенија и тешкотии го измениле Јосифа, и како фараонот го потврдил тоа? Создавање 41,38-45; Дела 4,13.
„Во целото царство Јосиф бил единствениот човек надарен со мудрост да укаже на опасноста што му се заканувала на царството и да ја истакне неопходноста од подготовка за отстранување на таа опасност. Царот се уверил дека тој навистина е најспособен да го изведе планот што самиот го предложил. Било евидентно дека Јосиф располага со божествена моќ, бидејќи ниеден меѓу царските државници не бил толку способен во тоа критично време да ја поведе нацијата. Фактот што Јосиф бил Евреин и роб не значел многу кога се одмерува со неговата мудрост и неговото здраво расудување. ‘Зар можеме да најдеме човек, како што е овој, во кого има Божји дух?’ (Создавање 41,38) им рекол царот на своите советници…
„Но карактерот на Јосиф ја поднел проверката подеднакво и во неволјите и во благосостојба. Тој покажувал иста верност кон Бога како во затворската ќелија, така и во палата на фараонот. Секогаш се чувствувал како странец во незнабожечка земја, одвоен од своите роднини кои Го почитувале Бога. Меѓутоа, тој цврсто верувал дека божествената рака ги насочува неговите чекори и не престанувајќи да се потпира врз Бога, сесрдно ги прифатил своите нови должности. Преку Јосиф вниманието на фараонот и на египетските големци било насочено кон вистинскиот Бог; иако тие и натаму се придржувале до своите идоли, сепак научиле да ги почитуваат начелата откриени во животот и карактерот на приврзаникот на Јехова.”
— Патријарси и пророци, 218.219 (221.222).
Среда — 25. февруари
4. БЛАГОСЛОВЕН ОД ГОСПОД
а. Колку години Јосиф поминал во затвор перед да излезе повторно на слобода? Создавање 37,2; 41,46. Зошто тоа траело толку долго? Псалм 27,14; 34,8.
„Како што ѕвездите се движат по одредени циркуларни патеки низ бескрајните пространства, Божјите намери не познаваат брзање нити задоцнување.” — Копнежот на вековите, 21 (32).
„Господ дозволува оние кои Му се мили да поминуваат низ искушенија, за да ги научат драгоцените поуки на доверба и вера во Него. Ако искушенијата се примени правилно, нашето верско искуство ќе покаже најголема вредност. Ако тоа нè наведе уште поцврсто да се потпреме на Бога, ние подобро ќе се запознаеме со Неговиот карактер.” — Знаците на времето, 10. март, 1881.
„Докажано е и познато дека најмногу учиме и сфаќаме од она што лично ќе го доживееме, од лично искуство. Бог нè повикува лично да се осведочиме преку Неговата Реч, преку вистинитоста на Неговите ветувања. Тој нè повикува ‘Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ’ (Псалм 34,8). Наместо да зависиме од зборот на друг, ние треба сами да се осведочиме… И како што се приближуваме до Исуса, и се фалиме со полнотата на Неговата љубов, нашиот сомнеж и мракот ќе исчезнат во светлината на Неговото присуство.”
— The Faith I Live By, 16.
б. Што покажува дека Јосиф навистина верувал дека сонот на фараонот е едно пророштво за иднината? Создавање 41,46-49; Јаков 2,17-22. Како Бог ја благословил неговата вера? Создавање 41,53-57.
„Иако Јосиф бил возвишен како владетел над целата земја, тој не го заборавил Бога. Знаел дека е странец во туѓа земја, одделен од својот татко и браќата кои го жалостеле, но тој цврсто верувал дека Божјата рака управува со неговиот животен пат и го довела до толку важна положба. И чувствувајќи се постојано зависен од Бога, сите свои должности како владетел над целата Египетска земја ги извршувал верно и совесно. ‘И за седум родни години земјата роди во изобилство. И собираше Јосиф за тие седум (плодородни) години секаков вид жито, што го даваше египетската земја, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви. Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокот морски, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број’ Создавање (41,47-49).
„Јосиф патувал по целата Египетска земја, давајќи налози за изградба на огромни складишта, и благодарение на неговата мудрост и одлично размислување обезбедени се додатни резерви на храна потребни за долгите години на глад.”
— Духовни дарови 3, 152.153.
Четврток — 26. февруари
5. БОГ ЌЕ НÈ ИЗДИГНЕ
а. Како можеме да се издигнеме над сите искушенија и тешкотии кои доажаат на нашиот пат? Исаија 40,31; Псалм 11,1.
„Потпрете се врз Христовото Слово како ваш гарант. Зар Тој не ве повикал да дојдете кај Него? Никогаш немојте да изговарате зборови што обесхрабруваат и што ја уништуваат надежта. Ако постапувате така, многу ќе загубите. Гледајќи ги само надворешните околности и приговарајќи кога ќе дојдат тешкотии и притисоци, вие докажувате дека вашата вера е болна и слаба. Зборувајте и однесувајте се како да вашата вера е непобедлива. Господовите резерви се неисцрпни; Нему му припаѓа целиот свет. Гледајте со вера кон небото. Гледајте на Оној, Кој има светлина и моќ и делотворност.
„Вистинската вера е полетна, со цврсти начела, со постојани намери кои не можат да ги ослабат ниту времето ниту напорите.”
— Христовите очигледни поуки, 116.117 (146.147).
б. Иако некои работи во човечките очи можат да изгледаат невозможни, што за нас значи искуството на Јосиф? Спореди: Создавање 39,20 и Создавање 41,41; Марко 10,27.
„Господ го избрал Јосифа, иако биле многу тешкотии перед него, да го носи тешкиот товар во една идолска нација. Тој требало да го работи она за што Господ го избрал, така што знаењето за Бога да заблеска во целото египетско царство. Јосиф не ја изневерил својата света доверба.” — RH, 25. мај, 1897.
„Препреките кои сатаната ги натрупал на вашиот пат, иако можат да изгледаат несовладливи како вечните ридови, ќе исчезнат перед барањата на верата. ‘Ништо нема да биде за вас неможно’ (Матеј 17,20).” — Копнежот на вековите, 418 (431).
„Човековата потреба е можност за Бога.”
— Судир и храб., 336.
Петок — 27. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог на незнабожечкиот фараон му дал пророчки сон?
2. Зошто пророштвото, повеќе од било што друго, сведочи за Божјата сила и Неговото постоење?
3. Каков треба да биде нашиот став ако сакаме да Бог да нè употреби?
4. Какви искуства Бог сака сите ни да имаме?
5. Што треба да се сетиме кога следниот пат ќе се најдеме во искушение?
2015 • 1. Квартал
10. лекција – Првата средба
7. март 2015
„Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува.”
— 1 Петрово 4,12
„Ние се искушуваме и проверуваме пред Бога за да видиме дали можеме поединечно да се удостоиме да бидеме членови на семејството кое го сочинуваат откупените на небото.”
— Христијанско воспитување, 145.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 221-224.
Недела — 1. март
1. ПРИЧИНАТА ЗА ГЛАДTTA
а. Која скриена намера ја имал Бог дозволувајќи гладтта да стигне и до Ханан? Создавање 42,1.2; 46,3. Кога не можеме да ја видиме Божјата намера во нашето искушување, што треба да чиниме? Изреки 3,5.6; Евреите 11,6. Зошто?
„Сите ние сакаме директни и брзи одговори на нашите молитви и паѓаме во искушение да се обесхрабриме ако одговорот е одложен или доаѓа во поинаква форма. Но Бог е премногу мудар и добар да одговори на нашите молитви точно во она време и на начинот кој го посакуваме. Тој сака да направи далеку повеќе и подобро за нас, отколку што би направил кога би ги исполнил нашите желби. И бидејќи со целосна доверба можеме да се потпреме на Неговата мудрост и љубов, ние не треба да бараме Тој да ја прифати нашата волја, туку треба да ги сфатиме и исполнуваме Неговите далекосежни намери. Нашите желби и интереси треба да се изгубат во Неговата волја.
„Овие искуства кои ја тестираат верата се за наша корист. Преку нив се открива дали нашата вера е вистинска и искрена, дали се темели на Божјата Реч, или пак, во зависност од околностите, несигурна и променлива. Верата зајакнува со вежбање. Мораме да бидеме трпеливи до крај, имајќи на ум дека во Библијата постојат драгоцени ветувања за оние кои чекаат на Господа.”
— Слуги на еванг., 197 (219).
б. Зошто Јаков испратил само десет синови во Египет; од што тој се плашел? Создавање 42,3.4.
Понеделник — 2. март
2. ПРОВЕРКА НА ИСКРЕНОСТА
а. На што Јосиф веднаш се сетил кога ги препознал своите браќа како се поклонуваат пред него кога дошле за храна? Создавање 42,5-9; 37,5-8.
„Кога Јосиф ги видел своите браќа на колена пред себе, неговите соништа му дошле на ум и пред неговите очи оживеале сцените од минатото. Одмерувајќи ги со остар поглед, веднаш забележал дека меѓу нив го нема Венијамин. Можеби и тој паднал како жртва на подмолната свирепост на овие нескротливи луѓе? Тој решил да ја дознае вистината.”
— Патријарси и пророци, 222 (224.225).
б. Зошто неговите браќа не успеале да го препознаат Јосифа? Создавање 42,8.23; 41,42.43.45.
„Неговото еврејско име (Јосиф) било заменето со ново, што му го дал царот, а меѓу премиерот на Египет и момчето што тие им го продале на исмаелските трговци, имало малку сличност.”
— Патријарси и пророци, 221 (224).
в. Зошто Јосиф ги ставил своите браќа во затвор за три дена, и за што тие најмногу размислувале за тоа време? Создавање 42,9-17.
„(Јосиф) посакал да дознае дали (неговите браќа) го поседуваат истиот горделив дух кој го имале додека бил со нив…
„Трите дена во притвор биле денови на горчлива тага за синовите на Јаков. Живо им излегувале пред очи лошите постапки од минатото, особено нивната суровост кон Јосиф. Тие знаеле дека доколку бидат осудени за шпионажа, а тие немаат очигледни докази да се оправдаат, сите тие ќе треба да умрат или ќе станат робови. Се сомневале дали сите напори кои било кој од нив можел да ги направи ќе предизвикаат нивниот татко да се согласи да го пушти Венијамин да отиде од него, после суровата смрт, со каква што мислел дека пострадал Јосиф.” — Духот на пророштвото 1, 140-142.
„Бог… нè доведува во тешки положби за да видиме дали имаме доверба во силата која е над нас. Секој има неоткриени црти на карактерот кои мора да излезат на виделина преку искушенијата. Бог им овозможува и на оние кои се задоволни со себе да бидат тешко искушувани за да ја сфатат својата беспомошност.”
— Во небесните пространства, 279.
Вторник — 3. март
3. ЖНЕЕМЕ ШТО СМЕ ПОСЕАЛЕ
а. Што Јосифа навистина го загрижувало, и зошто? Создавање 42,18-20; 35,16-19.
„(Јосиф) загрижено настојувал да извлече (од неговите браќа) некои информации во поглед на нивниот татко Венијамин… Нему му било особено важно што повеќе да дознае во врска со неговиот татко и Венијамин.”
— Духот на пророштвото 1, 140.141.
б. Зошто неговите браќа мислеле дека оваа несреќа дошла на нив? Создавање 42,21.22. Каков ефект овој разговор имал на Јосиф? Создавање 42,23.24 (прв дел).
„(Синовите на Јаков) го продале Јосиф како роб и сега биле исплашени дека Бог очигледно ги казнува дозволувајќи да станат робови.” — Духот на пророштвото 1, 142.
„Се обвинувале во врска со нивното постапување кон Јосиф. ‘Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова, кога ни се молеше, но ни се оглушивме. Затоа и нè снајде ова зло.’ А Рувим кој во Дотан имал намера да го спаси, рекол и тогаш: ‘Зар не ви реков јас – не грешете против детето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова’ (Создавање 42,21.22). Слушајќи го сето тоа, Јосиф не можел да ги совлада своите чувства, па излегол надвор и плачел.”
— Патријарси и пр., 223.
в. Кога работите ќе тргнат наопаку во нашите животи, кого во своето искушение го обвинуваме? Создавање 42,24-28. Која всушност е вистинската причина за нашите проблеми? Галатјаните 6,7.8; Создавање 32,23.
„О, кога би можела да оставам вистински впечаток врз умот на младите и старите во поглед на страшната грешност на гревот! О, кога сите би можеле да имаат вистинска претстава за неговата одвратност пред Бога и штетноста кон луѓето. Словото на вистината изјавува: ‘Знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев’ (Броеви 32,23). Вистинскиот карактер на секој чин од вашиот живот ќе биде познат. Може да се случи во овој живот преку Божја Промисла некои неочекувани околности да ги откријат твоите тајни зли дела; но треба ли да се настојува својот вистински карактер да го криете од очите на луѓето, кога неизбежно доаѓа ден кој ќе ја разоткрие секоја душа, која не се покајала за своите гревови и го оставила злото преку Христовата сила, Кој умрел за ние да живееме.”
— RH, 27. март, 1888.
Среда — 4. март
4. ОТКРИВАЊЕ НА КАРАКТЕРОТ
а. Зошто Симеон бил оставен во затвор? Создавање 42,24. Каква била реакцијата на Јаков кога му била кажана веста? Создавање 42,29-36.
„Кога се вратил (Јосиф), наредил да го врзат Симеон пред нив и повторно да го вратат во затворот. Симеон бил иницијатор и главен учесник во тоа злосторство, и затоа изборот паднал токму врз него.” — Патријарси и пророци, 223 (226).
„Јаков за Венијамин бил приврзан со сите сили на мајчината љубов. Тој покажал колку длабоко ја почувствувал загубата на Јосиф. Но, недостигот нa храна сè потешко го притискала Јаков и неговите деца и целото семејство барало храна.”
— Духовни дарови 3, 158.159.
б. Објаснете зошто изјавите на Рувим и Јуда ја откривале нивната братска наклонетост еден кон друг и кон нивниот татко и како од тоа зависело и нивното држење кон Јосиф? Создавање 42,37; 43,8.9.
„Во текот на годините, откако Јосиф не бил меѓу нив, карактерот на овие синови на Јаков значително се изменил. Порано биле завидливи, незауздени, склони кон измама, сурови и одмаздливи. Но сега, откако ги снашла неволја, се покажале како несебични, верни еден кон друг и посветени на својот татко, почитувајќи го неговиот авторитет, иако и самите веќе биле средовечни луѓе.”
— Патријарси и пророци, 222 (225).
в. Какви тенденции и ние често манифестираме во нашите семејства кога работите одат наопаку? Создавање 43,1-7. Од каде потекнуваат овие слабости? Создавање 3,12.13; Откровение 12,10.
„Нека секое семејство во искрена молитва побара од Господа помош да го изврши Божјо дело. Нека ги победат навиките на избрзан говор и желбата да ги обвинуваат другите. Нека се учат да бидат љубезни и учтиви во домот, да ги формираат навиките на промисленост и внимателност.
„Каква штета се прави во кругот на семејството поради изговарање на нестрпливи зборови, бидејќи тие ги наведуваат другите да одговорот со ист дух и на ист начин. Потоа следуваат зборови на одмазда и самооправдување, кои создаваат тежок и болен јарам за вашиот врат, сите овие горки зборови ќе се вратат како погубна жетва на вашата душа.”
— Адвентен дом, 438.439.
Четврток — 5. март
5. ДА СЕ НАУЧИМЕ НА ДОВЕРБА ВО БОЖЈАТА МИЛОСТ
а. Коен Јаков се чувствувал принуден да попушти, во чии раце бил принуден да се предаде? Создавање 42,19.20; 43,8-14; Псалм 33,18-22.
„Јаков се чувствувал принуден да дозволи неговиот син Венијамин да отиде со своите браќа. Тој, исто така, испратил подарок до владетелот, надевајќи се дека со тоа ќе ја добие неговата наклоност и милост. Исто така им наредил на своите синови да земат двојно повеќе пари, и да ги вратат парите кои се нашле во нивните вреќи; бидејќи можеби биле ставени таму по грешка. Тој им рече: ‘Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек’ (Создавање 43,13).
„Кога неговите синови се подготвувале да заминат на овој неизвесен пат, нивниот стар татко станал меѓу нив, и кревајќи ги рацете кон небото побарал од Господ да оди со нив и милостиво да им ја подари Својата заштита. ‘А семоќниот Бог Ел-Шадај да ви помогне да најдете милост кај оној човек, па да ви го пушти и другиот ваш брат, и Венијамин. А јас, пак, ако треба веќе да останам без деца, нека останам’ (Создавање 43,14).”
— Духовни дарови 3, 158.159.
б. Кога сме соочени со непредвидливи околности на кого можеме секогаш да се потпреме? Плач Еремиин 3,22.23; Псалм 103,13-17.
„Ако со жива вера се држиме до (Капетанот на нашето спасение) зборувајќи како Јаков: ‘Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш’ (Создавање 32,26); ако се молиме: ‘Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене’ (Псалм 51,11), Неговото ветување гласи: ‘Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам’ (Евреите 13,5).”
— Нашиот висок повик, 22.
Петок — 6. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објаснете како и негативните околности може да ни користат на долг рок?
2. Колку цврста вера можеме да имаме во Божјите пророштва?
3. На што треба да се сетиме кога сме во искушение да го сокриеме гревот?
4. Како семејната криза често го открива вистинскиот карактер?
5. Што е милост, и зошто толку многу зависиме од неа?
2015 • 1. Квартал
11. лекција – Втората средба
14. март 2015
„Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.”
— Јован 15,12.13
„Во љубовта се наоѓа многу поголема моќ отколку што некогаш може да се најде во осудувањето. Љубовта ќе го пробие својот пат низ сите пречки, додека осудата и критиките ги затвораат сите приоди до душата.”
— 3 Сведоштво, 88.89 (94).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаците на времето, 29. јануари, 1880.
Недела — 8. март
1. СТРАВ ОД ОДМАЗДА
а. Додека Јосиф подготвувал гозба за своите браќа, што било најглавно во нивните мисли? Создавање 43,16-22.
„Кога ги повеле во палатата на гувернерот, браќата на Јосиф се уплашиле дека ќе бидат повикани на одговорност поради парите најдени во нивните вреќи. Си мислеле дека сето тоа можеби е намерно поставено за да се најде изговор за нивно заробување. Во својата вознемиреност, тие му се обратиле на управникот на Јосифовиот дом и му раскажале под кои околности дошле во Египет. Како доказ за својата невиност му кажале дека ги вратиле парите пронајдени во нивните вреќи, а исто така, донеле и други пари за да купат храна. ‘Не знаеме кој ни го стави среброто наше во вреќите’ (Создавање 43,22).”
— Патријарси и пророци, 225 (228).
б. Како реакцијата на слугата говорела дека Јосиф навистина бил мисионер во Египет? Создавање 43,23; Римјаните 10,13-15.
„Преку Јосиф вниманието на фараонот и на египетските големци било насочено кон вистинскиот Бог; иако тие и натаму се придржувале до своите идоли, сепак научиле да ги почитуваат начелата покажани во животот и карактерот на приврзаникот на Јехова.”
— Патријарси и пророци, 219 (222).
Понеделник — 9. март
2. ИСПОЛНУВАЊЕ НА СОНОТ
а. Како се чувствувал Јосиф кога го видел неговиот помлад брат за прв пат после дваесет години? Создавање 43,24-30.
„Кога Јосиф го видел Венијамина со нив, тој едвај можел да ги задржи своите братски чувства на љубов. Наредил да се направат подготовки за неговите браќа да вечераат со него…
„Кога Јосиф дошол дома, неговите браќа му ги предале даровите во името на нивниот татко и му се поклонија до земја.” — Духовни дарови 1, 145.146.
„Тогаш Јосиф си спомнал за своите соништа и откако ги поздравил гостите, веднаш ги прашал: ‘Добар ли е вашиот стар татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?’ А тие одговорија: ‘Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е.’ Па се наведнаа и му се поклонија. А кога ги подигна очите свои (Јосиф), го виде братот свој, Венијамин, и рече: ‘Овој ли е најмалиот брат ваш, за кого ми зборувавте?’ И додаде: ‘Бог нека ти биде благонаклонет, синко!’ Тогаш Јосиф побрза надвор, зашто срцето му се беше возбудило поради братот негов. Му дојде да заплаче, па влезе во внатрешната соба и таму плачеше’ (Создавање 43,27-30).”
— Патријарси и пророци, 226 (228).
б. Што сите браќа мошне необично ги изненадило додека ручале со Јосиф? Создавање 43,31-33.
„Јосиф ги поставил своите браќа на масата, каков што бил обичајот кога биле познати нивните години, почнувајќи од најстариот, според нивното првородство, се распоредиле еден по друг до најмладиот, како тој совршено да ја знаел нивната возраст. Браќата биле изненадени од оваа постапка на Јосиф, како тој, мислеле тие, можел да ја знае нивната возраст.”
— Духот на прор. 1, 146.147.
в. Зошто Јосиф настојувал да му угодува на Венијамин пред неговите браќа? Создавање 43,34.
„Бидејќи Јосиф испраќал делови од храната на секој од своите браќа, тој на Венијамин му испратил пет пати повеќе отколку на другите. Тој го сторил тоа не само да ја покаже својата особена наклонетост кон својот брат Венијамин, туку да провери дали тие кон Венијамин ја негуваат онаа иста завист која некогаш ја покажувале кон него. Тие мислеле дека Јосиф не го разбира нивниот јазик и затоа слободно разговарале еден со друг во негово присуство; затоа Јосиф имал добра прилика да ги дознае нивните вистински чувства без нивно знаење.”
— Духот на пророштвото 1, 147.
Вторник — 10. март
3. ПРОВЕРКА НА ЉУБОВТА
а. Зошто Јосиф наредил неговата чаша да се стави во вреќата на Венијамин? Создавање 44,1-6.
„Сепак (Јосиф) сакал да ги провери (неговите браќа) уште еднаш, и пред нивното заминување наредил неговата сребрена чаша да се сокрие во вреќата на најмладиот брат.
„Браќата радосно се упатиле дома. Со нив биле Симеон и Венијамин. Нивните животни биле натоварени со жито, и сите чувствувале дека среќно ги избегнале опасностите што им изгледале неизбежни. Но, само што излегле од периферијата на градот, ги стигнал надзорникот на гувернерот и ги обвинил: ‘Зошто враќате зло за добро? (Создавање 44,4).”
— Патријарси и пророци, 226 (229).
б. Како браќата реагирале кога ја виделе чашата во вреќата на Венијамин? Создавање 44,11-13. Зошто слугата започнал од најстариот брат?
„Царевите и владетелите имале чаша од која пиеле и која била сметана за сигурен детектор ако некоја отровна супстанца е ставена во нивниот пијалак… ‘И тие брзо ги симнаа вреќите свои, и ги одврзаа секој својата вреќа. А тој почна да бара, почнувајќи од најстариот, и завршувајќи со најмалиот; и се најде чашата во вреќата Венијаминова (Создавање 44,11.12).
„Со ова откритие сите во голема мера биле изненадени и тоа го изразиле со својата голема вознемиреност, ја раскинале својата облека, што било обичај кога некој ја изразувал својата голема болка. Венијамин бил шокиран и збунет најмногу од сите браќа. Тие се вратиле во градот тажни и исплашени. Мислеле дека Божјата рака е против нив поради беззаконијата од минатото.”
— Духот на пророштвото 1, 147.148.
в. Зошто е важно внимателно да ги одбираме нашите зборови, дури и кога се чувствуваме сигурни? Создавање 44,7-10; Матеј 12,36.37.
„Според она што самите го изјавиле, Венијамин бил осуден на ропство. И стравувањата на нивниот татко би можеле целосно да се реализираат. Несреќата го погодила неговиот најсакан син Венијамин.”
— Духот на пророштвото 1, 148.
Среда — 11. март
4. ЉУБОВТА НА БРАЌАТА ОТКРИЕНА
а. Кој чин на Јуда покажува дека браќата целосно се покајале за својот предавнички грев направен пред дваесет години? Создавање 44,14-34; Јован 15,12.13.
„Јуда им рекол на своите браќа дека Бог го открил нивното беззаконие што го продале нивниот брат во Египет, и дека сега им се враќа нивниот престап дозволувајќи и тие исто така да станат робови…
„Јосиф одбил, според зборовите на Јуда, сите да ги прими како робови… Јуда, покрај останатото, во разговорот со Јосиф го изнел и противењето на таткото и Венијамин да дојде со нив во Египет, и дека самиот тој се заветувал да биде гарант за Венијамин, дека ако не го донесе кај неговиот татко ќе ја носи вината засекогаш. Тој слаткоречиво се залагал во името на својот татко изнесувајќи ја неговата голема болка поради загубата на Јосиф, и дека Венијамин е единствениот кој останал од мајка му која неговиот татко ја сакал и дека ако Венијамин биде одделен од својот татко, тој ќе умре, бидејќи неговиот живот е врзан за животот на младичот. Јуда тогаш благородно се понудил да стане роб наместо својот брат; бидејќи тој не може да се сретне со својот татко, без Венијамин.”
— Духот на пророштвото 1, 148.149.
б. После молбата на Јуда да го поштеди Венијамин и да го спаси својот татко од болка, што Јосиф бил принуден да направи? Создавање 45,1.2.
„Јосиф бил задоволен. Ги проверил своите браќа и видел во нив плодови на вистинско покајание за нивниот грев; бил длабоко потресен и не можејќи да ги сокрие своите чувства побарал да остане сам со своите браќа. Тогаш, ги испразнил своите долго потиснувани чувства и гласно заплакал.”
— Духот на пророштвото 1, 149.
в. Зошто неговите браќа се вознемириле кога Јосиф конечно им се открил? Создавање 45,3.4.
„Браќата се стаписале и занемеле од страв и изненадување. Зарем владетелот на Египет да биде нивниот брат Јосиф, на кого му завидувале, сакале да го убијат, и најпосле го продале како роб! Пред очи им излегло сето зло што му го сториле. Си споменале за тоа како ги презирале неговите соништа и како се труделе да го спречат нивното исполнување. Сепак, тие со својата постапка придонеле тие соништа да се исполнат. А сега, бидејќи целосно се во негова власт, очекувале дека тој без сомнение ќе им се одмазди за неправдата што морал да ја претрпи.”
— Патријарси и пророци, 229 (230).
Четврток — 12. март
5. ПРОСТУВАЊЕТО – ВИСТИНСКИ ЛЕК
а. Како Јосиф ја покажал својата грижа за чувствата на своите браќа и својата прошка кон нив? Создавање 45,5.
„Кога Јосиф ја видел конфузијата на своите браќа им рекол: ‘Дојдете поблизу до мене’, и кога пристапиле, продолжил: ‘Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, бидејќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш’ (Создавање 45,4.5). Чувствувајќи дека веќе доволно страдале поради својата свирепост кон него, тој благородно настојувал да го отстрани нивниот страв и да ги утеши.”
— Патријарси и пророци, 229 (230).
б. Кој е единствениот начин нарушените односи да се залечат и повторно воспостават? Матеј 18,21; Колосјаните 3,12.13. Кој е најголемиот камен на сопнување за возобновување на нарушените односи? Изреки 13,10.
„Секое укажување на грешките на другиот за заблудениот претставува постојано понижување. Затоа тоа искуство никој не треба уште повеќе да го загорчува со непотребна осуда. Никој никогаш не се поправил заради укори и обвинувања; напротив, на тој начин многумина биле сосема одбиени и наведени целосно да го затворат своето срце за секакво убедување или свест за вина. Кроткиот дух, нежното и пријатно однесување, може да ги спаси заблудените и да покрие мноштво гревови.” — Здравје и среќа, 142 (166).
„Поголемиот дел на тешкотии за пет минути би биле отстранети доколку не би имало гордост и себичност. Ангелите се жалосни и Бог е незадоволен со тоа што цели часови биле потрошени во оправдување на себеси.”
— Рани списи, 130 (119).
Петок — 13. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што ќе се случи со луѓето околу нас, ако ние дозволиме нашата светлина да блесне како што направил Јосиф?
2. Објасни зошто Јосиф сè уште бил претпазлив во врска со довербата во своите браќа?
3. Зошто Јосиф наредил неговата чаша да се стави во вреќата на Венијамин?
4. Како Јосиф знаел дека неговите браќа се промениле?
5. Што или кој е најголемиот камен на сопнување кога треба да дојде до помирување?
2015 • 1. Квартал
12. лекција – Семејството повторно обединето
21. март 2015
„А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро.”
— Римјаните 8,28
„Сите доживувања и околности претставуваат Божји работници кои треба да придонесат за наше добро… Да погледнеме во светлината зад облаците.”
— Мојот живот денес, 202 (185).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Знаците на времето, 5. февруари, 1880.
Недела — 15. март
1. БОЖЈО ВОДСТВО
а. Како Јосиф им открил на своите браќа дека сè што се случило до тогаш е само резултат на Божјата промисла, а не човечка волја? Создавање 45,5-13.
б. Како христијани, кон што треба секогаш да стремиме и да прифатиме? Јаков 4,13-15; Изреки 16,9; Матеј 26,39.
„И денес мнозина се искушуваат… Иако тие не го слушаат Божјиот глас како им зборува директно од небото, Тој сепак ги повикува преку учењата на Својата Реч и преку настаните на Своето провидение. Тие можат да бидат повикани да се откажат од кариерата која ветува богатство и чест, да се откажат од погодните и корисни врски и да се одделат од своите роднини за да тргнат на пат кој, навидум, нуди само тешкотии, самооткажување и жртви. Бог ја определил задачата што тие треба да ја извршат меѓутоа, полесниот живот и влијанието на пријателите и роднините би го попречувале развојот токму на оние особини што се најсуштествени за извршување на таа од Бога определена задача. Тој ги изделува од влијанието и од поддршката на луѓето и ги наведува да почувствуваат потреба од Неговата помош и да зависат само од Него за да може Тој да им се открие. Кој е готов при повикот на Провидението да се откаже од своите омилени планови, од семејните и другите интимни врски со друштвото? Кој се согласува да ги прифати новите должности и да стапи во непознати области и со непоколебливо срце и доброволно да работи во Божјото дело, сметајќи ги за добивка загубите поднесени заради Христа?”
— Патријарси и пророци, 112 (126.127).
Понеделник — 16. март
2. ДОБРИ ВЕСТИ
а. Колку се пријатни Божјите патишта само ако чекаме на нив? Создавање 45,14.15. Што Јосифовите браќа имале да признаат?
„(Браќата на Јосиф) понизно ги признале своите гревови кои ги направиле против Јосиф и срдечно го замолиле за проштевање; им било мошне мило што го пронашле и виделе дека е жив; бидејќи многу пострадале од грижата на совеста и големата тага поради својата свирепа постапка кон него. И сега, бидејќи знаеле дека не се виновни за неговата крв, нивниот немирен ум нашол олеснување.
„Јосиф со задоволство им простил на своите браќа, и им испратил храна во изобилство, средства за превоз и сè што било потребно семејството на нивниот татко, но и нивното, да се пресели во Египет.”
— Духот на пророштвото 1, 151.
б. Кој настан ја открива Јосифовата голема љубов кон неговиот помлад брат? Создавање 45,16-23. Што им порачал Јосиф на своите браќа кога заминувале? Создавање 45,24.
„(Јосиф) се плашел (неговите браќа) да не влезат во расправа и меѓусебно обвинување поради вината во поглед на нивното сурово однесување кон него.”
— Духот на пророштвото 1, 151.152.
в. Како Јаков реагирал на веста дека Јосиф сè уште бил жив, и каков тежок грев браќата морале да признаат после толку години? Создавање 45,25-28.
„Синовите на Јаков се вратиле кај својот татко со радосната вест: ‘Јосиф е жив, и тој е гувернер над целата египетска земја! А неговото срце се вознемири, зашто не им веруваше. Но, кога му раскажаа за сè, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде колите, што му ги беше испратил Јосиф, за да го земат, тогаш живна духот на Јаков, нивниот татко. И рече Израел: „Доволно е што уште е жив синот мој Јосиф; ќе појдам да го видам, пред да умрам”’ (Создавање 45,26-28).
„На десетмината браќа им преостанал уште еден чин на понижување. Дури сега му ја признале на својот татко измамата и суровоста што толку многу години го загорчувале и неговиот и нивниот живот. Јаков не можел ниту да помисли дека тие би можеле да сторат толку страшен грев, но увидел дека сепак сè излегло на добро, па им простил на своите заблудени деца и ги благословил.”
— Патријарси и пророци, 230 (231.232).
Вторник — 17. март
3. ЈАКОВ ПОВТОРНО ГО СРЕЌАВА СВОЈОТ СИН
а. Што треба да научиме од начинот на кој Јаков сакал да се осигури дека Божјиот благослов го прати пред да ја напушти ветената Хананска земја? Создавање 46,1-7.
„(Јаков) тргнал на својот пат со радост во срцето, и кога дошол до Вирсавија принел благодарни жртви и го молел Бога да го благослови, и да му покаже дали Тој е задоволен со нивното заминување во Египет. Јаков сакал доказ од Бога дека ќе оди со нив (Создавање 46,2-4).” — Духот на пророштвото 1, 152.
„Ние треба да дојдеме кај Бога со сите наши товари, барајќи мудроста одозгора да нè води на секој чекор.”
— Знаците на времето, 15. август, 1892.
б. Зошто Бог сакал Неговиот народ да се пресели во Египет? Создавање 46,3; 12,1.2; Псалм 105,20-24.
„На Аврама му било ветено потомство многубројно како ѕвездите, но сè уште избраниот народ многу бавно се множел. А хананската земја, тогаш понудена, не претставувала поволна почва за развиток на таква нација каква што била проречена. Тогаш таа земја ја држеле во посед силни пагански племиња од кои требало да биде одземена дури во ‘четвртото колено’ (Создавање 15,16). За потомците на Израел да станат многуброен народ, тие би морале или да ги растераат староседелците на таа земја или со нив да се измешаат… Египет, сепак, давал услови потребни за исполнување на божествената намера. Така им било ставено на располагање едно добро наводнувано и плодно земјиште, што давало големи можности за нивно брзо размножување.”
— Патријарси и пророци, 230 (232).
в. Како му била исполнета желбата на Јаков кога бил на умирање? Создавање 46,29.30.
„Кога пристигнале во Египет, веднаш сите се упатиле во Гесенската земја. Во тој правец во пресрет им се упатил и Јосиф со својата државничка кола, придружуван со владетелска придружба. Јосиф потполно заборавил на достоинството на својата положба и на сјајот на својата околина. Една мисла го исполнувала неговиот ум, еден копнеж го возбудувал неговото срце. Забележувајќи ги патниците како се приближуваат, не можел веќе да ги совлада чувствата чиишто копнежи во текот на толку многу години биле потиснувани. Скокнал од колата и потрчал да го прегрне неговиот татко и да му изрази добредојде.”
— Патријарси и пророци, 231 (233).
Среда — 18. март
4. НЕ БАРА ОДМАЗДА
а. Зошто Јаков го заколнал Јосифа после неговата смрт да го пренесе неговото тело назад во Хананската земја? Создавање 47,27-31; 17,8.
б. Од што се плашеле браќата на Јосиф кога Јаков умрел – и зошто? Создавање 50,14-18.
„По погребот на Јаков, повторно срцата на Јосифовите браќа ги исполнил страв. И покрај сета негова љубезност и добрина покажани кон нив во сите околности на нивниот живот, свеста за нивниот грев сепак ги гонела да бидат недоверливи и застрашени. Можеби тој, си мислеле тие, својата одмазда ја одложувал од почит кон својот татко, и можеби сега има намера да ги казни со долго планираната казна за нивното зло дело. Не се осмелувале лично да излезат пред него, туку пратиле порака: ‘Татко ти остави клетва пред да умре и рече – ‘Вака кажете му на Јосиф: Прости им ги на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти ги направија’… Љубовта на Јосиф кон неговите браќа била длабока и несебична, и не можел да ја поднесе мислата тие да се плашат од негова одмазда; тоа го заболело. ‘Не плашете се!’, им кажал тој, ‘зар сум јас на местото на Бог’ (Создавање 50,16-19).”
— Патријарси и пророци, 238 (239).
в. Објаснете зошто Јосиф не бил огорчен ниту одмаздлив? Создавање 50,19-21; Римјаните 12,17-21.
„Кога Јосифовите браќа го признале својот грев пред него, тој великодушно им простил, и со своите дела на благонаклоност и љубов покажал дека е слободен од огорченоста за свирепото однесување кон него.” — Знаците на времето, 5. февруари, 1880.
„Еден од најчестите гревови, кој доведува до погубни последици, е духот на непростување. Колкумина негуваат непријателство или одмазда во своето срце, а потоа се поклонуваат пред Бога и бараат да им биде простено како и тие што простиле. Тие, несомнено, не го сфаќаат вистинското значење на оваа молитва, инаку не би се осмелиле да ја изговараат… Кога христијаните во секојдневниот живот би ги спроведувале начелата на оваа молитва, каква благословена промена би се случила во црквата и во светот! Тоа би било најубедливото сведоштво коишто може да се даде за вистинитоста на библиската религија.”
— 5 Сведоштво, 158 (170.171).
Четврток — 19. март
5. ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА
а. Кои пророчки ветувања Јосиф им ги дал на своите најблиски пред да умре, и кој бил повикан да го исполни тоа ветување? Создавање 50,22-26; Излез 3,1-10.
„(Излез 3,2-10). Се исполнило времето кога Бог сакал Мојсеј својот пастирски стап да го замени со Божјиот жезол кој можел да чини големи знаци и чуда во ослободувањето на Неговиот народ од угнетување и да ги заштити кога биле гонети од страна на нивните непријатели.”
— Духовни дарови 3, 188.
б. Зошто ова ветување е толку важно за Јосиф и неговите потомци? Создавање 17,7.8; Евреите 11,13-16.
„Бог на Аврам во визија му го покажал тоа бесмртно наследство, и со тоа неговата надеж била задоволена. ‘Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под шатори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување; зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог’ (Евреите 11,9.10).
„За Аврамовите потомци стои напишано: ‘Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени’. Овде на земјата мораме да живееме како гости и дојденци ако сакаме ‘подобро’ наследство, ‘односно небесно’ (Евреите 11,13.16). Оние кои се синови Авраамови се стремат кон оној град што Тој го очекуваше ‘чиј градител и творец е Бог’.”
— Патријарси и пророци, 162(170).
Петок — 20. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како, верувајќи во Божјата промисла, можеме да го промениме својот став во животот?
2. Зошто е далеку подобро порано да ги признаеме своите гревови отколку подоцна?
3. Наведете ги причините зошто Бог го одвел својот народ во Египет?
4. Кој грев многу често ја уништува љубовта и мирот меѓу браќата и сестрите?
5. На што е фокусирана верата на патријарсите?
2015 • 1. Квартал
13. лекција – Претслика на Христос
28. март 2015
„Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос.”
— Филипјаните 2,5
„Јосифовиот живот е илустрација на Христовиот живот.”
— Патријарси и пророци, 238 (239).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 217-234.
Недела — 22. март
1. ПРЕДАДЕН ОД СВОИТЕ БРАЌА
а. Како предавничката постапка на синовите на Јаков може да се спореди со Христовото предавство? Создавање 37,18; Јован 1,11; Матеј 21,37-39.
„Јосифовиот живот е илустрација на Христовиот живот. Зависта ги навела Јосифовите браќа да го продадат како роб; тие се надевале дека на тој начин ќе го спречат да стане поголем од нив. А кога бил спроведен во Египет, си ласкале себеси дека не мораат веќе да се вознемируваат поради неговите соништа, зашто отстраниле секаква можност тие да се исполнат. Но со нивните постапки управувал Бог, па се случило токму она што тие се обиделе да го спречат. Така и еврејските свештеници и старешини Му завидувале на Христа, плашејќи се дека Тој ќе го привлече вниманието на народот и ќе ги одврати луѓето од нив. Го убиле за да спречат да стане цар, но со тоа тие само придонеле да се оствари токму тоа.”
— Патријарси и пророци, 238 (239).
б. На кој начин продажбата на Јосиф може да се спореди со Јудината продажба на Христа? Создавање 37,28; Матеј 26,14-16.
„Јосиф бил продаден на своите непријатели од своите браќа за мала сума на пари. Божјиот Син бил продаден на своите најогорчени непријатели од страна на еден од своите ученици. Исус бил кроток и свет. Неговиот живот бил живот на неспоредливо самоодрекување, добрина и светост. Тој не бил виновен за било која неправда. Сепак биле ангажирани лажни сведоци да сведочат против Него. Тој бил омразен затоа што верно го укорувал и осудувал гревот и изопаченоста.”
— Коментари на библиските текстови, 41.
Понеделник — 23. март
2. НЕПРАВЕДНО ОБВИНЕТ
а. Што се случило со облеката на Јосиф и на Христос? Создавање 37,23.31; Матеј 27,28.35.
„Браќата на Јосиф му ја зеле наметката со многу бои. Исусовите егзекутори фрлале жрепка за Неговата едноделна наметка.”
— Коментари на библиските текстови, 42.
б. Како со своите постапки оние кои се противеле на Јосиф и Христос придонеле за нивното сопствено спасение? Создавање 50,20.21; Дела 2,36-38.
„Јосиф, со тоа што бил продан од страна на неговите браќа во Египет, станал спасител на семејството на неговиот татко. Сепак, овој факт не ја намалува вината на неговите браќа. Распнувајќи Го Христа Неговите непријатели Го направиле Спасител на човештвото, Спасител на паднатиот човечки род и Владетел на целиот свет. Но, злосторството на Неговите непријатели е исто така гнасно како Божјата рака да не ги контролирала настаните за Негова слава и за доброто на човекот.”
— Знаците на времето, 5. февруари, 1880.
в. Како Јосифовиот став во страдањето симболично укажувал на Христовите страдања? Создавање 39,19.20; Исаија 53,6-8.
„Јосиф одел со Бога. И кога бил затворен и страдал заради својата невиност, тој кротко тоа го поднесувал без мрморење. Неговата самоконтрола, неговото трпение во неволјите и неговата непоколеблива верност останале запишани за доброто на сите кои подоцна требале да живеат на земјата.” — Знаците на времето, 5. февруари, 1880.
„Околу крстот се собрале заслепените, фанатичните и неверните свештеници и старешините, исмејувајќи Го: ‘Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси!’ (Матеј 27,40)…
„Исус не кажал ниту еден збор како одговор на сето ова. Додека клинците му ги пробивале рацете, а капки на пот во агонија излегувале од Неговите пори, од бледите и треперливи усни на невиниот страдалник се слушнала молитва на љубов и простување за Неговите убијци: ‘Оче, прости им, зашто не знаат што прават’ (Лука 23,34).”
— 2 Сведоштво, 226 (208.209).
Вторник — 24. март
3. ВОЗВИШЕН ДО НАЈВИСОКИ ПОЧЕСТИ
а. Откако бил ослободен од затворот, Јосиф бил поставен за втор владетел; му било дадено ново име и сите морале да му се поклонуваат. Како ова може да се спореди со Христа откако бил ослободен од смртната темнина? Создавање 41,41-45; Евреите 10,12.13; 1,3.4; Филипјаните 2,9-11.
„Кога човекот се побунил, Христос станал негов Гарант и замена. Тој стапил во борба со силите на темнината; и кога преку смртта го уништил оној кој ја имал власта над смртта, Нему му биле дарувани највисоки почести. Вознесувајќи се високо, Тој ги повратил заробените и седнал од десната страна на Бога – токму оној Исус Кој го носел проклетството на гревот за нас. И таму Му е дадено име што е над секое име, името Исус пред кое треба секое колено да се поклони. Нему Бог му ја дал Својата моќ; Тој ги има клучевите од смртта и од гробот.”
— Библиско ехо, 15. јануари, 1889.
б. Какви сличности можат да се најдат во животната мисија на Јосиф и Христос? Како Бог ги употребил и едниот и другиот во спасување на човечките животи? Создавање 45,5-8; Јован 3,16.17; 6,53.63; 5,24.
„Записот за распнатиот и воскреснатиот Спасител е голема централна тема на Божјата Реч. Во псалмите, во пророштвата, во евангелијата и во посланијата, Бог ги открива и нагласува вистините од животно значење кои се однесуваат на договорот меѓу Отецот и Синот во подготвеноста да го спасат изгубениот човечки род.
„Христос бил распнат за да го спаси светот. За Своите непријатели, за родот кој се побунил против Бога, нашиот Спасител претрпел најужасна агонија која човечкото тело може да ја издржи. Тој бил направен како сеопфатна кауза за грешниците да не пропаднат. Во светлината на Неговите смртни агонии на крстот, можеме да знаеме дека секој кој навистина ќе се покае и ќе Го прими како свој личен Спасител, ќе добие вечен живот.” — RH, 24. септември, 1908.
„Евангелскиот повик треба да му биде објавен на целиот свет… Светот пропаѓа поради недостиг на евангелието. Постои глад за Божјата Реч. Ретки се оние што ја проповедаат Речта неизмешана со човечка традиција. Иако ја имаат Библијата во раце, луѓето не ги добиваат благословите што Бог им ги поставил во неа. Господ ги повикува Своите слуги да им ја однесат Неговата порака на луѓето. Речта на вечниот живот мора да им се објави на оние што пропаѓаат во своите гревови.”
— Христовите очигледни поуки, 198 (228.229).
Среда — 25. март
4. ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА
а. Во која смисла пренесувањето на Јосифовото тело во Ханан ја симболизира надежта на небесниот Ханан? Создавање 50,25; Излез 13,18.19; Евреите 11,22.39.40.
„И во текот на вековите што настапиле – вековите на тешко и мрачно робување – тој ковчег служел како потсетник на последните зборови на Јосиф изговорени пред смртта, и за Израелците претставувал сведоштво дека нивниот престој во Египет е само привремен, бодрејќи ги своите надежи да ги фиксираат кон ветената земја, зашто времето на избавување сигурно ќе дојде.” — Патријарси и пророци, 240.
„Единствената надеж за еврејската нација е во нивното прифаќање на Христа, во напуштањето на своите гревови, во помирувањето со Бога. Обединети со Христа, тие ќе станат навистина голема нација. Тој ќе работи за нив како што Тој работел за нив во минатото. Да биле послушни, Тој би ги водел кон небесниот Ханан како што ги засадил во земниот Ханан.”
— Знаци на врем., 21. јули, 1898.
б. Која е нашата надеж додека патуваме низ овој свет? 1 Солунјаните 4,13-18; Јован 14,1-3.
„Ние сме навистина само странци овде, и поклоници за подобра земја. Нашиот потенцијален дом е небесниот Ханан, каде што ќе пиеме од: ‘чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекуваше од престолот на Бога и на Јагнето‘ (Откровение 22,1).” — RH, 17. ноември, 1885.
„Наложено ми е да ти кажам дека вие не знаете колку брзо кризата ќе дојде. Таа се приближува постепено и нечујно како крадец. Сонцето сјае на небото, поминувајќи по својата вообичаена патека, а небесата сè уште ја објавува славата на Бога; луѓето на вообичаен начин продолжуваат да јадат и пијат, садат и ѕидаат, се женат и се мажат; трговците се уште се занимаваат со купување и продавање; публикациите и написите од секаков вид сè уште излегуваат редовно; луѓето меѓусебно се конфронтираат во борбата за највисоки места; љубителите на задоволства сè уште се присутни во театрите, коњските трки, коцкарниците, и насекаде преовладува највисока возбуда; но времето на милоста бргу се приближува кон својот крај, и секој случај ќе биде вечно одлучен. Ретки се оние кои веруваат со срце и душа дека постои рај кој треба да го здобиеме и пекол кој треба да го избегнеме; но тие својата вера ја покажуваат со своите дела.”
— Совети за родителите, учителите и студентите, 343 (413.414).
Четврток — 26. март
5. ХРИСТОВИОТ КАРАКТЕР
а. На кој начин единствено можеме да му бидеме верни на Бога како што бил Јосиф? Филипјаните 2,5; 2 Коринтјаните 3,18; Евреите 12,2.
„Драгоцени се привилегиите на оние кои пребиваат во Христа… Христовиот ум живее во Неговите верни следбеници; нивните желби се во согласност со Неговата волја; нивните молитви се водени од Светиот Дух. Тие добиваат одговор на нивните молитви, бидејќи ги бараат оние благослови кои Тој со радост ги дарува.”
— Нашиот висок повик, 147.
б. Во овие последни денови во кои преовладува злото, што треба да посакуваме повеќе од сè друго? 1 Јованово 3,2.3; 1 Петрово 2,21-23; 5,10.
„Кога човекот е во заедница со Бога, тогаш непоколебливоста на цврстата намера, која ги одржала Јосиф и Даниел среде расипаноста на незнабожечките дворови, ќе го сочува и неговиот живот во неизвалкана чистота. Облеката на неговиот карактер ќе биде беспрекорна. Христовата светлина во неговиот живот нема да потемни. Сјајната ѕвезда Деница, секогаш ќе блеска над него во својата непроменлива слава.
„Еден таков живот ќе претставува елемент на сила во заедницата. Тој ќе биде бариера против злото, заштитник на оние кои се искушувани и светлина водилка за оние кои, среде тешкотиите и обесхрабрувањата, го бараат вистинскиот пат.” — Здравје и среќа, 112.113 (136).
„Ние ќе поминеме низ овој свет, но само еднаш. Зарем нема да настојуваме да оставиме добар впечаток со својот карактер кој станал сличен на Христовиот?”
— 9 Сведоштво, 200 (193).
Петок — 27. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кои честопати се најлошите непријатели на верниците?
2. Каков треба да биде нашиот став кога нè прогонуваат заради вистината?
3. За што светот гладува денес, и како можеме да им помогнеме и да им донесеме олеснување?
4. Зошто верните се сметаат како странци и гости во овој свет?
5. Што најмногу отскокнува кога го посматраме Јосифовиот живот?