2014 • 4. Квартал
1. лекција – “Го најдовме Месијата”
4. октомври 2014
„Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе”
— Јован 1,29
„Јован Крстител бил повикан во духот и сила на Илија да го подготви патот за Исус. Оние кои го отфрлиле сведоштвото на Јован Крстител, немале никакви придобивки од Исусовите учења.”
— Рани списи, 279.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 112-123.
Недела — 28. септември
1. ЈОВАН КРСТИТЕЛ
а. Имајќи го предвид разговорот на Јован Крстител со ерусалимските поглавари, кои поуки можеме да ги научиме од начинот на кој тој се претставил себеси и своето дело? Јован 1, 19-28.
„Кога (Јован) Крстител ја почнал својата служба, многумина мислеле дека тој е Мојсеј кој воскреснал од мртвите”
— Копнежот на вековите, 115.
б. Што рекол Јован утредента по разговорот со свештениците и левитите? Јован 1,29-34.
„Народот со страхопочит и зачуденост го гледал Оној за кого било објавено дека е Божји Син. Биле длабоко возбудени од зборовите на Јован. Тој им зборувал во Божјо име. Тие секојдневно го слушале како ги прекорува за нивните гревови и секој ден се зацврстувала нивната увереност дека тој е испратен од небото. Но кој е Тој што е поголем од Јован Крстител? Неговата облека и држење не упатувале на возвишеност. Тој на изглед бил обичен човек, облечен во скромни алишта како и тие.”
— Копнежот на вековите, 117.
Понеделник — 29. септември
2. “И ГО ДОВЕДЕ КАЈ ИСУСА”
а. Што рекол Јован Крстител следниот ден? За кого посебно е спомнато дека го слушнал? Јован 1, 35.36.
б. Кој битен став на евангелисти го имале овие двајца ученици на Јован? Јован 1,37-39.
„Ако Јован и Андреј го имале духот на неверство како свештениците и поглаварите, тие немале да дојдат кај Исусовите нозе да бидат поучени. Тие пред Него би дошле како критичари кои ги судат Неговите зборови. Многумина на тој начин ја затвораат вратата за најскапоцените можности. Но првите ученици не постапиле така. Тие го прифатиле повикот на Светиот Дух упатен преку учењето на Јован Крстител. И тогаш го препознале гласот на небесниот Учител. За нив зборовите на Исуса биле полни со свежина, вистина и убавина. Божествена светлина ги осветлила учењата на Стариот Завет. Повеќестраните теми на вистината биле изнесени во нова светлина.
„Покајанието, верата и љубовта овозможуваат душата да прими мудрост од небото. Верата која делува преку љубов е клуч на знаењето, а секој кој љуби ‘го познава Бога‘ (1 Јов. 4,7).”
— Копнежот на вековите, 119.
в. Кои биле овие први двајца ученици? Јован 1,40. Објасни ја желбата на Андреј да ја сподели добрата вест, откако поминал одредено време со Исуса. Јован 1,41.
„Ученикот Јован бил човек со искрена и длабока љубов, жесток, но мисловен. Тој веќе почнал да ја препознава Христовата слава – не светскиот раскош и славата за кои бил поттикнуван да се надева, туку за ‘славата како Единороден од Отецот‘ (Јован 1,14). Бил задлабочен во размислување на оваа чудесна тема.
„Андреј сакал да ја сподели радоста што го исполнила неговото срце. Наоѓајќи го својот брат Симон, тој со радост извикал: ‘Го најдовме Месијата‘.”
— Копнежот на вековите, 119.
Вторник — 30. септември
3. ПЕТАР, ФИЛИП, НАТАНАИЛ
а. Што му рекол Исус на Симона кога го видел? Јован 1,42.
„Симон не чекал да биде повикан двапати. И тој ги чул учењата на Јован Крстител, па побрзал кај Спасителот. Божјото око го набљудувало, читајќи го неговиот карактер и неговото животно искуство. Неговата избувлива природа, неговото сочувствително срце полно со љубов, неговите амбиции и самоувереност, историјата на неговиот пад, неговото покајание, неговиот труд и неговата маченичка смрт – Спасителот го видел сето ова и рекол: ‘Ти си Симон, синот на Јован; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар‘.”
— Копнежот на вековите, 119.
б. Како еден нов ученик следниот ден покажал желба да ги сподели добрите вести? Јован 1,43-45.
в. Како Натанаил го изразил сомнежот во неговото срце за добрите вести, и како Филип се обидел да го отстрани тој сомнеж? Јован 1,46. Што можеме да научиме од методот што првите Христијански евангелисти го користеле при нивната работа?
„Сè додека тие му веруваат на водството на човечките авторитети, никој нема да дојде до спасоносното спознание на вистината. Како Натанаил, ние мораме да го проучиме Божјиот збор лично, и да се молиме за просветлување од Светиот Дух. Оној што го видел Натанаил под смоквата, ќе нè види и нас во нашето тајно место за молитва. Ангелите од светот на светлината стојат близу до оние кои во понизност бараат божествено водство.
„Со повикот до Јован, Андреј и Симон, Филип и Натанаил започнало основањето на христијанската црква. Јован Крстител двајца од своите ученици ги упатил кон Христа. Тогаш еден од нив, Андреј, го нашол својот брат и го повикал кај Спасителот. Следен бил повикан Филип, а тој тргнал да го побара Натанаил. Овие примери треба да нè научат на важноста од личниот труд, на важноста од директно повикување на нашите роднини, пријатели и соседи. Има такви кои цел живот тврдат дека го познаваат Христа, а никогаш не вложиле личен напор да донесат една душа кај Спасителот.”
— Копнежот на вековите, 119.
Среда — 1. октомври
4. “АКО ВЕРУВАТЕ ВО МЕНЕ”
а. И покрај неверувањето на Натанаил, што Исус рекол за него? Јован 1,47. Која Исусова забелешка го изненадила Натанаил, и кој бил неговиот одговор? Јован 1,48.49.
б. Додека Исус со радост гледал кои благослови Неговото дело ќе ги донесе врз човештвото, што му рекол на Натанаил? Јован 1,51. Објаснете го овој стих.
„Ако верувате во Мене… вашата вера ќе се освежи. Ќе видите дека небесата се отворени и дека никогаш нема да се затворат. Јас ги отворив за вас. Божјите ангели се искачуваат, носејќи ги горе пред Отецот молитвите на бедните и несреќните, а се спуштаат носејќи благослов, надеж, храброст, помош и живот на човечките деца…
„Секој благослов од Бога до нас доаѓа преку Христа и преку службата на Неговиот небесни гласници. Примајќи го обликот на човек, нашиот Спасител ги обединува Неговите интереси со интересите на паднатите синови и ќерки на Адам, додека со својата божественост Тој се држи за Божјиот престол. На тој начин Христос е посредник во општењето на луѓето со Бога и на Бог со луѓето.”
— Копнежот на вековите, 123.
в. Како преку Христа можеме да дојдеме кај Бога? Јован 14,6
„Копнежот да бидеме добри, побожни и свети е исправен, меѓутоа ако застанеме само на тоа, нема да постигнеме ништо. Многумина ќе бидат изгубени и покрај тоа што се надеваат и сакаат да бидат христијани. Тие не доаѓаат до степен каде својата волја ја предаваат на Бога. Тие не одлучуваат да бидат христијани сега.
„Вашиот живот може целосно да се промени со правилно вежбање на волјата. Кога ја предавате вашата волја на Христа, вие се поврзувате со моќта која е посилна од сите власти и моќи. Постојано ќе примате сила од небото за да останете цврсти и постојани и на тој начин со постојано предавање на Бога ќе можете да живеете нов живот, живот на вера.”
— Патот кон Христа, 42.43.
Четврток — 2. октомври
5. ОТКРИВАЊЕ НА ХРИСТОВИОТ КАРАКТЕР
а. Кој мошне успешен метод на евангелизирање треба да го користи секој од нас? 1 Јованово 3,10.11.
„Сега кога Исус е вознесен на небото, Неговите ученици се Негови претставници меѓу луѓето и еден од најуспешните начини за придобивање на душите за Него е да го отсјајуваме Неговиот карактер во секојдневниот живот. Нашето влијание врз другите не зависи толку од тоа што го кажуваме, туку од тоа какви сме. Луѓето можат да се борат и да ѝ се спротивставуваат на нашата логика, можат да ги одбиваат нашите повици; но не можат да му противречат на живот исполнет со несебична љубов. Доследен живот, исполнет со Христова благородност е сила во светот.
„Христовото учење било израз на внатрешна убеденост и искуство, и тие што учеле од Него станале учители по божествен избор. Божјиот збор, изговорен од оној кој преку него се посветил, има животворна моќ, преку која станува привлечен за слушателите и ги убедува дека тој е жива вистина. Кога човекот ќе ја прифати вистината со љубов, таа ќе се манифестира преку неговото однесување и преку тонот на неговиот глас. Тој го објавува тоа што самиот го слушнал, видел и искусил за речта на животот за и другите да му се придружат преку познавањето на Христа. Неговото сведоштво, изговорено со усни допрени на живиот јаглен од олтарот е вистина која срцето ја прифаќа и која го посветува карактерот.”
— Копнежот на вековите, 122.
Петок — 3. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што рекол Јован Крстител за Христа кога го препознал?
2. Кое било првото евангелско искуство на Андреј и што треба ние да научиме од него?
3. Како Филип покажал интерес сличен на оној на Андреј?
4. Објасни како можеме да дојдеме кај Бога.
5. Сумирај ги најмоќните средства на евангелизмот.
2014 • 4. Квартал
2. лекција – Исус повикува дванаесетмина
11. октомври 2014
„(Исус) избра дванаесетмина кои ги нарече апостоли да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат.”
— Марко 3,14
„Исус ги повикал своите ученици за да може да ги испрати како свои сведоци за на светот да му објават што виделе и што чуле од Него. Нивната служба била најважниот позив што некогаш им е доверен на луѓето, и после значењето била веднаш после Христа. Тие биле повикани заедно со Бога да работат на спасување на светот.”
— Преглед и гласник, 11. јануари, 1912.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 270-277.
Недела — 5. октомври
1. ДВАНАЕСЕТ АПОСТОЛИ
а. Какви биле луѓето што Исус ги обучувал да ја објават веста за спасение на светот? Наведи ги нивните имиња. Матеј 10,2-4.
„Нашиот Спасител… се зближил со луѓе кои имале несовршен карактер и им ги подарил благодатите од Неговиот учења и Неговиот пример, за да добијат можност да ги видат нивните мани и да ги поправат.”
— Големата борба, 40.
б. Која изјава на Христа покажува дека тој го знаел карактерот на тие луѓе? Јован 6,70.
„Спасителот го знаел карактерот на луѓето што ги избрал; сите нивните слабости и мани му биле познати.” — Копнежот на вековите, 271.
„Меѓу дванаесетмината апостоли имало предавник. Јуда бил прифатен, не заради недостатоците на карактерот, туку и покрај нив.”
— Големата борба, 40.
Понеделник — 6. октомври
2. ЈУДА
а. Како и зошто Исус го прифатил Јуда? Матеј 8,19.20.
„Додека Исус ги подготвувал учениците за посветување, еден што не бил повикан, сакал да биде меѓу нив. Тоа бил Јуда Искариот, човек кој тврдел дека е Христов следбеник. Тој сега истапил барајќи место во внатрешниот круг на учениците. Со голема срдечност и надворешна искреност тој изјавил: ‘Учителе, ќе Те следам каде и да одиш.‘ Исус ниту го одбил ниту го прифатил, туку само ги изговорил тажните зборови: ‘Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да наслони‘ (Матеј 8,19.20)…
„Учениците сакале и Јуда да стане еден од нив. Тој имал авторитетна појава, бил човек со зрело расудување и деловни способности, и тие му го препорачале на Исуса како некој што може многу да му помогне во Неговото дело. Биле изненадени кога Исус го примил толку ладно.”
— Копнежот на вековите, 273.
б. Кој из избор му бил достапен на Јуда, како што е достапен за сите нас? 5 Мојсеева 30,19.
„Кога (Јуда) би го отворил своето срце пред Христа, божествената милост би го истерала демонот на себичност, па дури и Јуда би можел да стане припадник на Божјото царство…
„Јуда ги имал истите можности како и другите ученици. Тој ги слушал истите скапоцени поуки. Но примената на вистината што Исус ја барал била во спротивност со Јудините желби и намери.”
— Копнежот на вековите, 274.
в. Единствено на кој начин можел Јуда да одбере живот, и што би било потребно од негова страна при таквиот избор? Јован 1,12.13; 1 Петр. 1,22.23.
„(Јуда) бил примен меѓу учениците за, преку Христовите учења и пример, да го научи Христовиот карактер и на тој начин да ги согледа сопствените мани, да се покае и, со помош на божествената милост, да ја очисти својата душа ‘со послушност кон вистината‘ (1 Петрово 1,22).”
— Големата борба, 40.
Вторник — 7. октомври
3. “НАУЧЕТЕ СЕ ОД МЕНЕ”
а. Како апостол Павле ја опишува едноставноста на мажите и жените повикани да работат за Бога? 1 Кор. 1,26-28.
„Бог ги прима луѓето какви што се, со човечки црти во нивните карактери и ги обучува за Неговата служба, доколку тие сакаат да бидат послушни и да учат од Него. Тие не се избрани затоа што се совршени, туку и покрај нивните несовршености, за преку познавање и применување на вистината и преку Христовата милост да бидат преобразени според Неговиот лик.” — Копнежот на вековите, 274.
„На обичните животни патеки, многумина со тешки напори стрпливо ги извршуваат своите секојдневни обврски, несвесни за скриените сили кои, кога би ги пробудиле, би ги довеле меѓу големите и водечки луѓе во светот. Потребен е само допир на вештата рака за тие способности да се разбудат и да се развијат.”
— Совети за родителите, учителите и студентите, 425.
б. Што Христовиот повик за служба значел за првите ученици? Лука 14,27.33; Ефесјаните 4,20-24.
„Сите ученици имале сериозни недостатоци кога Исус ги повикал во својата служба. Дури и Јован, кој бил најблизу до понизниот и кроток Исус, не бил сам по себе понизен и попустлив. Тој и неговиот брат биле наречени ‘синови на громот‘… (Но) гледајќи на Христа, нивните карактери се измениле.”
— Копнежот на вековите, 275.
в. Од кого требало учениците да учат за да одговорат на нивниот позив? На кое начело било засновано нивното воспитување и обука? Матеј 11,29; Јован 17,26.
„Животот посветен на Бога не треба да биде живот на незнаење. Многумина зборуваат против образованието затоа што Исус за проповедање на Евангелието повикал неуки рибари. Тие тврдат дека Тој им давал предност на необразованите. Меѓутоа, постоеле многумина учени и почитувани луѓе кои верувале во учењата на Христа. Кога бестрашно би се покориле на нивната осведочена совест, и тие би тргнале по Него.”
— Совети за родителите, учителите и студентите, 425.
Среда — 8. октомври
4. ДА ГО УТВРДИМЕ НАШИОТ ПОЗИВ
а. На што мисли апостол Павле кога вели дека секогаш се молел за верниците во Солун ‘да ве удостои нашиот Бог за звањето’? 2 Солунјаните 1,11.
б. Како ‘учесниците во небесното призвание’ (Евреите 3,1) се упатени да го утврдат нивниот позив? 2 Петрово 1,2-11.
„Немојте да мислите дека не можете да почнете со развојот на друга доблест додека не ја усовршите првата. Не, треба да ги развивате заедно, постојано напојувајќи се од изворот на љубовта; со секој изминат ден можете да ги усовршувате благословените особини откриени во Христовиот карактер; и кога ќе постапувате така, во вашите домови ќе внесете светлина, љубов, мир и радост.”
— Коментари на библиските текстови, 840.
в. Кое особено упатство е дадено на оние кои чувствуваат дека се повикани да работат како евангелисти? 2 Тимотеј 2,15.
„Ако работникот целосно се посветил на Бога и ревносно се моли за сила и небесна мудрост, Христовата милост ќе биде негов учител, тој ќе ги победи своите недостатоци и ќе станува сè помудар во познавање на вистината. Но никој да не си дозволи заради ова да стане немарен, да ги пропушта времето и можностите, и да ја занемари обуката која е неопходна за успешно работење. Господ не е задоволен од оние кои имале можности да се стекнат со знаење, но занемариле да ги подобрат предимствата што ги имале на располагање…
„Личноста чијшто ум е осветлен со Божјиот збор, повеќе од сите други луѓе на земјава, ќе чувствува дека мора да се посвети на проучување на Библијата и на вредно студирање на науките, затоа што неговата надеж и неговиот позив се повозвишени. Колку поблиску е личноста до Изворот на знаењето и мудроста, толку повеќе ќе може да се развие интелектуално и духовно.”
— Совети за родителите, учителите и студентите, 424.
Четврток — 9. октомври
5. ИСУС СÈ УШТЕ ГИ ПОВИКУВА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ
а. Кои библиски стихови треба да ги имаме на ум во ова последно време, кога треба да се доврши Божјото дело на земјата? Матеј 24,14; 9,37; 2 Коринтјаните 4,7.
„Оној кој ги повикал рибарите од Галилеја, сè уште ги повикува луѓето во својата служба. И Тој сака и денеска да ја покаже својата моќ преку нас како што ја покажал преку првите апостоли. Колку и да сме несовршени и грешни, Господ ни нуди да станеме Негови соработници, Христови ученици. Тој нè повикува да ги примиме божествените поуки и, обединувајќи се со Христа, да работиме на Божјото дело.
„‘Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас‘ (2 Коринтјаните 4,7). И затоа проповедањето на евангелието било доверено на грешните луѓе, а не на ангелите. Така се покажува дека силата која делува преку слабите човечки суштества е Божја сила… Евангелистите лично ги доживеале и ги знаат опасностите и тешкотиите и заради тоа се повикани да им помогнат на оние кои се во иста ситуација. Има души кои се притиснати со сомнежи, оптоварени со слабости, слаби во верата и немоќни да го дофатат Невидливиот; меѓутоа пријател што можат да го видат, кој им доаѓа во името на Христа може да биде алка што нивната колеблива вера ја поврзува со Христа.
„Ние треба да соработуваме со небесните ангели кога го претставуваме Исуса перед светот. Ангелите со нетрпелива срдечност очекуваат да работат со нас, бидејќи канал за врска со човекот мора да биде човек. Кога ние со цело срце ќе се посветиме на Христа, ангелите се радуваат што ќе можат преку нашиот глас да ја откријат Божјата љубов.”
— Копнежот на вековите, 277.
Петок — 10. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто и како Исус го прифатил Јуда иако знаел дека ќе го предаде?
2. Како можеме да ги избегнеме трагичните грешки на Јуда?
3. Објасни некои од клучните барања и цели во соработката со Христа.
4. Која е вистинската тајна на успешното евангелизирање?
5. Какви упатства ни се дадени да го утврдиме нашиот позив?
2014 • 4. Квартал
3. лекција – Првото мисионерско патување
18. октомври 2014
„(Исус) ги повика дванаесетмината, им даде сила и власт… И потоа ги прати да го проповедаат царството Божјо.”
— Лука 9,1.2
„Учениците требало да бидат гласници на вистината, да го подготват патот за доаѓањето на Господарот. Суштината на нивната порака била повторување на онаа на Јован Крстител и на самиот Христос: Царството Божјо е близу.”
— Преглед и гласник, 23. март, 1897.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 333-343.
Недела — 12. октомври
1. ПОВИК ЗА ПОКАЈАНИЕ
а. Со каква порака Христос ги испратил дванаесетмината апостоли по одреден период на обука? Матеј 10,7.
б. Каква сила им дал Христос и што бил Неговиот совет потоа во поглед на нивниот успех? Марко 6,7; Лука 10,20. Кои се придобивките кога евангелистите се испраќаат двајца по двајца?
„Исус ги повикал дванаесетмината кај Него, им заповедал да одат по двајца низ градовите и селата. Никој не испратил сам, туку поврзал брат со брата, пријател со пријател. Така тие можеле да си помагаат и да се поттикнуваат еден со друг, да се советуваат и молат заедно, силата на едниот да ја надополни слабоста на другиот. На ист начин Тој потоа ги испратил седумдесетмината. Целта на Спасителот била гласниците на Евангелието да бидат поврзани на овој начин. Во наше време евангелистичката работа би била многу поуспешна ако повеќе се следи овој пример.”
— Копнежот на вековите, 334.
Понеделник — 13. октомври
2. ПОМАГАЊЕ НА НЕСРЕЌНИТЕ
а. За време на својата служба, како Исус го поделил времето? Матеј 4,23.24.
„За време на својата служба, Исус посветил повеќе време да ги исцели болните, отколку да проповеда. Неговите чуда сведочеле за вистината на Неговите зборови, дека Тој не дошол да уништи, туку да спаси.”
— Копнежот на вековите, 334.
б. Кое ветување ќе биде исполнето кон оние кои, во Духот на Христос, им помагаат на несреќните и ја проповедаат Неговата порака? Исаија 58,8.
„Христовите следбеници треба да работат така како што Тој работел. Треба да ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, и да ги утешиме страдалните и неволните. Треба да им помагаме на очајните и да им влееме надеж на безнадежните. И нам, исто така, ќе ни биде исполнето ветувањето ‘Твојата правда ќе тргне пред тебе; и славата Господова ќе те придружува’ (Исаија 58,8). Христовата љубов, искажана преку несебична служба, ќе биде поделотворна во преобразбата на грешникот отколку мечот или праведниот суд. Тие се неопходни за да се влее страв на престапникот, но мисионерот што љуби може да направи повеќе од ова.”
— Копнежот на вековите, 335.
в. Христијанските мисионери денес нема да исцелуваат со чуда; но што можат да направат?
„Мисионерот не само што може да ги ублажи физичките болести, туку може и да го поведе грешникот кон Великиот Лекар, кој може да ја очисти душата од лепрата на гревот. Преку Неговите слуги, Бог одредил дека болните, несреќните, опседнатите од зли духови, ќе го чујат Неговиот глас преку Неговите слуги. Преку своите човечки претставници Тој сака да биде Утешител каков што светот не познава.” — Копнежот на вековите, 335.
„Оние кои веруваат во вистината треба не само да ја применуваат здравствената реформа, туку и трудољубиво да ја проповедаат на другите; бидејќи таа ќе биде средство преку кое вистината може да им се прикаже на неверниците. Тие ќе заклучат дека ако имаме такви разумни идеи во однос на здравјето и трезвеноста, во нашата религија мора да има нешто што вреди да се истражи.”
— Евангелизам, 514.
Вторник — 14. октомври
3. УСПЕШНА РАБОТА ОД КУЌА ДО КУЌА
а. Какви инструкции им дал Христос на своите апостоли за успешна работа од куќа до куќа? Матеј 10,11-14; Лука 10,5.
„Во секое место (апостолите) требало да го прифатат гостопримството на оние кои биле достојни, оние кои срдечно ќе ги пречекаат како да го примаат самиот Христос. Требало да влезат во домот со убав поздрав – ‘Мир на оваа куќа’ (Лука 10,5). Тој дом бил благословен со нивните молитви, нивните песни на слава и со отворањето на Светото писмо во кругот на семејството.”
— Копнежот на вековите, 336.
б. На своето прво мисионерско патување, кај кого прво требало да одат апостолите? Матеј 10,5.6. Зошто?
„Ако (апостолите) тогаш го проповедале Евангелието на незнабошците или Самарјаните, ќе го изгубеле своето влијание врз Евреите. Ако ги поттикнеле предрасудите на фарисеите, тие ќе се вмешале во расправии што би ги обесхрабрило на почетокот на својата работа. Дури и апостолите тешко сфаќале дека евангелието мора да се однесе на сите народи. Сѐ додека тие самите не ја сфатиле оваа вистина, не биле подготвени да работат за незнабошците. Ако Евреите го примеле евангелието, Бог би ги направил свои гласници на незнабошците.”
— Копнежот на вековите, 335.
в. Кога седумдесетмината ученици требало да влезат во домовите на луѓето, како ги советувал Исус да покажат благодарност и почит за гостопримството на домаќините? Лука 10,7-9. Зошто?
„(Лука 10,1-3.8.9. Седумдесетмината апостоли) не требало да ја изгубат од вид (оваа) порака, ниту пак да влезат во расправа околу прашања кои биле небитни, за да не се затвори вратата на важните вистини што Исус им заповедал да ги проповедаат.”
— Денес со Бога, 113.
Среда — 15. октомври
4. ОВЦИ МЕЃУ ВОЛЦИТЕ
а. Што значи Христовото предупредување во Матеј 10,16?
„Слугите на Христос не треба да работат по налозите на природното срце. Треба да имаат тесна заедница со Бога, за да не се воздигнат поради провокација и излијат порој зборови што не се на место, што не се како роса или мек дожд што ги освежува растенијата што венеат. Тоа е она што сатаната сака да го направат; затоа што такви се неговите методи… Но, Божјите слуги треба да бидат Негови претставници. Тој сака да тргуваат само со небесната валута, вистината што го носи Неговиот лик и потпис. Силата со која тие треба да го надминат злото е силата на Христос. Славата на Христа е нивната сила. Треба да ја согледаат Неговата убавина. Тогаш тие можат да го проповедаат евангелието со божествена тактичност и нежност. И духот што е нежен додека е потиснат под провокација ќе зборува поуспешно во полза на вистината отколку кој било друг доказ, колку и да е убедлив.
„Оние кои влегуваат во расправа со непријателите на вистината мораат да се справат не само со луѓето, туку и со сатаната и неговите претставници. Нека се сетат на зборовите на Спасителот: ‘Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци’ (Лука 10,3). Нека почиваат во љубовта Божја, а духот ќе биде мирен, дури и при лични навреди. Господ ќе ги облече со божествена опрема. Неговиот Свет Дух ќе влијае на умот и срцето, така што во нивните гласови нема да се почувствува виењето на волците.” — Копнежот на вековите, 338.
„Оние кои се под влијание на Духот Божји нема да бидат фанатици, туку мирни и истрајни, без прекумерност во мислите, зборовите или делата. Меѓу заплетканоста на лажните доктрини, Духот Божји ќе биде водич и штит за оние кои не одолеаја на доказите за вистината, замолчувајќи го секој друг глас, освен оној што доаѓа од Него кој е вистината.”
— Слуги на евангелието, 260.
б. Што мислел Христос кога, продолжувајќи со советите кон своите ученици, рекол “Пазете се од луѓе”? Матеј 10,17.
„(Апостолите) не требало да имаат безрезервна доверба во оние кои не го познавале Бога ниту да им се доверуваат; затоа што така би им дале предност на претставниците на сатаната.”
— Копнежот на вековите, 338.
Четврток — 16. октомври
4. ПРИЗНАВАЊЕ НА ХРИСТОС
а. Продолжувајќи со советите, како Христос ја нагласил важноста правилно да го признаат пред луѓето? Матеј 10,32.33.
„Вие ќе бидете Мои сведоци на земјата, канали преку кои Мојата благодат може да тече за исцелување на светот. Така Јас ќе ви бидам претставник на небото. Отецот не го гледа вашиот грешен карактер, туку Тој ве гледа облечени во моето совршенство. Јас сум посредник преку кој благословите од небото ќе дојдат при вас. И секој што ме признава преку споделување на Мојата жртва за изгубените ќе биде признаен како учесник во славата и радоста на спасените.
„Оној кој ќе го признае Христос мора да дозволи Христос да живее во него. Не може да го даде тоа што не го примил. Апостолите можеле да зборуваат течно за верата, можеле да ги повторуваат зборовите на самиот Христос; но, ако не ја поседувале кротоста и љубовта на Христос, тие не го признавале. Духот спротивен од духот на Христос ќе се одрече од Него, каква вера и да проповеда. Луѓето можат да се одречат од Христа со грешни зборови, со лекомислен говор, со зборови кои се невистинити или нељубезни. Можат да се одречат од Него ако ги избегнуваат товарите на животот, ако бараат грешни задоволства. Можат да се одречат од Него ако се приспособат кон светот, ако се однесуваат нечовечно, ако ги љубат своите мислења, ако се оправдуваат себеси, ако го негуваат сомнежот, прават неволји и живеат во темнина. На сите овие начини тие изјавуваат дека Христос не е во нив.”
— Копнежот на вековите, 342.
б. Каква сигурност може да има секој што верно го признава Христа? Откровение 3,5.
Петок — 17. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објаснете ја мисијата доверена на 70-те апостоли.
2. Што може христијаните да прават за болните денес?
3. Именувај некои клучни елементи за успешен евангелизам од куќа на куќа.
4. Како треба да ја разбереме фразата “овци меѓу волците”?
5. Кои се некои од начините на кои ние го претставуваме Христос правилно или погрешно?
2014 • 4. Квартал
4. лекција – Обединети напори
25. октомври 2014
„И (Христос поставил различни одговорности и служби)… за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата…”
— Ефесјаните 4,11-13
„Црквата мора да го послуша Божјиот збор и да се заснова на евангелските начела, кои беа игнорирани и занемарени. Ова е неминовна потреба за да црквата дојде до единство во верата.”
— Рани списи, 110.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 65.66.68.69.
Недела — 19. октомври
1. КЛУЧНО ЗА НАПРЕДОК
а. Дали Христос нè повикува да работиме независно од сите други или сака да работиме во заедница со оние кои му се предале на Бога? Под кој услов раната црква постигнувала победа по победа? Јован 17,21-23.
„Како што (учениците во првата црква) продолжиле да работат обединето, небесните гласници оделе пред нив, го отворале патот и ги подготвувале срцата да ја примат вистината… Ништо не можело да го сопре постојаниот напредок.”
— Делата на апостолите, 65.66.
б. Доколку учениците не биле обединети како Христово тело, што би можеле да постигнат? Јован 15,4.5.
„Евангелието требало да се проповеда низ целиот свет, и гласниците на крстот можеле да се надеваат дека ќе ја извршат нивната важна мисија само доколку останат обединети со врските на христијанско единство”
— Делата на апостолите, 65.
Понеделник — 20. октомври
2. ИЗБОР НА МАЖИ И ЖЕНИ ЗА БОЖЈАТА СЛУЖБА
а. Како што растел бројот на членови во раната црква, кој чекор бил преземен во согласност со евангелските начела? Дела 6,2.3. Кој ги одбрал луѓето што требало да бидат ракоположени како ѓакони? Кои морални и духовни особини се сметале за главен услов?
„Според записот во Дела 6,2-4 црквата избрала седум мажи полни со вера, мудрост и Божји Дух, кои требало да го надгледуваат работите во делото.
„Во Дела 6,1-7 Господ ни дава пример за внимателноста со која треба да се одбираат луѓето во Неговата служба.”
— Библиски коментари, 602.
б. Како црквата побарала совет од Бога при изборот на кандидати за ракополагање? Дела 6,6. Како и ние треба да го следиме примерот на раните христијани во тој поглед? Дела 13,1-3.
„Браќа со богато искуство и со здрав суд треба да се соберат и, придржувајќи се до Божјиот збор, и одобрувањето од Светиот Дух, треба со ревносна молитва да ги положат рацете врз оние кои целосно се докажале дека се повикани од Бога, и да се издвојат за да целосно се посветат на Неговата служба. Овој чин ќе покаже дека црквата го одобрува нивното делување како гласници кои ја носат најсвечената порака дадена на луѓето.”
— Рани списи, 110.
в. Како вака избраните луѓе имале обединето влијание врз целото стадо на Црквата? 1 Коринтјаните 1,10; 2,16.
„Редот кој владеел во раната христијанска црква им овозможил цврсто, како дисциплинирана војска да се облечат во Божјиот оклоп. Групите верници, иако распрскани на голема територија, биле членови на едно тело, и сите дејствувале во меѓусебна согласност и хармонија.”
— Делата на апостолите, 68.
Вторник — 21. октомври
3. ОСОБИНИ ЗА УСПЕШНА ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА
а. Кои квалификации треба да ги поседува кандидатот за ракополагање? Матеј 9,38; 1 Тимотеј 3,2-7. Зошто е неопходно личното воспитување?
„Делото што им било доверено на апостолите барало големи способности, затоа што против нив се издигала силна и висока плима на зло.” — Делата на апостолите, 22.
„Оние кои му служат на Бога мора да покажат живост и одлучност во придобивањето на душите.” — 6 Сведоштво, 387.
„Оние кои нема да вложат одлучни напори, туку само чекаат Светиот Дух да ги покрене на акција, ќе пропаднат во духовниот мрак.”
— Христијанска служба, 228.
б. Веродостојност и чесност: 2 Коринтјаните 6,3; 1 Петрово 3,16.
„Павле со себе носел небесна атмосфера. Сите што доаѓале во контакт со него го чувствувале неговото заедништво со Бога. Фактот што неговиот личен живот бил пример за вистината што ја објавувал му дала убедувачка моќ на неговите проповеди. Во тоа лежи моќта на вистината. Спонтаното и несвесно влијание на светиот живот е најубедливата проповед во корист на христијанството. Аргументите, дури и кога не можат да се побијат можат само да предизвикаат противење; но примерот на побожност има сила на која никој не може целосно да ѝ се спротивстави.”
— Слуги на евангелието, 47.
в. Пристојно однесување, учтивост, префинетост (христијанско достоинство): Колосјаните 4,6; Понизност: Матеј 3,16; Јован 3,30.
„Од проповедникот, како Божји човек, се очекува да биде подготвен за секое добро дело. На ова дело не му се потребни горделиви и фалбаџиски проповедници. Но достоинственото држење е неопходно. Проповедника на евангелието треба да внимава на своето држење.” — 1 Сведоштво, 579.
„Христовиот проповедник треба да поседува трезвеност, кротост, љубов, долготрпение, воздржаност, милост и љубезност. Тој треба да биде претпазлив, со возвишени мисли и разговори и со беспрекорно однесување. Ова претставува евангелското достоинство.”
— 2 Сведоштво, 638.
Среда — 22. октомври
4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСОБИНИ ЗА УСПЕШНА ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА
а. Тактичност: 2 Тимотеј 2,22-26. Искреност и верност: Дела 6,3; 1 Коринтјаните 4,2.
„Доколку човек поседува тактичност, вредност и ентузијазам, тој ќе успее во земските потфати, а доколку истите особини се искористат во Божјото дело, тој ќе биде двојно поуспешен, затоа што божествената моќ ќе се соедини со човечките напори.” — 5 Сведоштво, 256.
„Кога на еден човек му се доверуваат одговорности, не треба да се разгледува дали тој е речит или богат, туку дали е чесен, верен и вреден; затоа што колку и да постигнал, ако ги нема овие особини, тој е целосно непогоден за било која служба од доверба.”
— 4 Сведоштво, 393.
б. Трезвеност (внимателни, умерени идеи и смирено расудување): Тит 1,8; 1 Петрово 1,13; 5,8. Чистота, уредност, поредок: 1 Коринтјаните 14,40.
„Проповедниците треба да го сакаат редот и треба и самите да бидат дисциплинирани, за да можат истото да го бараат од верниците и да ги научат да работат во хармонија, како добро извежбана чета војници…
„Ангелите… заминуваат со тага, бидејќи тие не се овластени да благословат конфузија, расеаност и неорганизираност.”
— 1 Сведоштво, 580.
в. Култура на умот и говорот, правилно изразување: 2 Тимотеј 2,15.
„Поединци имаа одреден успех во работата, иако немале висока школа или колеџ; но истите тие можеа да постигнат многу поголем успех, и можеа да бидат поделотворни работници доколку уште од почетокот имаа ментална дисциплина.” — Слуги на евангелието, 76.
„Доколку нашите мисли и идеи не ги изразиме со соодветни изрази, каква полза имаме од нашето образование?” — 6 Свед., 351.
„Правилно негуваната и користена способност за говор е потребна во сите аспекти на христијанската служба… Ние мораме да се навикнеме да зборуваме во пријатен тон, со чист и точен јазик, и да користиме благи и љубезни зборови.”
— Христијанска служба, 223.
Четврток — 23. октомври
5. СОРАБОТКА
а. Која лекција треба да ја научиме од земјоделието кога очекуваме Господ да ги благослови нашите евангелски напори? 1 Коринтјаните 3,6-9.
„Господ посакува градовите да бидат евангелизирани со обединети напори на работници со различни способности. За насока сите треба да се потпрат на Исуса и да не зависат од човечката мудрост за да не застранат. Како соработници со Бога, тие треба да работат во меѓусебна хармонија. Сепак сите треба да бараат мудрост од Исуса, и да не зависат целосно од човек за упатства.”
— 9 Сведоштво, 109.
б. Од кого, пред сè, зависи успехот на нашата евангелска работа? Псалам 127,1.
„Човечката сила не го прави Божјото дело успешно, туку силата на небесните битија, кои работат со човечките орудија, го прави делото совршено. Павле може да посее, Аполос може да полее, но Бог е Тој што прави да израсне. Човекот не може да го направи она што Бог го прави. Како човечко орудие, тој може да соработува со божествените суштества, и со едноставност и покорност да направи сè што е во негова моќ, притоа сфаќајќи дека Бог е Главниот Работник. Иако работниците после некое време го напуштаат овој свет, сепак делото нема да престане сè дури не биде потполно завршено.”
— Преглед и гласник, 14 ноември, 1893.
Петок — 24. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објаснете ги практичните придобивки на заедничката работа во евангелските напори?
2. Наведете некои од чекорите што црквата мора да ги преземе пред да изврши ракополагање.
3. Кои особини се суштински за придобивање души?
4. Како можеме да развиеме особини кои се суштински за христијанската служба?
5. Која илустрација од земјоделието ни помага да го разбереме евангелизирањето?
2014 • 4. Квартал
5. лекција – Што е евангелска служба?
1. ноември 2014
„Сиромасите секогаш ги имате со вас, и кога сакате можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.”
— Марко 14,7
„Христовата милост ги прегрнува паднатите, заблудените и грешните; и секое дело на љубезност направено да ја подигне паднатата душа, секој чин на милост Тој го прифаќа како да е направен на Него.”
— Да го воздигаме Него, 82.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 615-620.
Недела — 26. октомври
1. НИЕ СМЕ БОЖЈИ СЛУЖИТЕЛИ
а. Од изобилството со кое Бог ја благословува земјата, што предвидел Тој за помош на сиромашните? Псалми 65,9-11; 68,10; 107,9.
б. Која должност им ја налага Христос на Неговите следбеници кога вели: “Блажени се милостивите”? Матеј 5,7.
„Никогаш порано немало толкава потреба за покажување милост како денес. Насекаде околу нас има сиромашни, потиштени, болни, ужалени и такви кои се пред пропаст.
„Оние кои стекнале богатства, тоа го постигнале користејќи ги талентите што Бог им ги дал, но тие таленти за стекнување имот им се дадени за да им помогнат на сиромашните. Овие дарови им ги дал Оној што го пратил сонцето да грее и дождот да паѓа врз праведните и врз неправедните, за да со плодноста на земјата луѓето ги задоволат сите свои потреби.”
— Служба на добродетелство, 15.
Понеделник — 27. октомври
2. НАШАТА ДОЛЖНОСТ КОН СВЕТОТ
а. Од денот кога, според 1 Јованово 5,19, светот паднал под контрола на силите на мракот, каква несреќа владее дури и во таканаречените христијански земји?
„Додека Бог во своето провидение ја натоварил земјата со изобилие и ги наполнил нејзините складишта со сè што животот го прави пријатен и среќен, сепак немаштија и сиромаштво се забележуваат на секој чекор. Во својата милост Провидението на човечките суштества им дало изобилие за да ги задоволат потребите на сите, но Божјите служители се неверни. Во таканаречениот христијански свет за луксуз се троши она што би било доволно да ги задоволи потребите на сите гладни и да ги облече сите голи. Многумина кои по име се нарекуваат христијани ги трошат Неговите пари на себични задоволства, на задоволување на апетитот, на жестоки пијалаци и на скапи јадења, на луксузни куќи, мебел и облека, а на човечките битија што страдаат одвај да упатуваат поглед на сожалување и збор на сочувство.
„Колкава мизерија владее во срцата на таканаречените христијански земји! Помислете на состојбата на сиромашните во нашите големи градови. Во тие градови постојат толпи човечки суштества кои добиваат помалку грижа и обѕир од животните. Има илјадници бедни деца, парталави и полугладни, со пороци и изопачености испишани на нивните лица.”
— 6 Сведоштво, 254.
б. Покрај знаењето за спасението, кои други благослови Бог сака да ги споделиме со луѓето? Исаија 58,7; Јаков 1,27.
„Некои мислат дека кога ќе приложат пари за ова дело, тоа е сè. Паричните донации не можат да ја заменат личната служба. Добро е да ги приложуваме нашите средства, и има многумина кои треба да почнат да го прават ова; но од сите се бара да вложат лична служба во согласност со нивните сили и можности.
„Делото на собирање на сиромашните, угнетените, настраданите и отфрлените е задача на која одамна требаше да се посветат сите оние што веруваат во вистината за ова време.” — 6 Сведоштво, 255.
„Небесните ангели со нетрпение чекаат да соработуваат со нив во практичната примена на начелата на вистината. Преку санаториумите и сличните институции треба да се изврши најголем дел од ова дело.”
— 7 Сведоштво, 55.
Вторник — 28. октомври
3. “САКАЈ ГО БЛИЖНИОТ СВОЈ КАКО СЕБЕСИ”
а. Кој вид самопожртвување е вистинско покажување на Христовиот карактер? Галатјаните 6,9.10; Римјаните 12,20.
„При помагање на несреќните и задоволување на нивните телесни потреби ние сме должни да покажеме нежно сочувство како Самарјанинот, хранејќи ги гладните, носејќи ги сиромашните и отфрлените во нашите домови, секојдневно барајќи од Бога милост и сила кои ќе ни овозможат да допреме и до најдлабоката беда за да им помогнеме на оние кои не се во можност да си помогнат самите.” — 6 Сведоштво, 255.
„Поуката (во параболата за добриот Самарјанин) е исто толку важна денес како што била во времето на Исуса. Себичноста и студената формалност речиси потполно го угасија пламенот на љубовта и го уништија милосрдието што треба да го краси карактерот. Многумина кои се нарекуваат христијани губат од вид дека христијаните се претставници на Христа. Ние не сме христијани ако не покажеме практично самоодречување за доброто на другите, во кругот на семејството, во соседството, во црквата и каде и да сме, без разлика на нашата професија.”
— Копнежот на вековите, 487.
б. Како најдобро можеме да го поттикнеме интересот за верата кај нашите соседи? 2 Солунјаните 3,13.
„Секој член на црквата треба да чувствува дека негова особена должност е да прави добро во соседството. Научете како најдобро да им помогнете на оние што не се заинтересирани за верата. Кога ги посетувате вашите пријатели и соседи покажете заинтересираност за нивната духовна и земна благосостојба. Претставете го Христа како Спасител кој ги проштева гревовите. Поканете ги соседите во вашите домови и со нив читајте ја скапоцената Библија и книгите што ги објаснуваат нејзините вистини. Ова, комбинирано со едноставни христијански песни и ревносна молитва, ќе допре до нивните срца. Членовите на црквата нека научат да го прават ова дело. Тоа е исто толку битно како и спасување на непросветлените души во далечните земји. Додека некои чувствуваат товар за душите што се далеку, многумина кои се дома треба да го почувствуваат товарот на драгоцените души околу нив и треба да работат исто толку вредно за нивното спасение.”
— 6 Сведоштво, 256.
Среда — 29. октомври
4. ПОСЕБЕН БЛАГОСЛОВ ЗА МИЛОСТИВИТЕ
а. Кога Христос ќе дојде во слава, колку групи на луѓе ќе постојат? Што ќе им каже Тој на оние од Неговата “десна страна”? Матеј 25,34-36.
„Оние кои Христос ќе ги пофали на судниот ден можеби имаат мали теолошки познавања, но тие ги негувале Неговите принципи. Преку влијанието на Светиот Дух тие биле благослов за луѓето околу нив. Дури и меѓу паганите постојат такви кои го негувале духот на љубезност; пред да допрат зборовите за вечен живот до нивните уши, тие се спријателиле со мисионерите и им служеле, дури и по цена на сопствениот живот. Меѓу паганите има такви кои му служат на Бога несвесно, такви до кои светлината не била однесена со човечка рака, сепак тие нема да пропаднат. Иако не го знаат Божјиот пишан закон, тие го чуле Неговиот глас како им зборува во природата, и со своите дела ги исполнувале барањата на законот. Нивните дела се доказ дека Светиот Дух ги допрел нивните срца и Бог ги прифаќа како Негови деца.
„Колку изненадени и радосни ќе бидат понизните и неистакнати од различни нации и голем број пагани кога од устата на Спасителот ќе ги чујат зборовите: “Доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле” (Матеј 25,40)! Колку среќно ќе биде срцето на Бескрајната Љубов кога Неговите следбеници со изненадување и радост ќе ги слушнат Неговите зборови на одобрување…
„(Христос) се идентификува себеси со секое дете на човечкиот род. Тој станал член на земно семејство за ние да можеме да станеме членови на небесното семејство. Тој е човечки Син и со тоа е брат на сите Адамови синови и ќерки.”
— Копнежот на вековите, 616.617.
б. Зошто треба да бидеме милостиви кон сите видови грешници? Матеј 25,37-40.
„(Христовите) следбеници не треба да се чувствуваат отуѓени од светот што пропаѓа околу нив. Тие се дел од големата мрежа на човештвото, и Небото нив ги гледа како браќа и на грешните и на праведните. Христовата љубов ги прегрнува паднатите, заблудените и грешните. Секое дело на љубезност направено за да се подигне падната душа, секој чин на милосрдие се прифаќа како да е направен Нему.”
— Копнежот на вековите, 617.
Четврток — 30. октомври
5. ДА БИДЕМЕ НЕСЕБИЧНИ РАБОТНИЦИ
а. Како апостол Павле нè советува да соработуваме со небесните ангели во нивната служба за грешните? Евреите 13,1.2.
„Кога ја отворате вратата за Христовите сиромашни и настрадани браќа, вие укажувате добредојде на невидливите ангели. Така се наоѓате во друштво на небесните битија кои со себе носат света атмосфера на радост и мир. Тие доаѓаат со фалби во нивната уста, а одекот се слуша во небото. Секое дело на милосрдие во небото се прима како музика. Таткото од својот небесен престол несебичните работници ги смета за свое скапоцено богатство.” — Копнежот на вековите, 617.
„Многумина мислат дека е голема привилегија да се посетат местата од Исусовиот живот на земјата, да одат каде што Тој одел, да го видат езерото каде Тој сакал да поучува, и ридовите и рамнините во чијшто пејзаж уживал. Но ние не треба да одиме во Назарет, во Капернаум ниту во Витанија за да одиме по стапките на Исуса. Неговите стапки се покрај болничката постела, во сиромашните колиби, во преполните улици на големите градови, и во секое место каде има срца на кои им е потребна утеха. Ако го правиме тоа што Исус го правел дури бил на земјата, на тој начин одиме по Неговите чекори.” — Копнежот на вековите, 618.
„Во сите кои страдаат заради моето име, рекол Исус, вие треба да ме видите Мене. На таквите треба да им служите, како што би ми служеле Мене. Тоа е доказ дека сте Мои ученици.”
— Копнежот на вековите, 616.
Петок — 31. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која должност се подразбира во зборовите: “блажени се милостивите”?
2. Објаснете ја далекосежната сила на евангелизирањето?
3. Кое самопожртвување е вистински приказ на Христовиот карактер?
4. Како најдобро можеме да пробудиме интерес за духовното кај нашите соседи?
5. Кога Христос ќе дојде во слава, што ќе им рече на оние од Неговата десна страна?
2014 • 4. Квартал
6. лекција – Соработка со Христа
8. ноември 2014
„И кој слуша нека рече: “Дојди.”
— Откровение 22,17
„Кога Христос заминал, Тој не секој поединец му дал своја работа. Тоа е одговорноста која почива врз секого од нас.”
— Прегледи гласник, 18. декември, 1888.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 795-807.
Недела — 2. ноември
1. НАШИОТ НАЈГОЛЕМ ИНТЕРЕС
а. Koj треба да биде првиот интерес на секој христијанин? Во што се состои службата на евангелистот? Откровение 22,17.
„Без оглед на животниот повик, прва должност на секој поединец треба да биде придобивање на души за Христа… Насекаде околу нас, близу и далеку, се наоѓаат души што се притиснати со чувство на вина. Изопаченоста на човечкиот род не произлегува од неговите тешкотии, неволји и сиромаштија, туку од вината и правењето зло. Тоа донесува немир и незадоволство. Христос сака Неговите слуги да им служат на душите заболени од грев.
„Учениците требало да ја започнат својата работа таму каде што се наоѓале. Не смееле да го заобиколат најтешкото поле, кое најмалку ветувало. Така, секој Христов работник треба да започне таму каде се наоѓа. Во нашето семејство можеби има души кои се гладни за сочувство, души кои гладуваат за лебот на животот. Можеби има деца кои треба да се воспитаат за Христа. Постојат незнабошци покрај нашите порти. Да ја извршиме верно работата која ни е најблиска. Потоа нашите напори треба да се прошируваат онолку далеку колку што нè води Божјата рака.”
— Копнежот на вековите, 800.
б. Во која смисла секој христијанин треба да се чувствува принуден од страна на Христовата љубов? 2 Коринтјаните 5,14.15.19.
Понеделник — 3. ноември
2. УЧЕЊЕ ВО ХРИСТОВАТА ШКОЛА
а. Зошто и како ние треба да соработуваме со Христа? 2 Коринтјаните 6,1.
„Ние треба да соработуваме со Бога во обновување на здравјето на телото како и на душата.”
— Копнежот на вековите, 802.
б. Како можеме да бидеме поефикасни соработници во планот на спасението? Колосјаните 1,9.10.
„Механичарите, адвокатите, трговците, луѓе од сите занаети и професии стручно се обучуваат за дејноста во која се надеваат дека ќе влезат. Нивна политика е да се направат себеси што е можно поефикасни. Висококвалификуваната модна кројачка ќе ти каже колку долго морала да учи и да се напрега сè додека темелно не ја запознала својата работа. Архитектот ќе ти каже колку време поминало сè додека не сфатил како да проектира убава и функционална градба. Така е со секој позив кој луѓето ги практикуваат.
„Зарем Христовите слуги треба да покажат помала грижа во подготовката за работата која е бескрајно позначајна од останатите? Зарем треба да останат неупатени во поглед на патиштата и средствата со кои можат да се користат во придобивање на душите.” — Слуги на евангелието, 76.
„Жалосен е фактот дека напредокот на Божјото дело се попречува поради недостаток на образувани работници. На мнозина им недостасуваат морални и умни способности.”
— Слуги на евангелието, 77.
в. Како можеме да ‘дојдеме до совршенство’ во Христовата школа? Филипјаните 3,12-14; Евреите 6,1.
„На Божјото дело му се потребни сестрани луѓе, луѓе кои се во состојба да пронаоѓаат, планираат, изградуваат и организираат. Оние што ги сфаќаат можностите укажани на Божјото дело во ова време, ќе настојуваат сериозно да учат за да се здобијат со сите знаења од Божјата Реч и да можат тоа знаење да го употребат во служба на сиромашните и од грев заболените души. Еден проповедник никогаш не треба да мисли дека научил доволно и дека сега може да се опушти во своите напори.”
— Слуги на евангелието, 77.78.
Вторник — 4. ноември
3. БАРАЊЕ НА ИЗГУБЕНИТЕ ОВЦИ
а. Какво прашање Исус им поставил на некои луѓе кои своите пари ги инвестирале во стада од ситна и крупна стока? Лука 15,4.
„Во параболата (за изгубената овца) пастирот оди во потрага по само една овца – најмалиот број кој може да се изброи. Според тоа, кога би постоела само една изгубена душа, Христос би умрел и за таа една.
„Овцата кога ќе заталка и ќе се загуби од стадото е најбеспомошно од сите созданија. Пастирот мора да ја бара, зашто таа сама не знае да се врати. Така е и со душата што заталкала од Бога; таа исто така е беспомошна како и загубената овца, и ако божествената љубов не ѝ дојде на помош, таа никогаш не може да го најде патот до Бога.”
— Христовите параболи, 153.
б. Како постапува вистинскиот Христов соработник кога ќе забележи дека една од неговите овци недостасува? Лука 15,5.6.
„Пастирот, кој открил дека недостасува една од неговите овци, не го посматра безгрижно своето стадо кое се нашло во сигурно засолниште, ниту пак кажува:’Имам деведесет и девет овци. Премногу големи би биле напорите да одам во потрага по заталканата. Сама нека се врати, а јас ќе ја отворам вратата на трлото и ѝ дозволам да влезе!’ Не, штом овцата ќе заталка од стадото, пастирот е исплашен и загрижен. Тој повторно го пребројува стадото. Кога ќе се увери дека една овца навистина заталкала, тој не дреме. Ги остава деведесет и деветте во трлото и се упатува во потрага по таа една загубена. Колку помрачна и побурна е ноќта и поопасен патот, толку поголема е грижата на пастирот и посериозна неговата потрага. Тој вложува крајни напори да ја пронајде загубената овца.”
— Христовите параболи, 153.
в. Кое е значењетона 1 Јованово 3,1; 4,19.
„Ние не се каеме за Бог да може да нè засака, туку Тој ни ја открива Својата љубов, за да можеме да се покаеме.”
— Христовите параболи, 154.
Среда — 5. ноември
4. ИЗГУБЕНАТА ПАРИЧКА И БЛУДНИОТ СИН
а. Кого го претставува изгубената паричка спомената во оваа парабола? Лука 15,8.9.
„Изгубената паричка ги претставува оние кои… не се свесни за својата состојба… Нивните души се во опасност, но несвесни се за тоа и безгрижни… Дури и оние што се рамнодушни кон Божјите барања се предмет на Неговата љубов што сожалува и тие треба да се побараат за да можат да се вратат кај Бога.
„Оваа парабола содржи поука упатена до семејствата. Во домовите често владее целосна негрижа за душите на неговите членови. Меѓу нив може да има и такви кои се оддалечиле од Бога; меѓутоа, во семејните односи малку се води грижа за тоа дали ќе се загуби некој кој им е доверен како дар од Бога.”
— Христовите параболи, 160.
б. Кои две задачи во параболата се бараат од домаќинката за да ја најде загубената паричка? Лука 15,8 (втор дел).
„Жената во параболата грижливо ја бара својата загубена паричка… Таа нема да престане да се труди сè додека не ја најде. Така и во семејството, ако еден член е загубен за Бога, мора да се вложи секој напор за да се врати… Нека се изврши грижливо, внимателно самоиспитување… Нека се утврди дали можеби некоја грешка, некој пропуст при управувањето придонел оваа душа да се зацврсти во своето непокајание.”
— Христовите параболи, 162.
в. Како Господ се справува со современите блудни синови и ќерки? Лука 15,11-32. Каква поука треба да извлечеме од ставот на постариот брат?
„Кога ќе се видиме себеси како грешници кои се спасени единствено со љубовта на нашиот небесен Отец, тогаш ќе покажуваме вистинска љубов и нежно сочувство кон ближните кои страдаат поради својот грев… Кога ќе се истопи мразот на себичноста во вашето срце, тогаш ќе се сложите со Бога и ќе ја делите со Него радоста што произлегува од спасувањето на загубените…
„Твојот брат е поврзан со тебе со најцврсти врски, зашто Бог го признава него како свое дете. Ако го одбиеш своето сродство со него, покажуваш дека си само наемник во домот, а на дете во Божјото семејство.”
— Христовите параболи, 179.
Четврток — 6. ноември
5. ЗАДАЧА НА ЕВАНГЕЛСКИОТ ПРОПОВЕДНИК
а. Дефинирајте ја главната задача на проповедникот на евангелието? 2 Коринтјаните 12,10; 2 Тимотеј 3,10.11; 4,5.
„Задачата на проповедникот на евангелието е: ‘На сите да им расветли во што се состои располагањето со тајната, која од вечноста беше скриена во Бога’ (Ефесјаните 3,9). Оној што го прифаќа делото, а избира улога која бара најмалку самопожртвување, задоволувајќи се само со држење на проповеди, препуштајќи им ги личните заложби на другите, неговата работа Бог не ја одобрува. Душите заради кои Христос умрел пропаѓаат зашто нема добро насочен, личен труд. Оној што ја прифатил проповедничката служба, а не сака лично да се залага, да се грижи за стадото – погрешно го одбрал својот позив.
„Духот на вистинскиот пастир е полн со самопожртвуваност… Проповедајќи ја Божјата Реч и работејќи лично по домовите на луѓето тој се запознава со нивните потреби, со нивните грижи и неволји, соработувајќи со Оној кој го прима на Себе секој товар. Тој учествува во нивните страдања, ги теши во нивните таги, го ублажува гладот на нивната душа и ги придобива нивните срца за Бога.”
— Делата на апостолите, 395.
б. Кои други обележја се од суштинско значење во службата? Јаков 3,1.2.13-18.
„Потпастирот во својата работа мора да биде мошне тактичен, зашто во црквата ќе наиде на недоразбирање, на огорченост, пакост и завист; и за да може работите да ги доведе во ред, тој мора да работи во Христов дух.”
— Делата на апостолите, 394.
Петок — 7. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што значи да си принуден од страна на Христовата љубов?
2. Каков вид на образование му е потребно на проповедникот на евангелието и зошто?
3. Како постапува и се чувствува вистинскиот соработник на Христа кога една овца недостасува од стадото?
4. Кои квалификации барани од евангелскиот работник често се забораваат?
5. Каква тактичност и мудрост е битна во службата на евангелието?
2014 • 4. Квартал
7. лекција – Лична служба
15. ноември 2014
„А кој е мој ближен?”
— Лука 10,29
„(Христос) покажал дека нашиот ближен не значи дека треба да биде припадник на иста црква или на иста вера. Тоа нема врска со расата, со бојата на кожата, или разлика во класата. Нашиот ближен е секој човек кој има потреба од нашата помош.”
— Христовите параболи, 339.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 482-488.
Недела — 9. ноември
1. ВИСТИНСКИ НАСТАН
а. Што му се случило на еден човек додека поминувал низ место често изложено на напади од разбојници? Лука 10,30.
„Патувајќи од Ерусалим до Ерихон, патникот морал да помине низ еден дел од јудејската пустина. Патот водел низ една дива, карпеста клисура, која криела разбојници и била честа сцена на насилство.”
— Копнежот на вековите, 484.
б. Што направил свештеникот кога наишол на овој пат? Лука 10,31.
в. Што направил левитот? Лука 10,32.
„И (свештеникот и левитот) биле во света служба и нивна должност била да го објаснуваат Светото писмо. Тие припаѓале на онаа група на луѓе кои биле посебно избрани да бидат Божји претставници пред народот. Тие требало да бидат милостиви кон оние ‘кои не знаат и се заблудени’ (Евреите 5,2), за да ги водат луѓето да ја сфатат големата Божја љубов кон човечкиот род.”
— Копнежот на вековите, 484.
Понеделник — 10. ноември
2. ВИСТИНСКИОТ ПРИНЦИП ПОКАЖАН СО ПРИМЕР
а. Кога Самарјанинот го видел страдалникот, што тој направил? Лука 10,33.34.
„Еден Самарјанин наишол на местото каде што лежел страдалникот и кога го видел се сожалил на него. Тој не прашувал дали тој маченик е Евреин или незнабожев. Самарјанинот добро знаел дека кога улогата би била обратна, Евреинот би го плукнал во лице и со презир би поминал покрај него. Меѓутоа, не се колебал поради тоа. Не обрнувал внимание на тоа дека можеби и самиот се изложува на опасност од насилство ако се задржува на тоа место. За него било доволно што тука се наоѓа еден човек кој страда и на кого му е потребна помош. Ја соблекол својата облека за да го покрие. Маслото и виното што ги подготвил за своето патување ги употребил за да ги превие раните и да го закрепне повредениот човек. Го подигнал на своето добиче и одел полека, со рамномерен чекор, така што ранетиот да не биде потресуван и поради тоа да трпи уште поголеми болки.”
— Копнежот на вековите, 486.
б. Што уште Самарјанинот направил? Лука 10,34 (втор дел). 35.
„(Самарјанинот) го довел во една гостилница и грижливо го негувал цела ноќ. Во утринските часови, кога на повредениот човек му било подобро, Самарјанинот одлучил да го продолжи патот. Но, пред тоа, тој му го доверил човекот на гостилничарот, ги платил трошоците и оставил депозит во негова корист; и не задоволен, дури и со ова, тој направил договор имајќи ги во предвид и другите трошоци.”
— Копнежот на вековите, 486.
в. Што Исус на крај го прашал законодавецот? И како законодавецот бил наведен самиот да одговори на своето прашање? Лука 10,36.37.
„Самарјанинот ја исполнил заповедта: ‘Љуби го својот ближен како самиот себеси’, на тој начин покажал дека е поправеден од оние од кого бил осуден… Тој Самарјанец го претставува Христа… Кога бевме во модринки и умиравме, Тој се сожали врз нас, не преминал од другата страна од патот, не нè оставил да загинеме беспомошни и без надеж… Тој ги видел нашите насушни потреби, го презел нашиот случај, своите интереси ги изедначил со интересите на човештвото. Умрел за да ги спаси своите непријатели. Тој се молел за своите убијци.”
— Христовите параболи, 344.
Вторник — 11.ноември
3. ИДНТИФИКАЦИЈА НА НАШИОТ БЛИЖЕН
а. Која заповед станала основно начело на христијанството? Лука 10,37 (втор дел).
„Божествената вистина врши мало влијание врз светот, додека кога би била практично применета би извршила големо влијание. Сè повеќе има христијанство на зборови, но со мала тежина. Ние можеме да тврдиме дека сме Христови следбеници, дека веруваме во се секоја вистина на Божјата реч; но тоа на нашите ближни нема да им донесе никакво добро ако нашето верување не се спроведува во нашиот секојдневен живот. Нашето исповедање на верата може да биде високо дури до небото, но тоа нема да нè спаси ниту нас ниту нашите ближни освен ако ние сме христијани на дело. Вистинскиот пример ќе му донесе многу повеќе благослови на светот од сите наши зборови.” — Христовите параболи, 346.
„Секое себично однесување го кочи Христовото дело. Неговото дело се угнетените и сиромашните. Срцата на Неговите таканаречени следбеници се празни; ним им недостига нежно Христово сочувство, им недостига подлабока љубов кон оние што Тој толку многу ги сака, што го положил Својот живот за нивно спасение. Тие души се подрагоцени, бескрајно подрагоцени од која било жртва што ние можеме да Му ја принесеме на Бога.”
— Христовите параболи, 347.
б. Какво помирување помеѓу расите, националностите и социјалните класи е остварено преку крстот на Исус Христос? Ефесјаните 2,13-16.
„Не е можно срцето во кое живее Христос да биде лишено од љубовта. Ако Го љубиме Бога, бидејќи Тој прв нè засакал, ние ќе ги љубиме и сите за кои Христос умрел. Ние не можеме да дојдеме во допир со божественото ако не се поврземе со човештвото, зашто во Оној кој седи на престолот на вселената се соединило човечкото со божественото. Поврзани со Христа, ќе бидеме поврзани и со нашите ближни со златните алки на синџирот на љубовта…
„Бог не признава никаква разлика направена според националност, класа или општествен слој. Тој е Творец на целото човештво. Според создавањето сите луѓе се припадници на едно исто семејство. Христос сите ги соединил со својот откуп. Тој дошол да урне секаков ѕид на поделба… Без оглед на разликите во верското уверување, ние мораме да го чуеме и одговориме на секој повик од измачените луѓе. Кога во срцето на луѓето ќе се појават горчливи чувства поради разликите во верувањата, ние со нашето лично залагање можеме да сториме многу добра. Службата на љубовта може да ги отстрани предрасудите и да ги придобие душите за Бога.”
— Христовите параболи, 348.349.
Среда — 12. ноември
4. “БЕСПЛАТНО ДОБИВТЕ, БЕСПЛАТНО ДАВАЈТЕ”
а. Како во Христовото дело да најдеме причини за радост и причини за плач? Римјаните 12,15.
„Ние мора да ги пресретнеме тагите, тешкотиите и неволјите на другите. Мораме да ја делиме радоста и грижите на угледните и презрените, на богатите и сиромасите. Библијата вели: ‘Бесплатно добивте, бесплатно давајте’ (Матеј 10,8). Насекаде околу нас среќаваме сиромашни, измачени души на кои им се неопходни зборови на сочувство и корисни дела. Има вдовици на кои им е потребно нашето сочувство и нашата помош. Има деца без родители кои Христос им ги препуштил на своите следбеници како свои заштитници. Нив мошне често ги запоставуваме. Тие можат да бидат парталави, неуредни и воопшто непривлечни, но сепак се Божја сопственост. И тие се купени скапо и исто толку се драгоцени во Неговите очи, колку што сме и ние. Тие се членови на Божјото големо семејство, и христијаните како Негови настојници се одговорни за нив. Тој вели: ‘Нивните души ќе ги барам од вашите раце’.”
— Христовите параболи, 349.
б. Кога зборовите не се доволни, како можеме да допреме до многу луѓе? Јаков 2,15.16.
„Гревот е едно од најголемите зла и наша должност е да сочувствуваме со грешниците и да им помогнете… Мнозина го кријат гладот на својата душа. Ним би можело многу да им се помогне со нежен збор или со некој знак на љубезно сеќавање… Мнозина се толку потонати во грев така што наполно ја изгубиле смислата на вечната стварност и секоја сличност со Бога, така што не знаат веќе дали им е неопходно спасение. Немаат веќе ниту вера во Бога ниту доверба во луѓето. На мнозина од нив можеме да им се приближиме само преку нашите дела на несебична љубезност… Кога ќе ги видат доказите за нашата несебична љубов, ќе им биде полесно да поверуваат и во Христовата љубов” — Христовите параболи, 350.
„Има мнозина кои грешат и кои го чувствуваат својот срам и својата лудост. Си спомнуваат за своите грешки и заблуди сè додека не ги зафати очај. Не смееме да ги занемариме и тие души. Кога некој мора да заплива против течението, тогаш сета водна сила го турка наназад. Подадете му рака помошничка, слично на раката на постариот Брат кога Петар тонел. Упатете му зборови полни си надеж, зборови што ќе разбудат кај него доверба и ќе разгорат љубов.”
— Христовите параболи, 351.
Четврток — 13.ноември
5. ПОСТИГНУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ
а. Како на луѓето заболени од грев можеме да им помогнеме да склучат мир со Бога? Исаија 27,5.
„Твојот брат, потиштен во духот, желен е за твојата љубов како што ти некогаш си чувствувал потреба. Нему му е потребно искуство и помош на некој кој бил исто така слаб како што е тој, некој кој што ќе сочувствува со него и ќе му помогне. Сеќавањето на нашите слабости треба да нè поттикне да им помогнете на другите во нивната горчлива потреба…
„Токму заедницата со Христа, личниот допир со живиот Спасител, го оспособува умот, срцето и душата да постигнат победа над својата пониска природа. Зборувајте му на заталканиот за Моќната рака што ќе го поддржи, за бескрајното сожалување што кон него го чувствува Христос како човек.”
— Христовите параболи, 351.
б. Колку нашите лични напори за луѓето кои страдаат влијаат на нашата подготовка за царството Божјо? Даниел 12,3; Захарија 3,7.
„Од нашата верност во ова дело зависи не само благосостојбата на другите, туку и нашата лична вечна судбина. Христос на секого сака да му овозможи висок степен на заедница со Себе – да бидеме едно со Него како што Тој е едно со Отецот… Тој се обидува во нас да развие особини на Својот карактер – сочувство, нежност и љубов. Прифаќајќи ја оваа служба, ние влегуваме во Неговата школа да се подготвиме за небесните дворови.”
— Христовите параболи, 352.
Петок — 14.ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Со кои постапки Самарјанинот го покажал христијанскиот дух?
2. Што законодавецот кој дошол кај Христа конечно сфатил?
3. По што христијанството е уникатно од сите религии во светот?
4. Опишете ја најмоќната проповед која може да им се проповеда на неверниците?
5. Наведи ги клучните елементи кои луѓето ги привлекуваат кон Христа?
2014 • 4. Квартал
8. лекција – Слушател само една душа – Никодим
22. ноември 2014
„Исус му одговори и рече: “Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.”
— Јован 3,3
„Размислете за случајот кој Христос му го прикажал на Никодим во поглед на подигнатата змија.”
— Материјали на Е.Г.Вајт од 1888. стр. 149.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 147-156.
Недела — 16. ноември
1. ПРИВАТЕН РАЗГОВОР
а. Откако Никодим слушнал за Исуса, решил да разговара со Него. Кој бил Никодим – и зошто дошол ноќе? Јован 3,1.2 (прв дел).
„Откако слушнал за Исуса, Никодим со нетрпение ги проучувал пророштвата кои се однесувале на Месијата… видел чудесна манифестација на божествената сила; видел како Спасителот ги прима сиромашните и ги исцелува болните, ги видел нивните радосни погледи и ги слушнал нивните зборови на пофалба; затоа не можел да се сомнева во тоа дека Исус од Назарет навистина е испратен од Бога.
„Многу посакувал да разговара со Исуса, но се плашел да Го побара јавно. Би било премногу понижувачки таков израелски поглавар да признае дека ја одобрува работата на еден толку малку познат учител. Кога Синедрионот би дознал за неговата посета, би се изложил на нивниот презир и осуда. Одлучил тајно да Го посети Исуса, оправдувајќи го тоа со причината дека многу други ќе го следат неговиот пример, кога тоа би било јавно. Распрашувајќи се добро за местото на каде што Исус се повлекувал на Маслинската Гора, чекал додека градот не потонал во сон, а потоа Го побарал.” — Копнежот на вековите, 148.
„Никодим бил осведочен од Христовите чуда, и тој ноќе дошол кај Учителот, бидејќи немал морална храброст да Му пријде отворено, затоа што тоа ќе ги возбуди критиките на свештениците и фарисеите.”
— Материјали на Е.Г.Вајт, 1888, 1311.
Понеделник — 17. ноември
2. НЕ ТЕОЛОШКИ РАСПРАВИ, ТУКУ НОВО РАЃАЊЕ
а. Откако Никодим го пронашол Исуса во местото каде што Тој се повлекувал, решил да разговара со Него? Јован 3,2 (втор дел).
„Никодим дошол кај Спасителот со желба да дискутира со Него, но Исус го упатил на основното начело на вистината. Теоретското знаење не е она што тебе ти недостига, туку духовна обнова. Тебе не ти е потребно да ја задоволиш својата љубопитност, туку да имаш ново срце. Мораш да примиш нов живот одозгора пред да научиш да го цениш она што е небесно. Сè додека не настапи оваа промена, преку која се обновува сè во душата, дискусијата за Мојот авторитет и за Мојата мисија нема да има спасоносно значење за тебе.
„Никодим ја слушнал проповедта на Јован Крстител за покајанието и за крштевањето и за неговото укажување за Оној, кој ќе крштева со Светиот Дух. И самиот чувствувал дека кај Евреите нема доволно духовност, дека тие во голема мера се робови на лицемерието и световната слава. Се надевал на една подобра духовна состојба при доаѓањето на Месијата. Меѓутоа, веста на Јован не предизвикала во него сознание за сопствената грешност. Бил строг фарисеј и се фалел со своите добри дела. Бил надалеку почитуван заради својата добродушност и дарежливост во одржување на службата во Храмот и сметал дека Божјата благонаклоност му е осигурена.”
— Копнежот на вековите, 149.
б. Бидејќи Господ сфатил дека на Никодим не му е потребна теолошка дискусија туку ново раѓање, со каков одговор Исус го изненадил? Јован 3,3.
„Сликата на ново раѓање со која Исус се послужил не му била целосно непозната на Никодим. Луѓето од незнабоштвото, кои се обратиле во израеловата вера, често се споредувани со деца. Затоа тој сигурно сфатил дека Христовите зборови не треба да се толкуваат буквално. Сметал дека со своето раѓање како Израелец бил сигурен за место во Божјото царство. Мислел дека не му е потребна никаква промена. Затоа се изненадил од зборовите на Спасителот.”
— Копнежот на вековите, 149.
Вторник — 18. ноември
3. ДЕЛУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ ВРЗ СРЦЕТО
а. Со какво иронично прашање Никодим се обидел да ги отфрли Христовите зборови? Јован 3,4.
б. Игнорирајќи го бескорисниот аргумент на Никодим, како Исус ја нагласил Својата поента? Јован 3,5-7.
„По природа срцето е зло, а ‘кој ќе извади чисто од нечисто? Никој’ (Јов 14,4). Никаков човечки изум не може да пронајде лек за грешната душа. ‘Телесниот ум е во непријателство со Бога, зашто не му се покорува на Божјиот закон, ниту пак може’. ‘Зашто од срцето излегуваат лоши мисли, убиства, прељуби, блудство, кражби, лажни сведоштва, хули’ (Римјаните 8,7; Матеј 15,19). Изворот во срцето мора да биде очистен, за да може и потокот да биде чист. Оној што мисли дека со своите дела и со држењето на Законот да го стекне небото – се обидува да направи нешто што е невозможно. Нема безбедност за оној, кој поседува само законска вера, облик на побожност. Христијанскиот живот не е модификација или подобрување на стариот, туку преобразување на природата. Нашето ‘јас’ и гревот умираат, и потоа настапува целосно нов живот. Оваа промена може да се постигне само со делотворното делување на Светиот Дух.”
— Копнежот на вековите, 150.
в. Со што Исус сликовито го прикажал делувањето на Светиот Дух? Јован 3,8.
„Ветрот се слуша меѓу гранките од дрвјата и како шушка во лисјата и цвеќето, а сепак е невидлив и никој не знае од каде доаѓа и каде оди. Така, Светиот Дух делува на срцето. Тоа делување не може подобро да се објасни отколку со невидливото движење на ветрот. Човекот можеби не е во состојба точно да го одреди времето и местото или да се сети на сите околности во процесот на обратување, но тоа не значи дека не се обратил. Христос постојано работи врз срцето со сила што исто така е невидлива како ветрот. Малку по малку, можеби несвесно за оној што ги прима, настануваат впечатоци што ја привлекуваат душата кај Христа. Тие можат да се примат преку размислување за Него, преку читање на Светото писмо, преку слушање на Речта од жив проповедник.”
— Копнежот на вековите, 150.
Среда — 19. ноември
4. “И ЌЕ ГО ВДАХНАМ СВОЈОТ ДУХ ВО ВАС”
а. Импресиониран од Христовите зборови кои во целост не ги разбрал, што Никодим тогаш прашал? Јован 3,9. Каков бил Христовиот одговор? Јован 3,10-13.
„Евреите кои Исус ги истерал од храмот тврделе дека се Авраамови деца, но побегнале од присуството на Спасителот, бидејќи не можеле да ја поднесат Божјата слава што се манифестирала во Него. На тој начин тие дале доказ дека не биле погодни преку Божјата благодат да учествуваат во светите обреди во храмот. Ревно се труделе да одржат само надворешен изглед на светост, но истовремено ја запоставиле светоста на срцето. Држејќи се за словото на законот, постојано го кршеле неговиот дух. Ним им била неопходна онаа промена што Христос му ја објаснил на Никодим – ново морално раѓање, очистување од гревот и обновување на знаењето и светоста.”
— Копнежот на вековите, 152.
б. Кои библиски стихови Никодим тогаш почнал да ги разбира? Псалм 51,10; Исаија 64,6; Езекиел 36,26.27.
„(Исаија 64,6; 51,10; Езекиел 36,26.27). Никодим ги читал овие места со замаглен ум, но сега почнал да ја сфаќа нивната смисла. Видел дека најстрогото почитување на словото на законот во надворешниот живот не му дава право на човекот да влезе во небесното царство. Според мислењето на луѓето, неговиот живот бил праведен и чесен; но во Христово присуство чувствувал дека срцето му е нечисто и животот несвет.” — Копнежот на вековите, 152.
„Никодим бил привлечен кон Христа. Додека Спасителот му објаснувал што е ново раѓање, Никодим посакал и нему да му се случи таква промена.”
— Копнежот на вековите, 154.
в. Со кој симбол Христос на Никодим му ја објаснил јасно својата мисија? Јован 3,14-16.
Четврток — 20. ноември
5. НОВ ЖИВОТ
а. Бидејќи Никодим посакал да дознае што значи ново раѓање и како тоа може да се оствари, што му рекол Исус? Јован 3,17-21.
„Симболот на подигнатата змија му ја објаснил мисијата на Спасителот. Кога израелскиот народ умирал од каснувањето на отровните змии, Бог му наредил на Мојсеј да направи змија од бакар и да ја постави на возвишено место среде логорот. Тогаш на целиот народ му било објавено дека секој што ќе погледне во змијата ќе остане жив. Израелците знаеле дека сама по себе змијата нема никаква сила да им помогне. Таа била симбол на Христа. Како што кипот, направен во облик на смртоносна змија бил подигнат за нивно исцелување, така и Тој, кој бил ‘во облик на грешно тело’ (Римјаните 8,3), требало да биде нивен Откупител. Многу Израелци сметале дека жртвената служба сама по себе има моќ да ги ослободи од гревот. Бог сакал да им покаже дека таа немала повеќе моќ отколку змијата од бакар. Со тоа сакал да ги насочи нивните мисли кон Спасителот. Тие не можеле да сторат ништо сами, било да се работи за исцелување на телесните рани или за ослободување од гревот, туку единствено со вера во Божјиот Дар. Требало да гледаат во Него за да живеат.”
— Копнежот на вековите, 152.
б. На кој начин ние се спасуваме? Тит 3,4-6.
Петок — 21. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што им е потребно на мнозина луѓе кои имаат желба да дискутираат за религијата?
2. Како Исус вниманието на Никодим го насочил на она што било поважно од неговите зборови?
3. Зошто Исус го користел ветрот за да го илустрира влијанието на Светиот Дух?
4. Кој симбол Христос го користел за да му ја објасни својата мисија на Никодим?
5. Како Исус на Никодим му ја објаснил тајната на ново раѓање?
2014 • 4. Квартал
9. лекција – Слушател само една душа – Самарјанка
29. ноември 2014
„Зашто Евреите со Самарјаните не се мешаат.”
— Јован 4,9
„Само со љубов, љубовта се разбудува.”
— Рефлектирање на Христа, 23.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 162-173.
Недела — 23. ноември
1. НА ЈАКОВЛЕВИОТ ИЗВОР
а. Што се случило кога Исус седнал да се одмори за време на едно од Неговите патувања? Каде биле учениците? Јован 4,3-7 (прв дел).
б. Дали Исус ѝ понудил помош на оваа жена да нацрпи вода? Дали таа Негова понуда би била прифатена? Јован 4,8. Што Тој направил да ги елиминира нејзините предрасуди? Јован 4,7 (втор дел). Мошне изненадена, што таа кажала? Јован 4,9.
„Омразата помеѓу Евреите и Самарјаните ја спречила Самарјанката да Му направи услуга на Исус. Сепак Спасителот се обидувал да најде клуч за нејзиното срце и со тактичност, која бил плод на божествената љубов Тој побарал, а не понудил услуга. Понудената услуга можела да биде одбиена, но довербата буди доверба.” — Копнежот на вековите, 163.
„Онаму каде што постои чувство на горчина поради разликата во религијата, многу добра можат да се направат со лично залагање. Љубезно укажаната помош ќе ги сруши предрасудите и душата ќе ја доведе до Бога.”
— Христовите поуки, 349.
Понеделник — 24. ноември
2. КАКО ИСУС ЈА РАЗБУДИЛ ЉУБОПИТНОСТА НА ОВАА ЖЕНА
а. Како Исус настојувал да ја предизвика љубопитноста на жената и да го сврти нејзиното внимание на нешто поважно? Јован 4,10.
„Самарјанката не ги разбрала Христовите зборови, но го почувствувала нивното свечено значење.”
— Копнежот на вековите, 163.
б. Претпоставувајќи дека Исус зборува за Јаковлевиот извор, што таа кажала? Јован 4,11.12.
„(Самарјанката) пред себе гледала само еден жеден патник, изморен и прашлив. Во своите мисли го споредила со почесниот патријарх Јаков.”
— Копнежот на вековите, 163.
в. Бидејќи таа сè уште не била подготвена да го прифати одговорот на своето прашање, како Исус се обидел да ја пробуди нејзината љубопитност уште повеќе? Јован 4,13.14.
„Исус со ништо не навестил дека на оној, кој е жеден за водата на животот ќе му биде доволно само еднаш да се напие. Оној што еднаш ќе ја вкуси Христовата љубов, тој постојано копнее да добие повеќе, но и не бара ништо друго. Него не го привлекуваат богатствата, почестите и задоволствата на овој свет. Постојаниот крик на неговото срце е: ‘Повеќе од Тебе’. А Оној кој ѝ ги открива на душата нејзините потреби, чека да ја задоволи нејзината глад и жед. Секој човечки извор и секое надевање на човек ќе пропадне. Сите резервоари можат да се исцрпат, бунарите да се испразнат, но нашиот Спасител е непресушен извор од кој можеме да се напиеме и од кој секогаш ќе наоѓаме свежа вода. Оној во кого живее Христос, тој има во себе извор на благослови – ‘извор на вода што тече во живот вечен’ (Јован 4,14). Од овој извор тој може да црпи сила и благодат доволни за сите негови потреби.
„Кога Исус зборувал за живата вода, жената го набљудувала со чудење и внимание. Тој го разбудил нејзиниот интерес и таа посакала да го добие дарот за кој Тој зборувал.”
— Копнежот на вековите, 164.
Вторник — 25. ноември
3. ХРИСТОВАТА ГОЛЕМА ТАКТИЧНОСТ
а. Што Самарјанката кажала кога сфатила дека Исус и нуди нешто подобро од обична вода? Јован 4,15.
б. Што таа требало да признае? Колку тактичен бил Исус во изнесувањето на фактите од нејзиниот живот кои таа се обидувала да ги сочува во тајност? Јован 4,16-18.
„Пред да може оваа душа да го прими дарот што Тој копнеел да ѝ го подари, таа морала да ги увиди своите гревови и да го познае својот Спасител. Тој ѝ рекол: ‘Оди повикај го својот сопруг и врати се ваму’. Таа одговорила: ‘Немам сопруг’. Се надевала дека на тој начин ќе ги избегне сите прашања во тој поглед. Но Спасителот продолжил: ‘Добро кажа, немам сопруг; зашто си имала пет сопрузи, а оној што го имаш сега не ти е сопруг; право рече’ (Јован 4,16-18).
„Самарјанката затреперила. Некоја таинствена рака ги вртела страниците од нејзината животна историја, откривајќи го она што се надевала дека засекогаш ќе остане скриено. Кој е Овој што можел да ги чита тајните на нејзиниот живот? Нејзе ѝ дошле мисли за вечноста, за идниот суд, кога сето она што е сега скриено ќе биде откриено. Во оваа светлина се разбудила нејзината совест.”
— Копнежот на вековите, 165.
в. Како жената сè уште се обидувала да ги избегне сите поединости од својот минат и сегашен живот? Јован 4,19. Како таа настојувала да го пренасочи текот на разговорот? Јован 4,20.
„Исус трпеливо дозволил Самарјанката да го води разговорот во насока во која сакала. Во меѓувреме чекал можност да ја влее вистината во нејзиното срце. Таа рекла: ‘Нашите татковци се поклонуваа на оваа гора, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се молиме (Јован 4,20). Токму пред нивните очи се наоѓала гората Геразим. Храмот на неа бил срушен, останал само олтарот. Тоа место на богослужение било предмет на несогласување меѓу Евреите и Самарјаните.”
— Копнежот на вековите, 165.
Среда — 26. ноември
4. ИСУС НЕ ПОКАЖУВА НАЦИОНАЛНИ ПРЕДРАСУДИ
а. Покажувајќи дека Тој немал предрасуди против Самарјаните, што Исус рекол? Јован 4,21-24.
„Исус покажал дека Тој бил ослободен од еврејските предрасуди против Самарјаните. Сега се трудел да ги отстрани предрасудите на Самарјаните против Евреите. Нагласувајќи го фактот дека идолопоклонството ја расипало верата на Самарјаните, Тој истовремено рекол дека големите вистини за спасението им биле доверени на Евреите и дека меѓу нив треба да се појави ветениот Месија. Во светите списи го имале јасно прикажан Божјиот карактер и начелата на Неговото владеење. Самиот Исус се сместил меѓу Евреите, како оние на кои Бог им дал знаење за Себе.
„Исус сакал мислите на Самарјанката да ги издигне над прашањата во врска со формата, церемониите, како и спорните прашања.”
— Копнежот на вековите, 166.
б. Со каква тактичност оваа жена се обидувала да дознае дали Исус е навистина Месијата? Јован 4,25.26.
„Никој не може да дојде во заедница со небото со тоа што бара некоја света планина или некој свет храм. Верата не смее да се ограничи на надворешни облици и церемонии. Верата што доаѓа од Бога е единствената вера која води кон Бога. За да му служиме на Бога како што треба, мораме да бидеме родени од Божествениот Дух…” — Копнежот на вековите, 166.
„Иако самата чистота на Неговото присуство го осудувала нејзиниот грев, Тој не изговорил ниту еден збор на осуда, туку ѝ зборувал за Неговата благодат, која може да ја обнови душата. Таа почнала да има некои убедувања за Неговиот карактер. Во нејзината душа се појавило прашањето: ‘Дали можеби ова е долго очекуваниот Месија?” — Копнежот на вековите, 167.
„Спасителот сè уште го врши делото што го започнал, кога ѝ понудил на Самарјанката вода на животот. Оние што самите се повикуваат за Негови следбеници можат да ги презираат и избегнуваат оние што се отфрлени, но никакви околности во врска со раѓањето или националноста, никакви животни услови не можат да ја одвратат Неговата љубов од синовите човечки.”
— Копнежот на вековите, 172.
Четврток — 27. ноември
5. “ТАТКОТО САКА ТАКВИ ПОКЛОНИЦИ”
а. Што се случило кога Самарјанката, исполнета со голема радост, постапила како целосно осведочен мисионер? Јован 4,28-30.
„За да му служиме на Бога правилно, мораме да бидеме родени од божествениот Дух. На тој начин се чисти срцето и се обновува умот, така што нè оспособува да го запознаеме и љубиме Бога. На тој начин доброволно се покоруваме на сите Негови барања. Тоа е вистинско обожавање на Бога. Тоа е плод на делувањето на Светиот Дух. Духот проникнува во секоја искрена молитва, а таквата молитва Бог ја прифаќа. Секогаш, кога душата посегнува по Бога, тука се забележува влијанието на Светиот Дух и Бог ѝ се открива на таквата душа. Тој бара такви поклоници. Тој чека да ги прими и да ги направи свои синови и ќерки.” — Копнежот на вековите, 166.
„Жената била исполнета со радост додека ги слушала Христовите зборови. Речиси била совладана од чудесното откровение. Оставајќи го својот сад, се вратила во градот да им ја однесе пораката на другите. Исус знаел зошто таа отишла. Фактот дека го оставила својот сад јасно покажувал колкаво било влијанието на Исусовите зборови. Таа имала искрена желба во душата да добие жива вода и таа заборавила зошто дошла на изворот, заборавила за жедта на Спасителот, која имала намера да ја задоволи. Со срце преплавено од радост, таа брзала по патот да им ја пренесе на другите драгоцената светлина што ја примила.”
— Копнежот на вековите, 168.
Петок — 28. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како Исус се обидувал да ги надмине предрасудите кои постоеле меѓу Евреите и Самарјаните?
2. Што ѝ објаснил Исус на Самарјанката во поглед на живата вода?
3. Зошто тактичноста е толку важна во ширење на Евангелието?
4. Што сите ние треба да знаеме за двостраната природа на предрасудите?
5. Што жената веднаш направила откако таа била целосно убедена?
2014 • 4. Квартал
10. лекција – Барање на Спасителот
6. декември 2014
„А Исус му рече: Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Авраамов.”
— Лука 19,9
„Во овој началник на цариниците се разбудил копнеж за подобар живот.”
— Судир и храброст, 301.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 529-534.
Недела — 30. ноември
1. ЗАКХЕЈ, ГЛАВЕН СОБИРАЧ НА ДАНОК
а. Што направил Закхеј кога сакал да го види Исуса? Лука 19, 3.4. Какво осведочување тој стекнал за Христа?
„Богатиот царински службеник не бил целосно закоравен светски човек како што изгледал. Под изгледот на световност и гордост се наоѓало срце подложно на божествените влијанија. Закхеј слушнал за Исуса. Гласовите за Оној, кој бил љубезен и учтив кон презрените слоеви се рашириле на сите страни. Кај овој началник на цариниците се разбудил копнеж за подобар живот. Само на неколку километри од Ерихон, Јован Крстител проповедал на Јордан и Закхеј го слушнал повикот за покајание. Упатството дадено на цариниците ‘не барајте повеќе од она што ви е одредено’ (Лука 3,13), на неговиот ум оставило впечаток, иако тоа не било забележливо. Тој го познавал Светото писмо и бил уверен дека неговиот живот не е праведен. Сега, слушајќи ги зборовите за кои било кажано дека доаѓаат од големиот Учител, тој се чувствувал како грешник во очите на Бога. Сепак, тоа што го слушнал за Исуса разбудило надеж во неговото срце.”
— Копнежот на вековите, 530.
б. Кој факт секогаш треба да го имаме на ум при сите евангелски напори? Лука 18,27.
„Покајанието и реформирање на животот било можно, дури и за него (Закхеј).”
— Копнежот на вековите, 530.
Понеделник — 1. декември
2. ЕНТУЗИЈАСТИЧКИ ПОКАНИ
а. Кога Исус пристигнал на местото каде што Закхеј го чекал качен на дрво од смоква, со кои зборови Тој го повикал? Лука 19,5.
„Покрај сета викотница на свештениците и рабините и извиците на добредојде од страна на народот, неискажаната желба на старешината на цариниците се пробила до Исусовото срце. Одеднаш, токму под смоквата застанала една група; застанале и оние што се движеле и однапред и одзади. Еден човек го подигнал погледот горе и тој поглед изгледал како да ја чита душата. Речиси не верувајќи им на сетилата, човекот што седел на дрвото ги слушнал зборовите: ‘Закхеј слези бргу, затоа што денеска треба да бидам во твојот дом’ (Лука 19,5).”
— Копнежот на вековите, 530.
б. Кога Закхеј го сретнал Исуса и почнал да го води по патот кон неговиот дом, што рабините презриво кажале? Лука 19,6.7.
„Мноштвото му направило пат на Закхеј, кој одејќи како во сон, го предводел Спасителот кон својот дом. Меѓутоа, рабините го набљудувале тоа со намуртени лица и мрмореле во незадоволство и презир, бидејќи Тој ‘отиде да биде гостин во куќа на еден грешник’ (Лука 19,7). Закхеј бил длабоко восхитен, зачуден и занемен затоа што Христос со својата љубов се понизил и се спуштил до него – толку недостоен. Сега љубовта и лојалноста кон новооткриениот Учител ги отвориле неговите усни. Тој решил јавно да го изрази своето признавање на гревот и своето покајание.”
— Копнежот на вековите, 532.
в. Каков сојуз постоел меѓу цариниците?
„Меѓу цариниците постоел сојуз, така што можеле да го угнетуваат народот и да се поддржуваат еден со друг во своите измамнички практики. Меѓутоа, тие со својата изнудување, го правеле само она што станало речиси општа пракса. Дури и свештениците и рабините, кои ги презирале цариниците, се богателе на нечесен начин под закрила на својот свет повик. Меѓутоа, кога Закхеј се покорил на влијанието на Светиот Дух, веднаш ја отфрлил секоја пракса спротивна на чесноста.”
— Копнежот на вековите, 533.
Вторник — 2. декември
3. ОМЕКНАТО СРЦЕ
а. Свесен дека мнозина од неговите клеветници ја доведувале во прашање неговата чесност, што Закхеј рекол? Лука 19,8. Со кое старозаветно правило ова било во согласност – и што ние треба да научиме од тоа? Излез 22,1.
„Оние кои не се понизиле пред Бога со признавање на својата вина, не го исполниле ниту првиот услов да бидат прифатени. Ако не се покаеме вистински и неповратно, ако во длабока понизност и потиштеност на срцето не сме ги признале гревовите, згрозувајќи се од своето беззаконие, не навистина никогаш не сме побарале простување на гревовите; а ако никогаш не сме побарале, никогаш не сме нашле мир од Бога. Единствена причина што не сме добиле простување на гревовите од минатото е нашата неподготвеност да го потчиниме нашето срце и да ги исполниме условите на Словото на вистината. Признавањето на гревовите, било јавни или тајни, мора да биде дадено од срце и слободно изразено. Тоа не смее да се даде лесно и непромислено, ниту пак смее со сила да се бара од оние што не се свесни за одвратната природа на гревот.” — Патот кон Христа, 33.
„Ниту едно покајание не е вистинско доколку не е проследено со реформа. Христовата праведност не е наметка за покривање на непризнаените гревови, туку едно животно начело што го преобразува карактерот и управува со однесувањето. Светоста значи целосна припадност на Бога, целосно предавање на срцето и животот на небесните начела кои треба да живеат во душата.
„Во својот деловен живот, христијанинот мора на светот да му го прикажува начинот на кој нашиот Господ би управувал со деловните потфати. Во секоја трансакција христијанинот мора да покаже дека Бог е неговиот учител. ‘Светост Господова’ – тие зборови мораат да бидат напишани на сите деловни книги, имотни листови, на сите сметки и меници.”
— Копнежот на вековите, 533.
б. Што Псалмистот кажува за оние кои ја излеваат внатрешната длабина на својата душа во вистинско признавање? Псалм 34,18.
в. Што рекол Христос откако го слушнал искреното признавање на Закхеј? Лука 19,9.
Среда — 3. декември
4. ХРИСТОВАТА МИСИЈА ВО СВЕТОТ
а. Како Христос го употребил Закхеј како пример за Неговата мисија во светот? Лука 19,9.10.
„Христос дошол во неговиот дом за да му даде поука за вистината и да го поучи неговото семејство во поглед на она што се однесува на Божјото царство. Тие биле исклучени од синагогата поради презирот од страна на рабините и верниците. Меѓутоа, сега станале најпривилегирано семејство во цел Ерихон и се собрале во својот дом околу божествениот Учител за да ги слушаат зборовите на животот.”
— Копнежот на вековите, 534.
б. Поврзи ја параболата која Христос ја додал за да ја заврши поуката која Тој ја употребил за да ја илустрира добрата вест за спасението? Лука 19,12-26.
в. Што се бара од нас во настојувањето да ги спасиме оние што се изгубени? 2 Коринтјаните 5,14.15.20.
„Ние треба да шириме спасоносно влијание врз оние кои се без Бога и без надеж во светот. Патот за градот на прибежиште треба да е чист од ѓубрето на себичноста на гревот. Оние што тврдат дека го следат Божјото Јагне треба да го отстранат секој камен на сопнување од тој пат. Но премногу често оние кои тврдат дека веруваат во вистината претставуваат камен на сопнување на патот на другите. Тие велат дека веруваат во Христа, но со своите дела го одрекуваат. Со своето несоодветно однесување тие ги навредуваат и им нанесуваат штета на оние кои би можеле да ги спасат.” — Знаци на времето, 29. ноември, 1899.
„Живееме во времето кога меѓу синовите човечки се одгласува последната порака на милост, последниот повик. Заповедта: ‘Излезете по патиштата и меѓу оградите!’ конечно се исполнува. Христовиот повик, ќе ѝ биде однесен на секоја душа. Гласниците велат: ‘Повелете, зашто трпезата е готова!’ (Лука 14,23.17). Небесните ангели работат заедно со човечките орудија. Светиот Дух користи секоја доказ за да те наведе да дојдеш. Христос внимателно наслушнува, очекувајќи и најмал знак со кој ќе навестиш дека бравата на вратата на твоето срце се подотвора за да може Тој да влезе. Ангелите чекаат да однесат на небото радосна порака дека е пронајден уште еден загубен грешник.”
— Христовите параболи, 206.
Четврток — 4. декември
5. СОРАБОТНИЦИ СО БОГА
а. Ако ние, како Божји соработници, го извршиме својот од Бога даден дел, кои Христови зборови би дошле во многу домови? Лука 19,5.
„Ако Божјите слуги тргнат вооружени со вера во Него, Тој ќе ѝ даде сила на нивната порака. Бог ќе ги оспособи убедливо да ја објават Неговата љубов и опасноста што им се заканува на душите ако ја одбијат Божјата благодат и луѓето ќе бидат поттикнати да го прифатат Евангелието. Христос ќе стори прекрасни чуда ако луѓето го извршат својот од Бога даден дел. Денес во човечките срца може да се изврши истата голема преродба како што се случила во минатите поколенија. И Џон Бањан, некогашен развратник и богохулник, и Џон Њутн, некогашен трговец со робови, биле откупени за да можат да го објавуваат воскреснатиот Спасител. И денес меѓу луѓето можат да се појават нови буњановци и њутновци. Преку соработката на човечките орудија со божествените можат да се придобијат многу презрени и отфрлени кои од своја страна ќе се потрудат да го обноват божествениот лик кај своите ближни.
„Зраците на светлината треба да ги осветлат и оние чиишто можности да ја запознаат вистината биле незначителни и кои оделе по погрешен пат само затоа што не знаат за подобар. Ним треба да им се упатат зборови што му се упатени на Закхеј: ‘Денес треба да бидам во твојот дом’ (Лука 19,5) – и тогаш ќе се види дека срцата на оние што сме ги сметале како закоравени грешници се нежни како срце на малечко дете токму затоа што Христос им се приближил и им укажал внимание. Мнозина ќе ги напуштат големите заблуди и гревови и ќе го заземат местото на оние што имале можности и предимства, но не ги ценеле. Тие ќе се наредат меѓу Божјите избраници, ценети и драгоцени избраници; и кога Христос ќе дојде во своето царство, тие ќе бидат поставени пред Неговиот престол.”
— Христовите параболи, 205.
Петок — 5. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Каква надеж Христовиот став кон Закхеј може нам да ни донесе?
2. Што кажал Закхеј пред некој да има време да го обвини?
3. Зошто Христос можел да прогласи целосна победа во случајот на Закхеј?
4. Колку мнозина и денес се радуваат токму како и семејството на Закхеј?
5. Каква соработка се бара од нас во обидот да ги спасиме оние што се загубени?
2014 • 4. Квартал
11. лекција – Евангелски ред
13. декември 2014
„Сè нека биде достојно и уредно.”
— 1 Коринтјаните 14,40
„На небото постои ред, и тој ред треба да го имитираат и оние на земјата, кои се наследници на спасението.”
— 2 Сведоштво, 785.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 106-114.
Недела — 7. декември
1. БОЖЈИТЕ ПАТИШТА СЕ НАЈВОЗВИШЕНИ
а. Што кажува Бог за разликата меѓу нашите патишта и Неговите патишта? Исаија 55,8.9.
б. Во сите наши планови со кои се раководиме во Божјото дело, што треба сериозно да се земе во предвид? Ефесјаните 6,6.
„Како народ треба да ги проучуваме Божјите планови за спроведување на Неговото дело. Тој секогаш давал одредени насоки во однос на било која точка и ние треба да обрнеме големо внимание на Неговата изразена волја.”
— Сведоштво за проповедници, 342.
в. Опишете го ставот на апостол Павле и на другите апостоли во поглед на евангелскиот ред? 1 Коринтјаните 4,1.2.
„Павле цврсто стоел на страната на правдата. Тој сфатил дека црквата никогаш не смее да се стави под контрола на човечката сила. Традициите и прописите на човечката мудрост не смеат да го заземат местото на откриените вистини… Иако за водство и патоказ се потпирал директно на Бога, тој секогави бил подготвен да го признае авторитетот на целото тело на верниците обединети во членство на црквата. Чувствувал потреба од совет, и кога се појавувале значајни прашања, со задоволство ги изнесувал пред црквата и се обединувал со своите браќа во молитва за мудрост за да можат да донесат правилни одлуки.”
— Делата на апостолите, 148.149.
Понеделник — 8. декември
2. ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СТАРОЗАВЕТНИТЕ ВРЕМИЊА
а. Каков совет Јотор му дал на својот зет Мојсеј, и зошто? Излез 18,14-22.
„Бог е Бог на редот. Сè што е поврзано со небото е во совршен ред; потчинување и совршена дисциплина ги обележуваат и движењата на ангелските чети. Успех може да се очекува само таму каде што постои ред и хармонична акција. Од сите што работат во Неговото дело, Бог и денес бара ред и доследност, ниту малку помали отколку што барал во времето на Израел. Сите што работат за Него мораат да постапуваат промислено, а не безгрижно, препуштајќи ги резултатите на некаков случај. Тој сака секоја задача во Неговото дело да се извршува верно и совесно за да може Тој на тоа да стави печат на свое одобрување.”
— Патријарси и пророци, 388.
б. Наведете ги четирите главни особини барани од луѓето избрани да ги носат одговорностите во Израеловиот логор? Излез 18,21.
„(Излез 18,19-23). Овој совет важи и за нас… Во своите упатства дадени на Мојсеј Господ многу јасно го утврдил карактерот на оние кои требало да заземат важни позиции како советници. Тоа треба да се ‘чесни луѓе, кои имаат Божји страв, праведни луѓе кои го мразат лакомството’. Овој совет од Бога е страшно занемарен.”
— Сведоштво за проповедници, 391.
в. Зошто Валам бил принуден да изрече благослов врз Израел, иако неговиот ум бил исполнет со клетви? Броеви 23,8.9. Врз која основа Израел ќе биде благословен? Второзаконие 4,1.6- 9.
„Додека го посматрал израелскиот логор, Валам со чудење го забележал нивниот напредок. Моавците го прикажале Израел како сурово, незауздено мноштво кое ја пустоши земјата слично на разбојнички банди и претставува вистинска напаст за сите соседни народи. Меѓутоа, нивниот логор на сите им давал сосема спротивна слика. Валам големиот број нивни шатори ги видел во совршен ред; сè носело белег на темелна дисциплина и ред. Укажано му е на милоста со која Бог ги опсипал Израелците и на нивниот посебен карактер во својство на избран народ. Тие не биле исто што и другите народи, туку многу повозвишени од нив. ‘Овој народ ќе живее сам и нема да се меша со други народи’.”
— Патријарси и пророци, 466.
Вторник — 9. декември
3. ОРГАНИЗАЦИЈА ВО НОВОЗАВЕТНАТА ЦРКВА
а. Со каква цел Бог му дал дарови и благодат на секој Негов слуга? Ефесјаните 4,7.8.11.12.
„Во нашите разновидни позиви треба да постои меѓусебна зависност и сите треба да си помагаат еден на друг.”
— Сведоштво за проповедници, 491.
б. За да успее Господовото дело во нашата средина, што треба да го карактеризира нашиот дух? 1 Коринтјаните 12,21.25; Ефесјаните 4,16. На која заблуда треба да ја затвориме вратата?
„Нека секој од нас се надева на Господ, и Тој ќе нè научи како да работиме. Тој ќе ни покаже која работа најмногу ни одговара. Ова нема да ги наведе луѓето да започнат во независен дух и да пропагираат нови теории. Во ова време кога сатаната се обидува да го укине Божјиот закон со воздигање на лажна наука, треба најсериозно да стражариме и да се чуваме од сè што ја слабее нашата вера и ќе ги разбие нашите сили. Како Божји соработници треба да сме во склад со вистината и со нашите браќа. Меѓу нас треба да постои соработка и договор.” — Сведоштво за проповедници, 490.
„Духот на одвојување од своите соработници, духот на неорганизираност се наоѓа во самиот воздух кој го вдишуваме. Според некои, сите напори да се воспостави ред се сметаат за опасни, како ограничување на личната слобода, нешто од што треба да се плашиме и чуваме како од папство.”
— Сведоштво за проповедници, 488.
в. Како Христовите следбеници треба да се почитуваат еден со друг? 1 Петрово 5,5.6.
„Меѓу Божјиот народ има некои кои имале долгогодишно искуство во својата работа, луѓе кои не отстапиле од верата. Без оглед на големите судски процеси низ кои тие поминале, тие останале верни. Овие луѓе треба да се сметаат за проверени и одбрани советници. Тие треба да се почитуваат, а младите или кои имале помало искуство треба да го почитуваат нивното мислење, иако овие млади можат да бидат на службени позиции.”
— Сведоштво за проповедници, 497.
Среда — 10. декември
4. НЕСЕБИЧНИ СЛУГИ
а. Кој критериум ние треба да го усвоиме при ракополагање на служители во црквата? Тит 1,5-9.
„Сериозни одговорности почиваат врз оние кои се повикани да делуваат како водачи во Божјата црква на земјата.” — Делата на апостолите, 67.
„Во применувањето на ред и поредок во ракополагањето на соодветни луѓе за служители, апостолите се придржувале до високите стандарди наведени во Стариот завет “ — Делата на апостолите, 68.
„Црквата според својата должност внимателно и грижливо треба да го преиспита животот, способностите и сите постапки на оние кои се декларираат за учители. Ако не постојат очигледни докази за тоа дека Бог ги повикал и ако тие не внимаваат на зборовите ‘тешко вам’ (Матеј 23,13-16) дека и на нив се однесуваат, должност на црквата е да делува и нека се знае дека црквата таквите не ги признава за учители. Тоа е единствен начин на кој црквата може да постапува за да остане чиста во тој поглед, затоа што врз неа лежи товарот на одговорноста.” — Рани списи, 109.
„Оние кои тврдат дека се Христови проповедници треба да бидат луѓе со богато искуство и длабока побожност, и тогаш во секое време и на секое место ќе можат да вршат свето влијание.” — Рани списи, 113.
„Страдање, недостиг, потиштеност, мизерија, неверување – сè се тоа појави со кои Божјите проповедници се среќаваат секој ден. Нивната работа не е да си угодуваат себеси. Многу, навистина има многу души кои сè уште не се спасени. Цврсто држите се со вера за Господа и кажете им на грешниците дека Спасителот сите ги повикува кон Него.”
— Преглед и гласник, 26. јули, 1898.
б. Што апостол Петар им пишува на старешините во црквата во поглед на нивните одговорности како потпастири на Христовото стадо? 1 Петрово 5,1-5.
„Оние што вршат должност на потпастири, мора внимателно и будно да бдеат над Господовото стадо. Тоа не смее да биде диктаторска будност, строго надгледување, туку внимание кое охрабрува, кое поттикнува и поддржува. Проповедничката должност е нешто повеќе од само држење на проповеди; таа значи сериозно, лично залагање.” — Делата на апостолите, 394.
„Во контекстот на поуките упатени на оние што се наоѓаат на одговорни положби во црквата, апостолот изнел и некои општи начела кон кои мораат да се придржуваат сите верници на црквата. Помладите верници на стадото се упатени да го следен примерот на своите старешини, придржувајќи се кон христијанската понизност.”
— Делата на апостолите, 395.
Четврток — 11. декември
5. САМОНАРЕЧЕНИ ГЛАСНИЦИ
а. Што Бог чини во корист на своите деца во овие последни денови? Која стратегија сатаната ја користи за да го спречи Божјото дело? Римјаните 16,17.18; Дела 20,27-30.
„Сега во овие последни денови кога Господ своите деца ги доведува до единство во верата, редот е потребен како никогаш досега, затоа што, додека Господ ги соединува своите деца, сатаната и неговите зли ангели со сите сили настојуваат тоа единство да го спречат и уништат. Така, во полето побрзаа луѓе на кои им недостасува мудрост и расудување, кои не можат исправно да управуваат ниту во сопствениот дом и немаат ред ниту власт дури ниту над оние неколку членови на семејството кое Бог им го доверил; но сепак се чувствуваат способни да им се довери грижата за Божјото стадо.” — Рани списи, 106.
„Луѓето кои не живеат свет живот и кои не се оспособени да ја проповедаат сегашната вистина заминуваат во полето, иако заедницата и браќата не ги признаваат, и заради тоа доаѓа до неслоги и пречки.”
— Рани списи, 107.
б. Што е полесно – да се оди во места кои биле опустошени од страна на самонаречените гласници или да навлеземе во нови области?
„Работата во таквите места каде што делувале оние кои вршат лошо влијание, го заморува духот на Божјите весници многу повеќе отколку заминувањето во новите полиња.”
— Рани списи, 109.
Петок — 12. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кои особини треба да бидат видливи во животот на оние кои се избрани за Божјо дело?
2. Зошто Бог дава дарови и благодати на секој еден од Неговите слуги?
3. Кој став мораме да го заземеме едни кон други за да се обезбеди успех на Господовото дело во нашата средина?
4. До кој апостолски критериум треба да се придржуваме при ракополагање на службеници во црквата?
5. Какво предупредување дал апостол Павле во Дела 20,27-30?
2014 • 4. Квартал
12. лекција – “Одете и научете ги сите народи”
20. декември 2014
„Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.”
— Матеј 28,19
„Сите жители на земјата, големите и малите, богатите и сиромашните, ги осветлила небеската светлина со јасни и силни зраци. Учениците требало да бидат соработници со Спасителот во делото на спасување на светот.”
— Преглед и гласник, 9. октомври, 1913.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 795-807.
Недела — 14. декември
1. СРЕДБА ВО ГАЛИЛЕЈА
а. За време на Тајната вечера, какво упатство Исус им дал на учениците за идната средба со сите верници? Матеј 26,32; 28,16.
б. Колкумина биле присутни на таа средба? 1 Коринтјаните 15,6.
„Во закажаното време на падината на гората во помали групи се собрале околу петстотини верници кои сакале да дознаат сè што можело да се дознае за Христа од оние кои Го виделе по Неговото воскресение. Учениците оделе од група до група, прераскажувајќи сè што виделе и слушнале од Исуса, резонирајќи од Светото писмо како што правел и Тој кога зборувал со нив. Тома ја раскажал приказната за своето неверување и како биле растерани неговите сомнежи. Одеднаш меѓу нив се појавил и Исус. Никој не бил во состојба да каже од каде или како дошол. Мнозина од присутните никогаш претходно не Го виделе, но на Неговите раце и нозе ги гледале трагите од распнувањето. Неговото лице било како лицето на Бога, и кога Го здогледале, Му се поклониле.”
— Копнежот на вековите, 796.
Понеделник — 15. декември
2. СВЕТ НАЛОГ
а. Бидејќи учениците од самиот почеток биле Христови соработници во делото на спасување на душите, каков налог Тој им дал? Матеј 28,19.20; Марко 16,15.16.
б. Како овој налог бил спротивен на исклучивоста на фарисеите? Дела 13,46; 22,21.22; Галатјаните 3,28.
„Еврејскиот народ бил сметан за чувар на светите вистини; меѓутоа, фарисеите ги претвориле во најисклучителен народ, народ со најголеми предрасуди од сите други народи. Сето она што се однесувало на свештениците и поглаварите – нивната облека, обичаи, обреди, традиции – сето тоа ги направило недостојни да бидат светлина на светот. Тие само својата, еврејската нација ја сметале за света. Меѓутоа, Христос им наредил на Своите ученици да проповедаат вера и начин на служење на Бога што не е врзан за некој општествен слој или територија, вера која ќе биде прилагодена за сите луѓе, сите нации и сите општествени класи.”
— Копнежот на вековите, 797.
в. Зошто учениците требало да започнат со работа во Ерусалим? Дела 1,8.
„Мнозина од ерусалимските жители тајно верувале во Исуса, а многумина биле измамени од свештениците и поглаварите. Ним исто така требало да им се објави веста на евангелието. Тие требало да бидат повикани на покајание. Морало јасно да се изложи прекрасната вистина дека простувањето на гревот може да се добие само преку Христа. Додека жителите на Ерусалим сè уште биле под впечаток од возбудливите настани што се одиграле во текот на неколкуте изминати седмици, проповедањето на евангелието ќе остави најдлабок впечаток.
„Меѓутоа, делото не смее тука да запре. Тоа треба да се прошири до најоддалечените краеви на земјата… Секоја душа која го сака тоа, може да се помири со Бога и да добие вечен живот. На вас, Моите ученици, ви ја доверувам оваа порака на милост. Таа прво мора да му се објави на Израел, а потоа на сите народи, јазици и племиња. Таа треба да им се проповеда на Евреите и на незнабожците. Сите што ќе поверуваат, треба да се соберат во една црква.”
— Копнежот на вековите, 798.
Вторник — 16. декември
3. ВЕТЕНИОТ ДАР
а. Како на учениците им било овозможено да проповедаат на другите народи, без да имаат време да ги научат нивните јазици? 1 Коринтјаните 12,7.10.
„На учениците им е ветена истата онаа сила што ја имал Христос да лекуваат ‘секаков вид болести и секаква немоќ кај луѓето’. Исцелувајќи ги во Негово име болестите на телото, тие ќе сведочат за Неговата моќ да ја исцели и душата (Матеј 4,23; 9,6). Тогаш им е ветен и еден нов дар. Учениците требало да проповедаат меѓу другите народи и тие ќе примат сила да зборуваат на други јазици. Апостолите и нивните соработници биле необразовани луѓе, но преку излевањето на Светиот Дух на денот на Педесетница, нивниот говор – како на нивниот сопствен, така и на странски јазик – станал чист, едноставен и точен, како во зборовите, така и во акцентот.
„Така Христос им ги одредил должностите на Своите ученици. Тој се погрижил за сè што било потребно за да продолжи делото и на Себе ја презел одговорноста за неговиот успех. Сè додека ја слушаат Неговата Реч и работат поврзани со Него, тие не можат да доживеат неуспех. Одете кај сите народи, им наложил Тој. Одете до најоддалечените места на земјата но знајте дека и таму ќе бидам присутен. Работете со вера и доверба, бидејќи никогаш нема да дојде време кога ќе ве оставам.”
— Копнежот на вековите, 799.
б. Какви чуда претставниците на Евангелието можеле да чинат со посредство на Светиот Дух? Марко 16,17.18; 1 Коринтјаните 12,11.
„Евангелието сè уште ја има таа иста моќ и зошто и денес не би биле сведоци на истите резултати?
„Христос го чувствува јадот на секој страдалник. Кога злите духови измачуваат едно човечко битие, Христос го чувствува тоа проклетство. Кога грозница ја исцрпува животната енергија, Христос ја чувствува агонијата. Тој и денес е исто толку подготвен да го излекува секој болен исто така како што правел кога бил на земјата. Христовите слуги се Негови претставници, канали преку кои Тој делува. Преку нив Тој сака да ја манифестира Својата исцелувачка моќ.”
— Копнежот на вековите, 801.
Среда — 17. декември
4. СВЕЧЕНА ДОЛЖНОСТ НА ХРИСТОВАТА ЦРКВА
а. Која обврска и која забрана била ставена на водачите на Израел бидејќи нивната власт била основана во името и од страна на Божјиот авторитет? 5 Мојсеева 4,1.2.
„Со Израел е управувано во име на Бога и на Неговиот авторитет. Задачата на Мојсеј, на седумдесеттемина старешини, на кнезовите и судиите била да ги спроведуваат во живот законите што им ги дал Бог. Тие немале право на нацијата да ѝ бидат законодавци. Тоа бил и останал услов за опстанокот на Израел како нација. Повремено Бог праќал вдахновени луѓе да го упатат народот како да ги применува Неговите закони.”
— Патријарси и пророци, 637.
б. Како треба да ја разбереме нашата обврска да ги учиме луѓето ‘да пазат сè што Христос ни заповедал’? Матеј 28,20.
„Во налогот што го оставил на Своите ученици, Христос не само што им ја одредил нивната задача, туку им ја дал и пораката која треба да ја објавуваат. ‘Научете го народот’, рекол Тој, ‘да држи сè што вам ви заповедав’. Учениците требало да го поучуваат она што Христос го поучувал. Со тоа било опфатено сè што Тој кажал, не само лично, туку и преку пророците и учителите од Стариот Завет. Човечките учења се исклучени. Тука нема место за традиции, ниту за човечки теории и заклучоци или за црковни прописи. Тој налог не опфаќа никакви закони издадени од страна на црковни авторитети. Христовите слуги не треба да проповедаат ништо од тоа.”
— Копнежот на вековите, 804.
в. Каква е должноста на црквата кон оние кои ќе паднат во грев? 2 Тимотеј 4,2.
„Опоменете ја секоја душа која е во опасност. Не дозволувајте некој да падне во самоизмама. Нарекувајте го гревот со неговото вистинско име. Зборувајте го она што Бог го кажал во однос на лажењето, кршењето на саботата, крадењето, идолопоклонството и сите други зла. ‘Оние што чинат такви нешта, нема да го наследат Божјото царство’ (Галатјаните 5,21). Ако упорно останат во гревот, небото ќе им го изрече судот што сте им го изрекле според Божјата Реч.”
— Копнежот на вековите, 782.
Четврток — 18. декември
5. ОСНОВНО ПРАШАЊЕ ЗА СЕКОЈ КОЈ САКА ДА БИДЕ ПОБЕДНИК
а. На кое прашање секој потенцијален работник за Христа треба да одговори? Јован 21,15-17.
б. На кој начин единствено можеме да бидеме орудија во Христовото дело? 1 Јованово 4,7-12.
„Во секое Христово дело на исцелување се манифестирала силата на љубовта и ако само со вера учествуваме во таа љубов, можеме да бидеме орудија за Неговото дело. Ако занемариме да се поврземе со божествена врска со Христа, струјата на животодавната енергија не може преку нас изобилно да тече на другите…
„На црквата ѝ е ветено Христово присуство, ако го извршува Неговото дело. ‘Одете и научете ги сите народи’, рекол Тој, ‘и ете Јас сум со вас во сите денови до крајот на светот’ (Матеј 28,20). Да се земе Неговиот јарем е еден од првите услови за примање на Неговата сила. Самиот живот во црквата зависи од нејзината верност во извршување на Господовиот налог. Да се запостави оваа задача значи да се повика духовната слабост и пропаста. Каде што нема активна работа за други, љубовта исчезнува а верата се гаси.
„Христова намера е проповедниците да бидат воспитувачи на црквата во делото на евангелието. Тие треба да ги учат луѓето како да ги бараат и спасуваат загубените. Дали тие го извршуваат тоа дело?”
— Копнежот на вековите, 804.
Петок — 19. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што бара Христос од секој свој следбеник?
2. Како сме предупредени против фарисеискиот стил и ексклузивност?
3. Кој посебен дар им овозможил на учениците да ја пренесат пораката на спасението на другите народи – и што треба да сфатиме во врска со ова?
4. Зошто Христовиот налог Матеј 28,20 ги исклучува човечките учења?
5. Која е првата особина која секој победник мора да ја поседува?
2014 • 4. Квартал
13. лекција – Бог те повикува
27. декември 2014
„Зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани”. „И Духот и невестата велат:„Дојди!” И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди”
— Матеј 22,14; Откровение 22,17
„Господ го испратил својот народ во различни делови од светот… за да ги придобијат душите од темнината и да ги приведат кон светлината. Нивна прва задача е да ја носат пораката: Христос распнатиот е нашиот Спасител.”
— Преглед и саботен гласник, 15. август, 1899.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 802-807.
Недела — 21. декември
1. БОГ ПОВИКУВА
а. Дали налогот кој Христос им го дал на своите први ученици ги вклучува сите верници или само оние кои добиле посебни служби во црквата? Матеј 28,19.20.
„Во налогот што Христос им го дал на своите ученици се вклучени сите верници. Тој ги вклучува сите верници во Христа до крајот на времето. Фатална е заблудата да се претпоставува дека делото на спасение на душите зависи само од ракоположениот проповедник. Евангелието е доверено на секој што добива небесно вдахновение. Секој што ќе го прими Христовиот живот е ракоположен да работи за спасение на своите ближни. Заради тоа е основана црквата и секој што ќе го прифати на себе светиот завет, се обврзува дека ќе биде Христов соработник.”
— Копнежот на вековите, 799.
б. Дали светлината на светот блеска само врз одреден број на луѓе или мора да блесне врз секое човечко битие, без разлика? Јован 1,9; 8,12; Матеј 24,14.
„Христос го срушил ѕидот на поделба, поделеноста на националните предрасуди и нè учи да ги сакаме сите членови на човечкото семејство. Тој ги подига луѓето од тесниот круг што ја пропишува нивната себичност и ги укинува сите територијални граници и вештачки поделби во општеството. Тој не прави никаква разлика помеѓу соседите и странците, помеѓу пријателите и непријателите.”
— Копнежот на вековите, 801.
Понеделник — 22. декември
2. РАЗНОВИДНИ ДАРОВИ ВО БОЖЈОТО ДЕЛО
а. Зошто Бог не бара иста врста на служба од сите свои слуги? 1 Коринтјаните 12,4-7.
„Бог бара Неговата служба да биде на прво место во нашиот живот, да не пропуштиме ниту еден ден нешто да направиме за напредокот на Неговото дело на земјата. Тој не бара од сите ист вид на служба. Некој може да биде повикан да работи во некоја странска земја, друг пак да ги даде своите средства за помагање на делото на евангелието. Бог ја прифаќа и едната и другата служба. Потребно е посветеност на животот и сите животни цели. Оние кои ќе се посветат на ваков начин, ќе го чујат и послушаат повикот од небото.”
— Пророци и цареви, 149.
б. Кога сме осведочени дека Бог нè повикува во Неговата служба, како ние треба да одговориме? Исаија 6,8.
„На секој кој станува учесник во Неговата благодат, Господ му одредува дело во полза на другите. Секој од нас мора поединечно да стане и да рече: ‘Еве ме мене, прати ме мене’. Било да е проповедник на Речта или лекар, трговец или земјоделец, чиновник или механичар, секој има своја должност. Нашата работа мора на другите да им го открива евангелието за спасението. Секој наш потфат мора да биде средство за остварување на таа цел.”
— Пророци и цареви, 149.
в. Што вели Исус за оние кои се двоумат кога повикот ќе дојде до нив? Матеј 19,23; Лука 9,59-62; 14,33. Што треба да разберат оние кои немаат самодисциплина во нивната подготовка за евангелската работа?
„Потребни се луѓе кои работата ќе ја започнат на вистински начин; кои ќе се држат и цврсто ќе ја водат. Сè треба да се изврши систематски и по добро разработен и зрел план. Бог својата света работа им ја доверил на луѓето и очекува тие внимателно да ја извршуваат. Никогаш не задоцнувајте на закажаниот состанок. Ниту во еден оддел или канцеларија не треба да се изгуби време во непотребни разговори. На Божјото дело му е потребно нешто што тоа не го добива, затоа што луѓето не се учат од Богот на мудроста.”
— Евангелизам, 649.
Вторник — 23. декември
3. КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ ОБЕСХРАБРЕНОСТА
а. Кое прашање Господ им го упатува на оние кои се двоумат или се обесхрабрени христијани? 1 Царевите 19,9.
„Многу зависи од неуморната активност на верните и предадени работници, и од тие причини сатаната на сите можни начини се труди да го попречи остварувањето на божествените цели прекутрудот на послушните. Тој ги наведува луѓето да ја изгубат од вид својата возвишена и света мисија и да се задоволуваат со задоволствата во овој живот. Тој ги наведува удобно да се сместат или заради земна корист да се селат од местото каде што можат да бидат сила за добро. Други пак ги наведува обесхрабрени да ја напуштат својата должност, заради противење или прогонство. Меѓутоа, небото сите тие ги гледа со најнежно сожалување. На секое Божјо дете на кое непријателот му ја замолкнал душата, упатено му е прашањето: ‘Што правиш тука? Јас те овластив да одиш по целиот свет и да го проповедаш евангелието, за да се подготви народот за денот Божји. Зошто си тука? Кој те пратил?”
— Пророци и цареви, 117.
б. Кога ќе сфатиме што спасението значи за нас, како ќе гледаме на огромните потреби на оние околу нас? 2 Коринтјаните 5,14.19.20.
„Оние кои барем донекаде сфаќаат, дури и до одреден степен, што за нив и за нивните ближни значи откупувањето, до извесен степен ќе ја разберат и големата потреба на човештвото. Во нивните срца ќе се разбуди сочувство при увидувањето на моралното и духовното сиромаштво на илјадници луѓе кои се наоѓаат во сенката на една страшна пропаст, кон која телесните страдања се навистина ништо.
„На семејствата како и на поединците се поставува прашањето: ‘Што правиш тука’? Во многу цркви има семејства кои добро ја познаваат вистината на Божјата Реч, и кои би можеле да ја рашират сферата на своето влијание во места каде што има потреба од служба која тие можат да ја дадат. Бог ги повикува христијанските семејства да отидат во непросветлените места на земјата и мудро и истрајно да се заложат за оние кои потонале во духовен мрак. Неопходно е самоодрекување за да може човек да одговори на ваков повик. Додека мнозина чекаат да ги отстранат сите пречки душите умираат без надеж и без Бога.”
— Пророци и цареви, 117.
Среда — 24. декември
4. КАКО ДА СЕ СОВЛАДА РАМНОДУШНОСТА
а. Покрај обесхрабрувањето, која друга опасност лежи пред вратата? Откровение 3,15.
„Пораката упатена до Лаодикејската црква ја открива состојбата во која како народ се наожаме.” — Библиски коментари, 884.
„Жарот на Божјата љубов недостига во нивното срце, а токму тој жар на љубов ги прави припадниците на Божјиот народ светлина на овој свет.” — Библиски коментари, 885.
„Половичните христијани се полоши од неверниците; бидејќи со своите измамливи зборови и неодреден став мнозина водат на погрешен пат. Неверниците се покажуваат во својата вистинска боја. Млакиот христијанин ги измамува и двете страни. Тој не е ниту добар световен човек, а уште помалку добар христијанин. Сатаната го користи да направи такви дела кои никој друг не би можел да ги направи.”
— Библиски коментари, 889.
б. Како ние како индивидуални верници можеме да најдеме излез од Лаодикиската рамнодушност? Дела 3,19.20; Откровение 3,18.19.
„Кога покајанието е длабоко и искрено, одделни членови на црквата ќе го послушаат советот да купат богати добра на небото. (Откровение 3,18).” — Библиски коментари, 885.
„Верниот сведок изнесува охрабрување за сите кои смерно бараат да одат по патот на послушноста, преку вера во Неговото име. Тој изјавува: ‘На оној што победува, ќе му дозволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол’…
„Тој како божествена Глава на Црквата и моќен Победник, сака на своите следбеници да им укаже на Неговиот живот… како би биле охрабрени да ја продолжат борбата додека не стигнат до целта и ја примат наградата на победникот. Победата е обезбедена преку вера и послушност.”
— Библиски коментари, 895.
в. Каква казна ќе им се изрече на оние кои ќе одлучат да останат рамнодушни? Откровение 3,16.17; Матеј 24,48-51.
Четврток — 25. декември
5. КОНЕЧНО ДОМА!
а. Што ќе им каже Христос на победниците кои зеле активно учество во делото на спасување на душите? Матеј 25,34.
б. Каква награда им е ветена на откупените светци? Јован 14,1-3; 1 Јованово 3,2.
„Славна ќе биде наградата на верните работници кога еднаш ќе се соберат околу престолот на Бога и на Јагнето. Кога Јован во својата смртна состојба ја видел Божјата слава, паднал како мртов бидејќи не можел да ја поднесе таа сцена. Меѓутоа, кога Божјите деца ќе се облечат во бесмртност, тие ‘ќе Го видат Онаков Каков што е’ (1 Јованово 3,2). Тие ќе стојат пред престолот прифатени од Возљубениот. Сите нивни гревови ќе бидат простени, сите нивни престапи избришани. Тогаш ќе можат да ја гледаат сета слава на Божјиот престол.”
— 9 Сведоштво, 295.
в. Што за сите спасени ќе претставува големо изненадување во Божјото царство? 1 Коринтјаните 2,9.
„Во една прилика еден христијанин рекол дека кога ќе стигне во небото ќе го дочекаат три причини за изненадување. Ќе се изненади кога таму ќе најде некои кои тој не очекувал да ги види таму. Ќе се изненади кога таму нема да ги најде оние за кои бил сигурен дека таму ќе ги сретне; и на крај најмногу ќе се изненади кога и самиот како недостоен грешник ќе се најде во Божјото царство.”
— Верата со која живеам, 370.
Петок — 26. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објасни ја далекосежноста на Големиот налог?
2. Кога во целост ќе сфатиме што спасението значи за нас, како ние ќе бидеме во можност да ги видиме големите потреби на луѓето околу нас?
3. Какво прашање Господ ќе им постави на оние кои се двоумат или обесхрабруваат?
4. Како можеме да бидеме победници во периодот на Лаодикеја?
5. Што ќе претставува вечна радост за сите оние кои ќе успеат да бидат победници?